интеграции Archives - Република https://republika.mk/tema/integracii/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 11:08:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интеграции Archives - Република https://republika.mk/tema/integracii/ 32 32 Џафери на Самит на лидери во Котор: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-na-samit-na-lideri-vo-kotor-reformite-se-kluchen-chekor-za-doblizhuvane-na-regionot-vo-eu/ Thu, 16 May 2024 11:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=778771

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“, се обрати на Панелот „Состојбата на терен и идните планови-нов план за раст“. Во своето обраќање, претседателот на Владата истакна дека независно од тоа што Македонија се наоѓаше во предизборен период, за Владата, евроинтеграцијата беше врвен приоритет и беше фокусирана на спроведувањето на приоритетните реформи кои се важни за членството на државата во ЕУ.

„Владата која ја предводам, останува посветена на остварувањето на европската агенда, која бара спроведување на суштински реформи и усогласување со правото и стандардите на Европската Унија.

Дополнително, го поздравувам усвојувањето на Регулативата за Механизмот за реформи и раст, со која се обезбедени дополнителни финансиски средства за поддршка на реформите, а чие користење е поврзано со испорачување резултати. Изминатиов период, и покрај фактот што Македонија беше во изборен период, интензивно работевме на финализирање на нашата Реформска агенда 2024-2027. Последната нацрт верзија на Реформската агенда, одобрена од Владата, беше споделена со Европската комисија на почетокот на мај“, рече премиерот Џафери.

Во рамките на овој процес, потенцираше претседателот на Владата, Талат Џафери, изминативе два месеци, Македонија поднесе пред-апликација за членство во СЕПА, а Владата објави јавен повик на кој аплицираа повеќе македонски центри за дигитални иновации.

„Ова се мали, но значајни чекори кои ја потврдуваат насоката на движење на земјата. Со ист таков ентузијазам и посветеност очекувам да се спроведат најновите патокази кои се однесуваат на забрзаното приближување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и спроведувањето на Реформската агенда. И, последно, но не помалку важно. Во однос на регионалната соработка, ги поддржуваме начелно поставените темели во новиот Акциски план за Заедничкиот регионален пазар. Имајќи предвид дека сме во период пред избор на нова Влада, деталните активности за кои се надлежни ресорните институции допрва треба да бидат етаблирани и развиени во периодот што следи“, рече премиерот.

Претседателот на Владата на Македонија во своето обраќање потенцираше и дека за да успее новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар на кој напорно работат сите, треба да се одблокира работењето на ЦЕФТА, а Македонија да има свој претставник на највисоко ниво.

„Се надевам дека оваа трасирана патека ќе продолжи да биде водилка и за следната Влада на Република Македонија“, истакна Џафери на крајот на своето обраќање.

The post Џафери на Самит на лидери во Котор: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“, се обрати на Панелот „Состојбата на терен и идните планови-нов план за раст“. Во своето обраќање, претседателот на Владата истакна дека независно од тоа што Македонија се наоѓаше во предизборен период, за Владата, евроинтеграцијата беше врвен приоритет и беше фокусирана на спроведувањето на приоритетните реформи кои се важни за членството на државата во ЕУ. „Владата која ја предводам, останува посветена на остварувањето на европската агенда, која бара спроведување на суштински реформи и усогласување со правото и стандардите на Европската Унија. Дополнително, го поздравувам усвојувањето на Регулативата за Механизмот за реформи и раст, со која се обезбедени дополнителни финансиски средства за поддршка на реформите, а чие користење е поврзано со испорачување резултати. Изминатиов период, и покрај фактот што Македонија беше во изборен период, интензивно работевме на финализирање на нашата Реформска агенда 2024-2027. Последната нацрт верзија на Реформската агенда, одобрена од Владата, беше споделена со Европската комисија на почетокот на мај“, рече премиерот Џафери. Во рамките на овој процес, потенцираше претседателот на Владата, Талат Џафери, изминативе два месеци, Македонија поднесе пред-апликација за членство во СЕПА, а Владата објави јавен повик на кој аплицираа повеќе македонски центри за дигитални иновации. „Ова се мали, но значајни чекори кои ја потврдуваат насоката на движење на земјата. Со ист таков ентузијазам и посветеност очекувам да се спроведат најновите патокази кои се однесуваат на забрзаното приближување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и спроведувањето на Реформската агенда. И, последно, но не помалку важно. Во однос на регионалната соработка, ги поддржуваме начелно поставените темели во новиот Акциски план за Заедничкиот регионален пазар. Имајќи предвид дека сме во период пред избор на нова Влада, деталните активности за кои се надлежни ресорните институции допрва треба да бидат етаблирани и развиени во периодот што следи“, рече премиерот. Претседателот на Владата на Македонија во своето обраќање потенцираше и дека за да успее новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар на кој напорно работат сите, треба да се одблокира работењето на ЦЕФТА, а Македонија да има свој претставник на највисоко ниво. „Се надевам дека оваа трасирана патека ќе продолжи да биде водилка и за следната Влада на Република Македонија“, истакна Џафери на крајот на своето обраќање.

The post Џафери на Самит на лидери во Котор: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Mајсторовиќ: Ако ЕУ прифати да одлучува со мнозинство, не би се соочувале со националистички позиции кои го стопираат проширувањето https://republika.mk/vesti/makedonija/majstorovik-ako-eu-prifati-da-odluchuva-so-mnozinstvo-ne-bi-se-soochuvale-so-natsionalistichki-pozitsii-koi-go-stopiraat-proshiruvaneto/ Sun, 18 Jun 2023 08:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=652668

Доколку се прифати иницијативата на седум земји-членки на ЕУ за одлучување со мнозинство наместо како досега со консензус, внатре во самата Европска Унија, тогаш ќе преовлада стратешкиот интерес на Унијата и тоа ќе се однесува и на проширувањето, вели во интервју за МИА Срѓан Мајсторовиќ, претседател Управниот одбор на Центарот за европски политики и член на БИЕПАГ, експерт за европски прашања и добар познавач на ЕУ-политиките.

Во однос на тоа дали со овој начин на одлучување ќе се избегне следно евентуално вето на Бугарија кон Македонија, тој вели дека целиот процес на проширување со ова би бил поефикасен, за, како што вели, „да не се соочуваме со овие ситуации каде што поради внатрешно-политички, некогаш националистички позиции внатре во државите-членки, доаѓа до стопирање на една стратешки важна политика како што е проширувањето“.

Во продолжение следува целото интервју со Срѓан Мајсторовиќ со видео материјал, дадено на маргините на третиот Преспа форум за дијалог во Струга:

Господине Мајсторовиќ, насловот на Преспа форумот оваа година е проширено европско семејство до 2030 година. Дали според Вас тоа е возможна или невозможна мисија, со оглед на тоа дека во регионот се уште има нерешени прашања, тука е прашањето со Србија и Косово, а исто така постои и замор од проширувањето и во самата Европска Унија?

„Јас мислам дека тоа е реторичко прашање и дека одговорот на тоа прашање е единствената можност за регионот. Или ќе се свртиме кон себе и ќе го препознаеме историскиот момент, што е навистина е драматичен по нападот, агресијата на Русија врз Украина. Светот се менува, Европа се менува и како што неодамна германскиот канцелар Шолц кажа, Европа мора да се обедини за да може да преживее во иднина, во тој иден свет на неизвесност. Дел од тоа обединување секако мора да биде и пристапување на сите шест земји од Западен Балкан кон Европската Унија, тоа е единствен начин Европската Унија да обезбеди своја стратешка автономија, да си обезбеди себеси маневарски простор да управува со својата судбина во иднината, и политичките елити на Западен Балкан би морале да го прочитаат тој моментум, да го прифатат, да го почувствуваат на вистинскиот начин и да тргнеме во сериозно расчистување на нашите домашнми, регионални несогласувања за решавање на билатерални прашања, во решавање на структурни прашања, како начинот на кој функционира Босна и Херцеговина, решавање на прашањето меѓу Косово и Србија, но и државите-членки тука имаат голем степен на одговорност, затоа што и тие на некој начин се вклучени во билатерални несогласувања во регионот, и тие би морале да го препознаат тој историски контекст, стратешки контекст, и да покажат многу повеќе разбирање за ситуацијата во која се наоѓа регионот и во врска со тоа тука мислам на конкретниот случај во кој се наоѓаат Македонија и Бугарија да се пристапи кон решавање на тие преостанати прашања, кои не се едноставни туку комлексни прашања, но прашања од чие решавање зависи судбината на граѓаните на земјите од овој регион“.

Седум земји иницираа во ЕУ да се одлучува со мнозинство, наместо со консензус како што беше досега. Дали ова ќе важи за проширувањето и дали со тоа би се одбегнало евентуално следно вето на Бугарија кон Македонија. Што мислите за оваа иницијатива?

„Мислам дека ова е многу важна иницијатива, бидејќи се однесува на подготвување на теренот за начинот на одлучување во идната Европска Унија. И со самото тоа земјите од Западен Балкан мораат со должно внимание да следат како се одвива овој процес внатре во самата Европска Унија. Иницијативата е покрената од самите Франција и Германија и тие треба да работат на изнаоѓање начини како ќе се дојде до решение и употреба на одлучувањето на важни прашања, првенствено во овој момент за заедничката надворешна и безбедносна политика со квалификувано мнозинство. Меѓутоа, Вие сте во право, не е доволно овој начин на одлучување да се примени само на областа на надворешната политика, потребно е да се примени и на сите важни стратешки политики на Европската Унија.

Процесот на проширување на Европската Унија секако спаѓа во таа група на стратешки важни прашања за кои земјите-членки мора да одлучуваат, и со самото тоа овој процес би бил многу поефикасен, за да не се соочуваме со овие ситуации каде што поради внатрешно-политички, некогаш националистички позиции внатре во државите-членки, доаѓа до стопирање на една стратешки важна политика како што е проширувањето. Значи доколку дојде до прифаќање на начинот на одлучување внатре во Советот на ЕУ со квалификувано мнозинство, тогаш сум сигурен за дека во тие ситуации, би преовладал тој стратешки интерес на Европската Унија, и дека случаите како овој со којшто се соочува Вашата земја, а тоа е оној секогаш присутен Дамоклов меч на вето којшто виси над вашата судбина, секако би имал сечило кое не би било толку остро“.

Како го гледате продолжувањето на процесот на европска интеграција на Македонија, а со тоа и на регионот во целина?

„Македонија и Албанија имаат голема шанса на некој начин да го ревитализираат проширувањето на Европската Унија. За жал земјите кои во овој момент, така да кажам, се лидери во овој процес и се во поодмината фаза, а тоа се Црна Гора и Србија, покажаа дека поради некои внатрешно-политички прашања немаат јасна стратегија како да се забрза овој процес. Јас ги гледам Македонија и Албанија како еден нов бран на кандидати кои можат со својот ентузијазам и со својата преданост и енергија, да донесат една нова атмосфера во процесот на европски интеграции, и да кажам дека на некој начин да го свртат вниманието и на колегите и во Србија и во Црна Гора дека сега позитивна атмосфера на натпревар повторно е присутна и дека ова ќе биде еден заеднички потфат, но кадешто оние кои се попосветени на оваа работа, кои се недвосмислено посветени на членството во Европската Унија, секако ќе имаат предност.

Овој процес нема да биде лесен, нема ни да се случи автоматски, преку ноќ, тој ќе трае, но важно е 20 години по Самитот во Солун, по првпат да се придвижат многу поконкретно во правец на пристапување на Западен Балкан кон Европската Унија, и еден чекор во таа би бил земјите кандидати од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија да се договорат  околу две важни прашања. Едното прашање е како, на кој начин овие земји ќе станат членки на Европската Унија, имајќи ја предвид ревидираната методологија на пристапување која до овој момент за жал не даде соодветни резултати. Додека второто прашање е – кога? Ние мораме да размислуваме и за временска рамка, временски хоризонт, бидејќи во спротивно ќе се изгубиме повторно на нашиот пат и неможноста да се фокусираме на она што е важно, а за да се фокусираме, факторот време е исклучтелно важен“.

The post Mајсторовиќ: Ако ЕУ прифати да одлучува со мнозинство, не би се соочувале со националистички позиции кои го стопираат проширувањето appeared first on Република.

]]>

Доколку се прифати иницијативата на седум земји-членки на ЕУ за одлучување со мнозинство наместо како досега со консензус, внатре во самата Европска Унија, тогаш ќе преовлада стратешкиот интерес на Унијата и тоа ќе се однесува и на проширувањето, вели во интервју за МИА Срѓан Мајсторовиќ, претседател Управниот одбор на Центарот за европски политики и член на БИЕПАГ, експерт за европски прашања и добар познавач на ЕУ-политиките.
Во однос на тоа дали со овој начин на одлучување ќе се избегне следно евентуално вето на Бугарија кон Македонија, тој вели дека целиот процес на проширување со ова би бил поефикасен, за, како што вели, „да не се соочуваме со овие ситуации каде што поради внатрешно-политички, некогаш националистички позиции внатре во државите-членки, доаѓа до стопирање на една стратешки важна политика како што е проширувањето“. Во продолжение следува целото интервју со Срѓан Мајсторовиќ со видео материјал, дадено на маргините на третиот Преспа форум за дијалог во Струга: Господине Мајсторовиќ, насловот на Преспа форумот оваа година е проширено европско семејство до 2030 година. Дали според Вас тоа е возможна или невозможна мисија, со оглед на тоа дека во регионот се уште има нерешени прашања, тука е прашањето со Србија и Косово, а исто така постои и замор од проширувањето и во самата Европска Унија? „Јас мислам дека тоа е реторичко прашање и дека одговорот на тоа прашање е единствената можност за регионот. Или ќе се свртиме кон себе и ќе го препознаеме историскиот момент, што е навистина е драматичен по нападот, агресијата на Русија врз Украина. Светот се менува, Европа се менува и како што неодамна германскиот канцелар Шолц кажа, Европа мора да се обедини за да може да преживее во иднина, во тој иден свет на неизвесност. Дел од тоа обединување секако мора да биде и пристапување на сите шест земји од Западен Балкан кон Европската Унија, тоа е единствен начин Европската Унија да обезбеди своја стратешка автономија, да си обезбеди себеси маневарски простор да управува со својата судбина во иднината, и политичките елити на Западен Балкан би морале да го прочитаат тој моментум, да го прифатат, да го почувствуваат на вистинскиот начин и да тргнеме во сериозно расчистување на нашите домашнми, регионални несогласувања за решавање на билатерални прашања, во решавање на структурни прашања, како начинот на кој функционира Босна и Херцеговина, решавање на прашањето меѓу Косово и Србија, но и државите-членки тука имаат голем степен на одговорност, затоа што и тие на некој начин се вклучени во билатерални несогласувања во регионот, и тие би морале да го препознаат тој историски контекст, стратешки контекст, и да покажат многу повеќе разбирање за ситуацијата во која се наоѓа регионот и во врска со тоа тука мислам на конкретниот случај во кој се наоѓаат Македонија и Бугарија да се пристапи кон решавање на тие преостанати прашања, кои не се едноставни туку комлексни прашања, но прашања од чие решавање зависи судбината на граѓаните на земјите од овој регион“. Седум земји иницираа во ЕУ да се одлучува со мнозинство, наместо со консензус како што беше досега. Дали ова ќе важи за проширувањето и дали со тоа би се одбегнало евентуално следно вето на Бугарија кон Македонија. Што мислите за оваа иницијатива? „Мислам дека ова е многу важна иницијатива, бидејќи се однесува на подготвување на теренот за начинот на одлучување во идната Европска Унија. И со самото тоа земјите од Западен Балкан мораат со должно внимание да следат како се одвива овој процес внатре во самата Европска Унија. Иницијативата е покрената од самите Франција и Германија и тие треба да работат на изнаоѓање начини како ќе се дојде до решение и употреба на одлучувањето на важни прашања, првенствено во овој момент за заедничката надворешна и безбедносна политика со квалификувано мнозинство. Меѓутоа, Вие сте во право, не е доволно овој начин на одлучување да се примени само на областа на надворешната политика, потребно е да се примени и на сите важни стратешки политики на Европската Унија. Процесот на проширување на Европската Унија секако спаѓа во таа група на стратешки важни прашања за кои земјите-членки мора да одлучуваат, и со самото тоа овој процес би бил многу поефикасен, за да не се соочуваме со овие ситуации каде што поради внатрешно-политички, некогаш националистички позиции внатре во државите-членки, доаѓа до стопирање на една стратешки важна политика како што е проширувањето. Значи доколку дојде до прифаќање на начинот на одлучување внатре во Советот на ЕУ со квалификувано мнозинство, тогаш сум сигурен за дека во тие ситуации, би преовладал тој стратешки интерес на Европската Унија, и дека случаите како овој со којшто се соочува Вашата земја, а тоа е оној секогаш присутен Дамоклов меч на вето којшто виси над вашата судбина, секако би имал сечило кое не би било толку остро“. Како го гледате продолжувањето на процесот на европска интеграција на Македонија, а со тоа и на регионот во целина? „Македонија и Албанија имаат голема шанса на некој начин да го ревитализираат проширувањето на Европската Унија. За жал земјите кои во овој момент, така да кажам, се лидери во овој процес и се во поодмината фаза, а тоа се Црна Гора и Србија, покажаа дека поради некои внатрешно-политички прашања немаат јасна стратегија како да се забрза овој процес. Јас ги гледам Македонија и Албанија како еден нов бран на кандидати кои можат со својот ентузијазам и со својата преданост и енергија, да донесат една нова атмосфера во процесот на европски интеграции, и да кажам дека на некој начин да го свртат вниманието и на колегите и во Србија и во Црна Гора дека сега позитивна атмосфера на натпревар повторно е присутна и дека ова ќе биде еден заеднички потфат, но кадешто оние кои се попосветени на оваа работа, кои се недвосмислено посветени на членството во Европската Унија, секако ќе имаат предност. Овој процес нема да биде лесен, нема ни да се случи автоматски, преку ноќ, тој ќе трае, но важно е 20 години по Самитот во Солун, по првпат да се придвижат многу поконкретно во правец на пристапување на Западен Балкан кон Европската Унија, и еден чекор во таа би бил земјите кандидати од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија да се договорат  околу две важни прашања. Едното прашање е како, на кој начин овие земји ќе станат членки на Европската Унија, имајќи ја предвид ревидираната методологија на пристапување која до овој момент за жал не даде соодветни резултати. Додека второто прашање е – кога? Ние мораме да размислуваме и за временска рамка, временски хоризонт, бидејќи во спротивно ќе се изгубиме повторно на нашиот пат и неможноста да се фокусираме на она што е важно, а за да се фокусираме, факторот време е исклучтелно важен“.

The post Mајсторовиќ: Ако ЕУ прифати да одлучува со мнозинство, не би се соочувале со националистички позиции кои го стопираат проширувањето appeared first on Република.

]]>
Томаш Стражај: ЕУ треба да покаже единство за проширувањето https://republika.mk/vesti/makedonija/tomash-strazaj-eu-treba-da-pokaze-edinstvo-za-proshiruvanjeto/ Sun, 08 May 2022 07:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=499333

Ситуацијата во Европа денес наложува членството во Европската Унија да претставува безбедносен гарант. Затоа земјите-членки на ЕУ треба да го забрзаат процесот на интеграција и да не прават пречки со кои тој би се одложувал повторно, а со држави како што е вашата кои се најдобро подготвени за процесот на интеграција, неодложно да го почнат процесот на преговори, вели во интервју за МИА Томаш Стражај, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика.

Тој повторува дека Словачка многу јасно покажа дека силно ја пооддржува интеграцијата на Македонија.

И исто така кажавме дека за нас е неприфатливо билатералните прашања да бидат дел од процесот на ЕУ интеграција, но за жал системот на гласање и механизмите за гласање се такви какви што се денес и мора да сметаме на секоја земја-членка за почеток на преговорите со Македонија - вели Стражај.

Тој вели дека е почната дебата одлуките да се носат со мнозинство гласови во ЕУ, но дискусиите се уште траат.

За ситуацијата со украинските бегалци во Словачка, Стражај вели дека значајна бројка од 75.000 луѓе од Украина се наоѓаат во Словачка, како и тоа дека неодамна е донесен нов закон со кој на Украинците им се овозможува да ги надминат тешкотиите со нивниот статус во Словачка, со којшто им се овозможува помош и бенефиции.

Во продолжение интервјуто на МИА со Томаш Стражај

 

Поради ситуацијата во Украина проширувањето на ЕУ стана безбедносно прашање. Како ова ќе влијае на политиката на проширување на ЕУ, како и на целокупната стабилност во Западен Балкан?

– Агресијата на Русија врз Украина не само што ќе има влијание врз ситуацијата во регионот, туку и во цела Европа, а исто така ќе има и глобални импликации, бидејќи ова што го гледаме е јасно кршење на меѓународното право, на мултилатерализмот и фундаментите на светскиот поредок каков што го знамеме порано. Ова е голем предизвик со којшто треба да се соочиме. И сметам дека одговорот на овој голем предизвик лежи во забрзувањето на процесот на интеграција во Европската Унија.

Вашата земја многу долго време чека почеток на преговори. И други земји од регионот се на оваа листа кои имаат аспирации за членство во ЕУ, а сега има три нови земји апликанти кои сакаат да станат членки во ЕУ. Тие земји се од Источното партнерство. Овој факт исто така ќе има влијание врз проширувањето бидејќи Украина поднесе кандидатура за членство и има мислења во ЕУ дека процесот за оваа земја да се движи побрзо поради ситуацијата со која се соочува, но во основа ова се исто така елементи што ќе имаат влијание врз процесот на интеграција.

Така што мојот едноставен одговор би бил – земјите-членки на ЕУ да го забрзаат процесот на интеграција и да не прават пречки со кои тој би се одложувал повторно, а со земји како што е вашата кои се најдобро подготвени за процесот на интеграција да го почнат процесот на преговори.

Сметам ЕУ покажа единство во одговорот на руската агресија и ова единство треба исто така да биде покажано и во однос на проширувањето.

Македонија е блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ поради идентитетски и историски прашања. Дали сметате дека треба да има промена на политиката на одлучување во ЕУ, со оглед дека ова билатерално прашање е пречка за почеток на преговори, иако земјава исполни се што од неа се бараше, а ЕУ се уште не испорачува?

– Како што знаете во ЕУ се одлучува со консензус и секоја земја има право да стави вето на заедничките одлуки. Поради тоа ние почнавме дебата одлуките да се носат со мнозинство гласови во ЕУ, но дискусиите се уште траат. Ова ќе овозможи квалификувано мнозинсто од земјите-членки на ЕУ да носат одлуки и ова на некој начин ќе го отстрани овој проблем за ставање вето на процесот од една единствена држава.

Кога станува збор за ова специфично прашање, Словачка многу јасно покажа дека силно ја пооддржува интеграцијата на Македонија и исто така кажавме дека за нас е неприфатливо билатералните прашања да бидат дел од процесот на ЕУ интеграција, но за жал системот на гласање и механизмите за гласање се такви какви што се денес и мора да сметаме на секоја земја-членка за почеток на преговорите со Македонија. Затоа милам дека ова прашање останува на актуелното претседателство со ЕУ, како и на идното претседателство за да се интензивираат преговорите со Бугарија и со останатите земји-членки и да ја тргнат оваа пречка од агендата. Времињата се менуваат во Европа, се соочуваме со нови предизвици во смисла на руската агресија врз Украина и мора да покажеме поголемо единство и заеднички да го поддржиме процесот на интеграција и на другите земји апликанти и земјите како Македонија да станат членки што е можно побрзо без натамошни одложувања.

Пред неколку дена имаше напис од германски новинар дека „Западен Балкан е буре барут во вечната чекалница на Европа“, но не во смисла дека е можна нова војна на Балканот, туку во смисла дека постои недостиг на јасна европска перспектива. Дали се согласувате со ова?

– Одговорот на сите предизвици е брз евроинтегративен процес, бидејќи членството во ЕУ е, како што вие јасно кажавте, еден вид безбедосен гарант. Драго ни е што Македонија ни е сојузник во НАТО, но ќе бидеме посреќни ако Македонија стане полноправна членка на ЕУ и сметам дека процесот на интеграција јасно оди во насока да се зајакне стабилноста и просперитетот во регионот да се прошири географската област каде се применуваат заедничките вредности.

Регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа во минатото беше познат како регион на нестабилност, но процесот на интеграција ќе обезбеди најдобар одговор на сите оние кои велат дека и регионот се уште ќе претставува опасност на европскиот континент.

Така одговорот уште еднаш е – побрза европска интеграција и вклучување на овие земји во ЕУ.

На Украина и е ветено брзо членство во ЕУ, додека Македонија е со кандидатски статус од 2005. Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг смета дека на Украина не треба да ѝ се понуди членство во ЕУ, бидејќи вели има земји во Западен Балкан кои поминале долг пат. Тој се залага за поинаков пат за Украина кон членство на пример пристапување во Единствениот економски простор на ЕУ. Како Вие гледате на ова?

– Суштината на процесот на интеграција е дека секоја земја која географски припаѓа на Европа и ги исполнува критериумите за членство може да стане полноправна членка на ЕУ. Добар знак е што има интерес зa ЕУ-интеграција кај земји како што е Украина, но исто така тука се и Грузија и Молдавија во Источна Европа. Украина е во многу специфична позиција и ситуација и мислам дека ја заслужува нашата поддршка. И сметам дека политичките сигнали кои се праќаат до Украина од Брисел и од институциите на ЕУ се поддржувачки во однос на нејзината ингтерација. Од друга страна евентуалната брза интеграција на Украина не треба да биде изговор за натамошно одложување на процесот на пристапување на земји како што е вашата и на Албанија. И сметам дека треба да се најде компромис и оваа криза треба да покаже кај ЕУ единство и отвореност и инклузивност за сите земји кои сакаат да станат членки.

Различни држави во ЕУ исто така имаа различни позиции во минатото, истото ќе биде и во случајот со Украина, но мислам дека ЕУ како одговор на кризата во Украина треба да има заеднички глас и треба да биде обединета во позитивен одговор за земји како што е вашата, но исто и за новите апликанти од Источна Европа.

Јас верувам во компромис и во заедничка позиција на ЕУ која ќе биде задоволителна и за вашата држава, која ова дефинитивно го заслужува, но и за новите апликанти од Источна Европа бидејќи тие исто така го заслужуваат тоа.

Словачка и дава воена помош на Украина, од почетокот на конфликтот има голем прилив на украински бегалци во земјата. Дали тие се задржуваат во Словачка или се упатуваат кон западноевропските земји?

– Ова е нова ситуација, која се менува од ден во ден. Ние сме директни соседи со Украина заедно со Молдавија, Романија, Полска и Унгарија и навистина не ги знам последните податоци. Пред неколку дена во Словачка во еден ден влегоа 380 бегалци, а во моментот околу 75.000 бегалци се наоѓаат во земјата. Поголем дел од тие бегалци ја напуштија земјата и се упатија кон останатите членки на ЕУ и дури и во прекуокенакските земји, како што се САД и Канада, бидејќи тие иразија подготвеност да ги прифатат украинските бегалци. Но сепак 75.000 бегалци кои останаа во Словачка е значајна бројка.

Неодамна беше усвоен нов закон со кој на Украинците им се овозможува да ги надминат тешкотиите со нивниот статус во Словачка, со којшто им се овозможува помош и бенефиции. Децата на пример, со овој закон се вклучени во образовниот систем на Словачка, постои и блискост меѓу словачкиот и украинскиот јазик, нема толкава голема јазична бариера меѓу нас.

Но она што е уште поважно е дека ЕУ сака да најде заеднички одговор на овој предизвик, бидејќи зголемениот број на бегалци е предизвик за целата Унија. Одредени земји-членки не можат да се справат со оваа ситуација на долги патеки, така што веќе имаме неколку милиони бегалци од Украина во Полска, во Чешка има околу 300.000 бегаци, илјадници други се во Унгарија, така што ова е заеднички предизвик и драго ми е што Словачка навистина покажа солидарност со украинските бегалци, а исто така е огромен и ангажманот од невладините организации кои што се занимаваат со хуманитарна помош во земјата.

Ситуацијата се уште не е завршена бидејќи се уште има прилив на бегалци, но од друга страна има и денови кога бројот на украински бегалци што ја поминуваат границата во другиот правец – од Словачка во Украина е некогаш повисок од бројот на оние што ја поминуваат границата кон Словачка, што исто така покажува дека значаен дел украински граѓани сакаат да се вратат дома во безбедните зони, колку што е можно побрзо.

Вие како експерт ги споделувате словачките искуства на патот кон ЕУ на сесиите на Национална конвенција на ЕУ во Македонија, каде се дебатира за основните поглавја, правосудство, земјоделие, внатрешни работи, животна средина… Каде според вас земјава има најголем успех, во кои области, каде треба да се поработи?

– Самиот факт што проектот Националната конвенција за ЕУ се имплементира речиси пет години е големо достигнување, посветеностa на локалните партнери за проектот, заедно со експертите и членовите на работните групи е голема и сето ова резултира со носење препораки. Имаме и прецизни бројки што го поддржуваат ова, бидејќи од 2017 година имам 43 сесии на работните групи, имаме 43 сетови препораки, имавме четири пленарни сесии во кои учествуваше и претседателот на државата на Македонија, министерот за надворешни работи на Словачка и други високи претставници на нашите две земји, но важен факт исто така е што успеавме да поврземе над илјада експерти во овој наш заеднички потфат. И овие факти исто така покажуваат дека процесот и проектот се успешни.

Тешко е за мене да кажам кои области се повеќе важни, а кои помалку, бидејќи знаеме дека социјалната политика и вработувањето на пример се многу важни и чувствителни прашања во смила на натамошен економски развој и стабилност на Македонија. Исто така постои заеднички консензус дека Поглавјата 23 и 24 што се фокусираат на правосудство и на други аспекти се многу важни. Тука сакам да споменам дека неколку препораки кои се развиени за време на сесиите на Националната конвенција се веќе имплементирани во законодавството во областа на правосудството и борбата против корупцијата.

Поглавјето правда и внатрешни работи е уште една област каде што имаме видливи резултати, но уште многу работа е неопходна.

Одговорот на ова би бил континуирана работа на проектот на Националната конвенција. Поради тоа ние сме во фаза кога ја бараме сета можна поддршка да го продолжиме проектот во Македонија, не само во овие поглавја што ги споменав, туку и во други области каде заедничката позиција на експертите од невладините организации како и од владините институции, ќе биде само додадена вредност на процесот на европска интеграција на Македонија.

The post Томаш Стражај: ЕУ треба да покаже единство за проширувањето appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата во Европа денес наложува членството во Европската Унија да претставува безбедносен гарант. Затоа земјите-членки на ЕУ треба да го забрзаат процесот на интеграција и да не прават пречки со кои тој би се одложувал повторно, а со држави како што е вашата кои се најдобро подготвени за процесот на интеграција, неодложно да го почнат процесот на преговори, вели во интервју за МИА Томаш Стражај, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика. Тој повторува дека Словачка многу јасно покажа дека силно ја пооддржува интеграцијата на Македонија.
И исто така кажавме дека за нас е неприфатливо билатералните прашања да бидат дел од процесот на ЕУ интеграција, но за жал системот на гласање и механизмите за гласање се такви какви што се денес и мора да сметаме на секоја земја-членка за почеток на преговорите со Македонија - вели Стражај.
Тој вели дека е почната дебата одлуките да се носат со мнозинство гласови во ЕУ, но дискусиите се уште траат. За ситуацијата со украинските бегалци во Словачка, Стражај вели дека значајна бројка од 75.000 луѓе од Украина се наоѓаат во Словачка, како и тоа дека неодамна е донесен нов закон со кој на Украинците им се овозможува да ги надминат тешкотиите со нивниот статус во Словачка, со којшто им се овозможува помош и бенефиции. Во продолжение интервјуто на МИА со Томаш Стражај   Поради ситуацијата во Украина проширувањето на ЕУ стана безбедносно прашање. Како ова ќе влијае на политиката на проширување на ЕУ, како и на целокупната стабилност во Западен Балкан? – Агресијата на Русија врз Украина не само што ќе има влијание врз ситуацијата во регионот, туку и во цела Европа, а исто така ќе има и глобални импликации, бидејќи ова што го гледаме е јасно кршење на меѓународното право, на мултилатерализмот и фундаментите на светскиот поредок каков што го знамеме порано. Ова е голем предизвик со којшто треба да се соочиме. И сметам дека одговорот на овој голем предизвик лежи во забрзувањето на процесот на интеграција во Европската Унија. Вашата земја многу долго време чека почеток на преговори. И други земји од регионот се на оваа листа кои имаат аспирации за членство во ЕУ, а сега има три нови земји апликанти кои сакаат да станат членки во ЕУ. Тие земји се од Источното партнерство. Овој факт исто така ќе има влијание врз проширувањето бидејќи Украина поднесе кандидатура за членство и има мислења во ЕУ дека процесот за оваа земја да се движи побрзо поради ситуацијата со која се соочува, но во основа ова се исто така елементи што ќе имаат влијание врз процесот на интеграција. Така што мојот едноставен одговор би бил – земјите-членки на ЕУ да го забрзаат процесот на интеграција и да не прават пречки со кои тој би се одложувал повторно, а со земји како што е вашата кои се најдобро подготвени за процесот на интеграција да го почнат процесот на преговори. Сметам ЕУ покажа единство во одговорот на руската агресија и ова единство треба исто така да биде покажано и во однос на проширувањето. Македонија е блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ поради идентитетски и историски прашања. Дали сметате дека треба да има промена на политиката на одлучување во ЕУ, со оглед дека ова билатерално прашање е пречка за почеток на преговори, иако земјава исполни се што од неа се бараше, а ЕУ се уште не испорачува? – Како што знаете во ЕУ се одлучува со консензус и секоја земја има право да стави вето на заедничките одлуки. Поради тоа ние почнавме дебата одлуките да се носат со мнозинство гласови во ЕУ, но дискусиите се уште траат. Ова ќе овозможи квалификувано мнозинсто од земјите-членки на ЕУ да носат одлуки и ова на некој начин ќе го отстрани овој проблем за ставање вето на процесот од една единствена држава. Кога станува збор за ова специфично прашање, Словачка многу јасно покажа дека силно ја пооддржува интеграцијата на Македонија и исто така кажавме дека за нас е неприфатливо билатералните прашања да бидат дел од процесот на ЕУ интеграција, но за жал системот на гласање и механизмите за гласање се такви какви што се денес и мора да сметаме на секоја земја-членка за почеток на преговорите со Македонија. Затоа милам дека ова прашање останува на актуелното претседателство со ЕУ, како и на идното претседателство за да се интензивираат преговорите со Бугарија и со останатите земји-членки и да ја тргнат оваа пречка од агендата. Времињата се менуваат во Европа, се соочуваме со нови предизвици во смисла на руската агресија врз Украина и мора да покажеме поголемо единство и заеднички да го поддржиме процесот на интеграција и на другите земји апликанти и земјите како Македонија да станат членки што е можно побрзо без натамошни одложувања. Пред неколку дена имаше напис од германски новинар дека „Западен Балкан е буре барут во вечната чекалница на Европа“, но не во смисла дека е можна нова војна на Балканот, туку во смисла дека постои недостиг на јасна европска перспектива. Дали се согласувате со ова? – Одговорот на сите предизвици е брз евроинтегративен процес, бидејќи членството во ЕУ е, како што вие јасно кажавте, еден вид безбедосен гарант. Драго ни е што Македонија ни е сојузник во НАТО, но ќе бидеме посреќни ако Македонија стане полноправна членка на ЕУ и сметам дека процесот на интеграција јасно оди во насока да се зајакне стабилноста и просперитетот во регионот да се прошири географската област каде се применуваат заедничките вредности. Регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа во минатото беше познат како регион на нестабилност, но процесот на интеграција ќе обезбеди најдобар одговор на сите оние кои велат дека и регионот се уште ќе претставува опасност на европскиот континент. Така одговорот уште еднаш е – побрза европска интеграција и вклучување на овие земји во ЕУ. На Украина и е ветено брзо членство во ЕУ, додека Македонија е со кандидатски статус од 2005. Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг смета дека на Украина не треба да ѝ се понуди членство во ЕУ, бидејќи вели има земји во Западен Балкан кои поминале долг пат. Тој се залага за поинаков пат за Украина кон членство на пример пристапување во Единствениот економски простор на ЕУ. Како Вие гледате на ова? – Суштината на процесот на интеграција е дека секоја земја која географски припаѓа на Европа и ги исполнува критериумите за членство може да стане полноправна членка на ЕУ. Добар знак е што има интерес зa ЕУ-интеграција кај земји како што е Украина, но исто така тука се и Грузија и Молдавија во Источна Европа. Украина е во многу специфична позиција и ситуација и мислам дека ја заслужува нашата поддршка. И сметам дека политичките сигнали кои се праќаат до Украина од Брисел и од институциите на ЕУ се поддржувачки во однос на нејзината ингтерација. Од друга страна евентуалната брза интеграција на Украина не треба да биде изговор за натамошно одложување на процесот на пристапување на земји како што е вашата и на Албанија. И сметам дека треба да се најде компромис и оваа криза треба да покаже кај ЕУ единство и отвореност и инклузивност за сите земји кои сакаат да станат членки. Различни држави во ЕУ исто така имаа различни позиции во минатото, истото ќе биде и во случајот со Украина, но мислам дека ЕУ како одговор на кризата во Украина треба да има заеднички глас и треба да биде обединета во позитивен одговор за земји како што е вашата, но исто и за новите апликанти од Источна Европа. Јас верувам во компромис и во заедничка позиција на ЕУ која ќе биде задоволителна и за вашата држава, која ова дефинитивно го заслужува, но и за новите апликанти од Источна Европа бидејќи тие исто така го заслужуваат тоа. Словачка и дава воена помош на Украина, од почетокот на конфликтот има голем прилив на украински бегалци во земјата. Дали тие се задржуваат во Словачка или се упатуваат кон западноевропските земји? – Ова е нова ситуација, која се менува од ден во ден. Ние сме директни соседи со Украина заедно со Молдавија, Романија, Полска и Унгарија и навистина не ги знам последните податоци. Пред неколку дена во Словачка во еден ден влегоа 380 бегалци, а во моментот околу 75.000 бегалци се наоѓаат во земјата. Поголем дел од тие бегалци ја напуштија земјата и се упатија кон останатите членки на ЕУ и дури и во прекуокенакските земји, како што се САД и Канада, бидејќи тие иразија подготвеност да ги прифатат украинските бегалци. Но сепак 75.000 бегалци кои останаа во Словачка е значајна бројка. Неодамна беше усвоен нов закон со кој на Украинците им се овозможува да ги надминат тешкотиите со нивниот статус во Словачка, со којшто им се овозможува помош и бенефиции. Децата на пример, со овој закон се вклучени во образовниот систем на Словачка, постои и блискост меѓу словачкиот и украинскиот јазик, нема толкава голема јазична бариера меѓу нас. Но она што е уште поважно е дека ЕУ сака да најде заеднички одговор на овој предизвик, бидејќи зголемениот број на бегалци е предизвик за целата Унија. Одредени земји-членки не можат да се справат со оваа ситуација на долги патеки, така што веќе имаме неколку милиони бегалци од Украина во Полска, во Чешка има околу 300.000 бегаци, илјадници други се во Унгарија, така што ова е заеднички предизвик и драго ми е што Словачка навистина покажа солидарност со украинските бегалци, а исто така е огромен и ангажманот од невладините организации кои што се занимаваат со хуманитарна помош во земјата. Ситуацијата се уште не е завршена бидејќи се уште има прилив на бегалци, но од друга страна има и денови кога бројот на украински бегалци што ја поминуваат границата во другиот правец – од Словачка во Украина е некогаш повисок од бројот на оние што ја поминуваат границата кон Словачка, што исто така покажува дека значаен дел украински граѓани сакаат да се вратат дома во безбедните зони, колку што е можно побрзо. Вие како експерт ги споделувате словачките искуства на патот кон ЕУ на сесиите на Национална конвенција на ЕУ во Македонија, каде се дебатира за основните поглавја, правосудство, земјоделие, внатрешни работи, животна средина… Каде според вас земјава има најголем успех, во кои области, каде треба да се поработи? – Самиот факт што проектот Националната конвенција за ЕУ се имплементира речиси пет години е големо достигнување, посветеностa на локалните партнери за проектот, заедно со експертите и членовите на работните групи е голема и сето ова резултира со носење препораки. Имаме и прецизни бројки што го поддржуваат ова, бидејќи од 2017 година имам 43 сесии на работните групи, имаме 43 сетови препораки, имавме четири пленарни сесии во кои учествуваше и претседателот на државата на Македонија, министерот за надворешни работи на Словачка и други високи претставници на нашите две земји, но важен факт исто така е што успеавме да поврземе над илјада експерти во овој наш заеднички потфат. И овие факти исто така покажуваат дека процесот и проектот се успешни. Тешко е за мене да кажам кои области се повеќе важни, а кои помалку, бидејќи знаеме дека социјалната политика и вработувањето на пример се многу важни и чувствителни прашања во смила на натамошен економски развој и стабилност на Македонија. Исто така постои заеднички консензус дека Поглавјата 23 и 24 што се фокусираат на правосудство и на други аспекти се многу важни. Тука сакам да споменам дека неколку препораки кои се развиени за време на сесиите на Националната конвенција се веќе имплементирани во законодавството во областа на правосудството и борбата против корупцијата. Поглавјето правда и внатрешни работи е уште една област каде што имаме видливи резултати, но уште многу работа е неопходна. Одговорот на ова би бил континуирана работа на проектот на Националната конвенција. Поради тоа ние сме во фаза кога ја бараме сета можна поддршка да го продолжиме проектот во Македонија, не само во овие поглавја што ги споменав, туку и во други области каде заедничката позиција на експертите од невладините организации како и од владините институции, ќе биде само додадена вредност на процесот на европска интеграција на Македонија.

The post Томаш Стражај: ЕУ треба да покаже единство за проширувањето appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Европската интеграција на Западен Балкан се претвори во прашање на безбедност https://republika.mk/vesti/balkan/kjuchuk-evropskata-integracija-na-zapaden-balkan-se-pretvori-vo-prashanje-na-bezbednost/ Tue, 26 Apr 2022 10:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=493748

Темата за европската интеграција на Западен Балкан доби друга димензија и стана прашање на безбедност, рече европратеникот и копретседател на Европските либерали АЛДЕ Илхан Ќучук за време на состанокот на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ во Софија, на кој политичари и експерти разговараат за чекорите кон зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според европратеникот Илхан Ќучук, Европската унија мора да и додели на Украина статус на кандидат за ЕУ уште во јуни оваа година. Тој посочи дека и денес слуша скептични гласови кои велат – Украина никогаш нема да биде дел од ЕУ и никогаш нема да добие кандидатски статус.

Во време кога ЕУ е обединета, мора да се направи најсилниот и најголемиот чекор за нејзините вредности, а тоа е да ѝ се даде на Украина статус на кандидат за ЕУ во јуни, рече тој и додаде дека очекува европските институции и пред сè, за Советот на ЕУ, да бидат на висината на својата одговорност.

The post Ќучук: Европската интеграција на Западен Балкан се претвори во прашање на безбедност appeared first on Република.

]]>

Темата за европската интеграција на Западен Балкан доби друга димензија и стана прашање на безбедност, рече европратеникот и копретседател на Европските либерали АЛДЕ Илхан Ќучук за време на состанокот на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ во Софија, на кој политичари и експерти разговараат за чекорите кон зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според европратеникот Илхан Ќучук, Европската унија мора да и додели на Украина статус на кандидат за ЕУ уште во јуни оваа година. Тој посочи дека и денес слуша скептични гласови кои велат – Украина никогаш нема да биде дел од ЕУ и никогаш нема да добие кандидатски статус. Во време кога ЕУ е обединета, мора да се направи најсилниот и најголемиот чекор за нејзините вредности, а тоа е да ѝ се даде на Украина статус на кандидат за ЕУ во јуни, рече тој и додаде дека очекува европските институции и пред сè, за Советот на ЕУ, да бидат на висината на својата одговорност.

The post Ќучук: Европската интеграција на Западен Балкан се претвори во прашање на безбедност appeared first on Република.

]]>
Франција го презема претседателството со ЕУ, проширувањето на периферијата на приоритетите на Макрон https://republika.mk/vesti/svet/francija-go-prezema-pretsedatelstvoto-so-eu-proshiruvanjeto-na-periferijata-na-prioritetite-na-makron/ Sat, 01 Jan 2022 14:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=439333

Од денеска во следните шест месеци Франција ќе претседава со Европската унија.

Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција во Париз. Зборот „проширување“ не беше споменат, но шефот на државата го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети.

Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска“, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот.

Претходно по барање на Франција ЕУ освои нова методологија за проширување.

Во говорот за преставување на приоритетите Макрон повика на силна, суверена и обединета Европа. Меѓу предлозите на Франција е да се зголеми „стратешкиот суверенитет“ на блокот, дозволувајќи ѝ да дејствува со поголема независност од САД кога тоа одговара на интересите на блокот.

Макрон, исто така, сака напредок и во заедничката одбранбена способност на ЕУ, така што ЕУ повеќе да не се потпира само на Америка. Франција, исто така, сака да го искористи претседавањето за да ја зголеми координацијата меѓу земјите-членки за миграцијата, вклучително и создавање сили за брза реакција за одговор на кризите на надворешните граници на блокот.

Меѓу приоритетите се и минимална плата во целата Унија, поголема регулатива за дигиталните гиганти, заштита на животната средина и промени во строгите правила за буџетскиот дефицит на ЕУ во време кога земјите-членки се обидуваат да ги спасат своите економии по пандемијата на коронавирус.

Франција во април ја очекуваат избори, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања, а проширувањето е посебно чувствителна тема која би можела да им служи како оружје на ривалите на Емануел Макрон.

The post Франција го презема претседателството со ЕУ, проширувањето на периферијата на приоритетите на Макрон appeared first on Република.

]]>

Од денеска во следните шест месеци Франција ќе претседава со Европската унија. Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција во Париз. Зборот „проширување“ не беше споменат, но шефот на државата го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети.
Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска“, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот.
Претходно по барање на Франција ЕУ освои нова методологија за проширување. Во говорот за преставување на приоритетите Макрон повика на силна, суверена и обединета Европа. Меѓу предлозите на Франција е да се зголеми „стратешкиот суверенитет“ на блокот, дозволувајќи ѝ да дејствува со поголема независност од САД кога тоа одговара на интересите на блокот. Макрон, исто така, сака напредок и во заедничката одбранбена способност на ЕУ, така што ЕУ повеќе да не се потпира само на Америка. Франција, исто така, сака да го искористи претседавањето за да ја зголеми координацијата меѓу земјите-членки за миграцијата, вклучително и создавање сили за брза реакција за одговор на кризите на надворешните граници на блокот. Меѓу приоритетите се и минимална плата во целата Унија, поголема регулатива за дигиталните гиганти, заштита на животната средина и промени во строгите правила за буџетскиот дефицит на ЕУ во време кога земјите-членки се обидуваат да ги спасат своите економии по пандемијата на коронавирус. Франција во април ја очекуваат избори, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања, а проширувањето е посебно чувствителна тема која би можела да им служи како оружје на ривалите на Емануел Макрон.

The post Франција го презема претседателството со ЕУ, проширувањето на периферијата на приоритетите на Макрон appeared first on Република.

]]>