ѓорѓе иванов Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgje-ivanov/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 08:57:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓорѓе иванов Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgje-ivanov/ 32 32 Иванов на Светскиот форум за демократија и мир во Берлин https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-na-svetskiot-forum-za-demokratija-i-mir-vo-berlin/ Mon, 29 Jul 2024 08:57:44 +0000 https://republika.mk/?p=801240

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов викендов учествуваше на Светскиот форум за демократија и мир 2024 „Обединети за напредување на развојот, демократијата и мирот низ светот“ во организација на Академијата за културна дипломатија од Берлин, Германија.

Како што соопштија денеска од неговиот кабинет, настанот се одржа во германскиот главен град во периодот од 26 до 28 јули 2024 година со цел да обезбеди неутрална платформа за развој и унапредување на демократијата, со интензивна агенда на предавања, дискусии, дебати и културни активности фокусирани на напредување на развојот, демократијата и мирот низ светот.

Во своето обраќање „Ненаучени лекции за демократијата и мирот“ Иванов, се наведува во соопштението, ги посочи причините за кризите на современите демократии и причините за отсуство на мирното решавање на кризите и воените конфликти во светот денес.

На Светскиот форум за демократија и мир 2024 учествуваа реномирани личности од меѓународната политика и академијата, дипломатски и политички претставници, научници, академици и млади професионалци. Меѓу учесниците беа Емил Константинеску, поранешниот претседател на Романија (1996-2000); Младен Иваниќ, поранешниот претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина (2014-2015 и 2016-2017); Кетрин Ештон, поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика (2009-2014) и прв потпретседател на Европската комисија (2010-2014); поранешната премиерка на Молдавија, Наталија Гаврилита (2021-2022); Софија Вултепси, заменик министер за миграција и азил задолжен за интеграција на Грција; Мохамад Ханиф Атмар, поранешен министер за надворешни работи на Авганистан; пратеници во парламентите на Романија, Шведска, Финска, Естонија, Хрватска, Индија и др, стои во соопштението

The post Иванов на Светскиот форум за демократија и мир во Берлин appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов викендов учествуваше на Светскиот форум за демократија и мир 2024 „Обединети за напредување на развојот, демократијата и мирот низ светот“ во организација на Академијата за културна дипломатија од Берлин, Германија. Како што соопштија денеска од неговиот кабинет, настанот се одржа во германскиот главен град во периодот од 26 до 28 јули 2024 година со цел да обезбеди неутрална платформа за развој и унапредување на демократијата, со интензивна агенда на предавања, дискусии, дебати и културни активности фокусирани на напредување на развојот, демократијата и мирот низ светот. Во своето обраќање „Ненаучени лекции за демократијата и мирот“ Иванов, се наведува во соопштението, ги посочи причините за кризите на современите демократии и причините за отсуство на мирното решавање на кризите и воените конфликти во светот денес. На Светскиот форум за демократија и мир 2024 учествуваа реномирани личности од меѓународната политика и академијата, дипломатски и политички претставници, научници, академици и млади професионалци. Меѓу учесниците беа Емил Константинеску, поранешниот претседател на Романија (1996-2000); Младен Иваниќ, поранешниот претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина (2014-2015 и 2016-2017); Кетрин Ештон, поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика (2009-2014) и прв потпретседател на Европската комисија (2010-2014); поранешната премиерка на Молдавија, Наталија Гаврилита (2021-2022); Софија Вултепси, заменик министер за миграција и азил задолжен за интеграција на Грција; Мохамад Ханиф Атмар, поранешен министер за надворешни работи на Авганистан; пратеници во парламентите на Романија, Шведска, Финска, Естонија, Хрватска, Индија и др, стои во соопштението

The post Иванов на Светскиот форум за демократија и мир во Берлин appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ќе бидам еден од ретките кои имале привилегија двајца претседатели да му бидат професори https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ke-bidam-eden-od-retkite-koi-imale-privilegija-dvajtsa-pretsedateli-da-mu-bidat-profesori/ Wed, 17 Apr 2024 09:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=767042

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се сретна со професорката  и претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој откри дека и Иванов и Силјановска Давкова му предавале како студент на Правниот факултет на УКИМ.

Срдечна средба со претседателот Ѓорге Иванов во Валандово.
Претседателот Иванов и професорката Силјановска во студентските денови ми беа професори на Правниот факултет.
После изборите на 8 мај ќе бидам еден од ретките кои имале привилегија двајца претседатели да му бидат професори, вели Николоски.

За средбата со поранешниот претседател и колега, Силјановска Давкова порача дека размената на искуства и мислења се доста значајни за престојниот период.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици.
Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои, порача Силјановска Давкова.

The post Николоски: Ќе бидам еден од ретките кои имале привилегија двајца претседатели да му бидат професори appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се сретна со професорката  и претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој откри дека и Иванов и Силјановска Давкова му предавале како студент на Правниот факултет на УКИМ.
Срдечна средба со претседателот Ѓорге Иванов во Валандово. Претседателот Иванов и професорката Силјановска во студентските денови ми беа професори на Правниот факултет. После изборите на 8 мај ќе бидам еден од ретките кои имале привилегија двајца претседатели да му бидат професори, вели Николоски.
За средбата со поранешниот претседател и колега, Силјановска Давкова порача дека размената на искуства и мислења се доста значајни за престојниот период.
Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици. Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои, порача Силјановска Давкова.

The post Николоски: Ќе бидам еден од ретките кои имале привилегија двајца претседатели да му бидат професори appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Кинеската академија на општествени науки во Пекинг https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-pretsedatel-gorge-ivanov-vo-kineskata-akademija-na-opshtestveni-nauki-vo-peking/ Sat, 04 Nov 2023 10:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=698072

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, учествуваше на Деветтиот симпозиум на високо ниво во организација на Кинеската академија на општествени науки од Пекинг, на тема „Соработка во нови околности: Статус кво и аспирации“.

Како што информираат од Кабинетот на поранешниот претседател, во своето излагање Иванов се осврнал на годинашниот јубилеј 30 години од воспоставување на дипломатските односи и 30 години пријателство со Народна Република Кина.

Од воспоставувањето на дипломатските односи Народна Република Кина има обезбедено за Македонија преку 325 милиони јуани помош за образование, медицинска нега, научни истражувања и други области. Трговскиот баланс е со константен трговски дефицит за Македонија. Во 2022 година остваривме извоз од 57 милиони долари, а увезовме стока во износ од 994 милиони долари. Кина е четврта земја по ред со која Македонија остварува најголем обем на размена со светот, а веројатно наскоро ќе биде и трета, порача Иванов.

За време на симпозиумот, Иванов остварил средби со претседателот на кинеската академија за општествени науки Гао Џианг, како и со дел од своите поранешни колеги Борут Пахор, поранешниот претседател на Словенија, Младен Иваниќ, поранешниот претседател на претседателството на Босна и Херцеговина и Иван Мркиќ, поранешниот министер за надворешни работи на Република Србија.

The post Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Кинеската академија на општествени науки во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, учествуваше на Деветтиот симпозиум на високо ниво во организација на Кинеската академија на општествени науки од Пекинг, на тема „Соработка во нови околности: Статус кво и аспирации“. Како што информираат од Кабинетот на поранешниот претседател, во своето излагање Иванов се осврнал на годинашниот јубилеј 30 години од воспоставување на дипломатските односи и 30 години пријателство со Народна Република Кина.
Од воспоставувањето на дипломатските односи Народна Република Кина има обезбедено за Македонија преку 325 милиони јуани помош за образование, медицинска нега, научни истражувања и други области. Трговскиот баланс е со константен трговски дефицит за Македонија. Во 2022 година остваривме извоз од 57 милиони долари, а увезовме стока во износ од 994 милиони долари. Кина е четврта земја по ред со која Македонија остварува најголем обем на размена со светот, а веројатно наскоро ќе биде и трета, порача Иванов.
За време на симпозиумот, Иванов остварил средби со претседателот на кинеската академија за општествени науки Гао Џианг, како и со дел од своите поранешни колеги Борут Пахор, поранешниот претседател на Словенија, Младен Иваниќ, поранешниот претседател на претседателството на Босна и Херцеговина и Иван Мркиќ, поранешниот министер за надворешни работи на Република Србија.

The post Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Кинеската академија на општествени науки во Пекинг appeared first on Република.

]]>
Во Скопје Форум за културна дипломатија https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-skopje-forum-za-kulturna-diplomatija/ Tue, 05 Sep 2023 06:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=678828

ромовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство е главниот фокус на „Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023“ што денеска во Скопје официјално ќе го отвори поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.

На свеченото отворање, покрај претседателот Иванов, предвидени се обраќања и на градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска и директорот на Институтот за културна дипломатија Марк Донфрид.

Форумот ќе биде сочинет од панел дискусии и дебати, средби, разговори и посети на државни институции при што домашните и странски претставници, дипломати, уметници, професори, личности од бизнис заедницата и од младински организации ќе имаат можност да изнесат свои ставови и да разменат идеи и мислења на повеќе теми.

По отворањето на форумот, ќе следува претседателски панел на кој ќе се обратат поранешните претседатели на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Република Србија, Борис Тадиќ, на Република Бугарија, Петар Стојанов, на Република Албанија, Бамир Топи и поранешниот претседавач на Федерацијата Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кои ќе говорат на темата „Западен Балкан – Културен дијалог и размена“.

Меѓу бројните странски гости кои ќе говорат на форумот ќе бидат и Армин Лашет, кандидат за германски канцелар и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, Елмар Брок претседавач со комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент 2012-17, поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб, како и актуелни членови на парламентите на Шкотска, Хрватска, Романија, Ирска и на Европскиот парламент.

Форумот за културна дипломатија - Скопје 2023 е во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилазиите“. Се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир (2022-27), којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија. Преку користење на дипломатија меѓу различните култури, овој проект има за цел да ги подобри меѓународните односи и да ги доближи страните во современиот свет. Неговата визија е преку своите мрежи и учесници да создаде креативни иницијативи и програми за продолжување на дијалогот и стабилизирање на состојбите, во рамките на меѓународната соработка. Претходниот форум се одржа во Берлин, а до крајот на годинава планирани се настани во Њујорк и во Брисел.

The post Во Скопје Форум за културна дипломатија appeared first on Република.

]]>

ромовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство е главниот фокус на „Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023“ што денеска во Скопје официјално ќе го отвори поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов. На свеченото отворање, покрај претседателот Иванов, предвидени се обраќања и на градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска и директорот на Институтот за културна дипломатија Марк Донфрид. Форумот ќе биде сочинет од панел дискусии и дебати, средби, разговори и посети на државни институции при што домашните и странски претставници, дипломати, уметници, професори, личности од бизнис заедницата и од младински организации ќе имаат можност да изнесат свои ставови и да разменат идеи и мислења на повеќе теми. По отворањето на форумот, ќе следува претседателски панел на кој ќе се обратат поранешните претседатели на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Република Србија, Борис Тадиќ, на Република Бугарија, Петар Стојанов, на Република Албанија, Бамир Топи и поранешниот претседавач на Федерацијата Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кои ќе говорат на темата „Западен Балкан – Културен дијалог и размена“. Меѓу бројните странски гости кои ќе говорат на форумот ќе бидат и Армин Лашет, кандидат за германски канцелар и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, Елмар Брок претседавач со комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент 2012-17, поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб, како и актуелни членови на парламентите на Шкотска, Хрватска, Романија, Ирска и на Европскиот парламент. Форумот за културна дипломатија - Скопје 2023 е во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилазиите“. Се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир (2022-27), којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија. Преку користење на дипломатија меѓу различните култури, овој проект има за цел да ги подобри меѓународните односи и да ги доближи страните во современиот свет. Неговата визија е преку своите мрежи и учесници да создаде креативни иницијативи и програми за продолжување на дијалогот и стабилизирање на состојбите, во рамките на меѓународната соработка. Претходниот форум се одржа во Берлин, а до крајот на годинава планирани се настани во Њујорк и во Брисел.

The post Во Скопје Форум за културна дипломатија appeared first on Република.

]]>
Форум за културна дипломатија во организација на поранешниот претседател Иванов https://republika.mk/vesti/makedonija/forumot-za-kulturna-diplomatija-vo-organizatsija-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/ Tue, 05 Sep 2023 06:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=678826

Промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство е главниот фокус на „Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023“ што денеска во Скопје официјално ќе го отвори поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.

На свеченото отворање, покрај претседателот Иванов, предвидени се обраќања и на градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска и директорот на Институтот за културна дипломатија Марк Донфрид.

Форумот ќе биде сочинет од панел дискусии и дебати, средби, разговори и посети на државни институции при што домашните и странски претставници, дипломати, уметници, професори, личности од бизнис заедницата и од младински организации ќе имаат можност да изнесат свои ставови и да разменат идеи и мислења на повеќе теми.

По отворањето на форумот, ќе следува претседателски панел на кој ќе се обратат поранешните претседатели на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Република Србија, Борис Тадиќ, на Република Бугарија, Петар Стојанов, на Република Албанија, Бамир Топи и поранешниот претседавач на Федерацијата Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кои ќе говорат на темата „Западен Балкан – Културен дијалог и размена“.

Меѓу бројните странски гости кои ќе говорат на форумот ќе бидат и Армин Лашет, кандидат за германски канцелар и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, Елмар Брок претседавач со комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент 2012-17, поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб, како и актуелни членови на парламентите на Шкотска, Хрватска, Романија, Ирска и на Европскиот парламент.

Форумот за културна дипломатија - Скопје 2023 е во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилазиите“. Се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир (2022-27), којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија. Преку користење на дипломатија меѓу различните култури, овој проект има за цел да ги подобри меѓународните односи и да ги доближи страните во современиот свет. Неговата визија е преку своите мрежи и учесници да создаде креативни иницијативи и програми за продолжување на дијалогот и стабилизирање на состојбите, во рамките на меѓународната соработка. Претходниот форум се одржа во Берлин, а до крајот на годинава планирани се настани во Њујорк и во Брисел.

The post Форум за културна дипломатија во организација на поранешниот претседател Иванов appeared first on Република.

]]>

Промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство е главниот фокус на „Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023“ што денеска во Скопје официјално ќе го отвори поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов. На свеченото отворање, покрај претседателот Иванов, предвидени се обраќања и на градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска и директорот на Институтот за културна дипломатија Марк Донфрид. Форумот ќе биде сочинет од панел дискусии и дебати, средби, разговори и посети на државни институции при што домашните и странски претставници, дипломати, уметници, професори, личности од бизнис заедницата и од младински организации ќе имаат можност да изнесат свои ставови и да разменат идеи и мислења на повеќе теми. По отворањето на форумот, ќе следува претседателски панел на кој ќе се обратат поранешните претседатели на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Република Србија, Борис Тадиќ, на Република Бугарија, Петар Стојанов, на Република Албанија, Бамир Топи и поранешниот претседавач на Федерацијата Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кои ќе говорат на темата „Западен Балкан – Културен дијалог и размена“. Меѓу бројните странски гости кои ќе говорат на форумот ќе бидат и Армин Лашет, кандидат за германски канцелар и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, Елмар Брок претседавач со комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент 2012-17, поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб, како и актуелни членови на парламентите на Шкотска, Хрватска, Романија, Ирска и на Европскиот парламент. Форумот за културна дипломатија - Скопје 2023 е во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилазиите“. Се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир (2022-27), којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија. Преку користење на дипломатија меѓу различните култури, овој проект има за цел да ги подобри меѓународните односи и да ги доближи страните во современиот свет. Неговата визија е преку своите мрежи и учесници да создаде креативни иницијативи и програми за продолжување на дијалогот и стабилизирање на состојбите, во рамките на меѓународната соработка. Претходниот форум се одржа во Берлин, а до крајот на годинава планирани се настани во Њујорк и во Брисел.

The post Форум за културна дипломатија во организација на поранешниот претседател Иванов appeared first on Република.

]]>
Тадиќ, Јосиповиќ, Стојанов доаѓаат на Форум кој го организира поранешниот претседател Иванов https://republika.mk/vesti/makedonija/tadik-josipovik-stojanov-doagaat-na-forum-koj-go-organizira-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/ Sun, 03 Sep 2023 13:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=678389

Бројни меѓународни претставници меѓу кои пет поранешни претседатели, двајца поранешни премиери, поранешни министри како и повеќе актуелни членови на парламенти ќе учествуваат на Форумот за културна дипломатија-Скопје 2023,  што од 4 до 6 септември ќе се одржи во Скопје, а чиј домаќин е поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, главниот фокус на форумот што првпат се организира во земјава е „Промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство“. Предвидени се панел дискусиии и дебати, средби, разговори и посети на државни институции при што домашните и странски претставници, дипломати, уметници, професори, личности од бизнис заедницата и од младински организации ќе имаат можност да изнесат свои ставови и да разменат идеи и мислења на повеќе теми.

Официјално своето присуство на настанот го потврдија поранешните претседатели на Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Србија, Борис Тадиќ, на Бугарија, Петар Стојанов, на Албанија, Бамир Топи, поранешниот претседавач на БиХ, Младен Иваниќ, како и поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб.

Меѓу истакнатите странски гости ќе бидат и Армин Лашет, кандидат за германски канцелар и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, Елмар Брок претседавач со Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент 2012-2017, како и актуелни членови на парламентите на Шкотска, Хрватска, Романија, Ирска и на Европскиот парламент.

Учесниците на форумот ќе имаат можност да се сретнат и дискутираат и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, со членовите и претседателот на Националниот совет за евроинтеграции во парламентот, Александар Николовски и со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Во неофицијалниот дел, во организација на градот Скопје, ќе биде приредено културно-историско разгледување на Скопје, посета на Старата скопска чаршија и централното градско подрачје, а гостите ќе имаат можност да вкусат и традиционална македонска храна пропратена со музичко - уметничка програма.

Форумот за културна дипломатија - Скопје 2023 е во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилазиите“.

Се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир (2022-27), којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија. Преку користење на дипломатија меѓу различните култури, овој проект има за цел да ги подобри меѓународните односи и да ги доближи страните во современиот свет. Неговата визија е преку своите мрежи и учесници да создаде креативни иницијативи и програми за продолжување на дијалогот и стабилизирање на состојбите, во рамките на меѓународната соработка.

Претходниот форум се одржа во Берлин, а до крајот на годинава планирани се настани во Њујорк и во Брисел.

Основан во 1999 година во САД, Институтот за културна дипломатија е меѓународна, невладина организација со седиште во САД и Германија, чијашто мисија е преку културните односи да го одржува и јакне дијалогот што води до подобро разбирање и поголема доверба меѓу народите и заедниците. Во изминатите години говорници на институтот биле поранешни шефови на држави и влади на повеќе европски земји како Франција, Велика Британија, Шпанија, Ирска, Литванија, Романија, Белгија, Словенија и др, политичари од САД како и од земји од Африка и од Азија, стои во соопштението

The post Тадиќ, Јосиповиќ, Стојанов доаѓаат на Форум кој го организира поранешниот претседател Иванов appeared first on Република.

]]>

Бројни меѓународни претставници меѓу кои пет поранешни претседатели, двајца поранешни премиери, поранешни министри како и повеќе актуелни членови на парламенти ќе учествуваат на Форумот за културна дипломатија-Скопје 2023,  што од 4 до 6 септември ќе се одржи во Скопје, а чиј домаќин е поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, главниот фокус на форумот што првпат се организира во земјава е „Промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство“. Предвидени се панел дискусиии и дебати, средби, разговори и посети на државни институции при што домашните и странски претставници, дипломати, уметници, професори, личности од бизнис заедницата и од младински организации ќе имаат можност да изнесат свои ставови и да разменат идеи и мислења на повеќе теми. Официјално своето присуство на настанот го потврдија поранешните претседатели на Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Србија, Борис Тадиќ, на Бугарија, Петар Стојанов, на Албанија, Бамир Топи, поранешниот претседавач на БиХ, Младен Иваниќ, како и поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб. Меѓу истакнатите странски гости ќе бидат и Армин Лашет, кандидат за германски канцелар и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, Елмар Брок претседавач со Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент 2012-2017, како и актуелни членови на парламентите на Шкотска, Хрватска, Романија, Ирска и на Европскиот парламент. Учесниците на форумот ќе имаат можност да се сретнат и дискутираат и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, со членовите и претседателот на Националниот совет за евроинтеграции во парламентот, Александар Николовски и со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Во неофицијалниот дел, во организација на градот Скопје, ќе биде приредено културно-историско разгледување на Скопје, посета на Старата скопска чаршија и централното градско подрачје, а гостите ќе имаат можност да вкусат и традиционална македонска храна пропратена со музичко - уметничка програма. Форумот за културна дипломатија - Скопје 2023 е во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилазиите“. Се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир (2022-27), којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија. Преку користење на дипломатија меѓу различните култури, овој проект има за цел да ги подобри меѓународните односи и да ги доближи страните во современиот свет. Неговата визија е преку своите мрежи и учесници да создаде креативни иницијативи и програми за продолжување на дијалогот и стабилизирање на состојбите, во рамките на меѓународната соработка. Претходниот форум се одржа во Берлин, а до крајот на годинава планирани се настани во Њујорк и во Брисел. Основан во 1999 година во САД, Институтот за културна дипломатија е меѓународна, невладина организација со седиште во САД и Германија, чијашто мисија е преку културните односи да го одржува и јакне дијалогот што води до подобро разбирање и поголема доверба меѓу народите и заедниците. Во изминатите години говорници на институтот биле поранешни шефови на држави и влади на повеќе европски земји како Франција, Велика Британија, Шпанија, Ирска, Литванија, Романија, Белгија, Словенија и др, политичари од САД како и од земји од Африка и од Азија, стои во соопштението

The post Тадиќ, Јосиповиќ, Стојанов доаѓаат на Форум кој го организира поранешниот претседател Иванов appeared first on Република.

]]>
Денови се бројат до одлуката на Врховен дали ќе важат аболициите од Иванов https://republika.mk/vesti/makedonija/denovi-se-brojat-do-odlukata-na-vrhoven-dali-ke-vazhat-abolitsiite-od-ivanov/ Sun, 04 Jun 2023 15:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=647708

До крајот на овој месец би требало да се знае ставот на Врховниот суд во однос на аболициите дадени од поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов. Врховен ќе одлучува за аболициите во постапка за оценување на предметот „Транспортер“, во кој обвинетите се повикуваат на дадената аболиција. Одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов.

На одлуката на Врховниот суд се чека, откако Европскиот суд за човекови права, одлучи дека апликациите за дадените аболиции од претседателот Иванов за четирите случаи на СЈО се преуранети, односно дека се уште се во тек судските процеси за тие предмети. Од Судот посочија дека оваа институција може да донесе пресуда дури откако ќе бидат исцрпени сите правни лекови во Македонија.

Врховниот суд постапува по предметот „Транспортер“ од крајот на март, кога предметот беше пратен и на мислење кај обвинител. Еден месец подоцна мислењето беше дадено и оттогаш случајот е во рацете на највисокиот суд во земјава.

Доколку во конкретен предмет би се истакнале наводи кои се во врска со прашањето за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Врховниот суд во согласност со своите надлежности би ги разгледувал засебно во рамките на тој предмет и би се произнесол по истите. При одлучувањето Врховниот суд постапува во согласност со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Во оваа смисла, Врховниот суд одлучува и во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права и со практиката и стандардите на Европскиот суд за човековите права“, за „Макфакс“ одговориле од Врховниот суд по напатствијата дадени од Европскиот суд за човекови права.

The post Денови се бројат до одлуката на Врховен дали ќе важат аболициите од Иванов appeared first on Република.

]]>

До крајот на овој месец би требало да се знае ставот на Врховниот суд во однос на аболициите дадени од поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов. Врховен ќе одлучува за аболициите во постапка за оценување на предметот „Транспортер“, во кој обвинетите се повикуваат на дадената аболиција. Одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов. На одлуката на Врховниот суд се чека, откако Европскиот суд за човекови права, одлучи дека апликациите за дадените аболиции од претседателот Иванов за четирите случаи на СЈО се преуранети, односно дека се уште се во тек судските процеси за тие предмети. Од Судот посочија дека оваа институција може да донесе пресуда дури откако ќе бидат исцрпени сите правни лекови во Македонија. Врховниот суд постапува по предметот „Транспортер“ од крајот на март, кога предметот беше пратен и на мислење кај обвинител. Еден месец подоцна мислењето беше дадено и оттогаш случајот е во рацете на највисокиот суд во земјава.