кандидат за претседател Archives - Република https://republika.mk/tema/kandidat-za-pretsedatel/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Mar 2024 11:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кандидат за претседател Archives - Република https://republika.mk/tema/kandidat-za-pretsedatel/ 32 32 Главна должност на претседателот на државата е почитување на принципот на владеење на правото, да го избереме најдоброто решение за развој на општeство https://republika.mk/vesti/makedonija/glavna-dolzhnost-na-pretsedatelot-na-drzhavata-e-pochituvane-na-printsipot-na-vladeene-na-pravoto-da-go-izbereme-najdobroto-reshenie-za-razvoj-na-opshtestvo/ Sat, 02 Mar 2024 11:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=750295

На денешната панел дискусија на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ зборуваше Александар Климовски, универзитетски професор каде истакна дека една од должностите на претседателот на државата е принципот на владеење на правото и дека идниот претседател треба да изнајде најдобри решенија и да носи најдобри одлуки во развојот на општеството.

Принципот на владеење на правото секако е една од должностите на претседателот на државата, но за да дојдеме до тоа како тој треба да го остварува овој принцип потребно е претходно да ја скицираме профилната слика на еден вистински претседател. Политичката теорија препознава две компоненти на тоа како еден претседател треба да изгледа, тоа се: правно-политичката компонента и личната односно морално-интегративна компонента. Политичката компонента токму го подразбира почитувањето на принципот е на владеењето на правото и особено заштита на уставниот поредок. Додека моралната односно личната компонента на еден профил на еден претседател подразбира оној збир на основни човекови вредности, а тоа е морал, доследност и конзистентност во носењето на одлуките во развојот на општеството. Од тие причини идниот претседател треба да биде стожер на различни ставови, различни мислења кои доаѓаат и од различни поединци, групи да можат тие да бидат спротивставени, но тој треба да има доволно капацитет носејќи ги овие компоненти во себе да може истите да ги синтетизира истите спортивставени ставови, да ги помири и да изнајде најдобри решенија и да носи најдобри одлуки во развојот на општеството - рече Климовски.

Професорот Климовски во текот на своето обраќање се осврна и на моменталниот претседател на државата, Стево Пендаровски кој заедно со власта го поттикнуваше принципот на невладеење на правото кој што го голема мера и владата го практикуваше во овие 7 години.

Ние имаме моментално еден претседател кој што е дел од таа извршна власт заедно со владата кој што го промовираше и го поттикнуваше практично принципот на невладеење на правото кој што во голема мера владата го практикуваше во овие 7 години. Платформа на непочитување на тој принцип на владеење на правото беше една штетна замена за тези што значи мултиетничко општество бидејќи тие дојдоа со паролата „едно општество за сите“, тоа значеше едно општество за сите. Меѓутоа никаде во современите парламентарни демократи постои мултиетничко општество, а не мултиетничка држава. Но тие користејќи го терминот мултиетничко општество практично ја создадоа мултиетничката држава, а мултиетничката држава доведе до тоа да ние имаме владеење на малцинството врз мнозинскиот народ во Македонија. Како алатка ја воведоа злоупотребата на правилата на европското знаменце. Тука мислам дека е најголемото кршење на владеење на правото - кажа тој.

На панел дискусијата се осврна и професорката Тања Каракамишева каде потенцираше дека многу малку знаат дека претседателот може да биде стожер на републиката, олицетворение, да биде лидерот, водачот по кој што ќе биде препознатлива државата.

Ние денеска зборуваме за претседателот на република, многумина од нас можеби ги знаат уставните надлежности, но не можат да ја видат пошироката слика. Она што е набројано во уставот и законите е јасната нормативна рамка, во која рамка треба да се движи претседателот и неговите извршувања на неговите надлежности. Но морам да забележам дека нормативната рамка е едната страна медалјата, онаа друга страна на медалјата за која што многу малку зборуваме е прашањето како сите тие нормативни надлежности се реализираат во пракса. Многу малку знаат и граѓаните и политичарите дека претседателот без разлика што можеби согласно уставот нема некои големи надлежности и често пати се споредува со британска кралица или британски крал и многу малку знаат дека и те како може да биде стожер на републиката, да биде олицетворение, да биде лидерот, водачот по кој што ќе биде препознатлива државата, но и граѓаните ќе се чувствуваат дека околу претседателот практично може да се соберат сите граѓани и да бидат водени од претседателот и да имаат визија за тоа каде е нивното место во рамки на меѓународната заедница но и на домашен терен - вели Каракамишева.

Професорката Каракамишева во текот на своето обраќање посочи дека во последните години претседателот на републиката многу малку се интегрира околу интегрирање и симбиотично делување во рамките на нацијата.

Она кое можат да го забележат е дека во последниве децении е дека претседателот на републиката многу малку се интегрира околу интегрирање и симбиотично делување во рамките на нацијата. Ние немаме никакви обиди од страна на претседателот да се направи некаква мрежа интелектуална, образовна но и секаква друга мрежа прво внатре на поединци кои ќе делуваат внатре во рамките на системот и преку таа мрежа да бидат претставени нашите интереси надвор - додаде таа.

The post Главна должност на претседателот на државата е почитување на принципот на владеење на правото, да го избереме најдоброто решение за развој на општeство appeared first on Република.

]]>

Дали СДС го принуди Пендаровски да се кандидира за претседатели затоа што никој друг не се нафаќа на пораз, прашува ВМРО ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sds-go-prinudi-pendarovski-da-se-kandidira-za-pretsedateli-zatoa-shto-nikoj-drug-ne-se-nafaka-na-poraz-prashuva-vmro-dpmne/ Thu, 29 Feb 2024 08:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=749504

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира.

Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите.

Но едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави.

Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата.

За тоа ќе биде казнет на следните избори, се вели во соопштението на партијата.

The post Дали СДС го принуди Пендаровски да се кандидира за претседатели затоа што никој друг не се нафаќа на пораз, прашува ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира. Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите. Но едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави. Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата. За тоа ќе биде казнет на следните избори, се вели во соопштението на партијата.
 
The post Дали СДС го принуди Пендаровски да се кандидира за претседатели затоа што никој друг не се нафаќа на пораз, прашува ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Таравари: Дојде време за претседател Албанец https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-dojde-vreme-za-pretsedatel-albanets/ Thu, 15 Feb 2024 10:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=744324

Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари денеска од Гостивар официјално најави дека ќе истрча во трката за претседател на државата како кандидат на Европскиот сојуз за промени. Тој на прес-конференцијата каде ја најави својата кандидатура рече дека дојде времето Македонија да има претседател Албанец, но не технички туку вистински.

Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори. Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински, рече Таравари на прес-конференција во Гостивар, на која присуствуваат лидерите на трите партии од ЕСП, Изет Меџити на Демократско движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движење Беса.

Најави дека ќе побара поддршка од сите политички партии што сметаат дека тој е човекот што треба да ја предводи државата во следните пет години, како и од невладините организации, а како што рече, пред се, од народот кој е најважен за мене. Ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.

Предлогот е од пред еден месец, инсистирањето беше од пријатели, другари, истомисленици, седнавме со партиите од опозицијата, сега сме веќе заедничка албанска опозиција, во сабота ќе го официјализираме ова, и дојдовме до констатација дека најдобро би било јас да се кандидирам за претседател. Јас одлучив доцна синоќа да се кандидирам, рече Таравари, наведувајќи и дека ќе продолжи да ја извршува градоначалничката функција, како што посочи, додека не биде избран за претседател.

Одлуката ја донел синоќа. Смета дека ќе добие поголема поддршка.

Кандидатурата ќе ја пријават со потписи од граѓани. Градоначалникот на Гостивар очекува за ден-два да бидат собрани потребните 10.000 потписи за неговата кандидатура. На функцијата градоначалник ќе остане до неговата официјална кандидатура кога, според Закон, ќе мора да се повлече.

The post Таравари: Дојде време за претседател Албанец appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари денеска од Гостивар официјално најави дека ќе истрча во трката за претседател на државата како кандидат на Европскиот сојуз за промени. Тој на прес-конференцијата каде ја најави својата кандидатура рече дека дојде времето Македонија да има претседател Албанец, но не технички туку вистински.
Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори. Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински, рече Таравари на прес-конференција во Гостивар, на која присуствуваат лидерите на трите партии од ЕСП, Изет Меџити на Демократско движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движење Беса.
Најави дека ќе побара поддршка од сите политички партии што сметаат дека тој е човекот што треба да ја предводи државата во следните пет години, како и од невладините организации, а како што рече, пред се, од народот кој е најважен за мене. Ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.
Предлогот е од пред еден месец, инсистирањето беше од пријатели, другари, истомисленици, седнавме со партиите од опозицијата, сега сме веќе заедничка албанска опозиција, во сабота ќе го официјализираме ова, и дојдовме до констатација дека најдобро би било јас да се кандидирам за претседател. Јас одлучив доцна синоќа да се кандидирам, рече Таравари, наведувајќи и дека ќе продолжи да ја извршува градоначалничката функција, како што посочи, додека не биде избран за претседател.
Одлуката ја донел синоќа. Смета дека ќе добие поголема поддршка. Кандидатурата ќе ја пријават со потписи од граѓани. Градоначалникот на Гостивар очекува за ден-два да бидат собрани потребните 10.000 потписи за неговата кандидатура. На функцијата градоначалник ќе остане до неговата официјална кандидатура кога, според Закон, ќе мора да се повлече.

The post Таравари: Дојде време за претседател Албанец appeared first on Република.

]]>
Професорката Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица https://republika.mk/vesti/makedonija/profesorkata-biljana-vankovska-kandidat-za-pretsedatel-od-levitsa/ Wed, 07 Feb 2024 10:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=741401

Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица за претседателските избори.

Ова го соопшти претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој истакна дека го имаат најдобриот кандидат.

Првиот круг претседателски избори во државава ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

The post Професорката Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица appeared first on Република.

]]>

Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица за претседателските избори. Ова го соопшти претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој истакна дека го имаат најдобриот кандидат. Првиот круг претседателски избори во државава ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

The post Професорката Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица appeared first on Република.

]]>
Касами: Имаме разговарано со Таравари за да биде кандидат за претседател на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-imame-razgovarano-so-taravari-za-da-bide-kandidat-za-pretsedatel-na-drzhavata/ Thu, 01 Feb 2024 10:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=739285

Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.

Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.

Првиот човек на Беса истакна дека косовскиот премиер и претседател на Самоопределување Албин Курти заедно со претседателот на косовското Собрание Глаук Коњуфца биле дел од изборните кампањи во неколку изборни циклуси.

Сега ќе имаме иновации, каде претставници или високи експоненти на Движењето Самоопределување на Косово, но и кои се државјани на Македонија, ќе бидат дел од изборните листи за пратеници во листите на здружената опозиција, рече рече Касами.

The post Касами: Имаме разговарано со Таравари за да биде кандидат за претседател на државата appeared first on Република.

Не мора да се дел од партијата: Во тек е номинацијата на кандидати на СДСМ за претседател на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mora-da-se-del-od-partijata-vo-tek-e-nominatsijata-na-kandidati-na-sdsm-za-pretsedatel-na-drzhavata/ Thu, 11 Jan 2024 14:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=731985

СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за претседател на државата за претседателските избори оваа година, соопшти денеска портпаролот на партијата Богданка Кузеска, додавајќи дека како партија со „најголема внатрепартиска демократија во земјава СДСМ спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат“.

СДСМ го избира победничкиот кандидат кој ќе биде иден Претседател на Републиката, рече Кузеска.

Во тек е веќе номинацијата на можни кандидати за претседател на државата во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ. Дополнително, отворен е и јавен повик за самокандидирање, преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик.

Со сите документи и формулари од денеска јавниот повик е достапен и на официјалната интернет страница на СДСМ.

Кузеска додаде дека како партија даваат можност за самокандидирање и на личности кои не се од СДСМ, но „ги споделуваат социјалдемократските вредности“.

Сите кандидати мора да ги исполнуваат највисоките критериуми. Да имаат висок општествен углед и кредибилитет, да уживаат доверба од членството, симпатизерите. Да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на сите наши граѓани без разлика на верска и етничка припадност и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и исполнување на уште една стратешка и национална цел: членство во ЕУ. Сите кандидати мора да го прифатат, да го почитуваат и да се придржуваат кон Кодексот за однесување на членовите и функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Нашите вредности не дефинираат и не разликуваат од антиевропските и недемократски партии како ДПМНЕ и Левица. Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат критериумите и кои се заинтересирани да се пријават. За текот на процесот ќе ја информираме јавноста. СДСМ ќе го има новиот претседател на државата, СДСМ ќе ја формира иднината проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ во новиот мандат, рече Кузеска.

The post Не мора да се дел од партијата: Во тек е номинацијата на кандидати на СДСМ за претседател на државата appeared first on Република.

]]>

СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за претседател на државата за претседателските избори оваа година, соопшти денеска портпаролот на партијата Богданка Кузеска, додавајќи дека како партија со „најголема внатрепартиска демократија во земјава СДСМ спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат“.
СДСМ го избира победничкиот кандидат кој ќе биде иден Претседател на Републиката, рече Кузеска.
Во тек е веќе номинацијата на можни кандидати за претседател на државата во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ. Дополнително, отворен е и јавен повик за самокандидирање, преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик. Со сите документи и формулари од денеска јавниот повик е достапен и на официјалната интернет страница на СДСМ. Кузеска додаде дека како партија даваат можност за самокандидирање и на личности кои не се од СДСМ, но „ги споделуваат социјалдемократските вредности“.
Сите кандидати мора да ги исполнуваат највисоките критериуми. Да имаат висок општествен углед и кредибилитет, да уживаат доверба од членството, симпатизерите. Да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на сите наши граѓани без разлика на верска и етничка припадност и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и исполнување на уште една стратешка и национална цел: членство во ЕУ. Сите кандидати мора да го прифатат, да го почитуваат и да се придржуваат кон Кодексот за однесување на членовите и функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Нашите вредности не дефинираат и не разликуваат од антиевропските и недемократски партии како ДПМНЕ и Левица. Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат критериумите и кои се заинтересирани да се пријават. За текот на процесот ќе ја информираме јавноста. СДСМ ќе го има новиот претседател на државата, СДСМ ќе ја формира иднината проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ во новиот мандат, рече Кузеска.

The post Не мора да се дел од партијата: Во тек е номинацијата на кандидати на СДСМ за претседател на државата appeared first on Република.

]]>
Пендаровски нема да има предност пред другите можни кандидати за претседател од СДСМ, сите ќе имаат иста стартна позиција https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nema-da-ima-prednost-pred-drugite-mozhni-kandidati-za-pretsedatel-od-sdsm-site-ke-imaat-ista-startna-pozitsija/ Wed, 10 Jan 2024 10:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=731511

Не се знае кој ќе биде претседателски кандидат од СДСМ, но и дали Стево Пендаровски ќе ја добие поддршката од партиските органи. Премиерот Димитар Ковачевски посочува дека во моментов се собираат предлозите од општинските органоци на партијата, па ќе има состаноци, по што ќе се одлучи.

СДСМ отпочна процедури за номинација на нови кандидати за претседател на државата. Во таа номинациската трка, сите можни кандидати имаат еднаква стартна позиција. Вчера имаше први состаноци на општинските раководства“, кажа Ковачевски.

Пофални зборови доби и Пендаровски.

За претседателот Пендаровски, јас имам кажано дека успешно го извршуваше мандатот. Сметам дека сите граѓани ги третираше со еднаква почит без разлика на припадноста по било кој основ. Можам да зборувам за вредности какви треба да дели кандидатот, меѓутоа не можам да прејудицирам кој ќе биде кандидатот“, додава Ковачевски.

Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека максимум во втората половина на февруари ќе се изјасни дали ќе се кандидира за втор претседателски мандат.

The post Пендаровски нема да има предност пред другите можни кандидати за претседател од СДСМ, сите ќе имаат иста стартна позиција appeared first on Република.

Важно е кандидатот за претседател да ги обедини структурите кои споделуваат европски вредности, вели Спасовски на прашањето за кандидатура https://republika.mk/vesti/makedonija/vazhno-e-kandidatot-za-pretsedatel-da-gi-obedini-strukturite-koi-spodeluvaat-evropski-vrednosti-veli-spasovski-na-prashaneto-za-kandidatura/ Mon, 24 Jul 2023 08:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=664626

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Алсат ТВ беше запрашан дали ќе се кандидира за Претседател на Република Македонија, со оглед на резултатите од анкетите, како и фактот што неговото име се споменува сѐ почесто како што се приближуваат претседателските избори.

И анкетите и признанието од страна на граѓаните се само уште еден мотив повеќе да се посветам максимално за да ги завршиме сите работи кои ни стојат на рапсолагање. Затоа, за мене воопшто не е важно колку време трае мандатот - јас од првиот ден кога дојдов овде, тргнав кон остварувањето на целите кои ги зададов. Без притоа да калкулирам колку би можел да трае мандатот на министерот, дали еден, дали повеќе мандати, дали една година итн. Ако тргнете со пристап дека треба нешто да завршите и да ја остварите целта која ја имате, тоа е доволно важно за себе и за сите други кои се околу - да се препознае таа намера и да се оствари целта. Така што, во политичкиот дел за тоа сигурно дека ќе се разговара на ниво на партија, на ниво на партиски органи во носењето на таквите одлуки, рече Спасовски.

Во однос на имињата за Претседател на државата, Спасовски рече: „Да, јас ги слушам спомнувањата на имиња, меѓутоа сето тоа е во рамки на шпекулации, разговори кои ги има во јавноста... Меѓутоа, јас сега воопшто не размислувам на тоа прашање. Можеби ќе дојде тема на која ќе разговараме и ќе ги соочиме сите аргументи. За мене што е важно?! Важно е да се направат добри анализи, важно е да се обединат сите структури кои подразбираат или ги споделуваат заедничките европски вредности, вредности за напредокот на државата и, таа опција да ја предводи Македонија и во наредните четири години. Тоа е мојот врвен приоритет и за тој приоритет ќе се борам. Личните амбиции, личните судбини и политички калкулации воопшто не се важни, за нас треба да биде важна Република Cеверна Македонија и секој еден граѓанин, подвлече Спасовски.

Во гостувањето во вестите на Алсат телевизија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан за неодамнешната акција на МВР со Јавното обвителство за гонење на организиран криминал и корупција по која беа поднесени 15 кривични пријави за физички и три за правни лица, потенцираше уште еднаш дека оваа обемна и специфична истрага е насочена кон остварување на целта на Министерството за внатрешни работи - за неселективна борба против криминалот и корупцијата.

Се работи за три кривични дела - злосторничко здружување, даночно затајаување и перење пари и други приноси од кривични дела. Ова било сторено од организирана група која ги злоупотребува инструментите и преку фиктивно фактурирање од една на друга фирма фиктивно побарувале данок на додадена вредност кој го враќа државата. Штетата на буџетот е околу 837.000 евра, пари на граѓаните и голема беше мотивираноста на полициските службеници заедно со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се реализира и расчисти со овој случај. Со тоа упатуваме јасна порака дека без разлика дали се вработени во институции, бизнисмени, било кој - не може да си поигруваат со државата и граѓаните. Во ниту еден момент, не може да има поединец којшто е посилен од државата, законот и граѓаните, потенцираше уште еднаш министерот Спасовски.

Во интервјуто ТВ Алсат, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето што може да се очекува до крајот од мандатот, со оглед на тоа дека во тек е скрининг процес за исполнувањето на критериумите што ги бара Брисел, потенцираше дека во период во кој што се отвораат преговорите, но и перспективите на Македонија и, пред сѐ на граѓаните, на предизвиците кои се отвораат мора да се дадат сериозни одговори.

Од една страна, да се понесе политичката одговорност на сите политички политички субјекти, чинители итн., пред сѐ на луѓето во Парламентот, за да овозможиме тој процес без никакви проблеми да се одвива понатаму и да работиме енергично на нашиот пат кон Европската унија, затоа што тоа е единствениот пат по кој можеме да се движиме. Тоа е единствената насока која што нѐ води до нашата крајна цел, а тоа е остварувањето на националниот интерес, а тоа е членство во европското семејство. Дополнително, знаеме колку е вредно - еве имавме можност да видиме колку е вредно да бидеме дел од НАТО, а секако и дел од Европската унија - и на тоа треба максимално да работиме. Во тој правец, многу посветено работи тимот кој што работеше не само на скрининг процесот, туку веќе и на подготовка на патоказите кои што се однесуваат за поглавјата кои ги покрива МВР - поглавјата 23 и 24. И, можам да кажам дека веќе сме при крај на целосна подготовка на овие патокази и за неколку дена ќе можеме да ги завршиме. Тоа е едниот дел, кој што на стратешко ниво е многу важен за иднината на граѓаните на оваа држава. Бидејќи преку самиот процес на преговори ние практично ќе дојдеме до европски вредности во институциите, до поинаков начин на размислување, генерално, и секој еден од нас треба да се вклучи во целиот овој процес. Ние како министерство ќе ги ставиме на располагање сите наши капацитети во овој дел. Паралелно со тоа, енергичната работа на Министерството за внатрешни работи - а тоа значи посветеноста на обезбедувањето на мирот и стабилноста, близината со граѓаните, градењето на довербата кон институцијата, транспарентноста на институцијата, неселективноста во постапувањето - сите овие резултати можат да ја градат перцепцијата не само за МВР, туку перцепцијата за државата генерално, бидејќи ние мораме низ ваквите процеси да ја промениме таа перцепција која што ја имавме и да се почуствува поинаков пристап. Тоа го чувствуваат најдобро граѓаните и преку таквиот пристап да ја направиме клучната промена која е важна за нас, појасни министерот Спасовски.

The post Важно е кандидатот за претседател да ги обедини структурите кои споделуваат европски вредности, вели Спасовски на прашањето за кандидатура appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Алсат ТВ беше запрашан дали ќе се кандидира за Претседател на Република Македонија, со оглед на резултатите од анкетите, како и фактот што неговото име се споменува сѐ почесто како што се приближуваат претседателските избори.
И анкетите и признанието од страна на граѓаните се само уште еден мотив повеќе да се посветам максимално за да ги завршиме сите работи кои ни стојат на рапсолагање. Затоа, за мене воопшто не е важно колку време трае мандатот - јас од првиот ден кога дојдов овде, тргнав кон остварувањето на целите кои ги зададов. Без притоа да калкулирам колку би можел да трае мандатот на министерот, дали еден, дали повеќе мандати, дали една година итн. Ако тргнете со пристап дека треба нешто да завршите и да ја остварите целта која ја имате, тоа е доволно важно за себе и за сите други кои се околу - да се препознае таа намера и да се оствари целта. Така што, во политичкиот дел за тоа сигурно дека ќе се разговара на ниво на партија, на ниво на партиски органи во носењето на таквите одлуки, рече Спасовски.
Во однос на имињата за Претседател на државата, Спасовски рече: „Да, јас ги слушам спомнувањата на имиња, меѓутоа сето тоа е во рамки на шпекулации, разговори кои ги има во јавноста... Меѓутоа, јас сега воопшто не размислувам на тоа прашање. Можеби ќе дојде тема на која ќе разговараме и ќе ги соочиме сите аргументи. За мене што е важно?! Важно е да се направат добри анализи, важно е да се обединат сите структури кои подразбираат или ги споделуваат заедничките европски вредности, вредности за напредокот на државата и, таа опција да ја предводи Македонија и во наредните четири години. Тоа е мојот врвен приоритет и за тој приоритет ќе се борам. Личните амбиции, личните судбини и политички калкулации воопшто не се важни, за нас треба да биде важна Република Cеверна Македонија и секој еден граѓанин, подвлече Спасовски. Во гостувањето во вестите на Алсат телевизија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан за неодамнешната акција на МВР со Јавното обвителство за гонење на организиран криминал и корупција по која беа поднесени 15 кривични пријави за физички и три за правни лица, потенцираше уште еднаш дека оваа обемна и специфична истрага е насочена кон остварување на целта на Министерството за внатрешни работи - за неселективна борба против криминалот и корупцијата.
Се работи за три кривични дела - злосторничко здружување, даночно затајаување и перење пари и други приноси од кривични дела. Ова било сторено од организирана група која ги злоупотребува инструментите и преку фиктивно фактурирање од една на друга фирма фиктивно побарувале данок на додадена вредност кој го враќа државата. Штетата на буџетот е околу 837.000 евра, пари на граѓаните и голема беше мотивираноста на полициските службеници заедно со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се реализира и расчисти со овој случај. Со тоа упатуваме јасна порака дека без разлика дали се вработени во институции, бизнисмени, било кој - не може да си поигруваат со државата и граѓаните. Во ниту еден момент, не може да има поединец којшто е посилен од државата, законот и граѓаните, потенцираше уште еднаш министерот Спасовски.
Во интервјуто ТВ Алсат, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето што може да се очекува до крајот од мандатот, со оглед на тоа дека во тек е скрининг процес за исполнувањето на критериумите што ги бара Брисел, потенцираше дека во период во кој што се отвораат преговорите, но и перспективите на Македонија и, пред сѐ на граѓаните, на предизвиците кои се отвораат мора да се дадат сериозни одговори.
Од една страна, да се понесе политичката одговорност на сите политички политички субјекти, чинители итн., пред сѐ на луѓето во Парламентот, за да овозможиме тој процес без никакви проблеми да се одвива понатаму и да работиме енергично на нашиот пат кон Европската унија, затоа што тоа е единствениот пат по кој можеме да се движиме. Тоа е единствената насока која што нѐ води до нашата крајна цел, а тоа е остварувањето на националниот интерес, а тоа е членство во европското семејство. Дополнително, знаеме колку е вредно - еве имавме можност да видиме колку е вредно да бидеме дел од НАТО, а секако и дел од Европската унија - и на тоа треба максимално да работиме. Во тој правец, многу посветено работи тимот кој што работеше не само на скрининг процесот, туку веќе и на подготовка на патоказите кои што се однесуваат за поглавјата кои ги покрива МВР - поглавјата 23 и 24. И, можам да кажам дека веќе сме при крај на целосна подготовка на овие патокази и за неколку дена ќе можеме да ги завршиме. Тоа е едниот дел, кој што на стратешко ниво е многу важен за иднината на граѓаните на оваа држава. Бидејќи преку самиот процес на преговори ние практично ќе дојдеме до европски вредности во институциите, до поинаков начин на размислување, генерално, и секој еден од нас треба да се вклучи во целиот овој процес. Ние како министерство ќе ги ставиме на располагање сите наши капацитети во овој дел. Паралелно со тоа, енергичната работа на Министерството за внатрешни работи - а тоа значи посветеноста на обезбедувањето на мирот и стабилноста, близината со граѓаните, градењето на довербата кон институцијата, транспарентноста на институцијата, неселективноста во постапувањето - сите овие резултати можат да ја градат перцепцијата не само за МВР, туку перцепцијата за државата генерално, бидејќи ние мораме низ ваквите процеси да ја промениме таа перцепција која што ја имавме и да се почуствува поинаков пристап. Тоа го чувствуваат најдобро граѓаните и преку таквиот пристап да ја направиме клучната промена која е важна за нас, појасни министерот Спасовски.

The post Важно е кандидатот за претседател да ги обедини структурите кои споделуваат европски вредности, вели Спасовски на прашањето за кандидатура appeared first on Република.

]]>
Заев: Бидете мирни и спокојни, немам намера да се кандидирам за претседател ни да се вратам во политиката https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-bidete-mirni-i-spokojni-nemam-namera-da-se-kandidiram-za-pretsedatel-ni-da-se-vratam-vo-politikata/ Tue, 18 Oct 2022 12:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=562537

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев нема намера да се враќа во политиката. Ова беше неговиот одговор на новинарско прашање во Тетово каде учествуваше на панел-дискусија поврзана со енергртската криза и инфлацијата.

Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколку луѓе и заради Фондацијата Заев и заради моите општествени активности, јас си го сакам нашиот народ, јас ја сакам државата. Немам намера да се кандидирам за претседател на државата, мирни да бидат спокојни. Дваесет години сум во политиката, ќе ја помогам оваа и секоја идна Влада имам наследство внатре, големи одлуки донесов. Сакам да успее мојот народ, сакам да успее државата. Убаво е да расчистиме. Не зборам само за кога бев политичар за опозицијата тогашна моја и за моите луѓе од СДСМ, и за коалициони партнери и за опозицијата-Заев нема да продолжи. Еве едно важно прашање, темите важни да ги пренесуваме, оваа тема можеби на некој ќе му олесни, ама на луѓето ги интересира живеачката, денеска тоа што се случува, истакна Заев.

На прашањето каде е полесно во политиката или во бизнисот, Заев вели дека најмногу му годи слободата.

ас дојдов од бизнисот и беше малку чудно лидер на социјалдемократска левичарска партија да дојде од капитал секторот, но верувам дека донесе една нова вредност затоа што практичарите ги гледаат на еден начин работите, а теоретичарите и креаторите на идеите на националните стратегии од делот на професори, невладини организации, на друг начин па се прави убав микс. Тогаш имате една пореалистичка опција за развојот на државата, мене ми е многу убаво во бизнисот каде што се вратив каде што доаѓам, верувам дека нема човек кој повеќе и се радува на слободата. Се радувам на слободата. Се борев за слобода и демократски вредности во едно тешко време кога требаше да се применат, ги применив преку демонстрирање на поднесување на одговорност и оставка кога треба. Јас верувам, нашиот народ вклучително и политичарите ќе созреваат во делот на сите права кои народот им ги дава но и одговорностите што мора да ги понесеме сите, нагласи Заев.

Заев рече дека на УЈИЕ со радост се доаѓа бидејќи има огромен позитивно влијание кон сите млади луѓе и поради тоа што е Македонија во мало.

The post Заев: Бидете мирни и спокојни, немам намера да се кандидирам за претседател ни да се вратам во политиката appeared first on Република.