Дина Јашари Archives - Република https://republika.mk/tema/dina-jashari/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 08:27:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дина Јашари Archives - Република https://republika.mk/tema/dina-jashari/ 32 32 Дина Јашари со настапи на четири фестивали во Хрватска https://republika.mk/scena/muzika/dina-jashari-so-nastapi-na-chetiri-festivali-vo-hrvatska/ Wed, 10 Jul 2024 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=795201

По првиот дел од нејзината летна турнеја низ Балканот и по успешните настапи во СКЦ Крагујевац, Осијек и фестивалот WMN Amplified во Вараждин, Дина Јашари продолжува со настапи на четири фестивали во Хрватска.

Триото составено од Драган Теодосиев (тапани) и Лука Тошев (гитара) и Дина како вокалиста и кантавторка, својата летна турнеја ќе ја реализираат на четири островски фестивали и тоа ТАМ ТАМ Фестивал на Хвар, Зларин Стрит Фестивал на островот Зларин, на МАРС МЉЕТ во Бабино Поље на Мљет и на фестивалот ЛАстово - остров на музиката на островот Ластово.

На фестивалот МАРС Мљет во Хрватска, Дина Јашари настапува втора година, со тоа што оваа година, таа заедно со Лука Тошев ќе учествува во склоп на работилниците на фестивалот.
Ќе настапуваат заедно и на концертите на Димитрије Димитријевиќ од Србија, соло концертот на Владимир Мичковиќ и заедно со МАРС ОРКЕСТАР во кој членува и познатата артистка Сара Ренар.

Последниот настап на Дина Јашари во Скопје беше за време на фестивалот Прво па Женско во Музеј на современа уметност на 1ви јуни годинава, каде за прв пат го претстави новото трио.

Изминативе години Дина постигна големи успеси со бројни настапи во Македонија (Today It’s all about jazz, CinEdays 2021, Земјотрес, PIN Music Conference, Д Фестивал) но и надвор од Македонија на фестивали како EXIT (Нови Сад), MENT (Љубљана), WIANKI (Краков) и како предгрупа на бендот Елементал во СЦ Шалата во Загреб по повод нивниот јублиеен концерт за 25 години постоење на бендот.

Во 2022 година Дина Јашари ја освојува и наградата Милан Младеновиќ за песната Дома и ја остварува својата прва соработка со Дуке Бојаџиев на песната Убав ден.

Дина Јашари е и дел од составот ЕФТЕРКЛАНГ: Македониум Бенд кој ќе настапи годинава на отворањето на филмскиот фестивал Синедејс во МКЦ, по успешните концерти во Крушево и Копенхаген на фестивалот CPH:DOX.

The post Дина Јашари со настапи на четири фестивали во Хрватска appeared first on Република.

]]>

По првиот дел од нејзината летна турнеја низ Балканот и по успешните настапи во СКЦ Крагујевац, Осијек и фестивалот WMN Amplified во Вараждин, Дина Јашари продолжува со настапи на четири фестивали во Хрватска. Триото составено од Драган Теодосиев (тапани) и Лука Тошев (гитара) и Дина како вокалиста и кантавторка, својата летна турнеја ќе ја реализираат на четири островски фестивали и тоа ТАМ ТАМ Фестивал на Хвар, Зларин Стрит Фестивал на островот Зларин, на МАРС МЉЕТ во Бабино Поље на Мљет и на фестивалот ЛАстово - остров на музиката на островот Ластово. На фестивалот МАРС Мљет во Хрватска, Дина Јашари настапува втора година, со тоа што оваа година, таа заедно со Лука Тошев ќе учествува во склоп на работилниците на фестивалот. Ќе настапуваат заедно и на концертите на Димитрије Димитријевиќ од Србија, соло концертот на Владимир Мичковиќ и заедно со МАРС ОРКЕСТАР во кој членува и познатата артистка Сара Ренар. Последниот настап на Дина Јашари во Скопје беше за време на фестивалот Прво па Женско во Музеј на современа уметност на 1ви јуни годинава, каде за прв пат го претстави новото трио. Изминативе години Дина постигна големи успеси со бројни настапи во Македонија (Today It’s all about jazz, CinEdays 2021, Земјотрес, PIN Music Conference, Д Фестивал) но и надвор од Македонија на фестивали како EXIT (Нови Сад), MENT (Љубљана), WIANKI (Краков) и како предгрупа на бендот Елементал во СЦ Шалата во Загреб по повод нивниот јублиеен концерт за 25 години постоење на бендот. Во 2022 година Дина Јашари ја освојува и наградата Милан Младеновиќ за песната Дома и ја остварува својата прва соработка со Дуке Бојаџиев на песната Убав ден. Дина Јашари е и дел од составот ЕФТЕРКЛАНГ: Македониум Бенд кој ќе настапи годинава на отворањето на филмскиот фестивал Синедејс во МКЦ, по успешните концерти во Крушево и Копенхаген на фестивалот CPH:DOX.  

The post Дина Јашари со настапи на четири фестивали во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Акустичен концерт на Дина Јашари во Салон 19:19 https://republika.mk/scena/muzika/akustichen-kontsert-na-dina-jashari-vo-salon-19-19/ Thu, 14 Dec 2023 12:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=722927

Во Салон 19:19 вечер од 20 часот ќе се одржи акустичен концерт „Како дома“ на Дина Јашари.

Дина Јашари е кантавторка и продуцентка, која досега има издадено пет песни помеѓу кои се „Дома“ и „Убав ден“.

Во 2022 година ја доби наградата „Милан Младеновиќ“.

Влезот е слободен, а настанот е дел од културната понуда на Град Скопје - Европска престолнина на културата 2028. а

The post Акустичен концерт на Дина Јашари во Салон 19:19 appeared first on Република.

]]>

Во Салон 19:19 вечер од 20 часот ќе се одржи акустичен концерт „Како дома“ на Дина Јашари. Дина Јашари е кантавторка и продуцентка, која досега има издадено пет песни помеѓу кои се „Дома“ и „Убав ден“. Во 2022 година ја доби наградата „Милан Младеновиќ“. Влезот е слободен, а настанот е дел од културната понуда на Град Скопје - Европска престолнина на културата 2028. а

The post Акустичен концерт на Дина Јашари во Салон 19:19 appeared first on Република.

]]>
„Не сум твој сон“, нова песна на Дина Јашари https://republika.mk/vesti/ne-sum-tvoj-son-nova-pesna-na-dina-jashari/ Mon, 20 Nov 2023 11:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=714341

Македонската пејачка Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.

„Не сум твој сон“ има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо.

Инаку, Дина Јашари е добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“, што се доделува во чест на покојниот фронтмен на „Екатарина Велика“. Јашари беше наградена за песната „Дома“ од нејзиниот истоимен миниалбум објавен во 2022 година.

https://youtu.be/GEXSyBiimwY?si=OqOQalN5tJYeUIrC

The post „Не сум твој сон“, нова песна на Дина Јашари appeared first on Република.

]]>

Македонската пејачка Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот. „Не сум твој сон“ има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо. Инаку, Дина Јашари е добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“, што се доделува во чест на покојниот фронтмен на „Екатарина Велика“. Јашари беше наградена за песната „Дома“ од нејзиниот истоимен миниалбум објавен во 2022 година. https://youtu.be/GEXSyBiimwY?si=OqOQalN5tJYeUIrC

The post „Не сум твој сон“, нова песна на Дина Јашари appeared first on Република.

]]>
Дина Јашари ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон” https://republika.mk/scena/muzika/dina-jashari-ja-promovira-svojata-nova-pesna-ne-sum-tvoj-son/ Mon, 20 Nov 2023 11:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=714340

Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.
Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо.

https://www.youtube.com/watch?v=GEXSyBiimwY

Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште, maja’s handmade world, Mирјана
Јосифовска, Vera pinc.

The post Дина Јашари ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон” appeared first on Република.

]]>

Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот. Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо. https://www.youtube.com/watch?v=GEXSyBiimwY Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште, maja’s handmade world, Mирјана Јосифовска, Vera pinc.

The post Дина Јашари ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон” appeared first on Република.

]]>
Дина Јашари е финалист на ХЕМИ Музички Награди 2023 https://republika.mk/scena/muzika/dina-jashari-e-finalist-na-hemi-muzichki-nagradi-2023/ Thu, 09 Mar 2023 20:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=617903

Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации - „ХЕМИ“ (Hub for the Exchange of Music Innovation - HEMI) ги соопшти деветте финалисти на годинешните „ХЕМИ“ Музички Награди, а меѓу нив, како претставник од Македонија е Дина Јашари! Финалистите во овој избор пристигнуваат од 9 држави од Централна и Југоисточна Европа: Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

Во оваа фаза на наградите деветте музички изведувачи ќе имаат пристап до менторирање и обуки кои целат кон развивање на нивните способности и вештини во комуникации и обезбедување приходи, со крајна цел да се поттикне нивната меѓународна кариера. Понатаму, тие ќе имаат пристап до „ХМА“ програма за турнеи кои вклучуваат соработка со букинг менаџери од Европа, активности за вмрежување во рамки на 9 „ХЕМИ“ партнер настани, како и награда од 2000 евра за секој финалист!

Деветте исклучителни европски музичари имаат разновиден музички опсег: композициите на „badfocus“ од Чешка кои мешаат жанрови и создаваат сонична фантазија; алтернативниот р’н’б и откачен звук на „manna“ од Естонија; темната експериментална поп фантазија на „Lia Hide“ од Грција; претопувањето на изворниот и електронскиот музички стил на „Ficture“ од Унгарија; нео-соул мелодиите, сонливите хармонии и свежиот ритам на Дина Јашари од Македонија; импровизираниот фанки и груви џез на „Klawo“ од Полска; танцот на тапаните и клавијатури на електронската музика на „K not K“ од Романија; силниот и жесток балкански денс-панк на „МАiKА“ од Србија и класичниот, сентиментален инди поп-рок на „The Crossroads“ од Словенија.

Запознајте се со сите прекрасни и разновидни мелодии на ХЕМИсферата – ТУКА!

Деветте „ХМА“ финалисти беа избрани од вкупно 27 музички изведувачи кои беа номинирани во првата фаза на наградите. За финалистите одлучуваа гласовите на „ХЕМИ“ меѓународното жири во кое членуваат претставници на фестивали и изложбени конференции, музички сали, букинг агенции, музички асоцијации, институции за музички експорт и музичките медиуми, а кои можете да ги запознаете тука!

„ХЕМИ Музички Награди - ХМА“ е талент – програма за изведувачи кои се спремни да ја развијат својата кариера и да освојат нов меѓународен пазар и публика.

„ХМА“ се организирани од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации - „ХЕМИ“, европска инцијатива кофинансирана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, која се стреми да ги поддржи уметниците и професионалците од музичката индустрија во Чешка, Естонија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

The post Дина Јашари е финалист на ХЕМИ Музички Награди 2023 appeared first on Република.

Дина Јашари има нова песна ,,Досада” https://republika.mk/scena/muzika/dina-jashari-ima-nova-pesna-dosada/ Mon, 05 Sep 2022 07:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=547501

Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна ,,Досада”. Целокупен автор на песната е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.

Досада има и свој видеозапис режиран од Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design.

,,Песната е направена помеѓу тие четири ѕидови каде што бев приморана да бидам, во мојата соба, во досада, во времето што застана и мислевме дека никогаш нема да се врати во нормала. Како што се гледа во видеото, правењето музика го користев како начин за убивање досада.”

The post Дина Јашари има нова песна ,,Досада” appeared first on Република.

]]>

Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна ,,Досада”. Целокупен автор на песната е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.   Досада има и свој видеозапис режиран од Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design.   ,,Песната е направена помеѓу тие четири ѕидови каде што бев приморана да бидам, во мојата соба, во досада, во времето што застана и мислевме дека никогаш нема да се врати во нормала. Како што се гледа во видеото, правењето музика го користев како начин за убивање досада.”  

The post Дина Јашари има нова песна ,,Досада” appeared first on Република.

]]>
„Досада“ – нова песна на Дина Јашари https://republika.mk/scena/muzika/dosada-nova-pesna-na-dina-jashari/ Wed, 31 Aug 2022 09:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=546002

Младата Дина Јашари, едно од најдобрите освежувања на македонската музичка сцена деновиве ја промовира својата нова песна „Досада”. Автор на песната е Јашари, а аранжманот го направи заедно со Драги Иванов, кој исто така стои зад миксот.

„Досада“ има и свој видеозапис режиран од Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design.

Песната е направена помеѓу тие четири ѕидови каде што бев приморана да бидам, во мојата соба, во досада, во времето што застана и мислевме дека никогаш нема да се врати во нормала. Како што се гледа во видеото, правењето музика го користев како начин за убивање досада, вели Јашари.

https://youtu.be/vtNJ99s5D6k

The post „Досада“ – нова песна на Дина Јашари appeared first on Република.

]]>

Младата Дина Јашари, едно од најдобрите освежувања на македонската музичка сцена деновиве ја промовира својата нова песна „Досада”. Автор на песната е Јашари, а аранжманот го направи заедно со Драги Иванов, кој исто така стои зад миксот. „Досада“ има и свој видеозапис режиран од Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design.