изјави Archives - Република https://republika.mk/tema/izjavi/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 11:17:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изјави Archives - Република https://republika.mk/tema/izjavi/ 32 32 Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/ Tue, 21 May 2024 11:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=780474

Беса Илјази, организациската директорка на Клиниката за токсикологија, која не комуницира на македонски јазик, издаде наредба со која на вработените на клиниката им се забранува да даваат изјави на новинарите.

Во Наредбата, објавена на огласна табла пишува:

„Организацискиот директор донесе наредба за забрана за неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување на конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично, со што би се нанело штета на интересите и на угледот на клиниката. Средби со новинари само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкции“, пишува во Наредбата.

Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023.

Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.

Државниот санитарен и здраввствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор утврди дека 5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/

The post Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите appeared first on Република.

]]>

Беса Илјази, организациската директорка на Клиниката за токсикологија, која не комуницира на македонски јазик, издаде наредба со која на вработените на клиниката им се забранува да даваат изјави на новинарите. Во Наредбата, објавена на огласна табла пишува:
„Организацискиот директор донесе наредба за забрана за неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување на конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично, со што би се нанело штета на интересите и на угледот на клиниката. Средби со новинари само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкции“, пишува во Наредбата.
Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот. Државниот санитарен и здраввствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор утврди дека 5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија. https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/

The post Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Заседаваат ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат соопштени новите одлуки на партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-zasedavaat-ik-i-tsk-na-vmro-dpmne-ke-bidat-soopshteni-novite-odluki-na-partijata/ Thu, 11 Jan 2024 17:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=732099

Вечерва заседаваат ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на седницата предвидена е изјава за медиумите.

Почитувани, Ве известуваме дека денеска (11.01.2024) во 19:15 часот по завршување на седниците на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, пред Централен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе биде дадена изјава за медиуми, информираат од партијата.

https://www.youtube.com/watch?v=BNw6FeNKSZw

The post Следете во живо: Заседаваат ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат соопштени новите одлуки на партијата appeared first on Република.

Истекува рокот за поднесување изјава за членовите со бенифициран стаж https://republika.mk/vesti/ekonomija/istekuva-rokot-za-podnesuvane-izjava-za-chlenovite-so-benifitsiran-stazh/ Mon, 17 Jul 2023 11:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=662266

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) потсетува дека на 20-ти месецов истекува рокот за поднесување Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд.

Согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 април 2023 година година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 20 јули 2023 година, соопшти денеска МАПАС.

Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јули не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметки на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фондот на ПИОСМ).

Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија. Членовите кои во претходните години доставиле Изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно да ја доставуваат истата Изјава, информира МАПАС.

Повеќе информации за бенифициран стаж и Изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд се достапни на следниот линк:https://mapas.mk/obrasczi-i-izjavi .

The post Истекува рокот за поднесување изјава за членовите со бенифициран стаж appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) потсетува дека на 20-ти месецов истекува рокот за поднесување Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд. Согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 април 2023 година година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 20 јули 2023 година, соопшти денеска МАПАС. Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јули не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметки на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фондот на ПИОСМ). Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија. Членовите кои во претходните години доставиле Изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно да ја доставуваат истата Изјава, информира МАПАС. Повеќе информации за бенифициран стаж и Изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд се достапни на следниот линк:https://mapas.mk/obrasczi-i-izjavi .

The post Истекува рокот за поднесување изјава за членовите со бенифициран стаж appeared first on Република.

]]>
Изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов се најмалку европски и не одат во прилог на еден ваков убав настан, рече министерката за култура на отворањето на бугарскиот КИЦ во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/izjavite-na-bugarskiot-pratenik-kostadinov-se-najmalku-evropski-i-ne-odat-vo-prilog-na-eden-vakov-ubav-nastan-reche-ministerkata-za-kultura-na-otvoranjeto-na-bugarskiot-kic-vo-skopje/ Fri, 25 Nov 2022 14:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=578274

Секој политичар треба да сноси одговорност за она што го изјавува. Таквите изјави се најмалку европски и воопшто не одат во прилог на еден ваков убав настан како што е овој денеска, изјави министерката за култура Бисера Kостадиновска-Стојчевска на денешното отворање на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник и лидер на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов.

Костадинов, кој присуствуваше на денешното отворање на бугарскиот Културно-информативен центар, на почетокот на месецов изјави дека „Македонија е втора бугарска држава на Балканскиот Полуостров“ и се заложи „за обединување“ на земјава со Бугарија.

Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа, изјави во таа прилика Костадинов.

На изјавата на Костадинов реагираше нашето Министерство за надворешни работи, кое упати вербална нота до Софија, оценувајќи дека ваквите ставови се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи и не се во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатланско сојузништво.

Барајќи надлежните институции и политички претставници во Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии кон земјава, МНР во реакцијата потсети дека и минатиот месец упати вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи по повод изјавите на Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Бугарија.

Во нотата од 21 октомври МНР изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата на Костадинов во Собранието во Софија во која јавно се изразуваат иредентистички и територијални претензии кон земјава.

The post Изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов се најмалку европски и не одат во прилог на еден ваков убав настан, рече министерката за култура на отворањето на бугарскиот КИЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Секој политичар треба да сноси одговорност за она што го изјавува. Таквите изјави се најмалку европски и воопшто не одат во прилог на еден ваков убав настан како што е овој денеска, изјави министерката за култура Бисера Kостадиновска-Стојчевска на денешното отворање на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник и лидер на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов. Костадинов, кој присуствуваше на денешното отворање на бугарскиот Културно-информативен центар, на почетокот на месецов изјави дека „Македонија е втора бугарска држава на Балканскиот Полуостров“ и се заложи „за обединување“ на земјава со Бугарија.
Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа, изјави во таа прилика Костадинов.
На изјавата на Костадинов реагираше нашето Министерство за надворешни работи, кое упати вербална нота до Софија, оценувајќи дека ваквите ставови се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи и не се во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатланско сојузништво. Барајќи надлежните институции и политички претставници во Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии кон земјава, МНР во реакцијата потсети дека и минатиот месец упати вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи по повод изјавите на Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Бугарија. Во нотата од 21 октомври МНР изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата на Костадинов во Собранието во Софија во која јавно се изразуваат иредентистички и територијални претензии кон земјава.

The post Изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов се најмалку европски и не одат во прилог на еден ваков убав настан, рече министерката за култура на отворањето на бугарскиот КИЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Изјави по лидерската средба во Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-izjavi-po-liderskata-sredba-vo-sobranieto/ Mon, 07 Nov 2022 15:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=571024

Изјави за медиуми по лидерската средба на претседателите на парламентарните партии во Собранието.

На средбата што се одржа на покана на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски присуствуваа и лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Алтернатива Африм Гаши, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса на Албанците Арбен Таравари, на ВМРО-НП Љупчо Балковски, на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, на НСДП Горан Мисовски, на ГРОМ Стевче Јакимовски, на Социјалистичката партија Љупчо Димовски, на ЛДП Моника Зајкова, на Партијата на пензионерите Илија Николовски…

Не присуствува лидерите на Левица Димитар Апасиев и на Беса Биљал Касами.

The post ВО ЖИВО: Изјави по лидерската средба во Собранието appeared first on Република.

]]>

Изјави за медиуми по лидерската средба на претседателите на парламентарните партии во Собранието. На средбата што се одржа на покана на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски присуствуваа и лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Алтернатива Африм Гаши, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса на Албанците Арбен Таравари, на ВМРО-НП Љупчо Балковски, на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, на НСДП Горан Мисовски, на ГРОМ Стевче Јакимовски, на Социјалистичката партија Љупчо Димовски, на ЛДП Моника Зајкова, на Партијата на пензионерите Илија Николовски… Не присуствува лидерите на Левица Димитар Апасиев и на Беса Биљал Касами.

The post ВО ЖИВО: Изјави по лидерската средба во Собранието appeared first on Република.

]]>
Бучковски: Димитров со изјавите ги загрози нашите позиции со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/buchkovski-dimitrov-so-izjavite-gi-zagrozi-nashite-pozicii-so-bugarija/ Tue, 25 Jan 2022 22:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=449439

Доскорешниот специјален претставник на Владата во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека бил изненаден од нападот на поранешниот вицепремиер Никола Димитров кон Бујар Османи, а тоа, според Бучковски, било непотребно пред почнувањето на новата фаза од дијалогот со Бугарија.

Неговите изјави ме изненадија и сум прилично зачуден. Непотребно ги загрози нашите позиции во однос на Бугарија. Станува збор за искусен политичар и малце тоа беше неочекувано од негова страна“, рече Бучковски во гостувањето на емисијата „24 анализа“

Според него, новите преговори помеѓу Скопје и Софија водат кон придвижување и кон враќање на довербата.

Идеален рок за првите очекувања ќе бидат во првите трите месеци, а за мене е важно кој сè ќе влезе во тие групи. Проблемите не се само политички, двете општества се реално оддалечени едно од друго многу повеќе отколку пред година и пол. Но, за само една недела се направи многу повеќе отколку што се направи за една година. Во Бугарија има една критичка јавност која не е превладувачка, но која прави реални анализи. Доминира повеќе говорот на омраза кај бугарските политичари – рече Бучковски.

Тој смета дека не треба да се брза со работата на мешовитата историска Комисија.

Нема потреба од форсирање и од брзање Таму повеќе работи се случуваат меѓу двете заседанија на Комисијата. Таму постојано се разменуваат автентични документи и мислења, врз основа на кои треба да се постигнат резултати, додаде Бучковски.

The post Бучковски: Димитров со изјавите ги загрози нашите позиции со Бугарија appeared first on Република.