Европска Комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/evropska-komisija/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 12:17:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европска Комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/evropska-komisija/ 32 32 Европската комисија ја казна „Мета“, треба да се платат 800 милиони евра https://republika.mk/vesti/svet/evropskata-komisija-ja-kazna-meta-treba-da-se-platat-800-milioni-evra/ Fri, 15 Nov 2024 12:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=838104

Европската комисија одреди уште една голема парична казна за американската компанија „Мета“, којашто овојпат изнесува речиси 800 милиони евра.

Поточно, се работи за казна од 797,72 милиони евра, поради тоа што компанијата „практично на секој корисник на социјалната мрежа Фејсбук - сакал или не“, му ја наметнувала услугата „Фејсбук маркетплејс“. Според ЕК, ова значи наметнување нефер услови околу тргувањето за други даватели на услуги и доверливите информации.

Во суштина, рекламите што корисниците ги гледаат на Фејсбук се насочени и доаѓаат преку „Маркетплејс“, што ги изоставува сите можни конкуренти поради начинот на којшто таа платформа е поврзана со социјалната мрежа.

Истрагата на ЕК покажа дека „Мета“ е доминантна на пазарот за социјални мрежи, како и на националните пазари за прикажување реклами на интернет. Тоа и ја поттикна истрагата.

Висината на казната се одредува земајќи ги предвид „времетраењето и сериозноста на кршењето на правилата, како и сообраќајот на „Маркетплејс“ на којшто се однесува прекршувањето на прописите. Покрај казната, „Мета“ е задолжена „делотворно да го прекине спорното однесување и да се воздржи од повторување на прекршувањето на правилата“, како и од „преземање потези со слична цел или ефект“ во иднина.

„Мета“ не е задоволна од пресудата и веќе најави жалба на таа одлука.

„Целта е да се поттикнат подобри резултати за европските потрошувачи... Пазарот е создаден како одговор на барањата на потрошувачите. ЕК ја игнорира реалноста на пазарот ова ќе служи само за заштита на постоечките пазари од конкуренција. Реалноста е дека луѓето го користат 'Фејсбук маркетплејс' затоа што сакаат, а не затоа што мораат“, се вели, меѓу другото во соопштението на казнетата компанија.

Главниот и можеби најубедливиот аргумент на „Мета“, се чини, е тоа дека „корисниците на Фејсбук можат да изберат дали да се поврзат со 'Маркетплејс' или не“. Компанијата вели и оти не ги користи рекламните податоци на своите соперници за да се натпреварува против нив, бидејќи има системи и контроли за да го спречи тоа.

The post Европската комисија ја казна „Мета“, треба да се платат 800 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Европската комисија одреди уште една голема парична казна за американската компанија „Мета“, којашто овојпат изнесува речиси 800 милиони евра. Поточно, се работи за казна од 797,72 милиони евра, поради тоа што компанијата „практично на секој корисник на социјалната мрежа Фејсбук - сакал или не“, му ја наметнувала услугата „Фејсбук маркетплејс“. Според ЕК, ова значи наметнување нефер услови околу тргувањето за други даватели на услуги и доверливите информации. Во суштина, рекламите што корисниците ги гледаат на Фејсбук се насочени и доаѓаат преку „Маркетплејс“, што ги изоставува сите можни конкуренти поради начинот на којшто таа платформа е поврзана со социјалната мрежа. Истрагата на ЕК покажа дека „Мета“ е доминантна на пазарот за социјални мрежи, како и на националните пазари за прикажување реклами на интернет. Тоа и ја поттикна истрагата. Висината на казната се одредува земајќи ги предвид „времетраењето и сериозноста на кршењето на правилата, како и сообраќајот на „Маркетплејс“ на којшто се однесува прекршувањето на прописите. Покрај казната, „Мета“ е задолжена „делотворно да го прекине спорното однесување и да се воздржи од повторување на прекршувањето на правилата“, како и од „преземање потези со слична цел или ефект“ во иднина. „Мета“ не е задоволна од пресудата и веќе најави жалба на таа одлука. „Целта е да се поттикнат подобри резултати за европските потрошувачи... Пазарот е создаден како одговор на барањата на потрошувачите. ЕК ја игнорира реалноста на пазарот ова ќе служи само за заштита на постоечките пазари од конкуренција. Реалноста е дека луѓето го користат 'Фејсбук маркетплејс' затоа што сакаат, а не затоа што мораат“, се вели, меѓу другото во соопштението на казнетата компанија. Главниот и можеби најубедливиот аргумент на „Мета“, се чини, е тоа дека „корисниците на Фејсбук можат да изберат дали да се поврзат со 'Маркетплејс' или не“. Компанијата вели и оти не ги користи рекламните податоци на своите соперници за да се натпреварува против нив, бидејќи има системи и контроли за да го спречи тоа.

The post Европската комисија ја казна „Мета“, треба да се платат 800 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Одложено потврдувањето на номинациите на кандидатите за потпретседатели на ЕК https://republika.mk/vesti/svet/odlozheno-potvrduvaneto-na-nominatsiite-na-kandidatite-za-potpretsedateli-na-ek/ Wed, 13 Nov 2024 11:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=837142

Партиите од т.н. проевропското мнозинство во Европскиот парламент се договорија за одлагање на седниците на парламентарните комитети за потврда на номинациите на кандидатите за нови потпретседатели на Европската комисија, чии сослушувања се одржаа вчера.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, претходно беше предвидено потврдувањето на номинациите да заврши вчера, по што Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, на 21 ноември би извршила конечна евалуација на номинациите и би го прогласила процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари за завршен.

Договорот за одлагање на потврдувањето на номинациите е постигнат на средба на лидерите на Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“, со цел, како што беше образложено, да обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“. Според извори во Европарламентот, ЕПП инсистира евалуационите седници да се одржат следната недела, додека СД и либералните за залагаат тоа да се случи до крајот на оваа недела.

По одлагањето на потврдувањето на номинациите на кандидатите за потпретседатели, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која доаѓа од редовите на ЕПП, вчера во Европарламентот имаше средба со политичките лидери на „Да ја обновиме Европа“ и СД.

Одлуката за одложување на седниците за потврдување на номинациите уследи по тензичното сослушување на кандидатката за извршна претседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност, Шпанката Тереза Рибера Родригез.

Извори во Европарламентот посочија дека „настапот на Рибера Родрогез“ бил „разочарувачки“, поради што некои европратеници побарале таа дополнително да одговори на писмено доставени прашања.

Резервите околу номинацијата на шпанската кандидатка, која доаѓа од редовите на СД, се оценуваат како дел од меѓупартиските пазарења во Европарламентот, но и од внатрешните политички пресметки во Шпанија, каде Рибера Родригез, која е актуелна министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици, е изложена на жестоки критики од страна на опозициската Народна партија (ПП), инаку дел од ЕПП, за начинот на кој Владата се справува со неодамнешните поплави во земјата.

За утре е предвидено европратениците да гласаат за предлогот на ЕПП за измени на Регулативата на ЕУ за уништување на шумите, со што би се ублажиле некои од рестриктивните мерки во неа, на што се против СД, па се очекува договорот околу овие амандмани да биде „врзан“ со одобрувањето на номинацијата на Рибера Родригез.

За денеска е предвидено да се одржи и седница за потврдување на номинацијата на кандидатот за еврокомесар за здравство и благосостојба на животните и актуелен еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, чие одобрување исто така беше одложено по сослушувањето одржано минатата среда.

Согласно процедурите, откако Конференцијата на претседатели ќе го прогласи процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари за завршен, Европарламентот на пленарното заседание, предвидено за од 25 до 28 ноември во Стразбур, ќе треба да гласа за избор на Европската комисија во пакет. За да биде избрана, новата Европска комисија треба да добие мнозинство гласови на пратениците што ќе гласаат.

Доколку Еврокомисијата биде одобрена во Парламентот, таа треба уште формално да биде именувана од Советот на ЕУ, постапка што се очекува да заврши до крајот на ноември, по што од 1 декември би започнал да тече мандатот на новите еврокомесари.

The post Одложено потврдувањето на номинациите на кандидатите за потпретседатели на ЕК appeared first on Република.

]]>

Партиите од т.н. проевропското мнозинство во Европскиот парламент се договорија за одлагање на седниците на парламентарните комитети за потврда на номинациите на кандидатите за нови потпретседатели на Европската комисија, чии сослушувања се одржаа вчера. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, претходно беше предвидено потврдувањето на номинациите да заврши вчера, по што Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, на 21 ноември би извршила конечна евалуација на номинациите и би го прогласила процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари за завршен. Договорот за одлагање на потврдувањето на номинациите е постигнат на средба на лидерите на Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“, со цел, како што беше образложено, да обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“. Според извори во Европарламентот, ЕПП инсистира евалуационите седници да се одржат следната недела, додека СД и либералните за залагаат тоа да се случи до крајот на оваа недела. По одлагањето на потврдувањето на номинациите на кандидатите за потпретседатели, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која доаѓа од редовите на ЕПП, вчера во Европарламентот имаше средба со политичките лидери на „Да ја обновиме Европа“ и СД. Одлуката за одложување на седниците за потврдување на номинациите уследи по тензичното сослушување на кандидатката за извршна претседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност, Шпанката Тереза Рибера Родригез. Извори во Европарламентот посочија дека „настапот на Рибера Родрогез“ бил „разочарувачки“, поради што некои европратеници побарале таа дополнително да одговори на писмено доставени прашања. Резервите околу номинацијата на шпанската кандидатка, која доаѓа од редовите на СД, се оценуваат како дел од меѓупартиските пазарења во Европарламентот, но и од внатрешните политички пресметки во Шпанија, каде Рибера Родригез, која е актуелна министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици, е изложена на жестоки критики од страна на опозициската Народна партија (ПП), инаку дел од ЕПП, за начинот на кој Владата се справува со неодамнешните поплави во земјата. За утре е предвидено европратениците да гласаат за предлогот на ЕПП за измени на Регулативата на ЕУ за уништување на шумите, со што би се ублажиле некои од рестриктивните мерки во неа, на што се против СД, па се очекува договорот околу овие амандмани да биде „врзан“ со одобрувањето на номинацијата на Рибера Родригез. За денеска е предвидено да се одржи и седница за потврдување на номинацијата на кандидатот за еврокомесар за здравство и благосостојба на животните и актуелен еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, чие одобрување исто така беше одложено по сослушувањето одржано минатата среда. Согласно процедурите, откако Конференцијата на претседатели ќе го прогласи процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари за завршен, Европарламентот на пленарното заседание, предвидено за од 25 до 28 ноември во Стразбур, ќе треба да гласа за избор на Европската комисија во пакет. За да биде избрана, новата Европска комисија треба да добие мнозинство гласови на пратениците што ќе гласаат. Доколку Еврокомисијата биде одобрена во Парламентот, таа треба уште формално да биде именувана од Советот на ЕУ, постапка што се очекува да заврши до крајот на ноември, по што од 1 декември би започнал да тече мандатот на новите еврокомесари.

The post Одложено потврдувањето на номинациите на кандидатите за потпретседатели на ЕК appeared first on Република.

]]>
ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ek-eu-nema-doneseno-odluka-za-isprakane-vojnitsi-vo-ukraina/ Mon, 11 Nov 2024 12:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=836352

Нема одлука ЕУ да испрати војници во Украина со каква било задача, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија како одговор на прашања поврзани со информациите во европските медиуми за можното испраќање европски мировници.

Портпаролот истакна дека ЕУ спроведува мировна мисија за обука на украински војници на европска територија, чиј мандат неодамна беше продолжен.

Според него, ЕУ го поддржува секој напор што би довел до праведен мир и кој го зема предвид фактот дека Украина е нападната земја. Меѓутоа, додаде портпаролот, таквиот договор треба да биде во согласност со меѓународното право.

Околу коментарот на новоизбраниот американски потпретседател, Џеј Ди Венс, во кој е направена врска помеѓу слободата на говорот и европските правила во оваа област, работата на онлајн платформите и активностите на НАТО, портпаролот посочи дека ЕУ е дом на слободата на говорот, како што покажуваат меѓународните студии.

-Слободниот говор е во срцето на европското законодавство за интернет платформите, објасни тој. „Ништо не ги обврзува платформите да ја отстранат легалната содржина. Која содржина е легална зависи од европските, меѓународните и локалните закони“, додаде портпаролот.

Тој објасни дека правилата на ЕУ бараат кога содржината е отстранета, корисниците да можат да ја оспорат одлуката.

-Од платформите се очекува да го следат ширењето на содржини што се штетни без нужно да бидат нелегални, како што е дезинформацијата, рече тој.

Венс во телевизиско интервју рече дека доколку НАТО сака да продолжи поддршката на САД за Алијансата, тогаш американските правила и слободата на говор мора да се почитуваат.

-Алијансата треба да ја заштити слободата на изразување, земјите во Европа да ги споделуваат американските вредности, додаде тој, осврнувајќи се на отворениот скандал на почетокот на годинава меѓу сопственикот на социјалната мрежа „Х“ Илон Маск и тогашниот еврокомесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Еврокомесарот го предупреди Маск дека може да се воведат сериозни ограничувања против „Х“ во ЕУ доколку се продолжи недостигот на доволен надзор врз содржините што се дистрибуираат на интернет.

The post ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина appeared first on Република.

]]>

Нема одлука ЕУ да испрати војници во Украина со каква било задача, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија како одговор на прашања поврзани со информациите во европските медиуми за можното испраќање европски мировници. Портпаролот истакна дека ЕУ спроведува мировна мисија за обука на украински војници на европска територија, чиј мандат неодамна беше продолжен. Според него, ЕУ го поддржува секој напор што би довел до праведен мир и кој го зема предвид фактот дека Украина е нападната земја. Меѓутоа, додаде портпаролот, таквиот договор треба да биде во согласност со меѓународното право. Околу коментарот на новоизбраниот американски потпретседател, Џеј Ди Венс, во кој е направена врска помеѓу слободата на говорот и европските правила во оваа област, работата на онлајн платформите и активностите на НАТО, портпаролот посочи дека ЕУ е дом на слободата на говорот, како што покажуваат меѓународните студии. -Слободниот говор е во срцето на европското законодавство за интернет платформите, објасни тој. „Ништо не ги обврзува платформите да ја отстранат легалната содржина. Која содржина е легална зависи од европските, меѓународните и локалните закони“, додаде портпаролот. Тој објасни дека правилата на ЕУ бараат кога содржината е отстранета, корисниците да можат да ја оспорат одлуката. -Од платформите се очекува да го следат ширењето на содржини што се штетни без нужно да бидат нелегални, како што е дезинформацијата, рече тој. Венс во телевизиско интервју рече дека доколку НАТО сака да продолжи поддршката на САД за Алијансата, тогаш американските правила и слободата на говор мора да се почитуваат. -Алијансата треба да ја заштити слободата на изразување, земјите во Европа да ги споделуваат американските вредности, додаде тој, осврнувајќи се на отворениот скандал на почетокот на годинава меѓу сопственикот на социјалната мрежа „Х“ Илон Маск и тогашниот еврокомесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Еврокомесарот го предупреди Маск дека може да се воведат сериозни ограничувања против „Х“ во ЕУ доколку се продолжи недостигот на доволен надзор врз содржините што се дистрибуираат на интернет.

The post ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина appeared first on Република.

]]>
Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија https://republika.mk/kolumni/makedonskata-eu-perspektiva-niz-prizma-na-izveshtajot-na-evropskata-komisija/ Fri, 01 Nov 2024 15:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=833136

Петар Поп-Арсов

Уште еден извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон ЕУ е пред нас. Ставен на увид пред целата јавност, која веќе има богато искуство во читањето и толкувањето на пораките сместени во годишниот рапорт на бриселската бирократија. Извештај како извештај, три напред - две назад! Добри сте, ама не чините. Со копенхашките критериуми горе-долу добро стоите, ама заостанувате со софиските, впрочем како и со атинските претходно. Класика, фолклор, ништо ново и спектакуларно.

Многу е важно уште на почетокот да се каже дека овој извештај опфаќа едногодишен период во кој Македонија имаше транзиција на власта и е предводена од две различни влади. Поради тоа, секое толкување на соддржината на извештајот во функција на меѓупартиски пресметки, е несоодветно и неприменливо. Оценките во извештајот не можат да се поделат на позитивни или негативни постигнувања за кои што се заслужни едните или другите како што до сега тоа беше пракса при објавувањето на секој извештај на Европската комисија.

Затоа, до наредниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, единствен релевантен „извештај“ кој ќе биде на сила е оној на македонските граѓани кои што го испорачаа на парламентарните избори оваа година. Каков ќе биде нивниот нов „извештај“ и дали истиот ќе се совпадне со оценките на ЕК, ќе видиме следната година наесен?! До тогаш, може слободно да кажеме дека европската перспектива на Македонија е жива и тоа веќе јасно се гледа!

Независно од неодамнешното раздвојување на Македонија со Албанија на почетокот на преговорите, процесот останува отворен и исклучително динамичен. Перспективата е јасна наспроти бројните критики и негативни коментари кои што беа упатени на адреса на македонската влада како резултат на албанскотоисчекорување напред.

А, што може да се каже во ваква ситуација? Критикуваат оние кои бараат начин да се исперат од својата одговорност поради негативениот контекст на македонските интеграции кои што самите го наметнаа. Критикуваат оние кои што нѐ убедуваа дека државата започнала со преговорите уште пред неколку години. Критикуваат оние кои што прифатија обврски за кои што не беа кадарни да ги испорачаат. Тоа е таа македонска реалполитика која игра на картата на кратко паметење, само и само да би се оствариле краткорочни интереси на една мала група политички натрапници кои ги имаа запоседнато највисоките државни функции.

Перспективата е жива! Самото доаѓање на Урсула Фон дер Лајен во Македонија е најголемиот доказ за ваквото тврдење. Македонија не може да се пофали со многу посети на претседателите на Европската комисија во минатото. Претходно беше премија понекогаш да бидеме посетени од Комесарот за проширување и за тоа се зборуваше и пишуваше со денови како за врвен дострел на македонскиот евроинтегративен процес.

Но, без разлика на нејзината посета или на сите претходни посети на официјалните претставници на ЕУ, ние не смееме нереално да гледаме на работите и ваквите посети да ги доживуваме како круцијални одредници за понатамошниот тек на македонските евроинтеграции. Едноставно кажано, претседателката на ЕК дошла во земјата кандидат, пратена е пораката за партнерскиот однос и меѓусебната соработка, и тоа е тоа. Се затвора темата за тоа дека некој не сака евроинтеграции или пак демек ЕУ има политички миленици во Македонија, од една страна, и други кои „не ги обича“, од друга страна.

Од тие причини, добро ќе бидеако ние како граѓани и севкупно општество на македонските евроинтеграции пристапуваме и гледаме на малку поинаков и покомплексен начин, поразличен од оној што до сега го имавме. Мора да престнеме да ја идеализираме ЕУ и почнеме да ја гледаме исклучиво како нешто во кое што ќе ги реализираме нашите интереси, а не обратно.На евроинтегративниот процес ќе мора да гледаме како на нешто кое што не зависи само од нас и од нашата решеност и амбиција да пристапиме кон ЕУ како држава и народ со сопствен политички и национален идентитет.

Ќе мора да почнеме да гледаме на начин со кој што ќе ги намалиме очекувањата од спектакуларни резултати после првото дофаќање на морковот ставен пред нас, ниту пак ќе го доживуваме како национална трагедија стапот кој што ќе ни го удрат, како раздвојувањето со Албанија во случајов.Ние треба да ја играме сопствената игра, сопственото оро и само така може да го движиме процесот, независно од тешкотијата која што со себе ја носи.

Радува фактот што наративот во македонската јавност станува прилично зрел и адекватен на реалноста во која што се наоѓаме. Најголемиот дел од јавноста е свесен за состојбата во која што сме доведени и затоа во тој правец ја движи дебатата во однос на ова прашање. Неоснованите критики стануваат маргинални и изолирани, а повиците и апелите за безуслувно прифаќање на сите уцени и притисоци заради „брзото“ евроинтегрирање полека исчезнуваат како некое ехо од минатото. Дали тоа значи дека и најголемите еврооптимисти,кои во минатото врескаа за ЕУ по секоја цена, стануваат свесни за реалноста како новопечени „оптимисти со искуство“?! Впечаток е дека остануваат маргинални, тивки и полека се приклучуваат кон наративот кој произлегува од суштинскиот интерес на граѓаните.

За почеток тоа е добро, ќе помогне во изградбата на консензус и оформувањето на заеднички став кој ќе го отсликува интересот на македонските граѓани. Постојано зборуваме дека токму таквиот консензус во однос на виталните државни интереси е нешто што ни недостасува, а примерите за таквото однесување ги посочуваме кај нашите соседи кои секогаш настапуваат со здружени политички сили за прашањата кои што се однесуваат на нивните национални интереси.

Треба да се огледаме на Словенија, па и на Хрватска, земји кои што ЕУ ја доживуваат на многу прагматичен начин. Земји кои што ја доживуваат како заедница од која гледаат што можат да добијат и да извлечат некаква полза, исто онака како што ја гледаа СФРЈ додека бевме заедно. Нашиот пристап кон ЕУ треба да биде ист како и нивниот, а не да го повторуваме оној што го имавме во СФРЈ односно најпрвин да се грижиме за заедничките, а дури потоа сопствените интереси. Верувам дека оние што подолго помнат ќе се согласат со ваквата констатација.

Од тие причини и Македонија треба да гледа на своите евроинтеграции на таков начин, а јавниот дискурс да се движи во тој правец. Таквиот заеднички пристап и јавен дискурс ќе и помогне на секоја владејачка гарнитура во нејзините напори за остварување на националните интереси. Нас треба да нѐ интересира нашиот бенефит интегриран во заедничкиот, но никако само заедничкиот на штета на сопствениот. Треба се бориме да го зачуваме политичкиот и националниот идентитет на државата и на народот кои се загрозени од постојаните блокади и уцени, но во исто време да не го заборавиме и економскиот интерес и се она што оди во тој пакет. Комплицирано, но мора да има движење.

Земајќи ги сите параметри во предвид, секоја подлабока анализа на извештајот во овој момент, во најмала рака е дискутабилна. Секоја темална анализа во услови кога одлуките и извештаите на една историска комисија се посилни од извештаите на Европската комисија, е надреална и апсурдна. Во услови кога ставот на едната страна од историската комисија истовремено може да претставува и копенхагеншки и бриселски критериуми за нашите евроинтеграции, читањето на извештајот на ЕК не може да се доживее поинаку освен како читање на нешто кое што претставува годишна обврска на евробирократите за да ја оправдаат својата плата.

Толку и ништо повеќе!

The post Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Уште еден извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон ЕУ е пред нас. Ставен на увид пред целата јавност, која веќе има богато искуство во читањето и толкувањето на пораките сместени во годишниот рапорт на бриселската бирократија. Извештај како извештај, три напред - две назад! Добри сте, ама не чините. Со копенхашките критериуми горе-долу добро стоите, ама заостанувате со софиските, впрочем како и со атинските претходно. Класика, фолклор, ништо ново и спектакуларно. Многу е важно уште на почетокот да се каже дека овој извештај опфаќа едногодишен период во кој Македонија имаше транзиција на власта и е предводена од две различни влади. Поради тоа, секое толкување на соддржината на извештајот во функција на меѓупартиски пресметки, е несоодветно и неприменливо. Оценките во извештајот не можат да се поделат на позитивни или негативни постигнувања за кои што се заслужни едните или другите како што до сега тоа беше пракса при објавувањето на секој извештај на Европската комисија. Затоа, до наредниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, единствен релевантен „извештај“ кој ќе биде на сила е оној на македонските граѓани кои што го испорачаа на парламентарните избори оваа година. Каков ќе биде нивниот нов „извештај“ и дали истиот ќе се совпадне со оценките на ЕК, ќе видиме следната година наесен?! До тогаш, може слободно да кажеме дека европската перспектива на Македонија е жива и тоа веќе јасно се гледа! Независно од неодамнешното раздвојување на Македонија со Албанија на почетокот на преговорите, процесот останува отворен и исклучително динамичен. Перспективата е јасна наспроти бројните критики и негативни коментари кои што беа упатени на адреса на македонската влада како резултат на албанскотоисчекорување напред. А, што може да се каже во ваква ситуација? Критикуваат оние кои бараат начин да се исперат од својата одговорност поради негативениот контекст на македонските интеграции кои што самите го наметнаа. Критикуваат оние кои што нѐ убедуваа дека државата започнала со преговорите уште пред неколку години. Критикуваат оние кои што прифатија обврски за кои што не беа кадарни да ги испорачаат. Тоа е таа македонска реалполитика која игра на картата на кратко паметење, само и само да би се оствариле краткорочни интереси на една мала група политички натрапници кои ги имаа запоседнато највисоките државни функции. Перспективата е жива! Самото доаѓање на Урсула Фон дер Лајен во Македонија е најголемиот доказ за ваквото тврдење. Македонија не може да се пофали со многу посети на претседателите на Европската комисија во минатото. Претходно беше премија понекогаш да бидеме посетени од Комесарот за проширување и за тоа се зборуваше и пишуваше со денови како за врвен дострел на македонскиот евроинтегративен процес. Но, без разлика на нејзината посета или на сите претходни посети на официјалните претставници на ЕУ, ние не смееме нереално да гледаме на работите и ваквите посети да ги доживуваме како круцијални одредници за понатамошниот тек на македонските евроинтеграции. Едноставно кажано, претседателката на ЕК дошла во земјата кандидат, пратена е пораката за партнерскиот однос и меѓусебната соработка, и тоа е тоа. Се затвора темата за тоа дека некој не сака евроинтеграции или пак демек ЕУ има политички миленици во Македонија, од една страна, и други кои „не ги обича“, од друга страна. Од тие причини, добро ќе бидеако ние како граѓани и севкупно општество на македонските евроинтеграции пристапуваме и гледаме на малку поинаков и покомплексен начин, поразличен од оној што до сега го имавме. Мора да престнеме да ја идеализираме ЕУ и почнеме да ја гледаме исклучиво како нешто во кое што ќе ги реализираме нашите интереси, а не обратно.На евроинтегративниот процес ќе мора да гледаме како на нешто кое што не зависи само од нас и од нашата решеност и амбиција да пристапиме кон ЕУ како држава и народ со сопствен политички и национален идентитет. Ќе мора да почнеме да гледаме на начин со кој што ќе ги намалиме очекувањата од спектакуларни резултати после првото дофаќање на морковот ставен пред нас, ниту пак ќе го доживуваме како национална трагедија стапот кој што ќе ни го удрат, како раздвојувањето со Албанија во случајов.Ние треба да ја играме сопствената игра, сопственото оро и само така може да го движиме процесот, независно од тешкотијата која што со себе ја носи. Радува фактот што наративот во македонската јавност станува прилично зрел и адекватен на реалноста во која што се наоѓаме. Најголемиот дел од јавноста е свесен за состојбата во која што сме доведени и затоа во тој правец ја движи дебатата во однос на ова прашање. Неоснованите критики стануваат маргинални и изолирани, а повиците и апелите за безуслувно прифаќање на сите уцени и притисоци заради „брзото“ евроинтегрирање полека исчезнуваат како некое ехо од минатото. Дали тоа значи дека и најголемите еврооптимисти,кои во минатото врескаа за ЕУ по секоја цена, стануваат свесни за реалноста како новопечени „оптимисти со искуство“?! Впечаток е дека остануваат маргинални, тивки и полека се приклучуваат кон наративот кој произлегува од суштинскиот интерес на граѓаните. За почеток тоа е добро, ќе помогне во изградбата на консензус и оформувањето на заеднички став кој ќе го отсликува интересот на македонските граѓани. Постојано зборуваме дека токму таквиот консензус во однос на виталните државни интереси е нешто што ни недостасува, а примерите за таквото однесување ги посочуваме кај нашите соседи кои секогаш настапуваат со здружени политички сили за прашањата кои што се однесуваат на нивните национални интереси. Треба да се огледаме на Словенија, па и на Хрватска, земји кои што ЕУ ја доживуваат на многу прагматичен начин. Земји кои што ја доживуваат како заедница од која гледаат што можат да добијат и да извлечат некаква полза, исто онака како што ја гледаа СФРЈ додека бевме заедно. Нашиот пристап кон ЕУ треба да биде ист како и нивниот, а не да го повторуваме оној што го имавме во СФРЈ односно најпрвин да се грижиме за заедничките, а дури потоа сопствените интереси. Верувам дека оние што подолго помнат ќе се согласат со ваквата констатација. Од тие причини и Македонија треба да гледа на своите евроинтеграции на таков начин, а јавниот дискурс да се движи во тој правец. Таквиот заеднички пристап и јавен дискурс ќе и помогне на секоја владејачка гарнитура во нејзините напори за остварување на националните интереси. Нас треба да нѐ интересира нашиот бенефит интегриран во заедничкиот, но никако само заедничкиот на штета на сопствениот. Треба се бориме да го зачуваме политичкиот и националниот идентитет на државата и на народот кои се загрозени од постојаните блокади и уцени, но во исто време да не го заборавиме и економскиот интерес и се она што оди во тој пакет. Комплицирано, но мора да има движење. Земајќи ги сите параметри во предвид, секоја подлабока анализа на извештајот во овој момент, во најмала рака е дискутабилна. Секоја темална анализа во услови кога одлуките и извештаите на една историска комисија се посилни од извештаите на Европската комисија, е надреална и апсурдна. Во услови кога ставот на едната страна од историската комисија истовремено може да претставува и копенхагеншки и бриселски критериуми за нашите евроинтеграции, читањето на извештајот на ЕК не може да се доживее поинаку освен како читање на нешто кое што претставува годишна обврска на евробирократите за да ја оправдаат својата плата. Толку и ништо повеќе!

The post Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија appeared first on Република.

]]>
Културното наследство на земјата треба подобро да се чува – укажува ЕК во Годишниот извештај https://republika.mk/vesti/kultura/kulturnoto-nasledstvo-na-zemjata-treba-podobro-da-se-chuva-ukazhuva-ek-vo-godishniot-izveshtaj/ Fri, 01 Nov 2024 12:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=833105

Во Годишниот извештај за напредокот на државава во делот за културата Европската комисија го наведува одложувањето да се усвојат измени на националното законодавство за култура - новата национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и заштита на културното наследство.

ЕК укажува дека „културното наследство на земјата треба подобро да се чува“ и треба да се разгледаат натамошни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на местата на културно наследство, како што е Старата скопска чаршија.

Министерството за култура треба да ги зајакне капацитетите за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјата, вклучително и наследството. Извештајот на Државниот завод за ревизија ја откри потребата од зајакнување на правниот и оперативниот систем на Агенцијата за филм на земјата, се наведува во документот.

Нотирано е и дека Македонија продолжила целосно да учествува во програмата на ЕУ „Креативна Европа“. 

 

The post Културното наследство на земјата треба подобро да се чува – укажува ЕК во Годишниот извештај appeared first on Република.

]]>

Во Годишниот извештај за напредокот на државава во делот за културата Европската комисија го наведува одложувањето да се усвојат измени на националното законодавство за култура - новата национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и заштита на културното наследство.

ЕК укажува дека „културното наследство на земјата треба подобро да се чува“ и треба да се разгледаат натамошни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на местата на културно наследство, како што е Старата скопска чаршија.

Министерството за култура треба да ги зајакне капацитетите за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјата, вклучително и наследството. Извештајот на Државниот завод за ревизија ја откри потребата од зајакнување на правниот и оперативниот систем на Агенцијата за филм на земјата, се наведува во документот.

Нотирано е и дека Македонија продолжила целосно да учествува во програмата на ЕУ „Креативна Европа“. 

 

The post Културното наследство на земјата треба подобро да се чува – укажува ЕК во Годишниот извештај appeared first on Република.

]]>
Процедурите за лекување во странство не се транспарентни и објективни, трошоците за здравство од сопствен џеб се високи, што е бариера за еднаков пристап до здравството, се вели во извештајот на Европската комисија https://republika.mk/zivot/zdravje/protsedurite-za-lekuvane-vo-stranstvo-ne-se-transparentni-i-objektivni-troshotsite-za-zdravstvo-od-sopstven-dheb-se-visoki-shto-e-bariera-za-ednakov-pristap-do-zdravstvoto-se-veli-vo-izveshtajot-na-ev/ Fri, 01 Nov 2024 12:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=833091

Здравството е еден од најголемите корисници на националниот буџет, а инспекциските служби се ранливи на корупција. Нема ефективни критериуми за означување цени на здравствени услуги или лекови. Процедурите за лекување во странство не се ниту транспарентни, ниту објективни. Трошоците за здравство од сопствен џеб се високи, што е бариера за еднаков пристап до здравството, се само дел од состојбите во државава, констатирани во Извештајот на Европската комисија (ЕК) за нејзиниот напредок во 2024 година.

Иако примарното здравство во Македонија е обезбедено бесплатно, ЕК наведува дека неговото финансирање е значително под просекот на Европската Унија. Опсегот на здравствените услуги и нивната достапност, особено специјалистичките медицински услуги и нивната географска дистрибуција, според извештајот, се несоодветни.

Од ЕК потсетуваат дека медицинските работници продолжуваат да го напуштаат јавното здравство за приватниот сектор или за да работат во странство. Се напоменува и тоа дека и покрај постоењето на апликацијата „е-здравство“, упати сѐ уште се даваат на хартија.

Националната легислатива за контролата на тутунот била во голема мера усогласена со Европската Унија, но, како што се подвлекува, не е системски имплементирана. Пушењето во голема мера сѐ уште е толерирано и несанкционирано во ресторани и други затворени објекти, заклучува ЕК, вклучувајќи ги јавните канцеларии и некои медицински установи.

Стапката на вакцинација е ниска за некои болести. Зголемени се свеста и бројот на реализирани трансплантации на крв, ткива, клетки и органи, иако правната рамка сѐ уште не е целосно усогласена со Европската Унија и ИТ модулот за трансплантација на ткива сѐ уште не е воспоставен. Усогласувањето со Европската Унија за правата на пациентите во прекуграничната здравствена заштита, сѐ уште не е започнато, се додава во извештајот.

Немало напредок кога станува збор ниту за лекови за луѓе, ниту за лекови за ветеринарна употреба. Со Европската Унија не била усогласена ниту националната легислатива кога станува збор за козметиката.

Зголемено е финансирањето за ретките болести, но, според извештајот на ЕК, недоволно, за да ги покрие трошоците за медицински третман на сите регистрирани пациенти.

Обидите за борба кога е во прашање нееднаквоста во здравството, особено за Ромите и луѓето кои живеат во сиромаштија и оние во оддалечени места, биле спроведени најмногу од интернационални организации и невладиниот сектор, наместо од здравствените власти. 

The post Процедурите за лекување во странство не се транспарентни и објективни, трошоците за здравство од сопствен џеб се високи, што е бариера за еднаков пристап до здравството, се вели во извештајот на Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Здравството е еден од најголемите корисници на националниот буџет, а инспекциските служби се ранливи на корупција. Нема ефективни критериуми за означување цени на здравствени услуги или лекови. Процедурите за лекување во странство не се ниту транспарентни, ниту објективни. Трошоците за здравство од сопствен џеб се високи, што е бариера за еднаков пристап до здравството, се само дел од состојбите во државава, констатирани во Извештајот на Европската комисија (ЕК) за нејзиниот напредок во 2024 година.

Иако примарното здравство во Македонија е обезбедено бесплатно, ЕК наведува дека неговото финансирање е значително под просекот на Европската Унија. Опсегот на здравствените услуги и нивната достапност, особено специјалистичките медицински услуги и нивната географска дистрибуција, според извештајот, се несоодветни.

Од ЕК потсетуваат дека медицинските работници продолжуваат да го напуштаат јавното здравство за приватниот сектор или за да работат во странство. Се напоменува и тоа дека и покрај постоењето на апликацијата „е-здравство“, упати сѐ уште се даваат на хартија.

Националната легислатива за контролата на тутунот била во голема мера усогласена со Европската Унија, но, како што се подвлекува, не е системски имплементирана. Пушењето во голема мера сѐ уште е толерирано и несанкционирано во ресторани и други затворени објекти, заклучува ЕК, вклучувајќи ги јавните канцеларии и некои медицински установи.

Стапката на вакцинација е ниска за некои болести. Зголемени се свеста и бројот на реализирани трансплантации на крв, ткива, клетки и органи, иако правната рамка сѐ уште не е целосно усогласена со Европската Унија и ИТ модулот за трансплантација на ткива сѐ уште не е воспоставен. Усогласувањето со Европската Унија за правата на пациентите во прекуграничната здравствена заштита, сѐ уште не е започнато, се додава во извештајот.

Немало напредок кога станува збор ниту за лекови за луѓе, ниту за лекови за ветеринарна употреба. Со Европската Унија не била усогласена ниту националната легислатива кога станува збор за козметиката.

Зголемено е финансирањето за ретките болести, но, според извештајот на ЕК, недоволно, за да ги покрие трошоците за медицински третман на сите регистрирани пациенти.

Обидите за борба кога е во прашање нееднаквоста во здравството, особено за Ромите и луѓето кои живеат во сиромаштија и оние во оддалечени места, биле спроведени најмногу од интернационални организации и невладиниот сектор, наместо од здравствените власти. 

The post Процедурите за лекување во странство не се транспарентни и објективни, трошоците за здравство од сопствен џеб се високи, што е бариера за еднаков пристап до здравството, се вели во извештајот на Европската комисија appeared first on Република.

]]>
ЕК покрена судски постапки против повеќе членки на ЕУ за неусогласеност со европските регулативи https://republika.mk/vesti/svet/ek-pokrena-sudski-postapki-protiv-poveke-chlenki-na-eu-za-neusoglasenost-so-evropskite-regulativi/ Thu, 03 Oct 2024 13:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=822237

Европската комисија покрена постапки пред Судот на правдата на ЕУ против повеќе земји членки на Унијата поради неспроведување на нивните обврски согласно европските регулативи. Станува збор за постапки поврзани со различни сектори и области, кои имаат за цел да обезбедат адекватна примена на правото на ЕУ во корист на граѓаните и бизнисите.

Со денешните одлуки, ЕК покрена постапка против Австрија поради нецелосно спроведување на европските норми во нејзините национални правила за спречување на големи несреќи поврзани со опасни материи, како и на одредбите од директивите на ЕУ за огнено оружје, за обновлива енергија и за изнајмени возила без возачи во товарниот транспорт.

За неспроведување на последната Директива е обвинета и Германија, која уште ќе одговара и за неусогласеност на нејзините даночни правила за доброволните пензиски фондови со правото на ЕУ.

Австрија и Германија, заедно со Италија се товарат и за нецелосна примена на Директивата за осигурување.

Против Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Словачка и Унгарија се покренати постапки за неспроведување на обврските од Директивата за бучава, со која се регулира дозволеното ниво на бучава во градските средни и се предвидени мерки за заштита од неа и соодветно урбанистичко планирање. Бугарија, Естонија и Ирска, пак, ќе се најдат пред Судот за неправилна имплементација на правото на ЕУ за борба против расизмот и ксенофобијата.

Бугарија, исто така, ќе одговара и за неусогласеност на нејзиното национално законодавство со Директивата на ЕУ за правото на пристап до адвокат и комуницирање по апсењето, со правилата за европски електронски патарини и со Директивата за осигурување на моторни возила, а заедно со Шведска и за неусогласеност со судските процедури за европскиот налог за апсење.

Грција и Малта, заедно со Луксембург, Словачка, Словенија и Шведска се обвинети за неадекватна имплементација на регулативите на ЕУ за пресумпција на невиност и за правото за присуство на судење, а заедно со Данска и Португалија и за невклучување на правилата за работното време во внатрешниот воден транспортот во нивните национални законодавства.

Грција треба да одговара пред Судот на правдата и за неспроведување на неговата пресуда за услугите за вмрежување на податоци, а заедно со Кипар и за неусогласеност на нивните национални законодавства со Директивата за професионални квалификации на ЕУ.

Кипар уште, заедно со Полска, Португалија и Шпанија ќе се најдат пред Судот на правдата поради тоа што не испратиле известување за имплементација на мерките поврзани со Директивата за обезбедување на глобално минимално ниво на оданочување на мултинационалните компании и големите домашни групации.

Дополнително, Кипар заедно со Чешка и Португалија ќе одговара и за неусогласеност со Законот за дигитални услуги на ЕУ, а Данска и Шпанија за неимплементирање на правилата за внатрешна пловидба и за признавање на сертификати од трета земја.

ЕК ја упати Естонија пред Судот на правдата и поради необезбедување ефикасен судски лек во случај на одбивање на барањата за издавање визи за престој, а Италија за неусогласеност на нејзиното законодавство за работните услови на почесните судии со правото на ЕУ, како и поради неспречување на злоупотребата на договорите за работа на определено време и на дискриминаторските услови за вработување.

Летонија треба да одговара за неусогласување на нејзиното национално законодавство со правилата за заштита на животинските видови, Луксембург за непочитување на европските правила за слобода на основање на компании, а Малта и за необезбедување ефикасна помош за наплата на побарувањата од другите земји членки на ЕУ и за непочитување на европските регулативи поврзани со пристанишните работници.

Португалија е тужена и за несоодветно складирање и третман на урбаните отпадни води, како и поради нецелосна примена на правилата за загадување од индустриски активности, а Романија дополнително се соочува и со постапка за нецелосно усогласување со Директивата за живеалишта на животинските видови, како и за ограничувања на цените, извозот и слободата на пазарот на електрична енергија и гас.

Унгарија, пак, ќе се најде пред Судот поради неусогласеност на нејзиното законодавство со Директивата за ефективни и соодветни санкции за неовластен влез, транзит и престој во Унијата, како и поради нејзиниот Закон за одбрана на суверенитетот, кој според ЕК, е во спротивност со правото на ЕУ. Дополнително, Будимпешта е обвинета и за неусогласеност на нејзиниот даночен режим со членови од Договорот за функционирањето на Европската Унија, како и за неправилна имплементација на Директивата за транспарентност. За исто дело се товари и Словачка.

Против Финска е покрената постапка поради неусогласеност со Рамковната директива за води, во делот на изработка на планови за заштита на реките и езерата, а Франција треба да одговара пред Судот за несоодветна имплементација на Директивата за пластика за еднократна употреба и на правилата на ЕУ за внатрешниот пазар на електрична енергија.

За непочитување на правилата на ЕУ за внатрешниот пазар на електрична енергија е обвинета и Чешка, која уште треба да одговара и за неисполнување на обврски од Визниот кодекс на ЕУ во делот на процедурите и условите за издавање визи за краток престој, како и за неусогласеност со Директивата за расна еднаквост.

Еврокомисијата покрена постапка против Шведска и поради нецелосна усогласеност со Директивата за вода за пиење, во делот на подобра заштита на човековото здравје преку подобрување на стандардите за квалитет на водата од чешмите.

Шпанија ќе се најде пред Судот на правдата и поради тоа што не спречила злоупотреба на правилата за вработување на определено време, како и поради дискриминаторски услови за вработување во јавниот сектор.

Покрај покренувањето на новите постапки, ЕК реши да затвори 133 случаи за кои пропустите се надминати од страна на земјите членки, без при тоа Комисијата да има потреба за спроведување на натамошни процедури.

The post ЕК покрена судски постапки против повеќе членки на ЕУ за неусогласеност со европските регулативи appeared first on Република.

]]>

Европската комисија покрена постапки пред Судот на правдата на ЕУ против повеќе земји членки на Унијата поради неспроведување на нивните обврски согласно европските регулативи. Станува збор за постапки поврзани со различни сектори и области, кои имаат за цел да обезбедат адекватна примена на правото на ЕУ во корист на граѓаните и бизнисите. Со денешните одлуки, ЕК покрена постапка против Австрија поради нецелосно спроведување на европските норми во нејзините национални правила за спречување на големи несреќи поврзани со опасни материи, како и на одредбите од директивите на ЕУ за огнено оружје, за обновлива енергија и за изнајмени возила без возачи во товарниот транспорт. За неспроведување на последната Директива е обвинета и Германија, која уште ќе одговара и за неусогласеност на нејзините даночни правила за доброволните пензиски фондови со правото на ЕУ. Австрија и Германија, заедно со Италија се товарат и за нецелосна примена на Директивата за осигурување. Против Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Словачка и Унгарија се покренати постапки за неспроведување на обврските од Директивата за бучава, со која се регулира дозволеното ниво на бучава во градските средни и се предвидени мерки за заштита од неа и соодветно урбанистичко планирање. Бугарија, Естонија и Ирска, пак, ќе се најдат пред Судот за неправилна имплементација на правото на ЕУ за борба против расизмот и ксенофобијата. Бугарија, исто така, ќе одговара и за неусогласеност на нејзиното национално законодавство со Директивата на ЕУ за правото на пристап до адвокат и комуницирање по апсењето, со правилата за европски електронски патарини и со Директивата за осигурување на моторни возила, а заедно со Шведска и за неусогласеност со судските процедури за европскиот налог за апсење. Грција и Малта, заедно со Луксембург, Словачка, Словенија и Шведска се обвинети за неадекватна имплементација на регулативите на ЕУ за пресумпција на невиност и за правото за присуство на судење, а заедно со Данска и Португалија и за невклучување на правилата за работното време во внатрешниот воден транспортот во нивните национални законодавства. Грција треба да одговара пред Судот на правдата и за неспроведување на неговата пресуда за услугите за вмрежување на податоци, а заедно со Кипар и за неусогласеност на нивните национални законодавства со Директивата за професионални квалификации на ЕУ. Кипар уште, заедно со Полска, Португалија и Шпанија ќе се најдат пред Судот на правдата поради тоа што не испратиле известување за имплементација на мерките поврзани со Директивата за обезбедување на глобално минимално ниво на оданочување на мултинационалните компании и големите домашни групации. Дополнително, Кипар заедно со Чешка и Португалија ќе одговара и за неусогласеност со Законот за дигитални услуги на ЕУ, а Данска и Шпанија за неимплементирање на правилата за внатрешна пловидба и за признавање на сертификати од трета земја. ЕК ја упати Естонија пред Судот на правдата и поради необезбедување ефикасен судски лек во случај на одбивање на барањата за издавање визи за престој, а Италија за неусогласеност на нејзиното законодавство за работните услови на почесните судии со правото на ЕУ, како и поради неспречување на злоупотребата на договорите за работа на определено време и на дискриминаторските услови за вработување. Летонија треба да одговара за неусогласување на нејзиното национално законодавство со правилата за заштита на животинските видови, Луксембург за непочитување на европските правила за слобода на основање на компании, а Малта и за необезбедување ефикасна помош за наплата на побарувањата од другите земји членки на ЕУ и за непочитување на европските регулативи поврзани со пристанишните работници. Португалија е тужена и за несоодветно складирање и третман на урбаните отпадни води, како и поради нецелосна примена на правилата за загадување од индустриски активности, а Романија дополнително се соочува и со постапка за нецелосно усогласување со Директивата за живеалишта на животинските видови, како и за ограничувања на цените, извозот и слободата на пазарот на електрична енергија и гас. Унгарија, пак, ќе се најде пред Судот поради неусогласеност на нејзиното законодавство со Директивата за ефективни и соодветни санкции за неовластен влез, транзит и престој во Унијата, како и поради нејзиниот Закон за одбрана на суверенитетот, кој според ЕК, е во спротивност со правото на ЕУ. Дополнително, Будимпешта е обвинета и за неусогласеност на нејзиниот даночен режим со членови од Договорот за функционирањето на Европската Унија, како и за неправилна имплементација на Директивата за транспарентност. За исто дело се товари и Словачка. Против Финска е покрената постапка поради неусогласеност со Рамковната директива за води, во делот на изработка на планови за заштита на реките и езерата, а Франција треба да одговара пред Судот за несоодветна имплементација на Директивата за пластика за еднократна употреба и на правилата на ЕУ за внатрешниот пазар на електрична енергија. За непочитување на правилата на ЕУ за внатрешниот пазар на електрична енергија е обвинета и Чешка, која уште треба да одговара и за неисполнување на обврски од Визниот кодекс на ЕУ во делот на процедурите и условите за издавање визи за краток престој, како и за неусогласеност со Директивата за расна еднаквост. Еврокомисијата покрена постапка против Шведска и поради нецелосна усогласеност со Директивата за вода за пиење, во делот на подобра заштита на човековото здравје преку подобрување на стандардите за квалитет на водата од чешмите. Шпанија ќе се најде пред Судот на правдата и поради тоа што не спречила злоупотреба на правилата за вработување на определено време, како и поради дискриминаторски услови за вработување во јавниот сектор. Покрај покренувањето на новите постапки, ЕК реши да затвори 133 случаи за кои пропустите се надминати од страна на земјите членки, без при тоа Комисијата да има потреба за спроведување на натамошни процедури.

The post ЕК покрена судски постапки против повеќе членки на ЕУ за неусогласеност со европските регулативи appeared first on Република.

]]>
Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа https://republika.mk/vesti/svet/od-kralitsa-do-tsaritsa-ursula-fon-der-lajen-ja-prigrabuva-tselokupnata-vlast-vo-evropa/ Thu, 19 Sep 2024 08:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=817683

Урсула фон дер Лајен ја презеде целата власт во Европската Унија под своја контрола, пишува „Политико“. Во текстот се наведува дека Фон дер Лајен ја исчисти целата внатрешна опозиција во Европската комисија и не се двоумеше да изврши измама, ветувајќи им на своите сојузници силни портфолија, но давајќи им само помали функции во ЕК.

Кога Урсула фон дер Лајен го претстави својот тим за следната Европска комисија, таа истовремено ги замолкна сомнежите за тоа кој е навистина одговорен во Брисел.

[caption id="attachment_817688" align="aligncenter" width="542"] Фото: Принтскрин насловна Политико[/caption]

Додека таа ѝ ги откри на јавноста 26. комесари и нивните улоги, една точка беше веднаш јасна: таа ќе имаше неограничена контрола врз политиката на Европската унија. За неколку минути, таа воведе голема титула со мала одговорност за една од најмоќните земји во Европската унија, ги поддржа своите пријатели и ги разводни моќните портфолија со тоа што ги делеше на повеќе луѓе, пишува „Политико“.

Зграпчувањето на моќта беше завршено.

Таа ќе има уште поголема контрола над сè. Кој мислеше дека тоа е можно?“, вели еден функционер на ЕУ, кој, како и другите цитирани во овој текст, добил анонимност за да зборува слободно.

Целиот текст на „Политико“.

The post Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа appeared first on Република.

]]>

Урсула фон дер Лајен ја презеде целата власт во Европската Унија под своја контрола, пишува „Политико“. Во текстот се наведува дека Фон дер Лајен ја исчисти целата внатрешна опозиција во Европската комисија и не се двоумеше да изврши измама, ветувајќи им на своите сојузници силни портфолија, но давајќи им само помали функции во ЕК. Кога Урсула фон дер Лајен го претстави својот тим за следната Европска комисија, таа истовремено ги замолкна сомнежите за тоа кој е навистина одговорен во Брисел. [caption id="attachment_817688" align="aligncenter" width="542"] Фото: Принтскрин насловна Политико[/caption] Додека таа ѝ ги откри на јавноста 26. комесари и нивните улоги, една точка беше веднаш јасна: таа ќе имаше неограничена контрола врз политиката на Европската унија. За неколку минути, таа воведе голема титула со мала одговорност за една од најмоќните земји во Европската унија, ги поддржа своите пријатели и ги разводни моќните портфолија со тоа што ги делеше на повеќе луѓе, пишува „Политико“. Зграпчувањето на моќта беше завршено.
Таа ќе има уште поголема контрола над сè. Кој мислеше дека тоа е можно?“, вели еден функционер на ЕУ, кој, како и другите цитирани во овој текст, добил анонимност за да зборува слободно.
Целиот текст на „Политико“.

The post Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа appeared first on Република.

]]>
Европската комисија ќе ја тужи Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/evropskata-komisija-ke-ja-tuzhi-bugarija/ Thu, 25 Jul 2024 10:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=800154

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската унија поради бугарскиот закон за социјални услуги, кој одредува максимално времетраење од шест месеци за обезбедување на времени социјални услуги

Бугарскиот закон за социјални услуги е во спротивност со европското законодавство, објаснуваат од ЕК. Земјите од ЕУ не можат да постават максимален временски рок за привремени услуги. Концептот на привремено давање услуги се заснова на неколку различни индикатори, како што се времетраењето, редовноста, периодичноста или континуитетот на услугите. Државите не можат да бараат од економските оператори да основаат деловно место на нивната територија заради услуги, се додава во соопштението.

Во јули 2019 година, ЕК испрати прво официјално писмо за известување, проследено со образложено мислење во јули 2020 година. Бугарија го призна прекршувањето во 2020 година, но не презеде ништо за да се усогласи. Бидејќи Бугарија и понатаму ги прекршува правилата на ЕУ, комисијата одлучи да го поднесе предметот до Судот на правдата на ЕУ

The post Европската комисија ќе ја тужи Бугарија appeared first on Република.

]]>

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската унија поради бугарскиот закон за социјални услуги, кој одредува максимално времетраење од шест месеци за обезбедување на времени социјални услуги Бугарскиот закон за социјални услуги е во спротивност со европското законодавство, објаснуваат од ЕК. Земјите од ЕУ не можат да постават максимален временски рок за привремени услуги. Концептот на привремено давање услуги се заснова на неколку различни индикатори, како што се времетраењето, редовноста, периодичноста или континуитетот на услугите. Државите не можат да бараат од економските оператори да основаат деловно место на нивната територија заради услуги, се додава во соопштението. Во јули 2019 година, ЕК испрати прво официјално писмо за известување, проследено со образложено мислење во јули 2020 година. Бугарија го призна прекршувањето во 2020 година, но не презеде ништо за да се усогласи. Бидејќи Бугарија и понатаму ги прекршува правилата на ЕУ, комисијата одлучи да го поднесе предметот до Судот на правдата на ЕУ

The post Европската комисија ќе ја тужи Бугарија appeared first on Република.

]]>
Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/mishel-misijata-e-zavrshena-gi-izbravme-nositelite-na-vrvnite-funktsii-vo-eu/ Fri, 28 Jun 2024 06:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=791416

Задоволство ми е да објавам дека Европскиот совет донесе одлука поранешниот португалски премиер Антонио Кошта да биде избран за нов претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен да биде предложена за претседателка на Европската комисија и во следниот мандат, а естонската премиерка Каја Калас да биде кандидат за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави актуелниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел.

Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ.

Според него, Европскиот совет ја манифестирал својата одговорност со тоа што ја донесе ваквата важна, есенцијална и тешка одлука и успеа да го заврши Самитот во еден ден, минувајќи ги сите точки од дневниот ред, иако беше планирано тој да трае два дена.

Со номинациите е испратен моќен сигнал, моќен европски демократски сигнал, бидејќи ги земавме предвид изборните резултатите, порача Мишел.

Тој најави дека сега ќе продолжи институционалната процедура за избор на претседателката на Европската комисија и на високата претставничка од страна на Европскиот парламент.

Сега Европскиот парламент ќе ја одигра својата улога и ќе ја покаже својата одговорност, додаде Мишел, посакувајќи им успех во работата на новите носители на врвните позиции во ЕУ.

Новоизбраниот претседател на Советот на ЕУ, Кошта во обраќање на прес-конференцијата преку видео конференциска врска, им се заблагодари на европските лидери за укажаната доверба со неговиот избор.

Тој изрази задоволство што ќе биде дел од тимот со Фон дер Лајен и Калас, кои како што рече, се „извонредни Европејки“.

Сигурен сум дека нашата соработка ќе биде многу успешна во служењето на Европа и на европските граѓани. Европа и светот се соочуваат со предизвикувачки момент, но Европската унија ја манифестираше својата отпорност, секогаш наоѓајќи ја силата во единството. Изградбата на единството меѓу сите земји членки ќе биде мој главен приоритет кога ќе ја преземам функцијата во декември, истакна Кошта.

Тој додаде и дека ќе се фокусира на поставување на усвоената Стратешка агенда на ЕУ на вистинскиот пат и упати благодарност до Португалија и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса за поддршката за добивање на овој мандат.

Фон дер Лајен, исто така, изрази благодарност до лидерите на ЕУ за нејзината номинација за втор мандат како претседателка на Европската комисија.

Почестена сум и воодушевена што овој специјален момент можам да го споделам со мојот драг пријател Антонио Кошта, но исто така и со мојата драга пријателка Каја Калас, која ќе биде и потпретседателка на Европската комисија, додаде Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека сега очекува Европскиот парламент да го потврди нејзиниот избор, откако таа претходно пред европратениците ќе ги презентира своите политички насоки за следните пет години.

Изразувајќи благодарност за нејзината номинација за висока претставничка, Калас рече дека тоа за неа претставува огромна одговорност во време на геополитички тензии.

Има војна во Европа и растечка нестабилност на глобално ниво, кои претставуваат главен предизвик за европската надворешна политика. Моја цел е да работам на европското единство, заштита на европските интереси и вредности во геополитички контекст и на изградба на партнерства кои се многу важни во ова време, истакна Калас, додавајќи дека е подготвена да соработува и со земјите членки и со европските институции.

Таа изрази задоволство што ќе може да соработува со Фон дер Лајен и со Кошта, со кои, како што нагласи, ќе претставуваат одличен тим во остварување на целите на Европската унија.

- Многу сум почестена и благодарна. Ова не е чест само за мене, туку исто така и за Естонија, која е членка на ЕУ 20 години, потенцира Калас.

Изборот на тројцата врвни функционери во Унијата беше извршен врз основа на договорот постигнат меѓу трите партиски групации од т.н. „проевропско“ мнозинство во Европарламентот, Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“.

Според дипломатски извори, италијанската премиерка Џорџа Мелони, која претходно изрази несогласување со договорот за распределба на највисоките позиции во ЕУ, се воздржала од гласањето за кандидатурата на Фон дер Лајен, а се изјаснила „против“ изборот на Кошта и Калас.

Во објава на Икс, Мелони оцени дека ваквиот договор е „погрешен по методологијата и суштината“, додавајќи дека гласала на начинот на кој што гласала „од почит кон граѓаните и индициите што го добила од тие граѓани за време на изборите“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој договорот го оцени како срамен, пак гласал „за“ изборот на Кошта, „против“ номинацијата на Фон дер Лајен и се воздржал од гласање за кандидатурата на Калас.

The post Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Задоволство ми е да објавам дека Европскиот совет донесе одлука поранешниот португалски премиер Антонио Кошта да биде избран за нов претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен да биде предложена за претседателка на Европската комисија и во следниот мандат, а естонската премиерка Каја Калас да биде кандидат за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави актуелниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел.
Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ.
Според него, Европскиот совет ја манифестирал својата одговорност со тоа што ја донесе ваквата важна, есенцијална и тешка одлука и успеа да го заврши Самитот во еден ден, минувајќи ги сите точки од дневниот ред, иако беше планирано тој да трае два дена.
Со номинациите е испратен моќен сигнал, моќен европски демократски сигнал, бидејќи ги земавме предвид изборните резултатите, порача Мишел.
Тој најави дека сега ќе продолжи институционалната процедура за избор на претседателката на Европската комисија и на високата претставничка од страна на Европскиот парламент.
Сега Европскиот парламент ќе ја одигра својата улога и ќе ја покаже својата одговорност, додаде Мишел, посакувајќи им успех во работата на новите носители на врвните позиции во ЕУ.
Новоизбраниот претседател на Советот на ЕУ, Кошта во обраќање на прес-конференцијата преку видео конференциска врска, им се заблагодари на европските лидери за укажаната доверба со неговиот избор. Тој изрази задоволство што ќе биде дел од тимот со Фон дер Лајен и Калас, кои како што рече, се „извонредни Европејки“.
Сигурен сум дека нашата соработка ќе биде многу успешна во служењето на Европа и на европските граѓани. Европа и светот се соочуваат со предизвикувачки момент, но Европската унија ја манифестираше својата отпорност, секогаш наоѓајќи ја силата во единството. Изградбата на единството меѓу сите земји членки ќе биде мој главен приоритет кога ќе ја преземам функцијата во декември, истакна Кошта.
Тој додаде и дека ќе се фокусира на поставување на усвоената Стратешка агенда на ЕУ на вистинскиот пат и упати благодарност до Португалија и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса за поддршката за добивање на овој мандат. Фон дер Лајен, исто така, изрази благодарност до лидерите на ЕУ за нејзината номинација за втор мандат како претседателка на Европската комисија.
Почестена сум и воодушевена што овој специјален момент можам да го споделам со мојот драг пријател Антонио Кошта, но исто така и со мојата драга пријателка Каја Калас, која ќе биде и потпретседателка на Европската комисија, додаде Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека сега очекува Европскиот парламент да го потврди нејзиниот избор, откако таа претходно пред европратениците ќе ги презентира своите политички насоки за следните пет години. Изразувајќи благодарност за нејзината номинација за висока претставничка, Калас рече дека тоа за неа претставува огромна одговорност во време на геополитички тензии.
Има војна во Европа и растечка нестабилност на глобално ниво, кои претставуваат главен предизвик за европската надворешна политика. Моја цел е да работам на европското единство, заштита на европските интереси и вредности во геополитички контекст и на изградба на партнерства кои се многу важни во ова време, истакна Калас, додавајќи дека е подготвена да соработува и со земјите членки и со европските институции.
Таа изрази задоволство што ќе може да соработува со Фон дер Лајен и со Кошта, со кои, како што нагласи, ќе претставуваат одличен тим во остварување на целите на Европската унија. - Многу сум почестена и благодарна. Ова не е чест само за мене, туку исто така и за Естонија, која е членка на ЕУ 20 години, потенцира Калас. Изборот на тројцата врвни функционери во Унијата беше извршен врз основа на договорот постигнат меѓу трите партиски групации од т.н. „проевропско“ мнозинство во Европарламентот, Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“. Според дипломатски извори, италијанската премиерка Џорџа Мелони, која претходно изрази несогласување со договорот за распределба на највисоките позиции во ЕУ, се воздржала од гласањето за кандидатурата на Фон дер Лајен, а се изјаснила „против“ изборот на Кошта и Калас. Во објава на Икс, Мелони оцени дека ваквиот договор е „погрешен по методологијата и суштината“, додавајќи дека гласала на начинот на кој што гласала „од почит кон граѓаните и индициите што го добила од тие граѓани за време на изборите“. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој договорот го оцени како срамен, пак гласал „за“ изборот на Кошта, „против“ номинацијата на Фон дер Лајен и се воздржал од гласање за кандидатурата на Калас.

The post Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Почнува битката за поделба на ресорите во новата Европска комисија https://republika.mk/vesti/svet/pochnuva-bitkata-za-podelba-na-resorite-vo-novata-evropska-komisija/ Sat, 08 Jun 2024 06:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=785641

Европската комисија e извршното тело на ЕУ што ја сочинуваат претседателот, високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност и 25 еврокомесари задолжени за одделни ресори или вкупно 27 члена, колку што изнесува и бројката на земји членки на блокот.

Со ова се обезбедува секоја од 27-те земји членки на ЕУ има по еден член на Комисијата, но не е сеедно дали некој ќе раководи со трговските прашања, надворешната и безбедносната политика, контролата над конкурентноста, земјоделството, со образованието или спортот. Од таму во следните недели клучни прашања во ЕУ ќе бидат кој ќе ја добие моќната позиција на комесар за трговија и ќе ја „менаџира“ трговската војна на ЕУ со Кина, дали Полјаците ќе го заземат очекуваниот нов ресор за одбрана за да се спротивстават на нивните големи ривали Русите или кој ќе биде „полицаецот“ што ќе ја контролира работата на американските технолошки гиганти како „Епл“ и „Гугл“.

За најпосакувани позиции, покрај оние на претседателот и високиот претставник, важат и комесарските функциии за трговија и конкурентност, а во најмалку посакуваните или дури утешни ресори се вбројуваат спорт, образование и мултијазичноста.

При изборот на сегашната Европска комисија нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен побара од земјите членки да предложат по двајца кандидати - маж и жена - за функцијата еврокомесар. Ако биде реизбрана на функцијата, веројатно ќе можеме да ја очекуваме истата постапка.

Иако, Евроизборите се уште не се завршени, во кулоарите веќе се споменуваат можните кандидати за идни еврокомесари.

Австрија, продолжува Едштадлер, „подолго време повикува нешто да се направи, особено кога се во прашање Македонија и Албанија“. Двете земји го чекаат почетокот на пристапните преговор

Така, како најсериозен австриски кандидат за еврокомесар се споменува актуелната министерка за ЕУ на Австрија, Каролине Едштадлер, која е членка на Австриската народна партија (ОВП), односно Европската народна партија (ЕПП). Виена за Едштадлер го посакува ресорот за проширување и соседска политика.

Од Белгија во игра се неколку кандидати - актуелниот премиер Александер Де Кро од партијата Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД)/либералната група „Да ја обединиме Европа“ , претседателот на валонската Регионалната влада Елио Ди Рупо од Социјалистичката партија (ПС)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД), лидерот на ПС Пол Магнет, белгискиот министер за здравство Френк Ванденбрук од социјалдемократската партија Напред (Воројт)/СД и поранешната белгиска премиерка и актуелна пратеничка Софи Вилмес од Реформското движење (МР)/РЕ. Во Белгија утре заедно со евроизборите се одржуваат и избори за Федералниот премиер и за членови на регионалните парламенти на Брисел, Валонија и Фландрија, па идниот белгиски еврокомесар се очекува да биде дел од пакет договорот за идната влада, што може да го одолговлече неговиот избор. За Брисел како најпрефериран ресор во идната Еврокомисија се посочува климатската политика, што секако ќе зависи и од составот на идната белгиска влада.

Во Бугарија, како и во Белгија, утре заедно со европските се одржуваат и парламентарни избори, па идниот бугарски еврокомесар ќе зависи од изборните резултати и идната влада што би се формирала по изборите. Сепак, како најсериозен кандидат се споменува европратеничката Ева Мајдел од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ)/ЕПП. Софија нема преференции за одреден ресор, но бидејќи Мајдел е експерт за дигитализација и вештачка интелигенција, доколку таа биде конечниот избор за еврокомесар веројатно ќе добие некое портфолио поврзано со нејзината стручност.

Од Данска како потенцијални идни еврокомесари се споменуваат министрите за климатска политика и развој Дан Јоргенсен и за бизнис Мортен Бодсков и двајцата членови на партијата Социјалдемократи (С)/СД. Но, како можен кандидат за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност се посочува и данската премиерка Мете Фредериксен од С/СД, па доколку таа биде избрана на оваа должност, Данска нема да има свој еврокомесар. Фредериксен е во игра и за претседателка на Советот на ЕУ, па ако дојде на оваа позиција, тогаш би имало и дански еврокомесар. Копенхаген би сакал да го добие ресорот трговија.

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина.

Естонија има двајца кандидати за еврокомесар – актуелната премиерка Каја Калас од Естонската реформска партија ЕР/Либерали и нејзиниот сопартиец, поранешен министер за надворешни работи и актуелен европратеник Урмас Пает. Доколку изборот падне на Калас, на која и се даваат поголеми шанси, таа би можела да стане и висок претставник за надворешна политика и безбедност, но тоа сепак ќе зависи и од договорот за распределба на останатите врвни функции во ЕУ.

Доколку Урсула фон дер Лајен биде реизбрана за претседателка на Европската комисија, тогаш Германија како и во сегашниот мандат ќе нема свој еврокомесар. Но, доколку Фон дер Лајен не добие доволна поддршка за реизбор, тогаш како главен фаворит за германски еврокомесар би се наметнала министерката за надворешни работи Аналена Баербок, но во игра се и двајцата државни секретари во Министерството за економија, Франциска Брантнер и Свен Гиголд, сите тројца членови на партијата Зелени-Сојуз 90/Зелени. Берлин би сакал да ја задржи раководната позиција со ЕК, но доколку не успее во тоа сигурно ќе инсистира на некој од „најпосакуваните“ ресори.

Грција има неколку кандидати за еврокомесар, меѓу кои како најсерозен се споменува актуелниот претседател на Европската комисија за промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас. Покрај Схинас, во игра се и министрите за внатрешни и за надворешни работи Ники Керамеус и Јоргос Герапетритис и поранешниот државен министер Ставрос Папаставру. Сите четворица се членови на владејачката партија Нова демократија (НД)/ЕПП. Атина е заинтересирана во следната ЕК да ги добие ресорите миграција или одбрана.

Ирска како фаворит за еврокомесар го има министерот за финансии Мајкл Мекграт, но во игра се и вицепремиерот и поранешен премиер Мајкл Мартин и министерот за земјоделство Чарли Меконалог, сите членови на Фајана Феил-Републиканска партија/Либерали. Даблин би сакал да го добие ресорот финансии.

 - Едностраните иницијативи не можат да доведат до решение на проблемот, високо го ценам конструктивниот став што Србија го покажа вчера, изјави Тајани по средбата со неговиот српски колега И

И Италија има неколкумина кандидати за еврокомесар, сите актуелни министри - за европски прашања Рафаеле Фито, за земјоделство Франческо Лолобриџида, за надворешни работи Антонио Тајани, за економски развој Адолфо Урсо и за одбрана Гвидо Крозето. Сите освен Тајани, кој е лидер на Форца Италија/ЕПП, се членови на партијата Браќа на Италија/Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). Како сериозен италијански кадар за функција во Брисел се споменува и поранешниот премиер Марио Драги, но малку е веројатно дека тој би се согласил да биде „обичен“ европски комесар. Името на Драги е во игра и за претседател на Европската комисија, доколку Фон дер Лајен не биде реизбрани, но тоа што не е член на ниту една партија се смета за негов „минус“. Рим би сакал да го добие раководењето со некој „моќен“ економски ресор.

Кога станува збор за Кипар, во игра се четири имиња – актуелната еврокомесарка за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес и поранешните министри за финансии - Харис Георгијадес, за енергија Јоргос Лакотрипис и за надворешни работи Константинос Комбос. Сите, освен Комбос кој е независен, се членови на Демократскиот собир (ДИСИ)/ЕПП. Никозија би сакала да го задржи ресорот здравство, но влијателното кипарско бродско лоби го преферира ресорот транспорт.

Летонија најверојатно одново ќе го предложи извршниот потпретседател на ЕК и еврокомесар за трговија Валдис Домбровскис, за кого Рига го посакува раководењето со внатрешниот пазар или потенцијално „некој ресор поврзан со Украина“. Домбровскис е член на партијата Единство (В)/ЕПП.

Кандидат на Литванија за еврокомесар е шефот на дипломатијата Габриелиус Ландсбергис од Татковинскиот сојуз-Литвански христијански демократи (ТС-ЛКД)/ЕПП. Вилнус би сакал да го добие раководењето со ресор поврзан со надворешната политика и соработка.

Еврокомесарот за работни места и социјални права, Луксембуржанецот Николас Шмит најави дека е заинтересиран да биде водечки кандидат на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на изборите з

Согласно коалицискиот договор за формирање на актуелната Влада, кандидат на Луксембург за еврокомесар треба да биде досегашниот европратеник Криштоф Хансен од Христијанско социјалната народна партија (ЦСВ)/ЕПП. Но, доколку Фон дер Лајен биде реизбрана на функцијата би можела да претпочита во Еврокомисијата да остане актуелниот еврокомесар за работни места и социјални права Николас Шмит од Луксембуршката социјалистичка работничка партија (ЛСАП) и шпиценкандидат на СД на Евроизборите, па потенцијално да се обиде да го убеди луксембуршкиот премиер Лук Фриден за отстапка, со тоа што Шмит би добил некој поважен ресор, како на пример финансии, кој го претпочита Владата во Луксембург.

Фаворитка на Малта за еврокомесар е министерката за животна средина и енергија Миријам Дали од Лабуристичката партија (ПЛ)/СД, откако претходниот „сигурен кандидат“, нејзиниот сопартиец Крис Ферн беше принуден да поднесе оставка на местото вицепремиер и министер за европски фондови, социјален дијалог и заштита на потрошувачите поради обвиненија за измама и злоупотреба на функцијата. Ла Валета нема некое преферирано портфолио, но веројатно согласно големината на земјата ќе добие некој од „помалку важните“ ресори.

Речиси сигурен кандидат на Полска за еврокомесар е министерот за надворешни работи Радослав Сикорски од Граѓанската платформа (ПО)/ЕПП. Варшава го сака новиот ресор за одбрана, но би се задоволила и со портфолиото за проширување.

Во комбинација за фаворит на Португалија за еврокомесар се поранешните министри за регионален развој Мигел Појарес Мадуро и за финансии Марија Луиза Албукерке, и двајцата членови на Социјалдемократската партија (ПСД)/ЕПП, како и независниот градоначалник на Порто, Руи Мореира. Како сигурен кандидат за португалски еврокомесар важеше донеодамнешниот европратеник и заменик лидер на ПСД, Пауло Рангел, но малку е веројатно дека тој ќе премине во Брисел откако пред два месеци беше избран за министер за надворешни работи на Португалија. Лисабон јавно не пројавува амбиции за одреден ресор, но неофицијално се споменува интересот за иновациите.

Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Романија најверојатно ќе се определи за актуелниот шеф на државата Клаус Јоханис од Националната либерална партија (ПЛН)/ЕПП, чиј претседателски мандат истекува во декември. Јоханис пројавува амбиции за преземање на функцијата генерален секретар на НАТО, а неговото име е во игра и за претседател на Европската комисија, доколку не тоа место не биде реизбрана Фон дер Лајен. Доколку и стане европски комесар, Јоханис покрај одреден ресор веројатно ќе претендира и на потпретседателска должност. Букурешт нема пројавено интерес за конкретен ресор, но би бил задоволен со портфолиото кохезија.

Словачка најверојатно одново ќе го предложил актуелниот прв потпретседател на ЕК, извршен потпретседател за Европскиот зелен договор и еврокомесар за меѓуинституционални односи Марош Шефчович од партијата Насока-Социјална демократија (СМЕР-СД)/суспендирана членка на СД, кој со својот авторитет би можел да добие некој значаен ресор. Како можен кандидат се споменува и Мирослав Лајчак, актуелен специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и Западниот Балкан, кој од септември треба да ја преземе должноста евроамбасадор во Швајцарија. Братислава исто така нема јавно искажано преференции за одреден ресор.

Како кандидат на Словенија за еврокомесар се споменува Томаж Весел, поранешен претседател на словенечката Ревизорска управа и близок соработник на премиерот Роберт Голоб од Движењето Слобода (ГС)/Либерали. Љубљана е заинтересирана за ресорите демократија, финансии или конкуренција.

Унгарија би сакала актуелниот еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји да го задржи ресорот, што е малку веројатно дури доколку тој остане член и на следната Европска комисија. Но, Вархеји е познат по неговите блиски врски со Србија и квалификацијата на европратениците како „идиоти“, што би можело да резултира со одбивање на неговата кандидатура како што беше случај и со првиот предлог на Будимпешта во 2019 година - Ласло Трочањи. Во тој случај, како најсериозна кандидатка се посочува европратеничката Енико Ѓури, која е поранешна државна секретарка за европски прашања и амбасадорка на Унгарија во Рим и Мадрид. И Вархеји и Ѓури се членови на партијата Фидес, која е поранешна членка на ЕПП, а сега без европска афилијација, но со амбиција да се приклучи кон ЕЦР.

Предвидено е Вархеји да има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе стане збор за напредокот во процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. Се очекува во фокусот да биде надми

Финска има две кандидатки за еврокомесар - европратеничката Хена Виркунен и министерката за надворешни работи Елина Валтонен и двете членки на Националната коалициска партија (КОК)/ЕПП. Хелсинки го преферира ресорот конкурентност, но би се согласил и со одбраната, проширувањето, економијата или климатската политика.

Како кандидати на Франција се споменуваат актуелниот еврокомесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, министерот за финансии Бруно Ле Мер и поранешната премиерка Елизабет Борн, сите тројца од партијата Ренесанса (РЕ)/Либерали. Париз би сакал да го добие „зајакнатиот“ ресор за економија, кој би ги опфатил економската и индустриската политика на ЕУ и конкурентноста.

Името на кандидатот на Холандија за еврокомесар е дел од шестмесечните преговори за формирањето на новата холандска влада, но доколку новите коалициски партнери не успеат да се усогласат околу заеднички предлог, можно е актуелниот еврокомесар за климатска акција Вопке Хукстра да остане член на Еврокомисијата иако неговата партија Христијанско демократски повик (ЦДА)/ЕПП нема да биде дел од идниот владин кабинет. Ресорот кој би го добил Хаг меѓу другото делумно зависи и од тоа дали холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде избран за генерален секретар на НАТО.

Хрватска најверојатно ќе се реши да ја задржи актуелната комесарка за демократија и демографија Дубравка Шуица од Хрватската демократска заедница (ХДЗ)/ЕПП, но не е познато за кој ресор би бил заинтересиран Загреб. Сепак, доколку Фон дер Лајен не биде реизбрана на функцијата, меѓу можните кандидати за претседател на Еврокомисијата се споменува и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ (ХДЗ/ЕПП). Доколку Пленковиќ застане на чело на ЕК, тогаш Хрватска ќе нема ресорен еврокомесар.

Македонија направи огромни жртви за да си ја обезбеди европска иднина и земјата заслужува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, изјави хрватскиот премиер Андреј Пле

Од Чешка како можни кандидати за еврокомесар се споменуваат поранешната претседателска кандидатка Дануше Нерудова од партијата Градоначалници и независни (СТАН)/ЕПП, европратеникот Марсел Колаја од Чешката пиратска партија (Пирати)/Зелени, како и заменик министерот за финансии Марек Мора и министерот за трговија Јозеф Сикела, кои не се членови на ниту една партија. Согласно коалицискиот договор за формирање на чешката Влада, кандидатот за еврокомесарот треба да го номинираат СТАН или Пиратите. Фаворит на СТАН е Нерудова, а на Пиратите – Колаја, но премиерот Петр Фиала, кој го има последниот збор во предлагањето на кандидатот за еврокомесар, ги преферира Мора (кој е дел од владата на предлог на Граѓанската демократска партија (ОДС)/ЕЦР) или Сикела (кој е министер предложен од СТАН). Прага ги преферира ресорите енергија, економија, внатрешен пазар или неочекуваната комесарска позиција за одбрана.

Како кандидати на Шведска за еврокомесари се споменуваат министерката за европски прашања Џесика Росвол, поранешниот премиер Карл Билт и европратеникот Томас Тобе, сите тројца од Умерената коалициска партија (М)/ЕПП.  Стокхолм отворено нема пројавено интерес за конкретен ресор.

Кандидат на Шпанија за еврокомесар е вицепремиерката и министерка за еколошка транзиција Тереза Рибера Родригез од Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ)/СД. Мадрид би сакал да го добие ресорот за спроведување на зелениот договор, за климатската акција или за енергија.

The post Почнува битката за поделба на ресорите во новата Европска комисија appeared first on Република.

]]>

Европската комисија e извршното тело на ЕУ што ја сочинуваат претседателот, високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност и 25 еврокомесари задолжени за одделни ресори или вкупно 27 члена, колку што изнесува и бројката на земји членки на блокот. Со ова се обезбедува секоја од 27-те земји членки на ЕУ има по еден член на Комисијата, но не е сеедно дали некој ќе раководи со трговските прашања, надворешната и безбедносната политика, контролата над конкурентноста, земјоделството, со образованието или спортот. Од таму во следните недели клучни прашања во ЕУ ќе бидат кој ќе ја добие моќната позиција на комесар за трговија и ќе ја „менаџира“ трговската војна на ЕУ со Кина, дали Полјаците ќе го заземат очекуваниот нов ресор за одбрана за да се спротивстават на нивните големи ривали Русите или кој ќе биде „полицаецот“ што ќе ја контролира работата на американските технолошки гиганти како „Епл“ и „Гугл“. За најпосакувани позиции, покрај оние на претседателот и високиот претставник, важат и комесарските функциии за трговија и конкурентност, а во најмалку посакуваните или дури утешни ресори се вбројуваат спорт, образование и мултијазичноста. При изборот на сегашната Европска комисија нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен побара од земјите членки да предложат по двајца кандидати - маж и жена - за функцијата еврокомесар. Ако биде реизбрана на функцијата, веројатно ќе можеме да ја очекуваме истата постапка. Иако, Евроизборите се уште не се завршени, во кулоарите веќе се споменуваат можните кандидати за идни еврокомесари. Австрија, продолжува Едштадлер, „подолго време повикува нешто да се направи, особено кога се во прашање Македонија и Албанија“. Двете земји го чекаат почетокот на пристапните преговор Така, како најсериозен австриски кандидат за еврокомесар се споменува актуелната министерка за ЕУ на Австрија, Каролине Едштадлер, која е членка на Австриската народна партија (ОВП), односно Европската народна партија (ЕПП). Виена за Едштадлер го посакува ресорот за проширување и соседска политика. Од Белгија во игра се неколку кандидати - актуелниот премиер Александер Де Кро од партијата Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД)/либералната група „Да ја обединиме Европа“ , претседателот на валонската Регионалната влада Елио Ди Рупо од Социјалистичката партија (ПС)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД), лидерот на ПС Пол Магнет, белгискиот министер за здравство Френк Ванденбрук од социјалдемократската партија Напред (Воројт)/СД и поранешната белгиска премиерка и актуелна пратеничка Софи Вилмес од Реформското движење (МР)/РЕ. Во Белгија утре заедно со евроизборите се одржуваат и избори за Федералниот премиер и за членови на регионалните парламенти на Брисел, Валонија и Фландрија, па идниот белгиски еврокомесар се очекува да биде дел од пакет договорот за идната влада, што може да го одолговлече неговиот избор. За Брисел како најпрефериран ресор во идната Еврокомисија се посочува климатската политика, што секако ќе зависи и од составот на идната белгиска влада. Во Бугарија, како и во Белгија, утре заедно со европските се одржуваат и парламентарни избори, па идниот бугарски еврокомесар ќе зависи од изборните резултати и идната влада што би се формирала по изборите. Сепак, како најсериозен кандидат се споменува европратеничката Ева Мајдел од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ)/ЕПП. Софија нема преференции за одреден ресор, но бидејќи Мајдел е експерт за дигитализација и вештачка интелигенција, доколку таа биде конечниот избор за еврокомесар веројатно ќе добие некое портфолио поврзано со нејзината стручност. Од Данска како потенцијални идни еврокомесари се споменуваат министрите за климатска политика и развој Дан Јоргенсен и за бизнис Мортен Бодсков и двајцата членови на партијата Социјалдемократи (С)/СД. Но, како можен кандидат за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност се посочува и данската премиерка Мете Фредериксен од С/СД, па доколку таа биде избрана на оваа должност, Данска нема да има свој еврокомесар. Фредериксен е во игра и за претседателка на Советот на ЕУ, па ако дојде на оваа позиција, тогаш би имало и дански еврокомесар. Копенхаген би сакал да го добие ресорот трговија. Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина. Естонија има двајца кандидати за еврокомесар – актуелната премиерка Каја Калас од Естонската реформска партија ЕР/Либерали и нејзиниот сопартиец, поранешен министер за надворешни работи и актуелен европратеник Урмас Пает. Доколку изборот падне на Калас, на која и се даваат поголеми шанси, таа би можела да стане и висок претставник за надворешна политика и безбедност, но тоа сепак ќе зависи и од договорот за распределба на останатите врвни функции во ЕУ. Доколку Урсула фон дер Лајен биде реизбрана за претседателка на Европската комисија, тогаш Германија како и во сегашниот мандат ќе нема свој еврокомесар. Но, доколку Фон дер Лајен не добие доволна поддршка за реизбор, тогаш како главен фаворит за германски еврокомесар би се наметнала министерката за надворешни работи Аналена Баербок, но во игра се и двајцата државни секретари во Министерството за економија, Франциска Брантнер и Свен Гиголд, сите тројца членови на партијата Зелени-Сојуз 90/Зелени. Берлин би сакал да ја задржи раководната позиција со ЕК, но доколку не успее во тоа сигурно ќе инсистира на некој од „најпосакуваните“ ресори. Грција има неколку кандидати за еврокомесар, меѓу кои како најсерозен се споменува актуелниот претседател на Европската комисија за промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас. Покрај Схинас, во игра се и министрите за внатрешни и за надворешни работи Ники Керамеус и Јоргос Герапетритис и поранешниот државен министер Ставрос Папаставру. Сите четворица се членови на владејачката партија Нова демократија (НД)/ЕПП. Атина е заинтересирана во следната ЕК да ги добие ресорите миграција или одбрана. Ирска како фаворит за еврокомесар го има министерот за финансии Мајкл Мекграт, но во игра се и вицепремиерот и поранешен премиер Мајкл Мартин и министерот за земјоделство Чарли Меконалог, сите членови на Фајана Феил-Републиканска партија/Либерали. Даблин би сакал да го добие ресорот финансии.  - Едностраните иницијативи не можат да доведат до решение на проблемот, високо го ценам конструктивниот став што Србија го покажа вчера, изјави Тајани по средбата со неговиот српски колега И И Италија има неколкумина кандидати за еврокомесар, сите актуелни министри - за европски прашања Рафаеле Фито, за земјоделство Франческо Лолобриџида, за надворешни работи Антонио Тајани, за економски развој Адолфо Урсо и за одбрана Гвидо Крозето. Сите освен Тајани, кој е лидер на Форца Италија/ЕПП, се членови на партијата Браќа на Италија/Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). Како сериозен италијански кадар за функција во Брисел се споменува и поранешниот премиер Марио Драги, но малку е веројатно дека тој би се согласил да биде „обичен“ европски комесар. Името на Драги е во игра и за претседател на Европската комисија, доколку Фон дер Лајен не биде реизбрани, но тоа што не е член на ниту една партија се смета за негов „минус“. Рим би сакал да го добие раководењето со некој „моќен“ економски ресор. Кога станува збор за Кипар, во игра се четири имиња – актуелната еврокомесарка за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес и поранешните министри за финансии - Харис Георгијадес, за енергија Јоргос Лакотрипис и за надворешни работи Константинос Комбос. Сите, освен Комбос кој е независен, се членови на Демократскиот собир (ДИСИ)/ЕПП. Никозија би сакала да го задржи ресорот здравство, но влијателното кипарско бродско лоби го преферира ресорот транспорт. Летонија најверојатно одново ќе го предложи извршниот потпретседател на ЕК и еврокомесар за трговија Валдис Домбровскис, за кого Рига го посакува раководењето со внатрешниот пазар или потенцијално „некој ресор поврзан со Украина“. Домбровскис е член на партијата Единство (В)/ЕПП. Кандидат на Литванија за еврокомесар е шефот на дипломатијата Габриелиус Ландсбергис од Татковинскиот сојуз-Литвански христијански демократи (ТС-ЛКД)/ЕПП. Вилнус би сакал да го добие раководењето со ресор поврзан со надворешната политика и соработка. Еврокомесарот за работни места и социјални права, Луксембуржанецот Николас Шмит најави дека е заинтересиран да биде водечки кандидат на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на изборите з Согласно коалицискиот договор за формирање на актуелната Влада, кандидат на Луксембург за еврокомесар треба да биде досегашниот европратеник Криштоф Хансен од Христијанско социјалната народна партија (ЦСВ)/ЕПП. Но, доколку Фон дер Лајен биде реизбрана на функцијата би можела да претпочита во Еврокомисијата да остане актуелниот еврокомесар за работни места и социјални права Николас Шмит од Луксембуршката социјалистичка работничка партија (ЛСАП) и шпиценкандидат на СД на Евроизборите, па потенцијално да се обиде да го убеди луксембуршкиот премиер Лук Фриден за отстапка, со тоа што Шмит би добил некој поважен ресор, како на пример финансии, кој го претпочита Владата во Луксембург. Фаворитка на Малта за еврокомесар е министерката за животна средина и енергија Миријам Дали од Лабуристичката партија (ПЛ)/СД, откако претходниот „сигурен кандидат“, нејзиниот сопартиец Крис Ферн беше принуден да поднесе оставка на местото вицепремиер и министер за европски фондови, социјален дијалог и заштита на потрошувачите поради обвиненија за измама и злоупотреба на функцијата. Ла Валета нема некое преферирано портфолио, но веројатно согласно големината на земјата ќе добие некој од „помалку важните“ ресори. Речиси сигурен кандидат на Полска за еврокомесар е министерот за надворешни работи Радослав Сикорски од Граѓанската платформа (ПО)/ЕПП. Варшава го сака новиот ресор за одбрана, но би се задоволила и со портфолиото за проширување. Во комбинација за фаворит на Португалија за еврокомесар се поранешните министри за регионален развој Мигел Појарес Мадуро и за финансии Марија Луиза Албукерке, и двајцата членови на Социјалдемократската партија (ПСД)/ЕПП, како и независниот градоначалник на Порто, Руи Мореира. Како сигурен кандидат за португалски еврокомесар важеше донеодамнешниот европратеник и заменик лидер на ПСД, Пауло Рангел, но малку е веројатно дека тој ќе премине во Брисел откако пред два месеци беше избран за министер за надворешни работи на Португалија. Лисабон јавно не пројавува амбиции за одреден ресор, но неофицијално се споменува интересот за иновациите. Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата, пренесе агенцијата Аџерпрес. Романија најверојатно ќе се определи за актуелниот шеф на државата Клаус Јоханис од Националната либерална партија (ПЛН)/ЕПП, чиј претседателски мандат истекува во декември. Јоханис пројавува амбиции за преземање на функцијата генерален секретар на НАТО, а неговото име е во игра и за претседател на Европската комисија, доколку не тоа место не биде реизбрана Фон дер Лајен. Доколку и стане европски комесар, Јоханис покрај одреден ресор веројатно ќе претендира и на потпретседателска должност. Букурешт нема пројавено интерес за конкретен ресор, но би бил задоволен со портфолиото кохезија. Словачка најверојатно одново ќе го предложил актуелниот прв потпретседател на ЕК, извршен потпретседател за Европскиот зелен договор и еврокомесар за меѓуинституционални односи Марош Шефчович од партијата Насока-Социјална демократија (СМЕР-СД)/суспендирана членка на СД, кој со својот авторитет би можел да добие некој значаен ресор. Како можен кандидат се споменува и Мирослав Лајчак, актуелен специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и Западниот Балкан, кој од септември треба да ја преземе должноста евроамбасадор во Швајцарија. Братислава исто така нема јавно искажано преференции за одреден ресор. Како кандидат на Словенија за еврокомесар се споменува Томаж Весел, поранешен претседател на словенечката Ревизорска управа и близок соработник на премиерот Роберт Голоб од Движењето Слобода (ГС)/Либерали. Љубљана е заинтересирана за ресорите демократија, финансии или конкуренција. Унгарија би сакала актуелниот еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји да го задржи ресорот, што е малку веројатно дури доколку тој остане член и на следната Европска комисија. Но, Вархеји е познат по неговите блиски врски со Србија и квалификацијата на европратениците како „идиоти“, што би можело да резултира со одбивање на неговата кандидатура како што беше случај и со првиот предлог на Будимпешта во 2019 година - Ласло Трочањи. Во тој случај, како најсериозна кандидатка се посочува европратеничката Енико Ѓури, која е поранешна државна секретарка за европски прашања и амбасадорка на Унгарија во Рим и Мадрид. И Вархеји и Ѓури се членови на партијата Фидес, која е поранешна членка на ЕПП, а сега без европска афилијација, но со амбиција да се приклучи кон ЕЦР. Предвидено е Вархеји да има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе стане збор за напредокот во процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. Се очекува во фокусот да биде надми Финска има две кандидатки за еврокомесар - европратеничката Хена Виркунен и министерката за надворешни работи Елина Валтонен и двете членки на Националната коалициска партија (КОК)/ЕПП. Хелсинки го преферира ресорот конкурентност, но би се согласил и со одбраната, проширувањето, економијата или климатската политика. Како кандидати на Франција се споменуваат актуелниот еврокомесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, министерот за финансии Бруно Ле Мер и поранешната премиерка Елизабет Борн, сите тројца од партијата Ренесанса (РЕ)/Либерали. Париз би сакал да го добие „зајакнатиот“ ресор за економија, кој би ги опфатил економската и индустриската политика на ЕУ и конкурентноста. Името на кандидатот на Холандија за еврокомесар е дел од шестмесечните преговори за формирањето на новата холандска влада, но доколку новите коалициски партнери не успеат да се усогласат околу заеднички предлог, можно е актуелниот еврокомесар за климатска акција Вопке Хукстра да остане член на Еврокомисијата иако неговата партија Христијанско демократски повик (ЦДА)/ЕПП нема да биде дел од идниот владин кабинет. Ресорот кој би го добил Хаг меѓу другото делумно зависи и од тоа дали холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде избран за генерален секретар на НАТО. Хрватска најверојатно ќе се реши да ја задржи актуелната комесарка за демократија и демографија Дубравка Шуица од Хрватската демократска заедница (ХДЗ)/ЕПП, но не е познато за кој ресор би бил заинтересиран Загреб. Сепак, доколку Фон дер Лајен не биде реизбрана на функцијата, меѓу можните кандидати за претседател на Еврокомисијата се споменува и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ (ХДЗ/ЕПП). Доколку Пленковиќ застане на чело на ЕК, тогаш Хрватска ќе нема ресорен еврокомесар. Македонија направи огромни жртви за да си ја обезбеди европска иднина и земјата заслужува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, изјави хрватскиот премиер Андреј Пле Од Чешка како можни кандидати за еврокомесар се споменуваат поранешната претседателска кандидатка Дануше Нерудова од партијата Градоначалници и независни (СТАН)/ЕПП, европратеникот Марсел Колаја од Чешката пиратска партија (Пирати)/Зелени, како и заменик министерот за финансии Марек Мора и министерот за трговија Јозеф Сикела, кои не се членови на ниту една партија. Согласно коалицискиот договор за формирање на чешката Влада, кандидатот за еврокомесарот треба да го номинираат СТАН или Пиратите. Фаворит на СТАН е Нерудова, а на Пиратите – Колаја, но премиерот Петр Фиала, кој го има последниот збор во предлагањето на кандидатот за еврокомесар, ги преферира Мора (кој е дел од владата на предлог на Граѓанската демократска партија (ОДС)/ЕЦР) или Сикела (кој е министер предложен од СТАН). Прага ги преферира ресорите енергија, економија, внатрешен пазар или неочекуваната комесарска позиција за одбрана. Како кандидати на Шведска за еврокомесари се споменуваат министерката за европски прашања Џесика Росвол, поранешниот премиер Карл Билт и европратеникот Томас Тобе, сите тројца од Умерената коалициска партија (М)/ЕПП.  Стокхолм отворено нема пројавено интерес за конкретен ресор. Кандидат на Шпанија за еврокомесар е вицепремиерката и министерка за еколошка транзиција Тереза Рибера Родригез од Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ)/СД. Мадрид би сакал да го добие ресорот за спроведување на зелениот договор, за климатската акција или за енергија.

The post Почнува битката за поделба на ресорите во новата Европска комисија appeared first on Република.

]]>
Oрбан: Ова е најлошиот состав на Европската комисија https://republika.mk/vesti/svet/orban-ova-e-najloshiot-sostav-na-evropskata-komisija/ Thu, 30 May 2024 08:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=782996

Неопходно е да се ослободиме од раководството на Европската комисија, бидејќи тоа е најлошото во историјата, а нов шеф на неа треба да биде политичар со премиерско искуство, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Одговарајќи на прашање на францускиот весник „Поинт“, Орбан рече дека е рано да се наведуваат конкретни имиња на можни кандидати за функцијата шеф на ЕК.

„Треба да се ослободиме од сегашното раководство, ова е најлошата комисија што сум ја видел! Тие не исполнија ниту едно од нивните ветувања во однос на конкурентноста, санкциите, имиграцијата додаде Орбан.

The post Oрбан: Ова е најлошиот состав на Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Неопходно е да се ослободиме од раководството на Европската комисија, бидејќи тоа е најлошото во историјата, а нов шеф на неа треба да биде политичар со премиерско искуство, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан.
Одговарајќи на прашање на францускиот весник „Поинт“, Орбан рече дека е рано да се наведуваат конкретни имиња на можни кандидати за функцијата шеф на ЕК.
„Треба да се ослободиме од сегашното раководство, ова е најлошата комисија што сум ја видел! Тие не исполнија ниту едно од нивните ветувања во однос на конкурентноста, санкциите, имиграцијата додаде Орбан.

The post Oрбан: Ова е најлошиот состав на Европската комисија appeared first on Република.

]]>
Европската комисија предложи склучување на договори за асоцијација на ЕУ со Андора и Сан Марино https://republika.mk/vesti/svet/evropskata-komisija-predlozhi-skluchuvane-na-dogovori-za-asotsijatsija-na-eu-so-andora-i-san-marino/ Sun, 28 Apr 2024 09:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=771879

Европската комисија реши да му предложи на Советот на ЕУ склучување на договори за асоцијација со Андора и со Сан Марино, што ќе претставува значајна пресвртница во напорите на Унијата за развој на посебни односи со соседните земји.

Во соопштението на ЕК се посочува дека договорите за асоцијација ќе им овозможи на Андора и Сан Марино пристап до внатрешниот европски пазар, како на оној што го имаат Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како зајакнување на соработката со ЕУ во други области согласно нивните амбиции за градење поблиски односи со Унијата.

Во однос на пристапот до внатрешниот европски пазар, како што јави дописникот на МИА од Брисел, за Андора и Сан Марино, ќе важат истите правила и услови за конкурентност како и за членките на ЕУ. Кога станува збор, пак, до пристапот на пазарот на финансиски услуги, тој ќе зависи од придржување до строгите регулаторни и надзорни рамки, што ќе биде под мониторниг на контролните органи на ЕУ.

Со договорите за асоцијација се воспоставува рамка за развој и унапредување на дијалогот и соработката на двете земји со ЕУ во повеќе области од заеднички интерес, како истражувањето, развојот, образованието, културата, социјалната политика, заштитата на животна средина и на потрошувачите, како и регионална соработка.

При склучување на договорите за асоцијација се земаат предвид и посебната положба на Андора и Сан Марино, нивните специфични односи со соседните земји членки на ЕУ, како и нивната големина и по површина и по население.

ЕУ ќе може да ги склучи договорите за асоцијација со Андора и со Сан Марино откако тоа ќе го одобри Европскиот совет, а потоа согласност ќе треба да даде и Европарламентот. По потпишувањето на договорите ќе следи процесот на нивна ратификација согласно процедурите на ЕУ и на двете земји, по што тие ќе може да стапат во сила.

Советот за општи работи на ЕУ на 16 декември 2014 година донесе одлука за започнување преговори за склучување на договори за асоцијација со Андора, Монако и Сан Марино. Преговарачкиот процес на Европската комисија со Андора и Сан Марино почнаа во јануари 2022 година, по што Советот на ЕУ во јуни истата година даде рок за нивно завршување до крајот на 2023 година. Во периодот од март 2022 до декември 2023 година беа одржани вкупно 49 преговарачки сесии меѓу ЕК и двете земји, што доведе до затворање на преговорите до крајот на годината и изработка на заклучоци врз основа на кои сега ЕК го предлага потпишувањето на договорите за асоцијација

The post Европската комисија предложи склучување на договори за асоцијација на ЕУ со Андора и Сан Марино appeared first on Република.

]]>

Европската комисија реши да му предложи на Советот на ЕУ склучување на договори за асоцијација со Андора и со Сан Марино, што ќе претставува значајна пресвртница во напорите на Унијата за развој на посебни односи со соседните земји. Во соопштението на ЕК се посочува дека договорите за асоцијација ќе им овозможи на Андора и Сан Марино пристап до внатрешниот европски пазар, како на оној што го имаат Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како зајакнување на соработката со ЕУ во други области согласно нивните амбиции за градење поблиски односи со Унијата. Во однос на пристапот до внатрешниот европски пазар, како што јави дописникот на МИА од Брисел, за Андора и Сан Марино, ќе важат истите правила и услови за конкурентност како и за членките на ЕУ. Кога станува збор, пак, до пристапот на пазарот на финансиски услуги, тој ќе зависи од придржување до строгите регулаторни и надзорни рамки, што ќе биде под мониторниг на контролните органи на ЕУ. Со договорите за асоцијација се воспоставува рамка за развој и унапредување на дијалогот и соработката на двете земји со ЕУ во повеќе области од заеднички интерес, како истражувањето, развојот, образованието, културата, социјалната политика, заштитата на животна средина и на потрошувачите, како и регионална соработка. При склучување на договорите за асоцијација се земаат предвид и посебната положба на Андора и Сан Марино, нивните специфични односи со соседните земји членки на ЕУ, како и нивната големина и по површина и по население. ЕУ ќе може да ги склучи договорите за асоцијација со Андора и со Сан Марино откако тоа ќе го одобри Европскиот совет, а потоа согласност ќе треба да даде и Европарламентот. По потпишувањето на договорите ќе следи процесот на нивна ратификација согласно процедурите на ЕУ и на двете земји, по што тие ќе може да стапат во сила. Советот за општи работи на ЕУ на 16 декември 2014 година донесе одлука за започнување преговори за склучување на договори за асоцијација со Андора, Монако и Сан Марино. Преговарачкиот процес на Европската комисија со Андора и Сан Марино почнаа во јануари 2022 година, по што Советот на ЕУ во јуни истата година даде рок за нивно завршување до крајот на 2023 година. Во периодот од март 2022 до декември 2023 година беа одржани вкупно 49 преговарачки сесии меѓу ЕК и двете земји, што доведе до затворање на преговорите до крајот на годината и изработка на заклучоци врз основа на кои сега ЕК го предлага потпишувањето на договорите за асоцијација

The post Европската комисија предложи склучување на договори за асоцијација на ЕУ со Андора и Сан Марино appeared first on Република.

]]>
Бараат да им се регистрира клубот: Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург https://republika.mk/vesti/balkan/baraat-da-im-se-registrira-klubot-makedontsi-od-blagoevgrad-ja-tuzhat-evropskata-komisija-vo-sudot-za-pravda-vo-luksemburg/ Mon, 22 Apr 2024 07:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=769128

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за Правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување.

Тужбата е иницирана и организирана од НовАсном, а подршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светсткиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други македонци од цел свет.

Во тужбата се  бара од Судот за Правда да и ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 Милијарди Евра се додека не го регисгрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само зошто е Македонска. 

Во 2022, горенаведените организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската Комисија за  непочитувањето на Европското Право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија.  

Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција цени дека Европската Комисија го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската Комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаментлните права на ЕУ.  

Ова е прв правен процес внатре во Евроспката Унија кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, Европската Комисија е приморана да даде одговор до Судот За Правда за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија. 


 

The post Бараат да им се регистрира клубот: Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург appeared first on Република.

]]>

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за Правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување. Тужбата е иницирана и организирана од НовАсном, а подршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светсткиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други македонци од цел свет. Во тужбата се  бара од Судот за Правда да и ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 Милијарди Евра се додека не го регисгрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само зошто е Македонска.  Во 2022, горенаведените организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската Комисија за  непочитувањето на Европското Право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија.  
Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција цени дека Европската Комисија го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската Комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаментлните права на ЕУ.  
Ова е прв правен процес внатре во Евроспката Унија кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, Европската Комисија е приморана да даде одговор до Судот За Правда за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија. 
 

The post Бараат да им се регистрира клубот: Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Цврсто стоиме покрај Украина додека земјата конечно не се ослободи https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-tsvrsto-stoime-pokraj-ukraina-dodeka-zemjata-konechno-ne-se-oslobodi/ Sat, 24 Feb 2024 08:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=747680

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев, по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина и италијанскиот премиер Џорџо Мелони, белгискиот премиер Александре де Кроа и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Во објава на платформата Х, Лајен напиша дека Европската Унија цврсто стои на страната на Украина додека, како што наведе, таа земја конечно не се ослободи.

„Во Киев на одбележување на двегодишнината од руската војна против Украина. И во чест на извонредниот отпор на украинскиот народ. Повеќе од кога било, ние цврсто стоиме со Украина. Финансиски, економски, воени, морални. Додека земјата не конечно слободен“, изјави Фон дер Лајен.

The post Фон дер Лајен: Цврсто стоиме покрај Украина додека земјата конечно не се ослободи appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев, по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина и италијанскиот премиер Џорџо Мелони, белгискиот премиер Александре де Кроа и канадскиот премиер Џастин Трудо. Во објава на платформата Х, Лајен напиша дека Европската Унија цврсто стои на страната на Украина додека, како што наведе, таа земја конечно не се ослободи.
„Во Киев на одбележување на двегодишнината од руската војна против Украина. И во чест на извонредниот отпор на украинскиот народ. Повеќе од кога било, ние цврсто стоиме со Украина. Финансиски, економски, воени, морални. Додека земјата не конечно слободен“, изјави Фон дер Лајен.

The post Фон дер Лајен: Цврсто стоиме покрај Украина додека земјата конечно не се ослободи appeared first on Република.

]]>
ЕК издаде Упатство за учество на нејзините членови во кампањата за евроизборите https://republika.mk/vesti/svet/ek-izdade-upatstvo-za-uchestvo-na-nejzinite-chlenovi-vo-kampanata-za-evroizborite/ Thu, 25 Jan 2024 07:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=736553

Европската комисија издаде Упатство за етичките стандарди за учество на нејзините членови во кампањата за изборите за членови на Европскиот парламент, предвидени за почетокот јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од 2018 година на членовите на Комисијата им е дозволено да учествуваат во кампањите или да бидат кандидати на европските избори, без да морат да го замрзнат своето членство во ЕК, односно да земаат неплатено отсуство.

Целта на Упатството е да гарантира јасна дистинкција помеѓу активностите на еврокомесарите поврзани со нивните задачи како членови на Еврокомисијата и оние со изборната кампања.

Согласно правила во Упатството, членовите на ЕК треба да се воздржат од активности поврзани со изборите пред да ги известат претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен и нивните колеги за намерата да учествуваат во кампањата.

И покрај учеството во кампањата, еврокомесарите мора да продолжат со континуирано извршување на нивните должности во Комисијата, вклучително и учество на пленарните сесии и состаноците на комитетите на Европскиот парламент, седниците на ЕК и заседанија советите на ЕУ.

Еврокомесарите, исто така, се должни да креираат посебни профили или налози на социјалните мрежи за изнесување на ставови и активности поврзани со кампањата од оние што ги користат сега.

Дополнително, тие не смеат да ги користат човечките и материјалните ресурси на Комисијата за активности во изборната кампања и мора да обезбедат јасна дистинкција меѓу посетите или патувањата поврзани со нивните должности како еврокомесари и оние кои се во рамки на изборната кампања.

Упатството предвидува и дека секоја финансиска или материјална поддршка на еврокомесарите за изборите мора да биде насочена кон партијата или организаторите на кампањата и да биде строго одвоена од нивните личните финансиски интереси.

Доколку во текот на кампањата се појави ситуација која би можела да се сфати како конфликт на интереси, мора да се следи постапката за судир на интереси утврдена со Кодексот на однесување на членовите на ЕК, се наведува во Упатство.

Ако, пак, член на Комисијата има намера да учествува во кампања или да биде кандидат на избори на национално ниво, тогаш ќе мора да се повлече од работата во ЕК за време на целиот период на активно учество во кампањата или најмалку во текот на нејзиното законско времетраење.

The post ЕК издаде Упатство за учество на нејзините членови во кампањата за евроизборите appeared first on Република.

]]>

Европската комисија издаде Упатство за етичките стандарди за учество на нејзините членови во кампањата за изборите за членови на Европскиот парламент, предвидени за почетокот јуни. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од 2018 година на членовите на Комисијата им е дозволено да учествуваат во кампањите или да бидат кандидати на европските избори, без да морат да го замрзнат своето членство во ЕК, односно да земаат неплатено отсуство. Целта на Упатството е да гарантира јасна дистинкција помеѓу активностите на еврокомесарите поврзани со нивните задачи како членови на Еврокомисијата и оние со изборната кампања. Согласно правила во Упатството, членовите на ЕК треба да се воздржат од активности поврзани со изборите пред да ги известат претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен и нивните колеги за намерата да учествуваат во кампањата. И покрај учеството во кампањата, еврокомесарите мора да продолжат со континуирано извршување на нивните должности во Комисијата, вклучително и учество на пленарните сесии и состаноците на комитетите на Европскиот парламент, седниците на ЕК и заседанија советите на ЕУ. Еврокомесарите, исто така, се должни да креираат посебни профили или налози на социјалните мрежи за изнесување на ставови и активности поврзани со кампањата од оние што ги користат сега. Дополнително, тие не смеат да ги користат човечките и материјалните ресурси на Комисијата за активности во изборната кампања и мора да обезбедат јасна дистинкција меѓу посетите или патувањата поврзани со нивните должности како еврокомесари и оние кои се во рамки на изборната кампања. Упатството предвидува и дека секоја финансиска или материјална поддршка на еврокомесарите за изборите мора да биде насочена кон партијата или организаторите на кампањата и да биде строго одвоена од нивните личните финансиски интереси. Доколку во текот на кампањата се појави ситуација која би можела да се сфати како конфликт на интереси, мора да се следи постапката за судир на интереси утврдена со Кодексот на однесување на членовите на ЕК, се наведува во Упатство. Ако, пак, член на Комисијата има намера да учествува во кампања или да биде кандидат на избори на национално ниво, тогаш ќе мора да се повлече од работата во ЕК за време на целиот период на активно учество во кампањата или најмалку во текот на нејзиното законско времетраење.

The post ЕК издаде Упатство за учество на нејзините членови во кампањата за евроизборите appeared first on Република.

]]>
ЕК покренува Сојуз за критични лекови https://republika.mk/zivot/zdravje/ek-pokrenuva-sojuz-za-kritichni-lekovi/ Tue, 16 Jan 2024 19:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=733722

Телото на Европската комисија за подготвеност и одговор за здравствени кризи (ХЕРА) објави повик за изразување интерес за приклучување кон Сојуз за критични лекови, што е една од клучните мерки за спречување и решавање на недостигот на есенцијални лекови.

Сојузот за критични лекови е отворен за сите заинтересирани страни и треба да работи на зајакнување на соработката меѓу Европската комисија, владите на земјите-членки, индустријата и граѓанското општество.

Тоа е советодавен механизам што ќе дејствува и како мрежа за забрзување на спроведувањето на мерките на ЕУ во таа област.

„Покренувањето на Сојузот за критични лекови е уште едно поглавје на нашата Европска здравствена унија, која започнува заедничка акција за зајакнување и модернизација на производството на клучни лекови во ЕУ и диверзификација на меѓународните синџири на снабдување“, рече комесарката за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес.

The post ЕК покренува Сојуз за критични лекови appeared first on Република.

]]>

Телото на Европската комисија за подготвеност и одговор за здравствени кризи (ХЕРА) објави повик за изразување интерес за приклучување кон Сојуз за критични лекови, што е една од клучните мерки за спречување и решавање на недостигот на есенцијални лекови. Сојузот за критични лекови е отворен за сите заинтересирани страни и треба да работи на зајакнување на соработката меѓу Европската комисија, владите на земјите-членки, индустријата и граѓанското општество. Тоа е советодавен механизам што ќе дејствува и како мрежа за забрзување на спроведувањето на мерките на ЕУ во таа област.
„Покренувањето на Сојузот за критични лекови е уште едно поглавје на нашата Европска здравствена унија, која започнува заедничка акција за зајакнување и модернизација на производството на клучни лекови во ЕУ и диверзификација на меѓународните синџири на снабдување“, рече комесарката за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес.

The post ЕК покренува Сојуз за критични лекови appeared first on Република.

]]>
Стапи во сила Инструментот на ЕУ за борба против економската принуда https://republika.mk/vesti/svet/stapi-vo-sila-instrumentot-na-eu-za-borba-protiv-ekonomskata-prinuda/ Thu, 28 Dec 2023 09:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=727430

Во сила стапи Инструментот на ЕУ за борба против принудата (АЦИ), како алатка која ќе и овозможи на Унијата да ја спречи и да одговори на економската принуда, а со тоа и да ги заштити своите и интересите на нејзините земји членки на глобалната сцена.

Првичната и основна цел на АЦИ е да ја спречи економската принуда, нудејќи и на ЕУ широк опсег на можни контрамерки кога една земја одбива да преземе мерки против принудата, како воведување давачки, рестрикции на трговијата со услуги и на правата на интелектуалната сопственост поврзани со трговијата, како и ограничувања за пристап до странски директни инвестиции и јавни набавки.

Инструментот нуди и правна рамка за одговор на оваа појава, вклучително и процедури врз основа на кои засегнатите страни од економската принуда можат да контактираат со Европската комисија.

ЕУ ќе продолжи да соработува со партнери и сојузници истомисленици за справување со економската принуда, а АЦИ е значаен додаток на меѓународните напори во овој домен, се додава во соопштението на Еврокомисијата.

Во европското законодавство економската принуда се дефинира како ситуација кога трета земја со закана за преземање мерки или со нивна примена се обидува да изврши притисок врз ЕУ или нејзина земја членка да направат одреден избор поврзани со трговијата или инвестициите.

The post Стапи во сила Инструментот на ЕУ за борба против економската принуда appeared first on Република.

]]>

Во сила стапи Инструментот на ЕУ за борба против принудата (АЦИ), како алатка која ќе и овозможи на Унијата да ја спречи и да одговори на економската принуда, а со тоа и да ги заштити своите и интересите на нејзините земји членки на глобалната сцена. Првичната и основна цел на АЦИ е да ја спречи економската принуда, нудејќи и на ЕУ широк опсег на можни контрамерки кога една земја одбива да преземе мерки против принудата, како воведување давачки, рестрикции на трговијата со услуги и на правата на интелектуалната сопственост поврзани со трговијата, како и ограничувања за пристап до странски директни инвестиции и јавни набавки. Инструментот нуди и правна рамка за одговор на оваа појава, вклучително и процедури врз основа на кои засегнатите страни од економската принуда можат да контактираат со Европската комисија. ЕУ ќе продолжи да соработува со партнери и сојузници истомисленици за справување со економската принуда, а АЦИ е значаен додаток на меѓународните напори во овој домен, се додава во соопштението на Еврокомисијата. Во европското законодавство економската принуда се дефинира како ситуација кога трета земја со закана за преземање мерки или со нивна примена се обидува да изврши притисок врз ЕУ или нејзина земја членка да направат одреден избор поврзани со трговијата или инвестициите.

The post Стапи во сила Инструментот на ЕУ за борба против економската принуда appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Сега е вистинско време за евроинтергација, одложувањето на процесите е губење скапоцено време https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-sega-e-vistinsko-vreme-za-evrointergatsija-odlozhuvaneto-na-protsesite-e-gubene-skapotseno-vreme/ Fri, 08 Dec 2023 08:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=720924

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, го затвори синоќешниот последен Билатерален состанок од Поглавјето 31 за Кластерот 6, во Европската Комисија, Брисел, Белгија.

Скрининг процесот кој траеше 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажирање на 1000 учесници и подготовка на 850 динамични презентации низ 206 различни институции претставува доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ.

Длабинскиот процес ја нагласува посветеноста за темелно внатрешно подобрување и сеопфатно усогласување со европските стандарди, покажувајќи ја нашата решителност и сериозност.

Следната фаза до крајот на годината е доставувањето на клучните документи кои се обврска која произлегува од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во членство во Европската Унија усвоена на 19 јули 2022 година, имено, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.

-Сведоци сме на историски момент за Cеверна Македонија, Од отворањето на преговорите детално работевме на процесот на Скрининг – рече Маричиќ

„Скрининг процесот беше макотрпен, детален и долготраен процес но истовремено многу важен за да се постави здрава основа врз која ќе се постават цврсти столбови за градење сигурна иднина на македонското општество со европска перспектива.“

Благодарен сум на посветената работа на сите вклучени институции, државната секретарка на СЕП Дрита Абдиу Халили, вработените во Секретаријатот за европски прашања, релевантните министерства кои вредно работеа на скринингот и беа од најголем придонес за успешниот исход.

Нашите најважни партнери се преставниците на Европската Комисија кои истовремено ги ислушаа сите скрининзи, бараа решенија за сите предизвици, детално ги слушаа нашите прашања и ни помогнаа да ја поставиме солидната основа врз која ќе ги градиме нашите реформи со кои ќе ја донесеме Македонија што поскоро до полноправно членство на ЕУ.

Најдобрите пријатели, во случајов Европската Комисија, се оние кои ве слушаат, помагаат и охрабруваат во најтешките моменти, чијшто резултат е успешното завршување на Скрининг процесот. Благодарност до Марк Јорна, Герт Јан Копман, Марко Маковец, Михаела Матуела и сите други кои беа дел од овој процес.

– Сега е потребно да го задржиме темпото и да се соочиме со предизвиците што следат, затоа е многу важно да имаме план за реализација, за што сум благодарен на Генералниот директор на директоратот за проширување Герт Јан Копман, кој го презентираше Планот за Раст.

Маричиќ ја истакна важноста на Планот за раст кој претставува револуционерен план кој претставува премостлив период помеѓу затворањето на скрининг процесот и отворањето на Кластерот 1. Уверувајќи дека со овој инструмент граѓаните ќе ги почуствуваат придобивките од инвестициите планирани со Планот за раст.

-Ве уверувам дека во следниот период, со посветена и упорна работа продолжуваме по патот којшто сме го зацртале и ќе успееме да ги убедиме и оние кои не веруваат дека сега е време за евроинтеграција. Сега е вистинско време за евроинтергација и секој ден на одложување, е ден помалку во Европската Унија за Cеверна Македонија.

Маричиќ се заблагодари на Марк Јорна и сите претставници на Европската Комисија кои посветено работеа со многу ентузијазам и голема поддршка од почетокот на Скрининг процесот до сега.

Честитки до сите со желба, во блиска иднина да си честитаме и полноправно членство во ЕУ за Македонија.

На затворањето на последниот Билатерален состанок и крајот на Скрининг процесот учествуваше и Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, како и делегацијата претставници на институциите од Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и претставници од Европската Комисија.

The post Маричиќ: Сега е вистинско време за евроинтергација, одложувањето на процесите е губење скапоцено време appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, го затвори синоќешниот последен Билатерален состанок од Поглавјето 31 за Кластерот 6, во Европската Комисија, Брисел, Белгија. Скрининг процесот кој траеше 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажирање на 1000 учесници и подготовка на 850 динамични презентации низ 206 различни институции претставува доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ. Длабинскиот процес ја нагласува посветеноста за темелно внатрешно подобрување и сеопфатно усогласување со европските стандарди, покажувајќи ја нашата решителност и сериозност. Следната фаза до крајот на годината е доставувањето на клучните документи кои се обврска која произлегува од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во членство во Европската Унија усвоена на 19 јули 2022 година, имено, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.
-Сведоци сме на историски момент за Cеверна Македонија, Од отворањето на преговорите детално работевме на процесот на Скрининг – рече Маричиќ
„Скрининг процесот беше макотрпен, детален и долготраен процес но истовремено многу важен за да се постави здрава основа врз која ќе се постават цврсти столбови за градење сигурна иднина на македонското општество со европска перспектива.“ Благодарен сум на посветената работа на сите вклучени институции, државната секретарка на СЕП Дрита Абдиу Халили, вработените во Секретаријатот за европски прашања, релевантните министерства кои вредно работеа на скринингот и беа од најголем придонес за успешниот исход. Нашите најважни партнери се преставниците на Европската Комисија кои истовремено ги ислушаа сите скрининзи, бараа решенија за сите предизвици, детално ги слушаа нашите прашања и ни помогнаа да ја поставиме солидната основа врз која ќе ги градиме нашите реформи со кои ќе ја донесеме Македонија што поскоро до полноправно членство на ЕУ. Најдобрите пријатели, во случајов Европската Комисија, се оние кои ве слушаат, помагаат и охрабруваат во најтешките моменти, чијшто резултат е успешното завршување на Скрининг процесот. Благодарност до Марк Јорна, Герт Јан Копман, Марко Маковец, Михаела Матуела и сите други кои беа дел од овој процес.
– Сега е потребно да го задржиме темпото и да се соочиме со предизвиците што следат, затоа е многу важно да имаме план за реализација, за што сум благодарен на Генералниот директор на директоратот за проширување Герт Јан Копман, кој го презентираше Планот за Раст.
Маричиќ ја истакна важноста на Планот за раст кој претставува револуционерен план кој претставува премостлив период помеѓу затворањето на скрининг процесот и отворањето на Кластерот 1. Уверувајќи дека со овој инструмент граѓаните ќе ги почуствуваат придобивките од инвестициите планирани со Планот за раст.
-Ве уверувам дека во следниот период, со посветена и упорна работа продолжуваме по патот којшто сме го зацртале и ќе успееме да ги убедиме и оние кои не веруваат дека сега е време за евроинтеграција. Сега е вистинско време за евроинтергација и секој ден на одложување, е ден помалку во Европската Унија за Cеверна Македонија.
Маричиќ се заблагодари на Марк Јорна и сите претставници на Европската Комисија кои посветено работеа со многу ентузијазам и голема поддршка од почетокот на Скрининг процесот до сега. Честитки до сите со желба, во блиска иднина да си честитаме и полноправно членство во ЕУ за Македонија. На затворањето на последниот Билатерален состанок и крајот на Скрининг процесот учествуваше и Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, како и делегацијата претставници на институциите од Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и претставници од Европската Комисија.

The post Маричиќ: Сега е вистинско време за евроинтергација, одложувањето на процесите е губење скапоцено време appeared first on Република.

]]>
ЕК утре ќе предложи старт на преговорите со Украина и Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/ek-utre-ke-predlozhi-start-na-pregovorite-so-ukraina-i-moldavija/ Tue, 07 Nov 2023 16:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=699270

Европската комисија утре ќе предложи почеток на преговорите со Украина и Молдавија „откако ќе ги исполнат поставените услови“, а можно е и со Босна и Херцеговина, која е единствената земја од Западниот Балкан покрај Косово, која се уште го нема започнато преговарачкиот процес со Унијата.

Според дипломатски извори, препораките за Украина и Молдавија би значеле дека тие би можеле да ги почнат преговорите за членство уште во текот на следната година.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, што се однесува до БиХ засега има резерви кај дел од членовите на ЕК, но и кај некои европски дипломати, кои сметаат дека земјата бележи назадување во однос на владеењето на правото.

Европски дипломат во изјава за „Политико“ посочи дека на БиХ ѝ беше доделен кандидатски статус под претпоставка дека тоа ќе ги поттикне реформите, но оттогаш има само влошување на состојбите со владеењето на правото и на севкупната политичката ситуација во земјата.

Како можеме сега да решиме да ги започнеме преговорите со нив, а да очекуваме од другите земји кандидати ревносно да ги спроведуваат своите реформи, посочи неименуваниот дипломат.

Европската комисија утре треба да го усвои пакетот за проширување и да ги објави извештаите за напредокот на секоја од кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година.

The post ЕК утре ќе предложи старт на преговорите со Украина и Молдавија appeared first on Република.

]]>

Европската комисија утре ќе предложи почеток на преговорите со Украина и Молдавија „откако ќе ги исполнат поставените услови“, а можно е и со Босна и Херцеговина, која е единствената земја од Западниот Балкан покрај Косово, која се уште го нема започнато преговарачкиот процес со Унијата. Според дипломатски извори, препораките за Украина и Молдавија би значеле дека тие би можеле да ги почнат преговорите за членство уште во текот на следната година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, што се однесува до БиХ засега има резерви кај дел од членовите на ЕК, но и кај некои европски дипломати, кои сметаат дека земјата бележи назадување во однос на владеењето на правото. Европски дипломат во изјава за „Политико“ посочи дека на БиХ ѝ беше доделен кандидатски статус под претпоставка дека тоа ќе ги поттикне реформите, но оттогаш има само влошување на состојбите со владеењето на правото и на севкупната политичката ситуација во земјата.
Како можеме сега да решиме да ги започнеме преговорите со нив, а да очекуваме од другите земји кандидати ревносно да ги спроведуваат своите реформи, посочи неименуваниот дипломат.
Европската комисија утре треба да го усвои пакетот за проширување и да ги објави извештаите за напредокот на секоја од кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година.

The post ЕК утре ќе предложи старт на преговорите со Украина и Молдавија appeared first on Република.

]]>