Кинеската делегација на азискиот самит за безбедност во Сингапур ја напушти салата за време на говорот на претседателот на Украина Владимир Зеленски.

Настанот се одржува од 10 до 12 јуни, а Зеленски на форумот учествуваше онлајн, од каде отворено ја најави опасноста од глад во Азија и Африка поради прекинот на испораката на жито од Украина.

На безбедносниот форум не присуствуваа ниту претставници на Русија.

Медиумите претходно пишуваа дека кинеската делегација на Светскиот економски форум во Давос не се придружила кон аплаузите за украинскиот лидер по неговиот говор, но потоа кинеската новинска агенција Ксинхуа ги демантираше овие информации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.