хулигани Archives - Република https://republika.mk/tema/huligani/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jun 2024 06:48:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хулигани Archives - Република https://republika.mk/tema/huligani/ 32 32 И тоа го дочекавме: Англиски хулигани се плашат од српски навивачи https://republika.mk/sport/fudbal/i-toa-go-dochekavme-angliski-huligani-se-plashat-od-srpski-navivachi/ Thu, 13 Jun 2024 07:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=787074

Англиските медиуми креваат паника пред мечот со Србија на стартот од натпреварувањето во групата Ц (недела, 21.00 часот) на Европското првенство во Германија.

Дејли Мејл објави напис под наслов „Српската армија насилници од про-Путин ултраси ќе дојдат во  Гелзенкирхен.

Германската полиција нема точни информации и конкретни разузнавачки податоци, но веруваат дека ќе пристигнат 400 до 500 српски хулигани, желни за насилство.

Навивачите на стадионот на Шалке ќе смеат да купат два алкохолни пијалаци за време на натпреварот, но нема да смеат да ги пијат на трибините. Оние кои ќе престојуваат надвор од стадионот ќе бидат понудени со бесплатен превоз да се преселат во контролираната фан зона наместо на местата во центарот на градот.

The post И тоа го дочекавме: Англиски хулигани се плашат од српски навивачи appeared first on Република.

]]>

Англиските медиуми креваат паника пред мечот со Србија на стартот од натпреварувањето во групата Ц (недела, 21.00 часот) на Европското првенство во Германија. Дејли Мејл објави напис под наслов „Српската армија насилници од про-Путин ултраси ќе дојдат во  Гелзенкирхен. Германската полиција нема точни информации и конкретни разузнавачки податоци, но веруваат дека ќе пристигнат 400 до 500 српски хулигани, желни за насилство. Навивачите на стадионот на Шалке ќе смеат да купат два алкохолни пијалаци за време на натпреварот, но нема да смеат да ги пијат на трибините. Оние кои ќе престојуваат надвор од стадионот ќе бидат понудени со бесплатен превоз да се преселат во контролираната фан зона наместо на местата во центарот на градот.

The post И тоа го дочекавме: Англиски хулигани се плашат од српски навивачи appeared first on Република.

]]>
Чешки навивачи крвнички се степаа среде терен https://republika.mk/sport/fudbal/cheshki-navivachi-krvnichki-se-stepaa-srede-teren/ Thu, 23 May 2024 09:19:03 +0000 https://republika.mk/?p=781062

Шокантни сцени по натпреварот од Купот на Чешка.По мечот меѓу Спарта и Викторија Плзен, на кој прашкиот тим ја освои „двојната круна“ со голот на Вељко Бирманчевиќ во 91. минута на теренот настана целосен хаос.

Голем број хулигани излетаа на теренот, а полицијата имаше полни раце работа.

 

 

 

The post Чешки навивачи крвнички се степаа среде терен appeared first on Република.

]]>

Шокантни сцени по натпреварот од Купот на Чешка.По мечот меѓу Спарта и Викторија Плзен, на кој прашкиот тим ја освои „двојната круна“ со голот на Вељко Бирманчевиќ во 91. минута на теренот настана целосен хаос. Голем број хулигани излетаа на теренот, а полицијата имаше полни раце работа.    
 

The post Чешки навивачи крвнички се степаа среде терен appeared first on Република.

]]>
Врховниот суд на Грција ги има имињата на 200 фудбалски хулигани https://republika.mk/sport/fudbal/vrhovniot-sud-na-grtsija-gi-ima-iminata-na-200-fudbalski-huligani/ Tue, 12 Dec 2023 15:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=722248

Надлежните министри за заштита на граѓаните и за спорт на Грција, Јанис Иконому и Јанис Вруцис до обвинителката во Врховниот суд во Атина, според грчките медиуми, доставиле листа со околу 200 лица за кои постои сомневање дека се хулигани и вмешани во спортско насилство, јави дописничката на МИА од Атина.

Двајцата министри доставиле докази и податоци во име на грчката Влада, побарале кривична надградба на сите случаи поврзани со спортско насилство со цел да се пронајдат физичките и моралните сторители во сите извршени дела и да се истражи евентуално постоење на криминални организации.

Заменик-министерот за спорт Јанис Вруцис рече дека е симболичен потег што ја истакнува нивната решителност да ги употребат сите средства што ги имаат на располагање за да се гарантира безбедноста во спортските објекти.

-Информациите што ги поднесовме се однесуваат на реални случаи, кои покажуваат дека насилството на навивачите ги надминува границите на спортот и низ времето се поврзува со лица кои упатуваат на криминална организација, рече Вруцис.

Министерот за заштита на граѓаните Јанис Иконому истакна дека станува збор за сериозни докази и ќе помогнат во ефикасно и одлучно справување „со бандите на хулигани, но и оние кои, евентуално, ги толерираат или поттикнуваат“.

Денешната средба на надлежните министри со обвинителката од Врховниот суд е во рамките на мерките на грчката Влада за справување со насилството во спортот и меѓу навивачите , кои вчера ги соопшти владиниот портпарол Павлос Маринакис, а доаѓаат откако минататa седмица тешко беше повреден полицаец за време на одбојкарски натпревар

The post Врховниот суд на Грција ги има имињата на 200 фудбалски хулигани appeared first on Република.

]]>

Надлежните министри за заштита на граѓаните и за спорт на Грција, Јанис Иконому и Јанис Вруцис до обвинителката во Врховниот суд во Атина, според грчките медиуми, доставиле листа со околу 200 лица за кои постои сомневање дека се хулигани и вмешани во спортско насилство, јави дописничката на МИА од Атина. Двајцата министри доставиле докази и податоци во име на грчката Влада, побарале кривична надградба на сите случаи поврзани со спортско насилство со цел да се пронајдат физичките и моралните сторители во сите извршени дела и да се истражи евентуално постоење на криминални организации. Заменик-министерот за спорт Јанис Вруцис рече дека е симболичен потег што ја истакнува нивната решителност да ги употребат сите средства што ги имаат на располагање за да се гарантира безбедноста во спортските објекти.
-Информациите што ги поднесовме се однесуваат на реални случаи, кои покажуваат дека насилството на навивачите ги надминува границите на спортот и низ времето се поврзува со лица кои упатуваат на криминална организација, рече Вруцис.
Министерот за заштита на граѓаните Јанис Иконому истакна дека станува збор за сериозни докази и ќе помогнат во ефикасно и одлучно справување „со бандите на хулигани, но и оние кои, евентуално, ги толерираат или поттикнуваат“. Денешната средба на надлежните министри со обвинителката од Врховниот суд е во рамките на мерките на грчката Влада за справување со насилството во спортот и меѓу навивачите , кои вчера ги соопшти владиниот портпарол Павлос Маринакис, а доаѓаат откако минататa седмица тешко беше повреден полицаец за време на одбојкарски натпревар

The post Врховниот суд на Грција ги има имињата на 200 фудбалски хулигани appeared first on Република.

]]>
Мицотакис свика вонреден состанок за спортското насилство https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-svika-vonreden-sostanok-za-sportskoto-nasilstvo-2/ Sat, 09 Dec 2023 16:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=721320

По инцидентите во четвртокот за време на одбојкарски натпревар во кои сериозно беше повреден полицаец, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа вонреден состанок за спортското насилство, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот присуствувале надлежните министри, а одлуките ќе ги соопшти в понеделник портпаролот на Владата

Според грчките медиуми се очекува да бидат воведени построги мерки за справување со спортското насилство.

Во инцидентите што во четвртокот се случија во Атина пред спортска сала за време на одбојкарскиот натпревар Панатинаикос-Олимпијакос, тешко беше повредени полицаец, кога бил погоден во горниот дел од ногата со пиротехничко средство.

Полицаецот е хоспитализиран и сè уште е во критична состојба

Ова е втор сериозен инцидент во период од четири месеци, откако на почетокот на август беше убиен навивач на АЕК.

The post Мицотакис свика вонреден состанок за спортското насилство appeared first on Република.

]]>

По инцидентите во четвртокот за време на одбојкарски натпревар во кои сериозно беше повреден полицаец, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа вонреден состанок за спортското насилство, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот присуствувале надлежните министри, а одлуките ќе ги соопшти в понеделник портпаролот на Владата Според грчките медиуми се очекува да бидат воведени построги мерки за справување со спортското насилство. Во инцидентите што во четвртокот се случија во Атина пред спортска сала за време на одбојкарскиот натпревар Панатинаикос-Олимпијакос, тешко беше повредени полицаец, кога бил погоден во горниот дел од ногата со пиротехничко средство. Полицаецот е хоспитализиран и сè уште е во критична состојба Ова е втор сериозен инцидент во период од четири месеци, откако на почетокот на август беше убиен навивач на АЕК.

The post Мицотакис свика вонреден состанок за спортското насилство appeared first on Република.

]]>
МВР потврди: Грчките навивачи не само што напаѓале случајни минувачи, туку и краделе од пиљара https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-potvrdi-grchkite-navivachi-ne-samo-shto-napagjale-sluchajni-minuvachi-tuku-i-kradele-od-piljara/ Sat, 15 Oct 2022 19:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=561568

Навивачка група од Грција попладнето го наруши јавниот ред и мир во центарот на Скопје поради што имаше зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница кај „Рекорд“. Од МВР велат дека сторителите ќе добијат соодветни поднесоци.

Денеска околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи. Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

„Република“ претходно извести дека ракометарките на грчкиот шампион ПАОК останаа без поддршка на реванш натпреварот против екипата на Металург во СЦ „Јане Сандански“ во рамки од второто коло од Европскиот куп, бидејќи пред натпреварот, кој започна во 16 часот, навивачите на ПАОК се задржани во Центар, на улицата „Димитрија Чуповски“ поради нарушување на јавниот ред и мир.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kradele-vodichki-mu-se-zdale-na-vardarec-navivachite-na-paok-zaglavija-so-policija-namesto-da-gi-bodrat-rakometarkite/

The post МВР потврди: Грчките навивачи не само што напаѓале случајни минувачи, туку и краделе од пиљара appeared first on Република.

]]>

Навивачка група од Грција попладнето го наруши јавниот ред и мир во центарот на Скопје поради што имаше зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница кај „Рекорд“. Од МВР велат дека сторителите ќе добијат соодветни поднесоци.
Денеска околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи. Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.
„Република“ претходно извести дека ракометарките на грчкиот шампион ПАОК останаа без поддршка на реванш натпреварот против екипата на Металург во СЦ „Јане Сандански“ во рамки од второто коло од Европскиот куп, бидејќи пред натпреварот, кој започна во 16 часот, навивачите на ПАОК се задржани во Центар, на улицата „Димитрија Чуповски“ поради нарушување на јавниот ред и мир. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kradele-vodichki-mu-se-zdale-na-vardarec-navivachite-na-paok-zaglavija-so-policija-namesto-da-gi-bodrat-rakometarkite/

The post МВР потврди: Грчките навивачи не само што напаѓале случајни минувачи, туку и краделе од пиљара appeared first on Република.

]]>
Краделе водички, му се здале на комита: Навивачите на ПАОК заглавија со полиција наместо да ги бодрат ракометарките https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kradele-vodichki-mu-se-zdale-na-vardarec-navivachite-na-paok-zaglavija-so-policija-namesto-da-gi-bodrat-rakometarkite/ Sat, 15 Oct 2022 15:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=561492

Ракометарките на грчкиот шампион ПАОК останаа без поддршка на реванш натпреварот против екипата на Металург во СЦ „Јане Сандански“ во рамки од второто коло од Европскиот куп.

Пред натпреварот, кој започна во 16 часот, навивачите на ПАОК се задржани во Центар, на улицата „Димитрија Чуповски“ поради нарушување на јавниот ред и мир.


Според очевидци, навивачите се движеле по улицата од страната на Триумфалната порта во група од педесетина и нападнале момче облечено во дрес на Вардар, а потоа украле неколку предмети од продавничките околу Триумфалната капија. Полицијата ги задржала кога сакале да влезат во автобусот што ги чекал од спротивната страна на улицата.

Од МВР за Република го потврдија инцидентот. Навивачката група била пријавена за нарушување на јавниот ред и мир во центарот на градот.

Претресот се уште трае, а поради инцидентот е отежнато движењето по главната улица во Центар. Полицијата ги советува минувачите да ја користат другата страна од улицата или околните улички, а возилата се пропуштаат делумно со задршки.

Навивачите на ПАОК се познати грчки хулигани. Нивната нетрпеливост особено доаѓа до израз кога е во прашање Македонија.

The post Краделе водички, му се здале на комита: Навивачите на ПАОК заглавија со полиција наместо да ги бодрат ракометарките appeared first on Република.

]]>

Ракометарките на грчкиот шампион ПАОК останаа без поддршка на реванш натпреварот против екипата на Металург во СЦ „Јане Сандански“ во рамки од второто коло од Европскиот куп. Пред натпреварот, кој започна во 16 часот, навивачите на ПАОК се задржани во Центар, на улицата „Димитрија Чуповски“ поради нарушување на јавниот ред и мир. Според очевидци, навивачите се движеле по улицата од страната на Триумфалната порта во група од педесетина и нападнале момче облечено во дрес на Вардар, а потоа украле неколку предмети од продавничките околу Триумфалната капија. Полицијата ги задржала кога сакале да влезат во автобусот што ги чекал од спротивната страна на улицата. Од МВР за Република го потврдија инцидентот. Навивачката група била пријавена за нарушување на јавниот ред и мир во центарот на градот. Претресот се уште трае, а поради инцидентот е отежнато движењето по главната улица во Центар. Полицијата ги советува минувачите да ја користат другата страна од улицата или околните улички, а возилата се пропуштаат делумно со задршки. Навивачите на ПАОК се познати грчки хулигани. Нивната нетрпеливост особено доаѓа до израз кога е во прашање Македонија.

The post Краделе водички, му се здале на комита: Навивачите на ПАОК заглавија со полиција наместо да ги бодрат ракометарките appeared first on Република.

]]>