Дерик Меј Archives - Република https://republika.mk/tema/derik-mej/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Aug 2023 09:41:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дерик Меј Archives - Република https://republika.mk/tema/derik-mej/ 32 32 Дерик Меј: За првпат настапив со Филхармонија и се трудев да не ја разочарам https://republika.mk/scena/muzika/derik-mej-za-prvpat-nastapiv-so-filharmonija-i-se-trudev-da-ne-ja-razocharam/ Thu, 03 Aug 2023 09:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=668186

Во рамките на проектот „120 Години Илинден” легендарниот DJ Дерик Меј и артисти од Македонија на 2 август настапија на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро.

По повод гостувањето на Меј го реобјавуваме разговорот кој беше направен по неговиот настап на 2 Август 2014 на Античкиот театар во Охрид каде настапи заедно со Македонската филхармонија под диригентската палка на Емин Џијан.

По­ми­на фан­та­стич­ни­от на­стап на не­по­втор­ли­ви­от Де­рик Меј со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Ан­тич­ки­от те­а­тар во Охрид бе­ше пре­полн но­ќта на Илин­ден. Има­ше по­ве­ќе од 5.000 гле­да­чи. И по два ча­са енер­ги­чен на­стап, пуб­ли­ка­та не са­ка­ше да го на­пу­шти ме­сто­то на на­ста­нот. На­ши­от му­зи­чар Емин Џи­јан ги ор­ке­стри­ра­ше ком­по­зи­ци­и­те на Меј и од­лич­но ги ко­ор­ди­ни­ра­ше и пуб­ли­ка­та и му­зи­ча­ри­те, а Меј со ап­ла­у­зи ја на­гра­ду­ва­ше Фил­хар­мо­ни­ја­та. Про­е­ктот по­ка­жа де­ка мо­же­ме да по­ну­ди­ме и не­што по­и­на­кво и Ма­ке­до­ни­ја да ста­не дел од европ­ска­та кон­церт­на ма­па. Про­ду­цент на про­е­ктот бе­ше Ог­нен Узу­нов­ски, а свој дел има­ше и Игор Ива­нов-Изи, кој ги изра­бо­ти од­лич­ни­те ви­деа што ги сле­деа ком­по­зи­ци­и­те. Ток­му ва­ков му­зич­ко-сцен­ски спе­ктакл при­ле­га­ше за на­ци­о­нал­ни­от праз­ник.

Ни­за по­зи­тив­ни ко­мен­та­ри, за­до­вол­на пуб­ли­ка, но за­до­во­лен и са­ми­от Де­рик Меј по на­ста­пот во Охрид. Со не­го се нај­дов­ме след­ни­от ден, на бал­ко­нот од хо­те­лот. По­зи­ти­вен, нас­ме­ан, рас­по­ло­жен за раз­го­вор, не­по­сре­ден и, пред сѐ, мно­гу искрен. Сво­е­то ка­фе за бу­де­ње го ис­пи со нас не кри­еј­ќи го за­до­волс­тво­то од енер­ги­ја­та што му ја да­де пуб­ли­ка­та прет­ход­на­та ве­чер.

 

Derrick-May-int101-2

Ка­кви се ва­ши­те впе­ча­то­ци од си­но­ќеш­ни­от кон­церт во Ан­тич­ки­от те­а­тар?
Де­рик Меј: Пр­во, пре­крас­но е да се на­ста­пу­ва ов­де, во Охрид. Ре­ак­ци­и­те, пуб­ли­ка­та, енер­ги­ја­та на лу­ѓе­то беа ап­со­лут­но из­во­нред­ни. Мо­и­те впе­ча­то­ци од Ан­тич­ки­от те­а­тар… мо­жам са­мо да за­мис­лам ка­кво би­ло чув­ство­то да се би­де ов­де пред 2000 го­ди­ни и да се гле­да бор­ба на гла­ди­ја­то­ри. Си­гур­но би­ло из­во­нред­но! Мо­ќта, пуб­ли­ка­та, енер­ги­ја­та… Са­мо­то шоу – имав­ме мно­гу ра­бо­та за да го раз­ви­е­ме да би­де нај­до­бро што мо­же.

Бе­ше из­во­нред­но. Ре­ко­вте де­ка ја по­чув­ству­ва­вте енер­ги­ја­та од лу­ѓе­то. Из­ве­до­вте осум ком­по­зи­ции. На кол­ку од нив ра­бо­те­вте за­ед­но со Емин Џи­јан? Не­кои од нив се лич­но Ва­ши…
Де­рик Меј: Мно­гу до­бро пра­ша­ње би­деј­ќи ни­кој не ме пра­шал тоа. Ми­ло ми е што го по­ста­ви­вте тоа пра­ша­ње. Две ком­по­зи­ции се на Џи­јан. Тој ми ка­жа де­ка бил инс­пи­ри­ран, мо­ти­ви­ран и по­чув­ству­вал мож­ност да при­ка­же ед­на но­ва стра­на од сопс­тве­на­та кре­а­тив­ност пре­ку соз­да­ва­ње­то на оваа му­зи­ка и да ја до­да­де кон шо­у­то би­деј­ќи бе­ше по­и­на­кво од тоа што тој обич­но го пра­ви. Јас мис­лев де­ка бе­ше мно­гу воз­буд­ли­во и ми бе­ше ми­ло што ќе имам две не­го­ви пес­ни во шо­у­то. Дру­ги­те пес­ни беа мои ком­по­зи­ции, но беа пре­ве­де­ни, пре­ра­бо­те­ни на не­кој на­чин, од Џи­јан, и тоа бе­ше не­ка­ко по­себ­но за ме­не би­деј­ќи јас не доз­во­лу­вам пре­ра­бо­тки. Не им доз­во­лу­вам на лу­ѓе­то да ја до­пи­ра­ат мо­ја­та му­зи­ка. „Strings of Life“е пре­ра­бо­те­на мно­гу па­ти, но без мо­ја доз­во­ла. Не­го­ви­те идеи беа им­пре­сив­ни и мно­гу се воз­бу­див ко­га ми ги пре­зен­ти­ра­ше. Спо­ред ме­не, тоа што го на­пра­ви бе­ше исто ка­ко јас да раз­мис­лу­вав. Јас би го на­пра­вил исто­то.

Зна­чи, вие двај­ца се про­нај­до­вте.
Де­рик Меј: Да, на иста фре­квен­ци­ја.

Да­ли за прв­пат на­ста­пу­ва­те со фил­хар­мо­ни­ја или и прет­ход­но сте го пра­ве­ле тоа?
Де­рик Меј: Ова ми бе­ше прв на­стап со фил­хар­мо­ни­ја во­оп­што. Мно­гу е по­себ­но и чест ми е што се слу­чи ток­му ов­де. Дол­го­роч­на­та иде­ја е ова шоу да би­де из­ве­де­но низ цел свет. За­мис­ла­та е да се по­до­бри, да се ра­фи­ни­ра, да се стег­не и да се пре­зен­ти­ра со кон­цепт што про­из­ле­гу­ва од Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Мис­лам де­ка тоа е мно­гу важ­но. Мно­гу е важ­но и ни­ко­гаш не тре­ба да се за­бо­ра­ви. Тоа исто­вре­ме­но е и огром­но приз­на­ние за оваа зем­ја.

Зна­чи, пла­ни­ра­те да на­пра­ви­те кон­цер­ти и во дру­ги гра­до­ви или, мо­же­би, и во САД?
Де­рик Меј: Иде­ја­та е да се оди на тур­не­ја со ор­ке­стар. Се­ка­ко, не би мо­же­ле да ги зе­ме­ме си­те чле­но­ви на ор­ке­ста­рот, ќе ко­ри­сти­ме ор­ке­стри од раз­ни зем­ји. Во Гер­ма­ни­ја или Аме­ри­ка, но тоа е иде­ја­та. Мис­лам де­ка во след­на­та го­ди­на ќе го усо­вр­ши­ме, ќе го до­раз­ви­е­ме, ќе го на­пра­ви­ме мно­гу по­ин­те­ра­кти­вен. Мо­јот дел е мно­гу спон­тан. Ре­чи­си сè што пра­вам поч­ну­ва од тој мо­мент. Ни­што од тоа што го пра­вам го не­мам веж­ба­но прет­ход­но. Всуш­ност, јас во­оп­што и не веж­бав со ор­ке­ста­рот. Јас бев та­му са­мо три де­на, но го веж­бав са­мо мо­јот звук со слу­шал­ки. Тие во­оп­што не мо­жеа да ме чу­јат на про­би­те. И не бев си­гу­рен што ќе мо­жам да на­пра­вам би­деј­ќи имав проб­ле­ми – не ја но­сев мо­ја­та опре­ма, ту­ку ко­ри­стев опре­ма што бе­ше из­нај­ме­на за ме­не ток­му тој ден. Да, има­ше мно­гу ра­бо­та. Бев мно­гу за­гри­жен, но не бев нер­во­зен, са­кав до­бро да ја за­вр­шам сво­ја­та ра­бо­та. Се­ко­гаш са­кам да да­дам сè од се­бе.

На де­нот ко­га на­ста­пу­ва­вте, 2 ав­густ, во Ма­ке­до­ни­ја се од­бе­ле­жу­­ва го­лем др­жа­вен праз­ник. Да­ли зна­е­­те што прет­ста­ву­ва тој ден за ма­ке­дон­ски­от на­род?
Де­рик Меј: Не зна­ев точ­но кој др­жа­вен праз­ник е. Прет­по­ста­ву­вав де­ка е не­што по­вр­за­но со не­за­вис­но­ста, не­што ка­ко што е 4 ју­ли во САД, или 5 ју­ли во Ка­на­да. Тоа е сè што знам, но не сум си­гу­рен за ко­ја не­за­вис­ност се ра­бо­ти, освен за Ју­гос­ла­ви­ја. Тоа ли е?

Не, овие на­ста­ни се слу­чи­ле по­ра­но.
Де­рик Меј: Ка­же­те ми!

2 Август е дво­ен праз­ник. Во 1903 го­ди­на се кре­нал бунт во Ма­ке­до­ни­ја…
Де­рик Меј: Во­ста­ние!

Да. Про­тив тур­ски­те осво­ју­ва­чи.
Де­рик Меј: Тур­ци­те? Сфа­ќам…Зна­чи, сте им рек­ле на Тур­ци­те да се го­нат?

Вто­ра­та при­чи­на е одр­жу­ва­ње­то на Пр­во­то за­се­да­ние на АСНОМ по во­ста­ни­е­то про­тив гер­ман­ски­от оку­па­тор.
Де­рик Меј: Прок­ле­ти Гер­ман­ци! Јас­но ми е. Зна­чи, двој­на прос­ла­ва. Тоа е уба­во.

Derrick-May-int101-3

При­каз­на­та за Ог­нен Узу­нов­ски. Ре­ко­вте де­ка тој го про­дал сво­јот авто­мо­бил за да Ве до­не­се ов­де. Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за тоа?
Де­рик Меј: Се раз­би­ра. Оги, ка­ко што го на­ре­ку­вам, пред сè, ми е ка­ко брат. Бе­ше кај ме­не во Де­тро­ит, мно­гу дол­го се зна­е­ме, ста­нав­ме нај­до­бри при­ја­те­ли и мно­гу му ве­ру­вам и се­ко­гаш мо­жам да сме­там на не­го. Тој е од тие лу­ѓе со кои мо­жеш да одиш во би­тка и зна­еш де­ка се­ко­гаш ќе би­де по­крај те­бе. Но, на по­че­то­кот, ко­га прв­пат дој­дов во зем­ја­ва, на­ста­пу­вав ток­му ов­де, во Охрид. Вој­на­та при­вр­шу­ва­ше. Тоа бе­ше по­себ­но чув­ство, мно­гу емо­тив­но за си­те. А јас не бев баш за­поз­на­ен со по­ли­ти­ка­та на зем­ја­та. Ко­га при­стиг­нав ов­де, ре­ак­ци­ја­та на пуб­ли­ка­та бе­ше не­ве­ро­јат­на! Не мо­жев да пу­штам му­зи­ка би­деј­ќи не мо­жев да слуш­нам ни­што од слу­шал­ки­те! Лу­ѓе­то беа мно­гу глас­ни. Бе­ше мно­гу моќ­но! Но, под­го­то­вки­те за да стиг­нам до ов­де ги из­ве­де ток­му Оги. Тој чо­век го про­да­де сво­јот авто­мо­бил и на­пра­ви сè за да дој­дам ов­де. Јас за тоа доз­нав по­доц­на, ду­ри ко­га за­ми­ну­вав од зем­ја­та. Јас по­сто­ја­но пу­штам му­зи­ка за лу­ѓе­то, не се вр­зу­вам лес­но со про­мо­то­ри­те, не се спри­ја­те­лу­вам. Да, ќе оти­де­ме за­ед­но на ве­че­ра, пи­јач­ка, су­пер ќе си по­ми­не­ме, но не се спри­ја­те­лу­вам. Но, со бра­ќа­та ов­де вед­наш се по­вр­зав­ме. Ко­га доз­нав де­ка го про­дал авто­мо­би­лот за да дој­дам ов­де и ко­га оти­дов­ме да ја­де­ме, а тие не­маа па­ри да ме од­не­сат на ве­че­ра, па јас тре­ба­ше да ја­дам пред нив, до­де­ка тие не мо­жеа да си доз­во­лат ни да ја­дат… Се­ка­ко де­ка не би ја­дел без нив, но за ме­не тоа бе­ше емо­ти­вен мо­мент. Ни­ко­гаш не сум до­жи­ве­ал та­кво не­што ка­ко умет­ник што до­а­ѓа да по­се­ти зем­ја, ни­ко­гаш не сум ви­дел про­мо­тор што не мо­же да си доз­во­ли да се по­че­сти. Бе­ше мно­гу по­себ­но. За­се­ко­гаш ќе го па­ме­там на­чи­нот на кој тој и не­го­ви­те при­ја­те­ли се од­не­су­ваа со ме­не.

Што мис­ли­те де­ка ќе се слу­че­ше ако Оги не го про­да­де­ше сво­јот авто­­­мо­бил?
Де­рик Меј: До­бро пра­ша­ње. Мис­лам де­ка ако Оги не го про­да­де­ше сво­јот авто­мо­бил, ќе слу­ша­вте мно­гу на­род­на му­зи­ка. Зем­ја­та ќе бе­ше мно­гу по­и­на­ква. Мис­лам де­ка лу­ѓе­то тре­ба да обр­нат по­ве­ќе вни­ма­ние на тоа што го пра­ви Оги. Да ви ка­жам не­што: си­но­ќа Оги ги ри­зи­ку­ва­ше сво­и­те па­ри. Тоа не беа ту­ѓи па­ри, тој пла­ти за си­но­ќеш­ни­от на­стан. Ги вло­жи сво­и­те па­ри, ри­зи­ку­ва­ше сè за да се слу­чи тоа. Ор­ке­ста­рот, јас… тој пла­ти за сè. Знам де­ка вла­да­та да­де при­до­нес, но ви га­ран­ти­рам де­ка по­го­ле­ми­от дел од па­ри­те беа од не­го. Тој тол­ку мно­гу си ја са­ка сво­ја­та ра­бо­та, ве­ру­ва во за­ед­ни­ца­та, во оваа др­жа­ва, ве­ру­ва де­ка го пра­ви ви­стин­ско­то за мла­ди­те лу­ѓе. Тоа е важ­но. Но, има­ше под­др­шка и до­би по­чит. Тој не мо­ра да го пра­ви тоа, мо­же да се гри­жи за сво­е­то се­мејс­тво и да има убав жи­вот, не мо­ра да ги ри­зи­ку­ва та­ка сво­и­те па­ри. Лу­ѓе­то тре­ба да го за­па­ме­тат тоа и да го по­чи­ту­ва­ат.

Пуб­ли­ка­та ги па­ме­ти Ва­ши­те за­ба­ви во Гра­ди­ште, „Ко­ло­се­ум“, „Скоп­ски са­ем“. На кој на­стап најм­но­гу се се­ќа­ва­те?
Де­рик Меј: Во Гра­ди­ште, Охрид… Тој се слу­чи ов­де пред мно­гу го­ди­ни. „Ко­ло­се­ум“ во Скоп­је – мно­гу убав на­стап. Мис­лам де­ка бе­ше за Но­ва го­ди­на. Се се­ќа­вам, мно­гу мо­ќен на­стап.

Кој Ви бе­ше оми­лен?
Де­рик Меј: Охрид, би­деј­ќи то­гаш вој­на­та при­вр­шу­ва­ше и јас не ни тре­ба­ше да би­дам ов­де. Јас бев пр­ви­от ди­џеј. Ни­кој не до­а­ѓа­ше ов­де.

Си­те за­ми­ну­ваа.
Де­рик Меј: Си­те за­ми­ну­ваа! Ни­кој не до­а­ѓа­ше! Оти­дов на ае­ро­дро­мот и та­му не­ма­ше ни­кој. Са­мо јас и вој­ни­ци­те. Кој е, пак, се­га овој?

Ка­кво бе­ше чув­ство­то во тој мо­мент? До­а­ѓа­те за прв­пат во зем­ја­ва во мо­мент ко­га си­те за­ми­ну­ваа?
Де­рик Меј: Се по­чув­ству­вав мно­гу по­себ­но. Јас не се пла­шам од ни­што. Одам на тур­неи, одам на ме­ста ка­де што ни­кој друг не би одел. Обо­жа­вам аван­ту­ра. Не се пла­шам од ни­што. Би се бо­рел за ка­у­за­та. Ако ве­ру­вам де­ка вре­ди – го пра­вам тоа! Та­ков сум. Та­ка бе­ше и со Ја­по­ни­ја, за вре­ме на цу­на­ми­то. Три де­на, два де­на по цу­на­ми­то во Ја­по­ни­ја, јас се ка­чив во ави­он за Ја­по­ни­ја. Ле­тав со пет лу­ѓе од Аме­ри­ка во ави­о­нот. По­ли­ци­ја­та ми ре­че: „Гос­по­ди­не Меј, да­ли сте свес­ни ка­де оди­те? Да­ли сте свес­ни што се слу­чу­ва во Ја­по­ни­ја?“

Пуб­ли­ка­та во Ма­ке­до­ни­ја мно­гу до­бро Ве поз­на­ва и Ве обо­жа­ва. Што Ви се до­па­ѓа најм­но­гу во Ма­ке­до­ни­ја?
Де­рик Меј: Пр­во, да би­дам искрен, Ма­ке­до­ни­ја тре­ба уште мно­гу да на­пра­ви за да се раз­вие. Би ре­кол, два­е­се­ти­на го­ди­ни. Се пла­шам де­ка за два­е­се­ти­на го­ди­ни ЕУ си­гур­но ќе би­де ов­де и ќе ја из­ме­ни зем­ја­та. На­ви­сти­на не са­кам да се слу­чи тоа, но, га­ран­ти­рам де­ка ќе се слу­чи. Има­те прем­но­гу ре­сур­си. Има­те ри­ба, зе­лен­чук, чи­ста во­да, из­во­ри… Све­жа­та во­да е мно­гу важ­на. Во­да­та во ид­ни­на ќе би­де ка­ко на­фта­та. Ид­ни­те вој­ни ќе се во­дат за во­да, не за на­фта, а ова ме­сто изо­би­лу­ва со све­жа во­да. Има­те пла­ни­ни, мож­но­сти за ски­ја­ње, лет­ни од­мо­ра­­ли­шта, пла­жи, има­те ве­ге­та­ци­ја, огром­но ко­ли­чес­тво ве­ге­та­ци­ја. Ја са­кам Ма­ке­до­ни­ја по­ра­ди при­род­ни­те бо­гат­ства. Мис­лам де­ка е пре­крас­на.

Да­ли за прв­пат со­ра­бо­ту­ва­те со Емин Џи­јан?
Де­рик Меј: Да, та­ка е.

Се ос­тва­ри­ја ли Ва­ши­те оче­ку­ва­ња? Да­ли го оче­ку­ва­вте ток­му ова, или, пак, мо­же­би не­што по­мал­ку, или мо­же­би по­ве­ќе…?
Де­рик Меј: Пред сѐ, што се од­не­су­ва до оваа пр­ва со­ра­бо­тка со Емин Џи­јан, по­ве­ќе од ед­на го­ди­на раз­го­ва­рав­ме за тоа. Не­мав­ме мож­ност мно­гу да веж­ба­ме, по­ра­ди ме­не, не по­ра­ди не­го. Бев пре­за­фа­тен. И тој е за­фа­тен, но јас не мо­жев да се срет­нам со не­го и да го на­пра­ви­ме тоа по­до­бро. Тој е полн со раз­би­ра­ње, от­пу­штен, дру­же­љу­бив, не му вли­јае при­ти­со­кот, се ос­ло­бо­ду­ва од не­го. Тој е јо­га-тип. Знае ка­ко да се от­пу­шти и тоа соз­да­ва из­во­нред­на енер­ги­ја око­лу не­го. Соз­да­ва чув­ство на до­вер­ба, чув­ство де­ка ра­бо­ти­те се ос­твар­ли­ви: не гри­жи се, ди­ши! Ток­му за­тоа ми бе­ше мно­гу ми­ло да ра­бо­там со не­го и мис­лам де­ка кол­ку што по­ве­ќе ќе ра­бо­ти­ме за­ед­но, тол­ку по­до­бро ќе би­де шо­у­то. На­ви­сти­на ве­ру­вам во тоа де­ка овој кон­церт ќе го из­ве­де­ме се­ка­де низ све­тот. Има­вте уште еден дел од пра­ша­ње­то?

Го оче­ку­ва­вте ток­му ова, или, пак, мо­же­би не­што по­мал­ку, или по­ве­ќе…?
Де­рик Меј: Што се од­не­су­ва до мо­и­­те оче­ку­ва­ња од шо­у­то, бев за­гри­жен. Са­мо са­кав да не го раз­о­ча­рам ор­ке­ста­рот. Тоа за ме­не бе­ше мно­гу важ­но. Имав три­е­сет лу­ѓе зад ме­не, кои пра­веа сè. Веж­баа во еден ча­сот на­у­тро. Веж­баа во Ан­тич­ки­от те­а­тар во еден или два ча­сот на­у­тро. Си мис­лев: не сме­ам да ги раз­о­ча­рам овие про­фе­си­о­нал­ци! Мо­ра да им го да­дам нај­до­бро­то од се­бе! Тоа го сфа­тив мно­гу се­ри­оз­но. Са­кав са­мо да не по­тфр­лам, да ги ис­пол­нам нив­ни­те оче­ку­ва­ња. Бев мно­гу за­до­во­лен од крај­ни­от ре­зул­тат. Но, пак ќе ка­жам, ќе би­де уште по­до­бро. Мо­јот на­стап ќе би­де по­до­брен.

Ко­га ќе го по­до­бри­те, ќе дој­де­те ли пак во Ма­ке­до­ни­ја?
Де­рик Меј: Да! Се раз­би­ра! Ќе дој­дам ов­де, ви га­ран­ти­рам!

Во Охрид?
Де­рик Меј: Да, во Охрид!

Да­ли со­ра­бо­ту­ва­те и со дру­ги ма­ке­дон­ски му­зи­ча­ри?
Де­рик Меј: Не. Најб­ли­зу до тоа би­ло што сме ос­тва­ри­ле кон­такт, сме се спри­ја­те­ли­ле, сме се по­вр­за­ле. Се­ка­ко, ко­га сум во Скоп­је, „Из­лет“ е ме­сто­то за кре­а­тив­но дру­же­ње. Та­му си­те ќе ги срет­неш. Мож­но е еден ден да има­ме по­го­ле­ма со­ра­бо­тка, но се­га, це­ла­та мо­ја енер­ги­ја е на­со­че­на са­мо кон ор­ке­ста­рот.

За крај, не­ма да Ве за­др­жу­вам по­ве­ќе, ка­де во Ма­ке­до­ни­ја го про­ба­вте нај­вкус­но­то ја­де­ње и да­ли про­ба­вте ма­ке­дон­ска ра­ки­ја?
Де­рик Меј: Не пи­јам ра­ки­ја. Мно­гу е сил­на!

Не Ви се до­па­ѓа?
Де­рик Меј: Не ја пи­јам! По­ве­ќе са­кам ви­но. Ед­но­став­но, не мо­жам да ја пи­јам.

Да­ли Ви се до­па­ѓа­ат ма­ке­дон­ски­те ви­на?
Де­рик Меј: Да, ги пи­јам. Ште­та е да по­ра­ча­те фран­цу­ско ви­но ко­га сте во Ма­ке­до­ни­ја. Се на­ра­чу­ва до­маш­но ви­но. Ко­га сум во Охрид, ја­дам ри­ба. Ко­га сум во Скоп­је, пак ја­дам ри­ба. Се­ко­гаш ја­дам ри­ба. Иа­ко Скоп­је не е нај­до­бро ме­сто за ри­ба, ние, се­пак, на­о­ѓа­ме до­бра ри­ба, си на­ра­чу­ва­ме. Но, ко­га сум ов­де, ја­дам ри­ба ток­му од ова езе­ро. Не знам ка­ко точ­но се на­ре­ку­ва ов­де, но на анг­ли­ски е „perch“ (н.з. гр­геч). Ро­зо­ва е.

Па­стрм­ка!
Де­рик Меј: Да, па­стрм­ка! Ја­дев на не­кои ме­ста, но ја при­го­тву­ва­ат прем­но­гу су­ва. Не ми се до­па­ѓа та­ка. Са­кам уба­ва и ме­ка ри­ба. Ме раз­би­ра­те… Но, мис­лам де­ка има­те и гр­геч. Има­те по­ве­ќе ви­до­ви ри­ба. Си­те ги са­кам. Дај ми ри­ба, си­ре­ње, кра­ста­ви­ци, до­ма­ти! Ах, до­ма­ти­те! На­ју­ба­ви­те до­ма­ти на све­тот! Бев во Ја­по­ни­ја пред че­ти­ри де­на. Ква­ли­те­тот на хра­на­та ов­де е по­до­бар откол­ку во Ја­по­ни­ја. Но, ја­пон­ска­та куј­на е по­себ­на. Им­пре­сив­но е ка­ко зем­ја со тол­ку мно­гу жи­те­ли ка­ко Ја­по­ни­ја е спо­соб­на да про­из­ве­де тол­ку ква­ли­тет­на хра­на.

Се на­де­вам де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе го за­др­жи ви­со­ки­от ква­ли­тет на зе­лен­чу­кот, ри­ба­та, од­лич­но­то ме­со. Го обо­жа­вам!

 

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Дерик Меј е објавено во 101. број на неделникот Република, 8.08.2014)

 

The post Дерик Меј: За првпат настапив со Филхармонија и се трудев да не ја разочарам appeared first on Република.

]]>

Во рамките на проектот „120 Години Илинден” легендарниот DJ Дерик Меј и артисти од Македонија на 2 август настапија на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро. По повод гостувањето на Меј го реобјавуваме разговорот кој беше направен по неговиот настап на 2 Август 2014 на Античкиот театар во Охрид каде настапи заедно со Македонската филхармонија под диригентската палка на Емин Џијан. По­ми­на фан­та­стич­ни­от на­стап на не­по­втор­ли­ви­от Де­рик Меј со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Ан­тич­ки­от те­а­тар во Охрид бе­ше пре­полн но­ќта на Илин­ден. Има­ше по­ве­ќе од 5.000 гле­да­чи. И по два ча­са енер­ги­чен на­стап, пуб­ли­ка­та не са­ка­ше да го на­пу­шти ме­сто­то на на­ста­нот. На­ши­от му­зи­чар Емин Џи­јан ги ор­ке­стри­ра­ше ком­по­зи­ци­и­те на Меј и од­лич­но ги ко­ор­ди­ни­ра­ше и пуб­ли­ка­та и му­зи­ча­ри­те, а Меј со ап­ла­у­зи ја на­гра­ду­ва­ше Фил­хар­мо­ни­ја­та. Про­е­ктот по­ка­жа де­ка мо­же­ме да по­ну­ди­ме и не­што по­и­на­кво и Ма­ке­до­ни­ја да ста­не дел од европ­ска­та кон­церт­на ма­па. Про­ду­цент на про­е­ктот бе­ше Ог­нен Узу­нов­ски, а свој дел има­ше и Игор Ива­нов-Изи, кој ги изра­бо­ти од­лич­ни­те ви­деа што ги сле­деа ком­по­зи­ци­и­те. Ток­му ва­ков му­зич­ко-сцен­ски спе­ктакл при­ле­га­ше за на­ци­о­нал­ни­от праз­ник. Ни­за по­зи­тив­ни ко­мен­та­ри, за­до­вол­на пуб­ли­ка, но за­до­во­лен и са­ми­от Де­рик Меј по на­ста­пот во Охрид. Со не­го се нај­дов­ме след­ни­от ден, на бал­ко­нот од хо­те­лот. По­зи­ти­вен, нас­ме­ан, рас­по­ло­жен за раз­го­вор, не­по­сре­ден и, пред сѐ, мно­гу искрен. Сво­е­то ка­фе за бу­де­ње го ис­пи со нас не кри­еј­ќи го за­до­волс­тво­то од енер­ги­ја­та што му ја да­де пуб­ли­ка­та прет­ход­на­та ве­чер.   Derrick-May-int101-2 Ка­кви се ва­ши­те впе­ча­то­ци од си­но­ќеш­ни­от кон­церт во Ан­тич­ки­от те­а­тар? Де­рик Меј: Пр­во, пре­крас­но е да се на­ста­пу­ва ов­де, во Охрид. Ре­ак­ци­и­те, пуб­ли­ка­та, енер­ги­ја­та на лу­ѓе­то беа ап­со­лут­но из­во­нред­ни. Мо­и­те впе­ча­то­ци од Ан­тич­ки­от те­а­тар… мо­жам са­мо да за­мис­лам ка­кво би­ло чув­ство­то да се би­де ов­де пред 2000 го­ди­ни и да се гле­да бор­ба на гла­ди­ја­то­ри. Си­гур­но би­ло из­во­нред­но! Мо­ќта, пуб­ли­ка­та, енер­ги­ја­та… Са­мо­то шоу – имав­ме мно­гу ра­бо­та за да го раз­ви­е­ме да би­де нај­до­бро што мо­же. Бе­ше из­во­нред­но. Ре­ко­вте де­ка ја по­чув­ству­ва­вте енер­ги­ја­та од лу­ѓе­то. Из­ве­до­вте осум ком­по­зи­ции. На кол­ку од нив ра­бо­те­вте за­ед­но со Емин Џи­јан? Не­кои од нив се лич­но Ва­ши… Де­рик Меј: Мно­гу до­бро пра­ша­ње би­деј­ќи ни­кој не ме пра­шал тоа. Ми­ло ми е што го по­ста­ви­вте тоа пра­ша­ње. Две ком­по­зи­ции се на Џи­јан. Тој ми ка­жа де­ка бил инс­пи­ри­ран, мо­ти­ви­ран и по­чув­ству­вал мож­ност да при­ка­же ед­на но­ва стра­на од сопс­тве­на­та кре­а­тив­ност пре­ку соз­да­ва­ње­то на оваа му­зи­ка и да ја до­да­де кон шо­у­то би­деј­ќи бе­ше по­и­на­кво од тоа што тој обич­но го пра­ви. Јас мис­лев де­ка бе­ше мно­гу воз­буд­ли­во и ми бе­ше ми­ло што ќе имам две не­го­ви пес­ни во шо­у­то. Дру­ги­те пес­ни беа мои ком­по­зи­ции, но беа пре­ве­де­ни, пре­ра­бо­те­ни на не­кој на­чин, од Џи­јан, и тоа бе­ше не­ка­ко по­себ­но за ме­не би­деј­ќи јас не доз­во­лу­вам пре­ра­бо­тки. Не им доз­во­лу­вам на лу­ѓе­то да ја до­пи­ра­ат мо­ја­та му­зи­ка. „Strings of Life“е пре­ра­бо­те­на мно­гу па­ти, но без мо­ја доз­во­ла. Не­го­ви­те идеи беа им­пре­сив­ни и мно­гу се воз­бу­див ко­га ми ги пре­зен­ти­ра­ше. Спо­ред ме­не, тоа што го на­пра­ви бе­ше исто ка­ко јас да раз­мис­лу­вав. Јас би го на­пра­вил исто­то. Зна­чи, вие двај­ца се про­нај­до­вте. Де­рик Меј: Да, на иста фре­квен­ци­ја. Да­ли за прв­пат на­ста­пу­ва­те со фил­хар­мо­ни­ја или и прет­ход­но сте го пра­ве­ле тоа? Де­рик Меј: Ова ми бе­ше прв на­стап со фил­хар­мо­ни­ја во­оп­што. Мно­гу е по­себ­но и чест ми е што се слу­чи ток­му ов­де. Дол­го­роч­на­та иде­ја е ова шоу да би­де из­ве­де­но низ цел свет. За­мис­ла­та е да се по­до­бри, да се ра­фи­ни­ра, да се стег­не и да се пре­зен­ти­ра со кон­цепт што про­из­ле­гу­ва од Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Мис­лам де­ка тоа е мно­гу важ­но. Мно­гу е важ­но и ни­ко­гаш не тре­ба да се за­бо­ра­ви. Тоа исто­вре­ме­но е и огром­но приз­на­ние за оваа зем­ја. Зна­чи, пла­ни­ра­те да на­пра­ви­те кон­цер­ти и во дру­ги гра­до­ви или, мо­же­би, и во САД? Де­рик Меј: Иде­ја­та е да се оди на тур­не­ја со ор­ке­стар. Се­ка­ко, не би мо­же­ле да ги зе­ме­ме си­те чле­но­ви на ор­ке­ста­рот, ќе ко­ри­сти­ме ор­ке­стри од раз­ни зем­ји. Во Гер­ма­ни­ја или Аме­ри­ка, но тоа е иде­ја­та. Мис­лам де­ка во след­на­та го­ди­на ќе го усо­вр­ши­ме, ќе го до­раз­ви­е­ме, ќе го на­пра­ви­ме мно­гу по­ин­те­ра­кти­вен. Мо­јот дел е мно­гу спон­тан. Ре­чи­си сè што пра­вам поч­ну­ва од тој мо­мент. Ни­што од тоа што го пра­вам го не­мам веж­ба­но прет­ход­но. Всуш­ност, јас во­оп­што и не веж­бав со ор­ке­ста­рот. Јас бев та­му са­мо три де­на, но го веж­бав са­мо мо­јот звук со слу­шал­ки. Тие во­оп­што не мо­жеа да ме чу­јат на про­би­те. И не бев си­гу­рен што ќе мо­жам да на­пра­вам би­деј­ќи имав проб­ле­ми – не ја но­сев мо­ја­та опре­ма, ту­ку ко­ри­стев опре­ма што бе­ше из­нај­ме­на за ме­не ток­му тој ден. Да, има­ше мно­гу ра­бо­та. Бев мно­гу за­гри­жен, но не бев нер­во­зен, са­кав до­бро да ја за­вр­шам сво­ја­та ра­бо­та. Се­ко­гаш са­кам да да­дам сè од се­бе. На де­нот ко­га на­ста­пу­ва­вте, 2 ав­густ, во Ма­ке­до­ни­ја се од­бе­ле­жу­­ва го­лем др­жа­вен праз­ник. Да­ли зна­е­­те што прет­ста­ву­ва тој ден за ма­ке­дон­ски­от на­род? Де­рик Меј: Не зна­ев точ­но кој др­жа­вен праз­ник е. Прет­по­ста­ву­вав де­ка е не­што по­вр­за­но со не­за­вис­но­ста, не­што ка­ко што е 4 ју­ли во САД, или 5 ју­ли во Ка­на­да. Тоа е сè што знам, но не сум си­гу­рен за ко­ја не­за­вис­ност се ра­бо­ти, освен за Ју­гос­ла­ви­ја. Тоа ли е? Не, овие на­ста­ни се слу­чи­ле по­ра­но. Де­рик Меј: Ка­же­те ми! 2 Август е дво­ен праз­ник. Во 1903 го­ди­на се кре­нал бунт во Ма­ке­до­ни­ја… Де­рик Меј: Во­ста­ние! Да. Про­тив тур­ски­те осво­ју­ва­чи. Де­рик Меј: Тур­ци­те? Сфа­ќам…Зна­чи, сте им рек­ле на Тур­ци­те да се го­нат? Вто­ра­та при­чи­на е одр­жу­ва­ње­то на Пр­во­то за­се­да­ние на АСНОМ по во­ста­ни­е­то про­тив гер­ман­ски­от оку­па­тор. Де­рик Меј: Прок­ле­ти Гер­ман­ци! Јас­но ми е. Зна­чи, двој­на прос­ла­ва. Тоа е уба­во. Derrick-May-int101-3 При­каз­на­та за Ог­нен Узу­нов­ски. Ре­ко­вте де­ка тој го про­дал сво­јот авто­мо­бил за да Ве до­не­се ов­де. Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за тоа? Де­рик Меј: Се раз­би­ра. Оги, ка­ко што го на­ре­ку­вам, пред сè, ми е ка­ко брат. Бе­ше кај ме­не во Де­тро­ит, мно­гу дол­го се зна­е­ме, ста­нав­ме нај­до­бри при­ја­те­ли и мно­гу му ве­ру­вам и се­ко­гаш мо­жам да сме­там на не­го. Тој е од тие лу­ѓе со кои мо­жеш да одиш во би­тка и зна­еш де­ка се­ко­гаш ќе би­де по­крај те­бе. Но, на по­че­то­кот, ко­га прв­пат дој­дов во зем­ја­ва, на­ста­пу­вав ток­му ов­де, во Охрид. Вој­на­та при­вр­шу­ва­ше. Тоа бе­ше по­себ­но чув­ство, мно­гу емо­тив­но за си­те. А јас не бев баш за­поз­на­ен со по­ли­ти­ка­та на зем­ја­та. Ко­га при­стиг­нав ов­де, ре­ак­ци­ја­та на пуб­ли­ка­та бе­ше не­ве­ро­јат­на! Не мо­жев да пу­штам му­зи­ка би­деј­ќи не мо­жев да слуш­нам ни­што од слу­шал­ки­те! Лу­ѓе­то беа мно­гу глас­ни. Бе­ше мно­гу моќ­но! Но, под­го­то­вки­те за да стиг­нам до ов­де ги из­ве­де ток­му Оги. Тој чо­век го про­да­де сво­јот авто­мо­бил и на­пра­ви сè за да дој­дам ов­де. Јас за тоа доз­нав по­доц­на, ду­ри ко­га за­ми­ну­вав од зем­ја­та. Јас по­сто­ја­но пу­штам му­зи­ка за лу­ѓе­то, не се вр­зу­вам лес­но со про­мо­то­ри­те, не се спри­ја­те­лу­вам. Да, ќе оти­де­ме за­ед­но на ве­че­ра, пи­јач­ка, су­пер ќе си по­ми­не­ме, но не се спри­ја­те­лу­вам. Но, со бра­ќа­та ов­де вед­наш се по­вр­зав­ме. Ко­га доз­нав де­ка го про­дал авто­мо­би­лот за да дој­дам ов­де и ко­га оти­дов­ме да ја­де­ме, а тие не­маа па­ри да ме од­не­сат на ве­че­ра, па јас тре­ба­ше да ја­дам пред нив, до­де­ка тие не мо­жеа да си доз­во­лат ни да ја­дат… Се­ка­ко де­ка не би ја­дел без нив, но за ме­не тоа бе­ше емо­ти­вен мо­мент. Ни­ко­гаш не сум до­жи­ве­ал та­кво не­што ка­ко умет­ник што до­а­ѓа да по­се­ти зем­ја, ни­ко­гаш не сум ви­дел про­мо­тор што не мо­же да си доз­во­ли да се по­че­сти. Бе­ше мно­гу по­себ­но. За­се­ко­гаш ќе го па­ме­там на­чи­нот на кој тој и не­го­ви­те при­ја­те­ли се од­не­су­ваа со ме­не. Што мис­ли­те де­ка ќе се слу­че­ше ако Оги не го про­да­де­ше сво­јот авто­­­мо­бил? Де­рик Меј: До­бро пра­ша­ње. Мис­лам де­ка ако Оги не го про­да­де­ше сво­јот авто­мо­бил, ќе слу­ша­вте мно­гу на­род­на му­зи­ка. Зем­ја­та ќе бе­ше мно­гу по­и­на­ква. Мис­лам де­ка лу­ѓе­то тре­ба да обр­нат по­ве­ќе вни­ма­ние на тоа што го пра­ви Оги. Да ви ка­жам не­што: си­но­ќа Оги ги ри­зи­ку­ва­ше сво­и­те па­ри. Тоа не беа ту­ѓи па­ри, тој пла­ти за си­но­ќеш­ни­от на­стан. Ги вло­жи сво­и­те па­ри, ри­зи­ку­ва­ше сè за да се слу­чи тоа. Ор­ке­ста­рот, јас… тој пла­ти за сè. Знам де­ка вла­да­та да­де при­до­нес, но ви га­ран­ти­рам де­ка по­го­ле­ми­от дел од па­ри­те беа од не­го. Тој тол­ку мно­гу си ја са­ка сво­ја­та ра­бо­та, ве­ру­ва во за­ед­ни­ца­та, во оваа др­жа­ва, ве­ру­ва де­ка го пра­ви ви­стин­ско­то за мла­ди­те лу­ѓе. Тоа е важ­но. Но, има­ше под­др­шка и до­би по­чит. Тој не мо­ра да го пра­ви тоа, мо­же да се гри­жи за сво­е­то се­мејс­тво и да има убав жи­вот, не мо­ра да ги ри­зи­ку­ва та­ка сво­и­те па­ри. Лу­ѓе­то тре­ба да го за­па­ме­тат тоа и да го по­чи­ту­ва­ат. Пуб­ли­ка­та ги па­ме­ти Ва­ши­те за­ба­ви во Гра­ди­ште, „Ко­ло­се­ум“, „Скоп­ски са­ем“. На кој на­стап најм­но­гу се се­ќа­ва­те? Де­рик Меј: Во Гра­ди­ште, Охрид… Тој се слу­чи ов­де пред мно­гу го­ди­ни. „Ко­ло­се­ум“ во Скоп­је – мно­гу убав на­стап. Мис­лам де­ка бе­ше за Но­ва го­ди­на. Се се­ќа­вам, мно­гу мо­ќен на­стап. Кој Ви бе­ше оми­лен? Де­рик Меј: Охрид, би­деј­ќи то­гаш вој­на­та при­вр­шу­ва­ше и јас не ни тре­ба­ше да би­дам ов­де. Јас бев пр­ви­от ди­џеј. Ни­кој не до­а­ѓа­ше ов­де. Си­те за­ми­ну­ваа. Де­рик Меј: Си­те за­ми­ну­ваа! Ни­кој не до­а­ѓа­ше! Оти­дов на ае­ро­дро­мот и та­му не­ма­ше ни­кој. Са­мо јас и вој­ни­ци­те. Кој е, пак, се­га овој? Ка­кво бе­ше чув­ство­то во тој мо­мент? До­а­ѓа­те за прв­пат во зем­ја­ва во мо­мент ко­га си­те за­ми­ну­ваа? Де­рик Меј: Се по­чув­ству­вав мно­гу по­себ­но. Јас не се пла­шам од ни­што. Одам на тур­неи, одам на ме­ста ка­де што ни­кој друг не би одел. Обо­жа­вам аван­ту­ра. Не се пла­шам од ни­што. Би се бо­рел за ка­у­за­та. Ако ве­ру­вам де­ка вре­ди – го пра­вам тоа! Та­ков сум. Та­ка бе­ше и со Ја­по­ни­ја, за вре­ме на цу­на­ми­то. Три де­на, два де­на по цу­на­ми­то во Ја­по­ни­ја, јас се ка­чив во ави­он за Ја­по­ни­ја. Ле­тав со пет лу­ѓе од Аме­ри­ка во ави­о­нот. По­ли­ци­ја­та ми ре­че: „Гос­по­ди­не Меј, да­ли сте свес­ни ка­де оди­те? Да­ли сте свес­ни што се слу­чу­ва во Ја­по­ни­ја?“ Пуб­ли­ка­та во Ма­ке­до­ни­ја мно­гу до­бро Ве поз­на­ва и Ве обо­жа­ва. Што Ви се до­па­ѓа најм­но­гу во Ма­ке­до­ни­ја? Де­рик Меј: Пр­во, да би­дам искрен, Ма­ке­до­ни­ја тре­ба уште мно­гу да на­пра­ви за да се раз­вие. Би ре­кол, два­е­се­ти­на го­ди­ни. Се пла­шам де­ка за два­е­се­ти­на го­ди­ни ЕУ си­гур­но ќе би­де ов­де и ќе ја из­ме­ни зем­ја­та. На­ви­сти­на не са­кам да се слу­чи тоа, но, га­ран­ти­рам де­ка ќе се слу­чи. Има­те прем­но­гу ре­сур­си. Има­те ри­ба, зе­лен­чук, чи­ста во­да, из­во­ри… Све­жа­та во­да е мно­гу важ­на. Во­да­та во ид­ни­на ќе би­де ка­ко на­фта­та. Ид­ни­те вој­ни ќе се во­дат за во­да, не за на­фта, а ова ме­сто изо­би­лу­ва со све­жа во­да. Има­те пла­ни­ни, мож­но­сти за ски­ја­ње, лет­ни од­мо­ра­­ли­шта, пла­жи, има­те ве­ге­та­ци­ја, огром­но ко­ли­чес­тво ве­ге­та­ци­ја. Ја са­кам Ма­ке­до­ни­ја по­ра­ди при­род­ни­те бо­гат­ства. Мис­лам де­ка е пре­крас­на. Да­ли за прв­пат со­ра­бо­ту­ва­те со Емин Џи­јан? Де­рик Меј: Да, та­ка е. Се ос­тва­ри­ја ли Ва­ши­те оче­ку­ва­ња? Да­ли го оче­ку­ва­вте ток­му ова, или, пак, мо­же­би не­што по­мал­ку, или мо­же­би по­ве­ќе…? Де­рик Меј: Пред сѐ, што се од­не­су­ва до оваа пр­ва со­ра­бо­тка со Емин Џи­јан, по­ве­ќе од ед­на го­ди­на раз­го­ва­рав­ме за тоа. Не­мав­ме мож­ност мно­гу да веж­ба­ме, по­ра­ди ме­не, не по­ра­ди не­го. Бев пре­за­фа­тен. И тој е за­фа­тен, но јас не мо­жев да се срет­нам со не­го и да го на­пра­ви­ме тоа по­до­бро. Тој е полн со раз­би­ра­ње, от­пу­штен, дру­же­љу­бив, не му вли­јае при­ти­со­кот, се ос­ло­бо­ду­ва од не­го. Тој е јо­га-тип. Знае ка­ко да се от­пу­шти и тоа соз­да­ва из­во­нред­на енер­ги­ја око­лу не­го. Соз­да­ва чув­ство на до­вер­ба, чув­ство де­ка ра­бо­ти­те се ос­твар­ли­ви: не гри­жи се, ди­ши! Ток­му за­тоа ми бе­ше мно­гу ми­ло да ра­бо­там со не­го и мис­лам де­ка кол­ку што по­ве­ќе ќе ра­бо­ти­ме за­ед­но, тол­ку по­до­бро ќе би­де шо­у­то. На­ви­сти­на ве­ру­вам во тоа де­ка овој кон­церт ќе го из­ве­де­ме се­ка­де низ све­тот. Има­вте уште еден дел од пра­ша­ње­то? Го оче­ку­ва­вте ток­му ова, или, пак, мо­же­би не­што по­мал­ку, или по­ве­ќе…? Де­рик Меј: Што се од­не­су­ва до мо­и­­те оче­ку­ва­ња од шо­у­то, бев за­гри­жен. Са­мо са­кав да не го раз­о­ча­рам ор­ке­ста­рот. Тоа за ме­не бе­ше мно­гу важ­но. Имав три­е­сет лу­ѓе зад ме­не, кои пра­веа сè. Веж­баа во еден ча­сот на­у­тро. Веж­баа во Ан­тич­ки­от те­а­тар во еден или два ча­сот на­у­тро. Си мис­лев: не сме­ам да ги раз­о­ча­рам овие про­фе­си­о­нал­ци! Мо­ра да им го да­дам нај­до­бро­то од се­бе! Тоа го сфа­тив мно­гу се­ри­оз­но. Са­кав са­мо да не по­тфр­лам, да ги ис­пол­нам нив­ни­те оче­ку­ва­ња. Бев мно­гу за­до­во­лен од крај­ни­от ре­зул­тат. Но, пак ќе ка­жам, ќе би­де уште по­до­бро. Мо­јот на­стап ќе би­де по­до­брен. Ко­га ќе го по­до­бри­те, ќе дој­де­те ли пак во Ма­ке­до­ни­ја? Де­рик Меј: Да! Се раз­би­ра! Ќе дој­дам ов­де, ви га­ран­ти­рам! Во Охрид? Де­рик Меј: Да, во Охрид! Да­ли со­ра­бо­ту­ва­те и со дру­ги ма­ке­дон­ски му­зи­ча­ри? Де­рик Меј: Не. Најб­ли­зу до тоа би­ло што сме ос­тва­ри­ле кон­такт, сме се спри­ја­те­ли­ле, сме се по­вр­за­ле. Се­ка­ко, ко­га сум во Скоп­је, „Из­лет“ е ме­сто­то за кре­а­тив­но дру­же­ње. Та­му си­те ќе ги срет­неш. Мож­но е еден ден да има­ме по­го­ле­ма со­ра­бо­тка, но се­га, це­ла­та мо­ја енер­ги­ја е на­со­че­на са­мо кон ор­ке­ста­рот. За крај, не­ма да Ве за­др­жу­вам по­ве­ќе, ка­де во Ма­ке­до­ни­ја го про­ба­вте нај­вкус­но­то ја­де­ње и да­ли про­ба­вте ма­ке­дон­ска ра­ки­ја? Де­рик Меј: Не пи­јам ра­ки­ја. Мно­гу е сил­на! Не Ви се до­па­ѓа? Де­рик Меј: Не ја пи­јам! По­ве­ќе са­кам ви­но. Ед­но­став­но, не мо­жам да ја пи­јам. Да­ли Ви се до­па­ѓа­ат ма­ке­дон­ски­те ви­на? Де­рик Меј: Да, ги пи­јам. Ште­та е да по­ра­ча­те фран­цу­ско ви­но ко­га сте во Ма­ке­до­ни­ја. Се на­ра­чу­ва до­маш­но ви­но. Ко­га сум во Охрид, ја­дам ри­ба. Ко­га сум во Скоп­је, пак ја­дам ри­ба. Се­ко­гаш ја­дам ри­ба. Иа­ко Скоп­је не е нај­до­бро ме­сто за ри­ба, ние, се­пак, на­о­ѓа­ме до­бра ри­ба, си на­ра­чу­ва­ме. Но, ко­га сум ов­де, ја­дам ри­ба ток­му од ова езе­ро. Не знам ка­ко точ­но се на­ре­ку­ва ов­де, но на анг­ли­ски е „perch“ (н.з. гр­геч). Ро­зо­ва е. Па­стрм­ка! Де­рик Меј: Да, па­стрм­ка! Ја­дев на не­кои ме­ста, но ја при­го­тву­ва­ат прем­но­гу су­ва. Не ми се до­па­ѓа та­ка. Са­кам уба­ва и ме­ка ри­ба. Ме раз­би­ра­те… Но, мис­лам де­ка има­те и гр­геч. Има­те по­ве­ќе ви­до­ви ри­ба. Си­те ги са­кам. Дај ми ри­ба, си­ре­ње, кра­ста­ви­ци, до­ма­ти! Ах, до­ма­ти­те! На­ју­ба­ви­те до­ма­ти на све­тот! Бев во Ја­по­ни­ја пред че­ти­ри де­на. Ква­ли­те­тот на хра­на­та ов­де е по­до­бар откол­ку во Ја­по­ни­ја. Но, ја­пон­ска­та куј­на е по­себ­на. Им­пре­сив­но е ка­ко зем­ја со тол­ку мно­гу жи­те­ли ка­ко Ја­по­ни­ја е спо­соб­на да про­из­ве­де тол­ку ква­ли­тет­на хра­на. Се на­де­вам де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе го за­др­жи ви­со­ки­от ква­ли­тет на зе­лен­чу­кот, ри­ба­та, од­лич­но­то ме­со. Го обо­жа­вам!   Разговараше: Невена Поповска Фото: Александар Ивановски (Интервјуто со Дерик Меј е објавено во 101. број на неделникот Република, 8.08.2014)  

The post Дерик Меј: За првпат настапив со Филхармонија и се трудев да не ја разочарам appeared first on Република.

]]>
Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија на 2 август ќе настапат на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро https://republika.mk/scena/muzika/derik-mej-i-najdobrite-artisti-od-makedonija-na-2-avgust-ke-nastapat-na-plazhata-dupeni-na-prespanskoto-ezero/ Tue, 01 Aug 2023 08:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=667516

Во рамките на проектот “120 Години Илинден” легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија на 2 август ќе настапат на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро. Ветуваат комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера.

Навистина е радосно да се знае дека мојата музика допре до толку многу луѓе, не само во Детроит, мојот роден град, туку и во Македонија и други делови од светот. Техно музиката, отсекогаш била за кршење на границите и поврзување на луѓето. Сведочењето на глобалното влијание на мојата музика ја потврдува универзалноста на техното и неговата способност да ги спои различните култури на подиумот. Се чувствувам неверојатно благодарен за поддршката и љубовта од моите фанови ширум светот, рече Меј на средбата со новинарите.

 

По потекло од родното место на техното, Детроит, Мичиген, САД, а придонесот на Дерик Меј во светот на музиката не се ништо помалку од револуционерни. Како еден од основачите на техно движењето во Детроит, тој го обликуваше текот на електронската музика, кревајќи ја до нови височини и воодушевувајќи ја публиката ширум светот со неговиот препознатлив звук.

Од андерграунд клубовите во Детроит до меѓународните сцени, неговите настапи резонираа со безброј обожаватели, премостувајќи ги културните празнини и обединувајќи ги луѓето преку универзалниот јазик на музиката.

Дерик Меј за прва пат дојде во Македонија пред точно 23 години, непосредно по осамостојувањето, по покана на македонскиот DJ Огнен Узуновски.

Од денешна дистанца, можам да кажам дека беше храброст да се дојде тогаш на Балканот, во Македонија. Имаше воен конфликт, со мене во авионот се сеќавам се возеа војници, а на царинска контрола не можеа да разберат зошто доаѓам со куфери полни со плочи. Но, таа средба со Македонија и неколкумина личности меѓу кои е Огнен, беше клучна да се вљубам во земјата која ми покажа силно гостопримство. Бев воодушевен од енергичната култура, богатата историја и вистинската страст за музиката што ја почувствував за време на таа посета. Енергијата на фановите беше заразна, а линкот што го направивме на таа прва историска журка во Градиште, беше неспоредлива.

Тоа искуство ми го продлабочи мојот став дека нема мала или голема земја, кога станува збор за техно музиката. Ми ги отвори очите за моќта на музиката на една нација која и во време на конфликт и воена криза сака да биде дел од светот. Од таа посета, секогаш со нетрпение очекував да се вратам во оваа прекрасна земја и да ја споделам мојата страст кон она што го правам, вели Меј.

 

The post Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија на 2 август ќе настапат на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро appeared first on Република.

]]>

Во рамките на проектот “120 Години Илинден” легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија на 2 август ќе настапат на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро. Ветуваат комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера.
Навистина е радосно да се знае дека мојата музика допре до толку многу луѓе, не само во Детроит, мојот роден град, туку и во Македонија и други делови од светот. Техно музиката, отсекогаш била за кршење на границите и поврзување на луѓето. Сведочењето на глобалното влијание на мојата музика ја потврдува универзалноста на техното и неговата способност да ги спои различните култури на подиумот. Се чувствувам неверојатно благодарен за поддршката и љубовта од моите фанови ширум светот, рече Меј на средбата со новинарите.
  По потекло од родното место на техното, Детроит, Мичиген, САД, а придонесот на Дерик Меј во светот на музиката не се ништо помалку од револуционерни. Како еден од основачите на техно движењето во Детроит, тој го обликуваше текот на електронската музика, кревајќи ја до нови височини и воодушевувајќи ја публиката ширум светот со неговиот препознатлив звук. Од андерграунд клубовите во Детроит до меѓународните сцени, неговите настапи резонираа со безброј обожаватели, премостувајќи ги културните празнини и обединувајќи ги луѓето преку универзалниот јазик на музиката. Дерик Меј за прва пат дојде во Македонија пред точно 23 години, непосредно по осамостојувањето, по покана на македонскиот DJ Огнен Узуновски.
Од денешна дистанца, можам да кажам дека беше храброст да се дојде тогаш на Балканот, во Македонија. Имаше воен конфликт, со мене во авионот се сеќавам се возеа војници, а на царинска контрола не можеа да разберат зошто доаѓам со куфери полни со плочи. Но, таа средба со Македонија и неколкумина личности меѓу кои е Огнен, беше клучна да се вљубам во земјата која ми покажа силно гостопримство. Бев воодушевен од енергичната култура, богатата историја и вистинската страст за музиката што ја почувствував за време на таа посета. Енергијата на фановите беше заразна, а линкот што го направивме на таа прва историска журка во Градиште, беше неспоредлива. Тоа искуство ми го продлабочи мојот став дека нема мала или голема земја, кога станува збор за техно музиката. Ми ги отвори очите за моќта на музиката на една нација која и во време на конфликт и воена криза сака да биде дел од светот. Од таа посета, секогаш со нетрпение очекував да се вратам во оваа прекрасна земја и да ја споделам мојата страст кон она што го правам, вели Меј.
 

The post Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија на 2 август ќе настапат на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро appeared first on Република.

]]>
„120 години Илинден“: Дерик Меј најави комплетно различно музичко доживување на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро за 2 Август https://republika.mk/scena/muzika/120-godini-ilinden-derik-mej-najavi-kompletno-razlichno-muzichko-dozhivuvane-na-plazhata-dupeni-na-prespanskoto-ezero-za-2-avgust/ Sat, 29 Jul 2023 11:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=666615

Станува збор за проектот “120 Години Илинден” каде главни протагонисти се легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера во продукција на Баланс. На неколку денови пред овој настан, во Битола вчера се појави лично Дерик Меј на прес конференција во битолското култно кафуле Јагода.

 

Навистина е радосно да се знае дека мојата музика допре до толку многу луѓе, не само во Детроит, мојот роден град, туку и во Македонија и други делови од светот. Техно музиката, отсекогаш била за кршење на границите и поврзување на луѓето. Сведочењето на глобалното влијание на мојата музика ја потврдува универзалноста на техното и неговата способност да ги спои различните култури на подиумот. Се чувствувам неверојатно благодарен за поддршката и љубовта од моите фанови ширум светот„ - истакна Меј на средбата со новинарите.

 

По потекло од родното место на техното, Детроит, Мичиген, САД, а придонесот на Дерик Меј во светот на музиката не се ништо помалку од револуционерни. Како еден од основачите на техно движењето во Детроит, тој го обликуваше текот на електронската музика, кревајќи ја до нови височини и воодушевувајќи ја публиката ширум светот со неговиот препознатлив звук.

Од андерграунд клубовите во Детроит до меѓународните сцени, неговите настапи резонираа со безброј обожаватели, премостувајќи ги културните празнини и обединувајќи ги луѓето преку универзалниот јазик на музиката.

На прес конференцијата, Дерик Меј се потсети на неговото прво доаѓање во Македонија пред точно 23 години, непосредно по осамостојувањето, по покана на македонскиот DJ Огнен Узуновски.

Од денешна дистанца, можам да кажам дека беше храброст да се дојде тогаш на Балканот, во Македонија. Имаше воен конфликт, со мене во авионот се сеќавам се возеа војници, а на царинска контрола не можеа да разберат зошто доаѓам со куфери полни со плочи. Но, таа средба со Македонија и неколкумина личности меѓу кои е Огнен, беше клучна да се вљубам во земјата која ми покажа силно гостопримство. Бев воодушевен од енергичната култура, богатата историја и вистинската страст за музиката што ја почувствував за време на таа посета. Енергијата на фановите беше заразна, а линкот што го направивме на таа прва историска журка во Градиште, беше неспоредлива.

Тоа искуство ми го продлабочи мојот став дека нема мала или голема земја, кога станува збор за техно музиката. Ми ги отвори очите за моќта на музиката на една нација која и во време на конфликт и воена криза сака да биде дел од светот. Од таа посета, секогаш со нетрпение очекував да се вратам во оваа прекрасна земја и да ја споделам мојата страст кон она што го правам„- додаде Меј.

 

На прес конференцијата, организаторот Balance ги најави и македонските диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару кои на 2 Август ќе бидат во Преспа.

 

2 Август – Илинден е датумот кој го поврзува и американскиот DJ Дерик Меј со Македонија бидејќи во 2014 година, во рамките на проектот „Musica Universalis“ и во продукција на „Баланс“ настапи во Античкиот Тетар во Охрид заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин.  Подоцна се реализираа повеќе концерти во Гент, Париз, Ница, Детроит, Мец, Мелбурн. Во 2016та година проектот беше дел од фестивалот 9ет во Белград, кога настапуваа Хуан Аткинс заедно со Белградската Филхармонија, а во 2019 проектот за прв пат беше претставен и во Лондон. Македонија е подготвена уште еднаш да биде сведок на извонредна фузија на историјата, музиката и културата за овој историски празник.

Концертот ќе биде одржан во несекојдневен сценски простор, покрај Преспанското крајбрежје кое ќе придонесе за една друга димензија на проектот. 2 Август е денот кога музиката и историјата ќе се спојат, а и ќе прославиме 23 години од првата забава на Balance и 120 години Илинден, денот кога борбата за самостојност почна да се оформува во независна и самостојна држава„ - истакна Сашо Узуновски еден од организаторите на овој настан.

Инаку, во придружба на Меј деновиве е и продукција а екипа која подготвува филм со работен наслов „Скопски Баланс„ посветен на 23 години од работата на оваа промотерска куќа, филм во кој Меј ќе има значајна улога

The post „120 години Илинден“: Дерик Меј најави комплетно различно музичко доживување на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро за 2 Август appeared first on Република.

]]>

Станува збор за проектот “120 Години Илинден” каде главни протагонисти се легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера во продукција на Баланс. На неколку денови пред овој настан, во Битола вчера се појави лично Дерик Меј на прес конференција во битолското култно кафуле Јагода.  
Навистина е радосно да се знае дека мојата музика допре до толку многу луѓе, не само во Детроит, мојот роден град, туку и во Македонија и други делови од светот. Техно музиката, отсекогаш била за кршење на границите и поврзување на луѓето. Сведочењето на глобалното влијание на мојата музика ја потврдува универзалноста на техното и неговата способност да ги спои различните култури на подиумот. Се чувствувам неверојатно благодарен за поддршката и љубовта од моите фанови ширум светот„ - истакна Меј на средбата со новинарите.
  По потекло од родното место на техното, Детроит, Мичиген, САД, а придонесот на Дерик Меј во светот на музиката не се ништо помалку од револуционерни. Како еден од основачите на техно движењето во Детроит, тој го обликуваше текот на електронската музика, кревајќи ја до нови височини и воодушевувајќи ја публиката ширум светот со неговиот препознатлив звук. Од андерграунд клубовите во Детроит до меѓународните сцени, неговите настапи резонираа со безброј обожаватели, премостувајќи ги културните празнини и обединувајќи ги луѓето преку универзалниот јазик на музиката. На прес конференцијата, Дерик Меј се потсети на неговото прво доаѓање во Македонија пред точно 23 години, непосредно по осамостојувањето, по покана на македонскиот DJ Огнен Узуновски.
Од денешна дистанца, можам да кажам дека беше храброст да се дојде тогаш на Балканот, во Македонија. Имаше воен конфликт, со мене во авионот се сеќавам се возеа војници, а на царинска контрола не можеа да разберат зошто доаѓам со куфери полни со плочи. Но, таа средба со Македонија и неколкумина личности меѓу кои е Огнен, беше клучна да се вљубам во земјата која ми покажа силно гостопримство. Бев воодушевен од енергичната култура, богатата историја и вистинската страст за музиката што ја почувствував за време на таа посета. Енергијата на фановите беше заразна, а линкот што го направивме на таа прва историска журка во Градиште, беше неспоредлива. Тоа искуство ми го продлабочи мојот став дека нема мала или голема земја, кога станува збор за техно музиката. Ми ги отвори очите за моќта на музиката на една нација која и во време на конфликт и воена криза сака да биде дел од светот. Од таа посета, секогаш со нетрпение очекував да се вратам во оваа прекрасна земја и да ја споделам мојата страст кон она што го правам„- додаде Меј.
  На прес конференцијата, организаторот Balance ги најави и македонските диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару кои на 2 Август ќе бидат во Преспа.   2 Август – Илинден е датумот кој го поврзува и американскиот DJ Дерик Меј со Македонија бидејќи во 2014 година, во рамките на проектот „Musica Universalis“ и во продукција на „Баланс“ настапи во Античкиот Тетар во Охрид заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин.  Подоцна се реализираа повеќе концерти во Гент, Париз, Ница, Детроит, Мец, Мелбурн. Во 2016та година проектот беше дел од фестивалот 9ет во Белград, кога настапуваа Хуан Аткинс заедно со Белградската Филхармонија, а во 2019 проектот за прв пат беше претставен и во Лондон. Македонија е подготвена уште еднаш да биде сведок на извонредна фузија на историјата, музиката и културата за овој историски празник. Концертот ќе биде одржан во несекојдневен сценски простор, покрај Преспанското крајбрежје кое ќе придонесе за една друга димензија на проектот. 2 Август е денот кога музиката и историјата ќе се спојат, а и ќе прославиме 23 години од првата забава на Balance и 120 години Илинден, денот кога борбата за самостојност почна да се оформува во независна и самостојна држава„ - истакна Сашо Узуновски еден од организаторите на овој настан. Инаку, во придружба на Меј деновиве е и продукција а екипа која подготвува филм со работен наслов „Скопски Баланс„ посветен на 23 години од работата на оваа промотерска куќа, филм во кој Меј ќе има значајна улога

The post „120 години Илинден“: Дерик Меј најави комплетно различно музичко доживување на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро за 2 Август appeared first on Република.

]]>
Дерик Меј на плажата „Дупени“ за „120 години Илинден“ https://republika.mk/scena/muzika/derik-mej-na-plazhata-dupeni-za-120-godini-ilinden/ Tue, 25 Jul 2023 09:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=664998

За проектот “120 Години Илинден” каде главни протагонисти се легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера.

Пред публиката своите сетови ќе ги претстават најдобрите македонски диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару.

Ѕвезда на вечерта е легендарниот американски DJ Дерик Меј, пионер на електронската музика и еден од основачите на техното, кој остави низбришлива трага ширум светот и во Македонија со неговите револуционерни продукции и изведби. Сите негови настапи во Македонија, без исклучок, се незаборавни по многу нешта а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава.

Меј настапи за празникот и во 2014 година, во рамките на проектот „Musica Universalis“ и во режија на „Баланс“ во Античкиот Тетар во Охрид заедно со македонската Филхармонија и под диригентската палка на врвниот Џијан Емин. На уникатната музика и визулено шоу сведоци беа неколку илјади посетители кои речиси до последно место го исполнија Античкиот театар.

The post Дерик Меј на плажата „Дупени“ за „120 години Илинден“ appeared first on Република.

]]>

За проектот “120 Години Илинден” каде главни протагонисти се легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера.
Пред публиката своите сетови ќе ги претстават најдобрите македонски диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару.
Ѕвезда на вечерта е легендарниот американски DJ Дерик Меј, пионер на електронската музика и еден од основачите на техното, кој остави низбришлива трага ширум светот и во Македонија со неговите револуционерни продукции и изведби. Сите негови настапи во Македонија, без исклучок, се незаборавни по многу нешта а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава. Меј настапи за празникот и во 2014 година, во рамките на проектот „Musica Universalis“ и во режија на „Баланс“ во Античкиот Тетар во Охрид заедно со македонската Филхармонија и под диригентската палка на врвниот Џијан Емин. На уникатната музика и визулено шоу сведоци беа неколку илјади посетители кои речиси до последно место го исполнија Античкиот театар.

The post Дерик Меј на плажата „Дупени“ за „120 години Илинден“ appeared first on Република.

]]>