Јован Вранишковски Archives - Република https://republika.mk/tema/jovan-vranishkovski/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 18:57:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јован Вранишковски Archives - Република https://republika.mk/tema/jovan-vranishkovski/ 32 32 ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/poa-na-vranishkovski-ofitsijalno-tselosno-preminuva-vo-mpts-oa/ Wed, 28 Jun 2023 19:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=656194

Досегашната Православната Охридска Архиепископија (ПОА) објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и оти веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.

Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.

Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, се наведува во соопштението од ПОА објавено на веб страницата на македонски, на грчки и на руски јазик.

Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители.

За Крушевско-демирхисарската епархија е назначен митрополитот г. Јован, со титула митрополит Крушевско-демирхисарски, за Дељадровско-илинденската епархија епископот г. Јоаким, со титула епископ Дељадровско-илинденски, а за Делчевско-каменичката епархија епископот г. Марко, со титула епископ Делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ Дремвитски.

The post ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Досегашната Православната Охридска Архиепископија (ПОА) објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и оти веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.
Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.   Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, се наведува во соопштението од ПОА објавено на веб страницата на македонски, на грчки и на руски јазик.
Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители. За Крушевско-демирхисарската епархија е назначен митрополитот г. Јован, со титула митрополит Крушевско-демирхисарски, за Дељадровско-илинденската епархија епископот г. Јоаким, со титула епископ Дељадровско-илинденски, а за Делчевско-каменичката епархија епископот г. Марко, со титула епископ Делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ Дремвитски.

The post ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
МПЦ ќе се обедини со црквата на Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите https://republika.mk/vesti/makedonija/mpts-ke-se-obedini-so-tsrkvata-na-vranishkovski-negovite-vladitsi-ke-dobijat-del-od-eparhiite/ Tue, 25 Apr 2023 07:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=633770

Синодот на МПЦ-ОА, во полн состав, денеска треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава „религија.мк“.

Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА.

Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува „религија.мк“.

Од порталот додаваат дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

Повеќе на „Религија.мк

The post МПЦ ќе се обедини со црквата на Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите appeared first on Република.

]]>

Синодот на МПЦ-ОА, во полн состав, денеска треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава „религија.мк“. Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.
Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува „религија.мк“.
Од порталот додаваат дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА. Повеќе на „Религија.мк

The post МПЦ ќе се обедини со црквата на Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите appeared first on Република.

]]>
МПЦ-ОА утре ќе се обедини со Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите https://republika.mk/vesti/makedonija/mpts-oa-utre-ke-se-obedini-so-vranishkovski-negovite-vladitsi-ke-dobijat-del-od-eparhiite/ Mon, 24 Apr 2023 17:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=633690

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава религија.мк.

Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА.

Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува религија.мк, додавајќи дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

Повеќе тука

The post МПЦ-ОА утре ќе се обедини со Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите appeared first on Република.

]]>

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава религија.мк. Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.
Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува религија.мк, додавајќи дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.
Повеќе тука

The post МПЦ-ОА утре ќе се обедини со Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите appeared first on Република.

]]>
Владиците од ПОА ќе добијат епархии? https://republika.mk/vesti/makedonija/vladicite-od-poa-kje-dobijat-eparhii/ Wed, 31 Aug 2022 17:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=546191

Се договоривме дека наскоро треба да се договориме, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар на прашањето на „Плусинфо“ какви одлуки биле донесени на вчерашната седница на Синодот, а во поглед на интеграцијата на архијереите од Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Како што објасни владиката, црковниот врв на МПЦ-ОА наскоро ќе се сретне со владиците од ПОА и на таа средба ќе им бидат претставени, односно понудени неколку предлози за нивна интеграција.

На синодската седница донесовме одлука дека треба да седнеме на иста маса со архијереите од ПОА и да разговараме очи в очи. Откако ќе го одржиме тој состанок, а ве уверувам дека ќе биде за брзо време, тогаш ќе се знае отприлика во која насока ќе се движат работите во поглед на нивното прашање. Но, гледано од аспект дека ние веќе сме автокефална црква, автоматски на некој начин е решено нивното прашање. Ова го кажувам во смисла дека не може да има паралелна канонска црква на една иста територија. Многу добро знаеме дека Српската православна црква ја воспостави ПОА на нашата територија, но истата таа СПЦ сега нам ни додели автокефалност и со самото тоа се укинува функционирањето на ПОА. Сега се поставува само прашањето како ќе се интегрираат владиците од ПОА во нашата црква. Јас мислам дека е сосема разбирливо дека таа интеграција мора да биде во договор со нив, објасни владиката.

На прашањето дали е сѐ уште во игра сценариото да се испрати во пензија поглаварот на ПОА, г.г. Јован, еден епископ да остане под капата на СПЦ, а останатите двајца владици во улога на хороепископи да заминат во манастир, владиката Петар тврди дека сѐ е можно.

Секако дека постојат такви размислувања и кај нас и кај СПЦ, но тоа не е ништо конкретно и конечно. Станува збор за можности како да се изнајде некое најбезболно решение за да се надмине тоа прашање, изјави г. Петар.

Од ПОА за „Плусинфо“ кратко одговорија дека засега до нив не е пристигната никаква покана за состанок со црковниот врв на МПЦ-ОА.

The post Владиците од ПОА ќе добијат епархии? appeared first on Република.

]]>

Се договоривме дека наскоро треба да се договориме, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар на прашањето на „Плусинфо“ какви одлуки биле донесени на вчерашната седница на Синодот, а во поглед на интеграцијата на архијереите од Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА). Како што објасни владиката, црковниот врв на МПЦ-ОА наскоро ќе се сретне со владиците од ПОА и на таа средба ќе им бидат претставени, односно понудени неколку предлози за нивна интеграција.
На синодската седница донесовме одлука дека треба да седнеме на иста маса со архијереите од ПОА и да разговараме очи в очи. Откако ќе го одржиме тој состанок, а ве уверувам дека ќе биде за брзо време, тогаш ќе се знае отприлика во која насока ќе се движат работите во поглед на нивното прашање. Но, гледано од аспект дека ние веќе сме автокефална црква, автоматски на некој начин е решено нивното прашање. Ова го кажувам во смисла дека не може да има паралелна канонска црква на една иста територија. Многу добро знаеме дека Српската православна црква ја воспостави ПОА на нашата територија, но истата таа СПЦ сега нам ни додели автокефалност и со самото тоа се укинува функционирањето на ПОА. Сега се поставува само прашањето како ќе се интегрираат владиците од ПОА во нашата црква. Јас мислам дека е сосема разбирливо дека таа интеграција мора да биде во договор со нив, објасни владиката.
На прашањето дали е сѐ уште во игра сценариото да се испрати во пензија поглаварот на ПОА, г.г. Јован, еден епископ да остане под капата на СПЦ, а останатите двајца владици во улога на хороепископи да заминат во манастир, владиката Петар тврди дека сѐ е можно.
Секако дека постојат такви размислувања и кај нас и кај СПЦ, но тоа не е ништо конкретно и конечно. Станува збор за можности како да се изнајде некое најбезболно решение за да се надмине тоа прашање, изјави г. Петар.
Од ПОА за „Плусинфо“ кратко одговорија дека засега до нив не е пристигната никаква покана за состанок со црковниот врв на МПЦ-ОА.

The post Владиците од ПОА ќе добијат епархии? appeared first on Република.

]]>
Вранишковски не знае кога бил порадосен, дали кога го примил томосот или денеска https://republika.mk/vesti/makedonija/vranishkovski-ne-znae-koga-bil-poradosen-dali-koga-go-primil-tomosot-ili-deneska/ Thu, 19 May 2022 13:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=504393

На архиерејската литургија покрај српските и македонските владици, присуствуваше и архиепископот Јован (Вранишкоски) од ПОА, кој изјави дека не знае кога бил порадосен, дали кога го примил Томосот од СПЦ или денеска, додавајќи дека сепак кога би морал да избира би го избрал денешниот ден.

The post Вранишковски не знае кога бил порадосен, дали кога го примил томосот или денеска appeared first on Република.

Јован Вранишковски оди во пензија, неговата ПОА ќе се претопи во МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/jovan-vranishkovski-odi-vo-penzija-negovata-poa-kje-se-pretopi-vo-mpc-oa/ Sat, 14 May 2022 18:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=502336

Во објавата дека СПЦ на утрешниот сабор ќе ја признае Охридската архиепископија, српски „Курир“ дознава и што ќе се случува со црквата на Јован Вранишковски која СПЦ досега единствено ја признаваше во Македонија. Според „Курир“ ПОА на Вранишковски ќе се претопи во МПЦ-ОА а  Вранишковски ќе замине во пенизија порад нарушено здравје.

Сега ПАО практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПОА, Јован Вранишковски м ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни-дознава „Курир.рс“

https://republika.mk/vesti/srpski-mediumi-spc-na-utreshniot-sabor-kje-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija/

The post Јован Вранишковски оди во пензија, неговата ПОА ќе се претопи во МПЦ-ОА appeared first on Република.