Игор Јуриќ Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-jurikj/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 19:41:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Јуриќ Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-jurikj/ 32 32 Игор Јуриќ: Мислам дека Данка е жива https://republika.mk/vesti/balkan/igor-jurik-mislam-deka-danka-e-zhiva/ Sat, 08 Jun 2024 19:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=785817

Игор Јуриќ ја шокираше јавноста дека шансите се мали, но дека е можно малата Данка да е жива.

- Без разлика што во јавноста беше осомничениот да даде изјава спротивна на објавеното во јавноста, дека ќе го признае делото, ми беше сосема јасно дека по подолг временски период тој би го негирал делото и се што е обвинет го става товарот - рече Јуриќ.

Јуриќ, чија ќерка пред десетина години ја имаше истата судбина како Данка објаснува зошто е на овој став.

- Не можеме како организација да дозволиме таа приказна да се турне под тепих и едноставно да исчезне. Имаме некакво признание без материјален доказ. Ниту еден нормален граѓанин не може да помисли дека тоа не може да му се случи утре. Токму затоа ја започнавме приказната; сакавме да ја анимираме јавноста и да ја вратиме самата Данка во фокусот, бидејќи лично се надевам дека некаде ќе се најде, бидејќи имало такви случаи, иако шансите се многу мали и свесни сме за тоа, но зошто да не се случи чудо и зошто таа не би била жива. Уште понејасно ми е, да речеме едно лице е обвинето за кривично дело, но ние имаме две лица, не ми се верува дека никој од тие двајца, кои се од село, кои немале никакви криминални дела зад себе, не можат прикриј вакво нешто. Навистина е чудно и затоа се надевам дека детето е на друго место.

The post Игор Јуриќ: Мислам дека Данка е жива appeared first on Република.

]]>

Игор Јуриќ: Изјавите на блиските се контрадикторни, сите ми се сомнителни во случајот со Данка https://republika.mk/vesti/balkan/igor-jurik-izjavite-na-bliskite-se-kontradiktorni-site-mi-se-somnitelni-vo-sluchajot-so-danka/ Fri, 29 Mar 2024 11:03:17 +0000 https://republika.mk/?p=760084

Сомнителни се сите околности кои довеле до ова исчезнување, како и изјавите на блиските роднини на девојчето, кои се контрадикторни, смета Игор Јуриќ, таткото на убиената Тијана Јуриќ, денес директор на Центарот за исчезнати и малтретирани деца во Србија коментирајќи го случајот со исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањски Поле кај Бор.

Ова е многу специфичен случај, пред се поради возраста на детето, а имајќи предвид дека детето е целосно немоќно да направи нешто самостојно, тогаш се се сведува на околината и луѓето околу детето. Ми се чини дека таму нема човек кој е во близина, а да не е сомнителен. Не вперувам прст кон никого, туку објективно гледам на фактите кои се актуелни во моментот и кои укажуваат дека сомнежот мора да постои и постои поради сите тие факти, вели тој за „Танјуг“.

Јуриќ вели дека мотивираноста на луѓето и припадниците на МУП на терен е показател колку сериозно се работи на случајот и колку енергија и сила е вложена во решавањето на овој случај, но и дека при секое исчезнување суштинско е времето, а како што тоа минува се намалува можноста детето да се врати живо, поради што, додава, потребно е сите да се подготват за најлошите вести.

The post Игор Јуриќ: Изјавите на блиските се контрадикторни, сите ми се сомнителни во случајот со Данка appeared first on Република.

Таткото на девојчето кое ја имаше истата судбина како Вања во врска со вдовицата на косовски политичар https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-devojcheto-koe-ja-imashe-istata-sudbina-kako-vana-vo-vrska-so-vdovitsata-na-kosovski-politichar/ Wed, 20 Dec 2023 07:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=724635

Игор Јуриќ татко на убиената Тијана Јуриќ веќе неколку години е во врска со вдовицата на Оливер Ивановиќ, Милена Поповиќ

Парот се запознал за време на  една телевизиска емисија, а трагедиите низ кои поминале и двајцата - тој по загубата на детето, а таа по загубата на сопругот ги зближија.

Игор беше разведен кога ја започна врската со Милена, а иако ја криеја врската, често се појавуваа заедно на јавни места. Последната година тие живеат заедно во центарот на Нови Сад.

„Ќерката на Игор, Сашка и синот на Милена, Богдан знаат заонивната врска од почетокот, а често семејно излегуваат на ручеци и вечери.

https://republika.mk/vesti/makedonija/negovata-tijana-ja-imashe-istata-sudbina-kako-vana-igor-jurik-doaga-vo-skopje-za-da-se-sretne-so-majkata-zoritsa/

Милена Ивановиќ Поповиќ го загуби сопругот Оливер на 16 јануари 2018 година, кога беше убиен додека влегуваше во просториите на неговата партија во Северна Митровица. Со Оливер го има синот Богдан.

Игор Јуриќ е основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, која го носи името на неговата ќерка. Тијана, која тогаш имаше петнаесет години и беше киднапирана, а потоа убиена од Драган Ѓуриќ, осуден на 40 години затвор.

Игор со години се бори да ги едуцира луѓето и да им помогне на сите кои претрпеле загуба на близок член од семејството како во случајот со нашата Вања.Тој минатата недела беше во Скопје но нема информации дали се сретнал со мајката на Вања, Зорица.

The post Таткото на девојчето кое ја имаше истата судбина како Вања во врска со вдовицата на косовски политичар appeared first on Република.

]]>

Игор Јуриќ татко на убиената Тијана Јуриќ веќе неколку години е во врска со вдовицата на Оливер Ивановиќ, Милена Поповиќ Парот се запознал за време на  една телевизиска емисија, а трагедиите низ кои поминале и двајцата - тој по загубата на детето, а таа по загубата на сопругот ги зближија. Игор беше разведен кога ја започна врската со Милена, а иако ја криеја врската, често се појавуваа заедно на јавни места. Последната година тие живеат заедно во центарот на Нови Сад. „Ќерката на Игор, Сашка и синот на Милена, Богдан знаат заонивната врска од почетокот, а често семејно излегуваат на ручеци и вечери. https://republika.mk/vesti/makedonija/negovata-tijana-ja-imashe-istata-sudbina-kako-vana-igor-jurik-doaga-vo-skopje-za-da-se-sretne-so-majkata-zoritsa/ Милена Ивановиќ Поповиќ го загуби сопругот Оливер на 16 јануари 2018 година, кога беше убиен додека влегуваше во просториите на неговата партија во Северна Митровица. Со Оливер го има синот Богдан. Игор Јуриќ е основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, која го носи името на неговата ќерка. Тијана, која тогаш имаше петнаесет години и беше киднапирана, а потоа убиена од Драган Ѓуриќ, осуден на 40 години затвор. Игор со години се бори да ги едуцира луѓето и да им помогне на сите кои претрпеле загуба на близок член од семејството како во случајот со нашата Вања.Тој минатата недела беше во Скопје но нема информации дали се сретнал со мајката на Вања, Зорица.  

The post Таткото на девојчето кое ја имаше истата судбина како Вања во врска со вдовицата на косовски политичар appeared first on Република.

]]>
Дали ова треба да се примени за киднаперите на Вања? Со „Законот на Тијана“ во Србија за убиство на дете следува доживотен затвор https://republika.mk/vesti/balkan/dali-ova-treba-da-se-primeni-za-kidnaperite-na-vana-so-zakonot-na-tijana-vo-srbija-za-ubistvo-na-dete-sleduva-dozhivoten-zatvor/ Sun, 10 Dec 2023 07:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=721384

Српскиот парламент во 2019 година ги усвои измените на Кривичниот законик со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и се воведува доживотен затвор за најтешките кривични дела.

Доживотна казна е предвидена за тешко убиство, силување, напад на малолетно дете, трудница и изнемоштено лице, што е во согласност со предлогот на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ за која е одговорен нејзиниот татко Игор.

Доживотниот затвор е проширен и на сите други кривични дела за кои според сегашниот закон е предвидена казна од 30 до 40 години.

Ова го отвора прашањето дали истото треба да се примени во македонскиот кривичен законик за убијците на Вања Ѓорчевска.

Според овој закон наречен „законот на Тијана“ полицијата повеќе не чека да поминат 24 часа, туку веднаш по пријавувањето на исчезнувањето почнува да бара исчезнато дете. Пред донесувањето на законот, во практиката на полициската работа тој период изнесуваше меѓу 24 и 48 часа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/negovata-tijana-ja-imashe-istata-sudbina-kako-vana-igor-jurik-doaga-vo-skopje-za-da-se-sretne-so-majkata-zoritsa/

The post Дали ова треба да се примени за киднаперите на Вања? Со „Законот на Тијана“ во Србија за убиство на дете следува доживотен затвор appeared first on Република.

]]>

Српскиот парламент во 2019 година ги усвои измените на Кривичниот законик со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и се воведува доживотен затвор за најтешките кривични дела. Доживотна казна е предвидена за тешко убиство, силување, напад на малолетно дете, трудница и изнемоштено лице, што е во согласност со предлогот на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ за која е одговорен нејзиниот татко Игор. Доживотниот затвор е проширен и на сите други кривични дела за кои според сегашниот закон е предвидена казна од 30 до 40 години. Ова го отвора прашањето дали истото треба да се примени во македонскиот кривичен законик за убијците на Вања Ѓорчевска. Според овој закон наречен „законот на Тијана“ полицијата повеќе не чека да поминат 24 часа, туку веднаш по пријавувањето на исчезнувањето почнува да бара исчезнато дете. Пред донесувањето на законот, во практиката на полициската работа тој период изнесуваше меѓу 24 и 48 часа. https://republika.mk/vesti/makedonija/negovata-tijana-ja-imashe-istata-sudbina-kako-vana-igor-jurik-doaga-vo-skopje-za-da-se-sretne-so-majkata-zoritsa/

The post Дали ова треба да се примени за киднаперите на Вања? Со „Законот на Тијана“ во Србија за убиство на дете следува доживотен затвор appeared first on Република.

]]>
Неговата Тијана ја имаше истата судбина како Вања: Игор Јуриќ доаѓа во Скопје за да се сретне со мајката Зорица https://republika.mk/vesti/makedonija/negovata-tijana-ja-imashe-istata-sudbina-kako-vana-igor-jurik-doaga-vo-skopje-za-da-se-sretne-so-majkata-zoritsa/ Fri, 08 Dec 2023 20:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=721154

Игор Јуриќ, чија ќерка Тијана беше убена  на сличен начин како Вања Ѓорчевска, во четврток ќе допатува во Скопје за да се сретне со мајката Зорица. Тој вели дека точно знае низ што поминува семејството на девојчето и затоа сака да се сретне со мајката, но и да го посети гробот на Вања.

Јуриќ нагласува дека има многу нелогичности во целиот случај.

Тука пред се мислам на таткото на девојчето.Министерот за внатешни работи прерано излезе со констатација за таткото.Јас не мислам дека еден татко е спремен да направи такво нешто иако сум свесен дека на планетава постојат секакои луѓе кои се спремни на сѐ.Но замислете да тоа не е точно и тој човек ќе биде обележен за цел живот дека го загрозил своето дете.Тоа е многу тешко обвинение.Од друга страна ако навистина тоа го направил не можам ни да замислам каква казна заслужува-објасни Јуриќ за „Прва ТВ“.

Која беше Тијана Јуриќ

15 годишната Тијана Јуриќ во 2014 година беше убиена од Драган Ѓуриќ, 34-годишен месар од белградската населба Сурчин.Кобната ноќ таа со другарките отишла на турнир во мал фудбал, кој се одржувал во селото Рата и останала со нив цела вечер. Околу полноќ, таа се упатила дома со друга, но на половина пат одлучила дека мора да се врати за да ја врати блузата што  ја позајмила од некој другар.

Тие се разделиле на околу 200 метри од куќата на нејзината баба и дедо. Подоцна, преку лична истрага, таткото на Тијана можел да реконструира каде отишла и што се случило. На пат кон спортскиот центар  сретнала уште неколку другарки кои ја прашале каде оди, а таа одговорила дека ќе ја врати позајмената маичка. Ја преминала железничката пруга и продолжила по патот кон спортското игралиште каде ја чекал нејзиниот пријател, сопственикот на маицата.Кога неговиот пријател видел дека Тијана не доаѓа, почнал да ја бара. Но, несреќната девојка во тој момент веќе била киднапирана.

Била пронајдена само нејзината патика. Врз основа на  истрагата е утврдено  дека од моментот кога последен пат била видена до моментот кога и била пронајдена патиката, не поминале повеќе од седум минути. Се претпоставува дека насилно била втурната во автомобилот, и дека и испаднала патиката додека се противела да влезе во возилото.Таа вечер пријателите на Тијана почнале да и се јавуваат на мобилен телефон и да праќаат пораки на Фејсбук, но таа не одговарала, а по два часа и се исклучил мобилниот.

Убиецот Ѓуриќ, кој е висок два метри и тежок преку 100 килограми, првично негираше дека ја киднапирал и убил Тијана Јуриќ, но кога паднал на полиграфскиот тест, се скршил и го признал своето страшно злосторство.Според неговата приказна, тој возел пијан и со автомобилот ја удрил девојката, а кога таа почнала да плаче и да вика помош, тој ја удрил неколку пати во главата и ја фрлил во автомобилот. Потоа ја однел на во шумма, каде што , ја соблекол, се обидел да ја силува, а потоа ја задавил со нејзината маица – истата таа сакала да и ја врати на другарот. После тоа  го вратил телото во автомобилот и го возел на десет километри од Сомбор, каде го закопал во дива депонија, на 23 километри од местото каде што ја киднапирал. Во багажникот на автомобилот била пронајдена и лопата со која ја закопал.

Осуден е на 55 години затвор, 40 за тешко убиство и 12 години за обид за силување, што заедно со максимална казна од 40 години.

По убиството на девојчето беше донесе закон кој беше наречен „Тијанин закон“ според кој полицијата повеќе не чека да поминат 24 часа, туку веднаш по пријавувањето на исчезнувањето почнува да бара исчезнато дете. Пред донесувањето на законот, во практиката на полициската работа тој период изнесуваше меѓу 24 и 48 часа.

The post Неговата Тијана ја имаше истата судбина како Вања: Игор Јуриќ доаѓа во Скопје за да се сретне со мајката Зорица appeared first on Република.

]]>

Игор Јуриќ, чија ќерка Тијана беше убена  на сличен начин како Вања Ѓорчевска, во четврток ќе допатува во Скопје за да се сретне со мајката Зорица. Тој вели дека точно знае низ што поминува семејството на девојчето и затоа сака да се сретне со мајката, но и да го посети гробот на Вања. Јуриќ нагласува дека има многу нелогичности во целиот случај.
Тука пред се мислам на таткото на девојчето.Министерот за внатешни работи прерано излезе со констатација за таткото.Јас не мислам дека еден татко е спремен да направи такво нешто иако сум свесен дека на планетава постојат секакои луѓе кои се спремни на сѐ.Но замислете да тоа не е точно и тој човек ќе биде обележен за цел живот дека го загрозил своето дете.Тоа е многу тешко обвинение.Од друга страна ако навистина тоа го направил не можам ни да замислам каква казна заслужува-објасни Јуриќ за „Прва ТВ“.

Која беше Тијана Јуриќ

15 годишната Тијана Јуриќ во 2014 година беше убиена од Драган Ѓуриќ, 34-годишен месар од белградската населба Сурчин.Кобната ноќ таа со другарките отишла на турнир во мал фудбал, кој се одржувал во селото Рата и останала со нив цела вечер. Околу полноќ, таа се упатила дома со друга, но на половина пат одлучила дека мора да се врати за да ја врати блузата што  ја позајмила од некој другар. Тие се разделиле на околу 200 метри од куќата на нејзината баба и дедо. Подоцна, преку лична истрага, таткото на Тијана можел да реконструира каде отишла и што се случило. На пат кон спортскиот центар  сретнала уште неколку другарки кои ја прашале каде оди, а таа одговорила дека ќе ја врати позајмената маичка. Ја преминала железничката пруга и продолжила по патот кон спортското игралиште каде ја чекал нејзиниот пријател, сопственикот на маицата.Кога неговиот пријател видел дека Тијана не доаѓа, почнал да ја бара. Но, несреќната девојка во тој момент веќе била киднапирана. Била пронајдена само нејзината патика. Врз основа на  истрагата е утврдено  дека од моментот кога последен пат била видена до моментот кога и била пронајдена патиката, не поминале повеќе од седум минути. Се претпоставува дека насилно била втурната во автомобилот, и дека и испаднала патиката додека се противела да влезе во возилото.Таа вечер пријателите на Тијана почнале да и се јавуваат на мобилен телефон и да праќаат пораки на Фејсбук, но таа не одговарала, а по два часа и се исклучил мобилниот. Убиецот Ѓуриќ, кој е висок два метри и тежок преку 100 килограми, првично негираше дека ја киднапирал и убил Тијана Јуриќ, но кога паднал на полиграфскиот тест, се скршил и го признал своето страшно злосторство.Според неговата приказна, тој возел пијан и со автомобилот ја удрил девојката, а кога таа почнала да плаче и да вика помош, тој ја удрил неколку пати во главата и ја фрлил во автомобилот. Потоа ја однел на во шумма, каде што , ја соблекол, се обидел да ја силува, а потоа ја задавил со нејзината маица – истата таа сакала да и ја врати на другарот. После тоа  го вратил телото во автомобилот и го возел на десет километри од Сомбор, каде го закопал во дива депонија, на 23 километри од местото каде што ја киднапирал. Во багажникот на автомобилот била пронајдена и лопата со која ја закопал. Осуден е на 55 години затвор, 40 за тешко убиство и 12 години за обид за силување, што заедно со максимална казна од 40 години. По убиството на девојчето беше донесе закон кој беше наречен „Тијанин закон“ според кој полицијата повеќе не чека да поминат 24 часа, туку веднаш по пријавувањето на исчезнувањето почнува да бара исчезнато дете. Пред донесувањето на законот, во практиката на полициската работа тој период изнесуваше меѓу 24 и 48 часа.

The post Неговата Тијана ја имаше истата судбина како Вања: Игор Јуриќ доаѓа во Скопје за да се сретне со мајката Зорица appeared first on Република.

]]>
Животниот век на детето е во просек четири часа по киднапирањето, државата да се замисли, вели таткото на Тијана Јуриќ https://republika.mk/vesti/makedonija/zhivotniot-vek-na-deteto-e-vo-prosek-chetiri-chasa-po-kidnapiraneto-drzhavata-da-se-zamisli-veli-tatkoto-na-tijana-jurik/ Mon, 04 Dec 2023 15:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=719560

Во серијата написи во српските медиуми, каде грабнувањето и трагичното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски е на сите насловни страници, се огласи и Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца, татко на убиената Тијана Јуриќ (15) на сличен начин, кој оцени дека животниот век на детето во вакви случаи обично е до четири часа живот, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова не смееше да се случи. Кога станува збор за криминални киднапирања, живорниот век на детето е во просек четири часа по киднапирањето. Затоа е важна брзата потрага. Земјите од регионот добро нека размислат за подобрување на системот за потрага по исчезнати деца. Сочувство до семејството, напиша Игор Јуриќ.

Игор Јуриќ за ТВ Нова откри како го следел овој случај со оглед на тоа што имало голем интерес и контакти од македонските медиуми и дали можел да понуди некоја конкретна помош.

Се обидов во неколку наврати пред се да стапам во контакт со мајката на Вања и да поразговарам со неа и да видам како можеме да пружиме помош. За жал, не успеав и сега ми е уште потешко поради тоа. Имаше секако интерес на македонските медиуми, пред се нивните интереси се сведуваа на системот што неодамна го воведовме кај нас во Србија поврзан со брза и ефикасна потрага и известување на јавноста во случајот со исчезнати деца и тоа беше тоа. За жал, имав можност да се информирам исклучиво како огромното мнозинство граѓани на Србија преку медиумите, рече Јуриќ и додаде дека случајот на Вања потсетува на оној на неговата Тијана (15), киднапирана, силувана и убиена пред 9 години.

Тој верува дека има многу сличности и дека она што е речиси идентично со случајот на неговата ќерка е тоа што кога станува збор за криминално киднапирање, постои една статистика која е целосно незапирлива.

Тоа е дека животниот век на детето обично е до четири часа живот и тоа се покажа и во случајот со ова девојче, колку што можам да заклучам дека многу брзо го загубила животот во истиот ден од моментот кога била киднапирана. Така беше и со нашата Тијана и затоа таа брза и ефикасна потрага е повеќе од важна, изјави Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца.

The post Животниот век на детето е во просек четири часа по киднапирањето, државата да се замисли, вели таткото на Тијана Јуриќ appeared first on Република.

Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-tijana-uspea-od-denes-vo-srbija-pronajdi-me-sistem-za-itno-izvestuvane-za-ischeznati-detsa/ Wed, 25 Oct 2023 16:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=695000

Србија доби систем за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца, осум години по покренувањето на иницијативата за негово воведување.

Системот „Пронајди ме“ е направен по моделот на Amber alert, американскиот систем за пронаоѓање деца, кој постои од 1996 година, а слични системи се воведени во многу земји, и според статистичките податоци, тие се ефективни во 90 проценти од случаите.

Ако овој систем помогне да се најде само едно дете, целиот ангажман на државата и парите се исплателе повеќекратно. Животот на секое дете е поважен од што било друго. Звучи како флоскула, но тоа е вистина, рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кој официјално го промовираше новиот систем.

Во Србија во последните две години се распишани речиси 3.889 потраги по исчезнати деца, од кои 3.859 се прекинати затоа што не станувало збор за кривично дело.

Фондацијата „Тијана Јуриќ“ апелираше за воведување на ваков систем во 2015 година, пишува Би-Би-Си на српски јазик.

Горд сум што можам да истакнам дека ова е прв ваков систем во регионот, изјави денеска Игор Јуриќ, директор на Фондацијата, која го носи името на неговата киднапирана и убиена ќерка Тијана.

Девојчето исчезна во 2014 година, кога имаше неполни 15 години, а нејзиното тело беше пронајдено 12 дена подоцна.

Според податоците на оваа Фондација, секоја година во Србија се пријавуваат за исчезнати меѓу 1.300 и 1.500 деца.

Но, не во сите случаи станува збор за киднапирање, туку причините за исчезнувањето се различни, па во најголем број случаи се случува детето самоиницијативно да побегне од домот или установата каде што престојува.

На воспоставувањето на системот соработуваат српските министерства за внатрешни работи, за информации и телекомуникации и за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Системот ќе функционира на начин што исчезнувањето на малолетниците го пријавуваат родителите или старателите, а одлуката за активирање на системот ја носи Министерството за внатрешни работи. Системот нема да се активира за секое дете чие исчезнување е пријавено, туку само кога постои сомневање дека е жртва на кривично дело.

Нема да се активира и ако се процени дека објавувањето на информации за детето може да ја загрози безбедноста на детето и да ја попречи работата на полицијата, нагласи српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на презентацијата на системот.

Задолжително ќе се активира во случаи на исчезнување на деца до седум години, како и деца со пречки во развојот до 18 години.

Во случај на активирање на системот за исчезнување на малолетно дете, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици.

Доколку имаат информации за детето, граѓаните ќе можат да пријават во полиција.

The post Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца appeared first on Република.

]]>

Србија доби систем за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца, осум години по покренувањето на иницијативата за негово воведување. Системот „Пронајди ме“ е направен по моделот на Amber alert, американскиот систем за пронаоѓање деца, кој постои од 1996 година, а слични системи се воведени во многу земји, и според статистичките податоци, тие се ефективни во 90 проценти од случаите.
Ако овој систем помогне да се најде само едно дете, целиот ангажман на државата и парите се исплателе повеќекратно. Животот на секое дете е поважен од што било друго. Звучи како флоскула, но тоа е вистина, рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кој официјално го промовираше новиот систем.
Во Србија во последните две години се распишани речиси 3.889 потраги по исчезнати деца, од кои 3.859 се прекинати затоа што не станувало збор за кривично дело. Фондацијата „Тијана Јуриќ“ апелираше за воведување на ваков систем во 2015 година, пишува Би-Би-Си на српски јазик.
Горд сум што можам да истакнам дека ова е прв ваков систем во регионот, изјави денеска Игор Јуриќ, директор на Фондацијата, која го носи името на неговата киднапирана и убиена ќерка Тијана.
Девојчето исчезна во 2014 година, кога имаше неполни 15 години, а нејзиното тело беше пронајдено 12 дена подоцна. Според податоците на оваа Фондација, секоја година во Србија се пријавуваат за исчезнати меѓу 1.300 и 1.500 деца. Но, не во сите случаи станува збор за киднапирање, туку причините за исчезнувањето се различни, па во најголем број случаи се случува детето самоиницијативно да побегне од домот или установата каде што престојува. На воспоставувањето на системот соработуваат српските министерства за внатрешни работи, за информации и телекомуникации и за градежништво, транспорт и инфраструктура. Системот ќе функционира на начин што исчезнувањето на малолетниците го пријавуваат родителите или старателите, а одлуката за активирање на системот ја носи Министерството за внатрешни работи. Системот нема да се активира за секое дете чие исчезнување е пријавено, туку само кога постои сомневање дека е жртва на кривично дело.
Нема да се активира и ако се процени дека објавувањето на информации за детето може да ја загрози безбедноста на детето и да ја попречи работата на полицијата, нагласи српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на презентацијата на системот.
Задолжително ќе се активира во случаи на исчезнување на деца до седум години, како и деца со пречки во развојот до 18 години. Во случај на активирање на системот за исчезнување на малолетно дете, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици. Доколку имаат информации за детето, граѓаните ќе можат да пријават во полиција.

The post Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца appeared first on Република.

]]>
Вознемирувачко видео во кое татко претепува ќерка и ја шутира по стомакот го крена Белград на нозе https://republika.mk/vesti/balkan/voznemiruvachko-video-vo-koe-tatko-pretepuva-kjerka-i-ja-shutira-po-stomakot-go-krena-belgrad-na-noze/ Sat, 29 Oct 2022 09:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=567068

Видеото на кое се гледа како човек напаѓа помладо девојче, за кое се наведува дека е негова ќерка, кое на крај и го шутира по стомакот додека лежи на земја, ги вознемири белграѓани.

Видеото на „Твитер“ го сподели Идор Јуриќ, татко на убиената Тијана Јуриќ и претседател на истоимената фондација, кој најави дека кривично ќе се гони насилникот.

Уште едно брутално насилство на татко врз ќерка. Добив информација дека се работи за семејство кое доаѓа од Кина. Ќе поднесеме кривична пријава и против овој монструм, најави тој.

The post Вознемирувачко видео во кое татко претепува ќерка и ја шутира по стомакот го крена Белград на нозе appeared first on Република.

]]>

Видеото на кое се гледа како човек напаѓа помладо девојче, за кое се наведува дека е негова ќерка, кое на крај и го шутира по стомакот додека лежи на земја, ги вознемири белграѓани. Видеото на „Твитер“ го сподели Идор Јуриќ, татко на убиената Тијана Јуриќ и претседател на истоимената фондација, кој најави дека кривично ќе се гони насилникот.
Уште едно брутално насилство на татко врз ќерка. Добив информација дека се работи за семејство кое доаѓа од Кина. Ќе поднесеме кривична пријава и против овој монструм, најави тој.

The post Вознемирувачко видео во кое татко претепува ќерка и ја шутира по стомакот го крена Белград на нозе appeared first on Република.

]]>
Го прежали: Вдовицата на Оливер Ивановиќ се соблече https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/go-prezali-vdovicata-na-oliver-ivanovikj-se-sobleche/ Fri, 22 Jul 2022 09:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=532081

Милена Поповиќ, сопругата на српскиот политичар од Косово Оливер Ивановиќ повеќе не ужалена вдовица. Таа замина на одмор со новиот партнер Игор Јуриќ, таткото на девојчето Тијана кое беше трагично силувано и убено пред неколку години.

Новиот пар одлично се забавува на годишниот одмор и објавува фотографии на социјалните мрежи.

Милена има 39 години и е пратеник во Парламентот на Србија.

The post Го прежали: Вдовицата на Оливер Ивановиќ се соблече appeared first on Република.

]]>

Милена Поповиќ, сопругата на српскиот политичар од Косово Оливер Ивановиќ повеќе не ужалена вдовица. Таа замина на одмор со новиот партнер Игор Јуриќ, таткото на девојчето Тијана кое беше трагично силувано и убено пред неколку години. Новиот пар одлично се забавува на годишниот одмор и објавува фотографии на социјалните мрежи. Милена има 39 години и е пратеник во Парламентот на Србија.

The post Го прежали: Вдовицата на Оливер Ивановиќ се соблече appeared first on Република.

]]>
Вдовицата на Оливер Ивановиќ веќе година дена живее со Игор Јуриќ, татко на убиената Тиjана https://republika.mk/vesti/balkan/vdovicata-na-oliver-ivanovikj-vekje-godina-dena-zivee-so-igor-jurikj-tatko-na-ubienata-tijana/ Mon, 20 Jun 2022 21:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=517827

Taткото на убиеното девојче Тијана, Игор Јуриќ и вдовицата на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, Милена, живеат заедно повеќе од една година, пренесуваат српските медиуми, за врската која деновиве ја бранува регионалната јавност.

Јуриќ бил разведен кога стапил во врска со Милена, а иако ја криеле врската, често се појавувале заедно на јавни места.

Ќерката на Игор, Сашка и синот на Милена, Богдан од почеток се запознаени со нивната врска, а често сите заедно излегуваат на ручек и вечера како семејство, открива изворот.

Милена Ивановиќ синоќа објави заедничка фотографија со Игор Јуриќ со коментар „љубов“. Набрзо пристигнаа стотици позитивни коментари и многу помалку негативни, кои подоцна Милена ги избриша.

Милена Ивановиќ Поповиќ го загуби сопругот Оливер на 16 јануари 2018 година, кога тој беше убиен додека влегуваше во просториите на неговата партија во Северна Митровица. Со Оливер го има синот Богдан.

Игор Јуриќ е основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, која го носи името на неговата почината ќерка. Тијана, која тогаш имаше петнаесет години, беше киднапирана ноќта меѓу 25 и 26 јули 2014 година во Бајмок, а потоа беше убиена од Драган Ѓуриќ, кој поради тоа беше осуден на 40 години затвор.

The post Вдовицата на Оливер Ивановиќ веќе година дена живее со Игор Јуриќ, татко на убиената Тиjана appeared first on Република.

]]>

Taткото на убиеното девојче Тијана, Игор Јуриќ и вдовицата на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, Милена, живеат заедно повеќе од една година, пренесуваат српските медиуми, за врската која деновиве ја бранува регионалната јавност. Јуриќ бил разведен кога стапил во врска со Милена, а иако ја криеле врската, често се појавувале заедно на јавни места.
Ќерката на Игор, Сашка и синот на Милена, Богдан од почеток се запознаени со нивната врска, а често сите заедно излегуваат на ручек и вечера како семејство, открива изворот.
Милена Ивановиќ синоќа објави заедничка фотографија со Игор Јуриќ со коментар „љубов“. Набрзо пристигнаа стотици позитивни коментари и многу помалку негативни, кои подоцна Милена ги избриша. Милена Ивановиќ Поповиќ го загуби сопругот Оливер на 16 јануари 2018 година, кога тој беше убиен додека влегуваше во просториите на неговата партија во Северна Митровица. Со Оливер го има синот Богдан. Игор Јуриќ е основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, која го носи името на неговата почината ќерка. Тијана, која тогаш имаше петнаесет години, беше киднапирана ноќта меѓу 25 и 26 јули 2014 година во Бајмок, а потоа беше убиена од Драган Ѓуриќ, кој поради тоа беше осуден на 40 години затвор.

The post Вдовицата на Оливер Ивановиќ веќе година дена живее со Игор Јуриќ, татко на убиената Тиjана appeared first on Република.

]]>
Игор Јуриќ: Имаме некаква надеж дека Матеј Периш може да се пронајде жив https://republika.mk/vesti/balkan/igor-jurikj-imame-nekakva-nadez-deka-matej-perish-moze-da-se-pronajde-ziv/ Sat, 05 Feb 2022 18:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=454590

Потрагата по Матеј Периш влезе во 36. ден. Неговиот татко цело време e во Белград, а вчера повторно дојдоа претставници на хрватската полиција. И денеска нема официјална информација или изјава за соработката на полициските екипи на Србија и Хрватска. Но, на нивните средби денеска се приклучил и Ненад Периш, јавува ХРТ, пренесува Далмација њуз.

Нему му беа презентирани резултатите од претходните истраги како и резултатите од телефонските анализи во инкриминираната област, изјави Марина Гантар за Дневник ХТВ од Белград, која за истрагата и соработката меѓу тимовите разговараше со Игор Јуриќ, раководител на Центарот за исчезнати и малтретирани деца.

– Ми се чини дека ова е заедничка соработка, но можам да кажам дека за нас во Србија е важно секое доаѓање на хрватските полицајци. Очекуваме можеби некои нови докази и информации и сознанија кои би можеле да помогнат во пронаоѓањето на Матеј – изјави Јуриќ за Дневник на ХТВ.

Тој додаде дека „Белград и Србија се малку разочарани од односот и на нашата и на хрватската полиција бидејќи никој не ја информира јавноста“.

>– Се е под завет на молчење, поради што се појавуваат разни шпекулации и теории на заговор, што воопшто не е добро за истрагата – а особено не за семејството на Матеј.

Јуриќ изјавата ја даде во близина на оградата до Сава, на местото каде последен пат бил виден Матеј, на 750 метри од клубот Готик. Како што е познато од истрагата, Матеј ја користел мапата на автомобилот на Гугл, а сигналот на неговиот мобилен е забележан на неколку километри во близина на островот Голема војна по два и пол часа, изјави Гантар.

– Мислам дека сега е клучен овој тип на претрес, бидејќи со помош на базни станици и мобилни телефони може да се добијат одредени докази. Тој начин на пребарување бил пресуден за пронаоѓање на убиецот и телото на Тијана. Токму затоа што базната станица го зеде сигналот два и пол часа подоцна – имаме некаква надеж дека Матеј би можел да се најде жив – заклучил Игор Јуриќ.

The post Игор Јуриќ: Имаме некаква надеж дека Матеј Периш може да се пронајде жив appeared first on Република.

]]>

Потрагата по Матеј Периш влезе во 36. ден. Неговиот татко цело време e во Белград, а вчера повторно дојдоа претставници на хрватската полиција. И денеска нема официјална информација или изјава за соработката на полициските екипи на Србија и Хрватска. Но, на нивните средби денеска се приклучил и Ненад Периш, јавува ХРТ, пренесува Далмација њуз. Нему му беа презентирани резултатите од претходните истраги како и резултатите од телефонските анализи во инкриминираната област, изјави Марина Гантар за Дневник ХТВ од Белград, која за истрагата и соработката меѓу тимовите разговараше со Игор Јуриќ, раководител на Центарот за исчезнати и малтретирани деца.
– Ми се чини дека ова е заедничка соработка, но можам да кажам дека за нас во Србија е важно секое доаѓање на хрватските полицајци. Очекуваме можеби некои нови докази и информации и сознанија кои би можеле да помогнат во пронаоѓањето на Матеј – изјави Јуриќ за Дневник на ХТВ.
Тој додаде дека „Белград и Србија се малку разочарани од односот и на нашата и на хрватската полиција бидејќи никој не ја информира јавноста“. >– Се е под завет на молчење, поради што се појавуваат разни шпекулации и теории на заговор, што воопшто не е добро за истрагата – а особено не за семејството на Матеј.
Јуриќ изјавата ја даде во близина на оградата до Сава, на местото каде последен пат бил виден Матеј, на 750 метри од клубот Готик. Како што е познато од истрагата, Матеј ја користел мапата на автомобилот на Гугл, а сигналот на неговиот мобилен е забележан на неколку километри во близина на островот Голема војна по два и пол часа, изјави Гантар.
– Мислам дека сега е клучен овој тип на претрес, бидејќи со помош на базни станици и мобилни телефони може да се добијат одредени докази. Тој начин на пребарување бил пресуден за пронаоѓање на убиецот и телото на Тијана. Токму затоа што базната станица го зеде сигналот два и пол часа подоцна – имаме некаква надеж дека Матеј би можел да се најде жив – заклучил Игор Јуриќ.

The post Игор Јуриќ: Имаме некаква надеж дека Матеј Периш може да се пронајде жив appeared first on Република.

]]>
Семејството на исчезнатиот Матеј треба да се подготува за најтажната вест, шансите да е жив се мали https://republika.mk/vesti/balkan/semejstvoto-na-matej-treba-da-se-podgotuva-za-najtaznata-vest-shansite-da-e-ziv-se-mali/ Wed, 05 Jan 2022 08:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=440748

Игор Јуриќ кој има слично искуство со исчезната па убиена ќерка вели дека семејството на Матеја треба да биде подготвено за најлошото сценарио.

Тој нагласува дека верува и се надева дека Матеј е жив, но....

Секогаш сум оптимист кога се работи за исчезнати лица, но ова е загрижувачки случај. Помина многу време, а познато е дека времето е клучен фактор во потрагата по исчезнатите лица.Мислам дека семејството полека треба да се подготвува за најтешкото сценарио, а тоа е дека Матеј починат. Се уште се надевам дека ќе го најдат телото. Најлошиот можен кошмар за родителот е неизвесноста - вели Јуриќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/matej-bil-vo-bunilo-od-ekstazi-tabletite-se-kriel-sam-od-sebe-vo-hangar-pa-skoknal-vo-sava/

The post Семејството на исчезнатиот Матеј треба да се подготува за најтажната вест, шансите да е жив се мали appeared first on Република.

]]>

Игор Јуриќ кој има слично искуство со исчезната па убиена ќерка вели дека семејството на Матеја треба да биде подготвено за најлошото сценарио. Тој нагласува дека верува и се надева дека Матеј е жив, но....