инвазија Archives - Република https://republika.mk/tema/invazija/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Mar 2022 09:26:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвазија Archives - Република https://republika.mk/tema/invazija/ 32 32 Високи разузнавачи тврдат дека Кина ја одложила инвазијата врз Тајван поради руските неуспеси во Украина https://republika.mk/vesti/svet/visoki-razuznavachi-tvrdat-deka-kina-ja-odlozila-invazijata-vrz-tajvan-poradi-ruskite-neuspesi-vo-ukraina/ Thu, 31 Mar 2022 09:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=481287

Високи тајвански и западни разузнавачи сметаат дека Кина ја одложила можната инвазија на Тајван за најмалку четири години, како реакција на воениот неуспех на Русија во Украина.

Според разузнавачките извештаи, кинескиот претседател, Си Џинпинг сега, наводно ќе ги анализира руските неуспеси во Украина пред да преземе каква било акција насочена кон островот кој не го признава суверенитетот на Пекинг, а кој Кина го смета за своја територија.

Чен Минг-тонг, шеф на тајванското биро за национална безбедност, тврди дека источноазиската суперсила нема да почне напад до крајот на претседателскиот мандат на тајванската претседателка, Каи Инг-вен, што завршува во 2026 година.

Лекцијата од Украина за Пекинг е дека не треба лесно да се носи одлука за почеток. Сега Пекинг ќе ги проучува недостатоците на Русија и ќе ја унапреди својата Народноослободителна армија. Ако војната почне, таа ќе биде сеопфатна, а Тајван мора да ги процени намерите на Пекинг во најширок можен опсег - вели Чен за „Тајмс“.

Осврнувајќи се на неодамнешното зајакнување на одбраната на Тајван, Чен додава:

Не седиме без работа и не чекаме пасивно.

По руската воена акцја во Украина, Тајван најави и дека ќе ја продолжи задолжителната воена служба во тековните четири месеци во обид да ја подобри својата одбрана.

Стравувањата од кинеско преземање на Тајван траат со години додека Кина продолжува да ги проширува своите воени капацитети и сè повеќе ја предизвикува американската глобална хегемонија.

Исто така, се верува дека Пекинг го зголемил својот нуклеарен арсенал во последните години по изградбата на комплексот силоси во пустината во провинцијата Ксинџијанг, кој се простира на околу 800 квадратни километри. Неодамна се покажа дека Кинезите се заинтересирани за изградба на брз „ракетен воз“ кој може да го пренесе нуклеарното оружје на Пекинг низ целата земја, што ќе го отежнува неговото следење и можноста за уништување.

Пекинг сака Тајван да се врати под кинеска контрола до 2050 година и ги отфрла споредбите со Украина, тврдејќи дека Тајван е „домашна работа“, додека Украина е суверена нација која е веќе меѓународно призната.

Чен, изјави и дека верува дека САД ќе одговорат ако Кина тргне на Тајван.

Ако САД можат да бидат вклучени до тој степен без акт за односите со Украина, САД само ќе бидат повеќе вклучени со нивниот Закон за односи со Тајван - вели Чен.

Веста дека кинескиот напад врз Тајван бил одложен беше поддржана од тврдењата на рускиот ФСБ свиркач, претходно овој месец.

Неименуван поединец од руската безбедносна служба, напишал писмо до Владимир Осечкин, руски дисидент со седиште во Франција, во кое тврди дека кинексиот претседател Кси Џинпинг планирал да го „преземе Тајван“, но дека сега, по настаните во Украина, таа можност е затворена.

Ву Чиан, портпарол на кинеското Министерство за одбрана, порача дека тајванските власти ја користат ситуацијата во Украина за да ги поттикнат стравувањата од конфронтација и војна.

Таквите дела му штетат на Тајван и само ќе го турнат Тајван во бездната на катастрофата - изјави портпаролот.

Како што растат тензиите, западните сојузници ја засилуваат својата безбедност.

Австралија објави дека ќе ја удвои големината на својата електронска шпионска агенција за да се бори против растечките сајбер напади.

Австралиската управа за сигнали (АСД) ќе вработи речиси 2.000 работници, додека владата, исто така, вети дека ќе ја зголеми посветеноста на земјата кон разузнавачката мрежа „Фајв Ајз“ (Five Eyes), која ги вклучува Обединетото Кралство, САД, Канада и Нов Зеланд.

The post Високи разузнавачи тврдат дека Кина ја одложила инвазијата врз Тајван поради руските неуспеси во Украина appeared first on Република.

]]>

Високи тајвански и западни разузнавачи сметаат дека Кина ја одложила можната инвазија на Тајван за најмалку четири години, како реакција на воениот неуспех на Русија во Украина. Според разузнавачките извештаи, кинескиот претседател, Си Џинпинг сега, наводно ќе ги анализира руските неуспеси во Украина пред да преземе каква било акција насочена кон островот кој не го признава суверенитетот на Пекинг, а кој Кина го смета за своја територија. Чен Минг-тонг, шеф на тајванското биро за национална безбедност, тврди дека источноазиската суперсила нема да почне напад до крајот на претседателскиот мандат на тајванската претседателка, Каи Инг-вен, што завршува во 2026 година.
Лекцијата од Украина за Пекинг е дека не треба лесно да се носи одлука за почеток. Сега Пекинг ќе ги проучува недостатоците на Русија и ќе ја унапреди својата Народноослободителна армија. Ако војната почне, таа ќе биде сеопфатна, а Тајван мора да ги процени намерите на Пекинг во најширок можен опсег - вели Чен за „Тајмс“.
Осврнувајќи се на неодамнешното зајакнување на одбраната на Тајван, Чен додава:
Не седиме без работа и не чекаме пасивно.
По руската воена акцја во Украина, Тајван најави и дека ќе ја продолжи задолжителната воена служба во тековните четири месеци во обид да ја подобри својата одбрана. Стравувањата од кинеско преземање на Тајван траат со години додека Кина продолжува да ги проширува своите воени капацитети и сè повеќе ја предизвикува американската глобална хегемонија. Исто така, се верува дека Пекинг го зголемил својот нуклеарен арсенал во последните години по изградбата на комплексот силоси во пустината во провинцијата Ксинџијанг, кој се простира на околу 800 квадратни километри. Неодамна се покажа дека Кинезите се заинтересирани за изградба на брз „ракетен воз“ кој може да го пренесе нуклеарното оружје на Пекинг низ целата земја, што ќе го отежнува неговото следење и можноста за уништување. Пекинг сака Тајван да се врати под кинеска контрола до 2050 година и ги отфрла споредбите со Украина, тврдејќи дека Тајван е „домашна работа“, додека Украина е суверена нација која е веќе меѓународно призната. Чен, изјави и дека верува дека САД ќе одговорат ако Кина тргне на Тајван.
Ако САД можат да бидат вклучени до тој степен без акт за односите со Украина, САД само ќе бидат повеќе вклучени со нивниот Закон за односи со Тајван - вели Чен.
Веста дека кинескиот напад врз Тајван бил одложен беше поддржана од тврдењата на рускиот ФСБ свиркач, претходно овој месец. Неименуван поединец од руската безбедносна служба, напишал писмо до Владимир Осечкин, руски дисидент со седиште во Франција, во кое тврди дека кинексиот претседател Кси Џинпинг планирал да го „преземе Тајван“, но дека сега, по настаните во Украина, таа можност е затворена. Ву Чиан, портпарол на кинеското Министерство за одбрана, порача дека тајванските власти ја користат ситуацијата во Украина за да ги поттикнат стравувањата од конфронтација и војна.
Таквите дела му штетат на Тајван и само ќе го турнат Тајван во бездната на катастрофата - изјави портпаролот.
Како што растат тензиите, западните сојузници ја засилуваат својата безбедност. Австралија објави дека ќе ја удвои големината на својата електронска шпионска агенција за да се бори против растечките сајбер напади. Австралиската управа за сигнали (АСД) ќе вработи речиси 2.000 работници, додека владата, исто така, вети дека ќе ја зголеми посветеноста на земјата кон разузнавачката мрежа „Фајв Ајз“ (Five Eyes), која ги вклучува Обединетото Кралство, САД, Канада и Нов Зеланд.

The post Високи разузнавачи тврдат дека Кина ја одложила инвазијата врз Тајван поради руските неуспеси во Украина appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Руската воена операција во Украина ќе трае колку што ќе биде потребно https://republika.mk/vesti/svet/kremlj-ruskata-voena-operacija-vo-ukraina-kje-trae-kolku-shto-kje-bide-potrebno/ Thu, 24 Feb 2022 13:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=463164

Кремљ денеска соопшти дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно, во зависност од нејзините „резултати“ и нејзиното „оправдување“, и додава дека Русите го поддржуваат нападот.

Русија почна инвазија врз Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва сака да наметне „неутрален статус“ на Украина, да ја демилитаризира и да ги отстрани „нацистите“ од земјата.

„Времетраењето (на операцијата) ќе биде одредено според нејзините резултати и нејзината оправданост. За тоа ќе одлучи врховниот командант на вооружените сили Владимир Путин“, рече Песков.

Тој тврди дека Москва не сака да ја „окупира Украина“ и дека иднината е „прашање на избор на украинскиот народ“.

„Теоретски, Украина треба да се ослободи и исчисти од нацистите“, изјави портпаролот на Кремљ.

Москва ги обвинува прозападните власти во Киев дека со помош на воени групи блиски до крајната десница организирале „геноцид“ на жителите кои зборуваат руски на исток.

Сепак, портпаролот на Кремљ не одговори на прашањето дали Москва го смета украинскиот претседател Володимир Зеленски за „нацист“.

Според него, одлуката за напад на Украина „била диктирана од грижата за иднината на Русија, која со недели барала од Западот да вети дека Киев никогаш нема да влезе во НАТО“.

Тој ја спомена „неутрализацијата на воениот потенцијал на Украина“, која „неодамна беше силно зајакната, дури и благодарение на акциите на странските земји“.

Песков исто така рече дека Москва е подготвена да разговара со украинските лидери за овие барања, доколку тие се „подготвени за дијалог“.

„Направивме се што можеме за да го направиме овој емотивен период што е можно пократок“, рече тој, додека рубљата беше во слободен пад на Московската берза.

Тој исто така рече дека „земја како Русија“ не може да биде изолирана на меѓународната сцена, и покрај заканите од Западот.

The post Кремљ: Руската воена операција во Украина ќе трае колку што ќе биде потребно appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно, во зависност од нејзините „резултати“ и нејзиното „оправдување“, и додава дека Русите го поддржуваат нападот. Русија почна инвазија врз Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва сака да наметне „неутрален статус“ на Украина, да ја демилитаризира и да ги отстрани „нацистите“ од земјата. „Времетраењето (на операцијата) ќе биде одредено според нејзините резултати и нејзината оправданост. За тоа ќе одлучи врховниот командант на вооружените сили Владимир Путин“, рече Песков. Тој тврди дека Москва не сака да ја „окупира Украина“ и дека иднината е „прашање на избор на украинскиот народ“. „Теоретски, Украина треба да се ослободи и исчисти од нацистите“, изјави портпаролот на Кремљ. Москва ги обвинува прозападните власти во Киев дека со помош на воени групи блиски до крајната десница организирале „геноцид“ на жителите кои зборуваат руски на исток. Сепак, портпаролот на Кремљ не одговори на прашањето дали Москва го смета украинскиот претседател Володимир Зеленски за „нацист“. Според него, одлуката за напад на Украина „била диктирана од грижата за иднината на Русија, која со недели барала од Западот да вети дека Киев никогаш нема да влезе во НАТО“. Тој ја спомена „неутрализацијата на воениот потенцијал на Украина“, која „неодамна беше силно зајакната, дури и благодарение на акциите на странските земји“. Песков исто така рече дека Москва е подготвена да разговара со украинските лидери за овие барања, доколку тие се „подготвени за дијалог“. „Направивме се што можеме за да го направиме овој емотивен период што е можно пократок“, рече тој, додека рубљата беше во слободен пад на Московската берза. Тој исто така рече дека „земја како Русија“ не може да биде изолирана на меѓународната сцена, и покрај заканите од Западот.

The post Кремљ: Руската воена операција во Украина ќе трае колку што ќе биде потребно appeared first on Република.

]]>
Инвазијата врз Украина започна, смета британскиот министер за здравство https://republika.mk/vesti/svet/invazijata-vrz-ukraina-zapochna-smeta-britanskiot-minister-za-zdravstvo/ Tue, 22 Feb 2022 09:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=461790

Јасно е, рускиот претседател Владимир Путин е решен да го нападне суверенитетот на Украина, инвазијата веќе започна, смета министерот за здравство на Велика Британија, Саџид Џавид.

Се будиме во еден многу мрачен ден за Европа, од тоа што веќе го видовме и разбравме денеска, јасно е, дека Русите, претседателот Путин, се решени да ги нападнат суверениетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет, изјави министерот за Скај Њуз.

Според него, по признавањето на украинските региони, Путин испратил тенкови и војници. – Со тоа може да се заклучи дека инвазијата е започната.

Џавид нагласи дека британскиот премиер Борис Џонсон, денеска ќе му се обрати на Парламентот во врска со ситуацијата во Украина.

The post Инвазијата врз Украина започна, смета британскиот министер за здравство appeared first on Република.

]]>

Јасно е, рускиот претседател Владимир Путин е решен да го нападне суверенитетот на Украина, инвазијата веќе започна, смета министерот за здравство на Велика Британија, Саџид Џавид. Се будиме во еден многу мрачен ден за Европа, од тоа што веќе го видовме и разбравме денеска, јасно е, дека Русите, претседателот Путин, се решени да ги нападнат суверениетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет, изјави министерот за Скај Њуз. Според него, по признавањето на украинските региони, Путин испратил тенкови и војници. – Со тоа може да се заклучи дека инвазијата е започната. Џавид нагласи дека британскиот премиер Борис Џонсон, денеска ќе му се обрати на Парламентот во врска со ситуацијата во Украина.

The post Инвазијата врз Украина започна, смета британскиот министер за здравство appeared first on Република.

]]>
Нови „откритија“ на американските разузнувачи: Русија планира кампања за апсење и атентати откако ќе направи инвазија врз Украина https://republika.mk/vesti/svet/novi-otkritija-na-amerikanskite-razuznuvachi-forin-polisi-tvrdi-deka-rusija-planira-kampanja-za-apsenje-i-atentati-otkako-kje-napravi-invazija-vrz-ukraina/ Fri, 18 Feb 2022 18:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=460612

САД имаат разузнавачки информации дека Русија подготвува списоци со украински политички фигури и други политички противници од висок ранг кои ќе бидат цел на апсење или атентат во случај на руски напад врз Украина, објави „Форин полиси“ (Foreign Policy).

Четири лица запознати со американското разузнавање изјавија за „Форин полиси“ дека ако Русија продолжи со плановите за инвазија на Украина, таа може да биде насочена кон истакнати политички противници, активисти за борба против корупцијата и белоруски и руски дисиденти кои живеат во егзил.

Петтиот извор, американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен, истакна дека САД ја намалуваат својата разузнавачка класификација со цел да ги споделат заканите за одредени групи во Украина со украинските владини претставници и другите партнери во регионот.

Како што видовме во минатото, очекуваме дека Русија ќе се обиде да наложи соработката преку заплашување и репресија. Овие дејствија, кои во минатите руски операции вклучуваа таргетирани убиства, киднапирања/присилни исчезнувања, притворања и употреба на тортура, најверојатно ќе бидат насочени кон оние кои се против руските акции, вклучително и руски и белоруски дисиденти во егзил во Украина, новинари и анти- корупциски активисти и ранливи популации, како што се верските и етничките малцинства - изјави американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

Портпарол на украинскиот претседател Володимир Зеленски не одговори веднаш на барањето за коментар на „Форин полиси“.

The post Нови „откритија“ на американските разузнувачи: Русија планира кампања за апсење и атентати откако ќе направи инвазија врз Украина appeared first on Република.

]]>

САД имаат разузнавачки информации дека Русија подготвува списоци со украински политички фигури и други политички противници од висок ранг кои ќе бидат цел на апсење или атентат во случај на руски напад врз Украина, објави „Форин полиси“ (Foreign Policy). Четири лица запознати со американското разузнавање изјавија за „Форин полиси“ дека ако Русија продолжи со плановите за инвазија на Украина, таа може да биде насочена кон истакнати политички противници, активисти за борба против корупцијата и белоруски и руски дисиденти кои живеат во егзил. Петтиот извор, американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен, истакна дека САД ја намалуваат својата разузнавачка класификација со цел да ги споделат заканите за одредени групи во Украина со украинските владини претставници и другите партнери во регионот.
Како што видовме во минатото, очекуваме дека Русија ќе се обиде да наложи соработката преку заплашување и репресија. Овие дејствија, кои во минатите руски операции вклучуваа таргетирани убиства, киднапирања/присилни исчезнувања, притворања и употреба на тортура, најверојатно ќе бидат насочени кон оние кои се против руските акции, вклучително и руски и белоруски дисиденти во егзил во Украина, новинари и анти- корупциски активисти и ранливи популации, како што се верските и етничките малцинства - изјави американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.
Портпарол на украинскиот претседател Володимир Зеленски не одговори веднаш на барањето за коментар на „Форин полиси“.

The post Нови „откритија“ на американските разузнувачи: Русија планира кампања за апсење и атентати откако ќе направи инвазија врз Украина appeared first on Република.

]]>