Дмитриј Медведев Archives - Република https://republika.mk/tema/dmitrij-medvedev/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 14:01:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дмитриј Медведев Archives - Република https://republika.mk/tema/dmitrij-medvedev/ 32 32 Медведев: На Трамп нема да му дозволат да ја сопре војната во Украина, ако навистина се обиде може да заврши како Џон Кенеди https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-na-tramp-nema-da-mu-dozvolat-da-ja-sopre-vojnata-vo-ukraina-ako-navistina-se-obide-mozhe-da-zavrshi-kako-dhon-kenedi/ Sun, 03 Nov 2024 15:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=833775

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека американскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, доколку победи на изборите, ќе мора да „ги почитува сите правила“ на американскиот воено-индустриски комплекс и да продолжи да го поддржува конфликтот во Украина, затоа што во спротивно ќе ја доживее судбината на убиениот американски претседател Џон Кенеди.

Уморниот Трамп, исто така, ќе биде принуден да ги почитува сите правила на системот. Тој не може да го запре конфликтот во Украина. Ниту за еден ден, ниту за три дена, ниту за три месеци. И ако навистина се обиде да го спопре конфликтот, може лесно да стане новиот Џон Фицџералд Кенеди“, рече Медведев.

Тој ги нарече флоскули фразите на Трамп за можноста да стави крај на воната за неколку дена и за поранешните добри односи со рускиот претседател Владимир Путин.

The post Медведев: На Трамп нема да му дозволат да ја сопре војната во Украина, ако навистина се обиде може да заврши како Џон Кенеди appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека американскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, доколку победи на изборите, ќе мора да „ги почитува сите правила“ на американскиот воено-индустриски комплекс и да продолжи да го поддржува конфликтот во Украина, затоа што во спротивно ќе ја доживее судбината на убиениот американски претседател Џон Кенеди.
Уморниот Трамп, исто така, ќе биде принуден да ги почитува сите правила на системот. Тој не може да го запре конфликтот во Украина. Ниту за еден ден, ниту за три дена, ниту за три месеци. И ако навистина се обиде да го спопре конфликтот, може лесно да стане новиот Џон Фицџералд Кенеди“, рече Медведев.
Тој ги нарече флоскули фразите на Трамп за можноста да стави крај на воната за неколку дена и за поранешните добри односи со рускиот претседател Владимир Путин.

The post Медведев: На Трамп нема да му дозволат да ја сопре војната во Украина, ако навистина се обиде може да заврши како Џон Кенеди appeared first on Република.

]]>
Медведев до Западот: Ќе бидете казнети https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-do-zapadot-ke-bidete-kazneti/ Tue, 17 Sep 2024 10:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=817086

Заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев повика да се запамтат како што рече, „злосторничките апели од Западот“ да и се дозволи на Украина да ја нападне Русија и Москва да подготви одмазда.

На Телеграм, Медведев го привлече вниманието на изјавите на западните претставници, пишуваат локални медиуми.

Очигледно е дека и сега на Запад нема ограничувања за извршување на такви напади. Мораме детално да се подготвиме за да ги одбиеме. Но, сакам да кажам нешто друго: треба да се потсетиме на злосторничките апели на одредени западни суштества и да се подготвиме за одмазда. Во историјата има бројни примери кога подоцна дојде одмаздата, истакна тој.

Според Медведев, таквите операции секогаш се внимателно планирани.

Овде главната работа е неизбежноста. Не е толку важно кога точно ќе стигне казната. Важно е дека тоа е неизбежно. „Дека секој ништожник, без разлика на вера, нација, позиција, кој извршил злосторства против нашата земја и нашиот народ или кој вика „Убијте ги цивилите во Курск“, знае дека ќе дојдат по него, вели Медведев.

 

The post Медведев до Западот: Ќе бидете казнети appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев повика да се запамтат како што рече, „злосторничките апели од Западот“ да и се дозволи на Украина да ја нападне Русија и Москва да подготви одмазда. На Телеграм, Медведев го привлече вниманието на изјавите на западните претставници, пишуваат локални медиуми. Очигледно е дека и сега на Запад нема ограничувања за извршување на такви напади. Мораме детално да се подготвиме за да ги одбиеме. Но, сакам да кажам нешто друго: треба да се потсетиме на злосторничките апели на одредени западни суштества и да се подготвиме за одмазда. Во историјата има бројни примери кога подоцна дојде одмаздата, истакна тој. Според Медведев, таквите операции секогаш се внимателно планирани. Овде главната работа е неизбежноста. Не е толку важно кога точно ќе стигне казната. Важно е дека тоа е неизбежно. „Дека секој ништожник, без разлика на вера, нација, позиција, кој извршил злосторства против нашата земја и нашиот народ или кој вика „Убијте ги цивилите во Курск“, знае дека ќе дојдат по него, вели Медведев.  

The post Медведев до Западот: Ќе бидете казнети appeared first on Република.

]]>
Медведев: Трамп дефинитивно победува, освен ако не го убијат https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-tramp-definitivno-pobeduva-osven-ako-ne-go-ubijat/ Mon, 15 Jul 2024 07:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=796862

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сигурно ќе победи на изборите, само ако не биде убиен.

Сигурно ќе победи. Само ако не биде убиен, напиша Медведев на својот профил на социјалната мрежа Икс и прикачи слика од Трамп, кога беше формално уапсен во август 2023 година.

На 13 јули, Трамп преживеа обид за атентат за време на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, при што беше ранет. Се здобил со полесна повреда, куршум му го пробил десното уво.

Во престрелката едно лице е убиено, а две се ранети. Атентаторот беше убиен од офицери на американската тајна служба, која е посебно одговорна за заштита на највисоките државни функционери.

ФБИ го истражува пукањето на митингот на Трамп како можен терористички напад.

The post Медведев: Трамп дефинитивно победува, освен ако не го убијат appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сигурно ќе победи на изборите, само ако не биде убиен. Сигурно ќе победи. Само ако не биде убиен, напиша Медведев на својот профил на социјалната мрежа Икс и прикачи слика од Трамп, кога беше формално уапсен во август 2023 година. На 13 јули, Трамп преживеа обид за атентат за време на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, при што беше ранет. Се здобил со полесна повреда, куршум му го пробил десното уво. Во престрелката едно лице е убиено, а две се ранети. Атентаторот беше убиен од офицери на американската тајна служба, која е посебно одговорна за заштита на највисоките државни функционери. ФБИ го истражува пукањето на митингот на Трамп како можен терористички напад.

The post Медведев: Трамп дефинитивно победува, освен ако не го убијат appeared first on Република.

]]>
Медведев: Мора да исчезнат или НАТО или Украина, најдобро двете! https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-mora-da-ischeznat-ili-nato-ili-ukraina-najdobro-dvete/ Thu, 11 Jul 2024 10:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=795797

Еден од најблиските соработници на рускиот претседател, заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, уште еднаш им се закани на Украина и на Западот.

Во објава на социјалните мрежи, Медведев на англиски ги цитираше заклучоците на НАТО на самитот во Вашингтон, кои го потврдија продолжувањето на поддршката за Украина и нејзиниот пат кон идното членство во таа алијанса.

Заклучокот е очигледен. Мораме да сториме сè за „неповратниот пат“ на Украина кон НАТО да заврши или со исчезнувањето на Украина или со исчезнувањето на НАТО. Или уште подобро, со исчезнувањето на двете, напиша Медведев.

Медведев, кој за време на неговиот претседателски мандат од 2008 до 2012 година важеше за посредник кон Западот, стана еден од највоинствените руски функционери од почетокот на војната во Украина.

Тој постојано ги предупреди американските и европските сојузници дека вооружувањето на Киев може да доведе до „нуклеарна апокалипса“.

The post Медведев: Мора да исчезнат или НАТО или Украина, најдобро двете! appeared first on Република.

]]>

Еден од најблиските соработници на рускиот претседател, заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, уште еднаш им се закани на Украина и на Западот. Во објава на социјалните мрежи, Медведев на англиски ги цитираше заклучоците на НАТО на самитот во Вашингтон, кои го потврдија продолжувањето на поддршката за Украина и нејзиниот пат кон идното членство во таа алијанса. Заклучокот е очигледен. Мораме да сториме сè за „неповратниот пат“ на Украина кон НАТО да заврши или со исчезнувањето на Украина или со исчезнувањето на НАТО. Или уште подобро, со исчезнувањето на двете, напиша Медведев. Медведев, кој за време на неговиот претседателски мандат од 2008 до 2012 година важеше за посредник кон Западот, стана еден од највоинствените руски функционери од почетокот на војната во Украина. Тој постојано ги предупреди американските и европските сојузници дека вооружувањето на Киев може да доведе до „нуклеарна апокалипса“.

The post Медведев: Мора да исчезнат или НАТО или Украина, најдобро двете! appeared first on Република.

]]>
Медведев: Русија, за жал, не блефира, најлошото можно сценарио е неизбежно https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusija-za-zhal-ne-blefira-najloshoto-mozhno-stsenario-e-neizbezhno/ Fri, 31 May 2024 10:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=783506

Врвниот руски безбедносен функционер Дмитриј Медведев рече дека Русија не блефира кога зборува за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје против Украина и предупреди дека конфликтот на Москва со Западот може да ескалира во сеопфатна војна.

За жал, ова не е ниту заплашување, ниту блефирање, рече Медведев.

Сегашниот воен конфликт со Западот се развива според најлошото можно сценарио. Постои постојана ескалација кога станува збор за огнената моќ на оружјето на НАТО што се користи. Затоа, денес никој не може да ја исклучи транзицијата на конфликтот кон завршна фаза, рече тој.

Русија смета дека целото оружје со долг дострел што го користи Украина е веќе под директен надзор на војници од земјите на НАТО. Ова не е воена помош, ова е учество во војната против нас, рече Медведев.

Медведев, кој стана еден од најтврдокорните јастреби на Кремљ, ги даде коментарите откако четворица американски официјални претставници во четвртокот за Ројтерс изјавија дека американскиот претседател Џо Бајден тивко го овластил Киев да лансира оружје доставено од САД кон воени цели во Русија, кои ја поддржуваат офанзивата против североисточниот украински град Харков.

The post Медведев: Русија, за жал, не блефира, најлошото можно сценарио е неизбежно appeared first on Република.

]]>

Врвниот руски безбедносен функционер Дмитриј Медведев рече дека Русија не блефира кога зборува за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје против Украина и предупреди дека конфликтот на Москва со Западот може да ескалира во сеопфатна војна. За жал, ова не е ниту заплашување, ниту блефирање, рече Медведев. Сегашниот воен конфликт со Западот се развива според најлошото можно сценарио. Постои постојана ескалација кога станува збор за огнената моќ на оружјето на НАТО што се користи. Затоа, денес никој не може да ја исклучи транзицијата на конфликтот кон завршна фаза, рече тој. Русија смета дека целото оружје со долг дострел што го користи Украина е веќе под директен надзор на војници од земјите на НАТО. Ова не е воена помош, ова е учество во војната против нас, рече Медведев. Медведев, кој стана еден од најтврдокорните јастреби на Кремљ, ги даде коментарите откако четворица американски официјални претставници во четвртокот за Ројтерс изјавија дека американскиот претседател Џо Бајден тивко го овластил Киев да лансира оружје доставено од САД кон воени цели во Русија, кои ја поддржуваат офанзивата против североисточниот украински град Харков.

The post Медведев: Русија, за жал, не блефира, најлошото можно сценарио е неизбежно appeared first on Република.

]]>
Медведев за новиот пакет помош од САД за Украина: Тоа е русофобија https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-za-noviot-paket-pomosh-od-sad-za-ukraina-toa-e-rusofobija/ Sun, 21 Apr 2024 09:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=768745

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера гласаше со поддршка од двопартиското мнозинство за пакетот безбедносна помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај жестокото противење на некои републиканци.

Пакетот од четири нацрт-закони сега оди во Сенатот, кој е мнозински контролиран од демократите и донесе слична мерка пред повеќе од два месеци.

Сенатот треба да гласа за него следната недела, а потоа да го испрати до претседателот Џо Бајден за негов потпис. Покрај 60,84 милијарди долари за Украина, законот предвидува 26 милијарди за Израел, од кои 9,1 милијарди за хуманитарни потреби и 8,12 милијарди за Индо-Пацификот.

На ова реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој на Телеграм рече дека се очекува одобрување на американската помош за Украина.

Се заснова на русофобија. Ние, секако, ќе бидеме победници без разлика на крвавите 61 милијарда долари, кои најмногу ќе ги проголта нивниот ненаситен воено-индустриски комплекс“, напиша Медведев на Телеграм.

The post Медведев за новиот пакет помош од САД за Украина: Тоа е русофобија appeared first on Република.

]]>

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера гласаше со поддршка од двопартиското мнозинство за пакетот безбедносна помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај жестокото противење на некои републиканци. Пакетот од четири нацрт-закони сега оди во Сенатот, кој е мнозински контролиран од демократите и донесе слична мерка пред повеќе од два месеци. Сенатот треба да гласа за него следната недела, а потоа да го испрати до претседателот Џо Бајден за негов потпис. Покрај 60,84 милијарди долари за Украина, законот предвидува 26 милијарди за Израел, од кои 9,1 милијарди за хуманитарни потреби и 8,12 милијарди за Индо-Пацификот. На ова реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој на Телеграм рече дека се очекува одобрување на американската помош за Украина. Се заснова на русофобија. Ние, секако, ќе бидеме победници без разлика на крвавите 61 милијарда долари, кои најмногу ќе ги проголта нивниот ненаситен воено-индустриски комплекс“, напиша Медведев на Телеграм.

The post Медведев за новиот пакет помош од САД за Украина: Тоа е русофобија appeared first on Република.

]]>
Медведев за испраќањето француска војска во Украина: Ќе бидeте уништени https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-za-isprakaneto-frantsuska-vojska-vo-ukraina-ke-bidete-unishteni/ Wed, 20 Mar 2024 19:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=756824

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека уништувањето на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили доколку се појават во Украина.

Медведев истакна дека би било убаво Французите да испратат неколку полкови во Украина.

„Многу е проблематично да се сокрие толку голем број воени лица, а прашањето за нивно систематско уништување нема да биде најтешката, но исклучително важна задача. Со толку многу ковчези што ќе и бидат доставени на Франција од странска, далечна земја, невозможно е да се сокрие масовната смрт на професионалните воени лица“, напиша тој на каналот Телеграм, пренесува „Ведомости“.

Според него, француските војници ќе станат полноправни борци како дел од интервентниот контингент, а „нивното уништување ќе биде приоритет за вооружените сили на Русија“.

Медведев оцени дека за француското раководство тоа би било „еднакво на гилотина“.

„Ова ќе биде добра лекција за Европа“, вели заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон, зборувајќи за можноста за испраќање западни трупи во Украина, мислел на испраќање војска за обука на украински војници во земјата, а не во странство.

The post Медведев за испраќањето француска војска во Украина: Ќе бидeте уништени appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека уништувањето на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили доколку се појават во Украина. Медведев истакна дека би било убаво Французите да испратат неколку полкови во Украина.
„Многу е проблематично да се сокрие толку голем број воени лица, а прашањето за нивно систематско уништување нема да биде најтешката, но исклучително важна задача. Со толку многу ковчези што ќе и бидат доставени на Франција од странска, далечна земја, невозможно е да се сокрие масовната смрт на професионалните воени лица“, напиша тој на каналот Телеграм, пренесува „Ведомости“.
Според него, француските војници ќе станат полноправни борци како дел од интервентниот контингент, а „нивното уништување ќе биде приоритет за вооружените сили на Русија“. Медведев оцени дека за француското раководство тоа би било „еднакво на гилотина“.
„Ова ќе биде добра лекција за Европа“, вели заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон, зборувајќи за можноста за испраќање западни трупи во Украина, мислел на испраќање војска за обука на украински војници во земјата, а не во странство.

The post Медведев за испраќањето француска војска во Украина: Ќе бидeте уништени appeared first on Република.

]]>
Медведев ја претстави руската формула за мир од седум точки https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-ja-pretstavi-ruskata-formula-za-mir-od-sedum-tochki/ Thu, 14 Mar 2024 16:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=754859

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Телеграм ја претстави „руската формула за мир“.

Неговиот план има седум точки, а Медведев вели дека условите се „хумани за сите“.

Ова може да биде мека руска формула за мир. Ова е добар компромис, нели?, вели Медведев.

Ова се неговите седум услови:

1. Украина мора да го признае воениот пораз. Неонацистичката клика мора целосно и безусловно да се предаде. Демилитаризација на Украина и забрана за создавање паравоени сили на нејзина територија во иднина.

2. Меѓународната заедница мора да го признае нацистичкиот карактер на политичкиот режим во Киев и да изврши присилна денацификација на сите државни органи под контрола на ОН.

3. ОН треба да го објават губењето на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да ја спречат да се приклучува кон воените сојузи без согласност на Русија.

4. Сите власти во Украина мора да поднесат оставки и веднаш да се одржат избори за да се формира привремен парламент на самоуправната територија.

5. Усвојување на закон за исплата на сите отштети на Русија, вклучително и исплати на роднините на загинатите и исплати за штета предизвикана по здравјето на ранетите.

6. Официјално признавање дека територијата на Украина е всушност територија на Руската Федерација и усвојување на актот за повторно обединување со Русија

7. Самораспуштање на привремениот парламент. ОН да го признае чинот на обединување.

The post Медведев ја претстави руската формула за мир од седум точки appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Телеграм ја претстави „руската формула за мир“. Неговиот план има седум точки, а Медведев вели дека условите се „хумани за сите“. Ова може да биде мека руска формула за мир. Ова е добар компромис, нели?, вели Медведев. Ова се неговите седум услови: 1. Украина мора да го признае воениот пораз. Неонацистичката клика мора целосно и безусловно да се предаде. Демилитаризација на Украина и забрана за создавање паравоени сили на нејзина територија во иднина. 2. Меѓународната заедница мора да го признае нацистичкиот карактер на политичкиот режим во Киев и да изврши присилна денацификација на сите државни органи под контрола на ОН. 3. ОН треба да го објават губењето на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да ја спречат да се приклучува кон воените сојузи без согласност на Русија. 4. Сите власти во Украина мора да поднесат оставки и веднаш да се одржат избори за да се формира привремен парламент на самоуправната територија. 5. Усвојување на закон за исплата на сите отштети на Русија, вклучително и исплати на роднините на загинатите и исплати за штета предизвикана по здравјето на ранетите. 6. Официјално признавање дека територијата на Украина е всушност територија на Руската Федерација и усвојување на актот за повторно обединување со Русија 7. Самораспуштање на привремениот парламент. ОН да го признае чинот на обединување.

The post Медведев ја претстави руската формула за мир од седум точки appeared first on Република.

]]>
Медведев: Украина е Русија, нема преговори со Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-ukraina-e-rusija-nema-pregovori-so-zelenski/ Mon, 04 Mar 2024 14:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=751106

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, на денешниот Светскиот младински фестивал во Сочи, изјави дека Украина е дел од Русија и ја отфрли можноста за преговори со сегашното раководство во Киев.

Русија ќе продолжи со специјална воена операција додека Украина не капитулира. Еден од поранешните лидери на Украина (вториот претседател на земјата, Леонид Кучма) тогаш рече дека Украина не е Русија. Овој концепт мора да исчезне засекогаш. Украина е секако Русија, наведе Медведев пред мапата на Украина, на која земјата е прикажана без излез на море, а Русија има контрола врз нејзиниот источен и јужен дел, заедно со брегот на Црното Море.

Тој ги отфрли мировните преговори со актуелното раководство на Украина, предводено од претседателот Володимир Зеленски, потенцирајќи дека идната украинска влада ќе мора да ја препознае „новата реалност на теренот“ доколку сака да преговара.

Коментирајќи ги односите меѓу Западот и Истокот, Медведев, кој ги обвини американските специјални сили и воени советници дека водат војна против Русија. Според него односите меѓу Вашингтон и Москва се најлоши од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

The post Медведев: Украина е Русија, нема преговори со Зеленски appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, на денешниот Светскиот младински фестивал во Сочи, изјави дека Украина е дел од Русија и ја отфрли можноста за преговори со сегашното раководство во Киев. Русија ќе продолжи со специјална воена операција додека Украина не капитулира. Еден од поранешните лидери на Украина (вториот претседател на земјата, Леонид Кучма) тогаш рече дека Украина не е Русија. Овој концепт мора да исчезне засекогаш. Украина е секако Русија, наведе Медведев пред мапата на Украина, на која земјата е прикажана без излез на море, а Русија има контрола врз нејзиниот источен и јужен дел, заедно со брегот на Црното Море. Тој ги отфрли мировните преговори со актуелното раководство на Украина, предводено од претседателот Володимир Зеленски, потенцирајќи дека идната украинска влада ќе мора да ја препознае „новата реалност на теренот“ доколку сака да преговара. Коментирајќи ги односите меѓу Западот и Истокот, Медведев, кој ги обвини американските специјални сили и воени советници дека водат војна против Русија. Според него односите меѓу Вашингтон и Москва се најлоши од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

The post Медведев: Украина е Русија, нема преговори со Зеленски appeared first on Република.

]]>
Медведев: Руско-американски односи со децении нема да се подобрат https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusko-amerikanski-odnosi-so-detsenii-nema-da-se-podobrat/ Thu, 22 Feb 2024 19:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=747146

Руско-американските односи нема да се подобрат во наредните години, па дури и децении, изјави во четвртокот заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во интервју за локалните медиуми.

„Мојата моментална позиција ми овозможува да зборувам покатегорично и поотворено отколку во други периоди“, рекол Медведев, додавајќи дека, според неговото мислење, за Русија и САД ќе биде невозможно да ги подобрат односните во годините кои доаѓаат.

Изјавил дека двете земји нема да можат да развијат нормални врски во наредните години по тоа што се случило, без оглед кој е на власт во Вашингтон.

Медведев повторил дека Москва никогаш не одбила да преговара со Киев бидејќи Украина е таа која забранува разговори, но обидите на западните земји да ја насочат Украина во таа насока останале безуспешни.

Тој рекол дека руски предуслови за такви преговори ќе бидат „признавање на резултатите од специјалната воена операција“, додавајќи дека Украина се обидува да го одложи преговарачкиот процес од страв од моментален пораз.

The post Медведев: Руско-американски односи со децении нема да се подобрат appeared first on Република.

]]>

Руско-американските односи нема да се подобрат во наредните години, па дури и децении, изјави во четвртокот заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во интервју за локалните медиуми. „Мојата моментална позиција ми овозможува да зборувам покатегорично и поотворено отколку во други периоди“, рекол Медведев, додавајќи дека, според неговото мислење, за Русија и САД ќе биде невозможно да ги подобрат односните во годините кои доаѓаат. Изјавил дека двете земји нема да можат да развијат нормални врски во наредните години по тоа што се случило, без оглед кој е на власт во Вашингтон. Медведев повторил дека Москва никогаш не одбила да преговара со Киев бидејќи Украина е таа која забранува разговори, но обидите на западните земји да ја насочат Украина во таа насока останале безуспешни. Тој рекол дека руски предуслови за такви преговори ќе бидат „признавање на резултатите од специјалната воена операција“, додавајќи дека Украина се обидува да го одложи преговарачкиот процес од страв од моментален пораз.

The post Медведев: Руско-американски односи со децении нема да се подобрат appeared first on Република.

]]>
Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-ruskite-sili-bi-mozhele-da-stignat-do-kiev/ Thu, 22 Feb 2024 11:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=746966

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека „елитите“ кои сега владеат во главниот град на Украинаќе  мора да си заминат.

Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД.

Медведев тврди дека „режимот во Киев е претставен од марионети кои немаат грижа на совест и страв за иднината на Украина“.

- Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе го изберат тоа, а некои ќе бидат принудени, изјави Медведев за руските медиуми, пренесува РТС.

Медведев тврди дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и поради тоа тој град би можел да биде цел на руско освојување.

Тој, исто така, рече дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, но „тие се принудени тоа да го повторуваат во јавноста за да ги оправдаат огромните трошоци за воената помош за Киев“.

- Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении, смета Медведев.

The post Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека „елитите“ кои сега владеат во главниот град на Украинаќе  мора да си заминат. Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД. Медведев тврди дека „режимот во Киев е претставен од марионети кои немаат грижа на совест и страв за иднината на Украина“. - Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе го изберат тоа, а некои ќе бидат принудени, изјави Медведев за руските медиуми, пренесува РТС. Медведев тврди дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и поради тоа тој град би можел да биде цел на руско освојување. Тој, исто така, рече дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, но „тие се принудени тоа да го повторуваат во јавноста за да ги оправдаат огромните трошоци за воената помош за Киев“. - Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении, смета Медведев.

The post Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев appeared first on Република.

]]>
Meдведев го нарече Зеленски наркоман https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-go-nareche-zelenski-narkoman/ Tue, 23 Jan 2024 09:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=735777

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев коментирајќи го потпишувањето на указот „за историско наследство на Украинците на територијата на Руската Федерација“ истакна дека украинскиот претрседател Володимир Зеленски сака да анектира руски територии.

- Високиот украински наркоман повлече едноставен пропаганден потег, предизвикан од неуспехот на фронтот, наведе Медведев.

Според указот на Украинците кои живеат на територијата на Русија треба да им се обезбеди „право на образование на украински јазик и негова слободна употреба, пристап до медиуми на украински јазик и право на мирно собирање“. Зеленски и наложи на Владата да подготви со меѓународни експерти и да поднесе до Советот за национална безбедност и одбрана акциски план за „зачувување на националниот идентитет на Украинците во Руската Федерација, вклучувајќи ги и земјите во кои историски живееле“.

Според Зеленски указот придонесува за „враќање на вистината за историското минато заради иднината на Украина“.

- Одеднаш шмркна двојна доза и потпиша декрет за територијални претензии кон Русија, на земји „историски населени со Украинци“. Нема што да се коментира, бидејќи Украинците се Руси, а Мала Русија е дел од Русија. И време е главниот „Украинец“ да се откаже. Во спротивно ќе ја анектираат и Канада, напиша Медведев на Телеграм

The post Meдведев го нарече Зеленски наркоман appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев коментирајќи го потпишувањето на указот „за историско наследство на Украинците на територијата на Руската Федерација“ истакна дека украинскиот претрседател Володимир Зеленски сака да анектира руски територии.
- Високиот украински наркоман повлече едноставен пропаганден потег, предизвикан од неуспехот на фронтот, наведе Медведев.
Според указот на Украинците кои живеат на територијата на Русија треба да им се обезбеди „право на образование на украински јазик и негова слободна употреба, пристап до медиуми на украински јазик и право на мирно собирање“. Зеленски и наложи на Владата да подготви со меѓународни експерти и да поднесе до Советот за национална безбедност и одбрана акциски план за „зачувување на националниот идентитет на Украинците во Руската Федерација, вклучувајќи ги и земјите во кои историски живееле“. Според Зеленски указот придонесува за „враќање на вистината за историското минато заради иднината на Украина“. - Одеднаш шмркна двојна доза и потпиша декрет за територијални претензии кон Русија, на земји „историски населени со Украинци“. Нема што да се коментира, бидејќи Украинците се Руси, а Мала Русија е дел од Русија. И време е главниот „Украинец“ да се откаже. Во спротивно ќе ја анектираат и Канада, напиша Медведев на Телеграм

The post Meдведев го нарече Зеленски наркоман appeared first on Република.

]]>
Медведев: Државата со три букви има корист од војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-drzhavata-so-tri-bukvi-ima-korist-od-vojnata-vo-ukraina/ Sun, 12 Nov 2023 20:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=700822

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го изрази своето мислење за евентуалното пристапување на Украина и Молдавија во Европската унија.

Тој изразува загриженост дека овие земји, доколку станат членки на ЕУ, би можеле брзо да ги исцрпат ресурсите на европската заедница.

Toj предвиде кој ќе биде во корист од војната во Украина.

Државата е со три букви-вели Медведев.

The post Медведев: Државата со три букви има корист од војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го изрази своето мислење за евентуалното пристапување на Украина и Молдавија во Европската унија. Тој изразува загриженост дека овие земји, доколку станат членки на ЕУ, би можеле брзо да ги исцрпат ресурсите на европската заедница. Toj предвиде кој ќе биде во корист од војната во Украина.
Државата е со три букви-вели Медведев.

The post Медведев: Државата со три букви има корист од војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Медведев: Израел ќе изврши офанзива врз Газа https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-izrael-ke-izvrshi-ofanziva-vrz-gaza/ Fri, 27 Oct 2023 10:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=695514

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев смета дека светот не треба да се залажува и оти израелската офанзива врз Газа ќе се случи.

Израел продолжува да ја одложува копнената операција во Газа, главно под притисок на САД и стравувајќи од гневот на светот. Но, немојте да се залажувате, операцијата ќе биде спроведена и тоа со најкрвави можни последици, рече Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Молох (еврејскиот бог на војната) секогаш бара повеќе жртви, а во исто време ќе покрене „машина за меѓусебно насилство“. Покрај тоа, Западот е многу уморен од Украина, па со ентузијазам прифати да го поддржува Израел. Дури и новиот претседател на Претставничкиот дом на САД, конгресменот Мајкл Џексон (извинете, Мајк Џонсон, но на кого му е гајле) ја наведе помошта за Тел Авив како свој прв приоритет, напиша Медведев на Телеграм.

Медведев додаде дека можеби подобро решение би било да се продолжи процесот на решавање на Блискиот Исток и конечно да се обиде да се спроведе Резолуцијата број 242 на Советот за безбедност на ОН од 22 ноември 1967 година.

Можеби не е лошо да се усвои оригиналниот план за поделба на Палестина усвоен на 29 ноември 1947 година со резолуција 181 на Генералното собрание на ОН? Прашањата, се разбира, се реторички. Сè на сè, многу поинтересно е да се дадат пари за туѓа војна што се води далеку од САД. Војната мора да продолжи …, заклучи поранешниот руски претседател.

The post Медведев: Израел ќе изврши офанзива врз Газа appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев смета дека светот не треба да се залажува и оти израелската офанзива врз Газа ќе се случи. Израел продолжува да ја одложува копнената операција во Газа, главно под притисок на САД и стравувајќи од гневот на светот. Но, немојте да се залажувате, операцијата ќе биде спроведена и тоа со најкрвави можни последици, рече Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија. Молох (еврејскиот бог на војната) секогаш бара повеќе жртви, а во исто време ќе покрене „машина за меѓусебно насилство“. Покрај тоа, Западот е многу уморен од Украина, па со ентузијазам прифати да го поддржува Израел. Дури и новиот претседател на Претставничкиот дом на САД, конгресменот Мајкл Џексон (извинете, Мајк Џонсон, но на кого му е гајле) ја наведе помошта за Тел Авив како свој прв приоритет, напиша Медведев на Телеграм. Медведев додаде дека можеби подобро решение би било да се продолжи процесот на решавање на Блискиот Исток и конечно да се обиде да се спроведе Резолуцијата број 242 на Советот за безбедност на ОН од 22 ноември 1967 година. Можеби не е лошо да се усвои оригиналниот план за поделба на Палестина усвоен на 29 ноември 1947 година со резолуција 181 на Генералното собрание на ОН? Прашањата, се разбира, се реторички. Сè на сè, многу поинтересно е да се дадат пари за туѓа војна што се води далеку од САД. Војната мора да продолжи …, заклучи поранешниот руски претседател.

The post Медведев: Израел ќе изврши офанзива врз Газа appeared first on Република.

]]>
Медведев до НАТО: Па, пријатели, разбравте сега? Ќе биде уште полошо https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-do-nato-pa-prijateli-razbravte-sega-ke-bide-ushte-polosho/ Mon, 09 Oct 2023 14:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=689595

Поранешниот руски претседател и заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на платформата Х се осврна на војната на Блискиот Исток.

Па, пријатели на НАТО, сега навистина разбравте, нели? Оружјето предадено на нацистичкиот режим во Украина сега активно се користи против Израел. И ќе стане уште полошо. Очекувајте проектили, тенкови и набргу нови авиони од Киев на црниот пазар“, напиша Медведев.

The post Медведев до НАТО: Па, пријатели, разбравте сега? Ќе биде уште полошо appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател и заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на платформата Х се осврна на војната на Блискиот Исток. Па, пријатели на НАТО, сега навистина разбравте, нели? Оружјето предадено на нацистичкиот режим во Украина сега активно се користи против Израел. И ќе стане уште полошо. Очекувајте проектили, тенкови и набргу нови авиони од Киев на црниот пазар“, напиша Медведев.

The post Медведев до НАТО: Па, пријатели, разбравте сега? Ќе биде уште полошо appeared first on Република.

]]>
Медведев: Русија се турка во трета светска војна https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusija-se-turka-vo-treta-svetska-vojna/ Mon, 02 Oct 2023 12:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=687114

Русија се турка во трета светска војна, предупреди заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Во објавата на Телеграм, тој реагираше на најавите дека Лондон би можел да префрли свои инструктори да ги обучуваат силите на Киев на територијата на Украина, како и на идеите од Берлин за испорака на ракети „Таурус“.

Таквите без мозоци не туркаат во третата светска војна, напиша тој.

Британски „Телеграф“ објави, повикувајќи се на министерот за одбрана Грант Шапс, дека Министерството за одбрана има намера првпат да распореди свои сили во Украина, во согласност со плановите што ги разгледува воената команда, потсетуваат медиумите.

Во врска со ова, Медведев рече дека британските инструктори во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија и дека руските сили безмилосно ќе ги уништат не како платеници, туку како експерти на НАТО.

Се зголемува бројот на идиоти менаџери во структурите на НАТО. Новопечениот британски министер за одбрана одлучи да ги пренесе курсевите за обука на англиски јазик за украинските војници на самата територија на Украина. Односно, да ги претвори своите инструктори во легитимна цел на нашите вооружени сили, целосно разбирајќи дека безмилосно ќе ги уништи. Во исто време, не како платеници, туку токму како британски експерти на НАТО, напиша Медведев на Телеграм.

Медведев ја коментираше и идејата на шефицата на германскиот комитет за одбрана, Мари-Агнес Штрак-Цимерман, да испорача ракети „Таурус“ во Киев, со цел режимот на Киев да ја таргетира Русија и со тоа да го отежне снабдувањето на армијата, пренесува Спутник.

Тоа е, како, во согласност со меѓународното право. Тогаш, во тој случај, ударите врз германските фабрики каде што се произведуваат тие проектили ќе бидат целосно во согласност со меѓународното право, рече тој.

The post Медведев: Русија се турка во трета светска војна appeared first on Република.

]]>

Русија се турка во трета светска војна, предупреди заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев. Во објавата на Телеграм, тој реагираше на најавите дека Лондон би можел да префрли свои инструктори да ги обучуваат силите на Киев на територијата на Украина, како и на идеите од Берлин за испорака на ракети „Таурус“. Таквите без мозоци не туркаат во третата светска војна, напиша тој. Британски „Телеграф“ објави, повикувајќи се на министерот за одбрана Грант Шапс, дека Министерството за одбрана има намера првпат да распореди свои сили во Украина, во согласност со плановите што ги разгледува воената команда, потсетуваат медиумите. Во врска со ова, Медведев рече дека британските инструктори во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија и дека руските сили безмилосно ќе ги уништат не како платеници, туку како експерти на НАТО. Се зголемува бројот на идиоти менаџери во структурите на НАТО. Новопечениот британски министер за одбрана одлучи да ги пренесе курсевите за обука на англиски јазик за украинските војници на самата територија на Украина. Односно, да ги претвори своите инструктори во легитимна цел на нашите вооружени сили, целосно разбирајќи дека безмилосно ќе ги уништи. Во исто време, не како платеници, туку токму како британски експерти на НАТО, напиша Медведев на Телеграм. Медведев ја коментираше и идејата на шефицата на германскиот комитет за одбрана, Мари-Агнес Штрак-Цимерман, да испорача ракети „Таурус“ во Киев, со цел режимот на Киев да ја таргетира Русија и со тоа да го отежне снабдувањето на армијата, пренесува Спутник. Тоа е, како, во согласност со меѓународното право. Тогаш, во тој случај, ударите врз германските фабрики каде што се произведуваат тие проектили ќе бидат целосно во согласност со меѓународното право, рече тој.

The post Медведев: Русија се турка во трета светска војна appeared first on Република.

]]>
Медведев: Русија регрутирала 280.000 војници во својата армија годинава https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusija-regrutirala-280-000-vojnitsi-vo-svojata-armija-godinava/ Sun, 03 Sep 2023 09:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=678322

Околу 280 илјади луѓе се пријавиле за професионална служба во руските вооружени сили досега оваа година, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, поранешниот претседател Дмитриј Медведев, цитиран од британските и руските медиуми.

Тој додаде дека за време на неговата посета на рускиот Далечен Исток се сретнал со локалните власти за да работи на зајакнување на вооружените сили.

-Според податоците на Министерството за одбрана, од 1 јануари до сега, во редовите на вооружените сили на договор се примени околу 280.000 лица, вклучително и резервисти, нагласи тој.

Минатата година Русија објави план за проширување на своите борбени сили за повеќе од 30 отсто на 1,5 милиони. Некои руски пратеници сугерираат дека на Русија и е потребна професионална армија од седум милиони за да ја обезбеди безбедноста на земјата, за што би биле потребни огромни буџетски средства.

Во септември 2022 година, претседателот Владимир Путин нареди „делумна мобилизација“ од 300 илјади резервисти, што поттикна уште стотици илјади да ја напуштат Русија за да избегнат да бидат испратени да се борат. Путин подоцна рече дека нема потреба од дополнителна мобилизација.

Медведев, исто така, рече дека „милитаризацијата“ на Јапонија ја комплицира ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион“.

-Штета што јапонските власти следат курс кон нова милитаризација на земјата. Во близина на Курилските острови се одржуваат воени вежби, што сериозно ја усложнува ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион, нагласи Медведев.

Русија, додаде тој „мора да возврати против оние кои го водат човештвото до глобална катастрофа и да ја извојува победата, како што направи пред 80 години“.


(МИА)

The post Медведев: Русија регрутирала 280.000 војници во својата армија годинава appeared first on Република.

]]>

Околу 280 илјади луѓе се пријавиле за професионална служба во руските вооружени сили досега оваа година, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, поранешниот претседател Дмитриј Медведев, цитиран од британските и руските медиуми. Тој додаде дека за време на неговата посета на рускиот Далечен Исток се сретнал со локалните власти за да работи на зајакнување на вооружените сили.
-Според податоците на Министерството за одбрана, од 1 јануари до сега, во редовите на вооружените сили на договор се примени околу 280.000 лица, вклучително и резервисти, нагласи тој.
Минатата година Русија објави план за проширување на своите борбени сили за повеќе од 30 отсто на 1,5 милиони. Некои руски пратеници сугерираат дека на Русија и е потребна професионална армија од седум милиони за да ја обезбеди безбедноста на земјата, за што би биле потребни огромни буџетски средства. Во септември 2022 година, претседателот Владимир Путин нареди „делумна мобилизација“ од 300 илјади резервисти, што поттикна уште стотици илјади да ја напуштат Русија за да избегнат да бидат испратени да се борат. Путин подоцна рече дека нема потреба од дополнителна мобилизација. Медведев, исто така, рече дека „милитаризацијата“ на Јапонија ја комплицира ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион“.
-Штета што јапонските власти следат курс кон нова милитаризација на земјата. Во близина на Курилските острови се одржуваат воени вежби, што сериозно ја усложнува ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион, нагласи Медведев.
Русија, додаде тој „мора да возврати против оние кои го водат човештвото до глобална катастрофа и да ја извојува победата, како што направи пред 80 години“.
(МИА)

The post Медведев: Русија регрутирала 280.000 војници во својата армија годинава appeared first on Република.

]]>
Медведев: Ако украинската контраофанзива успее, мора да употребиме нуклеарно оружје https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-ako-ukrainskata-kontraofanziva-uspee-mora-da-upotrebime-nuklearno-oruzhje/ Sun, 30 Jul 2023 17:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=667044

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија Дмитриј Медведев преку апликацијата Телеграм го честиташе Денот на руската морнарица и во таа објава повторно се осврна на оружјето за масовно уништување и нуклеарната војна.

Имено, според Медведев, руската војска „одбивајќи ја контраофанзивата на колективниот непријател ги штити граѓаните на Русија и нашата земја“. Тој посочува дека тоа им е јасно на сите пристојни луѓе.

Медведев исто така тврди дека и руските вооружени сили спречуваат нуклеарен конфликт. „Ако замислиме дека украинската контраофанзива успее со поддршка на НАТО и дека тие окупираат дел од нашата земја, тогаш врз основа на правилата на указот на претседателот на Русија од 6 февруари 2020 година, би морале да одиме на употреба на нуклеарно оружје“.

Поранешниот руски претседател наведува дека нема друг излез.
„Затоа нашите непријатели мора да им се молат на нашите воини. Тие не дозволуваат да се разгори глобалниот нуклеарен пожар“.

Во соопштението претходно овој месец, Медведев, исто така, постави застрашувачки ултиматум до Украина.

„Или преговори или нуклеарен напад!“, рече тогаш.

The post Медведев: Ако украинската контраофанзива успее, мора да употребиме нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија Дмитриј Медведев преку апликацијата Телеграм го честиташе Денот на руската морнарица и во таа објава повторно се осврна на оружјето за масовно уништување и нуклеарната војна. Имено, според Медведев, руската војска „одбивајќи ја контраофанзивата на колективниот непријател ги штити граѓаните на Русија и нашата земја“. Тој посочува дека тоа им е јасно на сите пристојни луѓе. Медведев исто така тврди дека и руските вооружени сили спречуваат нуклеарен конфликт. „Ако замислиме дека украинската контраофанзива успее со поддршка на НАТО и дека тие окупираат дел од нашата земја, тогаш врз основа на правилата на указот на претседателот на Русија од 6 февруари 2020 година, би морале да одиме на употреба на нуклеарно оружје“. Поранешниот руски претседател наведува дека нема друг излез. „Затоа нашите непријатели мора да им се молат на нашите воини. Тие не дозволуваат да се разгори глобалниот нуклеарен пожар“. Во соопштението претходно овој месец, Медведев, исто така, постави застрашувачки ултиматум до Украина.
„Или преговори или нуклеарен напад!“, рече тогаш.

The post Медведев: Ако украинската контраофанзива успее, мора да употребиме нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>
Медведев: Главната работа е да се уништат терористичките водачи без оглед во кои пукнатини се кријат https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-glavnata-rabota-e-da-se-unishtat-teroristichkite-vodachi-bez-ogled-vo-koi-puknatini-se-krijat/ Mon, 17 Jul 2023 10:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=662249

Заменик - претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев по експлозијата на мостот на Крим истакна дека светското и руското искуство покажува дека „невозможно е да се бориме против терористите со санкции, заплашувања или отстапки“.

Тие го разбираат само јазикот на силата. Само лични и целосно нехумани методи, напиша Медведев на Телеграм.

Тој вели дека е неопходно да се разнесат куќите на терористите и нивните роднини.

Да се трага и да се елиминираат нивните соучесници, напуштајќи ја бесмислената идеја за судење против нив. Но, главната работа е да се уништат терористичките водачи, без оглед во кои пукнатини се кријат овие инсекти. Тоа е тешко, но можн“, рече заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Рускиот национален антитерористички комитет денеска соопшти дека Киев извршил напад на мостот на Крим со два брода без екипаж. Мостот бил оштетен, две лица загинале, а едно девојче е повредено.

Киев не ги коментираше наводите на Русија, освен изјавата на Наталија Хуменјук, портпаролка на јужната оперативна команда на украинската армија.

Таа посочи дека експлозиите на мостот може да бидат планирана провокација од страна на Русија за да се откаже од примената на Црноморските договори за извоз на украинско жито. Подоцна во текот на денот, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека овие договори престануваат да важат додека не се исполнат условите поставени од Русија.

The post Медведев: Главната работа е да се уништат терористичките водачи без оглед во кои пукнатини се кријат appeared first on Република.

]]>

Заменик - претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев по експлозијата на мостот на Крим истакна дека светското и руското искуство покажува дека „невозможно е да се бориме против терористите со санкции, заплашувања или отстапки“. Тие го разбираат само јазикот на силата. Само лични и целосно нехумани методи, напиша Медведев на Телеграм. Тој вели дека е неопходно да се разнесат куќите на терористите и нивните роднини. Да се трага и да се елиминираат нивните соучесници, напуштајќи ја бесмислената идеја за судење против нив. Но, главната работа е да се уништат терористичките водачи, без оглед во кои пукнатини се кријат овие инсекти. Тоа е тешко, но можн“, рече заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација. Рускиот национален антитерористички комитет денеска соопшти дека Киев извршил напад на мостот на Крим со два брода без екипаж. Мостот бил оштетен, две лица загинале, а едно девојче е повредено. Киев не ги коментираше наводите на Русија, освен изјавата на Наталија Хуменјук, портпаролка на јужната оперативна команда на украинската армија. Таа посочи дека експлозиите на мостот може да бидат планирана провокација од страна на Русија за да се откаже од примената на Црноморските договори за извоз на украинско жито. Подоцна во текот на денот, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека овие договори престануваат да важат додека не се исполнат условите поставени од Русија.

The post Медведев: Главната работа е да се уништат терористичките водачи без оглед во кои пукнатини се кријат appeared first on Република.

]]>
Медведев: Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-sovetot-ukraina-nato-ke-prestane-da-postoi-bidejki-edna-od-zemjite-vo-nego-ke-ischezne/ Wed, 12 Jul 2023 20:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=660607

Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне, напиша на англиски заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Твитер.

Медведев потсети дека Советот Русија-НАТО е формиран во 2002 година и „сите знаат како завршил“.

Овој пат ќе заврши поинаку. Советот ќе престане да постои, напиша тој.

The post Медведев: Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне appeared first on Република.

]]>

Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне, напиша на англиски заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Твитер.
Медведев потсети дека Советот Русија-НАТО е формиран во 2002 година и „сите знаат како завршил“.
Овој пат ќе заврши поинаку. Советот ќе престане да постои, напиша тој.

The post Медведев: Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне appeared first on Република.

]]>