Ембла Archives - Република https://republika.mk/tema/embla/ За подобро да се разбереме Mon, 09 May 2022 13:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ембла Archives - Република https://republika.mk/tema/embla/ 32 32 Случајот со малата Ембла – најтежок облик на дискриминација, во првиот квартал поднесени 57 претставки https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-so-malata-embla-najtezok-oblik-na-diskriminacija-vo-prviot-kvartal-podneseni-57-pretstavki/ Mon, 09 May 2022 13:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=499973

Случајот со малата Ембла, ученечка од ОУ „Башкими“ кој на почетокот на годинава ја потресе македонската јавност е најеклтатентен случај на дискриминација кој го регистрираше комисијата за дискриминација оваа година.

Станувба збор за девојче со попреченост на кое не му беше дозволено да оди на училиште затоа што родители потпишуваа петиција и бараа таа да не учи заедно со нивните деца, затоа што според нив била пречка за одвивање на наставниот процес.

Ова е тежок случај на дискриминација и редок случај за кој е добиен сеопфатен одговор, ова го изјави Игор Јадровски член на комисијата за спречување и заштита од дискриминација на која денеска се презентираше работата за третиот квартален извештај од јануари до март 2022 година.

Случајот со Ембла, го пренесоа и голем дел на светски медиуми, откако и претседателот Пендаровски ја посети Емлбла и нејзиното семејство и лично ја допрати до училишните клупи.

Во однос на дискриминацијата во општеството до комисијата најчесто се доставени претставки од здруженија на граѓани меѓу кои најмногу во Скопје и тоа 22 претставки и 12 претставки надвор од Скопје.

Тренд кој што продолжува од 2021 година е тоа што жените почесто поднесуваат претставки за дискриминациаја за разлика од мажите. Основи за дискриминација најчесто се во областа на мрагиналните групи, сексуална ориентација, родови идентити и лицата со попреченост.

The post Случајот со малата Ембла – најтежок облик на дискриминација, во првиот квартал поднесени 57 претставки appeared first on Република.

]]>

Случајот со малата Ембла, ученечка од ОУ „Башкими“ кој на почетокот на годинава ја потресе македонската јавност е најеклтатентен случај на дискриминација кој го регистрираше комисијата за дискриминација оваа година. Станувба збор за девојче со попреченост на кое не му беше дозволено да оди на училиште затоа што родители потпишуваа петиција и бараа таа да не учи заедно со нивните деца, затоа што според нив била пречка за одвивање на наставниот процес. Ова е тежок случај на дискриминација и редок случај за кој е добиен сеопфатен одговор, ова го изјави Игор Јадровски член на комисијата за спречување и заштита од дискриминација на која денеска се презентираше работата за третиот квартален извештај од јануари до март 2022 година. Случајот со Ембла, го пренесоа и голем дел на светски медиуми, откако и претседателот Пендаровски ја посети Емлбла и нејзиното семејство и лично ја допрати до училишните клупи. Во однос на дискриминацијата во општеството до комисијата најчесто се доставени претставки од здруженија на граѓани меѓу кои најмногу во Скопје и тоа 22 претставки и 12 претставки надвор од Скопје. Тренд кој што продолжува од 2021 година е тоа што жените почесто поднесуваат претставки за дискриминациаја за разлика од мажите. Основи за дискриминација најчесто се во областа на мрагиналните групи, сексуална ориентација, родови идентити и лицата со попреченост.  

The post Случајот со малата Ембла – најтежок облик на дискриминација, во првиот квартал поднесени 57 претставки appeared first on Република.

]]>
Зиадин Нуредини сменет од директорското место во училиштето во кое учи Ембла https://republika.mk/vesti/makedonija/ziadin-nuredini-smenet-od-direktorskoto-mesto-vo-uchilishteto-vo-koe-uchi-embla/ Wed, 09 Feb 2022 14:42:43 +0000 https://republika.mk/?p=456309

Зиадин Нуредини повеќе нема да биде вршител на должноста директор на основното училиште „Башкими“ во Гостивар. Оваа информација тој тукушто ја потврди за „Слободен печат“.

Сфатив дека најдобро е да не побарам продолжување на мандатот и денеска по средбата со градоначалникот Арбен Таравари, одлучив да се повлечам од функцијата. Мораше така да биде за да се смири ситуацијата, и да не се оцрнува ниту моето име, ниту името на училиштето и градот. Криво ми е што се случи ова, јас навистина дадов се од себе за да излеземе во пресрет на потребите на ученичката Ембла, но не мислат сите така, рече Нуредини.

Тој беше директор на училиштето „Башкими“ една година и шест месеци, а неговиот мандат истекол на шести февруари. Нуредини ќе продолжи да работи како наставник по физичко во истото училиште.

The post Зиадин Нуредини сменет од директорското место во училиштето во кое учи Ембла appeared first on Република.

Таравари: Кај Ембла годинава било забележано агресивно однесување, децата имале разбирање, но некои биле повредени https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-kaj-embla-godinava-bilo-zabelezano-agresivno-odnesuvanje-decata-imale-razbiranje-no-nekoi-bile-povredeni/ Mon, 07 Feb 2022 17:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=455306

Триесетина родители, претставници на општинската власт и на Комисијата за заштита од дискриминација заедно го разгледаа случајот со Ембла, девојчето со Даунов синдром од Гостивар. По состанокот се обратиl само градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој изнесе некои поединости, за кои, како што рече, даваат ново светло и правец кон наоѓањето решение.

Од состаноците кои ги имав, со дефектолозите, психологот, учителката и со родителите произлезе дека родителите на девојчето инсистирале тоа да посетува настава со инклузија и тоа е овозможено. Годинава кај неа било забележано агресивно однесување и овој факт го потврдија речиси сите. Иако меѓу децата имало разбирање, сепак има некои од соучениците биле и повредувани. Освен Даунов синдром, Ембла има и форма на аутизам, што е потврдено и во извештајот од комисија која врши категоризација на вакви деца. За неа се обезбедени и посебни услови во училиштето. Сепак, некои од родителите искажеле загриженост за нивните деца. Како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби, тоа ќе се знае наскоро, рече градоначалникот Таравари.

The post Таравари: Кај Ембла годинава било забележано агресивно однесување, децата имале разбирање, но некои биле повредени appeared first on Република.

Драго ми е што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла, со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла https://republika.mk/vesti/makedonija/drago-mi-e-shto-go-aktuelizirav-problemot-so-uchilishteto-na-embla-so-ovaa-nasha-pobeda-kje-im-bide-podobro-i-na-drugite-deca-kako-embla/ Sat, 05 Feb 2022 18:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=454583

Илир Адеми е наставник по музика, музикотерапевт и татко на 11-годишната Ембла, девојчето со Даунов синдром за кое деновиве зборува целата македонска јавност откако се дозна дека таа тргна на училиште со еден ден задоцнување и сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле заради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и заради нејзината наводна агресивност.

– Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе. Ние кои имаме деца со посебни потреби сме обично повлечени и знаеме да голтаме и да ги премолчуваме проблемите, но сега ми е драго што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла затоа што знам дека со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла – вели Адеми.

Целиот разговор на majkaidete.mk

The post Драго ми е што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла, со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла appeared first on Република.

Комисијата за заштита од дискриминација отвори постапка за случајот со Ембла https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-otvori-postapka-za-sluchajot-so-embla/ Fri, 04 Feb 2022 10:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=454042

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Ембла од Гостивар.

Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Единство-Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи има Даунов синдром. Постапката е започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава, информира КСЗД.

Комисијата најави дека во понеделник ќе изврши увид во училиштето, и дека веќе биле остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето.

За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во соопштението.

The post Комисијата за заштита од дискриминација отвори постапка за случајот со Ембла appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Ембла од Гостивар. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Единство-Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи има Даунов синдром. Постапката е започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава, информира КСЗД. Комисијата најави дека во понеделник ќе изврши увид во училиштето, и дека веќе биле остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето. За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во соопштението.

The post Комисијата за заштита од дискриминација отвори постапка за случајот со Ембла appeared first on Република.

]]>
Ембла не може да зборува ама се гледа дека е посреќна откако се врати на училиште, вели нејзиниот татко https://republika.mk/vesti/makedonija/embla-ne-moze-da-zboruva-ama-se-gleda-deka-e-posrekjna-otkako-se-vrati-na-uchilishte-veli-nejziniot-tatko/ Thu, 03 Feb 2022 22:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=453832

Ембла е видливо посреќна откако се врати во училишните клупи, вели Илир Адеми, таткото на 11-годишното девојче со Даунов синдром од Гостивар, случај кој предизвика големо внимание во јавноста, откако беше објавено дека родителите на нејзините соученици не ги пуштаат своите деца на училиште затоа што таа учи со нив.

Адеми во гостувањето на ТВ21 вели дека и покрај тоа што Ембла не може тоа да го искаже, таа е видливо среќна од враќањето меѓу врсниците.

Таа е посреќна. Чувствува дека се врати меѓу врсниците, иако не може да ја изрази радоста, ние као родители знаеме дека таа е среќна, затоа што е голема разликата од времето кога беше осамена. Ние како родители исто така сме среќни што оваа работа се заврши, рече Илир Адеми.

The post Ембла не може да зборува ама се гледа дека е посреќна откако се врати на училиште, вели нејзиниот татко appeared first on Република.

]]>

Ембла е видливо посреќна откако се врати во училишните клупи, вели Илир Адеми, таткото на 11-годишното девојче со Даунов синдром од Гостивар, случај кој предизвика големо внимание во јавноста, откако беше објавено дека родителите на нејзините соученици не ги пуштаат своите деца на училиште затоа што таа учи со нив. Адеми во гостувањето на ТВ21 вели дека и покрај тоа што Ембла не може тоа да го искаже, таа е видливо среќна од враќањето меѓу врсниците.
Таа е посреќна. Чувствува дека се врати меѓу врсниците, иако не може да ја изрази радоста, ние као родители знаеме дека таа е среќна, затоа што е голема разликата од времето кога беше осамена. Ние како родители исто така сме среќни што оваа работа се заврши, рече Илир Адеми.

The post Ембла не може да зборува ама се гледа дека е посреќна откако се врати на училиште, вели нејзиниот татко appeared first on Република.

]]>
Tрпкова: Разбрав дека кај нас ништо не може да се имплементира зашто во суштина никому не му гајле ниту за системот, а уште помалку за иднината https://republika.mk/vesti/makedonija/trpkova-razbrav-deka-kaj-nas-nishto-ne-moze-da-se-implementira-zashto-vo-sushtina-nikomu-ne-mu-gajle-nitu-za-sistemot-a-ushte-pomalku-za-idninata/ Thu, 03 Feb 2022 15:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=453718

Инспирарана од случајот со малата Ембла, девојче со Даунов синдром, кое заедно со нејзиното семејство поминува низ голгота зошто родители на нејзините соученици бараат таа да се испише од класот, само затоа што е различна, актерката Синоличка Трпкова го споделува своето искуство од животот во Холандија и тамошниот образовен систем и родителите.

Се сеќавам, 2004, кога ќерка ми тргна на школо во Холандија, во класот имаше детенце со даунсиндром. Сандер се викаше. Мајките на децата доброволно се пријавуваа да работат по еден час во школото со класот. Тоа беше вообичано тогаш, верувам сеуште е. Инволвираноста на родителите во школо има длабока смисла. Сите мајки имаа некаков ангажман. Мајка за комјутер, мајка за прошетка, мајка за палачинки, мајка за танц итн. Јас бев мајка за компјутер. Имав задача еднаш до два пати во неделата еден час да работам со дечињата на компјутер. Игри за развивање на логика. Игри на вклопување бои, форми итн. Сандер седеше кај мене во скут и секогаш кога компјутерот ќе дадеше весел сигнал на успешно завршена задача потскокнуваше од радост, ја вртеше главата и со очињата бараше потврда од мене. Сандер седеше две години во класот и беше омилен другар на сите деца. Му помагаа кога требаше и сите без исклучок, го сочекуваа и поддржуваа во активностите. Со радост, со бодрење, со отворено срце. По две години Сандер мораше да замине во друго школо. Децата не разбираа зошто. Тие не размислуваа ниту пак некогаш посочија, за тоа дека Сандер е поинаков од нив. Мајките, колку и банално да звучеше нивната ангажираност, со задоволство ги играа дадените улоги, секое утро, од 9-10, на смени. Доброволната инволвираност и интерес на родителите во образовниот процес (иако дел од нив и работеа), само укажува на еден поинаков систем на вредности, поразличен од оној -„да се отфрли детето на школо“. Понекогаш мислам дека ваквото искуство, за мене како мајка од Балкан е повредно од сите дипломи и успеси. Но и после толку години обиди за пренесување на моите искуства овде, разбрав дека кај нас ништо од тоа нема да може да се имплементира. Зашто во суштина никому не му гајле ниту за системот, а уште помалку за иднината, со акцент на партиите и нивната племенска култура, како кројачи на нашите животи!, смета Трпкова.

The post Tрпкова: Разбрав дека кај нас ништо не може да се имплементира зашто во суштина никому не му гајле ниту за системот, а уште помалку за иднината appeared first on Република.

Бејби гласно во одбрана на Ембла: И за Мина се собраа родители, бараа да се отпише, примитивни и неуки луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/bejbi-glasno-vo-odbrana-na-embla-i-za-mina-se-sobraa-roditeli-baraa-da-se-otpishe-primitivni-i-neuki-lugje/ Thu, 03 Feb 2022 15:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=453706

Како и поголемиот дел од јавноста, така и актерката Венса Петрушевска Бејби застана во одбрана на Ембла, девојчето со Даунов синдром, против кого родителите на соучениците кренаа хајка, барајќи таа да не учи со нивните деца.

https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-kje-go-ispituva-sluchajot-za-uchenichkata-so-daunov-sindrom-od-gostivar/

Ова е Ембла жртва на полусветови, примитивни и неуки луѓе. Ние живееме во земја каде се нема емпатија и сочуство. Не постојат деца со посебни потреби, постојат луѓе без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања. Ќе ви раскажам нешто што на Мина ѝ се слчуваше после немилиот настан. Jа запишав во „Јахја Кемал“, си велам ќе ѝ биде поарно, помалку деца, поголемо трпение. Ама не! Се собраа родители од нејзиниот клас и рекоа дека ако не се отпише Мина тие сите ќе си напуштеле школото. Ова ми го кажаа само после два месеца откако Мина почна со школо во „Јахја Кемал“. Началството ме замоли да не сум правела проблем...Бев бесна, лута, Џамбазов имаше идеја да им застанеме пред школо ќе се собереше народ ќе го затвореа. Да, после таков стрес детето е недоверливо и агресивно, башка што беше изложена на булинг, така да јас сум во прва борбена линија за Ембла и сите булирани деца. Патем кај мене во актерската школа имам неколку деца со посебни потреби и другите деца ги учам како да постапуваат со нив, како да совладаат текст заедно, како да споделуваат и многу љубов, многу љубов! Ембла кога сакаш да се видиме тука сум! Во оваа држава по милионити пат повторувам дека нема поддршка за родителите како и тие да се справат со сопствените деца. Тие се хероите исто! Кога зборувам за нив зборувам и за себе. Гајле им е на оние што во буквална смисла ги малтретираат децата, порача Бејби.

The post Бејби гласно во одбрана на Ембла: И за Мина се собраа родители, бараа да се отпише, примитивни и неуки луѓе appeared first on Република.

]]>

Како и поголемиот дел од јавноста, така и актерката Венса Петрушевска Бејби застана во одбрана на Ембла, девојчето со Даунов синдром, против кого родителите на соучениците кренаа хајка, барајќи таа да не учи со нивните деца. https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-kje-go-ispituva-sluchajot-za-uchenichkata-so-daunov-sindrom-od-gostivar/
Ова е Ембла жртва на полусветови, примитивни и неуки луѓе. Ние живееме во земја каде се нема емпатија и сочуство. Не постојат деца со посебни потреби, постојат луѓе без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања. Ќе ви раскажам нешто што на Мина ѝ се слчуваше после немилиот настан. Jа запишав во „Јахја Кемал“, си велам ќе ѝ биде поарно, помалку деца, поголемо трпение. Ама не! Се собраа родители од нејзиниот клас и рекоа дека ако не се отпише Мина тие сите ќе си напуштеле школото. Ова ми го кажаа само после два месеца откако Мина почна со школо во „Јахја Кемал“. Началството ме замоли да не сум правела проблем...Бев бесна, лута, Џамбазов имаше идеја да им застанеме пред школо ќе се собереше народ ќе го затвореа. Да, после таков стрес детето е недоверливо и агресивно, башка што беше изложена на булинг, така да јас сум во прва борбена линија за Ембла и сите булирани деца. Патем кај мене во актерската школа имам неколку деца со посебни потреби и другите деца ги учам како да постапуваат со нив, како да совладаат текст заедно, како да споделуваат и многу љубов, многу љубов! Ембла кога сакаш да се видиме тука сум! Во оваа држава по милионити пат повторувам дека нема поддршка за родителите како и тие да се справат со сопствените деца. Тие се хероите исто! Кога зборувам за нив зборувам и за себе. Гајле им е на оние што во буквална смисла ги малтретираат децата, порача Бејби.

The post Бејби гласно во одбрана на Ембла: И за Мина се собраа родители, бараа да се отпише, примитивни и неуки луѓе appeared first on Република.

]]>
Таравари: Ембла повторно е во училница и треба да се чувствува како да е во нејзиниот дом https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-embla-povtorno-e-vo-uchilnica-i-treba-da-se-chuvstvuva-kako-da-e-vo-nejziniot-dom/ Thu, 03 Feb 2022 12:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=453595

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари најави дека проблемите со отпорот на некои родители, дете со даунов синдром да следи настава во училиштето „Единство-Башкими” ќе бидат надминати. Таравари по средбата со таткото на Ембла и раководството на училиштето потврди дека таа ќе се врати во училницата за четврто одделение.

Ваквата одлука дојде по средбата на градоначалникот на Гостивар Таравари, директорот на училиштето Зиадин Нуредини, таткото на Ембла, персоналниот асистент и дефектолог во просторијата во која девојчето добива поддршка од стручно лице.

Таравари појасни дека на почетокот на декември минатата година, неколку родители реагирале и се пожалиле на нејзиното однесување и направиле петиција, но за тоа не бил информиран.

Во согласност со мајката, девојчето било префрлано во други одделенија за се адаптира. Тука настанал пропуст, бидејќи тоа е не добро за неа која има посебни потреби. Таа може да биде час или два во присуство на личната асистентка и дефектолог во една форма на третман што би придонело за нејзина инклузија. Ова е прв ваков случај во нашата општина и никој не се пожалил, бидејќи има повеќе деца со даунов синдром кои се инклузирани и следат настава. Сепак е добро што седнавме заедно да поразговараме и да се координираме за надминување на оваа состојба. Ембла повторно е во училница и таа треба да се чувствува како да е во нејзиниот дом - изјави Таравари.

Тој смета дека изминативе 4-5 години локалната самоуправа вложува многу за инклузијата на децата со посебни потреби и дека овој случај не ја отсликува состојбата во гостиварската општина.

Таравари напомена дека општеството треба да покаже поголема хуманост и разбирање кон ваквите деца за кои рече дека се „дар од бога” и да бидат прифатени. За него, обелоденувањето на случајот е добро, бидејќи на ваков начин се охрабруваат и други родители кои се соочуваат со вакви проблеми да проговорат за проблемите.

Благодарност за приемот и средбата искажа и Илир Адеми, таткото на девојчето, кој искажа надеж дека ова ќе биде последен ваков случај. Министерот за образование, Јетон Шакири, лично му ветил на таткото на 11-годишната Ембла, дете со Даунов синдром, дека ќе го реши проблемот.

Вчера беше пренесено дека родителите на ученици од ОУ „Единство-Башкими” во Гостивар ја бојкотираа наставата, бидејќи не сакале таа да посетува настава со нивните деца, под изговор дека девојчето било агресивно.

The post Таравари: Ембла повторно е во училница и треба да се чувствува како да е во нејзиниот дом appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари најави дека проблемите со отпорот на некои родители, дете со даунов синдром да следи настава во училиштето „Единство-Башкими” ќе бидат надминати. Таравари по средбата со таткото на Ембла и раководството на училиштето потврди дека таа ќе се врати во училницата за четврто одделение. Ваквата одлука дојде по средбата на градоначалникот на Гостивар Таравари, директорот на училиштето Зиадин Нуредини, таткото на Ембла, персоналниот асистент и дефектолог во просторијата во која девојчето добива поддршка од стручно лице. Таравари појасни дека на почетокот на декември минатата година, неколку родители реагирале и се пожалиле на нејзиното однесување и направиле петиција, но за тоа не бил информиран.
Во согласност со мајката, девојчето било префрлано во други одделенија за се адаптира. Тука настанал пропуст, бидејќи тоа е не добро за неа која има посебни потреби. Таа може да биде час или два во присуство на личната асистентка и дефектолог во една форма на третман што би придонело за нејзина инклузија. Ова е прв ваков случај во нашата општина и никој не се пожалил, бидејќи има повеќе деца со даунов синдром кои се инклузирани и следат настава. Сепак е добро што седнавме заедно да поразговараме и да се координираме за надминување на оваа состојба. Ембла повторно е во училница и таа треба да се чувствува како да е во нејзиниот дом - изјави Таравари.
Тој смета дека изминативе 4-5 години локалната самоуправа вложува многу за инклузијата на децата со посебни потреби и дека овој случај не ја отсликува состојбата во гостиварската општина. Таравари напомена дека општеството треба да покаже поголема хуманост и разбирање кон ваквите деца за кои рече дека се „дар од бога” и да бидат прифатени. За него, обелоденувањето на случајот е добро, бидејќи на ваков начин се охрабруваат и други родители кои се соочуваат со вакви проблеми да проговорат за проблемите. Благодарност за приемот и средбата искажа и Илир Адеми, таткото на девојчето, кој искажа надеж дека ова ќе биде последен ваков случај. Министерот за образование, Јетон Шакири, лично му ветил на таткото на 11-годишната Ембла, дете со Даунов синдром, дека ќе го реши проблемот. Вчера беше пренесено дека родителите на ученици од ОУ „Единство-Башкими” во Гостивар ја бојкотираа наставата, бидејќи не сакале таа да посетува настава со нивните деца, под изговор дека девојчето било агресивно.

The post Таравари: Ембла повторно е во училница и треба да се чувствува како да е во нејзиниот дом appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител ќе го испитува случајот за ученичката со Даунов синдром од Гостивар https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-kje-go-ispituva-sluchajot-za-uchenichkata-so-daunov-sindrom-od-gostivar/ Thu, 03 Feb 2022 12:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=453589

Народниот правобранител, по објавата за случајот со ученичката со Даунов синдром од Гостивар која не била прифатена од родителите на учениците од класот и наставата ја следела во посебна просторија, формира предмет по сопствена иницијатива и испрати тим во училиштето за да го испита случајот.

Како што се наведува во соопштението на Народниот правобранител, случајот покажува голема незрелост на општеството, кое ни оддалеку не е подготвено во пракса да ја имплементира домашната и меѓународната регулатива која се однесува на инклузивноста на овие лица во секојдневниот живот.

Според Народниот правобранител, недозволиво е овие ученици да бидат жртва на непоготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација.

Впрочем, како што се наведува во соопштението, изминатите години сите чинители во општеството кои се занимаваат со оваа проблематика, вклучувајки ја и институцијата Народен правобранител дадоа голем придонес во реформите во образовниот просцес, токму во делот кој се однесува на инклузивноста на учениците, затоа што различноста не смее да биде сфатена како казна, како што тоа е направено во конкретниот случај.

Народниот правобранител ги охрабрува родителите за вакви случаи да не молчат, туку да се обратат до институциите, со цел навремена заштита на правата на нивните деца гарантирани со законите. Исто така, смета дека е добро што медиумите покажуваат сензибилност и ги објавуваат сториите, но укажува на фактот дека при објавувањето на овие стории мора максимално да се води сметка за заштита на најдобриот интерес на детето и да се избегнуваат експлицитни кадри или фотографии од децата.

The post Народниот правобранител ќе го испитува случајот за ученичката со Даунов синдром од Гостивар appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител, по објавата за случајот со ученичката со Даунов синдром од Гостивар која не била прифатена од родителите на учениците од класот и наставата ја следела во посебна просторија, формира предмет по сопствена иницијатива и испрати тим во училиштето за да го испита случајот. Како што се наведува во соопштението на Народниот правобранител, случајот покажува голема незрелост на општеството, кое ни оддалеку не е подготвено во пракса да ја имплементира домашната и меѓународната регулатива која се однесува на инклузивноста на овие лица во секојдневниот живот.
Според Народниот правобранител, недозволиво е овие ученици да бидат жртва на непоготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација. Впрочем, како што се наведува во соопштението, изминатите години сите чинители во општеството кои се занимаваат со оваа проблематика, вклучувајки ја и институцијата Народен правобранител дадоа голем придонес во реформите во образовниот просцес, токму во делот кој се однесува на инклузивноста на учениците, затоа што различноста не смее да биде сфатена како казна, како што тоа е направено во конкретниот случај. Народниот правобранител ги охрабрува родителите за вакви случаи да не молчат, туку да се обратат до институциите, со цел навремена заштита на правата на нивните деца гарантирани со законите. Исто така, смета дека е добро што медиумите покажуваат сензибилност и ги објавуваат сториите, но укажува на фактот дека при објавувањето на овие стории мора максимално да се води сметка за заштита на најдобриот интерес на детето и да се избегнуваат експлицитни кадри или фотографии од децата.

The post Народниот правобранител ќе го испитува случајот за ученичката со Даунов синдром од Гостивар appeared first on Република.

]]>