евра Archives - Република https://republika.mk/tema/evra/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 17:39:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евра Archives - Република https://republika.mk/tema/evra/ 32 32 Гостиварец доцна сфатил: Му се претставил како хуманитарец од Србија и го „заклал“ за 760 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-dotsna-sfatil-mu-se-pretstavil-kako-humanitarets-od-srbija-i-go-zaklal-za-760-evra/ Thu, 19 Sep 2024 17:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=817902

На 18.09.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата. Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Гостиварец доцна сфатил: Му се претставил како хуманитарец од Србија и го „заклал“ за 760 евра appeared first on Република.

]]>

На 18.09.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата. Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Гостиварец доцна сфатил: Му се претставил како хуманитарец од Србија и го „заклал“ за 760 евра appeared first on Република.

]]>
И тие решија да поминат на евро: Официјално се укинува националната валута во оваа земја https://republika.mk/vesti/balkan/i-tie-reshija-da-pominat-na-evro-ofitsijalno-se-ukinuva-natsionalnata-valuta-vo-ovaa-zemja/ Fri, 09 Aug 2024 13:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=804985

Пратениците во бугарскиот парламент го усвоија Законот за преминување на еврото како национална валута, објавија локалните медиуми.

Со него се уредуваат принципите, рамката и процедурите за пуштање на еврото во оптек во Бугарија, се утврдуваат прописите за транзицијата и се воведува транзициски период кој на граѓаните ќе им овозможи време да се прилагодат на новата валута.

Сè уште не е познат датумот на пуштање на еврото во оптек во Бугарија, бидејќи тоа треба да го утврди Европскиот совет.

Бугарските медиуми посочуваат дека, по стапувањето во сила на законот, режимот на користење на две валути, бугарскиот лев и еврото, ќе остане во Бугарија еден месец. На крајот на преодниот рок бугарскиот лев треба целосно да се повлече од оптек.

Цените на стоките и услугите ќе бидат означени во две валути за една година.

На почетокот на јуни бугарските медиуми, повикувајќи се на извори во Брисел, објавија дека Бугарија не ги исполнила сите неопходни критериуми за премин кон еврото и дека нема да влезе во еврозоната до 1 јануари, што е најмалку една година подолго од планираното.

The post И тие решија да поминат на евро: Официјално се укинува националната валута во оваа земја appeared first on Република.

]]>

Пратениците во бугарскиот парламент го усвоија Законот за преминување на еврото како национална валута, објавија локалните медиуми. Со него се уредуваат принципите, рамката и процедурите за пуштање на еврото во оптек во Бугарија, се утврдуваат прописите за транзицијата и се воведува транзициски период кој на граѓаните ќе им овозможи време да се прилагодат на новата валута. Сè уште не е познат датумот на пуштање на еврото во оптек во Бугарија, бидејќи тоа треба да го утврди Европскиот совет. Бугарските медиуми посочуваат дека, по стапувањето во сила на законот, режимот на користење на две валути, бугарскиот лев и еврото, ќе остане во Бугарија еден месец. На крајот на преодниот рок бугарскиот лев треба целосно да се повлече од оптек. Цените на стоките и услугите ќе бидат означени во две валути за една година. На почетокот на јуни бугарските медиуми, повикувајќи се на извори во Брисел, објавија дека Бугарија не ги исполнила сите неопходни критериуми за премин кон еврото и дека нема да влезе во еврозоната до 1 јануари, што е најмалку една година подолго од планираното.

The post И тие решија да поминат на евро: Официјално се укинува националната валута во оваа земја appeared first on Република.

]]>
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinskite-sluzhbenitsi-od-granichniot-premin-bogoroditsa-sprechija-obid-za-nelegalno-vnesuvane-vo-drzhavata-na-30-iljadi-evra/ Mon, 29 Jul 2024 08:08:12 +0000 https://republika.mk/?p=801223

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра.

Имено, на 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о илјади евра за кои немале никаков документ за потекло.

Согласно законот за девизно работење,на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријаватдодека останатите 30 илјади се задржани.

За направениот прекршок, Царинската управа поднесе соодветна прекршочна пријава.

The post Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра. appeared first on Република.

]]>

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра.

Имено, на 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о илјади евра за кои немале никаков документ за потекло.

Согласно законот за девизно работење,на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријаватдодека останатите 30 илјади се задржани.

За направениот прекршок, Царинската управа поднесе соодветна прекршочна пријава.

The post Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра. appeared first on Република.

]]>
Во Германија најмногу лажни банкноти во последните 7 години https://republika.mk/vesti/vo-germanija-najmnogu-lazhni-banknoti-vo-poslednite-7-godini/ Sat, 27 Jul 2024 08:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=800695

Централната банка на Германија денеска извести дека во првата половина од годината повлекла од оптек најмногу фалсификувани банкноти во последните седум години. Во првите шест месеци од годинава се откриени 38.578 фалсификувани банкноти со номинална вредност од 2,4 милиони евра, за 29 отсто повеќе во однос на втората половина на 2023 година, објави Бундесбанката.

Бројот на фалсификати е најголем од 2017 година. Фалсификуваните банкноти „паѓаат во очи“, особено оние од 10 и 20 евра, објаснува членот на управниот одбор на Бундесбанк Буркхард Балц. Загубата поврзана со фалсификуваните банкноти се зголемила само малку, за пет отсто, откри Бундесбанк.

Најмногу фалсификувани банкноти се од 50 евра

Кај фалсификатите најзастапени се банкнотите од 50 евра, со учество од 37 отсто. По нив следуваат оние од 20 евра со учество од 30 отсто. Во првата половина од годинава фалсификуваните банкноти од 10 евра биле многу позастапени во однос на претходните шест месеци, но тие сочинуваат само седум отсто од фалсификатите.

Фалсификуваните банкноти од 200 и 500 евра значително се разредиле во однос на втората половина од минатата година и сочинуваат само десет отсто од фалсификатите. „Генерално, бројот на фалсификувани банкноти остана на ниско ниво“, нагласи претставникот на Бундесбанк, со девет фалсификувани банкноти на 10.000 жители.

The post Во Германија најмногу лажни банкноти во последните 7 години appeared first on Република.

]]>

Централната банка на Германија денеска извести дека во првата половина од годината повлекла од оптек најмногу фалсификувани банкноти во последните седум години. Во првите шест месеци од годинава се откриени 38.578 фалсификувани банкноти со номинална вредност од 2,4 милиони евра, за 29 отсто повеќе во однос на втората половина на 2023 година, објави Бундесбанката. Бројот на фалсификати е најголем од 2017 година. Фалсификуваните банкноти „паѓаат во очи“, особено оние од 10 и 20 евра, објаснува членот на управниот одбор на Бундесбанк Буркхард Балц. Загубата поврзана со фалсификуваните банкноти се зголемила само малку, за пет отсто, откри Бундесбанк. Најмногу фалсификувани банкноти се од 50 евра Кај фалсификатите најзастапени се банкнотите од 50 евра, со учество од 37 отсто. По нив следуваат оние од 20 евра со учество од 30 отсто. Во првата половина од годинава фалсификуваните банкноти од 10 евра биле многу позастапени во однос на претходните шест месеци, но тие сочинуваат само седум отсто од фалсификатите. Фалсификуваните банкноти од 200 и 500 евра значително се разредиле во однос на втората половина од минатата година и сочинуваат само десет отсто од фалсификатите. „Генерално, бројот на фалсификувани банкноти остана на ниско ниво“, нагласи претставникот на Бундесбанк, со девет фалсификувани банкноти на 10.000 жители.

The post Во Германија најмногу лажни банкноти во последните 7 години appeared first on Република.

]]>
Секој обид за нелегален изнес на девизи се санкционира – денес запленети 6.850 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sekoj-obid-za-nelegalen-iznes-na-devizi-se-sanktsionira-denes-zapleneti-6-850-evra/ Wed, 17 Jul 2024 14:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=797732

Спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин истите не ги пријавил. Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок.

Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговорија дека немаат ништо. Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот се пронајдени 8.850 евра за кои лицето не поседувал документ за потекло на парите.

Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени две илјади евра, а останатите се одземени.

Ова е втор случај во два дена на заплена на девизи. Апелираме до граѓаните да ги пријавуваат девизите при влез и излез од државата.

The post Секој обид за нелегален изнес на девизи се санкционира – денес запленети 6.850 евра appeared first on Република.

]]>

Спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин истите не ги пријавил. Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок.

Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговорија дека немаат ништо. Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот се пронајдени 8.850 евра за кои лицето не поседувал документ за потекло на парите.

Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени две илјади евра, а останатите се одземени.

Ова е втор случај во два дена на заплена на девизи. Апелираме до граѓаните да ги пријавуваат девизите при влез и излез од државата.

The post Секој обид за нелегален изнес на девизи се санкционира – денес запленети 6.850 евра appeared first on Република.

]]>
Во Косово од денеска само евра https://republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-od-deneska-samo-evra/ Mon, 13 May 2024 06:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=777415

Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми.

Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои користат валути различни од евра за готовински трансакции во Косово, пренесе РТК.

Во периодот од 1 февруари, кога стапи на сила Уредбата на ЦКБ, досега не се изречени казнени мерки, а граѓаните се информирани за примената на новите правила за готовинско плаќање. ЦБК соопшти дека после 12 мај – сите трансакции ќе се извршуваат во евра.

Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот.

Во Брисел ќе се одржи седмата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, на која, како што најави директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, главна тема повторно ќе биде „едностраната и незаконска одлука на Приштина да се укине динарот и платниот промет во динари во Косово и Метохија“.

The post Во Косово од денеска само евра appeared first on Република.

]]>

Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми. Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои користат валути различни од евра за готовински трансакции во Косово, пренесе РТК. Во периодот од 1 февруари, кога стапи на сила Уредбата на ЦКБ, досега не се изречени казнени мерки, а граѓаните се информирани за примената на новите правила за готовинско плаќање. ЦБК соопшти дека после 12 мај – сите трансакции ќе се извршуваат во евра. Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот. Во Брисел ќе се одржи седмата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, на која, како што најави директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, главна тема повторно ќе биде „едностраната и незаконска одлука на Приштина да се укине динарот и платниот промет во динари во Косово и Метохија“.

The post Во Косово од денеска само евра appeared first on Република.

]]>
Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа https://republika.mk/vesti/svet/kineski-falsifikatori-pushtile-vo-optek-nad-500-000-falsifikuvani-moneti-niz-evropa/ Sat, 04 May 2024 06:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=773965

Националната полиција на Шпанија разбила синџир на фалсификатори на евра кои биле пуштени низ цела Европа. Работилницата за производство на фалсификувани пари е откриена во градот Толедо.

Како што пишуваат медиумите, работилницата ја користела кинеска банда која произведувала лажни монети од 2 евра и ги пуштила низ земјата. Криминалците успеале да ги пуштат во оптек нивните фалсификувани монети со вметнување во автомати и со нивно продавање на кинески државјани.

Синџирот донел речиси 500.000 монети „со висок квалитет“ на европскиот пазар. Националната полиција, Европол и каталонскиот Мосос д’Ескадра уапсија 10 лица, за кои се верува дека се членови на бандата, а заплениле и два автомата во Толедо.

Националната полиција на Шпанија соопшти дека го истражувала случајот 6 години и ги опишала истрагите како „исклучително тешки и развлечени, не само поради тајната природа на организацијата, туку и поради речиси неможноста да се следи трага. што е карактеристично за фалсификуваните монети“.

Од работилницата во Толедо биле конфискувани слот-машини со кои можеле да се направат и до 1.000 лажни монети дневно.

Најсигурниот тест за лажна монета е да се провери дали е магнетна. Оригиналните монети не се магнетни, па ако вашата паричка се залепи за магнет, веројатно е лажна.

Проверете ги и рабовите на паричката. Оригиналните монети од две евра може да се пофалат со сложена контура и врежани симболи. Фалсификуваните монети нема да го прикажуваат ова ниво на детали“, предупредува Европол.

The post Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа appeared first on Република.

]]>

Националната полиција на Шпанија разбила синџир на фалсификатори на евра кои биле пуштени низ цела Европа. Работилницата за производство на фалсификувани пари е откриена во градот Толедо. Како што пишуваат медиумите, работилницата ја користела кинеска банда која произведувала лажни монети од 2 евра и ги пуштила низ земјата. Криминалците успеале да ги пуштат во оптек нивните фалсификувани монети со вметнување во автомати и со нивно продавање на кинески државјани. Синџирот донел речиси 500.000 монети „со висок квалитет“ на европскиот пазар. Националната полиција, Европол и каталонскиот Мосос д’Ескадра уапсија 10 лица, за кои се верува дека се членови на бандата, а заплениле и два автомата во Толедо. Националната полиција на Шпанија соопшти дека го истражувала случајот 6 години и ги опишала истрагите како „исклучително тешки и развлечени, не само поради тајната природа на организацијата, туку и поради речиси неможноста да се следи трага. што е карактеристично за фалсификуваните монети“. Од работилницата во Толедо биле конфискувани слот-машини со кои можеле да се направат и до 1.000 лажни монети дневно. Најсигурниот тест за лажна монета е да се провери дали е магнетна. Оригиналните монети не се магнетни, па ако вашата паричка се залепи за магнет, веројатно е лажна.
Проверете ги и рабовите на паричката. Оригиналните монети од две евра може да се пофалат со сложена контура и врежани симболи. Фалсификуваните монети нема да го прикажуваат ова ниво на детали“, предупредува Европол.

The post Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа appeared first on Република.

]]>
Над 180.000 банкноти од 500 евра се повлечени од оптек во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/nad-180-000-banknoti-od-500-evra-se-povlecheni-od-optek-vo-kosovo/ Tue, 20 Feb 2024 13:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=746157

Централната банка на Косово (ЦБК) објави дека бројката на банкноти од 500 евра што граѓаните ги депонирале во деловните банки, а потоа и во ЦБК, како пари повлечени од оптек, надминала 180.500 парчиња, достигнувајќи вредност од преку 90 милиони и 250 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ова, како што соопшти ЦБК, е еден од директните ефекти на Правилникот за готовинско работење од неговото донесување, „придонесувајќи за постигнување на целта за финансиски систем со интегритет и помагајќи ја националната стратегија против информалноста и сродните појави“.

Правилникот за готовинско работење, меѓу другото, ги обврзува сите банкарски и небанкарски финансиски институции да прекинат со рециркулација на банкнотата од 500 евра кај нивните клиенти.

The post Над 180.000 банкноти од 500 евра се повлечени од оптек во Косово appeared first on Република.

]]>

Централната банка на Косово (ЦБК) објави дека бројката на банкноти од 500 евра што граѓаните ги депонирале во деловните банки, а потоа и во ЦБК, како пари повлечени од оптек, надминала 180.500 парчиња, достигнувајќи вредност од преку 90 милиони и 250 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова, како што соопшти ЦБК, е еден од директните ефекти на Правилникот за готовинско работење од неговото донесување, „придонесувајќи за постигнување на целта за финансиски систем со интегритет и помагајќи ја националната стратегија против информалноста и сродните појави“. Правилникот за готовинско работење, меѓу другото, ги обврзува сите банкарски и небанкарски финансиски институции да прекинат со рециркулација на банкнотата од 500 евра кај нивните клиенти.

The post Над 180.000 банкноти од 500 евра се повлечени од оптек во Косово appeared first on Република.

]]>
Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/falsifikuvanite-evra-vneseni-vo-kosovo-se-pechateni-vo-makedonija/ Fri, 01 Dec 2023 07:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=718186

Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра минатиот вторник, соопшти дека фалсификувани монети на европската валута, кои се дистрибуираат во Косово и други земји од регионот, се произведуваат во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ова тврдење се наведува во синоќешното соопштение на Обвинителството, по повод неговото барање за одредување едномесечен притвор за шестмината уапсени, од кои тројца македонски и тројца косовски државјани, кај кои на 28 ноември беа откриени метални монети со апоени од две евра, во вкупен износ од 85.010 евра.

Во барањето до Обвинителството кое го пренесе невладината „Заклетва на правдата“, која ја следи работата на косовските судски институции, се вели дека „постои сомневање оти обвинетите Б.А, Ш.А, А.А, С.Р, М.К. и Х.Д., со цел незаконски да се стекнат со материјална корист за себе и за групата, во неверификувано време обезбедиле фалсификувани пари, произведени во Македонија и вкупно 42.505 парчиња метални монети со апоени од 2 евра, во вкупен износ од 85 илјади евра“.

Во барањето е наведено дека осомничените потоа ги ставиле монетите во разни кеси, камуфлирајќи ги за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, каде координирано се сретнале во Генерал Јанковиќ со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д. со цел заедно да го продолжат патот до Приштина.

Според планот на сторителите, во косовскиот главен град била планирана купопродажба на фалсификуваните пари, односно прием и испорака на количината на фалсификувани пари, при што се откриени и идентификувани од полицијата, која интервенира и на дело ги апси одземајќи им ја сумата на фалсификувани пари.

Косовското обвинителство цени дека осомничените со овие дејствија во соработка сториле кривично дело „Купување, прифаќање и прикривање предмети прибавени со кривично дело, од член 333 (ст. 1) по член 31 од Законот бр. 06/L-074 Кривичен законик на Република Косово“.

Во реконструкцијата на настанот, обвинителството наведува и дека осомничените Б.А, Ш.А и А.А., на 28 ноември, во Генерал Јанковиќ се сретнале со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д., ставајќи ги фалсификуваните евра во автомобил Фолксваген „Пасат“ кој го управувал Х.Д., по што заедно продолжиле за Приштина, за да се сретнат на бензинската пумпа „Шел“, каде што било планирано примопредавањето на фалсификуваните пари. Во текот на трансакцијата тие се откриени и идентификувани од Полицијата која интервенирала и на дело ги привела сторителите и ја одзела споменатата количина фалсификувани пари.

Според барањето на обвинителството, осомничените го извршиле кривичното дело „Фалсификување пари“, санкционирано од член 296 (ст. 1) во врска со член 31 од косовскиот Кривичен законик.

The post Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра минатиот вторник, соопшти дека фалсификувани монети на европската валута, кои се дистрибуираат во Косово и други земји од регионот, се произведуваат во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова тврдење се наведува во синоќешното соопштение на Обвинителството, по повод неговото барање за одредување едномесечен притвор за шестмината уапсени, од кои тројца македонски и тројца косовски државјани, кај кои на 28 ноември беа откриени метални монети со апоени од две евра, во вкупен износ од 85.010 евра. Во барањето до Обвинителството кое го пренесе невладината „Заклетва на правдата“, која ја следи работата на косовските судски институции, се вели дека „постои сомневање оти обвинетите Б.А, Ш.А, А.А, С.Р, М.К. и Х.Д., со цел незаконски да се стекнат со материјална корист за себе и за групата, во неверификувано време обезбедиле фалсификувани пари, произведени во Македонија и вкупно 42.505 парчиња метални монети со апоени од 2 евра, во вкупен износ од 85 илјади евра“. Во барањето е наведено дека осомничените потоа ги ставиле монетите во разни кеси, камуфлирајќи ги за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, каде координирано се сретнале во Генерал Јанковиќ со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д. со цел заедно да го продолжат патот до Приштина. Според планот на сторителите, во косовскиот главен град била планирана купопродажба на фалсификуваните пари, односно прием и испорака на количината на фалсификувани пари, при што се откриени и идентификувани од полицијата, која интервенира и на дело ги апси одземајќи им ја сумата на фалсификувани пари. Косовското обвинителство цени дека осомничените со овие дејствија во соработка сториле кривично дело „Купување, прифаќање и прикривање предмети прибавени со кривично дело, од член 333 (ст. 1) по член 31 од Законот бр. 06/L-074 Кривичен законик на Република Косово“. Во реконструкцијата на настанот, обвинителството наведува и дека осомничените Б.А, Ш.А и А.А., на 28 ноември, во Генерал Јанковиќ се сретнале со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д., ставајќи ги фалсификуваните евра во автомобил Фолксваген „Пасат“ кој го управувал Х.Д., по што заедно продолжиле за Приштина, за да се сретнат на бензинската пумпа „Шел“, каде што било планирано примопредавањето на фалсификуваните пари. Во текот на трансакцијата тие се откриени и идентификувани од Полицијата која интервенирала и на дело ги привела сторителите и ја одзела споменатата количина фалсификувани пари. Според барањето на обвинителството, осомничените го извршиле кривичното дело „Фалсификување пари“, санкционирано од член 296 (ст. 1) во врска со член 31 од косовскиот Кривичен законик.

The post Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија appeared first on Република.

]]>
Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра https://republika.mk/vesti/balkan/vo-drach-zapleneti-neprijaveni-nad-250-iljadi-evra/ Sat, 23 Sep 2023 14:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=684418

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони.

- Тоа во рамки на последователните операции за уништување на криминални групи кои се обидуваат да перат пари, како и за запленување на имот и парични вредности кои произлегуваат од криминални активности. Уапсен е 58-годишен жител на Драч, кој пристигнал од Италија и се обидел да ги внесе во Албанија, без да ги пријави парите и лековите што ги сокрил во своето возило, соопшти полицијата.

Според истиот извор, појавата албански граѓани, но и странски државјани, кои се обидуваат, пред сѐ да внесат поголеми износи пари во земјата, но и да изнесат, а да не ги пријавуваат, е едно од кривичните дела кое бележи раст последните години.

Со денешната заплена, според полициската статистика, само годинава на граничните премини, запленети се над два милиони евра.

Од контролите е докажано дека премини каде што имало обиди да поминат најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч, каде се запленети евра, долари, британски фунти и швајцарски франци.

Само во март, на граничните премини биле блокирани околу 520 илјади евра, што е најголема вредност во однос на другите месеци.

 

The post Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. - Тоа во рамки на последователните операции за уништување на криминални групи кои се обидуваат да перат пари, како и за запленување на имот и парични вредности кои произлегуваат од криминални активности. Уапсен е 58-годишен жител на Драч, кој пристигнал од Италија и се обидел да ги внесе во Албанија, без да ги пријави парите и лековите што ги сокрил во своето возило, соопшти полицијата. Според истиот извор, појавата албански граѓани, но и странски државјани, кои се обидуваат, пред сѐ да внесат поголеми износи пари во земјата, но и да изнесат, а да не ги пријавуваат, е едно од кривичните дела кое бележи раст последните години. Со денешната заплена, според полициската статистика, само годинава на граничните премини, запленети се над два милиони евра. Од контролите е докажано дека премини каде што имало обиди да поминат најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч, каде се запленети евра, долари, британски фунти и швајцарски франци. Само во март, на граничните премини биле блокирани околу 520 илјади евра, што е најголема вредност во однос на другите месеци.  

The post Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izmamnichka-sobrala-nad-1-000-evra-lazhela-deka-parite-se-za-lekuvane-na-detsata-i-za-fakultet/ Wed, 09 Aug 2023 15:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=670473

Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.

- Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет, велат од МВР.

The post Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет appeared first on Република.

]]>

Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.
- Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет, велат од МВР.

The post Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет appeared first on Република.

]]>
Грк со пет евра се обидел да поткупи полицаец кај Демир Капија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grk-so-pet-evra-se-obidel-da-potkupi-politsaets-kaj-demir-kapija/ Wed, 02 Aug 2023 12:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=667905

Синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино бил приведен Л.В.(21) од Грција, кој се обидел да поткупи полицаец за време на контрола на документи.

Грчкиот државјанин управувал товарно возило „волво“ со полуприколка, со грчки национални ознаки. Имено, при вршење на контрола на документите кои возачот ги дал на увид, тој ставил банкнота од пет евра како поткуп, објави полицијата.

Л.В. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Неготино, а по насоки на Јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.

The post Грк со пет евра се обидел да поткупи полицаец кај Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино бил приведен Л.В.(21) од Грција, кој се обидел да поткупи полицаец за време на контрола на документи. Грчкиот државјанин управувал товарно возило „волво“ со полуприколка, со грчки национални ознаки. Имено, при вршење на контрола на документите кои возачот ги дал на увид, тој ставил банкнота од пет евра како поткуп, објави полицијата. Л.В. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Неготино, а по насоки на Јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.

The post Грк со пет евра се обидел да поткупи полицаец кај Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Проверете дали имате ваква монета од 2 евра, можете да заработите дури 150.000 евра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/proverete-dali-imate-vakva-moneta-od-2-evra-mozhete-da-zarabotite-duri-150-000-evra/ Sun, 26 Mar 2023 21:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=623689

Паричка од две евра вреди две евра, нели? Па, не мора!

Монетите со погрешен печат се особено популарни кај колекционерите - и затоа понекогаш се тргуваат многу добро. Бидејќи грешките при печатењето се всушност непожелни, монетите обично се оценуваат пред да бидат пуштени во оптек.

Постојат одредени монети кои можат да ви донесат мало богатство. Погледнете внимателно во вашиот паричник, бидејќи може да ви се исплати ако имате монета од две евра со грешка при печатење. Може да се продаде за околу 150.000 евра на продажните платформи како Ebav.

Ако „фатите“ еден, можеби ќе имате среќа. На соодветните продажни портали, купувачите на монети со печатење или правописни грешки се наддаваат меѓусебно.

Монетите со неправилно ковање, кои во стручните кругови се нарекуваат „печено јајце“, се сметаат за многу ретки и затоа особено вредни. Внатрешниот дел на монетата од едно или две евра е малку поместен и не е баш во средината. Свитката што недостасува на страна исто така може да биде вредно.

Исто така, може да се заработи од монети во форма на стапчиња. Во 2009 година се прослави 10-годишнината од Економско-монетарната унија (Еврозоната) и поради оваа причина беше изработена монета од две евра со стапче. Иако е многупати печатен и нема никаква вредност, денес добро се тргува!

Монетите од земји како Ватикан, Монако, Андора или Сан Марино исто така можат да имаат одредена вредност. Како и кај монетите од други земји, овде важи следново: погрешно печатење и специјални ковања се ретки и затоа се повредни.

На пример, монегаската монета од две евра од 2007 година, направена во спомен на смртта на принцезата Грејс, се смета дека вреди околу 600 евра.

Секако, ако сте колекционер, ве советуваме добро да ја погледнете понудата на Интернет, бидејќи секогаш има измамници кои ги преценуваат своите монети! Најдобро би било да контактирате со специјализиран продавач!

The post Проверете дали имате ваква монета од 2 евра, можете да заработите дури 150.000 евра appeared first on Република.

]]>

Паричка од две евра вреди две евра, нели? Па, не мора! Монетите со погрешен печат се особено популарни кај колекционерите - и затоа понекогаш се тргуваат многу добро. Бидејќи грешките при печатењето се всушност непожелни, монетите обично се оценуваат пред да бидат пуштени во оптек. Постојат одредени монети кои можат да ви донесат мало богатство. Погледнете внимателно во вашиот паричник, бидејќи може да ви се исплати ако имате монета од две евра со грешка при печатење. Може да се продаде за околу 150.000 евра на продажните платформи како Ebav. Ако „фатите“ еден, можеби ќе имате среќа. На соодветните продажни портали, купувачите на монети со печатење или правописни грешки се наддаваат меѓусебно. Монетите со неправилно ковање, кои во стручните кругови се нарекуваат „печено јајце“, се сметаат за многу ретки и затоа особено вредни. Внатрешниот дел на монетата од едно или две евра е малку поместен и не е баш во средината. Свитката што недостасува на страна исто така може да биде вредно. Исто така, може да се заработи од монети во форма на стапчиња. Во 2009 година се прослави 10-годишнината од Економско-монетарната унија (Еврозоната) и поради оваа причина беше изработена монета од две евра со стапче. Иако е многупати печатен и нема никаква вредност, денес добро се тргува! Монетите од земји како Ватикан, Монако, Андора или Сан Марино исто така можат да имаат одредена вредност. Како и кај монетите од други земји, овде важи следново: погрешно печатење и специјални ковања се ретки и затоа се повредни. На пример, монегаската монета од две евра од 2007 година, направена во спомен на смртта на принцезата Грејс, се смета дека вреди околу 600 евра. Секако, ако сте колекционер, ве советуваме добро да ја погледнете понудата на Интернет, бидејќи секогаш има измамници кои ги преценуваат своите монети! Најдобро би било да контактирате со специјализиран продавач!

The post Проверете дали имате ваква монета од 2 евра, можете да заработите дури 150.000 евра appeared first on Република.

]]>
Од воведувањето на еврото, во Хрватска нагло зголемен бројот на фалсификувани банкноти https://republika.mk/vesti/balkan/od-voveduvaneto-na-evroto-vo-hrvatska-naglo-zgolemen-brojot-na-falsifikuvani-banknoti/ Sun, 26 Feb 2023 20:31:39 +0000 https://republika.mk/?p=613477

Од воведувањето на еврото на 1 јануари годинава, во Хрватска е запленето значително количество лажни банкноти од европската валута, а имало и обиди да се плати со т.н. „филмски банкноти“. Ова, за хрватскиот „РТЛ Данас“ го обелоденува Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста во Полициската управа на Брод-Посавина. Тој појаснува дека и претходно имало фалсификувани банкноти, но не во толкав број.

Според информациите на РТЛ, само годинава, во Хрватската народна банка биле откриени речиси 300 лажни банкноти од еврото, најмногу во апоени од 50 евра - речиси 200. Оттаму велат дека измамниците се заинтересирани и за банкноти од 20 и 100 евра, а нешто помалку за тие од 10, 500 и 200.

Ваквите бројки значат дека за неполни два месеца биле откриени повеќе фалсификувани банкноти на евра отколку во текот на цела минатата година кога биле запленети вкупно 260, додека во 2021 година биле 228.

Големиот пораст на фалсификуваните евро банкноти го забележале најмногу рестораните, па скенерите и хемикалиите за откривање станаа задолжителен дел од опремата за кафеаните. Оние кои ќе бидат фатени од полицијата со лажни банкноти се соочуваат со затворска казна до 10 години, вели медиумот.

The post Од воведувањето на еврото, во Хрватска нагло зголемен бројот на фалсификувани банкноти appeared first on Република.

]]>

Од воведувањето на еврото на 1 јануари годинава, во Хрватска е запленето значително количество лажни банкноти од европската валута, а имало и обиди да се плати со т.н. „филмски банкноти“. Ова, за хрватскиот „РТЛ Данас“ го обелоденува Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста во Полициската управа на Брод-Посавина. Тој појаснува дека и претходно имало фалсификувани банкноти, но не во толкав број. Според информациите на РТЛ, само годинава, во Хрватската народна банка биле откриени речиси 300 лажни банкноти од еврото, најмногу во апоени од 50 евра - речиси 200. Оттаму велат дека измамниците се заинтересирани и за банкноти од 20 и 100 евра, а нешто помалку за тие од 10, 500 и 200. Ваквите бројки значат дека за неполни два месеца биле откриени повеќе фалсификувани банкноти на евра отколку во текот на цела минатата година кога биле запленети вкупно 260, додека во 2021 година биле 228. Големиот пораст на фалсификуваните евро банкноти го забележале најмногу рестораните, па скенерите и хемикалиите за откривање станаа задолжителен дел од опремата за кафеаните. Оние кои ќе бидат фатени од полицијата со лажни банкноти се соочуваат со затворска казна до 10 години, вели медиумот.

The post Од воведувањето на еврото, во Хрватска нагло зголемен бројот на фалсификувани банкноти appeared first on Република.

]]>
Хрватска: На вториот ден од користењето на еврото, полицијата предупредува на лажни банкноти https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-na-vtoriot-den-od-koristeneto-na-evroto-politsijata-predupreduva-na-lazhni-banknoti/ Mon, 02 Jan 2023 12:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=592763

Во Хрватска, која влезе во Шенген зоната и го воведе еврото како валута, граѓаните забрзано менуваат куни, а полицијата апелира на внимателност поради можна појава на фалсификувани банкноти.

Полицијата посочува дека во земјите кои го вовеле еврото двојно е зголемен бројот на фалсификувани банкноти на пазарот, а најчесто фалсификувани се оние од 50 евра.

Со оглед дека Хрватска е туристичка земја, се очекува зголемување на бројот на фалсификувани евра на пазарот, како и на фалсификувани монети, пренесува „ХРТ“.

Тамошната полиција апелира граѓаните да вршат финансиски трансакции преку финансиските институции бидејќи тоа е најбезбедно, а напоменуваат дека можни се и казни во случај да добијат фалсификувани пари.

Во кафулињата, диско клубовите и маркетите најчесто се подметнуваат фалсификувани пари.

Во Европа месечно се откриваат во просек по 35.000 фалсификувани банкноти.

Секоја година во оптек се 420.000 такви, а најмногу се произведуваат во земјите од Југоисточна Европа.

Пропишаната казна за прекршителите е до десет години затвор.

Во Хрватска, која вчера влезе во Шенген и го воведе еврото како валута, куната како официјална валута се користи повеќе од 28 години, а до 14 јануари останува рамноправно платежно средство.

The post Хрватска: На вториот ден од користењето на еврото, полицијата предупредува на лажни банкноти appeared first on Република.

]]>

Во Хрватска, која влезе во Шенген зоната и го воведе еврото како валута, граѓаните забрзано менуваат куни, а полицијата апелира на внимателност поради можна појава на фалсификувани банкноти. Полицијата посочува дека во земјите кои го вовеле еврото двојно е зголемен бројот на фалсификувани банкноти на пазарот, а најчесто фалсификувани се оние од 50 евра. Со оглед дека Хрватска е туристичка земја, се очекува зголемување на бројот на фалсификувани евра на пазарот, како и на фалсификувани монети, пренесува „ХРТ“. Тамошната полиција апелира граѓаните да вршат финансиски трансакции преку финансиските институции бидејќи тоа е најбезбедно, а напоменуваат дека можни се и казни во случај да добијат фалсификувани пари. Во кафулињата, диско клубовите и маркетите најчесто се подметнуваат фалсификувани пари. Во Европа месечно се откриваат во просек по 35.000 фалсификувани банкноти. Секоја година во оптек се 420.000 такви, а најмногу се произведуваат во земјите од Југоисточна Европа. Пропишаната казна за прекршителите е до десет години затвор. Во Хрватска, која вчера влезе во Шенген и го воведе еврото како валута, куната како официјална валута се користи повеќе од 28 години, а до 14 јануари останува рамноправно платежно средство.

The post Хрватска: На вториот ден од користењето на еврото, полицијата предупредува на лажни банкноти appeared first on Република.

]]>
Скопјанец на граница фатен со злато и девизи вредни 380 илјади евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanec-na-granica-faten-so-zlato-i-devizi-vredni-380-iljadi-evra/ Tue, 20 Dec 2022 10:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=587949

Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по кривична пријава од Царинската управа, донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „криумчарење“.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот на 16 декември 2022 година избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“, на излез од Македонија, во автобус со турски регистарски ознаки, пренел непријавена стока од големи размери, во вкупен износ од 23.286.120 денари.

При детален преглед на автобусот, на левата страна од моторот во специјално направен бункер биле пронајдени 11.960 грама 14-каратен златен накит, спакуван во 23 пакувања, кој осомничениот не го пријавил на царинските работници, како и девизни средства – 262.500 американски долари и 154.000 евра сите во разни апоени спакувани во 16 пакувања.

Поради постоење опасност осомничениот да избега, определена му е притворска мерка во траење од 30 дена.​

Бидејќи оцени дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да ја попречува истагата со влијание врз сведоците и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и му определи притворска мерка во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.

The post Скопјанец на граница фатен со злато и девизи вредни 380 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по кривична пријава од Царинската управа, донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „криумчарење“. Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот на 16 декември 2022 година избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“, на излез од Македонија, во автобус со турски регистарски ознаки, пренел непријавена стока од големи размери, во вкупен износ од 23.286.120 денари. При детален преглед на автобусот, на левата страна од моторот во специјално направен бункер биле пронајдени 11.960 грама 14-каратен златен накит, спакуван во 23 пакувања, кој осомничениот не го пријавил на царинските работници, како и девизни средства – 262.500 американски долари и 154.000 евра сите во разни апоени спакувани во 16 пакувања. Поради постоење опасност осомничениот да избега, определена му е притворска мерка во траење од 30 дена.​
Бидејќи оцени дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да ја попречува истагата со влијание врз сведоците и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и му определи притворска мерка во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.

The post Скопјанец на граница фатен со злато и девизи вредни 380 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Украинец и Унгарец уапсени на граница со 268.000 евра, оделе кон Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ukrainec-i-ungarec-uapseni-na-granica-so-268-000-evra-odele-kon-makedonija/ Mon, 28 Nov 2022 13:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=579171

Српската полиција на граничниот премин Прешево -Табановце ги уапсила украинскиот државјанин В.П.(37) и унгарскиот државјанин П.К.(42), кај кои пронашле 268.000 евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Унгарецот и Украинецот се осомничени за перење пари и задржани во притвор до 48 часа.

Прекршокот бил откриен кога на редот за контрола на излез од Србија пристигнало возилото „туарег“ со странска регистрација, во кое кон Македонија патувале двајца странски државјани.

И покрај тоа што кажале дека немаат што да пријават и дека ги носат дозволените суми на пари, автомобилот бил издвоен на темелна проверка.

Во таа прилика, во фабричката подна шуплина, пред совозачкото седиште, најнапред била пронајдена кеса со снопови девизи.

Потоа во преградата за акумулатор биле пронајдени уште три кеси со скриени пари, а на крајот дел од скриените пари во различни апоени биле пронајдени и во тапацирот под клупата на задното седиште. Со пребројување било утврдено дека се работи за вкупно 268.000 шверцувани евра.

Откриените пари заедно со 37-годишниот возач и автомобилот чија вредност се проценува на околу 70.000 евра ги презеде во понатамошна надлежност полицијата и обвинителството.

The post Украинец и Унгарец уапсени на граница со 268.000 евра, оделе кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Српската полиција на граничниот премин Прешево -Табановце ги уапсила украинскиот државјанин В.П.(37) и унгарскиот државјанин П.К.(42), кај кои пронашле 268.000 евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Унгарецот и Украинецот се осомничени за перење пари и задржани во притвор до 48 часа. Прекршокот бил откриен кога на редот за контрола на излез од Србија пристигнало возилото „туарег“ со странска регистрација, во кое кон Македонија патувале двајца странски државјани. И покрај тоа што кажале дека немаат што да пријават и дека ги носат дозволените суми на пари, автомобилот бил издвоен на темелна проверка. Во таа прилика, во фабричката подна шуплина, пред совозачкото седиште, најнапред била пронајдена кеса со снопови девизи. Потоа во преградата за акумулатор биле пронајдени уште три кеси со скриени пари, а на крајот дел од скриените пари во различни апоени биле пронајдени и во тапацирот под клупата на задното седиште. Со пребројување било утврдено дека се работи за вкупно 268.000 шверцувани евра. Откриените пари заедно со 37-годишниот возач и автомобилот чија вредност се проценува на околу 70.000 евра ги презеде во понатамошна надлежност полицијата и обвинителството.

The post Украинец и Унгарец уапсени на граница со 268.000 евра, оделе кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Србите ги уапсија: Украинец и Унгарец се обиделе да влезат во Македонија со 268.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/srbite-gi-uapsija-ukrainec-i-ungarec-se-obidele-da-vlezat-vo-makedonija-so-268-000-evra/ Mon, 28 Nov 2022 10:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=579070

Припаднции на Министерството за внатрешни работи  на Србија,  и Царинската управа уапсија украински државјанин. В.П.(1985) и унгарскиот државјанин П.К.(1980).поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело перење пари.

Полицијата на граничниот премин Прешево при контрола на автомобил „фолксваген туарег“ како и при преглед на осомничените открила вкупно 268.000 евра.Тие со парите сакале да влезат во Македонија. Еврата биле скриени секаде во возилото, под седишта, во управувачката табла, на подот.

 

 

The post Србите ги уапсија: Украинец и Унгарец се обиделе да влезат во Македонија со 268.000 евра appeared first on Република.

]]>

Припаднции на Министерството за внатрешни работи  на Србија,  и Царинската управа уапсија украински државјанин. В.П.(1985) и унгарскиот државјанин П.К.(1980).поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело перење пари. Полицијата на граничниот премин Прешево при контрола на автомобил „фолксваген туарег“ како и при преглед на осомничените открила вкупно 268.000 евра.Тие со парите сакале да влезат во Македонија. Еврата биле скриени секаде во возилото, под седишта, во управувачката табла, на подот.    

The post Србите ги уапсија: Украинец и Унгарец се обиделе да влезат во Македонија со 268.000 евра appeared first on Република.

]]>
Велешанец фатен со над 100.000 евра, кеш за кој немал доказ од каде му е https://republika.mk/vesti/crna-hronika/veleshanec-faten-so-nad-100-000-evra-kesh-za-koj-nemal-dokaz-od-kade-mu-e/ Wed, 07 Sep 2022 11:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=548279

На патот Македонски Брод – Прилеп, на место викано Суводолска крстосница, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп вчера во 12.12 часот го лишиле од слобода М.Н.(52) од Велес.

При преглед во возилото „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Велешанец фатен со над 100.000 евра, кеш за кој немал доказ од каде му е appeared first on Република.

]]>

На патот Македонски Брод – Прилеп, на место викано Суводолска крстосница, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп вчера во 12.12 часот го лишиле од слобода М.Н.(52) од Велес. При преглед во возилото „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Велешанец фатен со над 100.000 евра, кеш за кој немал доказ од каде му е appeared first on Република.

]]>
Дополнителен заштитен механизам: Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките https://republika.mk/vesti/ekonomija/dopolnitelen-zashtiten-mehanizam-menuvachnicite-kje-mozat-da-kupuvaat-evra-od-bankite/ Mon, 21 Mar 2022 14:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=476192

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката.

Сепак, оттаму нагласуваат дека според последните расположливи податоци, менувачниците располагаат со девизи. Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс, се воспоставува лимит до коj може тој да се движи, водејќи се од курсот по кој менувачниците ги купиле еврата од банките. Со тоа се обезбедува заштита на граѓаните и во однос на цената по којашто ќе може да купат евра од менувачница, доколку имаат потреба.

Од НБ додаваат дека со купување евра граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци. Курсот на денарот е стабилен и ќе биде стабилен, за што гарантира Народната банка. Девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра. За оние кои сакаат да купат девизи, девизи на пазарот има.

Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи.

The post Дополнителен заштитен механизам: Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките appeared first on Република.

]]>

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката. Сепак, оттаму нагласуваат дека според последните расположливи податоци, менувачниците располагаат со девизи. Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс, се воспоставува лимит до коj може тој да се движи, водејќи се од курсот по кој менувачниците ги купиле еврата од банките. Со тоа се обезбедува заштита на граѓаните и во однос на цената по којашто ќе може да купат евра од менувачница, доколку имаат потреба. Од НБ додаваат дека со купување евра граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци. Курсот на денарот е стабилен и ќе биде стабилен, за што гарантира Народната банка. Девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра. За оние кои сакаат да купат девизи, девизи на пазарот има. Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи.

The post Дополнителен заштитен механизам: Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките appeared first on Република.

]]>