Ентони Блинкен Archives - Република https://republika.mk/tema/entoni-blinken/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 08:46:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ентони Блинкен Archives - Република https://republika.mk/tema/entoni-blinken/ 32 32 Блинкен: Вклучувањето на Севернокорејците во непријателствата во Украина ќе добие силен одговор https://republika.mk/vesti/svet/blinken-vkluchuvaneto-na-severnokorejtsite-vo-neprijatelstvata-vo-ukraina-ke-dobie-silen-odgovor/ Wed, 13 Nov 2024 08:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=837024

Вклучувањето на Севернокорејците во непријателствата во Украина ќе добие силен одговор, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во седиштето на алијансата во Брисел.

Блинкен посочи дека неговите разговори во НАТО се поврзани со продолжување на поддршката за Украина. Алијансата има уште многу работа за зајакнување на воено-индустрискиот комплекс, трошоците мора да се зголемат за да се обезбедат потребните капацитети, додаде тој. Според него, 23 земји од НАТО веќе ја исполнуваат целта за трошоци за одбрана од најмалку два отсто од БДП. НАТО има клучна улога за безбедноста на САД, резимира државниот секретар.

Треба да го зголемиме военото производство и да инвестираме повеќе во одбраната, посочи Руте. Благодарение на американската поддршка, Украина издржа и Русија не победи во војната. Треба да направиме повеќе за да можат украинските сили да ги одбијат Русите, додаде тој.

Според него, севернокорејската војска на украинскиот фронт создава дополнителна закана и ја зголемува способноста на рускиот претседател Владимир Путин да нанесува штета. Путин му обезбедува ракетна технологија на Пјонгјанг, а тоа претставува опасност не само за Европа, туку и за САД, Јапонија и Јужна Кореја, истакна Руте. Веќе извесно време, Кина помага да се заобиколат санкциите наметнати на Русија и ѝ обезбедува на Москва стоки за двојна употреба, Иран обезбедува беспилотни летала на руската страна и за возврат добива пари што служат за продолжување на напорите за дестабилизација на Блискиот Исток, додаде Руте, резимирајќи, дека конфликтите ширум светот стануваат се поповрзани.

The post Блинкен: Вклучувањето на Севернокорејците во непријателствата во Украина ќе добие силен одговор appeared first on Република.

]]>

Вклучувањето на Севернокорејците во непријателствата во Украина ќе добие силен одговор, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во седиштето на алијансата во Брисел. Блинкен посочи дека неговите разговори во НАТО се поврзани со продолжување на поддршката за Украина. Алијансата има уште многу работа за зајакнување на воено-индустрискиот комплекс, трошоците мора да се зголемат за да се обезбедат потребните капацитети, додаде тој. Според него, 23 земји од НАТО веќе ја исполнуваат целта за трошоци за одбрана од најмалку два отсто од БДП. НАТО има клучна улога за безбедноста на САД, резимира државниот секретар. Треба да го зголемиме военото производство и да инвестираме повеќе во одбраната, посочи Руте. Благодарение на американската поддршка, Украина издржа и Русија не победи во војната. Треба да направиме повеќе за да можат украинските сили да ги одбијат Русите, додаде тој. Според него, севернокорејската војска на украинскиот фронт создава дополнителна закана и ја зголемува способноста на рускиот претседател Владимир Путин да нанесува штета. Путин му обезбедува ракетна технологија на Пјонгјанг, а тоа претставува опасност не само за Европа, туку и за САД, Јапонија и Јужна Кореја, истакна Руте. Веќе извесно време, Кина помага да се заобиколат санкциите наметнати на Русија и ѝ обезбедува на Москва стоки за двојна употреба, Иран обезбедува беспилотни летала на руската страна и за возврат добива пари што служат за продолжување на напорите за дестабилизација на Блискиот Исток, додаде Руте, резимирајќи, дека конфликтите ширум светот стануваат се поповрзани.

The post Блинкен: Вклучувањето на Севернокорејците во непријателствата во Украина ќе добие силен одговор appeared first on Република.

]]>
Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток https://republika.mk/vesti/svet/blinken-sad-se-obiduvaat-da-sprechat-eskalatsija-na-nasilstvoto-na-bliski-istok/ Fri, 11 Oct 2024 12:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=825537

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам изрази загриженост поради тешката ситуација на жителите во Појасот Газа и конфликтот на Блиски Исток.

Тој истакна дека САД прават сè што е во нивна моќ за да спречи ескалација на насилството.

Вниманието на САД, и тоа е така веќе една година, е насочено токму на ова: да се спречи ескалација на овие конфликти. Секој ден работиме на тоа, посочи Блинкен, додавајќи оти Вашингтон е во директна комуникација со Израел, во која ја нагласуваат потребата да се обезбедат хуманитарните потреби на жителите на Газа.

Тој наведе и дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах. Според него, Тел Авив има интерес да создаде услови за десетици илјади раселени жители во јужен Либан да се вратат во своите домови.

Од витално значење е, додека се прави ова, напорите да се фокусираат на заштита на цивилите за да не бидат фатени во вкрстен оган, истакна Блинкен.

 

The post Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам изрази загриженост поради тешката ситуација на жителите во Појасот Газа и конфликтот на Блиски Исток. Тој истакна дека САД прават сè што е во нивна моќ за да спречи ескалација на насилството.
Вниманието на САД, и тоа е така веќе една година, е насочено токму на ова: да се спречи ескалација на овие конфликти. Секој ден работиме на тоа, посочи Блинкен, додавајќи оти Вашингтон е во директна комуникација со Израел, во која ја нагласуваат потребата да се обезбедат хуманитарните потреби на жителите на Газа.
Тој наведе и дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах. Според него, Тел Авив има интерес да создаде услови за десетици илјади раселени жители во јужен Либан да се вратат во своите домови.
Од витално значење е, додека се прави ова, напорите да се фокусираат на заштита на цивилите за да не бидат фатени во вкрстен оган, истакна Блинкен.
 

The post Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Време е да се постигне договор за прекин на огнот во Газа https://republika.mk/vesti/svet/blinken-vreme-e-da-se-postigne-dogovor-za-prekin-na-ognot-vo-gaza/ Mon, 07 Oct 2024 15:14:53 +0000 https://republika.mk/?p=823903

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод годишнината од нападот на групата Хамас на југот на Израел, изјави дека е време да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа што ќе овозможи ослободување на заложниците, ублажување на страдањата на израелскиот и палестинскиот народ и на крајот ќе доведат до крај на војната, објави Стејт департментот.

Блинкен нагласи дека на годишнината од конфликтот, САД стојат со Израел додека се бранат од тероризмот и остануваат непоколебливи во својата заложба за траен мир и стабилност во целиот регион на Блискиот Исток и заедничка иднина за Израелците и Палестинците.

„Меѓународната заедница, исто така, мора да застане непоколебливо во соочувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, вклучително и изворите на поддршка за групи како Хамас. Таа мора да ја осуди поддршката на Иран за Хамас и другите терористички групи во регионот кои се одговорни за толку многу смртни случаи, уништување и нестабилност“, изјави Блинкен.

The post Блинкен: Време е да се постигне договор за прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод годишнината од нападот на групата Хамас на југот на Израел, изјави дека е време да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа што ќе овозможи ослободување на заложниците, ублажување на страдањата на израелскиот и палестинскиот народ и на крајот ќе доведат до крај на војната, објави Стејт департментот. Блинкен нагласи дека на годишнината од конфликтот, САД стојат со Израел додека се бранат од тероризмот и остануваат непоколебливи во својата заложба за траен мир и стабилност во целиот регион на Блискиот Исток и заедничка иднина за Израелците и Палестинците. „Меѓународната заедница, исто така, мора да застане непоколебливо во соочувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, вклучително и изворите на поддршка за групи како Хамас. Таа мора да ја осуди поддршката на Иран за Хамас и другите терористички групи во регионот кои се одговорни за толку многу смртни случаи, уништување и нестабилност“, изјави Блинкен.

The post Блинкен: Време е да се постигне договор за прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Хамас веќе неколку недели не учествува во преговори за прекин на огнот https://republika.mk/vesti/svet/blinken-hamas-veke-nekolku-nedeli-ne-uchestvuva-vo-pregovori-za-prekin-na-ognot/ Wed, 25 Sep 2024 14:30:12 +0000 https://republika.mk/?p=819590

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Хамас не учествувал во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците последниве неколку недели, додека повторно посочи дека останале многу малку прашања за решавање во потенцијалниот договор.

Имаме документ – договор. Има 18 параграфи — 15 од нив се договорени помеѓу Хамас и Израел, изјави Блинкен за емисијата „Today“ на Ен-Би-Си.

Но, она што се случува во последниве неколку недели е дека Хамас едноставно не е на маса, не сака да учествува во решавање на останатите нерешени прашања, кои ако ги затвориме, ќе го затвориме договорот и ќе го склучиме, појасни Блинкен.

Главниот американски дипломат напомена дека „и Израел ќе треба да донесе тешки одлуки во последните фази, така што треба да се погледне и тоа.“

Си-Ен-Ен денеска објави дека високите американски претставници главно престанале да вршат притисок за преговори за прекин на огнот, откако процениле дека моментално нема политичка волја ни од Хамас, ни од Израел да стават крај на конфликтот.

The post Блинкен: Хамас веќе неколку недели не учествува во преговори за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Хамас не учествувал во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците последниве неколку недели, додека повторно посочи дека останале многу малку прашања за решавање во потенцијалниот договор. Имаме документ – договор. Има 18 параграфи — 15 од нив се договорени помеѓу Хамас и Израел, изјави Блинкен за емисијата „Today“ на Ен-Би-Си. Но, она што се случува во последниве неколку недели е дека Хамас едноставно не е на маса, не сака да учествува во решавање на останатите нерешени прашања, кои ако ги затвориме, ќе го затвориме договорот и ќе го склучиме, појасни Блинкен. Главниот американски дипломат напомена дека „и Израел ќе треба да донесе тешки одлуки во последните фази, така што треба да се погледне и тоа.“ Си-Ен-Ен денеска објави дека високите американски претставници главно престанале да вршат притисок за преговори за прекин на огнот, откако процениле дека моментално нема политичка волја ни од Хамас, ни од Израел да стават крај на конфликтот.

The post Блинкен: Хамас веќе неколку недели не учествува во преговори за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами https://republika.mk/vesti/svet/vozdushna-trevoga-vo-kiev-za-vreme-na-posetata-na-blinken-i-lami/ Wed, 11 Sep 2024 19:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=815486

Воздушна тревога денеска попладне се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници.

Украинските Воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета.

Во пораката било наведувено дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили.

The post Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами appeared first on Република.

]]>

Воздушна тревога денеска попладне се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници. Украинските Воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета. Во пораката било наведувено дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили.

The post Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Израел прифатил предлог за прекин на огнот https://republika.mk/vesti/svet/blinken-izrael-prifatil-predlog-za-prekin-na-ognot/ Mon, 19 Aug 2024 21:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=808072

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во Тел Авив дека Израел го прифатил предлогот за надминување на разликите што спречуваа прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа и го повика Хамас да го стори истото.

Блинкен тоа го изјави вечерва по двоиполчасовната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржана во Ерусалим, а пред утрешната очекувана посета на Египет.

САД, Египет и Катар со месеци се обидуваат да постигнат договор.

Блинкен не кажа дали предлогот за премостување на јазот се однесува на барањата на Израел за контрола на двата стратешки коридори во Газа, за кое Хамас не се согласува или други прашања што долго време ги попречуваат разговорите.

На многу конструктивен состанок со премиерот Нетанјаху денеска, тој ми потврди дека го поддржува предлогот да се премости (јазот). Следниот важен чекор е Хамас да каже „да“, рече Блинкен.

 

The post Блинкен: Израел прифатил предлог за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во Тел Авив дека Израел го прифатил предлогот за надминување на разликите што спречуваа прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа и го повика Хамас да го стори истото. Блинкен тоа го изјави вечерва по двоиполчасовната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржана во Ерусалим, а пред утрешната очекувана посета на Египет. САД, Египет и Катар со месеци се обидуваат да постигнат договор. Блинкен не кажа дали предлогот за премостување на јазот се однесува на барањата на Израел за контрола на двата стратешки коридори во Газа, за кое Хамас не се согласува или други прашања што долго време ги попречуваат разговорите.
На многу конструктивен состанок со премиерот Нетанјаху денеска, тој ми потврди дека го поддржува предлогот да се премости (јазот). Следниот важен чекор е Хамас да каже „да“, рече Блинкен.
 

The post Блинкен: Израел прифатил предлог за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Блинкен со порака до Израел: Зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ https://republika.mk/vesti/svet/blinken-so-poraka-do-izrael-zgolemenite-tenzii-na-bliskiot-istok-ne-se-vo-nichij-interes/ Sat, 10 Aug 2024 09:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=805137

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порачал на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ и ја истакнал потребата од прекин на огнот во Газа, соопшти американскиот Стејт департмент

Државниот секретар ја потврди силната посветеност на САД за безбедноста на Израел и објасни дека ескалацијата на тензиите не е во ничиј интерес“, се наведува во соопштението.

Блинкен ја нагласил „итната потреба од прекин на огнот во Газа“, што може да помогне во ослободувањето на заложниците кои се држат во енклавата и „да се создадат услови за да се обезбеди стабилност во поширокиот регион“.

Еден ден претходно, Галант разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток со својот американски колега Лојд Остин.

The post Блинкен со порака до Израел: Зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порачал на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ и ја истакнал потребата од прекин на огнот во Газа, соопшти американскиот Стејт департмент
Државниот секретар ја потврди силната посветеност на САД за безбедноста на Израел и објасни дека ескалацијата на тензиите не е во ничиј интерес“, се наведува во соопштението.
Блинкен ја нагласил „итната потреба од прекин на огнот во Газа“, што може да помогне во ослободувањето на заложниците кои се држат во енклавата и „да се создадат услови за да се обезбеди стабилност во поширокиот регион“. Еден ден претходно, Галант разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток со својот американски колега Лојд Остин.

The post Блинкен со порака до Израел: Зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Ескалацијата не е во ничиј интерес, тоа само ќе доведе до повеќе конфликти https://republika.mk/vesti/svet/blinken-eskalatsijata-ne-e-vo-nichij-interes-toa-samo-ke-dovede-do-poveke-konflikti/ Tue, 06 Aug 2024 06:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=803726

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Вашингтон е ангажиран во интензивна дипломатија за намалување на тензиите на Блискиот Исток и ги повика сите страни да се воздржат од ескалација.

Зборувајќи по состанокот со австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг, Блинкен исто така рече дека е клучно да се постигне договор за прекин на огнот во Газа и ги повика сите страни да најдат начини за постигнување договор.

„Сите страни мора да преземат чекори за да се намалат тензиите. Ескалацијата не е во ничиј интерес. Тоа само ќе доведе до повеќе конфликти, повеќе насилство, поголема несигурност“.

Лидерот на Хамас Исмаил Ханија беше убиен минатата недела во иранскиот главен град Техеран во напад што предизвика закани за одмазда против Израел и дополнително ја поттикна загриженоста дека конфликтот во Газа се претвора во поширока блискоисточна војна.

Иран го обвини Израел и рече дека ќе го „казни“. Израелските власти не ја презедоа одговорноста за убиството.

Иран го поддржува Хамас, кој е во војна со Израел во Газа, како и либанската група Хезболах, чиј висок воен командант Фуад Шукр беше убиен во израелски напад врз Бејрут минатата недела.

The post Блинкен: Ескалацијата не е во ничиј интерес, тоа само ќе доведе до повеќе конфликти appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Вашингтон е ангажиран во интензивна дипломатија за намалување на тензиите на Блискиот Исток и ги повика сите страни да се воздржат од ескалација. Зборувајќи по состанокот со австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг, Блинкен исто така рече дека е клучно да се постигне договор за прекин на огнот во Газа и ги повика сите страни да најдат начини за постигнување договор. „Сите страни мора да преземат чекори за да се намалат тензиите. Ескалацијата не е во ничиј интерес. Тоа само ќе доведе до повеќе конфликти, повеќе насилство, поголема несигурност“. Лидерот на Хамас Исмаил Ханија беше убиен минатата недела во иранскиот главен град Техеран во напад што предизвика закани за одмазда против Израел и дополнително ја поттикна загриженоста дека конфликтот во Газа се претвора во поширока блискоисточна војна. Иран го обвини Израел и рече дека ќе го „казни“. Израелските власти не ја презедоа одговорноста за убиството. Иран го поддржува Хамас, кој е во војна со Израел во Газа, како и либанската група Хезболах, чиј висок воен командант Фуад Шукр беше убиен во израелски напад врз Бејрут минатата недела.

The post Блинкен: Ескалацијата не е во ничиј интерес, тоа само ќе доведе до повеќе конфликти appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Во Либан може да избие војна https://republika.mk/vesti/svet/blinken-vo-liban-mozhe-da-izbie-vojna/ Tue, 02 Jul 2024 08:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=792583

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен предупреди дека може да избие војна во Либан, иако ниту една страна не го сака тоа.

Во интервју за Институтот Брукингс во Вашингтон, Блинкен рече дека Израел „ефективно го изгубил суверенитетот над северниот квадрант на својата држава бидејќи луѓето не се чувствуваат безбедно и не се враќаат во своите домови“.

Тој го повтори своето верување дека Израел не сака војна во Либан, но призна дека можеби е добро подготвен да се вклучи во таква војна доколку смета дека е неопходно да ги заштити своите интереси.

Блинкен додаде дека ниту либански Хезболах навистина не сака војна, дека ниту Либан не сака затоа што ќе биде главната жртва и дека Иран не сака војна бидејќи попрво би го сочувал Хезболах за сценарио во кое ќе се судри директно со Израел.

The post Блинкен: Во Либан може да избие војна appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен предупреди дека може да избие војна во Либан, иако ниту една страна не го сака тоа. Во интервју за Институтот Брукингс во Вашингтон, Блинкен рече дека Израел „ефективно го изгубил суверенитетот над северниот квадрант на својата држава бидејќи луѓето не се чувствуваат безбедно и не се враќаат во своите домови“. Тој го повтори своето верување дека Израел не сака војна во Либан, но призна дека можеби е добро подготвен да се вклучи во таква војна доколку смета дека е неопходно да ги заштити своите интереси. Блинкен додаде дека ниту либански Хезболах навистина не сака војна, дека ниту Либан не сака затоа што ќе биде главната жртва и дека Иран не сака војна бидејќи попрво би го сочувал Хезболах за сценарио во кое ќе се судри директно со Израел.

The post Блинкен: Во Либан може да избие војна appeared first on Република.

]]>
Блинкен пристигна на Блискиот Исток, првата средба ја има во Каиро https://republika.mk/vesti/svet/blinken-pristigna-na-bliskiot-istok-prvata-sredba-ja-ima-vo-kairo/ Mon, 10 Jun 2024 17:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=786321

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, пристигна на Блискиот Исток со надеж дека ќе се постигне прекин израелските напади во Газа и на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас.

Блинкен се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси во Каиро, а во текот на денот треба да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Израел.

Пред неговото патување, Израел продолжи со нападите во централниот и јужниот дел на Појасот Газа.

Пред пристигнувањето на Блинкен, високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, ја повика американската администрација да изврши притисок врз Израел да ја прекине војната во Газа.

Хамас е подготвен да се вклучи во секоја иницијатива што обезбедува крај на војната“, изјави тој.

Војната влезе во деветтиот месец, а во израелските напади врз Појасот Газа досега загинаа повеќе од 37.000 Палестинци.

The post Блинкен пристигна на Блискиот Исток, првата средба ја има во Каиро appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, пристигна на Блискиот Исток со надеж дека ќе се постигне прекин израелските напади во Газа и на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас. Блинкен се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси во Каиро, а во текот на денот треба да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Израел. Пред неговото патување, Израел продолжи со нападите во централниот и јужниот дел на Појасот Газа. Пред пристигнувањето на Блинкен, високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, ја повика американската администрација да изврши притисок врз Израел да ја прекине војната во Газа.
Хамас е подготвен да се вклучи во секоја иницијатива што обезбедува крај на војната“, изјави тој.
Војната влезе во деветтиот месец, а во израелските напади врз Појасот Газа досега загинаа повеќе од 37.000 Палестинци.

The post Блинкен пристигна на Блискиот Исток, првата средба ја има во Каиро appeared first on Република.

]]>
За Бајден скандалозно е барањето на Хаг за апсење на Нетанјаху https://republika.mk/vesti/svet/za-bajden-skandalozno-e-baraneto-na-hag-za-apsene-na-netanjahu/ Mon, 20 May 2024 19:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=780264

Американскиот врв денеска излезе со остра осуда на одлуката на Меѓународниот кривичен суд за издавање налог за апсење на високи службени лица на Израел.

Државениот секретар Ентони Блинкен ја стави под знак прашање „легитимноста и кредибилтетот на истрагата“ на МКС и оценувајќи ја како „срамна“ ја отфрли одлуката соопштена денеска од главниот обвинител на МКС Карим Хан дека побарал налог за апсење на високи службени лица на Израел, меѓу кои и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ја отфрламе обвинителовата еквиваленција на Израел со Хамас. Тоа е срамно. Хамас е брутална терористичка организација која го изведе најлошиот масакр врз Евреите по Холокаустот и се уште држи десетици невини луѓе како заложници, вклучително и Американци, соопшти Блинкен во изјава.

https://republika.mk/vesti/svet/megunarodniot-krivichen-sud-pobara-apsene-na-netanjahu-i-na-liderot-na-hamas/

-Финдаментално, одлуката не прави ништо да помогне и може само да ги загрози тековните напори за постигање прекин на огнот што може да ги ослободи заложниците и да ја зголеми хуманитарната помош, цели по кои САД продолжуваат беспоштедно да се стремат, рече Блинкен.

Претходно и претседателот на САД Џо Бајден остро ја осуди одлуката на обвинителите на МКС како „скандалозна“ .

Да бидам јасен, на што и да имплицира обвинителот, нема еквивалентност – никаква – помеѓу Израел и Хамас, напиша претседателот. Додаде дека „секогаш ќе стоиме со Израел против закантите по неговата безбедност“.

МКС денеска побара налози за апсење поради наводни воени злосторства за лидерите на Хамас, но и на Израел.

The post За Бајден скандалозно е барањето на Хаг за апсење на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Американскиот врв денеска излезе со остра осуда на одлуката на Меѓународниот кривичен суд за издавање налог за апсење на високи службени лица на Израел. Државениот секретар Ентони Блинкен ја стави под знак прашање „легитимноста и кредибилтетот на истрагата“ на МКС и оценувајќи ја како „срамна“ ја отфрли одлуката соопштена денеска од главниот обвинител на МКС Карим Хан дека побарал налог за апсење на високи службени лица на Израел, меѓу кои и премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Ја отфрламе обвинителовата еквиваленција на Израел со Хамас. Тоа е срамно. Хамас е брутална терористичка организација која го изведе најлошиот масакр врз Евреите по Холокаустот и се уште држи десетици невини луѓе како заложници, вклучително и Американци, соопшти Блинкен во изјава.
https://republika.mk/vesti/svet/megunarodniot-krivichen-sud-pobara-apsene-na-netanjahu-i-na-liderot-na-hamas/ -Финдаментално, одлуката не прави ништо да помогне и може само да ги загрози тековните напори за постигање прекин на огнот што може да ги ослободи заложниците и да ја зголеми хуманитарната помош, цели по кои САД продолжуваат беспоштедно да се стремат, рече Блинкен. Претходно и претседателот на САД Џо Бајден остро ја осуди одлуката на обвинителите на МКС како „скандалозна“ .
Да бидам јасен, на што и да имплицира обвинителот, нема еквивалентност – никаква – помеѓу Израел и Хамас, напиша претседателот. Додаде дека „секогаш ќе стоиме со Израел против закантите по неговата безбедност“.
МКС денеска побара налози за апсење поради наводни воени злосторства за лидерите на Хамас, но и на Израел.

The post За Бајден скандалозно е барањето на Хаг за апсење на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Блинкен го навлече гневот на Украинците откако пееше во ноќен клуб во Киев https://republika.mk/vesti/svet/blinken-go-navleche-gnevot-na-ukraintsite-otkako-peeshe-vo-noken-klub-vo-kiev/ Thu, 16 May 2024 06:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=778548

Ако шефот на американската дипломатија сакаше да испрати порака за поддршка на Киев со пеење на „Rockin' in The Free World“ во ноќен клуб во главниот град на Украина во вторникот вечерта, во средата многу Украинци го сметаа неговиот настап како несоодветен среде руската офанзива на североисток, анаизираат француски медиуми.

И еден збор е доволен за да се опише синоќешната ноќ на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев, а тоа е - „несоодветно“, напиша на Фејсбук Свитлана Матвиенко, директорка на невладина организација специјализирана за политички анализи.

Како и многу нејзини сонародници, таа рече дека е „изнервирана“ од настапот на Блинкен бидејќи регионот Харков во североисточна Украина беше „урнат“ со еднонеделна руска офанзива и го осуди „целосниот недостаток на разбирање на ситуацијата“ и „ емпатија“ од американски официјални претставници.

Пристигнувајќи во ненадејна дводневна посета на Киев, каде што продолжи да ја демонстрира поддршката на САД за Украина, Блинкен во вторникот го заврши напорниот ден исполнет со официјални средби, вклучително и со претседателот Володимир Зеленски, свирејќи на гитара и потпевнувајќи ја таа песна во клуб на приземје во центарот на главниот град.

Знам дека ова е многу, многу тешко време. Вашите војници, вашите граѓани, особено на североисток, во Харков, многу страдаат. Но, тие треба да знаат, вие треба да знаете дека САД се со вас, рече тој пред да започне да свири.

https://youtu.be/VRvkRvLSYaY?si=1VvJdCKfCEwbg8ma

За Бохдан Јаременко, пратеник од претседателската партија и поранешен дипломат, контекстот е лошо избран по неколкумесечните одложувања на американската воена помош за Украина што ги ослабе украинските сили на бојното поле.

„Пораката не е комплицирана, но не успеа“, напиша тој на Фејсбук.

„Со сета почит, ова е грешка“, коментираше во ист тон Валери Чали, поранешен украински амбасадор во САД.

Музичкиот настап на Ентони Блинкен го навлече гневот на Украинците на социјалните мрежи, при што некои корисници ги критикуваа американските власти за бавното темпо на американската воена помош.

„Посета формирана од неуспех во комуникацијата“, резимира Сергиј Сидоренко, уредник на влијателната информативна страница Европејска Правда, на Фејсбук. „Јавните предупредувања испратени не функционираа онака како што планираа нивните автори“.

The post Блинкен го навлече гневот на Украинците откако пееше во ноќен клуб во Киев appeared first on Република.

]]>

Ако шефот на американската дипломатија сакаше да испрати порака за поддршка на Киев со пеење на „Rockin' in The Free World“ во ноќен клуб во главниот град на Украина во вторникот вечерта, во средата многу Украинци го сметаа неговиот настап како несоодветен среде руската офанзива на североисток, анаизираат француски медиуми.
И еден збор е доволен за да се опише синоќешната ноќ на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев, а тоа е - „несоодветно“, напиша на Фејсбук Свитлана Матвиенко, директорка на невладина организација специјализирана за политички анализи.
Како и многу нејзини сонародници, таа рече дека е „изнервирана“ од настапот на Блинкен бидејќи регионот Харков во североисточна Украина беше „урнат“ со еднонеделна руска офанзива и го осуди „целосниот недостаток на разбирање на ситуацијата“ и „ емпатија“ од американски официјални претставници. Пристигнувајќи во ненадејна дводневна посета на Киев, каде што продолжи да ја демонстрира поддршката на САД за Украина, Блинкен во вторникот го заврши напорниот ден исполнет со официјални средби, вклучително и со претседателот Володимир Зеленски, свирејќи на гитара и потпевнувајќи ја таа песна во клуб на приземје во центарот на главниот град.
Знам дека ова е многу, многу тешко време. Вашите војници, вашите граѓани, особено на североисток, во Харков, многу страдаат. Но, тие треба да знаат, вие треба да знаете дека САД се со вас, рече тој пред да започне да свири.
https://youtu.be/VRvkRvLSYaY?si=1VvJdCKfCEwbg8ma За Бохдан Јаременко, пратеник од претседателската партија и поранешен дипломат, контекстот е лошо избран по неколкумесечните одложувања на американската воена помош за Украина што ги ослабе украинските сили на бојното поле. „Пораката не е комплицирана, но не успеа“, напиша тој на Фејсбук. „Со сета почит, ова е грешка“, коментираше во ист тон Валери Чали, поранешен украински амбасадор во САД. Музичкиот настап на Ентони Блинкен го навлече гневот на Украинците на социјалните мрежи, при што некои корисници ги критикуваа американските власти за бавното темпо на американската воена помош. „Посета формирана од неуспех во комуникацијата“, резимира Сергиј Сидоренко, уредник на влијателната информативна страница Европејска Правда, на Фејсбук. „Јавните предупредувања испратени не функционираа онака како што планираа нивните автори“.

The post Блинкен го навлече гневот на Украинците откако пееше во ноќен клуб во Киев appeared first on Република.

]]>
Блинкен најави нова средба меѓу Бајден и Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/blinken-najavi-nova-sredba-megu-bajden-i-zelenski/ Wed, 15 May 2024 17:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=778468

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за време на потпишувањето на билатерален безбедносен договор во Киев изјави дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, би можел „во следните недели“ да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

За време на заедничкиот брифинг со украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба, Блинкен изјави дека условите на билатералниот договор се „речиси одобрени“, а Кулеба додаде дека е воспоставен „дијалог на доверба“ меѓу Зеленски и Бајден.

Шефот на украинската дипломатија изрази надеж дека двајцата лидери ќе имаат можност да разговараат за неопходните прашања и да потпишат договор, но не откри можен датум за средбата меѓу двајцата претседатели.

https://republika.mk/vesti/svet/blinken-svireshe-gitara-vo-ukraina/

На самитот на НАТО во Вилнус на почетокот на јули минатата година членовите на Групата седум (Г7) го претставија својот план за долгорочни безбедносни обврски кон Украина. Повеќе од 30 земји досега се приклучија на заедничката декларација на Г7 за поддршка на Украина, а Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Италија, Канада, Холандија, Финска и Летонија веќе потпишаа билатерални договори со официјален Киев.

Според овој договор, одредени земји би му дале билатерална поддршка на Киев во конфликтот со Русија и секоја идна агресија. Безбедносните гаранции би имплицирале експлицитни и долгорочни обврски, како и зајакнување на способноста на Украина да се спротивстави на руската агресија. Гаранциите ќе ги опфатат и санкциите, финансиската помош и повоената реконструкција.

The post Блинкен најави нова средба меѓу Бајден и Зеленски appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за време на потпишувањето на билатерален безбедносен договор во Киев изјави дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, би можел „во следните недели“ да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. За време на заедничкиот брифинг со украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба, Блинкен изјави дека условите на билатералниот договор се „речиси одобрени“, а Кулеба додаде дека е воспоставен „дијалог на доверба“ меѓу Зеленски и Бајден. Шефот на украинската дипломатија изрази надеж дека двајцата лидери ќе имаат можност да разговараат за неопходните прашања и да потпишат договор, но не откри можен датум за средбата меѓу двајцата претседатели. https://republika.mk/vesti/svet/blinken-svireshe-gitara-vo-ukraina/ На самитот на НАТО во Вилнус на почетокот на јули минатата година членовите на Групата седум (Г7) го претставија својот план за долгорочни безбедносни обврски кон Украина. Повеќе од 30 земји досега се приклучија на заедничката декларација на Г7 за поддршка на Украина, а Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Италија, Канада, Холандија, Финска и Летонија веќе потпишаа билатерални договори со официјален Киев. Според овој договор, одредени земји би му дале билатерална поддршка на Киев во конфликтот со Русија и секоја идна агресија. Безбедносните гаранции би имплицирале експлицитни и долгорочни обврски, како и зајакнување на способноста на Украина да се спротивстави на руската агресија. Гаранциите ќе ги опфатат и санкциите, финансиската помош и повоената реконструкција.

The post Блинкен најави нова средба меѓу Бајден и Зеленски appeared first on Република.

]]>
Блинкен свиреше гитара во Украина https://republika.mk/vesti/svet/blinken-svireshe-gitara-vo-ukraina/ Wed, 15 May 2024 11:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=778297

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторникот зема црвена гитара во подрумски бар во Киев и упати порака до Украина – дека САД и поголемиот дел од светот се борат не само за Украина, туку и за Слободниот свет.

Блинкен, кој беше во Киев оваа недела за да вети непоколеблива поддршка за САД додека Русија ги засилува нападите во Украина, му се придружи на бендот на сцената „Барман Диктат“ во главниот град.

ја свиреа „Rockin’ in the Free World“ од Нил Јанг, рок химна објавена во 1989 година непосредно пред падот на Берлинскиот ѕид.

https://www.youtube.com/watch?si=0YXLa8FqLYyc6_9J&v=ZsK3M9gXmos&feature=youtu.be

„Вашите војници, вашите граѓани – особено на североисток, во Харков – страшно страдаат. Но, тие треба да знаат, треба да знаете, САД се со вас, тоа е толку свето со вас и тие се борат не само за слободна Украина, туку и за слободниот свет, а слободниот свет е со вас, “, изјави Блинкен пред да ја отсвири познатата песна.

The post Блинкен свиреше гитара во Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторникот зема црвена гитара во подрумски бар во Киев и упати порака до Украина – дека САД и поголемиот дел од светот се борат не само за Украина, туку и за Слободниот свет. Блинкен, кој беше во Киев оваа недела за да вети непоколеблива поддршка за САД додека Русија ги засилува нападите во Украина, му се придружи на бендот на сцената „Барман Диктат“ во главниот град. ја свиреа „Rockin’ in the Free World“ од Нил Јанг, рок химна објавена во 1989 година непосредно пред падот на Берлинскиот ѕид. https://www.youtube.com/watch?si=0YXLa8FqLYyc6_9J&v=ZsK3M9gXmos&feature=youtu.be „Вашите војници, вашите граѓани – особено на североисток, во Харков – страшно страдаат. Но, тие треба да знаат, треба да знаете, САД се со вас, тоа е толку свето со вас и тие се борат не само за слободна Украина, туку и за слободниот свет, а слободниот свет е со вас, “, изјави Блинкен пред да ја отсвири познатата песна.

The post Блинкен свиреше гитара во Украина appeared first on Република.

]]>
Блинкен на средби со претседателите на Аргентина и Бразил https://republika.mk/vesti/svet/blinken-na-sredbi-so-pretsedatelite-na-argentina-i-brazil/ Tue, 20 Feb 2024 11:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=746053

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска патува за Аргентина и Бразил на средби за зацврстување на односите со лидерите на тие две земји.

Тој исто така ќе учествува на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20 што се одржува во Рио де Жанеиро.

Ова е прва посета на Блинкен на Бразил и Аргентина во својство на државен секретар на САД. Тој ќе се сретна со претседателот на Бразил Луис Игнасио Силва и со неодамна избраниот претседател на Аргентина Хавиер Милеи.

На Г-20 се очекува да дојде и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, така што има шанси за средба, една од ретките, меѓу него и Блинкен.

The post Блинкен на средби со претседателите на Аргентина и Бразил appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска патува за Аргентина и Бразил на средби за зацврстување на односите со лидерите на тие две земји. Тој исто така ќе учествува на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20 што се одржува во Рио де Жанеиро. Ова е прва посета на Блинкен на Бразил и Аргентина во својство на државен секретар на САД. Тој ќе се сретна со претседателот на Бразил Луис Игнасио Силва и со неодамна избраниот претседател на Аргентина Хавиер Милеи. На Г-20 се очекува да дојде и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, така што има шанси за средба, една од ретките, меѓу него и Блинкен.

The post Блинкен на средби со претседателите на Аргентина и Бразил appeared first on Република.

]]>
Рама: Посетата на Блинкен го потврдува стратешкото партнерство на Албанија со САД https://republika.mk/vesti/balkan/rama-posetata-na-blinken-go-potvrduva-strateshkoto-partnerstvo-na-albanija-so-sad/ Sat, 10 Feb 2024 19:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=742647

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Тирана го потврдува стратешкото партнерство на Албанија со САД.

Предвидено е Блинкен следната недела да ја посети Тирана.

– Посебна вредност за Албанија има доаѓањето на американски државен секретар, во овие турбулентни времиња за светот, како и изборот да го посети нашиот регион, застанувајќи токму во нашиот главен град, напиша Рама на Фејсбук.

Во подолгата објава меѓу другото ја нагласува „целосната посветеност на Албанија на стратешкото партнерство со САД“.

– Секретарот Блинкен во Тирана ќе најде сојузничка земја посветена на мирот, демократската стабилност и сеопфатната соработка во овој регион. Албанија им подаде рака на пријателство на сите соседи во регионот и без никаква резерва ги поддржува напорите на Европската унија и САД за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, како стратешки клуч за безбедноста, развојот и благосостојбата на заедницата на нашите народи во срцето на Европа, каде минатото полно со трагедии, конфликти и заостанатост, мора еднаш засекогаш да ѝ отстапи место на иднината полна со можности, партнерства и напредок, наведе Рама.

Тој додаде дека Блинкен во Албанија ќе најде посветена земја на НАТО, подготвена членка на Евро-атлантската алијанса да продолжи со сеопфатни инвестиции за зголемување на одбранбените капацитети, во тесна соработка со САД.

Блинкен во Тирана ќе допатува на 15 месецов и според досегашните најави предвидени се средби со Рама и со првиот човек на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани.

Првата посета на американски државен секретар на Албанија беше онаа на Џејмс Бејкер, на 22 јуни 1991 година. На 19 февруари 2000 година во Албанија допатува Медлин Олбрајт, која се обрати и во Парламентот. Колин Пауел, во Тирана беше на 25 септември 2003 година, во 2012 година, Хилари Клинтон а Џон Кери, на 14 февруари 2016 година.

По Албанија Блинкен ќе отпатува за Минхен, Германија каде ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, како дел од делегацијата на САД предводена од потпретседателката Камала Харис.

The post Рама: Посетата на Блинкен го потврдува стратешкото партнерство на Албанија со САД appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Тирана го потврдува стратешкото партнерство на Албанија со САД. Предвидено е Блинкен следната недела да ја посети Тирана.
– Посебна вредност за Албанија има доаѓањето на американски државен секретар, во овие турбулентни времиња за светот, како и изборот да го посети нашиот регион, застанувајќи токму во нашиот главен град, напиша Рама на Фејсбук.
Во подолгата објава меѓу другото ја нагласува „целосната посветеност на Албанија на стратешкото партнерство со САД“.
– Секретарот Блинкен во Тирана ќе најде сојузничка земја посветена на мирот, демократската стабилност и сеопфатната соработка во овој регион. Албанија им подаде рака на пријателство на сите соседи во регионот и без никаква резерва ги поддржува напорите на Европската унија и САД за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, како стратешки клуч за безбедноста, развојот и благосостојбата на заедницата на нашите народи во срцето на Европа, каде минатото полно со трагедии, конфликти и заостанатост, мора еднаш засекогаш да ѝ отстапи место на иднината полна со можности, партнерства и напредок, наведе Рама.
Тој додаде дека Блинкен во Албанија ќе најде посветена земја на НАТО, подготвена членка на Евро-атлантската алијанса да продолжи со сеопфатни инвестиции за зголемување на одбранбените капацитети, во тесна соработка со САД. Блинкен во Тирана ќе допатува на 15 месецов и според досегашните најави предвидени се средби со Рама и со првиот човек на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани. Првата посета на американски државен секретар на Албанија беше онаа на Џејмс Бејкер, на 22 јуни 1991 година. На 19 февруари 2000 година во Албанија допатува Медлин Олбрајт, која се обрати и во Парламентот. Колин Пауел, во Тирана беше на 25 септември 2003 година, во 2012 година, Хилари Клинтон а Џон Кери, на 14 февруари 2016 година. По Албанија Блинкен ќе отпатува за Минхен, Германија каде ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, како дел од делегацијата на САД предводена од потпретседателката Камала Харис.

The post Рама: Посетата на Блинкен го потврдува стратешкото партнерство на Албанија со САД appeared first on Република.

]]>
Откако Америка ја блокираше резолуцијата за примирје во Газа, Блинкен порача дека САД уште еднаш ја истакнуваат длабоката заложба за заштитата на чoвековите права https://republika.mk/vesti/svet/otkako-amerika-ja-blokirashe-rezolutsijata-za-primirje-vo-gaza-blinken-poracha-deka-sad-ushte-ednash-ja-istaknuvaat-dlabokata-zalozhba-za-zashtitata-na-chovekovite-prava/ Mon, 11 Dec 2023 20:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=721901

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод Денот на човековите права, односно денот кога беше усвоена Универзалната декларација за човекови права (УДХР), на Твитер напиша дека „човековите права им припаѓаат на сите, тие се универзални, недвоиви и меѓузависни“.

Денеска, кога одбележуваме 75 години од Универзалната декларација за човекови права, САД повторно ја истакнуваат својата длабока заложба за заштита на човековите права, и за повикување на одговорост на нејзините нарушители.

 

Живееме според принципот дека сите луѓе се родени слободни и еднакви со вродени човекови права. Тој принцип, производ на далекугледоста и понизноста на тие кои беа пред нас, беше вграден пред 75 години од Генералната собрание на ОН, кога тоа ја усвои Универзалната декларација за човекови права.

 

УДХР сега е прифатена од речиси сите земји во светот и укажува дека човековите права мора да бидат заштитени униврерзално и задава општи стандарди за слободата и достоинството на сите луѓе“, напиша Блинкен.

The post Откако Америка ја блокираше резолуцијата за примирје во Газа, Блинкен порача дека САД уште еднаш ја истакнуваат длабоката заложба за заштитата на чoвековите права appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод Денот на човековите права, односно денот кога беше усвоена Универзалната декларација за човекови права (УДХР), на Твитер напиша дека „човековите права им припаѓаат на сите, тие се универзални, недвоиви и меѓузависни“.
Денеска, кога одбележуваме 75 години од Универзалната декларација за човекови права, САД повторно ја истакнуваат својата длабока заложба за заштита на човековите права, и за повикување на одговорост на нејзините нарушители.   Живееме според принципот дека сите луѓе се родени слободни и еднакви со вродени човекови права. Тој принцип, производ на далекугледоста и понизноста на тие кои беа пред нас, беше вграден пред 75 години од Генералната собрание на ОН, кога тоа ја усвои Универзалната декларација за човекови права.   УДХР сега е прифатена од речиси сите земји во светот и укажува дека човековите права мора да бидат заштитени униврерзално и задава општи стандарди за слободата и достоинството на сите луѓе“, напиша Блинкен.

The post Откако Америка ја блокираше резолуцијата за примирје во Газа, Блинкен порача дека САД уште еднаш ја истакнуваат длабоката заложба за заштитата на чoвековите права appeared first on Република.

]]>
Зошто „кукавиците“ Блинкен и Борел избегаа од состанокот?, праша Лавров https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-kukavitsite-blinken-i-borel-izbegaa-od-sostanokot-prasha-lavrov/ Fri, 01 Dec 2023 10:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=718295

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров праша зошто Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел избегале од министерскиот состанок во Скопје. Според него тоа било добра можност за разговор и затоа се „кукавици“.

Македонскиот претседавач Бујар Османи промовираше многу добар слоган, „За луѓето се работи“. Верувам дека се работи за луѓето, но не на сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Свесен сум за резултатот на оваа мала борба, Самитот е за одредена група на луѓе, не за сите граѓани, рече Лавров на прес-конференцијата.

The post Зошто „кукавиците“ Блинкен и Борел избегаа од состанокот?, праша Лавров appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров праша зошто Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел избегале од министерскиот состанок во Скопје. Според него тоа било добра можност за разговор и затоа се „кукавици“.
Македонскиот претседавач Бујар Османи промовираше многу добар слоган, „За луѓето се работи“. Верувам дека се работи за луѓето, но не на сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Свесен сум за резултатот на оваа мала борба, Самитот е за одредена група на луѓе, не за сите граѓани, рече Лавров на прес-конференцијата.

The post Зошто „кукавиците“ Блинкен и Борел избегаа од состанокот?, праша Лавров appeared first on Република.

]]>
Блинкен попладнево доаѓа во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/blinken-popladnevo-doaga-vo-skopje/ Wed, 29 Nov 2023 11:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=717510

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево треба да пристигне во Скопје, каде што ќе учествува на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември.

Блинкен учеството на ОБСЕ самитот ќе го почне со средба со шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи. Тој во Скопје треба да пристигне од Брисел, каде што учествува на Министерскиот состанок на НАТО, а по средбата со Османи, американскиот државен секретар планирано е да учествува на неформална вечера која му претходи на Министерскиот совет, кој официјално почнува утре. По Скопје Блинкен заминува за Израел.

Во најавата од Стејт департментот за посетата на Блинкен на Скопје се наведува дека тој ќе ја потврди цврстата посветеност на САД кон ОБСЕ и нејзината основна мисија за унапредување на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирното решавање на спорови. Секретарот Блинкен, исто така, ќе ја истакне клучната улога на ОБСЕ во унапредувањето на сеопфатната безбедност во регионот и ќе и се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога.

Министерскиот состанок во Скопје го одбележува токму присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, што го прави еден од ретките настани на кој ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Засега нема најава за средба на Блинкен и Лавров.

Високи американски и руски дипломати денеска ќе одржат нова рунда разговори за украинската криза, додека Русија продолжува да распоредува големи воени сили на границата со поранешната советск

Помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан на брифинг со новинарите во Вашингтон претходно изјави дека Блинкен ќе ја предводи делегацијата на САД на Министерскиот состанок во Скопје, каде со колегите од ОБСЕ ќе дискутира за поддршката за Украина, но американската страна не знае како ќе се постапи во случај на состанокот да се појави и рускиот министер за надворешни работи Лавров.

-Американската делегација ќе ја предводи државниот секретар Блинкен. Тој ќе биде таму во среда веднаш по крајот на министерскиот состанок на НАТО. Очекуваме да се ангажира во добра дискусија со колегите од ОБСЕ за поддршката за Украина, истакна О’Брајан.

За доаѓањето на шефот на дипломатијата на Руската Федерација Лавров, земјава и Бугарија времено ги суспендираа санкциите воведени од ЕУ за прелети на руски авиони поради руската агресија на Украина.

По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба и на балтичките земји - Естонија, Летонија и Литванија.

На самитот присуство потврди и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој вчера истакна дека ќе присуствува на официјалната вечера, но потоа ќе мора брзо да се врати поради другите средби во Брисел. Тој посочи дека нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Лавров, а истакна дека е завршена главната работа на новите европски санкции против Русија поради војната во Украина и изрази надеж дека соодветната одлука ќе биде усвоена во декември.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска потврди дека Унијата ќе продолжи да го поддржува одржувањето на мирот и стабилноста во БиХ, нагласувајќи де

На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата.

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

The post Блинкен попладнево доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево треба да пристигне во Скопје, каде што ќе учествува на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември. Блинкен учеството на ОБСЕ самитот ќе го почне со средба со шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи. Тој во Скопје треба да пристигне од Брисел, каде што учествува на Министерскиот состанок на НАТО, а по средбата со Османи, американскиот државен секретар планирано е да учествува на неформална вечера која му претходи на Министерскиот совет, кој официјално почнува утре. По Скопје Блинкен заминува за Израел. Во најавата од Стејт департментот за посетата на Блинкен на Скопје се наведува дека тој ќе ја потврди цврстата посветеност на САД кон ОБСЕ и нејзината основна мисија за унапредување на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирното решавање на спорови. Секретарот Блинкен, исто така, ќе ја истакне клучната улога на ОБСЕ во унапредувањето на сеопфатната безбедност во регионот и ќе и се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога. Министерскиот состанок во Скопје го одбележува токму присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, што го прави еден од ретките настани на кој ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Засега нема најава за средба на Блинкен и Лавров. Високи американски и руски дипломати денеска ќе одржат нова рунда разговори за украинската криза, додека Русија продолжува да распоредува големи воени сили на границата со поранешната советск Помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан на брифинг со новинарите во Вашингтон претходно изјави дека Блинкен ќе ја предводи делегацијата на САД на Министерскиот состанок во Скопје, каде со колегите од ОБСЕ ќе дискутира за поддршката за Украина, но американската страна не знае како ќе се постапи во случај на состанокот да се појави и рускиот министер за надворешни работи Лавров. -Американската делегација ќе ја предводи државниот секретар Блинкен. Тој ќе биде таму во среда веднаш по крајот на министерскиот состанок на НАТО. Очекуваме да се ангажира во добра дискусија со колегите од ОБСЕ за поддршката за Украина, истакна О’Брајан. За доаѓањето на шефот на дипломатијата на Руската Федерација Лавров, земјава и Бугарија времено ги суспендираа санкциите воведени од ЕУ за прелети на руски авиони поради руската агресија на Украина. По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба и на балтичките земји - Естонија, Летонија и Литванија. На самитот присуство потврди и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој вчера истакна дека ќе присуствува на официјалната вечера, но потоа ќе мора брзо да се врати поради другите средби во Брисел. Тој посочи дека нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Лавров, а истакна дека е завршена главната работа на новите европски санкции против Русија поради војната во Украина и изрази надеж дека соодветната одлука ќе биде усвоена во декември. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска потврди дека Унијата ќе продолжи да го поддржува одржувањето на мирот и стабилноста во БиХ, нагласувајќи де На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата. На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

The post Блинкен попладнево доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>
Блинкен ќе дојде во Скопје како претставник на САД на состанокот на ОБСЕ https://republika.mk/vesti/svet/blinken-ke-dojde-vo-skopje-kako-pretstavnik-na-sad-na-sostanokot-na-obse/ Mon, 27 Nov 2023 20:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=716906

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги претставува САД на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје оваа недела, објави помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан.

Во контекст на претстојното учество на американскиот државен секретар на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, што се одржува од денеска до среда во Брисел, О'Брајан пред новинарите во Вашингтон изјави дека Блинкен за време на неговата турнеја низ Европа неделава се очекува да ја истакне континуираната поддршка на НАТО за Украина, јавија светските агенции.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и актуелен претседавач на ОБСЕ во саботата потврди дека државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе дојде на неформалната вечера на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Османи, кој одржа брифинг со новинарите околу подготовките на Советот, не можеше да прецизира дали на неформалната вечера ќе присуствуваат и рускиот и украинскиот министер за надворешни работи. Како што рече, агендите на сите министри се различни, па не мора да значи дека секој од нив ќе биде присутен на конференцијата сите три дена.

Османи информира дека на 28 ноември ќе почнат да пристигнуваат гостите, а неформалната вечера е предвидена за 29 ноември со поголемиот број министри. На вечерата се очекува да бидат изнесени ставовите на државите во однос на иднината на ОБСЕ.

За неформалната вечера го очекуваме државниот секретар Блинкен. Во кој дел од трите дена ќе биде министерот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров, тоа сега не можам да кажам. Не треба да очекуваме дека во сите три дена, сите ќе останат три дена. Сепак, тоа се важни луѓе кои ќе дојдат на одреден дел од настанот и ќе си заминат. Дали ќе се поклопуваат термините на нивните престој, тоа се уште не можам да го кажам, се уште ги утврдуваме тие детали. Ќе дојдат сите делегации, прашањата се дали ќе бидат министрите или нивните заменици, рече Османи.

Средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ ќе се одржи во Скопје во периодот од 29 ноември до 1 декември. Со организацијата во моментов претседава Република Македонија, која од 1 јануари ќе ја предаде диригентската палка на Малта.

The post Блинкен ќе дојде во Скопје како претставник на САД на состанокот на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги претставува САД на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје оваа недела, објави помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан. Во контекст на претстојното учество на американскиот државен секретар на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, што се одржува од денеска до среда во Брисел, О'Брајан пред новинарите во Вашингтон изјави дека Блинкен за време на неговата турнеја низ Европа неделава се очекува да ја истакне континуираната поддршка на НАТО за Украина, јавија светските агенции. Министерот за надворешни работи Бујар Османи и актуелен претседавач на ОБСЕ во саботата потврди дека државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе дојде на неформалната вечера на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Османи, кој одржа брифинг со новинарите околу подготовките на Советот, не можеше да прецизира дали на неформалната вечера ќе присуствуваат и рускиот и украинскиот министер за надворешни работи. Како што рече, агендите на сите министри се различни, па не мора да значи дека секој од нив ќе биде присутен на конференцијата сите три дена. Османи информира дека на 28 ноември ќе почнат да пристигнуваат гостите, а неформалната вечера е предвидена за 29 ноември со поголемиот број министри. На вечерата се очекува да бидат изнесени ставовите на државите во однос на иднината на ОБСЕ.
За неформалната вечера го очекуваме државниот секретар Блинкен. Во кој дел од трите дена ќе биде министерот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров, тоа сега не можам да кажам. Не треба да очекуваме дека во сите три дена, сите ќе останат три дена. Сепак, тоа се важни луѓе кои ќе дојдат на одреден дел од настанот и ќе си заминат. Дали ќе се поклопуваат термините на нивните престој, тоа се уште не можам да го кажам, се уште ги утврдуваме тие детали. Ќе дојдат сите делегации, прашањата се дали ќе бидат министрите или нивните заменици, рече Османи.
Средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ ќе се одржи во Скопје во периодот од 29 ноември до 1 декември. Со организацијата во моментов претседава Република Македонија, која од 1 јануари ќе ја предаде диригентската палка на Малта.

The post Блинкен ќе дојде во Скопје како претставник на САД на состанокот на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>