ебор Archives - Република https://republika.mk/tema/ebor/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 18:47:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ебор Archives - Република https://republika.mk/tema/ebor/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова имаше средба со претседателката на ЕБОР https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-imashe-sredba-so-pretsedatelkata-na-ebor/ Tue, 23 Jul 2024 18:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=799655

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој.

На средбата се разговараше за севкупната соработка со ЕБОР, која е главен институционален инвеститор во нашата држава, со инвестирани 2,9 милијарди евра во 190 проекти. Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за реализацијата на бројни инвестициски проекти, што значително придонесуваат за нашата економска инфраструктура и одржливиот развој.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на инвестициските активности на ЕБОР по однос на поддршката на конкурентноста, зајакнување на регионалната интеграција и поддршка на приближувањето кон ЕУ, како и поддршка на транзицијата кон зелена економија преку поголема одржливост во искористување на ресурсите.

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката, преку реализација на нови проекти, што ќе придонесе за економскиот развој и одржливостa.

 

The post Претседателката Сиљановска Давкова имаше средба со претседателката на ЕБОР appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој. На средбата се разговараше за севкупната соработка со ЕБОР, која е главен институционален инвеститор во нашата држава, со инвестирани 2,9 милијарди евра во 190 проекти. Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за реализацијата на бројни инвестициски проекти, што значително придонесуваат за нашата економска инфраструктура и одржливиот развој. Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на инвестициските активности на ЕБОР по однос на поддршката на конкурентноста, зајакнување на регионалната интеграција и поддршка на приближувањето кон ЕУ, како и поддршка на транзицијата кон зелена економија преку поголема одржливост во искористување на ресурсите. Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката, преку реализација на нови проекти, што ќе придонесе за економскиот развој и одржливостa.  

The post Претседателката Сиљановска Давкова имаше средба со претседателката на ЕБОР appeared first on Република.

]]>
Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа https://republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-dogovor-za-zaem-megu-ebor-i-ad-mepso-za-zajaknuvane-na-prenosnata-mrezha/ Tue, 23 Jul 2024 08:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=799437

Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа.

Параф на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо, и директоот на АД Мепсо Зухди Енуз. На потпишувањето на договорот присуствуваа и евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Средствата ќе бидат искористени во рамки на проектот за изградба на трафостаница и обнова на 110 киловолтен далновод, што ќе овозможи приклучување на нови 1170 мегавати од обновливи извори кои стојат неприклучени.

Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР а 7,6 милиони евра се обезбедени од од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ и половина милион евра од Климатскиот фонд

The post Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа appeared first on Република.

]]>

Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа. Параф на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо, и директоот на АД Мепсо Зухди Енуз. На потпишувањето на договорот присуствуваа и евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Средствата ќе бидат искористени во рамки на проектот за изградба на трафостаница и обнова на 110 киловолтен далновод, што ќе овозможи приклучување на нови 1170 мегавати од обновливи извори кои стојат неприклучени. Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР а 7,6 милиони евра се обезбедени од од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ и половина милион евра од Климатскиот фонд

The post Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа appeared first on Република.

]]>
MЕПСО ќе се задолжи кај ЕБОР 26,4 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/mepso-ke-se-zadolzhi-kaj-ebor-26-4-milioni-evra/ Tue, 23 Jul 2024 06:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=799386

Во Кристалната сала на Владата на Република Македонија денеска ќе се потпише договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој - ЕБОР и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО.

Како што информираат од владината прес-служба, средствата од заемот се наменети за зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО

The post MЕПСО ќе се задолжи кај ЕБОР 26,4 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во Кристалната сала на Владата на Република Македонија денеска ќе се потпише договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој - ЕБОР и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО. Како што информираат од владината прес-служба, средствата од заемот се наменети за зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО

The post MЕПСО ќе се задолжи кај ЕБОР 26,4 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Претходната власт се задолжила 550 милиони евра од ЕБОР за пруга која завршува во тунел без излез https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-prethodnata-vlast-se-zadolzhila-550-milioni-evra-od-ebor-za-pruga-koja-zavrshuva-vo-tunel-bez-izlez/ Mon, 22 Jul 2024 18:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=799322

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата Топ Тема на ТВ Телма се осврна на средствата од Европската Унија кои се предвидуваат за Македонија во планот за раст и истакна дека министрите Муртезани, Муцунски, Божиновска, Андоновски, Кочовска Димитриевска и Николоски за две недели го имаат завршено досието на државата, нешто кое што претходната власт две години не го направила.

Имавме проблем со некои од обврските за кои знаевме дека не можеме да ги исполниме. Нашето досие е затворено и чекаме сега одобрување од страна на Европската комисија, затоа што дел од проектите кои ги преземала претходната влада, на памет не ми паѓа да продолжам да ги реализирам. На памет не ми паѓа како премиер на оваа влада да потрошам 550 милиони евра за пруга која завршува во слепа улица на половина тунел, без предвидлива иднина како ќе биде понатаму до Црното Море, на основа на црвен фидик, што значи со пенали може да дојде до 750 милиони евра, истакна премиерот Мицкоски.

„Ги замолувам тие пари да ги потрошиме во модернизација на пругата на коридорот 10 и возовите наместо 30 на час да возат 100 на час и наместо три пати да биде намален буџетот на јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура, да може три пати да биде зголемен и наместо после две години прв пат да имаме една оперативна локомотива, да купиме 5 нови и да имаме повеќе композиции на вагони кои ќе поминуваат во државата.“, рече Мицкоски и дополни дека очекува со вакви средства да се финансира интерконекторот со Грција наместо да се бара ретендерирање или пролонгирање бидејќи тоа може само да ја поскапи цената на чинење.

 

The post Мицкоски: Претходната власт се задолжила 550 милиони евра од ЕБОР за пруга која завршува во тунел без излез appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата Топ Тема на ТВ Телма се осврна на средствата од Европската Унија кои се предвидуваат за Македонија во планот за раст и истакна дека министрите Муртезани, Муцунски, Божиновска, Андоновски, Кочовска Димитриевска и Николоски за две недели го имаат завршено досието на државата, нешто кое што претходната власт две години не го направила.
Имавме проблем со некои од обврските за кои знаевме дека не можеме да ги исполниме. Нашето досие е затворено и чекаме сега одобрување од страна на Европската комисија, затоа што дел од проектите кои ги преземала претходната влада, на памет не ми паѓа да продолжам да ги реализирам. На памет не ми паѓа како премиер на оваа влада да потрошам 550 милиони евра за пруга која завршува во слепа улица на половина тунел, без предвидлива иднина како ќе биде понатаму до Црното Море, на основа на црвен фидик, што значи со пенали може да дојде до 750 милиони евра, истакна премиерот Мицкоски.
„Ги замолувам тие пари да ги потрошиме во модернизација на пругата на коридорот 10 и возовите наместо 30 на час да возат 100 на час и наместо три пати да биде намален буџетот на јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура, да може три пати да биде зголемен и наместо после две години прв пат да имаме една оперативна локомотива, да купиме 5 нови и да имаме повеќе композиции на вагони кои ќе поминуваат во државата.“, рече Мицкоски и дополни дека очекува со вакви средства да се финансира интерконекторот со Грција наместо да се бара ретендерирање или пролонгирање бидејќи тоа може само да ја поскапи цената на чинење.  

The post Мицкоски: Претходната власт се задолжила 550 милиони евра од ЕБОР за пруга која завршува во тунел без излез appeared first on Република.

]]>
Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо денеска и утре во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-ebor-odil-reno-baso-deneska-i-utre-vo-makedonija/ Mon, 22 Jul 2024 06:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=799018

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Македонија. За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор.

Со задоволство ја очекувам втората посета на Македонија. Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.

ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти.

The post Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо денеска и утре во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Македонија. За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор.
Со задоволство ја очекувам втората посета на Македонија. Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.
ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти.

The post Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо денеска и утре во Македонија appeared first on Република.

]]>
Косово од ЕБОР ќе добие 400 милиони евра за инвестиции https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-od-ebor-ke-dobie-400-milioni-evra-za-investitsii/ Mon, 26 Feb 2024 16:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=748622

Косовскиот премиер Албин Курти објави дека денеска потпишал договор со Европската банка за развој и обнова (ЕБОР) за инвестиции од 400 милиони евра во главните сектори за економски развој на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку неговата страница на платформата Х (поранешен Твитер), Курти информира дека со претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо потпишал партнерски меморандум, кој се очекува да донесе инвестиција од 400 милиони евра во Косово за периодот 2024–27.

Курти во објавата нагласува дека оваа сума е поголема од вкупно 340-те милиони евра добиени како заеми и грантови за сите претходни 11 години колку што Косово е членка на ЕБОР.

- Партнерството со ЕБОР е посилно од кога било. Штотуку потпишав Меморандум за договор со претседателот Одил Рено за 400 милиони евра инвестиции во главните сектори за периодот 2024-2727 година - повеќе од 340- те милиони евра заеми и грантови во текот на сите претходни 11 години откога Косово стана држава членка, напиша Курти.

The post Косово од ЕБОР ќе добие 400 милиони евра за инвестиции appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти објави дека денеска потпишал договор со Европската банка за развој и обнова (ЕБОР) за инвестиции од 400 милиони евра во главните сектори за економски развој на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку неговата страница на платформата Х (поранешен Твитер), Курти информира дека со претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо потпишал партнерски меморандум, кој се очекува да донесе инвестиција од 400 милиони евра во Косово за периодот 2024–27. Курти во објавата нагласува дека оваа сума е поголема од вкупно 340-те милиони евра добиени како заеми и грантови за сите претходни 11 години колку што Косово е членка на ЕБОР. - Партнерството со ЕБОР е посилно од кога било. Штотуку потпишав Меморандум за договор со претседателот Одил Рено за 400 милиони евра инвестиции во главните сектори за периодот 2024-2727 година - повеќе од 340- те милиони евра заеми и грантови во текот на сите претходни 11 години откога Косово стана држава членка, напиша Курти.

The post Косово од ЕБОР ќе добие 400 милиони евра за инвестиции appeared first on Република.

]]>
Џафери од Инвестицискиот самит на ЕБОР: Геополитичката позиција и економските политики нè прават атрактивен избор за инвестиции https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-od-investitsiskiot-samit-na-ebor-geopolitichkata-pozitsija-i-ekonomskite-politiki-ne-pravat-atraktiven-izbor-za-investitsii/ Mon, 26 Feb 2024 13:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=748550

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
На Самитот, премиерот Џафери учествуваше во дискусијата на премиерскиот панел на кој учествуваа премиери од Западен Балкан, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, премиерот на Република Косово, Албин Курти, премиерот на Албанија, Еди Рама, и домаќинот на Самитот, претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо.

На првиот дел од дискусијата, премиерите дискутираа на темата, „Зошто странските инвеститори би инвестирале во земјите од регионот“, на што премиерот Џафери истакна:

„Сведочиме на многубројни промени, кризи, конфликти со директен ефект врз сите глобални економии. Тука произлегува првиот одговор на прашањето зошто странските инвеститори би инвестирале во Македонија – а тоа е поради нарушувањето на глобалните добавувачки ланци. Поради близината до европските центри, Македонија е една од дестинациите за воспоставување на производство. Имаме добра локација, добри врски и пристаништа блиску до нас како Солун и Драч, па за кратко време производот произведен кај нас може да стигне до друга земја, односно до крајна дестинација.

Вториот аргумент е стабилната состојба на макроекономски и фискален план, интензивниот процес на хармонизација на домашното со законодавството на ЕУ, поволното деловно опкружување и добро развиените програми за поддршка за инвеститорите. Тука ја вклучуваме и стимулативната даночна политика, меѓу другото и преку склучување на договори за одбегнување на двојното оданочување и даночната евазија. Македонија нема закони кои ги дискриминираат странските инвеститори, ние ги сметаме за наши - бидејќи сите придонесуваат за иста цел - подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Трет аргумент се значителните стимулации за компаниите кои работат кај нас. Тие вклучуваат различни мерки, и тоа: субвенции за отворање работни места и за капитални инвестиции, субвенции до 50% од прифатливите инвестициски трошоци за истражување и развој и поддршка на извозниците. Ниското ниво на оданочување на добивките на корпоративниот сектор и доходот на физичките лица, односно 10% стапка на корпоративниот данок и на данокот на личен доход, стимулира раст на економската активност и инвестициите. Кај нас успешно оперираат повеќе технолошки индустриски развојни зони кои се особено атрактивни за странските инвестиции.

Нашата држава предводи во регионот со имплементирани закони и подзаконски акти кои се целосно усогласени со Европската енергетска заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар. Отпочнавме преговори со Европската Унија и членка сме на НАТО. Тоа нуди стабилност. Имаме склучено договори за слободна трговија со ЕУ (27 земји), ЕФТА (4 земји), ЦЕФТА (7 земји), Билатерална слободна трговија со Турција, Украина и Обединетото Кралство“.

Во вториот дел од панелот, премиерите ги дискутираа приоритетите на Владите од регионот како и прекуграничните соработки, на што премиерот Џафери нагласи:

„Република Македонија, по донесување на Законот за енергетика, практично го либерализира пазарот на енергетското поле. Во тој контекст е атрактивна за инвестиции од обновливи извори, имајќи предвид дека земјава во текот на годинава има преку 250 сончеви денови. И, има можности за искористување на силата на ветрот за да може и тој извор да се користи. Од особено значење е електро-енергетската поврзаност со соседите. Во тек е проектот за поврзување со Република Албанија и со тоа фактички се завршува процесот на електро-енергетско поврзување со сите соседи.

Патната инфраструктура, со тоа и железничкиот дел од таа инфраструктура е од особено значење, имајќи предвид дека во тек се изградбите на железничката пруга Куманово - граница со Бугарија и со тоа се поврзуваме понатаму и со инфраструктурата со Бугарија. Коридорот 8 и дел од коридорот 10-Д којшто овозможува поврзување на релација Јон-Адриатик - Црно Море. Од геостратешки аспект е значењето на овој коридор, особено во однос на потребите од НАТО контекст, во потребите за движење и комуникација во логистичка смисла, апропо состојбите во регионот на Црното море, секако и на Блискиот Исток.

Во однос на енергетиката, секако се работи на интерконекторот, гасното поврзување со Грција, односно со Република Србија и тоа е во контекст на внатрешната потреба за гасификација на Република Македонија и во тој контекст се и проекциите за тоа поврзување.

Тоа се во главно проектите. Дел од проектите ги спомна, поврзувањето со Република Косово, премиерот Курти. Во нашиот дел значи до половина стои како обврска и е потпишана билатерална спогодба и делот од Коридорот за поврзување на Коридорот 8 со автопатот Арбен Џафери делницата, средства финансиски се обезбедени. Во тек е постапката за избор на изведувач и да почне доградбата на таа делница. Целиот регион се поврзува автопатски и тоа придонесува да брзината на комуникација и во економска смисла, односно на она што би биле инвестиции и во нашиот дел. Низата други, помали проекти, не е ниту место ниту потреба таксативно да се спомнуваат, но има доста проекции кои се во тек и кои се интересни за присуство на странски инвеститори кои се добредојдени“.

The post Џафери од Инвестицискиот самит на ЕБОР: Геополитичката позиција и економските политики нè прават атрактивен избор за инвестиции appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими. На Самитот, премиерот Џафери учествуваше во дискусијата на премиерскиот панел на кој учествуваа премиери од Западен Балкан, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, премиерот на Република Косово, Албин Курти, премиерот на Албанија, Еди Рама, и домаќинот на Самитот, претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо. На првиот дел од дискусијата, премиерите дискутираа на темата, „Зошто странските инвеститори би инвестирале во земјите од регионот“, на што премиерот Џафери истакна: „Сведочиме на многубројни промени, кризи, конфликти со директен ефект врз сите глобални економии. Тука произлегува првиот одговор на прашањето зошто странските инвеститори би инвестирале во Македонија – а тоа е поради нарушувањето на глобалните добавувачки ланци. Поради близината до европските центри, Македонија е една од дестинациите за воспоставување на производство. Имаме добра локација, добри врски и пристаништа блиску до нас како Солун и Драч, па за кратко време производот произведен кај нас може да стигне до друга земја, односно до крајна дестинација. Вториот аргумент е стабилната состојба на макроекономски и фискален план, интензивниот процес на хармонизација на домашното со законодавството на ЕУ, поволното деловно опкружување и добро развиените програми за поддршка за инвеститорите. Тука ја вклучуваме и стимулативната даночна политика, меѓу другото и преку склучување на договори за одбегнување на двојното оданочување и даночната евазија. Македонија нема закони кои ги дискриминираат странските инвеститори, ние ги сметаме за наши - бидејќи сите придонесуваат за иста цел - подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Трет аргумент се значителните стимулации за компаниите кои работат кај нас. Тие вклучуваат различни мерки, и тоа: субвенции за отворање работни места и за капитални инвестиции, субвенции до 50% од прифатливите инвестициски трошоци за истражување и развој и поддршка на извозниците. Ниското ниво на оданочување на добивките на корпоративниот сектор и доходот на физичките лица, односно 10% стапка на корпоративниот данок и на данокот на личен доход, стимулира раст на економската активност и инвестициите. Кај нас успешно оперираат повеќе технолошки индустриски развојни зони кои се особено атрактивни за странските инвестиции. Нашата држава предводи во регионот со имплементирани закони и подзаконски акти кои се целосно усогласени со Европската енергетска заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар. Отпочнавме преговори со Европската Унија и членка сме на НАТО. Тоа нуди стабилност. Имаме склучено договори за слободна трговија со ЕУ (27 земји), ЕФТА (4 земји), ЦЕФТА (7 земји), Билатерална слободна трговија со Турција, Украина и Обединетото Кралство“. Во вториот дел од панелот, премиерите ги дискутираа приоритетите на Владите од регионот како и прекуграничните соработки, на што премиерот Џафери нагласи: „Република Македонија, по донесување на Законот за енергетика, практично го либерализира пазарот на енергетското поле. Во тој контекст е атрактивна за инвестиции од обновливи извори, имајќи предвид дека земјава во текот на годинава има преку 250 сончеви денови. И, има можности за искористување на силата на ветрот за да може и тој извор да се користи. Од особено значење е електро-енергетската поврзаност со соседите. Во тек е проектот за поврзување со Република Албанија и со тоа фактички се завршува процесот на електро-енергетско поврзување со сите соседи. Патната инфраструктура, со тоа и железничкиот дел од таа инфраструктура е од особено значење, имајќи предвид дека во тек се изградбите на железничката пруга Куманово - граница со Бугарија и со тоа се поврзуваме понатаму и со инфраструктурата со Бугарија. Коридорот 8 и дел од коридорот 10-Д којшто овозможува поврзување на релација Јон-Адриатик - Црно Море. Од геостратешки аспект е значењето на овој коридор, особено во однос на потребите од НАТО контекст, во потребите за движење и комуникација во логистичка смисла, апропо состојбите во регионот на Црното море, секако и на Блискиот Исток. Во однос на енергетиката, секако се работи на интерконекторот, гасното поврзување со Грција, односно со Република Србија и тоа е во контекст на внатрешната потреба за гасификација на Република Македонија и во тој контекст се и проекциите за тоа поврзување. Тоа се во главно проектите. Дел од проектите ги спомна, поврзувањето со Република Косово, премиерот Курти. Во нашиот дел значи до половина стои како обврска и е потпишана билатерална спогодба и делот од Коридорот за поврзување на Коридорот 8 со автопатот Арбен Џафери делницата, средства финансиски се обезбедени. Во тек е постапката за избор на изведувач и да почне доградбата на таа делница. Целиот регион се поврзува автопатски и тоа придонесува да брзината на комуникација и во економска смисла, односно на она што би биле инвестиции и во нашиот дел. Низата други, помали проекти, не е ниту место ниту потреба таксативно да се спомнуваат, но има доста проекции кои се во тек и кои се интересни за присуство на странски инвеститори кои се добредојдени“.

The post Џафери од Инвестицискиот самит на ЕБОР: Геополитичката позиција и економските политики нè прават атрактивен избор за инвестиции appeared first on Република.

]]>
Џафери на Инвестициски самит за Западен Балкан на ЕБОР https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-na-investitsiski-samit-za-zapaden-balkan-na-ebor/ Sun, 25 Feb 2024 17:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=748210

Премирот на техничката влада, Талат Џафери утре ќе учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој.

Како што соопштија од Влада, Џафери ќе биде придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

За време на Самитот, тој ќе присуствува на централниот и придружен настан, а ќе оствари и билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо.

 

The post Џафери на Инвестициски самит за Западен Балкан на ЕБОР appeared first on Република.

]]>

Премирот на техничката влада, Талат Џафери утре ќе учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој. Како што соопштија од Влада, Џафери ќе биде придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими. За време на Самитот, тој ќе присуствува на централниот и придружен настан, а ќе оствари и билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо.  

The post Џафери на Инвестициски самит за Западен Балкан на ЕБОР appeared first on Република.

]]>
ЕБОР инвестираше рекордни 846 милиони евра во Србија во 2023 година https://republika.mk/vesti/balkan/ebor-investirashe-rekordni-846-milioni-evra-vo-srbija-vo-2023-godina/ Thu, 25 Jan 2024 09:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=736642

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата година инвестираше во Србија рекордни 846 милиони евра, што е за речиси 200 милиони евра повеќе од 2022 година и значително над претходниот максимум од 679 милиони евра во 2020 година.

Како што соопштија од банката, Србија по првпат се рангираше меѓу првите пет приматели на инвестиции од ЕБОР.

Исто така, во 2023 година, ЕБОР финансираше 28 проекти во Србија, со фокус на зелената транзиција, дигиталниот напредок и економската вклученост.

The post ЕБОР инвестираше рекордни 846 милиони евра во Србија во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата година инвестираше во Србија рекордни 846 милиони евра, што е за речиси 200 милиони евра повеќе од 2022 година и значително над претходниот максимум од 679 милиони евра во 2020 година. Како што соопштија од банката, Србија по првпат се рангираше меѓу првите пет приматели на инвестиции од ЕБОР. Исто така, во 2023 година, ЕБОР финансираше 28 проекти во Србија, со фокус на зелената транзиција, дигиталниот напредок и економската вклученост.

The post ЕБОР инвестираше рекордни 846 милиони евра во Србија во 2023 година appeared first on Република.

]]>
ЕБОР: Македонската економија годинава со скромен раст од 2 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/ebor-makedonskata-ekonomija-godinava-so-skromen-rast-od-2-otsto/ Wed, 27 Sep 2023 10:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=685594

Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива.

Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, пред да се зголеми на 3 отсто во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување. И покрај натамошното зголемување на минималните плати од април 2023 година, зголемувањето на пензиите и ограничувањата на цените на некои основни производи, побарувачката на домаќинствата ќе остане пригушена во 2023 година, бидејќи високите нивоа на инфлација ги намалуваат реалните приходи. Економското забавување на главните трговски партнери ќе се одрази на извозот, додека зголемената неизвесност и заострените услови за финансирање може да влијаат на довербата на инвеститорите, се наведува во извештајот на ЕБОР за земјава.

ЕБОР очекува економскиот раст во регионот на Западен Балкан да забави до 2 отсто во 2023 година, а наредната да достигне до 3,4 проценти.

Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5 проценти, Албанија и Хрватска 2,5 проценти, Грција 2,4 проценти, Србија 1,8 проценти, Бугарија 1,6 проценти, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5 проценти.

The post ЕБОР: Македонската економија годинава со скромен раст од 2 отсто appeared first on Република.

]]>

Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива. Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, пред да се зголеми на 3 отсто во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување. И покрај натамошното зголемување на минималните плати од април 2023 година, зголемувањето на пензиите и ограничувањата на цените на некои основни производи, побарувачката на домаќинствата ќе остане пригушена во 2023 година, бидејќи високите нивоа на инфлација ги намалуваат реалните приходи. Економското забавување на главните трговски партнери ќе се одрази на извозот, додека зголемената неизвесност и заострените услови за финансирање може да влијаат на довербата на инвеститорите, се наведува во извештајот на ЕБОР за земјава. ЕБОР очекува економскиот раст во регионот на Западен Балкан да забави до 2 отсто во 2023 година, а наредната да достигне до 3,4 проценти. Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5 проценти, Албанија и Хрватска 2,5 проценти, Грција 2,4 проценти, Србија 1,8 проценти, Бугарија 1,6 проценти, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5 проценти.

The post ЕБОР: Македонската економија годинава со скромен раст од 2 отсто appeared first on Република.

]]>
ЕБОР разгледува можност за заем на Македонија од 175 милиони евра за доизградба на пругата кон Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/ebor-razgleduva-mozhnost-za-zaem-na-makedonija-od-175-milioni-evra-za-doizgradba-na-prugata-kon-bugarija/ Fri, 16 Jun 2023 09:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=652039

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека се разгледува можноста за одобрување државен заем од 175 милиони евра на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Македонија за доизградба на дел од европскиот железнички Коридор VIII.

Средствата ќе бидат наменети за завршување на последната делница од железницата на источниот крај на Коридор VIII.

Со заемот ќе се финансираат изградбата, сигнализацијата и телекомуникациите од Крива Паланка до бугарската граница во вкупна должина од 23,4 километри и електрификацијата на целокупната источна железничка пруга вклучувајќи ги делниците 1, 2 и 3 во вкупна должина од 88 километри.

Коридорот VIII е составен дел на една од петте нови Транснационални европски транспортни оски („TEN-T“), исток – запад од Црното до Јадранското Море.

Со финансирање на изградбата на третиот преостанат дел, ќе се воспостави првото поврзување на македонскиот железнички транспорт со бугарската железничка мрежа, ќе се олесни меѓународното/транзитното движење на стоки и луѓе, особено со соседните земји на ЕУ и Турција, ќе се придонесе за префрлување на сообраќајот од патен на железнички транспорт преку подобрување на конкурентноста на железничкиот сектор. Проектот ќе ја зголеми и безбедноста и сигурноста во сообраќајот и за патниците и за товарот, ќе понуди можности за развој на бизнисот во близина на железничката пруга и станиците и ќе ги подобри еколошките услови во населените места и регионите опфатени со проектот, се наведува во соопштенито од ЕБОР.

The post ЕБОР разгледува можност за заем на Македонија од 175 милиони евра за доизградба на пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека се разгледува можноста за одобрување државен заем од 175 милиони евра на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Македонија за доизградба на дел од европскиот железнички Коридор VIII. Средствата ќе бидат наменети за завршување на последната делница од железницата на источниот крај на Коридор VIII. Со заемот ќе се финансираат изградбата, сигнализацијата и телекомуникациите од Крива Паланка до бугарската граница во вкупна должина од 23,4 километри и електрификацијата на целокупната источна железничка пруга вклучувајќи ги делниците 1, 2 и 3 во вкупна должина од 88 километри. Коридорот VIII е составен дел на една од петте нови Транснационални европски транспортни оски („TEN-T“), исток – запад од Црното до Јадранското Море. Со финансирање на изградбата на третиот преостанат дел, ќе се воспостави првото поврзување на македонскиот железнички транспорт со бугарската железничка мрежа, ќе се олесни меѓународното/транзитното движење на стоки и луѓе, особено со соседните земји на ЕУ и Турција, ќе се придонесе за префрлување на сообраќајот од патен на железнички транспорт преку подобрување на конкурентноста на железничкиот сектор. Проектот ќе ја зголеми и безбедноста и сигурноста во сообраќајот и за патниците и за товарот, ќе понуди можности за развој на бизнисот во близина на железничката пруга и станиците и ќе ги подобри еколошките услови во населените места и регионите опфатени со проектот, се наведува во соопштенито од ЕБОР.

The post ЕБОР разгледува можност за заем на Македонија од 175 милиони евра за доизградба на пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
Maкедонската економија ќе расте само два отсто, косовската четири https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskata-ekonomija-ke-raste-samo-dva-otsto-kosovskata-chetiri/ Tue, 16 May 2023 08:15:13 +0000 https://republika.mk/?p=641229

Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи.

Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто.

Албанската економија годинава ќе има раст од 2,5, а следната 3,3 проценти, Босна и Херцеговина (2,0% и 3,0%), Косово (3,5% и 4,0%), Црна Гора (3,3% и 3,7%), и Србија (2,2% и 3,4%)

ЕБОР во извештајот наведува дека на економските перспективи на Западен Балкан годинава ќе влијаат инфлаторните притисоци и послабите изгледи на напредните економии во Европа, со попозитивни прогнози за 2024 година кога се очекува економскиот раст да се зголеми на 3,4 отсто.

The post Maкедонската економија ќе расте само два отсто, косовската четири appeared first on Република.

]]>

Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи. Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто.
Албанската економија годинава ќе има раст од 2,5, а следната 3,3 проценти, Босна и Херцеговина (2,0% и 3,0%), Косово (3,5% и 4,0%), Црна Гора (3,3% и 3,7%), и Србија (2,2% и 3,4%) ЕБОР во извештајот наведува дека на економските перспективи на Западен Балкан годинава ќе влијаат инфлаторните притисоци и послабите изгледи на напредните економии во Европа, со попозитивни прогнози за 2024 година кога се очекува економскиот раст да се зголеми на 3,4 отсто.

The post Maкедонската економија ќе расте само два отсто, косовската четири appeared first on Република.

]]>
ЕБОР ги смени прогнозите за македонскиот БДП на полошо https://republika.mk/vesti/ekonomija/ebor-gi-smeni-prognozite-za-makedonskiot-bdp-na-polosho/ Fri, 17 Feb 2023 07:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=609983

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози за регионите што ги покрива и проценките за Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2,0, а во наредната 3,0 проценти.

Како што соопшти ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември минатата година.

За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3,0 проценти, годинава ќе биде 2,2, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти.

Споредено со последниот извештај и оценка на ЕБОР од септември, проценетиот раст на БДП за Западен Балкан за годинава е намален за 0,8 отсто, како резултат на слабата надворешна побарувачка, високата инфлација и построгите услови за финансирање.

Високите цени на енергенсите и инфлацијата продолжуваат да влијаат на економските изгледи на сите региони што ги покрива банката, кои опфаќаат три континенти. Прогнозите за раст се со надолни проекции во повеќе од половината од 36-те економии во кои работи ЕБОР, со многу малку нагорни проекции. Просечната инфлација во регионите на ЕБОР во декември падна на 16,5 отсто, откако го достигна врвот од 17,5 отсто во октомври.

ЕБОР проценува дека просечниот раст на БДП во регионите што ги покрива лани бил 2,4 отсто, годинава ќе изнесува 2,1, а во 2024 ќе достигне 3,3 отсто.

Банката најавува дека посеопфатен извештај за економските перспективи ќе објави во мај.

The post ЕБОР ги смени прогнозите за македонскиот БДП на полошо appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози за регионите што ги покрива и проценките за Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2,0, а во наредната 3,0 проценти. Како што соопшти ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември минатата година. За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3,0 проценти, годинава ќе биде 2,2, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти. Споредено со последниот извештај и оценка на ЕБОР од септември, проценетиот раст на БДП за Западен Балкан за годинава е намален за 0,8 отсто, како резултат на слабата надворешна побарувачка, високата инфлација и построгите услови за финансирање. Високите цени на енергенсите и инфлацијата продолжуваат да влијаат на економските изгледи на сите региони што ги покрива банката, кои опфаќаат три континенти. Прогнозите за раст се со надолни проекции во повеќе од половината од 36-те економии во кои работи ЕБОР, со многу малку нагорни проекции. Просечната инфлација во регионите на ЕБОР во декември падна на 16,5 отсто, откако го достигна врвот од 17,5 отсто во октомври. ЕБОР проценува дека просечниот раст на БДП во регионите што ги покрива лани бил 2,4 отсто, годинава ќе изнесува 2,1, а во 2024 ќе достигне 3,3 отсто. Банката најавува дека посеопфатен извештај за економските перспективи ќе објави во мај.

The post ЕБОР ги смени прогнозите за македонскиот БДП на полошо appeared first on Република.

]]>
Растот на македонскиот БДП годинава 2,0 отсто, прогнозира ЕБОР https://republika.mk/vesti/ekonomija/rastot-na-makedonskiot-bdp-godinava-2-0-otsto-prognozira-ebor/ Fri, 17 Feb 2023 07:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=609987

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози за регионите што ги покрива и проценките за Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2,0, а во наредната 3,0 проценти.

Како што соопшти ЕБОР, проценката за македонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември минатата година.

За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3,0 проценти, годинава ќе биде 2,2, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти.

Споредено со последниот извештај и оценка на ЕБОР од септември, проценетиот раст на БДП за Западен Балкан за годинава е намален за 0,8 отсто, како резултат на слабата надворешна побарувачка, високата инфлација и построгите услови за финансирање.

Високите цени на енергенсите и инфлацијата продолжуваат да влијаат на економските изгледи на сите региони што ги покрива банката, кои опфаќаат три континенти. Прогнозите за раст се со надолни проекции во повеќе од половината од 36-те економии во кои работи ЕБОР, со многу малку нагорни проекции. Просечната инфлација во регионите на ЕБОР во декември падна на 16,5 отсто, откако го достигна врвот од 17,5 отсто во октомври.

ЕБОР проценува дека просечниот раст на БДП во регионите што ги покрива лани бил 2,4 отсто, годинава ќе изнесува 2,1, а во 2024 ќе достигне 3,3 отсто.

Банката најавува дека посеопфатен извештај за економските перспективи ќе објави во мај.

The post Растот на македонскиот БДП годинава 2,0 отсто, прогнозира ЕБОР appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози за регионите што ги покрива и проценките за Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2,0, а во наредната 3,0 проценти. Како што соопшти ЕБОР, проценката за македонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември минатата година. За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3,0 проценти, годинава ќе биде 2,2, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти. Споредено со последниот извештај и оценка на ЕБОР од септември, проценетиот раст на БДП за Западен Балкан за годинава е намален за 0,8 отсто, како резултат на слабата надворешна побарувачка, високата инфлација и построгите услови за финансирање. Високите цени на енергенсите и инфлацијата продолжуваат да влијаат на економските изгледи на сите региони што ги покрива банката, кои опфаќаат три континенти. Прогнозите за раст се со надолни проекции во повеќе од половината од 36-те економии во кои работи ЕБОР, со многу малку нагорни проекции. Просечната инфлација во регионите на ЕБОР во декември падна на 16,5 отсто, откако го достигна врвот од 17,5 отсто во октомври. ЕБОР проценува дека просечниот раст на БДП во регионите што ги покрива лани бил 2,4 отсто, годинава ќе изнесува 2,1, а во 2024 ќе достигне 3,3 отсто. Банката најавува дека посеопфатен извештај за економските перспективи ќе објави во мај.

The post Растот на македонскиот БДП годинава 2,0 отсто, прогнозира ЕБОР appeared first on Република.

]]>
ЕБОР одобри 55 милиони евра заем за системот за управување со отпад во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/ebor-odobri-55-milioni-evra-zaem-za-sistemot-za-upravuvane-so-otpad-vo-makedonija/ Wed, 18 Jan 2023 07:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=598092

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска информираше дека одобрила 55 милиони евра заем за Македонија за модернизација и проширување на системот за управување со отпад во земјата.

Ние сме среќни што ќе ја поддржиме модернизацијата на системот за управување со отпад на Македонија со нашата прва инвестиција во овој сектор. Модернизирање на системите за управување со отпад и зголемување на стапките на рециклирање се клучни за намалување на загадувањето, за креирање можности во циркуларната економија и за движење на земјата поблизу до еколошките стандарди на Европската Унија, изјави Сузан Герансон, директорка на ЕБОР за инфраструктура.

Според соопштението, проектот вклучува и помош финансирана од донатори, вклучително и 24 милиони евра инвестициски грантови и 13.1 милиони евра техничка помош.

The post ЕБОР одобри 55 милиони евра заем за системот за управување со отпад во Македонија appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска информираше дека одобрила 55 милиони евра заем за Македонија за модернизација и проширување на системот за управување со отпад во земјата.
Ние сме среќни што ќе ја поддржиме модернизацијата на системот за управување со отпад на Македонија со нашата прва инвестиција во овој сектор. Модернизирање на системите за управување со отпад и зголемување на стапките на рециклирање се клучни за намалување на загадувањето, за креирање можности во циркуларната економија и за движење на земјата поблизу до еколошките стандарди на Европската Унија, изјави Сузан Герансон, директорка на ЕБОР за инфраструктура.
Според соопштението, проектот вклучува и помош финансирана од донатори, вклучително и 24 милиони евра инвестициски грантови и 13.1 милиони евра техничка помош.

The post ЕБОР одобри 55 милиони евра заем за системот за управување со отпад во Македонија appeared first on Република.

]]>
Лани сме добиле 6,5 милиони евра казна од ЕБОР за неградење на пругата кон Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/lani-sme-dobile-6-5-milioni-evra-kazna-od-ebor-za-negradenje-na-prugata-kon-bugarija/ Fri, 12 Aug 2022 08:28:27 +0000 https://republika.mk/?p=539401

Минатата година на Европската банка за обнова и развој сме му платиле 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци - Крива Паланка, пренесува „Фактор“. Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Ова го потврдува Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, во која повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од една година претходно.

„Инфраструктура“ овие пари му ги исплатил од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година кои изнесувале 393.930 милиони денари. Вкупните трошоци за камати и неповлечени средства кон меѓународниот кредитор изнесувале 405.413 милиони денари, затоа што 11.483.000 денари како казнени пенали кон ЕБОР биле платени и за делницата Куманово - Бељаковци.

Повеќе на „Фактор

The post Лани сме добиле 6,5 милиони евра казна од ЕБОР за неградење на пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Минатата година на Европската банка за обнова и развој сме му платиле 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци - Крива Паланка, пренесува „Фактор“. Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8. Ова го потврдува Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, во која повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од една година претходно. „Инфраструктура“ овие пари му ги исплатил од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година кои изнесувале 393.930 милиони денари. Вкупните трошоци за камати и неповлечени средства кон меѓународниот кредитор изнесувале 405.413 милиони денари, затоа што 11.483.000 денари како казнени пенали кон ЕБОР биле платени и за делницата Куманово - Бељаковци. Повеќе на „Фактор

The post Лани сме добиле 6,5 милиони евра казна од ЕБОР за неградење на пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
ЕБОР со милијарда евра за Украина https://republika.mk/vesti/svet/ebor-so-milijarda-evra-za-ukraina/ Thu, 12 May 2022 11:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=501473

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо.

Станува збор за дополнителни пари покрај двете милијарди евра од „пакетот за одржливост“, што го започна Банката на почетокот на руската инвазија врз Украина.

Донаторите изразија намера да обезбедат една милијарда евра на банката како одговор на војната во Украина, според изјавата на Рено-Басо во мароканскиот град Маракеш.

Неделава, ЕБОР прогнозира за намалување на 30 отсто на украинската економија годинава, што е повеќе од претходните проценки.

Украина проценува оти потребни се околу пет милијарди долари месечно само за да си го покрие буџетскиот дефицит.

Земјата сака донаторите да се фокусираат и на нејзиното идно закрепнување.

Во видеообраќање кон ЕБОР вчера, министерот за финансии на Украина, Сергеј Марченко ги повика меѓународните донатори да „ја зголемат максимално“ поддршката за неговата земја.

Според него, Киев може да покрие само околу 62 проценти од примарните буџетски потреби, без воени трошоци.

Украина ги повика западните држави да дадат поголема поддршка.

Американските власти во вторникот гласаа за пакет помош за Украина во вредност од 40 милијарди долари.

The post ЕБОР со милијарда евра за Украина appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. Станува збор за дополнителни пари покрај двете милијарди евра од „пакетот за одржливост“, што го започна Банката на почетокот на руската инвазија врз Украина. Донаторите изразија намера да обезбедат една милијарда евра на банката како одговор на војната во Украина, според изјавата на Рено-Басо во мароканскиот град Маракеш. Неделава, ЕБОР прогнозира за намалување на 30 отсто на украинската економија годинава, што е повеќе од претходните проценки. Украина проценува оти потребни се околу пет милијарди долари месечно само за да си го покрие буџетскиот дефицит. Земјата сака донаторите да се фокусираат и на нејзиното идно закрепнување. Во видеообраќање кон ЕБОР вчера, министерот за финансии на Украина, Сергеј Марченко ги повика меѓународните донатори да „ја зголемат максимално“ поддршката за неговата земја. Според него, Киев може да покрие само околу 62 проценти од примарните буџетски потреби, без воени трошоци. Украина ги повика западните држави да дадат поголема поддршка. Американските власти во вторникот гласаа за пакет помош за Украина во вредност од 40 милијарди долари.

The post ЕБОР со милијарда евра за Украина appeared first on Република.

]]>
Потпретседателот на ЕБОР Боуман во Скопје на средби со Ковачевски, Бесими и банкарската фела https://republika.mk/vesti/ekonomija/potpretsedatelot-na-ebor-bouman-vo-skopje-na-sredbi-so-kovachevski-besimi-i-bankarskata-fela/ Thu, 28 Apr 2022 07:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=494538

Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за политика и партнерство, Марк Боуман денеска и утре ќе престојува во посета на земјава, во рамки на која ќе има средби со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и со претставници на владини институции и на приватниот банкарски сектор и инвеститори.

Боуман и генералниот директор на финансиски институции на ЕБОР, Франсис Малиж ќе се обратат на Конференцијата посветена на централните банки,  организирана од Народна банка на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ).

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Македонија и до денес има инвестирано над 2.2 милијарди евра во 159 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, која се соочува со еден од најголемите предизвици на земјата – декарбонизација на економијата.

За оваа планирана цел, Банката направи бројни инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски ресурси, правејќи ја земјата понезависна и поотпорна.Наредниот проект е 10 мегаватна соларна фотоволтаична плантажа изградена на окното на стариот рудник со јаглен во Осломеј. Проектот е финансиран од ЕБОР, ЕУ и други меѓународни донатори, а ќе следат и други капацитети за производство на соларна енергија во таа област, како и 30 мегаватни соларни фотоволтаици во Битола.

ЕБОР и ЕУ помагаат во зајакнување на електричната мрежа и ја поврзуваат со други регионални мрежи. Во Охрид се гради нова потстаница за електрична енергија, која е финансирана од ЕБОР и ЕУ. Преку новиот интерконектор, мрежата на Македонија ќе има зголемени, современи конекции со Албанија, Грција, Бугарија, Црна Гора и Италија. Проектот е финална фаза на иницијативата на ЕУ за воспоставување коридор за пренос на електрична енергија исток – запад, помеѓу овие земји.

Со цел да се подобри отпорноста на приватниот и финансискиот сектор, ЕБОР подготви нови упатства за компаниите во однос на нивното известување за владеење  на еколошките, социјалните и управувачките аспекти.

Помеѓу инвестициските проекти во земјата, кои во моментов се во фаза на разгледување за финансирање, спаѓаат и главната Европска патна мрежа – автопатот во четири ленти од Скопје до Косовската граница, надградба на управувањето со цврст отпад и голем број на кредитни линии за енергетска ефикасност за локалните банки, кои ќе им се позајмуваат на мали и средни претпријатија. Кредитите на ЕБОР ќе бидат дополнети со грантови од ЕУ, швајцарската Влада и други меѓународни донатори.

The post Потпретседателот на ЕБОР Боуман во Скопје на средби со Ковачевски, Бесими и банкарската фела appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за политика и партнерство, Марк Боуман денеска и утре ќе престојува во посета на земјава, во рамки на која ќе има средби со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и со претставници на владини институции и на приватниот банкарски сектор и инвеститори. Боуман и генералниот директор на финансиски институции на ЕБОР, Франсис Малиж ќе се обратат на Конференцијата посветена на централните банки,  организирана од Народна банка на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ). ЕБОР е главен институционален инвеститор во Македонија и до денес има инвестирано над 2.2 милијарди евра во 159 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, која се соочува со еден од најголемите предизвици на земјата – декарбонизација на економијата. За оваа планирана цел, Банката направи бројни инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски ресурси, правејќи ја земјата понезависна и поотпорна.Наредниот проект е 10 мегаватна соларна фотоволтаична плантажа изградена на окното на стариот рудник со јаглен во Осломеј. Проектот е финансиран од ЕБОР, ЕУ и други меѓународни донатори, а ќе следат и други капацитети за производство на соларна енергија во таа област, како и 30 мегаватни соларни фотоволтаици во Битола. ЕБОР и ЕУ помагаат во зајакнување на електричната мрежа и ја поврзуваат со други регионални мрежи. Во Охрид се гради нова потстаница за електрична енергија, која е финансирана од ЕБОР и ЕУ. Преку новиот интерконектор, мрежата на Македонија ќе има зголемени, современи конекции со Албанија, Грција, Бугарија, Црна Гора и Италија. Проектот е финална фаза на иницијативата на ЕУ за воспоставување коридор за пренос на електрична енергија исток – запад, помеѓу овие земји. Со цел да се подобри отпорноста на приватниот и финансискиот сектор, ЕБОР подготви нови упатства за компаниите во однос на нивното известување за владеење  на еколошките, социјалните и управувачките аспекти. Помеѓу инвестициските проекти во земјата, кои во моментов се во фаза на разгледување за финансирање, спаѓаат и главната Европска патна мрежа – автопатот во четири ленти од Скопје до Косовската граница, надградба на управувањето со цврст отпад и голем број на кредитни линии за енергетска ефикасност за локалните банки, кои ќе им се позајмуваат на мали и средни претпријатија. Кредитите на ЕБОР ќе бидат дополнети со грантови од ЕУ, швајцарската Влада и други меѓународни донатори.

The post Потпретседателот на ЕБОР Боуман во Скопје на средби со Ковачевски, Бесими и банкарската фела appeared first on Република.

]]>
Средба Бесими – Рено-Басо: Енергетската криза го покажува значењето на инвестициите во зелената агенда https://republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-besimi-reno-baso-energetskata-kriza-go-pokazuva-znachenjeto-na-investiciite-vo-zelenata-agenda/ Sat, 09 Apr 2022 12:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=485816

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е најактивна меѓународна финансиска институција во земјава. Во изминатите 30 години РС Македонија има континуирана поддршка во реализација на своите приоритети, а таа поддршкa продолжува и понатаму. Потврда за успешната и долгорочна соработка беше искажана денеска на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо, во рамките на Делфи форумот што се одржува во Грција.

„Зелената агенда е во фокусот на работата на Владата. Тоа се покажува дека е значајно особено во услови на енергетска криза и обезбедување енергенси од сопствени извори. На тој пат во проширување на капацитетите за производство на електрична енергија е значајна поддршката од меѓународните финансиски институции, а особено од ЕБОР, истакна министерот Бесими.

Потсетувајќи на мерките што ги презема Владата за справување со влијанието од ценовната и енергетската криза и потребата на евентуално дополнителна поддршка на стандардот на граѓаните и домашната економија, што директно зависи од развојот и времетраењето на настаните во Украина, министерот напомена дека за надминување на енергетската криза со помал притисок добредојдена е поддршката од меѓуанародни институции како во периодот на Ковид-19 пандемијата.

„Пакетот мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите е 400 милиони евра. Поддршката за да се влијае да нема висок раст на цената на електричаната, но и на топлинската енергија ,кон ЕСМ почна уште минатата година и таа изнесува 10,6 милијарди денари. За да се поддржи понатаму ликвидноста на компанијата, од страна на ЕБОР е понудена  кредитна линија, која е во постапка на обезбедување. Кредитната линија, е значајно што се обезбедува со каматна стапка од околу 1 %. Разговорите меѓу ЕБОР и ЕСМ се во тек и се очекува наскоро да бидат финализирани сите правни документи кои ќе бидат потпишани по донесување на закон за гаранција од страна на Собранието на РС Македонија, посочи министерот Бесими.

На средбата беше потенцирано дека ова е огромна криза, која го зафати целиот свет, особено Европа, на чие тло се води војна, а особено во период кога се уште не беше економијата закрепната од ковид-кризата и потребни се заеднички напори и инвестиции.

За РС Македонија особено е значајна реализацијата на прекуграничната гасна интерконекција со Грција за која веќе се обезбедени дел од средствата и грант од ВБИФ и потребна е поддршка за затворање на финансиската конструкција. Инвестицијата се процедува на 53 милиони евра, а обезбедени се 25 милиони евра од ЕИБ и 12 милиони грант од ВБИФ.

На состанокот беше потенцирана поддршката што ЕБОР ја дава во реализација на инфраструктурните проекти од Коридорот 8, како и изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

Министерот Бесими истакна дека РС Македонија ја цени поддршка на ЕБОР за добивање на грантот од ВБИФ во вкупен износ од 230,35 милиони евра, од кои 152,45 милиони евра се наменети за кофинансирање на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, односно последната делница Крива Паланка – граница со Бугарија. При тоа беше дискутирано во иднина Министерството за финансии и ЕБОР да иницираат активности за започнување на изградбата на западниот дел  од железничката пруга на Коридот 8, од Кичево до границата со Албанија.

Активното портфолио на ЕБОР во земјава во моментов изнесува над 900 милиони евра, од кои 83 % проценти од средствата се планирани во инфраструктурни проекти, 14 % во финансискиот сектор и 3 % во секторот индустрија, трговија и земјоделство.  ЕБОР е активна во земјава од 1993 година и досега има одобрено 154 проекти во вредност од 2,2 милијарди евра.

 

The post Средба Бесими – Рено-Басо: Енергетската криза го покажува значењето на инвестициите во зелената агенда appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е најактивна меѓународна финансиска институција во земјава. Во изминатите 30 години РС Македонија има континуирана поддршка во реализација на своите приоритети, а таа поддршкa продолжува и понатаму. Потврда за успешната и долгорочна соработка беше искажана денеска на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо, во рамките на Делфи форумот што се одржува во Грција. „Зелената агенда е во фокусот на работата на Владата. Тоа се покажува дека е значајно особено во услови на енергетска криза и обезбедување енергенси од сопствени извори. На тој пат во проширување на капацитетите за производство на електрична енергија е значајна поддршката од меѓународните финансиски институции, а особено од ЕБОР, истакна министерот Бесими. Потсетувајќи на мерките што ги презема Владата за справување со влијанието од ценовната и енергетската криза и потребата на евентуално дополнителна поддршка на стандардот на граѓаните и домашната економија, што директно зависи од развојот и времетраењето на настаните во Украина, министерот напомена дека за надминување на енергетската криза со помал притисок добредојдена е поддршката од меѓуанародни институции како во периодот на Ковид-19 пандемијата. „Пакетот мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите е 400 милиони евра. Поддршката за да се влијае да нема висок раст на цената на електричаната, но и на топлинската енергија ,кон ЕСМ почна уште минатата година и таа изнесува 10,6 милијарди денари. За да се поддржи понатаму ликвидноста на компанијата, од страна на ЕБОР е понудена  кредитна линија, која е во постапка на обезбедување. Кредитната линија, е значајно што се обезбедува со каматна стапка од околу 1 %. Разговорите меѓу ЕБОР и ЕСМ се во тек и се очекува наскоро да бидат финализирани сите правни документи кои ќе бидат потпишани по донесување на закон за гаранција од страна на Собранието на РС Македонија, посочи министерот Бесими. На средбата беше потенцирано дека ова е огромна криза, која го зафати целиот свет, особено Европа, на чие тло се води војна, а особено во период кога се уште не беше економијата закрепната од ковид-кризата и потребни се заеднички напори и инвестиции. За РС Македонија особено е значајна реализацијата на прекуграничната гасна интерконекција со Грција за која веќе се обезбедени дел од средствата и грант од ВБИФ и потребна е поддршка за затворање на финансиската конструкција. Инвестицијата се процедува на 53 милиони евра, а обезбедени се 25 милиони евра од ЕИБ и 12 милиони грант од ВБИФ. На состанокот беше потенцирана поддршката што ЕБОР ја дава во реализација на инфраструктурните проекти од Коридорот 8, како и изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Министерот Бесими истакна дека РС Македонија ја цени поддршка на ЕБОР за добивање на грантот од ВБИФ во вкупен износ од 230,35 милиони евра, од кои 152,45 милиони евра се наменети за кофинансирање на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, односно последната делница Крива Паланка – граница со Бугарија. При тоа беше дискутирано во иднина Министерството за финансии и ЕБОР да иницираат активности за започнување на изградбата на западниот дел  од железничката пруга на Коридот 8, од Кичево до границата со Албанија. Активното портфолио на ЕБОР во земјава во моментов изнесува над 900 милиони евра, од кои 83 % проценти од средствата се планирани во инфраструктурни проекти, 14 % во финансискиот сектор и 3 % во секторот индустрија, трговија и земјоделство.  ЕБОР е активна во земјава од 1993 година и досега има одобрено 154 проекти во вредност од 2,2 милијарди евра.  

The post Средба Бесими – Рено-Басо: Енергетската криза го покажува значењето на инвестициите во зелената агенда appeared first on Република.

]]>
ЕБОР: Поддршка од милион евра за инвестиции на домаќинствата во енергетска ефикасност https://republika.mk/vesti/ekonomija/ebor-poddrshka-od-milion-evra-za-investicii-na-domakjinstvata-vo-energetska-efikasnost/ Thu, 10 Mar 2022 14:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=470731

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ги поддржува еколошките инвестиции во Македонија со доделување кредит во износ од милион евра за Комерцијална банка Скопје преку Програмата на ЕБОР за финансирање на зелена економија – GEFF .

Средствата ќе бидат достапни за физички лица за инвестиции во мерки за заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, топлотни пумпи, соларни панели и други решенија, соопшти Канцеларијата на ЕБОР во Скопје.

По успешна имплементација на мерките, како што се додава во соопштението, корисниците ќе имаат право на грант во износ дo 20 отсто од вредноста на кредитот. Средствата за грантовите се обезбедени од Европската Унија.

Ни претставува задоволство што го градиме успешното партнерство со Комерцијална банка Скопје и што ја зголемуваме нашата поддршка на инвестиции во енергетска ефикасност во земјата. Инвестициите во енергетска ефикасност имаат повеќекратни бенефити. Тие придонесуваат во намалување на сметките за електрична енергија на граѓаните, но и во намалување на производството и потрошувачката на електрична енергија во земјата, и конечно до намалување на емисиите на јаглероден диоксид, изјави Анди Аранитаси, претставник за Македонија на ЕБОР.

Заклучно со февруари годинава Програмата за поддршка на инвестиции во зелена енергија GEFF, во државава е искористена од скоро 2.700 домаќинства во износ од околу 20 милиони евра. Најчесто финансирани технологии се прозорците и вратите, изолацијата и топлотните пумпи.

Комерцијална банка Скопје, се приклучи на оваа програма во 2020 година и веќе има поддржано инвестиции на приватни позајмувачи во енергетска ефикасност во износ од милион евра.

Кредитната линија GEFF за Западен Балкан, поддржана од ЕУ Програмата за инвестиција на Западен Балкан и Австриското федерално министерство за финансии, е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан. Целта на програмата е да го поддржи регионот, познат по високиот интензитет на енергија, во насока на подобрување на енергетската ефикасност во секторот на домување, кој е еден од најголемите потрошувачи на енергија.

Од ЕБОР потенцираат дека се главен институционален инвеститор во државава, со инвестирани над 2,2 милијарди евра во 154 проекти. Поддршката на зелената енергија е приоритет за Банката, бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата, истакнуваат од ЕБОР.

The post ЕБОР: Поддршка од милион евра за инвестиции на домаќинствата во енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ги поддржува еколошките инвестиции во Македонија со доделување кредит во износ од милион евра за Комерцијална банка Скопје преку Програмата на ЕБОР за финансирање на зелена економија – GEFF . Средствата ќе бидат достапни за физички лица за инвестиции во мерки за заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, топлотни пумпи, соларни панели и други решенија, соопшти Канцеларијата на ЕБОР во Скопје. По успешна имплементација на мерките, како што се додава во соопштението, корисниците ќе имаат право на грант во износ дo 20 отсто од вредноста на кредитот. Средствата за грантовите се обезбедени од Европската Унија. Ни претставува задоволство што го градиме успешното партнерство со Комерцијална банка Скопје и што ја зголемуваме нашата поддршка на инвестиции во енергетска ефикасност во земјата. Инвестициите во енергетска ефикасност имаат повеќекратни бенефити. Тие придонесуваат во намалување на сметките за електрична енергија на граѓаните, но и во намалување на производството и потрошувачката на електрична енергија во земјата, и конечно до намалување на емисиите на јаглероден диоксид, изјави Анди Аранитаси, претставник за Македонија на ЕБОР. Заклучно со февруари годинава Програмата за поддршка на инвестиции во зелена енергија GEFF, во државава е искористена од скоро 2.700 домаќинства во износ од околу 20 милиони евра. Најчесто финансирани технологии се прозорците и вратите, изолацијата и топлотните пумпи. Комерцијална банка Скопје, се приклучи на оваа програма во 2020 година и веќе има поддржано инвестиции на приватни позајмувачи во енергетска ефикасност во износ од милион евра. Кредитната линија GEFF за Западен Балкан, поддржана од ЕУ Програмата за инвестиција на Западен Балкан и Австриското федерално министерство за финансии, е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан. Целта на програмата е да го поддржи регионот, познат по високиот интензитет на енергија, во насока на подобрување на енергетската ефикасност во секторот на домување, кој е еден од најголемите потрошувачи на енергија. Од ЕБОР потенцираат дека се главен институционален инвеститор во државава, со инвестирани над 2,2 милијарди евра во 154 проекти. Поддршката на зелената енергија е приоритет за Банката, бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата, истакнуваат од ЕБОР.

The post ЕБОР: Поддршка од милион евра за инвестиции на домаќинствата во енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>