Противтенковско оружје и напредна муниција ќе и испорача Канада на Украина како поддршка во борбата против руската агресија. Истовремено ќе го забрани и увозот на руска нафта, најави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.

Канада ќе продолжи да ја поддржува херојската одбрана на Украина од руската војска. Ја објавувавме нашата намера целосно да забраниме увоз на сирова нафта од Русија, индустријата од која многу корист имаат претседателот Путин и неговите олигарси – рече Трудо пред медумите во Отава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.