Елизабета Archives - Република https://republika.mk/tema/elizabeta/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Sep 2022 16:35:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Елизабета Archives - Република https://republika.mk/tema/elizabeta/ 32 32 Ковчегот со кралицата стигна до Виндзор, светот се прости со Елизабета Втора https://republika.mk/vesti/svet/kovchegot-so-kralicata-stigna-do-vindzor-svetot-se-prosti-so-elizabeta-vtora/ Mon, 19 Sep 2022 18:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=552345

Погребната поворка пристигна до замокот Виндзор. Високи членови на кралското семејство таму ѝ се приклучија на поворката додека државната погребна кола се приближуваше до капелата Сент Џорџ.

Кралот Чарлс III, принцезата Ана, принцовите Ендрју и Едвард, како и принцовите Вилијам и Хари, чекореа зад погребната кола.

https://www.youtube.com/watch?v=1s0BrR7XWrw

Во капелата Свети Џорџ во Виндзор попладнево заврши последната јавна богослужба за кралицата Елизабета Втора со која светот се прости со еден од најдолговечните монарси.

– Се собравме да ја довериме во Божјите раце душата на неговиот слуга кралицата Елизабета. Овде, во капелата на Свети Џорџ, каде што таа толку често се поклонуваше. Ја паметиме како некој чија некомплицирана, но длабока христијанска вера даде толку многу плодови, рече деканот на Виндзор Дејвид Конер кој ја водеше богослужбата. Тој ја истакна нејзината добрина, посветеност на работата, беспрекорната служба за нацијата, грижата и охрабрувањето за нејзиното семејство, пријателите и соседите.

https://www.youtube.com/watch?v=P6y8cNVDbOg&feature=emb_imp_woyt

– Во екот на брзо променливиот и често проблематичен свет, нејзиното мирно и достоинствено присуство ни ја даде довербата да се соочиме со иднината, како што правеше таа, со храброст и надеж, рече Конер.

Потоа од ковчегот беа отстранети државна круна, топката и жезолот. Предметите му се даваат на деканот од Виндзор и тој ги става на високиот олтар. Овие церемонијални традиции го симболизираат крајот на владеењето на кралицата, додека таа за последен пат се разделува од својата круна.

Ковчегот потоа беше спуштен во кралската гробница, а беа изговорени и сите титули на кралицата.

Нејзиниот личен гајдаџија го отсвире својот последен поздрав до неа, додека ковчегот се спушташе во гробницата.

Хорот на капелата Свети Џорџ ја изведе и британската химна Боже чувај го кралот, која кралот Чарлс Трети ја проследи видно вознемирен и ги затвораше очите додека ја пееше.

Друг симболичен момент беше кога лордот Чембрлен, Баронот Паркер церемонијално го скрши својот стап и го стави врз ковчегот на кралицата. Тоа означуваше крај на неговата служба кај кралицата,

Поранешниот шеф на МИ5 беше назначен за највисок функционер во домаќинството на покојната кралица минатата година.

Работата на Лордот Чембрлен е да организира настани за монархот – но и да обезбеди дисциплина меѓу кралскиот персонал.

Тенкото, бело стапче за кое станува збор, историски се користело за да ги дисциплинира вработените кои не се однесуваат убаво како предупредување за да го подобрат своето однесување.

Кралското семејство ќе се врати вечерва во 20:30 часот по средноевропско време на последниот, приватен погреб далеку од камерите кога кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ до нејзиниот сопруг принцот Филип.

The post Ковчегот со кралицата стигна до Виндзор, светот се прости со Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Погребната поворка пристигна до замокот Виндзор. Високи членови на кралското семејство таму ѝ се приклучија на поворката додека државната погребна кола се приближуваше до капелата Сент Џорџ. Кралот Чарлс III, принцезата Ана, принцовите Ендрју и Едвард, како и принцовите Вилијам и Хари, чекореа зад погребната кола. https://www.youtube.com/watch?v=1s0BrR7XWrw Во капелата Свети Џорџ во Виндзор попладнево заврши последната јавна богослужба за кралицата Елизабета Втора со која светот се прости со еден од најдолговечните монарси. – Се собравме да ја довериме во Божјите раце душата на неговиот слуга кралицата Елизабета. Овде, во капелата на Свети Џорџ, каде што таа толку често се поклонуваше. Ја паметиме како некој чија некомплицирана, но длабока христијанска вера даде толку многу плодови, рече деканот на Виндзор Дејвид Конер кој ја водеше богослужбата. Тој ја истакна нејзината добрина, посветеност на работата, беспрекорната служба за нацијата, грижата и охрабрувањето за нејзиното семејство, пријателите и соседите. https://www.youtube.com/watch?v=P6y8cNVDbOg&feature=emb_imp_woyt – Во екот на брзо променливиот и често проблематичен свет, нејзиното мирно и достоинствено присуство ни ја даде довербата да се соочиме со иднината, како што правеше таа, со храброст и надеж, рече Конер. Потоа од ковчегот беа отстранети државна круна, топката и жезолот. Предметите му се даваат на деканот од Виндзор и тој ги става на високиот олтар. Овие церемонијални традиции го симболизираат крајот на владеењето на кралицата, додека таа за последен пат се разделува од својата круна. Ковчегот потоа беше спуштен во кралската гробница, а беа изговорени и сите титули на кралицата. Нејзиниот личен гајдаџија го отсвире својот последен поздрав до неа, додека ковчегот се спушташе во гробницата. Хорот на капелата Свети Џорџ ја изведе и британската химна Боже чувај го кралот, која кралот Чарлс Трети ја проследи видно вознемирен и ги затвораше очите додека ја пееше. Друг симболичен момент беше кога лордот Чембрлен, Баронот Паркер церемонијално го скрши својот стап и го стави врз ковчегот на кралицата. Тоа означуваше крај на неговата служба кај кралицата, Поранешниот шеф на МИ5 беше назначен за највисок функционер во домаќинството на покојната кралица минатата година. Работата на Лордот Чембрлен е да организира настани за монархот – но и да обезбеди дисциплина меѓу кралскиот персонал. Тенкото, бело стапче за кое станува збор, историски се користело за да ги дисциплинира вработените кои не се однесуваат убаво како предупредување за да го подобрат своето однесување. Кралското семејство ќе се врати вечерва во 20:30 часот по средноевропско време на последниот, приватен погреб далеку од камерите кога кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ до нејзиниот сопруг принцот Филип.

The post Ковчегот со кралицата стигна до Виндзор, светот се прости со Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Се онесвести стражар кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-onesvesti-strazar-koj-go-chuva-kovchegot-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Thu, 15 Sep 2022 08:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=550921

На Твитер се појави снимка на која се гледа како еден од припадниците на британската Кралска гарда се онесвестил покрај ковчегот на кралицата Елизабета, додека бил во стражата. Гардистот колабирал во раните утрински часови, покрај ковчегот што цела ноќ го посетувале Британците, за да ѝ оддадат почит на починатата кралица.

На видеото може да се види дека неколкумина полицајци веднаш притрчале да му помогнат на гардистот, додека останатите стражари, како што налагаат правилата на нивната служба, продолжуваат да стојат во ист став.

 

The post Се онесвести стражар кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

На Твитер се појави снимка на која се гледа како еден од припадниците на британската Кралска гарда се онесвестил покрај ковчегот на кралицата Елизабета, додека бил во стражата. Гардистот колабирал во раните утрински часови, покрај ковчегот што цела ноќ го посетувале Британците, за да ѝ оддадат почит на починатата кралица. На видеото може да се види дека неколкумина полицајци веднаш притрчале да му помогнат на гардистот, додека останатите стражари, како што налагаат правилата на нивната служба, продолжуваат да стојат во ист став.  

The post Се онесвести стражар кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Нема фудбал во Лондон и следниот викенд https://republika.mk/sport/fudbal/nema-fudbal-vo-london-i-sledniot-vikend/ Sun, 11 Sep 2022 14:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=549737

Смртта на кралицата Елизабета во Велика Британија направи овој викенд да бидат одложени мечевите како од Премиер лигата, така и од преостанатите пониски дивизии. Викендов воопшто не се играше фудбал во Англија, а на ниво на Лондон најверојатно тоа нема да се случи и следниот викенд.

Имено, за 19 септември е закажан погребот на краицата, па од безбедносни причини на 18 одосно 19 најверојатно ќе бидат забранети поголеми собири во главниот град. Па така, мечевите од редовното коло, Челзи – Ливерпул, Тотенхем – Лестер и Брендфорд – Арсенал нема да бидат одиграни во овој термин односно ќе бидат одложени.

Одлуката сеуште не е официјално донесена, има најави да се промени само домаќинот на дуелот, односно наместо Челзи, Ливерпул да биде домаќинот, што тешко дека би било прифатено од финансиска причина.

The post Нема фудбал во Лондон и следниот викенд appeared first on Република.

]]>

Смртта на кралицата Елизабета во Велика Британија направи овој викенд да бидат одложени мечевите како од Премиер лигата, така и од преостанатите пониски дивизии. Викендов воопшто не се играше фудбал во Англија, а на ниво на Лондон најверојатно тоа нема да се случи и следниот викенд. Имено, за 19 септември е закажан погребот на краицата, па од безбедносни причини на 18 одосно 19 најверојатно ќе бидат забранети поголеми собири во главниот град. Па така, мечевите од редовното коло, Челзи – Ливерпул, Тотенхем – Лестер и Брендфорд – Арсенал нема да бидат одиграни во овој термин односно ќе бидат одложени. Одлуката сеуште не е официјално донесена, има најави да се промени само домаќинот на дуелот, односно наместо Челзи, Ливерпул да биде домаќинот, што тешко дека би било прифатено од финансиска причина.

The post Нема фудбал во Лондон и следниот викенд appeared first on Република.

]]>
По 34 години двојничката на кралицата Елизабета се откажува од досегашната работа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/po-34-godini-dvojnichkata-na-kralicata-elizabeta-se-otkazuva-od-dosegashnata-rabota/ Sun, 11 Sep 2022 10:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=549670

Двојничката на кралицата Елизабета Втора, изјави дека „од почит“ кон најдоловечната британска владетелка, која почина во четвртокот, одлучила да се откаже од досегашната работа после 34 години, но дека и понатаму ќе ја чува својата кралска облека во знак на сеќавање на жената која, како што вели, ја доживувала како член на семејството.

Мери Рејнолдс (89) која живее во Епинг во Есекс, прв пат стана двојничка на кралицата во 1988 година, но всушност, прв пат и рекле дека изгледа како кралицата Елизабета уште кога имала 17 години.

Големата сличност со кралицата Елизабета, на Мери и донесе улоги на телевизја и на филм. Една од нејзините најистакнати моменти е главната улога во комедијата Bullseye od 1990 во која мери глумеше заедно со Роџер Мур.

Рејнолдс на новирарите им рекла дека е среќна што изгледа како британската кралица, но дека по смртта на Елизабета Втора, решила да се откаже од досегашната работа, од почит кон неа и дека таа одлука ја прави многу тажна.

Штотуку се преселив во нова куќа. Имам две полни кутии со шешири и токму размислував каде да ги сместам и тогаш сфатив дека повеќе нема да ми требаат, вели двојничката на кралицата Елизабета.

Таа истакнува дека најверојатно ќе ги задржи сите свои „кралски“ облеки бидејќи тие долго време биле дел од нејзиниот живот. Мери Рејнолдс на новинарите им открила и дека веќе долго во својот дом има два плакари – едниот за нејзините сопствени облеки, а другиот за оние на кралицата, од кој понекогаш со задоволство позајмува некоја облека кога има свечени настани.

Иако никогаш во живо не ја запознала Елизабета Втора, Мери Рејнолдс вели дека секогаш ги следела сите важни настани во животот на кралицата.

 

The post По 34 години двојничката на кралицата Елизабета се откажува од досегашната работа appeared first on Република.

]]>

Двојничката на кралицата Елизабета Втора, изјави дека „од почит“ кон најдоловечната британска владетелка, која почина во четвртокот, одлучила да се откаже од досегашната работа после 34 години, но дека и понатаму ќе ја чува својата кралска облека во знак на сеќавање на жената која, како што вели, ја доживувала како член на семејството. Мери Рејнолдс (89) која живее во Епинг во Есекс, прв пат стана двојничка на кралицата во 1988 година, но всушност, прв пат и рекле дека изгледа како кралицата Елизабета уште кога имала 17 години. Големата сличност со кралицата Елизабета, на Мери и донесе улоги на телевизја и на филм. Една од нејзините најистакнати моменти е главната улога во комедијата Bullseye od 1990 во која мери глумеше заедно со Роџер Мур. Рејнолдс на новирарите им рекла дека е среќна што изгледа како британската кралица, но дека по смртта на Елизабета Втора, решила да се откаже од досегашната работа, од почит кон неа и дека таа одлука ја прави многу тажна.
Штотуку се преселив во нова куќа. Имам две полни кутии со шешири и токму размислував каде да ги сместам и тогаш сфатив дека повеќе нема да ми требаат, вели двојничката на кралицата Елизабета.
Таа истакнува дека најверојатно ќе ги задржи сите свои „кралски“ облеки бидејќи тие долго време биле дел од нејзиниот живот. Мери Рејнолдс на новинарите им открила и дека веќе долго во својот дом има два плакари – едниот за нејзините сопствени облеки, а другиот за оние на кралицата, од кој понекогаш со задоволство позајмува некоја облека кога има свечени настани. Иако никогаш во живо не ја запознала Елизабета Втора, Мери Рејнолдс вели дека секогаш ги следела сите важни настани во животот на кралицата.  

The post По 34 години двојничката на кралицата Елизабета се откажува од досегашната работа appeared first on Република.

]]>
Лондонските таксисти на традиционален начин ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета II https://republika.mk/vesti/svet/londonskite-taksisti-na-tradicionalen-nachin-oddadoa-pochit-na-kralicata-elizabeta-ii/ Fri, 09 Sep 2022 18:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=549245

Познатите црни такси во Лондон ѝ оддадоа почит на покојната кралица со тоа што се построија на улицата пред Бакингемската палата. Десетици таксија се наредија на дождот околу Бакингемската палата пред да бидат затворени улиците за да ја задржат контролата над толпата што се собра таму да ја оплакува смртта на кралицата.

„Неверојатно трогателна почит додека црните такси се редат во тишина за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета. Еден таксист низ солзи ми рече дека сака да му оддаде почит на монархот кој е „сè што некогаш сме знаеле“, напиша новинарот. Пол Бренд на Твитер.

Ова не е прв пат лондонските таксисти да оддадат почит за член на кралското семејство на ваков начин. Кога принцот Филип, војводата од Единбург, почина во април 2021 година, десетици црни лондонски такси се наредија на истата улица.

Појавата на црните такси возила може да изгледа малку чудно, но има причина за тоа. Почнувајќи од 1999 година, принцот Филип често се возел (или имал кралски возач) со Метрокаб на гас за незабележителни патувања низ Лондон. Еколошкото црно такси го возело принцот и на официјални и на приватни настани - тој дури и самиот го возел за да ги однесе Барак и Мишел Обама во палатата кога го посетиле Лондон во 2016 година, пишува People.

Војводата од Единбург често користел црно такси, а и на кралицата не ѝ било непознато. Во 2012 година, таа ги изненади гледачите во театарот кога се појави со својот сопруг во театарот Ројал Хејмаркет за да гледа претстава, но не дојде во кралската лимузина, туку во саканото црно такси на војводата, со униформиран кралски возач зад воланот, пишува Daily Mail.

The post Лондонските таксисти на традиционален начин ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета II appeared first on Република.

]]>

Познатите црни такси во Лондон ѝ оддадоа почит на покојната кралица со тоа што се построија на улицата пред Бакингемската палата. Десетици таксија се наредија на дождот околу Бакингемската палата пред да бидат затворени улиците за да ја задржат контролата над толпата што се собра таму да ја оплакува смртта на кралицата. „Неверојатно трогателна почит додека црните такси се редат во тишина за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета. Еден таксист низ солзи ми рече дека сака да му оддаде почит на монархот кој е „сè што некогаш сме знаеле“, напиша новинарот. Пол Бренд на Твитер. Ова не е прв пат лондонските таксисти да оддадат почит за член на кралското семејство на ваков начин. Кога принцот Филип, војводата од Единбург, почина во април 2021 година, десетици црни лондонски такси се наредија на истата улица. Појавата на црните такси возила може да изгледа малку чудно, но има причина за тоа. Почнувајќи од 1999 година, принцот Филип често се возел (или имал кралски возач) со Метрокаб на гас за незабележителни патувања низ Лондон. Еколошкото црно такси го возело принцот и на официјални и на приватни настани - тој дури и самиот го возел за да ги однесе Барак и Мишел Обама во палатата кога го посетиле Лондон во 2016 година, пишува People. Војводата од Единбург често користел црно такси, а и на кралицата не ѝ било непознато. Во 2012 година, таа ги изненади гледачите во театарот кога се појави со својот сопруг во театарот Ројал Хејмаркет за да гледа претстава, но не дојде во кралската лимузина, туку во саканото црно такси на војводата, со униформиран кралски возач зад воланот, пишува Daily Mail.

The post Лондонските таксисти на традиционален начин ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета II appeared first on Република.

]]>
Лондон како Арачиново: Кралското семејство е ослободено од данок https://republika.mk/vesti/svet/london-kako-arachinovo-kralskoto-semejstvo-e-oslobodeno-od-danok/ Fri, 09 Sep 2022 13:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=549131

Малкумина знаат дека кралското семејство во Велика Британија е ослободено од голем дел од даноците што ги плаќаат обичните граѓани на Островот.

Па така новиот крал Чарлс ќе го добие имотот без да плати данок на наследство, привилегија резервирана за наследниците на кралот.

Иако не постои обврска за британските монарси да ги обелоденат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета била на чело на лично богатство од 370 милиони фунти.

Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти).

Познатиот накит на круната, чија вредност се проценува на околу три милијарди фунти.

The post Лондон како Арачиново: Кралското семејство е ослободено од данок appeared first on Република.

]]>

Малкумина знаат дека кралското семејство во Велика Британија е ослободено од голем дел од даноците што ги плаќаат обичните граѓани на Островот. Па така новиот крал Чарлс ќе го добие имотот без да плати данок на наследство, привилегија резервирана за наследниците на кралот. Иако не постои обврска за британските монарси да ги обелоденат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета била на чело на лично богатство од 370 милиони фунти. Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти). Познатиот накит на круната, чија вредност се проценува на околу три милијарди фунти.

The post Лондон како Арачиново: Кралското семејство е ослободено од данок appeared first on Република.

]]>
Кралицата Елизабета II за прв пат во историјата на насловна страна на Вог https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kralicata-elizabeta-ii-za-prv-pat-vo-istorijata-na-naslovna-strana-na-vog/ Sun, 27 Mar 2022 12:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=479289

Кралицата Елизабета Втора ќе се појави на насловната страница на априлското издание на британскиот „Вог“, за прв пат во историјата, по повод нејзиниот платинест јубилеј. На корицата ќе има слика на Нејзиното Височество од 1957 година, направена од Лорд Сноуден, поранешниот сопруг на принцезата Маргарет.

Кралицата на фотографијата ја носи дијадемата на Џорџ IV, а фотографијата е направена за време на нејзината десетгодишнина од бракот со принцот Филип.

Според портпаролката на магазинот, изданието ќе и оддаде посебна почит на нејзиното височество, во пресрет на платинестиот јубилеј, осврнувајќи се на нејзиното владеење над монархијата во текот на 70-те години на тронот.

Кралицата ќе се појави на една од двете двојни корици за априлското издание на британскиот магазин „Вог“.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, беше насловна ѕвезда на „Вог“ во 2016 година, на насловната страница на изданието со кое се прославува стогодишнината на магазинот.

И во 2019 година, војвотката од Сасекс го уредуваше изданието како гостин. Нејзината насловна страница имаше слики од жени кои таа ги опиша како „сила за промена“, меѓу кои и активистката за климата Грета Тунберг, меѓу другите.

Насловната страна на кралицата е една од двете специјални верзии на списанието – на другата е прикажана „Hollywood Royalty“, со фотографија на актерката од серијата „The Queen’s Gambit“ Ања Тејлор Џој. Заедно со насловната слика на нејзиното височество, Ања носеше и совршена реплика на дијадемата на Џорџ IV.

The post Кралицата Елизабета II за прв пат во историјата на насловна страна на Вог appeared first on Република.

]]>

Кралицата Елизабета Втора ќе се појави на насловната страница на априлското издание на британскиот „Вог“, за прв пат во историјата, по повод нејзиниот платинест јубилеј. На корицата ќе има слика на Нејзиното Височество од 1957 година, направена од Лорд Сноуден, поранешниот сопруг на принцезата Маргарет. Кралицата на фотографијата ја носи дијадемата на Џорџ IV, а фотографијата е направена за време на нејзината десетгодишнина од бракот со принцот Филип. Според портпаролката на магазинот, изданието ќе и оддаде посебна почит на нејзиното височество, во пресрет на платинестиот јубилеј, осврнувајќи се на нејзиното владеење над монархијата во текот на 70-те години на тронот. Кралицата ќе се појави на една од двете двојни корици за априлското издание на британскиот магазин „Вог“. Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, беше насловна ѕвезда на „Вог“ во 2016 година, на насловната страница на изданието со кое се прославува стогодишнината на магазинот. И во 2019 година, војвотката од Сасекс го уредуваше изданието како гостин. Нејзината насловна страница имаше слики од жени кои таа ги опиша како „сила за промена“, меѓу кои и активистката за климата Грета Тунберг, меѓу другите. Насловната страна на кралицата е една од двете специјални верзии на списанието – на другата е прикажана „Hollywood Royalty“, со фотографија на актерката од серијата „The Queen’s Gambit“ Ања Тејлор Џој. Заедно со насловната слика на нејзиното височество, Ања носеше и совршена реплика на дијадемата на Џорџ IV.

The post Кралицата Елизабета II за прв пат во историјата на насловна страна на Вог appeared first on Република.

]]>
Кралицата Елизабета организираше мала забава за првите 70 години на престолот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kralicata-elizabeta-organizirashe-mala-zabava-za-prvite-70-godini-na-prestolot/ Sun, 06 Feb 2022 06:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=454627

Британската кралица Елизабета Втора, покрај најавата дека во јуни официјално ќе ја прослави 70-годишнината од нејзиното владеење, и денеска славеше во својата резиденција во Сандрингам, пренесоа светските агенции.

Таа таму приреди мал прием за претставници на локалната заедница и група волонтери. Меѓу гостите беше и Ангела Вуд, која посетуваше училиште за готвење во 1953 година и помогна да се создаде специјално јадење со пилешко месо и кари по повод доаѓањето на тронот на Елизабета Втора.

Кралицата денеска ги пречека гостите во светло син фустан. Потоа пресече специјално подготвена торта од еден локален жител и слушаше музичка изведба од локален бенд.

Утре кралицата ќе стане првиот британски монарх кој ќе ја прослави платинестата годишнина од нејзиното доаѓање на тронот.

За утре не е закажана официјална церемонија на годишнината, бидејќи 95-годишната кралица ја поминува годишнината од смртта на нејзиниот сопруг во приватност.

Но, за почетокот на јуни се закажани четири дена свечености, вклучувајќи воена парада, концерт, улични прослави, масовен пикник и „натпревар во платинест пудинг“.
За одбележување на годишнината се изработени и специјални, пригодни монети

The post Кралицата Елизабета организираше мала забава за првите 70 години на престолот appeared first on Република.

]]>

Британската кралица Елизабета Втора, покрај најавата дека во јуни официјално ќе ја прослави 70-годишнината од нејзиното владеење, и денеска славеше во својата резиденција во Сандрингам, пренесоа светските агенции. Таа таму приреди мал прием за претставници на локалната заедница и група волонтери. Меѓу гостите беше и Ангела Вуд, која посетуваше училиште за готвење во 1953 година и помогна да се создаде специјално јадење со пилешко месо и кари по повод доаѓањето на тронот на Елизабета Втора. Кралицата денеска ги пречека гостите во светло син фустан. Потоа пресече специјално подготвена торта од еден локален жител и слушаше музичка изведба од локален бенд. Утре кралицата ќе стане првиот британски монарх кој ќе ја прослави платинестата годишнина од нејзиното доаѓање на тронот. За утре не е закажана официјална церемонија на годишнината, бидејќи 95-годишната кралица ја поминува годишнината од смртта на нејзиниот сопруг во приватност.
Но, за почетокот на јуни се закажани четири дена свечености, вклучувајќи воена парада, концерт, улични прослави, масовен пикник и „натпревар во платинест пудинг“.
За одбележување на годишнината се изработени и специјални, пригодни монети

The post Кралицата Елизабета организираше мала забава за првите 70 години на престолот appeared first on Република.

]]>