Игор Маџиров Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-madzirov/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 13:47:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Маџиров Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-madzirov/ 32 32 Француската „Не ме чекај“ ја освои Гран при наградата на фестивалот „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/frantsuskata-ne-me-chekaj-ja-osvoi-gran-pri-nagradata-na-festivalot-igor-madhirov/ Sun, 06 Oct 2024 13:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=823490

Заврши третото издание на меѓународниот фестивал на детскиот театар „Игор Маџирот“ 2024, во организација на НУ Театар за деца и младинци – Скопје. За најдобра претстава на фестивалот беше прогласена претставата „Не ме чекај” на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.

Детското жири во состав од: Неда Блажевска, Тео Манев, Уна Дона Силјановска, Бисера Мојаноска, Теофил Сачкарски, Саша Димитриевска, Ведран Маричиќ, за најдобра претстава на фестивалот ја програсија претставата „По трагите на волкот”, во режија на Јакуб Максимов од Чешка, а во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад, Србија.

Стручното жири составено од претседателката Рената Карола Гатика од Хрватска и членовите Ана Левајковиќ Бошков, актерка и Биљана Крајчевска, драматург, ја прогласија најдобрата претстава на фестивалот.

„Претставата е едно неверојатно патување кое нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку симпатични и духовити ликови, низ распон на емоции, а најважното е универзалната и секогаш актуелната порака: ‘Домот е онаму каде што си ти, домот е секогаш во тебе’“, се вели во одлуката на жири комисијата.

Наградата за режија му беше доделена на Јакуб Максимов за претставата „По трагите на Волкот“ според романот на Џек Лондон во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад – Србија.

Наградата за сценографија му беше доделена на Лусил Регер за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.

Наградата за костимографија ја доби Каролина Арандија за претставата „По трагите на Волкот“ во изведба на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија.

Жирито додели две награди за актерски остварувања на: Вера Розанова за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција и на актерката Петра Шарац за претставата „О ла ла“ на „Градски куклен театар“ од Ријека, Хрватска.

Специјалнате награди за колективна актерска игра беше доделена на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија за претставата „По трагите на Волкот“ и на „Краљевскиот театар“ за претставата „Тогаш кога се изгубивме“.

Специјалната награда за музика се додели на композиторката Звездана Новаковиќ и музичката изведба на актерката Маја Куншиќ .

Специјалната награда за најдобар драмски текст се додели на Лоте Фаруп за текстот „Тогаш кога се изгубивме“.

На фестивалот „Игор Маџиров” настапија десет претстави, беа одржани две работилници за деца и млади и се одржа панел дискусија посветена на детскиот театар.

И оваа година фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

 

The post Француската „Не ме чекај“ ја освои Гран при наградата на фестивалот „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

Заврши третото издание на меѓународниот фестивал на детскиот театар „Игор Маџирот“ 2024, во организација на НУ Театар за деца и младинци – Скопје. За најдобра претстава на фестивалот беше прогласена претставата „Не ме чекај” на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција. Детското жири во состав од: Неда Блажевска, Тео Манев, Уна Дона Силјановска, Бисера Мојаноска, Теофил Сачкарски, Саша Димитриевска, Ведран Маричиќ, за најдобра претстава на фестивалот ја програсија претставата „По трагите на волкот”, во режија на Јакуб Максимов од Чешка, а во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад, Србија. Стручното жири составено од претседателката Рената Карола Гатика од Хрватска и членовите Ана Левајковиќ Бошков, актерка и Биљана Крајчевска, драматург, ја прогласија најдобрата претстава на фестивалот. „Претставата е едно неверојатно патување кое нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку симпатични и духовити ликови, низ распон на емоции, а најважното е универзалната и секогаш актуелната порака: ‘Домот е онаму каде што си ти, домот е секогаш во тебе’“, се вели во одлуката на жири комисијата. Наградата за режија му беше доделена на Јакуб Максимов за претставата „По трагите на Волкот“ според романот на Џек Лондон во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад – Србија. Наградата за сценографија му беше доделена на Лусил Регер за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција. Наградата за костимографија ја доби Каролина Арандија за претставата „По трагите на Волкот“ во изведба на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија. Жирито додели две награди за актерски остварувања на: Вера Розанова за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција и на актерката Петра Шарац за претставата „О ла ла“ на „Градски куклен театар“ од Ријека, Хрватска. Специјалнате награди за колективна актерска игра беше доделена на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија за претставата „По трагите на Волкот“ и на „Краљевскиот театар“ за претставата „Тогаш кога се изгубивме“. Специјалната награда за музика се додели на композиторката Звездана Новаковиќ и музичката изведба на актерката Маја Куншиќ . Специјалната награда за најдобар драмски текст се додели на Лоте Фаруп за текстот „Тогаш кога се изгубивме“. На фестивалот „Игор Маџиров” настапија десет претстави, беа одржани две работилници за деца и млади и се одржа панел дискусија посветена на детскиот театар. И оваа година фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.  

The post Француската „Не ме чекај“ ја освои Гран при наградата на фестивалот „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
„Палешка“ на Куклениот театар Љубљана од Словенија вечерва на Фестивалот на детски театари „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/paleshka-na-kukleniot-teatar-lublana-od-slovenija-vecherva-na-festivalot-na-detski-teatari-igor-madhirov/ Wed, 02 Oct 2024 09:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=821691

Вечерва, во 19.30 часот во Театарот за деца и младинци (ТДМ) со „Палешка“ на Куклениот театар Љубљана од Словенија, наменета за деца над 3 години продолжува 3. издание на Фестивалот на детски театари „Игор Маџиров“ кој свечено беше отворен вчера со претставата „Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант.

Претставата ја игра и е во режија на Маја Куншиќ.

Утрово во Театар Комедија гостуваше Краљевачкиот театар од Краљево, Србија, а во 13 часот ќе следува матерклас на режисерот Јакуб Максимов од Чешка. Во 17 часот, во Македонскиот народен театар ќе следува панел-дискусија што ќе ја водат режисерите Драгана Милошевски-Попова и Игор Ивковиќ.

https://republika.mk/vesti/kultura/teatarot-za-detsa-i-mladintsi-sozdadoa-vrvna-manifestatsija-dostojna-na-spomenot-na-igor-madhirov-reche-silanovska-davkova-na-otvoraneto-na-festivalot-na-detski-teatri/

The post „Палешка“ на Куклениот театар Љубљана од Словенија вечерва на Фестивалот на детски театари „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 19.30 часот во Театарот за деца и младинци (ТДМ) со „Палешка“ на Куклениот театар Љубљана од Словенија, наменета за деца над 3 години продолжува 3. издание на Фестивалот на детски театари „Игор Маџиров“ кој свечено беше отворен вчера со претставата „Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант. Претставата ја игра и е во режија на Маја Куншиќ. Утрово во Театар Комедија гостуваше Краљевачкиот театар од Краљево, Србија, а во 13 часот ќе следува матерклас на режисерот Јакуб Максимов од Чешка. Во 17 часот, во Македонскиот народен театар ќе следува панел-дискусија што ќе ја водат режисерите Драгана Милошевски-Попова и Игор Ивковиќ. https://republika.mk/vesti/kultura/teatarot-za-detsa-i-mladintsi-sozdadoa-vrvna-manifestatsija-dostojna-na-spomenot-na-igor-madhirov-reche-silanovska-davkova-na-otvoraneto-na-festivalot-na-detski-teatri/

The post „Палешка“ на Куклениот театар Љубљана од Словенија вечерва на Фестивалот на детски театари „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/frantsuskata-pretstava-ne-me-chekaj-go-otvora-tretoto-izdanie-na-internatsionalniot-detski-festival-igor-madhirov/ Mon, 30 Sep 2024 11:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=820988

„Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант, утре, на први октомври, во Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе го отвори третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ кој ќе трае до петти октомври.

Организаторот, ТДМ најави гости од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Италија, Хрватска и Македонија.

Ова е трето издание, трета среќа, програмата ќе биде побогата и поразновидна. Екипата која работи на Фестивалот многу се потруди на пубиката да и донесе квалитетни претстави. Верувам дека ќе имаме светско издание на Фестивалот. Тешко е да се прави Фестивал во ваков обем, со ваква обилна програма, а со малку пари, изјави на денешната прес-конфренција директорот на ТДМ Катерина Илиевска Силјановска.

Драгана Милошевски Попова, која е селекторка на Фестивалот кажа дека имале тешка задача да ги изберат годинашните учесници на „Игор Маџиров“ бидејќи добиле многу апликации.

Во наредните денови ќе проследиме многу значајни претстави. Сите можеби не се од најновата продукција, но вреди да се видат, кажа Милошевски Попова.

По отворањето, в среда, на втори октомври, во Театар Комедија во 11 часот ќе се одигра „Тогаш кога се изгубивме“ (Краљево, Србија), а во вечерниот термин во 19,30 е „Палешка“ во ТДМ на куклениот театар од Љубљана. В четврток, на трети октомври во ТДМ во 11 госотува Бабец театарот од Битола со „На гости кај Кате и Фреда“, а во 19,30 во ТДМ е „Си беше еднаш еден лав“ од Бања Лука (БиХ). На четврти октомври, в петок, во Драмски театар е „Парадевојче“ на театарот од Зрењанин, Србија (11 часот), во ТДМ во 17 часот е „Светско шоу на ѕвездите“ на Караѓоз театарот од Истанбул, а вечерта од 19, 30 во Драмски театар е „Дупка и копче“ - приказна за кројачот и неговата душа на Театарот од Рим, Италија. На петти октомври, в сабота од 12 часот во Театар Комедија е претставата „По трагите на волкот“ на младинскиот театар од Нови Сад, во 17 часот во ТДМ гостува Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска со „О, ла, ла“, а Фестивалот се затвора со „Франкенштајн“ во продукција на ТДМ, чија претстава е надвор од конкуренција. Пред одигрување на претставата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени наградите на најдобрите на Фестивалот за кој ќе одлучува жири-комисија.

Освен во ТДМ, Фестивалот ќе се одржува и на сцените на Драмски театар, Театар Комедија и Македонскиот народен театар (МНТ). Ќе има и придружна програма која ќе се одржува на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). На втори октомври, на ФДУ во 13 часот е мастр-класот со чешкиот режисер Јакуб Максимов, кој е автор на „Роња, ќерката на ограбувачот“ со која ТДМ освои многу интернациолани и домашни награди.

Ќе има и работилници за креативно пишување за млади таленти кои ќе се одржуваат во просториите на ТДМ под менторство на Драгана Лукан Николовски, Хана Миленковска и Давор Драгојевиќ од Црна Гора.

По повод Светската недела на детето, од ТДМ решиле цените на билетите за претставите да чинат 150 денари.

The post Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

„Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант, утре, на први октомври, во Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе го отвори третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ кој ќе трае до петти октомври. Организаторот, ТДМ најави гости од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Италија, Хрватска и Македонија.
Ова е трето издание, трета среќа, програмата ќе биде побогата и поразновидна. Екипата која работи на Фестивалот многу се потруди на пубиката да и донесе квалитетни претстави. Верувам дека ќе имаме светско издание на Фестивалот. Тешко е да се прави Фестивал во ваков обем, со ваква обилна програма, а со малку пари, изјави на денешната прес-конфренција директорот на ТДМ Катерина Илиевска Силјановска.
Драгана Милошевски Попова, која е селекторка на Фестивалот кажа дека имале тешка задача да ги изберат годинашните учесници на „Игор Маџиров“ бидејќи добиле многу апликации.
Во наредните денови ќе проследиме многу значајни претстави. Сите можеби не се од најновата продукција, но вреди да се видат, кажа Милошевски Попова.
По отворањето, в среда, на втори октомври, во Театар Комедија во 11 часот ќе се одигра „Тогаш кога се изгубивме“ (Краљево, Србија), а во вечерниот термин во 19,30 е „Палешка“ во ТДМ на куклениот театар од Љубљана. В четврток, на трети октомври во ТДМ во 11 госотува Бабец театарот од Битола со „На гости кај Кате и Фреда“, а во 19,30 во ТДМ е „Си беше еднаш еден лав“ од Бања Лука (БиХ). На четврти октомври, в петок, во Драмски театар е „Парадевојче“ на театарот од Зрењанин, Србија (11 часот), во ТДМ во 17 часот е „Светско шоу на ѕвездите“ на Караѓоз театарот од Истанбул, а вечерта од 19, 30 во Драмски театар е „Дупка и копче“ - приказна за кројачот и неговата душа на Театарот од Рим, Италија. На петти октомври, в сабота од 12 часот во Театар Комедија е претставата „По трагите на волкот“ на младинскиот театар од Нови Сад, во 17 часот во ТДМ гостува Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска со „О, ла, ла“, а Фестивалот се затвора со „Франкенштајн“ во продукција на ТДМ, чија претстава е надвор од конкуренција. Пред одигрување на претставата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени наградите на најдобрите на Фестивалот за кој ќе одлучува жири-комисија. Освен во ТДМ, Фестивалот ќе се одржува и на сцените на Драмски театар, Театар Комедија и Македонскиот народен театар (МНТ). Ќе има и придружна програма која ќе се одржува на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). На втори октомври, на ФДУ во 13 часот е мастр-класот со чешкиот режисер Јакуб Максимов, кој е автор на „Роња, ќерката на ограбувачот“ со која ТДМ освои многу интернациолани и домашни награди. Ќе има и работилници за креативно пишување за млади таленти кои ќе се одржуваат во просториите на ТДМ под менторство на Драгана Лукан Николовски, Хана Миленковска и Давор Драгојевиќ од Црна Гора. По повод Светската недела на детето, од ТДМ решиле цените на билетите за претставите да чинат 150 денари.

The post Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
Со „Роња, ќерката на ограбувачот“ свечено се отвора Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-rona-kerkata-na-ograbuvachot-svecheno-se-otvora-festivalot-na-detski-teatri-igor-madhirov/ Wed, 27 Sep 2023 09:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=685578

„Ослободи ја својата фантазија“ е мотото на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ што ќе се одржува од денеска до сабота во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци.

Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, по што следуваат изведбите на претставите од повеќе меѓународни театри.

Во наредните денови публиката ќе може да ужива во претставите „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб, „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци, „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац и претставата „ERROR 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија.

Годинава, се воведува и детско жири од седум деца на возраст од 9 до 12 години.

Фестивалот, годинава е поддржан од Минситерството за култура.

Претставите ќе се изведуваат на сцените на Театарот за деца и младинци, Театар Комедија, МНТ и Албанскиот театар за деца и млади, а цената на билетите е 200 денари.

The post Со „Роња, ќерката на ограбувачот“ свечено се отвора Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

„Ослободи ја својата фантазија“ е мотото на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ што ќе се одржува од денеска до сабота во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци. Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, по што следуваат изведбите на претставите од повеќе меѓународни театри. Во наредните денови публиката ќе може да ужива во претставите „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб, „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци, „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац и претставата „ERROR 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија. Годинава, се воведува и детско жири од седум деца на возраст од 9 до 12 години. Фестивалот, годинава е поддржан од Минситерството за култура. Претставите ќе се изведуваат на сцените на Театарот за деца и младинци, Театар Комедија, МНТ и Албанскиот театар за деца и млади, а цената на билетите е 200 денари.

The post Со „Роња, ќерката на ограбувачот“ свечено се отвора Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
Претставата „Том Соер“ ќе го отвори првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-tom-soer-kje-go-otvori-prvoto-izdanie-na-ifdt-igor-madzirov/ Fri, 30 Sep 2022 09:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=555884

Со претставата „Том Соер“ во режија на Деан Дамјановски вечер ќе биде отворено првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, во организација на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во рамки на фестивалот, што ќе трае до 4 октомври, ќе можат да се погледнат девет претстави. Покрај „Том Соер“ на Театарот за деца и младинци – Скопје, ќе бидат изведени „Авантурите на Баронот Минхаузен“ на „Жар птица“ Театарот од Загреб, Хрватска, „Тивкото момче“ на Детскиот театар од Крагуевац, Србија, „Мачката папучарка“ од Градскиот театар на Подгорица, Црна Гора, „Вечерва не сум сама“, во продукција на Албанскиот театар за деца и младинци од Скопје, „Авантурите на малиот Јују“, на Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Јованче и Марика“ на театарот „Битолино“ од Битола, „До границата“ на театарската компанија „Петра“ од Итлија и претставата „Жирафа“ на театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција.

На фестивалот, покрај селектираните претстави ќе има и тридневна работилница за кукларство, предводена од режисерот Јакуб Максимов од Чешка. Ќе се одржи и панел дискусија на која ќе има презентација за меѓународната соработка на детските театарски продукции, преку искуствата на српскиот национален центар на меѓународната асоцијација на детски театри „АСИТЕЖ“.

Селектор на фестивалот е актерот Владимир Лазовски. Пораката што оваа година ја упатува фестивалот е „Види нови светови, остани дете“, предлог на истакнатиот поет Никола Маџиров, што беше со голема радост прифатен од фестивалската организација.

Упатувам порака до сите деца и родители. Дојдете во Детскиот театар, гледајте претстави и откријте нови светови. За миг побегнете од компјутерската реалност, истакна Изабела Новотни актерка, која е член на Советот на фестивалот.

Визуелниот идентитет на годинашното издание е на авторката Јана Андева, а како извршен продуцент се јавува Миодраг Костиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат награди: Гран при најдобра претстава во целина, Награда за најдобра режија, Награда за костимографија, сценографија, музика, Награда за најдобар актер и актерка. За нив ќе одлучува тричлено жири во состав: Диана Крзаниќ Тепавац, актерка и претседател на „АСИТЕЖ“ Србија, Благој Чоревски и режисерката Драгана Милошевски Попов.

The post Претставата „Том Соер“ ќе го отвори првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Том Соер“ во режија на Деан Дамјановски вечер ќе биде отворено првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, во организација на Театар за деца и младинци – Скопје. Во рамки на фестивалот, што ќе трае до 4 октомври, ќе можат да се погледнат девет претстави. Покрај „Том Соер“ на Театарот за деца и младинци – Скопје, ќе бидат изведени „Авантурите на Баронот Минхаузен“ на „Жар птица“ Театарот од Загреб, Хрватска, „Тивкото момче“ на Детскиот театар од Крагуевац, Србија, „Мачката папучарка“ од Градскиот театар на Подгорица, Црна Гора, „Вечерва не сум сама“, во продукција на Албанскиот театар за деца и младинци од Скопје, „Авантурите на малиот Јују“, на Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Јованче и Марика“ на театарот „Битолино“ од Битола, „До границата“ на театарската компанија „Петра“ од Итлија и претставата „Жирафа“ на театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција. На фестивалот, покрај селектираните претстави ќе има и тридневна работилница за кукларство, предводена од режисерот Јакуб Максимов од Чешка. Ќе се одржи и панел дискусија на која ќе има презентација за меѓународната соработка на детските театарски продукции, преку искуствата на српскиот национален центар на меѓународната асоцијација на детски театри „АСИТЕЖ“. Селектор на фестивалот е актерот Владимир Лазовски. Пораката што оваа година ја упатува фестивалот е „Види нови светови, остани дете“, предлог на истакнатиот поет Никола Маџиров, што беше со голема радост прифатен од фестивалската организација.
Упатувам порака до сите деца и родители. Дојдете во Детскиот театар, гледајте претстави и откријте нови светови. За миг побегнете од компјутерската реалност, истакна Изабела Новотни актерка, која е член на Советот на фестивалот.
Визуелниот идентитет на годинашното издание е на авторката Јана Андева, а како извршен продуцент се јавува Миодраг Костиќ. Фестивалот е со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат награди: Гран при најдобра претстава во целина, Награда за најдобра режија, Награда за костимографија, сценографија, музика, Награда за најдобар актер и актерка. За нив ќе одлучува тричлено жири во состав: Диана Крзаниќ Тепавац, актерка и претседател на „АСИТЕЖ“ Србија, Благој Чоревски и режисерката Драгана Милошевски Попов.

The post Претставата „Том Соер“ ќе го отвори првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
Првиот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“ https://republika.mk/vesti/kultura/prviot-internacionalen-festival-na-detski-teatri-igor-madzirov-se-otvora-so-pretstavata-na-tdm-tom-soer/ Wed, 28 Sep 2022 11:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=555187

„Види нови светови и остани дете“ е мотото на првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022 кој почнува в петок, на 30 септември во организација на Театарот за деца и младинци (ТДМ).

Ни пристигнаа 17 апликации од повеќе земји, ние селектиравме девет продукции кои ќе настапат на Фестивалот. Организацијата на Фестивалот за нас е од големо значење и посебно ни е важно што Фестивалот ќе го носи името на нашиот прерано починат колега Игор Маџиров. Сите ние емтовино сме врзани со Игор, кој беше член на нашиот ансамбл, изјави директоротката на ТДМ Катарина Илиевска Силјановска.

На отворањето на Фестивалот на Игор Маџиров постхумно ќе му биде доделено посебно признание за трајни вредности, соопштија од ТДМ.

Фестивалот, кој ќе трае до 4. октомври се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“, во 19 часот. В сабота, на први октомври гостува Градски театар „Жар птица“ од Загеб (Хрватска) со претставата „Авантурите на барон Минхаузен“ во 11 часот, а во 19 часот е „Тивкото момче“ на Детскиот тетар од Крагуевац (Србија). В недела, на 2 октомври, (11 часот) гостува Градскиот театар од Подгорица, Црна Гора со „Маца папучарката“. Во Албанскиот тетар за деца и младинци во скопската Стара Чаршија во 17 часот е „Вечерва не сум сама“, на ансамблот на Албански театар за деца и младинци, а вечерта, во 19 часот во ТДМ е „Авантурите на малиот ју ју“ на Градски театар Ријека (Хрватска). На 3 октомври, во недела, во 11 часот во ТДМ гостува театарот „Бабец“ од Битола со „Јованче и Марика“, во 17 часот во Театар Комедија е италјанската претстава „До границата“ на Театарската компанија „Петра“, а Фестивалот се затвора со „Жирафа“ на Театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција.

Не знам како поинаку би го крстиле овој Фестивал освен Игор Маџиров. Среќен сум и возбуден што ми се остварија две желби - едната да организираме Фестивал, а другата Фестивалот да се вика Игор Маџиров. Тој беше многу важен човек и се уште е важен во нашите животи. Тој беше срцето и душата на овој Театар, рече актерот Драган Довлев, дел од Советот на Фестивалот.

Довлев посака овој фестивал да прерасне во традиција.

Би сакал да растеме од година во година, и со гости и со квалитет, рече Довлев.

Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум награди за кои ќе одлучува интернационална жири комисија составена од три члена. Наградите што ќе ги доделува фестивалот се: Гранд при награда за најдобра претстава во целина; Награда за најдобра режија; Награда за најдобра машка улога; Награда за најдобра женска улога; Награда за најдобра сценографија; Награда за најдобра костимографија; Специјална награда.

Покрај главната натпреварувачка програма, фестивалот ќе има и придружна програма во која ќе се одржат работилници, семинари, дебати посветени на куклениот, детскиот и младинскиот театар.

Упатувам порака до сите деца и родители. Дојдете во детскиот театар, гледајте претстави и откријте нови светови. За миг побегнете од компјутерската реалност, истакна Изабела Новотни актерка, која е член на Советот на фестивалот.

Билетите за сите претстави ќе чинат 200 денари.

https://republika.mk/vesti/kultura/teatarskiot-reziser-i-kuklar-od-cheshka-jakub-maksimov-kje-odrzi-rabotilnica-za-kuklarstvo-vo-tdm/

 

The post Првиот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“ appeared first on Република.

]]>

„Види нови светови и остани дете“ е мотото на првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022 кој почнува в петок, на 30 септември во организација на Театарот за деца и младинци (ТДМ).
Ни пристигнаа 17 апликации од повеќе земји, ние селектиравме девет продукции кои ќе настапат на Фестивалот. Организацијата на Фестивалот за нас е од големо значење и посебно ни е важно што Фестивалот ќе го носи името на нашиот прерано починат колега Игор Маџиров. Сите ние емтовино сме врзани со Игор, кој беше член на нашиот ансамбл, изјави директоротката на ТДМ Катарина Илиевска Силјановска.
На отворањето на Фестивалот на Игор Маџиров постхумно ќе му биде доделено посебно признание за трајни вредности, соопштија од ТДМ. Фестивалот, кој ќе трае до 4. октомври се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“, во 19 часот. В сабота, на први октомври гостува Градски театар „Жар птица“ од Загеб (Хрватска) со претставата „Авантурите на барон Минхаузен“ во 11 часот, а во 19 часот е „Тивкото момче“ на Детскиот тетар од Крагуевац (Србија). В недела, на 2 октомври, (11 часот) гостува Градскиот театар од Подгорица, Црна Гора со „Маца папучарката“. Во Албанскиот тетар за деца и младинци во скопската Стара Чаршија во 17 часот е „Вечерва не сум сама“, на ансамблот на Албански театар за деца и младинци, а вечерта, во 19 часот во ТДМ е „Авантурите на малиот ју ју“ на Градски театар Ријека (Хрватска). На 3 октомври, во недела, во 11 часот во ТДМ гостува театарот „Бабец“ од Битола со „Јованче и Марика“, во 17 часот во Театар Комедија е италјанската претстава „До границата“ на Театарската компанија „Петра“, а Фестивалот се затвора со „Жирафа“ на Театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција.
Не знам како поинаку би го крстиле овој Фестивал освен Игор Маџиров. Среќен сум и возбуден што ми се остварија две желби - едната да организираме Фестивал, а другата Фестивалот да се вика Игор Маџиров. Тој беше многу важен човек и се уште е важен во нашите животи. Тој беше срцето и душата на овој Театар, рече актерот Драган Довлев, дел од Советот на Фестивалот.
Довлев посака овој фестивал да прерасне во традиција.
Би сакал да растеме од година во година, и со гости и со квалитет, рече Довлев.
Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум награди за кои ќе одлучува интернационална жири комисија составена од три члена. Наградите што ќе ги доделува фестивалот се: Гранд при награда за најдобра претстава во целина; Награда за најдобра режија; Награда за најдобра машка улога; Награда за најдобра женска улога; Награда за најдобра сценографија; Награда за најдобра костимографија; Специјална награда. Покрај главната натпреварувачка програма, фестивалот ќе има и придружна програма во која ќе се одржат работилници, семинари, дебати посветени на куклениот, детскиот и младинскиот театар.
Упатувам порака до сите деца и родители. Дојдете во детскиот театар, гледајте претстави и откријте нови светови. За миг побегнете од компјутерската реалност, истакна Изабела Новотни актерка, која е член на Советот на фестивалот.
Билетите за сите претстави ќе чинат 200 денари. https://republika.mk/vesti/kultura/teatarskiot-reziser-i-kuklar-od-cheshka-jakub-maksimov-kje-odrzi-rabotilnica-za-kuklarstvo-vo-tdm/  

The post Првиот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“ appeared first on Република.

]]>
Театарот за деца и младинци го најавува првиот Интернационален театарски фестивал на детски театари во чест на Игор Маџиров https://republika.mk/vesti/kultura/teatarot-za-deca-i-mladinci-go-najavuva-prviot-internacionalen-teatarski-festival-vo-chest-na-igor-madzirov/ Fri, 25 Mar 2022 08:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=478201

Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска, на 25 март го прославува 32-от роденден и го најавува првиот интернационален театарски фестивал на детски театри именуван според како што велат од ТДМ никогаш незаборавен колега и раскошен актер Игор Маџиров.

По 32 години успешна работа, со бројни меѓународни награди и признанија, со неколку рекордни изведби на претстави во нашиот театар, сакавме да ја продолжиме нашата успешна приказна, создавајќи го и овој фестивал, чија цел е промоција на детски претстави работени од наши колеги од светот, вели директорката на ТДМ Катерина Илиевска - Силјановска.

Интернационалниот театарски фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ ќе се одржи од 30. септември до 4. октомври 2022 во Скопје. Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум  награди за кои ќе одлучува интернационална жири комисија составена од три члена. Наградите кои ќе ги доделува фестивалот „Игор Маџиров“ се: Гранд при награда за најдобра претстава во целина, за најдобра режија, за најдобра машка улога, за најдобра женска улога, за најдобра сценографија, за најдобра костимографија и Специјална награда.

Покрај главната натпреварувачка програма, фестивалот ќе има и придружна програма во која ќе се одржат работилници, семинари, дебати посветени на куклениот, детскиот и младинскиот театар.

Во тек е отворен конкурс за доставување пријави за учество, на порталот www.puppet.com.mk. Право на учество имаат домашни и странски професионални ансамбли кои творат во областа на детскиот театар. Апликацијата и сите неопходни информации за првото фестивалско издание може да се најдат на македонски и англиски јазик. За главната натпреварувачка програма ќе одлучува Селекторот, во соработка со Уметничкиот совет на фестивалот.

Иницијативата за основање на овој фестивал е мотивирана од желбата на колективот на Театарот за деца и младинци, а истата е продолжение и на т.н. Балкански кулкен фестивал, што во раните 90ти години беше организиран од нашиот театар во соработка со сите други регионални театри. Среќни сме што сите овие аспекти беа препознаени и од Министерството за култура, кое оваа година го поддржа овој проект во програмата за проекти од Национален интерес во културата.

Веруваме дека фестивалот „Игор Маџиров“, ќе ја збогати културната понуда во нашата земја и во иднина ќе биде престижен фестивал со традиција,, чија цел е промоција и афирмација на детската театарска продукција, како основен естетски и едукативен потенцијал за нашата детска публика, додава Илиевска – Силјановска.

 

The post Театарот за деца и младинци го најавува првиот Интернационален театарски фестивал на детски театари во чест на Игор Маџиров appeared first on Република.

]]>

Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска, на 25 март го прославува 32-от роденден и го најавува првиот интернационален театарски фестивал на детски театри именуван според како што велат од ТДМ никогаш незаборавен колега и раскошен актер Игор Маџиров.
По 32 години успешна работа, со бројни меѓународни награди и признанија, со неколку рекордни изведби на претстави во нашиот театар, сакавме да ја продолжиме нашата успешна приказна, создавајќи го и овој фестивал, чија цел е промоција на детски претстави работени од наши колеги од светот, вели директорката на ТДМ Катерина Илиевска - Силјановска.
Интернационалниот театарски фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ ќе се одржи од 30. септември до 4. октомври 2022 во Скопје. Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум  награди за кои ќе одлучува интернационална жири комисија составена од три члена. Наградите кои ќе ги доделува фестивалот „Игор Маџиров“ се: Гранд при награда за најдобра претстава во целина, за најдобра режија, за најдобра машка улога, за најдобра женска улога, за најдобра сценографија, за најдобра костимографија и Специјална награда. Покрај главната натпреварувачка програма, фестивалот ќе има и придружна програма во која ќе се одржат работилници, семинари, дебати посветени на куклениот, детскиот и младинскиот театар. Во тек е отворен конкурс за доставување пријави за учество, на порталот www.puppet.com.mk. Право на учество имаат домашни и странски професионални ансамбли кои творат во областа на детскиот театар. Апликацијата и сите неопходни информации за првото фестивалско издание може да се најдат на македонски и англиски јазик. За главната натпреварувачка програма ќе одлучува Селекторот, во соработка со Уметничкиот совет на фестивалот.
Иницијативата за основање на овој фестивал е мотивирана од желбата на колективот на Театарот за деца и младинци, а истата е продолжение и на т.н. Балкански кулкен фестивал, што во раните 90ти години беше организиран од нашиот театар во соработка со сите други регионални театри. Среќни сме што сите овие аспекти беа препознаени и од Министерството за култура, кое оваа година го поддржа овој проект во програмата за проекти од Национален интерес во културата. Веруваме дека фестивалот „Игор Маџиров“, ќе ја збогати културната понуда во нашата земја и во иднина ќе биде престижен фестивал со традиција,, чија цел е промоција и афирмација на детската театарска продукција, како основен естетски и едукативен потенцијал за нашата детска публика, додава Илиевска – Силјановска.  

The post Театарот за деца и младинци го најавува првиот Интернационален театарски фестивал на детски театари во чест на Игор Маџиров appeared first on Република.

]]>