дипломатија Archives - Република https://republika.mk/tema/diplomatija/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 07:30:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дипломатија Archives - Република https://republika.mk/tema/diplomatija/ 32 32 Платформа 1198: Негување на стратешкото партнерство со САД, полноправно членство во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/platforma-1198-neguvane-na-strateshkoto-partnerstvo-so-sad-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/ Sun, 24 Mar 2024 13:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=758146

Една работа која што ќе ја прави идната влада е Македонија да биде држава која што ќе биде силно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика. А исто така клучен приоритет ќе ни биде негување на стратешкото партнерство со САД, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на денешната програмска дебата насловена Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198.

Муцунски потенцираше дека приоритети кои што треба да ги испорача нашата дипломатска мрежа е веднаш да се направи евалуација на работата на нашите дипломатски и конзуларни претставништва, односно како што рече тој да се виде кој какви резултати постигнал и доколку не се постигнале резултати ќе треба да бидат отповикани, а на нивно место ќе бидат поставени и професионални, стручни и компетентни кадри.

Во делот на приоритети кои што треба да ги испорача нашата дипломатска мрежа, односно една работа која мора веднаш да ја направи е евалуација на работата на нашите дипломатски и конзуларни претставништва. Знаеме за попустливоста на МНР, знаеме за стратешките грешки. Но, огромен дел од проблемот е што Македонија во моментот има катастрофална дипломатска мрежа. И затоа прво ќе треба да се направи евалуација што нашите амбасадори и конзули за кои што издвојување значителни буџетски средства прават во својата работа, кој резултати ги постигнале, дали тие успеале да донесат некој инвеститор кои што отворил работни места во Македонија. Врз основа на таа евалуација потоа ќе цениме дали некој постигнал резултати, а тие кои не постигнале резултати ќе треба да бидат отповикани, и професионални, стручни и компетентни кадри да седнат на нивно места. И во таа смисла како приоритет ќе биде економската дипломатија, научната дипломатија, образовната и културната дипломатија. Оние аспекти на надворешното политичко работење кое носат добро за граѓаните на Република Македонија, дециден е Муцунски.

Во делот на европските интеграции Муцунски рече дека дилемата на граѓаните е што ќе се прави со спорот со Бугарија, но посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, а тоа е дека нема уставни измени под вакви услови.

Нашиот став што го имаме до сега бил кристално јасен. Под вакви услови ние не прифаќаме уставни измени, рече тој и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ легитимна алтернатива е да се бара одложната примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет, но и гаранција дека нема да има повеќе билатерализација на европската интеграција на Македонија, истакна тој.

Без никаков сомнеж одложната примена на уставните измени е една легитимна алтернатива која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено од наша страна ќе има гаранции од ЕУ за македонскиот јазик, идентитет, но и гаранција дека веќе нема да имаме билатерализација на европската интеграција на нашата држава, рече Муцунски и заклучи дека доаѓа крај на попустлива надворешна политика.

Она што треба да го знаат нашите сограѓани доаѓа крај на попустлива надворешна политика, која имаше само една цел во последните години, а тоа е да ги штити тесните интереси кои што беа на власт.

Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека оваа Влада пропушти да го искористи веќе воспоставениот механизам Агенција за привлекување на странски инвестиции.

Што ќе направиме ние? Прво, ќе се направи координација меѓу Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и МНР. Тимот во амбасадата ќе се зајакне со економски промотор. Второ, за да имате мотивиран тим мора и амбасадорот да е тој кој ќе ја има најсилната мотивација да ја претставува државата и не може да има амбасадори кои направиле штета на националните интереси. Ќе спомнам еден пример, тоа е со амбасадорот во Рим во ек на најголема криза со патните исправи која настана поради неспособната Влада, тој неовластен од никого упати дипломатски нота до италијанското МНР со која македонските пасоши ги прогласи за невалидни. Такви лица треба веднаш да се отповикаат и не само овој има уште неколку што треба да се отповикаат, рече Милошоски.

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање потенцираше дека политиката која ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на силни македонски позиции и дека интерес на сите е Македонија да има отворени врати каде се носат клучните одлуки на светската политика.

Македонија мора и треба да води македонска политика. Политиката која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води ќе биде на силни македонски позиции. Интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија и на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија е Македонија да има отворени врати на најважните места каде што се носат клучните одлуки на светската политика. Било кој што сака да ја спротивстави Македонија, да го спротивстави ВМРО-ДПМНЕ, да го спротивстави македонскиот народ и да ги спротивстави граѓаните на Македонија со клучните места каде што се водат најважните светските политики нема да и донесе добри резултати на Македонија. И поради тоа ние не треба да се спротивставуваме на главните фактори во светот затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе води политика која што ќе биде на линија и на ЕУ и на НАТО и на стратешкото партнерство со САД. Во наш интерес е да не им дозволиме ниту на СДСМ, ниту на ДУИ да имаат монопол во делот на надворешно политичката комуникација на Република Македонија, порача Ѓорчев.

Поради несериозноста на власта, ние во НАТО немавме три години висок воен претставник. Во мисиите во кои што учествуваат наши војници, наши старешини се испраќаат луѓе без соодветни критериуми, без соодветни вештини, без соодветни компетенции. Значи се праќаат луѓе по партиска или по друга линија. Имаме ситуации каде што се испраќаат луѓе без соодветни безбедносни проверки односно се враќани токму од нашите НАТО партнери, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки додаде дека Македонија има стара стратегија за одбрана која што датира од пред зачленувањето во НАТО.

Тука е и реформата која што ни претстои е во безбедносниот разузнавачки систем. Зошто ова го говорам? Затоа што во изминатиов период имавме ситуации и скандали каде што едната служба, Агенцијата за разузнавање знаела за рускиот шпион Онишченко, меѓутоа не ја известила Агенцијата за национална безбедност која што дала позитивно за добивање на државјанство на овој руски шпион. Така да службите помеѓу себе не разговараат, а тоа го потврди и самиот претседател Пендаровски. И од тие причини и многу други скандали во изминатиов период кои сме ги изнесувале во јавноста, е потребна една поголема централизираност и рационализација на процесите. Или со други зборови кажано потребно е обединување на двете структури на Агенцијата за разузнавање и на Агенцијата на национална безбедност, порача Ковачки.

Викторија Трајков посочи дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонското национално ткиво и секогаш кога претставници од ВМРО-ДПМНЕ се присутни меѓу македонската дијаспора навистина се добро пречекани бидејќи точно знаат кој е за Македонија а кој е против Македонија.

Неуспешните политики на оваа Влада за жал во последните неколку години го зголемија бројот на луѓе кои си заминуваат од државата и го зголемуваат бројот на македонската дијаспора што е навистина погубно за една држава со оглед на тоа дека треба да се зголемува бројот на луѓе кои живеат во Македонија, а не да се намалува. За таа цел ние во нашата програма имаме навистина импозантни проекти кои ги планираме за афирмација на македонската дијаспора, рече Трајков.

Таа продолжи и додаде дека прво и осново што треба да се направи е да се изготви мапирање во дијаспората.

Прво и основно што ќе го направиме е мапирањето точно да се преброиме каде сме и колку сме, во поглед на тоа имаме две клучни работи кои сакам да ги споменам прво е формирање на совет за економска дипломатија со цел искористување на севкупниот потенцијал Македонци кои работат во светот и се на клучни позиции и тој нивен потенцијал треба да го искористиме за доброто на државата на нивната матична држава Македонија и со афирмирање на еден таков совет ќе придонесеме да се подобри позицијата на Македонија во поглед на економската сфера. Исто така со мапирање и правење совет за научна дипломатија ќе придонесеме клучни професори, асистенти, доценти кои се на големи универзитети во светот да ни се приклучат во борбата да го направиме ова место подобро место за живеење, кажа Трајков.

Иванка Василевска пратеник од ВМРО- ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ветува темелни и суштински реформи и многу работа како и две клучни реформи за кои треба да се отпочне дебата по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е собрание од 90 пратеници и една изборна единица.

„Да понудиме една заедничка национална платформа во рамките во која ќе ги вградиме сите македонски граѓани сите оние кои што веруваат во македонската држава и во правото на шанса да бидеме онаму каде што заслужуваме. Затоа ценам дека е особено важно да се посвети внимание на политичкиот систем во Македонија. Неопходна е темелна демократска трансформација на македонскиот политички систем. Неопходно е во таа трансформација вклучување на сите политички чинители, воведување на национален консензус но пред си и над се македонските граѓани како фундамент. Сето тоа укажува на две клучни реформи од каде ќе започнеме. Правата е собрание од 90 пратеници, сметам дека бројот на пратеници треба да биде пропорционален според бројот на гласачите. Таа дебата треба да почне по формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се отпочне и дебата за една изборна единица. Ветуваме темелни и суштински реформи, и многу работа“ нагласи Василевска.

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски истакна дека за да се постигне еднаквост на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред институциите потребна е длабока реформа во правосудниот систем и реформа во државната администрација.

Правосудниот систем ќе ја претрпи својата реформа, не со политички екскурзии коишто се случуваа во последниве 7 години во коишто на 6 месеци се менуваше стратегијата за реформи, туку ќе бидат направени по највисоките препораки на Венецијанската комисија и на препораките на Европската комисија којашто прати свои претставници тука. Но за да направиме реформа потребно е да ја ревидираме постојната состојба и затоа во програмата тргнуваме од идејата дека ние мора да го распуштиме Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители на Република Македонија, свесни за седниците на овие совети каде што меѓусебно се разрешува луѓе номинирани од политички партии со незначајни критериуми и со никакво искуство, потенцираше Андоновски и додаде:

Не може истакнат правник да значи правник член на Комисијата за правни работи на СДСМ. Истакнат правник мора да биде врвот во науката, врвот во праксата во државата и тој треба да исполни сериозни критериуми и да помине сериозна постапка во Собранието и затоа ќе предвидиме една многу детална постапка за избор на овие кадри во Собранието на Република Македонија по врвни критериуми, се наведува во партиското соопштение.

https://www.youtube.com/watch?v=Q3nPyCbh2pE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY&feature=emb_logo

The post Платформа 1198: Негување на стратешкото партнерство со САД, полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Една работа која што ќе ја прави идната влада е Македонија да биде држава која што ќе биде силно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика. А исто така клучен приоритет ќе ни биде негување на стратешкото партнерство со САД, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на денешната програмска дебата насловена Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198. Муцунски потенцираше дека приоритети кои што треба да ги испорача нашата дипломатска мрежа е веднаш да се направи евалуација на работата на нашите дипломатски и конзуларни претставништва, односно како што рече тој да се виде кој какви резултати постигнал и доколку не се постигнале резултати ќе треба да бидат отповикани, а на нивно место ќе бидат поставени и професионални, стручни и компетентни кадри.
Во делот на приоритети кои што треба да ги испорача нашата дипломатска мрежа, односно една работа која мора веднаш да ја направи е евалуација на работата на нашите дипломатски и конзуларни претставништва. Знаеме за попустливоста на МНР, знаеме за стратешките грешки. Но, огромен дел од проблемот е што Македонија во моментот има катастрофална дипломатска мрежа. И затоа прво ќе треба да се направи евалуација што нашите амбасадори и конзули за кои што издвојување значителни буџетски средства прават во својата работа, кој резултати ги постигнале, дали тие успеале да донесат некој инвеститор кои што отворил работни места во Македонија. Врз основа на таа евалуација потоа ќе цениме дали некој постигнал резултати, а тие кои не постигнале резултати ќе треба да бидат отповикани, и професионални, стручни и компетентни кадри да седнат на нивно места. И во таа смисла како приоритет ќе биде економската дипломатија, научната дипломатија, образовната и културната дипломатија. Оние аспекти на надворешното политичко работење кое носат добро за граѓаните на Република Македонија, дециден е Муцунски.
Во делот на европските интеграции Муцунски рече дека дилемата на граѓаните е што ќе се прави со спорот со Бугарија, но посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, а тоа е дека нема уставни измени под вакви услови.
Нашиот став што го имаме до сега бил кристално јасен. Под вакви услови ние не прифаќаме уставни измени, рече тој и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ легитимна алтернатива е да се бара одложната примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет, но и гаранција дека нема да има повеќе билатерализација на европската интеграција на Македонија, истакна тој.
Без никаков сомнеж одложната примена на уставните измени е една легитимна алтернатива која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено од наша страна ќе има гаранции од ЕУ за македонскиот јазик, идентитет, но и гаранција дека веќе нема да имаме билатерализација на европската интеграција на нашата држава, рече Муцунски и заклучи дека доаѓа крај на попустлива надворешна политика. Она што треба да го знаат нашите сограѓани доаѓа крај на попустлива надворешна политика, која имаше само една цел во последните години, а тоа е да ги штити тесните интереси кои што беа на власт. Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека оваа Влада пропушти да го искористи веќе воспоставениот механизам Агенција за привлекување на странски инвестиции.
Што ќе направиме ние? Прво, ќе се направи координација меѓу Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и МНР. Тимот во амбасадата ќе се зајакне со економски промотор. Второ, за да имате мотивиран тим мора и амбасадорот да е тој кој ќе ја има најсилната мотивација да ја претставува државата и не може да има амбасадори кои направиле штета на националните интереси. Ќе спомнам еден пример, тоа е со амбасадорот во Рим во ек на најголема криза со патните исправи која настана поради неспособната Влада, тој неовластен од никого упати дипломатски нота до италијанското МНР со која македонските пасоши ги прогласи за невалидни. Такви лица треба веднаш да се отповикаат и не само овој има уште неколку што треба да се отповикаат, рече Милошоски.
Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање потенцираше дека политиката која ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на силни македонски позиции и дека интерес на сите е Македонија да има отворени врати каде се носат клучните одлуки на светската политика.
Македонија мора и треба да води македонска политика. Политиката која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води ќе биде на силни македонски позиции. Интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија и на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија е Македонија да има отворени врати на најважните места каде што се носат клучните одлуки на светската политика. Било кој што сака да ја спротивстави Македонија, да го спротивстави ВМРО-ДПМНЕ, да го спротивстави македонскиот народ и да ги спротивстави граѓаните на Македонија со клучните места каде што се водат најважните светските политики нема да и донесе добри резултати на Македонија. И поради тоа ние не треба да се спротивставуваме на главните фактори во светот затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе води политика која што ќе биде на линија и на ЕУ и на НАТО и на стратешкото партнерство со САД. Во наш интерес е да не им дозволиме ниту на СДСМ, ниту на ДУИ да имаат монопол во делот на надворешно политичката комуникација на Република Македонија, порача Ѓорчев.
Поради несериозноста на власта, ние во НАТО немавме три години висок воен претставник. Во мисиите во кои што учествуваат наши војници, наши старешини се испраќаат луѓе без соодветни критериуми, без соодветни вештини, без соодветни компетенции. Значи се праќаат луѓе по партиска или по друга линија. Имаме ситуации каде што се испраќаат луѓе без соодветни безбедносни проверки односно се враќани токму од нашите НАТО партнери, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ковачки додаде дека Македонија има стара стратегија за одбрана која што датира од пред зачленувањето во НАТО.
Тука е и реформата која што ни претстои е во безбедносниот разузнавачки систем. Зошто ова го говорам? Затоа што во изминатиов период имавме ситуации и скандали каде што едната служба, Агенцијата за разузнавање знаела за рускиот шпион Онишченко, меѓутоа не ја известила Агенцијата за национална безбедност која што дала позитивно за добивање на државјанство на овој руски шпион. Така да службите помеѓу себе не разговараат, а тоа го потврди и самиот претседател Пендаровски. И од тие причини и многу други скандали во изминатиов период кои сме ги изнесувале во јавноста, е потребна една поголема централизираност и рационализација на процесите. Или со други зборови кажано потребно е обединување на двете структури на Агенцијата за разузнавање и на Агенцијата на национална безбедност, порача Ковачки.
Викторија Трајков посочи дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонското национално ткиво и секогаш кога претставници од ВМРО-ДПМНЕ се присутни меѓу македонската дијаспора навистина се добро пречекани бидејќи точно знаат кој е за Македонија а кој е против Македонија.
Неуспешните политики на оваа Влада за жал во последните неколку години го зголемија бројот на луѓе кои си заминуваат од државата и го зголемуваат бројот на македонската дијаспора што е навистина погубно за една држава со оглед на тоа дека треба да се зголемува бројот на луѓе кои живеат во Македонија, а не да се намалува. За таа цел ние во нашата програма имаме навистина импозантни проекти кои ги планираме за афирмација на македонската дијаспора, рече Трајков.
Таа продолжи и додаде дека прво и осново што треба да се направи е да се изготви мапирање во дијаспората.
Прво и основно што ќе го направиме е мапирањето точно да се преброиме каде сме и колку сме, во поглед на тоа имаме две клучни работи кои сакам да ги споменам прво е формирање на совет за економска дипломатија со цел искористување на севкупниот потенцијал Македонци кои работат во светот и се на клучни позиции и тој нивен потенцијал треба да го искористиме за доброто на државата на нивната матична држава Македонија и со афирмирање на еден таков совет ќе придонесеме да се подобри позицијата на Македонија во поглед на економската сфера. Исто така со мапирање и правење совет за научна дипломатија ќе придонесеме клучни професори, асистенти, доценти кои се на големи универзитети во светот да ни се приклучат во борбата да го направиме ова место подобро место за живеење, кажа Трајков.
Иванка Василевска пратеник од ВМРО- ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ветува темелни и суштински реформи и многу работа како и две клучни реформи за кои треба да се отпочне дебата по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е собрание од 90 пратеници и една изборна единица.
„Да понудиме една заедничка национална платформа во рамките во која ќе ги вградиме сите македонски граѓани сите оние кои што веруваат во македонската држава и во правото на шанса да бидеме онаму каде што заслужуваме. Затоа ценам дека е особено важно да се посвети внимание на политичкиот систем во Македонија. Неопходна е темелна демократска трансформација на македонскиот политички систем. Неопходно е во таа трансформација вклучување на сите политички чинители, воведување на национален консензус но пред си и над се македонските граѓани како фундамент. Сето тоа укажува на две клучни реформи од каде ќе започнеме. Правата е собрание од 90 пратеници, сметам дека бројот на пратеници треба да биде пропорционален според бројот на гласачите. Таа дебата треба да почне по формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се отпочне и дебата за една изборна единица. Ветуваме темелни и суштински реформи, и многу работа“ нагласи Василевска.
Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски истакна дека за да се постигне еднаквост на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред институциите потребна е длабока реформа во правосудниот систем и реформа во државната администрација.
Правосудниот систем ќе ја претрпи својата реформа, не со политички екскурзии коишто се случуваа во последниве 7 години во коишто на 6 месеци се менуваше стратегијата за реформи, туку ќе бидат направени по највисоките препораки на Венецијанската комисија и на препораките на Европската комисија којашто прати свои претставници тука. Но за да направиме реформа потребно е да ја ревидираме постојната состојба и затоа во програмата тргнуваме од идејата дека ние мора да го распуштиме Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители на Република Македонија, свесни за седниците на овие совети каде што меѓусебно се разрешува луѓе номинирани од политички партии со незначајни критериуми и со никакво искуство, потенцираше Андоновски и додаде:
Не може истакнат правник да значи правник член на Комисијата за правни работи на СДСМ. Истакнат правник мора да биде врвот во науката, врвот во праксата во државата и тој треба да исполни сериозни критериуми и да помине сериозна постапка во Собранието и затоа ќе предвидиме една многу детална постапка за избор на овие кадри во Собранието на Република Македонија по врвни критериуми, се наведува во партиското соопштение. https://www.youtube.com/watch?v=Q3nPyCbh2pE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY&feature=emb_logo

The post Платформа 1198: Негување на стратешкото партнерство со САД, полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Дипломатите го одбележаа 29 април – Денот на министерството за надворешни работи https://republika.mk/vesti/makedonija/diplomatite-go-odbelezhaa-29-april-denot-na-ministerstvoto-za-nadvoreshni-raboti/ Tue, 02 May 2023 15:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=636139

На одбележувањето на 29 април - Денот на Министерството за надворешни работи, заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки го истакна исклучителниот придонес на вработените и институцијата во градењето на нашата современа држава и нејзиното етаблирање во меѓународните односи како рамноправен партнер, членка во клучните регионални и меѓународни организации, но не помалку важно – модерна и стабилна мулти-етничка демократија, пример во регионот и пошироко, информираат од МНР.

- Вонредните дипломатски напори што ги вложивме како наш одговор на заканите што ги предизвика воената агресија во Украина, потоа стартот на преговорите со ЕУ, постигнувањето целосна (100 отсто) усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, потпишувањето на Договорот со Фронтекс, отпочнувањето на Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во партнерството меѓу двете земји, успешното претседавање со Медитеранските партнери на ОБСЕ, влезот на земјава во Унијата за Медитеранот, и другите бројни дипломатски активности и проекти резултираа со досега најуспешно историско позиционирање на Македонија, како важен актер на меѓународната сцена и активен чинител во придонесот кон меѓународниот мир и безбедност, потенцира Исаки.

За време на настанот се доделија традиционалните награди, „Млад дипломат на годината на Сејхан Зејнел, Ана Деребан-Блажевска и Петар Шипинкаровски и наградата „Дипломат на годината“ на Иван Каранфиловски и Сихана Ќерими-Балиу.

The post Дипломатите го одбележаа 29 април – Денот на министерството за надворешни работи appeared first on Република.

]]>

На одбележувањето на 29 април - Денот на Министерството за надворешни работи, заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки го истакна исклучителниот придонес на вработените и институцијата во градењето на нашата современа држава и нејзиното етаблирање во меѓународните односи како рамноправен партнер, членка во клучните регионални и меѓународни организации, но не помалку важно – модерна и стабилна мулти-етничка демократија, пример во регионот и пошироко, информираат од МНР. - Вонредните дипломатски напори што ги вложивме како наш одговор на заканите што ги предизвика воената агресија во Украина, потоа стартот на преговорите со ЕУ, постигнувањето целосна (100 отсто) усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, потпишувањето на Договорот со Фронтекс, отпочнувањето на Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во партнерството меѓу двете земји, успешното претседавање со Медитеранските партнери на ОБСЕ, влезот на земјава во Унијата за Медитеранот, и другите бројни дипломатски активности и проекти резултираа со досега најуспешно историско позиционирање на Македонија, како важен актер на меѓународната сцена и активен чинител во придонесот кон меѓународниот мир и безбедност, потенцира Исаки. За време на настанот се доделија традиционалните награди, „Млад дипломат на годината на Сејхан Зејнел, Ана Деребан-Блажевска и Петар Шипинкаровски и наградата „Дипломат на годината“ на Иван Каранфиловски и Сихана Ќерими-Балиу.

The post Дипломатите го одбележаа 29 април – Денот на министерството за надворешни работи appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот Попов изнајмува луксузна резиденција, иако има простор во самата амбасада во Вашингтон https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-popov-iznajmuva-luksuzna-rezidentsija-iako-ima-prostor-vo-samata-ambasada-vo-vashington/ Mon, 27 Feb 2023 10:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=613674

Очигледно и дипломатијата се претвори во листа на желби за удобства на грбот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нов скандал ја тресе македонската дипломатија, овојпат со амбасадорот во Вашингтон Зоран Попов, кој, како што велат оттаму, пред да биде именуван беше претседател на комисијата за надворешна политика на СДС.

Имено новоименуваниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов си изнајмил резиденција за преку 6.000$ месечно во ексклузивен дел на Вашингтон, Бетезда, иако во склоп на амбасадата има резиденција за амбасадор каде што живееја сите амбасадори до сега. Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000$ кои доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000$, а си земал стан од преку 6.000$. Со што ги заслужи овие луксузирања Зоран Попов? Што сработи во изминатиот период?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека МНР треба да ја испита „ваквата раскалашеност и да побара одговорност од Попов, бидејќи во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај недозволиво е некој непотребно да троши народни пари во Вашингтон“.

The post Амбасадорот Попов изнајмува луксузна резиденција, иако има простор во самата амбасада во Вашингтон appeared first on Република.

Харис: Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ https://republika.mk/vesti/svet/haris-putin-ne-e-zainteresiran-za-seriozna-diplomatija/ Fri, 11 Mar 2022 18:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=471469

Владимир Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ изјави во Романија потпретседателката на САД Камала Харис.

Таа додаде дека САД се посветени на изнаоѓање дипломатско решение но не е оптимист дека Москва во моментов го има истиот став.

Од самиот почеток, САД искрено се обидоа да се вклучат во дипломатијата. Од сè што знаеме и сме сведоци, Путин не покажува знаци дека се занимава со сериозна дипломатија, рече таа и додаде дека Русија се занимава со „лаги“ и „дезинформации“.

Харис нагласи дека Русија треба да сноси одговорност за своите постапки додека продолжуваат дипломатските напори.

Ние веруваме дека дипломатијата е начинот за решавање на овие прашања“, рече таа, додавајќи дека тоа треба да „коегзистира со нашата посветеност да обезбедиме нашите сојузи да бидат силни и дека мора да има сериозни последици и одговорност за она што го прави Русија.

The post Харис: Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ appeared first on Република.

]]>

Владимир Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ изјави во Романија потпретседателката на САД Камала Харис. Таа додаде дека САД се посветени на изнаоѓање дипломатско решение но не е оптимист дека Москва во моментов го има истиот став.
Од самиот почеток, САД искрено се обидоа да се вклучат во дипломатијата. Од сè што знаеме и сме сведоци, Путин не покажува знаци дека се занимава со сериозна дипломатија, рече таа и додаде дека Русија се занимава со „лаги“ и „дезинформации“.
Харис нагласи дека Русија треба да сноси одговорност за своите постапки додека продолжуваат дипломатските напори.
Ние веруваме дека дипломатијата е начинот за решавање на овие прашања“, рече таа, додавајќи дека тоа треба да „коегзистира со нашата посветеност да обезбедиме нашите сојузи да бидат силни и дека мора да има сериозни последици и одговорност за она што го прави Русија.

The post Харис: Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ appeared first on Република.

]]>
ОН повикаа на дипломатија во Украина, конфликт би бил „катастрофален“ https://republika.mk/vesti/svet/on-povikaa-na-diplomatija-vo-ukraina-konflikt-bi-bil-katastrofalen/ Tue, 22 Feb 2022 19:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=462159

Обединетите нации продолжуваат да се надеваат на дипломатско решение на кризата во Украина и покрај воената ескалација на Русија, соопшти ОН.

– Видовме дека тие сè уште планираат разговори меѓу САД и Руската Федерација, се надеваме подоцна оваа недела во Женева. Се надеваме дека тие ќе продолжат, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк.

– Воени конфликт ќе биде катастрофален, рече Стефан Дужарик.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен требаше да се сретнат во четврток во Женева, но состанокот е доведен во прашање по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да распореди руски војници во источна Украина.

The post ОН повикаа на дипломатија во Украина, конфликт би бил „катастрофален“ appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации продолжуваат да се надеваат на дипломатско решение на кризата во Украина и покрај воената ескалација на Русија, соопшти ОН. – Видовме дека тие сè уште планираат разговори меѓу САД и Руската Федерација, се надеваме подоцна оваа недела во Женева. Се надеваме дека тие ќе продолжат, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк. – Воени конфликт ќе биде катастрофален, рече Стефан Дужарик. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен требаше да се сретнат во четврток во Женева, но состанокот е доведен во прашање по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да распореди руски војници во источна Украина.

The post ОН повикаа на дипломатија во Украина, конфликт би бил „катастрофален“ appeared first on Република.

]]>
Аделина Марку: Проституцијата и дипломатијата се навистина меѓу најстарите професии на човештвото, додека градењето држава е сепак нова професија https://republika.mk/vesti/makedonija/adelina-marku-prostitucijata-i-diplomatijata-se-navistina-megju-najstarite-profesii-na-choveshtvoto-dodeka-gradenjeto-drzava-e-sepak-nova-profesija/ Thu, 17 Feb 2022 09:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=459700

Проституцијата и дипломатијата се навистина меѓу најстарите професии на човештвото… додека градењето држава е сепак нова професија… напиша на својот Фејсбук профил, Аделина Марку, кариерен дипломат во МНР која неодамна ја доби државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ алудирајќи на одлуката на владата за генерален конзул на Македонија во Њујорк да ја прати 28-годишната ТВ презентерката Бесмира Ејупи.

Има такви што за егзистенцијализам вршат дипломатија и проституција, има и такви што за утилитаризам ечат! Вака некако, денес ме натера да помислам една владина одлука. „Нишалото на часовникот е скротен за будалата и будаленкињата!“… изјави големата судијка на Врховниот суд во САД, бранителкa на каузата на жените, Рут Бадер Гинсбург!, напиша Марку.

The post Аделина Марку: Проституцијата и дипломатијата се навистина меѓу најстарите професии на човештвото, додека градењето држава е сепак нова професија appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ со трибина „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-tribina-zashtita-na-nacionalnite-i-drzavni-interesi-namesto-pazar-diplomatija/ Sun, 23 Jan 2022 06:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=448253

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 11:00 часот во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе  одржи трибина „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“.

На истата ќе говорат проф. др. Гордана Силјановска Давкова и Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот ќе го модерираат Марија Митева и Наум Стоилковски, портпароли на ВМРО-ДПМНЕ, а истиот ќе оди во живо на официјалната Фејсбук страница на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ со трибина „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“ appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 11:00 часот во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе  одржи трибина „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“. На истата ќе говорат проф. др. Гордана Силјановска Давкова и Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Настанот ќе го модерираат Марија Митева и Наум Стоилковски, портпароли на ВМРО-ДПМНЕ, а истиот ќе оди во живо на официјалната Фејсбук страница на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ со трибина „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“ appeared first on Република.

]]>
Казачок на руската мечка https://republika.mk/kolumni/kazachok-na-ruskata-mechka/ Wed, 12 Jan 2022 10:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=443612

Ја нарекуваат недела на интензивна дипломатија. Недела на американско-руски дијалог. Најважната недела во односите меѓу НАТО и Русија од распаѓањето на Советскиот Сојуз до сега. Женева, Брисел, Виена и уште неколку познати и непознати локации ќе бидат местата на интензивен дипломатски дијалог меѓу главните протагонисти во чиј сендвич се наоѓа европскиот континент.

Кај нас неделава можеме да ја наречеме нешто како недела на интензивни поскапувања, недела на незатоплени домови, недела на „новиот“ владин кабинет, недела на повторна експлозија на ковидот, и така редум. Секако дека листата може да се дополни во зависност од афинитетите и засегнатоста на секој од нас поединечно, но во суштина имаме доволно аргументи за да констатираме дека постпразничната летаргија и меланхолија, која традиционално ја заменуваше предновогодишната еуфорија, е веќе минато и нешто заборавено. Годинава имаме доволно теми, грижи и проблеми кои најдолгиот месец во годината ќе го направат уште подолг.
Импонира фактот што македонската јавност и македонскиот медиумски простор полека но сигурно своето внимание го насочуваат не само кон сопствениот двор, дури не само ни во дворовите на соседите, туку многу пошироко. Јавноста со внимание ги следи случувањата во светската политика и од далеку го набљудува играњето на мечката во дворот на „комшијата на нашиот комшија“, чија што игра во „глобалното село“ може лесно да се префрли и преку нашиот плот.

Случувањата во Казахстан и Украина и односите меѓу САД и НАТО наспроти Русија се во фокусот на светската јавност, но и со релативно добра покриеност во македонските медиуми. Тоа навистина претставува чекор напред за сите нас, особено во поимањето и перцепцијата за самите себе дека не живееме во стаклено ѕвоно, не сме изолиран систем и дека се што се случува во светот не се случува само заради нас.

Во моментов имаме две паралелни потенцијални кризни жаришта кои можат да создадат сериозен потрес на глобално ниво и кои можат да имаат сериозен импакт и врз нашата земја. Казахстан и Украина! Две поранешни советски републики, руски соседи, големи земји со голема територија.

Во Казахстан заигра мечката. Онаа руската! Го заврши својот перформанс за само неколку дена. Како што стојат работите и како што вели логиката, руската мечка таму и ќе презими, како компензација за нарушениот зимски сон. Што ќе се случува во Украина? Ќе видиме ли уште еден „казачок на руската мечката“ или можеби „неделава на интензивна дипломатија“ за момент ќе ја одложи нејзината претставата за некои уште полоши времиња?

Ако направиме мало враќање наназад и погледнеме на настаните во Украина од 2013 и 2014 година, ќе можеме да повлечеме парлела со она што се случува денес.

Во ноември 2013 година започна втората обоена револуција во Украина со цел да биде соборен прорускиот претседател, Виктор Јанукович. Тогаш Русија направи еден чекор назад откажувајќи се од сопствената политичка доминација над официјален Киев. Како одговор на сето тоа, во пролетта 2014 година направи два чекора напред со молскавичната анексија на Крим и превземањето на контролата во Донбас, создавајќи замрзнат конфликт за потребите на руските интереси кој трае и ден денес.

Каков е резултатот од сите тие случувања?

Русија ја загуби политичката доминација во Украина, но присвои конкретна украинска територија и воспостави замрзнат конфликт за потребите на нејзините интереси во перспектива. Патем кажано, политичката моќ во демократските земји се добива или губи на избори, но враќањето на загубена територија може да се направи само преку вооружен конфликт. Русија, преку сопствените политички инсталации, може на секои наредни избори да се обидува повторно да ја врати власта и доминацијата во Украина. Но, дали Украина може секогаш кога ќе посака да си дозволи воена конфронтација со Русија за да ги врати Крим и Донбас?

Така вели логиката. Така некако стојат работите на терен ако гледаме грубо, без емоции и без стандардните приказни за потребата од почитување на меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет на државите и останатите придобивки на мирното доба.

Дали Русија во тоа време, поучена од искуствата од портокаловата револуција од 2004 година, беше подготвена и плански ги компензираше сопствените политички загуби со анексија и контрола над посочените украински територии? Не знам!

Конкретниот одговорот на ова прашање ќе го даде историската наука, но во некоја подалечна перспектива. За нас, современиците на овие случувања, ни преостанува да собереме два и два и самите да дојдеме до логичен заклучок за вистинскиот исход на случувањата во Украина од 2013 и 2014 година.

Тогашните случувања во Украина се интересни за да повлечеме паралела со актуелните случувања во Казахстан. Тоа е земја далеку од фокусот на нашето секојдневие и внимание. Ја познаваме како земја од која што го увезуваме „нашиот Тетоец“, надалеку прочуениот македонски бренд, тетовскиот грав. Само што не е од Тетово. Речиси сум сигурен дека ниту европските граѓани не се ништо поарни и поинформирани за тоа каква земја е Казахстан.
Информациите говорат дека се работи за земја богата со фосилни горива. Тој податок воопшто не е за занемарување, но и не е нешто посебно интересен поради тоа што нафта и гас има и на други места на планетава. Но, Казахстан е производител на нешто со далеку посилни енергетски ефекти од „нашиот Тетоец“. Оваа земја е најголемиот производител на ураниум, односно произведува дури една петина од вкупното светско производство на ураниум кој се користи како нуклеарно гориво за производство на електрична енергија во нуклеарните централи.

Тука работите стануваат појасни!

Контролата над овие ресурси има сериозно влијание врз глобалната рамнотежа на енергенси, особено на цената на секој од нив поединечно. Некако станува појасно влијанието на танцот на мечката во „дворот на комшијата на мојот комшија“. Како да се надзира неговиот импакт врз глобалната цена на гасот, па ако сакаме да банализираме дури и влијанието врз недоволно затоплените домови во Скопје. Станува логично и енормното поскапување на гасот во Куманово и Струмица, кои што со ова стануваат дел од клубот на европски градови со висока цена на гасот. Барем да бевме во клубот.

Шегата на страна.

Трупањето на руска војска во близина на украинската граница веќе подолг период целосно го насочи вниманието на САД и НАТО кон оваа точка на светот овозможувајќи лесна и речиси непречена пенетрација на руската воена машинерија на територијата на Казахстан. Дали ова претставува своевидно повторување сценариото од Киев, Крим и Донбас, но во сосема друг контекст и територија? Дали на сцената имавме класично одвлекување на вниманието заради постигнување на друга зацртана цел?

Зачудува фактот што речиси и да нема сериозна реакција, протест или критика во западните медиуми за случувањата во Казахстан. Нема одговор на прашањето кој го подготвил обидот за обоена револуција?! Дали причините за избувнување на немирите се реални или пак посакувана провокација од оние кои на крајот излегоа како победници?! Дали идеологот и креаторот на ова сценарио успеал во сопствените намери или пак доживеал тотален неуспех? Легитимни прашања чии што одговори сè уште се во сферата на шпекулациите.

Сепак, нешто кое што е далеку од шпекулација е фактот дека Русите се во Казахстан!
Заклучокот за тоа кои се вистинските одговори на поставените прашања можеме повторно да го извлечеме преку примена на логиката и собирање на два и два.

Доаѓаме и до неделата на интензивна дипломатија. Тоа е оваа недела. Дипломатијата е единствената алатка која може да ја спречи понатамошната ескалација на веќе постоечкиот судир во Украина, како и евентуалното вовлекување на НАТО во овој замрзнат конфилкт. Медиумскиот простор на западната алијанса изобилува со спротивставени ставови и оценки на аналитичари и експерти во однос на состојбата во Украина. Едните сметаат дека Русија го води главниот збор, а Путин триумфира реализирајќи ја сопствената агенда. Другите се на мислење дека треба да се изврши силен притисок и да се примени широка лепеза на активности која ќе го вразуми Путин и врати на местото на кое што припаѓа. Трети пак се на мислење дека е потребен внимателен однос кон Русија со цел да се избегне ефектот на „стаорец притиснат во аголот“, за кој што ефект Путин веќе предупреди дека е најлош можен исход во меѓусебните односи.
Заеднички именител на сите евроатлантски стратези и аналитичари е фактот дека на организацијата и е потребно единство. Каков и да биде пристапот кој ќе биде одбран треба да биде поддржан од сите НАТО членки без исклучок.

Тука е моментот на вистината и најсилната карта на која игра Путин!

Отсуството на единство!

Независно од декларативната унисоност во ставовите на земјите членки на НАТО, дека Русија води агресивна политика кон Украина, нивните поединечни интереси, па би рекле и нивната поединечна меѓузависност со Русија, го прави посакуваното единство на НАТО исклучително ранливо. Сите показатели говорат дека САД и европските земјите членки на НАТО имаат различни интереси. Дури и самите европски земји гледаат со различна диоптрија кон заедничкиот проблем. Секоја настојува да ги заштити сопствените интереси настојувајќи заедничкиот став на организацијата да ги рефлектира токму нејзините позиции. Усогласувањето на позициите на НАТО пактот, кој треба да претставува резултанта на триесет помали или поголеми вектори, ќе претставува исклучително тешка операција која има за цел создавање на услови за решавање на проблемот во оваа епизода.

Со други зборови, за очекување е сето ова да заврши со стариот добар класичен пазар. Пазар меѓу големите! Пазар, во кој колатерална штета повторно ќе биде Украина и народот на истокот од земјата кој веќе со години живее во услови на замрзнат конфликт, воени дејства и постојана загуба на човечки животи кои се бројат во десетици илјади. Украина повторно ќе биде најкрупната монета за поткусурување и ќе продолжи да биде жртва на сопствениот национален танц игран од мечката на соседот, руски казачок во украинскиот двор.

Но тоа не е се! Секогаш покрај големата паричка има и ситен кусур кој што има за цел да ја израмни сметката.

Во тој ситниш спаѓаме и ние, Македонија! Благодарение на исклучително погрешната политика на владата на Заев кон Русија, пред се поради нејасните протерувања на руски дипломати, како и поради доминацијата на рускиот анти НАТО и анти ЕУ интерес во бугарската политика, остануваме закопани во место. Тонеме се подлабоко во калта на балканската политика чијашто перјаница во моментов е соседна Бугарија. Колатерална штета е и самата Бугарија, која како заложник на еден војник, задоен со млекото на Варшавскиот пакт, генерал-мајор и нејзин претседател, креира нејасна политичка траекторија за целиот регион и опасност од негова дестабилизација.

Украинската криза и потребата од пазар на релација НАТО-Русија, дополнително ја намалува цената на Македонија, а бугарските блокади стануваат сосема предвидлива и очекувана компонента во нашите меѓусебни односи. Марионетската позиција на бугарската држава не влева доверба и не дава гаранција дека таа е способна да ја тргне блокадата од македонските евроинтеграции дури и по цена да добие се што бара од нас.

Затоа не треба да добие ништо!

Така вели логиката. Таков е заклучокот кога ќе се соберат два и два.

The post Казачок на руската мечка appeared first on Република.

]]>

Ја нарекуваат недела на интензивна дипломатија. Недела на американско-руски дијалог. Најважната недела во односите меѓу НАТО и Русија од распаѓањето на Советскиот Сојуз до сега. Женева, Брисел, Виена и уште неколку познати и непознати локации ќе бидат местата на интензивен дипломатски дијалог меѓу главните протагонисти во чиј сендвич се наоѓа европскиот континент. Кај нас неделава можеме да ја наречеме нешто како недела на интензивни поскапувања, недела на незатоплени домови, недела на „новиот“ владин кабинет, недела на повторна експлозија на ковидот, и така редум. Секако дека листата може да се дополни во зависност од афинитетите и засегнатоста на секој од нас поединечно, но во суштина имаме доволно аргументи за да констатираме дека постпразничната летаргија и меланхолија, која традиционално ја заменуваше предновогодишната еуфорија, е веќе минато и нешто заборавено. Годинава имаме доволно теми, грижи и проблеми кои најдолгиот месец во годината ќе го направат уште подолг. Импонира фактот што македонската јавност и македонскиот медиумски простор полека но сигурно своето внимание го насочуваат не само кон сопствениот двор, дури не само ни во дворовите на соседите, туку многу пошироко. Јавноста со внимание ги следи случувањата во светската политика и од далеку го набљудува играњето на мечката во дворот на „комшијата на нашиот комшија“, чија што игра во „глобалното село“ може лесно да се префрли и преку нашиот плот. Случувањата во Казахстан и Украина и односите меѓу САД и НАТО наспроти Русија се во фокусот на светската јавност, но и со релативно добра покриеност во македонските медиуми. Тоа навистина претставува чекор напред за сите нас, особено во поимањето и перцепцијата за самите себе дека не живееме во стаклено ѕвоно, не сме изолиран систем и дека се што се случува во светот не се случува само заради нас. Во моментов имаме две паралелни потенцијални кризни жаришта кои можат да создадат сериозен потрес на глобално ниво и кои можат да имаат сериозен импакт и врз нашата земја. Казахстан и Украина! Две поранешни советски републики, руски соседи, големи земји со голема територија. Во Казахстан заигра мечката. Онаа руската! Го заврши својот перформанс за само неколку дена. Како што стојат работите и како што вели логиката, руската мечка таму и ќе презими, како компензација за нарушениот зимски сон. Што ќе се случува во Украина? Ќе видиме ли уште еден „казачок на руската мечката“ или можеби „неделава на интензивна дипломатија“ за момент ќе ја одложи нејзината претставата за некои уште полоши времиња? Ако направиме мало враќање наназад и погледнеме на настаните во Украина од 2013 и 2014 година, ќе можеме да повлечеме парлела со она што се случува денес. Во ноември 2013 година започна втората обоена револуција во Украина со цел да биде соборен прорускиот претседател, Виктор Јанукович. Тогаш Русија направи еден чекор назад откажувајќи се од сопствената политичка доминација над официјален Киев. Како одговор на сето тоа, во пролетта 2014 година направи два чекора напред со молскавичната анексија на Крим и превземањето на контролата во Донбас, создавајќи замрзнат конфликт за потребите на руските интереси кој трае и ден денес. Каков е резултатот од сите тие случувања? Русија ја загуби политичката доминација во Украина, но присвои конкретна украинска територија и воспостави замрзнат конфликт за потребите на нејзините интереси во перспектива. Патем кажано, политичката моќ во демократските земји се добива или губи на избори, но враќањето на загубена територија може да се направи само преку вооружен конфликт. Русија, преку сопствените политички инсталации, може на секои наредни избори да се обидува повторно да ја врати власта и доминацијата во Украина. Но, дали Украина може секогаш кога ќе посака да си дозволи воена конфронтација со Русија за да ги врати Крим и Донбас? Така вели логиката. Така некако стојат работите на терен ако гледаме грубо, без емоции и без стандардните приказни за потребата од почитување на меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет на државите и останатите придобивки на мирното доба. Дали Русија во тоа време, поучена од искуствата од портокаловата револуција од 2004 година, беше подготвена и плански ги компензираше сопствените политички загуби со анексија и контрола над посочените украински територии? Не знам! Конкретниот одговорот на ова прашање ќе го даде историската наука, но во некоја подалечна перспектива. За нас, современиците на овие случувања, ни преостанува да собереме два и два и самите да дојдеме до логичен заклучок за вистинскиот исход на случувањата во Украина од 2013 и 2014 година. Тогашните случувања во Украина се интересни за да повлечеме паралела со актуелните случувања во Казахстан. Тоа е земја далеку од фокусот на нашето секојдневие и внимание. Ја познаваме како земја од која што го увезуваме „нашиот Тетоец“, надалеку прочуениот македонски бренд, тетовскиот грав. Само што не е од Тетово. Речиси сум сигурен дека ниту европските граѓани не се ништо поарни и поинформирани за тоа каква земја е Казахстан. Информациите говорат дека се работи за земја богата со фосилни горива. Тој податок воопшто не е за занемарување, но и не е нешто посебно интересен поради тоа што нафта и гас има и на други места на планетава. Но, Казахстан е производител на нешто со далеку посилни енергетски ефекти од „нашиот Тетоец“. Оваа земја е најголемиот производител на ураниум, односно произведува дури една петина од вкупното светско производство на ураниум кој се користи како нуклеарно гориво за производство на електрична енергија во нуклеарните централи. Тука работите стануваат појасни! Контролата над овие ресурси има сериозно влијание врз глобалната рамнотежа на енергенси, особено на цената на секој од нив поединечно. Некако станува појасно влијанието на танцот на мечката во „дворот на комшијата на мојот комшија“. Како да се надзира неговиот импакт врз глобалната цена на гасот, па ако сакаме да банализираме дури и влијанието врз недоволно затоплените домови во Скопје. Станува логично и енормното поскапување на гасот во Куманово и Струмица, кои што со ова стануваат дел од клубот на европски градови со висока цена на гасот. Барем да бевме во клубот. Шегата на страна. Трупањето на руска војска во близина на украинската граница веќе подолг период целосно го насочи вниманието на САД и НАТО кон оваа точка на светот овозможувајќи лесна и речиси непречена пенетрација на руската воена машинерија на територијата на Казахстан. Дали ова претставува своевидно повторување сценариото од Киев, Крим и Донбас, но во сосема друг контекст и територија? Дали на сцената имавме класично одвлекување на вниманието заради постигнување на друга зацртана цел? Зачудува фактот што речиси и да нема сериозна реакција, протест или критика во западните медиуми за случувањата во Казахстан. Нема одговор на прашањето кој го подготвил обидот за обоена револуција?! Дали причините за избувнување на немирите се реални или пак посакувана провокација од оние кои на крајот излегоа како победници?! Дали идеологот и креаторот на ова сценарио успеал во сопствените намери или пак доживеал тотален неуспех? Легитимни прашања чии што одговори сè уште се во сферата на шпекулациите. Сепак, нешто кое што е далеку од шпекулација е фактот дека Русите се во Казахстан! Заклучокот за тоа кои се вистинските одговори на поставените прашања можеме повторно да го извлечеме преку примена на логиката и собирање на два и два. Доаѓаме и до неделата на интензивна дипломатија. Тоа е оваа недела. Дипломатијата е единствената алатка која може да ја спречи понатамошната ескалација на веќе постоечкиот судир во Украина, како и евентуалното вовлекување на НАТО во овој замрзнат конфилкт. Медиумскиот простор на западната алијанса изобилува со спротивставени ставови и оценки на аналитичари и експерти во однос на состојбата во Украина. Едните сметаат дека Русија го води главниот збор, а Путин триумфира реализирајќи ја сопствената агенда. Другите се на мислење дека треба да се изврши силен притисок и да се примени широка лепеза на активности која ќе го вразуми Путин и врати на местото на кое што припаѓа. Трети пак се на мислење дека е потребен внимателен однос кон Русија со цел да се избегне ефектот на „стаорец притиснат во аголот“, за кој што ефект Путин веќе предупреди дека е најлош можен исход во меѓусебните односи. Заеднички именител на сите евроатлантски стратези и аналитичари е фактот дека на организацијата и е потребно единство. Каков и да биде пристапот кој ќе биде одбран треба да биде поддржан од сите НАТО членки без исклучок. Тука е моментот на вистината и најсилната карта на која игра Путин! Отсуството на единство! Независно од декларативната унисоност во ставовите на земјите членки на НАТО, дека Русија води агресивна политика кон Украина, нивните поединечни интереси, па би рекле и нивната поединечна меѓузависност со Русија, го прави посакуваното единство на НАТО исклучително ранливо. Сите показатели говорат дека САД и европските земјите членки на НАТО имаат различни интереси. Дури и самите европски земји гледаат со различна диоптрија кон заедничкиот проблем. Секоја настојува да ги заштити сопствените интереси настојувајќи заедничкиот став на организацијата да ги рефлектира токму нејзините позиции. Усогласувањето на позициите на НАТО пактот, кој треба да претставува резултанта на триесет помали или поголеми вектори, ќе претставува исклучително тешка операција која има за цел создавање на услови за решавање на проблемот во оваа епизода. Со други зборови, за очекување е сето ова да заврши со стариот добар класичен пазар. Пазар меѓу големите! Пазар, во кој колатерална штета повторно ќе биде Украина и народот на истокот од земјата кој веќе со години живее во услови на замрзнат конфликт, воени дејства и постојана загуба на човечки животи кои се бројат во десетици илјади. Украина повторно ќе биде најкрупната монета за поткусурување и ќе продолжи да биде жртва на сопствениот национален танц игран од мечката на соседот, руски казачок во украинскиот двор. Но тоа не е се! Секогаш покрај големата паричка има и ситен кусур кој што има за цел да ја израмни сметката. Во тој ситниш спаѓаме и ние, Македонија! Благодарение на исклучително погрешната политика на владата на Заев кон Русија, пред се поради нејасните протерувања на руски дипломати, како и поради доминацијата на рускиот анти НАТО и анти ЕУ интерес во бугарската политика, остануваме закопани во место. Тонеме се подлабоко во калта на балканската политика чијашто перјаница во моментов е соседна Бугарија. Колатерална штета е и самата Бугарија, која како заложник на еден војник, задоен со млекото на Варшавскиот пакт, генерал-мајор и нејзин претседател, креира нејасна политичка траекторија за целиот регион и опасност од негова дестабилизација. Украинската криза и потребата од пазар на релација НАТО-Русија, дополнително ја намалува цената на Македонија, а бугарските блокади стануваат сосема предвидлива и очекувана компонента во нашите меѓусебни односи. Марионетската позиција на бугарската држава не влева доверба и не дава гаранција дека таа е способна да ја тргне блокадата од македонските евроинтеграции дури и по цена да добие се што бара од нас. Затоа не треба да добие ништо! Така вели логиката. Таков е заклучокот кога ќе се соберат два и два.

The post Казачок на руската мечка appeared first on Република.

]]>