енергетска криза Archives - Република https://republika.mk/tema/energetska-kriza/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 08:41:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетска криза Archives - Република https://republika.mk/tema/energetska-kriza/ 32 32 Ковачевски: Успешно се справивме со енергетската криза, 660 илјади граѓани имаат помали сметки за струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-uspeshno-se-spravivme-so-energetskata-kriza-660-iljadi-gragani-imaat-pomali-smetki-za-struja/ Thu, 29 Feb 2024 08:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=749495

Успешно се справивме со енергетската криза, го заштитивме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите со антикризните мерки, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа во Штип при отворање промотивен штаб на партијата.

-Успешно се справивме со енергетската криза и никој не беше оставен сам. Сите ние сме горди на тоа. Многу поразвиени економии, многу поголеми држави се соочија со драстични проблеми. Деструктивната ДПМНЕ сееше страв и ги лажеше граѓаните дека ќе немало струја во зимскиот период, не само што имавме непречено струја, туку и ги субвенциониравме сметките за електрична енергија. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата, струјата ја субвенциониравме и до 90% за над 660 илјади наши сограѓани. Во мојот мандат воедно почна и енергетската трансформација и денес за само две години имаме над 600 МW инсталиран капацитет енергија од обновливи извори. Наспроти цели 16 МW за цело владеење на ВМРО претходно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Коавчевски во обраќањето при отворање промотивен штаб на партијата во Штип.

The post Ковачевски: Успешно се справивме со енергетската криза, 660 илјади граѓани имаат помали сметки за струја appeared first on Република.

]]>

Бислимоски: Енергетската криза беше мотивирачка и се почна со интензивен циклус на инвестиции во обновливи извори на енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-energetskata-kriza-beshe-motivirachka-i-se-pochna-so-intenziven-tsiklus-na-investitsii-vo-obnovlivi-izvori-na-energija/ Thu, 05 Oct 2023 08:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=688083

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.

Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори, истакна Бислимоски.

Посочи дека во време на енергетска криза за 20 проценти во земјава е зголемен инсталираниот капацитет, а стравот од високи сметки, се покажал како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој дал резултат со што се намалила увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 проценти увоз на електрична енергија, процентот се преполовил и сега изнесува 15 проценти во првите неколку месеци од годинава.

Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочи Бислимоски.

Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармирал дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, а реформите во енергетскиот сектор да продолжат без оглед на геополитичките случувања.

Бислимоски, како што информираа од РКЕ, ја презентирал иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.

Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките, рекол Бислимоски.

РКЕ неодамна на 35-тото генерално собрание стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

The post Бислимоски: Енергетската криза беше мотивирачка и се почна со интензивен циклус на инвестиции во обновливи извори на енергија appeared first on Република.

]]>

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.
Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори, истакна Бислимоски.
Посочи дека во време на енергетска криза за 20 проценти во земјава е зголемен инсталираниот капацитет, а стравот од високи сметки, се покажал како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој дал резултат со што се намалила увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 проценти увоз на електрична енергија, процентот се преполовил и сега изнесува 15 проценти во првите неколку месеци од годинава.
Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочи Бислимоски.
Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармирал дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, а реформите во енергетскиот сектор да продолжат без оглед на геополитичките случувања. Бислимоски, како што информираа од РКЕ, ја презентирал иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.
Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките, рекол Бислимоски.
РКЕ неодамна на 35-тото генерално собрание стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

The post Бислимоски: Енергетската криза беше мотивирачка и се почна со интензивен циклус на инвестиции во обновливи извори на енергија appeared first on Република.

]]>
МТСП ги објави списоците: Парите за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 13 март https://republika.mk/vesti/makedonija/mtsp-gi-objavi-spisotsite-parite-za-spravuvane-so-energetskata-kriza-ke-bidat-isplateni-na-13-mart/ Mon, 06 Mar 2023 10:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=616382

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.03.2023 година.

На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).

На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта: [email protected].

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија,  по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Линк до списоцитеhttp://bitly.ws/BcrC

The post МТСП ги објави списоците: Парите за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 13 март appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството. Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.03.2023 година. На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош). На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување). На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок). Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта: [email protected]. Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија,  по истекот на три дена од денот на објавувањето. Линк до списоцитеhttp://bitly.ws/BcrC

The post МТСП ги објави списоците: Парите за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 13 март appeared first on Република.

]]>
Кадиевска Војновиќ за енергетската криза: Заборавија на испразнетите водни акумулации кои тешко се полнат https://republika.mk/vesti/ekonomija/kadievska-vojnovik-za-energetskata-kriza-zaboravija-na-ispraznetite-vodni-akumulatsii-koi-teshko-se-polnat/ Sun, 05 Mar 2023 14:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=616086

Анализа на Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот „Пари”

Помина 2022 година, година на висок скок на цените на нафтените деривати, електричната енергија, гасот, дрвата. Помина година на висок скок на цените на храната, лебот, маслото, месото, млекото, но и на останатите цени на многу стоки и услуги кои не беа дискутирани во јавност пр. материјали и услуги за одржување и поправки на живеалиштето, угостителски услуги, услуги за лична хигиена итн. Инфлацијата е висока и широкораспространета. Енергетската криза започна од ноември 2021 година, беше жешка во периодот од февруари до август/септември 2022 година, а потоа стивна во Европа за што помогнаа полните складишта со гас и топлата зима.

Кај нас дома, цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми во просек за 14,8% во 2022 година, а во јануари 2023 година дополнително за 3,7%. Кризата во енергетскиот сектор уште трае – не е прекината, лебот го нема, производителите се бунат, а Владата се заканува со казни. Сума сумарум, Влада се фали дека ја изменаџирала одлично енергетската криза. Но, што викаат податоците?

Македонија, односно приватниот сектор т.е фирмите и населението и во помал дел државата, плати фантастични 2.141 милион евра за увоз на енергенси и електрична енергија или околу 16,6% од бруто домашниот производ (БДП) во 2022 година, што е речиси двојно поголемо зафаќање на БДП од 2021 година (8,8%).

Поконкретно, Македонија плати 1.134 милиони евра за увоз на нафтени деривати, 579 милиони евра за увоз на електрична енергија, 380 милиони евра за увоз на гас и 48 милиони евра за увоз на јаглен, кокс и брикети. Нафта и гас немаме, моравме да узвеземе, но струја можевме домашно да произведеме. Оваа голема сума на пари на фирмите и на населението се одлеа од домашната економија.

Билансите на фирмите беа погодени, а трошокот го пренесоа врз финалните цени – инфлацијата. Но затоа, ова имаше позитивен ефект врз буџетот на државата. Приходите од бруто ДДВ и увозни давачки годишно пораснаа за 22,4% и за 17,6%, соодветно, додека приходите од акцизите имаа солиден годишен раст во првата половина на годината од 9%, а во втората половина забележаа годишен пад од 7,2%, при намалување на цената на нафтата на светските берзи и со тоа на цената на нафтените деривати. Шокот од увезените цени на енергенсите и електричната енергија беше поголем во првата половина на годината, кога Владата и требаше да реагира. Но…

Колку плати државата за енергетската криза треба Владата да даде отчет. Секоја одговорна влада ќе ги извести граѓаните каде ги потрошила нивните пари. Но веќе сме март 2023 година, а отчет нема.

Она што се знае од податоците е дека од буџетот во 2022 година се префрлени 230 милиони евра на ЕСМ, од кои 97 милиони евра се пријавени како капитални инвестиции. Останува да видиме кои се тие капитални инвестиции, зошто кога тогаш, треба да ги осетиме придобивките од истите. Остатокот од средствата кои беа префрлени или 56 милиони евра се за снабдување со топлинска енергија (веројатно за набавки на гасот) и 78 милиони евра веројатно за набавка на јаглен, мазут, но и за субвениционирање на дел од сметките за струја на домаќинствата (и за мал дел од фирмите). Но, тука симптоматично е што делот којшто се субвенционираше се намали. Зошто? Затоа што зголемениот трошок за производство на струјата (или за увозот) државата полека и суптилно го пренесе врз сметките за струја на домаќинствата. Ја зголемија цената на струјата за домаќинствата користејќи метод на price discrimination или познато кај нас како тарифирање во категории. Затоа и имаме просечен годишен раст на цената на електричната енергија од 14,8% во 2022 година.

Да сумирам за состојбата со електричната енергија во 2022 година.

Вкупните потреби за електрична енергија во Македонија во 2022 година (или нето-увозот) се намалија за 1.605 GWh во однос на 2021 година при: пад на финалната потрошувачка на домаќинствата (за 279 GWh или 8,3%) и на останатите сектори (за 523 GWh или 16,3%), пад на дистрибутивните загуби (за 69 GWh) и пад на потрошувачката во енергетскиот сектор (за 1 GWh), а при раст на домашното нето – производство само за 193 GWh (3,7%). Затоа има пад на увозот од 901 GWh, додека пак извозот пораснал на годишна основа за 164 GWh што значи дека ако не сме извезувале во толкав обем ќе сме имале и понизок увоз (или повеќе струја за домашните фирми). Намалената потрошувачка на домаќинствата (кои започнаат да штедат) и на фирмите (кои го намалија обемот на производство, што се гледа во реалниот годишен раст на БДП во 2022 година од само 1% пресметан по трошковен метод со постојани цени) ѝ помогна на Владата да не мора да произведува количини на електрична енергија како во нормални времиња.

Но, и покрај ваквата поволна состојба, во 2022 година производството од термоцентралите и хидро централите, како најблиска индикација за производството од државната ЕСМ е под просекот од 2012-2017 година. Е затоа пак, има зголемување од 22,8% во однос на 2021 година т.е од историски најниската споредбена основа. Исто така, процентот на месечна покриеност на финалната потрошувачка на домаќинствата од домашно производство во 2022 година е под просекот на 2012-2017 година. Да не зборуваме за 2021 година кога пак покриеноста беше далеку под историскиот просек, особено кога започна енергетската криза во Европа при крајот на 2021 годината и во првите месеци на 2022 година, што услови и висок увоз на струја од државната ЕСМ.

Само помислете, што ќе се случеше во 2022 година ако домаќинствата не намалија значајно со потрошувачката на електрична енергија? Ќе недостасуваше домашно производство, што ќе условеше висок увоз на струја и одлив на уште девизи и пари од буџетот.

Наспроти големо фалење од Владата дека производството од соларните централи (фотоволтаиците) е значајно и дека веќе идеме кон забрзана енергетска транзиција, во 2022 година учество на производството на фотоволтаиците во вкупното нето-домашно производство на електрична енергија изнесува 0,61% (33,1 GWh) од 0,48% во претходната година (25,3 GWh). Ова е годишен раст од 31%, понизок од годишниот раст во 2014 и 2015 година без постоење на криза.

Зголеменото производство од фотоволтаици во најголем дел е заради приватниот сектор, којшто во текот на 2022 година значајно инвестираше во фотоволтаици од мака, заради високите цени на струјата. Просечната увезена цена на електричната енергија во 2022 година беше околу 300 евра за MWh, повисока за 3,1 пати во однос на просечната цена во 2021 година (од 98 евра за MWh). Ова беше голем шок за фирмите, на кои Владата не им помогна навремено. Секоја задоцнета мерка си има своја последица.

И на крај, во 2022 година имаме фалби за забрзана енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија, а производството во најголем дел базира на јаглен и мазут, и притоа учеството на обновливите извори се сведе на 27,9% во вкупното домашно производство на електрична енергија.

Заборавија на испразнетите водни акумулации кои тешко се полнат. Изгубените 106 GWh од хидро централите, наспроти новите 8 GWh од соларните централи? Нека суди јавноста сама

The post Кадиевска Војновиќ за енергетската криза: Заборавија на испразнетите водни акумулации кои тешко се полнат appeared first on Република.

]]>

Анализа на Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот „Пари”
Помина 2022 година, година на висок скок на цените на нафтените деривати, електричната енергија, гасот, дрвата. Помина година на висок скок на цените на храната, лебот, маслото, месото, млекото, но и на останатите цени на многу стоки и услуги кои не беа дискутирани во јавност пр. материјали и услуги за одржување и поправки на живеалиштето, угостителски услуги, услуги за лична хигиена итн. Инфлацијата е висока и широкораспространета. Енергетската криза започна од ноември 2021 година, беше жешка во периодот од февруари до август/септември 2022 година, а потоа стивна во Европа за што помогнаа полните складишта со гас и топлата зима.
Кај нас дома, цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми во просек за 14,8% во 2022 година, а во јануари 2023 година дополнително за 3,7%. Кризата во енергетскиот сектор уште трае – не е прекината, лебот го нема, производителите се бунат, а Владата се заканува со казни. Сума сумарум, Влада се фали дека ја изменаџирала одлично енергетската криза. Но, што викаат податоците? Македонија, односно приватниот сектор т.е фирмите и населението и во помал дел државата, плати фантастични 2.141 милион евра за увоз на енергенси и електрична енергија или околу 16,6% од бруто домашниот производ (БДП) во 2022 година, што е речиси двојно поголемо зафаќање на БДП од 2021 година (8,8%). Поконкретно, Македонија плати 1.134 милиони евра за увоз на нафтени деривати, 579 милиони евра за увоз на електрична енергија, 380 милиони евра за увоз на гас и 48 милиони евра за увоз на јаглен, кокс и брикети. Нафта и гас немаме, моравме да узвеземе, но струја можевме домашно да произведеме. Оваа голема сума на пари на фирмите и на населението се одлеа од домашната економија. Билансите на фирмите беа погодени, а трошокот го пренесоа врз финалните цени – инфлацијата. Но затоа, ова имаше позитивен ефект врз буџетот на државата. Приходите од бруто ДДВ и увозни давачки годишно пораснаа за 22,4% и за 17,6%, соодветно, додека приходите од акцизите имаа солиден годишен раст во првата половина на годината од 9%, а во втората половина забележаа годишен пад од 7,2%, при намалување на цената на нафтата на светските берзи и со тоа на цената на нафтените деривати. Шокот од увезените цени на енергенсите и електричната енергија беше поголем во првата половина на годината, кога Владата и требаше да реагира. Но… Колку плати државата за енергетската криза треба Владата да даде отчет. Секоја одговорна влада ќе ги извести граѓаните каде ги потрошила нивните пари. Но веќе сме март 2023 година, а отчет нема. Она што се знае од податоците е дека од буџетот во 2022 година се префрлени 230 милиони евра на ЕСМ, од кои 97 милиони евра се пријавени како капитални инвестиции. Останува да видиме кои се тие капитални инвестиции, зошто кога тогаш, треба да ги осетиме придобивките од истите. Остатокот од средствата кои беа префрлени или 56 милиони евра се за снабдување со топлинска енергија (веројатно за набавки на гасот) и 78 милиони евра веројатно за набавка на јаглен, мазут, но и за субвениционирање на дел од сметките за струја на домаќинствата (и за мал дел од фирмите). Но, тука симптоматично е што делот којшто се субвенционираше се намали. Зошто? Затоа што зголемениот трошок за производство на струјата (или за увозот) државата полека и суптилно го пренесе врз сметките за струја на домаќинствата. Ја зголемија цената на струјата за домаќинствата користејќи метод на price discrimination или познато кај нас како тарифирање во категории. Затоа и имаме просечен годишен раст на цената на електричната енергија од 14,8% во 2022 година. Да сумирам за состојбата со електричната енергија во 2022 година. Вкупните потреби за електрична енергија во Македонија во 2022 година (или нето-увозот) се намалија за 1.605 GWh во однос на 2021 година при: пад на финалната потрошувачка на домаќинствата (за 279 GWh или 8,3%) и на останатите сектори (за 523 GWh или 16,3%), пад на дистрибутивните загуби (за 69 GWh) и пад на потрошувачката во енергетскиот сектор (за 1 GWh), а при раст на домашното нето – производство само за 193 GWh (3,7%). Затоа има пад на увозот од 901 GWh, додека пак извозот пораснал на годишна основа за 164 GWh што значи дека ако не сме извезувале во толкав обем ќе сме имале и понизок увоз (или повеќе струја за домашните фирми). Намалената потрошувачка на домаќинствата (кои започнаат да штедат) и на фирмите (кои го намалија обемот на производство, што се гледа во реалниот годишен раст на БДП во 2022 година од само 1% пресметан по трошковен метод со постојани цени) ѝ помогна на Владата да не мора да произведува количини на електрична енергија како во нормални времиња. Но, и покрај ваквата поволна состојба, во 2022 година производството од термоцентралите и хидро централите, како најблиска индикација за производството од државната ЕСМ е под просекот од 2012-2017 година. Е затоа пак, има зголемување од 22,8% во однос на 2021 година т.е од историски најниската споредбена основа. Исто така, процентот на месечна покриеност на финалната потрошувачка на домаќинствата од домашно производство во 2022 година е под просекот на 2012-2017 година. Да не зборуваме за 2021 година кога пак покриеноста беше далеку под историскиот просек, особено кога започна енергетската криза во Европа при крајот на 2021 годината и во првите месеци на 2022 година, што услови и висок увоз на струја од државната ЕСМ. Само помислете, што ќе се случеше во 2022 година ако домаќинствата не намалија значајно со потрошувачката на електрична енергија? Ќе недостасуваше домашно производство, што ќе условеше висок увоз на струја и одлив на уште девизи и пари од буџетот. Наспроти големо фалење од Владата дека производството од соларните централи (фотоволтаиците) е значајно и дека веќе идеме кон забрзана енергетска транзиција, во 2022 година учество на производството на фотоволтаиците во вкупното нето-домашно производство на електрична енергија изнесува 0,61% (33,1 GWh) од 0,48% во претходната година (25,3 GWh). Ова е годишен раст од 31%, понизок од годишниот раст во 2014 и 2015 година без постоење на криза. Зголеменото производство од фотоволтаици во најголем дел е заради приватниот сектор, којшто во текот на 2022 година значајно инвестираше во фотоволтаици од мака, заради високите цени на струјата. Просечната увезена цена на електричната енергија во 2022 година беше околу 300 евра за MWh, повисока за 3,1 пати во однос на просечната цена во 2021 година (од 98 евра за MWh). Ова беше голем шок за фирмите, на кои Владата не им помогна навремено. Секоја задоцнета мерка си има своја последица. И на крај, во 2022 година имаме фалби за забрзана енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија, а производството во најголем дел базира на јаглен и мазут, и притоа учеството на обновливите извори се сведе на 27,9% во вкупното домашно производство на електрична енергија. Заборавија на испразнетите водни акумулации кои тешко се полнат. Изгубените 106 GWh од хидро централите, наспроти новите 8 GWh од соларните централи? Нека суди јавноста сама

The post Кадиевска Војновиќ за енергетската криза: Заборавија на испразнетите водни акумулации кои тешко се полнат appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Успешни енергетски политики, произведуваме 40% повеќе струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-uspeshni-energetski-politiki-proizveduvame-40-poveke-struja/ Mon, 13 Feb 2023 08:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=608234

Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, велат од владејачката партија. Во утринското соопштение до јавноста СДСМ потсетува дека и во време на светска енергетска криза, домашниот енергетски сектор работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво.

АД ЕСМ, деновиве произведе најголемо дневно производство електрична енергија во последните 10 години. Истата компанија на почетокот на оваа година произведе 40 отсто повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година. Енергетскиот систем ги задоволува сите потреби за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, а истовремено цената на струјата е стабилна. Со ова паднаа во вода апокалиптичните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да има доволно струја, дека ќе има рестрикции, дека цената на струјата драматично ќе скокне. Покрај постоечкиот се инвестира и во нови извори на електрична енергија. За само една година, во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори. Дополнително се обезбедени 80 милиони евра, европска помош, како поддршка за ублажување на енергетската криза. Како резултат на взаемната соработка се очекува забрзана енергетска транзиција кон одржлива климатски неутрална економија и енергетска сигурност. СДСМ како одговорна партија продолжува со инвестиции во енергетиката, гради ефикасен и одржлив енергетски сектор и ја намалува зависноста од увоз, велст од СДСМ.

The post СДСМ: Успешни енергетски политики, произведуваме 40% повеќе струја appeared first on Република.

Бектеши – Симсон: На почетокот на февруари 80 милиони евра од ЕУ за поткрепа на енергетската криза https://republika.mk/vesti/bekteshi-simson-na-pochetokot-na-fevruari-80-milioni-evra-od-eu-za-potkrepa-na-energetskata-kriza/ Mon, 23 Jan 2023 15:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=600075

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Брисел оствари билатерален состанок со еврокомесарката за енергетика на Европската Унија, Кадри Симсон.

На средбата присуствуваше и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили и амбасадорот македонската мисија во ЕУ, Зулфи Исмаили.

Главна тема на состанокот беше поддршката која што Европската Унија и ја дава на Македонија за справување со енергетската криза, како и мерките кои ги превзема нашата земја во делот на безбедноста на снабдување со енергенси како и зголемувањето на независноста од рускииот гас.

Министерот Бектеши ѝ се заблагодари на Европската унија за финасиската поддршка од 80 милиони евра за справување со енергетската криза кои се обезбедени на Северна Македоија.

Првата транша од 72 милиони евра или 90% од финансиската поддршка се очекува да биде исплатена најдоцна во првата недела од февруари, а како што информираше министерот Бектеши овие пари се наменети за мерки за поддршка на домаќинствата и малите потрошувачи за справување со енергетската криза.

Дел од мерките кои се предвидени со овие средства како што кажа министерот Бектеши се наменети за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Министерот Бектеши ја информираше еврокомесарката дека од почетокот на годината по потпишување на договор помеѓу Македонија и Бугарија за зголемување на количините на гасоводот помеѓу двете земји се отвори можност земјата да се снабдува со гас од повеќе извори со што се намали зависноста од рускиот гас.

Во таа насока, како што кажа Бектеши годинава ќе започне изградбата на Интерконекторот за гас со Грција со што целосно ќе се овозможи диверзификација за снабдувањето со гас на земјата од повеќе извори.

Министерот информираше дека забрзано се реализираат инвестиции во обновливи извори на енергија, пред се фотонапонски централи. За разлика во минатото кога во земјата имаше изградено фотонапонски централи си вкупен инсталиран капацитет од капацитет од 17 мегавати, а сега само во последните 6 години се изградени или во завршна фаза на изградба се фотонапонски централи со вкупна инсталирана моќност 250 мегавати

Министерот исто така кажа дека со цел справување со енергетската криза Владата на Македонија  беше меѓу првите земји во регионот кои презедоа мерки за заштита на граѓаните.

Со со цел да го зголеми домашното производство, а со тоа и граѓаните и компаниите кои се снабдуваат од регулиран пазар да добијат пониска цена, во текот на 2021 година од беа исплатени 86 милиони евра,додека  во текот на 2022 година 203 милиони евра, односно вкупно 289 милиони евра во двете години.  Дополнително на ова за да се заштитата граѓаните и стопанството од оваа криза, беа донесени два пакета антикризни мерки во вредност од над 760 милиони евра.

За 2023 година во буџетот во посебна програма предвидени за справување со енергетска криза и за мерки за поддршка вкупно се предвидени 225 милиони евра.

The post Бектеши – Симсон: На почетокот на февруари 80 милиони евра од ЕУ за поткрепа на енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Брисел оствари билатерален состанок со еврокомесарката за енергетика на Европската Унија, Кадри Симсон. На средбата присуствуваше и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили и амбасадорот македонската мисија во ЕУ, Зулфи Исмаили. Главна тема на состанокот беше поддршката која што Европската Унија и ја дава на Македонија за справување со енергетската криза, како и мерките кои ги превзема нашата земја во делот на безбедноста на снабдување со енергенси како и зголемувањето на независноста од рускииот гас. Министерот Бектеши ѝ се заблагодари на Европската унија за финасиската поддршка од 80 милиони евра за справување со енергетската криза кои се обезбедени на Северна Македоија. Првата транша од 72 милиони евра или 90% од финансиската поддршка се очекува да биде исплатена најдоцна во првата недела од февруари, а како што информираше министерот Бектеши овие пари се наменети за мерки за поддршка на домаќинствата и малите потрошувачи за справување со енергетската криза. Дел од мерките кои се предвидени со овие средства како што кажа министерот Бектеши се наменети за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Министерот Бектеши ја информираше еврокомесарката дека од почетокот на годината по потпишување на договор помеѓу Македонија и Бугарија за зголемување на количините на гасоводот помеѓу двете земји се отвори можност земјата да се снабдува со гас од повеќе извори со што се намали зависноста од рускиот гас. Во таа насока, како што кажа Бектеши годинава ќе започне изградбата на Интерконекторот за гас со Грција со што целосно ќе се овозможи диверзификација за снабдувањето со гас на земјата од повеќе извори. Министерот информираше дека забрзано се реализираат инвестиции во обновливи извори на енергија, пред се фотонапонски централи. За разлика во минатото кога во земјата имаше изградено фотонапонски централи си вкупен инсталиран капацитет од капацитет од 17 мегавати, а сега само во последните 6 години се изградени или во завршна фаза на изградба се фотонапонски централи со вкупна инсталирана моќност 250 мегавати Министерот исто така кажа дека со цел справување со енергетската криза Владата на Македонија  беше меѓу првите земји во регионот кои презедоа мерки за заштита на граѓаните. Со со цел да го зголеми домашното производство, а со тоа и граѓаните и компаниите кои се снабдуваат од регулиран пазар да добијат пониска цена, во текот на 2021 година од беа исплатени 86 милиони евра,додека  во текот на 2022 година 203 милиони евра, односно вкупно 289 милиони евра во двете години.  Дополнително на ова за да се заштитата граѓаните и стопанството од оваа криза, беа донесени два пакета антикризни мерки во вредност од над 760 милиони евра. За 2023 година во буџетот во посебна програма предвидени за справување со енергетска криза и за мерки за поддршка вкупно се предвидени 225 милиони евра.

The post Бектеши – Симсон: На почетокот на февруари 80 милиони евра од ЕУ за поткрепа на енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Талевски: За пониски цени треба да се произведува повеќе струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/talevski-za-poniski-tseni-treba-da-se-proizveduva-poveke-struja/ Sun, 22 Jan 2023 20:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=599703

Владата со розови наочари, цело време кажуваат дека се е во ред, дека сите блокови се на мрежа и не поминува цела недела да не испадне блок во РЕК Битола, РЕК Осломеј кога работи, кога не работи, дали 50 дена годишно работи. Сега се фалат за три дена. Три блока во РЕК Битола до 2017 година беше нормално да работат во грејна сезона, изјави за Детектор на Сител, Владо Талевски од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцираше дека Владата дека се справува лошо со кризата чувствуваат и граѓаните и стопанството.

– Како директен резултат на оваа криза се затворени над 5.000 компании. Уште еден податок дека сме во најголема криза, имаме најголема инфлација и тоа го кажуваат ММФ и Светска банка завршија со 19,8. Споредено со Балканот сме најлоши, истакна Талевски.

Талевски исто така посочи дека ЕСМ не произведуваше електрична енергија и 2021 е најкатастрофална година во производство на енергија за ЕСМ, а за да се намалат цените треба да се произведува електрична енергија.

– Во 2019, во нивното владеење, ЕСМ произвело 4250 гигават часови, во 2020 има пад 3642 гигават, во 2021, 3170 гигавати вкупно произвела ЕСМ со сите капацитети и хидро капацитетите. Овде се случи еколошка катастрофа на хидро електраните. РЕК Битола произведе неверојатно црни 1900 гигават часови. Во РЕК Битола има 3 турбини по 230 мегавати. РЕК просечно годишно работел со 200 мегавати на мрежа. Значи тоа е помалку од 100% на еден блок. Значи РЕК Битола работел со само 27% на мрежа од инсталираниот капацитет, нагласи Талевски.

The post Талевски: За пониски цени треба да се произведува повеќе струја appeared first on Република.

]]>

Владата со розови наочари, цело време кажуваат дека се е во ред, дека сите блокови се на мрежа и не поминува цела недела да не испадне блок во РЕК Битола, РЕК Осломеј кога работи, кога не работи, дали 50 дена годишно работи. Сега се фалат за три дена. Три блока во РЕК Битола до 2017 година беше нормално да работат во грејна сезона, изјави за Детектор на Сител, Владо Талевски од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцираше дека Владата дека се справува лошо со кризата чувствуваат и граѓаните и стопанството.
– Како директен резултат на оваа криза се затворени над 5.000 компании. Уште еден податок дека сме во најголема криза, имаме најголема инфлација и тоа го кажуваат ММФ и Светска банка завршија со 19,8. Споредено со Балканот сме најлоши, истакна Талевски.
Талевски исто така посочи дека ЕСМ не произведуваше електрична енергија и 2021 е најкатастрофална година во производство на енергија за ЕСМ, а за да се намалат цените треба да се произведува електрична енергија.
– Во 2019, во нивното владеење, ЕСМ произвело 4250 гигават часови, во 2020 има пад 3642 гигават, во 2021, 3170 гигавати вкупно произвела ЕСМ со сите капацитети и хидро капацитетите. Овде се случи еколошка катастрофа на хидро електраните. РЕК Битола произведе неверојатно црни 1900 гигават часови. Во РЕК Битола има 3 турбини по 230 мегавати. РЕК просечно годишно работел со 200 мегавати на мрежа. Значи тоа е помалку од 100% на еден блок. Значи РЕК Битола работел со само 27% на мрежа од инсталираниот капацитет, нагласи Талевски.

The post Талевски: За пониски цени треба да се произведува повеќе струја appeared first on Република.

]]>
Детектор: Албанците веруваат дека владата ќе се справи со енергетската криза, Македонците песимисти https://republika.mk/vesti/ekonomija/detektor-albantsite-veruvaat-deka-vladata-ke-se-spravi-so-energetskata-kriza-makedontsite-pesimisti/ Sun, 22 Jan 2023 19:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=599681

На речиси половина од македонските граѓани, односно 49,1 отсто, месечниот буџет со кој располагаат не им е доволен за да им ги покрие основните месечни потреби за живот, покажува најновата анкета на Детектор.

Според неа, над 80% од анкетираните велат дека трошоците на нивното семејство лани биле зголемени. 54,4% велат дека имале многу зголемени трошоци а 28,3% донекаде зголемени. Без поголеми промени велат дека поминале 13,4% од анкетираните, 1,5% велат дека имале донекаде намалени трошоци а многу големо намалување на почувствувал никој.

Според анкетата, 57,9% од анкетираните се на ставот дека не сме подготвени за справување со енергетската криза, додека 32,6% делат став дека сме подготвени.

Анализата на етничката структура на испитаниците по ова прашање покажува дека Албанците се поголеми оптимисти од Македонците. Мнозинството Албанци се на ставот дека сме подготвени да се справиме со кризата. 61,5% од Македонците и 44,4% од етничките Албанци се убедени дека не сме подготвени за кризата, додека подготвеност регистрирале 28,5% Македонци и 47% етнички Албанци.

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

The post Детектор: Албанците веруваат дека владата ќе се справи со енергетската криза, Македонците песимисти appeared first on Република.

]]>

На речиси половина од македонските граѓани, односно 49,1 отсто, месечниот буџет со кој располагаат не им е доволен за да им ги покрие основните месечни потреби за живот, покажува најновата анкета на Детектор. Според неа, над 80% од анкетираните велат дека трошоците на нивното семејство лани биле зголемени. 54,4% велат дека имале многу зголемени трошоци а 28,3% донекаде зголемени. Без поголеми промени велат дека поминале 13,4% од анкетираните, 1,5% велат дека имале донекаде намалени трошоци а многу големо намалување на почувствувал никој. Според анкетата, 57,9% од анкетираните се на ставот дека не сме подготвени за справување со енергетската криза, додека 32,6% делат став дека сме подготвени. Анализата на етничката структура на испитаниците по ова прашање покажува дека Албанците се поголеми оптимисти од Македонците. Мнозинството Албанци се на ставот дека сме подготвени да се справиме со кризата. 61,5% од Македонците и 44,4% од етничките Албанци се убедени дека не сме подготвени за кризата, додека подготвеност регистрирале 28,5% Македонци и 47% етнички Албанци. Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

The post Детектор: Албанците веруваат дека владата ќе се справи со енергетската криза, Македонците песимисти appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Водиме успешни енергетски политики, среде зима извезуваме струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-vodime-uspeshni-energetski-politiki-srede-zima-izvezuvame-struja/ Mon, 16 Jan 2023 08:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=597330

Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати.

Во време на светска енергетска криза обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата.

Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија.

Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

ВМРО-ДПМНЕ молчи. Демантирани се сите нивни лаги и невистини со кои ширеа страв и паника кај граѓаните.

Во една од најпредизвикувачките зими нема рестрикции, туку вишоци на струја.

Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Електрична енергија од домашни извори има доволно, енергетскиот систем на државата е стабилен и во полн капацитет

ПРЕТХОДНО

The post СДСМ: Водиме успешни енергетски политики, среде зима извезуваме струја appeared first on Република.

]]>

Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Во време на светска енергетска криза обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата. Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија. Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство. Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија. ВМРО-ДПМНЕ молчи. Демантирани се сите нивни лаги и невистини со кои ширеа страв и паника кај граѓаните. Во една од најпредизвикувачките зими нема рестрикции, туку вишоци на струја. Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Електрична енергија од домашни извори има доволно, енергетскиот систем на државата е стабилен и во полн капацитет ПРЕТХОДНО

The post СДСМ: Водиме успешни енергетски политики, среде зима извезуваме струја appeared first on Република.

]]>
Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза https://republika.mk/vesti/ekonomija/zapadniot-balkan-i-eu-zaednichki-kje-se-spravuvaat-so-posledicite-od-energetskata-kriza/ Thu, 08 Dec 2022 16:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=583396

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на првата панел дискусија на Самитот Западен Балкан -Европска Унија во Тирана. Оваа панел сесија беше посветена на енергетската криза и пакетот за енергетска поддршка со кој треба да се обезбеди енергетска стабилност на Западен Балкан, но и воопшто на целиот европски континент.

На сесијата од страна на сите учесници во дискусијата беше потенцирано дека енергетската стабилност на Западен Балкан е подеднакво важна како и енергетската стабилност на ЕУ. Лидерите истакнаа дека сите заедно работат на надминување на предизвиците од енергетската криза и дека ЕУ ќе биде заедно со земјите од Западен Балкан при решавање на сите проблеми поврзани со енергетската криза.

Република Македонија изминатиот период успешно се справува со енергетската криза и обезбедува енергетска стабилност на земјата, за што се ставени во целосна функција сите расположливи капацитети за производство на струја.

Република Македонија исто така имплементира повеќегодишна Стратегија за зелена транзиција, со што инвестира во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија и долг план обезбедува енергетска независност на земјата.

The post Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на првата панел дискусија на Самитот Западен Балкан -Европска Унија во Тирана. Оваа панел сесија беше посветена на енергетската криза и пакетот за енергетска поддршка со кој треба да се обезбеди енергетска стабилност на Западен Балкан, но и воопшто на целиот европски континент. На сесијата од страна на сите учесници во дискусијата беше потенцирано дека енергетската стабилност на Западен Балкан е подеднакво важна како и енергетската стабилност на ЕУ. Лидерите истакнаа дека сите заедно работат на надминување на предизвиците од енергетската криза и дека ЕУ ќе биде заедно со земјите од Западен Балкан при решавање на сите проблеми поврзани со енергетската криза. Република Македонија изминатиот период успешно се справува со енергетската криза и обезбедува енергетска стабилност на земјата, за што се ставени во целосна функција сите расположливи капацитети за производство на струја. Република Македонија исто така имплементира повеќегодишна Стратегија за зелена транзиција, со што инвестира во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија и долг план обезбедува енергетска независност на земјата.

The post Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Половина Украина без струја, најтешко во Киев, Одеса и Харков https://republika.mk/vesti/svet/polovina-ukraina-bez-struja-najteshko-vo-kiev-odesa-i-harkov/ Sat, 19 Nov 2022 21:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=575982

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на вечерното онлајн обраќање до граѓаните рече дека ситуацијата со електрична енергија е најтешка во Киев, Одеса, Харков, како и областите околу тие градови. Тој додаде дека 50 отсто од државата е без струја.

Претходно шефот на најголемата приватна енергетска компанија во Украина, Максим Тимченко, изјави дека жителите треба да размислат за напуштање на земјата за да ја намалат побарувачката на електричната мрежа на земјата.

„Ако можат да најдат алтернативно место за престој околу три или четири месеци, тоа ќе биде огромна помош за системот“, изјави извршниот директор на ДТЕК за Би-Би-Си.

Компанијата Тимченко, која обезбедува повеќе од една четвртина од електричната енергија во Украина, вели дека системот станува сѐ понесигурен со секој руски напад, а намалувањето на потрошувачката на електрична енергија е клучно за негово одржување.

The post Половина Украина без струја, најтешко во Киев, Одеса и Харков appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на вечерното онлајн обраќање до граѓаните рече дека ситуацијата со електрична енергија е најтешка во Киев, Одеса, Харков, како и областите околу тие градови. Тој додаде дека 50 отсто од државата е без струја. Претходно шефот на најголемата приватна енергетска компанија во Украина, Максим Тимченко, изјави дека жителите треба да размислат за напуштање на земјата за да ја намалат побарувачката на електричната мрежа на земјата.
„Ако можат да најдат алтернативно место за престој околу три или четири месеци, тоа ќе биде огромна помош за системот“, изјави извршниот директор на ДТЕК за Би-Би-Си.
Компанијата Тимченко, која обезбедува повеќе од една четвртина од електричната енергија во Украина, вели дека системот станува сѐ понесигурен со секој руски напад, а намалувањето на потрошувачката на електрична енергија е клучно за негово одржување.

The post Половина Украина без струја, најтешко во Киев, Одеса и Харков appeared first on Република.

]]>
Апел во Украина: „Иселете се од земјата за да заштедиме струја“ https://republika.mk/vesti/svet/apel-vo-ukraina-iselete-se-od-zemjata-za-da-zashtedime-struja/ Sat, 19 Nov 2022 21:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=575977

Граѓаните да размислат да ја напуштат државата за да ја намалат побарувачката на струја во земјава. Ова го изјави шефот на најголемата украинска приватна енергетска компанија „ДТЕК“, Максим Тимченко.

„Ако граѓаните можат да најдат алтернативно место за престој уште три или четири месеци, тоа може да биде од голема помош за системот“, изјави Тимченко за Би-Би-Си.

Руските напади оштетија речиси половина од енергетскиот систем на Украина, а милиони луѓе се без струја.

„Оштетениот енергетски систем сè уште не е во состојба да произведе доволно електрична енергија за да ги задоволи моменталните потреби, така што секој начин да се намали потрошувачката, вклучително и напуштање на земјата, треба да се гледа како помош на Украина да победи во војната против Русија“, објасни Тимченко.

Тој додава дека енергетскиот систем станува помалку сигурен со секој руски напад, а намалувањето на потрошувачката на електрична енергија е клучот за негово одржување.

„Ако потрошите помалку, тогаш болниците што се грижат за повредените војници ќе имаат загарантирано снабдување со електрична енергија. Кога гледаме на тоа така, со трошење помалку струја или заминување, граѓаните придонесуваат за другите луѓе“, изјави Тимченко за британскиот јавен сервис.

Нападите на Русија врз украинската инфраструктура се интензивираа по украинската контраофанзива во областа Харков и повторното влегување во Херсон.

The post Апел во Украина: „Иселете се од земјата за да заштедиме струја“ appeared first on Република.

Прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата од денеска може да склучат договори со ЕСМ за поевтина струја https://republika.mk/vesti/makedonija/prehranbenata-industrija-vodostopanstvata-i-uchilishtata-od-deneska-moze-da-skluchat-dogovori-so-esm-za-poevtina-struja/ Wed, 09 Nov 2022 12:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=571864

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција истана дека веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготви потребната документација, врз основа на која ќе се склучат договорите со „ЕСМ продажба“ за снабдување со електрична енергија за физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, како и основните и средни јавни училишта.

Владата на Република Македонија донесе одлука со која го задолжи АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“ во текот на траењето на енергетската криза, до 30.4.2023 година, да снабдува со електрична енергија неколку категории потрошувачи.

Оваа одлука е донесена со цел да се спречи растот на цените на одредени прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и одведување и пречистување на водата, како и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период.

Веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготви потребната документација, врз основа на која ќе се склучат договорите за снабдување со електрична енергија.

Документацијата и упатствата се крајно поедноставени ќе се постават на официјалната страна на АД ЕСМ од каде потрошувачите ќе можат да ги симнат и да ги пополнат и заедно со другите документи кои треба да ги приложат кон барањето, треба да ги пратат на е-меил, а потоа да ги достават и до архивата на компанијата.

За датумот на аплицирање ќе се смета времето кога комплетните документите се пратени на официјалниот меил.

Потрошувачите можат да склучат договори за снабдување со електрична енергија од АД ЕСМ секој први во месецот, односно, 1 декември 2022, потоа 1 јануари, 1 февруари, 1 март и 1 април 2023.

За да почнат да се снабдуваат со електрична енергија од први во наредниот месец, сите заинтересирани потребно е најдоцна до 10 (десети) во тековниот месец да го достават до „ЕСМ продажба“ потпишаниот договор со потребната документација.

На пример, овие следни два дена што се пред нас, денес и утре, до 10.11 треба да се поднесат документите за да почне снабдувањето од 1.12, односно од 1 декември оваа година.

Овој рок не важи само за корисниците кои во моментот се на снабдувач во краен случај, за нив рокот е до 20-ти во тековниот месец.

Со оваа мерка се опфатени три категории на потрошувачи:

I КАТЕГОРИЈА – физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија

Тука се основните продукти, месо, млеко, леб, масла итн.

Цената на електричната енергија за нив ќе биде 80 e/MWh и ќе важи само за потрошувачката на броилата за извршување директно на приоритетната дејност, значи исклучиво во производниот процес. Целта е да се одржи стабилна цената на основните прехранбени производи, односно да не дојде до раст на нивните цени предизвикани од исклучително високите сметки за струја или прекин на производството.

Но, тука сакам да го реафирмирам истото што беше договорено со претставниците на стопанските комори од секторите кои се од прехранбената индустрија на основни прехранбени производи сите да бидат солидарни и како што некои веќе и најавија цените на основните прехранбени продукти кои се опфатени со оваа мерка да се намалат, најмалку за 10%.

II КАТЕГОРИЈА – спаѓаат јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици

Целта на нивното префрлање на „ЕСМ продажба“ е тоа што струјата за нив е клучна за функционирањето на пумпите и пречистителните станици и не смее да се дозволи поради високата цена или следствено исклучување поради ненадоместени сметки да дојде до тоа пумпите да останат без струја и да се загрози водоснабдувањето или одведувањето и прочистувањето на водите.

Цената на електричната енергија за нив ќе биде 95 e/MWh.

III КАТЕГОРИЈА – основни и средни јавни училишта

За да имаме топли училишта и топли болници во оваа кризна состојба Владата со одлука обезбеди за 365 основни и 109 средни училишта како и за здравствените установи повластена цена на струја од ЕСМ од 95 евра/MWh. Целта на снабдувањето на училиштата е да се осигура настава, односно дека нема да дојде до нарушување на воспитно-образовниот процес од причини недостиг на струја, исклучување поради неподмирени високи сметки итн. поврзани со електричната енергија.

Струјата ќе продолжиме да ја субвенционираме со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми кои вработуваат 98% од работниците во државата. Се грижиме за најранливите и понатаму и 42.000 граѓани од најранливи категории, како што соопштивме со мерките ќе добиваат директна финансиска помош. Исто како и 330.000 пензионери кои покрај зголемените пензии дел од нив оние со најниски пензии ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари поддршка оваа зима согласно последниот пакет антикризни мерки. Нема поголем приоритет од справувањето со енергетската криза, заштитата на животниот стандард и одржување на ликвидноста на компаниите, изјави Ковачевски.

The post Прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата од денеска може да склучат договори со ЕСМ за поевтина струја appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција истана дека веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготви потребната документација, врз основа на која ќе се склучат договорите со „ЕСМ продажба“ за снабдување со електрична енергија за физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, како и основните и средни јавни училишта.
Владата на Република Македонија донесе одлука со која го задолжи АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“ во текот на траењето на енергетската криза, до 30.4.2023 година, да снабдува со електрична енергија неколку категории потрошувачи.
Оваа одлука е донесена со цел да се спречи растот на цените на одредени прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и одведување и пречистување на водата, како и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период. Веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготви потребната документација, врз основа на која ќе се склучат договорите за снабдување со електрична енергија. Документацијата и упатствата се крајно поедноставени ќе се постават на официјалната страна на АД ЕСМ од каде потрошувачите ќе можат да ги симнат и да ги пополнат и заедно со другите документи кои треба да ги приложат кон барањето, треба да ги пратат на е-меил, а потоа да ги достават и до архивата на компанијата. За датумот на аплицирање ќе се смета времето кога комплетните документите се пратени на официјалниот меил. Потрошувачите можат да склучат договори за снабдување со електрична енергија од АД ЕСМ секој први во месецот, односно, 1 декември 2022, потоа 1 јануари, 1 февруари, 1 март и 1 април 2023. За да почнат да се снабдуваат со електрична енергија од први во наредниот месец, сите заинтересирани потребно е најдоцна до 10 (десети) во тековниот месец да го достават до „ЕСМ продажба“ потпишаниот договор со потребната документација. На пример, овие следни два дена што се пред нас, денес и утре, до 10.11 треба да се поднесат документите за да почне снабдувањето од 1.12, односно од 1 декември оваа година. Овој рок не важи само за корисниците кои во моментот се на снабдувач во краен случај, за нив рокот е до 20-ти во тековниот месец. Со оваа мерка се опфатени три категории на потрошувачи:

I КАТЕГОРИЈА – физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија

Тука се основните продукти, месо, млеко, леб, масла итн. Цената на електричната енергија за нив ќе биде 80 e/MWh и ќе важи само за потрошувачката на броилата за извршување директно на приоритетната дејност, значи исклучиво во производниот процес. Целта е да се одржи стабилна цената на основните прехранбени производи, односно да не дојде до раст на нивните цени предизвикани од исклучително високите сметки за струја или прекин на производството. Но, тука сакам да го реафирмирам истото што беше договорено со претставниците на стопанските комори од секторите кои се од прехранбената индустрија на основни прехранбени производи сите да бидат солидарни и како што некои веќе и најавија цените на основните прехранбени продукти кои се опфатени со оваа мерка да се намалат, најмалку за 10%.

II КАТЕГОРИЈА – спаѓаат јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици

Целта на нивното префрлање на „ЕСМ продажба“ е тоа што струјата за нив е клучна за функционирањето на пумпите и пречистителните станици и не смее да се дозволи поради високата цена или следствено исклучување поради ненадоместени сметки да дојде до тоа пумпите да останат без струја и да се загрози водоснабдувањето или одведувањето и прочистувањето на водите. Цената на електричната енергија за нив ќе биде 95 e/MWh.

III КАТЕГОРИЈА – основни и средни јавни училишта

За да имаме топли училишта и топли болници во оваа кризна состојба Владата со одлука обезбеди за 365 основни и 109 средни училишта како и за здравствените установи повластена цена на струја од ЕСМ од 95 евра/MWh. Целта на снабдувањето на училиштата е да се осигура настава, односно дека нема да дојде до нарушување на воспитно-образовниот процес од причини недостиг на струја, исклучување поради неподмирени високи сметки итн. поврзани со електричната енергија.
Струјата ќе продолжиме да ја субвенционираме со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми кои вработуваат 98% од работниците во државата. Се грижиме за најранливите и понатаму и 42.000 граѓани од најранливи категории, како што соопштивме со мерките ќе добиваат директна финансиска помош. Исто како и 330.000 пензионери кои покрај зголемените пензии дел од нив оние со најниски пензии ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари поддршка оваа зима согласно последниот пакет антикризни мерки. Нема поголем приоритет од справувањето со енергетската криза, заштитата на животниот стандард и одржување на ликвидноста на компаниите, изјави Ковачевски.

The post Прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата од денеска може да склучат договори со ЕСМ за поевтина струја appeared first on Република.

]]>
Општините беа оставени сами на себе да се справуваат со енергетската криза https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtinite-bea-ostaveni-sami-na-sebe-da-se-spravuvaat-so-energetskata-kriza/ Sat, 05 Nov 2022 20:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=570183

На денешната трибина „Предизвиците на локалната самоуправа во услови на енергетска криза“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, претседателка на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во периодот кога се случуваа локалните избори во 2021 година и кога ВМРО-ДПМНЕ сигнализираше дека се случува нешто посебно со електричната енергија и гасот, СДСМ ги тераше изборите лежерно и постојано излегуваше по телевизиите известувајќи ги граѓаните дека се е под контрола. Но, за жал се случи она што ниту еден граѓанин не го посакуваше, а тоа дека ништо не беше под контрола како што уверуваше СДСМ.

И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои најголем број на општини, се случи она најлошото да нашите градоначалници се соочат со проблеми од невидени размери предизвикани токму од несериозноста на СДСМ. Доволен доказ беше првата енергетска криза која што ја прогласија во времетраење од шест месеци од декември 2021 година до јуни 2022 година и тоа во снабдување во електрична енергија и делумно снабдување со топлинска енергија на територија на град Скопје. Истото се случи и годинава, значи некаде од минатиот месец до траење на крај на април имаме повторно прогласена електроенергетска криза. За сето ова време се случуваа неколку пострашни проблеми значи цената на берзите на електричната енергија и гасот растеше. Меѓутоа за жал цента на електричната енергија дома кај нас исто така растеше било за домаќинствата, било за малите потрошувачи, а оние пак компании кои што набавуваат на слободен пазар за нив нема потреба да зборуваме дека имаше период во кој што цената некогаш порасна за7, 8 па и 10 пати, потенцираше таа.

Таа посочи дека улогата на регулаторот во оваа ситуација во која што се наоѓа државата е никаква. Бидејќи ако некаде од јули 2020-та година досега кумулативно цената за домаќинствата е порасната за 41%. А, за малите потрошувачи кои што се исто така на регулираниот пазар, а се снабдувани од ЕВН Хоме до крајот на 2021 година имаа за 30% зголемена цена, а од 1 јули 2022 година имаат за 5 пати зголемена цена. Тоа се фирми кои што имаат по 50 вработени, фирми кои што имаат помалку од 2 милиони евра годишно обрт во денарска противредност, тие се соочија летово со пет пати зголемена цена во однос на минатата година.

За сето ова време берзите флуктуираа, но секогаш беа поголеми од она што беше летото 2020-та или летото 2021 и 2022 година. Што значи ова? Значи дека и домаќинствата и малите потрошувачи, и сите субјекти кои што излегоа на либерализираниот пазар значи да набавуваат слободна енергија од снабдувачи се соочија со енормно зголемување на цената на електричната енергија. Се случија и други проблеми за кои што би сакала да алармирам, се случи една состојба во која уличното осветлување согласно Законот за локална самоуправа е со фиксна тарифа и секое домаќинство во својата сметка добива цена од 184 денари, најголем дел од енергијата која што требаше да се користи во земјата за улично осветлување беше планирана да се набави од увоз, од берза, а многу мал дел да биде само на регулиран пазар, во пресметките на регулаторот. Тоа придонесе да Општините оставени сами на себе да се соочат со двоен проблем, прво добиваат минимален додаток од ЕВН затоа што ЕВН го собира преку нашите сметки кои што ни ги испорачува односно 184 денари, а таа енергија која што мора општините да ја користат и да ја платат кон ЕВН ја набавуваа на слободен пазар каде што беше од 9 до 10 пати поголема“, појасни Маркова.

Таа рече дека општините се соочија и со втор проблем, не само со уличното осветлување туку и со целокупната потрошувачка, што значеше дека треба да ја набавуваат преку снабдувач од берза.

На трибината се обрати и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, кој нагласи дека енергетската криза влијае и на хотелиерството и на големите производни капацитети.

Охрид има доста сонце и луѓето гледаат да ја искористат опцијата за соларни панели. Реалноста, односно оваа енергетска криза пеколно влијае на хотелиерите и на големите производствени капацитети. И кај нив има интерес за постапката за поставување на фотоволтаици, рече Пецаков.

Сепак, Пацаков укажа, на ограничувањата кои ги има во Охрид по ова прашање.

„Сепак ние имаме мал проблем што во некои делови УНЕСКО ова го забранува. Охрид е под заштита на УНЕСКО и вакви капацитети не можат да се постават секаде. Но, се одговара на кои имаат интерес, а кои се во делови во кои тоа е дозволено“, посочи Пецаков.

Ние пред неколку дена го издадовме првото решение на приватен инвеститор за 5 мегавати, претпоставувам дека до крајот на годината или почетокот на идната година ќе издадеме уште четири решенија и околу 40 мегавати ќе бидат поставени од страна на приватни заинтересирани субјекти кои што изминатите година дена вложуваа во делот на урбанизација, вели градоначалникот на општина Велес, Марко Колев обраќајќи се пред присутните.

Колев истакна дека е подготвена документација за сите основни и средни училишта во општината за поставување на фотоволтаици  за производство на електрична енергија, а како што рече ќе се постават од 20 до 40 киловати.

Покрај овој процес следејќи ја состојбата на општината ги мотивиравме приватните субјекти во Велес да вложуваат во поставување на фотоволтаиции со убрзана постапка, значи со поставување на фотоволтаици на сите поголеми производствени капацитети во Велес се завршени. И она што можевме да го направиме е подготвивме документација техничка за сите основни и средни училишта во Велес и веќе сме во постапка за избор на  фирма, мислам дека и наредната недела ќе има отворање на понудите за поставување на фотоволтаици за прозиводство на електрична енергија за скоро сите основни и средни училишта. Ќе се постават околу 20 и 40 киловати, изјави Колев.

Сања Божиновска стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прашања од енергетиката, на трибината за предизвиците на локалната самоуправа во енергетска криза на „Саем на промени што носат иднина“ истакна дека додека цените на електричната енергија растат државата не е спремна, произведува дупло помалку од порано а не ја ни користи сончевата енергија.

Секојдневно слушаме за зголемени цени на електрична енергија, цените се навистина високи, а ние како земја не сме спремни. Ако имаше подобро менаџирање во последните години како на пример во 2010 година имаше ЕЛЕМ производство од 6.400 гигават часа, но мината 2021 година тоа е за 50% намалено, односно на 3.200 гигават саата. Тоа значи дека Македонија како знаеја на сонцето треба да се осврне на сончевата енергија, рече Божиновска.

Божиновска посочи дека Македонија треба да се огледа на Хрватска и Србија кои субвенционираат и до 50% за фотопанели или да може домаќинствата кои ќе дадат повеќе енергија во електросистемот може да добијат пари или да ја користат енергијата понатаму.  Таа додаде и дека во Македонија дискутабилно е земјиштето на кое се издаваат дозволи за фотоволтаици, на плодно земјиште не треба да се ставаат фотоволтаици, владата најави стратешки инвестиции но тоа засега е само на хартија и ништо не е направено.

Проф. д-р Константин Димитров укажа дека енергетиката е многу битен елемент во општеството односно како што рече тој таа е двигател на развојот на стопанството.

Енергетиката е многу битен елемент во општеството. Тоа е двигател на развојот на стопанството. Каква ни е состојбата и зошто дојдовме до ова е исто многу битно. Во Македонија енергетската база од која се обезбедува како што вели Владата доволно електрична енергија, но за регулираниот пазар, а забораваат дека нерегулираниот пазар и стопанството се сврзани садови. Ако овдека одземеш таму додадеш, проблемите веднаш се манифестираат секаде, се манифестираат во буџетот на домаќинствата, на тие што го полнат буџетот на државата, рече професорот Димитров.

Професорот Димитров во текот на своето обраќање се осврна на работата на хидроцентралите и термоцентралите.

Во Македонија се базира производството на термоцентрали и хидроцентрали и делумно се повеќе обновливи извори на енергија. Термоцентрали се со вграден капацитет 1069 мегавати, хидропотецијалот каде што зборуваме за големите хидропостојки се околу 560 мегавати, не е битно бројките да ги запаметиме, битно е да почувствуваме односот помеѓу нив. Во обновливи извори на енергија имаме 70 мегавати, но тука има едно големо НО. Термоцентралите работат со тој свој номинален капацитет или треба да работат со номиналниот капацитет 6.000 часови годишно. Хидроцентралите не работат толку, толку им е  капацитетот на вода што се фаќа со акумулациите, но акумулациите стојат на минимално ниво, така и да не можеме да очекуваме производство. Може да се каже дека они учествуваат со по неколку месеци и можат да исполнат својот капацитет. Со овој изграден капацитет во изминатиот период во Македонија ние обезбедуваме производство на електрична енергија што е на нивото од околу 7,700 гигават саати, толку и треба на Македонија моментално со тоа колку имаме опаднато производство, со тоа колку домаќинствата нешто штедат, колку имаме иселени луѓе. Но работата е што не произведуваме толку, произведуваме 5.500-5.600 што значи 30% од потребната количина на електрична енергија ја увезуваме. Ја увезуваме и заради покачените цени плаќаме скапо. Колку за споредба тоа се некаде на годишно ниво купуваме електрична енергија и плаќаме колку што би чинело да изградиме една двестамегаватна постројка на гас како што е во Скопје сега ТЕ-ТО, но таа не е наша таа е само изградена територија на Република Македонија, таа е приватна, додаде тој.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски зборуваше за интересот и иницијативите за поставување на соларни панели, и за тоа како да се олесни процедурата и да се мотивираат стопанските субјекти и поединци да се одлучат на ваков чекор.

„Во општина Битола до јули 2022 година пристигнале вкупно 13 барања со вкупна инсталирана моќност од 3200 киловати, а од јули до денес реализирани се 9 барања од кои 4 се одобрени со вкупна моќност од 1400 киловати и 5 се во постапка од 1655. Интересот е голем особено од стопанските субјекти, а индивидуалните побарувања се многу мали, меѓутоа сите оние кои што нешто значат во индустријата на Битола веќе се во фаза на барање одобренија. Од сознанијата кои ги имам од луѓето кои работат во овој сектор во општината Битола, постапката можеби е и отежната со тоа што се бараат инспектори кои треба да ја поминат некаква си фаза на лиценцирање и обука. Тука потребно е и ангажирање на електроинжери и дали секоја општина го има тоа како капацитет е сосема друго прашање“, истакна Коњановски.

Тој исто така се осврна и на предизвиците со кои се соочи општина Битола што се однесува на превисоките сметки за електрична енергија и надминувањето на истите

„Битола како општина која што е многу тесно поврзана со РЕК Битола, денес некои прославуваат годишнина, а ние овде дебатираме. Од едната страна се луѓето кои што кажуваат дека тече мед и млеко, меѓутоа состојбите се други и она што ние го имаме на терен е сосема друга состојба. Меѓу првите фактури кои ги потпишав беше онаа за електрична енергија. Сумата беше 7.700.000 денари и тоа е во месец ноември, само во 5-6 дена од стапувањето на должност и кога прашав колку беше претходната, одговорот беше 1.700.000, за после два три месеци да ја добијам фактурата од 10 милиони. Алармот беше уклучен уште од првите часови во контакт со нашиве колеги кои се соочија буквално со истиот проблем. Добавувачот со кој беше веќе воспоставен тендер, јавна набавка ја откажа и ние се соочивме да преминеме на универзалниот добавувач ЕВН каде според HUPX берзата зголемена за 50% вредностите може да замислите какви беа. Имавме неколку обиди до месец март кога истекуваше договорот да направиме повик. Повикот беше направен меѓутоа немаше заинтересирани, не се ни јавуваа. После тоа се склучи договор со ЕДС и на крај мораме да преминеме она што го договаравме заедно со колегите да ја направиме таа интервенција за која не укривуваа дека правиме криминал. Мислам дека се работи за спасување на граѓаните и спасување на локалните самоуправи затоа што самите сме свесни што значи толкави енормни трошоци и наместо да се фокусирате на развојот на општината, наместо да интервенирате во инфраструктура и да работите на проектите, вие едноставно животарите за да ги платите сметките за електрична енергија“, потенцираше Коњановски.

The post Општините беа оставени сами на себе да се справуваат со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

На денешната трибина „Предизвиците на локалната самоуправа во услови на енергетска криза“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, претседателка на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во периодот кога се случуваа локалните избори во 2021 година и кога ВМРО-ДПМНЕ сигнализираше дека се случува нешто посебно со електричната енергија и гасот, СДСМ ги тераше изборите лежерно и постојано излегуваше по телевизиите известувајќи ги граѓаните дека се е под контрола. Но, за жал се случи она што ниту еден граѓанин не го посакуваше, а тоа дека ништо не беше под контрола како што уверуваше СДСМ.
И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои најголем број на општини, се случи она најлошото да нашите градоначалници се соочат со проблеми од невидени размери предизвикани токму од несериозноста на СДСМ. Доволен доказ беше првата енергетска криза која што ја прогласија во времетраење од шест месеци од декември 2021 година до јуни 2022 година и тоа во снабдување во електрична енергија и делумно снабдување со топлинска енергија на територија на град Скопје. Истото се случи и годинава, значи некаде од минатиот месец до траење на крај на април имаме повторно прогласена електроенергетска криза. За сето ова време се случуваа неколку пострашни проблеми значи цената на берзите на електричната енергија и гасот растеше. Меѓутоа за жал цента на електричната енергија дома кај нас исто така растеше било за домаќинствата, било за малите потрошувачи, а оние пак компании кои што набавуваат на слободен пазар за нив нема потреба да зборуваме дека имаше период во кој што цената некогаш порасна за7, 8 па и 10 пати, потенцираше таа.
Таа посочи дека улогата на регулаторот во оваа ситуација во која што се наоѓа државата е никаква. Бидејќи ако некаде од јули 2020-та година досега кумулативно цената за домаќинствата е порасната за 41%. А, за малите потрошувачи кои што се исто така на регулираниот пазар, а се снабдувани од ЕВН Хоме до крајот на 2021 година имаа за 30% зголемена цена, а од 1 јули 2022 година имаат за 5 пати зголемена цена. Тоа се фирми кои што имаат по 50 вработени, фирми кои што имаат помалку од 2 милиони евра годишно обрт во денарска противредност, тие се соочија летово со пет пати зголемена цена во однос на минатата година.
За сето ова време берзите флуктуираа, но секогаш беа поголеми од она што беше летото 2020-та или летото 2021 и 2022 година. Што значи ова? Значи дека и домаќинствата и малите потрошувачи, и сите субјекти кои што излегоа на либерализираниот пазар значи да набавуваат слободна енергија од снабдувачи се соочија со енормно зголемување на цената на електричната енергија. Се случија и други проблеми за кои што би сакала да алармирам, се случи една состојба во која уличното осветлување согласно Законот за локална самоуправа е со фиксна тарифа и секое домаќинство во својата сметка добива цена од 184 денари, најголем дел од енергијата која што требаше да се користи во земјата за улично осветлување беше планирана да се набави од увоз, од берза, а многу мал дел да биде само на регулиран пазар, во пресметките на регулаторот. Тоа придонесе да Општините оставени сами на себе да се соочат со двоен проблем, прво добиваат минимален додаток од ЕВН затоа што ЕВН го собира преку нашите сметки кои што ни ги испорачува односно 184 денари, а таа енергија која што мора општините да ја користат и да ја платат кон ЕВН ја набавуваа на слободен пазар каде што беше од 9 до 10 пати поголема“, појасни Маркова.
Таа рече дека општините се соочија и со втор проблем, не само со уличното осветлување туку и со целокупната потрошувачка, што значеше дека треба да ја набавуваат преку снабдувач од берза. На трибината се обрати и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, кој нагласи дека енергетската криза влијае и на хотелиерството и на големите производни капацитети.
Охрид има доста сонце и луѓето гледаат да ја искористат опцијата за соларни панели. Реалноста, односно оваа енергетска криза пеколно влијае на хотелиерите и на големите производствени капацитети. И кај нив има интерес за постапката за поставување на фотоволтаици, рече Пецаков.
Сепак, Пацаков укажа, на ограничувањата кои ги има во Охрид по ова прашање.
„Сепак ние имаме мал проблем што во некои делови УНЕСКО ова го забранува. Охрид е под заштита на УНЕСКО и вакви капацитети не можат да се постават секаде. Но, се одговара на кои имаат интерес, а кои се во делови во кои тоа е дозволено“, посочи Пецаков. Ние пред неколку дена го издадовме првото решение на приватен инвеститор за 5 мегавати, претпоставувам дека до крајот на годината или почетокот на идната година ќе издадеме уште четири решенија и околу 40 мегавати ќе бидат поставени од страна на приватни заинтересирани субјекти кои што изминатите година дена вложуваа во делот на урбанизација, вели градоначалникот на општина Велес, Марко Колев обраќајќи се пред присутните.
Колев истакна дека е подготвена документација за сите основни и средни училишта во општината за поставување на фотоволтаици  за производство на електрична енергија, а како што рече ќе се постават од 20 до 40 киловати.
Покрај овој процес следејќи ја состојбата на општината ги мотивиравме приватните субјекти во Велес да вложуваат во поставување на фотоволтаиции со убрзана постапка, значи со поставување на фотоволтаици на сите поголеми производствени капацитети во Велес се завршени. И она што можевме да го направиме е подготвивме документација техничка за сите основни и средни училишта во Велес и веќе сме во постапка за избор на  фирма, мислам дека и наредната недела ќе има отворање на понудите за поставување на фотоволтаици за прозиводство на електрична енергија за скоро сите основни и средни училишта. Ќе се постават околу 20 и 40 киловати, изјави Колев.
Сања Божиновска стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прашања од енергетиката, на трибината за предизвиците на локалната самоуправа во енергетска криза на „Саем на промени што носат иднина“ истакна дека додека цените на електричната енергија растат државата не е спремна, произведува дупло помалку од порано а не ја ни користи сончевата енергија.
Секојдневно слушаме за зголемени цени на електрична енергија, цените се навистина високи, а ние како земја не сме спремни. Ако имаше подобро менаџирање во последните години како на пример во 2010 година имаше ЕЛЕМ производство од 6.400 гигават часа, но мината 2021 година тоа е за 50% намалено, односно на 3.200 гигават саата. Тоа значи дека Македонија како знаеја на сонцето треба да се осврне на сончевата енергија, рече Божиновска.
Божиновска посочи дека Македонија треба да се огледа на Хрватска и Србија кои субвенционираат и до 50% за фотопанели или да може домаќинствата кои ќе дадат повеќе енергија во електросистемот може да добијат пари или да ја користат енергијата понатаму.  Таа додаде и дека во Македонија дискутабилно е земјиштето на кое се издаваат дозволи за фотоволтаици, на плодно земјиште не треба да се ставаат фотоволтаици, владата најави стратешки инвестиции но тоа засега е само на хартија и ништо не е направено. Проф. д-р Константин Димитров укажа дека енергетиката е многу битен елемент во општеството односно како што рече тој таа е двигател на развојот на стопанството.
Енергетиката е многу битен елемент во општеството. Тоа е двигател на развојот на стопанството. Каква ни е состојбата и зошто дојдовме до ова е исто многу битно. Во Македонија енергетската база од која се обезбедува како што вели Владата доволно електрична енергија, но за регулираниот пазар, а забораваат дека нерегулираниот пазар и стопанството се сврзани садови. Ако овдека одземеш таму додадеш, проблемите веднаш се манифестираат секаде, се манифестираат во буџетот на домаќинствата, на тие што го полнат буџетот на државата, рече професорот Димитров.
Професорот Димитров во текот на своето обраќање се осврна на работата на хидроцентралите и термоцентралите.
Во Македонија се базира производството на термоцентрали и хидроцентрали и делумно се повеќе обновливи извори на енергија. Термоцентрали се со вграден капацитет 1069 мегавати, хидропотецијалот каде што зборуваме за големите хидропостојки се околу 560 мегавати, не е битно бројките да ги запаметиме, битно е да почувствуваме односот помеѓу нив. Во обновливи извори на енергија имаме 70 мегавати, но тука има едно големо НО. Термоцентралите работат со тој свој номинален капацитет или треба да работат со номиналниот капацитет 6.000 часови годишно. Хидроцентралите не работат толку, толку им е  капацитетот на вода што се фаќа со акумулациите, но акумулациите стојат на минимално ниво, така и да не можеме да очекуваме производство. Може да се каже дека они учествуваат со по неколку месеци и можат да исполнат својот капацитет. Со овој изграден капацитет во изминатиот период во Македонија ние обезбедуваме производство на електрична енергија што е на нивото од околу 7,700 гигават саати, толку и треба на Македонија моментално со тоа колку имаме опаднато производство, со тоа колку домаќинствата нешто штедат, колку имаме иселени луѓе. Но работата е што не произведуваме толку, произведуваме 5.500-5.600 што значи 30% од потребната количина на електрична енергија ја увезуваме. Ја увезуваме и заради покачените цени плаќаме скапо. Колку за споредба тоа се некаде на годишно ниво купуваме електрична енергија и плаќаме колку што би чинело да изградиме една двестамегаватна постројка на гас како што е во Скопје сега ТЕ-ТО, но таа не е наша таа е само изградена територија на Република Македонија, таа е приватна, додаде тој.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски зборуваше за интересот и иницијативите за поставување на соларни панели, и за тоа како да се олесни процедурата и да се мотивираат стопанските субјекти и поединци да се одлучат на ваков чекор.
„Во општина Битола до јули 2022 година пристигнале вкупно 13 барања со вкупна инсталирана моќност од 3200 киловати, а од јули до денес реализирани се 9 барања од кои 4 се одобрени со вкупна моќност од 1400 киловати и 5 се во постапка од 1655. Интересот е голем особено од стопанските субјекти, а индивидуалните побарувања се многу мали, меѓутоа сите оние кои што нешто значат во индустријата на Битола веќе се во фаза на барање одобренија. Од сознанијата кои ги имам од луѓето кои работат во овој сектор во општината Битола, постапката можеби е и отежната со тоа што се бараат инспектори кои треба да ја поминат некаква си фаза на лиценцирање и обука. Тука потребно е и ангажирање на електроинжери и дали секоја општина го има тоа како капацитет е сосема друго прашање“, истакна Коњановски.
Тој исто така се осврна и на предизвиците со кои се соочи општина Битола што се однесува на превисоките сметки за електрична енергија и надминувањето на истите
„Битола како општина која што е многу тесно поврзана со РЕК Битола, денес некои прославуваат годишнина, а ние овде дебатираме. Од едната страна се луѓето кои што кажуваат дека тече мед и млеко, меѓутоа состојбите се други и она што ние го имаме на терен е сосема друга состојба. Меѓу првите фактури кои ги потпишав беше онаа за електрична енергија. Сумата беше 7.700.000 денари и тоа е во месец ноември, само во 5-6 дена од стапувањето на должност и кога прашав колку беше претходната, одговорот беше 1.700.000, за после два три месеци да ја добијам фактурата од 10 милиони. Алармот беше уклучен уште од првите часови во контакт со нашиве колеги кои се соочија буквално со истиот проблем. Добавувачот со кој беше веќе воспоставен тендер, јавна набавка ја откажа и ние се соочивме да преминеме на универзалниот добавувач ЕВН каде според HUPX берзата зголемена за 50% вредностите може да замислите какви беа. Имавме неколку обиди до месец март кога истекуваше договорот да направиме повик. Повикот беше направен меѓутоа немаше заинтересирани, не се ни јавуваа. После тоа се склучи договор со ЕДС и на крај мораме да преминеме она што го договаравме заедно со колегите да ја направиме таа интервенција за која не укривуваа дека правиме криминал. Мислам дека се работи за спасување на граѓаните и спасување на локалните самоуправи затоа што самите сме свесни што значи толкави енормни трошоци и наместо да се фокусирате на развојот на општината, наместо да интервенирате во инфраструктура и да работите на проектите, вие едноставно животарите за да ги платите сметките за електрична енергија“, потенцираше Коњановски.

The post Општините беа оставени сами на себе да се справуваат со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Предлагаме економски мерки насочени кон подршка на граѓаните https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlagame-ekonomski-merki-nasocheni-kon-podrshka-na-gragjanite/ Mon, 31 Oct 2022 23:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=568040

„Овде се работи за мерки кои се утре потребни на граѓаните, ние ги поднесовме во Собрание и сега е прашање на власта колку ќе има слух да ги прифати, да бидам искрен не сум голем оптимист затоа што покажаа дека не знаат да менаџираат кризи“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Нилолоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа ги спомена дел од мерките кои ги предлагаат во Собранието.

„Предлагаме намалување на акцизата на бензинот и дизелот за 50 проценти, чисто да имаат слика граѓаните тоа би значело бензин супер 95 да поевтини за 13 денари по литар, а дизелот за 8 до 9 денари по литар, не зборуваме за шминка туку зборуваме за реално намалување на цената која многу значи за џебот на граѓаните“, посочи Николоски.

Тој посочи дека со предложените мерки бараат да се одложи прогресивното оданочување кое треба да почне од 1 јануари, кое може ништо не значи за граѓаните, но ќе значи многу за фирмите работодавачи затоа што со тоа ќе се зголемат даноците, а ако се зголемат даноците тогаш фирмите ќе мора да отпуштаат.

„Кај нас има еден систем на нето плата односно луѓето добиваат плата со платени даноци и сите мислат дека тоа е толку колку што добиваат на пример нето земаат 20 илјади или 25 илјади денари и тие мислат дека неговата плата е 20 или 25 илјади денари, во суштина тоа не е така бидејќи на тие 20 до 25 илјади денари се плаќаат уште давачки некаде околу половина што значи за некој да земе плата од 20 илјади денари неговиот работодавач треба да подмири 30 илјади денари, 20 илјади на работникот , 10 илјади денари на државата. Ако овие 10 илјади денари кои што ги плаќа работодавачот му станат 12 илјади денари со новиот предлог можеби нема да може да го издржи тој товар и ќе мора дел од тие вработени да ги отпушта“, потенцираше Николоски.

Николоски изјави дека доволно средства во буџет има и тие може да се насочат кон граѓаните

„Има доволно средства во буџетот кои може да се насочат кон граѓаните и на тој начин да се изрелаксира плиткиот џеб кој го имаат граѓаните, за колку толку да можат да покријат одредени трошоци и на тој начин да се компензира поскапувањето. Затоа што ако претходно во маркет со 1000 денари може да го наполнат цела торба сега не можат ни пола да ја наполнат и тука е идејата да се зголеми дотацијата за да граѓаните полесно ја пребродат зимата“, кажа Николоски.

The post Предлагаме економски мерки насочени кон подршка на граѓаните appeared first on Република.

]]>

„Овде се работи за мерки кои се утре потребни на граѓаните, ние ги поднесовме во Собрание и сега е прашање на власта колку ќе има слух да ги прифати, да бидам искрен не сум голем оптимист затоа што покажаа дека не знаат да менаџираат кризи“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Нилолоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа ги спомена дел од мерките кои ги предлагаат во Собранието.
„Предлагаме намалување на акцизата на бензинот и дизелот за 50 проценти, чисто да имаат слика граѓаните тоа би значело бензин супер 95 да поевтини за 13 денари по литар, а дизелот за 8 до 9 денари по литар, не зборуваме за шминка туку зборуваме за реално намалување на цената која многу значи за џебот на граѓаните“, посочи Николоски.
Тој посочи дека со предложените мерки бараат да се одложи прогресивното оданочување кое треба да почне од 1 јануари, кое може ништо не значи за граѓаните, но ќе значи многу за фирмите работодавачи затоа што со тоа ќе се зголемат даноците, а ако се зголемат даноците тогаш фирмите ќе мора да отпуштаат. „Кај нас има еден систем на нето плата односно луѓето добиваат плата со платени даноци и сите мислат дека тоа е толку колку што добиваат на пример нето земаат 20 илјади или 25 илјади денари и тие мислат дека неговата плата е 20 или 25 илјади денари, во суштина тоа не е така бидејќи на тие 20 до 25 илјади денари се плаќаат уште давачки некаде околу половина што значи за некој да земе плата од 20 илјади денари неговиот работодавач треба да подмири 30 илјади денари, 20 илјади на работникот , 10 илјади денари на државата. Ако овие 10 илјади денари кои што ги плаќа работодавачот му станат 12 илјади денари со новиот предлог можеби нема да може да го издржи тој товар и ќе мора дел од тие вработени да ги отпушта“, потенцираше Николоски. Николоски изјави дека доволно средства во буџет има и тие може да се насочат кон граѓаните „Има доволно средства во буџетот кои може да се насочат кон граѓаните и на тој начин да се изрелаксира плиткиот џеб кој го имаат граѓаните, за колку толку да можат да покријат одредени трошоци и на тој начин да се компензира поскапувањето. Затоа што ако претходно во маркет со 1000 денари може да го наполнат цела торба сега не можат ни пола да ја наполнат и тука е идејата да се зголеми дотацијата за да граѓаните полесно ја пребродат зимата“, кажа Николоски.

The post Предлагаме економски мерки насочени кон подршка на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Зголемени цените на огревно дрво поради енергетската криза во Европа https://republika.mk/vesti/svet/zgolemeni-cenite-na-ogrevno-drvo-poradi-energetskata-kriza-vo-evropa/ Thu, 27 Oct 2022 12:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=566361

Европската енергетска криза, предизвикана со намалената испорака на природен гас од Русија за време на војната со Украина, принуди жители на некои европски земји да се свртат кон поевтини извори на греење, како што е огревното дрво, пишуваат дел од светските медиуми.

Бидејќи се зголемува бројот на луѓе кои складираат, цените нагло пораснаа, пријавени се недостиг и кражби и постои страв од влијанието на зголеменото загадување на воздухот и сечата на дрва врз животната средина.

Лидерите на Молдавија се загрижени дека зимата што доаѓа може да биде особено тешка за многумина граѓани поради високите цени на струјата и греењето, затоа што европските цени на природен гас тројно се зголемија во споредба со почетокот на 2021 година и покрај падот од рекордните вредности забележани во август.

Побарувачката за огревно дрво не е ограничена само на посиромашни земји како Молдавија, туку се зголеми и во богатите региони на Европа, наведуваат дел од медиумите.

Државните шуми на Германија, Полска и Чешка имаат многу поголема побарувачка за ограничени количини огревно дрво, што го продаваат во рамки на нивното одржливо стопанисување со шумите.

Германската агенција за статистика објави дека цените за огревно дрво и пелети направени од струготини, што може да се користат за централно греење, се зголемени за над 85 отсто во август во однос на година дена претходно.

Растат цените на огревното дрво и во Велика Британија.

Чешките државни шуми, што продаваат дрва само за домашна потрошувачка, мораа да ја ограничат количината на огревно дрво што се продава на поединци, со цел да спречат шпекулативни набавки.

Побарувачката за ситно огревно дрво од државните шуми во Полска порасна за 46 проценти, а за големо огревно дрво за 42 отсто до крајот на август во однос на годината претходно.

The post Зголемени цените на огревно дрво поради енергетската криза во Европа appeared first on Република.

]]>

Европската енергетска криза, предизвикана со намалената испорака на природен гас од Русија за време на војната со Украина, принуди жители на некои европски земји да се свртат кон поевтини извори на греење, како што е огревното дрво, пишуваат дел од светските медиуми. Бидејќи се зголемува бројот на луѓе кои складираат, цените нагло пораснаа, пријавени се недостиг и кражби и постои страв од влијанието на зголеменото загадување на воздухот и сечата на дрва врз животната средина. Лидерите на Молдавија се загрижени дека зимата што доаѓа може да биде особено тешка за многумина граѓани поради високите цени на струјата и греењето, затоа што европските цени на природен гас тројно се зголемија во споредба со почетокот на 2021 година и покрај падот од рекордните вредности забележани во август. Побарувачката за огревно дрво не е ограничена само на посиромашни земји како Молдавија, туку се зголеми и во богатите региони на Европа, наведуваат дел од медиумите. Државните шуми на Германија, Полска и Чешка имаат многу поголема побарувачка за ограничени количини огревно дрво, што го продаваат во рамки на нивното одржливо стопанисување со шумите. Германската агенција за статистика објави дека цените за огревно дрво и пелети направени од струготини, што може да се користат за централно греење, се зголемени за над 85 отсто во август во однос на година дена претходно. Растат цените на огревното дрво и во Велика Британија. Чешките државни шуми, што продаваат дрва само за домашна потрошувачка, мораа да ја ограничат количината на огревно дрво што се продава на поединци, со цел да спречат шпекулативни набавки. Побарувачката за ситно огревно дрво од државните шуми во Полска порасна за 46 проценти, а за големо огревно дрво за 42 отсто до крајот на август во однос на годината претходно.

The post Зголемени цените на огревно дрво поради енергетската криза во Европа appeared first on Република.

]]>
До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија https://republika.mk/vesti/ekonomija/do-krajot-na-nedelata-odluka-za-snabduvanjeto-so-struja-na-uchilishtata-i-javnite-pretprijatija/ Thu, 27 Oct 2022 11:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=566342

До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата за пиење.

Тој утрово имаше средба со претставници од прехранбената индустрија по што информира дека државата ќе ги поддржи со двојно поевтина струја компаниите од овој сектор. Можно е листата да се прошири, рече, па покрај мелничката, млечната и индустријата за масло, да бидат поддржани и преработувачите на месо.

– Ова е само почеток на вакви мерки, ќе следат уште многу други за да ја ублажиме кризата. Целта е да направиме максимум за заштита на стандардот на граѓаните. Средствата се обезбедени, а ќе имаме поддршка и од ЕК, истакна Бектеши.

The post До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија appeared first on Република.

]]>

До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата за пиење. Тој утрово имаше средба со претставници од прехранбената индустрија по што информира дека државата ќе ги поддржи со двојно поевтина струја компаниите од овој сектор. Можно е листата да се прошири, рече, па покрај мелничката, млечната и индустријата за масло, да бидат поддржани и преработувачите на месо.
– Ова е само почеток на вакви мерки, ќе следат уште многу други за да ја ублажиме кризата. Целта е да направиме максимум за заштита на стандардот на граѓаните. Средствата се обезбедени, а ќе имаме поддршка и од ЕК, истакна Бектеши.

The post До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија appeared first on Република.

]]>
Членките на ЕУ за еден месец ја одложија одлуката за мерките за справување со енергетската криза https://republika.mk/vesti/svet/chlenkite-na-eu-za-eden-mesec-ja-odlozija-odlukata-za-merkite-za-spravuvanje-so-energetskata-kriza/ Tue, 25 Oct 2022 18:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=565591

Земјите-членки на Европската Унија за еден месец ја одложија одлуката за надминување на големите разлики во однос мерките за заштита на граѓаните од енергетската криза.

Министрите за енергетика на ЕУ на денешниот состанок донесоа одлука на Еврокомисијата да и се наложи да подготви предлози што би биле подготвени за усвојување на вонреден состанок закажан за 24 ноември.

Независно што не е донесена техничка одлука, претседавачот со состанокот, заменик-премиерот на Чешката Република, Јозеф Сикела, истакна дека постои консензус кај земјите-членки за потребата од заедничко обезбедување на Унијата со гас, како би се избегнале меѓусебни несогласувања при набавките на енергенсот.

На минатонеделниот самит на ЕУ не беше постигнат договор за мерките, но учесниците тврдеа дека постои чувство на заеднички интерес по тоа прашање.

The post Членките на ЕУ за еден месец ја одложија одлуката за мерките за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на Европската Унија за еден месец ја одложија одлуката за надминување на големите разлики во однос мерките за заштита на граѓаните од енергетската криза. Министрите за енергетика на ЕУ на денешниот состанок донесоа одлука на Еврокомисијата да и се наложи да подготви предлози што би биле подготвени за усвојување на вонреден состанок закажан за 24 ноември. Независно што не е донесена техничка одлука, претседавачот со состанокот, заменик-премиерот на Чешката Република, Јозеф Сикела, истакна дека постои консензус кај земјите-членки за потребата од заедничко обезбедување на Унијата со гас, како би се избегнале меѓусебни несогласувања при набавките на енергенсот. На минатонеделниот самит на ЕУ не беше постигнат договор за мерките, но учесниците тврдеа дека постои чувство на заеднички интерес по тоа прашање.

The post Членките на ЕУ за еден месец ја одложија одлуката за мерките за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Размислуваме за воведување на фиксна цена на електрична енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-razmisluvame-za-voveduvanje-na-fiksna-cena-na-elektrichna-energija/ Sat, 22 Oct 2022 18:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=564410

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за „24 инфо“ истакна дека Владата предводена од СДСМ успешно менаџира во услови на економска и енергетска криза, спроведува голем број мерки и најави и нови антикризни мерки.

Покажавме дека се грижиме, дека никој нема да биде изоставен и дека таргетирано се насочува помошта онаму каде што е потребна, порача Битиќи, додавајќи дека оваа криза, како и ковид кризата е непредвидлива и бара навремено и постојано прилагодување

Битиќи се осврна на последните донесени антикризни мерки – дел кои се директна финансиска помош за најранливите категории на граѓани, дел се за помош на одржување на ликвидноста на компаниите како и механизми за справување со енергетската криза.

Фискалните импликации на овој пакет мерки се над 360 милиони евра, од нив над 18 милиони евра се директна финансиска помош за околу 200.000 граѓани, кои се најизложени на неизвесност, нагласи Битиќи.

Во врска со енергетската криза Битиќи рече дека мерките за субвенционирање веќе е обезбедена стабилност и предвидливост за компаниите кои во најголема мера спаѓаат во групата на микро, мали и средни компании и тука спаѓаат 70.000 компании.

Мерките кои се донесоа како дел од енергетскиот антикризен пакет за поддршка на бизнисот засега се однесуваат на кредитирање на компаниите кои со користење на овие исклучително поволни кредитни линии ќе имаат можност да го пребродат овој кризен период, нагласи Битиќи.

Тој истакна дека на слободниот пазар за електрична енергија се околу 1.600 субјекти (приватни и јавни) и следната одлука ќе е за овие субјекти кои се на слободенот пазар за електрична енергија.

Размислуваме за воведување на фиксна цена на електрична енергија од – до со која што би се субвенционирале компаниите преку различни форми, дали е тоа ЕСМ и електричната енергија која ќе се произведе од ЕСМ и се работи на подолгорочно решение, порача Битиќи.

Потпретседателот Битиќи соопшти дека во завршна фаза се преговорите со Европската Комисија која веќе одобри сума од околу 1 милијарда евра за помош на земјите од Западен Балкан и дека од ММФ на државата ќе и бидат одобрени 530 милиони евра, од кои уште оваа 2022 година може да се повлечат 110 милиони евра за буџетска поддршка и подобрување на ликвидносната позиција на буџетот.

Важно е едно да биде јасно, државата обезбеди целосно покривање на потребите за производство на електрична енергија да е од домашни капацитети. Струја во моментов за сите домаќинства и мали и средни компании на регулираниот пазар има доволно. Секојдневно се следи производството и капацитетите и струја има. Без рестрикции само со рационално користење, односно штедење што е одговорност која сите мораме да ја понесеме со оваа криза. Економскиот тим непрекинато работи на изнаоѓање на колку може поповолни цени на енергенсите, како на оние кои се користат за производство на електрична енергија, така и на оние потребни за топлинска енергија, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за поратолот „24 инфо“.

The post Битиќи: Размислуваме за воведување на фиксна цена на електрична енергија appeared first on Република.

Орбан: Успеавме, сите опции за купување гас се отворени за нас https://republika.mk/vesti/svet/orban-uspeavme-site-opcii-za-kupuvanje-gas-se-otvoreni-za-nas/ Fri, 21 Oct 2022 07:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=563867

И покрај оптимистичкиот тон на претседателите Мишел и фон дер Лајен, лидерите на ЕУ рано изутринава постигнаа консензус само за широка рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза, јави дописничката на МИА од Брисел.

Претседателите на Европскиот Совет, Шарл Мишел, и на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, околу три часот изутринава, по првиот ден од лидерскиот ЕУ состанок посветен на енергетската криза, излегоа со триумфални изјави за способноста на 27-те земји членки да постигнат консензус. Но деталите остануваат нејасни.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата објави дека неговата земја се одбранила од најголемите закани - енергетските препораки на Комитетот за енергетика на ЕК.

Два часот е во Брисел. Само што заврши првиот ден од самитот на ЕУ. Ќе ги продолжиме преговорите утре, но денеска успешно го затворивме најважното прашање, енергетското прашање. Најголема закана за Унгарија беа енергетските препораки на комитетот. Да не примеа, ќе ризикувавме за неколку дена да престане транспортот на гас до Унгарија. Оваа закана беше успешно отстранета денеска. Не останавме сами, па успеавме да постигнеме фер договор, унгарскиот премиер Виктор Орбан напиша на „Фејсбук“.

Се договоривме дека дури и да има ограничување на гасот во Европа, тоа нема да влијае на оние долгорочни договори без кои снабдувањето со гас на Унгарија би било невозможно од еден ден во друг. Со други зборови, ние сме изземени од капачето за гас, така што тоа не го загрозува безбедното снабдување со гас на Унгарија.

Се договоривме и дека и да има заедничка набавка на гас во Европа, тоа нема да биде задолжително за Унгарија. Со ова, сите опции за купување остануваат отворени за нас. Ова е важно затоа што можеме да ја намалиме цената на енергијата во нашата земја само кога има повеќе ресурси на располагање, толку е поголема конкуренцијата на унгарскиот енергетски пазар. Беше долга битка, но успеавме да ги одбраниме интересите на Унгарија. Се навраќаме на истата тема утре!, напиша Орбан.

Она што го постигнаа всушност лидерите оваа ноќ е договор за рамка на делување во наредниот период за справување со ценовниот шок предизвикан од енергетската криза.

Оваа рамка предвидува да се работи на намалување на цените, да се обезбеди сигурност на снабдувањето и да се работи за гарантирање на побарувачката. Освен тоа воведена е и “клаузула на доверба“. Врз основа на оваа рамка, министрите за енергија на ЕУ веќе следниот вторник треба да седнат и да изработат конкретни предлози.

Стартните позиции на земјите членки беа дијаметрално спротивставени. Додека група земји бараше амбициозни мерки за ограничување на цените на гасот и големи напори за да им се помогне на домаќинствата, друга група земји, главно северните и Германија, сметаа дека треба “интервенцијата врз слободниот пазар“ да се сведе на минимум.

Конкретно лидерите се договорија дека во наредниот период Европската Комисија и министрите за енергетика на ЕУ треба да формулираат предлози во рамките на денешниот договор.

Мишел и фон дер Лајен изразија задоволство што лидерите успеаја да се договорат за заеднички набавки на гас. Секога земја членка е обврзана да учествува во заедничкото купување на гас на ниво на ЕУ за најмалку 15 отсто од полнењето на залихите. Со ова, ЕУ вели дека се испраќа сигнал до пазарот дека ЕУ е обединета и нема земјите да се натпреваруваат една со друга на енергетскиот пазар. Приватните компании, сепак, и натаму се слободни да ги отфрлат понудите на заедничко снабдување на земјите.

Охрабрувачки тонови се појавиле околу иберискиот модел, на Шпанија и Португалија, кој предвидува ограничување на цената на гасот кој служи за производство на струја. Мадрид и Лисабон го користат овој модел и се земјите кои до сега најефикасно ги заштитија своите граѓани од ценовните шокови, во споредба со другите земји на ЕУ. Од Европската Комисија се бара сега да разработи “студија на импакт“ на оваа тема, по што ќе може да понуди конкретни предлози.

Наместо јасно ограничување на цените на гасот, лидерите се договорија за “коридор на цени“, што значи дека не се фиксира една цена, но се адаптираат цените во однос на другите пазари со надеж да се стабилизираат цените и да се избегнат пикови на цени, неиздржливи за домаќинствата. Овој коридор на цени треба да делува како привремен механизам додека не се изработи нов берзански индекс за гасот. Имено, за сега на берзата во Холандија, индексот за гасот е адаптиран на гас кој пристигнува преку гасовод. Со затворањето на руската славина и одлуката да се намали максимално увозот на руски гас, ЕУ смета дека овој берзански индекс не е веќе адаптиран и може да биде предмет на манипулации на пазарот, и со тоа да поттикнува повисоки цени. Додека Европската Комисија не разработи нов берзански индекс скроен за потребите на течниот гас кој пристигнува по морски пат, механизмот на корекција, или “коридорот на цени“ треба да служи како коректив на цените.

Запрашани кога граѓаните и домаќинствата ќе ги почувствуваат реалните ефекти од овој договор, Мишел и фон дер Лајен изразија увереност дека тоа ќе се случи “многу скоро“.

За тоа време протестите, незадоволството, па и очајот на граѓаните и малите компании во ЕУ не стивнуваат.

The post Орбан: Успеавме, сите опции за купување гас се отворени за нас appeared first on Република.

]]>

И покрај оптимистичкиот тон на претседателите Мишел и фон дер Лајен, лидерите на ЕУ рано изутринава постигнаа консензус само за широка рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза, јави дописничката на МИА од Брисел. Претседателите на Европскиот Совет, Шарл Мишел, и на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, околу три часот изутринава, по првиот ден од лидерскиот ЕУ состанок посветен на енергетската криза, излегоа со триумфални изјави за способноста на 27-те земји членки да постигнат консензус. Но деталите остануваат нејасни. Унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата објави дека неговата земја се одбранила од најголемите закани - енергетските препораки на Комитетот за енергетика на ЕК.
Два часот е во Брисел. Само што заврши првиот ден од самитот на ЕУ. Ќе ги продолжиме преговорите утре, но денеска успешно го затворивме најважното прашање, енергетското прашање. Најголема закана за Унгарија беа енергетските препораки на комитетот. Да не примеа, ќе ризикувавме за неколку дена да престане транспортот на гас до Унгарија. Оваа закана беше успешно отстранета денеска. Не останавме сами, па успеавме да постигнеме фер договор, унгарскиот премиер Виктор Орбан напиша на „Фејсбук“. Се договоривме дека дури и да има ограничување на гасот во Европа, тоа нема да влијае на оние долгорочни договори без кои снабдувањето со гас на Унгарија би било невозможно од еден ден во друг. Со други зборови, ние сме изземени од капачето за гас, така што тоа не го загрозува безбедното снабдување со гас на Унгарија. Се договоривме и дека и да има заедничка набавка на гас во Европа, тоа нема да биде задолжително за Унгарија. Со ова, сите опции за купување остануваат отворени за нас. Ова е важно затоа што можеме да ја намалиме цената на енергијата во нашата земја само кога има повеќе ресурси на располагање, толку е поголема конкуренцијата на унгарскиот енергетски пазар. Беше долга битка, но успеавме да ги одбраниме интересите на Унгарија. Се навраќаме на истата тема утре!, напиша Орбан.
Она што го постигнаа всушност лидерите оваа ноќ е договор за рамка на делување во наредниот период за справување со ценовниот шок предизвикан од енергетската криза. Оваа рамка предвидува да се работи на намалување на цените, да се обезбеди сигурност на снабдувањето и да се работи за гарантирање на побарувачката. Освен тоа воведена е и “клаузула на доверба“. Врз основа на оваа рамка, министрите за енергија на ЕУ веќе следниот вторник треба да седнат и да изработат конкретни предлози. Стартните позиции на земјите членки беа дијаметрално спротивставени. Додека група земји бараше амбициозни мерки за ограничување на цените на гасот и големи напори за да им се помогне на домаќинствата, друга група земји, главно северните и Германија, сметаа дека треба “интервенцијата врз слободниот пазар“ да се сведе на минимум. Конкретно лидерите се договорија дека во наредниот период Европската Комисија и министрите за енергетика на ЕУ треба да формулираат предлози во рамките на денешниот договор. Мишел и фон дер Лајен изразија задоволство што лидерите успеаја да се договорат за заеднички набавки на гас. Секога земја членка е обврзана да учествува во заедничкото купување на гас на ниво на ЕУ за најмалку 15 отсто од полнењето на залихите. Со ова, ЕУ вели дека се испраќа сигнал до пазарот дека ЕУ е обединета и нема земјите да се натпреваруваат една со друга на енергетскиот пазар. Приватните компании, сепак, и натаму се слободни да ги отфрлат понудите на заедничко снабдување на земјите. Охрабрувачки тонови се појавиле околу иберискиот модел, на Шпанија и Португалија, кој предвидува ограничување на цената на гасот кој служи за производство на струја. Мадрид и Лисабон го користат овој модел и се земјите кои до сега најефикасно ги заштитија своите граѓани од ценовните шокови, во споредба со другите земји на ЕУ. Од Европската Комисија се бара сега да разработи “студија на импакт“ на оваа тема, по што ќе може да понуди конкретни предлози. Наместо јасно ограничување на цените на гасот, лидерите се договорија за “коридор на цени“, што значи дека не се фиксира една цена, но се адаптираат цените во однос на другите пазари со надеж да се стабилизираат цените и да се избегнат пикови на цени, неиздржливи за домаќинствата. Овој коридор на цени треба да делува како привремен механизам додека не се изработи нов берзански индекс за гасот. Имено, за сега на берзата во Холандија, индексот за гасот е адаптиран на гас кој пристигнува преку гасовод. Со затворањето на руската славина и одлуката да се намали максимално увозот на руски гас, ЕУ смета дека овој берзански индекс не е веќе адаптиран и може да биде предмет на манипулации на пазарот, и со тоа да поттикнува повисоки цени. Додека Европската Комисија не разработи нов берзански индекс скроен за потребите на течниот гас кој пристигнува по морски пат, механизмот на корекција, или “коридорот на цени“ треба да служи како коректив на цените. Запрашани кога граѓаните и домаќинствата ќе ги почувствуваат реалните ефекти од овој договор, Мишел и фон дер Лајен изразија увереност дека тоа ќе се случи “многу скоро“. За тоа време протестите, незадоволството, па и очајот на граѓаните и малите компании во ЕУ не стивнуваат.

The post Орбан: Успеавме, сите опции за купување гас се отворени за нас appeared first on Република.

]]>