добрила кацарска Archives - Република https://republika.mk/tema/dobrila-kacarska/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 12:33:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png добрила кацарска Archives - Република https://republika.mk/tema/dobrila-kacarska/ 32 32 Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија https://republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-ne-prestanuva-funktsijata-na-ustaven-sudija-po-osnov-na-starosna-penzija/ Wed, 10 Jul 2024 12:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=795374

Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија, изјави денеска портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.

Во врска со информациите доставени до Собранието дека судијката на Уставниот суд Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска со единствена точка на дневен ред, едногласно го донесе следниот заклучок - согласно членот 51 од Уставот, секој е должен да го почитува Уставот и законите. Членот 109 изменет со амандманот 15, јасно и прецизно ја уредува постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на Уставниот суд - рече Беловска.

Истакна дека согласно членот 111 од Уставот, јасно се определени условите за престанок на функцијата на уставен судија и оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд.

Секое преземање на било какво дејствие од било кој државен орган, надвор од уставно предвидените одредби во членот 111, претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд. Судот потенцира дека во 60-годишното постоење, не постои случај да престане функцијата на уставен судија по основ на остварување на старосна пензија - нагласи Беловска.

Дел од медиумите неодамна објавија дека Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека судијката на Уставниот суд, Добрила Кацарска ги исполнила условите за остварување на старосна пензија со што го губи статусот на активен судија, што е услов еден судија да може да биде избран за член на Уставниот суд. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски минатата недела изјави дека основите за престанок на функција на уставен судија ги уредува Уставот и оти не може да се прави поистоветување меѓу членство во Судски совет и членство во Уставен суд.

The post Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија appeared first on Република.

]]>

На Кацарска и престанал судскиот статус, треба да оди во пензија https://republika.mk/vesti/makedonija/na-katsarska-i-prestanal-sudskiot-status-treba-da-odi-vo-penzija/ Thu, 04 Jul 2024 16:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=793512

Во  Собранието стигнал допис дека на судијката  Добрила Кацарска  и  престанал судискиот статус поради пензионирање, потврдуваат  од Собранието за  ТВ 24.

Дека таков допис е пратен за известување за тв 24 потврдува и претседателката на судскиот совет Весна Дамева.

„Испратен е допис до Собранието за известување дека на судијата Добрила Кацарска и е престаннат судискиот статус во Основен суд Скопје 1, по основ на пензионирање и во прилог е доставено и решението за пензионирање, вели Дамева за  ТВ 24.

Тв 24 повикувајќи се на извори пишува дека планот на мнозинството е поради оваа причина да биде разрешена Кацарска.

Од Уставен суд за тв 24 велат дека во отсуство на официјални информации за било каква иницијатива за престанок на мандат на судија на Уставниот суд нема да дава коментари. „Во Уставот во член 111 став 4 јасно се уредени основите за престанок на функција на уставен судија“, велат од Уставен суд

The post На Кацарска и престанал судскиот статус, треба да оди во пензија appeared first on Република.

Уставен денеска бира претседател: Koj ќе ја наследи Кацарска? https://republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-deneska-bira-pretsedatel-koj-ke-ja-nasledi-katsarska/ Thu, 30 May 2024 08:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=783016

Во Уставен суд денеска со почеток од 10 часот ќе се одржи седница за избор на нов претседател на Судот, кој ќе дојде на местото на досегашната претседателка, Добрила Кацарска, на која мандтот ѝ истекува на 2 јуни.

Според Деловникот на Уставен, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Добрила Кацарска, вчера на прес-конференција за својот тригодишен мандат, рече дека го завршува со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив.

Потенцираше дека е скратен рокот за одговор на доносителите на актот од кои барале мислење во текот на постапките, па така наместо 30 дена максимален рок за одговор, ќе мора да го  дадат за најмногу 15 дена, по барањето на Уставниот суд.

- Како битна новина е и тоа што кога се поведува постапка за некои закони, а доколку Судот утврди дека може да настане некој вакуум простор со укинување или поништување, при што граѓаните или правните лица во тој период не може да ги остварат своите права, Уставниот суд ќе се обрати до доносителот на актот и ќе им даде рок од најмногу шест месеци за да направат исправка. Ваков начин на работа имаат уставните судови во Словенија, Германија и други земји, дополни Кацарска.

Во освртот го спомена и намалувањето на бројот на стари предмети од кои некои се чувале и по десетина години.

- Статистиките кои ги водиме покажаа дека има раст на укинати или поништени акти. Имено, во минатото ретко се случувало да се носат одлуки за укинување или поништување. Во овој мандат има 78 одлуки со кои се укинуваат закони и други акти и прописи, додека во делот за поништување се работи за 6 такви одлуки. Станува збор за закони или акти кои се донесени од различни собраниски состави,  факт којшто говори за непристрастноста на Уставниот суд, рече таа.

Дополни дека во овој момент судот работи со полн капацитет, вкупно девет судии и пополнетост на службата според потребите за работа, а помеѓу останатите вработени, за прв пат е вработен информатичар.

Претседателот на Уставниот суд го претставува Уставниот суд, ги потпишува одлуките, решенијата и другите акти на Уставниот суд, се грижи за спроведување на Деловникот на Уставниот суд и врши и други работи определени со овој деловник. Во случај на отсутност или спреченост претседателот го заменува судија според распоредот утврден од Уставниот суд по азбучниот ред на презимето на судиите.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

The post Уставен денеска бира претседател: Koj ќе ја наследи Кацарска? appeared first on Република.

]]>

Во Уставен суд денеска со почеток од 10 часот ќе се одржи седница за избор на нов претседател на Судот, кој ќе дојде на местото на досегашната претседателка, Добрила Кацарска, на која мандтот ѝ истекува на 2 јуни. Според Деловникот на Уставен, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува. Добрила Кацарска, вчера на прес-конференција за својот тригодишен мандат, рече дека го завршува со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив. Потенцираше дека е скратен рокот за одговор на доносителите на актот од кои барале мислење во текот на постапките, па така наместо 30 дена максимален рок за одговор, ќе мора да го  дадат за најмногу 15 дена, по барањето на Уставниот суд.
- Како битна новина е и тоа што кога се поведува постапка за некои закони, а доколку Судот утврди дека може да настане некој вакуум простор со укинување или поништување, при што граѓаните или правните лица во тој период не може да ги остварат своите права, Уставниот суд ќе се обрати до доносителот на актот и ќе им даде рок од најмногу шест месеци за да направат исправка. Ваков начин на работа имаат уставните судови во Словенија, Германија и други земји, дополни Кацарска.
Во освртот го спомена и намалувањето на бројот на стари предмети од кои некои се чувале и по десетина години.
- Статистиките кои ги водиме покажаа дека има раст на укинати или поништени акти. Имено, во минатото ретко се случувало да се носат одлуки за укинување или поништување. Во овој мандат има 78 одлуки со кои се укинуваат закони и други акти и прописи, додека во делот за поништување се работи за 6 такви одлуки. Станува збор за закони или акти кои се донесени од различни собраниски состави,  факт којшто говори за непристрастноста на Уставниот суд, рече таа.
Дополни дека во овој момент судот работи со полн капацитет, вкупно девет судии и пополнетост на службата според потребите за работа, а помеѓу останатите вработени, за прв пат е вработен информатичар.
Претседателот на Уставниот суд го претставува Уставниот суд, ги потпишува одлуките, решенијата и другите акти на Уставниот суд, се грижи за спроведување на Деловникот на Уставниот суд и врши и други работи определени со овој деловник. Во случај на отсутност или спреченост претседателот го заменува судија според распоредот утврден од Уставниот суд по азбучниот ред на презимето на судиите.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

The post Уставен денеска бира претседател: Koj ќе ја наследи Кацарска? appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-zoshto-loga-ne-beshe-zagrizhen-koga-tselo-dui-i-zajas-na-ahmeti-beshe-vgraden-vo-sudskiot-sistem-na-drzhavata/ Wed, 29 May 2024 19:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=782931

Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок? Прашаа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-reagira-na-soopshtenieto-na-vmro-dpmne-za-katsarska/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? appeared first on Република.

]]>

Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок? Прашаа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-reagira-na-soopshtenieto-na-vmro-dpmne-za-katsarska/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? appeared first on Република.

]]>
Лога реагира на соопштението на ВМРО ДПМНЕ за Кацарска https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-reagira-na-soopshtenieto-na-vmro-dpmne-za-katsarska/ Wed, 29 May 2024 19:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=782926

Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија, се вели во реакцијата на министерот за правда, Кренар Лога.

Како министер и како министертво сме имале период на дебати и со претседателот и Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира во јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како на изборна кампања, истакна Лога.

Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции, додава тој.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-zoshto-loga-ne-beshe-zagrizhen-koga-tselo-dui-i-zajas-na-ahmeti-beshe-vgraden-vo-sudskiot-sistem-na-drzhavata/

The post Лога реагира на соопштението на ВМРО ДПМНЕ за Кацарска appeared first on Република.

]]>

Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија, се вели во реакцијата на министерот за правда, Кренар Лога.
Како министер и како министертво сме имале период на дебати и со претседателот и Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира во јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како на изборна кампања, истакна Лога.
Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции, додава тој. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-zoshto-loga-ne-beshe-zagrizhen-koga-tselo-dui-i-zajas-na-ahmeti-beshe-vgraden-vo-sudskiot-sistem-na-drzhavata/

The post Лога реагира на соопштението на ВМРО ДПМНЕ за Кацарска appeared first on Република.

]]>
Кацарска нема да предложи свој наследник за да не се сфати дека лобира за некој https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-nema-da-predlozhi-svoj-naslednik-za-da-ne-se-sfati-deka-lobira-za-nekoj/ Wed, 29 May 2024 18:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=782917

Нема да предложам ниту еден кандидат за претседател на Уставниот суд, за тоа да не биде сфатено дека пренесувам нечија порака, порача претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во вечерашната Топ Тема на Телма.

-Да не помисли некој дека јас пренесувам нечија порака, дека некој ми кажал кого да предожам, или нешто слично. Знаете, секогаш нешто погрешно се толкува во јавноста, рече Кацарска.

Појасни дека гласањето е тајно, а за кого таа ќе гласа не може да каже. Инсистира дека досега никој не ѝ се јавил да лобира за никого.

The post Кацарска нема да предложи свој наследник за да не се сфати дека лобира за некој appeared first on Република.

Кацарска: Беше привилегија да се брани правото од неправото и неправдата https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-beshe-privilegija-da-se-brani-pravoto-od-nepravoto-i-nepravdata/ Wed, 29 May 2024 14:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=782857

Интегрално обраќање на претседателската на Уставниот суд Добрила Кацарска.

За неколку дена затворам едно значајно поглавје од моето служење на сите вас, како претседател на Уставниот суд на Република Cеверна Македонија.

По тој повод денеска ќе дадам осврт за преземените обврски и активности кои ја поткрепија смислата на континуитет на владеењето на правото во рамки на Уставниот суд.

Ми беше исклучителна чест и огромна должност да го претставувам Уставниот суд со сиот мој интегритет и посветеност, пред домашната и меѓународната јавност. И додека ви се обраќам на сите вас јас сум исполнета со беспримерно чувство на благодарност и на размислување.

Ме водеше мислата на непоколеблива посветеност кон уставните принципи, истрајноста да го зачуваме достоинството на Уставниот суд, мене лично, но и на сите судии во изминатите три години.

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост и непристрастност на Судот и не потклекнавме на еден од најспецифичните предизвици кои ги памети историјата на Уставниот суд, а тоа е 17 месеци функционирање на работ на кворумот со само 5 судии, а потоа и без една третина од судиите.

Тоа е период од речиси половина од мојот мандат, но кога сега ги одбројувам последните денови како раководител на Уставниот суд, граѓаните, но и новиот претседател може да бидат комотни бидејќи оваа ситуација е успешно изменаџирана и нема натрупани или заостанати предмети.

Почитувани,

Дозволете ми да ја информирам јавноста дека Судот после 32 години донесе современ, сеопфатен и револуционерен Акт кој ја регулира нашата работа, но и начинот на кој граѓаните може да се обратат.

Станува збор за бројни промени од кои сите граѓани допрва ќе ги ползуваат придобивките. Но, јас ќе се задржам на неколку за кои сметам дека се најзначани за споделување.

За прв пат Уставниот суд ќе им овозможи на правните лица и на странските државјани да поднесат барање и да побараат заштита за нивните слободи и права. Ова право досега го имаа само поединци.

Народниот правобранител ќе може да поднесува барања за заштита на слободите и правата во име на оние граѓани кои тоа сами не можат да го сторат.

Овој нов Акт на Уставниот суд предвидува и т.н контролни механизми за судиите и претседателите, да не може да се чуваат предмети „во фиока” со години, како што за жал беше случај во минатото. Се предвидува рок од најмногу шест месеци во кој судиите треба да го предадат рефератот и да го завршат предметот. Уште поважно, претседател на Уставниот суд откако ќе ги добие готовите предмети, не смее да ги чува подолго од еден месец и во тој период од 30 дена ќе мора да ги стави на дневен ред на седница.

Го скративме рокот за одговор на доносителите на актот од кои бараме мислење во текот на постапките, па така наместо 30 дена максимален рок за одговор, ќе мора да дадат за најмногу 15 дена, по барањето на Уставниот суд.

Како битна новина е и тоа што кога се поведува постапка за некои закони, а доколку Судот утврди дека може да настане некој вакуум простор со укинување или поништување, при што граѓаните или правните лица во тој период не може да ги остварат своите права, Уставниот суд ќе се обрати до доносителот на актот и ќе им даде рок од најмногу 6 месеци за да направат исправка. Ваков начин на работа имаат Уставните судови во Словенија, Германија и други земји.

Почитувани,

Дозволете ми во неколку реченици да резимирам како со трудољубиво работење, чесно и професионално може да се води институција.

Значително се намали бројот на стари предмети од кои некои се чувале и по десетина години. Статистиките кои ги водиме покажаа дека има раст на укинати или поништени акти. Имено, во минатото ретко се случувало да се носат одлуки за укинување или поништување. Во овој мандат има 78 одлуки со кои се укинуваат закони и други акти и прописи, додека во делот за поништување се работи за 6 такви одлуки. Станува збор за закони или акти кои се донесени од различни собраниски состави, факт којшто говори за непристрастноста на Уставниот суд.

Во овој момент судот работи со полн капацитет, вкупно 9 судии и пополнетост на службата според потребите за работа. Помеѓу останатите вработени, за прв пат е вработен информатичар.

Во насока на финансиската независност на Уставниот суд, обезбеден е двојно поголем буџет за институцијата, што придонесе за подобри работни услови. Конкретно од 2020 од безмалку 40 милиони денари , во 2024 година буџетот на Уставниот суд изнесува 74 милиони денари.

Годините зад нас ги одбележа макотрпна работа и домаќинско менаџирање на Уставниот суд, со примена на мерки за штедење на буџетските пари. Моите службени патувања беа сведени на минимум, а од заштедата Судот пренамени инвестиции во инфраструктурата. Сметам дека секој оној кој е назначен на одговорна позиција мора да се однесува одговорно кон финансиите и со совест кон нашите даночни обврзници, па во таа насока сакам да дадам пример дека службената платежна картичка не е искористена ниту еднаш во мојот мандат, што значи не сум потрошила ниту еден денар. Или пак како што во минатото постојано се зборуваше за привилегии при користење на вип салон на аеродромите, сакам да посочам дека во мојот мандат вип салонот не се користеше од никој од нас судиите.

За прв пат во Уставниот суд е оформена канцеларија за класифицирани информации иако таа обврска постоела петнаесетина години наназад. Комплетно е опремена со метален сеф за чување на класифицирани информации, блиндор врата, алармни системи, систем за дојава на пожар и камери. Соодветно е обезбедена сервер-салата која беше под опасност од пожар, бидејќи досега не била набавена опрема за вентилација и противпожарен систем. Сето ова е направено од заштедените средства предвидени за службени патувања, па така наместо со физичко присуство во Бали каде што беше Светскиот конгрес на уставните судови, посета на Дакар, Германија и многу други земји учествував онлајн.

Уставниот суд сега е ажурна институција со ефикасно постапување за предметите, а тоа го дополнуваат бројките од одржаните седници во изминатите години и како за пример ќе ја посочам 2023 година кога се одржани рекордни 46 седници, и тоа во период кога Судот функционираше со помалку судии, што не било случај во постоењето на Уставниот суд.

Во 2022 година после триесетина години е донесена Програма и Стратешки план, нешто што е деловничка обврска на Судот, којашто претходно не се почитувала.

Ги афирмиравме заложбите за транспарентен суд, поставувајќи ја транспарентноста како стратешки приоритет а комуникациите ги организиравме во комуникациска стратегија која беше подготвувана изминатиот период.

Почнувајќи од вработувањето на портпарол-советник за односи со јавноста на Уставниот суд за прв пат, враќање на редовните брифинзи и прес конференции, брзи одговори за сите новинари. Впрочем оценката за транспарентноста ја даваат самите новинари или околу 90 опфатени во истражувањето кое го спроведе Судот минатата година. Како еден пример, 98% од нив одговориле дека се задоволни со нашето информирање, а 84% дале највисоки оцени за одговорите кои ги добиле од Судот.

Уставниот суд во следните денови ќе ја пушти новата веб-страница која ја подготвија самите вработени-ентузијасти.

Судот достојно и со почит ја одбележува 60 годишнината од своето основање, па во таа чест за прв пат доби визуелен идентитет и се брендираше со свое лого.

Веста за долгата традиција ќе патува и ќе го информира светот преку поштенската марка која ја промовиравме во февруари. Токму во насока на промоција на нашите вредности и Уставниот суд како столб на правната држава, организиравме регионална, а потоа и меѓународна конференција на која говореше државниот врв, четворица амбасадори, претседатели на уставни судови и судии од европскиот регион, новинарски здруженија и невладини или околу 150 гости.

Во рамки на 60 годишниот јубилеј, Судот организираше крводарителска акција со цел да се подигне свеста за оваа хумана активност.

Уставниот суд работеше на продлабочување на соработката со домашни и меѓународни организации и зачувување на угледот, својот, но и на државата.

Во 2023 година станавме еден од судовите-основачи на Балканскиот форум на уставни судови.

Полето на меѓународна соработка на Судот е обогатено и со беспрекорна професионална соработка со Уставниот суд на Република Бугарија со којшто склучивме Меморандум.

Ја зајакнавме соработката со Мисијата на ОБСЕ којашто ја препозна важноста и улогата на Уставниот суд во правниот поредок и не’ поддржа во организирање на меѓународната конференција, едукација на нашите вработени и унапредување на нивните вештини и знаење.

Отпочнавме соработка со програмата ИПА која ќе се реализира во следните две години.

Ја зацврстивме соработката со германската фондација ИРЗ со чијашто поддршка ја вративме во фокусот темата за важноста од имплементација на уставната тужба во Република Македонија.

Изготвена е студија за афирмирање на потребата од воведување на уставна тужба, она за што се залагав од првиот ден на мојот мандат, а се надевам дека заложбите ќе вродат со плод во блиска иднина.

Почитувани,

Го завршувам овој мандат со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив.

На крајот сакам да изразам искрена благодарност до моите колеги судии кои посветено и ангажирано придонесоа за овој колективен успех, до сите вработени кои вложија несебични напори за да се одржи континуитетот на етичкото и професионално работење.

Со особена почит се заблагодарувам на сите граѓани кои веруваа во капацитетот и независноста на Уставниот суд, а нивната доверба ја покажаа преку зголемениот број на предмети кои се регистрирани во последните три години.

Вам, драги новинари неизмерно ви благодарам за секој ред, секоја секунда во вашите медиуми со што придонесовте да имаме поинформирано општество.

Во една прилика го цитирав еден од најценетите современици на правната мисла, Роналд Дворкин кој ќе каже „праведноста и моралноста не можат да се одвојат од правото”. Повторно имам потреба да се повикам на оваа мисла, оставајќи порака за секој оној или сите кои доаѓаат по нас.

Беше привилегија да се служи на сите граѓани и да се брани правото од неправото и неправдата.

Ви благодарам.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-katsarska-napushta-rakovodna-pozitsija-toa-e-praznik-za-pravdata-sluzheshe-kako-sudski-portparol-na-sds-i-dui/

The post Кацарска: Беше привилегија да се брани правото од неправото и неправдата appeared first on Република.

]]>

Интегрално обраќање на претседателската на Уставниот суд Добрила Кацарска. За неколку дена затворам едно значајно поглавје од моето служење на сите вас, како претседател на Уставниот суд на Република Cеверна Македонија. По тој повод денеска ќе дадам осврт за преземените обврски и активности кои ја поткрепија смислата на континуитет на владеењето на правото во рамки на Уставниот суд. Ми беше исклучителна чест и огромна должност да го претставувам Уставниот суд со сиот мој интегритет и посветеност, пред домашната и меѓународната јавност. И додека ви се обраќам на сите вас јас сум исполнета со беспримерно чувство на благодарност и на размислување. Ме водеше мислата на непоколеблива посветеност кон уставните принципи, истрајноста да го зачуваме достоинството на Уставниот суд, мене лично, но и на сите судии во изминатите три години. Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост и непристрастност на Судот и не потклекнавме на еден од најспецифичните предизвици кои ги памети историјата на Уставниот суд, а тоа е 17 месеци функционирање на работ на кворумот со само 5 судии, а потоа и без една третина од судиите. Тоа е период од речиси половина од мојот мандат, но кога сега ги одбројувам последните денови како раководител на Уставниот суд, граѓаните, но и новиот претседател може да бидат комотни бидејќи оваа ситуација е успешно изменаџирана и нема натрупани или заостанати предмети. Почитувани, Дозволете ми да ја информирам јавноста дека Судот после 32 години донесе современ, сеопфатен и револуционерен Акт кој ја регулира нашата работа, но и начинот на кој граѓаните може да се обратат. Станува збор за бројни промени од кои сите граѓани допрва ќе ги ползуваат придобивките. Но, јас ќе се задржам на неколку за кои сметам дека се најзначани за споделување. За прв пат Уставниот суд ќе им овозможи на правните лица и на странските државјани да поднесат барање и да побараат заштита за нивните слободи и права. Ова право досега го имаа само поединци. Народниот правобранител ќе може да поднесува барања за заштита на слободите и правата во име на оние граѓани кои тоа сами не можат да го сторат. Овој нов Акт на Уставниот суд предвидува и т.н контролни механизми за судиите и претседателите, да не може да се чуваат предмети „во фиока” со години, како што за жал беше случај во минатото. Се предвидува рок од најмногу шест месеци во кој судиите треба да го предадат рефератот и да го завршат предметот. Уште поважно, претседател на Уставниот суд откако ќе ги добие готовите предмети, не смее да ги чува подолго од еден месец и во тој период од 30 дена ќе мора да ги стави на дневен ред на седница. Го скративме рокот за одговор на доносителите на актот од кои бараме мислење во текот на постапките, па така наместо 30 дена максимален рок за одговор, ќе мора да дадат за најмногу 15 дена, по барањето на Уставниот суд. Како битна новина е и тоа што кога се поведува постапка за некои закони, а доколку Судот утврди дека може да настане некој вакуум простор со укинување или поништување, при што граѓаните или правните лица во тој период не може да ги остварат своите права, Уставниот суд ќе се обрати до доносителот на актот и ќе им даде рок од најмногу 6 месеци за да направат исправка. Ваков начин на работа имаат Уставните судови во Словенија, Германија и други земји. Почитувани, Дозволете ми во неколку реченици да резимирам како со трудољубиво работење, чесно и професионално може да се води институција. Значително се намали бројот на стари предмети од кои некои се чувале и по десетина години. Статистиките кои ги водиме покажаа дека има раст на укинати или поништени акти. Имено, во минатото ретко се случувало да се носат одлуки за укинување или поништување. Во овој мандат има 78 одлуки со кои се укинуваат закони и други акти и прописи, додека во делот за поништување се работи за 6 такви одлуки. Станува збор за закони или акти кои се донесени од различни собраниски состави, факт којшто говори за непристрастноста на Уставниот суд. Во овој момент судот работи со полн капацитет, вкупно 9 судии и пополнетост на службата според потребите за работа. Помеѓу останатите вработени, за прв пат е вработен информатичар. Во насока на финансиската независност на Уставниот суд, обезбеден е двојно поголем буџет за институцијата, што придонесе за подобри работни услови. Конкретно од 2020 од безмалку 40 милиони денари , во 2024 година буџетот на Уставниот суд изнесува 74 милиони денари. Годините зад нас ги одбележа макотрпна работа и домаќинско менаџирање на Уставниот суд, со примена на мерки за штедење на буџетските пари. Моите службени патувања беа сведени на минимум, а од заштедата Судот пренамени инвестиции во инфраструктурата. Сметам дека секој оној кој е назначен на одговорна позиција мора да се однесува одговорно кон финансиите и со совест кон нашите даночни обврзници, па во таа насока сакам да дадам пример дека службената платежна картичка не е искористена ниту еднаш во мојот мандат, што значи не сум потрошила ниту еден денар. Или пак како што во минатото постојано се зборуваше за привилегии при користење на вип салон на аеродромите, сакам да посочам дека во мојот мандат вип салонот не се користеше од никој од нас судиите. За прв пат во Уставниот суд е оформена канцеларија за класифицирани информации иако таа обврска постоела петнаесетина години наназад. Комплетно е опремена со метален сеф за чување на класифицирани информации, блиндор врата, алармни системи, систем за дојава на пожар и камери. Соодветно е обезбедена сервер-салата која беше под опасност од пожар, бидејќи досега не била набавена опрема за вентилација и противпожарен систем. Сето ова е направено од заштедените средства предвидени за службени патувања, па така наместо со физичко присуство во Бали каде што беше Светскиот конгрес на уставните судови, посета на Дакар, Германија и многу други земји учествував онлајн. Уставниот суд сега е ажурна институција со ефикасно постапување за предметите, а тоа го дополнуваат бројките од одржаните седници во изминатите години и како за пример ќе ја посочам 2023 година кога се одржани рекордни 46 седници, и тоа во период кога Судот функционираше со помалку судии, што не било случај во постоењето на Уставниот суд. Во 2022 година после триесетина години е донесена Програма и Стратешки план, нешто што е деловничка обврска на Судот, којашто претходно не се почитувала. Ги афирмиравме заложбите за транспарентен суд, поставувајќи ја транспарентноста како стратешки приоритет а комуникациите ги организиравме во комуникациска стратегија која беше подготвувана изминатиот период. Почнувајќи од вработувањето на портпарол-советник за односи со јавноста на Уставниот суд за прв пат, враќање на редовните брифинзи и прес конференции, брзи одговори за сите новинари. Впрочем оценката за транспарентноста ја даваат самите новинари или околу 90 опфатени во истражувањето кое го спроведе Судот минатата година. Како еден пример, 98% од нив одговориле дека се задоволни со нашето информирање, а 84% дале највисоки оцени за одговорите кои ги добиле од Судот. Уставниот суд во следните денови ќе ја пушти новата веб-страница која ја подготвија самите вработени-ентузијасти. Судот достојно и со почит ја одбележува 60 годишнината од своето основање, па во таа чест за прв пат доби визуелен идентитет и се брендираше со свое лого. Веста за долгата традиција ќе патува и ќе го информира светот преку поштенската марка која ја промовиравме во февруари. Токму во насока на промоција на нашите вредности и Уставниот суд како столб на правната држава, организиравме регионална, а потоа и меѓународна конференција на која говореше државниот врв, четворица амбасадори, претседатели на уставни судови и судии од европскиот регион, новинарски здруженија и невладини или околу 150 гости. Во рамки на 60 годишниот јубилеј, Судот организираше крводарителска акција со цел да се подигне свеста за оваа хумана активност. Уставниот суд работеше на продлабочување на соработката со домашни и меѓународни организации и зачувување на угледот, својот, но и на државата. Во 2023 година станавме еден од судовите-основачи на Балканскиот форум на уставни судови. Полето на меѓународна соработка на Судот е обогатено и со беспрекорна професионална соработка со Уставниот суд на Република Бугарија со којшто склучивме Меморандум. Ја зајакнавме соработката со Мисијата на ОБСЕ којашто ја препозна важноста и улогата на Уставниот суд во правниот поредок и не’ поддржа во организирање на меѓународната конференција, едукација на нашите вработени и унапредување на нивните вештини и знаење. Отпочнавме соработка со програмата ИПА која ќе се реализира во следните две години. Ја зацврстивме соработката со германската фондација ИРЗ со чијашто поддршка ја вративме во фокусот темата за важноста од имплементација на уставната тужба во Република Македонија. Изготвена е студија за афирмирање на потребата од воведување на уставна тужба, она за што се залагав од првиот ден на мојот мандат, а се надевам дека заложбите ќе вродат со плод во блиска иднина. Почитувани, Го завршувам овој мандат со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив. На крајот сакам да изразам искрена благодарност до моите колеги судии кои посветено и ангажирано придонесоа за овој колективен успех, до сите вработени кои вложија несебични напори за да се одржи континуитетот на етичкото и професионално работење. Со особена почит се заблагодарувам на сите граѓани кои веруваа во капацитетот и независноста на Уставниот суд, а нивната доверба ја покажаа преку зголемениот број на предмети кои се регистрирани во последните три години. Вам, драги новинари неизмерно ви благодарам за секој ред, секоја секунда во вашите медиуми со што придонесовте да имаме поинформирано општество. Во една прилика го цитирав еден од најценетите современици на правната мисла, Роналд Дворкин кој ќе каже „праведноста и моралноста не можат да се одвојат од правото”. Повторно имам потреба да се повикам на оваа мисла, оставајќи порака за секој оној или сите кои доаѓаат по нас. Беше привилегија да се служи на сите граѓани и да се брани правото од неправото и неправдата. Ви благодарам.   https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-katsarska-napushta-rakovodna-pozitsija-toa-e-praznik-za-pravdata-sluzheshe-kako-sudski-portparol-na-sds-i-dui/

The post Кацарска: Беше привилегија да се брани правото од неправото и неправдата appeared first on Република.

]]>
Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-katsarska-napushta-rakovodna-pozitsija-toa-e-praznik-za-pravdata-sluzheshe-kako-sudski-portparol-na-sds-i-dui/ Wed, 29 May 2024 14:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=782849

Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски казни за политичките конкуренти беше најголемиот срам за позицијата претседател на Уставниот суд во неговата историја. Дојде на функцијата како награда за казните за 27 април, без докази. Со посрамената Рускоска беа двоецот кој ќе биде запишан на црните страници на македонската историја. Цело време служеше и како судскиот портпарол на СДС и ДУИ. Таа е првиот и последен Уставен судија избран откако претходно истиот суд пресудил дека прекршиле уставни одредби, истакнуваат од владејачката партија.

Така функционираше пупка судството во кое Кацарска беше еден од главните извршители, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ appeared first on Република.

Кацарска се пожали дека со години трпела закани и физичко насилство https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-se-pozhali-deka-so-godini-trpela-zakani-i-fizichko-nasilstvo/ Wed, 29 May 2024 12:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=782794

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вели дека првично не сакала да ја оптеретува ниту јавноста, ниту органите на прогон, но дека конечно се решила да ги пријави заканите кон неа бидејќи како што рече „се случувале речиси секој втор или трет ден“.

- Ова се закани што ги пријавив, но јас трпам закани неколку години наназад. И, така речено, нема недела да помине, а да немам некоја закана. Имав и физички напад. Бев физички нападната, но никогаш претходно не пријавував, сметав дека се работи за изолирани случаи, изјави Кацарска, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Уставниот суд за нејзиниот тригодишен мандат.

Прашана дали има некаква разврска во однос на заканите упатени кон неа, Кацарска рече дека до денеска нема никаква информација за тоа.

-  Дали ќе продолжат тие закани или не, јас не би можела да кажам. До денеска не, немам. Она што беше пријавено како прв настан немам никаква информација, а за тој што лично ми се закануваше мене, тој беше приведен во полициска станица. До каде е постапката и што се случува понатаму, не би можела да одговорам, рече Кацарска.

На 14 мај годинава во полициска станица пријавила евентуално загрозување на сигурноста откако на нејзиното приватно паркинг место во близина на нејзиното живеалиште во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож.

Како што соопшти тогаш на прес-конференција портпаролката на Уставен суд Христина Беловска, оставаат на надлежните да утврдат дали се работи за закани или случајност. Во однос на заканите, таа дополни дека имало повеќе непријатности во континуитет.

На 18 мај, во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд по што интервенирало нејзиното обезбедување.

- Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти тогаш МВР.

The post Кацарска се пожали дека со години трпела закани и физичко насилство appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вели дека првично не сакала да ја оптеретува ниту јавноста, ниту органите на прогон, но дека конечно се решила да ги пријави заканите кон неа бидејќи како што рече „се случувале речиси секој втор или трет ден“.
- Ова се закани што ги пријавив, но јас трпам закани неколку години наназад. И, така речено, нема недела да помине, а да немам некоја закана. Имав и физички напад. Бев физички нападната, но никогаш претходно не пријавував, сметав дека се работи за изолирани случаи, изјави Кацарска, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Уставниот суд за нејзиниот тригодишен мандат.
Прашана дали има некаква разврска во однос на заканите упатени кон неа, Кацарска рече дека до денеска нема никаква информација за тоа.
-  Дали ќе продолжат тие закани или не, јас не би можела да кажам. До денеска не, немам. Она што беше пријавено како прв настан немам никаква информација, а за тој што лично ми се закануваше мене, тој беше приведен во полициска станица. До каде е постапката и што се случува понатаму, не би можела да одговорам, рече Кацарска.
На 14 мај годинава во полициска станица пријавила евентуално загрозување на сигурноста откако на нејзиното приватно паркинг место во близина на нејзиното живеалиште во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож. Како што соопшти тогаш на прес-конференција портпаролката на Уставен суд Христина Беловска, оставаат на надлежните да утврдат дали се работи за закани или случајност. Во однос на заканите, таа дополни дека имало повеќе непријатности во континуитет. На 18 мај, во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд по што интервенирало нејзиното обезбедување.
- Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти тогаш МВР.

The post Кацарска се пожали дека со години трпела закани и физичко насилство appeared first on Република.

]]>
Каде си Кацарска да апсиш „терористи“ матуранти вечерва? https://republika.mk/kolumni/kade-si-katsarska-da-apsish-teroristi-maturanti-vecherva/ Tue, 28 May 2024 22:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=782602

Ламбе Арнаудов 

Токму вечерва враќајќи се дома, долу на паркингот од “Рагуза“, стотици матуранти ја прославуваа својата полнолетност. Вчера од Струмица се вратија светците, патрони на македонштината, КОМИТИТЕ пеејќи ја песната “Заветна“. Пристигнаа и војводата Мики Секулоски и војвотката Андријана Петрушовска кои на најголемото и најгледано балканско тв шоу пееја македонски патриотски песни со најмакедонска иконографија и костимографија.

Според твоето мизерно разбирање на правдата, толкување на праведноста и искривоколченото чувство за отсуство за секаков вид патриотизам, ти вечерва имаше ретка прилика повторно да се прославиш, да се потврдиш како суверен заштитник на идиотизмот наспроти логичноста и околностите што ги создава народот за себе, а против таквите како вас неколкумина.

Што чекаш? АПСИ! Според тебе сé е антиуставно и антизаконски и што е најсмешно антидржавнички.

“Доказите“ беа тука на лице место, неколку стотици развиорени знамиња со шеснаесеткракото сонце, десетина чифта народна, изворна македонска музика и песни, одекнуваше во изведба на традиционалните македонски инструменти, зурли тапани, со “непријателска“ содржина на текстовите во кои доминираа зборовите МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИ и епитетите како МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНСКА, но и добро познатите, кои се однесуваат на вас: душмани, предавници, одроди, семе отровно...

Топло ти препорачувам и те охрабрувам уште вечерва, обезбеди неколку стотици налози за апсење, собери ги, затвори ги, росата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, цветот на отпорот, украсот на непокорот, бисерот на идните поколенија.

Затри го нашиот род, ајде уште еднаш покажи го твојот злосторнички поход кон сé што е МАКЕДОНСКО. Потврди го својот заслужен статус на непомирлив борец против своите.

И, по теркот што ти го воведе во правосудството и го патентира во заводот за патенти во Женева со што го задржуваш правото на ексклузивниот личен твој, за саат два собери пороти од дивјаци исти како тебе и како што практикуваш кога судиш патриоти и родољуби со судење од по 15-16 часови на ден, реши ги децава и дај им сега не 211 години туку дваесет и една илјада години, за попрегледно 21000 години.

Тоа за тебе не е ништо. Тоа е нормално. Далеку си од постигнување на личен рекорд кога судиш по наредба во замена за привилегии, погодности, комоции, но и најмилото за тебе-истурање на злоба врз сопствениот народ.

Зацрни семејства, фрли незаслужени дамки на чистите образи на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, ТИЕ чмајат, децата растат, бебињата станаа основци, основците средношколци и студенти, а нивните сироти родители благодарение на твојот гнев, бес и одмаздољубие не се израдуваа.

Главно, една безумно невина бремена мајка затвори, остави бебиња без доилки. Каде ти беше разумот, без апсолутно никаков доказ, со местенки и импровизирани однапред подготвени инкриминирачки искази што ти ги конструира, самата на себе си ги испорача и самата ти си ги прифати за крунски и несоборливи докази, против кои ОДБРАНАТА НА НЕВИНИТЕ не можеше ништо.

Госпоѓо Кацарска, ако смеам така да те наречам? Ти си лошиот холестерол на македонското правосудство што трајно го обезличи и го стопира развојот на севкупното македонско општество.

Сé е јасно, сé е видливо, доказите наскоро ќе ги видиш, свиркачите од твоето опкружување и тоа најблиско свират ли свират на сите инструменти.

Еве ти последна шанса делумно да ја исплакниш твојата нечиста совест со тоа што лажните докази против УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ покај сé и сврти ги тие докази кон себе како вистински за правдата и барем делумно да се избавиш кај несреќниците под неурамнотежена сабја што ги искасапи нивните основи и човекови и уставни права.

Сега, гледам многу си се исплашила. Загрозена си била.

Од цртежи, ситни мурали и вербални напади. Самата ги имаш исконструирано. Убеден сум дека нема човек во МАКЕДОНИЈА кој не е засегнат од твоите неправди, ама уште повеќе гарантирам дека не постои човек кој би те загрозил. Не измислувај непријатели. Ти, знам, немаш пријатели, имаш само наредбодавци, но се колнам немаш непријатели.

Ти си толку бедна во својот генетски код и празна душа што не заслужуваш дури ни НЕПРИЈАТЕЛИ:
Пардон, имаш еден непријател многу силен и голем, непобедлив, од НЕГО сигурно ќе бидеш тешко поразена и уништена. Не труди се да го бараш, познат е на сите и името му го знаеме сите, се вика Добрила Кацарска.

Проклетството на совеста ќе те прегази. За тоа, за жал, нема лек. А, и тој непријател не може никој да го затвори, притвори или осуди, па дури ни ти најславната во оваа професија. Има ИМУНИТЕТ.

Што мислевте? Ќе ги поминете злосторствата низ оџак, низ црнила, низ темнина...
Ах, гревчиња тешки... колку сте назад од чалгијата.
НАПРЕД ГОРДА МЛАДОСТ МАКЕДОНСКА !!!

The post Каде си Кацарска да апсиш „терористи“ матуранти вечерва? appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов 

Токму вечерва враќајќи се дома, долу на паркингот од “Рагуза“, стотици матуранти ја прославуваа својата полнолетност. Вчера од Струмица се вратија светците, патрони на македонштината, КОМИТИТЕ пеејќи ја песната “Заветна“. Пристигнаа и војводата Мики Секулоски и војвотката Андријана Петрушовска кои на најголемото и најгледано балканско тв шоу пееја македонски патриотски песни со најмакедонска иконографија и костимографија. Според твоето мизерно разбирање на правдата, толкување на праведноста и искривоколченото чувство за отсуство за секаков вид патриотизам, ти вечерва имаше ретка прилика повторно да се прославиш, да се потврдиш како суверен заштитник на идиотизмот наспроти логичноста и околностите што ги создава народот за себе, а против таквите како вас неколкумина. Што чекаш? АПСИ! Според тебе сé е антиуставно и антизаконски и што е најсмешно антидржавнички. “Доказите“ беа тука на лице место, неколку стотици развиорени знамиња со шеснаесеткракото сонце, десетина чифта народна, изворна македонска музика и песни, одекнуваше во изведба на традиционалните македонски инструменти, зурли тапани, со “непријателска“ содржина на текстовите во кои доминираа зборовите МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИ и епитетите како МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНСКА, но и добро познатите, кои се однесуваат на вас: душмани, предавници, одроди, семе отровно... Топло ти препорачувам и те охрабрувам уште вечерва, обезбеди неколку стотици налози за апсење, собери ги, затвори ги, росата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, цветот на отпорот, украсот на непокорот, бисерот на идните поколенија. Затри го нашиот род, ајде уште еднаш покажи го твојот злосторнички поход кон сé што е МАКЕДОНСКО. Потврди го својот заслужен статус на непомирлив борец против своите. И, по теркот што ти го воведе во правосудството и го патентира во заводот за патенти во Женева со што го задржуваш правото на ексклузивниот личен твој, за саат два собери пороти од дивјаци исти како тебе и како што практикуваш кога судиш патриоти и родољуби со судење од по 15-16 часови на ден, реши ги децава и дај им сега не 211 години туку дваесет и една илјада години, за попрегледно 21000 години. Тоа за тебе не е ништо. Тоа е нормално. Далеку си од постигнување на личен рекорд кога судиш по наредба во замена за привилегии, погодности, комоции, но и најмилото за тебе-истурање на злоба врз сопствениот народ. Зацрни семејства, фрли незаслужени дамки на чистите образи на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, ТИЕ чмајат, децата растат, бебињата станаа основци, основците средношколци и студенти, а нивните сироти родители благодарение на твојот гнев, бес и одмаздољубие не се израдуваа. Главно, една безумно невина бремена мајка затвори, остави бебиња без доилки. Каде ти беше разумот, без апсолутно никаков доказ, со местенки и импровизирани однапред подготвени инкриминирачки искази што ти ги конструира, самата на себе си ги испорача и самата ти си ги прифати за крунски и несоборливи докази, против кои ОДБРАНАТА НА НЕВИНИТЕ не можеше ништо. Госпоѓо Кацарска, ако смеам така да те наречам? Ти си лошиот холестерол на македонското правосудство што трајно го обезличи и го стопира развојот на севкупното македонско општество. Сé е јасно, сé е видливо, доказите наскоро ќе ги видиш, свиркачите од твоето опкружување и тоа најблиско свират ли свират на сите инструменти. Еве ти последна шанса делумно да ја исплакниш твојата нечиста совест со тоа што лажните докази против УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ покај сé и сврти ги тие докази кон себе како вистински за правдата и барем делумно да се избавиш кај несреќниците под неурамнотежена сабја што ги искасапи нивните основи и човекови и уставни права. Сега, гледам многу си се исплашила. Загрозена си била. Од цртежи, ситни мурали и вербални напади. Самата ги имаш исконструирано. Убеден сум дека нема човек во МАКЕДОНИЈА кој не е засегнат од твоите неправди, ама уште повеќе гарантирам дека не постои човек кој би те загрозил. Не измислувај непријатели. Ти, знам, немаш пријатели, имаш само наредбодавци, но се колнам немаш непријатели. Ти си толку бедна во својот генетски код и празна душа што не заслужуваш дури ни НЕПРИЈАТЕЛИ: Пардон, имаш еден непријател многу силен и голем, непобедлив, од НЕГО сигурно ќе бидеш тешко поразена и уништена. Не труди се да го бараш, познат е на сите и името му го знаеме сите, се вика Добрила Кацарска. Проклетството на совеста ќе те прегази. За тоа, за жал, нема лек. А, и тој непријател не може никој да го затвори, притвори или осуди, па дури ни ти најславната во оваа професија. Има ИМУНИТЕТ. Што мислевте? Ќе ги поминете злосторствата низ оџак, низ црнила, низ темнина... Ах, гревчиња тешки... колку сте назад од чалгијата. НАПРЕД ГОРДА МЛАДОСТ МАКЕДОНСКА !!!

The post Каде си Кацарска да апсиш „терористи“ матуранти вечерва? appeared first on Република.

]]>
Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdanchanets-se-zakanuval-na-katsarska-vo-kafe-bar-vo-tsentarot-na-skopje/ Sat, 18 May 2024 17:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=779617

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска добила вербални закани од маж на педесетина години додека седела во кафе-бар во Скопје.

Инцидентот се случил денеска околу пладне, а за безбедноста на судијката се погрижилообезбедувањето. Кацарска го пријавила во полициската станица „Беко“.

-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.

Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд.

https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/

The post Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска добила вербални закани од маж на педесетина години додека седела во кафе-бар во Скопје. Инцидентот се случил денеска околу пладне, а за безбедноста на судијката се погрижилообезбедувањето. Кацарска го пријавила во полициската станица „Беко“.
-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци. Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд. https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/

The post Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Уставен суд: Надлежните да утврдат дали се работи за закана или случајност ножот на гаражното место на претседателката Кацарска https://republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-nadlezhnite-da-utvrdat-dali-se-raboti-za-zakana-ili-sluchajnost-nozhot-na-garazhnoto-mesto-na-pretsedatelkata-katsarska/ Wed, 15 May 2024 13:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=778391

Од Уставен суд потврдија дека во текот на вчерашниот ден, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во полициска станица пријавила евентуално загрозување на сигурноста откако на нејзиното приватно паркинг место во близина на нејзиното живеалиште во непосредна близина на нејзиното возило е пронајден нож и други предмети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/

Како што соопшти на денешната прес-конференција во Уставен, портпаролката Христина Беловска, оставаат на надлежните да утврдат дали се работи за закани или случајност.

Она што можам да го потврдам е нејзината пријава со оглед дека на нејзиниот имот, на нејзиното приватно паркинг место кое што се наоѓа во подземна гаража од затворен тип и во која што има околу 50-ина други автомобили наоколу е пронајден забоден нож на 20-ина сантиметри во прекинувачот за струја кој што се употребува токму за да се осветли делот над нејзиниот автомобил и други останати предмети за кои што повеќе информации ќе може да добиете веројатно од истрагата, рече Беловска.

Во однос на заканите, таа дополни дека имало повеќе непријатности во континуитет.

Некои ситни инциденти во јавноста, има закани на социјалните мрежи упатено лично кон неа кои што сѐ уште се достапни и верувам дека ќе бидат и тие проверени, меѓутоа, претседателката не сакаше да се реагира за ниту еден од тие инциденти сѐ до моментот вчера кога беше пронајден и нож на нејзиниот личен имот, дополни таа.

Од Министерството за внатрешни работи претходно денеска потврдија дека е известен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Уставен суд: Надлежните да утврдат дали се работи за закана или случајност ножот на гаражното место на претседателката Кацарска appeared first on Република.

]]>

Од Уставен суд потврдија дека во текот на вчерашниот ден, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во полициска станица пријавила евентуално загрозување на сигурноста откако на нејзиното приватно паркинг место во близина на нејзиното живеалиште во непосредна близина на нејзиното возило е пронајден нож и други предмети. https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/ Како што соопшти на денешната прес-конференција во Уставен, портпаролката Христина Беловска, оставаат на надлежните да утврдат дали се работи за закани или случајност.
Она што можам да го потврдам е нејзината пријава со оглед дека на нејзиниот имот, на нејзиното приватно паркинг место кое што се наоѓа во подземна гаража од затворен тип и во која што има околу 50-ина други автомобили наоколу е пронајден забоден нож на 20-ина сантиметри во прекинувачот за струја кој што се употребува токму за да се осветли делот над нејзиниот автомобил и други останати предмети за кои што повеќе информации ќе може да добиете веројатно од истрагата, рече Беловска.
Во однос на заканите, таа дополни дека имало повеќе непријатности во континуитет.
Некои ситни инциденти во јавноста, има закани на социјалните мрежи упатено лично кон неа кои што сѐ уште се достапни и верувам дека ќе бидат и тие проверени, меѓутоа, претседателката не сакаше да се реагира за ниту еден од тие инциденти сѐ до моментот вчера кога беше пронајден и нож на нејзиниот личен имот, дополни таа.
Од Министерството за внатрешни работи претходно денеска потврдија дека е известен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Уставен суд: Надлежните да утврдат дали се работи за закана или случајност ножот на гаражното место на претседателката Кацарска appeared first on Република.

]]>
Кацарска во гаража ја пречекал импровизиран кревет и кујнски нож забоден во прекинувачот за светло https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/ Wed, 15 May 2024 11:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=778330

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

The post Кацарска во гаража ја пречекал импровизиран кревет и кујнски нож забоден во прекинувачот за светло appeared first on Република.

]]>

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

The post Кацарска во гаража ја пречекал импровизиран кревет и кујнски нож забоден во прекинувачот за светло appeared first on Република.

]]>
Кацарска на средба со шефицата на мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-na-sredba-so-shefitsata-na-misijata-za-nabluduvane-na-izborite-pri-obse-odihr-dhilijan-stirk/ Fri, 12 Apr 2024 14:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=765474

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска остварила работна средба со Џилијан Стирк, шефица на Mисијата за набљудување на изборите за претседател на Републиката и пратеници во Собранието при ОБСЕ/ОДИХР.

-Претседателката Кацарска ја информираше Стирк дека Уставниот суд нема надлежност директно да одлучува за изборниот процес, но согласно Уставот, може да одлучува за уставноста на Изборниот законик, односно уставноста и законитоста на друг пропис кој уредува прашања поврзани со изборите, се наведува во соопштението од Судот.

Покрај ова, како што се посочува во соопштението, Судот може да одлучува и за барања поднесени од граѓаните за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, доколку некое од овие слободи и права им се повредени при спроведувањето на изборите.

Како конкретен пример, претседателката на Уставниот суд, го посочила неодамна оформениот предмет за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024, по повод поднесената иницијатива на независниот претседателски кандидат Билјана Ванковска-Цветковска и политичката партија „Левица”.

На средбата  Кацарска била информирана за тековните и планираните активности на Мисијата, поврзани со претстојните избори.

The post Кацарска на средба со шефицата на мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска остварила работна средба со Џилијан Стирк, шефица на Mисијата за набљудување на изборите за претседател на Републиката и пратеници во Собранието при ОБСЕ/ОДИХР.
-Претседателката Кацарска ја информираше Стирк дека Уставниот суд нема надлежност директно да одлучува за изборниот процес, но согласно Уставот, може да одлучува за уставноста на Изборниот законик, односно уставноста и законитоста на друг пропис кој уредува прашања поврзани со изборите, се наведува во соопштението од Судот.
Покрај ова, како што се посочува во соопштението, Судот може да одлучува и за барања поднесени од граѓаните за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, доколку некое од овие слободи и права им се повредени при спроведувањето на изборите. Како конкретен пример, претседателката на Уставниот суд, го посочила неодамна оформениот предмет за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024, по повод поднесената иницијатива на независниот претседателски кандидат Билјана Ванковска-Цветковска и политичката партија „Левица”. На средбата  Кацарска била информирана за тековните и планираните активности на Мисијата, поврзани со претстојните избори.

The post Кацарска на средба со шефицата на мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк appeared first on Република.

]]>
Уставен оформи пет предмети за личните документи без „Cеверна“, Кацарска не знае кога ќе се најдат на седница https://republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-oformi-pet-predmeti-za-lichnite-dokumenti-bez-ceverna-katsarska-ne-znae-koga-ke-se-najdat-na-sednitsa/ Thu, 15 Feb 2024 13:57:44 +0000 https://republika.mk/?p=744442

Во судот се оформени пет предмети, доставени се до тимови -судија известител и советник на судот во врска со издавањето на личните документи, соопшти претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Таа не знае кога овие предмети ќе се најдат на седница бидејќи, како што рече, тоа ќе зависи од тимот којшто работи, а таа не сака да се меша во нивната работа.

Конкретно не знам што е оспорено, но секако е оној период на издавањето на личните документи и нивното времетраење. Има документи коишто се се’ уште со важност, слободата на движење ограничена на овој начин - рече Кацарска.

Сепак, како што посочи Кацарска, граѓаните треба да знаат дека слободата на движење не е во надлежност на Уставниот суд.

Мора да разграничиме што е наша надлежност. Се надевам дека политичарите ќе разберат зошто две и пол години бев силен поддржувач на уставната тужба. Ако ние го имавме овој институт, граѓаните ќе може да се обратат за секоја слобода и право што им е гарантирано со Уставот. Се надевам политичарите ќе разберат зошто барам измена на Уставот, односно проширување на надлежноста на Уставниот суд - додаде Кацарска.

The post Уставен оформи пет предмети за личните документи без „Cеверна“, Кацарска не знае кога ќе се најдат на седница appeared first on Република.

]]>

Во судот се оформени пет предмети, доставени се до тимови -судија известител и советник на судот во врска со издавањето на личните документи, соопшти претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа не знае кога овие предмети ќе се најдат на седница бидејќи, како што рече, тоа ќе зависи од тимот којшто работи, а таа не сака да се меша во нивната работа.
Конкретно не знам што е оспорено, но секако е оној период на издавањето на личните документи и нивното времетраење. Има документи коишто се се’ уште со важност, слободата на движење ограничена на овој начин - рече Кацарска.
Сепак, како што посочи Кацарска, граѓаните треба да знаат дека слободата на движење не е во надлежност на Уставниот суд.
Мора да разграничиме што е наша надлежност. Се надевам дека политичарите ќе разберат зошто две и пол години бев силен поддржувач на уставната тужба. Ако ние го имавме овој институт, граѓаните ќе може да се обратат за секоја слобода и право што им е гарантирано со Уставот. Се надевам политичарите ќе разберат зошто барам измена на Уставот, односно проширување на надлежноста на Уставниот суд - додаде Кацарска.

The post Уставен оформи пет предмети за личните документи без „Cеверна“, Кацарска не знае кога ќе се најдат на седница appeared first on Република.

]]>
Кацарска: Досега не сме добиле иницијатива за партијата „Десна” https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-dosega-ne-sme-dobile-initsijativa-za-partijata-desna/ Wed, 20 Dec 2023 19:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=725028

Во интервју за „24 Отворено” претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска зборуваше за состојбата во Судот, за факторите кои влијаат врз довербата на граѓаните во судството, пропаѓањето на предметите од СЈО и последиците од измените на Кривичниот законик, за притисоците врз судиите и културата на неказнивост во државата. На прашањето дали Уставниот суд ќе одлучува за партијата „Десна“, чијшто претседател е осомничен за двојното убиство кое ја вознемири јавноста, претседателката ја објасни процедурата и надлежноста на Уставниот суд за одлучување за програмите и статутите на политичките партии и кажа дека досега нема пристигнато иницијатива за оваа политичка партија.

https://www.youtube.com/watch?v=jQ2f7yv1Cas

На прашањето кој ја креира перцепцијата на граѓаните во судството и на што се должи недовербата, Кацарска одговори:

За креирањето на таа перцепција има повеќе причини и фактори кои придонесуваат за тоа, секако дека основно е перцепцијата ја креираат самите судии. Колку побрзо ги носат пресудите, колку се судиите поекспедитивни во работата, колку поквалитетни и професионални одлуки носат, секако дека граѓаните ќе го видат тоа и ќе имаат повеќе доверба во судството. Меѓутоа имаме и ситуација да понекогаш има критики од страна на политичарите и некои од нив се навистина несмасни, неосновани и сето тоа придонесува за ниската доверба. Јас бев 34 години судија, не паметам да била пониска довербата во судството отколку што е сега и сметам дека судиите треба максимално да се ангажираат и да се посветат на тоа. Судиската работа е многу тешка работа, тие носат одлуки со кои изрекуваат казни затвор, одлучуваат за притвори, за сопствености, за надомест на штета, одлучуваат за прашања кои ги тангираат граѓаните. Затоа мора таа правда да биде брза, затоа што спората правда е неправда. И затоа велам има повеќе причини и фактори, не може вината да се бара на една страна, но основното е кај судиите. Не треба судиите да гледаат кога завршува работнто време, тие се избрани и именувани функционери нели. Ние знаеме дека во Собранието пратениците знаат и доцна во ноќта да завршуваат со седниците, Владата знае исто така навечер да држи седници покрај сите други ангажмани што ги имаат, единствено, судиите како да гледаат да дојде до 15 часот за да ја напуштат судската зграда. Ова го гледаат граѓаните, вие медиумите сте постојано присутни, особено во Кривичниот суд а ја следите и рбаотата на Апелациониот суд.

На прашњето за законските измени на Кривичниот законик и колку политиката влијае на ставовите врз перцепцијата на граѓаните ?

Во поглед на измената на Кривичниот законик јас бев меѓу првите кои ги критикуваше овие измени, и останувам на тој став, дека е голема грешка што се донесе тој закон за измена на КЗ. Имаше една цела институција која беше надлежна да гони високопрофилни случаи на т.н. „бели јаки”. Сите тие предмети пропаднаа и факт е дека тоа придонесува да се намали угледот на судството. Но, да гледаме и од една друга страна. Ако судиите имаа донесено пресуди за овие предмети, не верувам дека ќе беше донесен тој закон. Ако го читаме тој извештај на ЕК, ќе видиме дека завршени се само шест предмети, од кои три предмети се мои, тоа се „Тенк”, „Транспортер” и „Триста”, ако сите судии ги завршеа сите останати предмети, или барем најголемиот дел…првенствена е улогата на судијата, ако првостепениот судија ги суди предметите 5, 6 или 10 години што тогаш да очекуваат граѓаните? Која е таа правда? Овие предмети, дел од нив воопшто не стигнаа пред Апелациониот суд, а факт е дека некои во Апелациониот суд се чуваа со години. Јас ќе тргнам од моите предмети, еве случајот „Транспортер”, беше некаде две години можеби и повеќе пред Апелациониот суд, а се работи за притворски предмет, таму Владимир Талески, поранешниот градоначалник на општината имаше куќен притвор, исто и секретарот на општината Слободан Бончановски, и тие во овој период од две години седеа дома а им се пресметува во казната затвор, а како што читав од порталите Vладимир Талески земаше и плата. Истото беше и со случајот „27 април”. Ако јас го завршив тој предмет за пет и пол месеци, недозволиво е во Апелација притворски предмет да седи година или повеќе од година дена. Затоа велам судиите се тие од кои што зависи времето на траењето на постапката.

На прашањето како ова сега да се поправи, Кацарска рече:

Не може ова никако да се поправи, законот е во сила, тие предмети кои се во судска постапка ќе застарат, како тоа би се изменило? Слушам дека се подготвува нов КЗ, и во него би се вратиле некои стари одредби, но тоа ќе важи за сите сторители на кривични дела од моментот кога ќе стапи тој закон и важно е во кој момент е сторено кривичното дело. Но оваа штета не може да се исправи.

На прашањето за политичките притисоци, обвинувања од некои политички партии, претседателката одговори:

Што и да прават јас тоа не го чувствувам како притисок, тоа е одлука на политичка некултура, една партија постојано ме критикуваше, но јас не очекував дека ќе ме поздрават или да ја пофалат мојата работа, да ми ракоплескаат за тоа, затоа што јас судев нивни членови од високото раководство. Можеби мислеа дека на тој начин ќе ми вршат притисок, можеби мислеа дека ќе донесам ослободителни пресуди, но очигледно не ме познаваат затоа што јас носам пресуди исклучиво врз докази. Од друга страна јас во мојата кариера имам бројни ослободителни пресуди и за тешки кривични дела, таму каде што нема докази нема шанса да осудам некого, но таму каде што има докази кои на јасен начин укажуваат кој е сторител и на кое кривично дело нема некој што ќе ме поколеба.

Во врска со партијата „ДЕСНА” и прашањето дали Уставниот суд има иницијатива за да ја укинува оваа партија, претседателката Кацарска одговори:

Уставниот суд има надлежност да постапува за политички партии, но само во делот на нивните програми и статутот, во смисла дали се во согласност со Уставот, околу регистрација и бришење на партии надлежен е граѓанскиот суд. До денеска ние немаме добиено таква иницијатива.

На прашањето на новинарот како гледа на интервјуто на претседателката на Врховниот суд во кое зборува за притисоци и реакциите во јавноста одговори:

Остана недоречено сето тоа, се слушна дека наводно имало политички притисоци врз судиите, врз кој судија имало притисок јавноста не знае, не се знае на кој начин е вршен притисокот. Треба да излезете пред јавноста и да не ја оставате во размислување што тоа се случило, дали имало телефонско јавување, средби, дали за целокупната работа имало притисоци или само за одреден предмет. Ако е еден судија врз кој е вршен притисок треба тој да пријави во Судскиот совет, ако има закани, треба да го пријави во органите на прогонот. Треба да внимаваме кога зборуваме за притисоци или состојба, мора секој да настапува со докази со факти и отворено. Друго нешто, секој судија треба сам да се справува со притисоците, има различни начини, како вие дозволувате да ви се јавува некој? Зошто мене не ми се јавува? Се е ова недоречено и остава многу дилеми кај јавноста, исто и кај мене.

На можните аспекти на надминување на состојбата во Судскиот совет, Кацарска кажа:

Ова срам за државата, во ниеден состав на Судскиот совет не се случило она што моментално се случува таму. Навистина мислам дека ова е максимално дно што можеше да го достине Судскиот совет. Таму има и професионалци, има добри и чесни, но има и некои што се залутани, некои кои го прават тој раздор во Судскиот совет, некои кои се преценуваат себеси и се поставуваат онака како што не треба. Домашното воспитување и карактерот на секој човек се многу битни. На сето она што се случи некои членови сметам дека сами требаше достоинствено да го напуштат Судскиот совет. Ако барем малку ја сакаат својата татковина нема да дозволат да се случува овој срам, нема да дозволат да имаме извештај со дури 40 препораки…

Направи ли Владата клучни грешки за да го реформира овој процес и да го поттикне интегритетот кај судиите, кажа:

Со судството најмалку се занимаваат и оваа и претходната и сите изминати влади, од 1996 година наваму чинам како судството е оставено, сметам од аспект дека нема реформи, видливи реформи, се е тоа нешто ситно, но она клучно што треба да се направи не се прави”.

На прашањето има ли притисоци во Уставниот суд со оглед дека има одлуки кои го тангираат бизнисот, претседателката Добрила Кацарска одговори:

Дали има притисоци врз другите судии не можам да кажам мене никој не ми спомнал такво нешто, но овде пред целата јавност кажувам дека мене ниту во Кривичниот суд, или Уставниот суд може да ми врши притисок, ниту пак се осмелува на тоа. Секогаш одлуките ги носам онака како што сметам согласно законот или Уставот, дали грешам или не тоа ќе ценат граѓаните, но секогаш е тоа моја одлука. Еве на пример за Законот за солидарен данок, кај мене бараа прием неколку стопанственици и истите беа примени, јас примам странки но секогаш тоа го правам во присуство на секретарот и на портпаролот. Кажаа нивно размислување, но јас им кажав дека ќе гласам како што јас ценам. Треба да ги прочитам иницијативите и рефератот и конечно, кога ќе донесам одлука во својата глава тогаш гласам така како што јас мислам. Тоа не го сфаќам како притисок, се интересираа кога ќе биде тој предмет и на тоа не одговорив затоа што не можам да знам. Кога ќе биде готов тој реферат јас го ставам на седница.

Во врска со случајот на ИРЛ и општата перцепција дали суд може да одредува кој ќе биде новинар, а кој не, одговори:

Непрофесионално е да коментирам неправосилна одлука, таа одлука ќе оди најверојатно по жалба да причекаме што ќе каже Апелациониот суд во Скопје. Таа пресуда не сум ја видела воопшто. Можам да кажам дека цензурата е забранета со Устав, воедно слобода на мислата, јавното изразување на мислата тоа е уставно гарантирано, едно од човековите слободи и права е тоа. Но, што е напишано во пресудата не знам. Од аспект на слобода на изразување на мислата, ние имавме предмет за новинарот на Фокус, Влатко Стојановски за настаните од 27 април. Е тука можам да кажам затоа што ние имаме донесено одлука, а ги читав пресудите на Граѓанскиот и Апелациониот суд и за мене беше несфатливо како може да се каже дека како може во пресуда да пишува дека државата направила доволно со самиот факт што поднела обвинение за некои учесници во настаните од 27 април. Бидејќи јас го судев тој предмет и гледавме многу снимки, ќе кажам дека не е точно дека државата направи било што за да ги заштити граѓаните, пратениците, новинарите и вработените во собранието. Таму имаше еден мал број присутни припадници на полицијата, облечени во целосна борбена униформа, кои едноставно не ни седеа на фотелјите туку беа залегнати на фотелјите, се поздравуваа со оние маскирани лица, а на некои даваа и вода. И како Граѓанскиот суд поврзува дека полицијата доволно направила со тоа што поднела обвинение ми беше несфатливо, навистина бев вчудоневидена. Од друга страна, државата не можела да обезбеди доволно полиција за да ги заштити сите граѓани што протестираат. Судовите не ја направиле основната разлика. Влатко Стојановски не беше присутен на тие протести како граѓанин, беше присутен како новинар и државата не го заштити него како новинар и не му овозможи слободно да ја работи својата работа и слободно да ја изнесе својата мисла, јавно да ја изрази. И тука Уставниот суд реагираше и утврди таква повреда.

За одлуката на Уставниот суд после која се зголемија платите на избраните и именувани лица и прашањето дали може да се намалат платите на судиите и обвинителите, дали има законски основ одговори:

Кај судиите и обвинителите не смеат да ги намалат платите затоа што тие имаат посебни закони според кои, никој не смее да ги намалува нивните плати. Да нема недоразбирање, Уставниот суд не ги зголеми платите на избраните и именувани функционери како што тоа се прикажува во јавноста. Уставниот суд цени усогласеност на закон со Устав, она што го направиле тогаш пратениците е неуставно и затоа ние реагиравме. Сега се на потег пратениците и Владата, можат во секој момент да донесат нов закон и притоа треба да ја изменат основната одредба на законот,какви измени ќе донесат треба нив да ги прашате.

Интервјуто се емитуваше на Телевизија 24 на 19.12.2023 од 20:45 часот.

The post Кацарска: Досега не сме добиле иницијатива за партијата „Десна” appeared first on Република.

]]>

Во интервју за „24 Отворено” претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска зборуваше за состојбата во Судот, за факторите кои влијаат врз довербата на граѓаните во судството, пропаѓањето на предметите од СЈО и последиците од измените на Кривичниот законик, за притисоците врз судиите и културата на неказнивост во државата. На прашањето дали Уставниот суд ќе одлучува за партијата „Десна“, чијшто претседател е осомничен за двојното убиство кое ја вознемири јавноста, претседателката ја објасни процедурата и надлежноста на Уставниот суд за одлучување за програмите и статутите на политичките партии и кажа дека досега нема пристигнато иницијатива за оваа политичка партија. https://www.youtube.com/watch?v=jQ2f7yv1Cas На прашањето кој ја креира перцепцијата на граѓаните во судството и на што се должи недовербата, Кацарска одговори:

Да ти се многу години „Кади Баба“ Кацарска во пеколот што сама си го подготви https://republika.mk/kolumni/da-ti-se-mnogu-godini-kadi-baba-katsarska-vo-pekolot-shto-sama-si-go-podgotvi/ Tue, 28 Nov 2023 16:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=717280

Ламбе Арнаудов

Те гледам и те слушам, колку многу деновиве се трудиш, се мачиш, се прпелкаш, како да не разубедиш дека правдата во иднина ќе ја спроведуваш во корист на народот и афирмација на праведноста.

Ти и правда еднаква за сите, исто како мешавина на вода и масло.
Во својот пеколен поход кон врвот на моќта, газејќи све живо без трошка милост си го изгубила симболот на правдата, ВАГАТА ти испаднала некаде на скалите трчајќи, туркајќи се и прескокнувајќи ги. Место, умот, праведноста и знаењето главно се користеше со подмолност, вазалност, безмилосност трчајќи по привилегии.

Но затоа мечот со две острици што симболизира еднаквост, го задржа во твојата рака, и не само тоа туку високо го дигна и замавнуваш и уништуваш само во една насока, онаа што ти ја определил тој кој незаслужено те поставил, ама и ти ја одредил судбината и темната иднина што те чека.

Судејќи без судење со однапред одредена и одобрена казна, моќникот го направи помоќен, жртвите беспомошни, името дадено од Бога помогна да се смени, а потоа се прогласи за НЕНАДЛЕЖНА.

Крајно сурово се пресмета, без ниту еден валиден доказ, селективно и со бес и омраза која извира од внатрешноста твоја, со политичките противници и ги наполни македонските затвори со патриоти, само од тебе и неколкумина моќници прогласени за терористи. Всушност само според тебе, а на противење и разочарување на целата слободољубива и праведна јавност, но и на чудење на меѓународната правна политичка и мирољубива фела.

Но, тоа тебе не те интересира, не допира до тебе, вивната си во невидената моќ што ја приграби, а на штета на сите на кои им се намерачи, и кон сите оние кои ти беа посочени од нарачателите.

Ти доаѓа крајот. Немој да намигнуваш. Позната е превртливоста на протагонистите од твојата професија во која неколку години суверено доминираш. Не те сакаме и не ни требаш.

Ти си припадник на една дива орда во заминување и немаш ништо заедничко со нашата милост, питомост и благородност.
Остани си таму каде што цел живот припаѓаш. Само што сега сé ќе ти се заврти наопаку. Проклетството на совеста одамна тргна по тебе и твоите сурови постапки.

Ти, што според професијата требаше да му служиш на народот, се стави над својот народ. Мислеше дека газејќи на неговите широки рамена, кои служат да ја бранат, да ја чуваат и да ја сочуваат МАКЕДОНИЈА, ти ги користеше да ги достигнеш само ѕвездите наменети лично за себе.

Сега, ТОЈ НЕПОБЕДЛИВИОТ, НАРОДОТ кого толку многу го обесчестуваше, понижуваше и газеше врз неговото достоинство шетајќи надмено полна со себе, дури и на неговите глави и смеејќи им се во лице на жртвите твои и на нивните несреќни семејства, како благороден и човекољубив ќе се моли за твојата несреќна судбина што те чека. Меѓу ним и јас.

Оти ова намерно го пишувам во почетокот на БОЖИЌНИОТ ПОСТ колку толку да ја ублажиме судбината што неминовно те чека.
Но, сепак не сум сигурен, и покрај искрената желба на народот дека НЕКОЈ ЌЕ ГО ПОСЛУША.
Не знам, не ти посакувам, само едно е сигурно, нема да поминеш подобро од многу такви како тебе.

Совеста го зазема најминорниот дел од мозокот, чека долго, долго и само ти ги запишува сите твои неправди и гадости, и потоа букнува, ја окупира целата мозочна маса, ти ги потиснува сите останати чувства, те прави сопствен био-робот и е врховен командант кој ти заповеда што да правиш.
Исто како ти што правеше, ти додека се чувствуваше како врховен Бог.

Ете, тоа е пеколот во кој ќе живееш до крајот на својот живот, а поединостите што ќе ти се случуваат често ќе се смешни и истовремено жалосни.
НЕ ПРАВИ ДА НЕ НАЈДЕШ.

The post Да ти се многу години „Кади Баба“ Кацарска во пеколот што сама си го подготви appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Те гледам и те слушам, колку многу деновиве се трудиш, се мачиш, се прпелкаш, како да не разубедиш дека правдата во иднина ќе ја спроведуваш во корист на народот и афирмација на праведноста. Ти и правда еднаква за сите, исто како мешавина на вода и масло. Во својот пеколен поход кон врвот на моќта, газејќи све живо без трошка милост си го изгубила симболот на правдата, ВАГАТА ти испаднала некаде на скалите трчајќи, туркајќи се и прескокнувајќи ги. Место, умот, праведноста и знаењето главно се користеше со подмолност, вазалност, безмилосност трчајќи по привилегии. Но затоа мечот со две острици што симболизира еднаквост, го задржа во твојата рака, и не само тоа туку високо го дигна и замавнуваш и уништуваш само во една насока, онаа што ти ја определил тој кој незаслужено те поставил, ама и ти ја одредил судбината и темната иднина што те чека. Судејќи без судење со однапред одредена и одобрена казна, моќникот го направи помоќен, жртвите беспомошни, името дадено од Бога помогна да се смени, а потоа се прогласи за НЕНАДЛЕЖНА. Крајно сурово се пресмета, без ниту еден валиден доказ, селективно и со бес и омраза која извира од внатрешноста твоја, со политичките противници и ги наполни македонските затвори со патриоти, само од тебе и неколкумина моќници прогласени за терористи. Всушност само според тебе, а на противење и разочарување на целата слободољубива и праведна јавност, но и на чудење на меѓународната правна политичка и мирољубива фела. Но, тоа тебе не те интересира, не допира до тебе, вивната си во невидената моќ што ја приграби, а на штета на сите на кои им се намерачи, и кон сите оние кои ти беа посочени од нарачателите. Ти доаѓа крајот. Немој да намигнуваш. Позната е превртливоста на протагонистите од твојата професија во која неколку години суверено доминираш. Не те сакаме и не ни требаш. Ти си припадник на една дива орда во заминување и немаш ништо заедничко со нашата милост, питомост и благородност. Остани си таму каде што цел живот припаѓаш. Само што сега сé ќе ти се заврти наопаку. Проклетството на совеста одамна тргна по тебе и твоите сурови постапки. Ти, што според професијата требаше да му служиш на народот, се стави над својот народ. Мислеше дека газејќи на неговите широки рамена, кои служат да ја бранат, да ја чуваат и да ја сочуваат МАКЕДОНИЈА, ти ги користеше да ги достигнеш само ѕвездите наменети лично за себе. Сега, ТОЈ НЕПОБЕДЛИВИОТ, НАРОДОТ кого толку многу го обесчестуваше, понижуваше и газеше врз неговото достоинство шетајќи надмено полна со себе, дури и на неговите глави и смеејќи им се во лице на жртвите твои и на нивните несреќни семејства, како благороден и човекољубив ќе се моли за твојата несреќна судбина што те чека. Меѓу ним и јас. Оти ова намерно го пишувам во почетокот на БОЖИЌНИОТ ПОСТ колку толку да ја ублажиме судбината што неминовно те чека. Но, сепак не сум сигурен, и покрај искрената желба на народот дека НЕКОЈ ЌЕ ГО ПОСЛУША. Не знам, не ти посакувам, само едно е сигурно, нема да поминеш подобро од многу такви како тебе. Совеста го зазема најминорниот дел од мозокот, чека долго, долго и само ти ги запишува сите твои неправди и гадости, и потоа букнува, ја окупира целата мозочна маса, ти ги потиснува сите останати чувства, те прави сопствен био-робот и е врховен командант кој ти заповеда што да правиш. Исто како ти што правеше, ти додека се чувствуваше како врховен Бог. Ете, тоа е пеколот во кој ќе живееш до крајот на својот живот, а поединостите што ќе ти се случуваат често ќе се смешни и истовремено жалосни. НЕ ПРАВИ ДА НЕ НАЈДЕШ.

The post Да ти се многу години „Кади Баба“ Кацарска во пеколот што сама си го подготви appeared first on Република.

]]>
Во Македонија постои законска пречка Кацарска јавно да го поддржува СДСМ, но не постои пречка да си поднесе оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-postoi-zakonska-prechka-katsarska-javno-da-go-poddrzhuva-sdsm-no-ne-postoi-prechka-da-si-podnese-ostavka/ Mon, 27 Nov 2023 13:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=716806

Во Македонија постои законска пречка Кацарска јавно да го поддржува СДСМ. Но, не постојат законски пречки Добрила Кацарска да си поднесе оставка и да и прави друштво на Вилма Рускоска бидејќи сличностите и соработката им се преголеми, oбвини ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на првиот човек на Уставниот суд за бугарските медиуми.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-katsarska-ne-i-prechi-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/

И двете слугувале како извршители на политичката агенда на власта на СДСМ и ДУИ и двете беа наградени за судско-обвинителскиот терор кој што го извршија врз неправедно обвинетите за 27-ми април. Ако не може да се воздржи од политички изјави во корист на СДСМ, Кацарска може да даде оставка и да стане кандидат за пратеник на СДСМ на изборите догодина, а по поразот може и да претендира на позицијата лидер на СДСМ.

Имајќи предвид дека е единствениот во свет претседател на Уставен суд кој претходно бил казнет од Уставниот суд, Македонија може само да добие со нејзиното заминување од функцијата која не ја заслужува, туку и е награда за спроведување на наредбите од СДСМ

The post Во Македонија постои законска пречка Кацарска јавно да го поддржува СДСМ, но не постои пречка да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Во Македонија постои законска пречка Кацарска јавно да го поддржува СДСМ. Но, не постојат законски пречки Добрила Кацарска да си поднесе оставка и да и прави друштво на Вилма Рускоска бидејќи сличностите и соработката им се преголеми, oбвини ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на првиот човек на Уставниот суд за бугарските медиуми. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-katsarska-ne-i-prechi-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/
И двете слугувале како извршители на политичката агенда на власта на СДСМ и ДУИ и двете беа наградени за судско-обвинителскиот терор кој што го извршија врз неправедно обвинетите за 27-ми април. Ако не може да се воздржи од политички изјави во корист на СДСМ, Кацарска може да даде оставка и да стане кандидат за пратеник на СДСМ на изборите догодина, а по поразот може и да претендира на позицијата лидер на СДСМ.
Имајќи предвид дека е единствениот во свет претседател на Уставен суд кој претходно бил казнет од Уставниот суд, Македонија може само да добие со нејзиното заминување од функцијата која не ја заслужува, туку и е награда за спроведување на наредбите од СДСМ

The post Во Македонија постои законска пречка Кацарска јавно да го поддржува СДСМ, но не постои пречка да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
На Кацарска не ѝ пречи Бугарите да влезат во Уставот https://republika.mk/vesti/makedonija/na-katsarska-ne-i-prechi-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/ Mon, 27 Nov 2023 12:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=716742

Претседатеката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во интервју за телевизијата „Нова“ во Софија зборуваше за подготвеноста на Република Македонија да стане дел од ЕУ од аспект на уставното право, при што потенцираше дека нашиот Устав е современ и го положи испитот на времето во изминатите три децении.

Претседателката Кацарска беше прашана и за правата на немнозинските заедници и одговори дека Република Македонија преку Уставот подеднакво ги штити правата на сите граѓани без оглед на нивната националност. На прашањето дали тоа значи дека нема законски пречки бугарското малцинство да биде запишано во Уставот, Кацарска го повтори принципот на еднаквост кон сите граѓани што го промовира нашиот Устав, а за што зборуваат и релевантните меѓународни извештаи и нагласи дека нема законска пречка што не дозволува граѓаните кои се чувствуаат како Бугари, Албанци, Срби, Турци итн, да се изјаснуваат како такви.

Во контекст на усогласување на домашното законодавство со европското, претседателката на Уставниот суд одговори дека никому не му е попречено правото слободно да ја изразува својата национална припадност, на пример при секој попис на населението. На прашањето дали има забрана на бугарски културни клубови во Македонија и како Европа гледа на тие случаи, Кацарска кажа дека со закон се точно утврдени критериумите за основање на здруженија на граѓани и притоа потсети дека Македонија е земја што максимално ги почитува одлуките на Судот во Стразбур, при што алудираше дека има држави што не ги применуваат насоките и пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Претседателката Кацарска го даде интервјуто на 26 октомври, за време на основањето на Балканскиот форум на уставни судови, а телевизијата го објави интервјуто вчера попладне, во скратена верзија. Претседателката зборуваше на македонски јазик за време на интервјуто, а прашањата на новинарката Илијана Шишкова беа преведувани на македонски јазик од страна на преведувач којшто го обезбеди телевизијата. Во продолжение, го објавуваме целиот разговор:

Претседалката Кацарска го даде интервјуто на 26 октомври, за време на основањето на Балканскиот форум на уставни судови.

1.Н: Ви благодарам г-ѓа Кацарска што ја примивте поканата за овој разговор, добредојдовте во Софија.

1.Кацарска: Благодарам за поканата задоволство ми е што сум повторно во Софија.

2..Н:Република Македонија дали е подготвена да стане дел од Европската Унија со своето уставно право?

2.Кацарска: Република Македонија има донесено Устав уште во 1991 година и тоа во месец ноември. Ние имаме еден современ демократски Устав, тоа е всушност највисокиот акт во нашата држава. Како Судија на Уставниот суд кој што секојдневно го практицирам уставното право сметам дека Република Македонија од аспект на уставното право е подготвена да биде дел од големото европско семејство притоа би нагласила дека нашиот Устав иако се менуваше неколку пати мораше да биде отворан што
заради подобрување на политичкиот систем, потоа заради подобрување на меѓуетничките односи и конечно имавме измена на Уставот и заради промената на нашето дотогаш Уставно име за жал, сепак сметам дека нашиот Устав го положи испитот на времето изминатите три децении.

3.Н.Одредени закони не треба да се менуваат кога ќе станете дел од Европската Унија или ќе мора да промените дел од вашиот Устав?

3.Кацарска: Со оглед да Република Македонија има кандидатски статус уште од месец декември 2005 година, а освен тоа во сила е и спогодбата за стабилизација и асоцијација ние сме почнале многу одамна да го усогласуваме нашето домашно законодавство со европското законодавство. Според она што јас го имам како информација
некаде помеѓу 45% и 50% од нашето домашно законодавство е усогласено со европското законодавство, но секако не’ чека уште многу работа секако дека за да станеме членка на Европската унија ние ќе мора комплетно да го усогласуваме нашето домашно законодавство со европското законодавство. Од аспект на Уставот сите земји што имале преговори со Европската Унија како што е на пример Република Хрватска се надевам дека тоа било и кај вас секако дека и ние ќе треба повторно да реагираме во нашиот Устав најнапред во делот каде што носиме одлука да влеземе во сојуз со останатите држави на Европската Унија тоа мора да биде дел од нашиот Устав, потоа при конституирањето на комисиите коишто ќе
бидат дел од телата во Европската Унија, потоа законодавството кое што е за усогласувањето на граѓаните со законодавството на Европската Унија и слично, што значи дека ќе мора да има и такви измени, но сега знам дека посебно откако се отворија преговорите во месец јули 2022 година политичарите се повеќе вложуваат за да може побрзо да се менуваат овие закони, односно да се усогласуваат со европското законодавство.

4.Н:Кои права ги имаат малцинските заедници и кои услови мора да ги исполнуваат за да бидат запишани во вашиот Устав?

4.Кацарска: Уставот на Република Македонија како што кажав е современ граѓански Устав и ние неспорно е дека сме мултиетничко општество. Нашиот Устав е многу јасен кога вели дека Македонија е држава на граѓаните коишто живеат во оваа држава и тоа е држава на македонскиот народ но и на останатите граѓани коишто живеат, а
се дел од останатите народи и тоа од албанскиот, турскиот, ромскиот, српскиот народ итн. – да не ги набројувам сите. Секако дека малцинствата или според нашиот Устав немнозинските заедници ги уживаат апсолутно сите права коишто ги уживаат и Македонците, не постои во нашиот Устав ниту една одредба со која што се разграничуваат правата на Македонците и на немнозинските заедници, што значи станува збор за еднакви слободи и права. Ако го имате во предвид нашиот Устав ќе видите дека од членот 9 па некаде до членот 60 граѓаните уживаат многу слободи и права, меѓу останатото кај нас е забранета дискриминација по основ на пол, раса, верска, етничка, национална, политичка припадност, уживаат слобода на уверувањето, слобода на мислата, изразувањето на мислата, слобода на политичко здружување итн. И никаде не стои дека овие права се само за Македонците а за немнозинските заедници дека не важат тие правила. Токму заради тоа нагласувам дека  сите наши граѓани според Уставот ги уживаат подеднакво сите слободи и права во државата.

5.Н:Дали тоа означува дека бугарското малцинство нема никакви законски пречки да биде запишано?

5.Кацарска: Како што споменав, Македонија е мултиетничка држава и можеби како ретко која земја во Европа ги впишала во Уставот сите граѓани,  делови од народи кои живеат кај нас, како човек лично јас апсолутно не ги делам луѓето по нивната националност и во никој случај мене како граѓанин не ми смета Бугарите, односно граѓаните на Република Македонија коишто се чувствуваат како Бугари да бидат впишани во Уставот, ако имате во предвид дека ние ја имаме потпишано Рамковната конвенција за националните малцинства на Советот на Европа, значи дека ние ги признаваме правата на сите наши граѓани, освен тоа во Македонија има високи европски стандарди токму во поглед на немнозинските заедници, тоа го говорат всушност и сите извештаи на релевантни институции, тука се мониторинг извештаите, годишните извештаи за напредокот на Република Македонија, извештаите што се на многу невладини организации коишто работат токму за човековите права.

6.Н: Но конкретно дали бугарското малцинство е спорно на софиските и скопските политичари, затоа прашувам дали постои правна пречка?

6.Кацарска: Значи, категорично нагласувам дека законска пречка не постои затоа што пак ви велам дека сите граѓани се еднакви, кој тоа закон би забранил нешто на граѓаните коишто се чувствуваат како Бугари, а би го овозможил на граѓаните коишто се дел од народите кои ги набројав: албански, турски, српски народ итн. Значи, законска пречка не постои.

7.Н:Дали вие сте кажале на вашите политичари дали знаат дека нема законска пречка?

7.Кацарска: Видете јас сум Претседател на Уставен суд на Република Македонија и освен службени комуникации со политичарите, јас немам никаква комуникација, а пак, да ме прашаат во никој случај не ме прашуваат за мое мислење што јас мислам, но ако некој ми постави вакво прашање јас одговарам пред се’ како правник, потоа како судија на Уставен суд и затоа велам нема законска пречка зошто политичарите разговараат на каков начин, зошто не се внесуваат Бугарите тоа е сепак тема која што треба да се постави на нашите политичари, на политичките елити во Република Македонија. Јас пак ви велам дека можам да зборувам како граѓанин и можам да зборувам како судија, од аспект кога дискутираме за самите закони, се’ друго е тема на политичарите.

8.Н:Вие самите кажавте како човековите права се регулирани во Република Македонија. Дали се усогласени со Европското законодавство?

8.Кацарска: Како што споменав, во Република Македонија се почитуваат сите слободи и права на сите граѓани и ние ги усогласуваме нашите закони со европските закони, како што споменав и претходно не се целосно усогласени, но секако дека ќе бидат целосно усогласени во оној момент кога ние ќе треба да влеземе во Европската Унија. Слободите и правата на граѓаните се подеднакво заштитени, основно ако Уставот гарантира на секој еден граѓанин слободи и права да бидат подеднакви за сите, зошто тогаш би дискутирале дека некој нема некој права, дека му се ускратени или слично. Напротив, една од темелните вредности на нашиот Устав е националноста на граѓаните во смисла слободно изразување на
нивната национална припадност при секој попис на населението секој еден граѓанин се определува и слободно кажува како се чувствува, дали се чувствува како Македонец, Србин, Албанец, Бугарин и никому тоа не му е попречено, ниту пак некој трпи последици од тоа ако се запишал како дел од некој друг народ. Сега се изготвува акциски план токму за подобрување на сите права, слободи и правата на немнозинските заедници, со којшто јасно ќе се доразработи забраната на дискриминација во образованието, се однесува тоа и на забрана на говор на омраза и слично. Верувајте, никој нема последици затоа што се произнел дека се чувствува како граѓанин на Република Македонија, но со друга националност.

9.Н: Во право сте, тоа е основен закон но Софија има забрана на бугарски културни клубови како Европа ќе погледне на тие случаи според вас?

9.Кацарска: Најнапред ќе тргнам од делот каде што велите дека гледате инциденти. Како човек и како судија притоа би нагласила дека 34 години бев судија во најголемиот суд во Република Македонија и сега во Уставниот суд сум апсолутно против секое насилство и секаков тип на насилство. За мене и вербалното однесување е насилство, а тоа значи дека не подржувам никакво насилство, но мора да признаеме и да бидеме коректни дека изолирани случаи на насилство има во сите земји, не само во Европа туку и во светот. Околу здруженијата би појаснила една ситуација. Ние како Република се грижиме за правата на сите немнозински заедници, точно е дека и судовите некогаш може да погрешат, дури и
Уставниот суд може да погреши, како што беше ситуацијата со здружението „РАДКО“. Тоа е здружение на граѓани кое што се грижи за идентитетот на Бугарите во Република Македонија. Кога  Уставниот суд пред повеќе години, можеби има и десет години или можеби малку помалку, кога донесе одлука спротивна на барањето на ова здружение, истите се обратија со апликација до Судот во Стразбур. По донесувањето на таа одлука во Судот во Стразбур веднаш ова здружение беше регистрирано и ден денеска непречено функционира во Република Македонија. Ние сме земја којашто ги почитува максимално пресудите на Европскиот суд за човекови права, а ако алудирате на овие забрани што беа, како
вие што велите забрани за регистрирање, би нагласила дека беше донесен закон за измена на Законот за регистрација на здруженија и фондации и според тој закон точно е наведено кои услови треба да бидат исполнети за да може некое здружение да биде регистрирано доколку тоа здружение ги исполнува наведените услови во законот. Секако дека ќе биде непречено регистриранио здружението, значи за секоја една ситуација ние мора да зборуваме конкретно со докази и факти.

10.Н: Кажувате за вашиот Устав од 1991 година, има ли нешто подобро во бугарскиот устав?

10.Кацарска: Видете, јас не би можела да одговорам конкретно на ова прашање во смисла дали има нешто што е подобро во вашиот Устав, отколку во нашиот Устав, затоа што морам да признаам дека јас не ги знам целосно уставите на другите држави, јас го познавам целосно Уставот на мојата држава, а за останатите држави незнам дали можам да направам таква споредба. Можеби би сакала, еве ова е причина да го прочитам целосно вашиот Устав и повод ќе ми биде оваа емисија да видам како кај вас е регулирано сето ова за што всушност ние вечерва говориме.

11.Н:Ќе се внесува уставна жалба. За што ќе помогне?

11.Кацарска: Морам тука да ве коригирам, во смисла и во Република Македонија нема институт „уставна жалба“ или како што во некои држави ја нарекуваат „уставна тужба“, со тоа што ние како Уставен суд, согласно со наши одредби од Уставот, поточно со членот 110 алинеја 3 од Уставот, можеме да одлучуваме за одредени слободи и права на граѓаните, но не за сите слободи и права, токму затоа што сметам дека тоа е на штета на граѓаните, а истовремено мислам дека тоа е загуба и за секоја една држава што нема „уставна жалба“. Во изминативе две години јас максимално се залагам за воведување на овој институт, затоа што сметам дека граѓаните треба да ги остварат своите права за сите слободи и права, пред се’ пред матичните судови во сопствената држава, а потоа да одат пред Европскиот суд за човекови права. Мислам дека во вашиот Устав тоа не е предвидено, дека вашиот уставен суд воопшто не одлучува за слободи и права. Но ние на половина пат, иако ова не е насловено како „уставна жалба“, туку со посебни барања за заштита на слободи и права можат да се обратат граѓаните до Уставниот суд, но нагласувам за одредени слободи и права. Навистина би ми било драго ако Република Бугарија ја воведе „уставната жалба“ и сметам дека тоа ќе биде голема придобивка за вашите граѓани и воопшто за вашата држава.

The post На Кацарска не ѝ пречи Бугарите да влезат во Уставот appeared first on Република.

]]>

Претседатеката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во интервју за телевизијата „Нова“ во Софија зборуваше за подготвеноста на Република Македонија да стане дел од ЕУ од аспект на уставното право, при што потенцираше дека нашиот Устав е современ и го положи испитот на времето во изминатите три децении. Претседателката Кацарска беше прашана и за правата на немнозинските заедници и одговори дека Република Македонија преку Уставот подеднакво ги штити правата на сите граѓани без оглед на нивната националност. На прашањето дали тоа значи дека нема законски пречки бугарското малцинство да биде запишано во Уставот, Кацарска го повтори принципот на еднаквост кон сите граѓани што го промовира нашиот Устав, а за што зборуваат и релевантните меѓународни извештаи и нагласи дека нема законска пречка што не дозволува граѓаните кои се чувствуаат како Бугари, Албанци, Срби, Турци итн, да се изјаснуваат како такви.
Во контекст на усогласување на домашното законодавство со европското, претседателката на Уставниот суд одговори дека никому не му е попречено правото слободно да ја изразува својата национална припадност, на пример при секој попис на населението. На прашањето дали има забрана на бугарски културни клубови во Македонија и како Европа гледа на тие случаи, Кацарска кажа дека со закон се точно утврдени критериумите за основање на здруженија на граѓани и притоа потсети дека Македонија е земја што максимално ги почитува одлуките на Судот во Стразбур, при што алудираше дека има држави што не ги применуваат насоките и пресудите на Европскиот суд за човекови права. Претседателката Кацарска го даде интервјуто на 26 октомври, за време на основањето на Балканскиот форум на уставни судови, а телевизијата го објави интервјуто вчера попладне, во скратена верзија. Претседателката зборуваше на македонски јазик за време на интервјуто, а прашањата на новинарката Илијана Шишкова беа преведувани на македонски јазик од страна на преведувач којшто го обезбеди телевизијата. Во продолжение, го објавуваме целиот разговор:
Претседалката Кацарска го даде интервјуто на 26 октомври, за време на основањето на Балканскиот форум на уставни судови. 1.Н: Ви благодарам г-ѓа Кацарска што ја примивте поканата за овој разговор, добредојдовте во Софија. 1.Кацарска: Благодарам за поканата задоволство ми е што сум повторно во Софија. 2..Н:Република Македонија дали е подготвена да стане дел од Европската Унија со своето уставно право? 2.Кацарска: Република Македонија има донесено Устав уште во 1991 година и тоа во месец ноември. Ние имаме еден современ демократски Устав, тоа е всушност највисокиот акт во нашата држава. Како Судија на Уставниот суд кој што секојдневно го практицирам уставното право сметам дека Република Македонија од аспект на уставното право е подготвена да биде дел од големото европско семејство притоа би нагласила дека нашиот Устав иако се менуваше неколку пати мораше да биде отворан што заради подобрување на политичкиот систем, потоа заради подобрување на меѓуетничките односи и конечно имавме измена на Уставот и заради промената на нашето дотогаш Уставно име за жал, сепак сметам дека нашиот Устав го положи испитот на времето изминатите три децении. 3.Н.Одредени закони не треба да се менуваат кога ќе станете дел од Европската Унија или ќе мора да промените дел од вашиот Устав?
3.Кацарска: Со оглед да Република Македонија има кандидатски статус уште од месец декември 2005 година, а освен тоа во сила е и спогодбата за стабилизација и асоцијација ние сме почнале многу одамна да го усогласуваме нашето домашно законодавство со европското законодавство. Според она што јас го имам како информација некаде помеѓу 45% и 50% од нашето домашно законодавство е усогласено со европското законодавство, но секако не’ чека уште многу работа секако дека за да станеме членка на Европската унија ние ќе мора комплетно да го усогласуваме нашето домашно законодавство со европското законодавство. Од аспект на Уставот сите земји што имале преговори со Европската Унија како што е на пример Република Хрватска се надевам дека тоа било и кај вас секако дека и ние ќе треба повторно да реагираме во нашиот Устав најнапред во делот каде што носиме одлука да влеземе во сојуз со останатите држави на Европската Унија тоа мора да биде дел од нашиот Устав, потоа при конституирањето на комисиите коишто ќе бидат дел од телата во Европската Унија, потоа законодавството кое што е за усогласувањето на граѓаните со законодавството на Европската Унија и слично, што значи дека ќе мора да има и такви измени, но сега знам дека посебно откако се отворија преговорите во месец јули 2022 година политичарите се повеќе вложуваат за да може побрзо да се менуваат овие закони, односно да се усогласуваат со европското законодавство.
4.Н:Кои права ги имаат малцинските заедници и кои услови мора да ги исполнуваат за да бидат запишани во вашиот Устав? 4.Кацарска: Уставот на Република Македонија како што кажав е современ граѓански Устав и ние неспорно е дека сме мултиетничко општество. Нашиот Устав е многу јасен кога вели дека Македонија е држава на граѓаните коишто живеат во оваа држава и тоа е држава на македонскиот народ но и на останатите граѓани коишто живеат, а се дел од останатите народи и тоа од албанскиот, турскиот, ромскиот, српскиот народ итн. – да не ги набројувам сите. Секако дека малцинствата или според нашиот Устав немнозинските заедници ги уживаат апсолутно сите права коишто ги уживаат и Македонците, не постои во нашиот Устав ниту една одредба со која што се разграничуваат правата на Македонците и на немнозинските заедници, што значи станува збор за еднакви слободи и права. Ако го имате во предвид нашиот Устав ќе видите дека од членот 9 па некаде до членот 60 граѓаните уживаат многу слободи и права, меѓу останатото кај нас е забранета дискриминација по основ на пол, раса, верска, етничка, национална, политичка припадност, уживаат слобода на уверувањето, слобода на мислата, изразувањето на мислата, слобода на политичко здружување итн. И никаде не стои дека овие права се само за Македонците а за немнозинските заедници дека не важат тие правила. Токму заради тоа нагласувам дека  сите наши граѓани според Уставот ги уживаат подеднакво сите слободи и права во државата. 5.Н:Дали тоа означува дека бугарското малцинство нема никакви законски пречки да биде запишано?  
5.Кацарска: Како што споменав, Македонија е мултиетничка држава и можеби како ретко која земја во Европа ги впишала во Уставот сите граѓани,  делови од народи кои живеат кај нас, како човек лично јас апсолутно не ги делам луѓето по нивната националност и во никој случај мене како граѓанин не ми смета Бугарите, односно граѓаните на Република Македонија коишто се чувствуваат како Бугари да бидат впишани во Уставот, ако имате во предвид дека ние ја имаме потпишано Рамковната конвенција за националните малцинства на Советот на Европа, значи дека ние ги признаваме правата на сите наши граѓани, освен тоа во Македонија има високи европски стандарди токму во поглед на немнозинските заедници, тоа го говорат всушност и сите извештаи на релевантни институции, тука се мониторинг извештаите, годишните извештаи за напредокот на Република Македонија, извештаите што се на многу невладини организации коишто работат токму за човековите права.
6.Н: Но конкретно дали бугарското малцинство е спорно на софиските и скопските политичари, затоа прашувам дали постои правна пречка? 6.Кацарска: Значи, категорично нагласувам дека законска пречка не постои затоа што пак ви велам дека сите граѓани се еднакви, кој тоа закон би забранил нешто на граѓаните коишто се чувствуваат како Бугари, а би го овозможил на граѓаните коишто се дел од народите кои ги набројав: албански, турски, српски народ итн. Значи, законска пречка не постои. 7.Н:Дали вие сте кажале на вашите политичари дали знаат дека нема законска пречка? 7.Кацарска: Видете јас сум Претседател на Уставен суд на Република Македонија и освен службени комуникации со политичарите, јас немам никаква комуникација, а пак, да ме прашаат во никој случај не ме прашуваат за мое мислење што јас мислам, но ако некој ми постави вакво прашање јас одговарам пред се’ како правник, потоа како судија на Уставен суд и затоа велам нема законска пречка зошто политичарите разговараат на каков начин, зошто не се внесуваат Бугарите тоа е сепак тема која што треба да се постави на нашите политичари, на политичките елити во Република Македонија. Јас пак ви велам дека можам да зборувам како граѓанин и можам да зборувам како судија, од аспект кога дискутираме за самите закони, се’ друго е тема на политичарите. 8.Н:Вие самите кажавте како човековите права се регулирани во Република Македонија. Дали се усогласени со Европското законодавство? 8.Кацарска: Како што споменав, во Република Македонија се почитуваат сите слободи и права на сите граѓани и ние ги усогласуваме нашите закони со европските закони, како што споменав и претходно не се целосно усогласени, но секако дека ќе бидат целосно усогласени во оној момент кога ние ќе треба да влеземе во Европската Унија. Слободите и правата на граѓаните се подеднакво заштитени, основно ако Уставот гарантира на секој еден граѓанин слободи и права да бидат подеднакви за сите, зошто тогаш би дискутирале дека некој нема некој права, дека му се ускратени или слично. Напротив, една од темелните вредности на нашиот Устав е националноста на граѓаните во смисла слободно изразување на нивната национална припадност при секој попис на населението секој еден граѓанин се определува и слободно кажува како се чувствува, дали се чувствува како Македонец, Србин, Албанец, Бугарин и никому тоа не му е попречено, ниту пак некој трпи последици од тоа ако се запишал како дел од некој друг народ. Сега се изготвува акциски план токму за подобрување на сите права, слободи и правата на немнозинските заедници, со којшто јасно ќе се доразработи забраната на дискриминација во образованието, се однесува тоа и на забрана на говор на омраза и слично. Верувајте, никој нема последици затоа што се произнел дека се чувствува како граѓанин на Република Македонија, но со друга националност. 9.Н: Во право сте, тоа е основен закон но Софија има забрана на бугарски културни клубови како Европа ќе погледне на тие случаи според вас? 9.Кацарска: Најнапред ќе тргнам од делот каде што велите дека гледате инциденти. Како човек и како судија притоа би нагласила дека 34 години бев судија во најголемиот суд во Република Македонија и сега во Уставниот суд сум апсолутно против секое насилство и секаков тип на насилство. За мене и вербалното однесување е насилство, а тоа значи дека не подржувам никакво насилство, но мора да признаеме и да бидеме коректни дека изолирани случаи на насилство има во сите земји, не само во Европа туку и во светот. Околу здруженијата би појаснила една ситуација. Ние како Република се грижиме за правата на сите немнозински заедници, точно е дека и судовите некогаш може да погрешат, дури и Уставниот суд може да погреши, како што беше ситуацијата со здружението „РАДКО“. Тоа е здружение на граѓани кое што се грижи за идентитетот на Бугарите во Република Македонија. Кога  Уставниот суд пред повеќе години, можеби има и десет години или можеби малку помалку, кога донесе одлука спротивна на барањето на ова здружение, истите се обратија со апликација до Судот во Стразбур. По донесувањето на таа одлука во Судот во Стразбур веднаш ова здружение беше регистрирано и ден денеска непречено функционира во Република Македонија. Ние сме земја којашто ги почитува максимално пресудите на Европскиот суд за човекови права, а ако алудирате на овие забрани што беа, како вие што велите забрани за регистрирање, би нагласила дека беше донесен закон за измена на Законот за регистрација на здруженија и фондации и според тој закон точно е наведено кои услови треба да бидат исполнети за да може некое здружение да биде регистрирано доколку тоа здружение ги исполнува наведените услови во законот. Секако дека ќе биде непречено регистриранио здружението, значи за секоја една ситуација ние мора да зборуваме конкретно со докази и факти. 10.Н: Кажувате за вашиот Устав од 1991 година, има ли нешто подобро во бугарскиот устав? 10.Кацарска: Видете, јас не би можела да одговорам конкретно на ова прашање во смисла дали има нешто што е подобро во вашиот Устав, отколку во нашиот Устав, затоа што морам да признаам дека јас не ги знам целосно уставите на другите држави, јас го познавам целосно Уставот на мојата држава, а за останатите држави незнам дали можам да направам таква споредба. Можеби би сакала, еве ова е причина да го прочитам целосно вашиот Устав и повод ќе ми биде оваа емисија да видам како кај вас е регулирано сето ова за што всушност ние вечерва говориме. 11.Н:Ќе се внесува уставна жалба. За што ќе помогне? 11.Кацарска: Морам тука да ве коригирам, во смисла и во Република Македонија нема институт „уставна жалба“ или како што во некои држави ја нарекуваат „уставна тужба“, со тоа што ние како Уставен суд, согласно со наши одредби од Уставот, поточно со членот 110 алинеја 3 од Уставот, можеме да одлучуваме за одредени слободи и права на граѓаните, но не за сите слободи и права, токму затоа што сметам дека тоа е на штета на граѓаните, а истовремено мислам дека тоа е загуба и за секоја една држава што нема „уставна жалба“. Во изминативе две години јас максимално се залагам за воведување на овој институт, затоа што сметам дека граѓаните треба да ги остварат своите права за сите слободи и права, пред се’ пред матичните судови во сопствената држава, а потоа да одат пред Европскиот суд за човекови права. Мислам дека во вашиот Устав тоа не е предвидено, дека вашиот уставен суд воопшто не одлучува за слободи и права. Но ние на половина пат, иако ова не е насловено како „уставна жалба“, туку со посебни барања за заштита на слободи и права можат да се обратат граѓаните до Уставниот суд, но нагласувам за одредени слободи и права. Навистина би ми било драго ако Република Бугарија ја воведе „уставната жалба“ и сметам дека тоа ќе биде голема придобивка за вашите граѓани и воопшто за вашата држава.

The post На Кацарска не ѝ пречи Бугарите да влезат во Уставот appeared first on Република.

]]>
За Кацарска нема ништо страшно во тоа да се внесат Бугарите во Устав https://republika.mk/vesti/makedonija/za-katsarska-nema-nishto-strashno-vo-toa-da-se-vnesat-bugarite-vo-ustav/ Tue, 26 Sep 2023 20:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=685451

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека, според неа, нема ништо да се загуби ако се внесат Бугарите и другите народи во Уставот.

Коментирајќи за постапката за внесувањето во Уставот, кажа дека „не треба да им се попречува на младите и на другите граѓани да им биде полесен животот со тоа што државата ќе влезе во ЕУ“.

За граѓаните да разберат, треба да знаеме друго. Да се нагласи дека Македонија е држава на македонскиот народ и на сите останати народи кои се наведени во Уставот. Лошо би било кога Македонија е држава на македонскиот или на бугарскиот народ, тогаш да. Но ние кога имаме во самиот Устав дека ова е држава на Албанци, Срби, Власи, Бошњаци и другите, што губат граѓаните ако бидат внесени и бугарскиот народ? Можеби поради што односите меѓу двете земји е таков, но лично мое мислење е да не се блокира државата, ниту да им се попречува на младите и на другите граѓани. Што се губи тука? Во овој момент нема ништо спорно ниту ништо противуставно да може да се попречи измената на Уставот, рече Кацарска.

The post За Кацарска нема ништо страшно во тоа да се внесат Бугарите во Устав appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека, според неа, нема ништо да се загуби ако се внесат Бугарите и другите народи во Уставот. Коментирајќи за постапката за внесувањето во Уставот, кажа дека „не треба да им се попречува на младите и на другите граѓани да им биде полесен животот со тоа што државата ќе влезе во ЕУ“.