Џастин Трудо Archives - Република https://republika.mk/tema/dzastin-trudo/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 10:37:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џастин Трудо Archives - Република https://republika.mk/tema/dzastin-trudo/ 32 32 Трудо: Вклучувањето на севернокорејските трупи во конфликтот во Украина може да ја ескалира војната https://republika.mk/vesti/svet/trudo-vkluchuvaneto-na-severnokorejskite-trupi-vo-konfliktot-vo-ukraina-mozhe-da-ja-eskalira-vojnata/ Wed, 30 Oct 2024 10:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=832370

Канадскиот премиер Џастин Трудо оцени дека распоредувањето и вклучувањето на севернокорејските трупи во конфликтот во Украина веројатно ќе ја ескалира војната, sоопштено е денеска од кабинетот на јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

Според информациите, Трудо рекол дека војната значително ќе влијае на безбедносната средина во Европа и индо-пацифичкиот регион, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Канада предложи поблиска соработка меѓу двете земји во врска со развојот на оваа ситуација, се наведува во соопштението за печатот.

Во вторникот, Соединетите Американски Држави потврдија дека некои севернокорејски војници се во регионот Курск, руската погранична област каде што украинските сили извршија инвазија во август и сè уште контролираат стотици квадратни километри од таа територија.

Јужнокорејските власти претходно посочија дека некои севернокорејски војници можеби веќе се преместени на линијата на фронтот и изразија загриженост дека не се знае што Русија би можела да му даде на Пјонгјанг за возврат.

Јужнокорејскиот претседател Џун потврди дека темпото на распоредување на севернокорејските војници во Русија е побрзо од очекуваното, оценувајќи дека тоа создава опасна ситуација, пренесува Танјуг.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

The post Трудо: Вклучувањето на севернокорејските трупи во конфликтот во Украина може да ја ескалира војната appeared first on Република.

]]>

Канадскиот премиер Џастин Трудо оцени дека распоредувањето и вклучувањето на севернокорејските трупи во конфликтот во Украина веројатно ќе ја ескалира војната, sоопштено е денеска од кабинетот на јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. Според информациите, Трудо рекол дека војната значително ќе влијае на безбедносната средина во Европа и индо-пацифичкиот регион, пренесува Ројтерс. Премиерот на Канада предложи поблиска соработка меѓу двете земји во врска со развојот на оваа ситуација, се наведува во соопштението за печатот. Во вторникот, Соединетите Американски Држави потврдија дека некои севернокорејски војници се во регионот Курск, руската погранична област каде што украинските сили извршија инвазија во август и сè уште контролираат стотици квадратни километри од таа територија. Јужнокорејските власти претходно посочија дека некои севернокорејски војници можеби веќе се преместени на линијата на фронтот и изразија загриженост дека не се знае што Русија би можела да му даде на Пјонгјанг за возврат. Јужнокорејскиот претседател Џун потврди дека темпото на распоредување на севернокорејските војници во Русија е побрзо од очекуваното, оценувајќи дека тоа создава опасна ситуација, пренесува Танјуг.                    

The post Трудо: Вклучувањето на севернокорејските трупи во конфликтот во Украина може да ја ескалира војната appeared first on Република.

]]>
Трудо вознемирен заради поздравувањето на поранешен припадник на СС во парламентот на Канада https://republika.mk/vesti/svet/trudo-voznemiren-zaradi-pozdravuvaneto-na-poraneshen-pripadnik-na-ss-vo-parlamentot-na-kanada-2/ Tue, 26 Sep 2023 13:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=685235

Канадскиот премиер Џастин Трудо на прес за новинарите синоќа изјави дека е „многу вознемирен од ситуацијата“ со поздравувањето во парламентот на Канада на украински ветеран од Втората светска војна, кој беше претставен како херој од војната на Украина против Русите, но всушност бил припадник на германска СС дивизија.

Трудо кажа дека спикерот на парламентот Ентони Рот, чиј кабинет го поканил воениот ветеран, „ја призна својата грешка и се извини“. Поради инцидентот Полска побара извинување од канадското МНР. Русија испрати протестна нота.

-Мислам дека е најважно да настапиме против руската пропаганда, руската дезинформација и да продолжиме со нашата цврста и безусловна подршка за Украина, рече канадскиот премиер.

Скандалот со поканата во канадскиот Парламент на Јарослав Хунке, кој за време на Втората светска војна служел во составот на дивизијата „Галиција“ на СС се случи во петокот за време на заседание на парламентот во присуство на украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој се обрати на заседанието. Спикерот Рот го претстави Хунке како „херој во борбата против Русите“ при што присутните, меѓу кои и Зеленски, неговата сопруга и Трудо, му укажаа чест со стоечко ракоплескање.

По реакција на неколку еврејски организации меѓу кои и Пријатели на центарот Симон Византел за изучување на Холокаустот Симон Византел од Канада дека Хунке всушност е бивш припадник на СС, спикерот ја призна грешката и веднаш испрати извинување.

Трудо посочи дека ниту тој ниту делегацијата на Зеленски не знаеле за поканата во парламанетот на поранешен член на СС.

Амбасадата на Русија испрати до МНР на Канада протестна нота. Полска побара од канадските власти извинување. Ситуацијата исто така ја осудија и ОН.

Дивизијата на СС учествувала во репресивните операции во југоситочна Полска и во дистрикт Галиција. Од есента 1943 година делови од дивизијата се користеле за воени операции против партизаните на територијата на источна Европа.

Од центарот Византел укажаа дека Првата дивизија на СС „Галиција“ „беше одговорна за масовните убиства на невини цивили со таква бруталност и злоба кои не можат да се замислат“.

The post Трудо вознемирен заради поздравувањето на поранешен припадник на СС во парламентот на Канада appeared first on Република.

]]>

Канадскиот премиер Џастин Трудо на прес за новинарите синоќа изјави дека е „многу вознемирен од ситуацијата“ со поздравувањето во парламентот на Канада на украински ветеран од Втората светска војна, кој беше претставен како херој од војната на Украина против Русите, но всушност бил припадник на германска СС дивизија. Трудо кажа дека спикерот на парламентот Ентони Рот, чиј кабинет го поканил воениот ветеран, „ја призна својата грешка и се извини“. Поради инцидентот Полска побара извинување од канадското МНР. Русија испрати протестна нота. -Мислам дека е најважно да настапиме против руската пропаганда, руската дезинформација и да продолжиме со нашата цврста и безусловна подршка за Украина, рече канадскиот премиер. Скандалот со поканата во канадскиот Парламент на Јарослав Хунке, кој за време на Втората светска војна служел во составот на дивизијата „Галиција“ на СС се случи во петокот за време на заседание на парламентот во присуство на украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој се обрати на заседанието. Спикерот Рот го претстави Хунке како „херој во борбата против Русите“ при што присутните, меѓу кои и Зеленски, неговата сопруга и Трудо, му укажаа чест со стоечко ракоплескање. По реакција на неколку еврејски организации меѓу кои и Пријатели на центарот Симон Византел за изучување на Холокаустот Симон Византел од Канада дека Хунке всушност е бивш припадник на СС, спикерот ја призна грешката и веднаш испрати извинување. Трудо посочи дека ниту тој ниту делегацијата на Зеленски не знаеле за поканата во парламанетот на поранешен член на СС. Амбасадата на Русија испрати до МНР на Канада протестна нота. Полска побара од канадските власти извинување. Ситуацијата исто така ја осудија и ОН. Дивизијата на СС учествувала во репресивните операции во југоситочна Полска и во дистрикт Галиција. Од есента 1943 година делови од дивизијата се користеле за воени операции против партизаните на територијата на источна Европа. Од центарот Византел укажаа дека Првата дивизија на СС „Галиција“ „беше одговорна за масовните убиства на невини цивили со таква бруталност и злоба кои не можат да се замислат“.

The post Трудо вознемирен заради поздравувањето на поранешен припадник на СС во парламентот на Канада appeared first on Република.

]]>
Трудо телефонски му порачал на Ковачевски дека секогаш може да сметаме на Канада https://republika.mk/vesti/makedonija/trudo-telefonski-mu-porachal-na-kovachevski-deka-sekogash-mozhe-da-smetame-na-kanada/ Wed, 30 Aug 2023 16:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=677356

Премиерот Димитар Ковачевски денеска телефонски разговарал со премиерот на Канада, Џастин Трудо, во присуство на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски изразил задоволство што токму денеска во посета на нашата земја е министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, што, оценил тој, „говори за активниот и континуиран дијалог меѓу нашите две земји по важни теми од интерес на двете земји, на Европа и пошироко“.

На разговорот беа опфатени неколку теми во насока на натамошно продлабочување на билатералните односи, како и соработката во рамките на НАТО и мултилатералната сцена. Премиерот Ковачевски нагласи дека долгорочен интерес е севкупно развивање на односите и соработката со Канада, која од самите почетоци на нашата независност манифестира активна поддршка на реформските, европското и евроатлантското интегрирање на земјата, соопшти прес-службата на Владата.

Од двете страни, се наведува во соопштението, беше нагласена важноста од продолжување на започнатиот процес на интегрирање на Македонија во ЕУ, кој нуди сигурен, предвидлив и безбеден пат за нејзиниот просперитет и напредок како дел од европското семејство на народи.

Канадскиот премиер Трудо изрази задоволство од одличната соработка на двете држави во НАТО, посебно од учеството на македонски војници во борбената група за зајакнато истурено присуство во Латвија, која е под канадска команда, се наведува во соопштението од Владата.

Притоа, Трудо истакнал дека оваа група овозможува значајна соработка меѓу сојузниците од различни земји во зајакнување на трансатлантската одбрана и безбедност, а македонските војници, како дел од неа, се високопочитувани од страна на канадските колеги.

-Нашата соработка е силна во НАТО, во ЕУ и во Украина, и знам дека народот на Сереверна Македонија разбира дека иднината на земјата е светла како дел од напредните европски демократии, истакнал канадскиот премиер, нагласувајќи дека „Македонија може секогаш да смета на Канада“.

Премиерот Ковачевски се осврнал и на важноста на македонската заедница во Канада и нејзиниот значаен придонес во канадското општество.

The post Трудо телефонски му порачал на Ковачевски дека секогаш може да сметаме на Канада appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска телефонски разговарал со премиерот на Канада, Џастин Трудо, во присуство на министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски изразил задоволство што токму денеска во посета на нашата земја е министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, што, оценил тој, „говори за активниот и континуиран дијалог меѓу нашите две земји по важни теми од интерес на двете земји, на Европа и пошироко“.
На разговорот беа опфатени неколку теми во насока на натамошно продлабочување на билатералните односи, како и соработката во рамките на НАТО и мултилатералната сцена. Премиерот Ковачевски нагласи дека долгорочен интерес е севкупно развивање на односите и соработката со Канада, која од самите почетоци на нашата независност манифестира активна поддршка на реформските, европското и евроатлантското интегрирање на земјата, соопшти прес-службата на Владата.
Од двете страни, се наведува во соопштението, беше нагласена важноста од продолжување на започнатиот процес на интегрирање на Македонија во ЕУ, кој нуди сигурен, предвидлив и безбеден пат за нејзиниот просперитет и напредок како дел од европското семејство на народи.
Канадскиот премиер Трудо изрази задоволство од одличната соработка на двете држави во НАТО, посебно од учеството на македонски војници во борбената група за зајакнато истурено присуство во Латвија, која е под канадска команда, се наведува во соопштението од Владата.
Притоа, Трудо истакнал дека оваа група овозможува значајна соработка меѓу сојузниците од различни земји во зајакнување на трансатлантската одбрана и безбедност, а македонските војници, како дел од неа, се високопочитувани од страна на канадските колеги. -Нашата соработка е силна во НАТО, во ЕУ и во Украина, и знам дека народот на Сереверна Македонија разбира дека иднината на земјата е светла како дел од напредните европски демократии, истакнал канадскиот премиер, нагласувајќи дека „Македонија може секогаш да смета на Канада“. Премиерот Ковачевски се осврнал и на важноста на македонската заедница во Канада и нејзиниот значаен придонес во канадското општество.

The post Трудо телефонски му порачал на Ковачевски дека секогаш може да сметаме на Канада appeared first on Република.

]]>
По пожарите во Канада, Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето https://republika.mk/vesti/svet/po-pozharite-vo-kanada-trudo-go-obvini-fejsbuk-deka-go-stava-profitot-nad-bezbednosta-na-lugeto-2/ Wed, 23 Aug 2023 06:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=674624

Канадскиот премиер Џастин Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето за време на вонредната состојба предизвикана од невидената сезона на шумски пожари во Канада.

Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, претходно ова лето објави дека ќе го исполни ветувањето дека ќе ја блокира информативната содржина од Канада на своите платформи поради новиот закон кој бара од технолошкиот гигант да им плаќа на издавачите чии линкови ги користи или на друг начин ги пренаменува нивните содржини на интернет.

Шумските пожари кои беснеат низ Канада принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и се доближија близу градовите како Јелоунајф, главниот град на северозападните територии, додека околу 30.000 луѓе во провинцијата Британска Колумбија добија наредба да се евакуираат.

Во моментов, во вонредна ситуација каде што ажурираните локални информации се поважни од кога било, Фејсбук ги става корпоративните профити пред безбедноста на луѓето - рече Трудо на прес-конференција во Корнвол, островот Принц Едвард.

The post По пожарите во Канада, Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето appeared first on Република.

]]>

Канадскиот премиер Џастин Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето за време на вонредната состојба предизвикана од невидената сезона на шумски пожари во Канада. Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, претходно ова лето објави дека ќе го исполни ветувањето дека ќе ја блокира информативната содржина од Канада на своите платформи поради новиот закон кој бара од технолошкиот гигант да им плаќа на издавачите чии линкови ги користи или на друг начин ги пренаменува нивните содржини на интернет. Шумските пожари кои беснеат низ Канада принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и се доближија близу градовите како Јелоунајф, главниот град на северозападните територии, додека околу 30.000 луѓе во провинцијата Британска Колумбија добија наредба да се евакуираат. Во моментов, во вонредна ситуација каде што ажурираните локални информации се поважни од кога било, Фејсбук ги става корпоративните профити пред безбедноста на луѓето - рече Трудо на прес-конференција во Корнвол, островот Принц Едвард.

The post По пожарите во Канада, Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето appeared first on Република.

]]>
Канадскиот премиер Џастин Трудо се разведува од сопругата Софи по 18 години брак https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kanadskiot-premier-dhastin-trudo-se-razveduva-od-soprugata-sofi-po-18-godini-brak/ Thu, 03 Aug 2023 09:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=668187

Џастин Трудо и Софи Грегоар се разведуваат. Бракот на канадскиот премиер и поранешната водителка завршува по 18 години заеднички живот.

Веста за разделбата ја соопшти Трудо преку официјално соопштение.

Здраво на сите, Софи и јас би сакале да го споделиме фактот дека по многу значајни и тешки разговори одлучивме да се разделиме. Како и секогаш, ќе останеме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг за сè што имаме изградено и што продолжуваме да градиме. За доброто на нашите деца, ве замолуваме да ја почитувате нашата и нивната приватност. Ви благодарам, стои во соопштението.

Џастин и Софи се познаваат уште од детството, а нивната врска ја започнаа во 2003 година. Тие се верија во 2004 година, а стапија во брак во една година подоцна.

Тие заедно имаат три деца. Нивниот син Хавиер Џејмс е роден во 2007 година, ќерка им Ела-Грејс Маргарет дојде на овој свет во 2009 година, а го добија синот Хадриен во 2014 година.

Џастин е на функцијата премиер на Канада од 2015 година

The post Канадскиот премиер Џастин Трудо се разведува од сопругата Софи по 18 години брак appeared first on Република.

]]>

Џастин Трудо и Софи Грегоар се разведуваат. Бракот на канадскиот премиер и поранешната водителка завршува по 18 години заеднички живот. Веста за разделбата ја соопшти Трудо преку официјално соопштение. Здраво на сите, Софи и јас би сакале да го споделиме фактот дека по многу значајни и тешки разговори одлучивме да се разделиме. Како и секогаш, ќе останеме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг за сè што имаме изградено и што продолжуваме да градиме. За доброто на нашите деца, ве замолуваме да ја почитувате нашата и нивната приватност. Ви благодарам, стои во соопштението. Џастин и Софи се познаваат уште од детството, а нивната врска ја започнаа во 2003 година. Тие се верија во 2004 година, а стапија во брак во една година подоцна. Тие заедно имаат три деца. Нивниот син Хавиер Џејмс е роден во 2007 година, ќерка им Ела-Грејс Маргарет дојде на овој свет во 2009 година, а го добија синот Хадриен во 2014 година. Џастин е на функцијата премиер на Канада од 2015 година

The post Канадскиот премиер Џастин Трудо се разведува од сопругата Софи по 18 години брак appeared first on Република.

]]>
Трудо: Кина игра агресивни игри со институциите во Канада https://republika.mk/vesti/svet/trudo-kina-igra-agresivni-igri-so-instituciite-vo-kanada/ Tue, 08 Nov 2022 08:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=571265

Кина игра „агресивни игри“ со демократиите и со институциите во Канада, смета канадскиот премиер Џастин Трудо.

Изјавата на Трудо следува откако канадскиот телевизиски канал Глобал њуз извести за финансирање „тајна мрежа“ на кандидати на неодамнешните избори.

Исто така, властите во Отава кон крајот на октомври најавија истрага за наводни незаконски кинески полициски бироа во областа на Торонто.

Презедовме значајни чекори за зајакнување на интегритетот на нашите изборни процеси и системи, нагласи Трудо пред новинарите.

Тој додаде дека Канада ќе продолжи да „инвестира во борбата против мешањето во изборите, против странското мешање во демократиите и институциите“.

The post Трудо: Кина игра агресивни игри со институциите во Канада appeared first on Република.

]]>

Кина игра „агресивни игри“ со демократиите и со институциите во Канада, смета канадскиот премиер Џастин Трудо. Изјавата на Трудо следува откако канадскиот телевизиски канал Глобал њуз извести за финансирање „тајна мрежа“ на кандидати на неодамнешните избори. Исто така, властите во Отава кон крајот на октомври најавија истрага за наводни незаконски кинески полициски бироа во областа на Торонто. Презедовме значајни чекори за зајакнување на интегритетот на нашите изборни процеси и системи, нагласи Трудо пред новинарите. Тој додаде дека Канада ќе продолжи да „инвестира во борбата против мешањето во изборите, против странското мешање во демократиите и институциите“.

The post Трудо: Кина игра агресивни игри со институциите во Канада appeared first on Република.

]]>
Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/kanadskiot-premier-trudo-vtorpat-pozitiven-na-kovid-19/ Tue, 14 Jun 2022 07:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=514801

Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“.

Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините, напиша Трудо преку Твитер.

Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во јануари годинава ја прими бустер-дозата, за истиот месец да биде позитивен на тестот за Ковид-19.

Информацијата дека Трудо е позитивен на Ковид-19 е објавена веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес каде што минатата седмица имаше средби со лидерите на Самитот на двете Америки, како и средба со Бајден во четвртокот.

The post Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“. Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините, напиша Трудо преку Твитер. Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во јануари годинава ја прими бустер-дозата, за истиот месец да биде позитивен на тестот за Ковид-19. Информацијата дека Трудо е позитивен на Ковид-19 е објавена веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес каде што минатата седмица имаше средби со лидерите на Самитот на двете Америки, како и средба со Бајден во четвртокот.

The post Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Бајден и Трудо: Русија е целосно одговорна за војната https://republika.mk/vesti/svet/bajden-i-trudo-rusija-e-celosno-odgovorna-za-vojnata/ Sat, 07 May 2022 07:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=498882

Американскиот претседател Џозеф Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се согласија дека Русија е целосно одговорна за нејзината инвазија врз Украина и за натамошните напори за обезбедување безбедносна помош за Киев, соопшти Белата куќа.

Двајцата лидери во вчерашниот телефонски разговор се осврнале и на претстојното учество на Самитот на Америка, што е планирано за јуни во Лос Анџелес, се наведува во соопштението.

Бајден вчера разговараше и со германскиот канцелар Олаф Шолц, изразувајќи согласност дека нема да признаат никакви руски „територијални придобивки” во Украина, изјави портпарол на германската Влада.

The post Бајден и Трудо: Русија е целосно одговорна за војната appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џозеф Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се согласија дека Русија е целосно одговорна за нејзината инвазија врз Украина и за натамошните напори за обезбедување безбедносна помош за Киев, соопшти Белата куќа. Двајцата лидери во вчерашниот телефонски разговор се осврнале и на претстојното учество на Самитот на Америка, што е планирано за јуни во Лос Анџелес, се наведува во соопштението.
Бајден вчера разговараше и со германскиот канцелар Олаф Шолц, изразувајќи согласност дека нема да признаат никакви руски „територијални придобивки” во Украина, изјави портпарол на германската Влада.

The post Бајден и Трудо: Русија е целосно одговорна за војната appeared first on Република.

]]>
Русија му воведе санкции и на канадскиот премиер Трудо https://republika.mk/vesti/svet/rusija-mu-vovede-sankcii-i-na-kanadskiot-premier-trudo/ Tue, 15 Mar 2022 17:03:17 +0000 https://republika.mk/?p=473363

Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„Како одговор на новите санкции наметнати од официјална Отава …Русија од денеска, 15 март, ја дополнува својата листа на луѓе кои имаат забрана за влез во земјата“ со премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и одбрана Мелани Џоли и Анита Анан“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, руската црна листа го вклучува „мнозинство членови на Долниот дом на канадскиот Парламент“

The post Русија му воведе санкции и на канадскиот премиер Трудо appeared first on Република.

]]>

Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. „Како одговор на новите санкции наметнати од официјална Отава …Русија од денеска, 15 март, ја дополнува својата листа на луѓе кои имаат забрана за влез во земјата“ со премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и одбрана Мелани Џоли и Анита Анан“, се наведува во соопштението. Како што се додава, руската црна листа го вклучува „мнозинство членови на Долниот дом на канадскиот Парламент“

The post Русија му воведе санкции и на канадскиот премиер Трудо appeared first on Република.

]]>
Трудо: Канада ќе испорача противтенковско оружје за Украина https://republika.mk/vesti/svet/trudo-kanada-kje-isporacha-protivtenkovsko-oruzje-za-ukraina/ Wed, 02 Mar 2022 07:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=466204

Противтенковско оружје и напредна муниција ќе и испорача Канада на Украина како поддршка во борбата против руската агресија. Истовремено ќе го забрани и увозот на руска нафта, најави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.

Канада ќе продолжи да ја поддржува херојската одбрана на Украина од руската војска. Ја објавувавме нашата намера целосно да забраниме увоз на сирова нафта од Русија, индустријата од која многу корист имаат претседателот Путин и неговите олигарси - рече Трудо пред медумите во Отава.

The post Трудо: Канада ќе испорача противтенковско оружје за Украина appeared first on Република.

]]>

Противтенковско оружје и напредна муниција ќе и испорача Канада на Украина како поддршка во борбата против руската агресија. Истовремено ќе го забрани и увозот на руска нафта, најави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.
Канада ќе продолжи да ја поддржува херојската одбрана на Украина од руската војска. Ја објавувавме нашата намера целосно да забраниме увоз на сирова нафта од Русија, индустријата од која многу корист имаат претседателот Путин и неговите олигарси - рече Трудо пред медумите во Отава.

The post Трудо: Канада ќе испорача противтенковско оружје за Украина appeared first on Република.

]]>
Џастин Трудо позитивен на коронавирус https://republika.mk/vesti/svet/dzastin-trudo-pozitiven-na-koronavirus/ Mon, 31 Jan 2022 15:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=452083

Канадскиот премиер Џастин Трудо тукушто соопшти дека е позитивен на коронавирус.

Во објавата на Твитер тој напиша дека утрово добил позитивен тест. Канадскиот премиер истакна дека се чувствува добро и дека во текот на оваа седмица ќе продолжи да работи од далечина, следејќи ги препораките на здравствените власти.

Воедно тој ги повика Канаѓаните да се вакцинираат и да примат и трета, засилувачка доза против Ковид-19.

The post Џастин Трудо позитивен на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Канадскиот премиер Џастин Трудо тукушто соопшти дека е позитивен на коронавирус. Во објавата на Твитер тој напиша дека утрово добил позитивен тест. Канадскиот премиер истакна дека се чувствува добро и дека во текот на оваа седмица ќе продолжи да работи од далечина, следејќи ги препораките на здравствените власти. Воедно тој ги повика Канаѓаните да се вакцинираат и да примат и трета, засилувачка доза против Ковид-19.

The post Џастин Трудо позитивен на коронавирус appeared first on Република.

]]>