Дубравка Угрешиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/dubravka-ugreshikj/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 09:47:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дубравка Угрешиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/dubravka-ugreshikj/ 32 32 Промоција на четири книги од Дубравка Угрешиќ на КРИК https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-chetiri-knigi-od-dubravka-ugreshik-na-krik/ Wed, 08 May 2024 09:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=775391

По повод Денот на победата над фашизмот, 9 Мај, што е воедно и последниот ден од изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ, Контрапункт, во рамки на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура и Мултумедијалниот институт од Загреб, ве покануваат на промоција на 4 книги (box-set) од Дубравка Угрешиќ, во превод на Владимир Јановски и Алек Кузмановски.

Промоцијата ќе се одржи во четврток (9 мај), во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19, 30 часот.
На промоцијата ќе говорат Владимир Јанковски, писател, преведувач и теоретичар на книжевноста и Петар Милат филозоф, директор на Мултимедијалниот институт од Загреб и издавач, а и близок пријател на Дубравка Угрешиќ.

Во рамки на промоцијата ќе бидат петставени 4 книги од Угрешиќ: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Црвеното училиште“ „Тука нема ништо!“, во превод на Владимир Јанковски и „Нарилник за вештерки“ во превод на Алек Кузмановски.

The post Промоција на четири книги од Дубравка Угрешиќ на КРИК appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на победата над фашизмот, 9 Мај, што е воедно и последниот ден од изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ, Контрапункт, во рамки на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура и Мултумедијалниот институт од Загреб, ве покануваат на промоција на 4 книги (box-set) од Дубравка Угрешиќ, во превод на Владимир Јановски и Алек Кузмановски. Промоцијата ќе се одржи во четврток (9 мај), во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19, 30 часот. На промоцијата ќе говорат Владимир Јанковски, писател, преведувач и теоретичар на книжевноста и Петар Милат филозоф, директор на Мултимедијалниот институт од Загреб и издавач, а и близок пријател на Дубравка Угрешиќ. Во рамки на промоцијата ќе бидат петставени 4 книги од Угрешиќ: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Црвеното училиште“ „Тука нема ништо!“, во превод на Владимир Јанковски и „Нарилник за вештерки“ во превод на Алек Кузмановски.

The post Промоција на четири книги од Дубравка Угрешиќ на КРИК appeared first on Република.

]]>
Со изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ почна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура https://republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhbata-tsrvenoto-uchilishte-na-pisatelkata-dubravka-ugreshik-pochna-devettoto-izdanie-na-krik-festival-za-kritichka-kultura/ Mon, 29 Apr 2024 11:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=772176

Со отворањето на изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ започна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во КСП Јадро, годинава со тематска рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба.

Клучното прашање за Дубравка Угрешиќ во изложбата „Црвеното училиште“ е како и на кој начин како интелектуалец треба да се реагира во време во кое ни изгледа како повеќе да немаме иднина. И како што самата вели во својата последна книга „Нарилник за вештици“ дека местото на литературата и прогресивната култура според неа не се содржи во канонизирањето, во монументалноста, туку дека вистинското места на културата, на литературата е во илегала, во андерграундот. И особено е ова важно, сега кога повеќе ја нема Дубравка Угрешиќ, забележа Петар Милат.

Главниот аспект на изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ како што кажува и самата таа е една археологија на нашето минато. Е сега тоа не е носталгична археологија, тоа не е едно подобро минато, туку археологија која се обидува да го еманципира минатото. Зошто е тоа така? – За повторно да ја создадеме иднината, да ја креираме иднината. Дубравка Угрешиќ која е родена во 1949 во Кутина, во Хрватска, во поранешна Југославија, која растеше во 50-те години во социјализмот и тоа е во еден дел и наслов на оваа изложба „Црвеното училиште“, училиште на социјалистичкото растење Дубравка вели „Кога јас растев, мојата генерација, сè уште верувавме дека постои иднина, а денес повеќе никој не верува во тоа“, изјави Петар Милат од Мултимедијален институт Загреб.

Потфатот на Дубравка Угрешиќ е прустовски и ако Пруст успеа загубеното време да го дофати преку шолјата чај и целиот универзум и таа успеа да го свитка времето од неговата ужасна линеарност. Низ изложбата ќе видиме како девојчето стана уметница и го оствари својот просветителски сон, забележа професор Бојаџиевска.

За Угрешиќ беше важно во рамките на оваа изложба КСП Центар – Јадро во Скопје да бидат интегрален дел и македонските изданија на нејзините четири книги: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Каталог од изложбата Црвеното училиште, фотографските есеи под наслов „Тука нема ништо“ и последната книга која на некој начин е нејзин своевиден тестамент „Нарилник за вештерки“ кои воедно ќе бидат промовирани на 9 мај, а чии преведувачи се Владимр Јанковски и Алек Кузмановски.

фото: фејсбук

The post Со изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ почна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура appeared first on Република.

]]>

Со отворањето на изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ започна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во КСП Јадро, годинава со тематска рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба. Клучното прашање за Дубравка Угрешиќ во изложбата „Црвеното училиште“ е како и на кој начин како интелектуалец треба да се реагира во време во кое ни изгледа како повеќе да немаме иднина. И како што самата вели во својата последна книга „Нарилник за вештици“ дека местото на литературата и прогресивната култура според неа не се содржи во канонизирањето, во монументалноста, туку дека вистинското места на културата, на литературата е во илегала, во андерграундот. И особено е ова важно, сега кога повеќе ја нема Дубравка Угрешиќ, забележа Петар Милат.
Главниот аспект на изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ како што кажува и самата таа е една археологија на нашето минато. Е сега тоа не е носталгична археологија, тоа не е едно подобро минато, туку археологија која се обидува да го еманципира минатото. Зошто е тоа така? – За повторно да ја создадеме иднината, да ја креираме иднината. Дубравка Угрешиќ која е родена во 1949 во Кутина, во Хрватска, во поранешна Југославија, која растеше во 50-те години во социјализмот и тоа е во еден дел и наслов на оваа изложба „Црвеното училиште“, училиште на социјалистичкото растење Дубравка вели „Кога јас растев, мојата генерација, сè уште верувавме дека постои иднина, а денес повеќе никој не верува во тоа“, изјави Петар Милат од Мултимедијален институт Загреб.
Потфатот на Дубравка Угрешиќ е прустовски и ако Пруст успеа загубеното време да го дофати преку шолјата чај и целиот универзум и таа успеа да го свитка времето од неговата ужасна линеарност. Низ изложбата ќе видиме како девојчето стана уметница и го оствари својот просветителски сон, забележа професор Бојаџиевска. За Угрешиќ беше важно во рамките на оваа изложба КСП Центар – Јадро во Скопје да бидат интегрален дел и македонските изданија на нејзините четири книги: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Каталог од изложбата Црвеното училиште, фотографските есеи под наслов „Тука нема ништо“ и последната книга која на некој начин е нејзин своевиден тестамент „Нарилник за вештерки“ кои воедно ќе бидат промовирани на 9 мај, а чии преведувачи се Владимр Јанковски и Алек Кузмановски. фото: фејсбук

The post Со изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ почна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура appeared first on Република.

]]>
Со изложба на Дубравка Угрешиќ започнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура https://republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhba-na-dubravka-ugreshik-zapochnuva-devettoto-izdanie-na-krik-festival-za-kritichka-kultura/ Thu, 25 Apr 2024 08:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=770810

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“, на 26 април, (петок) со почеток во 19:30 часот, во КСП Центар – Јадро почнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт.

На отворањето на изложбата ќе говорат Маја Бојаџиевска и Петар Милат.

КРИК 09, годинава се одржува во тематската рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“.

Изложбата се реализира со пријателската поддршка на MAMA Zagreb (Мултимедијалниот институт од Загреб), во соработка со Контрапункт.

На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Пред писателката одненадеж искрснале два света – дамнешен, заборавен свет на учебникот – книгата за почетници, кој ветувал среќна иднина, и другиот, стварниот, кој таа иднина брутално ја оспорувал.

Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба.

Дубравка Угрешиќ (1949 – 2023) е авторка на книгите „Поза за проза“, „Штефица Цек во челустите на животот“, „Животот е бајка“, „Форсирање на романот-река“, „Музеј на безусловното предавство“, „Забрането читање“, „Министерство на болката“, „Никого нема дома“, „Тука нема ништо!“, „Нарилник за вештерки“. Живееше и работеше во Амстердам.

Изложбата се реализира во рамките на проектот „Периферни погледи“ (Periferal visions), соработнички проект на European Institute for Progressive Cultural Policies (Виена), Контрапункт (Скопје), kuda.org (Нови Сад), Културтрегер (Загреб), Маска (Љубљана), Мултимедијален институт (Загреб), а кофинансирано е од средствата на Европска унија – Креативна Европа.
Проектот е поддржан и од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Канцеларијата за здруженија на граѓани на Владата на Република Хрватска и Град Загреб.
КРИК Фестивал 09 е поддржан од AICS Tirana во рамките на „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Со изложба на Дубравка Угрешиќ започнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура appeared first on Република.

]]>

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“, на 26 април, (петок) со почеток во 19:30 часот, во КСП Центар – Јадро почнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт. На отворањето на изложбата ќе говорат Маја Бојаџиевска и Петар Милат. КРИК 09, годинава се одржува во тематската рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. Изложбата се реализира со пријателската поддршка на MAMA Zagreb (Мултимедијалниот институт од Загреб), во соработка со Контрапункт. На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Пред писателката одненадеж искрснале два света – дамнешен, заборавен свет на учебникот – книгата за почетници, кој ветувал среќна иднина, и другиот, стварниот, кој таа иднина брутално ја оспорувал. Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба. Дубравка Угрешиќ (1949 – 2023) е авторка на книгите „Поза за проза“, „Штефица Цек во челустите на животот“, „Животот е бајка“, „Форсирање на романот-река“, „Музеј на безусловното предавство“, „Забрането читање“, „Министерство на болката“, „Никого нема дома“, „Тука нема ништо!“, „Нарилник за вештерки“. Живееше и работеше во Амстердам. Изложбата се реализира во рамките на проектот „Периферни погледи“ (Periferal visions), соработнички проект на European Institute for Progressive Cultural Policies (Виена), Контрапункт (Скопје), kuda.org (Нови Сад), Културтрегер (Загреб), Маска (Љубљана), Мултимедијален институт (Загреб), а кофинансирано е од средствата на Европска унија – Креативна Европа. Проектот е поддржан и од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Канцеларијата за здруженија на граѓани на Владата на Република Хрватска и Град Загреб. КРИК Фестивал 09 е поддржан од AICS Tirana во рамките на „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Со изложба на Дубравка Угрешиќ започнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура appeared first on Република.

]]>
Почина хрватската писателка Дубравка Угрешиќ https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-hrvatskata-pisatelka-dubravka-ugreshik/ Mon, 20 Mar 2023 09:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=621465

Хрватската и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина на 73 години од животот, во кругот на пријателите и семејството.

Дубравка Угрешиќ се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки.

Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска татковина и промените после паѓањето на Берлинскиот ѕид, до записите за популарната и книжевната култура, нејзиното дело е обележано со ретка комбинација на иронија, полемичност и сочуствителност.

Изложена на јавен прогон и медиумско малтретирање, таа ја напушти Хрватска во 1993. Се залагаше за правото на авторите да не ги признаваат и почитуваат етничките и националните граници. Во егзил, кој на крајот стана емиграција, нејзините книги беа преведени на многу јазици.

Нејзини најпознати наслови се „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Форсирање на романот река“, „Култура на лагите“, „Баба Јага снесе јајце“, „Лисица“. Дубравка Угрешиќ живееше и работеше во Амстердам.

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура заедно со Мултимедијалниот институт од Загреб, во изминатава година, во пријателска комуникација и соработка со Дубравка Угрешиќ ги подготвија и преведоа нејзините книги: „Штефица Цвег во челустите на животот“, „Тука нема ништо“, „Црвеното училиште“.

Други нејзини дела преведени на македонски јазик се: „Доба на кожата“, „Европа во сепија“, „Лисица“, во изадание на Антолог, „Музеј на безусловното предавање“, „Забрането читање“, „Култура на лагата“, „Баба Јага снесе јајце“, „Министерство на болката“, „Нема никој дома“, во издание на Сигмапрес.

Лани Угрешиќ беше лауреатка на книжевниот фестивал „Друга приказна“ во Скопје, а во видеоразговорот со македонската писателка Румена Бужаровска таа зборуваше за своето творештво и општествен ангажман. За вонредните остварувања на Угрешиќ во експерименталната проза говореа писателот Гоце Смилевски, книжевната теоретичарка Мерима Омерагиќ и книжевната критичарка Ирена Јовановиќ.

The post Почина хрватската писателка Дубравка Угрешиќ appeared first on Република.

]]>

Хрватската и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина на 73 години од животот, во кругот на пријателите и семејството. Дубравка Угрешиќ се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска татковина и промените после паѓањето на Берлинскиот ѕид, до записите за популарната и книжевната култура, нејзиното дело е обележано со ретка комбинација на иронија, полемичност и сочуствителност. Изложена на јавен прогон и медиумско малтретирање, таа ја напушти Хрватска во 1993. Се залагаше за правото на авторите да не ги признаваат и почитуваат етничките и националните граници. Во егзил, кој на крајот стана емиграција, нејзините книги беа преведени на многу јазици. Нејзини најпознати наслови се „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Форсирање на романот река“, „Култура на лагите“, „Баба Јага снесе јајце“, „Лисица“. Дубравка Угрешиќ живееше и работеше во Амстердам. Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура заедно со Мултимедијалниот институт од Загреб, во изминатава година, во пријателска комуникација и соработка со Дубравка Угрешиќ ги подготвија и преведоа нејзините книги: „Штефица Цвег во челустите на животот“, „Тука нема ништо“, „Црвеното училиште“. Други нејзини дела преведени на македонски јазик се: „Доба на кожата“, „Европа во сепија“, „Лисица“, во изадание на Антолог, „Музеј на безусловното предавање“, „Забрането читање“, „Култура на лагата“, „Баба Јага снесе јајце“, „Министерство на болката“, „Нема никој дома“, во издание на Сигмапрес. Лани Угрешиќ беше лауреатка на книжевниот фестивал „Друга приказна“ во Скопје, а во видеоразговорот со македонската писателка Румена Бужаровска таа зборуваше за своето творештво и општествен ангажман. За вонредните остварувања на Угрешиќ во експерименталната проза говореа писателот Гоце Смилевски, книжевната теоретичарка Мерима Омерагиќ и книжевната критичарка Ирена Јовановиќ.

The post Почина хрватската писателка Дубравка Угрешиќ appeared first on Република.

]]>
 Со книжевна вечер посветена на Дубравка Угрешиќ утре започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-knizevna-vecher-posvetena-na-dubravka-ugreshikj-utre-zapochnuva-knizevniot-festival-druga-prikazna/ Thu, 25 Aug 2022 14:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=544071

Утре, 26 август, во Сули ан, започнува тродневниот книжевен фестивал „Друга приказна“ #7, кој во Скопје ќе претстави 40-ина гости од регионот и од земјата. Вториот и третиот фестивалски ден ќе се одвиваат во МКЦ-Скопје.

Фестивалот во 18 часот ќе го отвори белградскиот трансдисциплинарен уметник Урош Крчадинац со претставување на два свои сјајни проекти: изложбата „Бантустански мапи“ и предавањето „Дигитална поетика“.

Рачно илустрираните мапи од патописниот роман „Бантустан“ на Крчадинац претставуваат сложени таписерии од пиктограми, идеограми, различни писма, грбови, лавиринти, тајни пораки и скриени симболи. Како патописен роман и рачно илустриран атлас, интимна исповед и збирка животни приказни, „Бантусан“ е приказна за поделбите, изолацијата, контактот и замислувањето на новата картографија на човековите односи на заедничката планета.

Предавањето „Дигитална поетика“ е базирано на двете сестрински книги на Крчадинац, „Тактилна поезија“ и „Оптимизирана поезија“, воедно дигитално-книжевен уметнички проект. Тие ги опишуваат новите поетски пракси за производство на текст во време на масовен надзор, вештачка интелигенција и дигитална комодификација.

Централниот дел од вечерта, со почеток од 20:00 часот, ќе биде настанот посветен на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, која е и лауретка на овогодишното издание на „Друга приказна“. Во видео-разговор кој ќе го води Румена Бужаровска, таа ќе зборува за своето творештво и општествен ангажман. За вонредните остварувања на Угрешиќ во експерименталната проза свои излагања ќе имаат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)...

Воедно, две нови македонски изданија на Угрешиќ ќе бидат промовирани: нејзината најнова книга „Нарилник за вештерки“ и нејзиниот, можеби најпознат роман, „Штефица Цвек во челустите на животот“. Книгите се во коиздание на Темплум, Контрапункт и МАМА Загреб.

Првата фестивалска вечер ќе биде затворена со мал концерт на Димитра во 22:30.
Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони...

Четириесетината учесници од регионот и од нашата земја ќе се обидат да ги лоцираат современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараат за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираат интригантни интердисциплинарни проекти кои го шират полето на културата...

„Новата писменост“, во контекстот на „Друга приказна“, меѓу другото значи и борба за поинакво, „поалтернативно“ разбирање на книжевноста, кое истовремено е пошироко, посинтетичко, и кое уште идеалистички веерува во моќта на книжевноста да ги менува човекот и светот.
Влезот на сите настани е слободен.

Фестивалот „Друга приказна“#7 е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура на Република Македонија

 

The post  Со книжевна вечер посветена на Дубравка Угрешиќ утре започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ appeared first on Република.

]]>

Утре, 26 август, во Сули ан, започнува тродневниот книжевен фестивал „Друга приказна“ #7, кој во Скопје ќе претстави 40-ина гости од регионот и од земјата. Вториот и третиот фестивалски ден ќе се одвиваат во МКЦ-Скопје. Фестивалот во 18 часот ќе го отвори белградскиот трансдисциплинарен уметник Урош Крчадинац со претставување на два свои сјајни проекти: изложбата „Бантустански мапи“ и предавањето „Дигитална поетика“. Рачно илустрираните мапи од патописниот роман „Бантустан“ на Крчадинац претставуваат сложени таписерии од пиктограми, идеограми, различни писма, грбови, лавиринти, тајни пораки и скриени симболи. Како патописен роман и рачно илустриран атлас, интимна исповед и збирка животни приказни, „Бантусан“ е приказна за поделбите, изолацијата, контактот и замислувањето на новата картографија на човековите односи на заедничката планета. Предавањето „Дигитална поетика“ е базирано на двете сестрински книги на Крчадинац, „Тактилна поезија“ и „Оптимизирана поезија“, воедно дигитално-книжевен уметнички проект. Тие ги опишуваат новите поетски пракси за производство на текст во време на масовен надзор, вештачка интелигенција и дигитална комодификација. Централниот дел од вечерта, со почеток од 20:00 часот, ќе биде настанот посветен на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, која е и лауретка на овогодишното издание на „Друга приказна“. Во видео-разговор кој ќе го води Румена Бужаровска, таа ќе зборува за своето творештво и општествен ангажман. За вонредните остварувања на Угрешиќ во експерименталната проза свои излагања ќе имаат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)... Воедно, две нови македонски изданија на Угрешиќ ќе бидат промовирани: нејзината најнова книга „Нарилник за вештерки“ и нејзиниот, можеби најпознат роман, „Штефица Цвек во челустите на животот“. Книгите се во коиздание на Темплум, Контрапункт и МАМА Загреб. Првата фестивалска вечер ќе биде затворена со мал концерт на Димитра во 22:30. Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони... Четириесетината учесници од регионот и од нашата земја ќе се обидат да ги лоцираат современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараат за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираат интригантни интердисциплинарни проекти кои го шират полето на културата... „Новата писменост“, во контекстот на „Друга приказна“, меѓу другото значи и борба за поинакво, „поалтернативно“ разбирање на книжевноста, кое истовремено е пошироко, посинтетичко, и кое уште идеалистички веерува во моќта на книжевноста да ги менува човекот и светот. Влезот на сите настани е слободен. Фестивалот „Друга приказна“#7 е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура на Република Македонија  

The post  Со книжевна вечер посветена на Дубравка Угрешиќ утре започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ appeared first on Република.

]]>
Книжевениот фестивал „Друга приказна“ ќе ѝ ја додели главната награда на Дубравка Угрешиќ https://republika.mk/vesti/kultura/knizeveniot-festival-druga-prikazna-kje-ja-dodeli-glavnata-nagrada-na-dubravka-ugreshikj/ Fri, 19 Aug 2022 07:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=541856

Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ своето седмо издание годинава ќе го реализира на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ-Скопје. Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони...

Со 15 гости од регионот и исто толку домашни, ќе се обидеме да ги лоцираме современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараме за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираме исклучителни интердисциплинарни проекти кои ги шират перцепциите на културата...

Главната награда оваа година ќе ѝ биде доделена на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, за нејзините вонредни остварувања во експерименталната проза. Разговорот со неа ќе го води Румена Бужаровска, а ќе бидат промовирани две нејзини нови книги на македонски. За творештвото на Угрешиќ ќе зборуваат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)...

Фестивалот ќе го отвори Урош Крчадинац со самостојната трансдисциплинарна изложба „Бантустански мапи“ - илустрирани мапи од патописниот роман „Бантустан“. Изложбата ќе биде проследена со предавање на авторот.

Своите творештва на фестивалот ќе ги претстават: Сенка Мариќ (писателка, поетеса и уредница), Срѓан Срдиќ (поет и уредник), Маша Сеничиќ (поетеса, сценаристка и уредница), Јана Букова (писателка и поетеса), Данило Лучиќ (поет и уредник). На фестивалот ќе гостува и словенечката пистелка за деца Јана Бауер, која беше лауреатка на фестивалот „Друга приказна“ во 2020 година.

И годинава повторно ќе се одржи традиционалниот перформативен натпревар со „едноминутни новели“ насловен „Овде паѓаат крупни зборови“, на кој со своите кратки фикции ќе се натпреваруваат 12 странски и домашни писател(к)и. Ова е вообичаено најпопуларниот настан на фестивалот, а изминативе години победници на натпреварот беа угледни авторски имиња.
Филмот „Долги реси“ на Драган Протиќ-Прота се фокусира на еден, денес заборавен дневен ритуал и преку духовито патување низ балканските дневни и спални соби, кројачки и куќни салони, ја оживејува „музиката“ на некогашните фабрики, заедници, естетски начела и ритуали. По проекцијата ќе следи разговор со авторот Протиќ.

Излагања во кои ќе ја претстават својата работа во наставата по книжевност и работата со млади ќе имаат и Ана Фазекаш (критичарка, уредница, есеистка), Хелена де Карина (професорка), Ружица Марјановиќ (професорка и уредница на фестивалот „На пола пута“), Барбара Прегељ (универзитетска професорка и истражувачка).

Ненад Тонкин ќе ја постави изложбата „Суштества страшни со фризури и машни“, скулптури со мал формат изработени од готови најдени предмети и рециклиран материјал.
Мал концерт ќе одржи Димитра Цилевска.

Влезот на сите настани е слободен.

Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура.

ПРОГРАМА
Петок (26.08.), Сули ан
18.00.-20.00. – „Бантустански мапи“ - изложба и предавање на Урош Крчадинац
20.00. ВЕЧЕР НА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ
- видео разговор: Дубравка Угрешиќ и Румена Бужаровска
- разговор за Угрешиќ: Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Гоце Смилевски, Никола Гелевски...
23.00. Димитра Цилевска - мал концерт

Сабота (27.08.), МКЦ
18.00.-20.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 1
- Сенка Мариќ со Калина Малеска
- Маша Сеничиќ со Душица Лазова
- Јана Букова со Душко Крстевски
- Срѓан Срдиќ и Данило Луциќ со Никола Гелевски
20.30. – „Суштества страшни со фризури и машни“ - изложба на Ненад Тонкин.
21.00. ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ (перформативен книжевен натпревар на „едноминутни новели“)
Учесници: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ... Водител: Владимир Лукаш
23.00. Проекција на филмот „Дуга реса“; разговор со режисерот Драган Протиќ

Недела (28.08.), МКЦ
15.30. - 18.00. Две креативни работилници за деца
„Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра“
со Барбара Прегељ, Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски
18.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 2
- Разговор со Јана Бауер
- Барбара Прегељ со Никола Гелевски
- Хелена де Карина и Ружица Марјановиќ со Фросина Крушкаровска
- Разговор со Ана Фазекаш
20.00. дебата НОВА ПИСМЕНОСТ: Ана Фазекаш, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ...

The post Книжевениот фестивал „Друга приказна“ ќе ѝ ја додели главната награда на Дубравка Угрешиќ appeared first on Република.

]]>

Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ своето седмо издание годинава ќе го реализира на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ-Скопје. Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони... Со 15 гости од регионот и исто толку домашни, ќе се обидеме да ги лоцираме современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараме за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираме исклучителни интердисциплинарни проекти кои ги шират перцепциите на културата... Главната награда оваа година ќе ѝ биде доделена на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, за нејзините вонредни остварувања во експерименталната проза. Разговорот со неа ќе го води Румена Бужаровска, а ќе бидат промовирани две нејзини нови книги на македонски. За творештвото на Угрешиќ ќе зборуваат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)... Фестивалот ќе го отвори Урош Крчадинац со самостојната трансдисциплинарна изложба „Бантустански мапи“ - илустрирани мапи од патописниот роман „Бантустан“. Изложбата ќе биде проследена со предавање на авторот. Своите творештва на фестивалот ќе ги претстават: Сенка Мариќ (писателка, поетеса и уредница), Срѓан Срдиќ (поет и уредник), Маша Сеничиќ (поетеса, сценаристка и уредница), Јана Букова (писателка и поетеса), Данило Лучиќ (поет и уредник). На фестивалот ќе гостува и словенечката пистелка за деца Јана Бауер, која беше лауреатка на фестивалот „Друга приказна“ во 2020 година. И годинава повторно ќе се одржи традиционалниот перформативен натпревар со „едноминутни новели“ насловен „Овде паѓаат крупни зборови“, на кој со своите кратки фикции ќе се натпреваруваат 12 странски и домашни писател(к)и. Ова е вообичаено најпопуларниот настан на фестивалот, а изминативе години победници на натпреварот беа угледни авторски имиња. Филмот „Долги реси“ на Драган Протиќ-Прота се фокусира на еден, денес заборавен дневен ритуал и преку духовито патување низ балканските дневни и спални соби, кројачки и куќни салони, ја оживејува „музиката“ на некогашните фабрики, заедници, естетски начела и ритуали. По проекцијата ќе следи разговор со авторот Протиќ. Излагања во кои ќе ја претстават својата работа во наставата по книжевност и работата со млади ќе имаат и Ана Фазекаш (критичарка, уредница, есеистка), Хелена де Карина (професорка), Ружица Марјановиќ (професорка и уредница на фестивалот „На пола пута“), Барбара Прегељ (универзитетска професорка и истражувачка). Ненад Тонкин ќе ја постави изложбата „Суштества страшни со фризури и машни“, скулптури со мал формат изработени од готови најдени предмети и рециклиран материјал. Мал концерт ќе одржи Димитра Цилевска. Влезот на сите настани е слободен. Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура. ПРОГРАМА Петок (26.08.), Сули ан 18.00.-20.00. – „Бантустански мапи“ - изложба и предавање на Урош Крчадинац 20.00. ВЕЧЕР НА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ - видео разговор: Дубравка Угрешиќ и Румена Бужаровска - разговор за Угрешиќ: Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Гоце Смилевски, Никола Гелевски... 23.00. Димитра Цилевска - мал концерт Сабота (27.08.), МКЦ 18.00.-20.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 1 - Сенка Мариќ со Калина Малеска - Маша Сеничиќ со Душица Лазова - Јана Букова со Душко Крстевски - Срѓан Срдиќ и Данило Луциќ со Никола Гелевски 20.30. – „Суштества страшни со фризури и машни“ - изложба на Ненад Тонкин. 21.00. ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ (перформативен книжевен натпревар на „едноминутни новели“) Учесници: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ... Водител: Владимир Лукаш 23.00. Проекција на филмот „Дуга реса“; разговор со режисерот Драган Протиќ Недела (28.08.), МКЦ 15.30. - 18.00. Две креативни работилници за деца „Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра“ со Барбара Прегељ, Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски 18.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 2 - Разговор со Јана Бауер - Барбара Прегељ со Никола Гелевски - Хелена де Карина и Ружица Марјановиќ со Фросина Крушкаровска - Разговор со Ана Фазекаш 20.00. дебата НОВА ПИСМЕНОСТ: Ана Фазекаш, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ...

The post Книжевениот фестивал „Друга приказна“ ќе ѝ ја додели главната награда на Дубравка Угрешиќ appeared first on Република.

]]>