е-трговија Archives - Република https://republika.mk/tema/e-trgovija/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 10:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png е-трговија Archives - Република https://republika.mk/tema/e-trgovija/ 32 32 Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskiot-e-kupuvach-so-slichen-kalap-kako-balkanskiot-pravi-zdelki-do-50-evra-a-najmnogu-surfa-na-sotsijalni-mrezhi-i-telefonira/ Tue, 12 Nov 2024 10:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=836704

Македонскиот е-купувач е сличен на балканскиот, добро е поврзан со интернет, но главно го користи за социјални медиуми, телефонирање, видео повици,... Најчесто прави нарачки до 50 евра и купува облека. Притоа, ова не му е навика, туку го прави еднаш до двапати во три месеци што значи дека е „случаен онлајн купувач“. Генерално плаќа во готово при достава и прави зделки со домашни продавачи.

Како што рече денеска претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков, некои од причините за ваквите карактеристики се немањето доволно дигитални вештини, ниското ниво на користење е-банкарство, немањето навики за плаќање со картичка, како и немањето доверба дали ќе стигне производот.

Врз е-трговијата, оцени Ангеловска Станков, многу влијае и доставата. Според последната анкета која опфатила 40 компании од Западен Балкан, најголем предизвик се токму брзината на доставување, флексибилноста, доверливоста и недоволната професионалност на доставувачите кои многу влијаат врз креирањето на искуството кај граѓаните од онлајн купувањето.

Најновите податоци покажуваат дека во земјава над 86,6 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници.

Регионот споредено со Европа има најниско ниво на иматели на сметки, на платежни картички и најмалку користи платежните картички. Кешот е се уште доминантен начин на плаќање. Денеска ќе видиме како да ги „отплеткаме“ другите платежни методи кои во развиените земји се норма и каде плаќање во готово не се ни нуди како опција, истакна Ангеловска Станков пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

Земјите од Западен Балкан имаат напредок во е-трговијата, но и покрај растот, се рангирани најниско во споредба со европските држави.

Имаме прогрес, но далеку сме од фаќање чекор со европските земји. Имаме уште многу работа. Во однос на подготвеноста за е-трговија, секогаш ја гледаме и дигиталната подготвеност како предуслов. Тука се уште не сме на завидно ниво зашто во однос на дигитални вештини, регионот е многу ниско рангиран и потребно е забрзување. Албанија во однос на е-трговијата минатите пет години бележи раст од 370 проценти, а Србија како најголем пазар има најголем потенцијал - има 65 отсто онлајн купувачи од интернет корисниците, додека Македонија е на второ место со 54 проценти, рече Ангеловска Станков.

Македонскиот е-купувач, освен облека, купува и електроника, производи за домаќинство,...

Имаме разлики со европскиот купувач кога се работи за електрониката. Албанија, на пример, купува повеќе од европскиот купувач, а Црногорците многу нарачуваат храна од ресторани за разлика од Европјаните. Во однос на зделките кои се најчесто до 50 евра, една од причините е купувната моќ. Сепак, дел од овие зделки се плаќаат во кеш при доставата. Во Европа нарачките просечно се од 100 - 500 евра. Битна е и колку често купувате, кај нас онлајн купувањето се уште не е навика, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија.

Нејзина оценка е и дека приватните пошти имаат значаен раст во работењето, но мора да применат помодерни технологии за да го оптимизираат работењето и да ги намалат трошоците, како и да го подобрат квалитетот. Недостигот на кадар, порача, може да се надмине со подобра технологија.

Најновите податоци се охрабрувачки. Над 86,6 отсто од домаќинствата во земјава имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Овие бројки ја поставуваат нашата држава на водечките позиции во регионот, но го отсликуваат и потенцијалот за развој. Охрабрувачки е да се види како нашите домашни платформи веќе имплементираат современи технолошки решенија од напредни системи базирани на вештачка интелигенција, иновативни платежни решенија, до нови начини на достава. Ова покажува дека имаме капацитет да развиваме решенија кои ги задоволуваат современите потрошувачки потреби и можат да се напредуваат со глобалните стандарди, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој најави дека во наредниот период ќе се посвети внимание на создавање поволна деловна клима која ќе поттикне претприемништво и во дигиталната сфера.

Преку континуиран дијалог и соработка ќе продолжиме да работиме на создавање поконкурентен и динамичен екосистем кој ќе биде двигател на економскиот раст и на дигиталната трансформација. Со заедничка визија и координарани напори можеме да ги надминеме предизвиците и да го искористиме целосниот потенцијал на дигиталната економија во нашиот регион за да го достигнеме нивото на европските пазари. Нашата намера е да работиме и на олеснување на прекуграничната трговија, унапредување на системите за плаќање и модернизација на логистичката инфраструктура, рече министерот.

На 7. регионална конференција за е-трговија која се одржува во Скопје под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, има над 700 учесници од дома и од регионот, претставници од водечки компании, меѓународни организации и академски институции.

Како што рече Ангеловска Станков, потенцијалот на регионот во однос на е-трговијата почнаа да го забележуваат и интернационални компании кои влегоа на овие пазари, а се забележува и ширење на регионални компании во повеќе земји од Западен Балкан.

The post Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира appeared first on Република.

]]>

Македонскиот е-купувач е сличен на балканскиот, добро е поврзан со интернет, но главно го користи за социјални медиуми, телефонирање, видео повици,... Најчесто прави нарачки до 50 евра и купува облека. Притоа, ова не му е навика, туку го прави еднаш до двапати во три месеци што значи дека е „случаен онлајн купувач“. Генерално плаќа во готово при достава и прави зделки со домашни продавачи. Како што рече денеска претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков, некои од причините за ваквите карактеристики се немањето доволно дигитални вештини, ниското ниво на користење е-банкарство, немањето навики за плаќање со картичка, како и немањето доверба дали ќе стигне производот. Врз е-трговијата, оцени Ангеловска Станков, многу влијае и доставата. Според последната анкета која опфатила 40 компании од Западен Балкан, најголем предизвик се токму брзината на доставување, флексибилноста, доверливоста и недоволната професионалност на доставувачите кои многу влијаат врз креирањето на искуството кај граѓаните од онлајн купувањето. Најновите податоци покажуваат дека во земјава над 86,6 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Регионот споредено со Европа има најниско ниво на иматели на сметки, на платежни картички и најмалку користи платежните картички. Кешот е се уште доминантен начин на плаќање. Денеска ќе видиме како да ги „отплеткаме“ другите платежни методи кои во развиените земји се норма и каде плаќање во готово не се ни нуди како опција, истакна Ангеловска Станков пред почетокот на регионална конференција за е-трговија. Земјите од Западен Балкан имаат напредок во е-трговијата, но и покрај растот, се рангирани најниско во споредба со европските држави. Имаме прогрес, но далеку сме од фаќање чекор со европските земји. Имаме уште многу работа. Во однос на подготвеноста за е-трговија, секогаш ја гледаме и дигиталната подготвеност како предуслов. Тука се уште не сме на завидно ниво зашто во однос на дигитални вештини, регионот е многу ниско рангиран и потребно е забрзување. Албанија во однос на е-трговијата минатите пет години бележи раст од 370 проценти, а Србија како најголем пазар има најголем потенцијал - има 65 отсто онлајн купувачи од интернет корисниците, додека Македонија е на второ место со 54 проценти, рече Ангеловска Станков. Македонскиот е-купувач, освен облека, купува и електроника, производи за домаќинство,... Имаме разлики со европскиот купувач кога се работи за електрониката. Албанија, на пример, купува повеќе од европскиот купувач, а Црногорците многу нарачуваат храна од ресторани за разлика од Европјаните. Во однос на зделките кои се најчесто до 50 евра, една од причините е купувната моќ. Сепак, дел од овие зделки се плаќаат во кеш при доставата. Во Европа нарачките просечно се од 100 - 500 евра. Битна е и колку често купувате, кај нас онлајн купувањето се уште не е навика, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија. Нејзина оценка е и дека приватните пошти имаат значаен раст во работењето, но мора да применат помодерни технологии за да го оптимизираат работењето и да ги намалат трошоците, како и да го подобрат квалитетот. Недостигот на кадар, порача, може да се надмине со подобра технологија. Најновите податоци се охрабрувачки. Над 86,6 отсто од домаќинствата во земјава имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Овие бројки ја поставуваат нашата држава на водечките позиции во регионот, но го отсликуваат и потенцијалот за развој. Охрабрувачки е да се види како нашите домашни платформи веќе имплементираат современи технолошки решенија од напредни системи базирани на вештачка интелигенција, иновативни платежни решенија, до нови начини на достава. Ова покажува дека имаме капацитет да развиваме решенија кои ги задоволуваат современите потрошувачки потреби и можат да се напредуваат со глобалните стандарди, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој најави дека во наредниот период ќе се посвети внимание на создавање поволна деловна клима која ќе поттикне претприемништво и во дигиталната сфера. Преку континуиран дијалог и соработка ќе продолжиме да работиме на создавање поконкурентен и динамичен екосистем кој ќе биде двигател на економскиот раст и на дигиталната трансформација. Со заедничка визија и координарани напори можеме да ги надминеме предизвиците и да го искористиме целосниот потенцијал на дигиталната економија во нашиот регион за да го достигнеме нивото на европските пазари. Нашата намера е да работиме и на олеснување на прекуграничната трговија, унапредување на системите за плаќање и модернизација на логистичката инфраструктура, рече министерот. На 7. регионална конференција за е-трговија која се одржува во Скопје под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, има над 700 учесници од дома и од регионот, претставници од водечки компании, меѓународни организации и академски институции. Како што рече Ангеловска Станков, потенцијалот на регионот во однос на е-трговијата почнаа да го забележуваат и интернационални компании кои влегоа на овие пазари, а се забележува и ширење на регионални компании во повеќе земји од Западен Балкан.

The post Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира appeared first on Република.

]]>
Го напуштил училиштето на 17, го заработил првиот милион на 20, а на 22 години сака да се пензионира https://republika.mk/vesti/svet/go-napushtil-uchilishteto-na-17-go-zarabotil-prviot-milion-na-20-a-na-22-godini-saka-da-se-penzionira/ Thu, 11 May 2023 13:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=639753

Хајден Боулс на Јутјуб го следат 300 илјади луѓе, додека на ТикТок има 100 илјади следбеници. Тој често споделува совети на социјалните мрежи за тоа како изградил бројни бизниси во тинејџерските години, пренесува „Дејли мејл“. Боулс заработил милиони преку инвестирање во недвижнини и онлајн курсеви за „dropshipping“ и реклами на ТикТок.

Почнав да заработувам значителни приходи од мојот бизнис кога имав 17 години, во индустријата за е-трговија. Сè уште работам, сакам да работам, но технички сум во пензија поради парите што ги заработив од недвижнини“, објаснува тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hayden Bowles (@realhayden)

Тој додава дека парите што ги добива од претходните инвестиции го плаќаат неговиот животен стил. Компаниите на Хајден продолжиле да растат и да отвораат нови филијали, а младиот претприемач заклучил дека богатството е разликата помеѓу приходите и расходите и дека нема одредена бројка која ќе одреди дали некој е богат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hayden Bowles (@realhayden)

Откако го напуштил училиштето на 17-годишна возраст, тој ја основал платформата „Еком сизн“ (Ecom Season), која нуди низа курсеви кои чинат до 575 долари. Во едно од видеата тој вели дека не жали што не отишол на факултет бидејќи искуството е сосема слично.

Ги правите сите глупави работи што ги правите на факултет, но одите 20 нивоа подалеку бидејќи сите имаат пари“, вели тој.

Тој тврди дека до 20-тата година ги зголемил приходите за четири пати во однос на заработката на 17-годишна возраст, па на дваесет години веќе заработил милион долари. Сега вели дека собрал повеќе од 20 милиони долари преку зделки фокусирани на е-трговија.

Тој им порачува на следбениците на социјалните мрежи да избегнуваат повеќекратни напори и да се фокусираат на една работа што сакаат да ја прават долгорочно.

Инфлуенсерот редовно споделува фотографии од неговите луксузни патувања и одмори низ САД, како и фотографии од скапи автомобили и приватни авиони.

The post Го напуштил училиштето на 17, го заработил првиот милион на 20, а на 22 години сака да се пензионира appeared first on Република.

]]>

Хајден Боулс на Јутјуб го следат 300 илјади луѓе, додека на ТикТок има 100 илјади следбеници. Тој често споделува совети на социјалните мрежи за тоа како изградил бројни бизниси во тинејџерските години, пренесува „Дејли мејл“. Боулс заработил милиони преку инвестирање во недвижнини и онлајн курсеви за „dropshipping“ и реклами на ТикТок.
Почнав да заработувам значителни приходи од мојот бизнис кога имав 17 години, во индустријата за е-трговија. Сè уште работам, сакам да работам, но технички сум во пензија поради парите што ги заработив од недвижнини“, објаснува тој.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Hayden Bowles (@realhayden)

Тој додава дека парите што ги добива од претходните инвестиции го плаќаат неговиот животен стил. Компаниите на Хајден продолжиле да растат и да отвораат нови филијали, а младиот претприемач заклучил дека богатството е разликата помеѓу приходите и расходите и дека нема одредена бројка која ќе одреди дали некој е богат.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Hayden Bowles (@realhayden)

Откако го напуштил училиштето на 17-годишна возраст, тој ја основал платформата „Еком сизн“ (Ecom Season), која нуди низа курсеви кои чинат до 575 долари. Во едно од видеата тој вели дека не жали што не отишол на факултет бидејќи искуството е сосема слично.
Ги правите сите глупави работи што ги правите на факултет, но одите 20 нивоа подалеку бидејќи сите имаат пари“, вели тој.
Тој тврди дека до 20-тата година ги зголемил приходите за четири пати во однос на заработката на 17-годишна возраст, па на дваесет години веќе заработил милион долари. Сега вели дека собрал повеќе од 20 милиони долари преку зделки фокусирани на е-трговија. Тој им порачува на следбениците на социјалните мрежи да избегнуваат повеќекратни напори и да се фокусираат на една работа што сакаат да ја прават долгорочно. Инфлуенсерот редовно споделува фотографии од неговите луксузни патувања и одмори низ САД, како и фотографии од скапи автомобили и приватни авиони.

The post Го напуштил училиштето на 17, го заработил првиот милион на 20, а на 22 години сака да се пензионира appeared first on Република.

]]>
Конференцијата за е-трговија доби регионален карактер со повеќе од 500 гости https://republika.mk/zivot/kariera/konferencijata-za-e-trgovija-dobi-regionalen-karakter-so-povekje-od-500-gosti/ Fri, 11 Nov 2022 08:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=572652

Се е подготвено за 5. јубилејно издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи денес, во хотелот „DoubleТree By Hilton Skopje“ во Скопје, под мотото „E-commerce: Accelerate!”.

Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Тик-ток, Гугл, Пејонир, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената висококвалитетна програма кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Конференцијата годинава за првпат доби регионален карактер и истата е најголема досега - се очекува да присуствуваат повеќе од 500 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Бугарија што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.

Главниот акцент на годинашното јубилејно издание ќе биде ставен на забрзувањето како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите. Со забрзувањето доаѓа потребата за проширување на знаењето и имплементација на нови алатки, тактики, и стратегии. Многу компании успеваат да ја прилагодат е-трговијата како нивен примарен или дополнителен канал за продажба, но се уште не е остварен целосниот потенцијал кој го нуди е-трговијата за раст на бизнисите, велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, кои се организатори на овој настан.

Како дел од програмата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за користењето на новите технологии и автоматизација на процесите, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и совети за растење на бизнисите од најуспешните е-трговци во регионот.

Инаку, минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на преку 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.

Дека македонските компании се заинтересирани за унапредување на познавањата  од областа на е-трговијата, говори фактот дека сите влезници за овогодишното издание беа целосно распродадени една недела пред почетокот на конференцијата.

The post Конференцијата за е-трговија доби регионален карактер со повеќе од 500 гости appeared first on Република.

]]>

Се е подготвено за 5. јубилејно издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи денес, во хотелот „DoubleТree By Hilton Skopje“ во Скопје, под мотото „E-commerce: Accelerate!”. Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Тик-ток, Гугл, Пејонир, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената висококвалитетна програма кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг. Конференцијата годинава за првпат доби регионален карактер и истата е најголема досега - се очекува да присуствуваат повеќе од 500 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Бугарија што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.
Главниот акцент на годинашното јубилејно издание ќе биде ставен на забрзувањето како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите. Со забрзувањето доаѓа потребата за проширување на знаењето и имплементација на нови алатки, тактики, и стратегии. Многу компании успеваат да ја прилагодат е-трговијата како нивен примарен или дополнителен канал за продажба, но се уште не е остварен целосниот потенцијал кој го нуди е-трговијата за раст на бизнисите, велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, кои се организатори на овој настан.
Како дел од програмата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за користењето на новите технологии и автоматизација на процесите, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и совети за растење на бизнисите од најуспешните е-трговци во регионот. Инаку, минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на преку 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји. Дека македонските компании се заинтересирани за унапредување на познавањата  од областа на е-трговијата, говори фактот дека сите влезници за овогодишното издание беа целосно распродадени една недела пред почетокот на конференцијата.

The post Конференцијата за е-трговија доби регионален карактер со повеќе од 500 гости appeared first on Република.

]]>
Нарачки преку социјални мрежи кај 13,4 проценти од фирмите со е-продажба https://republika.mk/vesti/ekonomija/narachki-preku-socijalni-mrezi-kaj-13-4-procenti-od-firmite-so-e-prodazba/ Fri, 28 Oct 2022 12:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=566779

Над 13 проценти од деловните субјекти во Македонија, годинава, со е-продажбам примиле нарачки преку социјални мрежи, а нарачки за стоки и услуги преку веб продажба примиле 12,3 проценти од фирмите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, годинава 99,1 процент од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.

Од деловните субјекти кои користат компјутер, пристап до интернет имале 95,1 процент, а пристап преку фиксна конекција 89 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

The post Нарачки преку социјални мрежи кај 13,4 проценти од фирмите со е-продажба appeared first on Република.

]]>

Над 13 проценти од деловните субјекти во Македонија, годинава, со е-продажбам примиле нарачки преку социјални мрежи, а нарачки за стоки и услуги преку веб продажба примиле 12,3 проценти од фирмите. Според податоците на Државниот завод за статистика, годинава 99,1 процент од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа. Од деловните субјекти кои користат компјутер, пристап до интернет имале 95,1 процент, а пристап преку фиксна конекција 89 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

The post Нарачки преку социјални мрежи кај 13,4 проценти од фирмите со е-продажба appeared first on Република.

]]>
Лансирана првата регионална платформа за е-трговија https://republika.mk/vesti/ekonomija/lansirana-prvata-regionalna-platforma-za-e-trgovija/ Thu, 26 May 2022 09:28:27 +0000 https://republika.mk/?p=507165

Споредено со земјите од Западен Балкан, Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77 проценти од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71 процент, додека под европскиот просек се Македонија со 57 проценти, БиХ со 56 проценти и Србија со 52 процента. Ова се само дел од бизнис фактите и информациите поврзани со водење бизнис со е-трговија коишто од денеска официјално се достапни на првата регионална платформа за е-трговија „Е-трговијa за сите“ – ecommerce4all.eu.

Регионалната веб-платформа се развива од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија како главен имплементатор во соработка со асоцијациите за е-трговија и организациите од сродните индустрии од ЦЕФТА регионот.

Од АЕТМ информираат дека платформата, која претставува регионално проширување на македонската иницијатива „Ecommerce4All“, од денеска ќе биде достапна и во ЦЕФТА пазарите односно во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија.

Корисниците од регионот ќе можат да ја користат регионалната веб-платформа за е-трговија ecommerce4all.eu, во чии рамки е веќе достапен првиот од петте модули – модулот Податоци во е-трговијата. Модулот ја презентира состојбата на е-трговијата во пазарите од ЦЕФТА преку статистика и податоци за развојот (интерактивни графикони за состојбата на е-трговијата во секој пазар и споредби на е-купувачи, UNCTAD индекс за подготвеност за е-трговија и други релевантни податоци на Еуростат, на Светска Банка итн.), информации поврзани со подготвеност на земјите за водење бизнис со е-трговија, информации колку често, во која вредност и од каде купуваат онлајн купувачите итн. Овие податоци можат да им помогнат на компаниите во подобрување на работењето на локалниот пазар, но уште поважно, можат да им послужат на нивните планови за ширење на другите пазари во ЦЕФТА регионот.

Освен овој модул, платформата во текот на идниот период ќе биде надоградена со уште четири модули. Од нив, првите три модули ги покриваат клучните аспекти на водење бизнис во е-трговија, како што се правната регулатива за е-трговија, плаќање и испорака. Дополнително, платформата ќе биде збогатена со уште еден дополнителен модул – успешни приказни. Секој од овие модули ќе содржи релевантни информации специфични за конкретниот ЦЕФТА пазар, како и упатства, прирачници, документи поврзани со темата и видео презентации.

Веб-платформата е достапна на англиски јазик и на локалниот јазик за секој пазар.

Развојот на оваа веб-платформа е од огромно значењe за е-трговијата, за вклучените организации и за регионалната соработка помеѓу ЦЕФТА пазарите. Е-трговците можат да дознаат важни бизнис факти и неопходни релевантни информации за сите пазари од регионот со цел полесно да можат да ги прошират своите бизниси надвор од својот пазар. Од друга страна, организациите од регионот кои работат на веб- платформата, покрај тоа што веќе почнаа меѓусебно да соработуваат, ќе можат и да се етаблираат како“гласот на е-тргoвијата” во своите пазари, но и регионално“, вели во пишана изјава проектниот менаџер на овој проект, Марија Ристовска.

Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, пак, истакнува дека ова е прв регионален проект поврзан со е-трговија на кој асоцијациите за е-трговија и останатите организации од регионот соработуваат заеднички.

Преку оваа веб платформа очекуваме дека ќе се “отклучи” потенцијалот за раст и ширење на компаниите со е-трговија во регионот и дека значително ќе се зголеми соработката меѓу Асоцијациите, која пак ќе придонесе кон реализирање на уште повеќе иницијативи за е-трговија со регионален карактер, изјави Ангеловска.

Развојот на платформата „Ecommerce4All“ е поддржан од проектот за надворешна трговија на Oтворениот регионален фонд имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Главна цел е да се подобри меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој и го поддржува автономното спроведување на политиките усогласени со ЕУ, насочени кон постигнување на рамномерен регионален развој на државата. Фондот има за цел да го подобри спроведувањето на реформската агенда за трговија и конкурентност во ЦЕФТА регионот во согласност со барањата на процесот на приближување кон ЕУ.

The post Лансирана првата регионална платформа за е-трговија appeared first on Република.

]]>

Споредено со земјите од Западен Балкан, Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77 проценти од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71 процент, додека под европскиот просек се Македонија со 57 проценти, БиХ со 56 проценти и Србија со 52 процента. Ова се само дел од бизнис фактите и информациите поврзани со водење бизнис со е-трговија коишто од денеска официјално се достапни на првата регионална платформа за е-трговија „Е-трговијa за сите“ – ecommerce4all.eu. Регионалната веб-платформа се развива од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија како главен имплементатор во соработка со асоцијациите за е-трговија и организациите од сродните индустрии од ЦЕФТА регионот. Од АЕТМ информираат дека платформата, која претставува регионално проширување на македонската иницијатива „Ecommerce4All“, од денеска ќе биде достапна и во ЦЕФТА пазарите односно во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија. Корисниците од регионот ќе можат да ја користат регионалната веб-платформа за е-трговија ecommerce4all.eu, во чии рамки е веќе достапен првиот од петте модули – модулот Податоци во е-трговијата. Модулот ја презентира состојбата на е-трговијата во пазарите од ЦЕФТА преку статистика и податоци за развојот (интерактивни графикони за состојбата на е-трговијата во секој пазар и споредби на е-купувачи, UNCTAD индекс за подготвеност за е-трговија и други релевантни податоци на Еуростат, на Светска Банка итн.), информации поврзани со подготвеност на земјите за водење бизнис со е-трговија, информации колку често, во која вредност и од каде купуваат онлајн купувачите итн. Овие податоци можат да им помогнат на компаниите во подобрување на работењето на локалниот пазар, но уште поважно, можат да им послужат на нивните планови за ширење на другите пазари во ЦЕФТА регионот. Освен овој модул, платформата во текот на идниот период ќе биде надоградена со уште четири модули. Од нив, првите три модули ги покриваат клучните аспекти на водење бизнис во е-трговија, како што се правната регулатива за е-трговија, плаќање и испорака. Дополнително, платформата ќе биде збогатена со уште еден дополнителен модул – успешни приказни. Секој од овие модули ќе содржи релевантни информации специфични за конкретниот ЦЕФТА пазар, како и упатства, прирачници, документи поврзани со темата и видео презентации. Веб-платформата е достапна на англиски јазик и на локалниот јазик за секој пазар.
Развојот на оваа веб-платформа е од огромно значењe за е-трговијата, за вклучените организации и за регионалната соработка помеѓу ЦЕФТА пазарите. Е-трговците можат да дознаат важни бизнис факти и неопходни релевантни информации за сите пазари од регионот со цел полесно да можат да ги прошират своите бизниси надвор од својот пазар. Од друга страна, организациите од регионот кои работат на веб- платформата, покрај тоа што веќе почнаа меѓусебно да соработуваат, ќе можат и да се етаблираат како“гласот на е-тргoвијата” во своите пазари, но и регионално“, вели во пишана изјава проектниот менаџер на овој проект, Марија Ристовска.
Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, пак, истакнува дека ова е прв регионален проект поврзан со е-трговија на кој асоцијациите за е-трговија и останатите организации од регионот соработуваат заеднички.
Преку оваа веб платформа очекуваме дека ќе се “отклучи” потенцијалот за раст и ширење на компаниите со е-трговија во регионот и дека значително ќе се зголеми соработката меѓу Асоцијациите, која пак ќе придонесе кон реализирање на уште повеќе иницијативи за е-трговија со регионален карактер, изјави Ангеловска.
Развојот на платформата „Ecommerce4All“ е поддржан од проектот за надворешна трговија на Oтворениот регионален фонд имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Главна цел е да се подобри меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој и го поддржува автономното спроведување на политиките усогласени со ЕУ, насочени кон постигнување на рамномерен регионален развој на државата. Фондот има за цел да го подобри спроведувањето на реформската агенда за трговија и конкурентност во ЦЕФТА регионот во согласност со барањата на процесот на приближување кон ЕУ.

The post Лансирана првата регионална платформа за е-трговија appeared first on Република.

]]>
Се бележи раст на користењето интернет и онлајн купувањето во земјава https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-belezi-rast-na-koristenjeto-internet-i-onlajn-kupuvanjeto-vo-zemjava/ Sat, 01 Jan 2022 09:06:27 +0000 https://republika.mk/?p=439175

Во првиот квартал од минатата година, 86,4 проценти од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, наспроти 81,4 отсто во претходната година. Притоа, 87,8 проценти од мажите користеле интернет за разлика од 85,1 отсто од жените. Дури 80,5 проценти од Македонците биле активни на интернет на дневно ниво, а во однос на родовата распределба, мажите повеќе користеле интернет од жените. Соодносот е 82,6 наспроти 78,4 отсто.

Интернетот лани најмногу се користел за телефонирање, односно 90,6 проценти, потоа за следење на социјалните мрежи (85,2 отсто) и за размена на пораки преку Скајп, Месинџер, Ватсап, Вибер… (82,3 проценти).

Според Државниот завод за статистика, е-трговијата во првиот квартал лани бележи раст од 15,5 проценти. Спроведената анкета во првото тримесечје од годинава во која испитаниците се изјасниле за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци, покажува раст, односно 46,3 отсто од интернет-корисниците нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци наспроти 40,1 процент во однос на истиот период минатата година.

Како и минатите години, најмногу се купувало облека, вклучително и спортска опрема, а за разлика од порано, сега Македонците најмногу купуваат од домашни е-продавници (84,4 проценти).

Значаен скок во користењето на интернет-услугите има кај е-банкарството. За разлика од 2020 година, кога само 15,2 отсто од населението ги користело услугите на е-банкарството, во текот на 2021 година бројот е двојно зголемен, односно 31,1 процент од населението користи интернет за е-банкарство.

Во првата половина од минатата година вкупната вредност на онлајн трансакциите изнесувала 233 милиони евра, од кои 83 проценти се кон домашни е-продавници, а отворени се над 200 нови е-продавници. Лани беа отворени 439 нови виртуелни продавници, а на крајот од годината имало вкупно 1.459 електронски продажни места, односно е-трговци.

The post Се бележи раст на користењето интернет и онлајн купувањето во земјава appeared first on Република.

]]>

Во првиот квартал од минатата година, 86,4 проценти од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, наспроти 81,4 отсто во претходната година. Притоа, 87,8 проценти од мажите користеле интернет за разлика од 85,1 отсто од жените. Дури 80,5 проценти од Македонците биле активни на интернет на дневно ниво, а во однос на родовата распределба, мажите повеќе користеле интернет од жените. Соодносот е 82,6 наспроти 78,4 отсто. Интернетот лани најмногу се користел за телефонирање, односно 90,6 проценти, потоа за следење на социјалните мрежи (85,2 отсто) и за размена на пораки преку Скајп, Месинџер, Ватсап, Вибер… (82,3 проценти). Според Државниот завод за статистика, е-трговијата во првиот квартал лани бележи раст од 15,5 проценти. Спроведената анкета во првото тримесечје од годинава во која испитаниците се изјасниле за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци, покажува раст, односно 46,3 отсто од интернет-корисниците нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци наспроти 40,1 процент во однос на истиот период минатата година. Како и минатите години, најмногу се купувало облека, вклучително и спортска опрема, а за разлика од порано, сега Македонците најмногу купуваат од домашни е-продавници (84,4 проценти). Значаен скок во користењето на интернет-услугите има кај е-банкарството. За разлика од 2020 година, кога само 15,2 отсто од населението ги користело услугите на е-банкарството, во текот на 2021 година бројот е двојно зголемен, односно 31,1 процент од населението користи интернет за е-банкарство. Во првата половина од минатата година вкупната вредност на онлајн трансакциите изнесувала 233 милиони евра, од кои 83 проценти се кон домашни е-продавници, а отворени се над 200 нови е-продавници. Лани беа отворени 439 нови виртуелни продавници, а на крајот од годината имало вкупно 1.459 електронски продажни места, односно е-трговци.

The post Се бележи раст на користењето интернет и онлајн купувањето во земјава appeared first on Република.

]]>