Един Гачанин - Тито Archives - Република https://republika.mk/tema/edin-gachanin-tito/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Mar 2023 12:14:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Един Гачанин - Тито Archives - Република https://republika.mk/tema/edin-gachanin-tito/ 32 32 На „Тито“ му се губи трагата https://republika.mk/vesti/balkan/na-tito-mu-se-gubi-tragata/ Tue, 28 Mar 2023 20:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=624542

Един Гачанин или Тито, најголемиот балкански наркобос кој има холандско државјанство, е ставен под санкции на американското Министерство за финансии и му се губи трагата.

Тито, кој Европол го смета за еден од шефовите на „суперкартелот“ кој контролира третина од сообраќајот на кокаин од Јужна Америка кон Европа, е во бегство и не се знае каде се наоѓа.
Един Гачанин, родум од Сараево, е лидер на картелот Тито и Дино, на кој припаѓаат и членови на неговото семејство и пријатели од Босна и Херцеговина, пишува во соопштението на американското Министерство за финансии за воведување санкции.

Покрај трговијата со дрога, картелот се занимава и со перење пари и тесно соработува со озлогласената ирска криминална група предводена од Даниел Кинахан.

Гачанин е ставен под санкции затоа што инвестира пари во шверц на дрога, соопшти Министерството за финансии.

Оваа одлука наводно ја донело Министерството за финансии во координација со американската Администрација за борба против дрога – ДЕА, Европол и владите на Холандија, Франција и Белгија. Не се знае каде е моментално Гачанин.

Тој исчезна откако беше ослободен во јануари од нејасни причини од притворот во Дубаи, каде што беше задржан по неговото апсење во големата меѓународна операција „Пустинска светлина“. Иако е осомничен дека водел „суперкартел“ кој, според Европол, контролира една третина од продажбата на кокаин во Европа, Гачанин по два месеци во притвор се ослободил и исчезнал без трага.

Не е јасно како се случило – медиумите тврдат дека Холандија, чиј државјанин е Гачана, не испратила навреме барање за негова екстрадиција до Емиратите, но холандското обвинителство го негираше тоа, велејќи дека нивното барање за екстрадиција е одбиено. .

„Суперкартелот“ се состои од криминални групи од Балканот, од Ирска, Италија и Мароко, а Гачанин го предводи балканскиот клан. Тој главно купувал дрога од нарко-босови во Перу и ја шверцувал во Европа.

The post На „Тито“ му се губи трагата appeared first on Република.

]]>

Един Гачанин или Тито, најголемиот балкански наркобос кој има холандско државјанство, е ставен под санкции на американското Министерство за финансии и му се губи трагата. Тито, кој Европол го смета за еден од шефовите на „суперкартелот“ кој контролира третина од сообраќајот на кокаин од Јужна Америка кон Европа, е во бегство и не се знае каде се наоѓа. Един Гачанин, родум од Сараево, е лидер на картелот Тито и Дино, на кој припаѓаат и членови на неговото семејство и пријатели од Босна и Херцеговина, пишува во соопштението на американското Министерство за финансии за воведување санкции. Покрај трговијата со дрога, картелот се занимава и со перење пари и тесно соработува со озлогласената ирска криминална група предводена од Даниел Кинахан. Гачанин е ставен под санкции затоа што инвестира пари во шверц на дрога, соопшти Министерството за финансии. Оваа одлука наводно ја донело Министерството за финансии во координација со американската Администрација за борба против дрога – ДЕА, Европол и владите на Холандија, Франција и Белгија. Не се знае каде е моментално Гачанин. Тој исчезна откако беше ослободен во јануари од нејасни причини од притворот во Дубаи, каде што беше задржан по неговото апсење во големата меѓународна операција „Пустинска светлина“. Иако е осомничен дека водел „суперкартел“ кој, според Европол, контролира една третина од продажбата на кокаин во Европа, Гачанин по два месеци во притвор се ослободил и исчезнал без трага. Не е јасно како се случило – медиумите тврдат дека Холандија, чиј државјанин е Гачана, не испратила навреме барање за негова екстрадиција до Емиратите, но холандското обвинителство го негираше тоа, велејќи дека нивното барање за екстрадиција е одбиено. . „Суперкартелот“ се состои од криминални групи од Балканот, од Ирска, Италија и Мароко, а Гачанин го предводи балканскиот клан. Тој главно купувал дрога од нарко-босови во Перу и ја шверцувал во Европа.

The post На „Тито“ му се губи трагата appeared first on Република.

]]>
Беше најмистериозен бос од Балканот, но ДЕА му го најде крајот: Тито е поранешен боксер кој го надмина и Ел Чапо https://republika.mk/vesti/balkan/beshe-najmisteriozen-bos-od-balkanot-no-dea-mu-go-najde-krajot-tito-e-poraneshen-bokser-koj-go-nadmina-i-el-chapo/ Tue, 29 Nov 2022 19:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=579708

Един Гачанин - Тито (40), познат како прв човек на нарко картелот Тито и Дино, е уапсен во Дубаи, соопштија Европол и холандската полиција Неговиот прекар е нашироко познат на меѓународните истражители, но неговото име, лик и дело долго време се мистерија. Американската служба за борба против дрогата - ДЕА го сметаше Гачанин за еден од 50-те најголеми дилери на дрога во светот.

Пред ова апсење, криминалната група на Тито доби голем удар во септември кога во голема меѓународна акција, во која беа запленети дури 2,6 тони кокаин и беа уапсени 61 лице, американската ДЕА идентификуваше мистериозен нарко бос, извесен Тито, како главен водач на овој картел.

Според досегашните информации тој живее во Дубаи, но е поврзан со Колумбија, Перу и Боливија, од каде што набавува кокаин. Еден од неговите наводни соработници е Зоран Јакшиќ, лидерот на картелот Америка – објавија странските медиуми по големата акција.

https://republika.mk/vesti/balkan/misteriozniot-tito-e-shef-na-balkanskiot-klan-preku-nego-odi-tretina-od-kokainot-vo-evropa/

Американската ДЕА во 2019 година објави дека мистериозниот Тито е еден од најбараните нарко босови во Перу, но дека ниту ним не им се премногу познати деталите од неговиот живот.

Водачот на нарко мафијата е роден на Балканот, на возраст од четириесетина години, а неговиот карактер се уште е мистерија. Она што се знае е дека сите го викаат Тито. Апсењето на овој нарко бос е еден од приоритетите на ДЕА. Неговата моќ на светско ниво, според досегашните собрани информации од полицијата, ја надминува онаа на Ел Чапо, кој по апсењето во САД беше осуден на доживотен затвор, откри во тоа време, припадник на јужноамериканската специјална полициска единица.

https://republika.mk/vesti/balkan/nepoznati-raboti-za-tito-najgolemiot-mafijash-na-balkanot/

Тој го опиша балканскиот наркобос како „чудовиште кое не штеди пари за испорака на дрога на европскиот пазар“.

Тито пристигна во Перу пред десетина години и успеа да ја развие својата мрежа и свој нарко клан, кој испраќа дрога од Перу во Европа. Колку пари троши за транспорт говори фактот што кокаин со исклучителна чистота се транспортира со прекуокеански бродови, авиони и подморници.

 

Тито до пред десет години беше тренер на професионални боксери во Србија. Преку луѓето со кои соработувал и ги запознал преку спортот, вклучително и луѓе од подземјето, тој успеал да оствари контакти со јужноамериканските дилери на дрога. За кратко време, од купувач и посредник, тој стана главен снабдувач на кокаин произведен во Боливија, Колумбија и Перу на европскиот пазар, соопшти овој полициски специјалец.

Тито е еден од организаторите на „супер кланот“ што беше разбиен викендов.

https://republika.mk/vesti/balkan/padna-balkanskiot-narko-bos-tito-sose-negovite-luksuzni-avtomobili-chasovnici-i-raskoshni-vili/

The post Беше најмистериозен бос од Балканот, но ДЕА му го најде крајот: Тито е поранешен боксер кој го надмина и Ел Чапо appeared first on Република.

]]>

Един Гачанин - Тито (40), познат како прв човек на нарко картелот Тито и Дино, е уапсен во Дубаи, соопштија Европол и холандската полиција Неговиот прекар е нашироко познат на меѓународните истражители, но неговото име, лик и дело долго време се мистерија. Американската служба за борба против дрогата - ДЕА го сметаше Гачанин за еден од 50-те најголеми дилери на дрога во светот. Пред ова апсење, криминалната група на Тито доби голем удар во септември кога во голема меѓународна акција, во која беа запленети дури 2,6 тони кокаин и беа уапсени 61 лице, американската ДЕА идентификуваше мистериозен нарко бос, извесен Тито, како главен водач на овој картел.
Според досегашните информации тој живее во Дубаи, но е поврзан со Колумбија, Перу и Боливија, од каде што набавува кокаин. Еден од неговите наводни соработници е Зоран Јакшиќ, лидерот на картелот Америка – објавија странските медиуми по големата акција.
https://republika.mk/vesti/balkan/misteriozniot-tito-e-shef-na-balkanskiot-klan-preku-nego-odi-tretina-od-kokainot-vo-evropa/ Американската ДЕА во 2019 година објави дека мистериозниот Тито е еден од најбараните нарко босови во Перу, но дека ниту ним не им се премногу познати деталите од неговиот живот.
Водачот на нарко мафијата е роден на Балканот, на возраст од четириесетина години, а неговиот карактер се уште е мистерија. Она што се знае е дека сите го викаат Тито. Апсењето на овој нарко бос е еден од приоритетите на ДЕА. Неговата моќ на светско ниво, според досегашните собрани информации од полицијата, ја надминува онаа на Ел Чапо, кој по апсењето во САД беше осуден на доживотен затвор, откри во тоа време, припадник на јужноамериканската специјална полициска единица.
https://republika.mk/vesti/balkan/nepoznati-raboti-za-tito-najgolemiot-mafijash-na-balkanot/ Тој го опиша балканскиот наркобос како „чудовиште кое не штеди пари за испорака на дрога на европскиот пазар“.
Тито пристигна во Перу пред десетина години и успеа да ја развие својата мрежа и свој нарко клан, кој испраќа дрога од Перу во Европа. Колку пари троши за транспорт говори фактот што кокаин со исклучителна чистота се транспортира со прекуокеански бродови, авиони и подморници.   Тито до пред десет години беше тренер на професионални боксери во Србија. Преку луѓето со кои соработувал и ги запознал преку спортот, вклучително и луѓе од подземјето, тој успеал да оствари контакти со јужноамериканските дилери на дрога. За кратко време, од купувач и посредник, тој стана главен снабдувач на кокаин произведен во Боливија, Колумбија и Перу на европскиот пазар, соопшти овој полициски специјалец.
Тито е еден од организаторите на „супер кланот“ што беше разбиен викендов. https://republika.mk/vesti/balkan/padna-balkanskiot-narko-bos-tito-sose-negovite-luksuzni-avtomobili-chasovnici-i-raskoshni-vili/

The post Беше најмистериозен бос од Балканот, но ДЕА му го најде крајот: Тито е поранешен боксер кој го надмина и Ел Чапо appeared first on Република.

]]>
Падна балканскиот нарко бос – Тито, сосе неговите луксузни автомобили, часовници и раскошни вили https://republika.mk/vesti/balkan/padna-balkanskiot-narko-bos-tito-sose-negovite-luksuzni-avtomobili-chasovnici-i-raskoshni-vili/ Tue, 29 Nov 2022 08:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=579424

Един Гачанин (40) со прекар Тито и Дино е уапсен во Дубаи, објави Европол и холандската полиција! Тито, кој со години е мистерија за европската полиција, беше врзан со лисици во Дубаи, каде што го поминуваше поголемиот дел од своето време.

– Един Гачанин е уапсен во рамките на голема меѓународна акција во која се приведени вкупно 49 лица, кои биле водачи и членови на таканаречениот „суперкартел“, кој контролирал третина од трговијата со кокаин во Европа – пренесуваат медиумите.

Водачот на овој картел, велат, е Холанѓанецот со потекло од Босна и Херцеговина, Един Гачанин.

Европол објави и фотографии и видео од апсењето во Дубаи. На него се прикажани луксузни автомобили, скапи вили, пари, часовници и други вредни предмети.

– Пронајдени се повеќе пасоши, поголема сума пари – велат оттаму.

https://www.youtube.com/watch?v=wYuWEb6K2iQ

The post Падна балканскиот нарко бос – Тито, сосе неговите луксузни автомобили, часовници и раскошни вили appeared first on Република.

]]>

Един Гачанин (40) со прекар Тито и Дино е уапсен во Дубаи, објави Европол и холандската полиција! Тито, кој со години е мистерија за европската полиција, беше врзан со лисици во Дубаи, каде што го поминуваше поголемиот дел од своето време.
– Един Гачанин е уапсен во рамките на голема меѓународна акција во која се приведени вкупно 49 лица, кои биле водачи и членови на таканаречениот „суперкартел“, кој контролирал третина од трговијата со кокаин во Европа – пренесуваат медиумите.
Водачот на овој картел, велат, е Холанѓанецот со потекло од Босна и Херцеговина, Един Гачанин. Европол објави и фотографии и видео од апсењето во Дубаи. На него се прикажани луксузни автомобили, скапи вили, пари, часовници и други вредни предмети.
– Пронајдени се повеќе пасоши, поголема сума пари – велат оттаму.
https://www.youtube.com/watch?v=wYuWEb6K2iQ

The post Падна балканскиот нарко бос – Тито, сосе неговите луксузни автомобили, часовници и раскошни вили appeared first on Република.

]]>
Непознати работи за Тито – најголемиот мафијаш на Балканот https://republika.mk/vesti/balkan/nepoznati-raboti-za-tito-najgolemiot-mafijash-na-balkanot/ Wed, 04 May 2022 08:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=497287

Един Гачанин - Тито е шеф на еден од најмоќните нарко-кланови во светот „Тито и Дино“, кој го сочинуваат претежно луѓе од Балканот. По овој Сараевчанец со години трага американската ДЕА,  но и полицијата на многу други земји во светот, а за него се смета дека се крие во Дубаи.

За моќта на Тито и неговиот клан најдобро говорат податоците што ги презентираше холандската полиција, која наведува дека кланот го контролира европскиот нарко пазар и увозот на дури третина од кокаинот во Европа. Покрај последните четири запленети тони, од кои дел им припаѓа ним, „Тито и Дино“, според сомневањата, за само две години изгубиле 14.000 килограми од најскапиот опијат.

Гачанин најголемиот дел од својот живот го поминал во Холандија, каде што се поврзувал со важни луѓе од подземјето. На списокот на неговите блиски соработници од други кланови има и имиња како Ридуан Таги, по кого е распишана меѓународна потерница од Интерпол поради поврзаност со бројни убиства, а за кои холандските власти се подготвени да дадат 100 илјади евра на секој што ќе даде информации за него.

Еден од неговите партнери беше уапсениот Ричард Рикелме, чилеански криминалец, еден од најопасните луѓе на светот, кој беше уапсен во Колумбија на крајот на 2017 година врз основа на потерница од Холандија. Третиот партнер на Гачанин е Рафаел Империјал познат како Паста, еден од водачите на италијанската мафија Камора.

The post Непознати работи за Тито – најголемиот мафијаш на Балканот appeared first on Република.

]]>

Един Гачанин - Тито е шеф на еден од најмоќните нарко-кланови во светот „Тито и Дино“, кој го сочинуваат претежно луѓе од Балканот. По овој Сараевчанец со години трага американската ДЕА,  но и полицијата на многу други земји во светот, а за него се смета дека се крие во Дубаи. За моќта на Тито и неговиот клан најдобро говорат податоците што ги презентираше холандската полиција, која наведува дека кланот го контролира европскиот нарко пазар и увозот на дури третина од кокаинот во Европа. Покрај последните четири запленети тони, од кои дел им припаѓа ним, „Тито и Дино“, според сомневањата, за само две години изгубиле 14.000 килограми од најскапиот опијат. Гачанин најголемиот дел од својот живот го поминал во Холандија, каде што се поврзувал со важни луѓе од подземјето. На списокот на неговите блиски соработници од други кланови има и имиња како Ридуан Таги, по кого е распишана меѓународна потерница од Интерпол поради поврзаност со бројни убиства, а за кои холандските власти се подготвени да дадат 100 илјади евра на секој што ќе даде информации за него. Еден од неговите партнери беше уапсениот Ричард Рикелме, чилеански криминалец, еден од најопасните луѓе на светот, кој беше уапсен во Колумбија на крајот на 2017 година врз основа на потерница од Холандија. Третиот партнер на Гачанин е Рафаел Империјал познат како Паста, еден од водачите на италијанската мафија Камора.

The post Непознати работи за Тито – најголемиот мафијаш на Балканот appeared first on Република.

]]>