Јоргос Герапетритис Archives - Република https://republika.mk/tema/jorgos-gerapetritis/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 07:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јоргос Герапетритис Archives - Република https://republika.mk/tema/jorgos-gerapetritis/ 32 32 Грчкиот министер пред почетокот на преговорите со Албанија: Сега бараат права и за грчкото малцинство https://republika.mk/vesti/balkan/grchkiot-minister-pred-pochetokot-na-pregovorite-so-albanija-sega-baraat-prava-i-za-grchkoto-maltsinstvo/ Tue, 15 Oct 2024 07:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=826888

Во период што е исклучително променлив и нестабилен во нашиот поширок регион, апсолутно е клучно Европската унија, европското семејство да се продлабочува, да расте, да станува посилно, истакна министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, по пристигнувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија коментираше дека денешниот ден е важен за европската перспектива на Западен Балкан, што како што потсети, започна пред 21 година, а Грција е водечка сила преку Солунската агенда.

За интегративниот процес на Албанија, Герапетритис посочи дека „Грција имаше конструктивен став и покрај кризата што постои во последните 18 месеци во евро-албанските односи“.

-Нашата позиција е дека ќе треба првиот сет на поглавја, кој се отвора денеска и се однесува на основните права и владеењето на правото, да ги вклучи и правата на малцинствата, вклучително и грчкото национално малцинство, особено нивните имотни права. И секако, овој став сега претставува заеднички став, евидентиран заеднички став на 27-те земји-членки на Европската Унија. Грција внимателно ќе го следи овој процес и ќе интервенира онаму каде што е потребно, со желба дека и остатокот од Западен Балкан ќе го следи овој пат, рече Герапетритис.

The post Грчкиот министер пред почетокот на преговорите со Албанија: Сега бараат права и за грчкото малцинство appeared first on Република.

]]>

Во период што е исклучително променлив и нестабилен во нашиот поширок регион, апсолутно е клучно Европската унија, европското семејство да се продлабочува, да расте, да станува посилно, истакна министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, по пристигнувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија коментираше дека денешниот ден е важен за европската перспектива на Западен Балкан, што како што потсети, започна пред 21 година, а Грција е водечка сила преку Солунската агенда. За интегративниот процес на Албанија, Герапетритис посочи дека „Грција имаше конструктивен став и покрај кризата што постои во последните 18 месеци во евро-албанските односи“.
-Нашата позиција е дека ќе треба првиот сет на поглавја, кој се отвора денеска и се однесува на основните права и владеењето на правото, да ги вклучи и правата на малцинствата, вклучително и грчкото национално малцинство, особено нивните имотни права. И секако, овој став сега претставува заеднички став, евидентиран заеднички став на 27-те земји-членки на Европската Унија. Грција внимателно ќе го следи овој процес и ќе интервенира онаму каде што е потребно, со желба дека и остатокот од Западен Балкан ќе го следи овој пат, рече Герапетритис.

The post Грчкиот министер пред почетокот на преговорите со Албанија: Сега бараат права и за грчкото малцинство appeared first on Република.

]]>
Герапетритис ги собра на појадок „Пријателите на Западен Балкан“ https://republika.mk/vesti/balkan/gerapetritis-gi-sobra-na-pojadok-prijatelite-na-zapaden-balkan/ Mon, 23 Sep 2024 16:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=819073

Политичката поддршка на Грција за интегративниот процес на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, ја повторил шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за време на работниот појадок на министерско ниво на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ организиран во Њујорк, а на кој присуствуваше и министерот Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, Герапетритис и неговите колеги размениле мислења за реформската агенда и унапредувањето на процесот на интеграција на земјите од регионот во Унијата за време на мандатот на новата Европска комисија.

Дополнително, истакнувајќи ја политичката поддршка на Грција за ЕУ перспективата посочил, дека станува актуелна поради сегашните големи геополитички предизвици, но и нагласил дека за пристапувањето во Унијата постојат конкретни и фиксни обврски.

- Почитувањето на европското законодавство, придружено со цврстата посветеност на меѓународното право и посветеност на добрососедските односи е единствениот пат кој води до интеграција во европското семејство. Паралелно, посебен акцент треба да се стави на спроведувањето на реформите, особено во однос на консолидацијата на владеењето на правото и заштитата на човековите права. Грција е подготвена со сите свои сили да ја поддржи европската ориентација на земјите од Западен Балкан преку техничка помош и експертиза што ја стекна благодарение на нејзиното учество во Унијата повеќе од четири децении. Но, останува на самите земји да ги исполнат пропишаните критериуми, истакнал шефот на грчката дипломатија, пренесе државната агенција АНА-МПА

Министрите Муцунски и Герапетритис, освен што учествуваа на неформалниот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во Њујорк закажаа и билатерална средба попладнево

The post Герапетритис ги собра на појадок „Пријателите на Западен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Политичката поддршка на Грција за интегративниот процес на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, ја повторил шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за време на работниот појадок на министерско ниво на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ организиран во Њујорк, а на кој присуствуваше и министерот Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, Герапетритис и неговите колеги размениле мислења за реформската агенда и унапредувањето на процесот на интеграција на земјите од регионот во Унијата за време на мандатот на новата Европска комисија. Дополнително, истакнувајќи ја политичката поддршка на Грција за ЕУ перспективата посочил, дека станува актуелна поради сегашните големи геополитички предизвици, но и нагласил дека за пристапувањето во Унијата постојат конкретни и фиксни обврски.
- Почитувањето на европското законодавство, придружено со цврстата посветеност на меѓународното право и посветеност на добрососедските односи е единствениот пат кој води до интеграција во европското семејство. Паралелно, посебен акцент треба да се стави на спроведувањето на реформите, особено во однос на консолидацијата на владеењето на правото и заштитата на човековите права. Грција е подготвена со сите свои сили да ја поддржи европската ориентација на земјите од Западен Балкан преку техничка помош и експертиза што ја стекна благодарение на нејзиното учество во Унијата повеќе од четири децении. Но, останува на самите земји да ги исполнат пропишаните критериуми, истакнал шефот на грчката дипломатија, пренесе државната агенција АНА-МПА
Министрите Муцунски и Герапетритис, освен што учествуваа на неформалниот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во Њујорк закажаа и билатерална средба попладнево

The post Герапетритис ги собра на појадок „Пријателите на Западен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-nujork-prva-sredba-mutsunski-gerapetritis/ Mon, 23 Sep 2024 05:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=818823

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Ова е прва средба меѓу двајцата министри, која ќе се одржи на маргините на 79. Генерално собрание на ОН.

На средбата, како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна тровија, ќе се разговара за актуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошното продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

Средбата ја потврдија и од грчкото МНР, посочувајќи дека на маргините на Генералното собрание, Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија.

Шефовите на дипломатиите на двете земји првпат ќе имаат билатерална средба. На средината на јули, Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор, а во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас.

Муцунски и Герапетритис денеска ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.

Mинистерот Муцунски, како што најавија од МНРНТ, ќе има значајни средби со претставници на земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции.

Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН.

Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.

The post Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Ова е прва средба меѓу двајцата министри, која ќе се одржи на маргините на 79. Генерално собрание на ОН. На средбата, како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна тровија, ќе се разговара за актуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошното продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји. Средбата ја потврдија и од грчкото МНР, посочувајќи дека на маргините на Генералното собрание, Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија. Шефовите на дипломатиите на двете земји првпат ќе имаат билатерална средба. На средината на јули, Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор, а во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас. Муцунски и Герапетритис денеска ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан. Mинистерот Муцунски, како што најавија од МНРНТ, ќе има значајни средби со претставници на земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции. Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН. Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.

The post Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис appeared first on Република.

]]>
Герапетритис: Името не може да се смени ниту со договор од страните https://republika.mk/vesti/balkan/gerapetritis-imeto-ne-mozhe-da-se-smeni-nitu-so-dogovor-od-stranite/ Mon, 22 Jul 2024 08:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=799077

Доколку Македонија продолжи со оваа политика, која е директно спротивна на меѓународните договори, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија повтори дека Договорот од Преспа е ратификуван од двата парламенти, со што носи законски обврски „кои не може да се променат од ниедна од двете земји“.

- Секако самиот Договор од Преспа јасно кажува дека прашањето за името, односно името на Македонија не може да се смени ниту со договор од страните. Станува збор за одредба која останува засекогаш. Во овој момент има јасно прекршување од страна на политичкиот и државниот врв. Не е законски поткрепено тврдењето дека кој било политички или државен лидер може вон формалната рамка да употребува друго име за неговата земја, бидејќи тоа во реалноста би претставувало директно прекршување. Не може претседателот или премиерот на една земја, кога е во јавен настап да се повикува на приватна автономија. Ова не е во согласност ниту со домашното уставно право, ниту со меѓународното право, посочи Герапетритис.

Го повтори и ставот дека за нив Договорот „има значајни политички и правни проблеми“, но ги обврзува сите.

- Направив многу голем напор за целосно и комплетно да ги информирам сите наши партнери и сите меѓународни организации и можам да ви кажам дека во овој момент постои сериозна загриженост од страна на сите за ставот на Македонија. Сите разбираме дека доколку продолжи оваа политика, која директно е спротивна на меѓународните договори, што претставуваат основа на меѓународната безбедносна архитектура, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече Герапетритис за ЕРТ.

The post Герапетритис: Името не може да се смени ниту со договор од страните appeared first on Република.

]]>

Доколку Македонија продолжи со оваа политика, која е директно спротивна на меѓународните договори, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија повтори дека Договорот од Преспа е ратификуван од двата парламенти, со што носи законски обврски „кои не може да се променат од ниедна од двете земји“.
- Секако самиот Договор од Преспа јасно кажува дека прашањето за името, односно името на Македонија не може да се смени ниту со договор од страните. Станува збор за одредба која останува засекогаш. Во овој момент има јасно прекршување од страна на политичкиот и државниот врв. Не е законски поткрепено тврдењето дека кој било политички или државен лидер може вон формалната рамка да употребува друго име за неговата земја, бидејќи тоа во реалноста би претставувало директно прекршување. Не може претседателот или премиерот на една земја, кога е во јавен настап да се повикува на приватна автономија. Ова не е во согласност ниту со домашното уставно право, ниту со меѓународното право, посочи Герапетритис.
Го повтори и ставот дека за нив Договорот „има значајни политички и правни проблеми“, но ги обврзува сите.
- Направив многу голем напор за целосно и комплетно да ги информирам сите наши партнери и сите меѓународни организации и можам да ви кажам дека во овој момент постои сериозна загриженост од страна на сите за ставот на Македонија. Сите разбираме дека доколку продолжи оваа политика, која директно е спротивна на меѓународните договори, што претставуваат основа на меѓународната безбедносна архитектура, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече Герапетритис за ЕРТ.

The post Герапетритис: Името не може да се смени ниту со договор од страните appeared first on Република.

]]>
Грчкиот министер за надворешни работи во Македонија ќе биде само неколку часа, средба со претседателката не е најавена https://republika.mk/vesti/makedonija/grchkiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-makedonija-ke-bide-samo-nekolku-chasa-sredba-so-pretsedatelkata-ne-e-najavena/ Thu, 13 Jun 2024 10:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=787178

Грчкиот шеф на дипломатијата Јоргос Герапетритис денеска е  во Скопје на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Неизвесно е дали ќе има средба со претседателка Гордана Сиљановска Давкова бидејќи во Македонија ќе биде само неколку часа

На средбите на Процесот за соработка на Југоисточна Европа нема имиња на држави и знамиња туку стојат само градовите но сепак очите во Грција ќе бидат насочени кон Скопје.

На состанокот приствуваат претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, заменик-министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Иван Кондов,

The post Грчкиот министер за надворешни работи во Македонија ќе биде само неколку часа, средба со претседателката не е најавена appeared first on Република.

]]>

Грчкиот шеф на дипломатијата Јоргос Герапетритис денеска е  во Скопје на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Неизвесно е дали ќе има средба со претседателка Гордана Сиљановска Давкова бидејќи во Македонија ќе биде само неколку часа На средбите на Процесот за соработка на Југоисточна Европа нема имиња на држави и знамиња туку стојат само градовите но сепак очите во Грција ќе бидат насочени кон Скопје. На состанокот приствуваат претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, заменик-министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Иван Кондов,

The post Грчкиот министер за надворешни работи во Македонија ќе биде само неколку часа, средба со претседателката не е најавена appeared first on Република.

]]>
Ќе го почитуваме и ќе се грижиме да е почитуван Договорот од Преспа, ветува грчкиот министер за надворешни работи https://republika.mk/vesti/balkan/ke-go-pochituvame-i-ke-se-grizhime-da-e-pochituvan-dogovorot-od-prespa-vetuva-grchkiot-minister-za-nadvoreshni-raboti/ Sun, 26 May 2024 15:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=781840

Договорот од Преспа ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување, не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека е ратификуван договор и не постои можност да го измениме еднострано, па она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис посочи дека Грција го следи почитувањето на Договорот од Преспа, но и истакна дека во самиот текст не е предвидено ниту еднострано да се смени, ниту да се поништи, објаснувајќи ги главните карактеристики на Договорот.

Прво и основно е дека станува збор за меѓународен договор што беше ратификуван од двата Парламенти и ова значи дека во моментов не може да биде еднострано изменет од ниедна страна. Дури и да постои волја од Македонија или Грција за еднострано да го изменат Договорот, тоа не може да се направи. Второ, Договорот од Преспа беше под покровителство на ОН, присуствуваше претставник на Организацијата на Обединетите нации и ова му дава поголема меѓународна сила. Трето, постои процес предвиден во Договорот од Преспа, што претставува процедура при прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување, појасни шефот на грчката дипломатија.

За решавањето на евентуалните спорови, објасни дека предвидено е покренување процес „со испраќање допис до страната што го прекршила Договорот, можна е, но не и неопходна употреба на добрите услуги на генералниот секретар на ОН и на крај одлука на Меѓународниот суд“.

Што значи дека не станува збор за процес за еднострано поништување, истакна Герапетритис.

Потсети дека актуелната грчка Влада, како опозиција, „навреме укажа на проблемите од Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека тоа се „политички, геополитички, но и технички проблеми“.

Од почетокот рековме дека овој Договор е штетен. Сепак, јасно е, и премиерот го кажа тоа од Парламентот за време на ратификацијата, како лидер на опозицијата. Договорот ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување. Зошто? Не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека со создавањето на конкретната геополитичка средина и имајќи го во моментов ратификувано Договорот и неможност да го измениме еднострано, она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, истакна министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „Скај“, пренесе МИА.

Герапетритис порача дека како и за сите теми во надворешната политика, така и во односите со Македонија, тие се подготвени за сите сценарија, посочувајќи дека ова се покажа и со нивната реакција по инаугурацијата на претседателката.

За евентуална средба со неговиот македонски колега, објасни дека земјата сè уште има техничка Влада, а штом добие нова во текот на јуни, Атина ќе ги преземеме неопходните чекори.

The post Ќе го почитуваме и ќе се грижиме да е почитуван Договорот од Преспа, ветува грчкиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>

Договорот од Преспа ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување, не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека е ратификуван договор и не постои можност да го измениме еднострано, па она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис посочи дека Грција го следи почитувањето на Договорот од Преспа, но и истакна дека во самиот текст не е предвидено ниту еднострано да се смени, ниту да се поништи, објаснувајќи ги главните карактеристики на Договорот.
Прво и основно е дека станува збор за меѓународен договор што беше ратификуван од двата Парламенти и ова значи дека во моментов не може да биде еднострано изменет од ниедна страна. Дури и да постои волја од Македонија или Грција за еднострано да го изменат Договорот, тоа не може да се направи. Второ, Договорот од Преспа беше под покровителство на ОН, присуствуваше претставник на Организацијата на Обединетите нации и ова му дава поголема меѓународна сила. Трето, постои процес предвиден во Договорот од Преспа, што претставува процедура при прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување, појасни шефот на грчката дипломатија.
За решавањето на евентуалните спорови, објасни дека предвидено е покренување процес „со испраќање допис до страната што го прекршила Договорот, можна е, но не и неопходна употреба на добрите услуги на генералниот секретар на ОН и на крај одлука на Меѓународниот суд“.
Што значи дека не станува збор за процес за еднострано поништување, истакна Герапетритис.
Потсети дека актуелната грчка Влада, како опозиција, „навреме укажа на проблемите од Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека тоа се „политички, геополитички, но и технички проблеми“.
Од почетокот рековме дека овој Договор е штетен. Сепак, јасно е, и премиерот го кажа тоа од Парламентот за време на ратификацијата, како лидер на опозицијата. Договорот ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување. Зошто? Не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека со создавањето на конкретната геополитичка средина и имајќи го во моментов ратификувано Договорот и неможност да го измениме еднострано, она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, истакна министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „Скај“, пренесе МИА.
Герапетритис порача дека како и за сите теми во надворешната политика, така и во односите со Македонија, тие се подготвени за сите сценарија, посочувајќи дека ова се покажа и со нивната реакција по инаугурацијата на претседателката. За евентуална средба со неговиот македонски колега, објасни дека земјата сè уште има техничка Влада, а штом добие нова во текот на јуни, Атина ќе ги преземеме неопходните чекори.

The post Ќе го почитуваме и ќе се грижиме да е почитуван Договорот од Преспа, ветува грчкиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>
Шефот на грчката дипломататија потсетува дека Договорот од Преспа не може еднострано да се менува https://republika.mk/vesti/balkan/shefot-na-grchkata-diplomatatija-potsetuva-deka-dogovorot-od-prespa-ne-mozhe-ednostrano-da-se-menuva/ Mon, 20 May 2024 07:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=779959

Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчкото радио „Talk radio 98.9“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во утринското интервју, шефот на грчката дипломатија посочи дека „во овој момент постои едно прашање што произлезе по изборите во Македонија“, но и истакна дека тие секако го почитуваат изборниот резултат.

- Она што секогаш го потенцираме е дека независно од разликите, од идеолошките и политичките разлики што може да ги има ги има новото политичко раководство кон Договорот од Преспа, тоа е меѓународен договор што е ратификуван. Не се менува и не се ревидира еднострано од страните. Претставува една многу основна точка врз која се изградија меѓународните односи на Македонија. Се подразбира дека Европската унија ги оценува прашањата од Договорот од Преспа и целосното и доследно спроведување и затоа мислам дека политичкото раководство на Македонија ќе ги оцени овие прашања и ќе се усогласи со барањата од Договорот од Преспа, истакна Герапетритис.

Додаде дека Грција, од своја страна го следи доследното спроведување на Договорот и потсети дека „денешното владино мнозинство како опозиција навремено ги укажа сивите точки на Договорот“.

- За мене она што е важно е дека треба ги почитуваме договорените работи, не затоа што се согласуваме со договореното, туку затоа што е договор за континуитетот и стабилноста и во секој случај не можеме да создаваме еднострана рамка врз која ќе се градат политички кариери, посочи шефот на грчката дипломатија.

The post Шефот на грчката дипломататија потсетува дека Договорот од Преспа не може еднострано да се менува appeared first on Република.

]]>

Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчкото радио „Talk radio 98.9“, јави дописничката на МИА од Атина. Во утринското интервју, шефот на грчката дипломатија посочи дека „во овој момент постои едно прашање што произлезе по изборите во Македонија“, но и истакна дека тие секако го почитуваат изборниот резултат.
- Она што секогаш го потенцираме е дека независно од разликите, од идеолошките и политичките разлики што може да ги има ги има новото политичко раководство кон Договорот од Преспа, тоа е меѓународен договор што е ратификуван. Не се менува и не се ревидира еднострано од страните. Претставува една многу основна точка врз која се изградија меѓународните односи на Македонија. Се подразбира дека Европската унија ги оценува прашањата од Договорот од Преспа и целосното и доследно спроведување и затоа мислам дека политичкото раководство на Македонија ќе ги оцени овие прашања и ќе се усогласи со барањата од Договорот од Преспа, истакна Герапетритис.
Додаде дека Грција, од своја страна го следи доследното спроведување на Договорот и потсети дека „денешното владино мнозинство како опозиција навремено ги укажа сивите точки на Договорот“.
- За мене она што е важно е дека треба ги почитуваме договорените работи, не затоа што се согласуваме со договореното, туку затоа што е договор за континуитетот и стабилноста и во секој случај не можеме да создаваме еднострана рамка врз која ќе се градат политички кариери, посочи шефот на грчката дипломатија.

The post Шефот на грчката дипломататија потсетува дека Договорот од Преспа не може еднострано да се менува appeared first on Република.

]]>
Шефот на грчката дипломатија: Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми https://republika.mk/vesti/balkan/shefot-na-grchkata-diplomatija-dogovorot-od-prespa-e-dogovor-shto-ima-ogromni-problemi/ Fri, 17 May 2024 07:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=779028

Грчката Влада реагираше со исклучително брзи рефлекси, на само неколку часа по инаугурацијата на новата претседателка на Македонија се активираа претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, портпаролот на Европската унија, НАТО и многу земји и ова благодарение на грчката надворешна политика, која со брзи рефлекси успеа да го интернационализира прашањето и ќе продолжиме со тоа, рече утрово министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија во Парламентот одговараше на пратеничко прашање од партијата Победа поврзано со манастирот Хора во Турција, кој турските власти го претворија во џамија, но пратеникот на малата десничарско-националистичка партија ги покрена и останатите прашања од надворешната политика, меѓу кои и Договорот од Преспа.

- Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми, но претставува меѓународно право кое мораме да го почитуваме бидејќи согласно Уставот е над секоја друга законска одредба, рече Герапетритис.

Паралелно, министерот за надворешни работи на Грција категорично ги демантираше натписите во медиумите за негово учество во составувањето на Договорот од Преспа.

- Не само што немав никакво учество, туку и немаше да можам да учествувам од едноставна причина што темелно не се согласувам со Договорот од Преспа, што претставува правен текст со огромни проблеми кои со текот на времето се покажуваат, истакна Герапетритис

The post Шефот на грчката дипломатија: Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми appeared first on Република.

]]>

Грчката Влада реагираше со исклучително брзи рефлекси, на само неколку часа по инаугурацијата на новата претседателка на Македонија се активираа претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, портпаролот на Европската унија, НАТО и многу земји и ова благодарение на грчката надворешна политика, која со брзи рефлекси успеа да го интернационализира прашањето и ќе продолжиме со тоа, рече утрово министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија во Парламентот одговараше на пратеничко прашање од партијата Победа поврзано со манастирот Хора во Турција, кој турските власти го претворија во џамија, но пратеникот на малата десничарско-националистичка партија ги покрена и останатите прашања од надворешната политика, меѓу кои и Договорот од Преспа.
- Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми, но претставува меѓународно право кое мораме да го почитуваме бидејќи согласно Уставот е над секоја друга законска одредба, рече Герапетритис.
Паралелно, министерот за надворешни работи на Грција категорично ги демантираше натписите во медиумите за негово учество во составувањето на Договорот од Преспа.
- Не само што немав никакво учество, туку и немаше да можам да учествувам од едноставна причина што темелно не се согласувам со Договорот од Преспа, што претставува правен текст со огромни проблеми кои со текот на времето се покажуваат, истакна Герапетритис

The post Шефот на грчката дипломатија: Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми appeared first on Република.

]]>
Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика кај соседите, вели грчкиот шеф на дипломатијата https://republika.mk/vesti/balkan/se-nadevam-deka-nema-da-ima-promena-vo-nadvoreshnata-politika-kaj-sosedite-veli-grchkiot-shef-na-diplomatijata/ Thu, 09 May 2024 13:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=776393

Надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат, изрази шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција, говорејќи за вчерашните избори кај нас, рече дека одблиску го следат развојот на настаните и посочи дека се подготвени за сите сценарија.

Од друга страна, се надевам дека нема да има промена во надворешната политика, но и во внатрешните теми на Cеверна Македонија. Имаме убедлива победа на ВМРО. Нивната предизборна агенда беше фокусирана и на прашањето со Договорот од Преспа и за тоа колку Договорот од Преспа претставува достоинствено решение за граѓаните на Cеверна Македонија. За овој случај сакам да го кажам следново: Нова демократија како опозиција ги покрена сивите точки од Договорот. Од друга страна, со доаѓањето на власт имаме и политичка и правна обврска не само да го почитуваме Договорот од Преспа, туку да се погрижиме да има и негово доследно спроведување, нешто што се заснова на самиот наш Устав, објасни Герапетритис.

Паралелно додаде дека договорите што се ратификуваат од парламентите „преовладуваат над секоја спротивна одредба од законот“, што според него, практично значи дека што и да сака Грција, што и да сака Македонија, не можат еднострано да го изменат Договорот од Преспа.

Односно, не може да дојде внатрешен закон и да го ревидира или поништи Договорот. Значи сите сме должни да се придржуваме до договореното. Иако предизборно навистина постоеја одредени реторики, јас чувствувам дека климата нема да биде нарушена и од дополнителна причина што Договорот од Преспа претставува формален предуслов за интегративниот пат на Cеверна Македонија кон Европската Унија, нешто што мислам дека не се оспорува како главна цел на соседната земја, истакна шефот на грчката дипломатија.

За европската перспектива, како на нашата земја, така и на целот регион, уште еднаш ја повтори грчката поддршка, бидејќи, како што рече, сметаат дека на овој начин се воспоставуваат мирот и безбедноста во поширокиот регион, но и додаде дека конкретно за Македонија големиот проблем што постои сега, не е толку прашањето со Грција и Договорот од Преспа, колку што е во главно прашањето со Бугарија.

Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот, исто како и Договорот од Преспа претставува предуслов за напредокот на интегративните процеси, па во овој момент Cеверна Македонија со новата Влада и новата претседателка ќе се најдат пред важни дилеми. Моето верување и надеж е дека соседната земја ќе го продолжи нејзиниот европски пат и нема да имаме оживување на национализам и проблеми од минатото, истакна министерот за надворешни работи на Грција, во интервјуто за радиото „Скај“.

The post Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика кај соседите, вели грчкиот шеф на дипломатијата appeared first on Република.

]]>

Надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат, изрази шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција, говорејќи за вчерашните избори кај нас, рече дека одблиску го следат развојот на настаните и посочи дека се подготвени за сите сценарија.
Од друга страна, се надевам дека нема да има промена во надворешната политика, но и во внатрешните теми на Cеверна Македонија. Имаме убедлива победа на ВМРО. Нивната предизборна агенда беше фокусирана и на прашањето со Договорот од Преспа и за тоа колку Договорот од Преспа претставува достоинствено решение за граѓаните на Cеверна Македонија. За овој случај сакам да го кажам следново: Нова демократија како опозиција ги покрена сивите точки од Договорот. Од друга страна, со доаѓањето на власт имаме и политичка и правна обврска не само да го почитуваме Договорот од Преспа, туку да се погрижиме да има и негово доследно спроведување, нешто што се заснова на самиот наш Устав, објасни Герапетритис.
Паралелно додаде дека договорите што се ратификуваат од парламентите „преовладуваат над секоја спротивна одредба од законот“, што според него, практично значи дека што и да сака Грција, што и да сака Македонија, не можат еднострано да го изменат Договорот од Преспа.
Односно, не може да дојде внатрешен закон и да го ревидира или поништи Договорот. Значи сите сме должни да се придржуваме до договореното. Иако предизборно навистина постоеја одредени реторики, јас чувствувам дека климата нема да биде нарушена и од дополнителна причина што Договорот од Преспа претставува формален предуслов за интегративниот пат на Cеверна Македонија кон Европската Унија, нешто што мислам дека не се оспорува како главна цел на соседната земја, истакна шефот на грчката дипломатија.
За европската перспектива, како на нашата земја, така и на целот регион, уште еднаш ја повтори грчката поддршка, бидејќи, како што рече, сметаат дека на овој начин се воспоставуваат мирот и безбедноста во поширокиот регион, но и додаде дека конкретно за Македонија големиот проблем што постои сега, не е толку прашањето со Грција и Договорот од Преспа, колку што е во главно прашањето со Бугарија.
Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот, исто како и Договорот од Преспа претставува предуслов за напредокот на интегративните процеси, па во овој момент Cеверна Македонија со новата Влада и новата претседателка ќе се најдат пред важни дилеми. Моето верување и надеж е дека соседната земја ќе го продолжи нејзиниот европски пат и нема да имаме оживување на национализам и проблеми од минатото, истакна министерот за надворешни работи на Грција, во интервјуто за радиото „Скај“.

The post Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика кај соседите, вели грчкиот шеф на дипломатијата appeared first on Република.

]]>
Герапетритис: Меморандумите ќе се ратификуваат кога ќе постои целосна усогласеност во спроведувањето на Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/gerapetritis-memorandumite-ke-se-ratifikuvaat-koga-ke-postoi-tselosna-usoglasenost-vo-sproveduvaneto-na-dogovorot-od-prespa/ Fri, 12 Apr 2024 21:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=765576

Доцнењето на ратификацијата на трите меморандуми со Македонија, според шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, не е поради внатрешните политички околности во Грција, туку поради „односите што се развиваат по Договорот од Преспа“, за кој уште еднаш повтори дека е меѓународен договор што не може еднострано да се смени и ги обврзува сите влади, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција, за време на неговото учество на Делфи економскиот форум, говореше за сите теми поврзани со грчката дипломатија, а одговори и на прашањето кога меморандумите ќе бидат ратификувани од Парламентот.

Објасни дека „ќе има напредок кога политичките околности ќе го дозволат тоа“ и ова, како што посочи, не се однесува на „внатрешните политички услови“ во Грција.

-Договорот од Преспа е меѓународен договор. Меѓународните договори кога се потпишуваат го надвладуваат секој друг закон. Не можат да се изменат еднострано и ја обврзуваат секоја Влада, па така ние, она што мораме да го сториме е да го следиме доследното спроведување на Договорот од Преспа и тоа го правиме. Кога ќе постои заедничко разбирање, заемно разбирање, кога ќе има ситуација на целосна усогласеност, овие меморандуми ќе дојдат за ратификација во грчкиот Парламент, истакна Герапетритис на панел-дискусијата.

Шефот на грчката дипломатија, говорејќи за регионот, уште еднаш ја повтори поддршката на Грција за ЕУ перспективата на сите земји од Западен Балкан, посочувајќи дека е потребно почитување на основните принципи како што е владеењето на правото, додека пак за односите со Албанија и за случајот со градоначалникот на Химара Фреди Белери истакна дека не станува збор за билатерално прашање, туку за европско.

The post Герапетритис: Меморандумите ќе се ратификуваат кога ќе постои целосна усогласеност во спроведувањето на Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Доцнењето на ратификацијата на трите меморандуми со Македонија, според шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, не е поради внатрешните политички околности во Грција, туку поради „односите што се развиваат по Договорот од Преспа“, за кој уште еднаш повтори дека е меѓународен договор што не може еднострано да се смени и ги обврзува сите влади, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција, за време на неговото учество на Делфи економскиот форум, говореше за сите теми поврзани со грчката дипломатија, а одговори и на прашањето кога меморандумите ќе бидат ратификувани од Парламентот. Објасни дека „ќе има напредок кога политичките околности ќе го дозволат тоа“ и ова, како што посочи, не се однесува на „внатрешните политички услови“ во Грција.
-Договорот од Преспа е меѓународен договор. Меѓународните договори кога се потпишуваат го надвладуваат секој друг закон. Не можат да се изменат еднострано и ја обврзуваат секоја Влада, па така ние, она што мораме да го сториме е да го следиме доследното спроведување на Договорот од Преспа и тоа го правиме. Кога ќе постои заедничко разбирање, заемно разбирање, кога ќе има ситуација на целосна усогласеност, овие меморандуми ќе дојдат за ратификација во грчкиот Парламент, истакна Герапетритис на панел-дискусијата.
Шефот на грчката дипломатија, говорејќи за регионот, уште еднаш ја повтори поддршката на Грција за ЕУ перспективата на сите земји од Западен Балкан, посочувајќи дека е потребно почитување на основните принципи како што е владеењето на правото, додека пак за односите со Албанија и за случајот со градоначалникот на Химара Фреди Белери истакна дека не станува збор за билатерално прашање, туку за европско.

The post Герапетритис: Меморандумите ќе се ратификуваат кога ќе постои целосна усогласеност во спроведувањето на Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Kaко дојдовме до тоа Грција да нѐ уценува за обврските од Договорот од Преспа: Заев и Димитров преговорите ги префрлија од Обединетите нации во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-dojdovme-do-toa-grtsija-da-n-utsenuva-za-obvrskite-od-dogovorot-od-prespa-zaev-i-dimitrov-pregovorite-gi-prefrlija-od-obedinetite-natsii-vo-eu/ Tue, 27 Feb 2024 07:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=748642

Сегашната српска опозиција и власта на СДСМ на идентичен начин преговорите за статусот на Косово и спорот со Грција за разликите за името ги префрлија од Обединетите нации во ЕУ и со тоа нанесоа директна штета на своите земји.

Македонија и Грција речиси две децении преговараа во Њујорк под покровителство на Обединетите нации и во согланост со Резолуцијата 817.

Се преговараше на рамноправна основа и со посредство на медијаторот Метју Нимиц. Грција имаше свој преговарач Василакис, а од македонска страна се сменија неколку преговарачи.

Така беше се до 2016 година и доаѓањето на власт на СДСМ. Тогаш се напуштија преговорите во Обединетите нации, преговарачот Васко Наумовски беше дистанциран и преговорите се водеа во ЕУ каде Македонија беше во подредена положба.

Резултатот од тоа дојде неколку години подоцна кога Заев и Ципрас го договорија а Димитров и Коцијас го потпишаа Договорот од Преспа.

https://republika.mk/vesti/balkan/iako-tie-smenija-samo-eden-znak-grtsija-n-iskara-da-go-pochituvame-dogovorot-od-prespa/

Слично одигра и тогашната српска власт на чело со Борис Тадиќ, Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ во 2008 година.

Koсово прогласи независност а сегашната српска опозиција побара мислење од Меѓународниот суд на правдата во Хаг дали самопросласената незасност од страна на нивниот Парламент бил во согласност со меѓународното право.Судот донесе одлука во корист на Косово.

По таа одлука на судот во Хаг, Генаралното собрание донесе Резолуција со која се призна одлуката и ја повика ЕУ да биде посредник во преговорите меѓу двете земји.Со тоа практично преговорите наместо во Њујорк се префрлија во Брисел каде двете страни се еднакви што директно одеше и сѐ уште оди на штета на Србија.

Тие преговори траат и денеска а згора на тоа ЕУ бара односите со Косово да бидат дел од Преговарачката рамка за Србија во преговорите со Унијата.

The post Kaко дојдовме до тоа Грција да нѐ уценува за обврските од Договорот од Преспа: Заев и Димитров преговорите ги префрлија од Обединетите нации во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Сегашната српска опозиција и власта на СДСМ на идентичен начин преговорите за статусот на Косово и спорот со Грција за разликите за името ги префрлија од Обединетите нации во ЕУ и со тоа нанесоа директна штета на своите земји. Македонија и Грција речиси две децении преговараа во Њујорк под покровителство на Обединетите нации и во согланост со Резолуцијата 817. Се преговараше на рамноправна основа и со посредство на медијаторот Метју Нимиц. Грција имаше свој преговарач Василакис, а од македонска страна се сменија неколку преговарачи. Така беше се до 2016 година и доаѓањето на власт на СДСМ. Тогаш се напуштија преговорите во Обединетите нации, преговарачот Васко Наумовски беше дистанциран и преговорите се водеа во ЕУ каде Македонија беше во подредена положба. Резултатот од тоа дојде неколку години подоцна кога Заев и Ципрас го договорија а Димитров и Коцијас го потпишаа Договорот од Преспа. https://republika.mk/vesti/balkan/iako-tie-smenija-samo-eden-znak-grtsija-n-iskara-da-go-pochituvame-dogovorot-od-prespa/ Слично одигра и тогашната српска власт на чело со Борис Тадиќ, Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ во 2008 година. Koсово прогласи независност а сегашната српска опозиција побара мислење од Меѓународниот суд на правдата во Хаг дали самопросласената незасност од страна на нивниот Парламент бил во согласност со меѓународното право.Судот донесе одлука во корист на Косово. По таа одлука на судот во Хаг, Генаралното собрание донесе Резолуција со која се призна одлуката и ја повика ЕУ да биде посредник во преговорите меѓу двете земји.Со тоа практично преговорите наместо во Њујорк се префрлија во Брисел каде двете страни се еднакви што директно одеше и сѐ уште оди на штета на Србија. Тие преговори траат и денеска а згора на тоа ЕУ бара односите со Косово да бидат дел од Преговарачката рамка за Србија во преговорите со Унијата.

The post Kaко дојдовме до тоа Грција да нѐ уценува за обврските од Договорот од Преспа: Заев и Димитров преговорите ги префрлија од Обединетите нации во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Иако тие сменија само еден знак: Грција нѐ искара да го почитуваме Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/iako-tie-smenija-samo-eden-znak-grtsija-n-iskara-da-go-pochituvame-dogovorot-od-prespa/ Mon, 26 Feb 2024 15:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=748625

Нашите односи со Македонија се наоѓаат на исклучително задоволително ниво, билатералните односи се развиени во последните пет години, многу повеќе во споредба со претходните 15 години и се наоѓаат во континуирана динамика, но, мора да бидеме јасни дека придржувањето кон Договорот од Преспа ќе треба да биде строго и целосно за можеме да разговараме на исто ниво, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис одговараше на пратеничко прашање на пратеничката од СИРИЗА Рена Дуру околу трите меморандуми за соработка со Македонија кои од 2019 година сè уште не се донесени во Парламентот за ратификација.

-Предвидените меморандуми ќе дојдат за ратификација во Парламентот во време кое грчката држава ќе го оцени како соодветно и секогаш поврзано со правилното и добронамерно спроведување на одредбите од Договорот од Преспа, рече Герапетритис.

Уште еднаш повтори дека Договорот од Преспа е меѓународен договор што не може да се измени од никоја од страните, посочи дека грчката Влада внимателно го следи спроведувањето, а паралелно детално се осврна и на промената на пасошите, за кое посочи дека „сè уште не постои целосна усогласеност“.

Појасни дека „прилагодувањето на патните исправи е поврзано со петгодишниот технички преоден период што го имаше соседната земја“.

-Имаше можност во периодот од пет години да ги направи потребните прилагодувања, како во однос на патните исправи, така и во однос на регистарските таблици на приватните возила. Ова до денес не е завршено, не поради одговорност на Грција, туку не е завршено бидејќи имаше бирократски, организациски или други проблеми од страна на Република Македонија, рече Герапетритис.

Додаде дека Грција има „политичка должност“ да го следи доследното спроведување на Договорот во овие прашања и, како што рече, кога постои неусогласување или непочитување да реагира.

-Грчката Влада и Министерството за надворешни работи ги направија сите неопходни дејствија, токму поради недоволната усогласеност на патните исправи и нивното прилагодување на новото име. Во врска со ова е и формалното и официјално информирање на властите во странство, на грчките дипломатски претставништва, на властите во ЕУ како и државите членки на Европската Унија за да постои целосно разбирање на имплементацијата на Договорот од Преспа, посочи шефот на грчката дипломатија.

Објасни дека без разлика дали некој се согласува или не со одредени поглавја од Договорот на Преспа, „за кои навремено беше посочено“, денеска договорот е „законски текст, кој не може да се модифицира, ја обврзува грчката држава, го обврзува грчкиот Парламент“.

Паралелно уште еднаш ја повтори и истакна грчката поддршка за европската интеграција не само на Македонија, туку и на сите земји од Западен Балкан.

-Реалноста е дека освен придобивката што ќе ја имаат самите земји од Западен Балкан со интеграцијата во Европската Унија, туку и самата ЕУ ќе се ревитализира, ќе се надгради преку нејзиното проширување кон овој регион, регион кој како што сите знаеме, историски е многу чувствителен, порача Герапетритис.

Истакна дека „Грција секогаш ќе биде во позиција да може да ги зајакне напорите, не само на Република Македонија, туку и на сите земји-членки од Западен Балкан, на нивниот пат кон европското семејство“.

The post Иако тие сменија само еден знак: Грција нѐ искара да го почитуваме Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Нашите односи со Македонија се наоѓаат на исклучително задоволително ниво, билатералните односи се развиени во последните пет години, многу повеќе во споредба со претходните 15 години и се наоѓаат во континуирана динамика, но, мора да бидеме јасни дека придржувањето кон Договорот од Преспа ќе треба да биде строго и целосно за можеме да разговараме на исто ниво, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис одговараше на пратеничко прашање на пратеничката од СИРИЗА Рена Дуру околу трите меморандуми за соработка со Македонија кои од 2019 година сè уште не се донесени во Парламентот за ратификација.
-Предвидените меморандуми ќе дојдат за ратификација во Парламентот во време кое грчката држава ќе го оцени како соодветно и секогаш поврзано со правилното и добронамерно спроведување на одредбите од Договорот од Преспа, рече Герапетритис.
Уште еднаш повтори дека Договорот од Преспа е меѓународен договор што не може да се измени од никоја од страните, посочи дека грчката Влада внимателно го следи спроведувањето, а паралелно детално се осврна и на промената на пасошите, за кое посочи дека „сè уште не постои целосна усогласеност“. Појасни дека „прилагодувањето на патните исправи е поврзано со петгодишниот технички преоден период што го имаше соседната земја“.
-Имаше можност во периодот од пет години да ги направи потребните прилагодувања, како во однос на патните исправи, така и во однос на регистарските таблици на приватните возила. Ова до денес не е завршено, не поради одговорност на Грција, туку не е завршено бидејќи имаше бирократски, организациски или други проблеми од страна на Република Македонија, рече Герапетритис.
Додаде дека Грција има „политичка должност“ да го следи доследното спроведување на Договорот во овие прашања и, како што рече, кога постои неусогласување или непочитување да реагира.
-Грчката Влада и Министерството за надворешни работи ги направија сите неопходни дејствија, токму поради недоволната усогласеност на патните исправи и нивното прилагодување на новото име. Во врска со ова е и формалното и официјално информирање на властите во странство, на грчките дипломатски претставништва, на властите во ЕУ како и државите членки на Европската Унија за да постои целосно разбирање на имплементацијата на Договорот од Преспа, посочи шефот на грчката дипломатија.
Објасни дека без разлика дали некој се согласува или не со одредени поглавја од Договорот на Преспа, „за кои навремено беше посочено“, денеска договорот е „законски текст, кој не може да се модифицира, ја обврзува грчката држава, го обврзува грчкиот Парламент“. Паралелно уште еднаш ја повтори и истакна грчката поддршка за европската интеграција не само на Македонија, туку и на сите земји од Западен Балкан.
-Реалноста е дека освен придобивката што ќе ја имаат самите земји од Западен Балкан со интеграцијата во Европската Унија, туку и самата ЕУ ќе се ревитализира, ќе се надгради преку нејзиното проширување кон овој регион, регион кој како што сите знаеме, историски е многу чувствителен, порача Герапетритис.
Истакна дека „Грција секогаш ќе биде во позиција да може да ги зајакне напорите, не само на Република Македонија, туку и на сите земји-членки од Западен Балкан, на нивниот пат кон европското семејство“.

The post Иако тие сменија само еден знак: Грција нѐ искара да го почитуваме Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Герапетритис: Грција ја поддржува европската перспектива на Турција https://republika.mk/vesti/balkan/gerapetritis-grtsija-ja-poddrzhuva-evropskata-perspektiva-na-turtsija/ Sat, 03 Feb 2024 13:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=740000

Грција отсекогаш го поддржува европскиот пат на Турција. Тоа е во интерес и на Европската Унија и на стабилноста во поширокиот регион на источниот Медитеран, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, пред почетокот на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис посочи дека Турција, секако, треба да ги препознае високо чувствителните прашања за земјите-членки на Унијата, односно „треба да постојат опипливи докази за нејзината посветеност да се продолжи дијалогот за кипарското прашање врз основа на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

Односите меѓу Грција и Турција во последниот период се подобрени. Тоа е неопходен услов за напредок на евро-турските односи. Од друга страна, Турција треба постојано да ја демонстрира својата подготвеност за подобрување на евро-турските односи, секогаш придржувајќи се до одредниците на европското законодавство - рече Герапетритис.

Паралелно истакна дека Европската унија ќе мора да биде присутна во големите кризи и ќе мора да биде способна со еден глас да одговори на големите прашања.

The post Герапетритис: Грција ја поддржува европската перспектива на Турција appeared first on Република.

]]>

Грција отсекогаш го поддржува европскиот пат на Турција. Тоа е во интерес и на Европската Унија и на стабилноста во поширокиот регион на источниот Медитеран, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, пред почетокот на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис посочи дека Турција, секако, треба да ги препознае високо чувствителните прашања за земјите-членки на Унијата, односно „треба да постојат опипливи докази за нејзината посветеност да се продолжи дијалогот за кипарското прашање врз основа на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации“.
Односите меѓу Грција и Турција во последниот период се подобрени. Тоа е неопходен услов за напредок на евро-турските односи. Од друга страна, Турција треба постојано да ја демонстрира својата подготвеност за подобрување на евро-турските односи, секогаш придржувајќи се до одредниците на европското законодавство - рече Герапетритис.
Паралелно истакна дека Европската унија ќе мора да биде присутна во големите кризи и ќе мора да биде способна со еден глас да одговори на големите прашања.

The post Герапетритис: Грција ја поддржува европската перспектива на Турција appeared first on Република.

]]>
Грција ни повтори да си знаеме: Договорот од Преспа не може еднострано да се менува https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ni-povtori-da-si-znaeme-dogovorot-od-prespa-ne-mozhe-ednostrano-da-se-menuva/ Wed, 31 Jan 2024 10:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=738932

Договорот од Преспа е меѓународен договор, има сила над сите законски одредби и не може еднострано да се менува од никоја од двете страни, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како во синоќешното интервју за грчката телевизија „Антена“, така и од Парламентот утрово, одговарајќи на пратеничко прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека Нова демократија навремено излезе со ставови за Договорот од Преспа за точките кои тие ги сметале за проблематични, но истакна дека сега, не може да се модифицира, а Грција го следи доследното и строго почитување.

-Континуирано имам истакнато дека Договорот од Преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот Парламент и како што налага Уставот, овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните. Нова демократија навремено ги изнесе позициите во однос на оние точки кои беа проблематични во Договорот од Преспа. Навремено посочи дека ќе постојат прашања и во имплементирањето. Денес сме уставно обврзани да го спроведуваме овој Договор и не е можно еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго почитување, истакна Герапетритис од Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање.

Во однос на обврската за промена на пасошите и регистарските таблици на возилата до 12 февруари, шефот на грчката дипломатија посочи дека постојат јасни одредби и временски рокови кои мора да се почитуваат.

Додаде дека Министерството за надворешни работи ќе биде строго во однос на предвиденото од Договорот од Преспа и Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските кои произлегуваат.

За трите меморандуми со Македонија кои сè уште не се донесени за ратификација во грчкиот Парламентот, Герапетритис рече дека „апсолутно зависат од верното и строго почитување на одредбите на Договорот од Преспа“.

The post Грција ни повтори да си знаеме: Договорот од Преспа не може еднострано да се менува appeared first on Република.

]]>

Договорот од Преспа е меѓународен договор, има сила над сите законски одредби и не може еднострано да се менува од никоја од двете страни, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како во синоќешното интервју за грчката телевизија „Антена“, така и од Парламентот утрово, одговарајќи на пратеничко прашање, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија посочи дека Нова демократија навремено излезе со ставови за Договорот од Преспа за точките кои тие ги сметале за проблематични, но истакна дека сега, не може да се модифицира, а Грција го следи доследното и строго почитување.
-Континуирано имам истакнато дека Договорот од Преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот Парламент и како што налага Уставот, овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните. Нова демократија навремено ги изнесе позициите во однос на оние точки кои беа проблематични во Договорот од Преспа. Навремено посочи дека ќе постојат прашања и во имплементирањето. Денес сме уставно обврзани да го спроведуваме овој Договор и не е можно еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго почитување, истакна Герапетритис од Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање.
Во однос на обврската за промена на пасошите и регистарските таблици на возилата до 12 февруари, шефот на грчката дипломатија посочи дека постојат јасни одредби и временски рокови кои мора да се почитуваат. Додаде дека Министерството за надворешни работи ќе биде строго во однос на предвиденото од Договорот од Преспа и Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските кои произлегуваат. За трите меморандуми со Македонија кои сè уште не се донесени за ратификација во грчкиот Парламентот, Герапетритис рече дека „апсолутно зависат од верното и строго почитување на одредбите на Договорот од Преспа“.

The post Грција ни повтори да си знаеме: Договорот од Преспа не може еднострано да се менува appeared first on Република.

]]>
Герапетритис: Грција е во позиција да има креативна и суштинска интервенција во прашањето на Блискиот Исток https://republika.mk/vesti/balkan/gerapetritis-grtsija-e-vo-pozitsija-da-ima-kreativna-i-sushtinska-interventsija-vo-prashaneto-na-bliskiot-istok/ Tue, 16 Jan 2024 20:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=733748

Треба да ги фокусираме сите наши напори да можеме да го спречиме ширењето на кризата и во други региони, кои по дефиниција се особено ранливи, како што се Либан и Црвеното Море, каде што веќе поминуваме низ период на растечката тензија во безбедноста на поморството, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во изјава за државната телевизија ЕРТ по завршувањето на неговата посета на Јордан, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека на средбите со неговите домаќини акцентот бил ставен на прашањата поврзани со ситуацијата на Блискиот Исток и хуманитарната криза, како и на придонесот на Грција во решавањето на проблемот.

- Грција, која е силна членка на Европската Унија, припаѓа на поширокиот регион на Источниот Медитеран, има можност да разговара со инволвираните и е една од ретките земји што ја има оваа можност, токму поради тоа што има стекнато дипломатски капитал, поради надворешната политика што ја води и е базирана на принципи. Во позиција сме да имаме креативна и суштинска интервенција во прашањето на Блискиот Исток. Се согласивме следните чекори да бидат координирани меѓу Грција и Јордан, заедно со другите земји од арапскиот свет, кои во моментов се во првите редови на дискусијата, истакна Герапетритис.

Тој додаде дека неопходно е да се прошират и консолидираат каналите за хуманитарна помош во Газа, но и да започне дискусија за изнаоѓање решение.

The post Герапетритис: Грција е во позиција да има креативна и суштинска интервенција во прашањето на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Треба да ги фокусираме сите наши напори да можеме да го спречиме ширењето на кризата и во други региони, кои по дефиниција се особено ранливи, како што се Либан и Црвеното Море, каде што веќе поминуваме низ период на растечката тензија во безбедноста на поморството, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во изјава за државната телевизија ЕРТ по завршувањето на неговата посета на Јордан, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија посочи дека на средбите со неговите домаќини акцентот бил ставен на прашањата поврзани со ситуацијата на Блискиот Исток и хуманитарната криза, како и на придонесот на Грција во решавањето на проблемот. - Грција, која е силна членка на Европската Унија, припаѓа на поширокиот регион на Источниот Медитеран, има можност да разговара со инволвираните и е една од ретките земји што ја има оваа можност, токму поради тоа што има стекнато дипломатски капитал, поради надворешната политика што ја води и е базирана на принципи. Во позиција сме да имаме креативна и суштинска интервенција во прашањето на Блискиот Исток. Се согласивме следните чекори да бидат координирани меѓу Грција и Јордан, заедно со другите земји од арапскиот свет, кои во моментов се во првите редови на дискусијата, истакна Герапетритис. Тој додаде дека неопходно е да се прошират и консолидираат каналите за хуманитарна помош во Газа, но и да започне дискусија за изнаоѓање решение.

The post Герапетритис: Грција е во позиција да има креативна и суштинска интервенција во прашањето на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Оружјето на членка на НАТО не може да се користи против друга членка, рече шефот на грчката дипломатија https://republika.mk/vesti/balkan/oruzhjeto-na-chlenka-na-nato-ne-mozhe-da-se-koristi-protiv-druga-chlenka-reche-shefot-na-grchkata-diplomatija/ Sun, 07 Jan 2024 09:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=730584

Оружјето кое САД го предале на земја од НАТО не може да се користи против друга земја од Алијансата, изјави грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис во денешното интервју за грчкиот ТВ канал Скај, цитиран од БТА.

Во контекст на претстојната средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, денеска шефот на дипломатијата ги коментираше разговорите за продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција и Ф-35 на Грција.

Герапетритис истакна дека неговата земја сака да се почитуваат законите на меѓународното право во рамките на НАТО.

„Ние [во Грција] разбираме дека не одредуваме како американската дипломатија ја обезбедува својата одбранбена помош на други земји, но она што бараме е во рамките на одбранбената алијанса, во НАТО, да се почитува принципот на интегритет. Ниту едно оружје не треба да се користи на штета на сојузничката земја“, рече министерот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Истанбул разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан .

Турскиот претседател претходно истакна дека прашањето за одобрување на апликацијата на Шведска за влез во НАТО и одлуката на американскиот Конгрес за продажба на борбени авиони Ф-16 на Анкара се поврзани.

Анкара сака да набави 40 борбени авиони Ф-16 и 80 комплети за модернизација во вредност од околу 6 милијарди долари. Сепак, испораките на американско оружје за Турција станаа точка на расправија во САД откако Анкара ги купи руските противвоздушни ракетни системи С-400, поради што беа отстранети од програмата за борбени авиони Ф-35 од петтата генерација. Како што претходно изјави американскиот државен секретар, некои членови на Конгресот бараат снабдувањето со Ф-16 да се поврзе со чекорите што Анкара мора да ги преземе за да ја ратификува апликацијата на Шведска за членство во НАТО.

Грција, од своја страна, изрази загриженост за можноста за зајакнување на турското воздухопловство со нови додатоци, но рече дека тоа нема никаква врска со намерата на Атина да купи американски борбени авиони Ф-35.

„Ние не бараме војна, ние сме толерантни, не сме непријателски расположени“, изјави денеска шефот на грчката дипломатија, говорејќи за грчко-турските односи, истакнувајќи и дека „Грција можеби е релативно мала земја, но има голема дипломатска капитал кој победи со принципиелна политика“.

Во врска со кризната ситуација во регионот на Блискиот Исток, Герапетритис истакна дека „големата загриженост на Грција е дека може да се започне верижна домино реакција, која ќе влијае на другите територии, особено на северен Израел и Либан“. Шефот на дипломатијата рече дека во следните две недели има намера да ги посети Египет, Јордан, Саудиска Арабија и да се сретне со своите колеги од Израел и од палестинската територија.

The post Оружјето на членка на НАТО не може да се користи против друга членка, рече шефот на грчката дипломатија appeared first on Република.

]]>

Оружјето кое САД го предале на земја од НАТО не може да се користи против друга земја од Алијансата, изјави грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис во денешното интервју за грчкиот ТВ канал Скај, цитиран од БТА. Во контекст на претстојната средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, денеска шефот на дипломатијата ги коментираше разговорите за продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција и Ф-35 на Грција. Герапетритис истакна дека неговата земја сака да се почитуваат законите на меѓународното право во рамките на НАТО.
„Ние [во Грција] разбираме дека не одредуваме како американската дипломатија ја обезбедува својата одбранбена помош на други земји, но она што бараме е во рамките на одбранбената алијанса, во НАТО, да се почитува принципот на интегритет. Ниту едно оружје не треба да се користи на штета на сојузничката земја“, рече министерот.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Истанбул разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан . Турскиот претседател претходно истакна дека прашањето за одобрување на апликацијата на Шведска за влез во НАТО и одлуката на американскиот Конгрес за продажба на борбени авиони Ф-16 на Анкара се поврзани. Анкара сака да набави 40 борбени авиони Ф-16 и 80 комплети за модернизација во вредност од околу 6 милијарди долари. Сепак, испораките на американско оружје за Турција станаа точка на расправија во САД откако Анкара ги купи руските противвоздушни ракетни системи С-400, поради што беа отстранети од програмата за борбени авиони Ф-35 од петтата генерација. Како што претходно изјави американскиот државен секретар, некои членови на Конгресот бараат снабдувањето со Ф-16 да се поврзе со чекорите што Анкара мора да ги преземе за да ја ратификува апликацијата на Шведска за членство во НАТО. Грција, од своја страна, изрази загриженост за можноста за зајакнување на турското воздухопловство со нови додатоци, но рече дека тоа нема никаква врска со намерата на Атина да купи американски борбени авиони Ф-35.
„Ние не бараме војна, ние сме толерантни, не сме непријателски расположени“, изјави денеска шефот на грчката дипломатија, говорејќи за грчко-турските односи, истакнувајќи и дека „Грција можеби е релативно мала земја, но има голема дипломатска капитал кој победи со принципиелна политика“.
Во врска со кризната ситуација во регионот на Блискиот Исток, Герапетритис истакна дека „големата загриженост на Грција е дека може да се започне верижна домино реакција, која ќе влијае на другите територии, особено на северен Израел и Либан“. Шефот на дипломатијата рече дека во следните две недели има намера да ги посети Египет, Јордан, Саудиска Арабија и да се сретне со своите колеги од Израел и од палестинската територија.

The post Оружјето на членка на НАТО не може да се користи против друга членка, рече шефот на грчката дипломатија appeared first on Република.

]]>
Герапетритис: Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува https://republika.mk/vesti/svet/gerapetritis-sekako-deka-postoi-prvoto-na-samoodbrana-no-vazhno-e-kako-ova-pravo-se-ostvaruva/ Wed, 08 Nov 2023 10:13:15 +0000 https://republika.mk/?p=699451

За правото на Израел на самоодбрана, но и за тоа како ова прво се остварува и дека веќе е надмината неопходната мера, говореше меѓу другото, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на конференцијата „Циклус идеи“, јави дописничката на МИА од Атина.

За ситуацијата на Блискиот Исток, шефот на грчката дипломатија рече дека Грција беше присутна и во Каиро на Самитот со арапските земји, беше и во Израел за да изрази поддршка, но и да ја посочи границата до која треба да се придржува.

Во прашањето што е вознемирувачко за сите нас, сликите што ги видовме од Израел и Газа, секако дека треба да го осудиме она што го видовме во терористичкиот напад на 7 октомври. Но, од друга страна, да прифатиме дека веќе е надмината неопходната мера во она што се случува и денес во Газа. Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува - истакна Герапетритис.

За грчко-турските односи изрази подготвеност за разговори и дијалог со Турција, но и позитивност и воздржан оптимизам, велејќи дека се движат чекор по чекор, а нивната желба е да може да се решат прашањата што постојат, за идните генерации „да имаат татковина која ќе биде побезбедна и соседство што ќе им обезбеди просперитет“.

Објасни дека во пристапот со Турција постојат шест основни принципи: да постои дијалог; да се почитува меѓународното право; прашањата поврзани со националниот суверенитет да останат вон агендата; да постојат гаранции за избегнување криза во случај на несогласувања; мирен период без тензии и промоција на мир и просперитет со храбри одлуки.

The post Герапетритис: Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува appeared first on Република.

]]>

За правото на Израел на самоодбрана, но и за тоа како ова прво се остварува и дека веќе е надмината неопходната мера, говореше меѓу другото, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на конференцијата „Циклус идеи“, јави дописничката на МИА од Атина. За ситуацијата на Блискиот Исток, шефот на грчката дипломатија рече дека Грција беше присутна и во Каиро на Самитот со арапските земји, беше и во Израел за да изрази поддршка, но и да ја посочи границата до која треба да се придржува.
Во прашањето што е вознемирувачко за сите нас, сликите што ги видовме од Израел и Газа, секако дека треба да го осудиме она што го видовме во терористичкиот напад на 7 октомври. Но, од друга страна, да прифатиме дека веќе е надмината неопходната мера во она што се случува и денес во Газа. Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува - истакна Герапетритис.
За грчко-турските односи изрази подготвеност за разговори и дијалог со Турција, но и позитивност и воздржан оптимизам, велејќи дека се движат чекор по чекор, а нивната желба е да може да се решат прашањата што постојат, за идните генерации „да имаат татковина која ќе биде побезбедна и соседство што ќе им обезбеди просперитет“. Објасни дека во пристапот со Турција постојат шест основни принципи: да постои дијалог; да се почитува меѓународното право; прашањата поврзани со националниот суверенитет да останат вон агендата; да постојат гаранции за избегнување криза во случај на несогласувања; мирен период без тензии и промоција на мир и просперитет со храбри одлуки.

The post Герапетритис: Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува appeared first on Република.

]]>
Јоргос Герапетритис – професорот по уставно право, нов министер за надворешни работи на Грција https://republika.mk/vesti/balkan/jorgos-gerapetritis-profesorot-po-ustavno-pravo-nov-minister-za-nadvoreshni-raboti-na-grtsija/ Wed, 28 Jun 2023 09:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=655974

Професорот по уставно прави со богата академска кариера, поранешен државен секретар и поранешен привремен министер за транспорт и инфраструктура преземајќи го „жешкото столче“ по несреќата кај Темпи и еден од политичарите кои сметаат дека Договорот од Преспа мора да се почитува бидејќи државата има континуитет, Јоргос Герапетритис, сега е новиот шеф на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Важи за близок соработник на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и се сметаше за „клучен играч“ во претходната Влада.

Во политиката, 56-годишниот Герапетритис официјално влезе во 2019 година, кога за прв пат беше избран за пратеник, а за време на првиот мандат на Нова демократија ја имаше функцијата државен министер.

Со Нова демократија се поврзува од 2016 година, додека партијата беше во опозиција, Герапетритис стана дел седмочленото советодавно тело за следење на процесот на подготовка на програмата на партијата, а една година подоцна беше назначен од Кирјакос Мицотакис за шеф на советничката група на Нова демократија.

Сепак, според натписите во грчките медиуми Герапетритис бил политички активен и за време на Владата на ПАСОК во 2009 година кога премиер беше Јоргос Папандреу, а ја извршувал функцијата генерален секретар.

По железничката несреќа кај Темпи со 57 жртви на крајот на февруари годинава и по оставката на тогашниот министер за транспорт и инфраструктура, со одлука на грчкиот премиер, Герапетритис привремено ја презеде министерската функција сè до првите избори и имаше задача да ги истражи причините за трагедијата, но и да преземе активности за надградување и подобрување на железницата во Грција.

Што се однесува на нашата земја, во периодот кога Договорот од Преспа не беше официјализиран, а Нова демократија беше во опозиција, Герапетритис, во улога на професор, за грчките медиуми коментираше дека решението не е поволно за Грција, отворено изразувајќи го неговото несогласување.

Откако Нова демократија дојде на власт, во интервјуто за грчката телевизија „Мега“ во јануари 2021 година, тогаш како државен министер, Герапетритис го повтори ставот дека од моментот кога Договорот е ратификуван, Грција мора да го почитува.

Во однос на договорот со Македонија, Нова демократија навремено излезе со став дека овој договор има многу „сиви точки“, дека е договор што нема директни корисни придонеси за земјата. Од друга страна, ние мора да го прифатиме континуитетот на државата. Грција не е земја која може во било кој момент да го менува нејзиниот меѓународен став. Самиот Устав наметнува дека од моментот кога постои ратификуван меѓународен договор, треба да се почитува и не може да се смени. Па така, ќе го почитуваме договорот, бидејќи Грција е држава на владеењето на правото и држава со континуитет, објасни тогаш Герапетритис.

Вчера, новиот шеф на грчката дипломатија, заедно со останатите членови од Владата положи свечена заклетва, а веднаш потоа и официјално ја презеде функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција.

Наша должност е секојдневно да ги браниме суверенитетот и националниот статус и ве уверувам дека во целост ќе го сториме тоа, порача новиот шеф на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за в

Порача дека должност е секојдневно да се бранат суверенитетот и националниот статус на земјата и изрази уверување дека во целост ќе го сторат тоа.

Грчката надворешна политика беше и ќе остане политика на принципи, политика која се основа на меѓународното право, инспирирана од Повелбата на Обединетите Нации и цели кон регионална соработка и стабилност, истакна вчера Герапетритис.

Паралелно за време на примопредавањето на функцијата ги претстави неговите заменици, Александра Пападопулу, искусна дипломатка, амбасадорка на Грција во САД која во минатото беше и амбасадорка во Скопје, Јоргос Коцирас, кој ќе биде надлежен за дијаспората и Костас Франкојанис, кој ја задржува досегашната позиција, одговорен за економска дипломатија и екстровертност.

The post Јоргос Герапетритис – професорот по уставно право, нов министер за надворешни работи на Грција appeared first on Република.

]]>

Професорот по уставно прави со богата академска кариера, поранешен државен секретар и поранешен привремен министер за транспорт и инфраструктура преземајќи го „жешкото столче“ по несреќата кај Темпи и еден од политичарите кои сметаат дека Договорот од Преспа мора да се почитува бидејќи државата има континуитет, Јоргос Герапетритис, сега е новиот шеф на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина. Важи за близок соработник на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и се сметаше за „клучен играч“ во претходната Влада. Во политиката, 56-годишниот Герапетритис официјално влезе во 2019 година, кога за прв пат беше избран за пратеник, а за време на првиот мандат на Нова демократија ја имаше функцијата државен министер. Со Нова демократија се поврзува од 2016 година, додека партијата беше во опозиција, Герапетритис стана дел седмочленото советодавно тело за следење на процесот на подготовка на програмата на партијата, а една година подоцна беше назначен од Кирјакос Мицотакис за шеф на советничката група на Нова демократија. Сепак, според натписите во грчките медиуми Герапетритис бил политички активен и за време на Владата на ПАСОК во 2009 година кога премиер беше Јоргос Папандреу, а ја извршувал функцијата генерален секретар. По железничката несреќа кај Темпи со 57 жртви на крајот на февруари годинава и по оставката на тогашниот министер за транспорт и инфраструктура, со одлука на грчкиот премиер, Герапетритис привремено ја презеде министерската функција сè до првите избори и имаше задача да ги истражи причините за трагедијата, но и да преземе активности за надградување и подобрување на железницата во Грција. Што се однесува на нашата земја, во периодот кога Договорот од Преспа не беше официјализиран, а Нова демократија беше во опозиција, Герапетритис, во улога на професор, за грчките медиуми коментираше дека решението не е поволно за Грција, отворено изразувајќи го неговото несогласување. Откако Нова демократија дојде на власт, во интервјуто за грчката телевизија „Мега“ во јануари 2021 година, тогаш како државен министер, Герапетритис го повтори ставот дека од моментот кога Договорот е ратификуван, Грција мора да го почитува.
Во однос на договорот со Македонија, Нова демократија навремено излезе со став дека овој договор има многу „сиви точки“, дека е договор што нема директни корисни придонеси за земјата. Од друга страна, ние мора да го прифатиме континуитетот на државата. Грција не е земја која може во било кој момент да го менува нејзиниот меѓународен став. Самиот Устав наметнува дека од моментот кога постои ратификуван меѓународен договор, треба да се почитува и не може да се смени. Па така, ќе го почитуваме договорот, бидејќи Грција е држава на владеењето на правото и држава со континуитет, објасни тогаш Герапетритис.
Вчера, новиот шеф на грчката дипломатија, заедно со останатите членови од Владата положи свечена заклетва, а веднаш потоа и официјално ја презеде функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција. Наша должност е секојдневно да ги браниме суверенитетот и националниот статус и ве уверувам дека во целост ќе го сториме тоа, порача новиот шеф на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за в Порача дека должност е секојдневно да се бранат суверенитетот и националниот статус на земјата и изрази уверување дека во целост ќе го сторат тоа.