Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска информираше дека одобрила 55 милиони евра заем за Македонија за модернизација и проширување на системот за управување со отпад во земјата.

Ние сме среќни што ќе ја поддржиме модернизацијата на системот за управување со отпад на Македонија со нашата прва инвестиција во овој сектор. Модернизирање на системите за управување со отпад и зголемување на стапките на рециклирање се клучни за намалување на загадувањето, за креирање можности во циркуларната економија и за движење на земјата поблизу до еколошките стандарди на Европската Унија, изјави Сузан Герансон, директорка на ЕБОР за инфраструктура.

Според соопштението, проектот вклучува и помош финансирана од донатори, вклучително и 24 милиони евра инвестициски грантови и 13.1 милиони евра техничка помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.