Џорџија Мелони Archives - Република https://republika.mk/tema/dzordzija-meloni/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 18:43:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џорџија Мелони Archives - Република https://republika.mk/tema/dzordzija-meloni/ 32 32 Макрон ѝ ја бакна раката на Мелони, таа превртуваше со очите https://republika.mk/vesti/svet/makron-ja-bakna-rakata-na-meloni-taa-prevrtuvashe-so-ochite/ Sat, 15 Jun 2024 18:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=787969

Јавноста се забавува со реакцијата на италијанската премиерка Џорџија Мелони кога францускиот претседател Емануел Макрон ѝ пријде на самитот на Г7 и ја поздрави.

Работите меѓу двајцата државници ескалираа кога Италија побара да се отстранат референците за „безбеден и легален абортус“ од последната изјава на овонеделниот самит на Г7 - нешто со што Франција не се согласува.

Макрон подоцна рече дека „жално е што зборот „абортус“ недостасува во конечната декларација на Г7“.

Дека има несогласувања меѓу Мелони и Макрон можеше да се види од видеото од нивното ракување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Макрон ѝ пријде на Мелони, и се подаде да ѝ ја бакне раката, на што таа криво се насмевна, а подоцна, додека францускиот претседател се оддалечи, преврте со очите.

The post Макрон ѝ ја бакна раката на Мелони, таа превртуваше со очите appeared first on Република.

]]>

Јавноста се забавува со реакцијата на италијанската премиерка Џорџија Мелони кога францускиот претседател Емануел Макрон ѝ пријде на самитот на Г7 и ја поздрави. Работите меѓу двајцата државници ескалираа кога Италија побара да се отстранат референците за „безбеден и легален абортус“ од последната изјава на овонеделниот самит на Г7 - нешто со што Франција не се согласува. Макрон подоцна рече дека „жално е што зборот „абортус“ недостасува во конечната декларација на Г7“. Дека има несогласувања меѓу Мелони и Макрон можеше да се види од видеото од нивното ракување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи. Макрон ѝ пријде на Мелони, и се подаде да ѝ ја бакне раката, на што таа криво се насмевна, а подоцна, додека францускиот претседател се оддалечи, преврте со очите.

The post Макрон ѝ ја бакна раката на Мелони, таа превртуваше со очите appeared first on Република.

]]>
Мелони ја загуби Сардинија на регионалните избори https://republika.mk/vesti/svet/meloni-ja-zagubi-sardinija-na-regionalnite-izbori/ Tue, 27 Feb 2024 14:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=748967

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја загуби власта на медитеранскиот остров Сардинија, со што нејзината десничарска коалиција го доживеа првиот значаен изборен неуспех по преземањето на функцијата во 2022 година, покажаа денеска резултатите од регионалните избори.

Алесандра Тоде, членка на левичарското Движење Пет ѕвезди поддржано од Демократската партија освои 45,4 отсто од гласовите на изборите во неделата надминувајќи го Паоло Труцу, кандидатот избран од Мелони, кој освои 45,0 отсто.

И со некои ливчиња што останаа да се пребројат Труцу веќе го призна поразот, а Тоде ја прослави својата победа заедно со шефот на Демократската партија, Ели Шлајн, и поранешниот премиер Џузепе Конте, водачот на Пет ѕвезди.

Почнуваат да дуваат разни ветрови, рече Шлајн.

Тоде, поранешна функционерка во владината канцеларија за индустрија и успешен менаџер, ќе биде првата претседателка на островот и првата претседателка на италијански регион од Движењето Пет ѕвезди.

Тоа е исто така првпат левиот центар да успее да ја промени волјата на гласачите на Сардинија од 2015 година давајќи им на опозициските партии поттик пред уште четири регионални избори оваа година и изборите за Европскиот парламент во јуни.

 

The post Мелони ја загуби Сардинија на регионалните избори appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја загуби власта на медитеранскиот остров Сардинија, со што нејзината десничарска коалиција го доживеа првиот значаен изборен неуспех по преземањето на функцијата во 2022 година, покажаа денеска резултатите од регионалните избори. Алесандра Тоде, членка на левичарското Движење Пет ѕвезди поддржано од Демократската партија освои 45,4 отсто од гласовите на изборите во неделата надминувајќи го Паоло Труцу, кандидатот избран од Мелони, кој освои 45,0 отсто. И со некои ливчиња што останаа да се пребројат Труцу веќе го призна поразот, а Тоде ја прослави својата победа заедно со шефот на Демократската партија, Ели Шлајн, и поранешниот премиер Џузепе Конте, водачот на Пет ѕвезди.
Почнуваат да дуваат разни ветрови, рече Шлајн.
Тоде, поранешна функционерка во владината канцеларија за индустрија и успешен менаџер, ќе биде првата претседателка на островот и првата претседателка на италијански регион од Движењето Пет ѕвезди. Тоа е исто така првпат левиот центар да успее да ја промени волјата на гласачите на Сардинија од 2015 година давајќи им на опозициските партии поттик пред уште четири регионални избори оваа година и изборите за Европскиот парламент во јуни.  

The post Мелони ја загуби Сардинија на регионалните избори appeared first on Република.

]]>
Maкрон го поздрави изборот на Мелони https://republika.mk/vesti/svet/makron-go-pozdravi-izborot-na-meloni/ Mon, 26 Sep 2022 18:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=554402

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека го почитува демократскиот избор на Италијанците и го повика Рим да продолжи да работи заедно со Европејците.

„Италијанскиот народ направи демократски и суверен избор. Ние го почитуваме“, рече Макрон во изјавата објавена од Елисејската палата, по победата на екстремно десничарската партија „Италијански браќа“ на парламентарните избори во Италија.

„Како соседни и пријателски земји, ние треба да продолжиме да работиме заедно“, додаде тој

The post Maкрон го поздрави изборот на Мелони appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека го почитува демократскиот избор на Италијанците и го повика Рим да продолжи да работи заедно со Европејците. „Италијанскиот народ направи демократски и суверен избор. Ние го почитуваме“, рече Макрон во изјавата објавена од Елисејската палата, по победата на екстремно десничарската партија „Италијански браќа“ на парламентарните избори во Италија.
„Како соседни и пријателски земји, ние треба да продолжиме да работиме заедно“, додаде тој

The post Maкрон го поздрави изборот на Мелони appeared first on Република.

]]>