Самопрогласени „експерти“ и „нутриционисти“ преку „Тик ток“ советуваат дека со јадење на голема количина на тврдо варени јајца се зголемува и подигнува задникот и тоа „без вежбање“.
@hananerech Food that has helped me grow my glutes! Eat good!! 🫶🏽💪🏽 #transformation #fyp #gymtok #xyzbca #fitness #nutrition #fypシ #fitnessmotivation #gymtips #transformationvideo #food ♬ son original - 🎵
Станува збор за неколку видеа од Тик ток на кои самопрогласени нутриционисти велат дека со јадење на колку што можете повеќе варени јајца, вашиот задник ќе биде полн и подигнат „подобро отколку од вежбање“. Секако со вакви видеа лесно е да се заведат младите тинејџерки.
Дека овој опасен тренд од кратките видеа на интернет зема замав и на Балканот предупредува Тања Ј., мајка на 14-годишно девојче од Србија.
Забележав дека ќерка ми јаде голема количина варени јајца секој ден, иако знам дека не е љубител на јајца. Кога ја прашав што прави прво се обиде да ме излаже, но потоа ми призна дека тоа е тренд на „Тик ток“ и дека јаде речиси 15 јајца дневно за да го подигне задникот и тој да ѝ биде во подобра форма отколку да оди во теретана. Останав без зборови, бесна и исплашена. Тоа не е нормално, не е здраво, бидејќи лекарите советуваат јајца да се јадат умерено. Навистина апелирам до родителите да се грижат и да бидат повеќе вклучени со своите деца, бидејќи вакви работи може да се пропуштат!, вели таа.
Зборувајќи за тоа колку опасен и погрешен е овој „совет“, сертифицираниот нутриционист Бојка Динева Јовановска од Здружението за нутриционизам и диететика „Цд Диет Клуб Бојка“ за „Република“ вели дека штетата може да биде многу голема по нивното здравје со несакани последици:
- Зголемување на ЛДЛ лошиот холестерол
- Замастување на црн дроб
- Згрутчување на крвните садови
- Хормонален дисбаланс
- Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања
- Преоптоварување на жолчката (жолчното кесе)
- Опстипација (нередовно празнење на цревата)
- Стрес
- Агресија
- Нервоза,
кои што ќе произлезат од крајниот непосакуван резултат, а тоа доведува до големо разочарување.
Сè повеќе на социјалниte мрежи се шират разни реклами со препарати за слабеење кои ветуваат брзи резултати за кратко време. Разни видови на напитоци, прашоци, таблети, креми итн. Сето тоа е само една лага. Резултати не може да се добијат преку ноќ, волшебно стапче не постои. Со повеќе труд и желба, здрава исхрана и вежбање до солидни резултати, потенцира Динева Јовановска, која е и автор на книгата со здрави рецепти „За здрава храна“ - едно убаво четиво за подобар, успешен и исполнет животен век.
Таа препорачува дека правилната дневна доза за возрасните е две јајца, варени како ужинка со свеж зеленчук или како омлет за време на ручек со свежа салата.
За младите коишто вежбаат и сакаат да изгледаат фит и здраво, препорачувам консумирање на 3 до 5 живи јајца од препелица (зависно од возраста), наутро во смути. Јајцата од препелица се невидена биогена енергија, полни се со витамини и минерали, и есенцијални аминокиселини.
Даваат енергија и го подобруваат целокупното здравје, вели Динева Јовановска.
The post Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска appeared first on Република.
]]>Станува збор за неколку видеа од Тик ток на кои самопрогласени нутриционисти велат дека со јадење на колку што можете повеќе варени јајца, вашиот задник ќе биде полн и подигнат „подобро отколку од вежбање“. Секако со вакви видеа лесно е да се заведат младите тинејџерки. Дека овој опасен тренд од кратките видеа на интернет зема замав и на Балканот предупредува Тања Ј., мајка на 14-годишно девојче од Србија.@hananerech Food that has helped me grow my glutes! Eat good!! 🫶🏽💪🏽 #transformation #fyp #gymtok #xyzbca #fitness #nutrition #fypシ #fitnessmotivation #gymtips #transformationvideo #food ♬ son original - 🎵
Забележав дека ќерка ми јаде голема количина варени јајца секој ден, иако знам дека не е љубител на јајца. Кога ја прашав што прави прво се обиде да ме излаже, но потоа ми призна дека тоа е тренд на „Тик ток“ и дека јаде речиси 15 јајца дневно за да го подигне задникот и тој да ѝ биде во подобра форма отколку да оди во теретана. Останав без зборови, бесна и исплашена. Тоа не е нормално, не е здраво, бидејќи лекарите советуваат јајца да се јадат умерено. Навистина апелирам до родителите да се грижат и да бидат повеќе вклучени со своите деца, бидејќи вакви работи може да се пропуштат!, вели таа.Зборувајќи за тоа колку опасен и погрешен е овој „совет“, сертифицираниот нутриционист Бојка Динева Јовановска од Здружението за нутриционизам и диететика „Цд Диет Клуб Бојка“ за „Република“ вели дека штетата може да биде многу голема по нивното здравје со несакани последици: - Зголемување на ЛДЛ лошиот холестерол - Замастување на црн дроб - Згрутчување на крвните садови - Хормонален дисбаланс - Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања - Преоптоварување на жолчката (жолчното кесе) - Опстипација (нередовно празнење на цревата) - Стрес - Агресија - Нервоза, кои што ќе произлезат од крајниот непосакуван резултат, а тоа доведува до големо разочарување.
Сè повеќе на социјалниte мрежи се шират разни реклами со препарати за слабеење кои ветуваат брзи резултати за кратко време. Разни видови на напитоци, прашоци, таблети, креми итн. Сето тоа е само една лага. Резултати не може да се добијат преку ноќ, волшебно стапче не постои. Со повеќе труд и желба, здрава исхрана и вежбање до солидни резултати, потенцира Динева Јовановска, која е и автор на книгата со здрави рецепти „За здрава храна“ - едно убаво четиво за подобар, успешен и исполнет животен век.Таа препорачува дека правилната дневна доза за возрасните е две јајца, варени како ужинка со свеж зеленчук или како омлет за време на ручек со свежа салата.
За младите коишто вежбаат и сакаат да изгледаат фит и здраво, препорачувам консумирање на 3 до 5 живи јајца од препелица (зависно од возраста), наутро во смути. Јајцата од препелица се невидена биогена енергија, полни се со витамини и минерали, и есенцијални аминокиселини. Даваат енергија и го подобруваат целокупното здравје, вели Динева Јовановска.
The post Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска appeared first on Република.
]]>Шпанскиот омлет е јадење што се приготвува од намирници кои сигурно ги имате дома. Но ако го нарачате во ресторан, порцијата може да биде поскапа и од 500 денари! Но ако го приготвувате дома, ќе ви излезе многу евтино!
Состојки:
500 г компир
150 мл масло
6 јајца
1 кромид
1/4 врзоп магдонос
сол и бибер
Излупете го компирот и исечкајте го на што поситни парчиња. Потоа, во тавче на малку масло продинстајте кромид, додајте компир, па поклопете и оставете да се динста додека омекне компирот. Изматете јајца, посолете ги и забиберите ги, па прелејте ги преку компирите. Поклопете и оставете да се испече. Додајте свеж магдонос и послужете.
The post Сиротинско јадење – се служи како специјалитет во елитни ресторани appeared first on Република.
]]>The post Сиротинско јадење – се служи како специјалитет во елитни ресторани appeared first on Република.
]]>Велигден е најголемиот христијански празник, а бојадисувањето јајца е една од најубавите традиции кои го придружуваат. Велигден 2024 година се паѓа во недела на 5 мај, со што завршува големиот велигденски пост, а јајцата се бојадисуваат веќе на Велики четврток, но ако задоцните, слободно можете да го направите тоа и во петок или сабота.
Секоја година се откриваат сè повеќе интересни техники, па доколку и вие уживате во оваа интересна активност, еве неколку предлози и идеи зкои можеби сè уште не сте ги пробале, а би можеле да го направат овогодинешниот Велигден уште поспецијален и пооригинален.
The post Вапцајте јајца со креп-хартија, со сода бикарбона, на пареа… appeared first on Република.
]]>The post Вапцајте јајца со креп-хартија, со сода бикарбона, на пареа… appeared first on Република.
]]>Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца.
Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото Предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството, вели за МИА професорот на Богословскиот факултет во Скопје, Ратомир Грозданоски.
Објаснувајќи го значењето на црвеното јајце и зошто е земено за традиција, Грозданоски појаснува дека велигденското јајце црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Првите Христијани и современици на апостолите почнале да вапцуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувјаќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!
Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден -денес е запазена во Светото Православие, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.
Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Бојата на јајцето не потсетува и на крвта Христова и на спасението.
Новиот коронавирус беше една од темите на денешниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква и соопштуваат дека „причестувањето не може да биде причина за пренесување на болести
Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна Причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристијата е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причесна ги украсува и Велигденските јајца.
Како што бојадисаните црвени јајца од Велики Четврток се јасна најава на блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики Четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.
Според Светото Предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносици прва го започнала овој обичај за Велигденските црвени јајца, вели Грозданоски, говорејќи за почетокот на традицијата на вапцување велигденски јајца.
Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господа Исуса Христа. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите: Христос Воскресе. Потоа му раскажала за се што ги учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.
Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонц
Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат: Христос Воскресе – Вистина Воскресе!
Православните христијани на Велигден подарувајќи си црвено јајце еден на друг или кршејќи се со него, всушност го симболизираат Христовото Воскресение и нашето спасение: победата над смртта – смрт на смртта. Затоа, овој обичај е израз на вера во Христовото Воскресение и вера во воскресение на мртвите. Тоа е надежта во спасението и идниот живот.
The post Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение appeared first on Република.
]]>The post Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение appeared first on Република.
]]>Во септември Хрватска ги имала најскапите јајца во Европската унија, откриваат новите податоци на Евростат и хрватското Министерство за земјоделство.
Според овие податоци, килограм јајца во Хрватска во септември чинат во просек по 2,75 евра, што е највисоко во ЕУ. Тоа е за околу 24 отсто повеќе отколку во септември минатата година.
На врвот се Австрија со 2,70 евра, Малта (2,57) и Италија (2,52 евра). Просекот на Европската Унија е 2,12 евра, што значи дека јајцата во Хрватска се за 30 отсто поскапи од просекот на ЕУ. Најевтини јајца се во Чешка (1,72 евра за килограм) и Кипар (1,73 евра).
The post Во Хрватска се продаваат најскапите јајца во ЕУ appeared first on Република.
]]>The post Во Хрватска се продаваат најскапите јајца во ЕУ appeared first on Република.
]]>Маските за коса од јајца се стар рецепт што го користат жените за нега на коса, а популарноста на овој третман не е намалена ниту денес. Јајцата се лесно достапни намирници, а најважни во нивниот состав се протеините, но тие содржат јаглехидрати, масни киселини, витамини од групата Б, калциум и железо.
Жолчките од јајце содржат витамини А, Б, Д и Е. Витамините А и Е особено ја хранат сувата коса, враќајќи го нејзиниот сјај и волумен, а витаминот Д помага во негување на тенка кршлива коса, која е одговорна за одржување рамнотежа на калциум и фосфор. Витамините Б се одлични за стимулирање на циркулацијата на крвта во скалпот, бидејќи ги стимулираат фоликулите и растот на косата. Маската за раст, волумен и густина на влакната од јајца, во комбинација со мед и чичково масло. Рецептот е многу едноставен, ќе ја нахрани косата и ќе поттикне побрз раст. Можете да го применувате третманот двапати неделно.
Во сад изматете 2 јајца, потоа во смесата две лажици чичково масло. Измешајте ги сите состојки добро, тие треба да се комбинираат. Нанесете ја добиената маска на скалпот и темелно масирајте го коренот на косата.Распоредете од корените до краевите, потоа завиткајте ја косата во пунџа и ставете капа за капење. Држете ја маската околу еден час, а потоа нежно исплакнете со топла вода и шампон.
Постојат различни варијанти и комбинации на маски за коса со јајца. Вака се прави маска за јајца со лимон и маслиново масло против првут. За сува коса, се нанесува маска од јајца, рицинусово масло, мед и кефир.
The post Маските за коса од јајца се стар рецепт што го користат жените за нега на коса appeared first on Република.
]]>The post Маските за коса од јајца се стар рецепт што го користат жените за нега на коса appeared first on Република.
]]>Скопјани последниве неколку денови мака мачат да набават некои основни продукти. Или брзо се трошат, или се носат во мали количини, па кој начека во моментот купува, за веќе после кусо време да нема за другите. Еден таков прехрамбен производ кој по рафтовите во продавниците го нема ниту за лек, се јајцата.
Со денови ги обиколуваме маркетите, но јајца не можеме никаде да најдаме. Ниту во поголемите, ниту во помалите продавнички, се жалат скопјани.
Живинарските фарми пак нагласуваат дека нивниот аларм дека намалувањето на цените на јајцата ќе резултира со намалување на понудата, се покажа точен.
Намалувањето на цената на јајцата за 10 отсто се одразува врз нашето работење. Не е можно како основа за пресметка на продажната цена да се земе летната цена, која секогаш е пониска од цените во есен и зима. Не се исплаќа производството, тоа се намалува, па логично е и да нема јајца по продавниците. До кога ќе потрае ваквата ситуација не знаеме. Може ќе биде и полошо, со оглед на тоа дека допрва ни доаѓа периодот на зголемена потрошувачка, поради периодот на слави и други прослави, тврдат производителите на јајца.
The post Откако им се намали цената, низ продавниците нема јајца ниту за лек appeared first on Република.
]]>The post Откако им се намали цената, низ продавниците нема јајца ниту за лек appeared first on Република.
]]>Живинарските фарми реагираат дека се пред колапс по најновата одлука на владата да се замрзнат цените на нивото од први август и на тоа да се предвиди 10% поевтинување, пренесува „Канал 5“.
Од фармите предупредуваат дека ако не се ревидира оваа одлука, земјава може да остане без доволно домашно производство на конзумни јајца, бидејќи сите живинарски фарми по оваа цена би работеле со огромни загуби далеку под реалната производна цена. Причината зошто владината мерка е сега проблематична е што тие, поради намалена побарувачка во летниот период ја намалуваат цената до крајно ниско ниво коешто во август е дури и со загуба. Па така, ако сега се земе таа цена како основа за пресметка, тие нема да имаат друго решение освен да почнат да го намалуваат бројот на кокошки, а јајца нема да може по тие цени да се увезат од никаде што може да придонесе за криза во снабдувањето по маркетите
За овој проблем со дописи веќе ја известиле владата и надлежните, но сеуште немаат одговор. Апелираат цените да се одредат заеднички на реална основа, за да има поевтинување за граѓаните, но не и живинарските фарми да работат со загуби што ќе значи колапс на едно од ретките производства, кое целосно го снабдува домашниот пазар со свежи јајца.
The post Новите мерки ќе предизвикаат недостиг на јајца на пазарот: Живинарските фарми излегоа со предупредување appeared first on Република.
]]>The post Новите мерки ќе предизвикаат недостиг на јајца на пазарот: Живинарските фарми излегоа со предупредување appeared first on Република.
]]>Ете од Таче дознавме дека за некои работи требало да имаш „болс“ или што би рекле кумановци (ако се суди според нивниот експонент) – мадиња. Кои тој очигледно смета дека ги има. Веројатно мисли дека ги имал и Заев. Така, наспроти Бранко и Грујо (Бубенце на Снешка не го броиме оти тој ниту има, ниту нема), кои немале мадиња, тој и Црпе имале и донеле тешки одлуки за државата.
Толку за неговиот ментален склоп и за неговиот умствен апарат кој достига до мерење на мадињата. Што отприлика значи дека оние што имаат 80 и повеќе години и на кои им се до колена, можат да носат најдобри одлуки за државата без оглед на тежината на тие одлуки. Но, имајќи ја предвид напредноста на Таче и Црпе, не е чудо ако и тие се на ниво на 80-годишниците. Затоа и летно време не можат да носат кратки панталони до колена. Ќе им се видат… тешките одлуки.
Во секој случај, кога веќе се планира да се отвори Уставот за да се внесат Бугарите (па нашле дури 21 „експерт“ за тоа – жити мајка!), во деловите од Уставот каде се предвидени условите под кои некој може да биде пратеник, премиер, министер и претседател на државата, како функционери во чиј домен спаѓа носењето тешки одлуки, треба да се воведе и условот за големината на мадињата. Па, при поднесување кандидатура во ДИК, да се врши мерење и да се види дали го задоволува условот предвиден во Уставот. Не знам како ова ќе му се допадне на Даштевски, кој како претседател на ДИК ќе биде на вагата, ама што е тука е! Кога е во прашање државата и нејзиниот интерес, секоја жртва е мала.
Е, сега, колкави мадиња треба да се има за да се задоволи условот, односно каков критериум треба да се постави во Уставот, вреди да се праша некој од надвор оти нашиве не верувам дека знаат. На пример, во Брисел. И да се прати прашалник до сите оние што овој период ни велат да го смениме Уставот. Прашалникот ќе има само едно прашање: Колкави треба да бидат мадињата за да може некој да се кандидира за пратеник, премиер, министер или претседател на државата? Би можеле да прашаме и во Советот за безбедност на ООН, но таму има Кинези и Руси, а нивните мадиња ни е забрането да ги сакаме, па ќе останеме на западните, макар биле и помали.
Се разбира, ова ни отвора нов проблем. Што правиме со жените? Како ќе ги измериме нивните „болс“? Е, тука, не сум доволно паметен, па упатувам на Таче и Црпе и нивниот неисцрпен умствен капацитет. Нормално, сето тоа треба да биде усогласено со Брисел и со сите наши партнери од запад со кои сме „рамо до рамо“. Значи прашањето е – колкави треба да бидат мадињата на жените-функционерки и како да ги измериме?
Целата колумна на Дарко Јаневски на „Денешен“
The post Јаневски: Мадињата на Таче и како Македонците станаа Италијанци appeared first on Република.
]]>The post Јаневски: Мадињата на Таче и како Македонците станаа Италијанци appeared first on Република.
]]>По долгиот пост за Велигден треба да се внимава со храната, бидејќи често доаѓа до прејадување, мачнини, па дури и труење, и нередок случај е некој да заврши во болница.
Сите кои постеле едвај чекаат да вкусат јајца, месо и масна храна, а најчесто се случува да се прејадат и да си создадат здравствен проблем.
Но, и оние кои ги постеле само последните неколку дена, или пак, воопшто не постеле, мораат да внимаваат да не претераат со велигденските јајца. Тие се полни со холестерол и ако се консумираат во големи количини предизвикуваат закрчување на артериите.
Изедете само едно за адет, а докторите препорачуваат да се јаде најмногу две јајца за жените, а три за мажите.
Секако, вмавајте и со масната храна и пиењето, за да не му направите шок на организмот.
The post Без разлика дали сте постеле или не – внимателно со јајцата, еве колку смеете на ден appeared first on Република.
]]>The post Без разлика дали сте постеле или не – внимателно со јајцата, еве колку смеете на ден appeared first on Република.
]]>Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи.
Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата декларирани како “екстра” не повеќе од 9 дена.
Контролите на домашниот пазар се спроведуваат во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца, со акцент на нивното означување, условите на чување и складирање на овој прехранбен производ, за кој пред празниците постои зголемена побарувачка. Со засилените инспекциски контроли опфатени се и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, во поглед на тоа дали тие ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на боите, односно дали истите се во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитиви кои се користат во храната – вели директорот Бабовски.
Се контролира дали боите се соодветно означени и спакувани во оригинално пакување, бидејќи, додава тој, бојата во ринфуз состојба и без декларација е небезбедна.
Боите не смеат да претставуваат опасност за здравјето на луѓето и не смеат да влијаат на нутритивниот квалитет на храната. Затоа треба да се внимава, бои да се купуваат исклучиво од регистрирани оператори кои се под контрола на АХВ - објаснува директорот на АХВ.
Засилени се и контролите во месарниците и месарниците со работилници, кои вршат промет со свежо месо и подготовки од месо. Акцент на оваа категорија оператори со храна, ставена е на контролата на здравствената ознака на месото, комерцијалните документи, следливоста, условите за чување и одржувањето на ладниот ланец во прометот со месо и подготовките од месо, како и нивното декларирање.
Дел од засилените контроли се и другите прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот кај кои се проверуваат органолептичките карактеристики, како и условите на чување и складирање.
Како одговорна институција за безбедноста на храната, во пресрет на велигденските празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да купуваат исклучиво од регистрирани или одобрени оператори со храна, а секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на боите за јајца, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].
The post Засилени инспекции пред Велигден: Се контролираат јајцата, боите, месото appeared first on Република.
]]>Контролите на домашниот пазар се спроведуваат во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца, со акцент на нивното означување, условите на чување и складирање на овој прехранбен производ, за кој пред празниците постои зголемена побарувачка. Со засилените инспекциски контроли опфатени се и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, во поглед на тоа дали тие ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на боите, односно дали истите се во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитиви кои се користат во храната – вели директорот Бабовски.Се контролира дали боите се соодветно означени и спакувани во оригинално пакување, бидејќи, додава тој, бојата во ринфуз состојба и без декларација е небезбедна.
Боите не смеат да претставуваат опасност за здравјето на луѓето и не смеат да влијаат на нутритивниот квалитет на храната. Затоа треба да се внимава, бои да се купуваат исклучиво од регистрирани оператори кои се под контрола на АХВ - објаснува директорот на АХВ.Засилени се и контролите во месарниците и месарниците со работилници, кои вршат промет со свежо месо и подготовки од месо. Акцент на оваа категорија оператори со храна, ставена е на контролата на здравствената ознака на месото, комерцијалните документи, следливоста, условите за чување и одржувањето на ладниот ланец во прометот со месо и подготовките од месо, како и нивното декларирање. Дел од засилените контроли се и другите прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот кај кои се проверуваат органолептичките карактеристики, како и условите на чување и складирање. Како одговорна институција за безбедноста на храната, во пресрет на велигденските празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да купуваат исклучиво од регистрирани или одобрени оператори со храна, а секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на боите за јајца, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].
The post Засилени инспекции пред Велигден: Се контролираат јајцата, боите, месото appeared first on Република.
]]>Владата денеска ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина што ја набавувале во јануари и февруари годинава.
Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.
-За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година, рече Ковачевски на прес-конференција по владината седница.
Овие мерки, укажа, не ги носиме произволно, туку се базирани врз аргументирани факти и анализи, кои се реализирани во изминатиот период.
Ковачевски порача дека ќе продолжат да ги следат случувањата на домашниот и на светските пазари и оти соодветно на тоа ќе реагираат со владините механизми.
Целта, нагласи, е да не дозволиме дисбаланс на домашниот пазар, што би се одразило и врз семејниот буџет на граѓаните.
Замрзнувањето на цената на јајцата и оризот, потсети премиерот, е продолжение на мерките со кои беа замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на дел од млечните производи. И овие одлуки, како и денешната, посочи, беа донесени врз основа на претходно направени анализи, а се во правец на заштита на интересите на граѓаните и заштита на домашниот пазар од нарушувања во однос на понудата и побарувачката.
Како што нагласи Ковачевски, Владата продолжува со трендот да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, со цел полесно справување на последиците од актуелната светска економска и енергетска криза. Ќе делуваат, најави, согласно потребите и интересите на граѓаните.
-Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Затоа и ги носиме сите овие мерки, за да олесниме на граѓаните и да го подобриме квалитетот на животот на сите, рече Ковачевски.
Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.
The post Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април appeared first on Република.
]]>-За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година, рече Ковачевски на прес-конференција по владината седница.Овие мерки, укажа, не ги носиме произволно, туку се базирани врз аргументирани факти и анализи, кои се реализирани во изминатиот период. Ковачевски порача дека ќе продолжат да ги следат случувањата на домашниот и на светските пазари и оти соодветно на тоа ќе реагираат со владините механизми. Целта, нагласи, е да не дозволиме дисбаланс на домашниот пазар, што би се одразило и врз семејниот буџет на граѓаните. Замрзнувањето на цената на јајцата и оризот, потсети премиерот, е продолжение на мерките со кои беа замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на дел од млечните производи. И овие одлуки, како и денешната, посочи, беа донесени врз основа на претходно направени анализи, а се во правец на заштита на интересите на граѓаните и заштита на домашниот пазар од нарушувања во однос на понудата и побарувачката. Како што нагласи Ковачевски, Владата продолжува со трендот да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, со цел полесно справување на последиците од актуелната светска економска и енергетска криза. Ќе делуваат, најави, согласно потребите и интересите на граѓаните.
-Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Затоа и ги носиме сите овие мерки, за да олесниме на граѓаните и да го подобриме квалитетот на животот на сите, рече Ковачевски.Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.
The post Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април appeared first on Република.
]]>Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати.
Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата.
-Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.
Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.
Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници.
-За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши.
The post Од денеска ќе јадеме јаjца и ориз по замрзнати цени appeared first on Република.
]]>-Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија. Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници.
-За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши.
The post Од денеска ќе јадеме јаjца и ориз по замрзнати цени appeared first on Република.
]]>Утре ќе се замрзне цената на јајцата, но ќе се донесе и одлука за ограничување на нивниот извоз, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, ако земјава донесе забрана за извоз, тоа ќе биде спротивно на ЦЕФТА договорите и спогодбите за слободна трговија со ЕУ поради што се можни санкции.
Во делот на јајцата што се случува? Моментално се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот. Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз. За да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно тоа што било и претходно, ние утре нема да носиме само одлука за замрзнување на цената на јајцата, ова сега можам да го кажам за да се подготват и производителите, туку и ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извозот. Процентуално ќе ограничиме колку може како производство да излезе надвор од Република Македонија, објасни Бектеши.
The post Утре одлука за ограничен извоз на јајцата appeared first on Република.
]]>Во делот на јајцата што се случува? Моментално се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот. Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз. За да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно тоа што било и претходно, ние утре нема да носиме само одлука за замрзнување на цената на јајцата, ова сега можам да го кажам за да се подготват и производителите, туку и ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извозот. Процентуално ќе ограничиме колку може како производство да излезе надвор од Република Македонија, објасни Бектеши.
The post Утре одлука за ограничен извоз на јајцата appeared first on Република.
]]>Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата.
Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.
Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март.
Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот.
Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.
Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.
Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.
The post Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата appeared first on Република.
]]>Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија. Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.
The post Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата appeared first on Република.
]]>Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шеќерот, јајцата и оризот.
Сè уште се прават анализите и, како што информира Бектеши, најверојатно ќе бидат готови утре, кон крајот на денот.
Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот маркет заедно со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
The post Идната недела ќе се знае дали шеќерот, јајцата и оризот ќе бидат поевтини appeared first on Република.
]]>Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот маркет заедно со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
The post Идната недела ќе се знае дали шеќерот, јајцата и оризот ќе бидат поевтини appeared first on Република.
]]>Цените на јајцата во Европската унија во јануари годинава биле во просек за 30 проценти повисоки во споредба со јануари 2022 година, покажуваат податоците на Евростат. Најмногу јајцата поскапеле во Чешка (85%), Унгарија (80%) и Словачка (79%).
Иако според различна методологија, кај нас, според Евростат, цената на јајцата во јануари 2023 година е зголемена за 26,7 проценти. Во земјите од регионот јајцата во јануари 2023 најмногу поскапеле во Црна Гора 60 проценти, 39 отсто во Албанија и 31,2% во Србија.
Според Земјоделско пазарниот информативен систем на Министерството за земјоделство, раст од 29,1 процент има кај најбараниот тип јајца од класа А, со големина Л од 6,15 денари просечна цена во 2021 година, на 7,94 денари просечна цена во 2022 година, додека кај М големината има раст од скоро 45 отсто и на пазарот во 2022 година се нуделе по цена од 7,42 отсто. Драстичен пораст на цените на јајцата има кај С големина од речиси 93 отсто, на кои просечната цена од 2,9 денари во 2021 година, пораснала на 5,59 денари во 2022 година.
Значителен раст на цените на храната во 2022 има на сите основните продукти. Според податоците на Евростат просечната цена на земјоделските производи на ниво на ЕУ меѓу 2021 и 2022 година е 24 проценти. Најголем раст има кај житарките (45%), јајцата (43%) и млекото (31%).
The post Jајцата во ЕУ за една година во просек поскапеле за 30 проценти appeared first on Република.
]]>The post Jајцата во ЕУ за една година во просек поскапеле за 30 проценти appeared first on Република.
]]>Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
The post Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јацата и оризот appeared first on Република.
]]>The post Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јацата и оризот appeared first on Република.
]]>Популарниот британски готвач Џејмс Мартин советува да не се чуваат јајца во фрижидер бидејќи, како што вели, тоа влијае на нивниот вкус.
„Причината е тоа што јајцата го собираат мирисот на друга храна во фрижидерот, што може да влијае на нивниот вкус“, објасни тој.
Лушпата од јајцето е порозна, па лесно може да ги собере другите мириси, а овој готвач, како што вели, често го користи ова во својот ресторан за да ги подобри омлетите.
„Кога имам тартуфи, на пример, ги ставам во сад со ориз и одозгора ставам јајца, потоа се покриваме со проѕирна фолија и оставам преку ноќ. Кога наутро ќе ги скршам јајцата што беа покрај тартуфите и ќе направам омлет само со нив, ќе има вкус како да е направен од тартуфи“, рекол Џејмс.
Прехранбениот стручњак Крис Бисли, пак, делумно се сложува со Џејмс. Точно е дека не треба да се чуваат на променлива темепратура, вели тој, но препорачува сепак јајцата да останат во фрижидер. Но, не на вратата иако повеќето производители токму таму предвиделе место за јајца.
Најдобро е да се чуваат на константна температура, но на горната полица од фрижидерот, советува Бисли.
Иако можеби звучи како непотребен совет, причината на Бисли има смисла. Имено, вратата е најтоплото место во фрижидерот, а воедно е и местото каде што температурата постојано малку опаѓа, па повторно расте, поради отворање и затворање.
Затоа, како и сите високо расипливи намирници, најбезбедно е да ги ставите на горната полица, која е најстудена - изјави тој.
Освен тоа, тој советува јајцата да не се вадат од картонската кутија во која се купени, бидејќи тоа има своја намена. Имено, лушпата од јајцето е покриена со илјадници ситни пори кои лесно ги апсорбираат несаканите мириси и бактерии.
Чувањето на јајцата во кутија е најдобар начин да спречите бактериите да завршат на нив – рече тој. Инаку, јајцата кои се правилно чувани во фрижидер го одржуваат својот квалитет и свежина најмалку двојно подолго од оние кои се оставени на собна температура. Потоа треба да се јадат во рок од една до три недели, додека во фрижидер можат да траат и до шест недели.
The post Jајцата не треба да се чуваат во фрижидер, а уште помалку на вратата appeared first on Република.
]]>„Кога имам тартуфи, на пример, ги ставам во сад со ориз и одозгора ставам јајца, потоа се покриваме со проѕирна фолија и оставам преку ноќ. Кога наутро ќе ги скршам јајцата што беа покрај тартуфите и ќе направам омлет само со нив, ќе има вкус како да е направен од тартуфи“, рекол Џејмс.Прехранбениот стручњак Крис Бисли, пак, делумно се сложува со Џејмс. Точно е дека не треба да се чуваат на променлива темепратура, вели тој, но препорачува сепак јајцата да останат во фрижидер. Но, не на вратата иако повеќето производители токму таму предвиделе место за јајца.
Најдобро е да се чуваат на константна температура, но на горната полица од фрижидерот, советува Бисли.Иако можеби звучи како непотребен совет, причината на Бисли има смисла. Имено, вратата е најтоплото место во фрижидерот, а воедно е и местото каде што температурата постојано малку опаѓа, па повторно расте, поради отворање и затворање.
Затоа, како и сите високо расипливи намирници, најбезбедно е да ги ставите на горната полица, која е најстудена - изјави тој.Освен тоа, тој советува јајцата да не се вадат од картонската кутија во која се купени, бидејќи тоа има своја намена. Имено, лушпата од јајцето е покриена со илјадници ситни пори кои лесно ги апсорбираат несаканите мириси и бактерии.
Чувањето на јајцата во кутија е најдобар начин да спречите бактериите да завршат на нив – рече тој. Инаку, јајцата кои се правилно чувани во фрижидер го одржуваат својот квалитет и свежина најмалку двојно подолго од оние кои се оставени на собна температура. Потоа треба да се јадат во рок од една до три недели, додека во фрижидер можат да траат и до шест недели.
The post Jајцата не треба да се чуваат во фрижидер, а уште помалку на вратата appeared first on Република.
]]>Секој мава со тоа шо го има, коментира пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, коментирајќи ги денешните демонстрации во Охрид по повод отворањето на таканаречениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, именуван по бугарскиот цар под чие водство Бугарија се приклучи на Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија.
https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-ohrid-se-demolira-so-jajca/
Левичарите мавале со ЈАЈЦА по фашистите у Охрид!? Е ако де. Секој мава со тоа шо го има, коментира Апасиев, чија партија беше организатор на денешниот протест.
Левица денеска ја поднесе и иницијативата за референдум против пробугарскиот предлог.
Денес сме сведоци како се вее знамето на цар Борис, додека немаме никаква осуда од Владата на СДСМ и ДУИ. Напротив, вчера и отворено МНР на Бујар Османи директно застана на страната на промоција на фашизмот и побара да се почитува правото на почитување на сите граѓани, дури и на оние кои негуваат фашистички вредности, изјави генералната секретарка на партијата Јована Мојсоска.
The post Апасиев за јајцата фрлени по клубот „Цар Борис“: Секој мава со тоа што има appeared first on Република.
]]>Левичарите мавале со ЈАЈЦА по фашистите у Охрид!? Е ако де. Секој мава со тоа шо го има, коментира Апасиев, чија партија беше организатор на денешниот протест.Левица денеска ја поднесе и иницијативата за референдум против пробугарскиот предлог.
Денес сме сведоци како се вее знамето на цар Борис, додека немаме никаква осуда од Владата на СДСМ и ДУИ. Напротив, вчера и отворено МНР на Бујар Османи директно застана на страната на промоција на фашизмот и побара да се почитува правото на почитување на сите граѓани, дури и на оние кои негуваат фашистички вредности, изјави генералната секретарка на партијата Јована Мојсоска.
The post Апасиев за јајцата фрлени по клубот „Цар Борис“: Секој мава со тоа што има appeared first on Република.
]]>