јулија навални Archives - Република https://republika.mk/tema/julija-navalni/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 13:03:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јулија навални Archives - Република https://republika.mk/tema/julija-navalni/ 32 32 Јулија Навални ќе бара кривична истрага за смртта на сопругот https://republika.mk/vesti/svet/julija-navalni-ke-bara-krivichna-istraga-za-smrtta-na-soprugot/ Thu, 15 Aug 2024 13:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=806923

Сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија ги отфрли и ги нарече „бесмислени“ наодите на истражителите во кои е наведено дека причината за неговата смрт е комбинација од повеќе болести што ги имал.

Таа денеска истакна дека ќе побара кривична истрага за смртта на нејзиниот сопруг, која таа ја смета за убиство, и рече дека тимот на Навални ќе продолжи да води сопствена истрага.

Навални (47) ненадејно почина на 16 февруари во затворска колонија во арктичкиот дел на Русија, а Кремљ ги отфрли обвинувањата на неговите приврзаници дека опозицискиот политичар е убиен и дека зад сето тоа стои рускиот претседател Владимир Путин.

The post Јулија Навални ќе бара кривична истрага за смртта на сопругот appeared first on Република.

]]>

Сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија ги отфрли и ги нарече „бесмислени“ наодите на истражителите во кои е наведено дека причината за неговата смрт е комбинација од повеќе болести што ги имал. Таа денеска истакна дека ќе побара кривична истрага за смртта на нејзиниот сопруг, која таа ја смета за убиство, и рече дека тимот на Навални ќе продолжи да води сопствена истрага. Навални (47) ненадејно почина на 16 февруари во затворска колонија во арктичкиот дел на Русија, а Кремљ ги отфрли обвинувањата на неговите приврзаници дека опозицискиот политичар е убиен и дека зад сето тоа стои рускиот претседател Владимир Путин.

The post Јулија Навални ќе бара кривична истрага за смртта на сопругот appeared first on Република.

]]>
Судот во Москва издаде потрница по вдовицата на Алексеј Навални https://republika.mk/vesti/svet/sudot-vo-moskva-izdade-potrnitsa-po-vdovitsata-na-aleksej-navalni/ Tue, 09 Jul 2024 16:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=795049

Окружниот суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство по вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални – Јулија Навални, поради наводно учество во екстремистичка заедница.

Јулија Борисовна не им беше достапна на истражните органи во претходната истрага. Во врска со тоа, издадена е потерница – се наведува во соопштението на судот, пренесува Известија.

Се појаснува дека Судот одлучил да донесе превентивна мерка против Јулија Навална откако ја разгледал претставката на истражните органи.

 

The post Судот во Москва издаде потрница по вдовицата на Алексеј Навални appeared first on Република.

]]>

Окружниот суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство по вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални – Јулија Навални, поради наводно учество во екстремистичка заедница.
Јулија Борисовна не им беше достапна на истражните органи во претходната истрага. Во врска со тоа, издадена е потерница – се наведува во соопштението на судот, пренесува Известија.
Се појаснува дека Судот одлучил да донесе превентивна мерка против Јулија Навална откако ја разгледал претставката на истражните органи.  

The post Судот во Москва издаде потрница по вдовицата на Алексеј Навални appeared first on Република.

]]>
Дуа Липа и сопругата на Навални меѓу 100 највлијателни луѓе во светот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/dua-lipa-i-soprugata-na-navalni-megu-100-najvlijatelni-luge-vo-svetot/ Thu, 18 Apr 2024 07:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=767351

Американскиот магазин Тајм објави листа на 100-те највлијателни луѓе за 2024 година, а во категоријата на највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј и италијанската премиерка Џорџа Мелони меѓу лидерите.

Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

Во изборот на највлијателните личности на американскиот весник се најдоа и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.

Победниците традиционално се класифицираат во неколку категории, од дебитанти до титани, а на листата на 100 највлијателни луѓе се наоѓа и палестинскиот фоторепортер Мотаз Азаиза, кој помина речиси четири месеци документирајќи го животот во Појасот Газа по ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.

На листата на влијателни луѓе се и американскиот рапер „21 Савич“ (21 Savage), нигериската музичарка Бурна Бој и американската филмска режисерка Софија Копола.

На листата на 100 највлијателни луѓе во 2024 година е и канадскиот актер Елиот Пејџ, кој во 2021 година стана првиот трансродовиот маж кој се појави на насловната страница на магазинот Тајм.

На листата се и американскиот актер Колман Доминго, кој играше во ТВ сериите „Еуфорија“ и „Fear the Walking Dead“, канадско-американскиот актер Мајкл Џеј Фокс, познат по улогата на Марти Мекфлај во филмот „Назад во иднината“, како и холандскиот Формула 1 возач Макс Емилијан Верстапен

The post Дуа Липа и сопругата на Навални меѓу 100 највлијателни луѓе во светот appeared first on Република.

]]>

Американскиот магазин Тајм објави листа на 100-те највлијателни луѓе за 2024 година, а во категоријата на највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј и италијанската премиерка Џорџа Мелони меѓу лидерите. Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. Во изборот на највлијателните личности на американскиот весник се најдоа и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног. Победниците традиционално се класифицираат во неколку категории, од дебитанти до титани, а на листата на 100 највлијателни луѓе се наоѓа и палестинскиот фоторепортер Мотаз Азаиза, кој помина речиси четири месеци документирајќи го животот во Појасот Газа по ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт. На листата на влијателни луѓе се и американскиот рапер „21 Савич“ (21 Savage), нигериската музичарка Бурна Бој и американската филмска режисерка Софија Копола. На листата на 100 највлијателни луѓе во 2024 година е и канадскиот актер Елиот Пејџ, кој во 2021 година стана првиот трансродовиот маж кој се појави на насловната страница на магазинот Тајм. На листата се и американскиот актер Колман Доминго, кој играше во ТВ сериите „Еуфорија“ и „Fear the Walking Dead“, канадско-американскиот актер Мајкл Џеј Фокс, познат по улогата на Марти Мекфлај во филмот „Назад во иднината“, како и холандскиот Формула 1 возач Макс Емилијан Верстапен

The post Дуа Липа и сопругата на Навални меѓу 100 највлијателни луѓе во светот appeared first on Република.

]]>
Сопругата на Зеленски не отишла на прием кај Бајден зашто таму била сопругата на Навални https://republika.mk/vesti/svet/soprugata-na-zelenski-ne-otishla-na-priem-kaj-bajden-zashto-tamu-bila-soprugata-na-navalni/ Tue, 12 Mar 2024 09:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=753938

Сопругата на Володимир Зеленски, Елена ја одбила поканата од Белата куќа да присуствува на обраќањето на американскиот претедател Џо Бајден, објави „Вашингтон пост“.

Потенцијалното присуство на сопругата на Навални предизвикало вознемиреност кај Украинците. Се претпоставувало дека првата дама на САД, Џил Бајден, ќе седне покрај Елена Зеленска и Јулија Навални на средбата.

По ваквиот развој на настаните, реакција стигна од заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев го исмеа одбивањето на Елена Зеленска и „вдовицата на руски екстремист“ да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Џо Бајден.

Во својата објава во Телеграм, Дмитриј Медведев го нарече Бајден „старец со скитничка насмевка“.

 

„Се покажа дека е тажно: вдовицата и не-вдовицата едноставно не дојдоа затоа што толку многу се сакаат што не сакаат ниту да седат еден до друг поради познатата хигиенска процедура. Но, најслатко е што дедо ништо не забележал. Не се ни сеќава кои се тие жени/вдовици, ниту кои се нивните сопрузи“, вели Медведев.

The post Сопругата на Зеленски не отишла на прием кај Бајден зашто таму била сопругата на Навални appeared first on Република.

]]>

Сопругата на Володимир Зеленски, Елена ја одбила поканата од Белата куќа да присуствува на обраќањето на американскиот претедател Џо Бајден, објави „Вашингтон пост“. Потенцијалното присуство на сопругата на Навални предизвикало вознемиреност кај Украинците. Се претпоставувало дека првата дама на САД, Џил Бајден, ќе седне покрај Елена Зеленска и Јулија Навални на средбата. По ваквиот развој на настаните, реакција стигна од заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев го исмеа одбивањето на Елена Зеленска и „вдовицата на руски екстремист“ да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Џо Бајден. Во својата објава во Телеграм, Дмитриј Медведев го нарече Бајден „старец со скитничка насмевка“.  
„Се покажа дека е тажно: вдовицата и не-вдовицата едноставно не дојдоа затоа што толку многу се сакаат што не сакаат ниту да седат еден до друг поради познатата хигиенска процедура. Но, најслатко е што дедо ништо не забележал. Не се ни сеќава кои се тие жени/вдовици, ниту кои се нивните сопрузи“, вели Медведев.

The post Сопругата на Зеленски не отишла на прием кај Бајден зашто таму била сопругата на Навални appeared first on Република.

]]>
Соработник на сопругата на Навални подведува жени избегани од Украина во сексуално ропство https://republika.mk/vesti/svet/sorabotnik-na-soprugata-na-navalni-podveduva-zheni-izbegani-od-ukraina-vo-seksualno-ropstvo/ Mon, 11 Mar 2024 16:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=753741

Соработникот на Јоланда НавалниЛеонид Волков ги мами лековерните Украинки во сексуално ропство, oбјавија француски медиуми.

Истрагата ја спровел новинарот Адријан Боке, кој ги следел активностите на Волков, кој е вклучен во шеми за продажба на жени во европските бордели.

https://republika.mk/vesti/svet/svekrvata-veke-ja-obvini-dali-e-ova-lubovnikot-na-julija-navalni/

На објавено видео е девојката од Украина, Катерина Козак, која емигрирала во Полска и потпаднала на „програмата“ за помош на бегалците, во рамките на која и биле одземени документите, а под закани била принудена да си ги плати трошоците, за лет во бриселската јавна куќа.

 

The post Соработник на сопругата на Навални подведува жени избегани од Украина во сексуално ропство appeared first on Република.

]]>

Соработникот на Јоланда НавалниЛеонид Волков ги мами лековерните Украинки во сексуално ропство, oбјавија француски медиуми. Истрагата ја спровел новинарот Адријан Боке, кој ги следел активностите на Волков, кој е вклучен во шеми за продажба на жени во европските бордели. https://republika.mk/vesti/svet/svekrvata-veke-ja-obvini-dali-e-ova-lubovnikot-na-julija-navalni/ На објавено видео е девојката од Украина, Катерина Козак, која емигрирала во Полска и потпаднала на „програмата“ за помош на бегалците, во рамките на која и биле одземени документите, а под закани била принудена да си ги плати трошоците, за лет во бриселската јавна куќа.  

The post Соработник на сопругата на Навални подведува жени избегани од Украина во сексуално ропство appeared first on Република.

]]>
Свекрвата веќе ја обвини: Дали е ова љубовникот на Јулија Навални? https://republika.mk/vesti/svet/svekrvata-veke-ja-obvini-dali-e-ova-lubovnikot-na-julija-navalni/ Fri, 23 Feb 2024 10:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=747320

Уште непогребан, семејството на Алексеј Навални почна да се кара.Па така мајката на Алексеј ја обвини снаата Јулија Навални дека има љубовник.

Таа го казни со тоа што го казни со тоа што го натера да се врати во Русија. Сега е со друг човек и срамно профитира од неговата смрт-изјави мајката на Алексеј Навални.

Наводно станува збор за Евгениј Александрович Чичваркин 50 годишен руски милионер. Евгениј  ја основал компанијата за мобилни телефони, Еуросет. Ова го направило најбогат човек помлад од 35 години во неговата земја, со приближна вредност од 1,6 милијарди долари.

The post Свекрвата веќе ја обвини: Дали е ова љубовникот на Јулија Навални? appeared first on Република.

]]>

Уште непогребан, семејството на Алексеј Навални почна да се кара.Па така мајката на Алексеј ја обвини снаата Јулија Навални дека има љубовник.
Таа го казни со тоа што го казни со тоа што го натера да се врати во Русија. Сега е со друг човек и срамно профитира од неговата смрт-изјави мајката на Алексеј Навални.
Наводно станува збор за Евгениј Александрович Чичваркин 50 годишен руски милионер. Евгениј  ја основал компанијата за мобилни телефони, Еуросет. Ова го направило најбогат човек помлад од 35 години во неговата земја, со приближна вредност од 1,6 милијарди долари.

The post Свекрвата веќе ја обвини: Дали е ова љубовникот на Јулија Навални? appeared first on Република.

]]>
Бајден се сретна со сопругата и ќерката на Навални https://republika.mk/vesti/svet/bajden-se-sretna-so-soprugata-i-kerkata-na-navalni/ Thu, 22 Feb 2024 21:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=747205

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со сопругата и ќерката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија и Дарија Навални, јави денеска Си-Ен-Ен.

Белата куќа објави дека Бајден „го изразил своето восхитување за исклучителната храброст на Алексеј Навални и неговото наследство во борбата против корупцијата кон слободна и демократска Русија во која владеењето на правото ќе се применува подеднакво за сите“.

Тој оцени дека наследството на Навални ќе продолжи да живее преку луѓето ширум Русија и светот кои ќе жалат за неговата загуба и ќе се борат за слобода, демократија и човекови права.

https://twitter.com/POTUS/status/1760752933866512580?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1760752933866512580%7Ctwgr%5Ede4b85fdb7837eecf875f2605e825317af6eeb91%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffokus.mk%2Fbajden-se-sretna-so-vdovitsata-i-kerkata-na-navalni%2F

The post Бајден се сретна со сопругата и ќерката на Навални appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со сопругата и ќерката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија и Дарија Навални, јави денеска Си-Ен-Ен. Белата куќа објави дека Бајден „го изразил своето восхитување за исклучителната храброст на Алексеј Навални и неговото наследство во борбата против корупцијата кон слободна и демократска Русија во која владеењето на правото ќе се применува подеднакво за сите“. Тој оцени дека наследството на Навални ќе продолжи да живее преку луѓето ширум Русија и светот кои ќе жалат за неговата загуба и ќе се борат за слобода, демократија и човекови права. https://twitter.com/POTUS/status/1760752933866512580?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1760752933866512580%7Ctwgr%5Ede4b85fdb7837eecf875f2605e825317af6eeb91%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffokus.mk%2Fbajden-se-sretna-so-vdovitsata-i-kerkata-na-navalni%2F

The post Бајден се сретна со сопругата и ќерката на Навални appeared first on Република.

]]>
Јулија Навални во среда ќе зборува пред европратениците во Стразбур https://republika.mk/vesti/svet/julija-navalni-vo-sreda-ke-zboruva-pred-evropratenitsite-vo-strazbur/ Thu, 22 Feb 2024 20:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=747178

Јулија Навални, сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, следната среда ќе им се обрати на европратениците во Стразбур. Ова е наведено во програмата на седницата на Европскиот парламент за следната недела.

Таа пред неколку дена зборуваше и пред Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Европратениците ја поканија Навални во знак на почит кон животот и работата на нејзиниот сопруг. Во четврток се очекува ЕП да усвои резолуција со која „ќе се осуди режимот на рускиот претседател Владимир Путин и ќе се изрази поддршка за претставниците на руската опозиција, новинарите и бранителите на човековите права во Русија“.

Алексеј Навални беше прогласен за добитник на наградата на ЕП за слобода на мислата „Сахаров“ за 2021 година, а наградата ја прими неговата ќерка Дарија. Пред неколку дена Јулија Навални објави дека одлучила да го продолжи неговото дело и ја повика ЕУ да не ги признава претстојните претседателски избори во Русија на 17 март. Нејзиниот повик го поддржаа и други претставници на руската опозиција.

The post Јулија Навални во среда ќе зборува пред европратениците во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Јулија Навални, сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, следната среда ќе им се обрати на европратениците во Стразбур. Ова е наведено во програмата на седницата на Европскиот парламент за следната недела. Таа пред неколку дена зборуваше и пред Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Европратениците ја поканија Навални во знак на почит кон животот и работата на нејзиниот сопруг. Во четврток се очекува ЕП да усвои резолуција со која „ќе се осуди режимот на рускиот претседател Владимир Путин и ќе се изрази поддршка за претставниците на руската опозиција, новинарите и бранителите на човековите права во Русија“. Алексеј Навални беше прогласен за добитник на наградата на ЕП за слобода на мислата „Сахаров“ за 2021 година, а наградата ја прими неговата ќерка Дарија. Пред неколку дена Јулија Навални објави дека одлучила да го продолжи неговото дело и ја повика ЕУ да не ги признава претстојните претседателски избори во Русија на 17 март. Нејзиниот повик го поддржаа и други претставници на руската опозиција.

The post Јулија Навални во среда ќе зборува пред европратениците во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Вучиќ не и изразил сочуство на сопругата на Навални во Минхен оти не ја познал https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-ne-i-izrazil-sochustvo-na-soprugata-na-navalni-vo-minhen-oti-ne-ja-poznal/ Sun, 18 Feb 2024 12:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=745351

 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека позицијата на Белград во однос на Москва ќе биде потешка по смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и дека ситуацијата треба да се гледа во контекст на рускиот напредок во Украина и претседателските избори во САД, но ја отфрли можноста за воведување санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Смртта на Навални е „уште една искра“, а во Минхен видовме навивачки пристап, броење и сумирање како да се победи непријателот, а не долгорочен поглед на иднината, изјави Вучиќ за ТВ Прва по враќањето од Минхенска безбедносна конференција.

Вучиќ нагласи дека бил „ужасен“ кога ја слушнал веста за смртта на Навални, оценувајќи дека Србите сакаат да имаат „навивачки став“ и да прифаќаат се што им се допаѓа, а се друго да отфрлаат.

-Јас не сум истражен орган и не сум толку паметен како сите во светот кои секогаш знаат сè, кажа тој и додаде да „сега не се работи за притисок за воведување санкции кон Русија, луѓето знаат дека тоа не е можно“.

Вучиќ, коментирајќи го тоа што на Безбедносната конференција во Минхен со аплауз не ја поздравил сопругата на починатиот руски опозиционер Алексеј Навални, рече дека пред тоа Јулија Навални седела до него, но дека не знал која била таа.

-Да знаев за кого станува збор, ќе изразев сочувство, но можеби згрешив бидејќи таа веднаш рече дека не сака да и се изрази сочувство, додаде тој.

https://republika.mk/vesti/svet/premnogu-sluchajnosti-ne-se-sluchajni-kako-soprugata-na-navalni-se-najde-na-minhenskata-konferentsija-bash-vo-momentot-koga-soprugot-pochina/

Европската унија по усвојувањето на резолуцијата за Србија, наведе Вучиќ, загуби 10 отсто од својата популарност во јавното мислење, и сега има 24 отсто од оние кои се за членство, а 26 отсто се против.

-Што направивте (ЕУ) слушајќи ги оние кои се малцинство (опозицијата) и кои не ја сакаат својата земја, а јас ќе се борам да ви ја подигнам популарноста, изјави тој.

Коментирајќи ја српската опозиција во контекст на усвојувањето на европската резолуција, рече дека поради нивната хајка, на Србија и е нанесена голема штета.

The post Вучиќ не и изразил сочуство на сопругата на Навални во Минхен оти не ја познал appeared first on Република.

]]>

 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека позицијата на Белград во однос на Москва ќе биде потешка по смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и дека ситуацијата треба да се гледа во контекст на рускиот напредок во Украина и претседателските избори во САД, но ја отфрли можноста за воведување санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Белград. -Смртта на Навални е „уште една искра“, а во Минхен видовме навивачки пристап, броење и сумирање како да се победи непријателот, а не долгорочен поглед на иднината, изјави Вучиќ за ТВ Прва по враќањето од Минхенска безбедносна конференција. Вучиќ нагласи дека бил „ужасен“ кога ја слушнал веста за смртта на Навални, оценувајќи дека Србите сакаат да имаат „навивачки став“ и да прифаќаат се што им се допаѓа, а се друго да отфрлаат.
-Јас не сум истражен орган и не сум толку паметен како сите во светот кои секогаш знаат сè, кажа тој и додаде да „сега не се работи за притисок за воведување санкции кон Русија, луѓето знаат дека тоа не е можно“.
Вучиќ, коментирајќи го тоа што на Безбедносната конференција во Минхен со аплауз не ја поздравил сопругата на починатиот руски опозиционер Алексеј Навални, рече дека пред тоа Јулија Навални седела до него, но дека не знал која била таа.
-Да знаев за кого станува збор, ќе изразев сочувство, но можеби згрешив бидејќи таа веднаш рече дека не сака да и се изрази сочувство, додаде тој.
https://republika.mk/vesti/svet/premnogu-sluchajnosti-ne-se-sluchajni-kako-soprugata-na-navalni-se-najde-na-minhenskata-konferentsija-bash-vo-momentot-koga-soprugot-pochina/ Европската унија по усвојувањето на резолуцијата за Србија, наведе Вучиќ, загуби 10 отсто од својата популарност во јавното мислење, и сега има 24 отсто од оние кои се за членство, а 26 отсто се против. -Што направивте (ЕУ) слушајќи ги оние кои се малцинство (опозицијата) и кои не ја сакаат својата земја, а јас ќе се борам да ви ја подигнам популарноста, изјави тој. Коментирајќи ја српската опозиција во контекст на усвојувањето на европската резолуција, рече дека поради нивната хајка, на Србија и е нанесена голема штета.

The post Вучиќ не и изразил сочуство на сопругата на Навални во Минхен оти не ја познал appeared first on Република.

]]>
Премногу случајности не се случајни: Како сопругата на Навални се најде на Минхенската конференција баш во моментот кога сопругот почина https://republika.mk/vesti/svet/premnogu-sluchajnosti-ne-se-sluchajni-kako-soprugata-na-navalni-se-najde-na-minhenskata-konferentsija-bash-vo-momentot-koga-soprugot-pochina/ Sat, 17 Feb 2024 19:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=745222

Неколку случајност поврзани со смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални оставаат простор за сомнеж.
.
Дали е случајност е што неговата сопруга   Јулија Навални  се најде  во Минхен на денот на смртта на нејзиниот сопруг на безбедносната конференција.

По веста за смртта на нејзиниот сопруг, таа им се обрати на присутнитр и нагласи дека „никој не треба да и верува“ на руската влада бидејќи, како што рече, руската влада „постојано лаже“, пренесува Њујорк тајмс. Таа не наликуваше баш на ужалена сопруга.

– Тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата, а тој ден ќе дојде наскоро – рече Навална.

The post Премногу случајности не се случајни: Како сопругата на Навални се најде на Минхенската конференција баш во моментот кога сопругот почина appeared first on Република.

]]>

Неколку случајност поврзани со смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални оставаат простор за сомнеж. . Дали е случајност е што неговата сопруга   Јулија Навални  се најде  во Минхен на денот на смртта на нејзиниот сопруг на безбедносната конференција. По веста за смртта на нејзиниот сопруг, таа им се обрати на присутнитр и нагласи дека „никој не треба да и верува“ на руската влада бидејќи, како што рече, руската влада „постојано лаже“, пренесува Њујорк тајмс. Таа не наликуваше баш на ужалена сопруга.
– Тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата, а тој ден ќе дојде наскоро – рече Навална.

The post Премногу случајности не се случајни: Како сопругата на Навални се најде на Минхенската конференција баш во моментот кога сопругот почина appeared first on Република.

]]>