Канадскиот премиер Џастин Трудо тукушто соопшти дека е позитивен на коронавирус.

Во објавата на Твитер тој напиша дека утрово добил позитивен тест. Канадскиот премиер истакна дека се чувствува добро и дека во текот на оваа седмица ќе продолжи да работи од далечина, следејќи ги препораките на здравствените власти.

Воедно тој ги повика Канаѓаните да се вакцинираат и да примат и трета, засилувачка доза против Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.