евровизија Archives - Република https://republika.mk/tema/evrovizija/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 09:25:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евровизија Archives - Република https://republika.mk/tema/evrovizija/ 32 32 Македонија нема да учествува на Евровизија 2025 https://republika.mk/scena/muzika/makedonija-nema-da-uchestvuva-na-evrovizija-2025/ Mon, 28 Oct 2024 09:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=831573

Македонија повторно нема да учествува на Евровизија.

МРТВ ја потврди веста дека нема да учествува на натпреварувањето во 2025 година, со што се продолжува низата од три години отсуство.

Финансиските предизвици со кои се соочува националната телевизија се причина за оваа одлука.

Иако МРТВ ќе продолжи да учествува на Детската Евровизија, големата сцена на Евровизија ќе остане без македонски претставник барем уште една година.

The post Македонија нема да учествува на Евровизија 2025 appeared first on Република.

]]>

Македонија повторно нема да учествува на Евровизија. МРТВ ја потврди веста дека нема да учествува на натпреварувањето во 2025 година, со што се продолжува низата од три години отсуство. Финансиските предизвици со кои се соочува националната телевизија се причина за оваа одлука. Иако МРТВ ќе продолжи да учествува на Детската Евровизија, големата сцена на Евровизија ќе остане без македонски претставник барем уште една година.

The post Македонија нема да учествува на Евровизија 2025 appeared first on Република.

]]>
Црна Гора ѝ се враќа на „Евровизија“ https://republika.mk/scena/muzika/tsrna-gora-se-vraka-na-evrovizija/ Sat, 17 Aug 2024 13:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=807504

РТЦГ (Радио телевизија на Црна Гора) соопшти дека оваа држава ѝ се враќа на „Евровизија“. Кој ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“, ќе се одлучува преку натпревар што ќе го носи името „Монтесонг“.

Веста е објавена и на официјалната евровизиска веб-страница, каде се потсетува и дека Црна Гора последен пат учествуваше во 2022 година со Владана и нејзината песна „Breathe“.

Учеството во 2025, ќе биде 13. на Црна Гора, откако за првпат се појави во 2007 година во Хелсинки. Претходно, оваа држава се натпреваруваше како дел од Србија и Црна Гора во 2004 и 2005 година.

Од нејзиното учество во 2007 година, Црна Гора двапати заврши во евровизиско финале. Најдобриот резултат, оваа земја го постигна во 2015 година - 13. место со песната „Адио“ на Кнез.

The post Црна Гора ѝ се враќа на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>

РТЦГ (Радио телевизија на Црна Гора) соопшти дека оваа држава ѝ се враќа на „Евровизија“. Кој ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“, ќе се одлучува преку натпревар што ќе го носи името „Монтесонг“. Веста е објавена и на официјалната евровизиска веб-страница, каде се потсетува и дека Црна Гора последен пат учествуваше во 2022 година со Владана и нејзината песна „Breathe“. Учеството во 2025, ќе биде 13. на Црна Гора, откако за првпат се појави во 2007 година во Хелсинки. Претходно, оваа држава се натпреваруваше како дел од Србија и Црна Гора во 2004 и 2005 година. Од нејзиното учество во 2007 година, Црна Гора двапати заврши во евровизиско финале. Најдобриот резултат, оваа земја го постигна во 2015 година - 13. место со песната „Адио“ на Кнез.

The post Црна Гора ѝ се враќа на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>
Половина од Швајцарците не сакаат да се домаќини на „Евровизија 2025“ https://republika.mk/scena/muzika/polovina-od-shvajtsartsite-ne-sakaat-da-se-domakini-na-evrovizija-2025/ Mon, 01 Jul 2024 08:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=792302

Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење за одржувањето на „Евровизија“ вгодина, покажува анкетата објавена во весникот „Блик“ (Blick).

Испитувањето опфатило околу 25.000 луѓе. Од нив, 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде за. Околу пет насто сѐ уште немаат став. Според „Блик“, ова можеби има врска и со тоа што Немо се идентификува како небинарно лице и ги претпочита заменките „they / them" во англискиот јазик.

Но, Швајцарија секако ќе биде домаќин на музичкиот настан во 2025 година, благодарение на пејачот кој ја освои главната награда на овогодишниот натпревар во Малме, Шведска, со песната „The Code“ за родовите идентитети и нивната променливост.

Местото за следниот „Евросонг“ сè уште не е одредено... И Цирих и Женева се пријавија како домаќини, а швајцарскиот главен град Берн и Бил близу него понудија заедничка организација.

Победата на Немо предизвика дебата за воведување трет пол во Швајцарија.

The post Половина од Швајцарците не сакаат да се домаќини на „Евровизија 2025“ appeared first on Република.

]]>

Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење за одржувањето на „Евровизија“ вгодина, покажува анкетата објавена во весникот „Блик“ (Blick). Испитувањето опфатило околу 25.000 луѓе. Од нив, 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде за. Околу пет насто сѐ уште немаат став. Според „Блик“, ова можеби има врска и со тоа што Немо се идентификува како небинарно лице и ги претпочита заменките „they / them" во англискиот јазик. Но, Швајцарија секако ќе биде домаќин на музичкиот настан во 2025 година, благодарение на пејачот кој ја освои главната награда на овогодишниот натпревар во Малме, Шведска, со песната „The Code“ за родовите идентитети и нивната променливост. Местото за следниот „Евросонг“ сè уште не е одредено... И Цирих и Женева се пријавија како домаќини, а швајцарскиот главен град Берн и Бил близу него понудија заедничка организација. Победата на Немо предизвика дебата за воведување трет пол во Швајцарија.

The post Половина од Швајцарците не сакаат да се домаќини на „Евровизија 2025“ appeared first on Република.

]]>
Направил залет со раката: Холанѓанецот сам признал каква грешка направил на Евровизија https://republika.mk/vesti/svet/napravil-zalet-so-rakata-holanganetsot-sam-priznal-kakva-greshka-napravil-na-evrovizija/ Tue, 14 May 2024 08:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=777827

Бројни светски медиуми со денови шпекулираат за причината поради која холандскиот претставник Јост Клајн е дисквалификуван пред самото финале на Евровизија.

Холандскиот претставник и неговата песна „Europapa“ беа меѓу фаворитите на овогодинешното натпреварување на Песна на Евровизија. Јост Клајн е дисквалификуван пред финалето на Евровизија, а шведските медиуми наведуваат дека причина за тоа биле наводни закани кон фотографка. Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека Холанѓанецот признал дека направил „залет со дланката“.

Маж е осомничен за незаконски закани во Малме Арената во четвртокот вечерта. Осомничениот бил сослушан, но не и приведен. Тужителката која ја примила оваа незаконска закана е вработена во Евросонг – рекол за шведските медиуми Емил Андерсон, шеф на истражниот оддел во Малме.

Според извор за „Афтонбладет“, Клајн наводно признал сè за време на сослушувањето и рекол дека бил под голем стрес поради сите фотографи па ги замолил да престанат да снимаат. Кога не го послушале, тој се налутил и ја кренал раката и ја нападнал фотографката. Сепак, не ја удрил.

Да потсетиме, организаторите пред финалето ја објавија веста дека Јост е дисквалификуван поради наводно навредување на снимателката. Тој не настапи на генералната проба.

The post Направил залет со раката: Холанѓанецот сам признал каква грешка направил на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Бројни светски медиуми со денови шпекулираат за причината поради која холандскиот претставник Јост Клајн е дисквалификуван пред самото финале на Евровизија. Холандскиот претставник и неговата песна „Europapa“ беа меѓу фаворитите на овогодинешното натпреварување на Песна на Евровизија. Јост Клајн е дисквалификуван пред финалето на Евровизија, а шведските медиуми наведуваат дека причина за тоа биле наводни закани кон фотографка. Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека Холанѓанецот признал дека направил „залет со дланката“. Маж е осомничен за незаконски закани во Малме Арената во четвртокот вечерта. Осомничениот бил сослушан, но не и приведен. Тужителката која ја примила оваа незаконска закана е вработена во Евросонг – рекол за шведските медиуми Емил Андерсон, шеф на истражниот оддел во Малме. Според извор за „Афтонбладет“, Клајн наводно признал сè за време на сослушувањето и рекол дека бил под голем стрес поради сите фотографи па ги замолил да престанат да снимаат. Кога не го послушале, тој се налутил и ја кренал раката и ја нападнал фотографката. Сепак, не ја удрил. Да потсетиме, организаторите пред финалето ја објавија веста дека Јост е дисквалификуван поради наводно навредување на снимателката. Тој не настапи на генералната проба.

The post Направил залет со раката: Холанѓанецот сам признал каква грешка направил на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Честитки за одлуката да не учествуваме на Евровизија: Ова не е мојата Европа https://republika.mk/tvitovi/chestitki-za-odlukata-da-ne-uchestvuvame-na-evrovizija-ova-ne-e-mojata-evropa/ Sun, 12 May 2024 10:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=777217

The post Честитки за одлуката да не учествуваме на Евровизија: Ова не е мојата Европа appeared first on Република.

]]>

The post Честитки за одлуката да не учествуваме на Евровизија: Ова не е мојата Европа appeared first on Република.

]]>
„Погреб“ на Западна Европа и надминување на секаков вид оргија: Захарова со осуда на Евровизија https://republika.mk/vesti/svet/pogreb-na-zapadna-evropa-i-nadminuvane-na-sekakov-vid-orgija-zaharova-so-osuda-na-evrovizija/ Sun, 12 May 2024 08:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=777176

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои од учесниците на Евровизија!

Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа.

Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, односно вештерство и ритуално светољубие во Западна Европа,изјави Захарова на нејзиниот канал Телеграм.

Захарова објави и краток клип на кој се прикажани настапите на Ирска, Финска, Сан Марино, Украина, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Естонија и Хрватска.

Овогодинешниот победник е репрезентативецот на Швајцарија, познат под псевдонимот Немо, кој во неизвесен финиш и ја одзеде победата на Хрватска.

The post „Погреб“ на Западна Европа и надминување на секаков вид оргија: Захарова со осуда на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои од учесниците на Евровизија! Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа. Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, односно вештерство и ритуално светољубие во Западна Европа,изјави Захарова на нејзиниот канал Телеграм. Захарова објави и краток клип на кој се прикажани настапите на Ирска, Финска, Сан Марино, Украина, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Естонија и Хрватска. Овогодинешниот победник е репрезентативецот на Швајцарија, познат под псевдонимот Немо, кој во неизвесен финиш и ја одзеде победата на Хрватска.

The post „Погреб“ на Западна Европа и надминување на секаков вид оргија: Захарова со осуда на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Го скршив и прстот и трофејот: Прва изјава на победникот на Евровизија после прогласувањето https://republika.mk/zivot/servisi/pobednikot-na-evrovizija-veke-go-iskrshi-trofejot-toa-e-znak-deka-ne-go-ni-zasluzhil/ Sun, 12 May 2024 08:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=777164

Швајцарија оваа година ја однесе победата на Евровизија 2024.

Немо после прогласувањето на победникот успеа да го скрши победничкиот трофеј, но и да го повреди палецот на раката. Сепак, според него се е во ред и тоа не го намалува неговото расположение.

Не го прекршив само кодот, туку го скршив и трофејот, како и палецот, ама се е ок, имама нов трофеј - рекол Немо низ смеа.

Немо има 25 години и се декларира како небинарна личност, односно ниту како машко, ниту како женско

Коментарите веднаш се натрупаа.

„Тоа е знак дека не требало да го добие“, „Срамота“, „Не го ни заслужил“, пишуваат во коментарите.

The post Го скршив и прстот и трофејот: Прва изјава на победникот на Евровизија после прогласувањето appeared first on Република.

]]>

Швајцарија оваа година ја однесе победата на Евровизија 2024. Немо после прогласувањето на победникот успеа да го скрши победничкиот трофеј, но и да го повреди палецот на раката. Сепак, според него се е во ред и тоа не го намалува неговото расположение. Не го прекршив само кодот, туку го скршив и трофејот, како и палецот, ама се е ок, имама нов трофеј - рекол Немо низ смеа. Немо има 25 години и се декларира како небинарна личност, односно ниту како машко, ниту како женско Коментарите веднаш се натрупаа. „Тоа е знак дека не требало да го добие“, „Срамота“, „Не го ни заслужил“, пишуваат во коментарите.

The post Го скршив и прстот и трофејот: Прва изјава на победникот на Евровизија после прогласувањето appeared first on Република.

]]>
Швајцарија победи на Евровизија https://republika.mk/scena/muzika/shvajtsarija-pobedi-na-evrovizija/ Sun, 12 May 2024 06:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=777150

Швајцарскиот пејач Немо победи на изборот за песна на Евровизија во шведскиот град Малме, пренесоа светските агенции.

Немо доби 591 поен со песната „The Code“. На второ место е хрватскиот уметник Бејби Лазања со предизвикувачката песна „Рим Тим Таги Дим“ и 547 поени, а зад неа се Украинката Аљона Аљона и Џери Хејл. Нивната емотивна и религиозна песна Тереза ​​и Марија собра 453 поени, јави ДПА. Франција е четврта со 445 бодови, а Еден Голан е петта со 332 бода.

Швајцарија победува на натпреварот по трет пат. Претходниот беше во 1988 година со песната „Ne partez pas sans moi“ од Селин Дион.

Израелката Еден Голан беше пречекана со свирежи и извици „браво“, но салата замолкна поради нејзината изведба, на инсистирање на организаторите.

Конкурсот, кој Европскиот совет за радио и телевизија го утврди како аполитичен, годинава помина под сенка на протести поради учеството на Израел. За прв пат во својата историја, учесник - Холанѓанецот Јост Клајн беше дисквалификуван пред финалето по инцидент со снимател. Неколку часа подоцна, норвешкиот водител се повлече поради вмешаноста на Израел.

Изборот за песна на Евровизија се одржува секоја година од 1956 година. Се емитува на телевизиите на земјите учеснички и привлекува голем интерес кај гледачите. Во 2023 година, над 160 милиони луѓе го гледаа. Годинава проценките се за 180 милиони гледачи.

Натпреварувањето се врати во Шведска откако Лорин го освои по втор пат минатата година - половина век по победата на АББА. Во програмата не учествуваа музичарите од легендарната диско група, но на сцената се појавија нивните аватари од шоуто ABBA Voyage.

The post Швајцарија победи на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Швајцарскиот пејач Немо победи на изборот за песна на Евровизија во шведскиот град Малме, пренесоа светските агенции. Немо доби 591 поен со песната „The Code“. На второ место е хрватскиот уметник Бејби Лазања со предизвикувачката песна „Рим Тим Таги Дим“ и 547 поени, а зад неа се Украинката Аљона Аљона и Џери Хејл. Нивната емотивна и религиозна песна Тереза ​​и Марија собра 453 поени, јави ДПА. Франција е четврта со 445 бодови, а Еден Голан е петта со 332 бода. Швајцарија победува на натпреварот по трет пат. Претходниот беше во 1988 година со песната „Ne partez pas sans moi“ од Селин Дион. Израелката Еден Голан беше пречекана со свирежи и извици „браво“, но салата замолкна поради нејзината изведба, на инсистирање на организаторите. Конкурсот, кој Европскиот совет за радио и телевизија го утврди како аполитичен, годинава помина под сенка на протести поради учеството на Израел. За прв пат во својата историја, учесник - Холанѓанецот Јост Клајн беше дисквалификуван пред финалето по инцидент со снимател. Неколку часа подоцна, норвешкиот водител се повлече поради вмешаноста на Израел. Изборот за песна на Евровизија се одржува секоја година од 1956 година. Се емитува на телевизиите на земјите учеснички и привлекува голем интерес кај гледачите. Во 2023 година, над 160 милиони луѓе го гледаа. Годинава проценките се за 180 милиони гледачи. Натпреварувањето се врати во Шведска откако Лорин го освои по втор пат минатата година - половина век по победата на АББА. Во програмата не учествуваа музичарите од легендарната диско група, но на сцената се појавија нивните аватари од шоуто ABBA Voyage.

The post Швајцарија победи на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Скандал на генералната проба пред финалето: Водителката го бојкотираше Израел, директорот итно реагираше https://republika.mk/vesti/svet/skandal-na-generalnata-proba-pred-finaleto-voditelkata-go-bojkotirashe-izrael-direktorot-itno-reagirashe/ Sat, 11 May 2024 11:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=777036

На генералната проба пред големото финале на Евровизија, кое ќе се одржи вечерва во 21:00 часот, дојде до скандал со водителката која одби да каже „Израел“. Имено, при симулацијата на гласањето, кога влезе водителката од Финска, која според правилото требаше да прочита 12 точки и да му ги додели, како што беше речено, на Израел, дојде до промена и исклучување од програмата. Водителката од Финска одби да каже „Израел“, а наместо договорениот план рече: „На Ирска и’ даваме 12 поени“.Домаќинот во арената во Малме потоа праша: „Молам?”

Не те слушаме добро, можеш ли повторно?, рече таа.

Водителката од Финска повторно порача: „Ирска“.После тоа, програмата беше затворена, а потоа зборуваше директорот на ЕБУ.

Добро е што ги имаме овие проби. Според денешната симулација, 12 бода треба да му припаднат на Израел, рече тој.

The post Скандал на генералната проба пред финалето: Водителката го бојкотираше Израел, директорот итно реагираше appeared first on Република.

]]>

На генералната проба пред големото финале на Евровизија, кое ќе се одржи вечерва во 21:00 часот, дојде до скандал со водителката која одби да каже „Израел“. Имено, при симулацијата на гласањето, кога влезе водителката од Финска, која според правилото требаше да прочита 12 точки и да му ги додели, како што беше речено, на Израел, дојде до промена и исклучување од програмата. Водителката од Финска одби да каже „Израел“, а наместо договорениот план рече: „На Ирска и’ даваме 12 поени“.Домаќинот во арената во Малме потоа праша: „Молам?” Не те слушаме добро, можеш ли повторно?, рече таа. Водителката од Финска повторно порача: „Ирска“.После тоа, програмата беше затворена, а потоа зборуваше директорот на ЕБУ. Добро е што ги имаме овие проби. Според денешната симулација, 12 бода треба да му припаднат на Израел, рече тој.

The post Скандал на генералната проба пред финалето: Водителката го бојкотираше Израел, директорот итно реагираше appeared first on Република.

]]>
Еден финалист помалку: Холандија дисквалификувана од Евровизија https://republika.mk/scena/muzika/eden-finalist-pomalku-holandija-diskvalifikuvana-od-evrovizija/ Sat, 11 May 2024 11:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=777029

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одлучи претставникот на Холандија, Јост Клајн, да не учествува во финалето на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Одлуката уследи по инцидентот што се случи по настапот на Клајн во полуфиналето, што резултираше со жалба од жена член на продукциската екипа и истрага од шведската полиција.

ЕБУ нагласи дека во инцидентот немало други изведувачи или членови на делегацијата и дека има политика на нулта толеранција кон несоодветното однесување на настанот.

Во соопштението се наведува дека однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се сметало за прекршување на правилата за натпреварување.

Сакаме јасно да појасниме дека, спротивно на некои медиумски пишувања и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не учествувале други изведувачи или членови на делегацијата.

Имаме политика на нулта толеранција за несоодветно однесување на нашиот настан и сме посветени на обезбедување безбедна и сигурна работна средина за целиот персонал на Конкурсот.

Во светло на ова, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за прекршување на правилата за натпреварување.

Only 1% Of Viewers Had The Guts To Finish This Movie
ZESTRADAR
Големото финале на 68. Избор за песна на Евровизија сега ќе продолжи со 25 учесници – стои во најавата.

Одлуката за дисквалификување на Јост Клајн предизвика различни реакции кај фановите на Евровизија, но и кај другите учесници на натпреварот.

The post Еден финалист помалку: Холандија дисквалификувана од Евровизија appeared first on Република.

]]>

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одлучи претставникот на Холандија, Јост Клајн, да не учествува во финалето на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Одлуката уследи по инцидентот што се случи по настапот на Клајн во полуфиналето, што резултираше со жалба од жена член на продукциската екипа и истрага од шведската полиција. ЕБУ нагласи дека во инцидентот немало други изведувачи или членови на делегацијата и дека има политика на нулта толеранција кон несоодветното однесување на настанот. Во соопштението се наведува дека однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се сметало за прекршување на правилата за натпреварување. Сакаме јасно да појасниме дека, спротивно на некои медиумски пишувања и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не учествувале други изведувачи или членови на делегацијата. Имаме политика на нулта толеранција за несоодветно однесување на нашиот настан и сме посветени на обезбедување безбедна и сигурна работна средина за целиот персонал на Конкурсот. Во светло на ова, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за прекршување на правилата за натпреварување. Only 1% Of Viewers Had The Guts To Finish This Movie ZESTRADAR Големото финале на 68. Избор за песна на Евровизија сега ќе продолжи со 25 учесници – стои во најавата. Одлуката за дисквалификување на Јост Клајн предизвика различни реакции кај фановите на Евровизија, но и кај другите учесници на натпреварот.

The post Еден финалист помалку: Холандија дисквалификувана од Евровизија appeared first on Република.

]]>
Шпанска екстремно левичарска партија повикува на бојкот на Израел на Евровизија, Франција и Германија се против каков било бојкот https://republika.mk/vesti/svet/shpanska-ekstremno-levicharska-partija-povikuva-na-bojkot-na-izrael-na-evrovizija-frantsija-i-germanija-se-protiv-kakov-bilo-bojkot/ Fri, 10 May 2024 18:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=776901

Екстремно левичарската партија Сумар, членка на шпанската коалициска влада, денеска покрена петиција со која бара Израел да биде исклучен од финалето на Евровизија в сабота поради војната во Газа.

„Потпиши СЕГА да го избркаш Израел од Евровизија, не дозволувај да настапи во саботното финале! Прочитајте ја онлајн петицијата која до пладне собра 7.000 потписи.

На чело со министерката за труд Јоланда Дијаз, број три во владата, од Сумар нагласија дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) изгубила „значаен дел од редовната публика на шоуто“ затоа што дозволила Израел да учествува додека „неговата армија го истребува палестинскиот народ и ја уништува неговата земја.
Француски министер попладнево ги осуди повиците за бојкот против учеството на Израел на Евровизија, апелираше политиката да се држи понастрана од тоа натпреварување.

„Политиката нема место на Евровизија“, изјави министерот за европски прашања Жан Ноел Баро за весникот „Либерасион“.

Притисокот да се бојкотира Израел е „неприфатлив“, рече тој.

Израелскиот пејач Еден Голан (20) вчера се квалификуваше за големото финале на Евровизија овој викенд со „Ураган“, песна која е изменета од нејзината оригинална верзија која алудираше на нападот на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Германија денеска соопшти дека повиците за бојкот на израелскиот тим на Евровизија се „неприфатливи“, откако демонстранти во земјата домаќин Шведска протестираа против израелското учество поради војната во Газа.

Повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците на Малме за да го изразат противењето на Израел да учествува.

Германската министерка за култура Клаудија Рот рече дека „повиците за бојкот на учеството на израелските уметници на културните настани таму, како и секаде во Европа и Германија, се апсолутно неприфатливи“.

„Особено во овие времиња, ни треба поголема културна соработка меѓу Европа и Израел“, додаде таа на X, поранешен Твитер.

„Евровизиските ѕвезди особено од Израел се залагаа -- и сè уште се залагаат за -- отворено и разновидно општество. Антисемитизмот, омразата и насилството немаат место на овој важен музички настан“.

The post Шпанска екстремно левичарска партија повикува на бојкот на Израел на Евровизија, Франција и Германија се против каков било бојкот appeared first on Република.

]]>

Екстремно левичарската партија Сумар, членка на шпанската коалициска влада, денеска покрена петиција со која бара Израел да биде исклучен од финалето на Евровизија в сабота поради војната во Газа. „Потпиши СЕГА да го избркаш Израел од Евровизија, не дозволувај да настапи во саботното финале! Прочитајте ја онлајн петицијата која до пладне собра 7.000 потписи. На чело со министерката за труд Јоланда Дијаз, број три во владата, од Сумар нагласија дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) изгубила „значаен дел од редовната публика на шоуто“ затоа што дозволила Израел да учествува додека „неговата армија го истребува палестинскиот народ и ја уништува неговата земја. Француски министер попладнево ги осуди повиците за бојкот против учеството на Израел на Евровизија, апелираше политиката да се држи понастрана од тоа натпреварување. „Политиката нема место на Евровизија“, изјави министерот за европски прашања Жан Ноел Баро за весникот „Либерасион“. Притисокот да се бојкотира Израел е „неприфатлив“, рече тој. Израелскиот пејач Еден Голан (20) вчера се квалификуваше за големото финале на Евровизија овој викенд со „Ураган“, песна која е изменета од нејзината оригинална верзија која алудираше на нападот на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври. Германија денеска соопшти дека повиците за бојкот на израелскиот тим на Евровизија се „неприфатливи“, откако демонстранти во земјата домаќин Шведска протестираа против израелското учество поради војната во Газа. Повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците на Малме за да го изразат противењето на Израел да учествува. Германската министерка за култура Клаудија Рот рече дека „повиците за бојкот на учеството на израелските уметници на културните настани таму, како и секаде во Европа и Германија, се апсолутно неприфатливи“. „Особено во овие времиња, ни треба поголема културна соработка меѓу Европа и Израел“, додаде таа на X, поранешен Твитер. „Евровизиските ѕвезди особено од Израел се залагаа -- и сè уште се залагаат за -- отворено и разновидно општество. Антисемитизмот, омразата и насилството немаат место на овој важен музички настан“.

The post Шпанска екстремно левичарска партија повикува на бојкот на Израел на Евровизија, Франција и Германија се против каков било бојкот appeared first on Република.

]]>
Одбележување на 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo https://republika.mk/scena/odbelezhuvane-na-50-godini-otkako-abba-ja-donesoa-prvata-pobeda-na-shvedska-na-izborot-za-pesna-na-evrovizija-so-neverojatniot-shlager-waterloo/ Fri, 10 May 2024 10:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=776709

Во 2024 се навршуваат 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo.  Историски момент за Шведска, секако, но и убав спомен за целата евровизиска заедница ширум светот.

Секако, со оглед на тежината на приликата, оваа годишнина апсолутно мора да се слави и почитува, особено затоа што Шведска е горд домаќин на музичкиот спектакл по 7-ми пат во 2024 година, цели 50 години по таа магична ноќ во Брајтон Дом.

Радиодифузерот СВТ ги покани заедно: Шарлот Перели, која победи на натпреварот за Шведска пред 25 години во 1999 година; Карола, која го однесе натпреварот во Малме за прв пат во 1992 година по нејзината победа за Шведска претходната година; и Кончита Вурст, која пред 10 години во 2014 година постигна незаборавна победа за Австрија.

https://www.youtube.com/watch?v=4XJBNJ2wq0Y&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt

Пер Бланкенс, ТВ продуцент за Евровизија 2024 рече:

„Сега сите заедно се собравме во почит на една од најпознатите песни на Евровизија. Сите ја знаат оваа песна – ширум светот. И за да ни помогнат, имаме тројца фантастични победници на Евровизија. “

Прославата на Ватерлу од АББА нема да биде единственото музичко задоволство што гледачите можат да го очекуваат на големото финале во сабота вечер. Друг интервален чин кој сигурно ќе ја забавува публиката додека ги чека гласовите е враќањето на сцената на Изборот за песна на Евровизија со актуелната шампионка Лорин.

Шарлот Перели, која оваа година го слави сребрениот јубилеј од нејзината победа на Евровизија, вели:

„1974 беше годината кога се родив и АББА победи на Евросонг. Тие се примери со кои пораснав, и имајќи ја можноста да бидам дел од нивната почит на големото финале на Евровизија се чувствувам многу убаво и значајно“.

The post Одбележување на 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo appeared first on Република.

]]>

Во 2024 се навршуваат 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo.  Историски момент за Шведска, секако, но и убав спомен за целата евровизиска заедница ширум светот. Секако, со оглед на тежината на приликата, оваа годишнина апсолутно мора да се слави и почитува, особено затоа што Шведска е горд домаќин на музичкиот спектакл по 7-ми пат во 2024 година, цели 50 години по таа магична ноќ во Брајтон Дом. Радиодифузерот СВТ ги покани заедно: Шарлот Перели, која победи на натпреварот за Шведска пред 25 години во 1999 година; Карола, која го однесе натпреварот во Малме за прв пат во 1992 година по нејзината победа за Шведска претходната година; и Кончита Вурст, која пред 10 години во 2014 година постигна незаборавна победа за Австрија. https://www.youtube.com/watch?v=4XJBNJ2wq0Y&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt Пер Бланкенс, ТВ продуцент за Евровизија 2024 рече: „Сега сите заедно се собравме во почит на една од најпознатите песни на Евровизија. Сите ја знаат оваа песна – ширум светот. И за да ни помогнат, имаме тројца фантастични победници на Евровизија. “ Прославата на Ватерлу од АББА нема да биде единственото музичко задоволство што гледачите можат да го очекуваат на големото финале во сабота вечер. Друг интервален чин кој сигурно ќе ја забавува публиката додека ги чека гласовите е враќањето на сцената на Изборот за песна на Евровизија со актуелната шампионка Лорин. Шарлот Перели, која оваа година го слави сребрениот јубилеј од нејзината победа на Евровизија, вели: „1974 беше годината кога се родив и АББА победи на Евросонг. Тие се примери со кои пораснав, и имајќи ја можноста да бидам дел од нивната почит на големото финале на Евровизија се чувствувам многу убаво и значајно“.

The post Одбележување на 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo appeared first on Република.

]]>
Грузија влезе во финале со песна на Дарко Димитров https://republika.mk/scena/muzika/gruzija-vleze-vo-finale-so-pesna-na-darko-dimitrov/ Fri, 10 May 2024 08:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=776626

Синоќа, во арената во Малме ечеа песните на 16-те учесници во второто полуфинале на Евровизија 2024.

Десет од нив си обезбедија пласман во финалето кое ќе се одржи утре (11 мај) и ќе се борат за победа над останатите финалисти.

Грција, Израел, Латвија, Грузија, Австрија, Холандија, Норвешка, Естонија, Швајцарија и Ерменија се земјите кои синоќа добија најмногу гласови и продолжуваат со учеството во музичкото натпреварување.

Инаку Грузија влезе во финале со песна на Дарко Димитров.

The post Грузија влезе во финале со песна на Дарко Димитров appeared first on Република.

]]>

Синоќа, во арената во Малме ечеа песните на 16-те учесници во второто полуфинале на Евровизија 2024. Десет од нив си обезбедија пласман во финалето кое ќе се одржи утре (11 мај) и ќе се борат за победа над останатите финалисти. Грција, Израел, Латвија, Грузија, Австрија, Холандија, Норвешка, Естонија, Швајцарија и Ерменија се земјите кои синоќа добија најмногу гласови и продолжуваат со учеството во музичкото натпреварување. Инаку Грузија влезе во финале со песна на Дарко Димитров.

The post Грузија влезе во финале со песна на Дарко Димитров appeared first on Република.

]]>
Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија https://republika.mk/scena/oklopni-vozila-na-ulitsite-na-malme-za-probata-na-izraelskata-pretstavnichka-na-evrovizija/ Wed, 08 May 2024 16:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=775649

Меѓу нив е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува пробата се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина.

Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека.

Интересот на медиумите е огромен, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.

The post Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Меѓу нив е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува пробата се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина. Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека. Интересот на медиумите е огромен, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.

The post Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Драмата во Малме го достигна врвот: Израелската претставничка го пропушти отворањето на Евровизија поради потенцијален напад https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/dramata-vo-malme-go-dostigna-vrvot-izraelskata-pretstavnichka-go-propushti-otvoraneto-na-evrovizija-poradi-potentsijalen-napad/ Mon, 06 May 2024 12:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=774703

Изборот за песна на Евровизија синоќа официјално започна со прошетка по тиркизниот тепих. И веќе на стартот, драмата во Малме го достигна својот врв.

Точно е дека долго време се шпекулираше дека на отворањето нема да има израелска делегација, а синоќа се покажа дека оваа вест е точна.

Отсуствуваа пејачката Еден Голан и нејзиниот тим, а причината беше очекувана – поради потенцијални закани и напади.

Безбедносните служби не сакале да ризикуваат, па во договор со делегацијата на Израел нашле изнудено решение.

Исто така, една од наведените причини е фактот дека се слави Денот на сеќавањето на холокаустот, и затоа ниту една церемонија која вклучуваше славење не доаѓаше во предвид.

За Еден се пишуваше многу поради конфликтот на Блискиот Исток, а организаторите со месеци беа под притисок поради одлуката да му се дозволи на Израел да учествува на Евровизија.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) неодамна ја заштити претставничката на Израел, како и некои други учесници на Изборот за песна на Евровизија и членовите на евровизиските тимови.

Еден дури добила неколку смртни закани.

Нејзиниот настап на Евровизија во Малме ќе се одржи во четврток, во второто полуфинале.

Дотогаш, како што е најавено, нејзиното движење во Малме ќе биде организирано на минимум.

The post Драмата во Малме го достигна врвот: Израелската претставничка го пропушти отворањето на Евровизија поради потенцијален напад appeared first on Република.

]]>

Изборот за песна на Евровизија синоќа официјално започна со прошетка по тиркизниот тепих. И веќе на стартот, драмата во Малме го достигна својот врв. Точно е дека долго време се шпекулираше дека на отворањето нема да има израелска делегација, а синоќа се покажа дека оваа вест е точна. Отсуствуваа пејачката Еден Голан и нејзиниот тим, а причината беше очекувана – поради потенцијални закани и напади. Безбедносните служби не сакале да ризикуваат, па во договор со делегацијата на Израел нашле изнудено решение. Исто така, една од наведените причини е фактот дека се слави Денот на сеќавањето на холокаустот, и затоа ниту една церемонија која вклучуваше славење не доаѓаше во предвид. За Еден се пишуваше многу поради конфликтот на Блискиот Исток, а организаторите со месеци беа под притисок поради одлуката да му се дозволи на Израел да учествува на Евровизија. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) неодамна ја заштити претставничката на Израел, како и некои други учесници на Изборот за песна на Евровизија и членовите на евровизиските тимови. Еден дури добила неколку смртни закани. Нејзиниот настап на Евровизија во Малме ќе се одржи во четврток, во второто полуфинале. Дотогаш, како што е најавено, нејзиното движење во Малме ќе биде организирано на минимум.

The post Драмата во Малме го достигна врвот: Израелската претставничка го пропушти отворањето на Евровизија поради потенцијален напад appeared first on Република.

]]>
Одлично издание на „Глумците пеат“: Што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134-местенки, фрлање лопата, инсајдерски информации… https://republika.mk/scena/odlichno-izdanie-na-glumtsite-peat-shto-bi-bilo-ako-makedonija-bide-domakin-na-evrovizija-vo-2134-mestenki-frlane-lopata-insajderski-informatsii/ Sun, 31 Mar 2024 00:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=760511

Што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134, беше темата на овогодинешното шоу „Глумците пеат“, кое две вечери (29 и 30 март)  се одржа во Националната опера и балет.

За три часа се најдовме во 2134 година, сме победиле на Евровизија и, според правилата се организира во Македонија! Сето останато е исто, местенка на победникот, се фрли лопата и за старт на Евросонг, како што се фрла за се и сешто, доушници, инсајдерски информации.., се она што го отсликува нашето сегашно живеење.

Низ комично сценарио, шоуто го водеа актерот Горан Ников и новинарката Миланка Рашиќ. Беа изведени 27 евровизиски хитови од млади и докажани актери: Весна Петрушевска која настапи со децата од нејзината актерска школа, Тања Кочовска, Гордана Ендровска, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Наталија Теодосиевска, Жарко Димовски, Тина Трпкоска, Бојан Стојков, Арна Шијак, Жаклина Стефковска, Маја Андоновска- Илијевски, Билјана Драгичевиќ- Пројковска, Петар Горко, Нина Деан, Дритон Вејсели и други.

Некои пееја македонски евровизиски хитови како „Proud“на Тамара Тодевска,  ХХЛ и „100 посто те љубам“а се потсетивме и на групата „Рива“ од Задар која ѝ ја донесе првата победа на Евровизија на Југославија во 1989, Тајчи, „Нови фосили“, Жељко Јокисмовиќ, Руслана, групата „Атена“, „Ацукар морено“, Сертаб Еренер, АББА.

Како на вистинската Евровизија, беше организирано телефонско гласање на кое победи Жарко Димовски кој беше Здравко Чолиќ  со „Гори ватра“ и Весна Петрушевка која го пееше Јоксимовиќ.

Фестивалските местенки според сценариото на Дејан Пројковски кој го осмисли концептот се неизбежни и на Евровизија. Затоа на крајот, како што на водителот му јавија „од горе“, победи Бајрам Северџан со песната од Тото Кутуњо „Заедно“ (Insieme) со која италијанскиот пејач во 1992 повика на обединување на Европа.

Актерите настапија во придружба на Биг бенд со кој диригираше Љупчо Мирковски, а новите аранжмани на сите песни се на пијанистот Бобан Мирковски.

The post Одлично издание на „Глумците пеат“: Што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134-местенки, фрлање лопата, инсајдерски информации… appeared first on Република.

]]>

Што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134, беше темата на овогодинешното шоу „Глумците пеат“, кое две вечери (29 и 30 март)  се одржа во Националната опера и балет. За три часа се најдовме во 2134 година, сме победиле на Евровизија и, според правилата се организира во Македонија! Сето останато е исто, местенка на победникот, се фрли лопата и за старт на Евросонг, како што се фрла за се и сешто, доушници, инсајдерски информации.., се она што го отсликува нашето сегашно живеење. Низ комично сценарио, шоуто го водеа актерот Горан Ников и новинарката Миланка Рашиќ. Беа изведени 27 евровизиски хитови од млади и докажани актери: Весна Петрушевска која настапи со децата од нејзината актерска школа, Тања Кочовска, Гордана Ендровска, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Наталија Теодосиевска, Жарко Димовски, Тина Трпкоска, Бојан Стојков, Арна Шијак, Жаклина Стефковска, Маја Андоновска- Илијевски, Билјана Драгичевиќ- Пројковска, Петар Горко, Нина Деан, Дритон Вејсели и други. Некои пееја македонски евровизиски хитови како „Proud“на Тамара Тодевска,  ХХЛ и „100 посто те љубам“а се потсетивме и на групата „Рива“ од Задар која ѝ ја донесе првата победа на Евровизија на Југославија во 1989, Тајчи, „Нови фосили“, Жељко Јокисмовиќ, Руслана, групата „Атена“, „Ацукар морено“, Сертаб Еренер, АББА. Како на вистинската Евровизија, беше организирано телефонско гласање на кое победи Жарко Димовски кој беше Здравко Чолиќ  со „Гори ватра“ и Весна Петрушевка која го пееше Јоксимовиќ. Фестивалските местенки според сценариото на Дејан Пројковски кој го осмисли концептот се неизбежни и на Евровизија. Затоа на крајот, како што на водителот му јавија „од горе“, победи Бајрам Северџан со песната од Тото Кутуњо „Заедно“ (Insieme) со која италијанскиот пејач во 1992 повика на обединување на Европа. Актерите настапија во придружба на Биг бенд со кој диригираше Љупчо Мирковски, а новите аранжмани на сите песни се на пијанистот Бобан Мирковски.

The post Одлично издание на „Глумците пеат“: Што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134-местенки, фрлање лопата, инсајдерски информации… appeared first on Република.

]]>
Пак се фаворити: Ова е песната на Украина за во Евровизија https://republika.mk/scena/muzika/pak-se-favoriti-ova-e-pesnata-na-ukraina-za-vo-evrovizija/ Mon, 05 Feb 2024 11:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=740515

Украина ја избра песната што ќе ја претставува на Евровизија во Малме.Станува збор за песната „Teresa & Maria“ во изведба на Алоња Алоња и Џери Хејл.Украинскиот натпревар за песна на Евровизија Видбир бил снимен од безбедносни причини.

Според евровизиските обложувалници, Украина е фаворит за победа на Евровизија оваа година.

https://www.youtube.com/watch?v=6faM9JoCIiY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Пак се фаворити: Ова е песната на Украина за во Евровизија appeared first on Република.

]]>

Украина ја избра песната што ќе ја претставува на Евровизија во Малме.Станува збор за песната „Teresa & Maria“ во изведба на Алоња Алоња и Џери Хејл.Украинскиот натпревар за песна на Евровизија Видбир бил снимен од безбедносни причини. Според евровизиските обложувалници, Украина е фаворит за победа на Евровизија оваа година. https://www.youtube.com/watch?v=6faM9JoCIiY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Пак се фаворити: Ова е песната на Украина за во Евровизија appeared first on Република.

]]>
Загина израелски кандидат за Евровизија на 26 години во војната во Газа https://republika.mk/vesti/svet/zagina-izraelski-kandidat-za-evrovizija-na-26-godini-vo-vojnata-vo-gaza/ Thu, 28 Dec 2023 10:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=727446

Израелскиот кандидат за Евровизија, Шаул Гринглик загина на 26 години во војната во Газа. Како што пренесуваат странските медиуми, Министерство за одбрана на Израел извести за смртта на тројца припадници на вооружените сили, во војнаtа што се води во Појасот Газа. Меѓу тројцата загинати е и капетанот Шаоли Гринглик.

Како што пишува „Еуровижн фан“, Гринглик пред неколку недели бил на аудиција во шоуто „Новата ѕвезда“ во кое ќе се избере кандидатот кој треба да го претставува Израел на Евровизија 2024 во Шведска.

Имено, тој на 3 декември се појави во израелското шоу, а во тој период бил на одмор откако бил мобилизиран во војната против Хамас. Облечен во воена униформа, тој отпеал балада која ги воодушевила сите. Гринглик со 83 отсто гласови успеал да се пласира во следната фаза на натпреварот и наскоро требаше повторно да настапи, бидејќи е завршена фазата на аудиции.

Еден од судиите во споменатото шоу, по смртта на Шаул, на социјалните мрежи напиша дека овој млад човек претходно се откажал од понатамошната конкуренција, поради воените обврски.

„Оваа година ја замислив поинаку, како година на аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Нов, поинаков сон ќе треба да почека малку“, напиша Гринглик на Фејсбук.

The post Загина израелски кандидат за Евровизија на 26 години во војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот кандидат за Евровизија, Шаул Гринглик загина на 26 години во војната во Газа. Како што пренесуваат странските медиуми, Министерство за одбрана на Израел извести за смртта на тројца припадници на вооружените сили, во војнаtа што се води во Појасот Газа. Меѓу тројцата загинати е и капетанот Шаоли Гринглик. Како што пишува „Еуровижн фан“, Гринглик пред неколку недели бил на аудиција во шоуто „Новата ѕвезда“ во кое ќе се избере кандидатот кој треба да го претставува Израел на Евровизија 2024 во Шведска. Имено, тој на 3 декември се појави во израелското шоу, а во тој период бил на одмор откако бил мобилизиран во војната против Хамас. Облечен во воена униформа, тој отпеал балада која ги воодушевила сите. Гринглик со 83 отсто гласови успеал да се пласира во следната фаза на натпреварот и наскоро требаше повторно да настапи, бидејќи е завршена фазата на аудиции. Еден од судиите во споменатото шоу, по смртта на Шаул, на социјалните мрежи напиша дека овој млад човек претходно се откажал од понатамошната конкуренција, поради воените обврски. „Оваа година ја замислив поинаку, како година на аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Нов, поинаков сон ќе треба да почека малку“, напиша Гринглик на Фејсбук.

The post Загина израелски кандидат за Евровизија на 26 години во војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Аико ќе пее за Чешка на Евровизија https://republika.mk/scena/muzika/aiko-ke-pee-za-cheshka-na-evrovizija/ Sat, 16 Dec 2023 09:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=723546

Изведувачката Аико со песната „Педестал“ победи на „ЕСЦЗ 2024“ и со тоа се избори за право во мај да ја претставува Чешката Република на „Евровизија“ во Малме, Шведска.

Седум песни беа во игра за да ја претставуваат Чешка на музичкиот натпревар.

На најголемиот светски музички настан во живо, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.

https://www.youtube.com/watch?v=5DbRldMKFUU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MzY4NDIsMjM4NTE&feature=emb_title

The post Аико ќе пее за Чешка на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Изведувачката Аико со песната „Педестал“ победи на „ЕСЦЗ 2024“ и со тоа се избори за право во мај да ја претставува Чешката Република на „Евровизија“ во Малме, Шведска. Седум песни беа во игра за да ја претставуваат Чешка на музичкиот натпревар. На најголемиот светски музички настан во живо, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји. https://www.youtube.com/watch?v=5DbRldMKFUU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MzY4NDIsMjM4NTE&feature=emb_title

The post Аико ќе пее за Чешка на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Холандија го избра претставникот за „Евровизија“ https://republika.mk/scena/muzika/holandija-go-izbra-pretstavnikot-za-evrovizija/ Mon, 11 Dec 2023 20:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=721903

Јост Клајн ќе ја претставува Холандија на „Евровизија“ што ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај.

Како што пишува на официјалната веб-страница на „Евровизија“, Клајн бил избран од над 600 потенцијални изведувачи.

Да бидам дел од натпреварот е остварување на мој сон. Го гледав заедно со моите родители, „залепен“ на екранот, година за година. Чест е да се претставува Холандија и јас сум посветен да дадам сѐ за најдобриот можен исход, изјави тој откако дозна дека ќе ја претставува Холандија на „Евровизија“.

Станува збор за 26-годишен музичар, писател и артист. Минатото лето, тој имал број 1 хит во Германија, Швајцарија и во Австрија со песната „Фрајзенјунг“ (Friesenjung). Песната исто така била многу слушана и во Италија и во Украина.

The post Холандија го избра претставникот за „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>

Јост Клајн ќе ја претставува Холандија на „Евровизија“ што ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај. Како што пишува на официјалната веб-страница на „Евровизија“, Клајн бил избран од над 600 потенцијални изведувачи.
Да бидам дел од натпреварот е остварување на мој сон. Го гледав заедно со моите родители, „залепен“ на екранот, година за година. Чест е да се претставува Холандија и јас сум посветен да дадам сѐ за најдобриот можен исход, изјави тој откако дозна дека ќе ја претставува Холандија на „Евровизија“.
Станува збор за 26-годишен музичар, писател и артист. Минатото лето, тој имал број 1 хит во Германија, Швајцарија и во Австрија со песната „Фрајзенјунг“ (Friesenjung). Песната исто така била многу слушана и во Италија и во Украина.

The post Холандија го избра претставникот за „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>