Популарниот британски готвач Џејмс Мартин советува да не се чуваат јајца во фрижидер бидејќи, како што вели, тоа влијае на нивниот вкус.

„Причината е тоа што јајцата го собираат мирисот на друга храна во фрижидерот, што може да влијае на нивниот вкус“, објасни тој.

Лушпата од јајцето е порозна, па лесно може да ги собере другите мириси, а овој готвач, како што вели, често го користи ова во својот ресторан за да ги подобри омлетите.

„Кога имам тартуфи, на пример, ги ставам во сад со ориз и одозгора ставам јајца, потоа се покриваме со проѕирна фолија и оставам преку ноќ. Кога наутро ќе ги скршам јајцата што беа покрај тартуфите и ќе направам омлет само со нив, ќе има вкус како да е направен од тартуфи“, рекол Џејмс.

Прехранбениот стручњак Крис Бисли, пак, делумно се сложува со Џејмс. Точно е дека не треба да се чуваат на променлива темепратура, вели тој, но препорачува сепак јајцата да останат во фрижидер. Но, не на вратата иако повеќето производители токму таму предвиделе место за јајца.

Најдобро е да се чуваат на константна температура, но на горната полица од фрижидерот, советува Бисли.

Иако можеби звучи како непотребен совет, причината на Бисли има смисла. Имено, вратата е најтоплото место во фрижидерот, а воедно е и местото каде што температурата постојано малку опаѓа, па повторно расте, поради отворање и затворање.

Затоа, како и сите високо расипливи намирници, најбезбедно е да ги ставите на горната полица, која е најстудена – изјави тој.

Освен тоа, тој советува јајцата да не се вадат од картонската кутија во која се купени, бидејќи тоа има своја намена. Имено, лушпата од јајцето е покриена со илјадници ситни пори кои лесно ги апсорбираат несаканите мириси и бактерии.

Чувањето на јајцата во кутија е најдобар начин да спречите бактериите да завршат на нив – рече тој. Инаку, јајцата кои се правилно чувани во фрижидер го одржуваат својот квалитет и свежина најмалку двојно подолго од оние кои се оставени на собна температура. Потоа треба да се јадат во рок од една до три недели, додека во фрижидер можат да траат и до шест недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.