Доњецк Archives - Република https://republika.mk/tema/donjeck/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 13:50:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Доњецк Archives - Република https://republika.mk/tema/donjeck/ 32 32 Руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-ja-prezele-kontrolata-vrz-seloto-kirovo-vo-donetsk/ Sat, 31 Aug 2024 13:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=811803

Руските сили ја презедоа контролата врз селото Кирово во Доњецк, источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека единиците на воената група „Центар“ ја презеле контролата врз селото и продолжуваат да напредуваат во длабочината на одбраната на украинските војници, пренесуваат руските медиуми.

Руските сили, пренесуваат британските медиуми, остваруваат голема предност во регионот на Доњецк додека украинските војници се обидуваат да напредуваат во руската област Курск по прекуграничната офанзива која започна на 6 август.

The post Руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Руските сили ја презедоа контролата врз селото Кирово во Доњецк, источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека единиците на воената група „Центар“ ја презеле контролата врз селото и продолжуваат да напредуваат во длабочината на одбраната на украинските војници, пренесуваат руските медиуми. Руските сили, пренесуваат британските медиуми, остваруваат голема предност во регионот на Доњецк додека украинските војници се обидуваат да напредуваат во руската област Курск по прекуграничната офанзива која започна на 6 август.

The post Руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Русите освоија важна населба во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/rusite-osvoija-vazhna-naselba-vo-donetsk/ Sun, 07 Jul 2024 13:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=794267

– Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските единици од групата Центар денеска ја презеле контролата врз стратешкото место Чигари во Доњецк.

Според руските медиуми, во соопштението се додава дека единиците на групата Центар ја подобриле тактичката положба како дел од најновите акции

The post Русите освоија важна населба во Доњецк appeared first on Република.

]]>

– Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските единици од групата Центар денеска ја презеле контролата врз стратешкото место Чигари во Доњецк. Според руските медиуми, во соопштението се додава дека единиците на групата Центар ја подобриле тактичката положба како дел од најновите акции

The post Русите освоија важна населба во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Руската армија зазеде мало место во регионот на Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-zazede-malo-mesto-vo-regionot-na-donetsk/ Sun, 02 Jun 2024 13:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=784171

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека зазело мало место во областа Доњецк во источна Украина каде руската армија е во офанзива.

Како што соопшти Министерството, единиците на групата Центар „успеале да го ослободат селото Уманское во Доњецката Народна Република“, како што Русија ја нарекува областа.

Градот, кој имал помалку од 180 жители пред почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, се наоѓа на околу 25 километри северозападно од Доњецк, голем регионален центар кој е под руска контрола.

Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов вчера го поздрави „напредокот на руската армија во Украина во сите тактички правци“.

Според него, руските војници „повратиле 880 квадратни километри од 1 јануари 2024 година“.

Украинската армија, на која и недостасува муниција и војници, се соочува со потешкотии на фронтот откако Русија почна нова офанзива на почетокот на мај околу Харков, вториот по големина град во Украина, пренесе Бета.

Руските сили продолжуваат да навлегуваат и на исток, особено во правец на Покровск, на околу триесет километри северозападно од Уман.

Киев се надева дека претстојната испорака на западно оружје, што се очекуваше долго време, ќе му овозможи да ја врати иницијативата на фронтот, каде што беше во дефанзива неколку месеци.

САД, кои досега ја отфрлаа идејата, изминатава недела и дозволија на Украина да користи американско оружје на територијата на Русија, под одредени околности, за одбрана на регионот Харков. јт/

 

The post Руската армија зазеде мало место во регионот на Доњецк appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека зазело мало место во областа Доњецк во источна Украина каде руската армија е во офанзива. Како што соопшти Министерството, единиците на групата Центар „успеале да го ослободат селото Уманское во Доњецката Народна Република“, како што Русија ја нарекува областа. Градот, кој имал помалку од 180 жители пред почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, се наоѓа на околу 25 километри северозападно од Доњецк, голем регионален центар кој е под руска контрола. Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов вчера го поздрави „напредокот на руската армија во Украина во сите тактички правци“. Според него, руските војници „повратиле 880 квадратни километри од 1 јануари 2024 година“. Украинската армија, на која и недостасува муниција и војници, се соочува со потешкотии на фронтот откако Русија почна нова офанзива на почетокот на мај околу Харков, вториот по големина град во Украина, пренесе Бета. Руските сили продолжуваат да навлегуваат и на исток, особено во правец на Покровск, на околу триесет километри северозападно од Уман. Киев се надева дека претстојната испорака на западно оружје, што се очекуваше долго време, ќе му овозможи да ја врати иницијативата на фронтот, каде што беше во дефанзива неколку месеци. САД, кои досега ја отфрлаа идејата, изминатава недела и дозволија на Украина да користи американско оружје на територијата на Русија, под одредени околности, за одбрана на регионот Харков. јт/  

The post Руската армија зазеде мало место во регионот на Доњецк appeared first on Република.

]]>
Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, при што загинаа тројца https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-proektil-pogodi-restoran-vo-donetsk-pod-ruska-kontrola-pri-shto-zaginaa-trojtsa/ Sat, 11 May 2024 14:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=777068

Три лица загинаа, а осум се ранети денеска во украински напад врз градот Доњецк, кој е под руска контрола, на истокот на земјата, пренесе Бета.

-Директно погоден е ресторанот „Рај“, изјави преку Телеграм, Денис Пушилин, шеф на руските окупациски власти во тој регион.

Според Пушилин, ракета од американски ракетен фрлач Химарс директно го погодила ресторанот и оштетила други згради, а друга ракета погодила недовршена зграда во близина.

Доњецк, кој е под контрола на Москва, е многу блиску до линијата на фронтот и редовно е мета на украинските напади.

Руската армија денеска соопшти дека зазела пет села во Харковската област, исто така во источна Украина каде што спроведува копнена офанзива, и уште едно село во Доњецката област.

The post Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, при што загинаа тројца appeared first on Република.

]]>

Три лица загинаа, а осум се ранети денеска во украински напад врз градот Доњецк, кој е под руска контрола, на истокот на земјата, пренесе Бета.
-Директно погоден е ресторанот „Рај“, изјави преку Телеграм, Денис Пушилин, шеф на руските окупациски власти во тој регион.
Според Пушилин, ракета од американски ракетен фрлач Химарс директно го погодила ресторанот и оштетила други згради, а друга ракета погодила недовршена зграда во близина. Доњецк, кој е под контрола на Москва, е многу блиску до линијата на фронтот и редовно е мета на украинските напади. Руската армија денеска соопшти дека зазела пет села во Харковската област, исто така во источна Украина каде што спроведува копнена офанзива, и уште едно село во Доњецката област.

The post Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, при што загинаа тројца appeared first on Република.

]]>
Во Доњецк првпат се гласа за руски претседател https://republika.mk/vesti/svet/vo-donetsk-prvpat-se-glasa-za-ruski-pretsedatel/ Fri, 15 Mar 2024 15:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=755189

Граѓаните на Доњецк првпат гласаат на претсседателските избори во Русија.

Повеќе од 50 отсто од гласачите веќе гласале предвреме со помош на мобилните комисии.

Предвременото гласање беше предизвикано од мерки на претпазливост, затоа што и покрај тоа што беше преземена контролата врз Авдеевка, Доњецк се уште е во опсегот на украинското гранатирање, поради што се стравува од напади и провокации од украинските сили.

Сепак, додека траат изборите, градот е невообичаено тивок и не се слуша врева од битки.

 

The post Во Доњецк првпат се гласа за руски претседател appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Доњецк првпат гласаат на претсседателските избори во Русија. Повеќе од 50 отсто од гласачите веќе гласале предвреме со помош на мобилните комисии. Предвременото гласање беше предизвикано од мерки на претпазливост, затоа што и покрај тоа што беше преземена контролата врз Авдеевка, Доњецк се уште е во опсегот на украинското гранатирање, поради што се стравува од напади и провокации од украинските сили. Сепак, додека траат изборите, градот е невообичаено тивок и не се слуша врева од битки.  

The post Во Доњецк првпат се гласа за руски претседател appeared first on Република.

]]>
Пушилин: Нашиот сон се оствари, Доњецк се врати дома https://republika.mk/vesti/svet/pushilin-nashiot-son-se-ostvari-donetsk-se-vrati-doma/ Thu, 14 Mar 2024 10:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=754659

Лидерот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, во интервју за РТ, изјави дека Мариупол може да послужи како пример за обнова на другите ослободени градови во Донбас.

Тоа беше сон долго време, без конкретни изгледи за негово остварување. Да се ​​вратаме дома, повторно да станеме дел од Русија, а сега тој сон се оствари. Се разбира, изборите се важни не само за практични причини, но и емотивни. Ние, жителите на Донбас, се однесуваме со почит. Се е подготвено“, вели Пушилин, притоа додавајќи дека не треба да се исклучи можноста „непријателот да се обиде да создаде проблеми со разни провокации“.

Коментирајќи ја состојбата во Авдеевка, како и судбината на локалното население чии домови се оштетени или уништени во конфликтот, Пушилин посочува дека Мариупол веќе успешно ги поминал сите фази на реконструкција.

https://republika.mk/vesti/svet/rusija-vo-mariupol-izgradi-nov-moderen-klinichki-tsentar/

The post Пушилин: Нашиот сон се оствари, Доњецк се врати дома appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, во интервју за РТ, изјави дека Мариупол може да послужи како пример за обнова на другите ослободени градови во Донбас.
Тоа беше сон долго време, без конкретни изгледи за негово остварување. Да се ​​вратаме дома, повторно да станеме дел од Русија, а сега тој сон се оствари. Се разбира, изборите се важни не само за практични причини, но и емотивни. Ние, жителите на Донбас, се однесуваме со почит. Се е подготвено“, вели Пушилин, притоа додавајќи дека не треба да се исклучи можноста „непријателот да се обиде да создаде проблеми со разни провокации“.
Коментирајќи ја состојбата во Авдеевка, како и судбината на локалното население чии домови се оштетени или уништени во конфликтот, Пушилин посочува дека Мариупол веќе успешно ги поминал сите фази на реконструкција. https://republika.mk/vesti/svet/rusija-vo-mariupol-izgradi-nov-moderen-klinichki-tsentar/

The post Пушилин: Нашиот сон се оствари, Доњецк се врати дома appeared first on Република.

]]>
Драма на небото над Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/drama-na-neboto-nad-donetsk/ Wed, 13 Mar 2024 15:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=754473

Застрашувачкиот момент се случи на небото на Украина кога борбениот авион на Вооружените сили на Украина се претвори во блескава топка откако беше погоден од руски проектил.

Шокантното видео покажува како украинскиот МиГ-29, кој го следеше руски борбен авион Су-35С, е погоден со ракета воздух-воздух Вимпел Р-37.

Украински борбен авион се запалил, а црна трага од чад останала на небото додека леталото паѓаше. Загина мајорот Андреј Ткаченко (33) од Лавов со повикот Ткача.
.

The post Драма на небото над Доњецк appeared first on Република.

]]>

Застрашувачкиот момент се случи на небото на Украина кога борбениот авион на Вооружените сили на Украина се претвори во блескава топка откако беше погоден од руски проектил. Шокантното видео покажува како украинскиот МиГ-29, кој го следеше руски борбен авион Су-35С, е погоден со ракета воздух-воздух Вимпел Р-37. Украински борбен авион се запалил, а црна трага од чад останала на небото додека леталото паѓаше. Загина мајорот Андреј Ткаченко (33) од Лавов со повикот Ткача. .

The post Драма на небото над Доњецк appeared first on Република.

]]>
Три лица загинаа, а дванаесет се ранети во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/tri-litsa-zaginaa-a-dvanaeset-se-raneti-vo-donetsk/ Wed, 14 Feb 2024 09:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=743976

Три лица загинаа, а дванаесет се ранети во синоќешното руско бомбардирање на Селидово, во близина на Доњецк во источна Украина, соопштија локалните власти.

Во нападот биле погодени девет станбени згради и болница лоцирана на дваесетина километри западно од бојното поле, соопшти градскиот совет на Телеграм.

Меѓу загинатите има и едно дете, а меѓу ранетите има четири деца, информираат тие. Според гувернерот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, првиот напад се случил околу 23:30 часот, а вториот околу 1 часот по полноќ. Околу сто пациенти од погодената болница се евакуирани во болниците во Покровск и Мирноград, додаде тој на Телеграм.

Ниту еден извор не прецизира точно за каков напад станува збор – ракетен, артилериски или напад со дронови. Градот Селидово, кој пред војната имаше околу 21.000 жители, се наоѓа во околината на градот Доњецк.

Во меѓувреме, руската воздушна одбрана соборила два украински дрона над регионот Белгород во близина на границата со Украина, еден е соборен над Воронеж, а шест над Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, една жена е ранета и хоспитализирана. Ниту Гладков, ниту руското Министерство за одбрана не пријавија евентуална штета.

The post Три лица загинаа, а дванаесет се ранети во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Три лица загинаа, а дванаесет се ранети во синоќешното руско бомбардирање на Селидово, во близина на Доњецк во источна Украина, соопштија локалните власти. Во нападот биле погодени девет станбени згради и болница лоцирана на дваесетина километри западно од бојното поле, соопшти градскиот совет на Телеграм. Меѓу загинатите има и едно дете, а меѓу ранетите има четири деца, информираат тие. Според гувернерот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, првиот напад се случил околу 23:30 часот, а вториот околу 1 часот по полноќ. Околу сто пациенти од погодената болница се евакуирани во болниците во Покровск и Мирноград, додаде тој на Телеграм. Ниту еден извор не прецизира точно за каков напад станува збор – ракетен, артилериски или напад со дронови. Градот Селидово, кој пред војната имаше околу 21.000 жители, се наоѓа во околината на градот Доњецк. Во меѓувреме, руската воздушна одбрана соборила два украински дрона над регионот Белгород во близина на границата со Украина, еден е соборен над Воронеж, а шест над Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана. Според гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, една жена е ранета и хоспитализирана. Ниту Гладков, ниту руското Министерство за одбрана не пријавија евентуална штета.

The post Три лица загинаа, а дванаесет се ранети во Доњецк appeared first on Република.

]]>
При ракетниот напад на пазар во Доњецк, Украинците убиле 25 цивили https://republika.mk/vesti/svet/pri-raketniot-napad-na-pazar-vo-donetsk-ukraintsite-ubile-25-tsivili/ Sun, 21 Jan 2024 13:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=735167

Бројот на загинати граѓани во гранатирањето пазар во Доњецк од страна на украинските сили е 25 лица, и најмалку 20 лица се повредени, објави шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин на својот канал на Телеграм.

Претходно беше соопштено дека 18 загинале, а 13 се повредени.

„Во моментов е потврдена информацијата за 25 загинати. Повредени се уште најмалку 20 лица, од кои две деца се во тешка состојба... Меѓу нив има и тешко повредени“, се наведува во соопштението.

Доњецк  се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

Москва денеска го нарече нападот врз пазар во градот Доњецк, што е под контрола на Русија, „варварски терористички чин“ што ја покажува потребата од нејзина „специјална воена операција“ во Украина.

Неонацистичкиот режим во Киев, со поддршка на САД и неговите сателити, уште еднаш изврши варварски терористички чин против цивилното население во Русија“, соопшти Министерство за надворешни работи на Русија

The post При ракетниот напад на пазар во Доњецк, Украинците убиле 25 цивили appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати граѓани во гранатирањето пазар во Доњецк од страна на украинските сили е 25 лица, и најмалку 20 лица се повредени, објави шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин на својот канал на Телеграм. Претходно беше соопштено дека 18 загинале, а 13 се повредени.
„Во моментов е потврдена информацијата за 25 загинати. Повредени се уште најмалку 20 лица, од кои две деца се во тешка состојба... Меѓу нив има и тешко повредени“, се наведува во соопштението.
Доњецк  се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот. Москва денеска го нарече нападот врз пазар во градот Доњецк, што е под контрола на Русија, „варварски терористички чин“ што ја покажува потребата од нејзина „специјална воена операција“ во Украина.
Неонацистичкиот режим во Киев, со поддршка на САД и неговите сателити, уште еднаш изврши варварски терористички чин против цивилното население во Русија“, соопшти Министерство за надворешни работи на Русија

The post При ракетниот напад на пазар во Доњецк, Украинците убиле 25 цивили appeared first on Република.

]]>
Украинците гранатираа пазар во Доњецк, најмалку 13 загинати цивили https://republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-granatiraa-pazar-vo-donetsk-najmalku-13-zaginati-tsivili/ Sun, 21 Jan 2024 12:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=735142

Најмалку 13 лица загинаа, а 10 се ранети во украински напад врз градот Доњецк, во Доњецката Нардона Република, која е под руска контрола, јавија западните медиуми, повикувајќи се на порака на Телеграма објавена од Алексеј Кулемзин, шеф на локалната администрација назначена од Москва.

Претходно Кулемзин јави за осум загинати во нападот врз округот Кировски.

Засега податоците се прецизираат, додаде рускиот претставник.

Во украинскиот напад бил погоден градскиот пазар.

Француските медиуми потсетуваат дека Доњецк од 2014 година е под контрола на локалните проруски герилци, раководени од Москва, и оттогаш е редовно гранатиран од украинската армија. Градот се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

The post Украинците гранатираа пазар во Доњецк, најмалку 13 загинати цивили appeared first on Република.

]]>

Најмалку 13 лица загинаа, а 10 се ранети во украински напад врз градот Доњецк, во Доњецката Нардона Република, која е под руска контрола, јавија западните медиуми, повикувајќи се на порака на Телеграма објавена од Алексеј Кулемзин, шеф на локалната администрација назначена од Москва. Претходно Кулемзин јави за осум загинати во нападот врз округот Кировски.
Засега податоците се прецизираат, додаде рускиот претставник.
Во украинскиот напад бил погоден градскиот пазар. Француските медиуми потсетуваат дека Доњецк од 2014 година е под контрола на локалните проруски герилци, раководени од Москва, и оттогаш е редовно гранатиран од украинската армија. Градот се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

The post Украинците гранатираа пазар во Доњецк, најмалку 13 загинати цивили appeared first on Република.

]]>
Утрински руски напад со дронови „камикази“ во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/utrinski-ruski-napad-so-dronovi-kamikazi-vo-donetsk/ Tue, 21 Nov 2023 08:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=714631

Русија во текот на ноќта изврши напад врз територијата на Украина со 11 беспилотни летала камикази од типот „Шахед“ и пет ракети, соопшти украинската армија.

Како што е наведено, украинските сили и средствата за противвоздушна одбрана уништија крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 10 напаѓачки беспилотни летала.

„Руските окупатори извршија нов напад врз Украина, користејќи четири противвоздушни наведувани ракети С-300, крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 11 напаѓачки беспилотни летала „Шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Според соопштението, во рускиот напад е оштетена Централната градска болница во градот Селидово во Доњецката област, како и зградата на рудникот Котљаровскаја и друга цивилна инфраструктура.

The post Утрински руски напад со дронови „камикази“ во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Русија во текот на ноќта изврши напад врз територијата на Украина со 11 беспилотни летала камикази од типот „Шахед“ и пет ракети, соопшти украинската армија. Како што е наведено, украинските сили и средствата за противвоздушна одбрана уништија крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 10 напаѓачки беспилотни летала. „Руските окупатори извршија нов напад врз Украина, користејќи четири противвоздушни наведувани ракети С-300, крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 11 напаѓачки беспилотни летала „Шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Според соопштението, во рускиот напад е оштетена Централната градска болница во градот Селидово во Доњецката област, како и зградата на рудникот Котљаровскаја и друга цивилна инфраструктура.

The post Утрински руски напад со дронови „камикази“ во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Украинска „касетна честитка“ за Денот на Доњецк: Градот масивно гранатиран, има повредени цивили https://republika.mk/vesti/svet/ukrainska-kasetna-chestitka-za-denot-na-donetsk-gradot-masivno-granatiran-ima-povredeni-tsivili/ Sun, 27 Aug 2023 19:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=676467

Во текот на денот, украинските формации ги гранатирале населбите на првата линија на агломерацијата Доњецк, при што масовно користеле и касетна муниција, која е забранета со меѓународните конвенции.

Во Доњецк, каде што денеска се слави денот на градот, квартот Куибишевски бил под огромен оган. Според последните податоци, најмалку три деца и еден човек се повредени со различна сериозност. Оштетени се и станбени згради и најмалку една продавница.

Покрај тоа, Украинците го нападнале и централниот дел од градот, како и областите Никитовски и Горловка, при што двајца цивили биле повредени, меѓу кои и една девојка.

На сите настрадани им е укажана неопходна медицинска помош. Оперативните и итните служби продолжуваат да работат на местото на инцидентот.

The post Украинска „касетна честитка“ за Денот на Доњецк: Градот масивно гранатиран, има повредени цивили appeared first on Република.

]]>

Во текот на денот, украинските формации ги гранатирале населбите на првата линија на агломерацијата Доњецк, при што масовно користеле и касетна муниција, која е забранета со меѓународните конвенции. Во Доњецк, каде што денеска се слави денот на градот, квартот Куибишевски бил под огромен оган. Според последните податоци, најмалку три деца и еден човек се повредени со различна сериозност. Оштетени се и станбени згради и најмалку една продавница. Покрај тоа, Украинците го нападнале и централниот дел од градот, како и областите Никитовски и Горловка, при што двајца цивили биле повредени, меѓу кои и една девојка. На сите настрадани им е укажана неопходна медицинска помош. Оперативните и итните служби продолжуваат да работат на местото на инцидентот.

The post Украинска „касетна честитка“ за Денот на Доњецк: Градот масивно гранатиран, има повредени цивили appeared first on Република.

]]>
Украинците тврдат дека Русите ја разнеле и браната на реката Мокри Јали, во регионот Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-tvrdat-deka-rusite-ja-raznele-i-branata-na-rekata-mokri-jali-vo-regionot-donetsk/ Sun, 11 Jun 2023 20:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=650253

Руските сили ја разнесоа и браната на реката Мокри Јали, во регионот Доњецк, предизвикувајќи поплави од двете страни на реката, изјави за „Украинска правда“ Валери Шершен, портпарол на одбранбените сили на Фронтот Таврија.

На реката Мокри Јали, окупаторите ја разнесоа браната, што доведе до поплавување на двата брега на реката. Сепак, тоа не влијае на офанзивните операции на одбранбените сили на фронтот Таврија, изјави Шершен, пренесе Индекс. хр.

Портпаролот тврди дека Русите со уништување на браните се обидуваат да ја забават украинската контраофанзива.

Прво окупаторите ја разнесоа акумулацијата Карливка, потоа хидроцентралата Каховка, потоа ги разнесоа и другите хидроцентрали во окупираниот дел на регионот Запорожје. Во Запорожје очекуваа пробив на вооружените сили, па за да ни го забават напредувањето, ја разнесоа хидроцентралата на реката Мокри Јали, но тоа не влијаеше на напредувањето на одбранбените сили, рече Шершен.

Тој, исто така, кажа дека украинската армија на фронтот Таврија преминала од одбрана во напад. Ова ги донесе првите локални резултати во форма на ослободување на Блаходтна и напредување кон селото Урожаине.

The post Украинците тврдат дека Русите ја разнеле и браната на реката Мокри Јали, во регионот Доњецк appeared first on Република.

]]>

Руските сили ја разнесоа и браната на реката Мокри Јали, во регионот Доњецк, предизвикувајќи поплави од двете страни на реката, изјави за „Украинска правда“ Валери Шершен, портпарол на одбранбените сили на Фронтот Таврија.
На реката Мокри Јали, окупаторите ја разнесоа браната, што доведе до поплавување на двата брега на реката. Сепак, тоа не влијае на офанзивните операции на одбранбените сили на фронтот Таврија, изјави Шершен, пренесе Индекс. хр.
Портпаролот тврди дека Русите со уништување на браните се обидуваат да ја забават украинската контраофанзива.
Прво окупаторите ја разнесоа акумулацијата Карливка, потоа хидроцентралата Каховка, потоа ги разнесоа и другите хидроцентрали во окупираниот дел на регионот Запорожје. Во Запорожје очекуваа пробив на вооружените сили, па за да ни го забават напредувањето, ја разнесоа хидроцентралата на реката Мокри Јали, но тоа не влијаеше на напредувањето на одбранбените сили, рече Шершен.
Тој, исто така, кажа дека украинската армија на фронтот Таврија преминала од одбрана во напад. Ова ги донесе првите локални резултати во форма на ослободување на Блаходтна и напредување кон селото Урожаине.

The post Украинците тврдат дека Русите ја разнеле и браната на реката Мокри Јали, во регионот Доњецк appeared first on Република.

]]>
Деветмина загинати при украински ракетен напад врз Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/devetmina-zaginati-pri-ukrainski-raketen-napad-vrz-donetsk/ Thu, 06 Apr 2023 20:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=628136

Повеќе луѓе загинале во напад во градот Доњецк, што е под контрола од Русија, иако точниот број не е јасен, пренесе ДПА.

Некои руски медиуми јавуваат дека загинале четири лица, додека други наведуваат дека има девет.

Цел на нападот била колона возила и, според руските извештаи, бил изведен со американски ракети Химарс. На интернет се објавени видеа на кои се гледаат оштетени возила и неколку тела.

 

The post Деветмина загинати при украински ракетен напад врз Доњецк appeared first on Република.

]]>

Повеќе луѓе загинале во напад во градот Доњецк, што е под контрола од Русија, иако точниот број не е јасен, пренесе ДПА. Некои руски медиуми јавуваат дека загинале четири лица, додека други наведуваат дека има девет. Цел на нападот била колона возила и, според руските извештаи, бил изведен со американски ракети Химарс. На интернет се објавени видеа на кои се гледаат оштетени возила и неколку тела.  

The post Деветмина загинати при украински ракетен напад врз Доњецк appeared first on Република.

]]>
Француски репортер се најде среде руски ракетен напад додека се јавуваше во живо https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-reporter-se-najde-srede-ruski-raketen-napad-dodeka-se-javuvashe-vo-zhivo/ Tue, 03 Jan 2023 12:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=593134

Ужасeн напад на руските сили се случи во моментот кога новинар на француска телевизија имаше јавување во живо.

Ракетите експлодирале на само неколку десетици метри од новинарот, а камерата ја снимила големата експлозија што се случила зад него.

Нападот на руските сили се случи во делови од областа Доњецк, кои се под контрола на Украина, а погодени беа селото Јаковливка, градот Краматорск и лизгалиштето во градот Дружковка, каде што привремено се стационирани украински војници, соопштија украински официјални лица.

 

The post Француски репортер се најде среде руски ракетен напад додека се јавуваше во живо appeared first on Република.

]]>

Ужасeн напад на руските сили се случи во моментот кога новинар на француска телевизија имаше јавување во живо. Ракетите експлодирале на само неколку десетици метри од новинарот, а камерата ја снимила големата експлозија што се случила зад него.
Нападот на руските сили се случи во делови од областа Доњецк, кои се под контрола на Украина, а погодени беа селото Јаковливка, градот Краматорск и лизгалиштето во градот Дружковка, каде што привремено се стационирани украински војници, соопштија украински официјални лица.  

The post Француски репортер се најде среде руски ракетен напад додека се јавуваше во живо appeared first on Република.

]]>
Руската армија потврди дека 63 руски војници загинале во украински напад кај Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-potvrdi-deka-63-ruski-vojnitsi-zaginale-vo-ukrainski-napad-kaj-donetsk/ Mon, 02 Jan 2023 15:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=592845

Руското Министерство за одбрана, соопшти дека најмалку 63 руски војници загинале во украински напад врз град во близина на Доњецк.

Украинските власти соопштија за уште поголем број загинати.

Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, кој не го прецизираше точниот датум на нападот, четири ракети го погодиле „привремениот центар“ на руската војска во Макеевка, град под контрола на руските сили, источно од Доњецк.

Руските и украинските медиуми претходно јавија дека нападот на тој град бил извршен во ноќта меѓу саботата и неделата.

The post Руската армија потврди дека 63 руски војници загинале во украински напад кај Доњецк appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана, соопшти дека најмалку 63 руски војници загинале во украински напад врз град во близина на Доњецк. Украинските власти соопштија за уште поголем број загинати. Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, кој не го прецизираше точниот датум на нападот, четири ракети го погодиле „привремениот центар“ на руската војска во Макеевка, град под контрола на руските сили, источно од Доњецк. Руските и украинските медиуми претходно јавија дека нападот на тој град бил извршен во ноќта меѓу саботата и неделата.

The post Руската армија потврди дека 63 руски војници загинале во украински напад кај Доњецк appeared first on Република.

]]>
Во Доњецк се водат големи борби https://republika.mk/vesti/svet/vo-donetsk-se-vodat-golemi-borbi/ Sat, 31 Dec 2022 08:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=592199

Украинската војска соопшти дека руските сили се обиделе да напредуваат во близина на Бахмут и Авдивка, централните точки за заземање на Доњецк.

Украинците известуваат и дека руските сили пукале врз неколку градови и села, а има гранатирање и на неколку области во Доњецк.

 

The post Во Доњецк се водат големи борби appeared first on Република.

]]>

Украинската војска соопшти дека руските сили се обиделе да напредуваат во близина на Бахмут и Авдивка, централните точки за заземање на Доњецк. Украинците известуваат и дека руските сили пукале врз неколку градови и села, а има гранатирање и на неколку области во Доњецк.  

The post Во Доњецк се водат големи борби appeared first on Република.

]]>
Нападната „легијата на странци“ во Доњецката република https://republika.mk/vesti/svet/napadnata-legijata-na-stranci-vo-donjeckata-republika/ Sun, 27 Nov 2022 13:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=578710

Руската армија изврши напад врз „Легијата на странци““ во Доњецката народна репубика' при што загинаа околу 100 платеници;

Одбиен бил нападот на украинската војска во областа Доњецк а убиени се околу 70 војници:Уништено е складиштето за муниција на повеќецевни системи за фрлање гранати „Химарс“ во близина на Дњепропетровск. Покра тоа уништени се четири украински складишта за муниција во регионот Запорожје.

 

The post Нападната „легијата на странци“ во Доњецката република appeared first on Република.

]]>

Руската армија изврши напад врз „Легијата на странци““ во Доњецката народна репубика' при што загинаа околу 100 платеници; Одбиен бил нападот на украинската војска во областа Доњецк а убиени се околу 70 војници:Уништено е складиштето за муниција на повеќецевни системи за фрлање гранати „Химарс“ во близина на Дњепропетровск. Покра тоа уништени се четири украински складишта за муниција во регионот Запорожје.  

The post Нападната „легијата на странци“ во Доњецката република appeared first on Република.

]]>
Одбиен обид контраофанзива на странските платеници во Доњецк, загинале 400 украински борци https://republika.mk/vesti/svet/odbien-obid-kontraofanziva-na-stranskite-platenici-vo-donjeck-zaginale-400-ukrainski-borci/ Sat, 12 Nov 2022 16:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=573085

Во текот на изминатото деноноќие руските единици уништиле повеќе од 400 борци на украинските сили, меѓу кои војници и припадници на ткн „Меѓународна легија“, во борбите на териториите на југоисточните украински региони Доњецк и Луганск кои сѐ уште се под контрола на украинските трупи а каде мнозинското руско и рускојазично население претходно годинава на референдуми изгласа присоединување кон Руската Федерација.

Според дневниот извештај на руското Министерство за одбрана, чии податоци не можат да се проверат од независни извори, странските платеници со контраофанзива се обиделе да го запрат напредувањето на руските трупи на југот од Доњецк, кај селата Степное, Владимировка и Павловка.

„Во ударите на артилеријата и авијацијата уништени се повеќе од 85 милитанти, седум оклопни борбени возила и два камиона“, соопшти руската војска.

Украинската војска со две тактички баталјонски групи се обидела да изврши напредување во правецот на градот Кујпанск, но биле отфрлени на почетници позиции.

Друга тактичка формација на украинските сили, пак, била нападната од руските единици во близина на селото Пешаное, во регионот на Харков, на западниот дел од боиштето, каде што украинските единици во последните деноноќие претрпеле загуба од 160 војници, шест тенкови и девет борбени оклопни возила.

Во Красно-Лиманската област, во судирите загинале околу 190 украински војници, а биле уништени еден тенк, шест оклопни возила и пет други возила. Во истиот регион руската воена авијација нападнала четири командни позиции на украинските сили, 58 артилериски единици, други позиции на жива сила и техника на вкупно 236 позиции.

Во Харковската област и на рабните области на регионот Доњецк,, пак, руската војска уништила батерија од американските такетни системи „М777“ и две радарски станици, а во Запорошката област каде што украинската војска влезе по повлекувањето на руските единици од Херсон бил соборен украински хеликоптер „Ми-8“, соопшти министерството за одбрана во Москва.

The post Одбиен обид контраофанзива на странските платеници во Доњецк, загинале 400 украински борци appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатото деноноќие руските единици уништиле повеќе од 400 борци на украинските сили, меѓу кои војници и припадници на ткн „Меѓународна легија“, во борбите на териториите на југоисточните украински региони Доњецк и Луганск кои сѐ уште се под контрола на украинските трупи а каде мнозинското руско и рускојазично население претходно годинава на референдуми изгласа присоединување кон Руската Федерација. Според дневниот извештај на руското Министерство за одбрана, чии податоци не можат да се проверат од независни извори, странските платеници со контраофанзива се обиделе да го запрат напредувањето на руските трупи на југот од Доњецк, кај селата Степное, Владимировка и Павловка. „Во ударите на артилеријата и авијацијата уништени се повеќе од 85 милитанти, седум оклопни борбени возила и два камиона“, соопшти руската војска. Украинската војска со две тактички баталјонски групи се обидела да изврши напредување во правецот на градот Кујпанск, но биле отфрлени на почетници позиции. Друга тактичка формација на украинските сили, пак, била нападната од руските единици во близина на селото Пешаное, во регионот на Харков, на западниот дел од боиштето, каде што украинските единици во последните деноноќие претрпеле загуба од 160 војници, шест тенкови и девет борбени оклопни возила. Во Красно-Лиманската област, во судирите загинале околу 190 украински војници, а биле уништени еден тенк, шест оклопни возила и пет други возила. Во истиот регион руската воена авијација нападнала четири командни позиции на украинските сили, 58 артилериски единици, други позиции на жива сила и техника на вкупно 236 позиции. Во Харковската област и на рабните области на регионот Доњецк,, пак, руската војска уништила батерија од американските такетни системи „М777“ и две радарски станици, а во Запорошката област каде што украинската војска влезе по повлекувањето на руските единици од Херсон бил соборен украински хеликоптер „Ми-8“, соопшти министерството за одбрана во Москва.

The post Одбиен обид контраофанзива на странските платеници во Доњецк, загинале 400 украински борци appeared first on Република.

]]>
Жестоки борби во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/zestoki-borbi-vo-donjeck/ Thu, 10 Nov 2022 08:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=572118

Украинските сили ги одбија новите руски напади во источниот регион Доњецк, каде што Москва продолжува со офанзивата во насоките Бахмут и Авдијевка, соопшти утрово Генералштабот на украинските вооружени сили, додека пак највисокиот американски генерал предупреди за „огромната количина“ страдања и жртви што војната им ги донесе на Украинците.

Жестоките борби на истокот дојдоа кога рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди повлекување од западниот брег на реката Днепар во делумно окупираната област Херсон во Украина, во најновиот очигледен неуспех за Москва на бојното поле во југоисточниот дел на Украина.

Украинската војска соопшти дека ги одбила и руските напади во Луганск, кои заедно со Доњецк го сочинуваат регионот Донбас во источна Украина.

The post Жестоки борби во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Украинските сили ги одбија новите руски напади во источниот регион Доњецк, каде што Москва продолжува со офанзивата во насоките Бахмут и Авдијевка, соопшти утрово Генералштабот на украинските вооружени сили, додека пак највисокиот американски генерал предупреди за „огромната количина“ страдања и жртви што војната им ги донесе на Украинците. Жестоките борби на истокот дојдоа кога рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди повлекување од западниот брег на реката Днепар во делумно окупираната област Херсон во Украина, во најновиот очигледен неуспех за Москва на бојното поле во југоисточниот дел на Украина. Украинската војска соопшти дека ги одбила и руските напади во Луганск, кои заедно со Доњецк го сочинуваат регионот Донбас во источна Украина.

The post Жестоки борби во Доњецк appeared first on Република.

]]>