Ете од Таче дознавме дека за некои работи требало да имаш „болс“ или што би рекле кумановци (ако се суди според нивниот експонент) – мадиња. Кои тој очигледно смета дека ги има. Веројатно мисли дека ги имал и Заев. Така, наспроти Бранко и Грујо (Бубенце на Снешка не го броиме оти тој ниту има, ниту нема), кои немале мадиња, тој и Црпе имале и донеле тешки одлуки за државата.

Толку за неговиот ментален склоп и за неговиот умствен апарат кој достига до мерење на мадињата. Што отприлика значи дека оние што имаат 80 и повеќе години и на кои им се до колена, можат да носат најдобри одлуки за државата без оглед на тежината на тие одлуки. Но, имајќи ја предвид напредноста на Таче и Црпе, не е чудо ако и тие се на ниво на 80-годишниците. Затоа и летно време не можат да носат кратки панталони до колена. Ќе им се видат… тешките одлуки.

Во секој случај, кога веќе се планира да се отвори Уставот за да се внесат Бугарите (па нашле дури 21 „експерт“ за тоа – жити мајка!), во деловите од Уставот каде се предвидени условите под кои некој може да биде пратеник, премиер, министер и претседател на државата, како функционери во чиј домен спаѓа носењето тешки одлуки, треба да се воведе и условот за големината на мадињата. Па, при поднесување кандидатура во ДИК, да се врши мерење и да се види дали го задоволува условот предвиден во Уставот. Не знам како ова ќе му се допадне на Даштевски, кој како претседател на ДИК ќе биде на вагата, ама што е тука е! Кога е во прашање државата и нејзиниот интерес, секоја жртва е мала.

Е, сега, колкави мадиња треба да се има за да се задоволи условот, односно каков критериум треба да се постави во Уставот, вреди да се праша некој од надвор оти нашиве не верувам дека знаат. На пример, во Брисел. И да се прати прашалник до сите оние што овој период ни велат да го смениме Уставот. Прашалникот ќе има само едно прашање: Колкави треба да бидат мадињата за да може некој да се кандидира за пратеник, премиер, министер или претседател на државата? Би можеле да прашаме и во Советот за безбедност на ООН, но таму има Кинези и Руси, а нивните мадиња ни е забрането да ги сакаме, па ќе останеме на западните, макар биле и помали.

Се разбира, ова ни отвора нов проблем. Што правиме со жените? Како ќе ги измериме нивните „болс“? Е, тука, не сум доволно паметен, па упатувам на Таче и Црпе и нивниот неисцрпен умствен капацитет. Нормално, сето тоа треба да биде усогласено со Брисел и со сите наши партнери од запад со кои сме „рамо до рамо“. Значи прашањето е – колкави треба да бидат мадињата на жените-функционерки и како да ги измериме?

Целата колумна на Дарко Јаневски на „Денешен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.