државен удар Archives - Република https://republika.mk/tema/drzaven-udar/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 07:34:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државен удар Archives - Република https://republika.mk/tema/drzaven-udar/ 32 32 Ерменија спречила државен удар планиран од Русија, уапсени шест лица https://republika.mk/vesti/svet/ermenija-sprechila-drzhaven-udar-planiran-od-rusija-uapseni-shest-litsa/ Thu, 19 Sep 2024 07:34:19 +0000 https://republika.mk/?p=817641

Русија плаќала и обучувала група бунтовници со цел да ја собори прозападната влада на Ерменија претходно оваа година, изјавија ерменските обвинители, дополнувајќи дека локалните безбедносни служби ја предвиделе наводната завера навреме.

Истражниот комитет на Република Ерменија соопшти дека седум лица ќе бидат обвинети за „подготовка за узурпација на власта со употреба на насилство и закани за насилство за преземање на власта“.

Според официјалните изјави, шестмина Ерменци биле регрутирани на тримесечна обука во Русија, при што добивале месечна плата од 220.000 рубли (2.377 американски долари). Исто така, тие биле подложени на проверки и полиграфски тестови за да се утврди нивната лојалност, пред да бидат пренесени во воената база „Арбат“ во Ростов на Дон, јужна Русија.

Руското Министерство за одбрана не одговорило веднаш на барањата за коментар.

Односите меѓу Ерменија и нејзиниот историски сојузник Русија се влошија откако Москва ја нападна Украина во февруари 2022 година, при што јужнокавкаската земја го замрзна своето членство во воениот сојуз ЦСТО (Организација на Договорот за колективна безбедност), испрати хуманитарна помош во Киев и организираше заеднички вежби со американските сили.

Во исто време, долгогодишниот ривал на Ерменија, Азербејџан, воспостави поблиски односи со Кремљ, а претседателот Илхам Алиев одржа пријателски разговори со претседателот Владимир Путин во Баку минатиот месец. Москва ја обвини ЕУ за мешање во нејзината сфера на влијание со потпишување партнерски договори со ерменската влада.

Руските граничари, кои беа стационирани во Ерменија од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, беа замолени да се повлечат порано оваа година. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан за „Политико“ изјави во септември 2023 година дека руската мировна мисија во Нагорно-Карабах не ја исполнила својата улога. Само неколку дена подоцна, руските сили не интервенираа кога Азербејџан започна нова офанзива во енклавата, што предизвика масовен егзодус на целото ерменско население.

Пашинјан денеска изјави дека ерменската ориентација кон Запад ќе продолжи. „Ако видиме и најмала реална можност да станеме полноправна членка на Европската Унија“, рече тој, „нема да го пропуштиме тој момент“.

The post Ерменија спречила државен удар планиран од Русија, уапсени шест лица appeared first on Република.

]]>

Русија плаќала и обучувала група бунтовници со цел да ја собори прозападната влада на Ерменија претходно оваа година, изјавија ерменските обвинители, дополнувајќи дека локалните безбедносни служби ја предвиделе наводната завера навреме. Истражниот комитет на Република Ерменија соопшти дека седум лица ќе бидат обвинети за „подготовка за узурпација на власта со употреба на насилство и закани за насилство за преземање на власта“. Според официјалните изјави, шестмина Ерменци биле регрутирани на тримесечна обука во Русија, при што добивале месечна плата од 220.000 рубли (2.377 американски долари). Исто така, тие биле подложени на проверки и полиграфски тестови за да се утврди нивната лојалност, пред да бидат пренесени во воената база „Арбат“ во Ростов на Дон, јужна Русија. Руското Министерство за одбрана не одговорило веднаш на барањата за коментар. Односите меѓу Ерменија и нејзиниот историски сојузник Русија се влошија откако Москва ја нападна Украина во февруари 2022 година, при што јужнокавкаската земја го замрзна своето членство во воениот сојуз ЦСТО (Организација на Договорот за колективна безбедност), испрати хуманитарна помош во Киев и организираше заеднички вежби со американските сили. Во исто време, долгогодишниот ривал на Ерменија, Азербејџан, воспостави поблиски односи со Кремљ, а претседателот Илхам Алиев одржа пријателски разговори со претседателот Владимир Путин во Баку минатиот месец. Москва ја обвини ЕУ за мешање во нејзината сфера на влијание со потпишување партнерски договори со ерменската влада. Руските граничари, кои беа стационирани во Ерменија од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, беа замолени да се повлечат порано оваа година. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан за „Политико“ изјави во септември 2023 година дека руската мировна мисија во Нагорно-Карабах не ја исполнила својата улога. Само неколку дена подоцна, руските сили не интервенираа кога Азербејџан започна нова офанзива во енклавата, што предизвика масовен егзодус на целото ерменско население. Пашинјан денеска изјави дека ерменската ориентација кон Запад ќе продолжи. „Ако видиме и најмала реална можност да станеме полноправна членка на Европската Унија“, рече тој, „нема да го пропуштиме тој момент“.

The post Ерменија спречила државен удар планиран од Русија, уапсени шест лица appeared first on Република.

]]>
Уапсени уште четворица во врска со неуспешниот пуч во Боливија, приведени се вкупно 21 лице https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-ushte-chetvoritsa-vo-vrska-so-neuspeshniot-puch-vo-bolivija-privedeni-se-vkupno-21-litse/ Sat, 29 Jun 2024 07:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=791721

Боливиските власти соопштија дека уапсиле уште четворица воени офицери во врска со обидот за државен удар во средата на одметнатиот генерал Хуан Хозе Зунига, против претседателот Луис Арсе, со што бројот на уапсените се зголеми на 21.

Еден од високите функционери на боливиската влада, Едуардо дел Кастиљо, изјави дека меѓу приведените е и возачот на тенкот кој постојано удирал со тенкот во вратата на владиниот штаб во Ла Паз, како и поранешен капетан на коњаницата, обвинет за давање наредби на војниците кои го зазедоа Муриљо, централниот плоштад во главниот град на Боливија.

Овие луѓе командуваа за уништување на боливиското наследство“, рече Дел Кастиљо.

Обидот за пуч беше режиран од генералот Зунига, кој до неговото апсење во средата беше врховен командант на вооружените сили на Боливија.

Зунига тврдеше, без да обезбеди докази, дека претседателот Арсе му наредил да лажира бунт со цел да ја зајакне својата нарушена популарност поради економските проблеми и зголеменото јавно незадоволство.

Арсе синоќа категорично ги отфрли обвинувањата дека направил „авто-пуч“ за да добие политичка поддршка.

The post Уапсени уште четворица во врска со неуспешниот пуч во Боливија, приведени се вкупно 21 лице appeared first on Република.

]]>

Боливиските власти соопштија дека уапсиле уште четворица воени офицери во врска со обидот за државен удар во средата на одметнатиот генерал Хуан Хозе Зунига, против претседателот Луис Арсе, со што бројот на уапсените се зголеми на 21. Еден од високите функционери на боливиската влада, Едуардо дел Кастиљо, изјави дека меѓу приведените е и возачот на тенкот кој постојано удирал со тенкот во вратата на владиниот штаб во Ла Паз, како и поранешен капетан на коњаницата, обвинет за давање наредби на војниците кои го зазедоа Муриљо, централниот плоштад во главниот град на Боливија.
Овие луѓе командуваа за уништување на боливиското наследство“, рече Дел Кастиљо.
Обидот за пуч беше режиран од генералот Зунига, кој до неговото апсење во средата беше врховен командант на вооружените сили на Боливија. Зунига тврдеше, без да обезбеди докази, дека претседателот Арсе му наредил да лажира бунт со цел да ја зајакне својата нарушена популарност поради економските проблеми и зголеменото јавно незадоволство. Арсе синоќа категорично ги отфрли обвинувањата дека направил „авто-пуч“ за да добие политичка поддршка.

The post Уапсени уште четворица во врска со неуспешниот пуч во Боливија, приведени се вкупно 21 лице appeared first on Република.

]]>
Обид за пуч во Боливија, уапсен организаторот https://republika.mk/vesti/svet/obid-za-puch-vo-bolivija-uapsen-organizatorot/ Thu, 27 Jun 2024 06:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=791158

Обидот за воен удар во Боливија заврши со апсење на неговиот организатор, генералот Хуан Хозе Зунига, а воените единици испратени од него против претседателската палата во главниот град Ла Паз се повлекоа од централниот плоштад Муриљо.

Претседателот на јужноамериканската земја, Луис Арсе, го осуди „обидот за државен удар“ и повика на меѓународна поддршка.

Синоќа воените единици, предводени од генералот Зунига, кој во меѓувреме беше сменет од функцијата командант на боливиската армија, се собраа на плоштадот Муриљо, каде се наоѓа резиденцијата на шефот на државата.

Денес земјата се соочува со обид за државен удар. Денес, повторно, земјата се соочува со интереси кои се над демократијата. Боливискиот народ е повикан да дејствува денес. Ни имаме потреба Боливијците да се организираат и мобилизираат против државниот удар во служба на демократијата, рече Арсе.

Неколку часа подоцна, војската се повлекла од плоштадот Мурило, а полицијата воспоставила целосна контрола над ситуацијата. Боливиските власти го уапсија Зунига и го одведоа на непозната локација.

Во тоа време, претседателот Арсе го назначи Хозе Вилсон Санчез за врховен командант на боливиската армија на местото на Зунига. Тој повика на смиреност и воспоставување ред.

САД рекоа дека внимателно ја следат ситуацијата и повикаа на смиреност и ненасилство.

Тензиите се зголемуваат во Боливија пред националните избори следната година, а левичарскиот поранешен претседател Ево Моралес ќе се кандидира против поранешниот сојузник Арсе.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, ја осуди боливиската војска која се обиде да го собори демократски избраниот претседател на земјата.

„Силно го осудувам обидот за соборување на демократски избраната влада на Боливија“, напиша Фон дер Лајен на Х.

„Европската унија стои зад демократиите. Ја изразуваме нашата силна поддршка за уставниот поредок и владеењето на правото во Боливија“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Истиот став го искажа и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

The post Обид за пуч во Боливија, уапсен организаторот appeared first on Република.

]]>

Обидот за воен удар во Боливија заврши со апсење на неговиот организатор, генералот Хуан Хозе Зунига, а воените единици испратени од него против претседателската палата во главниот град Ла Паз се повлекоа од централниот плоштад Муриљо. Претседателот на јужноамериканската земја, Луис Арсе, го осуди „обидот за државен удар“ и повика на меѓународна поддршка. Синоќа воените единици, предводени од генералот Зунига, кој во меѓувреме беше сменет од функцијата командант на боливиската армија, се собраа на плоштадот Муриљо, каде се наоѓа резиденцијата на шефот на државата.
Денес земјата се соочува со обид за државен удар. Денес, повторно, земјата се соочува со интереси кои се над демократијата. Боливискиот народ е повикан да дејствува денес. Ни имаме потреба Боливијците да се организираат и мобилизираат против државниот удар во служба на демократијата, рече Арсе.
Неколку часа подоцна, војската се повлекла од плоштадот Мурило, а полицијата воспоставила целосна контрола над ситуацијата. Боливиските власти го уапсија Зунига и го одведоа на непозната локација. Во тоа време, претседателот Арсе го назначи Хозе Вилсон Санчез за врховен командант на боливиската армија на местото на Зунига. Тој повика на смиреност и воспоставување ред. САД рекоа дека внимателно ја следат ситуацијата и повикаа на смиреност и ненасилство. Тензиите се зголемуваат во Боливија пред националните избори следната година, а левичарскиот поранешен претседател Ево Моралес ќе се кандидира против поранешниот сојузник Арсе. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, ја осуди боливиската војска која се обиде да го собори демократски избраниот претседател на земјата. „Силно го осудувам обидот за соборување на демократски избраната влада на Боливија“, напиша Фон дер Лајен на Х. „Европската унија стои зад демократиите. Ја изразуваме нашата силна поддршка за уставниот поредок и владеењето на правото во Боливија“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Истиот став го искажа и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

The post Обид за пуч во Боливија, уапсен организаторот appeared first on Република.

]]>
Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/sandu-vagner-podgotvuva-drzhaven-udar-vo-moldavija/ Sat, 07 Oct 2023 13:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=688905

Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести.

– Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар.

Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи.

На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“.

Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности.

The post Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија appeared first on Република.

]]>

Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“. Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести. – Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар. Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи. На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“. Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности.

The post Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија appeared first on Република.

]]>
Најмалку 120 луѓе знаеле за наводниот заговор за државен удар во Германија https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-120-lugje-znaele-za-navodniot-zagovor-za-drzaven-udar-vo-germanija/ Thu, 15 Dec 2022 14:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=586028

Се претпоставува дека најмалку 120 луѓе знаеле за наводните планови на движењето Граѓани на Рајхот за насилно соборување на германската Влада, јави германската новинска агенција ДПА.

Дваесет и пет осомничени беа уапсени во полициска рација ширум Германија на 7 декември поврзани со заговорот.

За време на претресите, пронајдени се меѓу 120 и 130 изјави во кои луѓето се заколнале на тајност под закана од казна, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер на состанокот на парламентарната комисија за внатрешни работи.

На состанокот се разговарало и за тоа како да се процени колку е опасна групата, чии членови, според безбедносните служби, се вооружени и подготвени да преземат насилни дејствија.

Фесер кон крајот на минатата недела ги објави плановите да ги заостри законите за оружје и да го олесни отпуштање на владини претставници со антивладини убедувања.

The post Најмалку 120 луѓе знаеле за наводниот заговор за државен удар во Германија appeared first on Република.

]]>

Се претпоставува дека најмалку 120 луѓе знаеле за наводните планови на движењето Граѓани на Рајхот за насилно соборување на германската Влада, јави германската новинска агенција ДПА. Дваесет и пет осомничени беа уапсени во полициска рација ширум Германија на 7 декември поврзани со заговорот. За време на претресите, пронајдени се меѓу 120 и 130 изјави во кои луѓето се заколнале на тајност под закана од казна, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер на состанокот на парламентарната комисија за внатрешни работи. На состанокот се разговарало и за тоа како да се процени колку е опасна групата, чии членови, според безбедносните служби, се вооружени и подготвени да преземат насилни дејствија. Фесер кон крајот на минатата недела ги објави плановите да ги заостри законите за оружје и да го олесни отпуштање на владини претставници со антивладини убедувања.

The post Најмалку 120 луѓе знаеле за наводниот заговор за државен удар во Германија appeared first on Република.

]]>
Требало да биде готвач на идниот германски крал: Дедото на фудбалерот на Реал Мадрид го планирал државниот удар во Германија? https://republika.mk/sport/fudbal/trebalo-da-bide-gotvach-na-idniot-germanski-kral-dedoto-na-fudbalerot-na-real-madrid-go-planiral-drzavniot-udar-vo-germanija/ Mon, 12 Dec 2022 11:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=584711

Познатиот готвач чија ќерка е девојка на фудбалерот на Реал Мадрид, Дејвид Алаба и поранешен полицаец, кој некогаш имал задача да ги штити еврејските заедници од терористички напади се поврзуваат со обидот  за државен удар во Германија.

Френк Хепнер, готвач од Минхен, кој беше уапсен  во австрискиот скијачки центар Кицбил каде што работел, наводно бил член на командниот штаб на воениот огранок на терористичката група, одговорен за регрутирање на нови членови.

Тој исто така имал задача да управува со мензата каде што ќе се хранат припадниците на таканаречената „нова германска армија“.

Австрискиот дневен весник Die Presse, повикувајќи се на истражители, вели дека Хепнер (62) исто така требало да биде личен готвач на Хајнрих XIII, принцот од Ројс, откако тој бил поставен за крал.

Се вели дека Хепнер и дал на групата пари, прибор за готвење, камперско комбе и генератор за итни случаи.

28-годишната ќерка на Хепнер, Шалимар е во врска со Давид Алаба, професионален фудбалер кој игра за Реал Мадрид и капитен на австриската репрезентација.

The post Требало да биде готвач на идниот германски крал: Дедото на фудбалерот на Реал Мадрид го планирал државниот удар во Германија? appeared first on Република.

]]>

Познатиот готвач чија ќерка е девојка на фудбалерот на Реал Мадрид, Дејвид Алаба и поранешен полицаец, кој некогаш имал задача да ги штити еврејските заедници од терористички напади се поврзуваат со обидот  за државен удар во Германија. Френк Хепнер, готвач од Минхен, кој беше уапсен  во австрискиот скијачки центар Кицбил каде што работел, наводно бил член на командниот штаб на воениот огранок на терористичката група, одговорен за регрутирање на нови членови. Тој исто така имал задача да управува со мензата каде што ќе се хранат припадниците на таканаречената „нова германска армија“. Австрискиот дневен весник Die Presse, повикувајќи се на истражители, вели дека Хепнер (62) исто така требало да биде личен готвач на Хајнрих XIII, принцот од Ројс, откако тој бил поставен за крал. Се вели дека Хепнер и дал на групата пари, прибор за готвење, камперско комбе и генератор за итни случаи. 28-годишната ќерка на Хепнер, Шалимар е во врска со Давид Алаба, професионален фудбалер кој игра за Реал Мадрид и капитен на австриската репрезентација.

The post Требало да биде готвач на идниот германски крал: Дедото на фудбалерот на Реал Мадрид го планирал државниот удар во Германија? appeared first on Република.

]]>
Подготвувал државен удар: Уапсен разрешениот претседател на Перу https://republika.mk/vesti/svet/podgotvuval-drzaven-udar-uapsen-razresheniot-pretsedatel-na-peru/ Thu, 08 Dec 2022 09:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=583194

Полицијата го уапси разрешениот претседател на Перу Педро Кастиљо и го обвини за побуна и заговор за кршење на уставниот поредок.

Тој бил приведен кога бил на пат за мексиканската амбасада во Лима, неколку часа откако го распушти парламентот.

Педесет и тригодишниот Кастиљо е префрлен во затвор, иако Мексико кажа дека е подготвено да му даде азил.

Досегашната потпретседателка Дина Болуарте е назначена за нов претседател, како прва жена на оваа функција во Перу.

Пратениците го отстранија Кастиљо од функцијата вчера откако во обраќањето на националната телевизија прогласи вонредна состојба и кажа дека ќе владее со декрет. Притоа најави дека ќе го распушти парламентот контролиран од опозицијата, по што во знак на протест неколкумина министри поднесоа оставка.

Шефот на уставниот суд го обвини Кастиљо дека почнал државен удар, додека САД го повикаа да ја промени својата одлука.

Полицијата и армијата на Перу се изјаснија дека го почитуваат уставниот поредок.

The post Подготвувал државен удар: Уапсен разрешениот претседател на Перу appeared first on Република.

]]>

Полицијата го уапси разрешениот претседател на Перу Педро Кастиљо и го обвини за побуна и заговор за кршење на уставниот поредок. Тој бил приведен кога бил на пат за мексиканската амбасада во Лима, неколку часа откако го распушти парламентот. Педесет и тригодишниот Кастиљо е префрлен во затвор, иако Мексико кажа дека е подготвено да му даде азил. Досегашната потпретседателка Дина Болуарте е назначена за нов претседател, како прва жена на оваа функција во Перу. Пратениците го отстранија Кастиљо од функцијата вчера откако во обраќањето на националната телевизија прогласи вонредна состојба и кажа дека ќе владее со декрет. Притоа најави дека ќе го распушти парламентот контролиран од опозицијата, по што во знак на протест неколкумина министри поднесоа оставка. Шефот на уставниот суд го обвини Кастиљо дека почнал државен удар, додека САД го повикаа да ја промени својата одлука. Полицијата и армијата на Перу се изјаснија дека го почитуваат уставниот поредок.

The post Подготвувал државен удар: Уапсен разрешениот претседател на Перу appeared first on Република.

]]>
Која е групата „Рајхсбиргер“, која сакаше да изврши државен удар во Германија? https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-grupata-rajhsbirger-koja-sakashe-da-izvrshi-drzaven-udar-vo-germanija/ Wed, 07 Dec 2022 10:08:08 +0000 https://republika.mk/?p=582884

По денешниот настан, во кој германската полиција објави дека спречила група десничари да извршат државен удар во Берлин, се наведе дека меѓу уапсените се двајца лидери на движењето Рајхсбиргер (Граѓани на Рајхот), кое полицијата долго време го следи поради ширење теории на заговор, отфрлање на федералната република и насилни напади.

Целта на оваа група е да ја преземат власта и да воспостават нов систем, базиран врз германската држава од 1871 година.

Во 2020 година, тогашниот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, забрани фракција на ова екстремно десничарското движење, група која го негира постоењето и авторитетот на модерната германска влада.

Во март 2020 година, над 400 полицајци извршиле рации во домовите на 20 водачи на групата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицајците нашле пиштоли, безбол палки, пропагандни материјали и помали количини наркотици, јави Дојче веле.

Движењето Рајхсбиргер, или Царското граѓанско движење, го негира постоењето на Сојузна Република Германија, демократската држава која беше основана во земјата по Втората светска војна и владее и денес. Групата верува дека Германската империја продолжува да постои, со земјата и териториите што ги држеше пред Втората светска војна.

Тие одбиваат да плаќаат даноци и прогласуваат мали „национални територии” на своите имоти кои ги нарекуваат „Втора Германска Империја“, „Слободна пруска држава“ и „Војводство Германија“.

Членовите на овие групи печатат пасоши и возачки дозволи на самопрогласените држави, а прават и маици и знамиња со кои ги рекламираат истите. „Граѓаните на рајхот” едноставно го игнорираат фактот дека таквите активности се нелегални и не се признаени од било кои германски власти. На своите интернет страници тие гордо ја најавуваат нивната намера „да ја водат борбата против Сојузна Република Германија“.

Германските власти ја следат групата за неуставни активности од 2016 година.

The post Која е групата „Рајхсбиргер“, која сакаше да изврши државен удар во Германија? appeared first on Република.

]]>

По денешниот настан, во кој германската полиција објави дека спречила група десничари да извршат државен удар во Берлин, се наведе дека меѓу уапсените се двајца лидери на движењето Рајхсбиргер (Граѓани на Рајхот), кое полицијата долго време го следи поради ширење теории на заговор, отфрлање на федералната република и насилни напади. Целта на оваа група е да ја преземат власта и да воспостават нов систем, базиран врз германската држава од 1871 година. Во 2020 година, тогашниот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, забрани фракција на ова екстремно десничарското движење, група која го негира постоењето и авторитетот на модерната германска влада. Во март 2020 година, над 400 полицајци извршиле рации во домовите на 20 водачи на групата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицајците нашле пиштоли, безбол палки, пропагандни материјали и помали количини наркотици, јави Дојче веле. Движењето Рајхсбиргер, или Царското граѓанско движење, го негира постоењето на Сојузна Република Германија, демократската држава која беше основана во земјата по Втората светска војна и владее и денес. Групата верува дека Германската империја продолжува да постои, со земјата и териториите што ги држеше пред Втората светска војна. Тие одбиваат да плаќаат даноци и прогласуваат мали „национални територии” на своите имоти кои ги нарекуваат „Втора Германска Империја“, „Слободна пруска држава“ и „Војводство Германија“. Членовите на овие групи печатат пасоши и возачки дозволи на самопрогласените држави, а прават и маици и знамиња со кои ги рекламираат истите. „Граѓаните на рајхот” едноставно го игнорираат фактот дека таквите активности се нелегални и не се признаени од било кои германски власти. На своите интернет страници тие гордо ја најавуваат нивната намера „да ја водат борбата против Сојузна Република Германија“. Германските власти ја следат групата за неуставни активности од 2016 година.

The post Која е групата „Рајхсбиргер“, која сакаше да изврши државен удар во Германија? appeared first on Република.

]]>
Рочиште за нападот на Капитол: Трамп обвинет за обид за државен удар https://republika.mk/vesti/svet/rochishte-za-napadot-na-kapitol-tramp-obvinet-za-obid-za-drzaven-udar/ Fri, 10 Jun 2022 08:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=513435

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го организираше минатогодишното востание во Капитол, јавува Би-Би-Си, според тврдењата на конгресните истражители за време на сослушувањето за нападот на Капитол, кое беше јавно емитувано на американската телевизија.

Лиз Чејни, републиканскиот потпретседател на Комитетот, рече дека Трамп го запалил фитилот на нападот, а Бени Томпсон, демократ, рече дека бунтот ја загрозува американската демократија.

Томпсон, претседател на комитетот и советник во Мисисипи, рече на сослушувањето:

– 6 јануари беше кулминација, тоа беше обид за државен удар, дрзок обид, како што кажа некој веднаш по 6 јануари, за рушење на власта. Насилството не било случајно. Тоа беше последниот обид на Трамп.

– Претседателот Трамп ја повика толпата, се собра и го запали фитилот на овој напад – рече Циниј.

По речиси една година истрага, Изборниот комитет на Претставничкиот дом на САД, предводен од демократите, се отвори со прикажување извадоци од интервјуа што тој ги водел со луѓе блиски до Трамп.

Беше емитувана снимка од сведочењето на поранешниот американски државен обвинител Бил Бар, кој вели дека тврдењата на поранешниот претседател дека изборите биле украдени се неосновани.

„Не можеме да живееме во свет во кој сегашната администрација останува на власт врз основа на нејзината позиција, непотврдена со конкретни докази, дека имало изборна измама“, рече поранешниот јавен обвинител.

На сослушувањето беше прикажано и видео од сведочењето на Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател, која рече дека го прифаќа отфрлањето на теоријата на заговор на нејзиниот татко од страна на Бар.

Трамп ја отфрли истрагата и испрашувањето, нарекувајќи се како политичка измама.

Во следните две недели се очекуваат уште пет рочишта.

На денот на нападот загинаа четири лица. По инцидентот четворица полицајци се самоубија, а во нападот беа повредени над 100,пренесуваат американските медиуми.

 

The post Рочиште за нападот на Капитол: Трамп обвинет за обид за државен удар appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го организираше минатогодишното востание во Капитол, јавува Би-Би-Си, според тврдењата на конгресните истражители за време на сослушувањето за нападот на Капитол, кое беше јавно емитувано на американската телевизија. Лиз Чејни, републиканскиот потпретседател на Комитетот, рече дека Трамп го запалил фитилот на нападот, а Бени Томпсон, демократ, рече дека бунтот ја загрозува американската демократија. Томпсон, претседател на комитетот и советник во Мисисипи, рече на сослушувањето: – 6 јануари беше кулминација, тоа беше обид за државен удар, дрзок обид, како што кажа некој веднаш по 6 јануари, за рушење на власта. Насилството не било случајно. Тоа беше последниот обид на Трамп. – Претседателот Трамп ја повика толпата, се собра и го запали фитилот на овој напад – рече Циниј. По речиси една година истрага, Изборниот комитет на Претставничкиот дом на САД, предводен од демократите, се отвори со прикажување извадоци од интервјуа што тој ги водел со луѓе блиски до Трамп. Беше емитувана снимка од сведочењето на поранешниот американски државен обвинител Бил Бар, кој вели дека тврдењата на поранешниот претседател дека изборите биле украдени се неосновани. „Не можеме да живееме во свет во кој сегашната администрација останува на власт врз основа на нејзината позиција, непотврдена со конкретни докази, дека имало изборна измама“, рече поранешниот јавен обвинител. На сослушувањето беше прикажано и видео од сведочењето на Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател, која рече дека го прифаќа отфрлањето на теоријата на заговор на нејзиниот татко од страна на Бар. Трамп ја отфрли истрагата и испрашувањето, нарекувајќи се како политичка измама. Во следните две недели се очекуваат уште пет рочишта. На денот на нападот загинаа четири лица. По инцидентот четворица полицајци се самоубија, а во нападот беа повредени над 100,пренесуваат американските медиуми.  

The post Рочиште за нападот на Капитол: Трамп обвинет за обид за државен удар appeared first on Република.

]]>
Расте ризикот од државен удар врз Путин: Свиркач тврди дека руските агенти се незадоволни од санкциите https://republika.mk/vesti/svet/raste-rizikot-od-drzaven-udar-vrz-putin-svirkach-tvrdi-deka-ruskite-agenti-se-nezadovolni-od-sankciite/ Thu, 24 Mar 2022 07:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=477433

Ризикот од државен удар на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) против претседателот Владимир Путин секоја недела расте додека војната во Украина продолжува, изјави свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба, пренесува „Гардијан“.

Свиркачот Владимир Осечкин тврди дека „безбедносните служби ги зафатиле хаос и незадоволство по неуспешната руска инвазија врз Украина“.

Осечкин е протеран руски активист и основач на група за човекови права, кој тврди дека анонимен руски разузнавач сето тоа го пишува во писмата што ги добива и кои ги објави.

Осечкин за „Тајмс“ изјави дека ризикот што го преземале разузнавачите за да проговорат е знак за нивниот растечки гнев кон Путин и незадоволството од санкциите што ги засегаат агентите на ФСБ кои повеќе нема да можат да одат на одмор во своите вили во Италија и да ги носат своите деца во Париз во Дизниленд.

Говорејќи од својот дом во Франција, каде што живее во егзил од 2015 година, Осечкин рече дека „Путин создавал стабилност во Русија веќе 20 години“.

Службениците на ФСБ, полицајците, државните обвинители – луѓето во системот – можеа да живеат многу добро. Но сега сето тоа го нема. Тие признаваат дека оваа војна е катастрофа за економијата, за човештвото. Тие не сакаат да се вратат во Советскиот Сојуз, додаде тој.

Како што продолжува војната, секоја недела се зголемува можноста за бунт од сите овие неистомисленици во безбедносните служби, истакнува Осечкин.

The post Расте ризикот од државен удар врз Путин: Свиркач тврди дека руските агенти се незадоволни од санкциите appeared first on Република.

]]>

Ризикот од државен удар на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) против претседателот Владимир Путин секоја недела расте додека војната во Украина продолжува, изјави свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба, пренесува „Гардијан“. Свиркачот Владимир Осечкин тврди дека „безбедносните служби ги зафатиле хаос и незадоволство по неуспешната руска инвазија врз Украина“. Осечкин е протеран руски активист и основач на група за човекови права, кој тврди дека анонимен руски разузнавач сето тоа го пишува во писмата што ги добива и кои ги објави. Осечкин за „Тајмс“ изјави дека ризикот што го преземале разузнавачите за да проговорат е знак за нивниот растечки гнев кон Путин и незадоволството од санкциите што ги засегаат агентите на ФСБ кои повеќе нема да можат да одат на одмор во своите вили во Италија и да ги носат своите деца во Париз во Дизниленд. Говорејќи од својот дом во Франција, каде што живее во егзил од 2015 година, Осечкин рече дека „Путин создавал стабилност во Русија веќе 20 години“. Службениците на ФСБ, полицајците, државните обвинители – луѓето во системот – можеа да живеат многу добро. Но сега сето тоа го нема. Тие признаваат дека оваа војна е катастрофа за економијата, за човештвото. Тие не сакаат да се вратат во Советскиот Сојуз, додаде тој. Како што продолжува војната, секоја недела се зголемува можноста за бунт од сите овие неистомисленици во безбедносните служби, истакнува Осечкин.

The post Расте ризикот од државен удар врз Путин: Свиркач тврди дека руските агенти се незадоволни од санкциите appeared first on Република.

]]>