делегација Archives - Република https://republika.mk/tema/delegacija/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jul 2024 07:02:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png делегација Archives - Република https://republika.mk/tema/delegacija/ 32 32 Делегација предводена од премиерот Мицкоски патува за САД на НАТО Самитот во Вашингтон https://republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-predvodena-od-premierot-mitskoski-patuva-za-sad-na-nato-samitot-vo-vashington-2/ Sun, 07 Jul 2024 06:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=794153

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО што ќе се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон. Според информациите од Владата, делегацијата ќе ја сочинуваат и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На самитот ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на НАТО, а ќе се разговара за сите проблеми и предизвици со кои се соочува Алијансата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски во петокот на НАТО работниот појадок во пресрет на Самитот во Вашингтон следната недела истакна дека ние сме благодарни што НАТО го препознава Западниот Балкан како регион од стратешка важност за Алијансата.

Цврсто веруваме дека продолжувањето на блиската координација и заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот се од суштинско значење, првенствено преку забрзување на процесите на европска и евроатлантска интеграција. Ова е од суштинско значење за зацврстувањето на стабилноста и затворањето на вакуумот кој е подобен за дестабилизирачки влијанија од трети страни - истакна Муцунски.

Муцунски, во видео објавено на својот Фејсбук профил, вчера порача дека настанот е одлична прилика да го „демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“.

Денес патуваме за САД, каде делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон. Во оваа прилика упатувам благодарност до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка. Ние и понатаму продолжуваме да бидеме кредибилен НАТО сојузник, со повеќе од 2% од БДП инвестиции во одбраната како и со поддршката која ја даваме на Украина, порача Муцунски во видео обраќање.

Засега нема информации за билатерални средби на премиерот Мицкоски и членовите на нашата делегација. Запрашан за тоа дали ќе има средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО, Мицкоски рече дека ако дојде до тоа се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.

Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде - истакна Мицкоски.

Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на

Нашиот став како Влада, потенцира тој, е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица.

Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада којашто сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави Мицкоски пред неколку дена.

Грчкиот премиер Мицотакис неодамна изјави дека очекува од новиот премиер да го користи уставното име на земјата и за внатрешна и за надворешна употреба и дека прашањетп ќе го отвори и на претстојниот Самит.

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик вчера изјави дека САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО. Тој кажа и дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе Русија и други „малигни актери“ да го искористат незадоволството на народот.

Членството во ЕУ секако е одлука на Европската Унија и нејзините земји-членки. Сепак, САД отсекогаш биле силен поборник за евроатлантските интеграции на Западен Балкан. Ние продолжуваме да ги охрабруваме земјите да ги направат потребните реформи на тој пат и да се придржуваат до меѓународните договори. Мислам дека кога постои нетрпеливост за тоа што може да биде долг процес на интеграција, тоа може да создаде можности за разочарување, и Русија и другите малигни актери да шират дезинформации и да го искористат незадоволството на народот. Значи, постои ризик дотолку повеќе што би ги охрабриле земјите да направат се` што можат за да продолжат по овој пат на евроатлантските интеграции на регионот, рече главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон.

Бјуланд во интервјуто упатува на Стејт департментот за коментари за конкретни политички прашања.

За политички проблем како овој и особено билатерален, повторно, би ве упатил на нашите колеги од Стејт департментот на САД, кои ја предводат нашата дипломатија. Од гледна точка на Одделот за одбрана, силно го поддржуваме Договорот од Преспа. И ние силно го поддржуваме членството во НАТО и придонесите на Македонија и Грција, и ќе продолжиме да правиме се` што можеме за да ги зајакнеме тие врски во Алијансата и да продолжиме да го правиме овој најуспешен и најсилен сојуз во историјата на светот, рече Бјуланд.

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Бјуланд вели дека со нетрпение ги очекува лоидерите од земјава да им се придружат на одбележувањето на 75 години од НАТО, следната недела во Вашингтон.

За Македонија, мислам да продолжи да игра водечка улога во унапредувањето на регионалната стабилност на Западен Балкан. Морам да искажам благодарност на Министерството за одбрана за придонесот на Македонија во мировната мисијата на НАТО-КФОР во Косово, во мисиите на ЕУ во Босна и Херцеговина, која помогна да се промовира стабилноста во таа земја. Го цениме придонесот на  Македонија за Украина. Дури и од земја која не е голема, таа безбедносна помош е клучна за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од бруталната и неиспровоцирана руска агресија во оваа војна која убива илјадници цивили во Украина. Затоа, со нетрпение очекувам  Македонија да се приклучи со другите сојузници на НАТО овде следната недела и повторно да прославиме 75 години од најсилниот, најуспешниот сојуз во историјата на светот, кој работи на зајакнување на нашето колективно одвраќање и одбрана. И ова е толку критичен момент и ова е навистина заложба што нашата земја, нашите граѓани ја презедоа кон Македонија и кон граѓаните на 30 други држави, да застанат едни со други и да се поддржуваат ако има конфликт внатре во НАТО од надворешен извор. И со нетрпение очекуваме да ја унапредиме и подготвиме Алијансата за заканите со кои може да се соочи во иднина, од справување со тероризмот, до предизвиците со климатските промени. И очекувам дека следната недела ќе видиме силни изјави и исклучително моќни и историски одлуки од 32 лидери на сојузници, вклучително и на  Македонија за унапредување на сите овие цели, рече Бјуланд.

Главни теми на Самитот на НАТО во Вашингтон ќе бидат обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства со земјите од индо-пацифичкиот регион.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција во пресрет на Самитот рече дека поддршката за Украина ќе биде „најитната задача“ на Алијансата и дека очекува шефовите на држави или влади на членките на Алијансата да договорат „значителен пакет“ за Киев

The post Делегација предводена од премиерот Мицкоски патува за САД на НАТО Самитот во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО што ќе се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон. Според информациите од Владата, делегацијата ќе ја сочинуваат и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На самитот ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на НАТО, а ќе се разговара за сите проблеми и предизвици со кои се соочува Алијансата. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски во петокот на НАТО работниот појадок во пресрет на Самитот во Вашингтон следната недела истакна дека ние сме благодарни што НАТО го препознава Западниот Балкан како регион од стратешка важност за Алијансата.
Цврсто веруваме дека продолжувањето на блиската координација и заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот се од суштинско значење, првенствено преку забрзување на процесите на европска и евроатлантска интеграција. Ова е од суштинско значење за зацврстувањето на стабилноста и затворањето на вакуумот кој е подобен за дестабилизирачки влијанија од трети страни - истакна Муцунски.
Муцунски, во видео објавено на својот Фејсбук профил, вчера порача дека настанот е одлична прилика да го „демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“. Денес патуваме за САД, каде делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон. Во оваа прилика упатувам благодарност до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка. Ние и понатаму продолжуваме да бидеме кредибилен НАТО сојузник, со повеќе од 2% од БДП инвестиции во одбраната како и со поддршката која ја даваме на Украина, порача Муцунски во видео обраќање. Засега нема информации за билатерални средби на премиерот Мицкоски и членовите на нашата делегација. Запрашан за тоа дали ќе има средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО, Мицкоски рече дека ако дојде до тоа се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.
Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде - истакна Мицкоски.
Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на Нашиот став како Влада, потенцира тој, е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада којашто сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави Мицкоски пред неколку дена. Грчкиот премиер Мицотакис неодамна изјави дека очекува од новиот премиер да го користи уставното име на земјата и за внатрешна и за надворешна употреба и дека прашањетп ќе го отвори и на претстојниот Самит. Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик вчера изјави дека САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО. Тој кажа и дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе Русија и други „малигни актери“ да го искористат незадоволството на народот. Членството во ЕУ секако е одлука на Европската Унија и нејзините земји-членки. Сепак, САД отсекогаш биле силен поборник за евроатлантските интеграции на Западен Балкан. Ние продолжуваме да ги охрабруваме земјите да ги направат потребните реформи на тој пат и да се придржуваат до меѓународните договори. Мислам дека кога постои нетрпеливост за тоа што може да биде долг процес на интеграција, тоа може да создаде можности за разочарување, и Русија и другите малигни актери да шират дезинформации и да го искористат незадоволството на народот. Значи, постои ризик дотолку повеќе што би ги охрабриле земјите да направат се` што можат за да продолжат по овој пат на евроатлантските интеграции на регионот, рече главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон. Бјуланд во интервјуто упатува на Стејт департментот за коментари за конкретни политички прашања. За политички проблем како овој и особено билатерален, повторно, би ве упатил на нашите колеги од Стејт департментот на САД, кои ја предводат нашата дипломатија. Од гледна точка на Одделот за одбрана, силно го поддржуваме Договорот од Преспа. И ние силно го поддржуваме членството во НАТО и придонесите на Македонија и Грција, и ќе продолжиме да правиме се` што можеме за да ги зајакнеме тие врски во Алијансата и да продолжиме да го правиме овој најуспешен и најсилен сојуз во историјата на светот, рече Бјуланд. Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Бјуланд вели дека со нетрпение ги очекува лоидерите од земјава да им се придружат на одбележувањето на 75 години од НАТО, следната недела во Вашингтон. За Македонија, мислам да продолжи да игра водечка улога во унапредувањето на регионалната стабилност на Западен Балкан. Морам да искажам благодарност на Министерството за одбрана за придонесот на Македонија во мировната мисијата на НАТО-КФОР во Косово, во мисиите на ЕУ во Босна и Херцеговина, која помогна да се промовира стабилноста во таа земја. Го цениме придонесот на  Македонија за Украина. Дури и од земја која не е голема, таа безбедносна помош е клучна за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од бруталната и неиспровоцирана руска агресија во оваа војна која убива илјадници цивили во Украина. Затоа, со нетрпение очекувам  Македонија да се приклучи со другите сојузници на НАТО овде следната недела и повторно да прославиме 75 години од најсилниот, најуспешниот сојуз во историјата на светот, кој работи на зајакнување на нашето колективно одвраќање и одбрана. И ова е толку критичен момент и ова е навистина заложба што нашата земја, нашите граѓани ја презедоа кон Македонија и кон граѓаните на 30 други држави, да застанат едни со други и да се поддржуваат ако има конфликт внатре во НАТО од надворешен извор. И со нетрпение очекуваме да ја унапредиме и подготвиме Алијансата за заканите со кои може да се соочи во иднина, од справување со тероризмот, до предизвиците со климатските промени. И очекувам дека следната недела ќе видиме силни изјави и исклучително моќни и историски одлуки од 32 лидери на сојузници, вклучително и на  Македонија за унапредување на сите овие цели, рече Бјуланд. Главни теми на Самитот на НАТО во Вашингтон ќе бидат обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства со земјите од индо-пацифичкиот регион. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција во пресрет на Самитот рече дека поддршката за Украина ќе биде „најитната задача“ на Алијансата и дека очекува шефовите на држави или влади на членките на Алијансата да договорат „значителен пакет“ за Киев

The post Делегација предводена од премиерот Мицкоски патува за САД на НАТО Самитот во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила https://republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-od-kabinetot-na-pretsedatelot-oddade-pochit-na-osumtemina-armiski-rezervisti-zaginati-kaj-lubotenski-bachila/ Thu, 10 Aug 2023 10:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=670723

Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, по повод 22-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред споменикот на Томислав Настевски во Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во Волково, пред спомен-обележјето во Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

The post Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила appeared first on Република.

]]>

Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, по повод 22-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред споменикот на Томислав Настевски во Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во Волково, пред спомен-обележјето во Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

The post Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила appeared first on Република.

]]>
На Мечкин Камен делегацијата на власта исвиркана, а делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, дочекана со овации https://republika.mk/vesti/makedonija/na-mechkin-kamen-delegatsijata-na-vlasta-isvirkana-a-delegatsijata-na-vmro-dpmne-dochekana-so-ovatsii/ Wed, 02 Aug 2023 12:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=667908

На Мечкин Камен делегацијата на власта исвиркана, а делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, дочекана со овации

The post На Мечкин Камен делегацијата на власта исвиркана, а делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, дочекана со овации appeared first on Република.

]]>

На Мечкин Камен делегацијата на власта исвиркана, а делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, дочекана со овации

The post На Мечкин Камен делегацијата на власта исвиркана, а делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, дочекана со овации appeared first on Република.

]]>
Делегација на СДСМ по повод Денот на Републиката оддаде почит на Пелинце https://republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-na-sdsm-po-povod-denot-na-republikata-oddade-pochit-na-pelintse/ Wed, 02 Aug 2023 10:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=667882

По повод 2 Август - Денот на Републиката, пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, делегација на СДСМ предводена од потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска - Стојчевска, придружувана од пратеникот Мартин Костовски и членката на Извршниот одбор на СДСМ, Милена Стевановиќ, оддаде почит и положи свежо цвеќе.

 

The post Делегација на СДСМ по повод Денот на Републиката оддаде почит на Пелинце appeared first on Република.

]]>

По повод 2 Август - Денот на Републиката, пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, делегација на СДСМ предводена од потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска - Стојчевска, придружувана од пратеникот Мартин Костовски и членката на Извршниот одбор на СДСМ, Милена Стевановиќ, оддаде почит и положи свежо цвеќе.  

The post Делегација на СДСМ по повод Денот на Републиката оддаде почит на Пелинце appeared first on Република.

]]>
Владина делегација предводена од министерот Спасовски по повод Илинден положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце https://republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-predvodena-od-ministerot-spasovski-po-povod-ilinden-polozhi-tsveke-pred-memorijalniot-tsentar-asnom-vo-pelintse/ Wed, 02 Aug 2023 10:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=667878

Делегација на Владата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, во рамки на државната програма по повод 2 Август- 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ - положија цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Годинешното одбележување на Денот на Републиката е под мотото „120 години Илинден - Огниште на татковината“, а на свечената церемонија во Пелинце во организација на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, преку положувањето цвеќе владините претставници оддадоа почит на хероите кои ги положија своите животи за нашата татковина, оставајќи аманет за чување на слободата и вечно сеќавање на остварениот копнеж за сопствена држава, на која борците на АСНОМ ги поставија цврстите темели.

Во рамки на државната програма во Пелинце обраќање на свечената церемонија на одбележувањето во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце имаше претседателот Пендаровски.

Во него претседателот Пендаровски истакна: „Од АСНОМ па до денес, се потврдува една иста вистина: тешко е да се дојде до слободна држава, но уште потешко е да се изгради и одржи слободно и праведно општество. Додека првото е дело на една генерација, второто станува обврска на сите наредни поколенија. Вистинската слобода зависи од владеењето на правото и социјалната правда, од поредок во кој правата на едните нема да бидат на сметка на правата на другите.“

По свечената церемонија во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, во чиј состав се потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе остварат работна посета на Република Србија, а нивни домаќин на Прохор Пчињски ќе биде претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Притоа, во манастирот Прохор Пчињски ќе биде положено цвеќе од страна на македонската државната делегација и претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945.

The post Владина делегација предводена од министерот Спасовски по повод Илинден положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, во рамки на државната програма по повод 2 Август- 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ - положија цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Годинешното одбележување на Денот на Републиката е под мотото „120 години Илинден - Огниште на татковината“, а на свечената церемонија во Пелинце во организација на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, преку положувањето цвеќе владините претставници оддадоа почит на хероите кои ги положија своите животи за нашата татковина, оставајќи аманет за чување на слободата и вечно сеќавање на остварениот копнеж за сопствена држава, на која борците на АСНОМ ги поставија цврстите темели. Во рамки на државната програма во Пелинце обраќање на свечената церемонија на одбележувањето во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце имаше претседателот Пендаровски. Во него претседателот Пендаровски истакна: „Од АСНОМ па до денес, се потврдува една иста вистина: тешко е да се дојде до слободна држава, но уште потешко е да се изгради и одржи слободно и праведно општество. Додека првото е дело на една генерација, второто станува обврска на сите наредни поколенија. Вистинската слобода зависи од владеењето на правото и социјалната правда, од поредок во кој правата на едните нема да бидат на сметка на правата на другите.“ По свечената церемонија во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, во чиј состав се потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе остварат работна посета на Република Србија, а нивни домаќин на Прохор Пчињски ќе биде претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Притоа, во манастирот Прохор Пчињски ќе биде положено цвеќе од страна на македонската државната делегација и претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945.

The post Владина делегација предводена од министерот Спасовски по повод Илинден положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на Илинден ќе предводи висока партиска делегација во Крушево https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-ilinden-ke-predvodi-visoka-partiska-delegatsija-vo-krushevo/ Tue, 01 Aug 2023 11:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=667630

Партиска делегација покрај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе ја сочинуваат потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриевска Кочоска, потпретседателот Владо Мисајловски, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

• Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во 9:00 часот ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република, во споменикот Македониум

• Во 9:30 часот ќе следи положување на свежо цвеќе пред споменикот на хероите на месноста Слива

• Во 10:00 часот Делегацијата ќе присуствува на панихида во Храмот Свети Никола во Крушево

• Во 11:15 часот следи положување на свежо цвеќе на Мечкин Камен при што на оваа локација ќе биде дадена ИЗЈАВА за медиумите.

По дадената изјава за медиуми, Претседателот Христијан Мицкоски, во рамки на одбележувањето на празникот Илинден, ќе продолжи во селото Ташмаруништа – Струга каде што ќе положи свежо цвеќе на споменикот на двата Илиндена.

The post Мицкоски на Илинден ќе предводи висока партиска делегација во Крушево appeared first on Република.

]]>

Партиска делегација покрај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе ја сочинуваат потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриевска Кочоска, потпретседателот Владо Мисајловски, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски. • Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во 9:00 часот ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република, во споменикот Македониум • Во 9:30 часот ќе следи положување на свежо цвеќе пред споменикот на хероите на месноста Слива • Во 10:00 часот Делегацијата ќе присуствува на панихида во Храмот Свети Никола во Крушево • Во 11:15 часот следи положување на свежо цвеќе на Мечкин Камен при што на оваа локација ќе биде дадена ИЗЈАВА за медиумите. По дадената изјава за медиуми, Претседателот Христијан Мицкоски, во рамки на одбележувањето на празникот Илинден, ќе продолжи во селото Ташмаруништа – Струга каде што ќе положи свежо цвеќе на споменикот на двата Илиндена.

The post Мицкоски на Илинден ќе предводи висока партиска делегација во Крушево appeared first on Република.

]]>
Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/tsveke-na-spomenikot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-skopje-stana-grad-na-solidarnosta-prepoznatliv-po-toa-shto-gi-obedini-svetskite-poraki-na-sochuvstvo-i-spodeluvane-so-bolkata-i-zagubata-na-nashite-sogr/ Wed, 26 Jul 2023 10:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=665477

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, денеска, по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел, соопшти владината прес слжба.

 

Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули, 1963 година. Во земјотресот градот загуби многу сограѓани, претрпе ненадоместлива штета, но ја извојува битката со најголемата природна катастрофа.

На денешен ден оддаваме должна почит кон жртвите во земјотресот и изразуваме огромна благодарност на сите од целиот свет кои помогнаа градот повторно да биде обновен и да заживее со нов лик.

Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани.

Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и Претседателот на Република Македонија,  делегации од Собранието на Република Македонија и од Градот Скопје, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија.

По повод 26 јули, денот на сеќавањето на катастрофалниот земјотрес, Министерството за култура и Владата на Република Македонија денеска организираат мултимедијална програма симболично насловена „Скопје во пет и седумнаесет“, со која преку низа културни настани ќе се одбележат спомените на последиците од катастрофалниот земјотрес.

The post Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, денеска, по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел, соопшти владината прес слжба.  
Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули, 1963 година. Во земјотресот градот загуби многу сограѓани, претрпе ненадоместлива штета, но ја извојува битката со најголемата природна катастрофа. На денешен ден оддаваме должна почит кон жртвите во земјотресот и изразуваме огромна благодарност на сите од целиот свет кои помогнаа градот повторно да биде обновен и да заживее со нов лик. Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани.
Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и Претседателот на Република Македонија,  делегации од Собранието на Република Македонија и од Градот Скопје, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија. По повод 26 јули, денот на сеќавањето на катастрофалниот земјотрес, Министерството за култура и Владата на Република Македонија денеска организираат мултимедијална програма симболично насловена „Скопје во пет и седумнаесет“, со која преку низа културни настани ќе се одбележат спомените на последиците од катастрофалниот земјотрес.

The post Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани appeared first on Република.

]]>
Македонската државна и црковна делегација го презеде Благодатниот оган во Ерусалим https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-go-prezede-blagodatniot-ogan-vo-erusalim/ Sat, 15 Apr 2023 14:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=631055

Државната делегација на Република Македонија и црковната делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Свет Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа Оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква, МПЦ-ОА.

На церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел, соопштија денеска од владината прес-служба, присуствувале голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно со другите делегации, и претставници на македонската државна и македонска црковна делегација.

Целта на упатувањето на делегациите во Ерусалим е чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим, коешто се случува секоја година за време на посебната православна служба на Велика Сабота на пладне, во Базиликата на Светиот Гроб, во пресрет на полноќното исчекување на објавата за Христовото Воскресение. И покрај оградата на науката, поради натприродниот карактер на појавата, со векови, присутните сведочат за доживувано слегување на несоздадениот Благодатен Оган, што го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх пали снопови со свеќи, од коишто понатаму им го дели Огнот на присутните верници, кои го очекуваат, стои во соопштението од владината прес-служба.

Церемонијата на преземање на Благодатниот оган е посветена на празнување на Светата светлина, што се смета за величествен момент што ги поврзува верниците ширум светот со светлината на Исус Христос, а се случува во Ерусалим речиси 2.000 години, на којшто присуствуваат христијани од целиот свет.

Македонската државна и црковна делегација по завршување на свечената церемонија се враќа во Скопје, пренесувајќи го Благодатниот оган од Ерусалим во фенер.

Државната делегација во Ерусалим ја предводи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во нејзин состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Во црковната делегација се повеќемина свештени лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Тетовски-гостиварски, г. Јосиф Тодоровски.

На Меѓународниот аеродром Скопје, државната и црковната делегација со почести треба да ја пречека претседателот на Владата Димитар Ковачевски и црковна делегација од МПЦ-ОА.

The post Македонската државна и црковна делегација го презеде Благодатниот оган во Ерусалим appeared first on Република.

]]>

Државната делегација на Република Македонија и црковната делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Свет Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа Оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква, МПЦ-ОА. На церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел, соопштија денеска од владината прес-служба, присуствувале голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно со другите делегации, и претставници на македонската државна и македонска црковна делегација. Целта на упатувањето на делегациите во Ерусалим е чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим, коешто се случува секоја година за време на посебната православна служба на Велика Сабота на пладне, во Базиликата на Светиот Гроб, во пресрет на полноќното исчекување на објавата за Христовото Воскресение. И покрај оградата на науката, поради натприродниот карактер на појавата, со векови, присутните сведочат за доживувано слегување на несоздадениот Благодатен Оган, што го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх пали снопови со свеќи, од коишто понатаму им го дели Огнот на присутните верници, кои го очекуваат, стои во соопштението од владината прес-служба. Церемонијата на преземање на Благодатниот оган е посветена на празнување на Светата светлина, што се смета за величествен момент што ги поврзува верниците ширум светот со светлината на Исус Христос, а се случува во Ерусалим речиси 2.000 години, на којшто присуствуваат христијани од целиот свет. Македонската државна и црковна делегација по завршување на свечената церемонија се враќа во Скопје, пренесувајќи го Благодатниот оган од Ерусалим во фенер. Државната делегација во Ерусалим ја предводи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во нејзин состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Во црковната делегација се повеќемина свештени лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Тетовски-гостиварски, г. Јосиф Тодоровски. На Меѓународниот аеродром Скопје, државната и црковната делегација со почести треба да ја пречека претседателот на Владата Димитар Ковачевски и црковна делегација од МПЦ-ОА.

The post Македонската државна и црковна делегација го презеде Благодатниот оган во Ерусалим appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври – Денот на народното востание https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-i-delegacii-od-kabinetot-polozija-cvekje-po-povod-11-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie/ Tue, 11 Oct 2022 10:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=559657

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Македонија.

Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Куманово и Прилеп и положија цвеќе пред Спомен – костурницата во Куманово, споменикот на Методија Андонов – Ченто и пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.

Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание годинава се одржаа под мотото „Секогаш на вистинската страна“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот.

The post Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Македонија. Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Куманово и Прилеп и положија цвеќе пред Спомен – костурницата во Куманово, споменикот на Методија Андонов – Ченто и пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.
Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание годинава се одржаа под мотото „Секогаш на вистинската страна“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот.

The post Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>
Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на македонските великани во Крушево https://republika.mk/vesti/makedonija/delegacija-na-sdsm-polozi-cvekje-i-oddade-pochit-na-makedonskite-velikani-vo-krushevo/ Tue, 02 Aug 2022 09:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=536032

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, придржувана од организацискиот секретар Вангел Андрески и претседателот на ОО СДСМ Крушево Трајче Калески, денеска во Крушево по повод 2-ри Август – Денот на Републиката, оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на Слива „Хероите на Слива” и на Мечкин Камен.

Илинден е нашата сила за иднината, а иднината е европска во модерна, независна држава пријател на регионот и демократскиот свет.

The post Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на македонските великани во Крушево appeared first on Република.

]]>

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, придржувана од организацискиот секретар Вангел Андрески и претседателот на ОО СДСМ Крушево Трајче Калески, денеска во Крушево по повод 2-ри Август – Денот на Републиката, оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на Слива „Хероите на Слива” и на Мечкин Камен. Илинден е нашата сила за иднината, а иднината е европска во модерна, независна држава пријател на регионот и демократскиот свет.

The post Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на македонските великани во Крушево appeared first on Република.

]]>
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Димитриеска Кочоска положи свежо цвеќе во меморијалниот центар Пелинце https://republika.mk/vesti/makedonija/delegacija-na-vmro-dpmne-predvodena-od-dimitrieska-kochoska-polozi-svezo-cvekje-vo-memorijalniot-centar-pelince/ Tue, 02 Aug 2022 09:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=536027

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, а во состав на пратеникот Бране Петрушевски и претседателот на УМС Сергеј Попов, а по повод државниот празник Илинден, положи свежо цвеќе во меморијалниот центар Пелинце, каде се одбележуваат 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

The post Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Димитриеска Кочоска положи свежо цвеќе во меморијалниот центар Пелинце appeared first on Република.

]]>

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, а во состав на пратеникот Бране Петрушевски и претседателот на УМС Сергеј Попов, а по повод државниот празник Илинден, положи свежо цвеќе во меморијалниот центар Пелинце, каде се одбележуваат 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

The post Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Димитриеска Кочоска положи свежо цвеќе во меморијалниот центар Пелинце appeared first on Република.

]]>
Кинеската делегација го напушти форумот во Сингапур во текот на говорот на Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/kineskata-delegacija-go-napushti-forumot-vo-singapur-vo-tekot-na-govorot-na-zelenski/ Sat, 11 Jun 2022 13:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=513849

Кинеската делегација на азискиот самит за безбедност во Сингапур ја напушти салата за време на говорот на претседателот на Украина Владимир Зеленски.

Настанот се одржува од 10 до 12 јуни, а Зеленски на форумот учествуваше онлајн, од каде отворено ја најави опасноста од глад во Азија и Африка поради прекинот на испораката на жито од Украина.

На безбедносниот форум не присуствуваа ниту претставници на Русија.

Медиумите претходно пишуваа дека кинеската делегација на Светскиот економски форум во Давос не се придружила кон аплаузите за украинскиот лидер по неговиот говор, но потоа кинеската новинска агенција Ксинхуа ги демантираше овие информации.

The post Кинеската делегација го напушти форумот во Сингапур во текот на говорот на Зеленски appeared first on Република.

]]>

Кинеската делегација на азискиот самит за безбедност во Сингапур ја напушти салата за време на говорот на претседателот на Украина Владимир Зеленски. Настанот се одржува од 10 до 12 јуни, а Зеленски на форумот учествуваше онлајн, од каде отворено ја најави опасноста од глад во Азија и Африка поради прекинот на испораката на жито од Украина. На безбедносниот форум не присуствуваа ниту претставници на Русија. Медиумите претходно пишуваа дека кинеската делегација на Светскиот економски форум во Давос не се придружила кон аплаузите за украинскиот лидер по неговиот говор, но потоа кинеската новинска агенција Ксинхуа ги демантираше овие информации.

The post Кинеската делегација го напушти форумот во Сингапур во текот на говорот на Зеленски appeared first on Република.

]]>
Маричиќ ќе ја предводи македонската делегација на „Стокхолм +50“ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-kje-ja-predvodi-makedonskata-delegacija-na-stokholm-50/ Wed, 01 Jun 2022 10:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=509691

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денес е во официјална посета на Кралството Шведска каде ќе ја предводи македонската делегација на глобалниот состанок за животната средина „Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“, на која заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ќе земат учество.

Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на пленарната сесија, на која ќе се обратат лидерите и шефовите на делегациите, додека пак министерот Нуредини во рамки на глобалниот состанок ќе има свое обраќање на лидерскиот дијалог насловен: ,,Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија на одржливиот развој”.

Во рамки на посетата на Стокхлом вицепремиерот Маричиќ ќе оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линден, а ќе се сретне и со претседавачот со парламентарната група на пријатели на Западен Балкан, Аднан Дибрани и претседавач от со ЕУ Комитетот, Пири Ниеми и генералната директорка на Шведската развојна агенција, Карин Јамтин.

Планирани се средби и со генералната секретарка на Олаф Палме, Ана Сундсторм и неговиот партиски хомолог, меѓународниот секретар на шведските социјалдемократи, Јохан Хасел.

„Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“ ќе се одржи пет децении по Конференцијата на Обединетите нации за човековата средина во 1972 година. Настанот ќе им даде можност на лидерите да се осврнат на 50-годишната мултилатерална еколошка акција за да се постигне храбра и итна акција потребна за да се обезбеди подобра иднина на здрава планета.

Во мај 2021 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција за здружување на глобалната еколошка заедница во Стокхолм, Шведска на голем меѓународен состанок за животната средина на 2 и 3 јуни 2022 година, во неделата посветена на Светскиот ден на животната средина.

The post Маричиќ ќе ја предводи македонската делегација на „Стокхолм +50“ appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денес е во официјална посета на Кралството Шведска каде ќе ја предводи македонската делегација на глобалниот состанок за животната средина „Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“, на која заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ќе земат учество.

Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на пленарната сесија, на која ќе се обратат лидерите и шефовите на делегациите, додека пак министерот Нуредини во рамки на глобалниот состанок ќе има свое обраќање на лидерскиот дијалог насловен: ,,Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија на одржливиот развој”.

Во рамки на посетата на Стокхлом вицепремиерот Маричиќ ќе оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линден, а ќе се сретне и со претседавачот со парламентарната група на пријатели на Западен Балкан, Аднан Дибрани и претседавач от со ЕУ Комитетот, Пири Ниеми и генералната директорка на Шведската развојна агенција, Карин Јамтин.

Планирани се средби и со генералната секретарка на Олаф Палме, Ана Сундсторм и неговиот партиски хомолог, меѓународниот секретар на шведските социјалдемократи, Јохан Хасел.

„Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“ ќе се одржи пет децении по Конференцијата на Обединетите нации за човековата средина во 1972 година. Настанот ќе им даде можност на лидерите да се осврнат на 50-годишната мултилатерална еколошка акција за да се постигне храбра и итна акција потребна за да се обезбеди подобра иднина на здрава планета.

Во мај 2021 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција за здружување на глобалната еколошка заедница во Стокхолм, Шведска на голем меѓународен состанок за животната средина на 2 и 3 јуни 2022 година, во неделата посветена на Светскиот ден на животната средина.

The post Маричиќ ќе ја предводи македонската делегација на „Стокхолм +50“ appeared first on Република.

]]>
Во Скопје утре посебен режим на сообраќај https://republika.mk/vesti/skopje/vo-skopje-utre-poseben-rezim-na-soobrakjaj/ Mon, 23 May 2022 12:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=505954

Утре во Скопје Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје поради официјална посета на делегација на Српската православна црква.

За сообраќај ќе бидат затворени бул. „Партизански одреди" од крстосница со ул. „Аминта Трети" до крстосница со бул. „ВМРО" и ул. „Св.Климент Охридски" од крстосница со бул. „Илинден" до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски" во Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

The post Во Скопје утре посебен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>

Утре во Скопје Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје поради официјална посета на делегација на Српската православна црква.

За сообраќај ќе бидат затворени бул. „Партизански одреди" од крстосница со ул. „Аминта Трети" до крстосница со бул. „ВМРО" и ул. „Св.Климент Охридски" од крстосница со бул. „Илинден" до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски" во Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

The post Во Скопје утре посебен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>
Министерката Костадиновска-Стојчевска член на државно-црковна делегација која престојува во Рим https://republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-kostadinovska-stojchevska-chlen-na-drzavno-crkovna-delegacija-koja-prestojuva-vo-rim/ Mon, 23 May 2022 06:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=505680

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска и утре (23 и 24 мај), како член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, престојува во Италијанската Република и Светиот Престол по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј.

Костадиновска-Стојчевска, во рамките на културната програма за чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил“, денеска (23 мај) во салата „Балдини“ во Рим ќе присуствува и ќе има обраќање пред концертот на реномираниот тенор Благој Нацоски, кој ќе настапи со пијанистот Алесандро Д‘Агостини. На програмата се дела од: Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев... Ќе бидат изведени стихови од: Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ на 24 мај ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

Костадиновска-Стојчевска како дел од државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск, а ќе положи и венец на спомен-плочата на македонски јазик. Државно-црковната делегација ќе ја посети базиликата „Сан Клементе“, каде што ќе се одржи молебен во чест на св. Кирил, со кој ќе чиноначалствуваат митрополитите г. Пимен и г.Јосиф.

The post Министерката Костадиновска-Стојчевска член на државно-црковна делегација која престојува во Рим appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска и утре (23 и 24 мај), како член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, престојува во Италијанската Република и Светиот Престол по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј. Костадиновска-Стојчевска, во рамките на културната програма за чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил“, денеска (23 мај) во салата „Балдини“ во Рим ќе присуствува и ќе има обраќање пред концертот на реномираниот тенор Благој Нацоски, кој ќе настапи со пијанистот Алесандро Д‘Агостини. На програмата се дела од: Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев... Ќе бидат изведени стихови од: Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ на 24 мај ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ). Костадиновска-Стојчевска како дел од државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск, а ќе положи и венец на спомен-плочата на македонски јазик. Државно-црковната делегација ќе ја посети базиликата „Сан Клементе“, каде што ќе се одржи молебен во чест на св. Кирил, со кој ќе чиноначалствуваат митрополитите г. Пимен и г.Јосиф.

The post Министерката Костадиновска-Стојчевска член на државно-црковна делегација која престојува во Рим appeared first on Република.

]]>
Делегација на руската амбасада ја посети “Могилата на непобедените” во Прилеп по повод Денот на победата https://republika.mk/vesti/makedonija/delegacija-na-ruskata-ambasada-ja-poseti-mogilata-na-nepobedenite-vo-prilep-po-povod-denot-na-pobedata/ Mon, 09 May 2022 09:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=499847

Делегација на руската амбасада во Македонија, денес по повод Денот на победата над фашизмот положија цвеќе при посетата на “Могилата на непобедените” во Прилеп.

“Во рамки на одбележувањето на #ДенотНаПобедата го положивме венец пред „Могилата на непобедените“ во градот Прилеп, за чие ослободување во 1944 година животот го даде нашиот сонародник Иван Петрович Кириков, кој се бореше рамо до рамо со македонски партизани. #Победа77 #Victory77” – стои во твитот на руската амбасада.

The post Делегација на руската амбасада ја посети “Могилата на непобедените” во Прилеп по повод Денот на победата appeared first on Република.

]]>

Делегација на руската амбасада во Македонија, денес по повод Денот на победата над фашизмот положија цвеќе при посетата на “Могилата на непобедените” во Прилеп. “Во рамки на одбележувањето на #ДенотНаПобедата го положивме венец пред „Могилата на непобедените“ во градот Прилеп, за чие ослободување во 1944 година животот го даде нашиот сонародник Иван Петрович Кириков, кој се бореше рамо до рамо со македонски партизани. #Победа77 #Victory77” – стои во твитот на руската амбасада.

The post Делегација на руската амбасада ја посети “Могилата на непобедените” во Прилеп по повод Денот на победата appeared first on Република.

]]>
Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај https://republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegacija-polozi-venec-svezo-cvekje-na-spomen-obelezjeto-na-partizanskite-grobishta-vo-butel-vo-chest-na-9-maj/ Mon, 09 May 2022 08:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=499809

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активностите за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и Соединетите Американски Држави беше прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој беше прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот.

Венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Македонија, Делегација на Собранието на Македонија, на Армијата на Македонија, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.

 

The post Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активностите за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и Соединетите Американски Држави беше прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој беше прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот. Венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Македонија, Делегација на Собранието на Македонија, на Армијата на Македонија, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.  

The post Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај appeared first on Република.

]]>
Делегација на НАТО во посета на Министерството за одбрана https://republika.mk/vesti/makedonija/delegacija-na-nato-vo-poseta-na-ministerstvoto-za-odbrana/ Wed, 13 Apr 2022 12:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=487901

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари средба со помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбеин, кој го предводи тимот на НАТО за време на дводневните редовни билатерални разговори меѓу нашата земја и Алијансата во рамки на процесот на Пактот за одбранбено планирање, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката Петровска, во ова прилика ја истакна посветеноста за континуитет во развојот на одбранбените способности на Македонија, со цел исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во Алијансата.

Таа уште еднаш ја истакна цврстата определба на Македонија за долгорочно и стабилно финансирање на одбранбените трошоци согласно заклучоците од Самитот на Алијансата во Велс и достигнување нивото на средства од 2 отсто од БДП за одбраната до 2024 година.

Воедно, министерката додаде дека се работи во континуитет на реформите во одбраната и посочи дека е достигнатото ниво од над 30 отсто од Буџетот за одбраната наменети за модернизација и опремување на вооружените сили преку набавка на нова опрема.

Министерството за одбрана посветено работи на развојот на целите на способности и свесни сме за предизвиците, посебно во контекст на новата безбедносна ситуација во Европа, рече министерката Петровска.

Помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбејн го поздрави фокусот на земјава и Министерството за одбрана на реформските процеси, зголемувањето на Буџетот за одбраната и модернизацијата на опремата.

Тој изрази задоволство од ефикасното инвестирање на средствата за Армијата за клучните проекти во согласност со НАТО целите на способности. Воедно, беа споделени препораки за одржување на плановите за раст на буџетот во одбраната, како и за реализација на приоритетите за опремување и модернизација на вооружените сили и севкупните обврски од Целите на способности реализација до 2027.

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ посочи дека поради актуелната безбедносна ситуација во Европа, потребата за вложувањето во безбедноста и одбраната е поочигледна од кога било досега.

Билатералните разговори се редовна годишна активност во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање. Дискусиите меѓу експертските тимови на Северна

Македонија и НАТО се одвиваа во шест различни области, преку кои се евалуира статусот на реформите во одбраната, напредокот во развојот на одбранбените способности и идните планови.

The post Делегација на НАТО во посета на Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари средба со помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбеин, кој го предводи тимот на НАТО за време на дводневните редовни билатерални разговори меѓу нашата земја и Алијансата во рамки на процесот на Пактот за одбранбено планирање, соопшти Министерството за одбрана. Министерката Петровска, во ова прилика ја истакна посветеноста за континуитет во развојот на одбранбените способности на Македонија, со цел исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во Алијансата. Таа уште еднаш ја истакна цврстата определба на Македонија за долгорочно и стабилно финансирање на одбранбените трошоци согласно заклучоците од Самитот на Алијансата во Велс и достигнување нивото на средства од 2 отсто од БДП за одбраната до 2024 година. Воедно, министерката додаде дека се работи во континуитет на реформите во одбраната и посочи дека е достигнатото ниво од над 30 отсто од Буџетот за одбраната наменети за модернизација и опремување на вооружените сили преку набавка на нова опрема.
Министерството за одбрана посветено работи на развојот на целите на способности и свесни сме за предизвиците, посебно во контекст на новата безбедносна ситуација во Европа, рече министерката Петровска.
Помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбејн го поздрави фокусот на земјава и Министерството за одбрана на реформските процеси, зголемувањето на Буџетот за одбраната и модернизацијата на опремата. Тој изрази задоволство од ефикасното инвестирање на средствата за Армијата за клучните проекти во согласност со НАТО целите на способности. Воедно, беа споделени препораки за одржување на плановите за раст на буџетот во одбраната, како и за реализација на приоритетите за опремување и модернизација на вооружените сили и севкупните обврски од Целите на способности реализација до 2027. Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ посочи дека поради актуелната безбедносна ситуација во Европа, потребата за вложувањето во безбедноста и одбраната е поочигледна од кога било досега. Билатералните разговори се редовна годишна активност во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање. Дискусиите меѓу експертските тимови на Северна Македонија и НАТО се одвиваа во шест различни области, преку кои се евалуира статусот на реформите во одбраната, напредокот во развојот на одбранбените способности и идните планови.

The post Делегација на НАТО во посета на Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>
Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски https://republika.mk/vesti/makedonija/drzavniot-vrv-ja-odbeleza-godishninata-od-smrtta-na-poraneshniot-pretsedatel-boris-trajkovski/ Sat, 26 Feb 2022 13:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=464302

Делегација на Република Македонија во која како претставничка на Владата беше Славица Грковска, заменичка на претседателка задолжена за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието на Македонија и Катерина Цаневска, како претставник од Кабинетот на претседателот на Македонија, положи венци свежо цвеќе на спомен обележјето на авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, во која загина поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување, како и екипажот на авионот.

На одбележувањето на 18 годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата венци, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи делегација на Република Босна и Херцеговина.

Во рамките на пригодните активности на Владата на Република Македонија во знак на одбележување на 18 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски, свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, во Бутел во Скопје, положи владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Како дел од овие активности, на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски во Струмица свежо цвеќе положија министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа.

Осумнаесет години по смртта на претседателот Трајковски, тој останува да биде запаметен по неговите заложби и вредности за мир, единство, за интегритет, за нашата држава како мултикултурна заедница и како членка на ЕУ и на НАТО.

The post Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>

Делегација на Република Македонија во која како претставничка на Владата беше Славица Грковска, заменичка на претседателка задолжена за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието на Македонија и Катерина Цаневска, како претставник од Кабинетот на претседателот на Македонија, положи венци свежо цвеќе на спомен обележјето на авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, во која загина поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување, како и екипажот на авионот. На одбележувањето на 18 годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата венци, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи делегација на Република Босна и Херцеговина. Во рамките на пригодните активности на Владата на Република Македонија во знак на одбележување на 18 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски, свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, во Бутел во Скопје, положи владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи. Како дел од овие активности, на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски во Струмица свежо цвеќе положија министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа. Осумнаесет години по смртта на претседателот Трајковски, тој останува да биде запаметен по неговите заложби и вредности за мир, единство, за интегритет, за нашата држава како мултикултурна заедница и како членка на ЕУ и на НАТО.

The post Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-premier-petkov-primi-delegacija-na-makedonski-bugari/ Tue, 22 Feb 2022 19:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=462157

Премиерот Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.

Кирил Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

The post Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари appeared first on Република.

]]>

Премиерот Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. Кирил Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

The post Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари appeared first on Република.

]]>