Денис Јанкуловски Archives - Република https://republika.mk/tema/denis-jankulovski/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 08:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денис Јанкуловски Archives - Република https://republika.mk/tema/denis-jankulovski/ 32 32 Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“ https://republika.mk/vesti/skopje/denis-kosmonautko-organizira-inkluziven-nastan-narechen-peshachime-za-poddrshka/ Wed, 25 Sep 2024 08:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=819457

На 5 октомври од 11 до 13 часот, Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје познат како Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“. Јанкуловски ги кани сите граѓани да му се придружат на прошетката која ќе започне од споменикот на Гоце Делчев, ќе се движи низ Градскиот парк до хотелот „Александар палас“. Целта на настанот, како што вели тој, е да им се даде поддршка на лицата со атипичен развој.

Сакаш да дадеш поддршка за различностите?
Ти недостасува дружбата со пријателите и другарите?
Ти недостасува рекреација?
05.10 е датумот на кој можеш овие работи да ги комбинираш и оствариш.
Каде - во градски парк Скопје, прошетка од споменикот на Гоце Делчев низ парк до хотел Александар Палас
Кое време - од 11 до 13ч, збирно место 11ч кај споменикот на Гоце Делчев кај фонтаната
Зошто - 1. за да дадеме поддршка на нашите атипични другарчиња и нивните семејства, уште еднаш да покажеме дека ние сме тука за нив
2. за да се видиме и помуабетиме во една опуштена и релаксирана атмосфера, да прашаме, да се запознаеме, да дознаеме како ние може да придонесеме.
3. за да се релаксираме од глупостите и мачнотии со кои сме бомбардирани
Кој е поканет - сите, тоа значи атипични, типични, мали и големи, вораст од 1 месец па се' до сите месеци, со куче или точак, тивки или гласни, вакви, такви, онакви, инакви. Секакви, различни но и многу слични. А сите насмеани ❤️ значи буквално секој кој сака да се дружи, да си помине убави дружбени саати и да покаже дека прифаќа и почитува.
Што треба да донесете - насмевки, прегратки, расположение и многу многу љубов
Битно - Пешачиме онаму каде можат сите да се движат.
Идејата е вакви дружби да правиме секогаш кога ќе ни дозволат временските услови, да стане еден вид традиција. Неформални, опуштени, разговорни, другарски. Оваа дружба на 05.10 ја правиме во сабота заради други фактори, но начелно „Пешачиме за поддршка“ ќе биде во недела, независно дали е секоја недела, еднаш или двапати месечно. Ве чекаме на прошетка муабет - стои во објавата за настанот организиран од Денис Космонаутко.

The post Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“ appeared first on Република.

]]>

На 5 октомври од 11 до 13 часот, Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје познат како Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“. Јанкуловски ги кани сите граѓани да му се придружат на прошетката која ќе започне од споменикот на Гоце Делчев, ќе се движи низ Градскиот парк до хотелот „Александар палас“. Целта на настанот, како што вели тој, е да им се даде поддршка на лицата со атипичен развој.
Сакаш да дадеш поддршка за различностите? Ти недостасува дружбата со пријателите и другарите? Ти недостасува рекреација? 05.10 е датумот на кој можеш овие работи да ги комбинираш и оствариш. Каде - во градски парк Скопје, прошетка од споменикот на Гоце Делчев низ парк до хотел Александар Палас Кое време - од 11 до 13ч, збирно место 11ч кај споменикот на Гоце Делчев кај фонтаната Зошто - 1. за да дадеме поддршка на нашите атипични другарчиња и нивните семејства, уште еднаш да покажеме дека ние сме тука за нив 2. за да се видиме и помуабетиме во една опуштена и релаксирана атмосфера, да прашаме, да се запознаеме, да дознаеме како ние може да придонесеме. 3. за да се релаксираме од глупостите и мачнотии со кои сме бомбардирани Кој е поканет - сите, тоа значи атипични, типични, мали и големи, вораст од 1 месец па се' до сите месеци, со куче или точак, тивки или гласни, вакви, такви, онакви, инакви. Секакви, различни но и многу слични. А сите насмеани ❤️ значи буквално секој кој сака да се дружи, да си помине убави дружбени саати и да покаже дека прифаќа и почитува. Што треба да донесете - насмевки, прегратки, расположение и многу многу љубов Битно - Пешачиме онаму каде можат сите да се движат. Идејата е вакви дружби да правиме секогаш кога ќе ни дозволат временските услови, да стане еден вид традиција. Неформални, опуштени, разговорни, другарски. Оваа дружба на 05.10 ја правиме во сабота заради други фактори, но начелно „Пешачиме за поддршка“ ќе биде во недела, независно дали е секоја недела, еднаш или двапати месечно. Ве чекаме на прошетка муабет - стои во објавата за настанот организиран од Денис Космонаутко.

The post Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на сликовницаа „Другарко“ од Денис Јанкуловски https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-slikovnitsaa-drugarko-od-denis-jankulovski/ Fri, 10 May 2024 09:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=776678

В сабота (11 мај) од 17.00 часот во Градска библиотека "Браќа Миладиновци" – Скопје ќе се одржи промоција на сликовницата „Другарко“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко а со илустрации на Наташа Костовска.

На промоцијата ќе настапат инклузивното танцово студио „Еурека“, и Марија Савеска и Дени Жерновска.

Со авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска за сликовницата ќе разговараат книжевната критичарка Александра Јуруковска и издавачот, Дејан Трајкоски. Сликовницата „Другарко“ на неодамнешниот Саем на книгата го доби највисокото признание за општествена одговорност кое што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

Ова е една од ретките сликовници кај нас, којашто се занимава со децата со нетипичен развој. Во сликовницата, главниот јунак е детето Другарко кое има аутизам и коешто си живее во својот свет, а приказната е мајсторски раскажана, испреплетена со етички поуки за другарството, заедништвото и почитувањето на поинаквите. Боите во сликовницата се ненападни, а и фонтот е едноставен, а не разигран, со цел сликовницата да можат да ја гледаат и читаат сите деца, стоеше во образложението на жири-комисијата.

„Другарко“ е е во издание на Прозарт медиа а објавувањето е поддржано од Министерството за култура.

The post Промоција на сликовницаа „Другарко“ од Денис Јанкуловски appeared first on Република.

]]>

В сабота (11 мај) од 17.00 часот во Градска библиотека "Браќа Миладиновци" – Скопје ќе се одржи промоција на сликовницата „Другарко“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко а со илустрации на Наташа Костовска. На промоцијата ќе настапат инклузивното танцово студио „Еурека“, и Марија Савеска и Дени Жерновска. Со авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска за сликовницата ќе разговараат книжевната критичарка Александра Јуруковска и издавачот, Дејан Трајкоски. Сликовницата „Другарко“ на неодамнешниот Саем на книгата го доби највисокото признание за општествена одговорност кое што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.
Ова е една од ретките сликовници кај нас, којашто се занимава со децата со нетипичен развој. Во сликовницата, главниот јунак е детето Другарко кое има аутизам и коешто си живее во својот свет, а приказната е мајсторски раскажана, испреплетена со етички поуки за другарството, заедништвото и почитувањето на поинаквите. Боите во сликовницата се ненападни, а и фонтот е едноставен, а не разигран, со цел сликовницата да можат да ја гледаат и читаат сите деца, стоеше во образложението на жири-комисијата.
„Другарко“ е е во издание на Прозарт медиа а објавувањето е поддржано од Министерството за култура.

The post Промоција на сликовницаа „Другарко“ од Денис Јанкуловски appeared first on Република.

]]>
„Прозарт“ ја објави „Авантурите на Космонаутко“, приказни од ковид-времето на Денис Јанкуловски https://republika.mk/vesti/kultura/prozart-ja-objavi-avanturite-na-kosmonautko-prikazni-od-kovid-vremeto-na-denis-jankulovski/ Fri, 05 May 2023 11:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=637275

Издавачката куќа Прозарт медиа ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“, првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко. Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж.

За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од делегацијата на Европска Унија во Македонија. Добитник на наградата „Филантроп на годината“ за 2021 г., доделена од Horus Macedonia. Прогласен за амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 година.

Авторот ќе потпишува примероци од неговата книга на штандот на Прозарт медиа во сабота од 13 часот, на Саемот на книгата.

Објавувањето на „Авантурите на Космонаутко“ е поддржано од Министерството за култура.

 

The post „Прозарт“ ја објави „Авантурите на Космонаутко“, приказни од ковид-времето на Денис Јанкуловски appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа Прозарт медиа ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“, првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко. Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од делегацијата на Европска Унија во Македонија. Добитник на наградата „Филантроп на годината“ за 2021 г., доделена од Horus Macedonia. Прогласен за амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 година. Авторот ќе потпишува примероци од неговата книга на штандот на Прозарт медиа во сабота од 13 часот, на Саемот на книгата. Објавувањето на „Авантурите на Космонаутко“ е поддржано од Министерството за култура.  

The post „Прозарт“ ја објави „Авантурите на Космонаутко“, приказни од ковид-времето на Денис Јанкуловски appeared first on Република.

]]>
Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски ја примија државната награда „Мето Јовановски“ https://republika.mk/vesti/makedonija/lenche-zdravkin-i-denis-jankulovski-ja-primija-drzavnata-nagrada-meto-jovanovski/ Sat, 10 Dec 2022 21:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=584149

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година, што се доделува за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, денеска им беше врачена на Ленче Здравкин и на Денис Јанкуловски.

Наградите на добитниците во Кристалната сала на Собранието им ги врачи претседателката на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ Уранија Пировска, која потсети дека денеска се одбележува 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.

„Да им додели награда на луѓето кои покажаа висока свест за човековите права. Покажаа пожртвуваност во напорите да им помогнат на оние кои се најранливи и најмаргинализирани. Одлучивме да доделиме две награди оваа година затоа што сметавме дека овие двајца луѓе им помогнаа на оние кои навистина се маргинализирани – мигрантите и лицата со нетипичен развој“, рече Пировска.

Таа нагласи дека двајцата добитници и се добро познати на македонската јавност, Ленче Здравкин или Ангелот од Велес и Денис Јанкуловски познат како Космонаутко. Здравкин, како што рече, во екот на најголемата бегалска криза ги отвори вратите на својот дом, ги хранеше и им помагаше на бегалците. Додаде дека Здравкин се уште е активна и им помага на социјално загрозените семејства.

Пировска потсети дека Денис Јанкуловски во време на ковид-19, со своите пораки ги охрабруваше пациентите и укажуваше како треба соодветно да се однесуваме во една таква криза. Наградата „Мето Јовановски” му се доделува за неговите активности за инклузија на лицата со нетипичен развој.

The post Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски ја примија државната награда „Мето Јовановски“ appeared first on Република.

]]>

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година, што се доделува за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, денеска им беше врачена на Ленче Здравкин и на Денис Јанкуловски. Наградите на добитниците во Кристалната сала на Собранието им ги врачи претседателката на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ Уранија Пировска, која потсети дека денеска се одбележува 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.
„Да им додели награда на луѓето кои покажаа висока свест за човековите права. Покажаа пожртвуваност во напорите да им помогнат на оние кои се најранливи и најмаргинализирани. Одлучивме да доделиме две награди оваа година затоа што сметавме дека овие двајца луѓе им помогнаа на оние кои навистина се маргинализирани – мигрантите и лицата со нетипичен развој“, рече Пировска.
Таа нагласи дека двајцата добитници и се добро познати на македонската јавност, Ленче Здравкин или Ангелот од Велес и Денис Јанкуловски познат како Космонаутко. Здравкин, како што рече, во екот на најголемата бегалска криза ги отвори вратите на својот дом, ги хранеше и им помагаше на бегалците. Додаде дека Здравкин се уште е активна и им помага на социјално загрозените семејства. Пировска потсети дека Денис Јанкуловски во време на ковид-19, со своите пораки ги охрабруваше пациентите и укажуваше како треба соодветно да се однесуваме во една таква криза. Наградата „Мето Јовановски” му се доделува за неговите активности за инклузија на лицата со нетипичен развој.

The post Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски ја примија државната награда „Мето Јовановски“ appeared first on Република.

]]>
Доделување на државната награда „Мето Јовановски“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeluvanje-na-drzavnata-nagrada-meto-jovanovski/ Sat, 10 Dec 2022 07:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=583901

Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Мето Јовановски“.

Станува збор за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Државната награда „Мето Јовановски“ годинава им се доделува на Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин.

The post Доделување на државната награда „Мето Јовановски“ appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Мето Јовановски“. Станува збор за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Државната награда „Мето Јовановски“ годинава им се доделува на Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин.

The post Доделување на државната награда „Мето Јовановски“ appeared first on Република.

]]>
Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин – добитници на наградата „Мето Јовановски“ за 2022 https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/denis-jankulovski-i-lenche-zdravkin-dobitnici-na-nagradata-meto-jovanovski-za-2022/ Thu, 01 Dec 2022 11:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=580467

Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година, која се доделува за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Одлуката за добитниците на признанието за оваа година ја донесе одбор под претседателство на Уранија Пировска.

Државната награда „Мето Јовановски“ на годинашните добитници ќе им биде врачена на 10 декември 2022 во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

The post Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин – добитници на наградата „Мето Јовановски“ за 2022 appeared first on Република.

]]>

Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година, која се доделува за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Одлуката за добитниците на признанието за оваа година ја донесе одбор под претседателство на Уранија Пировска. Државната награда „Мето Јовановски“ на годинашните добитници ќе им биде врачена на 10 декември 2022 во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

The post Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин – добитници на наградата „Мето Јовановски“ за 2022 appeared first on Република.

]]>