Ескорт Archives - Република https://republika.mk/tema/eskort/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 14:39:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ескорт Archives - Република https://republika.mk/tema/eskort/ 32 32 Елитна украинска проститутка во Италија претепала руска колешка поради војната https://republika.mk/vesti/svet/elitna-ukrainska-prostitutka-vo-italija-pretepala-ruska-koleshka-poradi-vojnata/ Fri, 23 Feb 2024 18:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=745640

Елитна украинска проститутка се соочува со кривична постапка во Италија затоа што претепала и ограбила своја колешка од Русија.

Инцидентот се сличил коа извесен 57-годишен бизнисмен повикал две ескорт девојки - една од Русија и една од Украина, но наместо да го задоволат клиентот, тие две почнале да ањ пцујат и да се навредуваат. Состојбата ексалирала по што Украинката ја претепала Русинката и и го земала паричникот со повеќе од 400 евра.

Како што пишуваат локални медимуи, Украинката својата постапка ја објаснила со војната во нејзината земја обвинувајќи ја Русинката за страдањата на Украина.

The post Елитна украинска проститутка во Италија претепала руска колешка поради војната appeared first on Република.

]]>

Елитна украинска проститутка се соочува со кривична постапка во Италија затоа што претепала и ограбила своја колешка од Русија. Инцидентот се сличил коа извесен 57-годишен бизнисмен повикал две ескорт девојки - една од Русија и една од Украина, но наместо да го задоволат клиентот, тие две почнале да ањ пцујат и да се навредуваат. Состојбата ексалирала по што Украинката ја претепала Русинката и и го земала паричникот со повеќе од 400 евра. Како што пишуваат локални медимуи, Украинката својата постапка ја објаснила со војната во нејзината земја обвинувајќи ја Русинката за страдањата на Украина.

The post Елитна украинска проститутка во Италија претепала руска колешка поради војната appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на „Ескорт“ на Лукас Нола, снимен во копродукција со Скопје филм Студио на „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-eskort-na-lukas-nola-snimen-vo-koproduktsija-so-skopje-film-studio-na-braka-manaki-2/ Mon, 25 Sep 2023 10:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=684940

Долгометражниот игран филм „Ескорт“ на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, во кој копродуцент е „Скопје филм студио“ ќе ја доживее македонската премиера денеска во 17 часот во Центарот за култура во Битола, во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки”. Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата „Специјална селекција“.

Приказната го следи Миро кој за време на службено патување, за прв пат во животот, вечерта ја поминува со ескорт дама кој некој ја испратил во неговата хотелска соба. После страстниот секс, тој ја наоѓа девојката мртва во тоалетот. Успешен, среќно оженет и татко на две деца, Миро ја прикрива несреќата со помош на двајца вработени во хотелот, кои набрзо почнуваат да бараат од него да им ја возврати услугата. На почетокот, тоа се мали нешта, но наскоро нивните барања почнуваат да излегуваат од контрола. Двајцата соучесници во неговото „злосторство“ одеднаш добиваат голема улога во неговиот живот, кој никогаш повеќе нема да биде ист.

Ароганцијата, примитивизмот и насилството – од институционален, политички, економски, верски и културен вид – доминираат во општеството и ги диктираат речиси сите негови правила. Оваа доминација не е секогаш гласна и очигледна; често е прикриена и речиси незабележлива, но секогаш е тука. Мојата немоќ и немоќта на луѓето околу мене ми создаваат премногу фрустрации. Мојот гнев кон себе што ја прифатив оваа ситуација е инспирацијата што ме натера да ја напишам и снимам оваа приказна – изјави Нола.

Лукас Нола, покрај тоа што го режираше „Ескорт“, е исто така и автор на сценариото по кое е снимен филмот. Дипломирал филмска режија на Академијата за драмски Уметности во Загреб. Неговата кариера ја обележуваат 8 играни филма и 2 мини ТВ серии. Неговиот претходен филм „Молчи“ (2013) е прикажуван на фестивали во Португалија, Франција, Индија, Египет, Полска и многу други земји, а за култниот филм „Небо, Сателити“ (2000) беше награден со „Златна арена“ за најдобра режија.

„Ескорт“, кој критиката го смета за негово најзрело и највозбудливо дело, е последниот филм на Лукас Нола, кој почина минатиот октомври. Како режисер Нола бил истражувач, номад и сеопфатен. Неговите дела се многубројни и се одликуваат со различни квалитативни карактеристики. Останува запаметен како еден од најталентираните режисери во Хрватска, кој има голем придонес за хрватската кинематографија. Неговите филмови во еден момент функционирале како мало движење на отпор кон просечниот консензус на хрватската кинематографија во 90-тите.

Авторски потпис на филмот ставаат и Фране Памиќ како кинематографер, Славен Зеќевиќ – монтажа, сценографијата е на Иван Вељача, костимографија –Жељка Франуловиќ, шминка – Мојца Горогранц Петрушевска, автор на оригиналната музика е македонскиот композитор Александар Пејовски, а дизајнот на звук е на Игор Поповски . Продуценти на филмот се Хрвоје Перван, Драган Јуриќ и Анкица Јуриќ Тилиќ а како копродуценти се потпишуваат Томи Салковски и Фатмир Спахиу.

Главните улоги ги толкуваат: Живко Аночиќ, Крешмир Микиќ, Никша Бутијер, Хрвојка Беговиќ, Игор Ковач, Хрвоје Баришиќ, Пашко Вукасовиќ и Лена Медар.

„Ескорт“ е копродукција на „Кинорама“ од Хрватска со „Скопје филм студио“ и „Бука продукција“ од Косово, и е направен со поддршка од македонската Агенција за филм, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар, ХРТ и Косовскиот Центар за Кинематографија.

Светската премиера на „Ескорт“ се случи на 18 јули годинава на јубилејното 70-то издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска, каде доби 2 награди „Златна Арена“, за најдобра споредна машка улога на актерот Крешмир Микиќ и за сценографија на Иван Вељача, додека на Лукас Нола му беше доделено специјално признание од оценувачкиот суд на „Кино мрежа“.

 

The post Македонска премиера на „Ескорт“ на Лукас Нола, снимен во копродукција со Скопје филм Студио на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот игран филм „Ескорт“ на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, во кој копродуцент е „Скопје филм студио“ ќе ја доживее македонската премиера денеска во 17 часот во Центарот за култура во Битола, во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки”. Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата „Специјална селекција“. Приказната го следи Миро кој за време на службено патување, за прв пат во животот, вечерта ја поминува со ескорт дама кој некој ја испратил во неговата хотелска соба. После страстниот секс, тој ја наоѓа девојката мртва во тоалетот. Успешен, среќно оженет и татко на две деца, Миро ја прикрива несреќата со помош на двајца вработени во хотелот, кои набрзо почнуваат да бараат од него да им ја возврати услугата. На почетокот, тоа се мали нешта, но наскоро нивните барања почнуваат да излегуваат од контрола. Двајцата соучесници во неговото „злосторство“ одеднаш добиваат голема улога во неговиот живот, кој никогаш повеќе нема да биде ист.
Ароганцијата, примитивизмот и насилството – од институционален, политички, економски, верски и културен вид – доминираат во општеството и ги диктираат речиси сите негови правила. Оваа доминација не е секогаш гласна и очигледна; често е прикриена и речиси незабележлива, но секогаш е тука. Мојата немоќ и немоќта на луѓето околу мене ми создаваат премногу фрустрации. Мојот гнев кон себе што ја прифатив оваа ситуација е инспирацијата што ме натера да ја напишам и снимам оваа приказна – изјави Нола.
Лукас Нола, покрај тоа што го режираше „Ескорт“, е исто така и автор на сценариото по кое е снимен филмот. Дипломирал филмска режија на Академијата за драмски Уметности во Загреб. Неговата кариера ја обележуваат 8 играни филма и 2 мини ТВ серии. Неговиот претходен филм „Молчи“ (2013) е прикажуван на фестивали во Португалија, Франција, Индија, Египет, Полска и многу други земји, а за култниот филм „Небо, Сателити“ (2000) беше награден со „Златна арена“ за најдобра режија. „Ескорт“, кој критиката го смета за негово најзрело и највозбудливо дело, е последниот филм на Лукас Нола, кој почина минатиот октомври. Како режисер Нола бил истражувач, номад и сеопфатен. Неговите дела се многубројни и се одликуваат со различни квалитативни карактеристики. Останува запаметен како еден од најталентираните режисери во Хрватска, кој има голем придонес за хрватската кинематографија. Неговите филмови во еден момент функционирале како мало движење на отпор кон просечниот консензус на хрватската кинематографија во 90-тите. Авторски потпис на филмот ставаат и Фране Памиќ како кинематографер, Славен Зеќевиќ – монтажа, сценографијата е на Иван Вељача, костимографија –Жељка Франуловиќ, шминка – Мојца Горогранц Петрушевска, автор на оригиналната музика е македонскиот композитор Александар Пејовски, а дизајнот на звук е на Игор Поповски . Продуценти на филмот се Хрвоје Перван, Драган Јуриќ и Анкица Јуриќ Тилиќ а како копродуценти се потпишуваат Томи Салковски и Фатмир Спахиу. Главните улоги ги толкуваат: Живко Аночиќ, Крешмир Микиќ, Никша Бутијер, Хрвојка Беговиќ, Игор Ковач, Хрвоје Баришиќ, Пашко Вукасовиќ и Лена Медар. „Ескорт“ е копродукција на „Кинорама“ од Хрватска со „Скопје филм студио“ и „Бука продукција“ од Косово, и е направен со поддршка од македонската Агенција за филм, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар, ХРТ и Косовскиот Центар за Кинематографија. Светската премиера на „Ескорт“ се случи на 18 јули годинава на јубилејното 70-то издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска, каде доби 2 награди „Златна Арена“, за најдобра споредна машка улога на актерот Крешмир Микиќ и за сценографија на Иван Вељача, додека на Лукас Нола му беше доделено специјално признание од оценувачкиот суд на „Кино мрежа“.  

The post Македонска премиера на „Ескорт“ на Лукас Нола, снимен во копродукција со Скопје филм Студио на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на „Ескорт“ на Лукас Нола, снимен во копродукција со Скопје филм Студио на „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-eskort-na-lukas-nola-snimen-vo-koproduktsija-so-skopje-film-studio-na-braka-manaki/ Fri, 22 Sep 2023 19:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=684241

Долгометражниот игран филм „Ескорт” на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, направен во копродукциска соработка со Скопје Филм Студио ќе ја доживее македонската премира во рамките на овогодинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, кој годинава ќе се одржи од 23-ти до 29-ти септември во Битола.

Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата „Специјална селекција“ во Центарот за култура на 25-ти септември, понеделник од 17:00 часот.

Приказната го следи Миро кој за време на службено патување, за прв пат во животот, вечерта ја поминува со ескорт дама кој некој ја испратил во неговата хотелска соба. После страстниот секс, тој ја наоѓа девојката мртва во тоалетот. Успешен, среќно оженет и татко на две деца, Миро ја прикрива несреќата со помош на двајца вработени во хотелот, кои набрзо почнуваат да бараат од него да им ја возврати услугата. На почетокот, тоа се мали нешта, но наскоро нивните барања почнуваат да излегуваат од контрола. Двајцата соучесници во неговото „злосторство“ одеднаш добиваат голема улога во неговиот живот, кој никогаш повеќе нема да биде ист.

Ароганцијата, примитивизмот и насилството – од институционален, политички, економски, верски и културен вид – доминираат во општеството и ги диктираат речиси сите негови правила. Оваа доминација не е секогаш гласна и очигледна; често е прикриена и речиси незабележлива, но секогаш е тука. Мојата немоќ и немоќта на луѓето околу мене ми создаваат премногу фрустрации. Мојот гнев кон себе што ја прифатив оваа ситуација е инспирацијата што ме натера да ја напишам и снимам оваа приказна ќе изјави Лукас Нола во режисерската експликација за филмот.

Авторски потпис на филмот ставаат и Фране Памиќ како кинематографер, Славен Зеќевиќ - монтажа, сценографијата е на Иван Вељача, костимографија –Жељка Франуловиќ, шминка – Мојца Горогранц Петрушевска, автор на оригиналната музика е македонскиот композитор Александар Пејовски, а дизајнот на звук е на Игор Поповски . Продуценти на филмот се Хрвоје Перван, Драган Јуриќ и Анкица Јуриќ Тилиќ а како копродуценти се потпишуваат Томи Салковски и Фатмир Спахиу.

Главните улоги ги толкуваат Живко Аночиќ, Крешмир Микиќ, Никша Бутијер, Хрвојка Беговиќ, Игор Ковач, Хрвоје Баришиќ, Пашко Вукасовиќ и Лена Медар.

„Ескорт“ е копродукција на Кинорама од Хрватска со Скопје Филм Студио и Бука Продукција од Косово, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар, ХРТ и Косовскиот Центар за Кинематографија.

 

Светската премиера на „Ескорт“ се случи на 18-ти јули годинава на јубилејното 70-то издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска, каде доби 2 награди „Златна Арена“, за Најдобра споредна машка улога на актерот Крешмир Микиќ и за Сценографија на Иван Вељача, додека на Лукас Нола му беше доделено Специјално признание од оценувачкиот суд на Кино Мрежа.

 

The post Македонска премиера на „Ескорт“ на Лукас Нола, снимен во копродукција со Скопје филм Студио на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот игран филм „Ескорт” на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, направен во копродукциска соработка со Скопје Филм Студио ќе ја доживее македонската премира во рамките на овогодинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, кој годинава ќе се одржи од 23-ти до 29-ти септември во Битола. Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата „Специјална селекција“ во Центарот за култура на 25-ти септември, понеделник од 17:00 часот. Приказната го следи Миро кој за време на службено патување, за прв пат во животот, вечерта ја поминува со ескорт дама кој некој ја испратил во неговата хотелска соба. После страстниот секс, тој ја наоѓа девојката мртва во тоалетот. Успешен, среќно оженет и татко на две деца, Миро ја прикрива несреќата со помош на двајца вработени во хотелот, кои набрзо почнуваат да бараат од него да им ја возврати услугата. На почетокот, тоа се мали нешта, но наскоро нивните барања почнуваат да излегуваат од контрола. Двајцата соучесници во неговото „злосторство“ одеднаш добиваат голема улога во неговиот живот, кој никогаш повеќе нема да биде ист.
Ароганцијата, примитивизмот и насилството – од институционален, политички, економски, верски и културен вид – доминираат во општеството и ги диктираат речиси сите негови правила. Оваа доминација не е секогаш гласна и очигледна; често е прикриена и речиси незабележлива, но секогаш е тука. Мојата немоќ и немоќта на луѓето околу мене ми создаваат премногу фрустрации. Мојот гнев кон себе што ја прифатив оваа ситуација е инспирацијата што ме натера да ја напишам и снимам оваа приказна ќе изјави Лукас Нола во режисерската експликација за филмот.
Авторски потпис на филмот ставаат и Фране Памиќ како кинематографер, Славен Зеќевиќ - монтажа, сценографијата е на Иван Вељача, костимографија –Жељка Франуловиќ, шминка – Мојца Горогранц Петрушевска, автор на оригиналната музика е македонскиот композитор Александар Пејовски, а дизајнот на звук е на Игор Поповски . Продуценти на филмот се Хрвоје Перван, Драган Јуриќ и Анкица Јуриќ Тилиќ а како копродуценти се потпишуваат Томи Салковски и Фатмир Спахиу. Главните улоги ги толкуваат Живко Аночиќ, Крешмир Микиќ, Никша Бутијер, Хрвојка Беговиќ, Игор Ковач, Хрвоје Баришиќ, Пашко Вукасовиќ и Лена Медар. „Ескорт“ е копродукција на Кинорама од Хрватска со Скопје Филм Студио и Бука Продукција од Косово, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар, ХРТ и Косовскиот Центар за Кинематографија.   Светската премиера на „Ескорт“ се случи на 18-ти јули годинава на јубилејното 70-то издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска, каде доби 2 награди „Златна Арена“, за Најдобра споредна машка улога на актерот Крешмир Микиќ и за Сценографија на Иван Вељача, додека на Лукас Нола му беше доделено Специјално признание од оценувачкиот суд на Кино Мрежа.  

The post Македонска премиера на „Ескорт“ на Лукас Нола, снимен во копродукција со Скопје филм Студио на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>