канје вест Archives - Република https://republika.mk/tema/kanje-vest/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 08:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png канје вест Archives - Република https://republika.mk/tema/kanje-vest/ 32 32 Се разведуваат Канје Вест и Бјанка Ценсори https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-razveduvaat-kanje-vest-i-bjanka-tsensori/ Tue, 08 Oct 2024 08:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=824034

Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат по две години брак, дознава ТМЗ.

Според извештаите, парот влегол во тежок период, а на познаниците им кажале дека се разделиле пред неколку недели.

Сè уште не е познато што го поттикнало разделувањето или кој сакал да ја прекине врската, но според извори на ТМЗ, Канје рекол дека планира да живее во Токио, како и да се разведе од Бјанка. Пред тоа Бјанка била со семејството во Австралија.

Двајцата последен пат беа видени заедно на 20 септември во Токио.

Канје и Бјанка предизвикаа големо внимание со нивната романса откако тајно се венчаа во декември 2022 година.

По венчавката Бјанка постојано беше покрај Канје, на јавни настани, но и на семејните собири со неговите деца од бракот со Ким Кардашијан.

Бјанка привлече големо внимание со својот изглед, често многу оскудно облечена или во провидна облека.

The post Се разведуваат Канје Вест и Бјанка Ценсори appeared first on Република.

]]>

Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат по две години брак, дознава ТМЗ. Според извештаите, парот влегол во тежок период, а на познаниците им кажале дека се разделиле пред неколку недели. Сè уште не е познато што го поттикнало разделувањето или кој сакал да ја прекине врската, но според извори на ТМЗ, Канје рекол дека планира да живее во Токио, како и да се разведе од Бјанка. Пред тоа Бјанка била со семејството во Австралија. Двајцата последен пат беа видени заедно на 20 септември во Токио. Канје и Бјанка предизвикаа големо внимание со нивната романса откако тајно се венчаа во декември 2022 година. По венчавката Бјанка постојано беше покрај Канје, на јавни настани, но и на семејните собири со неговите деца од бракот со Ким Кардашијан. Бјанка привлече големо внимание со својот изглед, често многу оскудно облечена или во провидна облека.

The post Се разведуваат Канје Вест и Бјанка Ценсори appeared first on Република.

]]>
Канје и сопругата добија доживотна забрана од Италијанците https://republika.mk/scena/estrada/kanje-i-soprugata-dobija-dozhivotna-zabrana-od-italijantsite/ Mon, 04 Sep 2023 08:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=678546

Канје Вест и неговата нова сопруга Бјанка Ценсори добија доживотна забрана да изнајмуваат чамци во каналите во Венеција по минатонеделниот скандал, кога беа забележани како разменуваат нежности на брод во италијанскиот град. Раперот (46) го покажа голиот задник, додека 28-годишната сопруга ја потпираше главата во неговиот скут.

Компанијата која им го изнајми бродот за Вест и Ценсора, за „Дејли мејл“ потврди дека парот „повеќе не е добредојден“ на нивните чамци. Во соопштението, компанијата ја осуди „непристојната активност“ на парот, велејќи дека не биле свесниза тоа што се случувало на бродот.

Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не го виде нивното непристојно однесување. Да ги забележал, веднаш ќе ги истоварел и ќе ги пријавил кај надлежните. Покрај тоа, во пловилото имало и трето лице, кое ги следело г-дин и г-ѓа Вест, кое му го блокираше погледот на капетанот кон задниот дел на бродот, велат од водечката приватна транспортна компанија во Венеција.

Бјанка и Канје веќе неколку недели се на одмор во Италија, а ова не е првпат да се соочат со казни или забрани. Италијанците веќе го изразија своето незадоволство од облеките на Бјанка, па ја пријавија новата сопруга на раперот во полиција поради нејзиниот контроверзен стил што го покажува на улиците на нивната католичка земја. Додека голиот задник на Канје ќе остане неказнет, барем засега, Ценсори ја чека казна за нејзиното „речиси голо“ шетање по улиците на Италија во полупроѕирен беж комбинезон.

Според италијанскиот Уставен суд, казната за нејзиното однесување се движи од 5.000 до 10.000 евра. А, оној што на таков начин ќе се изложи на места каде што се наоѓаат малолетници, може да се казни со казна затвор од четири месеци до четири години.

Покрај бројните коментари и јавните негодувања на Интернет, поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, исто така, упати загриженост за раперот велејжи дека „очигледно нешто не е во ред со него“ и не знае како „ќе им објасни сè на децата“.

The post Канје и сопругата добија доживотна забрана од Италијанците appeared first on Република.

]]>

Канје Вест и неговата нова сопруга Бјанка Ценсори добија доживотна забрана да изнајмуваат чамци во каналите во Венеција по минатонеделниот скандал, кога беа забележани како разменуваат нежности на брод во италијанскиот град. Раперот (46) го покажа голиот задник, додека 28-годишната сопруга ја потпираше главата во неговиот скут. Компанијата која им го изнајми бродот за Вест и Ценсора, за „Дејли мејл“ потврди дека парот „повеќе не е добредојден“ на нивните чамци. Во соопштението, компанијата ја осуди „непристојната активност“ на парот, велејќи дека не биле свесниза тоа што се случувало на бродот.
Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не го виде нивното непристојно однесување. Да ги забележал, веднаш ќе ги истоварел и ќе ги пријавил кај надлежните. Покрај тоа, во пловилото имало и трето лице, кое ги следело г-дин и г-ѓа Вест, кое му го блокираше погледот на капетанот кон задниот дел на бродот, велат од водечката приватна транспортна компанија во Венеција.
Бјанка и Канје веќе неколку недели се на одмор во Италија, а ова не е првпат да се соочат со казни или забрани. Италијанците веќе го изразија своето незадоволство од облеките на Бјанка, па ја пријавија новата сопруга на раперот во полиција поради нејзиниот контроверзен стил што го покажува на улиците на нивната католичка земја. Додека голиот задник на Канје ќе остане неказнет, барем засега, Ценсори ја чека казна за нејзиното „речиси голо“ шетање по улиците на Италија во полупроѕирен беж комбинезон. Според италијанскиот Уставен суд, казната за нејзиното однесување се движи од 5.000 до 10.000 евра. А, оној што на таков начин ќе се изложи на места каде што се наоѓаат малолетници, може да се казни со казна затвор од четири месеци до четири години. Покрај бројните коментари и јавните негодувања на Интернет, поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, исто така, упати загриженост за раперот велејжи дека „очигледно нешто не е во ред со него“ и не знае како „ќе им објасни сè на децата“.

The post Канје и сопругата добија доживотна забрана од Италијанците appeared first on Република.

]]>
Италијанците ја пријавиле девојката на Канје Вест во полиција: „Локалните власти треба да ја казнат“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/italijantsite-ja-prijavile-devojkata-na-kanje-vest-vo-politsija-lokalnite-vlasti-treba-da-ja-kaznat/ Wed, 23 Aug 2023 12:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=675012

Новата „сопруга“ на Канје Вест била пријавена во полиција поради модниот стил кој го покажува на улиците во Италија, пишува Дејли Мејл. Овој месец австралиската архитектка Бјанка Ценсори (28) привлече внимание и негативни коментари бидејќи низ Италија прошета во оскудна облека.

Бјанка беше без градник во тесен проѕирен костим, а голите брадавици на моменти ги покриваше со црна чанта што ја носеше преку телото. Многубројните коментари на интернет велат дека локалните власти треба да ја казнат за аутфитите во кои прошетала низ Италија.

„Изненадувачки е што не е уапсена. Италија е многу поконзервативна, и со право во овој случај“, „Се надевам дека Италија ќе ги избрка од земјата“, „Ние сме католичка земја, ова е непочитување“, се само дел од коментарите.

Foto: Profimedia

Foto: Profimedia

Според официјалната италијанска туристичка страница CIU Travel, локалните жители сметаат дека е навредливо да гледаат посетители како шетаат по улиците во различни земји оскудно облечени. Бјанка неколку пати прошета по улиците на Италија со голи гради кои јасно се гледаа под проѕирната мрежеста облека.

Да потсетиме дека на почетокот на годината се шпекулираше дека Кање се омажила за Бјанка Ценсори, два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Тие се видени заедно во јавност со бурми на рацете, а според изворите, венчавката се одржала во тајност.

Сепак, странските медиуми пишуваат дека младенците никогаш не поднеле барање за дозвола за брак, иако Бјанка еднаш изјавила дека е мажена. Инаку, парот живее заедно во двособен пентхаус во Западен Холивуд.

The post Италијанците ја пријавиле девојката на Канје Вест во полиција: „Локалните власти треба да ја казнат“ appeared first on Република.

]]>

Новата „сопруга“ на Канје Вест била пријавена во полиција поради модниот стил кој го покажува на улиците во Италија, пишува Дејли Мејл. Овој месец австралиската архитектка Бјанка Ценсори (28) привлече внимание и негативни коментари бидејќи низ Италија прошета во оскудна облека. Бјанка беше без градник во тесен проѕирен костим, а голите брадавици на моменти ги покриваше со црна чанта што ја носеше преку телото. Многубројните коментари на интернет велат дека локалните власти треба да ја казнат за аутфитите во кои прошетала низ Италија. „Изненадувачки е што не е уапсена. Италија е многу поконзервативна, и со право во овој случај“, „Се надевам дека Италија ќе ги избрка од земјата“, „Ние сме католичка земја, ова е непочитување“, се само дел од коментарите. Foto: Profimedia Foto: Profimedia Според официјалната италијанска туристичка страница CIU Travel, локалните жители сметаат дека е навредливо да гледаат посетители како шетаат по улиците во различни земји оскудно облечени. Бјанка неколку пати прошета по улиците на Италија со голи гради кои јасно се гледаа под проѕирната мрежеста облека. Да потсетиме дека на почетокот на годината се шпекулираше дека Кање се омажила за Бјанка Ценсори, два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Тие се видени заедно во јавност со бурми на рацете, а според изворите, венчавката се одржала во тајност. Сепак, странските медиуми пишуваат дека младенците никогаш не поднеле барање за дозвола за брак, иако Бјанка еднаш изјавила дека е мажена. Инаку, парот живее заедно во двособен пентхаус во Западен Холивуд.

The post Италијанците ја пријавиле девојката на Канје Вест во полиција: „Локалните власти треба да ја казнат“ appeared first on Република.

]]>
Кање Вест најави повторна кандидатура за претседател на САД https://republika.mk/vesti/svet/kanje-vest-najavi-povtorna-kandidatura-za-pretsedatel-na-sad/ Tue, 22 Nov 2022 09:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=576821

Кање Вест најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД. Раперот добитник на Греми рече дека работи на својата претседателска кампања за 2024 година, заедно со десничарот Мајло Јанопулос, јави ДПА.

Благодарам, прифаќам, вели Кање Вест (45) во видеото објавено во неделата, прашан дали официјално ја објавува својата кандидатура.

Раперот се кандидираше како независен кандидат и на претседателските избори во 2020 година и доби околу 70.000 гласови во 12 сојузни држави.

Последниве неколку седмици, Кање Вест се најде сред контроверзии поради „неколкукратни антисемитски“ коментари. Инстаграм и Твитер минатиот месец привремено го ограничија пристапот до неговите профили, а „Адидас“ ја прекина соработката со него.

The post Кање Вест најави повторна кандидатура за претседател на САД appeared first on Република.

]]>

Кање Вест најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД. Раперот добитник на Греми рече дека работи на својата претседателска кампања за 2024 година, заедно со десничарот Мајло Јанопулос, јави ДПА.
Благодарам, прифаќам, вели Кање Вест (45) во видеото објавено во неделата, прашан дали официјално ја објавува својата кандидатура.
Раперот се кандидираше како независен кандидат и на претседателските избори во 2020 година и доби околу 70.000 гласови во 12 сојузни држави. Последниве неколку седмици, Кање Вест се најде сред контроверзии поради „неколкукратни антисемитски“ коментари. Инстаграм и Твитер минатиот месец привремено го ограничија пристапот до неговите профили, а „Адидас“ ја прекина соработката со него.

The post Кање Вест најави повторна кандидатура за претседател на САД appeared first on Република.

]]>
Кање Вест веќе не е милијардер откако „Адидас“ му го откажа партнерството https://republika.mk/scena/estrada/kanje-vest-vekje-ne-e-milijarder-otkako-adidas-mu-go-otkaza-partnerstvoto/ Wed, 26 Oct 2022 08:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=565746

Поништувањето на партнерството со „Адидас“ е голем удар за богатството на раперот Кање Вест. Тој сега и официјално веќе не е милијардер.

Компанијата за спортска опрема ја прекина соработката со Кање, по повод неговите антисемитски изјави, објави „Форбс“. Стручното списание го процени тој договор на Вест на 1,5 милијарди долари и нагласува дека финансиската состојба на музичарот сега паѓа на 400 милиони долари.

„Адидас“ вчера ја објави својата одлука да го прекине партнерството со Вест, т.е. производството на линијата обувки и облека „Јизи“ (Yeezy) на раперот е веднаш прекинато. „’Адидас’ не толерира антисемитизам и секаков друг вид говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки се неприфатливи, полни омраза и опасно ги нарушуваат вредностите на компанијата за различност и вклученост, меѓусебно почитување и правичност“, соопшти германската компанија.

Овој потег доаѓа набргу откако и агенцијата за таленти CAA го отпушти Вест (45), а филмското студио „МРЦ“ одлучи да не објави завршен документарен филм за 24-кратниот добитник на „Греми“. На почетокот на овој месец, профилот на Вест на Инстаграм беше делумно блокиран, а и неговиот профил на Твитер беше заклучен поради објавите што се оценети како антисемитски.

The post Кање Вест веќе не е милијардер откако „Адидас“ му го откажа партнерството appeared first on Република.

]]>

Поништувањето на партнерството со „Адидас“ е голем удар за богатството на раперот Кање Вест. Тој сега и официјално веќе не е милијардер. Компанијата за спортска опрема ја прекина соработката со Кање, по повод неговите антисемитски изјави, објави „Форбс“. Стручното списание го процени тој договор на Вест на 1,5 милијарди долари и нагласува дека финансиската состојба на музичарот сега паѓа на 400 милиони долари. „Адидас“ вчера ја објави својата одлука да го прекине партнерството со Вест, т.е. производството на линијата обувки и облека „Јизи“ (Yeezy) на раперот е веднаш прекинато. „’Адидас’ не толерира антисемитизам и секаков друг вид говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки се неприфатливи, полни омраза и опасно ги нарушуваат вредностите на компанијата за различност и вклученост, меѓусебно почитување и правичност“, соопшти германската компанија. Овој потег доаѓа набргу откако и агенцијата за таленти CAA го отпушти Вест (45), а филмското студио „МРЦ“ одлучи да не објави завршен документарен филм за 24-кратниот добитник на „Греми“. На почетокот на овој месец, профилот на Вест на Инстаграм беше делумно блокиран, а и неговиот профил на Твитер беше заклучен поради објавите што се оценети како антисемитски.

The post Кање Вест веќе не е милијардер откако „Адидас“ му го откажа партнерството appeared first on Република.

]]>
Канје Вест првпат во јавност со новата девојка https://republika.mk/scena/estrada/kanje-vest-prvpat-vo-javnost-so-novata-devojka/ Sun, 23 Jan 2022 18:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=448414

Американскиот рапер Канје Вест првпат по разделбата со Ким Кардашијан во јавност се појави со новата девојка. Станува збор за катерката Џулија Фокс, која деновиве го придружува на Париската модна недела.

Облечени во тексас од глава до пети, Вест и Фокс прошетаа на црвениот килим пред ревијата на Кензо за есен/зима 2022/23 година.

The post Канје Вест првпат во јавност со новата девојка appeared first on Република.

]]>

Американскиот рапер Канје Вест првпат по разделбата со Ким Кардашијан во јавност се појави со новата девојка. Станува збор за катерката Џулија Фокс, која деновиве го придружува на Париската модна недела. Облечени во тексас од глава до пети, Вест и Фокс прошетаа на црвениот килим пред ревијата на Кензо за есен/зима 2022/23 година.

The post Канје Вест првпат во јавност со новата девојка appeared first on Република.

]]>
Канје Вест во Русија ќе се сретне со Путин https://republika.mk/scena/estrada/kanje-vest-vo-rusija-kje-se-sretne-so-putin/ Wed, 12 Jan 2022 22:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=443951

Познатиот рапер Канје Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со претседателот Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со руски магнати. Оваа вест и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид дека тој своевремено се нарекуваше „младиот Путин“.

Вест ќе пристигне во Москва нешто подоцна оваа година, каде што ќе ги одржи своите први настапи во овој град, а има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин, пишува „Билборд“.

Советникот на раперот Амир Судан тврди дека ќе му помогнат на Емин да ја изгради својата меѓународна репутација, а договорите со Агаларов се очекува да му донесат милијарди.

Агаларов е познат по инвестирањето во странство, а токму тој постигна договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одржување на изборот за Мис Универзум во 2013 година во Москва. Тие разговараа и за проектот за развој на кулата Трамп во Москва, кој подоцна беше заборавен.

Внимание привлекува и планот на Вест да се сретне со Путин, кого тој го покани на еден од неговите настапи во Москва. Рускиот претседател не е љубител на рапот, но ќе има заеднички теми со раперот, особено кога е во прашање религијата, пишува „Билборд“.

The post Канје Вест во Русија ќе се сретне со Путин appeared first on Република.

]]>

Познатиот рапер Канје Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со претседателот Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со руски магнати. Оваа вест и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид дека тој своевремено се нарекуваше „младиот Путин“. Вест ќе пристигне во Москва нешто подоцна оваа година, каде што ќе ги одржи своите први настапи во овој град, а има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин, пишува „Билборд“. Советникот на раперот Амир Судан тврди дека ќе му помогнат на Емин да ја изгради својата меѓународна репутација, а договорите со Агаларов се очекува да му донесат милијарди. Агаларов е познат по инвестирањето во странство, а токму тој постигна договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одржување на изборот за Мис Универзум во 2013 година во Москва. Тие разговараа и за проектот за развој на кулата Трамп во Москва, кој подоцна беше заборавен. Внимание привлекува и планот на Вест да се сретне со Путин, кого тој го покани на еден од неговите настапи во Москва. Рускиот претседател не е љубител на рапот, но ќе има заеднички теми со раперот, особено кога е во прашање религијата, пишува „Билборд“.

The post Канје Вест во Русија ќе се сретне со Путин appeared first on Република.

]]>
Путин ќе се сретне со Канје Вест https://republika.mk/vesti/svet/putin-kje-se-sretne-so-kanje-vest/ Wed, 12 Jan 2022 10:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=443621

Aмериканскиот рапер Канје Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со тамошни магнати. Оваа вест можеби и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид тоа дека тој своевремено се нарекуваше „млад Путин“.

Вест ќе пристигне во Москва подоцна оваа година, каде што ќе ги одржи своите први настапи во овој град, а има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин. Советникот на рускиот рапер – Амир Судан тврди дека тоа ќе му помогне на Емин да го изгради својот меѓународен углед, а договорите на Агаларов, наводно, се очекува да му донесат милијарди.

Агаларов е познат по инвестирањето во странство, а и по тоа што постигна договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одржување на Мис Универзум во 2013 година во Москва. Тие разговараа и за проектот за развој на „кула Трамп“ во Москва, но тоа не се оствари. Внимание привлекува и планот на Вест да се сретне со Путин. Рускиот претседател не е љубител на рапот, но ќе има и други заеднички теми со раперот, особено околу религијата, како што се наведува.

The post Путин ќе се сретне со Канје Вест appeared first on Република.

]]>

Aмериканскиот рапер Канје Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со тамошни магнати. Оваа вест можеби и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид тоа дека тој своевремено се нарекуваше „млад Путин“. Вест ќе пристигне во Москва подоцна оваа година, каде што ќе ги одржи своите први настапи во овој град, а има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин. Советникот на рускиот рапер – Амир Судан тврди дека тоа ќе му помогне на Емин да го изгради својот меѓународен углед, а договорите на Агаларов, наводно, се очекува да му донесат милијарди. Агаларов е познат по инвестирањето во странство, а и по тоа што постигна договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одржување на Мис Универзум во 2013 година во Москва. Тие разговараа и за проектот за развој на „кула Трамп“ во Москва, но тоа не се оствари. Внимание привлекува и планот на Вест да се сретне со Путин. Рускиот претседател не е љубител на рапот, но ќе има и други заеднички теми со раперот, особено околу религијата, како што се наведува.

The post Путин ќе се сретне со Канје Вест appeared first on Република.

]]>