грција - турција Archives - Република https://republika.mk/tema/grcija-turcija/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 10:01:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грција - турција Archives - Република https://republika.mk/tema/grcija-turcija/ 32 32 Грците бесни што Турција сака манастирот Хора да го користи како џамија https://republika.mk/vesti/balkan/grtsite-besni-shto-turtsija-saka-manastirot-hora-da-go-koristi-kako-dhamija/ Tue, 07 May 2024 17:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=774965

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

The post Грците бесни што Турција сака манастирот Хора да го користи како џамија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

The post Грците бесни што Турција сака манастирот Хора да го користи како џамија appeared first on Република.

]]>
Грција испраќа во Турција пет авиони со хуманитарна помош https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ispraka-vo-turtsija-pet-avioni-so-humanitarna-pomosh/ Thu, 09 Feb 2023 08:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=606772

Пет авиони со хуманитарна помош испраќа Грција до Турција преку Европскиот механизам за цивилна заштита, по силниот земјотрес што ја погоди земјата во понеделникот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Хуманитарната помош содржи здравствен и медицински материјал, како и 7.500 ќебиња, 1.500 кревети и 500 шатори.

Ќе биде испратена со пет лета на грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, која ќе покрие 25 проценти од трошоците, додека пак останатите 75 отсто ќе бидат покриени од Европскиот механизам за цивилна заштита.

The post Грција испраќа во Турција пет авиони со хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

Пет авиони со хуманитарна помош испраќа Грција до Турција преку Европскиот механизам за цивилна заштита, по силниот земјотрес што ја погоди земјата во понеделникот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Хуманитарната помош содржи здравствен и медицински материјал, како и 7.500 ќебиња, 1.500 кревети и 500 шатори. Ќе биде испратена со пет лета на грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, која ќе покрие 25 проценти од трошоците, додека пак останатите 75 отсто ќе бидат покриени од Европскиот механизам за цивилна заштита.

The post Грција испраќа во Турција пет авиони со хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
Ердоган повторни ѝ се закани на Грција https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-povtorni-se-zakani-na-grcija/ Wed, 16 Nov 2022 14:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=574583

Претседателот на Турција, Рeџеп Тајип Ердоган во својот говор на Самитот на Г20 повторно и се закани на Грција.

Тој изјави дека Турција „една ноќ може ненадејно да пристигне“ во Грција и затоа соседната држава треба „да внимава на своето место“ и да „се сети на историјата“.

Изминатите месеци Ердоган ја засили својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејско Море во близина на турскиот брег. Тој во говорот на Самитот на Г20 го опиша зголеменото воено присуство на Грција како „бесмислено“ и додаде дека „сите авиони и оружје што ќе дојдат нема да бидат корисни“.

На претходните закани реагираше и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас при што испрати писма до НАТО, ЕУ и ОН.

Ризикуваме повторно да бидеме сведоци на ситуацијата што моментално се развива во друг дел од нашиот континент, напиша тогаш Дендиас.

Во септември, ЕУ изрази загриженост поради коментарите на Ердоган, додека американскиот Стејт департмент ги нарече „безопасни“ и повтори дека суверенитетот на Грција над островите во Егејско Море „не е доведен во прашање“.

The post Ердоган повторни ѝ се закани на Грција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Рeџеп Тајип Ердоган во својот говор на Самитот на Г20 повторно и се закани на Грција. Тој изјави дека Турција „една ноќ може ненадејно да пристигне“ во Грција и затоа соседната држава треба „да внимава на своето место“ и да „се сети на историјата“. Изминатите месеци Ердоган ја засили својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејско Море во близина на турскиот брег. Тој во говорот на Самитот на Г20 го опиша зголеменото воено присуство на Грција како „бесмислено“ и додаде дека „сите авиони и оружје што ќе дојдат нема да бидат корисни“. На претходните закани реагираше и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас при што испрати писма до НАТО, ЕУ и ОН.
Ризикуваме повторно да бидеме сведоци на ситуацијата што моментално се развива во друг дел од нашиот континент, напиша тогаш Дендиас.
Во септември, ЕУ изрази загриженост поради коментарите на Ердоган, додека американскиот Стејт департмент ги нарече „безопасни“ и повтори дека суверенитетот на Грција над островите во Егејско Море „не е доведен во прашање“.

The post Ердоган повторни ѝ се закани на Грција appeared first on Република.

]]>
Турција негира дека е вмешана во инцидентот со десетици голи мигранти на грчка територија https://republika.mk/vesti/balkan/turcija-negira-deka-e-vmeshana-vo-incidentot-so-desetici-goli-migranti-na-grchka-teritorija/ Sun, 16 Oct 2022 14:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=561738

Турција негира каква било вмешаност во инцидентот во кој грчките власти вчера пронајдоа 92 мигранти напуштени, без облека, во близина на граничната река Марица (Еврос).

Не можејќи да пронајдете ниту еден случај на прекршување на човековите права од Турција, вие се обидувате да ја прикажете сликата за сопствената суровост како да е извршена од Турција, напиша турскиот заменик министер за внатрешни работи Исмаил Чатакли на Твитер и ја повика Грција да престане со „манипулации и нечесност“.

Неговата изјава дојде како одговор на грчкиот министер за цивилна заштита Нотис Митаракис, кој рече дека мигрантите тврдат дека биле одведени во Грција од страна на турската воена полиција.

Грција наскоро ќе ја прошири својата ограда од 40 километри долж границата со Турција, додаде Митаракис.

The post Турција негира дека е вмешана во инцидентот со десетици голи мигранти на грчка територија appeared first on Република.

]]>

Турција негира каква било вмешаност во инцидентот во кој грчките власти вчера пронајдоа 92 мигранти напуштени, без облека, во близина на граничната река Марица (Еврос).
Не можејќи да пронајдете ниту еден случај на прекршување на човековите права од Турција, вие се обидувате да ја прикажете сликата за сопствената суровост како да е извршена од Турција, напиша турскиот заменик министер за внатрешни работи Исмаил Чатакли на Твитер и ја повика Грција да престане со „манипулации и нечесност“.
Неговата изјава дојде како одговор на грчкиот министер за цивилна заштита Нотис Митаракис, кој рече дека мигрантите тврдат дека биле одведени во Грција од страна на турската воена полиција. Грција наскоро ќе ја прошири својата ограда од 40 километри долж границата со Турција, додаде Митаракис.

The post Турција негира дека е вмешана во инцидентот со десетици голи мигранти на грчка територија appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Грција никогаш не провоцира https://republika.mk/vesti/balkan/micotakis-grcija-nikogash-ne-provocira/ Fri, 07 Oct 2022 13:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=558460

Можност за сите лидери да разберат „кој е тој што провоцира и која е земјата која самоуверено ги брани својот суверенитет и суверени права без никогаш да ја затвори вратата за дијалог“, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис бил вчерашниот непланиран дијалог со турскиот претседател и разменетите пораки, за време на вечерата во Прага на лидерите на земјите од Европската политичка заедница, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред почетокот на вонредниот Самит на Европската унија во Прага, Мицотакис истакна дека „Грција никогаш не провоцира, но секојпат кога ќе биде испровоцирана, секогаш одговара самоуверено“ и порача дека ги затвораат сите прозорци за секоја провокација, но ја оставаат отворена вратата за дијалог.

Имав можност пред 43 лидери присутни на овој прв состанок на Европската политичка заедница да го повторам она што го кажав и во Обединетите нации. Дека денес не може Грција да се обвинува за зголемување на тензиите во Егејското Море, кога Турција е таа што директно покренува прашања дури и за суверенитетот на грчките острови. И дека е невозможно да се продолжи со релаксирање на односите меѓу Грција и Турција, сè додека оваа реторика продолжува. Но, уште еднаш изјавувам дека Грција не е таа што ја затвора вратата за дијалог. Чувствуваме апсолутна самоувереност и сигурност дека меѓународното право е на наша страна, истакна Мицотакис.

Грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори, објавија дека на вчерашната вечера на лидерите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обратил и ја обвинил Грција дека ја подигнува тензијата и провоцира.

Според истите извори, Мицотакис веднаш зел збор и директно му одговорил дека треба да престане да го доведува во прашање суверенитетот на островите и дека наместо да предизвикува тензии, треба да дојде да се согласи на дијалог без тензии и екстремна реторика.

The post Мицотакис: Грција никогаш не провоцира appeared first on Република.

]]>

Можност за сите лидери да разберат „кој е тој што провоцира и која е земјата која самоуверено ги брани својот суверенитет и суверени права без никогаш да ја затвори вратата за дијалог“, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис бил вчерашниот непланиран дијалог со турскиот претседател и разменетите пораки, за време на вечерата во Прага на лидерите на земјите од Европската политичка заедница, јави дописничката на МИА од Атина. Пред почетокот на вонредниот Самит на Европската унија во Прага, Мицотакис истакна дека „Грција никогаш не провоцира, но секојпат кога ќе биде испровоцирана, секогаш одговара самоуверено“ и порача дека ги затвораат сите прозорци за секоја провокација, но ја оставаат отворена вратата за дијалог.
Имав можност пред 43 лидери присутни на овој прв состанок на Европската политичка заедница да го повторам она што го кажав и во Обединетите нации. Дека денес не може Грција да се обвинува за зголемување на тензиите во Егејското Море, кога Турција е таа што директно покренува прашања дури и за суверенитетот на грчките острови. И дека е невозможно да се продолжи со релаксирање на односите меѓу Грција и Турција, сè додека оваа реторика продолжува. Но, уште еднаш изјавувам дека Грција не е таа што ја затвора вратата за дијалог. Чувствуваме апсолутна самоувереност и сигурност дека меѓународното право е на наша страна, истакна Мицотакис.
Грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори, објавија дека на вчерашната вечера на лидерите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обратил и ја обвинил Грција дека ја подигнува тензијата и провоцира. Според истите извори, Мицотакис веднаш зел збор и директно му одговорил дека треба да престане да го доведува во прашање суверенитетот на островите и дека наместо да предизвикува тензии, треба да дојде да се согласи на дијалог без тензии и екстремна реторика.

The post Мицотакис: Грција никогаш не провоцира appeared first on Република.

]]>
Прајс: Грчкиот суверенитет над островите Лесбос и Самос не е доведен во прашање  https://republika.mk/vesti/balkan/prajs-grchkiot-suverenitet-nad-ostrovite-lesbos-i-samos-ne-e-doveden-vo-prashanje/ Thu, 29 Sep 2022 06:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=555363

Во Стејт департментот синоќа укажаа дека грчкиот суверенитет над островите Лесбос и Самос не е доведен во прашање, и ги повикаа сите земји, вклучително и „нашите сојузници“ да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и да избегнуваат акции кои би создале тензии. 

Изјавата од портпаролот Нед Прајс доаѓа откако Анкара испрати дипломатска нота до САД и Грција, затоа што последната распоредила американска воена опрема на овие острови, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани.  

На прашање од новинар како САД го коментираат тоа, Прајс посочи „за распоредување на нивна одбранбена опрема да се прашаат самите влади“. 

-За тоа ние не можеме да зборуваме, Општо земено, и ова го кажав вчера, продолжуваме да ги охрабруваме нашите НАТО партнери, во овој случај Турција и Грција, да работат заеднички на одржување на мирот и безбедноста во регионот, и да ги решат сите разлики по дипломатски пат. Ги повикуваме сите страни да се воздржат од реторика и да избегнат постапки кои би можеле да разгорат тензии, изјави тој.

The post Прајс: Грчкиот суверенитет над островите Лесбос и Самос не е доведен во прашање  appeared first on Република.

]]>

Во Стејт департментот синоќа укажаа дека грчкиот суверенитет над островите Лесбос и Самос не е доведен во прашање, и ги повикаа сите земји, вклучително и „нашите сојузници“ да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и да избегнуваат акции кои би создале тензии.  Изјавата од портпаролот Нед Прајс доаѓа откако Анкара испрати дипломатска нота до САД и Грција, затоа што последната распоредила американска воена опрема на овие острови, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани.   На прашање од новинар како САД го коментираат тоа, Прајс посочи „за распоредување на нивна одбранбена опрема да се прашаат самите влади“.  -За тоа ние не можеме да зборуваме, Општо земено, и ова го кажав вчера, продолжуваме да ги охрабруваме нашите НАТО партнери, во овој случај Турција и Грција, да работат заеднички на одржување на мирот и безбедноста во регионот, и да ги решат сите разлики по дипломатски пат. Ги повикуваме сите страни да се воздржат од реторика и да избегнат постапки кои би можеле да разгорат тензии, изјави тој.

The post Прајс: Грчкиот суверенитет над островите Лесбос и Самос не е доведен во прашање  appeared first on Република.

]]>
Грчко МНР: Доколку има потреба, Грција ќе ги брани своите законски интереси и права https://republika.mk/vesti/balkan/grchko-mnr-dokolku-ima-potreba-grcija-kje-gi-brani-svoite-zakonski-interesi-i-prava/ Thu, 29 Sep 2022 06:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=555361

Грција нема никакви претензии кон Турција и е за дијалог врз основа на меѓународното право. Меѓутоа, доколку се појави потреба, ќе ги брани своите законски интереси и права, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во врска со состанокот на Советот за национална безбедност на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР велат дека „Турција има целосно право со секое законско средство да ги брани своите интереси, под основен услов да ги прифати правилата на меѓународното право“.

-Сепак, нема никакво право флагрантно да го прекршува меѓународното право и да ѝ се заканува на Грција со војна (casus belli). Грција нема никакви претензии кон Турција и е за дијалог врз основа на меѓународното право. Меѓутоа, ќе ги брани своите законски интереси и права доколку се појави потреба, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.

Реакцијата од грчкото МНР е по одржаниот Совет за национална безбедност на Турција свикан од претседателот Реџеп Таип Ердоган, на кој се разговарало и за односите со Грција, а според соопштението од турската страна било истакнато дека нема да се воздржуваат „од употреба на секакви легитимни методи и средства во рамките на меѓународното право за заштита на правата и интересите на земјата“ и ги повикуваат „да се вразумат круговите кои ја охрабруваа Грција да ги вооружи островите со демилитаризиран статус“. ср/сд/

The post Грчко МНР: Доколку има потреба, Грција ќе ги брани своите законски интереси и права appeared first on Република.

]]>

Грција нема никакви претензии кон Турција и е за дијалог врз основа на меѓународното право. Меѓутоа, доколку се појави потреба, ќе ги брани своите законски интереси и права, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во врска со состанокот на Советот за национална безбедност на Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР велат дека „Турција има целосно право со секое законско средство да ги брани своите интереси, под основен услов да ги прифати правилата на меѓународното право“.
-Сепак, нема никакво право флагрантно да го прекршува меѓународното право и да ѝ се заканува на Грција со војна (casus belli). Грција нема никакви претензии кон Турција и е за дијалог врз основа на меѓународното право. Меѓутоа, ќе ги брани своите законски интереси и права доколку се појави потреба, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.
Реакцијата од грчкото МНР е по одржаниот Совет за национална безбедност на Турција свикан од претседателот Реџеп Таип Ердоган, на кој се разговарало и за односите со Грција, а според соопштението од турската страна било истакнато дека нема да се воздржуваат „од употреба на секакви легитимни методи и средства во рамките на меѓународното право за заштита на правата и интересите на земјата“ и ги повикуваат „да се вразумат круговите кои ја охрабруваа Грција да ги вооружи островите со демилитаризиран статус“. ср/сд/

The post Грчко МНР: Доколку има потреба, Грција ќе ги брани своите законски интереси и права appeared first on Република.

]]>
САД: Грција и Турција со дипломатија да ги решат разликите околу островите во Егејското Море https://republika.mk/vesti/balkan/sad-grcija-i-turcija-so-diplomatija-da-gi-reshat-razlikite-okolu-ostrovite-vo-egejskoto-more/ Tue, 27 Sep 2022 11:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=554548

САД продолжуваат да ги охрабруваат Грција и Турција да работат заеднички за одржување на мирот и безбедноста во регионот и да ги решат сите разлики по дипломатски пат без да се дигаат тензии во време на криза.

– Треба да останаме фокусирани на тоа што е колективна закана за сите нас, а тоа е руската агресија, истакна портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

– Во време кога Русија уште еднаш изврши инвазија на суверена земја и кога трансатлантската и меѓународната заедница стојат со народот на Украина против руската агресија, основен услов е да не се прават изјави и постапки кои можат да подигаат тензиите меѓу членки на НАТО, рече тој.

Изјавата доаѓа откако Анкара викендов ја обвини Атина дека на 18 и 21 септември со воени бродови стационирала американска воена опрема како оклопни возила на островите Лесбос и Самос, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани.

Според договорите од Лозана и Париз од 1923 и 1947 година, 21 остров во Егејското Море се дадени на Грција, но под услов тие да се целосно демилитаризирани. Грција се спротивставува на ова и од 1961 година распоредува војници на островите стравувајќи дека турските сили можат лесно да извршат истоварување, бидејќи се на блиско растојание од Турција.

The post САД: Грција и Турција со дипломатија да ги решат разликите околу островите во Егејското Море appeared first on Република.

]]>

САД продолжуваат да ги охрабруваат Грција и Турција да работат заеднички за одржување на мирот и безбедноста во регионот и да ги решат сите разлики по дипломатски пат без да се дигаат тензии во време на криза.
– Треба да останаме фокусирани на тоа што е колективна закана за сите нас, а тоа е руската агресија, истакна портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. – Во време кога Русија уште еднаш изврши инвазија на суверена земја и кога трансатлантската и меѓународната заедница стојат со народот на Украина против руската агресија, основен услов е да не се прават изјави и постапки кои можат да подигаат тензиите меѓу членки на НАТО, рече тој.
Изјавата доаѓа откако Анкара викендов ја обвини Атина дека на 18 и 21 септември со воени бродови стационирала американска воена опрема како оклопни возила на островите Лесбос и Самос, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани. Според договорите од Лозана и Париз од 1923 и 1947 година, 21 остров во Егејското Море се дадени на Грција, но под услов тие да се целосно демилитаризирани. Грција се спротивставува на ова и од 1961 година распоредува војници на островите стравувајќи дека турските сили можат лесно да извршат истоварување, бидејќи се на блиско растојание од Турција.

The post САД: Грција и Турција со дипломатија да ги решат разликите околу островите во Егејското Море appeared first on Република.

]]>
Мицотакис по средбата со Макрон: Грција е подготвена да се соочи со оние кои ѝ се закануваат https://republika.mk/vesti/balkan/micotakis-po-sredbata-so-makron-grcija-e-podgotvena-da-se-soochi-so-onie-koi-se-zakanuvaat/ Tue, 13 Sep 2022 07:27:36 +0000 https://republika.mk/?p=550227

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис синоќа во Париз изјави дека неговата земја е „подготвена да се соочи“ со каква било закана за нејзиниот суверенитет, алудирајќи на обвинувањата на Турција дека Грција ги „окупирала“ островите на Егејското Море.

-Подготвени сме да се соочиме со сите оние кои ни се закануваат со истоварување на нашите острови, на наша територија, рече Мицотакис по разговорот во Елисејската палата со францускиот претседател Емануел Макрон.

Грчкиот премиер и се заблагодари на Франција за поддршката на неговата земја „наспроти турските провокации“ и додаде дека Грција е секогаш отворена за дијалог.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ја обвини Грција дека ги „окупира“ островите во Егејското Море, кои се грчки, но на кои не можат да бидат стационирани грчки војници.

Ердоган предупреди дека турските вооружени сили би можеле „брзо да пристигнат и да го направат она што е потребно“ на тие острови.

Макрон како неприфатливи ги оцени „провокациите и изјавите кои го доведуваат во прашање суверенитетот на Грција“ и повтори дека Франција „јасно и одлучно“ ја поддржува Грција.

-Нема да дозволиме да надвладее каков било неред, особено во источниот Медитеран, додаде Макрон.

The post Мицотакис по средбата со Макрон: Грција е подготвена да се соочи со оние кои ѝ се закануваат appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис синоќа во Париз изјави дека неговата земја е „подготвена да се соочи“ со каква било закана за нејзиниот суверенитет, алудирајќи на обвинувањата на Турција дека Грција ги „окупирала“ островите на Егејското Море.
-Подготвени сме да се соочиме со сите оние кои ни се закануваат со истоварување на нашите острови, на наша територија, рече Мицотакис по разговорот во Елисејската палата со францускиот претседател Емануел Макрон.
Грчкиот премиер и се заблагодари на Франција за поддршката на неговата земја „наспроти турските провокации“ и додаде дека Грција е секогаш отворена за дијалог. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ја обвини Грција дека ги „окупира“ островите во Егејското Море, кои се грчки, но на кои не можат да бидат стационирани грчки војници. Ердоган предупреди дека турските вооружени сили би можеле „брзо да пристигнат и да го направат она што е потребно“ на тие острови. Макрон како неприфатливи ги оцени „провокациите и изјавите кои го доведуваат во прашање суверенитетот на Грција“ и повтори дека Франција „јасно и одлучно“ ја поддржува Грција.
-Нема да дозволиме да надвладее каков било неред, особено во источниот Медитеран, додаде Макрон.

The post Мицотакис по средбата со Макрон: Грција е подготвена да се соочи со оние кои ѝ се закануваат appeared first on Република.

]]>
Грција ќе ја проширува оградата покрај границата со Турција по целиот тек на реката Марица https://republika.mk/vesti/balkan/grcija-kje-ja-proshiruva-ogradata-dolz-granicata-so-turcija-po-celiot-tek-na-rekata-marica/ Wed, 24 Aug 2022 08:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=543509

Грчкиот владин совет за национална безбедност на синоќешната седница посветена на зголемениот миграциски притисок врз копнената и врз поморската граница на Грција одлучи да се прошири оградата покрај границата со Турција.

Одлучено е постепено да се продолжува оградата, со приоритет на чувствителните влезни места за илегални мигранти. Советот, исто така, одлучи да ги зајакне средствата за надзор, јави грчката новинска агенција АНА- МПА.

Моментално, оградата е долга 38 километри, покривајќи го краткиот копнен дел кај Едрене и релативно мал дел од реката. Вкупната должина на границата меѓу Грција и Турција во Тракија е околу 200 километри и минува по долниот тек на реката Марица (Евра).

The post Грција ќе ја проширува оградата покрај границата со Турција по целиот тек на реката Марица appeared first on Република.

]]>

Грчкиот владин совет за национална безбедност на синоќешната седница посветена на зголемениот миграциски притисок врз копнената и врз поморската граница на Грција одлучи да се прошири оградата покрај границата со Турција. Одлучено е постепено да се продолжува оградата, со приоритет на чувствителните влезни места за илегални мигранти. Советот, исто така, одлучи да ги зајакне средствата за надзор, јави грчката новинска агенција АНА- МПА. Моментално, оградата е долга 38 километри, покривајќи го краткиот копнен дел кај Едрене и релативно мал дел од реката. Вкупната должина на границата меѓу Грција и Турција во Тракија е околу 200 километри и минува по долниот тек на реката Марица (Евра).

The post Грција ќе ја проширува оградата покрај границата со Турција по целиот тек на реката Марица appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Грција ги крши правата на турското малцинство во Тракија https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-grcija-gi-krshi-pravata-na-turskoto-malcinstvo-vo-trakija/ Sun, 24 Jul 2022 17:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=532759

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешната изјава по повод 99-годишнината од Договорот од Лозана ја обвини Атина дека ги прекршила одредбите од Договорот за правата на турското малцинство во Тракија.

Условите кои се дел од Договорот, посебно правата на турското малцинство, се игнорираат или намерно се менуваат. Невозможно е нашата земја да прифати таква ситуација, која е во спротивност со нашите добрососедски односи и придржувањето кон Договор, истакна Ердоган.

Во Тракија муслиманите се 32 отсто од населението, меѓу кои мнозинство се етнички Турци, Роми и Помаци.

Договорот од Лозана, потпишан во 1923 година од новоформираната Република Турција и сојузниците по Првата светска војна, ги регулираше правата на преостанатите муслимански малцинства во Грција и на христијаните во Турција, по остри конфликти меѓу двете земји и размена на население.

Договорот, исто така, ја регулира власта на Грција врз островите во Егејското Море во близина на турскиот брег. Анкара неодамна се пожали дека Грција го прекршува Договорот од Лозана со милитаризирање на тие острови. Грција одговори дека постапува во согласност со меѓународното право и ја брани територијата, што е под постојана турска закана.

Минатиот месец Ердоган се повлече од разговорите на високо ниво со Атина.

The post Ердоган: Грција ги крши правата на турското малцинство во Тракија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешната изјава по повод 99-годишнината од Договорот од Лозана ја обвини Атина дека ги прекршила одредбите од Договорот за правата на турското малцинство во Тракија.
Условите кои се дел од Договорот, посебно правата на турското малцинство, се игнорираат или намерно се менуваат. Невозможно е нашата земја да прифати таква ситуација, која е во спротивност со нашите добрососедски односи и придржувањето кон Договор, истакна Ердоган.
Во Тракија муслиманите се 32 отсто од населението, меѓу кои мнозинство се етнички Турци, Роми и Помаци. Договорот од Лозана, потпишан во 1923 година од новоформираната Република Турција и сојузниците по Првата светска војна, ги регулираше правата на преостанатите муслимански малцинства во Грција и на христијаните во Турција, по остри конфликти меѓу двете земји и размена на население. Договорот, исто така, ја регулира власта на Грција врз островите во Егејското Море во близина на турскиот брег. Анкара неодамна се пожали дека Грција го прекршува Договорот од Лозана со милитаризирање на тие острови. Грција одговори дека постапува во согласност со меѓународното право и ја брани територијата, што е под постојана турска закана. Минатиот месец Ердоган се повлече од разговорите на високо ниво со Атина.

The post Ердоган: Грција ги крши правата на турското малцинство во Тракија appeared first on Република.

]]>