јаким неделков Archives - Република https://republika.mk/tema/jakim-nedelkov/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 08:01:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јаким неделков Archives - Република https://republika.mk/tema/jakim-nedelkov/ 32 32 СОНК контра МОН: Од кога неработните денови стануваат работни за училиштата? https://republika.mk/vesti/makedonija/sonk-kontra-mon-od-koga-nerabotnite-denovi-stanuvaat-rabotni-za-uchilishtata/ Fri, 19 Apr 2024 08:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=767887

Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни, прашува претседателот на СОНК, Јаким Неделков, објавувајќи известување од МОН, според кое деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај, кои беа прогласени за неработни, да се одработат други денови.

Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година - истакна Неделков.

Со цел да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година се остварува во 180 наставни денови, а притоа да не се продолжи учебната година, деновите кога се одржуваат изборите ќе се надоместат со организирање на настава во следните денови:

-18 мај (сабота) со часови од денот 24 април 2024 година и 1 јуни (сабота) со часови за денот 8 мај 2024 година

Воедно за училиштата кои се наоѓаат на територија на Град Скопје за денот 30 ноември 2023 (четврток), кога согласно Нацрт записникот од 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14 ноември 2023 година, се одреди како неработен ден за учениците од основните училишта на територија на Град Скопје, наставниот ден ќе се одработи на 15 јуни (сабота) во часови од денот 30 ноември 2023, се вели во известувањето пратено од МОН, а кое го објави Неделков.

МОН вчера информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

The post СОНК контра МОН: Од кога неработните денови стануваат работни за училиштата? appeared first on Република.

]]>

Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни, прашува претседателот на СОНК, Јаким Неделков, објавувајќи известување од МОН, според кое деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај, кои беа прогласени за неработни, да се одработат други денови.
Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година - истакна Неделков.
Со цел да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година се остварува во 180 наставни денови, а притоа да не се продолжи учебната година, деновите кога се одржуваат изборите ќе се надоместат со организирање на настава во следните денови: -18 мај (сабота) со часови од денот 24 април 2024 година и 1 јуни (сабота) со часови за денот 8 мај 2024 година Воедно за училиштата кои се наоѓаат на територија на Град Скопје за денот 30 ноември 2023 (четврток), кога согласно Нацрт записникот од 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14 ноември 2023 година, се одреди како неработен ден за учениците од основните училишта на територија на Град Скопје, наставниот ден ќе се одработи на 15 јуни (сабота) во часови од денот 30 ноември 2023, се вели во известувањето пратено од МОН, а кое го објави Неделков. МОН вчера информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

The post СОНК контра МОН: Од кога неработните денови стануваат работни за училиштата? appeared first on Република.

]]>
Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-kolektivniot-dogovor-za-visoko-obrazovanie-i-nauka-e-ispolnet-vo-tselost/ Wed, 21 Jun 2023 12:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=653723

Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска одржа прес-конференција во врска со имплементација на Колективниот договор за високо образование и наука заедно со Независниот академски синдикат - НАкС.

- За жал имаме работни места кои што не се вклопија во ова зголемување, а тоа е едноставна причина што спаѓаат во групата на зголемување на плати врз основа на порастот на минимална плата и кај нив имаше зголемување во март месец, односно април со мартовска плата, каде имаше зголемување за 12,55 проценти, рече тој.

Неделков информираше дека колективниот договор е исполнет во целост, а, како што рече, успехот го припишува на двата синдиката.

- Ни останува сите оние недостатоци кои што ги утврдивме при реализација на колективниот договор во однос на работните места, во однос на непостоечки работни места во колективниот договор, а практично ги има на терен, секаде онаму каде што минималната плата ја прави онаа, како што рече таканаречена „урамниловка“, сите тие работи треба да се коригираат, рече тој.

Дополни дека не станува збор само за тие работни места. - Се разбира и не само тие работни места, туку тоа што беше договарано, работа во фази на овој колективен договор останува подигнување на коефициентите по работни места, или, така како што беше договарано, распонот на работни места од најниската плата до највисокото образование да биде 1 спрема 5, рече тој, дополнувајќи дека тоа е втората фаза за која што, како што рече, ќе работат во наредниот период.

- Јас сум уверен дека во преговорите кои што ќе отпочнат многу скоро со Министерството за образование и наука, дека овие коефициенти ќе бидат искорегирани, така како што беше, дополни тој.

Претседателката на Независниот академски синдикат, Елена Џукеска, истакна дека пред потпишувањето на овој гранков колективен договор платите во високото образование многу долг период не само што не биле покачени, туку и буквално се раководеле по некои документи создадени во времето на СФРЈ.

- Ова е прво сеопфатно воведување на регулација на нашата дејност. Се разбира дека за две години не можеме да очекуваме да бидат сите проблеми што произлегуваат од имплементацијата, но е многу важно како почеток, рече таа.

Дополни дека констатацијата после две години имплементација на договорот е дека е неопходно системско решение.

Она што го констатиравме после две години имплементација на овој договор е дека всушност најдобро за сите нас е да има едно системско решение кое што ќе биде основа која што ќе може да се имплементира за сите јавни високообразовни и научни установи, наспроти парцијалните решенија кои што можат да се склучат на ниво на работодавач, рече таа.

The post Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост appeared first on Република.

]]>

Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска одржа прес-конференција во врска со имплементација на Колективниот договор за високо образование и наука заедно со Независниот академски синдикат - НАкС.
- За жал имаме работни места кои што не се вклопија во ова зголемување, а тоа е едноставна причина што спаѓаат во групата на зголемување на плати врз основа на порастот на минимална плата и кај нив имаше зголемување во март месец, односно април со мартовска плата, каде имаше зголемување за 12,55 проценти, рече тој.
Неделков информираше дека колективниот договор е исполнет во целост, а, како што рече, успехот го припишува на двата синдиката.
- Ни останува сите оние недостатоци кои што ги утврдивме при реализација на колективниот договор во однос на работните места, во однос на непостоечки работни места во колективниот договор, а практично ги има на терен, секаде онаму каде што минималната плата ја прави онаа, како што рече таканаречена „урамниловка“, сите тие работи треба да се коригираат, рече тој.
Дополни дека не станува збор само за тие работни места. - Се разбира и не само тие работни места, туку тоа што беше договарано, работа во фази на овој колективен договор останува подигнување на коефициентите по работни места, или, така како што беше договарано, распонот на работни места од најниската плата до највисокото образование да биде 1 спрема 5, рече тој, дополнувајќи дека тоа е втората фаза за која што, како што рече, ќе работат во наредниот период.
- Јас сум уверен дека во преговорите кои што ќе отпочнат многу скоро со Министерството за образование и наука, дека овие коефициенти ќе бидат искорегирани, така како што беше, дополни тој.
Претседателката на Независниот академски синдикат, Елена Џукеска, истакна дека пред потпишувањето на овој гранков колективен договор платите во високото образование многу долг период не само што не биле покачени, туку и буквално се раководеле по некои документи создадени во времето на СФРЈ.
- Ова е прво сеопфатно воведување на регулација на нашата дејност. Се разбира дека за две години не можеме да очекуваме да бидат сите проблеми што произлегуваат од имплементацијата, но е многу важно како почеток, рече таа.
Дополни дека констатацијата после две години имплементација на договорот е дека е неопходно системско решение. Она што го констатиравме после две години имплементација на овој договор е дека всушност најдобро за сите нас е да има едно системско решение кое што ќе биде основа која што ќе може да се имплементира за сите јавни високообразовни и научни установи, наспроти парцијалните решенија кои што можат да се склучат на ниво на работодавач, рече таа.

The post Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост appeared first on Република.

]]>
Неделков: Новата учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-novata-uchebna-godina-da-otpochne-so-nova-energija-nova-nadez-novi-sindikalni-iskustva-i-uspesi/ Thu, 01 Sep 2022 09:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=546336

Лидерот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на вработените во образованието им посака успешна нова учебна година.

Почитувани колеги, Дозволете ни да Ви посакаме оваа нова учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси … Да ги научиме учениците за работи што не ги знаеле досега. Посакуваме да го извлечеме најдоброто од учениците во оваа претстојна година со нашата напорна работа и трпение. Сѐ најдобро! Среќен почеток!, напиша Неделков на Фејсбук.

Наставниците со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта.

The post Неделков: Новата учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси appeared first on Република.

16.973 денари за основно, 17.512 за средно: Неделков ја објави спогодбата меѓу СОНК и МОН за повисоките плати во образованието https://republika.mk/vesti/makedonija/16-973-denari-za-osnovno-17-512-za-sredno-nedelkov-ja-objavi-spogodbata-megju-sonk-i-mon-za-povisokite-plati-vo-obrazovanieto/ Wed, 31 Aug 2022 15:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=546157

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) потпишаа Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата.

Спогодбата на Фејсбук ја објави претседателот на Синдикато Јаким Неделков, а на прес-конференција министерот Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување“ со септемвриската плата.

Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари, односно 17.512 денари за вработените во средните училишта, и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.

Во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Република Македонија во тековната година.

The post 16.973 денари за основно, 17.512 за средно: Неделков ја објави спогодбата меѓу СОНК и МОН за повисоките плати во образованието appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) потпишаа Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата. Спогодбата на Фејсбук ја објави претседателот на Синдикато Јаким Неделков, а на прес-конференција министерот Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување“ со септемвриската плата. Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари, односно 17.512 денари за вработените во средните училишта, и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму. Во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Република Македонија во тековната година.

The post 16.973 денари за основно, 17.512 за средно: Неделков ја објави спогодбата меѓу СОНК и МОН за повисоките плати во образованието appeared first on Република.

]]>
Неделков најави договор следната недела, бара од наставниците да бидат трпеливи https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-najavi-dogovor-slednata-nedela-bara-od-nastavnicite-da-bidat-trpelivi/ Fri, 13 May 2022 15:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=502013

Продолживме со разговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и на почетокот на наредната недела, понеделник или вторник, очекувам да имаме конечен договор, изјави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири по новата рунда преговори со делегација на СОНК.

  1. – Во оваа фаза на процесот на преговори, во текот на 20-те дена, се отворија многу дискусии кои се однесуваат и на колективните договори, кои не се потпишани повеќе од десет години и мислам дека ќе има нов колективен договор во наредниот период и кога ќе имаме договор ќе имаме за што да продолжиме со разговори, нагласи Шаќири.

На новинарско прашање дали ќе се изнајде решение за 18-процентно зголемување на платите на просветните работници како што бара Синдикатот, министерот рече дека ставовите се доближуваат и се разгледуваат сите можности за изнаоѓање решение.

– Затоа од почеток побарав разбирање од СОНК и од наставниците. Ние имаме добра волја за изнаоѓање решение заради тоа што знаеме во која фаза бевме во процесот на донесување на буџет, во која фаза сме во подготовка на буџетот, во која фаза ќе сме во наредниот период после изнаоѓање на средствата на реализација на тој буџет. Мислам дека сме многу блиску за изнаоѓање решение за подобри услови. Не сакам да споменувам процент затоа што овој процес ќе биде подобар и наставниците ќе имаат подобри услови и после потпишување на гранските колективни договори. Сакам ова да е последен штрајк и прекин на наставата, што значи дека можеби во наредниот период ќе имаме потреба за други разговори, но прекин на настава да нема, истакна Шаќири.

На седница на Владата, потенцира министерот, е донесена одлука која се однесуваше за средните училишта, одлука за тие што завршуваат четврта година.

– Сега заедно со Средношколската унија имаме формирано група после долги години да се разгледа и Законот за средно образование, каде досега се вклучени 24 членови од сите институции, а ќе ги вклучуваме УНИЦЕФ, УНДП, Европската комисија, амбасадите… Оваа одлука за завршување на наставата ја донесовме со консултација со Бирото за развој на образованието. Истовремено, во овој период е побарано мислење од Бирото да најде начин за комуникација со сите основни училишта за тоа до каде е фазата на реализација на програмите на основните училишта и да се разгледа можноста ако може да постигнат наставата да се заврши до предвидениот рок, додаде Шаќири.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека преговараат буквално за сите прашања и усогласиле генерално некои ставови во однос на колективните договори и што ќе има во нив, меѓутоа тие не се до крај прецизирани.

Треба да завршат и бидат потпишани во периодот меѓу 1 и 31 септември. Има некои технички проблеми, мора да започне учебната година, па за да се реализираат тие одредби од колективниот договор. Околу зголемување на платите имаше дополнително некои наши предлози, како и во кој процент да се зголемат платите. Сепак повторно се враќаме во Министерството за финансии за анализа и проверка на тоа колку средства ќе бидат потребни, и конечно околу нова методологија за изработка на плати во која ќе бидат вградени и коефициенти на инфлација, пораст на минимална плата итн., коешто би функционирано во наредниот период. Тоа се точките за кои разговаравме. Не се надевам, туку мора веќе да завршиме идната недела, а јавноста ќе биде запознаена. Дали штрајкот ќе биде повторно активиран, тоа сепак ќе зависи од резултатите од преговорите, од препораките кои ќе ги напише посредувачот или помирувачот. Се е отворено, се уште не можам да ви дадам ветување за опција, истакна Неделков.

Тој нагласи дека е разговарано за сите прашања и дека тоа е веќе напредок, додавајќи оти не постои прашање кое ад хок се отфрла и е неприфатливо за двете страни.

– Се работи за нијанси. Ние одиме од аспект на нашите интереси максимално, тие од аспект на нивните интереси поинаку се однесуваат, меѓутоа не постои прашање за кое не се разговарало или не може да се реши. Договор нема денес. Секако дека нема. Тема на преговори ни е последното усогласување на минималната плата, односно зголемување на платите за 18,4 проценти. За жал, тоа што никој во државата не се секираше изминатите години и никој не побара усогласување на платите и што не е издејствувано, веќе рокот е поминат согласно Закон за минимална плата и тука многу не може да се стори. Велам за жал. Ние тоа што баравме и со протести го правевме, не беше сериозно сфатено. Сега кога го побаравме ова веќе излезе дека и малку е ова и треба многу повеќе. Факт е дека треба многу повеќе, но во овој момент ние колку можеме толку и правиме. Ако некој синдикат може повеќе, би биле благодарни да издејствуваат повеќе понекогаш и за просветните работници некој друг да одработи, а не обратно. Ние постојано работиме за други дејности. Меѓутоа тоа е нашиот Синдикат, еден единствен во државата, рече Неделков.

The post Неделков најави договор следната недела, бара од наставниците да бидат трпеливи appeared first on Република.

]]>

Продолживме со разговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и на почетокот на наредната недела, понеделник или вторник, очекувам да имаме конечен договор, изјави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири по новата рунда преговори со делегација на СОНК.
  1. – Во оваа фаза на процесот на преговори, во текот на 20-те дена, се отворија многу дискусии кои се однесуваат и на колективните договори, кои не се потпишани повеќе од десет години и мислам дека ќе има нов колективен договор во наредниот период и кога ќе имаме договор ќе имаме за што да продолжиме со разговори, нагласи Шаќири.
На новинарско прашање дали ќе се изнајде решение за 18-процентно зголемување на платите на просветните работници како што бара Синдикатот, министерот рече дека ставовите се доближуваат и се разгледуваат сите можности за изнаоѓање решение.
– Затоа од почеток побарав разбирање од СОНК и од наставниците. Ние имаме добра волја за изнаоѓање решение заради тоа што знаеме во која фаза бевме во процесот на донесување на буџет, во која фаза сме во подготовка на буџетот, во која фаза ќе сме во наредниот период после изнаоѓање на средствата на реализација на тој буџет. Мислам дека сме многу блиску за изнаоѓање решение за подобри услови. Не сакам да споменувам процент затоа што овој процес ќе биде подобар и наставниците ќе имаат подобри услови и после потпишување на гранските колективни договори. Сакам ова да е последен штрајк и прекин на наставата, што значи дека можеби во наредниот период ќе имаме потреба за други разговори, но прекин на настава да нема, истакна Шаќири.
На седница на Владата, потенцира министерот, е донесена одлука која се однесуваше за средните училишта, одлука за тие што завршуваат четврта година. – Сега заедно со Средношколската унија имаме формирано група после долги години да се разгледа и Законот за средно образование, каде досега се вклучени 24 членови од сите институции, а ќе ги вклучуваме УНИЦЕФ, УНДП, Европската комисија, амбасадите… Оваа одлука за завршување на наставата ја донесовме со консултација со Бирото за развој на образованието. Истовремено, во овој период е побарано мислење од Бирото да најде начин за комуникација со сите основни училишта за тоа до каде е фазата на реализација на програмите на основните училишта и да се разгледа можноста ако може да постигнат наставата да се заврши до предвидениот рок, додаде Шаќири. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека преговараат буквално за сите прашања и усогласиле генерално некои ставови во однос на колективните договори и што ќе има во нив, меѓутоа тие не се до крај прецизирани. Треба да завршат и бидат потпишани во периодот меѓу 1 и 31 септември. Има некои технички проблеми, мора да започне учебната година, па за да се реализираат тие одредби од колективниот договор. Околу зголемување на платите имаше дополнително некои наши предлози, како и во кој процент да се зголемат платите. Сепак повторно се враќаме во Министерството за финансии за анализа и проверка на тоа колку средства ќе бидат потребни, и конечно околу нова методологија за изработка на плати во која ќе бидат вградени и коефициенти на инфлација, пораст на минимална плата итн., коешто би функционирано во наредниот период. Тоа се точките за кои разговаравме. Не се надевам, туку мора веќе да завршиме идната недела, а јавноста ќе биде запознаена. Дали штрајкот ќе биде повторно активиран, тоа сепак ќе зависи од резултатите од преговорите, од препораките кои ќе ги напише посредувачот или помирувачот. Се е отворено, се уште не можам да ви дадам ветување за опција, истакна Неделков. Тој нагласи дека е разговарано за сите прашања и дека тоа е веќе напредок, додавајќи оти не постои прашање кое ад хок се отфрла и е неприфатливо за двете страни. – Се работи за нијанси. Ние одиме од аспект на нашите интереси максимално, тие од аспект на нивните интереси поинаку се однесуваат, меѓутоа не постои прашање за кое не се разговарало или не може да се реши. Договор нема денес. Секако дека нема. Тема на преговори ни е последното усогласување на минималната плата, односно зголемување на платите за 18,4 проценти. За жал, тоа што никој во државата не се секираше изминатите години и никој не побара усогласување на платите и што не е издејствувано, веќе рокот е поминат согласно Закон за минимална плата и тука многу не може да се стори. Велам за жал. Ние тоа што баравме и со протести го правевме, не беше сериозно сфатено. Сега кога го побаравме ова веќе излезе дека и малку е ова и треба многу повеќе. Факт е дека треба многу повеќе, но во овој момент ние колку можеме толку и правиме. Ако некој синдикат може повеќе, би биле благодарни да издејствуваат повеќе понекогаш и за просветните работници некој друг да одработи, а не обратно. Ние постојано работиме за други дејности. Меѓутоа тоа е нашиот Синдикат, еден единствен во државата, рече Неделков.

The post Неделков најави договор следната недела, бара од наставниците да бидат трпеливи appeared first on Република.

]]>
Откако ги пушти низ вода наставнците, Неделков најавува дека има најави за договор со Министерството за образование https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-gi-pushti-niz-voda-nastavncite-nedelkov-najavuva-deka-ima-najavi-za-dogovor-so-ministerstvoto-za-obrazovanie/ Fri, 13 May 2022 13:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=501980

Во Министерството за образование и наука е во тек новата преговарачка средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на која двете страни треба да се усогласат за отворените прашања во врска со платите и колективните догвори во основното и средното образование.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков пред новата средба попладнево истакна дека очекуваат да се приближат со ставовите и,  како што рече, конечно да завршат позитивно преговорите.

-Оптимизмот постои од двете страни. Секако дека иделано решение не може да се најде, меѓутоа има простор за соодветно решение што ќе ги задоволи двете страни. Останува да видиме со какви резултати ќе излезме денеска. Ни остануваат уште неколку дена, но изгледно е и денеска да има позитивни сигнали за конечно решение, изјави Неделков.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири претходно денеска изјави дека на преговорите денеска тема ќе бидат колективните договори, нема да биде понуден нов процент за повисоки плати во образованието и дека за нова финансиска понуда ќе се разговара на почетокот на идната недела.

– Конкретна финансиска понуда денеска нема да имаме. Ќе дискутираме за начин за изнаоѓање модел за конечната понуда и кога и како ќе почне да се реализира. Има пресметки од Министерството за финансии и очекувам на почетокот на идната недела и за ова прашање да имаме конечен одговор и конечен догвор помеѓу двете страни, рече Шаќири

The post Откако ги пушти низ вода наставнците, Неделков најавува дека има најави за договор со Министерството за образование appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за образование и наука е во тек новата преговарачка средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на која двете страни треба да се усогласат за отворените прашања во врска со платите и колективните догвори во основното и средното образование. Претседателот на СОНК Јаким Неделков пред новата средба попладнево истакна дека очекуваат да се приближат со ставовите и,  како што рече, конечно да завршат позитивно преговорите.
-Оптимизмот постои од двете страни. Секако дека иделано решение не може да се најде, меѓутоа има простор за соодветно решение што ќе ги задоволи двете страни. Останува да видиме со какви резултати ќе излезме денеска. Ни остануваат уште неколку дена, но изгледно е и денеска да има позитивни сигнали за конечно решение, изјави Неделков.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири претходно денеска изјави дека на преговорите денеска тема ќе бидат колективните договори, нема да биде понуден нов процент за повисоки плати во образованието и дека за нова финансиска понуда ќе се разговара на почетокот на идната недела.
– Конкретна финансиска понуда денеска нема да имаме. Ќе дискутираме за начин за изнаоѓање модел за конечната понуда и кога и како ќе почне да се реализира. Има пресметки од Министерството за финансии и очекувам на почетокот на идната недела и за ова прашање да имаме конечен одговор и конечен догвор помеѓу двете страни, рече Шаќири

The post Откако ги пушти низ вода наставнците, Неделков најавува дека има најави за договор со Министерството за образование appeared first on Република.

]]>
СОНК и МОН денеска имаат средба на „зум“, ќе се разговара за платите на наставниците https://republika.mk/vesti/makedonija/sonk-i-mon-deneska-imaat-sredba-na-zum-kje-se-razgovara-za-platite-na-nastavnicite/ Sun, 08 May 2022 11:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=499435

Последна средба меѓу СОНК и МОН: Ќе има ли договор за повисоки плати на просветарите?

Денеска ќе се одржи последната средба меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование. Информацијата ја сподели првиот човек на Синдикатот, Јаким Неделков преку социјалните мрежи.

Денес во 18 часот, на ZOOM апликација ќе се одржи последната работна средба меѓу СОНК и МОН закажана од овластениот помирувач. За исходот од преговорите ќе бидете благовремено информирани преку Соопштение за јавноста, објави Неделков на Фејсбук.

Претходно, двете страни соопштија дека напредок има, но тој е бавен. Членството на Синдикатот ја одби последната понуда на Владата за зголемување на платите за 12 отсто. Наставници протестираа пред седиштето на СОНК и бараа од Неделков да не отстапува од првичното барање, а тоа е зголемување на платите за 18,4 проценти.

The post СОНК и МОН денеска имаат средба на „зум“, ќе се разговара за платите на наставниците appeared first on Република.

]]>

Последна средба меѓу СОНК и МОН: Ќе има ли договор за повисоки плати на просветарите? Денеска ќе се одржи последната средба меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование. Информацијата ја сподели првиот човек на Синдикатот, Јаким Неделков преку социјалните мрежи.
Денес во 18 часот, на ZOOM апликација ќе се одржи последната работна средба меѓу СОНК и МОН закажана од овластениот помирувач. За исходот од преговорите ќе бидете благовремено информирани преку Соопштение за јавноста, објави Неделков на Фејсбук.
Претходно, двете страни соопштија дека напредок има, но тој е бавен. Членството на Синдикатот ја одби последната понуда на Владата за зголемување на платите за 12 отсто. Наставници протестираа пред седиштето на СОНК и бараа од Неделков да не отстапува од првичното барање, а тоа е зголемување на платите за 18,4 проценти.  

The post СОНК и МОН денеска имаат средба на „зум“, ќе се разговара за платите на наставниците appeared first on Република.

]]>
СОНК: Заврши денешната рунда преговори со МОН, за в петок се очекуваат конкретни одговори https://republika.mk/vesti/makedonija/sonk-zavrshi-deneshnata-runda-pregovori-so-mon-za-v-petok-se-ochekuvaat-konkretni-odgovori/ Wed, 04 May 2022 16:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=497640

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков, соопшти дека завршила денешната рунда преговори со Министетрството за образование и наука под покровителство на помирувач и дека преговорите ќе продолжат в петок кога очекуваат и конкретни одговори на нивните предлози.

Заврши денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач. Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни - објави Неделков на Фејсбук.

Синдикалниот лидер изјави дека се на почеток на преговорите, но дека не почнуваат од нула што, рече, би одзело многу време и енергија.

Сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заедички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници… Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор - изјави Неделков.

Тој додаде дека рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако во текот на тој рок не се постигне договор преговорите ќе мора да се продолжат за уште десет дена.

The post СОНК: Заврши денешната рунда преговори со МОН, за в петок се очекуваат конкретни одговори appeared first on Република.

Неделков: Да се направи програма која што ќе се реализира до 10 јуни, со што учебната година би завршила согласно закон https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-da-se-napravi-programa-koja-shto-kje-se-realizira-do-10-juni-so-shto-uchebnata-godina-bi-zavrshila-soglasno-zakon/ Wed, 04 May 2022 12:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=497482

На почеток на преговорите сме, односно за волја на вистината, што е добар сигнал, продолжуваме каде што сме застанале. За среќа не почнуваме од нула, што би ни одзело многу време и енергија, туку продолжуваме каде што застанавме, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Реално сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заедички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници. Ние ја отворивме Пандорината кутија за подигнување на работничката свест, за подигнување на барањата на работниците во однос на почитување на законите и колективните договори, особено овој закон за минималната плата, со кој апсолутно секој работник во државата е засегнат. Тоа е можеби најголемиот успех што СОНК го направи во име на сите работници во државата. Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор - рече Неделков.

Неделков потенцира дека имаат рок од десет дена за усогласување на ставовите по однос на медијацијата и ако во текот на тој рок не се постигне договор, тогаш ќе мора да се продолжат преговорите за уште десет дена.

Десет дена ни е рокот за усогласување на ставовите по однос на медијацијата. Постои законска одредба, кога еден од партнерите не е задоволен од постигнатите резултати, поднесува барање за продолжување за десет дена. Сакам да бидам оптимист и убеден дека за десет дена ќе најдеме решенија, ако не ќе мора да одиме на уште десет дена. Што ако Владата остане тврда на ставовите дека има толку средства и дека не може да излезе од тие рамки? Тогаш органите на одлучување на СОНК ќе расправаат за тоа што е понудено, да донесат одлука што понатаму. Јасно е дека штрајкот е ставен во мирување, таа одлука треба да се потврди, односно да се отповика или да се активира штрајкот - рече тој.

Потсети дека во петокот првично имале работна средба со МОН и медијаторот, кој што по службена должност беше предложен од МТСП, на кој биле утврдени начинот на разговорите, принципите што значи медијација, кои се надлежностите на медијаторот. Втемелени биле барањата, кои што СОНК писмено ги има доставено до МОН.

Во однос на учебната година, Неделков рече дека работа на Бирото за развој на образованието е да процени колку наставни часови им фалат на наставниците и да се направи програма која што ќе се реализира до 10 јуни, со што учебната година би завршила согласно закон.

Постои основ, министерот за образование има дискреционо право по 100 одработени наставни денови да ја верифицира годината како завршена, не постои опасност од кршење на некој закон дека не се реализирани 180 наставни денови - изјави Неделков.

The post Неделков: Да се направи програма која што ќе се реализира до 10 јуни, со што учебната година би завршила согласно закон appeared first on Република.

]]>

На почеток на преговорите сме, односно за волја на вистината, што е добар сигнал, продолжуваме каде што сме застанале. За среќа не почнуваме од нула, што би ни одзело многу време и енергија, туку продолжуваме каде што застанавме, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Реално сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заедички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници. Ние ја отворивме Пандорината кутија за подигнување на работничката свест, за подигнување на барањата на работниците во однос на почитување на законите и колективните договори, особено овој закон за минималната плата, со кој апсолутно секој работник во државата е засегнат. Тоа е можеби најголемиот успех што СОНК го направи во име на сите работници во државата. Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор - рече Неделков.
Неделков потенцира дека имаат рок од десет дена за усогласување на ставовите по однос на медијацијата и ако во текот на тој рок не се постигне договор, тогаш ќе мора да се продолжат преговорите за уште десет дена.
Десет дена ни е рокот за усогласување на ставовите по однос на медијацијата. Постои законска одредба, кога еден од партнерите не е задоволен од постигнатите резултати, поднесува барање за продолжување за десет дена. Сакам да бидам оптимист и убеден дека за десет дена ќе најдеме решенија, ако не ќе мора да одиме на уште десет дена. Што ако Владата остане тврда на ставовите дека има толку средства и дека не може да излезе од тие рамки? Тогаш органите на одлучување на СОНК ќе расправаат за тоа што е понудено, да донесат одлука што понатаму. Јасно е дека штрајкот е ставен во мирување, таа одлука треба да се потврди, односно да се отповика или да се активира штрајкот - рече тој.
Потсети дека во петокот првично имале работна средба со МОН и медијаторот, кој што по службена должност беше предложен од МТСП, на кој биле утврдени начинот на разговорите, принципите што значи медијација, кои се надлежностите на медијаторот. Втемелени биле барањата, кои што СОНК писмено ги има доставено до МОН. Во однос на учебната година, Неделков рече дека работа на Бирото за развој на образованието е да процени колку наставни часови им фалат на наставниците и да се направи програма која што ќе се реализира до 10 јуни, со што учебната година би завршила согласно закон.
Постои основ, министерот за образование има дискреционо право по 100 одработени наставни денови да ја верифицира годината како завршена, не постои опасност од кршење на некој закон дека не се реализирани 180 наставни денови - изјави Неделков.

The post Неделков: Да се направи програма која што ќе се реализира до 10 јуни, со што учебната година би завршила согласно закон appeared first on Република.

]]>
Неделков: Попладнево почнуваат преговори меѓу СОНК и МОН, не сме ги прифатиле понудените 12% https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-popladnevo-pochnuvaat-pregovori-megju-sonk-i-mon-ne-sme-gi-prifatile-ponudenite-12/ Fri, 29 Apr 2022 11:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=495243

Тоа што денеска продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле понудените 12 проценти, рече на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков, кој најави дека денска продолжуваат преговорите со Министерството за образование.

Ние не прифативме ништо затоа што така одлучи членството на СОНК и на некој начин повторно се наоѓаме на почеток на преговорите. Со помош на овластен помирувач ќе се обидеме да ги добиеме бараните 18,4 проценти зголемување на платата, нов колективен договор и континуирано зголемување на платите за 2023 и 2024 година, изјави Неделков.

The post Неделков: Попладнево почнуваат преговори меѓу СОНК и МОН, не сме ги прифатиле понудените 12% appeared first on Република.

Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките https://republika.mk/vesti/makedonija/janevski-kako-nedelkov-trenchevska-i-shakiri-gi-izlazaa-nastavnicite-i-vospituvachkite/ Fri, 29 Apr 2022 06:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=495025

Новинарот Дарко Јаневски во колумна на Денешен.мк ги анализира случувањата со штрајкот на просветните работници и неговото ставање во мирување.

Колумната на Јаневски ја пренесуваме во целост:

Претседателот на СОНК и Советот на СОНК денеска го ставија штрајкот на наставниците во мирување, со образложение дека ако не го сторлеле тоа ќе го прекршеле законот, а штрајкот ќе бил во мирување додека спорот не бил решен со „мировни преговори“.

Неделков не појасни на кој закон мисли кога вели дека ќе бил прекршен ако не го ставеле штрајкот во мирување, но очигледно станува збор за Законот за мирно решавање на спорови.

Ова е нов изум од таборот на Министерството за труд и социјала на Тренчевска, која веќе се прослави со недугавите изјави дека кривично ќе одговарала ако им ги исплатела платите на штрајкувачите, но станува збор за сериозна манипулација, која очигледно ја прифати и СОНК.

Имено, Законот за мирно решавање на спорови се базира на принципот на добрволност. Начелото на доброволност, кое е основно начело на Законот (член 5) предвидува дека „страните во колеткивен или индивидуален работен спор се слободни доброволно да одлучат дали ќе пристапат кон мирно решавање на спорот, ако со овој закон не е поинаку определено“.

Значи, СОНК, не морал да го стави штрајкот во мирување, ако не сакал, освен ако со Законот не поинаку определено. Дали е поинаку определено, па СОНК морал така да постапи, како што вели Неделков?

Член 18 од Законот вели дека во случај на штрајк во сферата на образование и заштита на децата, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на спорот. Во тој случај за време на помирувањето, штрајкот се става во мирување. Значи должноста постои. Но, секогаш има едно „но…“.

Имено, во овој случај, тоа „но“ е член 19 кој вели дека „страните на спорот (во овој случај СОНК, МО и МТСП), се должни да поднесат предлог за помирување во рок до два дена од настанување на спорот“.

Веројатно не треба да ви објаснувам дека спорот е настанат со месеци наназад, односно одамна, па следеше штрајк кој трае веќе три недели и облигаторниот рок од два дена е одамна истечен. Толку од познавањето на законите во МО и МТСП на Тренчевска.

Па, понатаму се вели дека „ако страните во спорот не поднесат заеднички предлог се должни да го известат министерството за надлежно за работите од областа на трудот“ (во случајот МТСП да се извести само себе), „кое во рок до ДВА дена од ДЕНОТ НА НАСТАНУВАЊЕ НА СПОРОТ ИЛИ ШТРАЈК во дејностите од член 18“ (каде спаѓа и образование и заштита на децата), „по службена должност покренува постапка за помирување“.

Е, сега, повторно да нагласам дека веројатно не треба да ви напоменувам дека тие два дена од денот на настанување на спорот се одамна поминати и дека токму МТСП и МО го прекршиле Законот за мирно решавање на спорови непостапувајќи на овој начин и се директни виновници за штрајкот, за кој сега СОНК нема обврска да го стави во мирување, бидејќи роковите се истечени, наспроти тврдењата на Неделков.

Тоа значи дека СОНК, во оваа фаза од штрајкот немаше должност да го прифати мировното решавање, а Тренчевска можеше слободно да се обрати до надлежниот суд па таму да објаснува зошто во првите денви по започнување на штрајкот не го испочитувала барањето од Законот за мировни спорови и зошто заедно со Неделков сега го повредуваат правото на штрајк на наставниот кадар и другите вработени, манипулирајќи ги со некакви законски одредби кои во овој момент, после месеци од избивање на спорот (кој фактички трае од моментот кога минималната плата лани беше зголемена на 15 000 денари, а платите на останатите не беа усогласени) немаат никакво значење.

Патем, ниеден штрајк не започнува туку-така, постои процедура во која се известува работодавачот, постои процедура преку која беа запознаени и МО и МТСП и тие, во тие први денови, како што налага Законот, требаше да побараат мирно решавање. Испуштајќи ги роковите, го испуштиле од раце и Законот на кој сега им текна како последна сламка за спас, па наводно применувајќи го, вршат ново беззаконие.

Има и други одредби во Законот во врска со ова, но тие битно не ја менуваат суштината дека помирувањето во основа се базира на доброволност, дека во образованието и детската заштита страните се должни да пристапат кон помирување, но роковите за тоа се одамна одминати (член 18 вели „веднаш“, па потоа следи рокот од два дена за поднесување прелдог по почетокот на штрајот итн, а целта на овие одредби е всушност да се спречи прекин на работата во битни за државата дејности), така што СОНК немаше да прекрши никаков закон, посебно не овој, ако продолжеше со штрајот, кој всушност требало да биде ставен во мирување ако тие што треба од Министерството на Тренчевска и самата госпожа министерка го познаваа Законот.

Сега, мирувањето на штрајкот е очигледно изнудено, нема врска со Законот за мирно решавање на спорови, а наставниците и вработените во градинките остануваат со своите ниски плати, за на крај да прифатат некој ситнеж што наводно ќе биде мирно договорен.

Тоа што е најинтересно е дека според Закон кој токму Тренчевска и нејзиното Министерство пропуштија да го применат на време, страните на спорот немаат обврска да го прифатат тоа што ќе произлезе од „мировните преговори“ и во тој случај штрајкот ќе може да продолжи.

Но, целата поента е да овој процес на „мировни преговори“ трае до завршување на школската година за да има кој да ги чува децата на родителите, а потоа СОНК може да штрајкува колку сака. До есен, кога повторно ќе биде измислено нешто ново, за одново да ги преведат жедни преку вода наставниците, доколку не го прифатат ситнежот што ќе им биде понуден.

Но, тоа е тоа! Ама, барем да се знае дека ставањето на штрајкот во мирување, во овој момент, нема никаква врска со никаков закон. Колку да ја извадиме лагата на видело!

А ова подоле се релевантните членови од Законот за кој Неделков и СОНК наводно не знаеле, а за кој наводно, како што вели Неделков, во МТСП имале подбро познавање. Уште една лага.

(Да не ве залажува став 2 од член 18 кој вели дека сето ова ќе заврши за десет дена. Нема! Но, обрнете внимание на роковите од член 19 кои се одамна изминати!)

The post Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките appeared first on Република.

]]>

Новинарот Дарко Јаневски во колумна на Денешен.мк ги анализира случувањата со штрајкот на просветните работници и неговото ставање во мирување. Колумната на Јаневски ја пренесуваме во целост:  
Претседателот на СОНК и Советот на СОНК денеска го ставија штрајкот на наставниците во мирување, со образложение дека ако не го сторлеле тоа ќе го прекршеле законот, а штрајкот ќе бил во мирување додека спорот не бил решен со „мировни преговори“. Неделков не појасни на кој закон мисли кога вели дека ќе бил прекршен ако не го ставеле штрајкот во мирување, но очигледно станува збор за Законот за мирно решавање на спорови. Ова е нов изум од таборот на Министерството за труд и социјала на Тренчевска, која веќе се прослави со недугавите изјави дека кривично ќе одговарала ако им ги исплатела платите на штрајкувачите, но станува збор за сериозна манипулација, која очигледно ја прифати и СОНК. Имено, Законот за мирно решавање на спорови се базира на принципот на добрволност. Начелото на доброволност, кое е основно начело на Законот (член 5) предвидува дека „страните во колеткивен или индивидуален работен спор се слободни доброволно да одлучат дали ќе пристапат кон мирно решавање на спорот, ако со овој закон не е поинаку определено“. Значи, СОНК, не морал да го стави штрајкот во мирување, ако не сакал, освен ако со Законот не поинаку определено. Дали е поинаку определено, па СОНК морал така да постапи, како што вели Неделков? Член 18 од Законот вели дека во случај на штрајк во сферата на образование и заштита на децата, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на спорот. Во тој случај за време на помирувањето, штрајкот се става во мирување. Значи должноста постои. Но, секогаш има едно „но…“. Имено, во овој случај, тоа „но“ е член 19 кој вели дека „страните на спорот (во овој случај СОНК, МО и МТСП), се должни да поднесат предлог за помирување во рок до два дена од настанување на спорот“. Веројатно не треба да ви објаснувам дека спорот е настанат со месеци наназад, односно одамна, па следеше штрајк кој трае веќе три недели и облигаторниот рок од два дена е одамна истечен. Толку од познавањето на законите во МО и МТСП на Тренчевска. Па, понатаму се вели дека „ако страните во спорот не поднесат заеднички предлог се должни да го известат министерството за надлежно за работите од областа на трудот“ (во случајот МТСП да се извести само себе), „кое во рок до ДВА дена од ДЕНОТ НА НАСТАНУВАЊЕ НА СПОРОТ ИЛИ ШТРАЈК во дејностите од член 18“ (каде спаѓа и образование и заштита на децата), „по службена должност покренува постапка за помирување“. Е, сега, повторно да нагласам дека веројатно не треба да ви напоменувам дека тие два дена од денот на настанување на спорот се одамна поминати и дека токму МТСП и МО го прекршиле Законот за мирно решавање на спорови непостапувајќи на овој начин и се директни виновници за штрајкот, за кој сега СОНК нема обврска да го стави во мирување, бидејќи роковите се истечени, наспроти тврдењата на Неделков. Тоа значи дека СОНК, во оваа фаза од штрајкот немаше должност да го прифати мировното решавање, а Тренчевска можеше слободно да се обрати до надлежниот суд па таму да објаснува зошто во првите денви по започнување на штрајкот не го испочитувала барањето од Законот за мировни спорови и зошто заедно со Неделков сега го повредуваат правото на штрајк на наставниот кадар и другите вработени, манипулирајќи ги со некакви законски одредби кои во овој момент, после месеци од избивање на спорот (кој фактички трае од моментот кога минималната плата лани беше зголемена на 15 000 денари, а платите на останатите не беа усогласени) немаат никакво значење. Патем, ниеден штрајк не започнува туку-така, постои процедура во која се известува работодавачот, постои процедура преку која беа запознаени и МО и МТСП и тие, во тие први денови, како што налага Законот, требаше да побараат мирно решавање. Испуштајќи ги роковите, го испуштиле од раце и Законот на кој сега им текна како последна сламка за спас, па наводно применувајќи го, вршат ново беззаконие. Има и други одредби во Законот во врска со ова, но тие битно не ја менуваат суштината дека помирувањето во основа се базира на доброволност, дека во образованието и детската заштита страните се должни да пристапат кон помирување, но роковите за тоа се одамна одминати (член 18 вели „веднаш“, па потоа следи рокот од два дена за поднесување прелдог по почетокот на штрајот итн, а целта на овие одредби е всушност да се спречи прекин на работата во битни за државата дејности), така што СОНК немаше да прекрши никаков закон, посебно не овој, ако продолжеше со штрајот, кој всушност требало да биде ставен во мирување ако тие што треба од Министерството на Тренчевска и самата госпожа министерка го познаваа Законот. Сега, мирувањето на штрајкот е очигледно изнудено, нема врска со Законот за мирно решавање на спорови, а наставниците и вработените во градинките остануваат со своите ниски плати, за на крај да прифатат некој ситнеж што наводно ќе биде мирно договорен. Тоа што е најинтересно е дека според Закон кој токму Тренчевска и нејзиното Министерство пропуштија да го применат на време, страните на спорот немаат обврска да го прифатат тоа што ќе произлезе од „мировните преговори“ и во тој случај штрајкот ќе може да продолжи. Но, целата поента е да овој процес на „мировни преговори“ трае до завршување на школската година за да има кој да ги чува децата на родителите, а потоа СОНК може да штрајкува колку сака. До есен, кога повторно ќе биде измислено нешто ново, за одново да ги преведат жедни преку вода наставниците, доколку не го прифатат ситнежот што ќе им биде понуден. Но, тоа е тоа! Ама, барем да се знае дека ставањето на штрајкот во мирување, во овој момент, нема никаква врска со никаков закон. Колку да ја извадиме лагата на видело! А ова подоле се релевантните членови од Законот за кој Неделков и СОНК наводно не знаеле, а за кој наводно, како што вели Неделков, во МТСП имале подбро познавање. Уште една лага. (Да не ве залажува став 2 од член 18 кој вели дека сето ова ќе заврши за десет дена. Нема! Но, обрнете внимание на роковите од член 19 кои се одамна изминати!)

The post Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките appeared first on Република.

]]>
Се чувствуваат изиграно: Членови на СОНК бараат Неделков да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување https://republika.mk/vesti/makedonija/se-chuvstvuvaat-izigrano-chlenovi-na-sonk-baraat-nedelkov-da-objasni-zoshto-shtrajkot-e-staven-vo-miruvanje/ Thu, 28 Apr 2022 17:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=494932

Незадоволни членови од Синдикатот за образование наука и култура попладнево пред седиштето на синдикатот бараат претседателот на СОНК Јаким Неделков да се обрати и да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување.

– Денеска се ретерира без знаење на членството и се носи одлука за која членството не е информирано. Тука сме да изразиме револт. Ние сме базата, ние сме членството и должен е Неделков да дојде и да објасни зошто ја промени одлуката, велат насобраните членови на СОНК, кои бараат оставка од Неделков.

Посочуваат дека се дојдени спонтано и дека се чувствуваат изиграни од претседателот на синдикатот. Велат дека не им се важни процентите за зголемување на платите, туку колективните договори.

– Голем дел од членството ќе продолжи да ги бара своите права. Нас не ни се битни тие 18 отсто. Прва работа поради која тргнавме во штрајк е колективниот договор, велат тие.

Прашани дали ќе има утре настава, велат дека оние деца што ќе дојдат во училиште, нема да бидат вратени.

– Сите оние кои утре ќе дојдат во училиште, ќе бидат прифатени. Ние ќе бидеме во училиште, ако дојдат деца, ќе ги примиме. Ако треба ќе држиме и настава, порачаа дел од наставниците кои попладнево се собрани пред седиштето на СОНК.

Синдикатот на СОНК денеска го стави штрајкот во мирување по добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука е подготвено преку мирно решавање на спорот да ги надмине разлките со СОНК

The post Се чувствуваат изиграно: Членови на СОНК бараат Неделков да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување appeared first on Република.

Протест на наставниците пред СОНК: Неделков го навлече гневот со прекинот на штрајкот, се бара негова оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-nastavnicite-pred-sonk-nedelkov-go-navleche-gnevot-so-prekinot-na-shtrajkot-se-bara-negova-ostavka/ Thu, 28 Apr 2022 17:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=494925

Наставниците се собраа пред СОНК откако нивниот лидер Јаким Неделков објави дека штрајкот се става во мирување. Тие велат дека се чуствуваат измамени бидејќи никој не ги консултирал и оти Неделков едно говорел пред нив а сосема друго по средбата со Владата.

Членството е револтирано и причина за штрајкот не се 18 проценти туку колективниот договор, патни трошоци, регрес. Не ни се битни тие проценти-велат наставниците.

Тие бараат уште вечерва да се сретнат со Неделков и образоложение зошто е прекинат штрајкот.

Нека му служи на чест ако не прифати средба.

Пред СОНК се слушаат извици „Оставка, оставка“.

The post Протест на наставниците пред СОНК: Неделков го навлече гневот со прекинот на штрајкот, се бара негова оставка appeared first on Република.

СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков https://republika.mk/vesti/makedonija/sonk-ochekuva-deneska-pokana-za-pregovori-so-vladata-veli-nedelkov/ Thu, 28 Apr 2022 10:55:32 +0000 https://republika.mk/?p=494713

СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели синдикалниот лидер Јаким Неделков за МКД.мк. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава.

За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков и додава дека во СОНК пристигнале пријави од наставници кои се пожалиле дека директорите им вршат притисок да организираат настава „како знаат и умеат“.

Работа на СОНК е штрајкот да го реализира онака како што е зацртан и по сите правила, а министерството нека си ја тера својата работа. Но не се во ред заплашувања на наставниците. Тие реагираат затоа што некаде им се закануваат со одземање на дневниците за време на штрајкот или пак со работење во летни месеци. Како и да е, наши претставници ги посетуваат училиштата, имаме редовна комуникација со нашите претставници во училиштата, собираме докази, нагласува Неделков.

The post СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков appeared first on Република.

]]>

СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели синдикалниот лидер Јаким Неделков за МКД.мк. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава.
За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков и додава дека во СОНК пристигнале пријави од наставници кои се пожалиле дека директорите им вршат притисок да организираат настава „како знаат и умеат“. Работа на СОНК е штрајкот да го реализира онака како што е зацртан и по сите правила, а министерството нека си ја тера својата работа. Но не се во ред заплашувања на наставниците. Тие реагираат затоа што некаде им се закануваат со одземање на дневниците за време на штрајкот или пак со работење во летни месеци. Како и да е, наши претставници ги посетуваат училиштата, имаме редовна комуникација со нашите претставници во училиштата, собираме докази, нагласува Неделков.

The post СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков appeared first on Република.

]]>
Тасевски: Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-ako-go-potpishal-i-go-stopira-shtrajkot-togash-uchiteli-najdete-si-nov-sindikat/ Tue, 26 Apr 2022 13:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=493853

Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат, вели актерот Сашо Тасевски за Јаким Неделков, откако денеска стотици наставници и воспитувачи дојдоа пред седиштето на СОНК да протестираат против договорените 12% покачување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-izleze-pred-nastavnicite-sindikatot-so-50-plus-eden-glas-kje-odluchi-za-prifakjanje-ili-odbivanje-na-12/

Примив точно 134 пораки од бесни учители од покачувањето понудено од банкротираната влада.
Ако Сонк го прифатил, тогаш во чие име го прифатил?
Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат.
Оти овој мириса на загорен грав.
И како јаготка на шлагот, владата ќе се задолжи за верувале или не, МИЛИЈАРДА евра.
Така Таче на Заев го замислува економскиот раст.
Доста лажете.
Излезе вратата од шарки.
Капут.
Нема држава. Аш, порача Тасевски.

The post Тасевски: Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат appeared first on Република.

]]>

Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат, вели актерот Сашо Тасевски за Јаким Неделков, откако денеска стотици наставници и воспитувачи дојдоа пред седиштето на СОНК да протестираат против договорените 12% покачување. https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-izleze-pred-nastavnicite-sindikatot-so-50-plus-eden-glas-kje-odluchi-za-prifakjanje-ili-odbivanje-na-12/
Примив точно 134 пораки од бесни учители од покачувањето понудено од банкротираната влада. Ако Сонк го прифатил, тогаш во чие име го прифатил? Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат. Оти овој мириса на загорен грав. И како јаготка на шлагот, владата ќе се задолжи за верувале или не, МИЛИЈАРДА евра. Така Таче на Заев го замислува економскиот раст. Доста лажете. Излезе вратата од шарки. Капут. Нема држава. Аш, порача Тасевски.

The post Тасевски: Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат appeared first on Република.

]]>
Неделков излезе пред наставниците: Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на 12% https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-izleze-pred-nastavnicite-sindikatot-so-50-plus-eden-glas-kje-odluchi-za-prifakjanje-ili-odbivanje-na-12/ Tue, 26 Apr 2022 12:26:03 +0000 https://republika.mk/?p=493817

Членови на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска се собрани пред седиштето на СОНК по информациите дека е постигнато зголемување на платите за 12 проценти и оти штрајкот од утре ќе прекине.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-povekje-nastavnici-se-sobiraat-pred-sonk-ne-sakaat-prekin-na-shtrajkot/

Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска ги оквалификува како шпекулации информациите дека е потпишан договор со Владата и дека било поткупено раководството на синдикатот.

[caption id="" align="alignnone" width="2560"] (фото: МИА)[/caption]

Едно е јасно. Вчера бевме во Влада и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, сеуште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството. И Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата. И од таа причина бидете сигурни дека без никаква манипулација, ќе бидат јавни и транспаретни одлуките на членството, изјави Неделков пред насобраните членови на синдикатот.

По барање на насобраните членови, Неделков се согласи седницата на Советот на СОНК да биде отворена. Седницата на Советот, според најавите, треба да се одржи попладне со почеток во 16 часот.

Раководството на СОНК вчера по неколкучасовни преговори во Владата се договори платите да бидат зголемени за 12 проценти почнувајќи од јулската плата откако првично беше одбиен владиниот предлог за зголемување од 10 проценти. Претседателот на СОНК по средбата во Владата изјави дека тоа е максимумот што во моментот можел да се издејствува.

The post Неделков излезе пред наставниците: Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на 12% appeared first on Република.

]]>

Членови на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска се собрани пред седиштето на СОНК по информациите дека е постигнато зголемување на платите за 12 проценти и оти штрајкот од утре ќе прекине. https://republika.mk/vesti/makedonija/se-povekje-nastavnici-se-sobiraat-pred-sonk-ne-sakaat-prekin-na-shtrajkot/ Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска ги оквалификува како шпекулации информациите дека е потпишан договор со Владата и дека било поткупено раководството на синдикатот. [caption id="" align="alignnone" width="2560"] (фото: МИА)[/caption]
Едно е јасно. Вчера бевме во Влада и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, сеуште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството. И Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата. И од таа причина бидете сигурни дека без никаква манипулација, ќе бидат јавни и транспаретни одлуките на членството, изјави Неделков пред насобраните членови на синдикатот.
По барање на насобраните членови, Неделков се согласи седницата на Советот на СОНК да биде отворена. Седницата на Советот, според најавите, треба да се одржи попладне со почеток во 16 часот. Раководството на СОНК вчера по неколкучасовни преговори во Владата се договори платите да бидат зголемени за 12 проценти почнувајќи од јулската плата откако првично беше одбиен владиниот предлог за зголемување од 10 проценти. Претседателот на СОНК по средбата во Владата изјави дека тоа е максимумот што во моментот можел да се издејствува.

The post Неделков излезе пред наставниците: Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на 12% appeared first on Република.

]]>
Неделков: Не се инаетиме со Владата, имаме реална потреба, а големи притисоци со списоци и закани за дневница https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-ne-se-inaetime-so-vladata-imame-realna-potreba-a-golemi-pritisoci-so-spisoci-i-zakani-za-dnevnica/ Wed, 20 Apr 2022 07:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=490898

И официјално денеска ќе расправаме за понудата од Владата донесена на синоќешната седница, ќе направиме и пошироки консултации. Во неделата имавме извештај од сондажата за понудата што ни ја достави Владата тогаш усмено и сега писмено и 95 отсто од членовите се изјаснија дека не ја прифаќаат, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК, во утринското гостување на Утрински брифинг.

Тој додава дека има притисоци врз штрајкувачите и тоа не се само списоците кои ги прават кој штрајкува или кој не штрајкува.

Премногу се потенцира дали ќе бидат исплатени дневниците за време на штрајкот и тоа се доживува како притисок. Дури и партиите вршат пристисок врз своите членови. Не е спорно колку ние можеме да издржиме, спорно е колку Владата ќе остане закопана во ров на својата позиција. Владата не нѐ послуша кога зборувавме за наглото зголемување на минималецот, а кога веќе е покачен минималецот треба да се покачат и нашите оти ние чекаме шест години. Чашата ја прелеа тоа што со зголемувањето на минималната плата сега имаме некои работни места со различна сложенст кои имаат иста плата. Не е проблемот нашата нетрпеливост, вели Неделков.

Додаде дека СОНК ќе направи нова сондажа на членството и веројатно на регионално ниво ќе имаме информации за расположението на членството.

Ние изразивме голема благодарност до родителите и изразуваме жалење што се соочуваат со проблеми. Но, во 2014 година беше донесен закон за штрајк за носење заменски наставници во време на штрајк. Ние го критикувавме овој закон. Не се инаетиме со владата, ова е реална потреба, вели Неделков.

За тоа како ќе се надоместат загубените часови, Неделков вели дека СОНК не ја организира наставата, таа одлука треба да ја донесат Бирото за развој и Министерството за образование.

Ние имаме синдикална членарина од 0,6 проценти, тоа се некаде околу 150 денари месечно. Кај нас доаѓаат 40 денари по член, а останатите остануваат во регионалните синдикати. Убеден сум дека нема да дојде до тоа да не се исплати плата оти колективните договори јасно велат дека плата исплаќа работодавачот. Оти правата им се прекршени на работниците ако земаат плата иста како и оние кои се скалило подолу во хиерархијата, вели Неделков.

The post Неделков: Не се инаетиме со Владата, имаме реална потреба, а големи притисоци со списоци и закани за дневница appeared first on Република.

]]>

И официјално денеска ќе расправаме за понудата од Владата донесена на синоќешната седница, ќе направиме и пошироки консултации. Во неделата имавме извештај од сондажата за понудата што ни ја достави Владата тогаш усмено и сега писмено и 95 отсто од членовите се изјаснија дека не ја прифаќаат, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК, во утринското гостување на Утрински брифинг. Тој додава дека има притисоци врз штрајкувачите и тоа не се само списоците кои ги прават кој штрајкува или кој не штрајкува.
Премногу се потенцира дали ќе бидат исплатени дневниците за време на штрајкот и тоа се доживува како притисок. Дури и партиите вршат пристисок врз своите членови. Не е спорно колку ние можеме да издржиме, спорно е колку Владата ќе остане закопана во ров на својата позиција. Владата не нѐ послуша кога зборувавме за наглото зголемување на минималецот, а кога веќе е покачен минималецот треба да се покачат и нашите оти ние чекаме шест години. Чашата ја прелеа тоа што со зголемувањето на минималната плата сега имаме некои работни места со различна сложенст кои имаат иста плата. Не е проблемот нашата нетрпеливост, вели Неделков.
Додаде дека СОНК ќе направи нова сондажа на членството и веројатно на регионално ниво ќе имаме информации за расположението на членството.
Ние изразивме голема благодарност до родителите и изразуваме жалење што се соочуваат со проблеми. Но, во 2014 година беше донесен закон за штрајк за носење заменски наставници во време на штрајк. Ние го критикувавме овој закон. Не се инаетиме со владата, ова е реална потреба, вели Неделков.
За тоа како ќе се надоместат загубените часови, Неделков вели дека СОНК не ја организира наставата, таа одлука треба да ја донесат Бирото за развој и Министерството за образование.
Ние имаме синдикална членарина од 0,6 проценти, тоа се некаде околу 150 денари месечно. Кај нас доаѓаат 40 денари по член, а останатите остануваат во регионалните синдикати. Убеден сум дека нема да дојде до тоа да не се исплати плата оти колективните договори јасно велат дека плата исплаќа работодавачот. Оти правата им се прекршени на работниците ако земаат плата иста како и оние кои се скалило подолу во хиерархијата, вели Неделков.

The post Неделков: Не се инаетиме со Владата, имаме реална потреба, а големи притисоци со списоци и закани за дневница appeared first on Република.

]]>
Неделков: Нема нов предлог за зголемување на платите, за прекин на штрајкот одлучува членството https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-nema-nov-predlog-za-zgolemuvanje-na-platite-za-prekin-na-shtrajkot-odluchuva-chlenstvoto/ Tue, 19 Apr 2022 13:19:32 +0000 https://republika.mk/?p=490571

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потврди дека денеска разговарал телефонски со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, но немало конкретен договор што би довело до прекин на штрајкот во училиштата и градинките и нов процент на покачување на платите од веќе понудените 10 отсто.

За жал не. Разговорот беше во правец на попуштање на тврдото „не“ и во правец да се изнајде уште некој процент за да може ние во членството да побараме штрајкот да се стави во мирување или да се прекине. Министерот вели: Толку е и не може ни процент понатаму да се оди. Се разбира, и другите барања кои ги имаме доставено писмено до министерството, и за нив да се расправа на Влада, а тоа е усогласување на платите согласно Колективниот договор наредните две години, да се планира буџетот за 2023 и 2024 година, потпишување колективни договори со што ќе се регулираат некои прашања. Така што, не е само ова сламка на сопнување, туку имаме и други работи - рече Неделков за МИА.

Министерот Шаќири претходно изјави дека на седница на Влада денеска ќе информира за состојбата во образованието и заклучоците ќе бидат пратени до СОНК и соопштени во јавноста. Неделков рече дека и тие очекуваат одлука од владината седница за да знаат, како што рече, и тие како да се однесуваат.

За повиците од МОН и МТСП да го прекинат штрајкот кој денеска е во седмиот ден, вели дека како претседател на синдикатот нема моќ да ги убеди членовите на СОНК да излезат од штрајкот.

Бидејќи јас не одлучувам да се прекине штрајкот. Одлучуваат тие што штрајкуваат. Јас сум само тој што ги претставува нивните интереси - рече претседателот на СОНК.

Во однос на денешната изјава на народниот правобранител Насер Зибери дека при судир на две права гарантирани со Уставот, предност има правото на дететото и оти образовниот процес не треба да трпи, Неделков одговори дека работодавците може да обезбедат кадар со заменски наставници.

Правото на децата за образование е регулирано со Законот за детска заштита, законите за основно и за средно образование. Оттука, оној критикуван закон за заменски наставници го дава правото на работодавачите да обезбедат соодветен кадар. Така што, некој мислел за тоа доколку дојде до ваква ситуација дека нема да има прекин на наставата и дека ќе се обезбеди соодветен кадар за да продолжи учебната година. Тоа не е проблемот, ние може да се надмудруваме, а најмалку сакам да се препукуваме преку медиумите, но се прави хајка на штрајкот и дека СОНК е единствениот виновник за оваа ситуација на неостварување на правата на децата. Два месеца преговаравме со надлежните, и по една недела штрајк, дури тогаш добиваме предлог за едно од прашањата, за другите ништо. И тоа устен предлог кој утре може да не важи и да речат: Извинете, условите се променија, не можеме ништо да ви удоволиме. Не велам дека ќе не излажат или дека нè лажат, но пристапот е многу несериозен - додаде претседателот на СОНК.

The post Неделков: Нема нов предлог за зголемување на платите, за прекин на штрајкот одлучува членството appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потврди дека денеска разговарал телефонски со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, но немало конкретен договор што би довело до прекин на штрајкот во училиштата и градинките и нов процент на покачување на платите од веќе понудените 10 отсто.
За жал не. Разговорот беше во правец на попуштање на тврдото „не“ и во правец да се изнајде уште некој процент за да може ние во членството да побараме штрајкот да се стави во мирување или да се прекине. Министерот вели: Толку е и не може ни процент понатаму да се оди. Се разбира, и другите барања кои ги имаме доставено писмено до министерството, и за нив да се расправа на Влада, а тоа е усогласување на платите согласно Колективниот договор наредните две години, да се планира буџетот за 2023 и 2024 година, потпишување колективни договори со што ќе се регулираат некои прашања. Така што, не е само ова сламка на сопнување, туку имаме и други работи - рече Неделков за МИА.
Министерот Шаќири претходно изјави дека на седница на Влада денеска ќе информира за состојбата во образованието и заклучоците ќе бидат пратени до СОНК и соопштени во јавноста. Неделков рече дека и тие очекуваат одлука од владината седница за да знаат, како што рече, и тие како да се однесуваат. За повиците од МОН и МТСП да го прекинат штрајкот кој денеска е во седмиот ден, вели дека како претседател на синдикатот нема моќ да ги убеди членовите на СОНК да излезат од штрајкот.
Бидејќи јас не одлучувам да се прекине штрајкот. Одлучуваат тие што штрајкуваат. Јас сум само тој што ги претставува нивните интереси - рече претседателот на СОНК.
Во однос на денешната изјава на народниот правобранител Насер Зибери дека при судир на две права гарантирани со Уставот, предност има правото на дететото и оти образовниот процес не треба да трпи, Неделков одговори дека работодавците може да обезбедат кадар со заменски наставници.
Правото на децата за образование е регулирано со Законот за детска заштита, законите за основно и за средно образование. Оттука, оној критикуван закон за заменски наставници го дава правото на работодавачите да обезбедат соодветен кадар. Така што, некој мислел за тоа доколку дојде до ваква ситуација дека нема да има прекин на наставата и дека ќе се обезбеди соодветен кадар за да продолжи учебната година. Тоа не е проблемот, ние може да се надмудруваме, а најмалку сакам да се препукуваме преку медиумите, но се прави хајка на штрајкот и дека СОНК е единствениот виновник за оваа ситуација на неостварување на правата на децата. Два месеца преговаравме со надлежните, и по една недела штрајк, дури тогаш добиваме предлог за едно од прашањата, за другите ништо. И тоа устен предлог кој утре може да не важи и да речат: Извинете, условите се променија, не можеме ништо да ви удоволиме. Не велам дека ќе не излажат или дека нè лажат, но пристапот е многу несериозен - додаде претседателот на СОНК.

The post Неделков: Нема нов предлог за зголемување на платите, за прекин на штрајкот одлучува членството appeared first on Република.

]]>
Неделков: Почнаа жестоките напади, ако мислите дека ќе се прекине штрајкот, страшно се лажете https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-pochnaa-zestokite-napadi-ako-mislite-deka-kje-se-prekine-shtrajkot-strashno-se-lazete/ Mon, 18 Apr 2022 18:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=490201

„Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК“, напиша попладнево на Фејсбук првиот човек на синдикатот, Јаким Неделков.

Тој вели дека „со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот“.

Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е, пишува Неделков.

„Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК (Советот на СОНК), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе „разумна“ одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека „понудата не важи“. Не, благодариме!“, вели претседателот на СОНК.

И конечно, одредени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?, прашува тој.

„Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.

И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК, додава Неделков во објавата на Фејсбук.

The post Неделков: Почнаа жестоките напади, ако мислите дека ќе се прекине штрајкот, страшно се лажете appeared first on Република.

]]>

„Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК“, напиша попладнево на Фејсбук првиот човек на синдикатот, Јаким Неделков. Тој вели дека „со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот“.
Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е, пишува Неделков.
„Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК (Советот на СОНК), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе „разумна“ одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека „понудата не важи“. Не, благодариме!“, вели претседателот на СОНК.
И конечно, одредени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?, прашува тој.
„Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.
И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК, додава Неделков во објавата на Фејсбук.
 
The post Неделков: Почнаа жестоките напади, ако мислите дека ќе се прекине штрајкот, страшно се лажете appeared first on Република.

]]>
Изгубените часови може да се надокнадат со поголема динамика и позбиена форма https://republika.mk/vesti/makedonija/izgubenite-chasovi-moze-da-se-nadoknadat-so-pogolema-dinamika-i-pozbiena-forma/ Sun, 17 Apr 2022 15:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=489601

Скратената наставна програма предвидува наставната содржина да се реализира во целост во позбиена форма или со поголема динамика, истакна денеска претседателот на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Нашето убедување како наставници, посочи, е дека учениците нема да бидат скратени од понудата и можност да надоместат за тоа што сега го имаат изгубено.

Имаме искуство, сме работеле и друг пат во такви услови и за време на пандемијата кога наставните часови беа 30 минути, а требаше истата содржина да се реализира во рамки на 30 минути. Досега наставниците имаат изгубено зависи кој наставен предмет, еден, два или три, еветуално пет наставни часа ако е математика или јазик меѓутоа секој од наставниците знаат како тоа да го надоместат, рече Неделков, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој на прес-конференција соопшти дека генералниот штрајк на СОНК ќе продолжи и понатаму и оти Советот на СОНК одлучил да не го прифати предлогот на Владата за 10 процентно зголемување на платите, со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април.

The post Изгубените часови може да се надокнадат со поголема динамика и позбиена форма appeared first on Република.

]]>

Скратената наставна програма предвидува наставната содржина да се реализира во целост во позбиена форма или со поголема динамика, истакна денеска претседателот на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков. Нашето убедување како наставници, посочи, е дека учениците нема да бидат скратени од понудата и можност да надоместат за тоа што сега го имаат изгубено.