извоз Archives - Република https://republika.mk/tema/izvoz/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 13:22:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извоз Archives - Република https://republika.mk/tema/izvoz/ 32 32 Намалена трговската размена во Македонија: Пад има и кај извозот и кај увозот https://republika.mk/vesti/ekonomija/namalena-trgovskata-razmena-vo-makedonija-pad-ima-i-kaj-izvozot-i-kaj-uvozot/ Mon, 04 Nov 2024 13:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=834044

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – септември годинава, изнесува 5 861.1 милион евра и бележи пад од 6.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 205.4 милиони евра, што е за 0.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит е 2 344.3 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 71.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – септември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

The post Намалена трговската размена во Македонија: Пад има и кај извозот и кај увозот appeared first on Република.

]]>

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – септември годинава, изнесува 5 861.1 милион евра и бележи пад од 6.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 205.4 милиони евра, што е за 0.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит е 2 344.3 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 71.4 %. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица. Во периодот јануари – септември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

The post Намалена трговската размена во Македонија: Пад има и кај извозот и кај увозот appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-rabotime-zemjodelskite-proizvodi-da-bidat-prepoznatlivi-nadvor-od-granitsite-i-da-go-namalime-uvozot-na-hrana-vo-makedonija-taka-ke-gi-zashtitime-i-zemjodeltsite/ Fri, 25 Oct 2024 09:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=830851

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.

„Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците.

„Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот.

Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна.

„Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот.

„Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој.

„Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот.

Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

The post Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците appeared first on Република.

]]>

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“. „Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски. Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците. „Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот. Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна. „Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски. Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот. „Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој. „Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот. Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

The post Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците appeared first on Република.

]]>
„Волстрит џуранал“: Западот е исплашен од нов „кинески шок“ https://republika.mk/vesti/svet/volstrit-dhuranal-zapadot-e-isplashen-od-nov-kineski-shok/ Tue, 26 Mar 2024 08:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=755176

Со цел дополнително да ја стимулира својата економија, официјален Пекинг го удвојува својот извоз во странство. Користејќи евтини државни заеми, кинеските компании го зголемуваат производството до обем што ги надминува потребите на домашниот пазар, пишува американскиот „Волстрит џурнал“.

Првиот „кинески шок“ се случи на крајот од 1990-2000 година. Тогаш, бумот на увозот на евтини кинески стоки доведе до банкрот на многу индустрии во западните земји. Само САД изгубија повеќе од 2 милиони работни места во периодот од 1999 до 2011 година

Сега, последиците од нов „кинески шок“ за западните економии може да бидат многу подраматични. Повеќе не зборуваме за кинески мебел, играчки и облека, туку за автомобили, електроника за широка потрошувачка и тешки инженерски производи - високотехнолошки производи со висока додадена вредност“, пишува во материјалот.

Според податоците на Светска банка, Кина учествувала со 31% од светското индустриско производство и 14% од вкупниот извоз на стоки во 2022 година. Две децении претходно, овие бројки беа 10% и 5%, соодветно.

„Гроут кристал“ претходно објави дека, според „Фајненшл тајмс“, Кина ја реструктуира светската трговија под нови услови.

The post „Волстрит џуранал“: Западот е исплашен од нов „кинески шок“ appeared first on Република.

]]>

Со цел дополнително да ја стимулира својата економија, официјален Пекинг го удвојува својот извоз во странство. Користејќи евтини државни заеми, кинеските компании го зголемуваат производството до обем што ги надминува потребите на домашниот пазар, пишува американскиот „Волстрит џурнал“. Првиот „кинески шок“ се случи на крајот од 1990-2000 година. Тогаш, бумот на увозот на евтини кинески стоки доведе до банкрот на многу индустрии во западните земји. Само САД изгубија повеќе од 2 милиони работни места во периодот од 1999 до 2011 година
Сега, последиците од нов „кинески шок“ за западните економии може да бидат многу подраматични. Повеќе не зборуваме за кинески мебел, играчки и облека, туку за автомобили, електроника за широка потрошувачка и тешки инженерски производи - високотехнолошки производи со висока додадена вредност“, пишува во материјалот.
Според податоците на Светска банка, Кина учествувала со 31% од светското индустриско производство и 14% од вкупниот извоз на стоки во 2022 година. Две децении претходно, овие бројки беа 10% и 5%, соодветно. „Гроут кристал“ претходно објави дека, според „Фајненшл тајмс“, Кина ја реструктуира светската трговија под нови услови.

The post „Волстрит џуранал“: Западот е исплашен од нов „кинески шок“ appeared first on Република.

]]>
Извозот со пад од 11,4 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/izvozot-so-pad-od-11-4-protsenti/ Thu, 07 Mar 2024 13:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=752293

Вкупниот обем на надворешна трговија на државава во јануари годинава изнесува 1 350.8 милиони евра евра. Извозот на стоки во јануари годинава е во вредност од 550.6 милиони евра и бележи пад од 11,4 проценти во однос на јануари лани. Вредноста на увeзената стока, пак, е 800.2 милиони евра, што е за 5,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за сттаистика, трговскиот дефицит, во јануари годинава изнесува 249.6 милиони евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други катализатори на носачи.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во јануари година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

The post Извозот со пад од 11,4 проценти appeared first on Република.

]]>

Вкупниот обем на надворешна трговија на државава во јануари годинава изнесува 1 350.8 милиони евра евра. Извозот на стоки во јануари годинава е во вредност од 550.6 милиони евра и бележи пад од 11,4 проценти во однос на јануари лани. Вредноста на увeзената стока, пак, е 800.2 милиони евра, што е за 5,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Како што објави денеска Државниот завод за сттаистика, трговскиот дефицит, во јануари годинава изнесува 249.6 милиони евра. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други катализатори на носачи. Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија. Во јануари година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

The post Извозот со пад од 11,4 проценти appeared first on Република.

]]>
Русија од денеска забрани извоз на бензин на шест месеци https://republika.mk/vesti/svet/rusija-od-deneska-zabrani-izvoz-na-benzin-na-shest-mesetsi/ Fri, 01 Mar 2024 10:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=749937

Руската влада објави дека од петок го забранува извозот на бензин на шест месеци, одлука донесена за „стабилизирање“ на цените на бензинските пумпи на домашниот пазар.

„Владата од 1 март воведува привремена забрана за извоз на бензин“, соопшти руската влада.

Мерката, која ќе важи шест месеци, до 31 август, треба да послужи за одржување на стабилна состојба на пазарот на горива во периодот на зголемена побарувачка во пролет, особено во неколку рафинерии, најави Владата.

Забраната не се однесува на испораките според меѓународните меѓувладини договори, вклучително и со земјите-членки на Евроазиската економска заедница – Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија, додаде владата.

Ваква мерка Русија веќе имаше во есента 2023 година поради поскапувањето на горивата на бензинските пумпи, поради што куповната моќ на Русите, веќе погодени од ослабената вредност на рубљата поради санкциите, постојано се намалуваше.

Според официјалните податоци, Русија во 2023 година произвела 43,9 милиони тони бензин.

Финансискиот прилив од продажбата на нафта и нафтени деривати е од суштинско значење за Москва во време кога нејзината економија се свртува кон воена економија за поддршка на воената офанзива во Украина.

Последната забрана за извоз беше воведена две недели пред претседателските избори.

The post Русија од денеска забрани извоз на бензин на шест месеци appeared first on Република.

]]>

Руската влада објави дека од петок го забранува извозот на бензин на шест месеци, одлука донесена за „стабилизирање“ на цените на бензинските пумпи на домашниот пазар. „Владата од 1 март воведува привремена забрана за извоз на бензин“, соопшти руската влада. Мерката, која ќе важи шест месеци, до 31 август, треба да послужи за одржување на стабилна состојба на пазарот на горива во периодот на зголемена побарувачка во пролет, особено во неколку рафинерии, најави Владата. Забраната не се однесува на испораките според меѓународните меѓувладини договори, вклучително и со земјите-членки на Евроазиската економска заедница – Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија, додаде владата. Ваква мерка Русија веќе имаше во есента 2023 година поради поскапувањето на горивата на бензинските пумпи, поради што куповната моќ на Русите, веќе погодени од ослабената вредност на рубљата поради санкциите, постојано се намалуваше. Според официјалните податоци, Русија во 2023 година произвела 43,9 милиони тони бензин. Финансискиот прилив од продажбата на нафта и нафтени деривати е од суштинско значење за Москва во време кога нејзината економија се свртува кон воена економија за поддршка на воената офанзива во Украина. Последната забрана за извоз беше воведена две недели пред претседателските избори.

The post Русија од денеска забрани извоз на бензин на шест месеци appeared first on Република.

]]>
Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prvite-11-mesetsi-od-2023-godina-pokrienosta-na-uvozot-so-izvozot-75-2-otsto/ Tue, 09 Jan 2024 13:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=731166

Во првите 11 месеци од минатата година од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 471,881 милијарди денари или 7,664 милијарди евра, односно 8,278 милијарди американски долари што е пораст од 0,1 отсто во однос на истиот период од претходната година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 627,225 милијарди денари или 10,187 милијарди евра, односно 11,006 милијарди американски долари што е за 8,4 помалку во споредба со првите 11 месеци од 2022 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во првите 11 месеци од 2023 година, изнесува 155,344 милијарди денари или 2,523 милијарди евра, односно 2,727 милијарди американски долари, а покриеноста на увозот со извоз е 75,2 отсто.

Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во првите 11 месеци од минатата година земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

The post Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто appeared first on Република.

]]>

Во првите 11 месеци од минатата година од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 471,881 милијарди денари или 7,664 милијарди евра, односно 8,278 милијарди американски долари што е пораст од 0,1 отсто во однос на истиот период од претходната година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 627,225 милијарди денари или 10,187 милијарди евра, односно 11,006 милијарди американски долари што е за 8,4 помалку во споредба со првите 11 месеци од 2022 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во првите 11 месеци од 2023 година, изнесува 155,344 милијарди денари или 2,523 милијарди евра, односно 2,727 милијарди американски долари, а покриеноста на увозот со извоз е 75,2 отсто. Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица. Во првите 11 месеци од минатата година земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

The post Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто appeared first on Република.

]]>
Падна германскиот извоз https://republika.mk/vesti/svet/padna-germanskiot-izvoz/ Thu, 03 Aug 2023 15:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=668348

Германскиот извоз речиси стагнираше и во јуни, додека увозот драстично падна, покажуваат податоците на Заводот за статистика, што сигнализира слаба домашна и странска побарувачка.

Извозот во јуни порасна за 0,1 отсто на месечно ниво, со исто темпо како и во мај, пресмета Дестатис врз основа на сезонски и календарски приспособени податоци. Увозот, пак, е намален за 3,4 отсто во однос на мај кога е зголемен за 1,4 отсто.

Така, надворешно-трговскиот биланс прикажа сезонски и календарски прилагоден суфицит од 18,7 милијарди евра, повисок за 28,1 отсто во однос на ревидираната вредност во мај. На годишно ниво, извозот во јуни е намален за 1,9 отсто, а увозот за 11,6 отсто. Извозот на стоки во другите членки на Европската унија е зголемен во јуни за 1,3 отсто во однос на мај, на 71,5 милијарди евра. Извозот во САД, главниот пазар, речиси стагнира, останувајќи на ниво од 12,7 милијарди евра.

Извозот во Кина е намален за 5,9 отсто, на 8,2 милијарди евра, објави Заводот за статистика. Германија увезла најмногу стоки од Кина во јуни, во вредност од 14 милијарди евра, 5,3 отсто повеќе отколку во мај. Увозот од САД е намален за 1,2 отсто, на 7,5 милијарди евра.

Извозот во Русија е намален за 2,3 отсто во однос на мај, на 700 милиони евра. Увозот, пак, е зголемен за 16,5 отсто, на 300 милиони евра. Расположението во германската извозна индустрија малку се влоши во јули, според истражувањето на институтот ИФО, минатата недела.

-Странската побарувачка е прилично слаба, рече шефот на истражувањето на ИФО, Клаус Волербе, издвојувајќи го влијанието на рестриктивната монетарна политика во САД и Европа.

The post Падна германскиот извоз appeared first on Република.

]]>

Германскиот извоз речиси стагнираше и во јуни, додека увозот драстично падна, покажуваат податоците на Заводот за статистика, што сигнализира слаба домашна и странска побарувачка. Извозот во јуни порасна за 0,1 отсто на месечно ниво, со исто темпо како и во мај, пресмета Дестатис врз основа на сезонски и календарски приспособени податоци. Увозот, пак, е намален за 3,4 отсто во однос на мај кога е зголемен за 1,4 отсто. Така, надворешно-трговскиот биланс прикажа сезонски и календарски прилагоден суфицит од 18,7 милијарди евра, повисок за 28,1 отсто во однос на ревидираната вредност во мај. На годишно ниво, извозот во јуни е намален за 1,9 отсто, а увозот за 11,6 отсто. Извозот на стоки во другите членки на Европската унија е зголемен во јуни за 1,3 отсто во однос на мај, на 71,5 милијарди евра. Извозот во САД, главниот пазар, речиси стагнира, останувајќи на ниво од 12,7 милијарди евра. Извозот во Кина е намален за 5,9 отсто, на 8,2 милијарди евра, објави Заводот за статистика. Германија увезла најмногу стоки од Кина во јуни, во вредност од 14 милијарди евра, 5,3 отсто повеќе отколку во мај. Увозот од САД е намален за 1,2 отсто, на 7,5 милијарди евра. Извозот во Русија е намален за 2,3 отсто во однос на мај, на 700 милиони евра. Увозот, пак, е зголемен за 16,5 отсто, на 300 милиони евра. Расположението во германската извозна индустрија малку се влоши во јули, според истражувањето на институтот ИФО, минатата недела. -Странската побарувачка е прилично слаба, рече шефот на истражувањето на ИФО, Клаус Волербе, издвојувајќи го влијанието на рестриктивната монетарна политика во САД и Европа.

The post Падна германскиот извоз appeared first on Република.

]]>
Српска компанија обвинета дека во Русија извезува муниција набавена од Белгија за српски потреби https://republika.mk/vesti/balkan/srpska-kompanija-obvineta-deka-vo-rusija-izvezuva-munitsija-nabavena-od-belgija-za-srpski-potrebi/ Tue, 25 Jul 2023 17:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=663994

Белгискиот јавен медиумски сервис „РТБФ“ објави дека дошол до податоци кои укажуваат дека српската компанија „Југоимпорт“ во Русија испратила муниција што претходно ја увезувала од белгиската компанија „Њу Лашосе“.

Според телевизијата, „Њу Лашосе“ отсекогаш бил поврзан со Русија и руската наменска индустрија, а сега, поради избувнувањето на војната во Украина, српскиот „Југоимпорт“ се користел како „трета страна“ за извоз на муниција во Институтот ТПЗ во Тула („Огранок на фабриката за кертриџ Тула“).

Во објавата се вели дека „свиркачите“ и протечените документи укажуваат дека се работи за муниција калибар 12,7 и 7,62х39мм.

Според нив, постои можност муницијата да завршила кај руски сојузници или приватни воени компании, имајќи предвид дека производството на руската наменска индустрија во моментов е фокусирано на снабдување на силите во воената зона. Сепак, не е невозможно, муницијата да ја користат и редовните руски сили.

Од белгиската компанија не се огласија по ова прашање, додека од „Југоимпорт“ за белгиски „РТБФ“ потврдуваат дека муницијата ја увезле, но негираат дека дополнително ја извезувале во Русија.

Сепак, Белгија донесе одлука да и ја суспендира дозволата за извоз на муниција во Србија на компанијата „Њу Лашосе“. Како образложение за таквата одлука се наведува дека лиценцата бара крајниот корисник да биде Министерството за одбрана на Србија.

Приказната дополнително се усложнува со тоа што Србија треба да увезе муниција од НАТО калибар од Белгија (бидејќи, на пример, ги користи белгиските автомати „FN SCAR“ и автоматите „FN Minimi“), а не од советски/руски калибри што веќе ги произведува.

The post Српска компанија обвинета дека во Русија извезува муниција набавена од Белгија за српски потреби appeared first on Република.

]]>

Белгискиот јавен медиумски сервис „РТБФ“ објави дека дошол до податоци кои укажуваат дека српската компанија „Југоимпорт“ во Русија испратила муниција што претходно ја увезувала од белгиската компанија „Њу Лашосе“. Според телевизијата, „Њу Лашосе“ отсекогаш бил поврзан со Русија и руската наменска индустрија, а сега, поради избувнувањето на војната во Украина, српскиот „Југоимпорт“ се користел како „трета страна“ за извоз на муниција во Институтот ТПЗ во Тула („Огранок на фабриката за кертриџ Тула“). Во објавата се вели дека „свиркачите“ и протечените документи укажуваат дека се работи за муниција калибар 12,7 и 7,62х39мм. Според нив, постои можност муницијата да завршила кај руски сојузници или приватни воени компании, имајќи предвид дека производството на руската наменска индустрија во моментов е фокусирано на снабдување на силите во воената зона. Сепак, не е невозможно, муницијата да ја користат и редовните руски сили. Од белгиската компанија не се огласија по ова прашање, додека од „Југоимпорт“ за белгиски „РТБФ“ потврдуваат дека муницијата ја увезле, но негираат дека дополнително ја извезувале во Русија. Сепак, Белгија донесе одлука да и ја суспендира дозволата за извоз на муниција во Србија на компанијата „Њу Лашосе“. Како образложение за таквата одлука се наведува дека лиценцата бара крајниот корисник да биде Министерството за одбрана на Србија. Приказната дополнително се усложнува со тоа што Србија треба да увезе муниција од НАТО калибар од Белгија (бидејќи, на пример, ги користи белгиските автомати „FN SCAR“ и автоматите „FN Minimi“), а не од советски/руски калибри што веќе ги произведува.

The post Српска компанија обвинета дека во Русија извезува муниција набавена од Белгија за српски потреби appeared first on Република.

]]>
Не преплавија домати, краставици, риба: Расте увозот на албански производи во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-preplavija-domati-krastavitsi-riba-raste-uvozot-na-albanski-proizvodi-vo-makedonija-se-namaluva-izvozot-na-makedonski-vo-albanija/ Thu, 29 Jun 2023 07:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=656296

Во првите пет месеци од годинава албанскиот извоз во Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година.

Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во  Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра.

Наспроти растот на албанскиот извоз се намалува увозот на македонски производи во Албанија.

Во овој извештаен период забележан е пад на увозот на стоки од  Македонија и тоа за 813 милиони лека(7,5 милиони евра). Според податоците, увозот резултира со бројки од 5,8 милијарди лека (53,7 милиони евра) наспроти 6,6 милијарди лека (61,1 милиони евра) колку што бил во првите пет месеци од 2022 година, наведува ИНСТАТ.

Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, производи од тесто итн.

Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година трговијата меѓу двете земји е либерализирана и работи без царински давачки.

The post Не преплавија домати, краставици, риба: Расте увозот на албански производи во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во првите пет месеци од годинава албанскиот извоз во Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година. Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во  Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра. Наспроти растот на албанскиот извоз се намалува увозот на македонски производи во Албанија. Во овој извештаен период забележан е пад на увозот на стоки од  Македонија и тоа за 813 милиони лека(7,5 милиони евра). Според податоците, увозот резултира со бројки од 5,8 милијарди лека (53,7 милиони евра) наспроти 6,6 милијарди лека (61,1 милиони евра) колку што бил во првите пет месеци од 2022 година, наведува ИНСТАТ. Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, производи од тесто итн. Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година трговијата меѓу двете земји е либерализирана и работи без царински давачки.

The post Не преплавија домати, краставици, риба: Расте увозот на албански производи во Македонија appeared first on Република.

]]>
Раст на извозот, пад на увозот во првите четири месеци од годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/rast-na-izvozot-pad-na-uvozot-vo-prvite-chetiri-mesetsi-od-godinava/ Wed, 07 Jun 2023 12:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=648860

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 893 786 000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − април годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

The post Раст на извозот, пад на увозот во првите четири месеци од годинава appeared first on Република.

]]>

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 893 786 000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали. Во периодот јануари − април годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

The post Раст на извозот, пад на увозот во првите четири месеци од годинава appeared first on Република.

]]>
Утре одлука за ограничен извоз на јајцата https://republika.mk/vesti/ekonomija/utre-odluka-za-ogranichen-izvoz-na-jajtsata/ Mon, 20 Mar 2023 12:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=621555

Утре ќе се замрзне цената на јајцата, но ќе се донесе и одлука за ограничување на нивниот извоз, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, ако земјава донесе забрана за извоз, тоа ќе биде спротивно на ЦЕФТА договорите и спогодбите за слободна трговија со ЕУ поради што се можни санкции.

Во делот на јајцата што се случува? Моментално се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот. Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз. За да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно тоа што било и претходно, ние утре нема да носиме само одлука за замрзнување на цената на јајцата, ова сега можам да го кажам за да се подготват и производителите, туку и ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извозот. Процентуално ќе ограничиме колку може како производство да излезе надвор од Република Македонија, објасни Бектеши.

 

The post Утре одлука за ограничен извоз на јајцата appeared first on Република.

]]>

Утре ќе се замрзне цената на јајцата, но ќе се донесе и одлука за ограничување на нивниот извоз, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, ако земјава донесе забрана за извоз, тоа ќе биде спротивно на ЦЕФТА договорите и спогодбите за слободна трговија со ЕУ поради што се можни санкции.
Во делот на јајцата што се случува? Моментално се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот. Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз. За да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно тоа што било и претходно, ние утре нема да носиме само одлука за замрзнување на цената на јајцата, ова сега можам да го кажам за да се подготват и производителите, туку и ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извозот. Процентуално ќе ограничиме колку може како производство да излезе надвор од Република Македонија, објасни Бектеши.
 

The post Утре одлука за ограничен извоз на јајцата appeared first on Република.

]]>
Грушко: Договорот за извоз на жито продолжен за 60 дена https://republika.mk/vesti/svet/grushko-dogovorot-za-izvoz-na-zhito-prodolzhen-za-60-dena/ Tue, 14 Mar 2023 09:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=619434

Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море е продолжен за 60 дена, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко.

Тој рече дека е потврдено оти договорот е дел од пакетот и дека условот е да се исполнат сите ветувања дадени на руската страна, пренесува РИА Новости.

Според Грушко, Руската Федерација ќе продолжи да бара отстранување на сите пречки за испорака на земјоделски производи на светските пазари.

Договорот, кој на 22 јули 2022 година го потпишаа претставници на Русија, Турција, Украина и ОН вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива од три пристаништа на Црното Море, вклучително и Одеса.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул е одговорен за координација на движењето на бродовите.

Договорот истече на 18 ноември минатата година, но неговите услови вклучуваа автоматско продолжување на 120 дена доколку нема забелешки од ниту една страна.

Самиот договор за жито е составен дел од пакетот, кој, меѓу другото, предвидува деблокирање на извозот на руска храна и ѓубрива.

Москва истакнува дека овој услов не бил исполнет и покрај уверувањата на ОН.

The post Грушко: Договорот за извоз на жито продолжен за 60 дена appeared first on Република.

]]>

Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море е продолжен за 60 дена, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко. Тој рече дека е потврдено оти договорот е дел од пакетот и дека условот е да се исполнат сите ветувања дадени на руската страна, пренесува РИА Новости. Според Грушко, Руската Федерација ќе продолжи да бара отстранување на сите пречки за испорака на земјоделски производи на светските пазари. Договорот, кој на 22 јули 2022 година го потпишаа претставници на Русија, Турција, Украина и ОН вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива од три пристаништа на Црното Море, вклучително и Одеса. Заедничкиот координативен центар во Истанбул е одговорен за координација на движењето на бродовите. Договорот истече на 18 ноември минатата година, но неговите услови вклучуваа автоматско продолжување на 120 дена доколку нема забелешки од ниту една страна. Самиот договор за жито е составен дел од пакетот, кој, меѓу другото, предвидува деблокирање на извозот на руска храна и ѓубрива. Москва истакнува дека овој услов не бил исполнет и покрај уверувањата на ОН.

The post Грушко: Договорот за извоз на жито продолжен за 60 дена appeared first on Република.

]]>
Домати, краставици, свежа риба, цитрусно овошје: Извозот на албански производи во Македонија во јануари скокнал за 26 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/domati-krastavitsi-svezha-riba-tsitrusno-ovoshje-testenini-izvozot-na-albanski-proizvodi-vo-makedonija-vo-januari-skoknal-za-26-milioni-evra/ Fri, 10 Mar 2023 17:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=618264

Во јануари е забележан раст на извозот на албански производи во Македонија за околу три милијарди леки односно над 26 милиони евра, јави албанската државна агенција, АТА.

Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешнотрговската размена, во текот на јануари за македонскиот пазар се извезени стоки во вредност од околу 4,4 милијарди леки.

Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, како и тестенини.

ИНСТАТ објави дека во првиот месец од годинава и увозот на македонски производи бележи раст и тоа за 200 милиони лека. Според податоците, увозот резултира со бројки од 818 милиони лека, наспроти 602 милиони колку што изнесувал во јануари 2022 година, наведува агенцијата.

Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година, трговијата меѓу двете земји е либерализирана и се одвива без царински давачки.

The post Домати, краставици, свежа риба, цитрусно овошје: Извозот на албански производи во Македонија во јануари скокнал за 26 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во јануари е забележан раст на извозот на албански производи во Македонија за околу три милијарди леки односно над 26 милиони евра, јави албанската државна агенција, АТА. Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешнотрговската размена, во текот на јануари за македонскиот пазар се извезени стоки во вредност од околу 4,4 милијарди леки. Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, како и тестенини.
ИНСТАТ објави дека во првиот месец од годинава и увозот на македонски производи бележи раст и тоа за 200 милиони лека. Според податоците, увозот резултира со бројки од 818 милиони лека, наспроти 602 милиони колку што изнесувал во јануари 2022 година, наведува агенцијата.
Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година, трговијата меѓу двете земји е либерализирана и се одвива без царински давачки.

The post Домати, краставици, свежа риба, цитрусно овошје: Извозот на албански производи во Македонија во јануари скокнал за 26 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Бугарски министер за одбрана: Не е тајна дека Бугарија извезувала оружје преку други земји во Украина https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-minister-za-odbrana-ne-e-tajna-deka-bugarija-izvezuvala-oruzhje-preku-drugi-zemji-vo-ukraina/ Mon, 23 Jan 2023 07:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=599730

Не е тајна дека Бугарија извезувала оружје во Украина преку други земји. Чудното во оваа ситуација е што овие информации ги добиваме од странски медиуми, а не од поранешниот премиер. Toa го изјави синоќа техничкиот министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов за локални медиуми. Изјавата беше дадена во врска со написот на германскиот весник „Велт“ во кој се тврди дека Бугарија испорачувала гориво и муниција на Украина во првите месеци од војната.

Во однос на муницијата ќе ви дадам пример – во 2021 година во Романија и Полска се извезуваше муниција во опсег од околу 30 милиони, во 2022 година – за 2,6 милијарди. Значи секој може да пресмета два плус два, изјави Стојанов.

Според мене, словото на законот е испочитувано бидејќи се работи за комерцијални трансакции. Духот на законот може да биде доведен во прашање, додаде тој.

Вицепремиерката Корнелија Нинова, која беше одговорна за ова, неколкупати рече дека не сме извезле ниту еден шаржер во Украина – директно не сме извезле, но индиректно да, од секаде информациите се такви, додаде тој.

The post Бугарски министер за одбрана: Не е тајна дека Бугарија извезувала оружје преку други земји во Украина appeared first on Република.

]]>

Не е тајна дека Бугарија извезувала оружје во Украина преку други земји. Чудното во оваа ситуација е што овие информации ги добиваме од странски медиуми, а не од поранешниот премиер. Toa го изјави синоќа техничкиот министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов за локални медиуми. Изјавата беше дадена во врска со написот на германскиот весник „Велт“ во кој се тврди дека Бугарија испорачувала гориво и муниција на Украина во првите месеци од војната. Во однос на муницијата ќе ви дадам пример – во 2021 година во Романија и Полска се извезуваше муниција во опсег од околу 30 милиони, во 2022 година – за 2,6 милијарди. Значи секој може да пресмета два плус два, изјави Стојанов. Според мене, словото на законот е испочитувано бидејќи се работи за комерцијални трансакции. Духот на законот може да биде доведен во прашање, додаде тој. Вицепремиерката Корнелија Нинова, која беше одговорна за ова, неколкупати рече дека не сме извезле ниту еден шаржер во Украина – директно не сме извезле, но индиректно да, од секаде информациите се такви, додаде тој.

The post Бугарски министер за одбрана: Не е тајна дека Бугарија извезувала оружје преку други земји во Украина appeared first on Република.

]]>
Се зголемил извозот, ама повеќе нараснал увозот: Извозот зголемен за 20.8, а увозот за 27.8 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-zgolemil-izvozot-ama-poveke-narasnal-uvozot-izvozot-zgolemen-za-20-8-a-uvozot-za-27-8-otsto/ Mon, 09 Jan 2023 12:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=594930

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 471 373 069 илјади денари и бележи пораст од 20.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 684 609 418 илјади денари, што е за 27.8 % повеќе во споредба со истиот период од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 213 236 349 илјади денари, а покриеноста на увозот со извоз е 68.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република  Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

The post Се зголемил извозот, ама повеќе нараснал увозот: Извозот зголемен за 20.8, а увозот за 27.8 отсто appeared first on Република.

]]>

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 471 373 069 илјади денари и бележи пораст од 20.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 684 609 418 илјади денари, што е за 27.8 % повеќе во споредба со истиот период од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 213 236 349 илјади денари, а покриеноста на увозот со извоз е 68.9 %. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали. Во периодот јануари – ноември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република  Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

The post Се зголемил извозот, ама повеќе нараснал увозот: Извозот зголемен за 20.8, а увозот за 27.8 отсто appeared first on Република.

]]>
Извозот на руски гас во Европа на најниско ниво во постсоветскиот период https://republika.mk/vesti/svet/izvozot-na-ruski-gas-vo-evropa-na-najnisko-nivo-vo-postsovetskiot-period/ Thu, 29 Dec 2022 08:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=591311

Извозот на руски гас во Европа во 2022 година падна на најниско ниво во постсоветскиот период, откако најголемиот купувач го намали увозот поради конфликтот во Украина, а главниот гасовод беше оштетен од експлозии.

Извршниот директор на Гаспром Алексеј Милер изјави дека извозот надвор од територијата на поранешниот Советски Сојуз оваа година ќе достигне 100,9 милијарди кубни метри гас, објави компанијата.

Во таа сума е вклучен и извозот во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир, преку кој Гаспром минатата година испорача 10,39 милијарди кубни метри гас.

Тоа е пад за повеќе од 45 отсто во однос на 185,1 милијарди кубни метри гас извезени во 2021 година и еден од најниските од распадот на советската држава во 1991 година .

Претходното постсоветско најниско ниво на извоз на Гаспром, кое компанијата го дефинира како продажба на гас во „далечно странство“, беше во 1995 година и изнесуваше 117,4 милијарди кубни метри, според податоците на Газпром експорт. с

The post Извозот на руски гас во Европа на најниско ниво во постсоветскиот период appeared first on Република.

]]>

Извозот на руски гас во Европа во 2022 година падна на најниско ниво во постсоветскиот период, откако најголемиот купувач го намали увозот поради конфликтот во Украина, а главниот гасовод беше оштетен од експлозии. Извршниот директор на Гаспром Алексеј Милер изјави дека извозот надвор од територијата на поранешниот Советски Сојуз оваа година ќе достигне 100,9 милијарди кубни метри гас, објави компанијата. Во таа сума е вклучен и извозот во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир, преку кој Гаспром минатата година испорача 10,39 милијарди кубни метри гас. Тоа е пад за повеќе од 45 отсто во однос на 185,1 милијарди кубни метри гас извезени во 2021 година и еден од најниските од распадот на советската држава во 1991 година . Претходното постсоветско најниско ниво на извоз на Гаспром, кое компанијата го дефинира како продажба на гас во „далечно странство“, беше во 1995 година и изнесуваше 117,4 милијарди кубни метри, според податоците на Газпром експорт. с

The post Извозот на руски гас во Европа на најниско ниво во постсоветскиот период appeared first on Република.

]]>
Путин од први февруари забранува извоз на земјите кои ја ограничија цената на руската нафта https://republika.mk/vesti/svet/putin-od-prvi-fevruari-zabranuva-izvoz-na-zemjite-koi-ja-ogranichija-tsenata-na-ruskata-nafta/ Tue, 27 Dec 2022 18:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=590680

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува испорака на руска нафта за земјите кои воведоа ценовни ограничувања на нафтата и нафтените деривати.

Во документот, кој е објавен на порталот за правни информации, се наведува дека испораките на руска нафта се забранети доколку во договорите директно или индиректно е наведено ограничување на цената.

Забраната за испорака на нафта ќе стапи во сила на 1 февруари 2023 година и ќе важи до 1 јули следната година, а датумот на забраната за испорака на нафтени деривати ќе го одреди руската влада, се вели во документот.

Според декретот, Путин може да даде посебна дозвола за испораки на нафта и нафтени деривати без оглед на ценовната граница.

Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел што го договорија ЕУ, Г7 и Австралија стапи во сила на 5 декември, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.

Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на земји од Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари за барел.

The post Путин од први февруари забранува извоз на земјите кои ја ограничија цената на руската нафта appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува испорака на руска нафта за земјите кои воведоа ценовни ограничувања на нафтата и нафтените деривати. Во документот, кој е објавен на порталот за правни информации, се наведува дека испораките на руска нафта се забранети доколку во договорите директно или индиректно е наведено ограничување на цената. Забраната за испорака на нафта ќе стапи во сила на 1 февруари 2023 година и ќе важи до 1 јули следната година, а датумот на забраната за испорака на нафтени деривати ќе го одреди руската влада, се вели во документот. Според декретот, Путин може да даде посебна дозвола за испораки на нафта и нафтени деривати без оглед на ценовната граница. Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел што го договорија ЕУ, Г7 и Австралија стапи во сила на 5 декември, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци. Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на земји од Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари за барел.

The post Путин од први февруари забранува извоз на земјите кои ја ограничија цената на руската нафта appeared first on Република.

]]>
СТО: Земјите засилено го ограничуваат извозот на храна https://republika.mk/vesti/svet/sto-zemjite-zasileno-go-ogranichuvaat-izvozot-na-hrana/ Wed, 07 Dec 2022 10:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=582901

Земјите ширум светот ги олабавуваат прописите за увозот, а го ограничуваат извозот, особено на храната и ѓубривата, предупреди Светската трговска организација (СТО).

Во последните 12 месеци, до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки со кои ја унапредија трговската размена отколку ограничувањата, утврди СТО.

На тој начин, месечно, во просек, воведени се најмногу мерки за унапредување на трговијата од 2012 година, покажуваат пресметките на СТО.

Меѓутоа, со овие мерки, земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а најмногу го ограничуваа извозот, предупредува СТО, заклучувајќи дека извозните ограничувања ги надминале ограничувањата на увозот за прв пат од 2009 година, кога почнаа да се следат податоците.

Членките засилено ги применуваа новите ограничувања во трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата, а од неодамна и во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна, изјави шефицата на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала.

Во такви услови земјите првенствено го ограничуваа извозот на храна, утврди СТО.

Од 78 мерки за ограничување на извозот на прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната во Украина, кон крајот на февруари, 57 од нив сè уште се во сила, што одговара на приближно 56,6 милијарди долари трговска размена, наведува генералната директорка на СТО.

The post СТО: Земјите засилено го ограничуваат извозот на храна appeared first on Република.

]]>

Земјите ширум светот ги олабавуваат прописите за увозот, а го ограничуваат извозот, особено на храната и ѓубривата, предупреди Светската трговска организација (СТО). Во последните 12 месеци, до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки со кои ја унапредија трговската размена отколку ограничувањата, утврди СТО. На тој начин, месечно, во просек, воведени се најмногу мерки за унапредување на трговијата од 2012 година, покажуваат пресметките на СТО. Меѓутоа, со овие мерки, земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а најмногу го ограничуваа извозот, предупредува СТО, заклучувајќи дека извозните ограничувања ги надминале ограничувањата на увозот за прв пат од 2009 година, кога почнаа да се следат податоците. Членките засилено ги применуваа новите ограничувања во трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата, а од неодамна и во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна, изјави шефицата на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала. Во такви услови земјите првенствено го ограничуваа извозот на храна, утврди СТО. Од 78 мерки за ограничување на извозот на прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната во Украина, кон крајот на февруари, 57 од нив сè уште се во сила, што одговара на приближно 56,6 милијарди долари трговска размена, наведува генералната директорка на СТО.

The post СТО: Земјите засилено го ограничуваат извозот на храна appeared first on Република.

]]>
Ја спушта рампата: Од утре Русија забранува увоз на македонски јаболки https://republika.mk/vesti/ekonomija/ja-spushta-rampata-od-utre-rusija-zabranuva-uvoz-na-makedonski-jabolki/ Wed, 30 Nov 2022 09:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=579943

Од утре Русија воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија во Русија во врска со откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката од земјава. Ова се наведува во соопштението на надлежната институција Росселхознадзор.

Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја, но увезени под фитосанитарни сертификати од други држави. Мерките се преземени поради идентификација на исклучително опасен, за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија инскет – кафеава мермерна бубачка (Halyomorpha halys) во јаболка увезени од Македонија, се вели во извештајот.

Кафеавата мермерна бубачка е опасен штетник кој им се заканува на различни видови земјоделски производи, што може да доведе до намалување на приносите до 80 отсто од вредните култури, вклучително и житарките и овошјето, наведува агенцијата.

Штетата за руското земјоделство во зоната на потенцијална штетност на кафеавата мермерна бубачка може да биде и до 2 милијарди рубљи годишно, додава Росселхознадзор.

The post Ја спушта рампата: Од утре Русија забранува увоз на македонски јаболки appeared first on Република.

]]>

Од утре Русија воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија во Русија во врска со откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката од земјава. Ова се наведува во соопштението на надлежната институција Росселхознадзор. Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја, но увезени под фитосанитарни сертификати од други држави. Мерките се преземени поради идентификација на исклучително опасен, за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија инскет – кафеава мермерна бубачка (Halyomorpha halys) во јаболка увезени од Македонија, се вели во извештајот. Кафеавата мермерна бубачка е опасен штетник кој им се заканува на различни видови земјоделски производи, што може да доведе до намалување на приносите до 80 отсто од вредните култури, вклучително и житарките и овошјето, наведува агенцијата. Штетата за руското земјоделство во зоната на потенцијална штетност на кафеавата мермерна бубачка може да биде и до 2 милијарди рубљи годишно, додава Росселхознадзор.

The post Ја спушта рампата: Од утре Русија забранува увоз на македонски јаболки appeared first on Република.

]]>
Грција забрани извоз на дрво https://republika.mk/vesti/balkan/grcija-zabrani-izvoz-na-drvo/ Fri, 18 Nov 2022 09:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=575274

Владата на Грција забрани извоз на огревно дрво, објави Катимерини.

Идејата е да се обезбеди стабилност на внатрешниот пазар. Извозот е ретроактивно забранет.

Забраната важи за европските земји и за оние надвор од ЕУ. Секое прекршување е спротивно на царинскиот закон. Предвидени се казни кои почнуваат од 200 евра. Сите трговци мора да ја информираат состојбата на достапните количини. Се вршат редовни проверки. Дрвото е двојно поскапено во однос на минатата година. Ова исто така бара активности на кабинетот.

The post Грција забрани извоз на дрво appeared first on Република.

]]>

Владата на Грција забрани извоз на огревно дрво, објави Катимерини. Идејата е да се обезбеди стабилност на внатрешниот пазар. Извозот е ретроактивно забранет. Забраната важи за европските земји и за оние надвор од ЕУ. Секое прекршување е спротивно на царинскиот закон. Предвидени се казни кои почнуваат од 200 евра. Сите трговци мора да ја информираат состојбата на достапните количини. Се вршат редовни проверки. Дрвото е двојно поскапено во однос на минатата година. Ова исто така бара активности на кабинетот.

The post Грција забрани извоз на дрво appeared first on Република.

]]>