Груевски Archives - Република https://republika.mk/tema/gruevski/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Oct 2023 09:18:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Груевски Archives - Република https://republika.mk/tema/gruevski/ 32 32 Демократски сојуз: Османи му прави лоша услуга на Груевски https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratski-sojuz-osmani-mu-pravi-losha-usluga-na-gruevski/ Mon, 16 Oct 2023 09:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=691627

Во Македонија, како и во други држави има голем број лица кои располагаат со сензитивни информации чие обелоденување може да има одраз врз безбедноста, одбранбената моќ, внатрешната стабилност, економската состојба итн.

Заради собирање информации од безбедносен, политички или економски карактер, сите држави формираат разузнувачки служби при што ги користат информациите од отворен карактер, но развиваат и разузнувачка мрежа, користат системи за прислушкување, набљудување, сателити и други методи и средства.

Во пракса, некој што ја изгубил позицијата во принцип е под „удар“ на новинарите, за да извлечат и објават информации. Тоа го прават и оперативците на странските служби, се обидуваат да воспостават комуникација,  да му понудат погодности, но и да „извлечат“ информации од него. Посебно се погодни за соработка лицата кои се во бегство, особено ако го немаат регулирано престојот, ако немаат средства за егзистенција, ако се обидуваат да избегаат од правдата поради криминал итн.

Натамошниот престој на Никола Груевски во Унгарија, наспроти изјавата на Бујар Османи, не може да се подведе под можни безбедносни ризици и тоа да биде основа за негово враќање во Македонија и заштита на нашите национални интереси. Со политички азил за слободен престој и после 5 години живеење во Унгарија, сега да ја штитите државата од Груевски е апсолутно неприфатливо и не е здраво за државата. Тоа може да се разбере единствено како алиби за можните следни чекори на ДУИ и СДСМ и скриени намери за негова амнестија заради партиско политички цели.

Инаку, има и други „бегства“ од Македонија, меѓу кои и она на двајца припадници на контраразузнуваењето, кои и натаму се во Грција, а располагаат со класифицирани информации од висок степен, но Османи не е заинтересиран за нив, ниту пак за други бегалци од правдата. Во суштина, Османи му прави лоша услуга на Груевски, со тоа што наводно преку неговото враќање ќе ги заштити интересите на Македонија.

За да „продава“ информации на странските служби, мала улога игра тоа дали некој е овде, во Македонија или е во странство. Тоа пред сѐ зависи од цврстината на неговиот карактер и лојалноста кон својот народ и држава.

Со оваа изјава на Османи се отвораат други прашања, вклучително и тоа дали има некој од државниот и политичкиот врв кој со своите активности ја загрозува националната безбедност на Македонија и работи на рушење на темелите на државата преку распродавање на македонскиот национален идентитет и историја.

The post Демократски сојуз: Османи му прави лоша услуга на Груевски appeared first on Република.

]]>

Во Македонија, како и во други држави има голем број лица кои располагаат со сензитивни информации чие обелоденување може да има одраз врз безбедноста, одбранбената моќ, внатрешната стабилност, економската состојба итн. Заради собирање информации од безбедносен, политички или економски карактер, сите држави формираат разузнувачки служби при што ги користат информациите од отворен карактер, но развиваат и разузнувачка мрежа, користат системи за прислушкување, набљудување, сателити и други методи и средства. Во пракса, некој што ја изгубил позицијата во принцип е под „удар“ на новинарите, за да извлечат и објават информации. Тоа го прават и оперативците на странските служби, се обидуваат да воспостават комуникација,  да му понудат погодности, но и да „извлечат“ информации од него. Посебно се погодни за соработка лицата кои се во бегство, особено ако го немаат регулирано престојот, ако немаат средства за егзистенција, ако се обидуваат да избегаат од правдата поради криминал итн. Натамошниот престој на Никола Груевски во Унгарија, наспроти изјавата на Бујар Османи, не може да се подведе под можни безбедносни ризици и тоа да биде основа за негово враќање во Македонија и заштита на нашите национални интереси. Со политички азил за слободен престој и после 5 години живеење во Унгарија, сега да ја штитите државата од Груевски е апсолутно неприфатливо и не е здраво за државата. Тоа може да се разбере единствено како алиби за можните следни чекори на ДУИ и СДСМ и скриени намери за негова амнестија заради партиско политички цели. Инаку, има и други „бегства“ од Македонија, меѓу кои и она на двајца припадници на контраразузнуваењето, кои и натаму се во Грција, а располагаат со класифицирани информации од висок степен, но Османи не е заинтересиран за нив, ниту пак за други бегалци од правдата. Во суштина, Османи му прави лоша услуга на Груевски, со тоа што наводно преку неговото враќање ќе ги заштити интересите на Македонија. За да „продава“ информации на странските служби, мала улога игра тоа дали некој е овде, во Македонија или е во странство. Тоа пред сѐ зависи од цврстината на неговиот карактер и лојалноста кон својот народ и држава. Со оваа изјава на Османи се отвораат други прашања, вклучително и тоа дали има некој од државниот и политичкиот врв кој со своите активности ја загрозува националната безбедност на Македонија и работи на рушење на темелите на државата преку распродавање на македонскиот национален идентитет и историја.

The post Демократски сојуз: Османи му прави лоша услуга на Груевски appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-kovachevski-i-ahmeti-pregovaraa-amnestija-so-gruevski-so-tsel-podelbi-vo-vmro-dpmne-i-ustavni-izmeni/ Wed, 20 Sep 2023 11:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=683460

Власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговара амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделби во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени. Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата, и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Измените во Кривичниот законик ги договарале СДСМ, ДУИ и лица од помали политички партии кои сакаат поделби во опозицијата. Оваа констатација, намерно или случајно, јавно ја кажа и Али Ахмети во едно интервју. Во изјавата Ахмети беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, ниту преговарало за измените во кривичниот законик, ниту се согласило дека е против измените во кривичниот законик и исто така е против менувањето на уставот под бугарски диктат. Сакајќи или несакајќи со ова најистакнатиот експонент на власта направи јасна разлика помеѓу оние кои тргуваат со амнестија за да стигнат до уставни измени и своја правна заштита и ВМРО-ДПМНЕ кој ја слушаат волјата на народот и се против уставни измени и трговија со правосудниот систем за политички материјални цели, рече тој.

Милошоски посочи дека со оваа акција на СДСМ и ДУИ целта им е да се амнестиираат двајца поранешни премиери, а од друга страна менуваат правосудни закони кои би создале лична корист и заштита на актуелните функционери на СДСМ и ДУИ.

„Споменатите преговарачи на амнестијата нема да застанат тука. Во моментов разговараат за нов закон за амнестија со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања кои дела да ги опфаќа тој закон за замнетсија во минситерството за правда и владата има различни позиции.

Агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели. Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени.

Ние им порачуваме и на СДСМ и на ДУИ и на нивните клиенти да не го потценуваат ВМРО-ДПМНЕ, да не го потценуваат народот. Партијата е обиденета, пратеничката група е сплотена и ВМРО-ДПМНЕ под ниеден услов нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, а овие политички пазарења со амнестии во Кривичниот законик нема да ги спасат од одговорност актуелните функционери доколку сметале дека ова им е некаков политички аванс“ – порача тој.

The post Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени appeared first on Република.

]]>

Власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговара амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделби во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени. Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата, и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Измените во Кривичниот законик ги договарале СДСМ, ДУИ и лица од помали политички партии кои сакаат поделби во опозицијата. Оваа констатација, намерно или случајно, јавно ја кажа и Али Ахмети во едно интервју. Во изјавата Ахмети беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, ниту преговарало за измените во кривичниот законик, ниту се согласило дека е против измените во кривичниот законик и исто така е против менувањето на уставот под бугарски диктат. Сакајќи или несакајќи со ова најистакнатиот експонент на власта направи јасна разлика помеѓу оние кои тргуваат со амнестија за да стигнат до уставни измени и своја правна заштита и ВМРО-ДПМНЕ кој ја слушаат волјата на народот и се против уставни измени и трговија со правосудниот систем за политички материјални цели, рече тој.
Милошоски посочи дека со оваа акција на СДСМ и ДУИ целта им е да се амнестиираат двајца поранешни премиери, а од друга страна менуваат правосудни закони кои би создале лична корист и заштита на актуелните функционери на СДСМ и ДУИ.
„Споменатите преговарачи на амнестијата нема да застанат тука. Во моментов разговараат за нов закон за амнестија со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања кои дела да ги опфаќа тој закон за замнетсија во минситерството за правда и владата има различни позиции.
Агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели. Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени. Ние им порачуваме и на СДСМ и на ДУИ и на нивните клиенти да не го потценуваат ВМРО-ДПМНЕ, да не го потценуваат народот. Партијата е обиденета, пратеничката група е сплотена и ВМРО-ДПМНЕ под ниеден услов нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, а овие политички пазарења со амнестии во Кривичниот законик нема да ги спасат од одговорност актуелните функционери доколку сметале дека ова им е некаков политички аванс“ – порача тој.

The post Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени appeared first on Република.

]]>
Груби: Груевски не може да се врати слободен во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-gruevski-ne-mozhe-da-se-vrati-sloboden-vo-zemjava/ Tue, 12 Sep 2023 09:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=681186

Невозможно е Никола Груевски да се врати слободен во Македонија, бидејќи  влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер кој избега и доби азил во Унгарија, е многу мало, изјави првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ Клан.

- Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Македонија, рече Груби.

Тој се осврна и на прашањето за промена на Уставот. Истакна дека во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски би гласала за уставните измени, тој заедно со другите министри и функционери на ДУИ во истата секунда ќе поднесат оставка.

- Од прв до последен, во секунда даваат оставки и ние се повлекуваме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И, можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6,7,8 месеци, колку сакаат, до следните избори и да ги избркаат Албанците од влада. Се виде дека тоа е прашањето, рече Груби

The post Груби: Груевски не може да се врати слободен во земјава appeared first on Република.

]]>

Невозможно е Никола Груевски да се врати слободен во Македонија, бидејќи  влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер кој избега и доби азил во Унгарија, е многу мало, изјави првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ Клан. - Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Македонија, рече Груби. Тој се осврна и на прашањето за промена на Уставот. Истакна дека во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски би гласала за уставните измени, тој заедно со другите министри и функционери на ДУИ во истата секунда ќе поднесат оставка. - Од прв до последен, во секунда даваат оставки и ние се повлекуваме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И, можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6,7,8 месеци, колку сакаат, до следните избори и да ги избркаат Албанците од влада. Се виде дека тоа е прашањето, рече Груби

The post Груби: Груевски не може да се врати слободен во земјава appeared first on Република.

]]>
20 години од изградбата на милениумскиот крст на врвот на Водно https://republika.mk/vesti/skopje/20-godini-od-izgradbata-na-mileniumskiot-krst-na-vrvot-na-vodno/ Thu, 22 Sep 2022 17:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=553320

20 години од изградбата на милениумскиот крст на врвот на Водно, денес еден со симболите на Скопје, пишува поранешниот премиер Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук.

Кон крајот на 2001 година бев министер за финасии кога веќе зад мене беше реформата со воведувањето на ДДВ, денационализацијата и враќањето на старите заробени девизи и со голем елан и енергија ги привршувавме последните подготовки за реформата на платниот промет која требаше да започне на 1. Јануар 2002 година.

Со нејзино целосно спроведување наместо преку тогашниот Завод за платен промет кој беше некаков остаток од социјализмот, плаќањата се префрлаа да се одвиваат преку банките, впрочем како што е во целиот свет.

Покрај ова, паралелно се создаваа уште неколку целосно нови институции кои претходно не постоеја во Македонија и каде требаше да преминат огромниот број вработени од ЗПП со потребните дообуки, на чии подготовки паралелно и темелно се работеше во голема работна група на чие чело бев јас. Тие институции беа централниот регистар (ЦР) кој подоцна во 2008 година светската банка го рангираше како најдобар во Европа и шести најдобар во светот, Агенцијата за работа со блокирани сметки(АРБС) 6-7 години припиена кин УЈП , Национална платежна картичка (НПК) која подоцна околу 2005 година владата ја продаде на позната Полска компанија , Клириншки интербанкарски системи (КИБС) преку кој се одвива платниот промет на сите плаќања во земјата до износ до 3 милиони денари (денес до 1 милион денари), а во народната банка (НБРМ) која беше дел од работната група паралелно се работеше на уредување на нов систем преку кои требаше да поминуваат плаќањата над тој износ“, се вели во неговата објава на Фејсбук.

„Паралелно се вршеа и последните подготовки за воведување на фискалните каси во Македонија, а се спремаше и проектот PKI (public key infrastructure), кој за жал новата власт на СДСМ по 15 септември 2002 година без причина го стопираше и никогаш не се доврши, што оние кои ја разбираат оваа работа знаат дека е голема штета.
Тоа беа многу крупни и за мене лично како министер кој ја превзема одговорноста ризични реформи кои бараа огромна работа, многу знаење, силна концетрација, искусен тим и натчовечка посветеност. Во Министерството “вриеше” од активности и работа, беше многу “жешко”, се работеше по 12-15 часа без прекин.
Се менуваа многу закони, подзаконски акти и други регулативи. Се правеа и тестираа нови софтвери, набавки на хардвери, едноставно кажано “беше како во врел котел”.
Реформата имаше и скриени противници кои губеа одредени лични позиции или сакаа да создадат страв и недоверба, па мораше дополнително да се внимава на можно диверзии.
Генерално во земјата беше тешко бидејќи сеуште имаше остатоци од воените дејства поврзани со конфликтот од 2001 година, па и во тој дел Министерството за финасии имаше големи предизвици за целосно и навремено буџетски подмирување на сите вонредни финасиски потреби на безбедносните сили на земјата, што успешно и во целост го завршивме.
Ги бев мобилизирал најдобрите потенцијали во државата да помогнат во работната група/комитет за реформата на платниот промет, и во подгрупите или подкомитети како што ги викавме, од универзитетски професори, стручни и искусни лица од повеќе институции, банкари, софтверски инжињери, правници и додатно во некои делови и повремено ангажирани странски консултанти.
Најмала грешка можеше да доведе до хаос и несогледливи последици и штети, при што најмала штета ќе беше моја моментална оставка.
За разлика од времето кога се воведуваше ДДВто во април 2000 година, единствена предност ми беше што веќе беше создадена доверба во мене и мојот тим за тоа што го работиме, па јавноста, за разлика од кога се воведуваше ДДВто, беше релативно мирна.
Во таа гужва и во една таква навидум хаотична но всушност многу прецизна работна атмосфера полна со ентузијазам и адреналин, неколку дена пред новата година ми пристапи некој од соработниците и ме информира дека од сметките на расформираниот ЗПП остануваат некои слободни околу 200 милиони денари (приближно околу 3,3 милиони евра), за кои владата треба да одлучи како би се искористиле.
Тогаш се потсетив дека повеќе од една година, можеби две или три години низ неколку весници и неделници одеше јавен повик до граѓаните и фирмите за собирање донации за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно со анимирина фотографија од истиот како би изгледал кога би се направил.
Некоја НВО на ентузијасти и верници го водеа тоа од кои лично познавав само еден човек-поранешниот министер Ѓорѓи Наумов. Тие се немаа обратено до Министерството за финансии за финасиска помош. Веднаш го побарав по телефон Ѓорѓи Наумов, го прашав колку имаат собрано пари за крстот и колку што се сеќавам сумата беше ниска, околу 10 илјади евра од неколку годишните повици за донации. Го прашав и колку е проекцијата за да целиот се изгради и по кратко време ме информира дека дека е 72 милиони денари, без изградба на замислените ресторанти во постаментот под него кои секако можеа да се изнајмат како простор на приватниот сектор.
Со така собрани информации и со идеја да се реализира проектот за крстот, побарав средба со премиерот Љубчо Георгиевски кого го информирав за сите околу 200 милиони денари слободни средства кои треба владата со одлука да ги распредели и му предложив 72 милиони од нив да се распределат за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно. Тој со восхит го прими предлогот и веднаш договоривме како да се предложи на владата и да се донесе владина одлука. Стравувававме од можна негативна реакција на нехристијанските членови на владата и бевме договориле ако дојде до тоа. Неколку дена или недели подоцна, ја информирав владата за слободните средства од трансформацијата на ЗПП и воедно го дадов предлогот 72 милиони денари да се пренасочат како донација на НВО за изградба на крстот.
Премиерот по моето излагање и предлог праша дали некој бара збор, но никој не отвори некоја суштинска дискусија и предлогот помина без било какви суштински забелешки или негодувања а парите за неколку дена легнаа на сметката на невладината организација иницијатор на крстот.
Понатаму работата си ја превземаа архитекти и градежни фирми па за рекордни 8 месеци се заврши и свечено се пушти милениумскиот крст во употреба.
Нехристијанските членови на воадата излегоа коректни и фер, но низ годините што доаѓаа вклучително кога јас станав премиер помагавме и за реконструкции на џамии, некогаш и учество во изградба на некои џамии, па можам да кажам дека во тој дел на верски прашања речиси секогаш имало разбирање и толеранција со ретки исклучоци.

Милениумскиот крст денес е еден од неколкуте карактеристични и препознатливи симболи на градот Скопје и на Македонија и Скопје веќе не може да се замисли без овој симбол“, пишува Груевски на својот Фејсбук профил.

The post 20 години од изградбата на милениумскиот крст на врвот на Водно appeared first on Република.

Груевски: Бугарија преку обидите за промена на историјата и потеклото на македонскиот јазик и нација, и во минатото, и сега и во иднина ќе настојува од Македонија да создаде втора Бугарска држава на Балканот https://republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-bugarija-preku-obidite-za-promena-na-istorijata-i-potekloto-na-makedonskiot-jazik-i-nacija-i-vo-minatoto-i-sega-i-vo-idnina-kje-nastojuva-od-makedonija-da-sozdade-vtora-bugarska-drzava-na-bal/ Mon, 25 Jul 2022 18:24:15 +0000 https://republika.mk/?p=533127

Не е тајна дека Бугарија преку обидите за промена на историјата и потеклото на македонскиот јазик и нација, и во минатото, и сега и во иднина ќе настојува од Македонија да создаде втора Бугарска држава на Балканот, пишува на својот фејсбук профил Никола Груевски.

Не им е проблем граѓаните да се нарекуваат Македонци во иднина а јазикот македонски, доколку се прифати дека до 2.август 1944 година Македонците биле Бугари кои говореле бугарски јазик, историјата им била бугарска и доколку се прифати дека потоа со политичка интервенција, прогон и тортура во СФРЈ, нацијата се преименувала од Бугари во Македонци а јазикот и историјата од бугарски во македонски.

Македонско малцинство во Бугарија не може да се прифати бидејќи би противречело на оваа цел. Бугарско малцинство во Македонија во минатото не беше посакувано од Бугарија како уставна категорија, но сега се сменети плановите, бидејќи очигледно се цени дека уставната присутност би помогнала во полесна и побрза промена кон посакуваното, посебно ако се има контрола над учебниците по историја во училиштата и на универзитетите, книгите на македонските научни работници-историчари кои во иднина ќе се пишуваат, документарните и играни филмови и серии кои би се снимале, како и секојдневното пишување на македонските медиуми контролирано преку формата наречена “говор на омрза” за она што нема да се чуствува дека е во служба на зацртаната кауза, и сето ова заедно ставено и формално под контрола преку процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

Целите се долгорочни каков што ќе биде и долг процесот на зачленување во ЕУ.

дали ова ќе се реализира или не, ќе зависи во голема мера од македонскиот народ но и од политичките елити во Македонија и нивното единство по националните прашања, политиките кои ќе ги водат, нивната независност во спроведување на политиките, подготвеноста за ризици и притисоци, умешноста на дипломатијата и меѓународните партнерства и сојузништвата.

Во моментот со последните одлуки на Владата и Парламентот создадени се мошне солидни предуслови за реализација на тој план на Бугарија, но повторно, најмногу ќе зависи од народот и политичарите.

Во минатото, до Мај 2017 година “Договорот за пријателство” не можеше да се договори и потпише токму заради обидите на македонската влада да ги елиминира ваквите предуслови во текстот на тој договор кој е основа за документите усогласени и прифатени во текот на овој месец.

Не е точна тезата дека македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, па нема да може ни од сега. Оние кои барем малку познаваат историја знаат дека низ последните 100-150 години милиони Македонци се асимилирани од Бугарија, Грција, Србија, Османлиската Империја, а дел од нив и низ светот (се разбира не сите) како македонска емиграција. Ова се природни и политички процеси што насекаде се случуваат и ова што се однесува до асимилацијата на Македонците е историски потврдено и го знае секој еден кој прочитал барем три книги за историјата на македонскиот народ.

точно е дека и без документите и одлуките од месец јули, Бугарија како земја членка на ЕУ можеше да го проблематизира зачленувањето на Македонија во ЕУ за да ги оствари овие цели.

Но, ќе се судреше со многу земји внатре во ЕУ бидејќи тоа ќе го правеше без основа, а тие на принципиелна основа ќе можеа да реагираат. Сега, создадена е основа, и притисокот врз Бугарија од другите земји членки на ЕУ и од САД, а во корист на Македонија, би одел многу потешко и со помалку аргументи.

точно е дека ниту една земја до сега не го загубила својот идентитет во процесот на зачленувањето во ЕУ. Но, точно е и дека досега на ниту една земја не и биле поставени вакви услови како што сега и се поставени на Македонија преку прифатените документи овој месец.

Членството во ЕУ треба да остане во фокусот на секоја влада на Македонија сега и во иднина, но со последните одлуки на власта се создадоа предуслови и за огромни други ризици од национален карактер, кои ќе бараат многу повеќе напор и внимателност во иднина и кои може да се основ за нови блокади на патот на членството во ЕУ.

Не можеме да ја обвиниме ЕУ или Франција за нејзиниот предлог, бидејќи токму владата преку нејзини преставници, пред повеќе месеци официјално побара од ЕУ да го превземе решавањето на проблемот, односно спорот меѓу нејзината земја членка - Бугарија и Македонија како земја претендент за членство.

И еве ЕУ се согласи, на барање и во преговори и дијалог со македонската власт даде предлог.

Секако дека луѓето во власта знаеле дека кога ЕУ решава проблем меѓу земја нејзина членка и земја која не е членка на ЕУ, механизмите во ЕУ се такви што не може да се очекува земјата членка да биде во понеповолна ситуација со тој предлог.

колку и да беше задоволство да се слуша во јуни и јули годинава “симфонијата” на аргументи и критики упатени кон власта од страна на стотици мои поранешни критичари и мои политички противници и неистомисленици, а на темата на националните прашања и Бугарија, и сето тоа во светлина на скоро усвоени документи и одлуки; колку и нивните изјави и натписи да личеа како јас да сум им ги напишал; колку и да стана јасно дека сите тие стотици аналитичари, новинари, преставници на НВО, шарени, реформатори, професори, глумци, владици, поранешни македонски амбасадори, историчари, бизнисмени, лекари, режисери и разни други тазе национално разбудени “стручњаци” се чини дека конечно разбраа од што тоа ние до мај 2017 сме се бранеле и со што сме се справувале кога некоректно и нечесно не обвинуваа дека свесно го кочиме патот на Македонија кон ЕУ, сепак овој месец и претходниот беше многу тажно да се гледа борбата, напорите, отпорот, противењето, но и немоќта на измамениот македонски народ кон намерите и одлуките на една власт која го има загубено или се има откажано од суверенитетот на земјата и не одлучува самостојно дури и за најважните национални прашања, пишува Груевски.

The post Груевски: Бугарија преку обидите за промена на историјата и потеклото на македонскиот јазик и нација, и во минатото, и сега и во иднина ќе настојува од Македонија да создаде втора Бугарска држава на Балканот appeared first on Република.

Груевски: Пет години по доаѓањето на оваа власт дури сега ќе почнат да бираат нова локација за градба на нов клинички центар https://republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-pet-godini-po-doagjanjeto-na-ovaa-vlast-duri-sega-kje-pochnat-da-biraat-nova-lokacija-za-gradba-na-nov-klinichki-centar/ Tue, 17 May 2022 18:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=503552

Пет години по доаѓањето на оваа власт дури сега ќе почнат да бираат нова локација за градба на нов клинички центар, пишува Никола Груевски на својот фејсбук профил.

Кон крајот на мај 2017 година тогашната власт ги заврши сите подготовки за почеток на градба на новиот клинички центар во Скопје. На тоа претходеа околу три години работа, подготовки, физибилити студии, истражувања, процедури, детални преговори со Банката за развој при Советот на Европа со седиште во Париз, која требаше под најповолни услови и најниски камати да го финасира градењето.

Градбата требаше да заврши за три години во 2020 година кога ќе беше отворен новиот со најсовремена медицинска опрема и апарати клинички центар.

Во мај 2017 година беше завршен тендерот за проектот, како и самиот проект за клиничкиот центар, беше направен и потпишан договор за градба со градежни фирми и договор за надзор на градбата, како и специјална проектна единица направена заедно со банката за спроведување и надзор на сите процедури до самиот завршеток на клиничкиот центар.
Се се одвиваше под стручен надзор на меѓународни експерти за градење и опремување клинички центри низ многу земји во светот ангажирани од банката, чии принцип на работа е таков.
Целокупната градба со целосно нова опрема и медицински апарати и комплетно нов медицински и нов мебел за админситрацијата и медицинскиот персонал беше предвидено да чини се вкупно 130 милиони евра.
И само што требаше да почнат да работат багерите и другата градежна механизација на теренот, дојдоа “ослободителите”.
Се застана. Се не чинело, тие ќе направеле подобро.
Во ред. Фирмите што веќе беа потпишале договори безпоговорно се повлекоа пред новата разулавена власт, која опиена од моќта која и покрај поразот на изборите ја доби бараше кого да нападне со измислени кривични пријави, ако само малку и се спротистави. Преставниците на банката со нескриен гнев и подбив кон чекорите на новата власт се повлекоа напуштајќи го повеќегодишното труд да се дојде до таа фаза.
И што се случи?
Брзо се виде која била идејата. Најавија наводно брзо почнување на градба на нов клинички центар но на друга локација, некаде на крајот на градот или вон него, некои празни ниви на крајот на Ѓорче Петров, идеја која и ние ја разгледувавме но ја напуштивме како неповолна.
Од таму само да се изгради или зајакне инфраструктура на канализација, струја, вода, гас, телефонија, широки патишта и булевари важни за брз проток на возилата за итна помош до центарот и другите делови од главниот град и да се изградат патни приклучоци кон обиколницата заради потребите на другите градови и слични инфраструктурни зафати ќе требаше стотици милиони евра и барем една деценија подготовки и градење (за се поединечно треба физибилити студии, проекти, тендери, нови или менување на дупови, катастри, експропријации итн).
Но што беше најголемото изненадување?
Наместо вообичаен тендер за изработка на проект а врз основа на тој проект објава на меѓународен тендер за градба, за прв пат за ваква работа приемнија тендерска методологија која е смислена во Законот јавни набавки за да се применува од страна на општините и градот Скопје и тоа исклучиво се користеше само за новогодишни прослави каде фирмата понудувач на услугата го осмислува проектот по нејзино видување и го нуди по одредена од неа формирана цена, а тоа е главно заради уметничкиот дел од прославата и ангажманот на пејачи со различен квалитет, популарност и цена.
Според оваа методологија, секоја фирма кандидат може да осмисли свој проект каков што мисли дека треба и да побара каква сака цена за тој проект, без некој друг за тој ист проект да даде понуда, туку секој си прави свој проект со различен дизајн, големина и други параметри и за него си дава своја цена, а власта бира кој од понудените проекти со конкретни цени за секој од нив, најмногу и се допаѓа, но цената на градбата не е главен критериум при изборот на победникот.
Тој метод е смислен како што кажав само за организирање новогодишни прослави каде што секој понудувач предлага различен пејач или музичка група, други изведувачи и забавувачи и секој формира различна цена согласно цената и популарноста на тој пејач, музичка група или забавувач, а општината или градот Скопје бира кој пејач цени дека најмногу би ги направил задоволни граѓаните, ако нормално може да си дозволат да го платат. Во спротивно, ако се бира најевтината понуда, секогаш би победувала фирма-понудувач со најнепопуларниот и најевтин пејач кој никој нема да сака да дојде да го слуша.
И така “ослободителите” дојдоа до некои австриски, француски и незнам какви компании, кои според она што јавно се говореше понудија свои проекти кои чинеа по 500 или 600 милиони евра.
Значи од 130 милиони евра на 500-600 милиони евра, плус уште 100-200 милиони евра за потребната инфраструктурна. Можеа и 800 милиони евра да стават ако така се договореа бидејќи понудувачот сам ја формира цената и висината на сопствената заработка.
Бидејќи знаеја дека за тоа можат да одговараат некој ден, сакаа ова да помине преку парламентот и се чудеа зошто тоа им се закочило во парламентот.
Ако не им се допаѓаше локацијата кај сегашниот клинички центар, имаа цели пет години да изберат нова и да направат проект за нов клинички центар на таа нова локација, онаков како што најстручните лица кои ќе ги ангажираа сметаат дека и треба на Македонија, па истиот проект да го ставеа на јавен меѓународен тендер за изведувач/градба и да добиеја понуди за градба на тој проект од градежните компании па да ја изберат најевтината со сите претходно утврдени критериуми за квалитет. Но, тоа не им одговараше.
Сега смислиле нова идеја. Заедно со другите партии одново ќе бирале нова локација.
Незнам дали идејата им е повторно по истата методологија за јавни набавки на уметници и пејачи да изберат проект за клинички центар кој ќе биде со ултра висока цена со веројатно однапред договорена фирма, или се ќе е нормално и регуларно како и кај секој друг тендер за проектирање и градба на различни објекти вклучувајќи и болници? Ако е првото, пак ќе соочат со проблеми, порано или подоцна. Со обзир дека таму има нов министер би му советувал да си оди по регуларна процедура без егзибиции, во која не му треба ни парламент, ни партии, ни политика, ни ништо, туку само добар стручен тим и меѓународно искусни советници кои по нормален и регуларен пат ќе го полнат и завршат проектот. Такви процедури преку парламент се потребни кога има само една држава која е подготвена да кредитира некој крупен проект и инсистира да гради фирма од таа земја.
Таа пак методологија за јавна набавка која ја планираа претходно нека им ја остави на општините да им олесни за прослави за нови години при избор на пејачи.
Соседна Србија ги почна процедурите за нов клинички центар во Белград после нас и веројатно ги провери нашите првични искуства во таа почетна фаза. Во меѓувреме тие го завршија и изградија новиот клинички центар кој веќе работи а нашиве “ослободители” пред година-две наместо да го отворат целосно завршен нашиот нов клинички центар, пратија делегација да го разгледа и да собере искуства, за сега да кажат дека тек сега нова локација ќе бираат а во меѓувреме уште ги проучуваат искуствата на Србија.
И да не заборавиме. Локацијата која ние ја одбравме е истата каде сега е клиничкиот центар во центарот на главниот град каде со децении функционира. Можеби не е, а можеби е нај идеална, но е најповолна. Најпаметно им е да си се вратат на тој готов проект ако сакаат во овој мандат барем до пола да го завршат клиничкиот центар.
Потпишаниот договор за целосна градба, нова медицинска опрема и апарати и нов медицински и мебел за админситрацијата за новиот клинички центар, се заедно според договорот од јавната набавка чинеше 130 милиони евра, со целосна контрола на целата процедура од Банката за развој при Советот на Европа.
Да видиме што ќе потпишат тие и кога.
П.С. И да ги потсетиме. Кога дојдоа на власт на пола ја запреа градбата на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево. Пет години поминаа…

The post Груевски: Пет години по доаѓањето на оваа власт дури сега ќе почнат да бираат нова локација за градба на нов клинички центар appeared first on Република.