Ден на мајчиниот јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-majchiniot-jazik/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 13:29:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на мајчиниот јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-majchiniot-jazik/ 32 32 Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го одбележува Денот на мајчиниот јазик https://republika.mk/vesti/kultura/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-go-odbelezhuva-denot-na-majchiniot-jazik/ Wed, 21 Feb 2024 08:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=746546

Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска со почеток во 12 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Овој ден ќе биде одбележан и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“.

Поздравни обраќања на настанот во Институтот за македонски јазик ќе имаат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и директорката на Институтот, професор д-р Елена Јованова-Грујовска и професор д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот.

По завршувањето на настанот е предвидена и посета на спомен-собата на Мисирков.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, исто така, организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.

The post Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го одбележува Денот на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>

Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска со почеток во 12 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Овој ден ќе биде одбележан и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“. Поздравни обраќања на настанот во Институтот за македонски јазик ќе имаат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и директорката на Институтот, професор д-р Елена Јованова-Грујовска и професор д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот. По завршувањето на настанот е предвидена и посета на спомен-собата на Мисирков. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, исто така, организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.

The post Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го одбележува Денот на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Работиме посветено за да му обезбедиме долговечност на нашиот мајчин македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-rabotime-posveteno-za-da-mu-obezbedime-dolgovechnost-na-nashiot-majchin-makedonski-jazik/ Tue, 21 Feb 2023 13:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=611513

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ беше дел од свеченоста по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Во  своето обраќање пред присутните, Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го Денот на мајчиниот јазик, истакна дека во годината кога одбележуваме 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик и 120 години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков, одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, добива посебно значење.

Македонскиот јазик е нашиот идентитет, темелот и срцето на нашата нација. Имаме должност да го негуваме, да го заштитиме како наше најголемо духовно и културно наследство. Чествувањето на овој ден, кој е посветен на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот, е уште една можност да потсетиме на важноста на нашиот јазик, но и на македонската култура воопшто. Затоа што и ние, Македонците, нашиот мајчин јазик го вреднуваме како културно наследство, кое ниту се одзема ниту се дава ниту се подарува, истакна Костадиновска-Стојчевска.  

Владата и Министерството за култура, како што рече министерката за култура, во изминатиот период реализираа многу проекти преку кои покажаа грижа, љубов и почит кон нашиот мајчин, македонски јазик.

Таа потсети дека е веќе завршен еден капитален и исклучително значаен проект за дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик и  информираше дека годинава ќе добиеме и нов Закон за употреба на македонски јазик.

Годинава ќе добиеме и нов Закон за употребата на македонски јазик, со кој ќе ги зацврстиме механизмите на чување, негување, ширење и афирмација на стандардниот македонски јазик. Во оваа пригода им благодарам на вработените во Министерството за култура и на членовите на Советот за македонски јазик, кои посветено и студиозно пристапија кон изработката на квалитетно и модерно законско решение. Им благодарам и на сите професори, познавачи на македонскиот јазик, кои на јавната дебата дадоа конструктивни забелешки со кои се дооформи предлог-текстот на Законот, кој наскоро треба да влезе во владина процедура, а потоа конечно да биде усвоен од Собранието, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека денес, кога македонскиот јазик е рамноправен и во комуникацијата во Европската Унија, треба да работиме посветено за да му обезбедиме долговечност на нашиот мајчин, македонски јазик. Во тој контекст, таа додаде дека Министерството за култура, преку Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес и преку другите механизми, е доследно на оваа цел, поддржувајќи неколку проекти на Институтот за македонски јазик преку кои достојно ќе биде одбележан неговиот седумдецениски јубилеј и посветеноста во зачувувањето и промовирањето на македонскиот јазик.

На свеченоста, на која присуствуваа членови на семејствата на Ацо Шопов, и на Мисирков, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се обратија и директорката на Институтот за македонски јазик, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски,  и проф. д-р Лидија Тантуровска.

The post Костадиновска-Стојчевска: Работиме посветено за да му обезбедиме долговечност на нашиот мајчин македонски јазик appeared first on Република.

Муцунски: Борбата за јазикот и писменоста е борба за душата на народот и македонскиот идентитет https://republika.mk/vesti/skopje/mutsunski-borbata-za-jazikot-i-pismenosta-e-borba-za-dushata-na-narodot-i-makedonskiot-identitet/ Tue, 21 Feb 2023 12:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=611505

Со рецитирање на „Тешкото“ и „Везилка“ како стихови на еден од великаните на современата македонска историја, учениците од основното училиште „Блаже Конески“ денеска го отворија настанот кој се организира во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој со поддршка на УНЕСКО се одржува на 21 февруари секоја година.

На настанот свое обраќање имаше Градоначалникот Тимчо Муцунски, кој се заблагодари на учениците и наставниот кадар за придонесот кои тие го даваат за чување и негување на македонскиот јазик.

Јазикот е духовна татковина и комуникациски код, преку кој ја изразуваме својата посебност – почитта кон својот мајчин јазик е почит кон традицијата и кон предците што го зачувале јазикот. Преку јазикот, на автентичен начин им го пренесуваме на идните поколенија она што сме го наследиле од нашите предци. Оттука, борбата за јазикот и писменоста е борба за душата на народот, истакна Муцунски.

Освен Муцунски свои обраќања и посвети кон важноста од обележување на Денот на мајчиниот јазик имаа директорката на училиштето Виолета Ристовска, одделенскиот наставник и добитникот на наградата „13 ноември“ Јадранка Клисарова, Снежана Петрова Џамбазова од Институтот за македонски јазик и Татјана Димовска Атанасова од ARS Lamina.

Како дел од активностите за одбележување на Меѓународниот ден беа презентирани и наградените стихотворби напишани од учениците на општинскиот конкурс на темата „Јазикот на мојот дедо и прадедо“. Во стилот на Блаже Конески и другите македонски писатели, тие ги рецитираа творбите посветени на важноста од зачувувањето на писменоста, делата на нашите предци и посебноста на македонскиот јазик, народ и идентитет.

The post Муцунски: Борбата за јазикот и писменоста е борба за душата на народот и македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Со рецитирање на „Тешкото“ и „Везилка“ како стихови на еден од великаните на современата македонска историја, учениците од основното училиште „Блаже Конески“ денеска го отворија настанот кој се организира во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој со поддршка на УНЕСКО се одржува на 21 февруари секоја година. На настанот свое обраќање имаше Градоначалникот Тимчо Муцунски, кој се заблагодари на учениците и наставниот кадар за придонесот кои тие го даваат за чување и негување на македонскиот јазик.
Јазикот е духовна татковина и комуникациски код, преку кој ја изразуваме својата посебност – почитта кон својот мајчин јазик е почит кон традицијата и кон предците што го зачувале јазикот. Преку јазикот, на автентичен начин им го пренесуваме на идните поколенија она што сме го наследиле од нашите предци. Оттука, борбата за јазикот и писменоста е борба за душата на народот, истакна Муцунски.
Освен Муцунски свои обраќања и посвети кон важноста од обележување на Денот на мајчиниот јазик имаа директорката на училиштето Виолета Ристовска, одделенскиот наставник и добитникот на наградата „13 ноември“ Јадранка Клисарова, Снежана Петрова Џамбазова од Институтот за македонски јазик и Татјана Димовска Атанасова од ARS Lamina. Како дел од активностите за одбележување на Меѓународниот ден беа презентирани и наградените стихотворби напишани од учениците на општинскиот конкурс на темата „Јазикот на мојот дедо и прадедо“. Во стилот на Блаже Конески и другите македонски писатели, тие ги рецитираа творбите посветени на важноста од зачувувањето на писменоста, делата на нашите предци и посебноста на македонскиот јазик, народ и идентитет.

The post Муцунски: Борбата за јазикот и писменоста е борба за душата на народот и македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Елена Јованова-Грујовска: Не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни https://republika.mk/vesti/kultura/elena-jovanova-grujovska-ne-go-smetame-makedonskiot-jazik-za-zagrozen-no-gi-smetame-kartotekite-na-nashiot-institut-za-neprotsenlivo-vazhni/ Tue, 21 Feb 2023 12:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=611501

Македонскиот јазик е нашиот идентитет, темелот и срцето на нашата нација. Имаме должност да го негуваме, да го заштитиме како наше најголемо духовно и културно наследство, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Посочи дека Владата и Министерството за култура се посветени на оваа цел и неодамна е завршен капитален проект за дигитализација на лексичкиот материјал од картотеките на Институтот со што трајно се заштитени оригинални записи на македонски јазик.

Годинава ќе добиеме и нов закон за употреба на македонскиот јазик со кој ќе ги зацврстиме механизмите на чување, негување, ширење и афирмација на стандардниот македонски јазик, рече министерката, додавајќи дека членовите на Советот за македонски јазик посветено и студиозно пристапиле кон изработка на квалитетно и модерно законско решение.

По јавната дебата на која, како што рече, биле дадени конструктивни забелешки за дооформување на Предлог-законот, тој наскоро ќе биде во владина процедура, а потоа на усвојување во Собранието.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски во поздравното обраќање истакна дека секој треба да го негува и да му оддава почит на својот мајчин јазик, а доколку го цениме сопственото, рече тој, ќе може да го почитуваме и другото. Мајчиниот јазик, додаде Јанкуловски, е мост преку кој се поврзуваме со други јазици и други култури.

Секој има право да го користи својот мајчин јазик, да ги чува спомените, традициите и размислувањата кои се вградени во неговиот јазичен код. Јазикот е културно наследство во кое се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Мајчините јазици со својата разноликост го прошируваат нашиот светоглед и се исклучително важни за идентитетот на секоја личност, рече ректорот.

Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, истакна дека во интензивната глобализација, на многу „мали“ јазици им се заканува исчезнување.

Научниците препорачуваат архивирање и документирање на загрозените јазици. Ние не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни. Затоа, со финансиска поддршка од Владата и Министерството за култура, архивиравме пет милиони ливчиња со лексиколошки, ономастички, дијалектолошки и црковнословенски записи за сегашните и идните генерации, рече Јованова-Грујовска.

Во богатиот јазичен материјал трајно заштитен со проектот за дигитализација на картотеките, додаде таа, е и поезијата на Ацо Шопов и пораката на Крсте Мисирков: „Јазикот е средство со кое ние осознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот соговорник“.

Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот, одржа час по македонски јазик на кој присуствуваа средношколци и студенти. За нив е отворен конкурс за најдобар есеј со рок за пријавување до 1 април 2023.

Темата на есејот за ученици е „Јазикот наш денешен“, а за студентите – „Шчо напраивме“. Есеите ќе се испраќаат електронски, а победниците на конкурсот ќе бидат објавени на 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Информации за конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Институтот.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик годинава се совпаѓа со 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 100 години од раѓањето на Ацо Шопов и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици.

The post Елена Јованова-Грујовска: Не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни appeared first on Република.

]]>

Македонскиот јазик е нашиот идентитет, темелот и срцето на нашата нација. Имаме должност да го негуваме, да го заштитиме како наше најголемо духовно и културно наследство, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Посочи дека Владата и Министерството за култура се посветени на оваа цел и неодамна е завршен капитален проект за дигитализација на лексичкиот материјал од картотеките на Институтот со што трајно се заштитени оригинални записи на македонски јазик.
Годинава ќе добиеме и нов закон за употреба на македонскиот јазик со кој ќе ги зацврстиме механизмите на чување, негување, ширење и афирмација на стандардниот македонски јазик, рече министерката, додавајќи дека членовите на Советот за македонски јазик посветено и студиозно пристапиле кон изработка на квалитетно и модерно законско решение.
По јавната дебата на која, како што рече, биле дадени конструктивни забелешки за дооформување на Предлог-законот, тој наскоро ќе биде во владина процедура, а потоа на усвојување во Собранието. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски во поздравното обраќање истакна дека секој треба да го негува и да му оддава почит на својот мајчин јазик, а доколку го цениме сопственото, рече тој, ќе може да го почитуваме и другото. Мајчиниот јазик, додаде Јанкуловски, е мост преку кој се поврзуваме со други јазици и други култури.
Секој има право да го користи својот мајчин јазик, да ги чува спомените, традициите и размислувањата кои се вградени во неговиот јазичен код. Јазикот е културно наследство во кое се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Мајчините јазици со својата разноликост го прошируваат нашиот светоглед и се исклучително важни за идентитетот на секоја личност, рече ректорот.
Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, истакна дека во интензивната глобализација, на многу „мали“ јазици им се заканува исчезнување.
Научниците препорачуваат архивирање и документирање на загрозените јазици. Ние не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни. Затоа, со финансиска поддршка од Владата и Министерството за култура, архивиравме пет милиони ливчиња со лексиколошки, ономастички, дијалектолошки и црковнословенски записи за сегашните и идните генерации, рече Јованова-Грујовска.
Во богатиот јазичен материјал трајно заштитен со проектот за дигитализација на картотеките, додаде таа, е и поезијата на Ацо Шопов и пораката на Крсте Мисирков: „Јазикот е средство со кое ние осознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот соговорник“. Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот, одржа час по македонски јазик на кој присуствуваа средношколци и студенти. За нив е отворен конкурс за најдобар есеј со рок за пријавување до 1 април 2023. Темата на есејот за ученици е „Јазикот наш денешен“, а за студентите – „Шчо напраивме“. Есеите ќе се испраќаат електронски, а победниците на конкурсот ќе бидат објавени на 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Информации за конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Институтот. Одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик годинава се совпаѓа со 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 100 години од раѓањето на Ацо Шопов и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков. Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик. На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици.

The post Елена Јованова-Грујовска: Не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни appeared first on Република.

]]>
Професор Марковиќ: Идентитетот е една од најважните обележја на човекот, без идентитет сме безимени https://republika.mk/vesti/makedonija/profesor-markovikj-identitetot-e-edna-od-najvaznite-obelezja-na-chovekot-bez-identitet-sme-bezimeni/ Mon, 21 Feb 2022 13:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=461523

На денешната трибина по повод Денот на мајчиниот јазик во организација на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше и проф.д-р Михајло Марковиќ од катедрата за македонски јазик при филолошкиот факултет во Тетово. Тој додаде дека јазикот освен што служи за комуникација, служи и за пренесување на разни преданија и етнокултурни елементи на идните генерации.

Преку јазикот, ние во суштина си ја сочуваме својата традиција и својот идентитет. Токму и тема на моето говорење е јазикот како идентитет на индивидуата и на колективот пред сѐ. Темелите на нашата писменост, ги поставуваат Светите браќа Кирил и Методиј. Од тука секој човек, особено Македонец треба добро да се запознае со историјата на нашиот јазик, она што денес некој се обидува да го избрише. Бидејќи во суштина најубаво се пишува, најубаво се твори, најубаво се сака на својот мајчин јазик, за разлика од она што лингвистиката како наука во постариот период го проучува, модерната лингвистика со јазикот се занимава на поинаков начин. Односно, тој функционира како жив организам и се состои како мрежа на односи помеѓу знаците, односно јазичните единици кои ги имаме. Бидејќи темата е идентитет, за идентитетот можеме да кажеме дека во суштина потекнува од латинскиот збор identiteti и се користи за изведување на множество карактеристики и елементи кои првично дефинираат но и диференцираат група на индивидуи од останатите човечки групирања. Културниот идентитет се карактеризира со тоа што е под силно влијание на околината, од сите нас кои што сме овде првично и во општеството каде што работи индивидуата поради што мора да се знае неговиот историски и културен развој. Најважен сегмент во овој елемент претставува самиот јазик. – кажа професорот Марковиќ.

Тој додаде дека јазикот се пренесува од генерација на генерација и овозможува да се изгради линк во социо-културниот аспект или рамка на сите заедници. Од тука, заедно со елементите на јазикот од културата и идентитетот се оформува и самата фигура на  индивидуата, односно нејзината култура која се оформува преку јазикот.

Идентитетот е една од најважните обележја на човекот. Без идентитет сме безимени. Губењето на тој идентитет кој што го имаме денес, ние како Македонци носи низа последици, односно отвора повеќе хомогени простори, празен простор кој во иднина може да се исполни со нешто кое не е својствено со самата индивидуа. Таквата последица во суштина најмногу нѐ интересира нас лингвистите, можноста да се изгуби јазикот кој што претставува столб и чувар на македонскиот идентитет. Ќе повторам дека, многу е важна историјата. Како што е важна историјата на културата, така и историјата на јазикот е важна за нас. – додаде професор Марковиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=juKZHmjhANc

The post Професор Марковиќ: Идентитетот е една од најважните обележја на човекот, без идентитет сме безимени appeared first on Република.

Челик: И македонскиот и турскиот и албанскиот имаат заеднички зборови https://republika.mk/vesti/makedonija/chelik-i-makedonskiot-i-turskiot-i-albanskiot-imaat-zaednichki-zborovi/ Mon, 21 Feb 2022 13:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=461518

Најпрво почнала говорната литература во смисол на песни кои се викале копус. Со писмениот говор се почнува во шестиот век. Установено е дека потекнува на Турците, и тие се најдени во Монголија кај планината Урал, тие се најдени таму, вели Махмут Челик, универзитетски професор на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, на денешната трибина насловена „Мајчиниот јазик е идентитет“ во организација на Републичката комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, говорејќи за влијанието на турскиот јазик во однос на албанскиот и македонскиот во државата.

Со оглед на тоа што живеат три националности во овој град би сакал да се осврнам на тоа кон влијанијата на едниот кон другиот јазик и од другиот кон третиот и обратно, има големо влијание на овие јазици едните кон другите, вели Челик.

Според професорот Челик македонскиот и албанскиот јазик имаа мошне големо влијание во однос на турскиот јазик посочувајќи дека и трите јазици имаат голем број на заеднички зборови.

Во Тиранскиот универзитет согласно едно истражување, еден лингвист вели дека во лексиката синтаксата на албанскиот јазик има мошне големо влијание, смета Челик.

Има големо влијание на албанскиот јазик и македонскиот јазик на турскиот, има мошне голем број на заеднички зборови, додаде тој.

https://www.youtube.com/watch?v=juKZHmjhANc

The post Челик: И македонскиот и турскиот и албанскиот имаат заеднички зборови appeared first on Република.

]]>

Најпрво почнала говорната литература во смисол на песни кои се викале копус. Со писмениот говор се почнува во шестиот век. Установено е дека потекнува на Турците, и тие се најдени во Монголија кај планината Урал, тие се најдени таму, вели Махмут Челик, универзитетски професор на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, на денешната трибина насловена „Мајчиниот јазик е идентитет“ во организација на Републичката комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, говорејќи за влијанието на турскиот јазик во однос на албанскиот и македонскиот во државата.
Со оглед на тоа што живеат три националности во овој град би сакал да се осврнам на тоа кон влијанијата на едниот кон другиот јазик и од другиот кон третиот и обратно, има големо влијание на овие јазици едните кон другите, вели Челик.
Според професорот Челик македонскиот и албанскиот јазик имаа мошне големо влијание во однос на турскиот јазик посочувајќи дека и трите јазици имаат голем број на заеднички зборови. Во Тиранскиот универзитет согласно едно истражување, еден лингвист вели дека во лексиката синтаксата на албанскиот јазик има мошне големо влијание, смета Челик.
Има големо влијание на албанскиот јазик и македонскиот јазик на турскиот, има мошне голем број на заеднички зборови, додаде тој.
https://www.youtube.com/watch?v=juKZHmjhANc

The post Челик: И македонскиот и турскиот и албанскиот имаат заеднички зборови appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Новиот патриотизам значи да се обединиме сите, христијани, муслимани, атеисти, во идејата за заедничка иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-noviot-patriotizam-znachi-da-se-obedinime-site-hristijani-muslimani-ateisti-vo-idejata-za-zaednichka-idnina/ Mon, 21 Feb 2022 13:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=461507

Денес се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, и би рекол дека нема подобро место и поважна симболика од таа да се одбележи овој ден токму тука, во градот Гостивар, место каде имаме симбиоза на традиции, култури, обичаи, општина каде официјално се говори на три јазика, каде луѓето не живеат едни покрај други, туку едни со други, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на Трибината на тема „Мајчиниот јазик е идентитет".

Место каде луѓето одлично се разбираат и имаат почит за себе, но имаат почит и кон другите. Мајчиниот јазик е најважното идентитетско обележје на еден народ и на неговата култура. Навистина тој е идентитетот на луѓето или како што Блаже Конески велеше, тој е единствената неподелена татковина, мисла која во суштина не одразува територија, туку идентитет на народ, го означува неговото постоење, богатството и е неговата лична карта пред целиот свет.
Новиот патриотизам значи да се обединиме сите, христијани, муслимани, атеисти, во идејата за заедничка иднина, тоа е Македонија за сите луѓе!, порача тој.

The post Мицкоски: Новиот патриотизам значи да се обединиме сите, христијани, муслимани, атеисти, во идејата за заедничка иднина appeared first on Република.

]]>

Денес се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, и би рекол дека нема подобро место и поважна симболика од таа да се одбележи овој ден токму тука, во градот Гостивар, место каде имаме симбиоза на традиции, култури, обичаи, општина каде официјално се говори на три јазика, каде луѓето не живеат едни покрај други, туку едни со други, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на Трибината на тема „Мајчиниот јазик е идентитет".
Место каде луѓето одлично се разбираат и имаат почит за себе, но имаат почит и кон другите. Мајчиниот јазик е најважното идентитетско обележје на еден народ и на неговата култура. Навистина тој е идентитетот на луѓето или како што Блаже Конески велеше, тој е единствената неподелена татковина, мисла која во суштина не одразува територија, туку идентитет на народ, го означува неговото постоење, богатството и е неговата лична карта пред целиот свет. Новиот патриотизам значи да се обединиме сите, христијани, муслимани, атеисти, во идејата за заедничка иднина, тоа е Македонија за сите луѓе!, порача тој.

The post Мицкоски: Новиот патриотизам значи да се обединиме сите, христијани, муслимани, атеисти, во идејата за заедничка иднина appeared first on Република.

]]>
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во посета на тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ во општина Чаир https://republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska-vo-poseta-na-trijazichnoto-osnovno-uchilishte-jashar-bej-shkupi-vo-opshtina-chair/ Mon, 21 Feb 2022 08:54:19 +0000 https://republika.mk/?p=461302

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска утринава го посети тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“, општина Чаир.

На настанот, пред министерката Костадиновска-Стојчевска, придружувана од државниот секретар од Министерство за образование и наука Анета Трпевска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, учениците ќе читаат песни од познати автори на нивниот мајчин јазик и ќе ги изложат нивните цртежи на темата „Спој на културата и јазикот низ призмата на учениците“.

The post Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во посета на тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ во општина Чаир appeared first on Република.

]]>

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска утринава го посети тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“, општина Чаир. На настанот, пред министерката Костадиновска-Стојчевска, придружувана од државниот секретар од Министерство за образование и наука Анета Трпевска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, учениците ќе читаат песни од познати автори на нивниот мајчин јазик и ќе ги изложат нивните цртежи на темата „Спој на културата и јазикот низ призмата на учениците“.

The post Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во посета на тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ во општина Чаир appeared first on Република.

]]>
Институтот за македонски јазик го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик https://republika.mk/vesti/kultura/institutot-za-makedonski-jazik-go-odbelezuva-megjunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/ Mon, 21 Feb 2022 08:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=461276

Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска во амфитеатарот на Институтот, ќе се одржи манифестација по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Чествувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик го поврзуваме со јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и поголемиот дел од програмата на манифестацијата им го посветуваме на учениците од општинските основни училишта на територијата на Град Скопје што го носат името на овој голем македонски револуционер, велат од Институтот.

На манифестацијата најавено е обраќање на министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на државниот секретар во Министерството за образование и наука  Анета Трпевска, а излагање на тема „Мајчиниот јазик, патоказ кон спознавањето“ ќе одржи проф. д-р Весна Костовска.

The post Институтот за македонски јазик го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.