Јордан Archives - Република https://republika.mk/tema/jordan/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 19:57:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јордан Archives - Република https://republika.mk/tema/jordan/ 32 32 Израел, Јордан и Ирак го затворија воздушниот простор поради иранските напади https://republika.mk/vesti/svet/izrael-jordan-i-irak-go-zatvorija-vozdushniot-prostor-poradi-iranskite-napadi/ Tue, 01 Oct 2024 18:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=821510

Израелската Управа за аеродроми попладнево соопшти дека сите летови што пристигнуваат и полетуваат од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се суспендирани поради масовниот ракетен напад од Иран, јави „Тајмс оф Израел“.

Израелската воздухопловна управа соопшти дека е затворен целиот израелски воздушен простор, а сите летови се пренасочуваат на алтернативни дестинации надвор од Израел

И Јордан и Ирак вечерва најавија дека привремено го затвораат нивниот воздушен простор.

Британски новинари наведуваат дека биле сведоци на неколку пресретнувања на проектили во јорданскиот воздушен простор.

The post Израел, Јордан и Ирак го затворија воздушниот простор поради иранските напади appeared first on Република.

]]>

Израелската Управа за аеродроми попладнево соопшти дека сите летови што пристигнуваат и полетуваат од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се суспендирани поради масовниот ракетен напад од Иран, јави „Тајмс оф Израел“. Израелската воздухопловна управа соопшти дека е затворен целиот израелски воздушен простор, а сите летови се пренасочуваат на алтернативни дестинации надвор од Израел И Јордан и Ирак вечерва најавија дека привремено го затвораат нивниот воздушен простор. Британски новинари наведуваат дека биле сведоци на неколку пресретнувања на проектили во јорданскиот воздушен простор.

The post Израел, Јордан и Ирак го затворија воздушниот простор поради иранските напади appeared first on Република.

]]>
Јордан реагира за состојбата на Блискиот Исток: Нема да станеме бојно поле за никого https://republika.mk/vesti/svet/jordan-reagira-za-sostojbata-na-bliskiot-istok-nema-da-staneme-bojno-pole-za-nikogo/ Sun, 11 Aug 2024 07:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=805349

Јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман ал-Сафади, порача дека кралството нема да биде бојно поле за ниту една земја.

Актуелниот конфликт во регионот практично претставува размена на одмазднички удари меѓу Израел и Иран“, изјави Сафади во интервју за телевизијата „Ал Арабија“.

Тој уште еднаш јасно стави до знаење дека Јордан нема да дозволи да биде нарушен неговиот воздушен простор.

The post Јордан реагира за состојбата на Блискиот Исток: Нема да станеме бојно поле за никого appeared first on Република.

]]>

Јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман ал-Сафади, порача дека кралството нема да биде бојно поле за ниту една земја.
Актуелниот конфликт во регионот практично претставува размена на одмазднички удари меѓу Израел и Иран“, изјави Сафади во интервју за телевизијата „Ал Арабија“.
Тој уште еднаш јасно стави до знаење дека Јордан нема да дозволи да биде нарушен неговиот воздушен простор.

The post Јордан реагира за состојбата на Блискиот Исток: Нема да станеме бојно поле за никого appeared first on Република.

]]>
Јордан не сака да биде вмешан во конфликтот меѓу Израел и Иран https://republika.mk/vesti/svet/jordan-ne-saka-da-bide-vmeshan-vo-konfliktot-megu-izrael-i-iran/ Fri, 19 Apr 2024 21:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=767077

Шефот на дипломатијата на Јордан, Ајман Сафади, во зборови упатени до неговиот ирански колега, Хосеин Амирабдолахиан, порача дека неговата земја нема да дозволи да се најде во средината на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.

Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само да го одвлече вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се вели во соопштението на јорданското Министерство за надворешни работи.

Американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел го нападнал иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружувале.

Иранските власти, претходно оваа недела, го критикуваа Јордан за отворање на својот воздушен простор за одбрана на Израел за време на ирански беспилотен и ракетен напад.

The post Јордан не сака да биде вмешан во конфликтот меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата на Јордан, Ајман Сафади, во зборови упатени до неговиот ирански колега, Хосеин Амирабдолахиан, порача дека неговата земја нема да дозволи да се најде во средината на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.
Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само да го одвлече вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се вели во соопштението на јорданското Министерство за надворешни работи.
Американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел го нападнал иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан. Иран го нападна Израел на 13 април како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружувале. Иранските власти, претходно оваа недела, го критикуваа Јордан за отворање на својот воздушен простор за одбрана на Израел за време на ирански беспилотен и ракетен напад.

The post Јордан не сака да биде вмешан во конфликтот меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>
Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во Јордан во кои загинаа тројца американски војници https://republika.mk/vesti/svet/islamski-otpor-ja-prezede-odgovornosta-za-napadite-vo-jordan-vo-koi-zaginaa-trojtsa-amerikanski-vojnitsi/ Mon, 29 Jan 2024 08:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=737966

Исламски отпор во Ирак, група од неколку вооружени ирачки милитантни фракции кои ги поддржува Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, каде вчера во напад со дрон на американска воена база загинаа тројца, а се повредени 34 американски војници.

Силите на исламскиот отпор соопштија на својот канал Телеграм дека извршиле напади со беспилотни летала вчера рано наутро, како дел од нивните напори, како што рекоа, „да се спротивстават на американските окупациски сили во Ирак“ и како одговор на израелските „масакри“ врз народот во Газа, пренесува Си-Ен-Ен.

Нападите беа насочени кон четири бази, од кои три се во Сирија, соопшти милитантната група. Јордан остро го осуди „терористичкиот напад“ на американската воена база на границата на земјата со Сирија, соопшти дека нападот се случил на територија на Сирија и наведе дека работи со Вашингтон за обезбедување на своите граници.

Американската Влада сè уште не именуваше конкретна милиција која ја смета одговорна за нападот, а американски официјален претставник претходно изјави за Си-Ен-Ен дека сè уште се утврдува.

Министерот за комуникации на јорданската Влада рече дека нападот во кој загинаа американски војници бил насочен кон „напредна позиција на границата со Сирија“ и дека никој од припадниците на јорданската гранична стража не е повреден. Јорданските власти честопати претходно во нивните осуди на конфликтот во Газа изразуваа загриженост за потенцијалното ширење на војната на Блискиот Исток. Јордан е клучен партнер на САД во регионот и добива значителна количина помош.

The post Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во Јордан во кои загинаа тројца американски војници appeared first on Република.

]]>

Исламски отпор во Ирак, група од неколку вооружени ирачки милитантни фракции кои ги поддржува Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, каде вчера во напад со дрон на американска воена база загинаа тројца, а се повредени 34 американски војници. Силите на исламскиот отпор соопштија на својот канал Телеграм дека извршиле напади со беспилотни летала вчера рано наутро, како дел од нивните напори, како што рекоа, „да се спротивстават на американските окупациски сили во Ирак“ и како одговор на израелските „масакри“ врз народот во Газа, пренесува Си-Ен-Ен. Нападите беа насочени кон четири бази, од кои три се во Сирија, соопшти милитантната група. Јордан остро го осуди „терористичкиот напад“ на американската воена база на границата на земјата со Сирија, соопшти дека нападот се случил на територија на Сирија и наведе дека работи со Вашингтон за обезбедување на своите граници. Американската Влада сè уште не именуваше конкретна милиција која ја смета одговорна за нападот, а американски официјален претставник претходно изјави за Си-Ен-Ен дека сè уште се утврдува. Министерот за комуникации на јорданската Влада рече дека нападот во кој загинаа американски војници бил насочен кон „напредна позиција на границата со Сирија“ и дека никој од припадниците на јорданската гранична стража не е повреден. Јорданските власти честопати претходно во нивните осуди на конфликтот во Газа изразуваа загриженост за потенцијалното ширење на војната на Блискиот Исток. Јордан е клучен партнер на САД во регионот и добива значителна количина помош.

The post Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во Јордан во кои загинаа тројца американски војници appeared first on Република.

]]>
Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот https://republika.mk/vesti/svet/egipet-i-jordan-baraat-iten-prekin-na-ognot/ Sat, 04 Nov 2023 16:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=698211

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет во Аман, главниот град на Јордан.

Клучниот момент на прес-конференцијата беа повиците на Јордан и Египет за итен прекин на огнот, но Блинкен јасно стави до знаење дека САД не ги поддржуваат тие барања.

„Примирјето едноставно ќе го остави Хамас на власт, способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи на 7 октомври“, рече американскиот висок дипломат на прашање на новинарите.

„Пред само неколку дена, висок функционер на Хамас изјави дека нивната намера е да се повтори 7-ми октомври одново. Ниту една нација, ниту еден од нас, не може да го прифати тоа“, додаде Блинкен.

Блинкен го потврди правото на Израел на самоодбрана, но нагласи дека е важно и како Израел го прави тоа, односно максимално да се грижи за цивилите. Министрите за надворешни работи на Египет и Јордан беа прашани дали имало разговори за иднината на Газа без Хамас.

 

The post Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет во Аман, главниот град на Јордан. Клучниот момент на прес-конференцијата беа повиците на Јордан и Египет за итен прекин на огнот, но Блинкен јасно стави до знаење дека САД не ги поддржуваат тие барања. „Примирјето едноставно ќе го остави Хамас на власт, способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи на 7 октомври“, рече американскиот висок дипломат на прашање на новинарите. „Пред само неколку дена, висок функционер на Хамас изјави дека нивната намера е да се повтори 7-ми октомври одново. Ниту една нација, ниту еден од нас, не може да го прифати тоа“, додаде Блинкен. Блинкен го потврди правото на Израел на самоодбрана, но нагласи дека е важно и како Израел го прави тоа, односно максимално да се грижи за цивилите. Министрите за надворешни работи на Египет и Јордан беа прашани дали имало разговори за иднината на Газа без Хамас.  

The post Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Десетици луѓе се обидоа насилно да влезат во израелската амбасада во Јордан https://republika.mk/vesti/svet/desetitsi-luge-se-obidoa-nasilno-da-vlezat-vo-izraelskata-ambasada-vo-jordan/ Tue, 17 Oct 2023 20:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=692307

Десетици луѓе упаднаа во израелската амбасада во Јордан по експлозија во болница во Газа. Вечерва беше погодена болница во Газа. Палестинците тврдат дека се работи за израелски напад и дека загинале најмалку 500 луѓе.

Израел соопшти дека болницата била погодена од ракета истрелана од палестинскиот исламски џихад. Израелското Министерство за надворешни работи сè уште не го коментираше инцидентот.

Видеата на Твитер покажаа лута толпа која ја опкружува зградата и се обидува насилно да влезе внатре.

 

https://twitter.com/FadiAmun/status/1714358183702007915?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1714358183702007915%7Ctwgr%5E308b42260b558b674a1ffbd82c95561bd40ec98b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fvideo-desetici-lugje-se-obidoa-nasilno-da-vlezat-vo-izraelskata-ambasada-vo-jordan%2F

The post Десетици луѓе се обидоа насилно да влезат во израелската амбасада во Јордан appeared first on Република.

]]>

Десетици луѓе упаднаа во израелската амбасада во Јордан по експлозија во болница во Газа. Вечерва беше погодена болница во Газа. Палестинците тврдат дека се работи за израелски напад и дека загинале најмалку 500 луѓе. Израел соопшти дека болницата била погодена од ракета истрелана од палестинскиот исламски џихад. Израелското Министерство за надворешни работи сè уште не го коментираше инцидентот. Видеата на Твитер покажаа лута толпа која ја опкружува зградата и се обидува насилно да влезе внатре.   https://twitter.com/FadiAmun/status/1714358183702007915?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1714358183702007915%7Ctwgr%5E308b42260b558b674a1ffbd82c95561bd40ec98b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fvideo-desetici-lugje-se-obidoa-nasilno-da-vlezat-vo-izraelskata-ambasada-vo-jordan%2F

The post Десетици луѓе се обидоа насилно да влезат во израелската амбасада во Јордан appeared first on Република.

]]>
Пендаровски во Њујорк се сретна со кралот на Јордан https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-nujork-se-sretna-so-kralot-na-jordan/ Tue, 19 Sep 2023 18:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=683265

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, остварил средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се дефинирани со меѓусебно почитување и разбирање, како и добра соработка во меѓународните организации и институции со посебен акцент на ОН, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за акредитацијата на пет наши универзитети во Јордан кои им овозможија на македонски студенти да го продолжат своето образование во Јордан и нагласи дека високото образование е клучна компонента за идниот развој и напредок на двете општества.

Соговорниците разговарале и за заедничките цели за стабилност, безбедност и просперитет на регионот на Балканот и на Блискиот Исток, каде што, како што стои во соопштението, Македонија и Јордан имаат просперитетна етничка разновидност и ја споделуваат истата политика на толеранција, соживот и почитување, градејќи општества во кои се негуваат етничката и верската различност.

Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток, како и за посветеноста и придонесот на двете држави во постигнувањето одржлив мир и стабилност во двата региона, при што претседателот Пендаровски истакна дека македонските позиции се усогласени во рамките на ЕУ и во координација со земјите-партнери на НАТО Алијансата, стои во стоопштението.

 

The post Пендаровски во Њујорк се сретна со кралот на Јордан appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, остварил средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.
На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се дефинирани со меѓусебно почитување и разбирање, како и добра соработка во меѓународните организации и институции со посебен акцент на ОН, соопшти Кабинетот на Претседателот.
Претседателот Пендаровски се заблагодарил за акредитацијата на пет наши универзитети во Јордан кои им овозможија на македонски студенти да го продолжат своето образование во Јордан и нагласи дека високото образование е клучна компонента за идниот развој и напредок на двете општества. Соговорниците разговарале и за заедничките цели за стабилност, безбедност и просперитет на регионот на Балканот и на Блискиот Исток, каде што, како што стои во соопштението, Македонија и Јордан имаат просперитетна етничка разновидност и ја споделуваат истата политика на толеранција, соживот и почитување, градејќи општества во кои се негуваат етничката и верската различност.
Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток, како и за посветеноста и придонесот на двете држави во постигнувањето одржлив мир и стабилност во двата региона, при што претседателот Пендаровски истакна дека македонските позиции се усогласени во рамките на ЕУ и во координација со земјите-партнери на НАТО Алијансата, стои во стоопштението.
 

The post Пендаровски во Њујорк се сретна со кралот на Јордан appeared first on Република.

]]>
Јордан заплени тон амфетамини на границата со Ирак https://republika.mk/vesti/svet/jordan-zapleni-ton-amfetamini-na-granicata-so-irak/ Mon, 26 Dec 2022 09:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=589993

Јордан заплени еден тон таблети амфетамин шверцувани во паста од урми на границата со Ирак, што е една од најголемите заплени од ваков вид.

Според извештаите, во два камиони-ладилници биле пронајдени вкупно шест милиони таблети од лекот познат како „каптагон“.

Последната заплена е извршена на граничниот премин Ал-Карамах меѓу Ирак и Јордан. Не беше наведено колку лица се уапсени.

Се почести се судирите меѓу јорданската армија и трговците со дрога.

 

The post Јордан заплени тон амфетамини на границата со Ирак appeared first on Република.

]]>

Јордан заплени еден тон таблети амфетамин шверцувани во паста од урми на границата со Ирак, што е една од најголемите заплени од ваков вид. Според извештаите, во два камиони-ладилници биле пронајдени вкупно шест милиони таблети од лекот познат како „каптагон“. Последната заплена е извршена на граничниот премин Ал-Карамах меѓу Ирак и Јордан. Не беше наведено колку лица се уапсени. Се почести се судирите меѓу јорданската армија и трговците со дрога.  

The post Јордан заплени тон амфетамини на границата со Ирак appeared first on Република.

]]>
Лила се крсти во водите на Јордан: Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог https://republika.mk/scena/estrada/lila-se-krsti-vo-vodite-na-jordan-nikogash-posrekjna-nikogash-poblisku-do-bog/ Mon, 14 Nov 2022 14:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=573723

Водителката Лила Филиповска, која деновиве е во посета на Јордан, вчера се крсти во водите на истоимената река и порача дека никогаш не се чувствувала поблиску до Бог.

Како вистинска христијанка и верник денес ми се исполни една дамнешна желба… Крштевање во светите води на реката Јордан, местото каде Јован Крстител го крштевал Исус. Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог. Да правиме добри дела и да шириме љубов, напиша Лила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

The post Лила се крсти во водите на Јордан: Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог appeared first on Република.

]]>

Водителката Лила Филиповска, која деновиве е во посета на Јордан, вчера се крсти во водите на истоимената река и порача дека никогаш не се чувствувала поблиску до Бог. Како вистинска христијанка и верник денес ми се исполни една дамнешна желба… Крштевање во светите води на реката Јордан, местото каде Јован Крстител го крштевал Исус. Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог. Да правиме добри дела и да шириме љубов, напиша Лила.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

The post Лила се крсти во водите на Јордан: Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог appeared first on Република.

]]>
Потпишан прв меѓународен договор со Јордан: Ќе се зголемува размената на прехранбени продукти https://republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-prv-megjunaroden-dogovor-so-jordan-kje-se-zgolemuva-razmenata-na-prehranbeni-produkti/ Tue, 25 Oct 2022 06:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=565173

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, потпиша меморандум за разбирање во областа на земјоделство со министерот за земјоделство на Јордан Кхалид Ал Ханифат, кој ќе овозможи зголемување на извозот на прехранбени продукти од една во друга земја.

Ова претставува прв меѓународен договор што воопшто го потпишуваат владите на Македонија и Кралството Јордан.

Со потпишување на овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Македонија. Тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбени продукти. Од друга страна, ние име потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и немам сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји“, вели Османи.

Во рамки на посетата ја Јордан, шефот на дипломатијата во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ вчера ја отвори овогодишната Медитеранска конференција. Како дел од активностите во рамки на оваа конференција, делегација предводена од Османи имаше средба и со јорданскиот крал Абдула бин ел-Хусеин Втори, во кралската палата во Аман.

За време на престојот во Јордан, министерот вчера се сретна и со почесната конзулка на земјава Худа Ибрахим Насер Нафа, а во почесниот конзулат беше организиран и прием на претставници на нашата дијаспора.

The post Потпишан прв меѓународен договор со Јордан: Ќе се зголемува размената на прехранбени продукти appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, потпиша меморандум за разбирање во областа на земјоделство со министерот за земјоделство на Јордан Кхалид Ал Ханифат, кој ќе овозможи зголемување на извозот на прехранбени продукти од една во друга земја. Ова претставува прв меѓународен договор што воопшто го потпишуваат владите на Македонија и Кралството Јордан.
Со потпишување на овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Македонија. Тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбени продукти. Од друга страна, ние име потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и немам сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји“, вели Османи.
Во рамки на посетата ја Јордан, шефот на дипломатијата во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ вчера ја отвори овогодишната Медитеранска конференција. Како дел од активностите во рамки на оваа конференција, делегација предводена од Османи имаше средба и со јорданскиот крал Абдула бин ел-Хусеин Втори, во кралската палата во Аман. За време на престојот во Јордан, министерот вчера се сретна и со почесната конзулка на земјава Худа Ибрахим Насер Нафа, а во почесниот конзулат беше организиран и прием на претставници на нашата дијаспора.

The post Потпишан прв меѓународен договор со Јордан: Ќе се зголемува размената на прехранбени продукти appeared first on Република.

]]>
Османи претседавач на Конференција на ОБСЕ во Јордан https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-pretsedavach-na-konferencija-na-obse-vo-jordan/ Mon, 24 Oct 2022 07:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=564817

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, денеска во Јордан, заедно со министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади, ќе ја отворат овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ.

Овогодинешната конференција е во организација на Македонија и во ко-организација со земјата домаќин, Јордан. Како што соопштија од МНР, ова е прв пат, после седум години, одржувањето на медитеранската конференција да се врати кај партнерите од регионот, што се смета за голем чекор во зајакнувањето на врските меѓу организацијата и партнерите од Медитеранот.

Во Јордан пристигнати се преку 200 учесници, кои на дводневната конференција ќе дискутираат на неколку различни приоритетни теми поврзани со зајакнувањето на младите и жените, справувањето со ризиците од климатските промени и трговијата со луѓе, и сл.

Покрај домаќините, министрите Османи и Сафади, воведни обраќања се очекува да имаат и министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, како актуелен претседавач со Организацијата и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

По завршувањето на воведниот панел, министерот Османи, придружуван од останатите високи претставници – воведничари, најавија од МНР, ќе остварат средба со Кралот на Јордан, Абдула бин ел-Хусеин втори.

The post Османи претседавач на Конференција на ОБСЕ во Јордан appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, денеска во Јордан, заедно со министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади, ќе ја отворат овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ. Овогодинешната конференција е во организација на Македонија и во ко-организација со земјата домаќин, Јордан. Како што соопштија од МНР, ова е прв пат, после седум години, одржувањето на медитеранската конференција да се врати кај партнерите од регионот, што се смета за голем чекор во зајакнувањето на врските меѓу организацијата и партнерите од Медитеранот. Во Јордан пристигнати се преку 200 учесници, кои на дводневната конференција ќе дискутираат на неколку различни приоритетни теми поврзани со зајакнувањето на младите и жените, справувањето со ризиците од климатските промени и трговијата со луѓе, и сл. Покрај домаќините, министрите Османи и Сафади, воведни обраќања се очекува да имаат и министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, како актуелен претседавач со Организацијата и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. По завршувањето на воведниот панел, министерот Османи, придружуван од останатите високи претставници – воведничари, најавија од МНР, ќе остварат средба со Кралот на Јордан, Абдула бин ел-Хусеин втори.

The post Османи претседавач на Конференција на ОБСЕ во Јордан appeared first on Република.

]]>
Османи во прва работна посета на Јордан https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-prva-rabotna-poseta-na-jordan/ Sun, 23 Oct 2022 06:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=564461

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во прва билатерална посета на Хашемитското Кралство Јордан, на ниво на министри за надворешни работи.

Од МНР најавуваат дека за време на посетата, Османи ќе оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман Сафади, во чии рамки ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи.

Османи треба да се сретне и со министерот за земјоделие на Јордан, Калид Ал-Ханифат, со кого ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделието, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји.

Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Јордан, со посебен акцент на соработката во економијата, земјоделието, бизнис релациите и културните врски меѓу двете земји - соопштија од МНР.

The post Османи во прва работна посета на Јордан appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во прва билатерална посета на Хашемитското Кралство Јордан, на ниво на министри за надворешни работи. Од МНР најавуваат дека за време на посетата, Османи ќе оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман Сафади, во чии рамки ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи. Османи треба да се сретне и со министерот за земјоделие на Јордан, Калид Ал-Ханифат, со кого ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделието, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји.
Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Јордан, со посебен акцент на соработката во економијата, земјоделието, бизнис релациите и културните врски меѓу двете земји - соопштија од МНР.

The post Османи во прва работна посета на Јордан appeared first on Република.

]]>
Oсмани и Ковачевски се рашетаа, едниот во Јордан другиот во Емирати https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-i-kovachevski-se-rashetaa-edniot-vo-jordan-drugiot-vo-emirati/ Sat, 22 Oct 2022 13:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=564326

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојува во прва билатерална посета на Хашемитското Кралство Јордан, на ниво на министри за надворешни работи.

За време на посетата, најавуваат од МНР, Османи ќе оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман Сафади, во чии рамки ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи.

Министерот Османи треба да се сретне и со министерот за земјоделие на Јордан, Калид Ал-Ханифат, со кого ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделието, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји.

– Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Јордан, со посебен акцент на соработката во економијата, земјоделието, бизнис релациите и културните врски меѓу двете земји, соопштија од МНР

The post Oсмани и Ковачевски се рашетаа, едниот во Јордан другиот во Емирати appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојува во прва билатерална посета на Хашемитското Кралство Јордан, на ниво на министри за надворешни работи. За време на посетата, најавуваат од МНР, Османи ќе оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман Сафади, во чии рамки ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи. Министерот Османи треба да се сретне и со министерот за земјоделие на Јордан, Калид Ал-Ханифат, со кого ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделието, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји. – Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Јордан, со посебен акцент на соработката во економијата, земјоделието, бизнис релациите и културните врски меѓу двете земји, соопштија од МНР

The post Oсмани и Ковачевски се рашетаа, едниот во Јордан другиот во Емирати appeared first on Република.

]]>
Од истекување на отровен гас по хаварија во Јордан загинале 10, а повредени се 250 луѓе https://republika.mk/vesti/svet/od-istekuvanje-na-otroven-gas-po-havarija-vo-jordan-zaginale-10-a-povredeni-se-250-lugje/ Mon, 27 Jun 2022 21:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=520478

При истекување на токсичен гас во јорданското пристаниште Акаба загинале 10 луѓе, а најмалку 250 се повредени. Несреќата се случила кога резервоар полн со токсичен гасовит материјал падна за време на транспортот.

Најблиската станбена зона е оддалечена 25 километри од местото на несреќата, а надлежните ги повикаа граѓаните да не излегуваат од домовите и да ги затворат вратите и прозорците.

На снимката објавена на државната телевизија се гледа како кран во пристанишниот град Акаба крева голем танкер од камион и потоа го фрла на палубата на брод, што доведе до експлозија и ненадејно ширење на жолт чад.

https://twitter.com/TheInsiderPaper/status/1541461237661372420?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541461237661372420%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F360stepeni.mk%2Fvideo-havarija-vo-jordan-od-istekuvane-na-otroven-gas-10-litsa-zaginaa-a-250-se-povredeni%2F

Државната телевизија објави дека 199 од 251 повредени се хоспитализирани.

Јорданскиот премиер Бишар ал Хасауне нареди формирање на специјална комисија, која ќе го истражи инциденто

The post Од истекување на отровен гас по хаварија во Јордан загинале 10, а повредени се 250 луѓе appeared first on Република.

]]>

При истекување на токсичен гас во јорданското пристаниште Акаба загинале 10 луѓе, а најмалку 250 се повредени. Несреќата се случила кога резервоар полн со токсичен гасовит материјал падна за време на транспортот. Најблиската станбена зона е оддалечена 25 километри од местото на несреќата, а надлежните ги повикаа граѓаните да не излегуваат од домовите и да ги затворат вратите и прозорците. На снимката објавена на државната телевизија се гледа како кран во пристанишниот град Акаба крева голем танкер од камион и потоа го фрла на палубата на брод, што доведе до експлозија и ненадејно ширење на жолт чад. https://twitter.com/TheInsiderPaper/status/1541461237661372420?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541461237661372420%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F360stepeni.mk%2Fvideo-havarija-vo-jordan-od-istekuvane-na-otroven-gas-10-litsa-zaginaa-a-250-se-povredeni%2F Државната телевизија објави дека 199 од 251 повредени се хоспитализирани. Јорданскиот премиер Бишар ал Хасауне нареди формирање на специјална комисија, која ќе го истражи инциденто

The post Од истекување на отровен гас по хаварија во Јордан загинале 10, а повредени се 250 луѓе appeared first on Република.

]]>