дете убиец Archives - Република https://republika.mk/tema/dete-ubiets/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 20:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дете убиец Archives - Република https://republika.mk/tema/dete-ubiets/ 32 32 Мајката на осомничениот за пукањето во Џорџија го предупредила училиштето пред нападот https://republika.mk/vesti/svet/majkata-na-osomnicheniot-za-pukaneto-vo-dhordhija-go-predupredila-uchilishteto-pred-napadot/ Sun, 08 Sep 2024 20:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=814517

Мајката на тинејџерот кој во средата уби двајца ученици и двајца наставници во средно училиште во американската сојузна држава Џорџија се јавила во училиштето тоа утро и го предупредила училишниот советник околу половина час пред нападот на „екстремна итна ситуација“ и го замолила веднаш да го најде нејзиниот син, јави „Вашингтон пост“.

Марси Греј, мајката на осомничениот 14-годишен Колт Греј, се јавила во училиштето во Вајндер околу 30 минути пред пукањето, и сакала да открие што го поттикнало нејзиниот 10-минутен повик, пишува весникот.

Таа рекла дека ја причината за нејзиниот повик им ја открила на властите. Еден ученик за „Вашингтон пост“ изјавил дека училишниот администратор отишол на час по математика каде што требало да биде Греј, но дека тој не бил во училницата.

Греј останува во притвор, а неговиот татко е исто така уапсен бидејќи му дозволил на својот син да има оружје. Според обвинението, Греј е обвинет дека употребил полуавтоматска пушка за да убил двајца ученици и двајца наставници во средното училиште Апалачи во Виндер, во близина на Атланта. Во пукањето што се случи во средата се повредени уште девет лица.

Таткото на тинејџерот, Колин Греј (54) е обвинет за убиство од небрежност и убиство од втор степен.

Во последните години имаше десетици престрелки во училиштата низ САД.

Ова беше 30-то масовно убиство во САД досега оваа година, според базата на податоци што ја одржуваат АП и Ју-Ес-Еј Тудеј во партнерство со Универзитетот Североистерн. Во тие напади загинале најмалку 127 лица.

The post Мајката на осомничениот за пукањето во Џорџија го предупредила училиштето пред нападот appeared first on Република.

]]>

Мајката на тинејџерот кој во средата уби двајца ученици и двајца наставници во средно училиште во американската сојузна држава Џорџија се јавила во училиштето тоа утро и го предупредила училишниот советник околу половина час пред нападот на „екстремна итна ситуација“ и го замолила веднаш да го најде нејзиниот син, јави „Вашингтон пост“.
Марси Греј, мајката на осомничениот 14-годишен Колт Греј, се јавила во училиштето во Вајндер околу 30 минути пред пукањето, и сакала да открие што го поттикнало нејзиниот 10-минутен повик, пишува весникот.
Таа рекла дека ја причината за нејзиниот повик им ја открила на властите. Еден ученик за „Вашингтон пост“ изјавил дека училишниот администратор отишол на час по математика каде што требало да биде Греј, но дека тој не бил во училницата. Греј останува во притвор, а неговиот татко е исто така уапсен бидејќи му дозволил на својот син да има оружје. Според обвинението, Греј е обвинет дека употребил полуавтоматска пушка за да убил двајца ученици и двајца наставници во средното училиште Апалачи во Виндер, во близина на Атланта. Во пукањето што се случи во средата се повредени уште девет лица. Таткото на тинејџерот, Колин Греј (54) е обвинет за убиство од небрежност и убиство од втор степен. Во последните години имаше десетици престрелки во училиштата низ САД. Ова беше 30-то масовно убиство во САД досега оваа година, според базата на податоци што ја одржуваат АП и Ју-Ес-Еј Тудеј во партнерство со Универзитетот Североистерн. Во тие напади загинале најмалку 127 лица.

The post Мајката на осомничениот за пукањето во Џорџија го предупредила училиштето пред нападот appeared first on Република.

]]>
Почна судењето на родителите на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ https://republika.mk/vesti/balkan/pochna-sudeneto-na-roditelite-na-momcheto-ubiets-od-ou-vladislav-ribnikar/ Thu, 28 Dec 2023 08:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=727380

Во зградата на Вишиот суд во Белград денеска продолжува судскиот процес во граѓанската постапка на семејствата на убиените во основното училиште „Владислав Рибникар“ против родителите на момчето убиец, а голем број од нив веќе пристигнаа во зградата на Палатата на правдата, пренесе „Ало.рс“.

Судењето почнало во 9 часот, а пред тоа зградата на Палатата на правдата беше преплавена од адвокати, родители на убиените деца и оние кои денеска дојдоа да им дадат поддршка. Има претставници и од ОУ „Владислав Рибникар“.

Се очекува денеска да сведочат дури три семејства за тоа што му претходело на масовното убиство што се случи во утринските часови на 3 мај во строгиот центар на Белград.

За потсетување, тужбата во граѓанска постапка против К.К., кој го стори тоа кривично дело, и неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, заеднички ја поднесоа 27 тужители. Тие бараат надомест на нематеријална штета за претрпената душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв.

Да потсетиме, на таткото и мајката на момчето-убиец им е привремено забрането да располагаат со недвижниот имот и парите кои ги поседуваат, а сето тоа по предлог на семејствата на загинатите во масовното пукање, чија цел е исклучиво обезбедување средства за плаќање обештетување на семејствата на повредените.

Претходниот судски процес се одржа на 20 октомври годинава во Палатата на правдата, а се слушна дека момчето К.К., без никакви процедури е префрлено од едно во друго одделение, додека од друга страна, таткото на девојче кое било убиено во пукањето во училиштето на почетокот побарало да му го префрлат детето, но никој од училиштето не зборувал за тоа.

Главната расправа е закажана за два дена, поточно на 28 и 29 декември. Во оваа тужба се опфатени момчето убиец, Миљана и Владимир Кечмановиќ. Семејството на една од убиените ученички покрена втора независна тужба против семејството Кечмановиќ, основното училиште „Владислав Рибникар“ и Република Србија.

The post Почна судењето на родителите на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Во зградата на Вишиот суд во Белград денеска продолжува судскиот процес во граѓанската постапка на семејствата на убиените во основното училиште „Владислав Рибникар“ против родителите на момчето убиец, а голем број од нив веќе пристигнаа во зградата на Палатата на правдата, пренесе „Ало.рс“. Судењето почнало во 9 часот, а пред тоа зградата на Палатата на правдата беше преплавена од адвокати, родители на убиените деца и оние кои денеска дојдоа да им дадат поддршка. Има претставници и од ОУ „Владислав Рибникар“. Се очекува денеска да сведочат дури три семејства за тоа што му претходело на масовното убиство што се случи во утринските часови на 3 мај во строгиот центар на Белград. За потсетување, тужбата во граѓанска постапка против К.К., кој го стори тоа кривично дело, и неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, заеднички ја поднесоа 27 тужители. Тие бараат надомест на нематеријална штета за претрпената душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв. Да потсетиме, на таткото и мајката на момчето-убиец им е привремено забрането да располагаат со недвижниот имот и парите кои ги поседуваат, а сето тоа по предлог на семејствата на загинатите во масовното пукање, чија цел е исклучиво обезбедување средства за плаќање обештетување на семејствата на повредените. Претходниот судски процес се одржа на 20 октомври годинава во Палатата на правдата, а се слушна дека момчето К.К., без никакви процедури е префрлено од едно во друго одделение, додека од друга страна, таткото на девојче кое било убиено во пукањето во училиштето на почетокот побарало да му го префрлат детето, но никој од училиштето не зборувал за тоа. Главната расправа е закажана за два дена, поточно на 28 и 29 декември. Во оваа тужба се опфатени момчето убиец, Миљана и Владимир Кечмановиќ. Семејството на една од убиените ученички покрена втора независна тужба против семејството Кечмановиќ, основното училиште „Владислав Рибникар“ и Република Србија.  

The post Почна судењето на родителите на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Како ќе одговара детето-убиец? Експертите тврдат: Потребни се сериозни испитувања, но државата има можност да го казни https://republika.mk/vesti/balkan/kako-ke-odgovara-deteto-ubiets-ekspertite-tvrdat-potrebni-se-seriozni-ispituvana-no-drzhavata-ima-mozhnost-da-go-kazni/ Sun, 21 May 2023 19:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=643363

По масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и најавата на надлежните дека сторителот не може кривично да одговара поради неговата возраст, јавноста во Србија, но и во регионот, се прашува дали тој ќе биде на слобода и дали државата има алатки да го казни на било кој начин.

Експертите велат дека има, но дека процесот е долг, комплициран и бара сериозен лекарски преглед. Велат дека државата сигурно нема да дозволи сторителот да го повтори делото.

Еден возрасен и девет деца во ОУ „Владислав Рибникар“ беа убиени - фактички и законски гледано, од дете. Затоа тоа 13-годишно дете не одговара кривично за делото. Не му се заканува затвор, па дури ни казнено-поправен дом.

На лице кое во моментот на извршување на незаконито дело, дефинирано во законот како кривично дело, не наполнило 14 години, не може да му се изречат кривични санкции или да применува други мерки предвидени со овој закон, наведуваат прописите.

Поради тоа, јавноста и родителите на учениците на „Рибникар“ се прашуваат дали тоа значи дека тој ќе биде слободен. Меѓу другото, од државата бараат стручно објаснување што ќе биде со момчето, бидејќи децата стравуваат дека тој ќе биде ослободен. За тоа што понатаму ќе се случува, за српски „Курир“ објаснува невропсихијатарката Славица Ѓукиќ Дејановиќ, која била вештак во претходните случаи на малолетнички убиства.

Експерти, пред се детски психијатри, психолози, работат на испитување на структурата на неговата личност, неговите психолошки својства и ова е процедура која секако ќе трае со недели, можеби и со месеци“, вели Ѓукиќ Дејановиќ.

Како што појаснува таа, во случај некој да не одговара кривично и да стори дела поради ментална болест, тогаш мора да се изрече лекарска мерка задолжително лекување.

Тој третман може да биде и во затворена институција, а вообичаено е барем некое време да биде така“, додава поранешната претседателка на српското Собрание.

Со какви инструменти располага државата?

Ниту медицинската, ниту судската пракса во Србија досега не се сретнале со ваков случај. Учејќи за тоа од искуствата на другите земји, тие уверуваат дека и Србија има инструменти за санкционирање. Адвокатот Бранислав Станишиќ наведува дека Законот за заштита на лицата со ментални нарушувања ја вклучува можноста лицето да биде задржано, хоспитализирано на третман од затворен тип во психијатриска установа, со број на години не подолг од 18 години.

Тој закон може да се примени и за децата со потпис на детски психијатар. Еден од начините на кој тие можат да бидат задржани во затворена установа без одобрение од нивниот старател или законски застапник е да се процени дека се опасни по себе, својот живот или животот на другите“, вели Станишиќ.

Славица Ѓукиќ Дејановиќ забележува дека државните инструменти постојат, дека се проценува интересот и безбедноста на луѓето, децата кои би можеле да бидат жртви доколку ризикот е поврзан со однесувањето на малолетно лице.

Не е само ризикот што би можел тој да направи и дали тоа би биле дејствија што веќе ги направил или уште посериозни, туку и каков ризик носи сторителот на кривичното дело како личност со карактеристиките што ги има и дејствија што ги направил во однос на другите“, забележува Ѓукиќ Дејановиќ.

The post Како ќе одговара детето-убиец? Експертите тврдат: Потребни се сериозни испитувања, но државата има можност да го казни appeared first on Република.

]]>

По масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и најавата на надлежните дека сторителот не може кривично да одговара поради неговата возраст, јавноста во Србија, но и во регионот, се прашува дали тој ќе биде на слобода и дали државата има алатки да го казни на било кој начин. Експертите велат дека има, но дека процесот е долг, комплициран и бара сериозен лекарски преглед. Велат дека државата сигурно нема да дозволи сторителот да го повтори делото. Еден возрасен и девет деца во ОУ „Владислав Рибникар“ беа убиени - фактички и законски гледано, од дете. Затоа тоа 13-годишно дете не одговара кривично за делото. Не му се заканува затвор, па дури ни казнено-поправен дом.
На лице кое во моментот на извршување на незаконито дело, дефинирано во законот како кривично дело, не наполнило 14 години, не може да му се изречат кривични санкции или да применува други мерки предвидени со овој закон, наведуваат прописите.
Поради тоа, јавноста и родителите на учениците на „Рибникар“ се прашуваат дали тоа значи дека тој ќе биде слободен. Меѓу другото, од државата бараат стручно објаснување што ќе биде со момчето, бидејќи децата стравуваат дека тој ќе биде ослободен. За тоа што понатаму ќе се случува, за српски „Курир“ објаснува невропсихијатарката Славица Ѓукиќ Дејановиќ, која била вештак во претходните случаи на малолетнички убиства.
Експерти, пред се детски психијатри, психолози, работат на испитување на структурата на неговата личност, неговите психолошки својства и ова е процедура која секако ќе трае со недели, можеби и со месеци“, вели Ѓукиќ Дејановиќ.
Како што појаснува таа, во случај некој да не одговара кривично и да стори дела поради ментална болест, тогаш мора да се изрече лекарска мерка задолжително лекување.
Тој третман може да биде и во затворена институција, а вообичаено е барем некое време да биде така“, додава поранешната претседателка на српското Собрание.

Со какви инструменти располага државата?

Ниту медицинската, ниту судската пракса во Србија досега не се сретнале со ваков случај. Учејќи за тоа од искуствата на другите земји, тие уверуваат дека и Србија има инструменти за санкционирање. Адвокатот Бранислав Станишиќ наведува дека Законот за заштита на лицата со ментални нарушувања ја вклучува можноста лицето да биде задржано, хоспитализирано на третман од затворен тип во психијатриска установа, со број на години не подолг од 18 години.
Тој закон може да се примени и за децата со потпис на детски психијатар. Еден од начините на кој тие можат да бидат задржани во затворена установа без одобрение од нивниот старател или законски застапник е да се процени дека се опасни по себе, својот живот или животот на другите“, вели Станишиќ.
Славица Ѓукиќ Дејановиќ забележува дека државните инструменти постојат, дека се проценува интересот и безбедноста на луѓето, децата кои би можеле да бидат жртви доколку ризикот е поврзан со однесувањето на малолетно лице.
Не е само ризикот што би можел тој да направи и дали тоа би биле дејствија што веќе ги направил или уште посериозни, туку и каков ризик носи сторителот на кривичното дело како личност со карактеристиките што ги има и дејствија што ги направил во однос на другите“, забележува Ѓукиќ Дејановиќ.

The post Како ќе одговара детето-убиец? Експертите тврдат: Потребни се сериозни испитувања, но државата има можност да го казни appeared first on Република.

]]>
Жал ми е што не ги поминав сите од списокот: Детето-убиец воопшто не се кае за масакрот во училиштето https://republika.mk/vesti/balkan/zhal-mi-e-shto-ne-gi-pominav-site-od-spisokot-deteto-ubiets-voopshto-ne-se-kae-za-masakrot-vo-uchilishteto/ Fri, 05 May 2023 15:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=637387

Тринаесртгодишниот Коста К., ученикот, кој изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, давал ладнокрвни изјави по масовното убиство

Жал ми е што не ги убив сите ученици на списокот! Сакав да се вратам и да ги убијам сите, но ранецот со молотови коктели ми испадна во дворот и не можев.

Како што неофицијално дознава „Курир.рс“, ваквата изјава ја дал Коста во разговор со работниците на Центарот за социјална работа (ЦЗСР).

The post Жал ми е што не ги поминав сите од списокот: Детето-убиец воопшто не се кае за масакрот во училиштето appeared first on Република.