карбинци Archives - Република https://republika.mk/tema/karbinci/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 13:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карбинци Archives - Република https://republika.mk/tema/karbinci/ 32 32 Во Охрид до 13 часот гласале 23,83 проценти од гласачите, во Дебрца излезноста 23 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-ohrid-do-13-chasot-glasale-23-83-protsenti-od-glasachite-vo-debrtsa-izleznosta-23-otsto/ Wed, 24 Apr 2024 13:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=770175

Излезноста на првиот круг од претседателските избори во Охрид до 13 часот е 23,82 отсто. Според информациите од Општинската изборна комисија (ОИК) гласањето се одвива непречено и без проблеми.

До ОИК се доставени два приговори на лица кои не се најдени во избирачките списоци и се постапува по насоките на ДИК.

Излезноста на изборите во Општина Дебрца до 13 часот е 28 проценти.

Нема забелешки на досегашниот тек на изборниот процес. 

The post Во Охрид до 13 часот гласале 23,83 проценти од гласачите, во Дебрца излезноста 23 отсто appeared first on Република.

]]>

Излезноста на првиот круг од претседателските избори во Охрид до 13 часот е 23,82 отсто. Според информациите од Општинската изборна комисија (ОИК) гласањето се одвива непречено и без проблеми. До ОИК се доставени два приговори на лица кои не се најдени во избирачките списоци и се постапува по насоките на ДИК. Излезноста на изборите во Општина Дебрца до 13 часот е 28 проценти. Нема забелешки на досегашниот тек на изборниот процес. 

The post Во Охрид до 13 часот гласале 23,83 проценти од гласачите, во Дебрца излезноста 23 отсто appeared first on Република.

]]>
Мирно и без проблеми гласаат избирачите во Штип, Карбинци и Пробиштип https://republika.mk/vesti/makedonija/mirno-i-bez-problemi-glasaat-izbirachite-vo-shtip-karbintsi-i-probishtip/ Wed, 24 Apr 2024 13:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=770172

Во Општина Штип гласањето на 74 избирачки места тече без проблеми и излезноста на избирачите до 13 чадот е 31 процент од вкупниот број на гласачи, вели за МИА претседателот на ОИК Штип, Виктор Вацев.

Посочува дека досега од членовите на Избирачките одбори не е пристигната никаква поплака или забелешка за избирачкиот процес на гласачките места.

Вацев истакна дека во моментов се одвива смената на членовите на Избирачките одбори, оние кои биле прва си заминуваат, а процесот на гласањето на Избирачките места го предаваат на оние членови кои се втора смена. Во помалата рурална Општина Карбинци на 16-те Избирачки места гласањето се одвива без никакви проблеми, информира Љупка Гацева Велинова член на ОИК Карбинци.

Во оваа општина излезноста до 13 часот е 24 проценти, а право на глас имаат 3.169 избирачи. Во Општина Пробиштип излезноста на гласачките места до 13 часот е 37 проценти.

The post Мирно и без проблеми гласаат избирачите во Штип, Карбинци и Пробиштип appeared first on Република.

]]>

Во Општина Штип гласањето на 74 избирачки места тече без проблеми и излезноста на избирачите до 13 чадот е 31 процент од вкупниот број на гласачи, вели за МИА претседателот на ОИК Штип, Виктор Вацев. Посочува дека досега од членовите на Избирачките одбори не е пристигната никаква поплака или забелешка за избирачкиот процес на гласачките места. Вацев истакна дека во моментов се одвива смената на членовите на Избирачките одбори, оние кои биле прва си заминуваат, а процесот на гласањето на Избирачките места го предаваат на оние членови кои се втора смена. Во помалата рурална Општина Карбинци на 16-те Избирачки места гласањето се одвива без никакви проблеми, информира Љупка Гацева Велинова член на ОИК Карбинци. Во оваа општина излезноста до 13 часот е 24 проценти, а право на глас имаат 3.169 избирачи. Во Општина Пробиштип излезноста на гласачките места до 13 часот е 37 проценти.

The post Мирно и без проблеми гласаат избирачите во Штип, Карбинци и Пробиштип appeared first on Република.

]]>
Триесетгодишник со двајца малолетници во „Лада“ пренесувале крадени дрва https://republika.mk/vesti/crna-hronika/triesetgodishnik-so-dvajtsa-maloletnitsi-vo-lada-prenesuval-kradeni-drva/ Mon, 01 Apr 2024 14:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=760997

На 31.03.2024 околу 13.00 часот во атарот на с.Шашаварлија, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип во содејство со шумска полиција ги лишиле од слобода С.Н.(30) и двајца малолетници, тројцата од Штип.

Тие биле забележани како со патничко возило лада без регистарски таблички превезувале дрва без документација, при што едно од лицата фрлило тврд предмет и го оштетило службеното полициско возило.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Триесетгодишник со двајца малолетници во „Лада“ пренесувале крадени дрва appeared first on Република.

]]>

На 31.03.2024 околу 13.00 часот во атарот на с.Шашаварлија, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип во содејство со шумска полиција ги лишиле од слобода С.Н.(30) и двајца малолетници, тројцата од Штип. Тие биле забележани како со патничко возило лада без регистарски таблички превезувале дрва без документација, при што едно од лицата фрлило тврд предмет и го оштетило службеното полициско возило. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Триесетгодишник со двајца малолетници во „Лада“ пренесувале крадени дрва appeared first on Република.

]]>
Штип, Карбинци и Пробиштип се подготвуваат за Водици https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/shtip-karbintsi-i-probishtip-se-podgotvuvaat-za-voditsi/ Mon, 15 Jan 2024 14:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=733323

Општините Штип, Пробиштип и Карбинци се подготвуваат за големиот христијански празник Богојавление Водици. Свештиникот во Брегалничката епархија, Добрица Јанев за МИА вели дека во Општина Штип до сега се пријавени 50 граѓани, од кои 40 граѓани по светиот крст ќе скокаат во река Брегалница од мостот кај Астибовата градинка, а уште десет лица се пријавени кои ќе се фрлаат во водите на река Брегалница во штипско Ново Село. Посочува дека овој број до петок ќе биде зголемен, оти пријавувањето е се уште е во тек.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов информира дека на три локации крстот ќе се фрли во водите во Општина Карбинци.

-Се работи за добро познати локации во три населени места, во Долни Балван, Карбинци и Таринци ќе се фрла крстот. Очекува да има заинтересираност кај младите за фрлање по светиот крст и порачувам празникот да помине во добро светло, вели Паунов.

Раде Илиевски вработен во Општина Пробиштип вели дека Злетово е единственото место во државата каде по светиот крст во Злетовска река традиционално скокаат само младоженци. Во Пробиштип може да се капат сите заинтересирани лица.

-Во Злетово во раните утрински часови во 7 часот во водите на Злетовска река ќе биде положен светиот крст, а по него исклучиво по стара традиција се капат младоженците. По тоа сме уникатни и единствени во целата држава. Потоа во 11 часот во Пробиштип на Аква паркот сите кои се сакаат да се фрлат по крстот имаат можност за тоа, вели Илиевски.

Свештиниците од Брегалничката епархија информираат дека пријавените кандидати мора да имаат и задолжителен лекарски преглед, за којшто ќе бидат и навреме информирани. в

The post Штип, Карбинци и Пробиштип се подготвуваат за Водици appeared first on Република.

]]>

Општините Штип, Пробиштип и Карбинци се подготвуваат за големиот христијански празник Богојавление Водици. Свештиникот во Брегалничката епархија, Добрица Јанев за МИА вели дека во Општина Штип до сега се пријавени 50 граѓани, од кои 40 граѓани по светиот крст ќе скокаат во река Брегалница од мостот кај Астибовата градинка, а уште десет лица се пријавени кои ќе се фрлаат во водите на река Брегалница во штипско Ново Село. Посочува дека овој број до петок ќе биде зголемен, оти пријавувањето е се уште е во тек. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов информира дека на три локации крстот ќе се фрли во водите во Општина Карбинци. -Се работи за добро познати локации во три населени места, во Долни Балван, Карбинци и Таринци ќе се фрла крстот. Очекува да има заинтересираност кај младите за фрлање по светиот крст и порачувам празникот да помине во добро светло, вели Паунов. Раде Илиевски вработен во Општина Пробиштип вели дека Злетово е единственото место во државата каде по светиот крст во Злетовска река традиционално скокаат само младоженци. Во Пробиштип може да се капат сите заинтересирани лица. -Во Злетово во раните утрински часови во 7 часот во водите на Злетовска река ќе биде положен светиот крст, а по него исклучиво по стара традиција се капат младоженците. По тоа сме уникатни и единствени во целата држава. Потоа во 11 часот во Пробиштип на Аква паркот сите кои се сакаат да се фрлат по крстот имаат можност за тоа, вели Илиевски. Свештиниците од Брегалничката епархија информираат дека пријавените кандидати мора да имаат и задолжителен лекарски преглед, за којшто ќе бидат и навреме информирани. в  

The post Штип, Карбинци и Пробиштип се подготвуваат за Водици appeared first on Република.

]]>
МВР го пронајде 20-годишникот кој викаше на кафе ученици од Карбинци, велат нема елементи на кривично дело https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-go-pronajde-20-godishnikot-koj-vikashe-na-kafe-uchenitsi-od-karbintsi-velat-nema-elementi-na-krivichno-delo/ Sat, 09 Dec 2023 09:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=721217

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје - Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а во координација со Основното јавно обвинителство Штип комплетно го расчистија и документираа случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело.

Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан, информираат од МВР.

Нагласуваат дека целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување.

The post МВР го пронајде 20-годишникот кој викаше на кафе ученици од Карбинци, велат нема елементи на кривично дело appeared first on Република.

Дали е нормално возрасен маж со возило да бара да оди на „кафе“ со девојче од 13 години, а МВР да демантира обид за киднапирање, прашува Паунов https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-normalno-vozrasen-mazh-so-vozilo-da-bara-da-odi-na-kafe-so-devojche-od-13-godini-a-mvr-da-demantira-obid-za-kidnapirane-prashuva-paunov/ Wed, 06 Dec 2023 11:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=720299

Јавноста во Македонија мора да ја знае вистината! Во текот на вчерашниот ден во ООУ „Страшо Пинџур“ Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило 2 ученици од 9-то и 6-то одделение, порачува Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци.

Од исказите на учениците и сведоците но и од доказот што едниот ученик земал пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид. Кои биле мотивите? Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на „кафе“ со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто? Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид, истакна градоначалникот.

Паунов порача:

Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации. Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани.

Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со нај сериозен пристап.
Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци.

The post Дали е нормално возрасен маж со возило да бара да оди на „кафе“ со девојче од 13 години, а МВР да демантира обид за киднапирање, прашува Паунов appeared first on Република.

]]>

Јавноста во Македонија мора да ја знае вистината! Во текот на вчерашниот ден во ООУ „Страшо Пинџур“ Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило 2 ученици од 9-то и 6-то одделение, порачува Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци. Од исказите на учениците и сведоците но и од доказот што едниот ученик земал пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид. Кои биле мотивите? Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на „кафе“ со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто? Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид, истакна градоначалникот. Паунов порача: Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации. Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани. Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со нај сериозен пристап. Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци.

The post Дали е нормално возрасен маж со возило да бара да оди на „кафе“ со девојче од 13 години, а МВР да демантира обид за киднапирање, прашува Паунов appeared first on Република.

]]>
„Имаше обид за киднапирање“, тврди градоначалникот на Карбинци, МВР вели не било така https://republika.mk/vesti/crna-hronika/imashe-obid-za-kidnapirane-tvrdi-gradonachalnikot-na-karbintsi-mvr-veli-ne-bilo-taka/ Tue, 05 Dec 2023 15:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=719986

Градоначалникот на Општина Карбинци денеска изјави дека во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци утрово имало обид за грабнување на две деца од шесто и деветто одделение. МРВ, пак, најостро ги демантира овие информации и посочува дека околу 09:30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе. Таа, според полициското соопштение, веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-kidnapirane-na-uchenitsi-vo-osnovno-uchilishte-vo-karbintsi/

Во овој немил настан којшто се случил ова утро некаде после 9:30 часот имало обид за грабнување на две деца односно двајца ученици од ОУ „Страшо Пинџур“ овде во Карбинци. Она што го имам како информации од персоналот на училиштето и од распитот со инспекторите дека имало таков обид, се обиделе оние грабнувачи да ги воведат децата во возилото кое што влегло до почетокот на дворот. Безбедносните камери го имаат фатено возилото. Се работи на расчистување односно на утврдување на регистарската таблица на самото возило, изјави градоначалникот на Општина Карбинци Паунов.

Тој објаснува дека настанот се случил после 9 и 30 часот, после третиот час и траел неколку минути.

Од она што ние успеавме на камерите да го видиме и да го земеме како доказ од страна персоналот којшто во тој момент тука се движеле, децата кои што биле наводни жртви се едното од шесто одделение, другото деветто оделение, рече Паунов.

За мотивот вели дека остава на полицијата да го открие и да ја расветли целата случка.

Тој апелира да нема вознемиреност кај родителите и на сите оние кои се движат во овој дел, но исто така упати апел и до МВР и до СВР Штип да биде зголемена бебзедноста на овој дел на Општина Карбинци, барем кај училиштата затоа што во последните години нема полициско обезбедување.

Не сме имале досега вакви случувања и затоа алармирам полицијата најсериозно да ја сфати оваа работа да не се случи никогаш повече ова или, пак, да имаме посериозни последици, вели Паунов изразувајќи надеж дека контролата од полицијата ќе биде зголемена.

Според него, децата се добро, родителите се информирани и исто така објаснета е целата ситуација.

Прашан за обезбедување дополнителни безбедносни мерки, градоначалникот на Карбинци вели дека дворот на основното училиште е максимално обезбеден и се користи само за превезување на учениците со возила на училиштето.

Затоа лицето дошло до влезот на училиштето, не дошло до крајот на училишниот двор, така што сметам дека и безбедноста на самото училиште и ние тука како општина ќе направиме максимални напори меѓутоа МВР морално е да постави служби барем кај училиштата кога децата одат на училиште и кога се враќаат од уиличте затоа што вакви случаеви се многу почести во нашата држава, изјави Паунов.

Во училиштето се создала паника, но објаснета е целата ситуација и да не се крева паника.

Паниката треба да ја креваат институциите, рече Паунов.

Полицијата е присутна во училиштето, а таму пристигна и тим од Центарот за социјални работи Штип.

МВР најостро ги демантира шпекулациите кои, како што наведува, денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во општина Карбинци.

Според официјалната пријава до полицијата: Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот, се посочува во соопштението.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-nema-nikakov-obid-za-kidnapirane-momche-pokanilo-uchenichka-vo-negovoto-vozilo-za-da-odat-na-kafe/

Од МВР нагласуваат дека пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви шпекулации. Исто така, им благодариме на медиумите кои ги проверуваат информациите во надлежните институции, се наведува во соопштението од МВР.

The post „Имаше обид за киднапирање“, тврди градоначалникот на Карбинци, МВР вели не било така appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Карбинци денеска изјави дека во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци утрово имало обид за грабнување на две деца од шесто и деветто одделение. МРВ, пак, најостро ги демантира овие информации и посочува дека околу 09:30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе. Таа, според полициското соопштение, веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-kidnapirane-na-uchenitsi-vo-osnovno-uchilishte-vo-karbintsi/
Во овој немил настан којшто се случил ова утро некаде после 9:30 часот имало обид за грабнување на две деца односно двајца ученици од ОУ „Страшо Пинџур“ овде во Карбинци. Она што го имам како информации од персоналот на училиштето и од распитот со инспекторите дека имало таков обид, се обиделе оние грабнувачи да ги воведат децата во возилото кое што влегло до почетокот на дворот. Безбедносните камери го имаат фатено возилото. Се работи на расчистување односно на утврдување на регистарската таблица на самото возило, изјави градоначалникот на Општина Карбинци Паунов.
Тој објаснува дека настанот се случил после 9 и 30 часот, после третиот час и траел неколку минути.
Од она што ние успеавме на камерите да го видиме и да го земеме како доказ од страна персоналот којшто во тој момент тука се движеле, децата кои што биле наводни жртви се едното од шесто одделение, другото деветто оделение, рече Паунов.
За мотивот вели дека остава на полицијата да го открие и да ја расветли целата случка. Тој апелира да нема вознемиреност кај родителите и на сите оние кои се движат во овој дел, но исто така упати апел и до МВР и до СВР Штип да биде зголемена бебзедноста на овој дел на Општина Карбинци, барем кај училиштата затоа што во последните години нема полициско обезбедување.
Не сме имале досега вакви случувања и затоа алармирам полицијата најсериозно да ја сфати оваа работа да не се случи никогаш повече ова или, пак, да имаме посериозни последици, вели Паунов изразувајќи надеж дека контролата од полицијата ќе биде зголемена.
Според него, децата се добро, родителите се информирани и исто така објаснета е целата ситуација. Прашан за обезбедување дополнителни безбедносни мерки, градоначалникот на Карбинци вели дека дворот на основното училиште е максимално обезбеден и се користи само за превезување на учениците со возила на училиштето.
Затоа лицето дошло до влезот на училиштето, не дошло до крајот на училишниот двор, така што сметам дека и безбедноста на самото училиште и ние тука како општина ќе направиме максимални напори меѓутоа МВР морално е да постави служби барем кај училиштата кога децата одат на училиште и кога се враќаат од уиличте затоа што вакви случаеви се многу почести во нашата држава, изјави Паунов.
Во училиштето се создала паника, но објаснета е целата ситуација и да не се крева паника.
Паниката треба да ја креваат институциите, рече Паунов.
Полицијата е присутна во училиштето, а таму пристигна и тим од Центарот за социјални работи Штип. МВР најостро ги демантира шпекулациите кои, како што наведува, денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во општина Карбинци. Според официјалната пријава до полицијата: Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот, се посочува во соопштението. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-nema-nikakov-obid-za-kidnapirane-momche-pokanilo-uchenichka-vo-negovoto-vozilo-za-da-odat-na-kafe/ Од МВР нагласуваат дека пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.
Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви шпекулации. Исто така, им благодариме на медиумите кои ги проверуваат информациите во надлежните институции, се наведува во соопштението од МВР.

The post „Имаше обид за киднапирање“, тврди градоначалникот на Карбинци, МВР вели не било така appeared first on Република.

]]>
Обид за киднапирање на ученици во основно училиште во Карбинци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-kidnapirane-na-uchenitsi-vo-osnovno-uchilishte-vo-karbintsi/ Tue, 05 Dec 2023 11:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=719888

Дете од турска и македонска националнсот биле мета на киднапери во Карбинци. Оваа вест која ја вознемири јавноста ја пренесе штипската телевизија „Стар“.

Дете од турска и македонска националност биле мета на киднаперите во Карбинци. Неуспешниот обид за киднапирање го потврдува и директорката на училиштето „Страшо Пинџур“, Наталија Костова која во кратка изјава за ТВ Стар објасни дека возило со скопски регистарски таблици се обиделе да ги киднапираат деца во училишниот двор, но кога не успеале избегале.

Полицијата го испитува случајот, а луѓето во Карбинци „се на нозе“.

The post Обид за киднапирање на ученици во основно училиште во Карбинци appeared first on Република.

]]>

Дете од турска и македонска националнсот биле мета на киднапери во Карбинци. Оваа вест која ја вознемири јавноста ја пренесе штипската телевизија „Стар“. Дете од турска и македонска националност биле мета на киднаперите во Карбинци. Неуспешниот обид за киднапирање го потврдува и директорката на училиштето „Страшо Пинџур“, Наталија Костова која во кратка изјава за ТВ Стар објасни дека возило со скопски регистарски таблици се обиделе да ги киднапираат деца во училишниот двор, но кога не успеале избегале. Полицијата го испитува случајот, а луѓето во Карбинци „се на нозе“.

The post Обид за киднапирање на ученици во основно училиште во Карбинци appeared first on Република.

]]>
25-годишник загина во сообраќајка на патот Штип-Плачковица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishnik-zagina-vo-soobrakajka-na-patot-shtip-plachkovitsa/ Mon, 01 May 2023 07:21:57 +0000 https://republika.mk/?p=635674

Дваесет и петгодишен жител на Карбици загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во информира дека несреќата се случила синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот К.Т. од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент" со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман.

Во несреќата на место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница - Штип.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР - Штип и јавен обвинител.

The post 25-годишник загина во сообраќајка на патот Штип-Плачковица appeared first on Република.

]]>

Дваесет и петгодишен жител на Карбици загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во информира дека несреќата се случила синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман. Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот К.Т. од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент" со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман. Во несреќата на место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница - Штип. Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР - Штип и јавен обвинител.

The post 25-годишник загина во сообраќајка на патот Штип-Плачковица appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Паунов за две години ќе ја реализира целата програма во Карбинци, ВМРО-ДПМНЕ е пример како треба да се градат општините https://republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-paunov-za-dve-godini-ke-ja-realizira-tselata-programa-vo-karbintsi-vmro-dpmne-e-primer-kako-treba-da-se-gradat-opshtinite/ Wed, 01 Feb 2023 12:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=603360

Секогаш е задоволство кога се присуствува на вакви настани, кога можете да сведочите на нешто кое претходно сте го ветувале, како што градоначалникот во кампањата за локалните избори во 2021 година ветуваше. Од она што можев во еден неврзан разговор пред да ја дадеме оваа изјава, е дека повеќе од 60-70% од она што е ветено во таа кампања е и реализирано, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на Општина Карбинци.

Истакна дека градоначалникот Паунов е оптимист, заедно со администрација овде заедно со луѓето кои се дел од тимот на Општина Карбинци е дека до крајот на втората година, практично во истекот на втората година од неговиот мандат како градоначалник речиси и ќе исполни целата програма која што ја ветуваше во кампањата за локалните избори во 2021 година.

Слушнавме дека ќе имаме и градежна офанзива и оваа пролет и лето, временските прилики се добри. Денеска се завршува со асфалтирање на оваа улица, видовте дека граѓаните се задоволни бидејќи после децении газење кал, сега имаат можност да видат еден исклучително квалитетен градежен објект, со тротоари, со атмосферска канализација, со нов асфалт. Продолжуваме да градиме, онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници продолжува да биде пример како треба да се гради најрпвин својата општина, а потоа и како ќе ја градиме Македонија после следните предвремени парламентарни избори. Јас само можам да охрабрам и да посакам уште многу вакви проекти да бидат реализирани и граѓаните овде во Општина Карбинци, иако мала општина, но со огромен потенцијал, да бидат задоволни од тоа што градоначалникот заедно со неговиот тим ќе им го работат, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Паунов за две години ќе ја реализира целата програма во Карбинци, ВМРО-ДПМНЕ е пример како треба да се градат општините appeared first on Република.

]]>

Секогаш е задоволство кога се присуствува на вакви настани, кога можете да сведочите на нешто кое претходно сте го ветувале, како што градоначалникот во кампањата за локалните избори во 2021 година ветуваше. Од она што можев во еден неврзан разговор пред да ја дадеме оваа изјава, е дека повеќе од 60-70% од она што е ветено во таа кампања е и реализирано, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на Општина Карбинци. Истакна дека градоначалникот Паунов е оптимист, заедно со администрација овде заедно со луѓето кои се дел од тимот на Општина Карбинци е дека до крајот на втората година, практично во истекот на втората година од неговиот мандат како градоначалник речиси и ќе исполни целата програма која што ја ветуваше во кампањата за локалните избори во 2021 година.
Слушнавме дека ќе имаме и градежна офанзива и оваа пролет и лето, временските прилики се добри. Денеска се завршува со асфалтирање на оваа улица, видовте дека граѓаните се задоволни бидејќи после децении газење кал, сега имаат можност да видат еден исклучително квалитетен градежен објект, со тротоари, со атмосферска канализација, со нов асфалт. Продолжуваме да градиме, онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници продолжува да биде пример како треба да се гради најрпвин својата општина, а потоа и како ќе ја градиме Македонија после следните предвремени парламентарни избори. Јас само можам да охрабрам и да посакам уште многу вакви проекти да бидат реализирани и граѓаните овде во Општина Карбинци, иако мала општина, но со огромен потенцијал, да бидат задоволни од тоа што градоначалникот заедно со неговиот тим ќе им го работат, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Паунов за две години ќе ја реализира целата програма во Карбинци, ВМРО-ДПМНЕ е пример како треба да се градат општините appeared first on Република.

]]>
Плантажа со 15.500 стебла марихуана пронајдена кај Штип https://republika.mk/vesti/crna-hronika/plantaza-so-15-500-stebla-marihuana-pronajdena-kaj-shtip/ Tue, 14 Jun 2022 12:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=515075

На подрачјето на општина Карбинци, Штипско, полицијата ги приведе Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од село Карбинци, Штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра, соопштија од МВР.

Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во атарот на село Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од кои дел во цветови. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени Наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15.415 растенија канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

https://youtu.be/odZ96Qw-vLA

The post Плантажа со 15.500 стебла марихуана пронајдена кај Штип appeared first on Република.

Паунов: Почна уредувањето на просторот покрај патеката во близина на село Таринци https://republika.mk/vesti/makedonija/paunov-pochna-ureduvanjeto-na-prostorot-pokraj-patekata-vo-blizina-na-selo-tarinci/ Wed, 02 Mar 2022 14:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=466552

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, информира дека почна уредувањето на просторот покрај патеката во близина на село Таринци.

Нови уредени зелени површини кои ќе го сменат ликот на ова место.

Со оваа втора фаза ќе се заокружи овој урбан лик во овој дел од Општина Карбинци - порачува градоначалникот Паунов.

The post Паунов: Почна уредувањето на просторот покрај патеката во близина на село Таринци appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, информира дека почна уредувањето на просторот покрај патеката во близина на село Таринци.
Нови уредени зелени површини кои ќе го сменат ликот на ова место.   Со оваа втора фаза ќе се заокружи овој урбан лик во овој дел од Општина Карбинци - порачува градоначалникот Паунов.

The post Паунов: Почна уредувањето на просторот покрај патеката во близина на село Таринци appeared first on Република.

]]>
Паунов: Општина Карбинци од изолирана стана отворена за народот https://republika.mk/vesti/makedonija/paunov-opshtina-karbinci-od-izolirana-stana-otvorena-za-narodot/ Tue, 15 Feb 2022 12:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=458853

Во Општина Карбинци во изминатите 100 дена покажавме дека можело да се работи и да се гради за својата општина, сакаме да покажеме дека можело поинаку и дека оваа наша општина може да биде многу подобро место за живеење, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешниот настан „ Промени што носат иднина – 100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Кочани.

Тој истакна дека пред само 3 месеци наследена е општина изолирана и недостапна за народот и јавно претпријатие кое должи повеќе од 20 милиони денари.

Нашиот мотив, знаење и умешност е посилен од сите препреки со кои се соочивме во овие 100 дена во кои успеавме да исчистиме две големи депонии, асфалтиравме улица во Таринци, го завршивме мостот и пристапниот пат во село Карбинци, започнавме партерно уредување на влезот во Таринци, рече Паунов.

Тој истакна дека одобрен реконструкција и доградба на училишната зграда во Таринци, но и доградба на градинката Кокичиња за капацитет за уште 50 деца, а истата добива и нови играчки.

Обезбедивме проекти за нова детска градинка во Карбинци. Обезбедивме проект за уредување на одводниот канал, во завршна фаза е уредувањето на речното на Козјачка река. Уредно легализиравме над 20 предмети кои чекаа завршница со години, а се работи и на останатите, индустриската зона добива инфраструктурно уредување, а уличното осветлување е подигнато на повисоко ниво, потенцираше тој.

Паунов нагласи дека општината денеска е отворена за народот, секој жител може да закаже средба за било каков проблем, забрзана е работата на општинската администрација, а тој како градоначалник се откажал од сите репрезентативни трошоци и сите привилегии.

Наскоро ќе следат асфалтирање на две нови улици во Карбинци, нова улица во Радање, реконструкција на патот Таринци – Долни балван со велосипедско пешачка патека, нови асфалтни површини во населените места, реконструкција на мало спортско игралиште, но и главна улица во Таринци, изјави Паунов.

The post Паунов: Општина Карбинци од изолирана стана отворена за народот appeared first on Република.

]]>

Во Општина Карбинци во изминатите 100 дена покажавме дека можело да се работи и да се гради за својата општина, сакаме да покажеме дека можело поинаку и дека оваа наша општина може да биде многу подобро место за живеење, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешниот настан „ Промени што носат иднина – 100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Кочани. Тој истакна дека пред само 3 месеци наследена е општина изолирана и недостапна за народот и јавно претпријатие кое должи повеќе од 20 милиони денари.
Нашиот мотив, знаење и умешност е посилен од сите препреки со кои се соочивме во овие 100 дена во кои успеавме да исчистиме две големи депонии, асфалтиравме улица во Таринци, го завршивме мостот и пристапниот пат во село Карбинци, започнавме партерно уредување на влезот во Таринци, рече Паунов.
Тој истакна дека одобрен реконструкција и доградба на училишната зграда во Таринци, но и доградба на градинката Кокичиња за капацитет за уште 50 деца, а истата добива и нови играчки.
Обезбедивме проекти за нова детска градинка во Карбинци. Обезбедивме проект за уредување на одводниот канал, во завршна фаза е уредувањето на речното на Козјачка река. Уредно легализиравме над 20 предмети кои чекаа завршница со години, а се работи и на останатите, индустриската зона добива инфраструктурно уредување, а уличното осветлување е подигнато на повисоко ниво, потенцираше тој.
Паунов нагласи дека општината денеска е отворена за народот, секој жител може да закаже средба за било каков проблем, забрзана е работата на општинската администрација, а тој како градоначалник се откажал од сите репрезентативни трошоци и сите привилегии.
Наскоро ќе следат асфалтирање на две нови улици во Карбинци, нова улица во Радање, реконструкција на патот Таринци – Долни балван со велосипедско пешачка патека, нови асфалтни површини во населените места, реконструкција на мало спортско игралиште, но и главна улица во Таринци, изјави Паунов.
 
The post Паунов: Општина Карбинци од изолирана стана отворена за народот appeared first on Република.

]]>
Паунов: Се чисти уште една депонија во село Аргулица во општина Карбинци https://republika.mk/vesti/ekonomija/paunov-se-chisti-ushte-edna-deponija-vo-selo-argulica-vo-opshtina-karbinci/ Thu, 27 Jan 2022 16:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=450384

Денес се чисти и утре ќе биде завршено чистењето на депонијата во село Аргулица!

Продолжуваме со чистење на сите места во Општина Карбинци.

На секоја исчистена локација ќе поставиме и информативни табли со кои ќе укажуваме на забраната за фрлање шут и ѓубре!

Граѓаните на Општина Карбинци заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина!

The post Паунов: Се чисти уште една депонија во село Аргулица во општина Карбинци appeared first on Република.

]]>

Денес се чисти и утре ќе биде завршено чистењето на депонијата во село Аргулица! Продолжуваме со чистење на сите места во Општина Карбинци. На секоја исчистена локација ќе поставиме и информативни табли со кои ќе укажуваме на забраната за фрлање шут и ѓубре! Граѓаните на Општина Карбинци заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина!

The post Паунов: Се чисти уште една депонија во село Аргулица во општина Карбинци appeared first on Република.

]]>